Тони Дескоски Archives - Република https://republika.mk/tema/toni-deskoski/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 12:00:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тони Дескоски Archives - Република https://republika.mk/tema/toni-deskoski/ 32 32 Дескоски ја пофали министерката Јаневска затоа што кажа „Северна“: Ни се гади од сторениот злочин, но… https://republika.mk/vesti/makedonija/deskoski-ja-pofali-ministerkata-janevska-zatoa-shto-kazha-severna-ni-se-gadi-od-storeniot-zlochin-no/ Sat, 24 Aug 2024 12:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=809712

Професорот по меѓународно право Тони Дескоски го оцени како државничко и одговорно поведението на министерката за образование Весна Јаневска која во своја официјална изјава земјава ја именуваше со придавката Северна.

Таа како министер во владата е должна да го почитува Уставот, а според Уставот државата ни е преименувана во Република Македонија. На сите кои бевме против промената на името ни се гади од сторениот злочин. Историјата ќе им суди на оние кои тоа го изведоа. Но, реалноста е дека имаме ново име и државните функционери се должни да го употребуваат, вели професорот Дескоски во објава на својот фејсбук профил. Државата, а и ние како нејзини граѓани немаме никакво фајде од тоа што државните функционери би пркоселе на Уставот и на Западните сојузници со прекршување на Преспа. Напротив, од пркосењето би трпеле огромна штета, заклучиува професорот.

The post Дескоски ја пофали министерката Јаневска затоа што кажа „Северна“: Ни се гади од сторениот злочин, но… appeared first on Република.

]]>

Професорот по меѓународно право Тони Дескоски го оцени како државничко и одговорно поведението на министерката за образование Весна Јаневска која во своја официјална изјава земјава ја именуваше со придавката Северна.
Таа како министер во владата е должна да го почитува Уставот, а според Уставот државата ни е преименувана во Република Македонија. На сите кои бевме против промената на името ни се гади од сторениот злочин. Историјата ќе им суди на оние кои тоа го изведоа. Но, реалноста е дека имаме ново име и државните функционери се должни да го употребуваат, вели професорот Дескоски во објава на својот фејсбук профил. Државата, а и ние како нејзини граѓани немаме никакво фајде од тоа што државните функционери би пркоселе на Уставот и на Западните сојузници со прекршување на Преспа. Напротив, од пркосењето би трпеле огромна штета, заклучиува професорот.

The post Дескоски ја пофали министерката Јаневска затоа што кажа „Северна“: Ни се гади од сторениот злочин, но… appeared first on Република.

]]>
Ванковска му врати на Дескоски за „Кутлешот”: Ако некој ме попита, може да го пошљакам, со знамето! https://republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-mu-vrati-na-deskoski-za-kutleshot-ako-nekoj-me-popita-moze-da-go-poshljakam-so-znameto/ Mon, 11 Jul 2022 07:51:21 +0000 https://republika.mk/?p=526830

На сите фотографии од протестите против Францускиот предлог доминираат знамиња со Сонцето од Вергина, забележува професорот Тони Дескоски.

Тоа е и ќе биде обилно злоупотребено од Бугарската дипломатија како доказ за нашата наводна неискреност спрема соседите. (За Грците веќе сите знаеме дека педантно ќе го документираат и употребат кога ќе им треба)
Би било добро организаторите на протестите да поведат сметка за отстранување на овие знамиња со ваквиот симбол.
Тој се наоѓаше на државното знаме само три години. Веќе 27 години не е државен симбол, а историски не е поврзан со ниту еден настан или процес кој довел до создавање на Македонската нација и држава (за која се изборија партизаните во НОВ). Македонскиот народ никогаш не го користел истиот.
Нема ниту една причина да вееме хеленски симболи од античко доба. Си имаме свои симболи под кои нашите дедовци лееле крв за Македонија. Си имаме и државно знаме со поинакво сонце, пишува тој.

Колегата Тони Дескоски во негов стил, ќе каже нешто (навидум) бомбастично и важно, во енигматски стил, а ќе ја избегне суштината - и ќе ги заклучи коментарите, вели професорката Билјана Ванковска, додавајќи го нејзиното размислување, бидејќи, како што вели таа -  гледам дека предизвикал интерес:

Прво, Дескоски колку што ми е познато нема јасно искажан став за бугарско-францускиот пакет/ултиматум! Чудно, нели?

Второ, се фокусира на кореографијата, а не на суштината! И со коси и со вили да излегуваме, таа е една! НЕ! Не е НЕ! Знамињата се само декор на протестот ама и симбол.

Трето, не знам зошто инсистира на грчкиот топоним: дали не чул за Кутлеш или сака да е политички коректен?

Се исплашил дека “тоа е и ќе биде обилно злоупотребено од Бугарската дипломатија како доказ за нашата наводна неискреност спрема соседите. (За Грците веќе сите знаеме дека педантно ќе го документираат и употребат кога ќе им треба).” Но, кога една дипломатија (бугарска се пишува со мало б) веќе те силува, зошто би се плашеле од некаков впечаток за “неискреност”? Аман веќе од стравови, свиткан рбет, нудење друг образ!!! Да умреш од смеа и од тага! Тој Тукидид како во гените да им е втиснат! Ние протестираме за опстанок, тој се плаши како ќе ни туреле уште еден минус. А друго, дури и Преспа не го забранува користењето на симболите од приватни и не државни субјекти. Јас фино си го купив, па си го нагрнав! Нема закон што може да ме казни за тоа. Плус тоа пееме за Македонија, никогаш Северна, само едно име имаме (толку е длабока болката и траумата од Преспа и Софија се толку поврзани)!

Советува Дескоски (неповикан, бидејќи е посматрач): “Би било добро организаторите на протестите да поведат сметка за отстранување на овие знамиња со ваквиот симбол.” Тони очигледно не знае што е сенароден , масовен митинг/протест/движење! Кој може да воведува ред меѓу десетици и десетици демонстранти! Ако дојде некој да ме попита, може да го зашљакам со знамето 😉

Замислете, тоа било државно знаме САМО три години. Тоа се трите КЛУЧНИ ГОДИНИ за формирањето на независна Македонија! Зарем сега орвеловски ќе ја менуваме историјата?!
Дескоски тврди дека македонскиот народ никогаш не го користел истиот (симбол). Ај да не одам во историјата, црквите и наоѓалиштата, туку ми е чудно што колегата се прави недоветен за да не го види растечкото значење на тоа знаме за етничките Македонци особено по 2001 и 2005, кога Албанците го озаконија знамето на Р. Албанија за свое, етничко. Во изминатиот 20-годишен период консоцијацијата (држава како заедница на заедници) создаде ситуација во која Македонците практично нужно мораа да се идентификуваат со свое етничко знаме како одговор на сите оние кои им удираат по идентитетските основи. Точно е дека јас сум растела под друго знаме подолго од Дескоски и тогаш не сме го имале Кутлеш, ама сега тоа има сосема друга димензија и значење.

На крајот, Дескоски ни порачува: Си имаме и државно знаме со поинакво сонце. Ова звучи надежно! Или ми се чини!? Колега, добредојден си со знсмето на твоите дедовци, па дури и без знаме. Само одважи се и излези меѓу својот народ. А можеш и некој збор да напишеш во која бездна не’ води прифаќањето на предлогот.

The post Ванковска му врати на Дескоски за „Кутлешот”: Ако некој ме попита, може да го пошљакам, со знамето! appeared first on Република.

]]>

На сите фотографии од протестите против Францускиот предлог доминираат знамиња со Сонцето од Вергина, забележува професорот Тони Дескоски.
Тоа е и ќе биде обилно злоупотребено од Бугарската дипломатија како доказ за нашата наводна неискреност спрема соседите. (За Грците веќе сите знаеме дека педантно ќе го документираат и употребат кога ќе им треба) Би било добро организаторите на протестите да поведат сметка за отстранување на овие знамиња со ваквиот симбол. Тој се наоѓаше на државното знаме само три години. Веќе 27 години не е државен симбол, а историски не е поврзан со ниту еден настан или процес кој довел до создавање на Македонската нација и држава (за која се изборија партизаните во НОВ). Македонскиот народ никогаш не го користел истиот. Нема ниту една причина да вееме хеленски симболи од античко доба. Си имаме свои симболи под кои нашите дедовци лееле крв за Македонија. Си имаме и државно знаме со поинакво сонце, пишува тој.
Колегата Тони Дескоски во негов стил, ќе каже нешто (навидум) бомбастично и важно, во енигматски стил, а ќе ја избегне суштината - и ќе ги заклучи коментарите, вели професорката Билјана Ванковска, додавајќи го нејзиното размислување, бидејќи, како што вели таа -  гледам дека предизвикал интерес: Прво, Дескоски колку што ми е познато нема јасно искажан став за бугарско-францускиот пакет/ултиматум! Чудно, нели? Второ, се фокусира на кореографијата, а не на суштината! И со коси и со вили да излегуваме, таа е една! НЕ! Не е НЕ! Знамињата се само декор на протестот ама и симбол. Трето, не знам зошто инсистира на грчкиот топоним: дали не чул за Кутлеш или сака да е политички коректен? Се исплашил дека “тоа е и ќе биде обилно злоупотребено од Бугарската дипломатија како доказ за нашата наводна неискреност спрема соседите. (За Грците веќе сите знаеме дека педантно ќе го документираат и употребат кога ќе им треба).” Но, кога една дипломатија (бугарска се пишува со мало б) веќе те силува, зошто би се плашеле од некаков впечаток за “неискреност”? Аман веќе од стравови, свиткан рбет, нудење друг образ!!! Да умреш од смеа и од тага! Тој Тукидид како во гените да им е втиснат! Ние протестираме за опстанок, тој се плаши како ќе ни туреле уште еден минус. А друго, дури и Преспа не го забранува користењето на симболите од приватни и не државни субјекти. Јас фино си го купив, па си го нагрнав! Нема закон што може да ме казни за тоа. Плус тоа пееме за Македонија, никогаш Северна, само едно име имаме (толку е длабока болката и траумата од Преспа и Софија се толку поврзани)! Советува Дескоски (неповикан, бидејќи е посматрач): “Би било добро организаторите на протестите да поведат сметка за отстранување на овие знамиња со ваквиот симбол.” Тони очигледно не знае што е сенароден , масовен митинг/протест/движење! Кој може да воведува ред меѓу десетици и десетици демонстранти! Ако дојде некој да ме попита, може да го зашљакам со знамето 😉 Замислете, тоа било државно знаме САМО три години. Тоа се трите КЛУЧНИ ГОДИНИ за формирањето на независна Македонија! Зарем сега орвеловски ќе ја менуваме историјата?! Дескоски тврди дека македонскиот народ никогаш не го користел истиот (симбол). Ај да не одам во историјата, црквите и наоѓалиштата, туку ми е чудно што колегата се прави недоветен за да не го види растечкото значење на тоа знаме за етничките Македонци особено по 2001 и 2005, кога Албанците го озаконија знамето на Р. Албанија за свое, етничко. Во изминатиот 20-годишен период консоцијацијата (држава како заедница на заедници) создаде ситуација во која Македонците практично нужно мораа да се идентификуваат со свое етничко знаме како одговор на сите оние кои им удираат по идентитетските основи. Точно е дека јас сум растела под друго знаме подолго од Дескоски и тогаш не сме го имале Кутлеш, ама сега тоа има сосема друга димензија и значење. На крајот, Дескоски ни порачува: Си имаме и државно знаме со поинакво сонце. Ова звучи надежно! Или ми се чини!? Колега, добредојден си со знсмето на твоите дедовци, па дури и без знаме. Само одважи се и излези меѓу својот народ. А можеш и некој збор да напишеш во која бездна не’ води прифаќањето на предлогот.

The post Ванковска му врати на Дескоски за „Кутлешот”: Ако некој ме попита, може да го пошљакам, со знамето! appeared first on Република.

]]>
Дескоски за клубот „Ванчо Михајлов“: Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен https://republika.mk/vesti/makedonija/deskoski-za-klubot-vancho-mihajlov-fashizmot-ni-se-povampiruva-na-golema-vrata-a-nikoj-ne-e-nadlezen/ Sat, 16 Apr 2022 22:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=489448

Тони Дескоски, професорот по меѓународно право на УКИМ, реагираше на денешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков кој во Битола ќе отвори клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“.

Кој парадокс,

Дури и самиот Михајлов во 1944 се откажал од идејата да воспостави квислиншка фашистичка творба во Македонија, свесен за големиот народен отпор кон фашизмот и веќе извесниот пораз на Хитлеровата коалиција.

Да му се прави клуб на Хитлеровиот квислинг е обична спрдачина со НОБ и со антифашистичките традиции на Македонскиот народ. И ругање со слободарска Битола.

Очигледно нашите државни органи не си ја вршат работата. И да сме на јасно, ова не е проблем само на Бугарскиот премиер (иако тој би морал да е свесен дека Михајлов е Хитлеров и Павелиќев квислинг и да одбие да учествува во ваква ујдурма), туку е проблем на нашата држава.

Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен. п.с. Очекувам следниот клуб на оваа дружина да го носи името на Мане Мачков“, напиша професорот на Фејсбук.

Освен Петков во бугарската делегација беа и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева.

The post Дескоски за клубот „Ванчо Михајлов“: Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен appeared first on Република.

]]>

Тони Дескоски, професорот по меѓународно право на УКИМ, реагираше на денешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков кој во Битола ќе отвори клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“.
Кој парадокс, Дури и самиот Михајлов во 1944 се откажал од идејата да воспостави квислиншка фашистичка творба во Македонија, свесен за големиот народен отпор кон фашизмот и веќе извесниот пораз на Хитлеровата коалиција. Да му се прави клуб на Хитлеровиот квислинг е обична спрдачина со НОБ и со антифашистичките традиции на Македонскиот народ. И ругање со слободарска Битола. Очигледно нашите државни органи не си ја вршат работата. И да сме на јасно, ова не е проблем само на Бугарскиот премиер (иако тој би морал да е свесен дека Михајлов е Хитлеров и Павелиќев квислинг и да одбие да учествува во ваква ујдурма), туку е проблем на нашата држава. Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен. п.с. Очекувам следниот клуб на оваа дружина да го носи името на Мане Мачков“, напиша професорот на Фејсбук.
Освен Петков во бугарската делегација беа и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева.

The post Дескоски за клубот „Ванчо Михајлов“: Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен appeared first on Република.

]]>
Дескоски: Со свој камен по глава, истите овие ликови ни се потсмеваа во лице откако на Суд докажавме дека Грција ја крши Времената спогодба спрема нас https://republika.mk/vesti/makedonija/deskoski-so-svoj-kamen-po-glava-istite-ovie-likovi-ni-se-potsmevaa-vo-lice-otkako-na-sud-dokazavme-deka-grcija-ja-krshi-vremenata-spogodba-sprema-nas/ Tue, 22 Feb 2022 16:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=462084

Со голема горчина ги примам актуелните изјави на нашите сојузници за кршење на меѓународното право од страна на Русија. Ми иде на ум народната поговорка: со свој камен по глава. Истите овие ликови ни се потсмеваа во лице откако на Суд докажавме дека Грција ја крши Времената спогодба спрема нас, реагира професорот по меѓународно право Тони Дескоски по изјавите на осуда за руското признавање на украинските области Доњецк и Луганск како независни држави.

Или можеби Меѓународниот суд на правдата не пресуди дека има повреда на меѓународен договор?

Не го одобрувам потегот на Русија, но неконзистентноста се плаќа. Изненадувачки брзо.

А од вчера натаму, животите на сите нас ќе ни се влошат. Барем за некое време. Се плашам дека ова ќе биде долг и исцрпувачки судир, во кој никој нема да има корист“, напиша на својот фејсбук-профил универзитетскиот професор Дескоски кој беше дел од тимот што ја застапуваше Македонија кога пред Меѓународниот суд во Хаг го добивме спорот против Грција за нарушување на Времената спогодба.

Западноевропските држави вчера и денеска масовно го осудуваат потегот на Владимир Путин да ги признае Доњецк и Луганск како прекршување на меѓународното право.

The post Дескоски: Со свој камен по глава, истите овие ликови ни се потсмеваа во лице откако на Суд докажавме дека Грција ја крши Времената спогодба спрема нас appeared first on Република.

]]>

Со голема горчина ги примам актуелните изјави на нашите сојузници за кршење на меѓународното право од страна на Русија. Ми иде на ум народната поговорка: со свој камен по глава. Истите овие ликови ни се потсмеваа во лице откако на Суд докажавме дека Грција ја крши Времената спогодба спрема нас, реагира професорот по меѓународно право Тони Дескоски по изјавите на осуда за руското признавање на украинските области Доњецк и Луганск како независни држави.
Или можеби Меѓународниот суд на правдата не пресуди дека има повреда на меѓународен договор? Не го одобрувам потегот на Русија, но неконзистентноста се плаќа. Изненадувачки брзо. А од вчера натаму, животите на сите нас ќе ни се влошат. Барем за некое време. Се плашам дека ова ќе биде долг и исцрпувачки судир, во кој никој нема да има корист“, напиша на својот фејсбук-профил универзитетскиот професор Дескоски кој беше дел од тимот што ја застапуваше Македонија кога пред Меѓународниот суд во Хаг го добивме спорот против Грција за нарушување на Времената спогодба. Западноевропските држави вчера и денеска масовно го осудуваат потегот на Владимир Путин да ги признае Доњецк и Луганск како прекршување на меѓународното право.

The post Дескоски: Со свој камен по глава, истите овие ликови ни се потсмеваа во лице откако на Суд докажавме дека Грција ја крши Времената спогодба спрема нас appeared first on Република.

]]>