Тито и Дино Archives - Република https://republika.mk/tema/tito-i-dino/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Dec 2022 18:53:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тито и Дино Archives - Република https://republika.mk/tema/tito-i-dino/ 32 32 Беше најмистериозен бос од Балканот, но ДЕА му го најде крајот: Тито е поранешен боксер кој го надмина и Ел Чапо https://republika.mk/vesti/balkan/beshe-najmisteriozen-bos-od-balkanot-no-dea-mu-go-najde-krajot-tito-e-poraneshen-bokser-koj-go-nadmina-i-el-chapo/ Tue, 29 Nov 2022 19:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=579708

Един Гачанин - Тито (40), познат како прв човек на нарко картелот Тито и Дино, е уапсен во Дубаи, соопштија Европол и холандската полиција Неговиот прекар е нашироко познат на меѓународните истражители, но неговото име, лик и дело долго време се мистерија. Американската служба за борба против дрогата - ДЕА го сметаше Гачанин за еден од 50-те најголеми дилери на дрога во светот.

Пред ова апсење, криминалната група на Тито доби голем удар во септември кога во голема меѓународна акција, во која беа запленети дури 2,6 тони кокаин и беа уапсени 61 лице, американската ДЕА идентификуваше мистериозен нарко бос, извесен Тито, како главен водач на овој картел.

Според досегашните информации тој живее во Дубаи, но е поврзан со Колумбија, Перу и Боливија, од каде што набавува кокаин. Еден од неговите наводни соработници е Зоран Јакшиќ, лидерот на картелот Америка – објавија странските медиуми по големата акција.

https://republika.mk/vesti/balkan/misteriozniot-tito-e-shef-na-balkanskiot-klan-preku-nego-odi-tretina-od-kokainot-vo-evropa/

Американската ДЕА во 2019 година објави дека мистериозниот Тито е еден од најбараните нарко босови во Перу, но дека ниту ним не им се премногу познати деталите од неговиот живот.

Водачот на нарко мафијата е роден на Балканот, на возраст од четириесетина години, а неговиот карактер се уште е мистерија. Она што се знае е дека сите го викаат Тито. Апсењето на овој нарко бос е еден од приоритетите на ДЕА. Неговата моќ на светско ниво, според досегашните собрани информации од полицијата, ја надминува онаа на Ел Чапо, кој по апсењето во САД беше осуден на доживотен затвор, откри во тоа време, припадник на јужноамериканската специјална полициска единица.

https://republika.mk/vesti/balkan/nepoznati-raboti-za-tito-najgolemiot-mafijash-na-balkanot/

Тој го опиша балканскиот наркобос како „чудовиште кое не штеди пари за испорака на дрога на европскиот пазар“.

Тито пристигна во Перу пред десетина години и успеа да ја развие својата мрежа и свој нарко клан, кој испраќа дрога од Перу во Европа. Колку пари троши за транспорт говори фактот што кокаин со исклучителна чистота се транспортира со прекуокеански бродови, авиони и подморници.

Тито до пред десет години беше тренер на професионални боксери во Србија. Преку луѓето со кои соработувал и ги запознал преку спортот, вклучително и луѓе од подземјето, тој успеал да оствари контакти со јужноамериканските дилери на дрога. За кратко време, од купувач и посредник, тој стана главен снабдувач на кокаин произведен во Боливија, Колумбија и Перу на европскиот пазар, соопшти овој полициски специјалец.

Тито е еден од организаторите на „супер кланот“ што беше разбиен викендов.

https://republika.mk/vesti/balkan/padna-balkanskiot-narko-bos-tito-sose-negovite-luksuzni-avtomobili-chasovnici-i-raskoshni-vili/

The post Беше најмистериозен бос од Балканот, но ДЕА му го најде крајот: Тито е поранешен боксер кој го надмина и Ел Чапо appeared first on Република.

]]>

Един Гачанин - Тито (40), познат како прв човек на нарко картелот Тито и Дино, е уапсен во Дубаи, соопштија Европол и холандската полиција Неговиот прекар е нашироко познат на меѓународните истражители, но неговото име, лик и дело долго време се мистерија. Американската служба за борба против дрогата - ДЕА го сметаше Гачанин за еден од 50-те најголеми дилери на дрога во светот. Пред ова апсење, криминалната група на Тито доби голем удар во септември кога во голема меѓународна акција, во која беа запленети дури 2,6 тони кокаин и беа уапсени 61 лице, американската ДЕА идентификуваше мистериозен нарко бос, извесен Тито, како главен водач на овој картел.
Според досегашните информации тој живее во Дубаи, но е поврзан со Колумбија, Перу и Боливија, од каде што набавува кокаин. Еден од неговите наводни соработници е Зоран Јакшиќ, лидерот на картелот Америка – објавија странските медиуми по големата акција.
https://republika.mk/vesti/balkan/misteriozniot-tito-e-shef-na-balkanskiot-klan-preku-nego-odi-tretina-od-kokainot-vo-evropa/ Американската ДЕА во 2019 година објави дека мистериозниот Тито е еден од најбараните нарко босови во Перу, но дека ниту ним не им се премногу познати деталите од неговиот живот.
Водачот на нарко мафијата е роден на Балканот, на возраст од четириесетина години, а неговиот карактер се уште е мистерија. Она што се знае е дека сите го викаат Тито. Апсењето на овој нарко бос е еден од приоритетите на ДЕА. Неговата моќ на светско ниво, според досегашните собрани информации од полицијата, ја надминува онаа на Ел Чапо, кој по апсењето во САД беше осуден на доживотен затвор, откри во тоа време, припадник на јужноамериканската специјална полициска единица.
https://republika.mk/vesti/balkan/nepoznati-raboti-za-tito-najgolemiot-mafijash-na-balkanot/ Тој го опиша балканскиот наркобос како „чудовиште кое не штеди пари за испорака на дрога на европскиот пазар“.
Тито пристигна во Перу пред десетина години и успеа да ја развие својата мрежа и свој нарко клан, кој испраќа дрога од Перу во Европа. Колку пари троши за транспорт говори фактот што кокаин со исклучителна чистота се транспортира со прекуокеански бродови, авиони и подморници.   Тито до пред десет години беше тренер на професионални боксери во Србија. Преку луѓето со кои соработувал и ги запознал преку спортот, вклучително и луѓе од подземјето, тој успеал да оствари контакти со јужноамериканските дилери на дрога. За кратко време, од купувач и посредник, тој стана главен снабдувач на кокаин произведен во Боливија, Колумбија и Перу на европскиот пазар, соопшти овој полициски специјалец.
Тито е еден од организаторите на „супер кланот“ што беше разбиен викендов. https://republika.mk/vesti/balkan/padna-balkanskiot-narko-bos-tito-sose-negovite-luksuzni-avtomobili-chasovnici-i-raskoshni-vili/

The post Беше најмистериозен бос од Балканот, но ДЕА му го најде крајот: Тито е поранешен боксер кој го надмина и Ел Чапо appeared first on Република.

]]>
Мистериозниот „Тито“ е шеф на балканскиот клан: Преку него оди третина од кокаинот во Европа https://republika.mk/vesti/balkan/misteriozniot-tito-e-shef-na-balkanskiot-klan-preku-nego-odi-tretina-od-kokainot-vo-evropa/ Sun, 24 Apr 2022 04:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=492881

Зад решетки во Србија се наоѓаат нарко босовите Дарко Шариќ и Вељко Беливук, познат како Веља Невоља, кој е осомничен дека е главната врска на црногорскиот „Кавачки клан“ во Србија. „Главна активност“ за Кавчаните е шверцот на кокаин во земјите од регионот. Додека некои од најважните српски „играчи“ во подземјето се зад решетки, многумина се прашуваат каде е мистериозниот „Тито“, за кого се смета дека е водач на „балканскиот картел“ и главен „човек за кокаин“ на овие простори.

Во големата меѓународна акција „Мајор“, која се водеше две години на два континента, запленети се четири тони кокаин и разбиена една од најголемите криминални организации во светот. Дел од запленетата стока му припаѓала на таканаречениот „балкански клан“, чии 23 членови се ставени зад решетки, но на слобода остана најважниот, кој е „алфа и омега“ на кланот - мистериозен босански државјанин познат по прекарот „Тито“.

Един Гачанин - Тито е шеф на еден од најмоќните нарко-кланови во светот „Тито и Дино“, кој го сочинуваат претежно луѓе од Балканот. По овој Сараевчанец со години трага американската ДЕА,  но и полицијата на многу други земји во светот, а за него се смета дека се крие во Дубаи.

За моќта на Тито и неговиот клан најдобро говорат податоците што ги презентираше холандската полиција, која наведува дека кланот го контролира европскиот нарко пазар и увозот на дури третина од кокаинот во Европа. Покрај последните четири запленети тони, од кои дел им припаѓа ним, „Тито и Дино“, според сомневањата, за само две години изгубиле 14.000 килограми од најскапиот опијат.

Оваа група веројатно може да се поврзе со неколку големи заплени на кокаин. Првата е една од 928 килограми кокаин, која беше скриена меѓу дрво од Еквадор, а беше запленета во 2016 година, потоа пратка тешка 5.300 килограми, скриена меѓу банани испратени од колумбискиот град Меделин, запленети во 2017 година во пристаништето Антверпен во Белгија, пратка од 2.045 килограми кокаин скриена меѓу конзерви аспарагус, запленета во Перу истата година, а која беше наменета за холандскиот пазар. Иако ваквиот план за шверц првиот пат им пропадна, тие ја повторија акцијата во 2017 година, само што товарот овојпат беше потежок за 583 килограми - 5.883 килограми кокаин скриен меѓу банани од Меделин во Колумбија беа пресретнати на пат кон пристаништето Алгесирас во Шпанија.

Акциите беа спроведени во рамките на Оперативната работна група и беа вклучени полицијата на Република Србија, Кралството Шпанија, Германија, Словенија, Колумбија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, како и американската Агенција за борба против дрога ДЕА.
Освен кокаин, полицијата пронашла и огромни лаборатории за марихуана, во кои растеле цели стебла од ова забрането растение. Во овие акции се запленети околу 612.000 евра, 324 килограми марихуана, луксузни возила и мотоцикли. Истражителите откриле дека картелот работел како „мултинационална компанија“.

Имале оружје, скапи автомобили, луксузни куќи и станови. Шпанската полиција откри дека главните играчи често ги менувале земјите во кои престојувале, а одржувале и состаноци на различни локации - се наведува во полициските извештаи.

Сите овие податоци беа доставени до босанското правосудство во 2019 година од Обвинителството на холандскиот град Бреда, а беа објавени од „Журнал“.

Соработува со криминалци од целиот свет

Во Перу и Колумбија кланот има соработка со локални криминалци од кои набавува дрога, на европско тло соработува со озлогласената италијанска група Камора, но има и бројни други криминални организации низ светот со кои е поврзан. Полициските документи говорат за неговите постојани контакти со членовите на групата од Северна Ирска собрани околу семејството Кинахан.

Гачанин најголемиот дел од својот живот го поминал во Холандија, каде што се поврзувал со важни луѓе од подземјето. На списокот на неговите блиски соработници од други кланови има и имиња како Ридуан Таги, по кого е распишана меѓународна потерница од Интерпол поради поврзаност со бројни убиства, а за кои холандските власти се подготвени да дадат 100 илјади евра на секој што ќе даде информации за него. Еден од неговите партнери беше уапсениот Ричард Рикелме, чилеански криминалец, еден од најопасните луѓе на светот, кој беше уапсен во Колумбија на крајот на 2017 година врз основа на потерница од Холандија. Третиот партнер на Гачанин е Рафаел Империјал познат како Паста, еден од водачите на италијанската мафија Камора.

Овие, но и други податоци за кланот „Тито и Дино“ и за самиот Един Гачанин дојдоа во соработка на американската ДЕА и холандските власти. Според нивните проценки, само преку пристаништето во Ротердам годишно се шверцуваат околу 100 тони кокаин од Јужна Америка, а картелот „Пабло Ескобар од Европа“, како што ДЕА го нарекува Гачанин, има монопол на шверцот, најмалку една третина од дрогата што доаѓа од Јужна Америка во Холандија им припаѓа ним.

Гачанин контактира и организира набавка на кокаин од Перу од четири различни криминални групи од местото Трухиљо, кои дејствуваат одделно. Во секоја од нив има по едно лице од доверба од поранешна Југославија, чија задача е да ја организира набавката и подготовката за шверц на кокаинот во Европа - се наведува во еден од полициските извештаи во кој биле вклучени истражителите на ДЕА и холандската полиција.

За потребите на трговијата со дрога, Тито во Перу основал компанија која формално се занимава со текстил. Тој пере пари во Холандија, Словенија, Босна, Шпанија, Белгија и Дубаи. Во тоа му помагаат и членовите на неговото семејство кое по потекло е од Сараево.

Переле пари со купување фудбалери

Освен за трговија со дрога, членовите на оваа криминална група се осомничени и за перење пари и тоа преку купување фудбалери.

Криминалната група, кој е поврзана со Кавачкиот клан, не само што тргувала со дрога, тие вршеле и други кривични дела, кражби, перење пари, изнуда, киднапирања и убиства. Колумбиската полиција има докази и дека купувале и продавале фудбалери ширум светот, за да ги пласираат парите заработени од кокаин на легални канали. Токму оваа активност им помогнала на истражителите, бидејќи била следена трага од парите од продажба на играчи - објави шпанскиот „АБЦ.ес“, без да наведе за кои фудбалски трансфери станува збор.

Тие не се единствениот пример за вакво перење пари. Фудбалот се споменуваа и во истрагата за кланот на Вељко Беливук, поради сомнеж дека и тие инвестирале валкани пари во трансфери, но и фудбалски клубови во Србија.

The post Мистериозниот „Тито“ е шеф на балканскиот клан: Преку него оди третина од кокаинот во Европа appeared first on Република.

]]>

Зад решетки во Србија се наоѓаат нарко босовите Дарко Шариќ и Вељко Беливук, познат како Веља Невоља, кој е осомничен дека е главната врска на црногорскиот „Кавачки клан“ во Србија. „Главна активност“ за Кавчаните е шверцот на кокаин во земјите од регионот. Додека некои од најважните српски „играчи“ во подземјето се зад решетки, многумина се прашуваат каде е мистериозниот „Тито“, за кого се смета дека е водач на „балканскиот картел“ и главен „човек за кокаин“ на овие простори. Во големата меѓународна акција „Мајор“, која се водеше две години на два континента, запленети се четири тони кокаин и разбиена една од најголемите криминални организации во светот. Дел од запленетата стока му припаѓала на таканаречениот „балкански клан“, чии 23 членови се ставени зад решетки, но на слобода остана најважниот, кој е „алфа и омега“ на кланот - мистериозен босански државјанин познат по прекарот „Тито“. Един Гачанин - Тито е шеф на еден од најмоќните нарко-кланови во светот „Тито и Дино“, кој го сочинуваат претежно луѓе од Балканот. По овој Сараевчанец со години трага американската ДЕА,  но и полицијата на многу други земји во светот, а за него се смета дека се крие во Дубаи. За моќта на Тито и неговиот клан најдобро говорат податоците што ги презентираше холандската полиција, која наведува дека кланот го контролира европскиот нарко пазар и увозот на дури третина од кокаинот во Европа. Покрај последните четири запленети тони, од кои дел им припаѓа ним, „Тито и Дино“, според сомневањата, за само две години изгубиле 14.000 килограми од најскапиот опијат.
Оваа група веројатно може да се поврзе со неколку големи заплени на кокаин. Првата е една од 928 килограми кокаин, која беше скриена меѓу дрво од Еквадор, а беше запленета во 2016 година, потоа пратка тешка 5.300 килограми, скриена меѓу банани испратени од колумбискиот град Меделин, запленети во 2017 година во пристаништето Антверпен во Белгија, пратка од 2.045 килограми кокаин скриена меѓу конзерви аспарагус, запленета во Перу истата година, а која беше наменета за холандскиот пазар. Иако ваквиот план за шверц првиот пат им пропадна, тие ја повторија акцијата во 2017 година, само што товарот овојпат беше потежок за 583 килограми - 5.883 килограми кокаин скриен меѓу банани од Меделин во Колумбија беа пресретнати на пат кон пристаништето Алгесирас во Шпанија.
Акциите беа спроведени во рамките на Оперативната работна група и беа вклучени полицијата на Република Србија, Кралството Шпанија, Германија, Словенија, Колумбија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, како и американската Агенција за борба против дрога ДЕА. Освен кокаин, полицијата пронашла и огромни лаборатории за марихуана, во кои растеле цели стебла од ова забрането растение. Во овие акции се запленети околу 612.000 евра, 324 килограми марихуана, луксузни возила и мотоцикли. Истражителите откриле дека картелот работел како „мултинационална компанија“.
Имале оружје, скапи автомобили, луксузни куќи и станови. Шпанската полиција откри дека главните играчи често ги менувале земјите во кои престојувале, а одржувале и состаноци на различни локации - се наведува во полициските извештаи.
Сите овие податоци беа доставени до босанското правосудство во 2019 година од Обвинителството на холандскиот град Бреда, а беа објавени од „Журнал“.

Соработува со криминалци од целиот свет

Во Перу и Колумбија кланот има соработка со локални криминалци од кои набавува дрога, на европско тло соработува со озлогласената италијанска група Камора, но има и бројни други криминални организации низ светот со кои е поврзан. Полициските документи говорат за неговите постојани контакти со членовите на групата од Северна Ирска собрани околу семејството Кинахан. Гачанин најголемиот дел од својот живот го поминал во Холандија, каде што се поврзувал со важни луѓе од подземјето. На списокот на неговите блиски соработници од други кланови има и имиња како Ридуан Таги, по кого е распишана меѓународна потерница од Интерпол поради поврзаност со бројни убиства, а за кои холандските власти се подготвени да дадат 100 илјади евра на секој што ќе даде информации за него. Еден од неговите партнери беше уапсениот Ричард Рикелме, чилеански криминалец, еден од најопасните луѓе на светот, кој беше уапсен во Колумбија на крајот на 2017 година врз основа на потерница од Холандија. Третиот партнер на Гачанин е Рафаел Империјал познат како Паста, еден од водачите на италијанската мафија Камора. Овие, но и други податоци за кланот „Тито и Дино“ и за самиот Един Гачанин дојдоа во соработка на американската ДЕА и холандските власти. Според нивните проценки, само преку пристаништето во Ротердам годишно се шверцуваат околу 100 тони кокаин од Јужна Америка, а картелот „Пабло Ескобар од Европа“, како што ДЕА го нарекува Гачанин, има монопол на шверцот, најмалку една третина од дрогата што доаѓа од Јужна Америка во Холандија им припаѓа ним.
Гачанин контактира и организира набавка на кокаин од Перу од четири различни криминални групи од местото Трухиљо, кои дејствуваат одделно. Во секоја од нив има по едно лице од доверба од поранешна Југославија, чија задача е да ја организира набавката и подготовката за шверц на кокаинот во Европа - се наведува во еден од полициските извештаи во кој биле вклучени истражителите на ДЕА и холандската полиција.
За потребите на трговијата со дрога, Тито во Перу основал компанија која формално се занимава со текстил. Тој пере пари во Холандија, Словенија, Босна, Шпанија, Белгија и Дубаи. Во тоа му помагаат и членовите на неговото семејство кое по потекло е од Сараево. Переле пари со купување фудбалери Освен за трговија со дрога, членовите на оваа криминална група се осомничени и за перење пари и тоа преку купување фудбалери.