тирз Archives - Република https://republika.mk/tema/tirz/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 08:03:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тирз Archives - Република https://republika.mk/tema/tirz/ 32 32 БМЗ стартува со инвстиција во ТИРЗ Скопје https://republika.mk/vesti/ekonomija/bmz-startuva-so-invstitsija-vo-tirz-skopje/ Wed, 04 Sep 2024 07:30:30 +0000 https://republika.mk/?p=812930

Камен темелник за фабрика за литиумски батерии, инвестиција од 65 милиони евра на германската компанија BMZ Group, ќе биде поставен денеска во Технолошко индустриската развојна зона Скопје.

На настанот е најавено присуство на премиерот Христијан Мицкоски, кој вчера изјави дека инвестицијата ќе отвори 700 работни места, а и претходела напорна двомесечна работа и отстранување на недостатоци што се акумулирале во месеците наназад.

-Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот ќе биде намалена разликата, односно дефицитот меѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува БДП, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања.

Опозициската СДСМ, пак, во реакција на изјавата на Мицкоски наведе дека инвестиција за производство на литиумски батерии била договорена уште во септември минатата година од тогашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи.

-Потпишувањето на овој значаен договор се случи во Франкфурт и претставува резултат на седуммесечен интензивен процес на преговори, започнат и успешно завршен од страна на СДСМ, соопшти СДСМ.

The post БМЗ стартува со инвстиција во ТИРЗ Скопје appeared first on Република.

]]>

Камен темелник за фабрика за литиумски батерии, инвестиција од 65 милиони евра на германската компанија BMZ Group, ќе биде поставен денеска во Технолошко индустриската развојна зона Скопје. На настанот е најавено присуство на премиерот Христијан Мицкоски, кој вчера изјави дека инвестицијата ќе отвори 700 работни места, а и претходела напорна двомесечна работа и отстранување на недостатоци што се акумулирале во месеците наназад. -Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот ќе биде намалена разликата, односно дефицитот меѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува БДП, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања. Опозициската СДСМ, пак, во реакција на изјавата на Мицкоски наведе дека инвестиција за производство на литиумски батерии била договорена уште во септември минатата година од тогашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи. -Потпишувањето на овој значаен договор се случи во Франкфурт и претставува резултат на седуммесечен интензивен процес на преговори, започнат и успешно завршен од страна на СДСМ, соопшти СДСМ.  

The post БМЗ стартува со инвстиција во ТИРЗ Скопје appeared first on Република.

]]>
Директорот на ТИРЗ ги претстави инвестициските потенцијали на Македонија пред повеќе од 50 јапонски компании https://republika.mk/vesti/ekonomija/direktorot-na-tirz-gi-pretstavi-investitsiskite-potentsijali-na-makedonija-pred-poveke-od-50-japonski-kompanii/ Wed, 10 Jul 2024 18:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=795513

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, пред повеќе од 50 јапонски компании, меѓу кои гиганти како Тошиба, Мицубиши, Нипон стил, Мабучи Мотор и други, ги претстави економските можности и потенцијали кои ги нуди Македонија.

На Бизнис семинарот во Диселдорф, организиран во соработка со Јапонската организација за надворешна трговија, ЏЕТРО (JETRO), Димовски ги презентираше новите владини мерки за поддршка на инвестиции како и новите економските перспективи и можностите достапни за јапонските компании.

Македонската влада е непоколеблива во својата заложба за поттикнување на развиена економија. Наша примарна обврска и фокус се економијата и промоција на нови инвестиции. Со нови, таргетирани мерки, веќе ја менуваме инвестициската клима. Стануваме вистински партнери на бизнисот. Јапонија има огромен економски и инвестициски потенцијал и може да стане важен партнер за забрзан раст на Македонија. Благодарам на големиот интерес од јапонските компании. Силно верувам дека наскоро ќе ја видиме и првата јапонска инвестиција во земјава“, изјави Димовски.

Директорот на ТИРЗ нагласи дека ќе продолжи да работи на унапредување на соработката меѓу ЏЕТРО и ТИРЗ со која се отвораат нови можности за јапонските компании.

Јапонските компании изразија задоволство од презентацијата и можноста директно да се запознаат со инвестициските можности кои ги нуди земјава. Јапонските компании најмногу се интересираа за достапноста на квалификувана работна сила во предизвиците и критичните фактори што треба да се земат предвид при влез на македонскиот пазар и потенцијалот за соработка со македонски компании.

На настанот свое обраќање имаше и јапонскиот амбасадор во земјава, Оцука Казуја како и генералните директори на ЏЕТРО во Виена, Варшава, Прага, Будимпешта, Букурешт кои ги презентираа економските потенцијални на Балканскиот регион и на Централна и Источна Европа.

Единствено Македонија, претставена од директорот на ТИРЗ, Димовски, имаше посебна презентација на економските можности, што ја означува нејзината единствена позиција и потенцијал како дестинација за инвестирање.

Овој Бизнис семинар е дел од активностите кои следат по потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу ТИРЗ и ЏЕТРО, чија цел е полесен влез на јапонски компании во земјава како и воспоставување поблиска соработка меѓу македонските и јапонските компании.

The post Директорот на ТИРЗ ги претстави инвестициските потенцијали на Македонија пред повеќе од 50 јапонски компании appeared first on Република.

]]>

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, пред повеќе од 50 јапонски компании, меѓу кои гиганти како Тошиба, Мицубиши, Нипон стил, Мабучи Мотор и други, ги претстави економските можности и потенцијали кои ги нуди Македонија. На Бизнис семинарот во Диселдорф, организиран во соработка со Јапонската организација за надворешна трговија, ЏЕТРО (JETRO), Димовски ги презентираше новите владини мерки за поддршка на инвестиции како и новите економските перспективи и можностите достапни за јапонските компании.
Македонската влада е непоколеблива во својата заложба за поттикнување на развиена економија. Наша примарна обврска и фокус се економијата и промоција на нови инвестиции. Со нови, таргетирани мерки, веќе ја менуваме инвестициската клима. Стануваме вистински партнери на бизнисот. Јапонија има огромен економски и инвестициски потенцијал и може да стане важен партнер за забрзан раст на Македонија. Благодарам на големиот интерес од јапонските компании. Силно верувам дека наскоро ќе ја видиме и првата јапонска инвестиција во земјава“, изјави Димовски.
Директорот на ТИРЗ нагласи дека ќе продолжи да работи на унапредување на соработката меѓу ЏЕТРО и ТИРЗ со која се отвораат нови можности за јапонските компании. Јапонските компании изразија задоволство од презентацијата и можноста директно да се запознаат со инвестициските можности кои ги нуди земјава. Јапонските компании најмногу се интересираа за достапноста на квалификувана работна сила во предизвиците и критичните фактори што треба да се земат предвид при влез на македонскиот пазар и потенцијалот за соработка со македонски компании. На настанот свое обраќање имаше и јапонскиот амбасадор во земјава, Оцука Казуја како и генералните директори на ЏЕТРО во Виена, Варшава, Прага, Будимпешта, Букурешт кои ги презентираа економските потенцијални на Балканскиот регион и на Централна и Источна Европа. Единствено Македонија, претставена од директорот на ТИРЗ, Димовски, имаше посебна презентација на економските можности, што ја означува нејзината единствена позиција и потенцијал како дестинација за инвестирање. Овој Бизнис семинар е дел од активностите кои следат по потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу ТИРЗ и ЏЕТРО, чија цел е полесен влез на јапонски компании во земјава како и воспоставување поблиска соработка меѓу македонските и јапонските компании.

The post Директорот на ТИРЗ ги претстави инвестициските потенцијали на Македонија пред повеќе од 50 јапонски компании appeared first on Република.

]]>
ТИРЗ со решение за проблемот на ФИНКИ, му ги нуди своите сегашни простории на БРО, за БРО да им ги отстапи бараките на студентите https://republika.mk/vesti/makedonija/tirz-so-reshenie-za-problemot-na-finki-mu-gi-nudi-svoite-segashni-prostorii-na-bro-za-bro-da-im-gi-otstapi-barakite-na-studentite/ Tue, 02 Apr 2024 12:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=761283

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) предлага, Бирото за развој на образованието (БРО) да се пресели во нејзините сегашните простории, за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) да ги користи бараките во кои сега е сместено Бирото. Дирекцијата за ТИРЗ, пак, има нови канцеларии кои се уште официјално не се во функција, но денеска во нив се одржа првиот настан - серијата панели од проектот на „Иднината почнува дома“.

Според директорот на Дирекцијата, Јован Деспотовски, со ова ТИРЗ нуди конкретно решение на проблемот. Студентите, смета тој, мора да имаат приоритет над администрацијата.

-Денеска овде беше и деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски, пред протестот пред Владата за обезбедување подобри услови за студентите. Ние и со овој денешен настан им изразуваме поддршка во тој протест за да се обезбедат тие услови. Дирекцијата за ТИРЗ го понуди постојниот простор во строгиот центар на градот за сите државни институции, пред се Бирото за развој на образование, да ги користат без ограничување. За возврат, Бирото треба да излезе во пресрет на барањата на ФИНКИ и да ги отстапи бараките што ги користи, за потребите на студентите. Сите млади мора да сфатат дека оваа држава може да им даде поддршка тука да се чувствуваат дома, а не дома да им биде на некое друго место, изјави Деспотовски по денешниот настан во ТИРЗ. ФИНКИ денеска пред Владата го одржа вториот протест, испраќајќи пораката дека останува на барањето да се всели во просториите на БРО.

The post ТИРЗ со решение за проблемот на ФИНКИ, му ги нуди своите сегашни простории на БРО, за БРО да им ги отстапи бараките на студентите appeared first on Република.

]]>

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) предлага, Бирото за развој на образованието (БРО) да се пресели во нејзините сегашните простории, за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) да ги користи бараките во кои сега е сместено Бирото. Дирекцијата за ТИРЗ, пак, има нови канцеларии кои се уште официјално не се во функција, но денеска во нив се одржа првиот настан - серијата панели од проектот на „Иднината почнува дома“. Според директорот на Дирекцијата, Јован Деспотовски, со ова ТИРЗ нуди конкретно решение на проблемот. Студентите, смета тој, мора да имаат приоритет над администрацијата. -Денеска овде беше и деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски, пред протестот пред Владата за обезбедување подобри услови за студентите. Ние и со овој денешен настан им изразуваме поддршка во тој протест за да се обезбедат тие услови. Дирекцијата за ТИРЗ го понуди постојниот простор во строгиот центар на градот за сите државни институции, пред се Бирото за развој на образование, да ги користат без ограничување. За возврат, Бирото треба да излезе во пресрет на барањата на ФИНКИ и да ги отстапи бараките што ги користи, за потребите на студентите. Сите млади мора да сфатат дека оваа држава може да им даде поддршка тука да се чувствуваат дома, а не дома да им биде на некое друго место, изјави Деспотовски по денешниот настан во ТИРЗ. ФИНКИ денеска пред Владата го одржа вториот протест, испраќајќи пораката дека останува на барањето да се всели во просториите на БРО.

The post ТИРЗ со решение за проблемот на ФИНКИ, му ги нуди своите сегашни простории на БРО, за БРО да им ги отстапи бараките на студентите appeared first on Република.

]]>
Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома, а не да увезуваме странци за работа https://republika.mk/vesti/ekonomija/despotovski-da-gi-platime-nashite-luge-poveke-za-da-ostanat-doma-a-ne-da-uvezuvame-strantsi-za-rabota/ Wed, 13 Mar 2024 10:14:27 +0000 https://republika.mk/?p=754323

Справувањето со недостигот на работна сила на Западниот Балкан бара рационален и храбар пристап. Треба прво да видиме што може да се направи во регионот со постоечките ресурси, а не да одиме во потрага по работна сила. Потребено ни е преструктурирање на економијата, инвестирање во технологија и индустрии кои носат поголема додадена вредност и подобро платени работни места,“ истакнал Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ на Балканскиот форум кој се одржува во Будимпешта.

Деспотовски, како што информираат денеска од ТИРЗ, на покана на Унгарскиот институт за надворешни работи, како главен говорник на панелот посветен на справувањето со недостаток на работна сила во Централна и Југоисточна Европа рекол дека за решавање на ова актуелно прашање многу е важно работите да се гледаат и анализираат преку квантитативен и структурен пристап за да се изнајдат ефективни решенија.

Разликата во продуктивноста меѓу земјите во регионот, што е потврдено и преку статистиките за продуктивност и удел во БДП по глава на жител, отвора критични прашања во врска со ефикасноста на работната сила и секторската дистрибуција. Споредбата на продуктивноста на Словенија со Македонија, Србија и Албанија открива остри контрасти. И покрај сличната големини на населението, Словенија покажува значително повисоки нивоа на продуктивност. Овде се поставува прашањето зошто ист број луѓе во Словенија произведуваат 5 пати повеќе отколку во Македонија или зошто истото производство во Србија се генерира со 3,5 пати повеќе луѓе отколку во Словенија?, посочил Деспотовски.

Според него со оптимизација на сектори и трансфер на работници може да се случи потребната промена, како на пример со трансфер на работници од земјоделие, традиционалните ниско платени производствени дејности, како и од јавната администрација во сектори потребни на пазарот на работна сила.

Во справувањето со недостигот на работна сила, странските работници се појавуваат како брзо решение за ублажување на моменталните притисоци, смета Деспотовски, но, според него од клучно значење е при ангажирање странска работна сила да се земат предвид и културната компатибилност, владеењето на јазиците и приспособливоста заедно со техничките вештини.

Концептот за слободно движење на работната сила во Македонија, Србија и Албанија во рамки на Отворен Балкан има добар потенцијал да ги раздвижи пазарите на работна сила и да поттикне економски раст. Дозволувајќи поголема синергија меѓу овие земји, можеме да ја забрзаме нивната заедничка развојна линија и да го затвориме јазот којшто го имаме во однос на понапредните економии. Со поттикнување на редефинирање на секторите, разумно прифаќање на странската работна сила и користење на регионалната соработка, можеме да го отвориме патот за одржлив економски раст и просперитет низ Западен Балкан, посочил Деспотовски.

Според информациите од ТИРЗ, на панелот учествуваат претставници на германската Бизнис асоцијација за Југоисточна Европа, виенскиот Институт за економски студии, како и професори од Економскиот факултет во Белград и унгарската Фондација за економски истражувања.

Над 100 експерти, политичари и претставници на невладини организации учествуваат на Балкански форум во Будимпешта 2024, во организација на Унгарскиот институт за надворешни работи. Меѓу нив годинава се и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, Дубравка Џедовиќ, министерка за рударство и енергетика на Србија, Весела Чернева заменик директор на Европскиот Совет за надворешни односи и Игли Хасани, министер за Европа и надворешни работи на Албанија. Дводневниот форум годинава се фокусира на енергетиката, економијата и на евроинтеграцијата на Западен Балкан. Балканскиот форум се одржува осма година по ред.

The post Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома, а не да увезуваме странци за работа appeared first on Република.

]]>

Справувањето со недостигот на работна сила на Западниот Балкан бара рационален и храбар пристап. Треба прво да видиме што може да се направи во регионот со постоечките ресурси, а не да одиме во потрага по работна сила. Потребено ни е преструктурирање на економијата, инвестирање во технологија и индустрии кои носат поголема додадена вредност и подобро платени работни места,“ истакнал Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ на Балканскиот форум кој се одржува во Будимпешта.
Справувањето со недостигот на работна сила на Западниот Балкан бара рационален и храбар пристап. Треба прво да видиме што може да се направи во регионот со постоечките ресурси, а не да одиме во потрага по работна сила. Потребено ни е преструктурирање на економијата, инвестирање во технологија и индустрии кои носат поголема додадена вредност и подобро платени работни места,“ истакнал Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ на Балканскиот форум кој се одржува во Будимпешта.
Деспотовски, како што информираат денеска од ТИРЗ, на покана на Унгарскиот институт за надворешни работи, како главен говорник на панелот посветен на справувањето со недостаток на работна сила во Централна и Југоисточна Европа рекол дека за решавање на ова актуелно прашање многу е важно работите да се гледаат и анализираат преку квантитативен и структурен пристап за да се изнајдат ефективни решенија.
Разликата во продуктивноста меѓу земјите во регионот, што е потврдено и преку статистиките за продуктивност и удел во БДП по глава на жител, отвора критични прашања во врска со ефикасноста на работната сила и секторската дистрибуција. Споредбата на продуктивноста на Словенија со Македонија, Србија и Албанија открива остри контрасти. И покрај сличната големини на населението, Словенија покажува значително повисоки нивоа на продуктивност. Овде се поставува прашањето зошто ист број луѓе во Словенија произведуваат 5 пати повеќе отколку во Македонија или зошто истото производство во Србија се генерира со 3,5 пати повеќе луѓе отколку во Словенија?, посочил Деспотовски.
Според него со оптимизација на сектори и трансфер на работници може да се случи потребната промена, како на пример со трансфер на работници од земјоделие, традиционалните ниско платени производствени дејности, како и од јавната администрација во сектори потребни на пазарот на работна сила. Во справувањето со недостигот на работна сила, странските работници се појавуваат како брзо решение за ублажување на моменталните притисоци, смета Деспотовски, но, според него од клучно значење е при ангажирање странска работна сила да се земат предвид и културната компатибилност, владеењето на јазиците и приспособливоста заедно со техничките вештини.
Концептот за слободно движење на работната сила во Македонија, Србија и Албанија во рамки на Отворен Балкан има добар потенцијал да ги раздвижи пазарите на работна сила и да поттикне економски раст. Дозволувајќи поголема синергија меѓу овие земји, можеме да ја забрзаме нивната заедничка развојна линија и да го затвориме јазот којшто го имаме во однос на понапредните економии. Со поттикнување на редефинирање на секторите, разумно прифаќање на странската работна сила и користење на регионалната соработка, можеме да го отвориме патот за одржлив економски раст и просперитет низ Западен Балкан, посочил Деспотовски.
Според информациите од ТИРЗ, на панелот учествуваат претставници на германската Бизнис асоцијација за Југоисточна Европа, виенскиот Институт за економски студии, како и професори од Економскиот факултет во Белград и унгарската Фондација за економски истражувања. Над 100 експерти, политичари и претставници на невладини организации учествуваат на Балкански форум во Будимпешта 2024, во организација на Унгарскиот институт за надворешни работи. Меѓу нив годинава се и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, Дубравка Џедовиќ, министерка за рударство и енергетика на Србија, Весела Чернева заменик директор на Европскиот Совет за надворешни односи и Игли Хасани, министер за Европа и надворешни работи на Албанија. Дводневниот форум годинава се фокусира на енергетиката, економијата и на евроинтеграцијата на Западен Балкан. Балканскиот форум се одржува осма година по ред.

The post Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома, а не да увезуваме странци за работа appeared first on Република.

]]>
Заврши бајката „фабрика за електрични возила во Тетово“: Запрен Договорот за државна помош за компанијата „е.ГО“ https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-bajkata-fabrika-za-elektrichni-vozila-vo-tetovo-zapren-dogovorot-za-drzhavna-pomosh-za-kompanijata-e-go/ Fri, 08 Mar 2024 17:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=752771

Поради несолвентност на компанијата „мајка“ се запира извршувањето на Договорот за доделување на државна помош со компанијата „е.ГО“ и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства, информираат од Дирекцијата за ТИРЗ.

Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош, велат од Дирекцијата за ТИРЗ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tache-i-lopatite-si-zaminaa-kamen-temelnikot-ostana-da-zjae-na-pusta-livada-vaka-izgleda-fabrikata-za-elektrichni-vozila-vo-tetovo/

Од ТИРЗ нагласуваат дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата.

За сите понатамошни чекори поврзани со овој проект и натамошните активности околу евентуалната реализација Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата во овој договор, како и досега, ќе дејствува целосно во заштита на јавниот интерес и навремено ќе достави информации, посочуваат од Дирекција за ТИРЗ.

Компанијата „е.ГО“ требаше да гради фабрика за електрични возила во технолошко-индустриската зона во Тетово.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/grubi-objavi-deka-vo-tetovo-kje-se-proizveduvaat-elektrichni-vozila-vladata-kje-vlozi-130-milioni-evra/

The post Заврши бајката „фабрика за електрични возила во Тетово“: Запрен Договорот за државна помош за компанијата „е.ГО“ appeared first on Република.

]]>

Поради несолвентност на компанијата „мајка“ се запира извршувањето на Договорот за доделување на државна помош со компанијата „е.ГО“ и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства, информираат од Дирекцијата за ТИРЗ.
Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош, велат од Дирекцијата за ТИРЗ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/tache-i-lopatite-si-zaminaa-kamen-temelnikot-ostana-da-zjae-na-pusta-livada-vaka-izgleda-fabrikata-za-elektrichni-vozila-vo-tetovo/ Од ТИРЗ нагласуваат дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата.
За сите понатамошни чекори поврзани со овој проект и натамошните активности околу евентуалната реализација Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата во овој договор, како и досега, ќе дејствува целосно во заштита на јавниот интерес и навремено ќе достави информации, посочуваат од Дирекција за ТИРЗ.
Компанијата „е.ГО“ требаше да гради фабрика за електрични возила во технолошко-индустриската зона во Тетово. https://republika.mk/vesti/ekonomija/grubi-objavi-deka-vo-tetovo-kje-se-proizveduvaat-elektrichni-vozila-vladata-kje-vlozi-130-milioni-evra/

The post Заврши бајката „фабрика за електрични возила во Тетово“: Запрен Договорот за државна помош за компанијата „е.ГО“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски и Деспотовски ќе ја презентираат првата странска инвестиција за оваа година https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-i-despotovski-ke-ja-prezentiraat-prvata-stranska-investitsija-za-ovaa-godina/ Wed, 03 Jan 2024 08:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=729180

Во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) денеска ќе биде презентирана првата странска инвестиција за 2024 година.

Деспотовски во вчерашното интервју за МИА рече дека се работи за компанија која доаѓа од атрактивна технолошка дестинација од Југоисточна Азија. Капацитетот ќе биде лоциран во ТИРЗ Скопје 1 и според проекциите, до крајот на инвестицискиот период само за плати се предвидени над 15 милиони евра годишно.

Со оваа инвестиција се отвора целосно ново поглавје во однос на типот и квалитетот на вложувањата, посебно од аспект на високи плати и ангажирање млади луѓе со високи квалификации. Компанијата има претставништва во повеќе земји низ светот и веќе вработува млади кадри од државава, но со договорот што е постигнат, бројката дваесеткратно ќе се зголеми, истакна Деспотовски.

The post Ковачевски и Деспотовски ќе ја презентираат првата странска инвестиција за оваа година appeared first on Република.

]]>

Во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) денеска ќе биде презентирана првата странска инвестиција за 2024 година. Деспотовски во вчерашното интервју за МИА рече дека се работи за компанија која доаѓа од атрактивна технолошка дестинација од Југоисточна Азија. Капацитетот ќе биде лоциран во ТИРЗ Скопје 1 и според проекциите, до крајот на инвестицискиот период само за плати се предвидени над 15 милиони евра годишно.
Со оваа инвестиција се отвора целосно ново поглавје во однос на типот и квалитетот на вложувањата, посебно од аспект на високи плати и ангажирање млади луѓе со високи квалификации. Компанијата има претставништва во повеќе земји низ светот и веќе вработува млади кадри од државава, но со договорот што е постигнат, бројката дваесеткратно ќе се зголеми, истакна Деспотовски.
 
The post Ковачевски и Деспотовски ќе ја презентираат првата странска инвестиција за оваа година appeared first on Република.

]]>
ТИРЗ: Странските инвеститори задоволни од услугите https://republika.mk/vesti/ekonomija/tirz-stranskite-investitori-zadovolni-od-uslugite/ Sun, 24 Dec 2023 12:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=726153

Странските инвеститори позитивно ги оценуваат услугите и комуникацијата со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони покажува Анализата на мерење на задоволство на корисниците на ТИРЗ.

Просечна средна оценка за ТИРЗ добиена од сите корисници е 4,42 од 5. Компаниите највисоко ја вреднуваат комуникацијата со вработените со 4,7. Деталното постапување по барањата е оценето со 4,3, додека во однос на брзината на постапување по доставено барање, корисниците на ТИРЗ даваат просечна средна оценка 4,2. Висока оценка, 4,4 е дадена и за навремено споделување на информации и точноста на информациите кои ги дава институцијата, како и за знаењето, вештините и способноста на вработените. Анализата се спроведува по втор пат, согласно воведените меѓународни ИСО стандарди во ТИРЗ, а во анкетата учествувале над 30 компании членки на семејството на ТИРЗ кои придонесуваат со близу 50% од вкупниот извоз на државата и 6-8% во БДП.

„Задоволен сум од овие резултати, но секогаш се стремиме кон повеќе и подобро. Во изминатите неколку години ТИРЗ прерасна во современа институција која знае и да привлече нови, но и да ги задржи своите постојни клиенти. Растот на инвестициите, новите работни места и приходите од работењето тоа најдобро го потврдуваат. Воведовме нова организациска структура, вклучивме млади луѓе и енергија во нашиот тим. Во 2024 следат уште новини, што ќе не однесат на ниво повисоко квалитет. Со подготвените законски измени, овој квалитет на услуги, на поддршка ќе стане достапен за широк круг на домашни компании,“ вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Само во последниве три години, две третини од постоечките компании во ТИРЗ реинвестираат и ги прошируваат своите капацитети, а со новите постигнати договори обемот на инвестиции во ТИРЗ достигна 2 милијарди евра.  Од 2020 година до сега, повеќе од 60% од постојните компании во ТИРЗ донеле одлука за повторно инвестирање во проширување и модернизација на производството. Над 80% од компаниите го зголемиле бројот на работните места. Овие резултати се дотолку повеќе значајни ако се има предвид податокот дека кај само 10% од компаниите постоела намера за нова фаза на инвестиција во првичниот деловен план доставен при влез во Македонија.

Инаку, ТИРЗ е прва државна институција која пред година и пол, воведе меѓународни ИСО стандарди за борба против корупција и квалитет за работа со кои се дефинирани внатрешните и екстерните процедури за менаџмент, рано препознавање, разгледување и подобрување на системот против поткуп како и на системот за квалитет и подобрување на процесите во рамки на Дирекцијата.

The post ТИРЗ: Странските инвеститори задоволни од услугите appeared first on Република.

]]>

Странските инвеститори позитивно ги оценуваат услугите и комуникацијата со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони покажува Анализата на мерење на задоволство на корисниците на ТИРЗ. Просечна средна оценка за ТИРЗ добиена од сите корисници е 4,42 од 5. Компаниите највисоко ја вреднуваат комуникацијата со вработените со 4,7. Деталното постапување по барањата е оценето со 4,3, додека во однос на брзината на постапување по доставено барање, корисниците на ТИРЗ даваат просечна средна оценка 4,2. Висока оценка, 4,4 е дадена и за навремено споделување на информации и точноста на информациите кои ги дава институцијата, како и за знаењето, вештините и способноста на вработените. Анализата се спроведува по втор пат, согласно воведените меѓународни ИСО стандарди во ТИРЗ, а во анкетата учествувале над 30 компании членки на семејството на ТИРЗ кои придонесуваат со близу 50% од вкупниот извоз на државата и 6-8% во БДП. „Задоволен сум од овие резултати, но секогаш се стремиме кон повеќе и подобро. Во изминатите неколку години ТИРЗ прерасна во современа институција која знае и да привлече нови, но и да ги задржи своите постојни клиенти. Растот на инвестициите, новите работни места и приходите од работењето тоа најдобро го потврдуваат. Воведовме нова организациска структура, вклучивме млади луѓе и енергија во нашиот тим. Во 2024 следат уште новини, што ќе не однесат на ниво повисоко квалитет. Со подготвените законски измени, овој квалитет на услуги, на поддршка ќе стане достапен за широк круг на домашни компании,“ вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ. Само во последниве три години, две третини од постоечките компании во ТИРЗ реинвестираат и ги прошируваат своите капацитети, а со новите постигнати договори обемот на инвестиции во ТИРЗ достигна 2 милијарди евра.  Од 2020 година до сега, повеќе од 60% од постојните компании во ТИРЗ донеле одлука за повторно инвестирање во проширување и модернизација на производството. Над 80% од компаниите го зголемиле бројот на работните места. Овие резултати се дотолку повеќе значајни ако се има предвид податокот дека кај само 10% од компаниите постоела намера за нова фаза на инвестиција во првичниот деловен план доставен при влез во Македонија. Инаку, ТИРЗ е прва државна институција која пред година и пол, воведе меѓународни ИСО стандарди за борба против корупција и квалитет за работа со кои се дефинирани внатрешните и екстерните процедури за менаџмент, рано препознавање, разгледување и подобрување на системот против поткуп како и на системот за квалитет и подобрување на процесите во рамки на Дирекцијата.

The post ТИРЗ: Странските инвеститори задоволни од услугите appeared first on Република.

]]>
ТИРЗ: Oтворен повик за инвестиции во 50 мегавати соларни централи https://republika.mk/vesti/ekonomija/tirz-otvoren-povik-za-investitsii-vo-50-megavati-solarni-tsentrali/ Sat, 25 Nov 2023 09:35:06 +0000 https://republika.mk/?p=716098

Дирекцијата за ТИРЗ објави отворена постапка за доделување на локации во пет различни технолошко индустриски развојни зони за изградба и поставување соларни централи. Склучување на јавно-приватно партнерство за проектирање, изградба, стопанисување и финансирање на овие централи е предвидено во ТИРЗ Скопје 1 и Скопје 2, ТИРЗ Штип, ТИРЗ Струмица, ТИРЗ Прилеп и ТИРЗ Струга.

Со ова целта е да се искористи дел од земјиштето во склоп на зоните кое во изминативе години, а во некои случаи повеќе од 15г. , е неискористено. Во најголем дел станува збор за парцели кои не се погодни за изградба на производствени капацитети. Со ова ТИРЗ сака да придонесе кон зајакнување на енергетските капацитети на државата како и на забрзување на транзицијата кон економија базирана на зелена енергија што е глобален тренд, се наведува во денешното соопштение од ТИРЗ.

Согласно изработената студија на изводливост, како што се посочува во соопштението, се очекуваат инвестиции од 40 милиони евра и максимален инсталиран капацитет од 50 мегавати. Постапката е деллива што отвора можност да инвестираат повеќе компании. На повикот важат исти услови за инвестирање и за домашни и за странски компании.

Државата ќе добие процент од приходите на секоја од компаниите што ќе инвестира, а предвиден е и дополнителен фиксен надомест за земјиштето. Договорите ќе бидат склучени на 25 години, а според проценките во Студијата која ја изработи реномираната меѓународна ревизорска куќа Грант Торнтон, само фиксниот надомест за овој период е проектиран на 14 милиони евра. Овие средства ќе бидат наменети за покривање на трошоците за подготовка на самото земјиште во Зоните, како и за други инфраструктурни зафати со цел побрза и поуспешна реализација на овие инвестициски проекти. Дел од приходите ќе се користат и за финансирање на други тековни иницијативи на ТИРЗ за поддршка за млади, информираат од ТИРЗ.

Повикот е отворен 35 дена и е објавен на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/481b0066-7c8e-4e63-ae81-8e1442c487d6/1

The post ТИРЗ: Oтворен повик за инвестиции во 50 мегавати соларни централи appeared first on Република.

Власта нема странски инвестиции, но има фирма за уредување на слободните економски зони https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-nema-stranski-investitsii-no-ima-firma-za-ureduvane-na-slobodnite-ekonomski-zoni/ Mon, 16 Oct 2023 10:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=691664

Во последните години во Македонија нема странски инвестиции, нема ниту политика за привлекување, но и покрај ваквата состојба сепак има тендери за уредување на слободните економски зони кои се празни! Ова е договор помеѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони со фирмата ЗОБЕК МИНИМГ ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ склучен на 25.08.2023 година со кои се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорите страни во врска со набавка за нивелирање на парцели во ТИРЗ Штип.

Договорот е во вредност од 5.705.790 евра.Интересен е фактот што горе именуваната фирма во својата историја на електронскиот систем за јавни набавки има добиено САМО 4 тендери и СИТЕ четири тендери се од Дирекцијата за технолошко индустриски зони и сите овие тендери се добиени откако Јован Деспотовски е именуван за директор на ТИРЗ, oбвини Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата ЗОБЕК од Дирекцијата за технолошко индустриски зони има добиено два тендери во 2021 година, и по еден во 2022 и 2023 година во вкупна вредност од 989.793.742 денари односно 16 милиони евра.Па оттука, јавноста треба да добие одговори кои се критериумите кои само оваа фирма ги исполнува веќе 4 пати и ги добива тендерите од Дирекцијата? Дали станува збор за фаворизирање од една страна, а истиснување на сите други фирми од друга страна?Почитувани, со ваквите постапки од досегашното владеење на СДС и ДУИ можеме да констатираме дека несигурноста и недовербата во институциите, невладеењето на правото, големите коруптивни скандали и тендери се причина плус за лошите резултати во привлекувањето на странски директни инвестиции.Македонија од земја лидер за привлекување на странски директни инвестиции стана земја во која нема ниту план ниту стратегија на оваа тема, но затоа има тендери за нивелирање односно подготовка на празно земјиште.

https://www.youtube.com/watch?v=yhK4xmy1dSs&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Власта нема странски инвестиции, но има фирма за уредување на слободните економски зони appeared first on Република.

]]>

Во последните години во Македонија нема странски инвестиции, нема ниту политика за привлекување, но и покрај ваквата состојба сепак има тендери за уредување на слободните економски зони кои се празни! Ова е договор помеѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони со фирмата ЗОБЕК МИНИМГ ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ склучен на 25.08.2023 година со кои се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорите страни во врска со набавка за нивелирање на парцели во ТИРЗ Штип. Договорот е во вредност од 5.705.790 евра.Интересен е фактот што горе именуваната фирма во својата историја на електронскиот систем за јавни набавки има добиено САМО 4 тендери и СИТЕ четири тендери се од Дирекцијата за технолошко индустриски зони и сите овие тендери се добиени откако Јован Деспотовски е именуван за директор на ТИРЗ, oбвини Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Фирмата ЗОБЕК од Дирекцијата за технолошко индустриски зони има добиено два тендери во 2021 година, и по еден во 2022 и 2023 година во вкупна вредност од 989.793.742 денари односно 16 милиони евра.Па оттука, јавноста треба да добие одговори кои се критериумите кои само оваа фирма ги исполнува веќе 4 пати и ги добива тендерите од Дирекцијата? Дали станува збор за фаворизирање од една страна, а истиснување на сите други фирми од друга страна?Почитувани, со ваквите постапки од досегашното владеење на СДС и ДУИ можеме да констатираме дека несигурноста и недовербата во институциите, невладеењето на правото, големите коруптивни скандали и тендери се причина плус за лошите резултати во привлекувањето на странски директни инвестиции.Македонија од земја лидер за привлекување на странски директни инвестиции стана земја во која нема ниту план ниту стратегија на оваа тема, но затоа има тендери за нивелирање односно подготовка на празно земјиште.
https://www.youtube.com/watch?v=yhK4xmy1dSs&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Власта нема странски инвестиции, но има фирма за уредување на слободните економски зони appeared first on Република.

]]>
Во ТИР зоните за една година отворени околу 2000 работни места https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-tir-zonite-za-edna-godina-otvoreni-okolu-2000-rabotni-mesta/ Sun, 08 Oct 2023 09:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=689155

Во компаниите во ТИРЗ зоните за една година се отворени околу 2000 работни места, покажуваат податоците на Дирекцијата на технолошко-развојни зони.

Бројот на вработени во зоните во септември се искачил на 17.558 што е за 13 проценти повеќе споредено со истиот период лани, а за 25 проценти повеќе во однос на септември 2021 година и за 31 процент во однос на 2020 година.

Редовната месечна анализа на Дирекцијата покажува дека континуираниот раст на вработените продолжува и само за еден месец 200 наши сограѓани добиле нови работни места, велат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Заклучно со септември е регистриран и раст на извозот и увозот. Во првите девет месеци од годината компаниите во зоните оствариле извоз од 2,8 милијарди евра што е за 8 проценти повеќе споредено со истиот период минатата година. Само во септември, извозот достигнал 329 милиони евра, а споредено со почетокот од годинава извозот е зголемен за 19 проценти.

Увозот од почетокот на годинава досега достигнал над 2,3 милијарди евра. Само во јули годинава компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од 275 милиони евра што е за 20 проценти пониско ниво споредено со септември лани, но за 45 проценти и 55 проценти повисоко во однос на септември 2021 и 2020 година.

Поради ваквите економски движења и нето извозот е во позитива, а заклучно со септември изнесува 22 проценти, велат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Очекувањата се да продолжи ваквиот позитивен тренд до крајот на годинава поради зголемениот обем на склучени договори за инвестиции. Годинава се склучени договори во вредност од 350 милиони евра и веќе се реализираат дел од планираните 6000 нови работни места.

The post Во ТИР зоните за една година отворени околу 2000 работни места appeared first on Република.

]]>

Во компаниите во ТИРЗ зоните за една година се отворени околу 2000 работни места, покажуваат податоците на Дирекцијата на технолошко-развојни зони. Бројот на вработени во зоните во септември се искачил на 17.558 што е за 13 проценти повеќе споредено со истиот период лани, а за 25 проценти повеќе во однос на септември 2021 година и за 31 процент во однос на 2020 година.
Редовната месечна анализа на Дирекцијата покажува дека континуираниот раст на вработените продолжува и само за еден месец 200 наши сограѓани добиле нови работни места, велат од Дирекцијата на ТИРЗ.
Заклучно со септември е регистриран и раст на извозот и увозот. Во првите девет месеци од годината компаниите во зоните оствариле извоз од 2,8 милијарди евра што е за 8 проценти повеќе споредено со истиот период минатата година. Само во септември, извозот достигнал 329 милиони евра, а споредено со почетокот од годинава извозот е зголемен за 19 проценти. Увозот од почетокот на годинава досега достигнал над 2,3 милијарди евра. Само во јули годинава компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од 275 милиони евра што е за 20 проценти пониско ниво споредено со септември лани, но за 45 проценти и 55 проценти повисоко во однос на септември 2021 и 2020 година.
Поради ваквите економски движења и нето извозот е во позитива, а заклучно со септември изнесува 22 проценти, велат од Дирекцијата на ТИРЗ.
Очекувањата се да продолжи ваквиот позитивен тренд до крајот на годинава поради зголемениот обем на склучени договори за инвестиции. Годинава се склучени договори во вредност од 350 милиони евра и веќе се реализираат дел од планираните 6000 нови работни места.

The post Во ТИР зоните за една година отворени околу 2000 работни места appeared first on Република.

]]>
Фирма за електрични батерии за автомобили ќе гради фабрика во Кичево https://republika.mk/vesti/ekonomija/firma-za-elektrichni-baterii-za-avtomobili-ke-gradi-fabrika-vo-kichevo/ Mon, 22 May 2023 05:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=643408

Нови 600 работни места ќе отвори компанијата „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) која одлучи да инвестира околу 40 милиони евра во Македонија.

Компанијата, како што јави известувачот на МИА од Брисел, ќе произведува електрични батерии за автомобили и ќе гради фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево.

Договорот денеска во Брисел ќе го потпише директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски во присуство на министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши и Деспотовски се дел од делегацијата што во Брисел ја предводи претседателот на државата Стево Пендаровски, кој денеска заедно со нив ќе присуствува на бизнис форум во Антверпен каде пред белгиски компании ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија. Покрај ова, утре во Брисел ќе се одржи уште еден бизнис форум.

Претседателот Пендаровски утре ќе се сретне и со премиерот на Белгија, Александер Де Кро, претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент, Елијан Тилие и со претсдателката на белгискиот Парламент, Стефани Д Ос. Пендаровски ќе има и аудиенција кај кралот Филип.

Вчера, македонската делегација во Брисел имаше средба со претставници на дијаспората на која се разговараше за повеќе актуелни теми во земјава, како и за прашања кои ја засегаат дијаспората.

The post Фирма за електрични батерии за автомобили ќе гради фабрика во Кичево appeared first on Република.

]]>

Нови 600 работни места ќе отвори компанијата „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) која одлучи да инвестира околу 40 милиони евра во Македонија. Компанијата, како што јави известувачот на МИА од Брисел, ќе произведува електрични батерии за автомобили и ќе гради фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево. Договорот денеска во Брисел ќе го потпише директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски во присуство на министерот за економија Крешник Бектеши. Бектеши и Деспотовски се дел од делегацијата што во Брисел ја предводи претседателот на државата Стево Пендаровски, кој денеска заедно со нив ќе присуствува на бизнис форум во Антверпен каде пред белгиски компании ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија. Покрај ова, утре во Брисел ќе се одржи уште еден бизнис форум. Претседателот Пендаровски утре ќе се сретне и со премиерот на Белгија, Александер Де Кро, претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент, Елијан Тилие и со претсдателката на белгискиот Парламент, Стефани Д Ос. Пендаровски ќе има и аудиенција кај кралот Филип. Вчера, македонската делегација во Брисел имаше средба со претставници на дијаспората на која се разговараше за повеќе актуелни теми во земјава, како и за прашања кои ја засегаат дијаспората.

The post Фирма за електрични батерии за автомобили ќе гради фабрика во Кичево appeared first on Република.

]]>
Ревизија на ТИРЗ: Странските компании добиваат државна помош со директни преговори и без транспарентни постапки https://republika.mk/vesti/ekonomija/revizija-na-tirz-stranskite-kompanii-dobivaat-drzhavna-pomosh-so-direktni-pregovori-i-bez-transparentni-postapki/ Wed, 18 Jan 2023 00:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=598238

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук ја коментира ревизијата на Тирз каде се посочува дека странските компании добиваат државна помош со директни преговори и без транспарентни постапки.

Груевски потсетува кога  во 2017 година СДСМ ја превзема власта, како новите членови на владата на чело со новиот премиер Заев и вице премиер Кочо Анушев “на големи ѕвона” објавија и држеа бомбастични пресконференции дека ќе го сменеле системот за давање државна помош и ќе го направеле многу по транспарентен, a со тоа и привлекувањето на странските инвестиции ќе станало потранспарентно, бидејки според нив дотогаш не било доволно транспарентно.

Знаев дека ќе направат некаква глупост.Најавија и направија промена на законите, за кратко време-коментира поранешниот премиер.

The post Ревизија на ТИРЗ: Странските компании добиваат државна помош со директни преговори и без транспарентни постапки appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук ја коментира ревизијата на Тирз каде се посочува дека странските компании добиваат државна помош со директни преговори и без транспарентни постапки. Груевски потсетува кога  во 2017 година СДСМ ја превзема власта, како новите членови на владата на чело со новиот премиер Заев и вице премиер Кочо Анушев “на големи ѕвона” објавија и држеа бомбастични пресконференции дека ќе го сменеле системот за давање државна помош и ќе го направеле многу по транспарентен, a со тоа и привлекувањето на странските инвестиции ќе станало потранспарентно, бидејки според нив дотогаш не било доволно транспарентно.
Знаев дека ќе направат некаква глупост.Најавија и направија промена на законите, за кратко време-коментира поранешниот премиер.
   
The post Ревизија на ТИРЗ: Странските компании добиваат државна помош со директни преговори и без транспарентни постапки appeared first on Република.

]]>
„ЕСМ Продажба“ ќе ги снабдува со гас индустриските зони https://republika.mk/vesti/ekonomija/esm-prodazhba-ke-gi-snabduva-so-gas-industriskite-zoni/ Wed, 28 Dec 2022 14:18:43 +0000 https://republika.mk/?p=591068

Дирекцијата на технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) денеска склучи договор со „ЕСМ Продажба“, со којшто, како што соопшти директорот Јован Деспотовски, од 1 јануари следната година, корисниците на природен гас во скопската зона имаат обезбедено стабилно снабдување. Цената е за околу 40 отсто пониска од износите што се плаќаа во пикот на енергетската криза.

– Имаме стабилно снабдување и тоа што е многу важно, имаме снабдување од извори, различни од досегашните. Билансите ќе ги почекаме со завршните сметки, но податоците со коишто располагаме е нето износот, говорат дека разликата помеѓу приходите и трошоците сепак одржува одреден баланс. Растот на цената на струјата секако ќе има влијание врз добивката но дополнителен фактор е и растот на платата. Станува збор за раст што секако е поголем од 15 проценти. Овие два фактори имале влијание врз работата на компаниите, но вредноста на нето износот, сè што е извезено одржува стабилно ниво, што значи дека компаниите имаат – истакна Деспотовски на денешниот брифинг со медиумите.

Оваа година ја оцени како успешна по повеќе параметри во однос на технолошко-индустриските работни зони.

– Обемот на постигнат договори достигна бројка до 430 милиони евра. Што е секако рекордно досега, двојно повеќе во однос на минатата година. Веќе сме многу блиску до целта што ја зацртавме, до 2024 година да стасаме до инвестиции што треба да достигнат милијарда евра. Сите нови инвестиции, што дел се веќе во фаза на реализација, предвидуваат повеќе од 4.300 работни места. Можам слободно да кажам дека имаме зголемување на бројот на работни места од почетокот на оваа година за некаде повеќе од 20 отсто – појаснува директорот на ТИРЗ.

Податоците за увозот и извозот ќе бидат објавени по Нова година.

– Онаа бројка од три милијарди евра извоз што ја имавме минатата година, со податоците заклучно од ноември веќе е зголемена за 20 проценти. По повеќе параметри работата на самите компании, но и на институциите задолжени да го координираат процесот на привлекување на инвестиции можам да го оценам како повеќе од успешен – рече Деспотовски.

Тој рече и дека дел од новокреираните работни места во изминатава година делумно се должат на тоа што неколку фирми префрлиле дел од бизнисите од Украина во земјава.

– Со една од тие фирми потпишавме и договор за реализација на целосно нова фаза на инвестиција и таму има забележителен раст на бројот на работни места. Можеби не сме многу среќни за тоа што се случува во Украина и оти дел од бизнисот се префрла во земјава, но правиме се и на нашите компании корисници да им излеземе во пресрет да можат да се снајдат – вели Деспотовски.

The post „ЕСМ Продажба“ ќе ги снабдува со гас индустриските зони appeared first on Република.

]]>

Дирекцијата на технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) денеска склучи договор со „ЕСМ Продажба“, со којшто, како што соопшти директорот Јован Деспотовски, од 1 јануари следната година, корисниците на природен гас во скопската зона имаат обезбедено стабилно снабдување. Цената е за околу 40 отсто пониска од износите што се плаќаа во пикот на енергетската криза. – Имаме стабилно снабдување и тоа што е многу важно, имаме снабдување од извори, различни од досегашните. Билансите ќе ги почекаме со завршните сметки, но податоците со коишто располагаме е нето износот, говорат дека разликата помеѓу приходите и трошоците сепак одржува одреден баланс. Растот на цената на струјата секако ќе има влијание врз добивката но дополнителен фактор е и растот на платата. Станува збор за раст што секако е поголем од 15 проценти. Овие два фактори имале влијание врз работата на компаниите, но вредноста на нето износот, сè што е извезено одржува стабилно ниво, што значи дека компаниите имаат – истакна Деспотовски на денешниот брифинг со медиумите. Оваа година ја оцени како успешна по повеќе параметри во однос на технолошко-индустриските работни зони. – Обемот на постигнат договори достигна бројка до 430 милиони евра. Што е секако рекордно досега, двојно повеќе во однос на минатата година. Веќе сме многу блиску до целта што ја зацртавме, до 2024 година да стасаме до инвестиции што треба да достигнат милијарда евра. Сите нови инвестиции, што дел се веќе во фаза на реализација, предвидуваат повеќе од 4.300 работни места. Можам слободно да кажам дека имаме зголемување на бројот на работни места од почетокот на оваа година за некаде повеќе од 20 отсто – појаснува директорот на ТИРЗ. Податоците за увозот и извозот ќе бидат објавени по Нова година. – Онаа бројка од три милијарди евра извоз што ја имавме минатата година, со податоците заклучно од ноември веќе е зголемена за 20 проценти. По повеќе параметри работата на самите компании, но и на институциите задолжени да го координираат процесот на привлекување на инвестиции можам да го оценам како повеќе од успешен – рече Деспотовски. Тој рече и дека дел од новокреираните работни места во изминатава година делумно се должат на тоа што неколку фирми префрлиле дел од бизнисите од Украина во земјава. – Со една од тие фирми потпишавме и договор за реализација на целосно нова фаза на инвестиција и таму има забележителен раст на бројот на работни места. Можеби не сме многу среќни за тоа што се случува во Украина и оти дел од бизнисот се префрла во земјава, но правиме се и на нашите компании корисници да им излеземе во пресрет да можат да се снајдат – вели Деспотовски.  

The post „ЕСМ Продажба“ ќе ги снабдува со гас индустриските зони appeared first on Република.

]]>
ТИРЗ: Рекорден извоз од 3,5 милијарди евра и нови 2300 работни места од почетокот на годинава https://republika.mk/vesti/ekonomija/tirz-rekorden-izvoz-od-3-5-milijardi-evra-i-novi-2300-rabotni-mesta-od-pochetokot-na-godinava/ Mon, 12 Dec 2022 07:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=584480

Над 2300 нови работни места се отворени во компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава. Бројот на вработени заклучно со ноември се искачи на 16.300 што е зголемување од 17 отсто за само една година. Само во ноември се отворени речиси 300 нови работни места, соопшти Дирекцијата за ТИРЗ.

Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со ноември извозот од ТИРЗ достигна речиси 3,5 милијарди евра што е највисоко ниво од постоењето на зоните. Анализите покажуваат дека извозот од јануари до ноември годинава е за 27% повисок од истиот период во 2021, односно за 49% повисок споредено со 2020. Компаниите во зоните 2021 ја завршија со извоз од 3 милијарди евра за една година што беше рекордно ниво досега.

Од јануари до ноември годинава е регистриран е увоз од 3,09 милијарди евра што е за 17% повеќе во однос првите единаесет месеци од 2021, односно за  60%  споредено со истиот период во 2020.  Заклучно со ноември продолжува и растот на нето извозот кој достигна 12,3 %. Само во ноември нето извозот е речиси 23%, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во Зоните и зголемениот број на работни места.

Се очекува ваквиот позитивен тренд на економски активности во зоните да продолжи до крајот на годинава, наведуваат од Дирекцијата за ТИРЗ.са/

The post ТИРЗ: Рекорден извоз од 3,5 милијарди евра и нови 2300 работни места од почетокот на годинава appeared first on Република.

]]>

Над 2300 нови работни места се отворени во компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава. Бројот на вработени заклучно со ноември се искачи на 16.300 што е зголемување од 17 отсто за само една година. Само во ноември се отворени речиси 300 нови работни места, соопшти Дирекцијата за ТИРЗ. Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со ноември извозот од ТИРЗ достигна речиси 3,5 милијарди евра што е највисоко ниво од постоењето на зоните. Анализите покажуваат дека извозот од јануари до ноември годинава е за 27% повисок од истиот период во 2021, односно за 49% повисок споредено со 2020. Компаниите во зоните 2021 ја завршија со извоз од 3 милијарди евра за една година што беше рекордно ниво досега. Од јануари до ноември годинава е регистриран е увоз од 3,09 милијарди евра што е за 17% повеќе во однос првите единаесет месеци од 2021, односно за  60%  споредено со истиот период во 2020.  Заклучно со ноември продолжува и растот на нето извозот кој достигна 12,3 %. Само во ноември нето извозот е речиси 23%, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во Зоните и зголемениот број на работни места. Се очекува ваквиот позитивен тренд на економски активности во зоните да продолжи до крајот на годинава, наведуваат од Дирекцијата за ТИРЗ.са/  

The post ТИРЗ: Рекорден извоз од 3,5 милијарди евра и нови 2300 работни места од почетокот на годинава appeared first on Република.

]]>
Митева: Деспотовски да ги објави договорите за државна помош во ТИРЗ https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-despotovski-da-gi-objavi-dogovorite-za-drzavna-pomosh-vo-tirz/ Thu, 10 Nov 2022 12:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=572313

Tрет ден молк од Јован Деспотовски за катастрофалните резултати кои Македонија ги бележи последните пет години на полето на странските инвестиции, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, која на денешната прес-конференција објави нови факти за Извештајот објавен од ДЗР, каде се нотираат многу работи за кои како што порача очекуваат конкретни одговори.

Донесените уредби по кои се доделува индивидуалната помош на корисниците на ТИРЗ и на индустриските зони не содржат транспарентни критериуми за висината на доделување на државната помош, со вклучени индикатори за мерење на ефектите од нејзиното доделување, давање на приоритети, не постои ниту пропишан систем на контрола и оцена на исплатливоста на инвестициите. Со извршената ревизија констатирано е дека доделувањето на државната помош се врши со преговарање од страна на вклучените надлежни државни органи со склучување на поединечен договор со секој корисник. Тука се поставува прашањето дали лично Деспотовски како директор на надлежната Дирекција е вклучен и заслужен за секој договор што го преговара и што е причината за стравот да ги објави тие договори? Реакцијата на се она што кажавме во јавноста овие денови беше во насока на тоа дека најдобриот одговор биле конкретните и мерливи ефекти за луѓето. Деспотовски потенцираше дека се обезбедени над 2.000 нови работни места креирани само во последните 10 месеци исто така потенцираше дека растот на платите продолжува и над достигнатото ниво од декември 2021 година, кога за прв пат просечната плата во ТИРЗ го надминала просекот во националната економија за 3%, рече Митева.

Овде, вели, прашањето на кое Деспотовски треба да одговори се однесува на тоа колку од овие нови работни места се од компании кои Деспотовски ги донел во Македонија или пак кои се компаниите со најголеми просечни плата и што има Деспотовски конкретно и практично направено, со кои јасни мерки за ова се да случи.

Одговорот е ништо. Растот на платите во зоните не е резултат на државни мерки туку на економски движења на пазарот на трудот на пошироко ниво, недостаток на работна сила, вклучувајќи ја инфлацијата, зголемените трошоци за живот, продуктивноста на работната сила итн., додека бројот на вработени расте од компаниите кои веќе подолго време работат за кои Деспотовски најверојатно немал ни информации дека се присутни во земјата пред да дојде на функцијата, а нема спроведено никаква, ниту конкретна, ниту мерлива мерка за да го помогне овој раст.

„2.000 нови работни места во 10 месеци“, „3% просек над просечната плата“, „620 милиони евра инвестиција постигнато ниво на договори (што и да значи ова)“ и сл. е расфрлање и селективна употреба на бројки, од кои повеќето се од непроверени и непознати извори, или за идно планирано „ќе биде“ време што е напротив, залажување на јавноста и народот со испревртување на реалната состојба.

Наместо ова може, само заради транспарентноста и одговор кон граѓаните, Деспотовски да квантифицира на сличен, сумарен начин, колкав износ на буџетски пари на граѓаните се потрошени преку тендерите кои се распишани за непотребни услуги и за кои услуги? Ова треба да е лесна работа бидејќи самиот тој се претставува како лик кој зборувал со бројки и факти, вели Митева.

Додава дека во Извештајот на ДЗР е нотирано дека од страна на Дирекцијата преземени се почетни активности за изработка на нов Закон за ТИРЗ чија цел е реорганизација на начинот на вршење на дејностите во ТИРЗ и доделување на државната помош и дека Деспотовски треба да одговори како можат да се воведуваат нови пристапи и концепти за зоните, а во позадина да има само „почетни активности“ за изработка на нов Закон за зоните?

https://youtu.be/vzJtZC6-T2c

The post Митева: Деспотовски да ги објави договорите за државна помош во ТИРЗ appeared first on Република.

]]>

Tрет ден молк од Јован Деспотовски за катастрофалните резултати кои Македонија ги бележи последните пет години на полето на странските инвестиции, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, која на денешната прес-конференција објави нови факти за Извештајот објавен од ДЗР, каде се нотираат многу работи за кои како што порача очекуваат конкретни одговори.
Донесените уредби по кои се доделува индивидуалната помош на корисниците на ТИРЗ и на индустриските зони не содржат транспарентни критериуми за висината на доделување на државната помош, со вклучени индикатори за мерење на ефектите од нејзиното доделување, давање на приоритети, не постои ниту пропишан систем на контрола и оцена на исплатливоста на инвестициите. Со извршената ревизија констатирано е дека доделувањето на државната помош се врши со преговарање од страна на вклучените надлежни државни органи со склучување на поединечен договор со секој корисник. Тука се поставува прашањето дали лично Деспотовски како директор на надлежната Дирекција е вклучен и заслужен за секој договор што го преговара и што е причината за стравот да ги објави тие договори? Реакцијата на се она што кажавме во јавноста овие денови беше во насока на тоа дека најдобриот одговор биле конкретните и мерливи ефекти за луѓето. Деспотовски потенцираше дека се обезбедени над 2.000 нови работни места креирани само во последните 10 месеци исто така потенцираше дека растот на платите продолжува и над достигнатото ниво од декември 2021 година, кога за прв пат просечната плата во ТИРЗ го надминала просекот во националната економија за 3%, рече Митева.
Овде, вели, прашањето на кое Деспотовски треба да одговори се однесува на тоа колку од овие нови работни места се од компании кои Деспотовски ги донел во Македонија или пак кои се компаниите со најголеми просечни плата и што има Деспотовски конкретно и практично направено, со кои јасни мерки за ова се да случи.
Одговорот е ништо. Растот на платите во зоните не е резултат на државни мерки туку на економски движења на пазарот на трудот на пошироко ниво, недостаток на работна сила, вклучувајќи ја инфлацијата, зголемените трошоци за живот, продуктивноста на работната сила итн., додека бројот на вработени расте од компаниите кои веќе подолго време работат за кои Деспотовски најверојатно немал ни информации дека се присутни во земјата пред да дојде на функцијата, а нема спроведено никаква, ниту конкретна, ниту мерлива мерка за да го помогне овој раст. „2.000 нови работни места во 10 месеци“, „3% просек над просечната плата“, „620 милиони евра инвестиција постигнато ниво на договори (што и да значи ова)“ и сл. е расфрлање и селективна употреба на бројки, од кои повеќето се од непроверени и непознати извори, или за идно планирано „ќе биде“ време што е напротив, залажување на јавноста и народот со испревртување на реалната состојба. Наместо ова може, само заради транспарентноста и одговор кон граѓаните, Деспотовски да квантифицира на сличен, сумарен начин, колкав износ на буџетски пари на граѓаните се потрошени преку тендерите кои се распишани за непотребни услуги и за кои услуги? Ова треба да е лесна работа бидејќи самиот тој се претставува како лик кој зборувал со бројки и факти, вели Митева.
Додава дека во Извештајот на ДЗР е нотирано дека од страна на Дирекцијата преземени се почетни активности за изработка на нов Закон за ТИРЗ чија цел е реорганизација на начинот на вршење на дејностите во ТИРЗ и доделување на државната помош и дека Деспотовски треба да одговори како можат да се воведуваат нови пристапи и концепти за зоните, а во позадина да има само „почетни активности“ за изработка на нов Закон за зоните? https://youtu.be/vzJtZC6-T2c  

The post Митева: Деспотовски да ги објави договорите за државна помош во ТИРЗ appeared first on Република.

]]>
Компаниите бараат поедноставен процес за поставување фотоволтаици на погоните во ТИР зоните https://republika.mk/vesti/ekonomija/kompaniite-baraat-poednostaven-proces-za-postavuvanje-fotovoltaici-na-pogonite-vo-tir-zonite/ Sun, 09 Oct 2022 06:56:26 +0000 https://republika.mk/?p=558939

Зголемувањето на цената на електричната енергија донесе четири и пол пати повисоки сметки за струја кај компаниите од автомобилската индустрија, чии објекти иако се енергетски ефикасни преку оптимизирање на производствениот процес бараат начин за намалување на влијанието врз профитабилноста.

Овие компании, според претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо, бараат поедноставување на процедурите за поставување фотоволтаици на објектите.

Да нема лимит на големината на инсталацијата на фотоволтаиците на кровните конструкции на објектите, а истовремено да се дозволи можност за продажба на вишоците на струја на слободниот пазар, посебно за компаниите во Технолошко индустриските развојни зони - вели Мизо.

Иако дел од компаниите, неодамна најавија отпуштање на половина вработени, доколку не добијат помош од државата за надминување на последиците од енергетската криза, тој посочи дека секторот со кој раководи, не е толку зависен од цената на струјата како што се металуршкиот и енергетскиот и оти германската компанија Костал, со која менаџира планира 50-тина нови вработувања до крајот на годината.

Струјата не влијае во толку голем процент во цената на крајниот производ кај нас и нема да се случи отпуштање на вработени. Ние дури и во моментите кога немаше целосно производство во Европа ги задржавме сите вработени, бидејќи во тој кадар е вложено многу и е нeопходен за нашето работење во иднина. Но, сигурен сум дека постојат компании, кои ќе имаат негативни влијанија - истакна Мизо.

Тој додадава дека компаниите од автомобилската индустрија бараат начин за штедење и рационализација на работниот процес, со концентрирање на производството во петте работни дена, но и спојување на празници и викенди и оптимизација на процесите, со што би се намалиле трошоците.

Компанијата Костал, која деновиве одбележува шест години од официјалниот почеток, во време на криза, најави дека за идната година планира да вработи дополнително 200 лица, поради новите инвестициски проекти, но и отворање нови капацитети во друг град во државата.

Според последните стратешки анализи на сите локации на Костал во светот, Костал Македонија треба да биде главната европска локација за производство на системи за електрични и плагин хибридни возила. Ова значи една голема потврда и валоризација за она што сме го направиле изминатите шест години и начинот на кој сме се покажале во групацијата - додава Мизо.

Костал Македонија, во изминатиот период во Охрид инвестирала 100 милиони евра, во моментот има 1 030 вработени, и навлегува во третиот инвестициски циклус со инвестирање на нови 50 милиони евра во следните две години.

The post Компаниите бараат поедноставен процес за поставување фотоволтаици на погоните во ТИР зоните appeared first on Република.

]]>

Зголемувањето на цената на електричната енергија донесе четири и пол пати повисоки сметки за струја кај компаниите од автомобилската индустрија, чии објекти иако се енергетски ефикасни преку оптимизирање на производствениот процес бараат начин за намалување на влијанието врз профитабилноста. Овие компании, според претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо, бараат поедноставување на процедурите за поставување фотоволтаици на објектите.
Да нема лимит на големината на инсталацијата на фотоволтаиците на кровните конструкции на објектите, а истовремено да се дозволи можност за продажба на вишоците на струја на слободниот пазар, посебно за компаниите во Технолошко индустриските развојни зони - вели Мизо.
Иако дел од компаниите, неодамна најавија отпуштање на половина вработени, доколку не добијат помош од државата за надминување на последиците од енергетската криза, тој посочи дека секторот со кој раководи, не е толку зависен од цената на струјата како што се металуршкиот и енергетскиот и оти германската компанија Костал, со која менаџира планира 50-тина нови вработувања до крајот на годината.
Струјата не влијае во толку голем процент во цената на крајниот производ кај нас и нема да се случи отпуштање на вработени. Ние дури и во моментите кога немаше целосно производство во Европа ги задржавме сите вработени, бидејќи во тој кадар е вложено многу и е нeопходен за нашето работење во иднина. Но, сигурен сум дека постојат компании, кои ќе имаат негативни влијанија - истакна Мизо.
Тој додадава дека компаниите од автомобилската индустрија бараат начин за штедење и рационализација на работниот процес, со концентрирање на производството во петте работни дена, но и спојување на празници и викенди и оптимизација на процесите, со што би се намалиле трошоците. Компанијата Костал, која деновиве одбележува шест години од официјалниот почеток, во време на криза, најави дека за идната година планира да вработи дополнително 200 лица, поради новите инвестициски проекти, но и отворање нови капацитети во друг град во државата.
Според последните стратешки анализи на сите локации на Костал во светот, Костал Македонија треба да биде главната европска локација за производство на системи за електрични и плагин хибридни возила. Ова значи една голема потврда и валоризација за она што сме го направиле изминатите шест години и начинот на кој сме се покажале во групацијата - додава Мизо.
Костал Македонија, во изминатиот период во Охрид инвестирала 100 милиони евра, во моментот има 1 030 вработени, и навлегува во третиот инвестициски циклус со инвестирање на нови 50 милиони евра во следните две години.

The post Компаниите бараат поедноставен процес за поставување фотоволтаици на погоните во ТИР зоните appeared first on Република.

]]>
Ковачевски охрабрен од германската инвестиција во Тетово https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-ohrabren-od-germanskata-investicija-vo-tetovo/ Thu, 11 Aug 2022 15:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=539199

Во Република Македонија првпат ќе се произведуваат електричните возила e-GO. На денешната владина седница ја одобривме владината поддршка за да се реализира оваа мултимилионска германска инвестиција, која ќе даде голем придонес во македонската економија, напиша попладнево на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

Тој посочува дека првата фабрика од автомобилската индустрија во која првпат ќе се произведуваат целосни електрични автомобили се гради во ТИРЗ Тетово.

-Со изградбата на новата фабрика обезбедуваме нови работни места за нашите граѓани, договори за дополнитена соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. Ова е можност Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија. Како Влада правиме сѐ за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

The post Ковачевски охрабрен од германската инвестиција во Тетово appeared first on Република.

]]>

Во Република Македонија првпат ќе се произведуваат електричните возила e-GO. На денешната владина седница ја одобривме владината поддршка за да се реализира оваа мултимилионска германска инвестиција, која ќе даде голем придонес во македонската економија, напиша попладнево на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочува дека првата фабрика од автомобилската индустрија во која првпат ќе се произведуваат целосни електрични автомобили се гради во ТИРЗ Тетово.
-Со изградбата на новата фабрика обезбедуваме нови работни места за нашите граѓани, договори за дополнитена соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. Ова е можност Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија. Како Влада правиме сѐ за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

The post Ковачевски охрабрен од германската инвестиција во Тетово appeared first on Република.

]]>
ТИРЗ: Заклучно со јули во зоните отворени над 1100 нови вработувања https://republika.mk/vesti/ekonomija/tirz-zakluchno-so-juli-vo-zonite-otvoreni-nad-1100-novi-vrabotuvanja/ Mon, 08 Aug 2022 13:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=537972

Продолжува растот на вработени и на извозот во технолошко индустриските развојни зони и во јули, покажува редовната анализа на ТИРЗ. Само за еден месец во компаниите во зоните се отворени речиси 100 нови работни места, со што заклучно со јули, од почетокот на годинава се реализирани над 1 100 нови вработувања. Со ова, вкупниот број вработени во јули порасна и достигна 15.085, што е за шест проценти повеќе споредено со јули минатата година, односно за 14,5 отсто повеќе во однос на јули 2020 година.

Според анализата, ваквиот тренд се очекува да продолжи, со оглед дека ова е резултат на инвестициите постигнати изминатата година со кои се предвидува отворање на над 2700 работни места во следниве години.

-Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Во првите седум месеци од 2022 извозот од ТИРЗ достигна речиси 2 милијарди евра, што е највисок во последниве четири години. Извозот во периодот од јануари до јули е за 13 отсто повисок во однос на истиот период во 2021 односно 77 отсто повисок во однос на 2020 и 23 проценти и 47 отсто повисок споредено со 2019 односно 2018 година. Само во јули компаниите во ТИРЗ имаат извоз од 280 милиони евра што е за 25 отсто повеќе од јули минатата година. Регистрирано е и највисоко ниво на увоз од 1,83 милијарди евра, во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период во изминативе четири години. Ова е за 4 отсто повеќе во однос на увозот од јануари до јули во 2021, односно за  83 отсто  споредено со 2020, и за 21 и 64 проценти повеќе споредено со 2019, односно 2018 година. Месечниот увоз во ТИРЗ во јули достигна 230 милиони евра и е на речиси исто ниво со јули 2021 година. Заклучно со јули и нето извозот е 9 проценти, наведува ТИРЗ.

И покрај глобалните политичко економски случувања, ТИРЗ очекува ваквиот тренд да продолжи до крајот на годинава со што, според проценките, извозот може да го надмине минатогодишното рекордно ниво од три милијарди евра.

The post ТИРЗ: Заклучно со јули во зоните отворени над 1100 нови вработувања appeared first on Република.

]]>

Продолжува растот на вработени и на извозот во технолошко индустриските развојни зони и во јули, покажува редовната анализа на ТИРЗ. Само за еден месец во компаниите во зоните се отворени речиси 100 нови работни места, со што заклучно со јули, од почетокот на годинава се реализирани над 1 100 нови вработувања. Со ова, вкупниот број вработени во јули порасна и достигна 15.085, што е за шест проценти повеќе споредено со јули минатата година, односно за 14,5 отсто повеќе во однос на јули 2020 година. Според анализата, ваквиот тренд се очекува да продолжи, со оглед дека ова е резултат на инвестициите постигнати изминатата година со кои се предвидува отворање на над 2700 работни места во следниве години.
-Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Во првите седум месеци од 2022 извозот од ТИРЗ достигна речиси 2 милијарди евра, што е највисок во последниве четири години. Извозот во периодот од јануари до јули е за 13 отсто повисок во однос на истиот период во 2021 односно 77 отсто повисок во однос на 2020 и 23 проценти и 47 отсто повисок споредено со 2019 односно 2018 година. Само во јули компаниите во ТИРЗ имаат извоз од 280 милиони евра што е за 25 отсто повеќе од јули минатата година. Регистрирано е и највисоко ниво на увоз од 1,83 милијарди евра, во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период во изминативе четири години. Ова е за 4 отсто повеќе во однос на увозот од јануари до јули во 2021, односно за  83 отсто  споредено со 2020, и за 21 и 64 проценти повеќе споредено со 2019, односно 2018 година. Месечниот увоз во ТИРЗ во јули достигна 230 милиони евра и е на речиси исто ниво со јули 2021 година. Заклучно со јули и нето извозот е 9 проценти, наведува ТИРЗ.
И покрај глобалните политичко економски случувања, ТИРЗ очекува ваквиот тренд да продолжи до крајот на годинава со што, според проценките, извозот може да го надмине минатогодишното рекордно ниво од три милијарди евра.

The post ТИРЗ: Заклучно со јули во зоните отворени над 1100 нови вработувања appeared first on Република.

]]>
Деспотовски: Политичките случувања во земјава засега не влијаат врз странските инвестиции https://republika.mk/vesti/ekonomija/despotovski-politichkite-sluchuvanja-vo-zemjava-zasega-ne-vlijaat-vrz-stranskite-investicii/ Wed, 13 Jul 2022 11:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=528035

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски смета дека политичките случувања во земјава и протестите поради францускиот предлог, нема да се одразат врз одлуките за инвестирање на странските компании.

Тој, како што рече денеска на прес-конференција, во разговорите со компаниите добива прашања од типот „што се случува“, но ризици по договорите за инвестиции засега нема, ниту некои компании одлучиле да ја променат својата позиција и од тука да заминат во земјите од регионот.

Неговиот личен став во однос на францускиот предлог е дека „по 17 години можеме да си дозволиме да направиме еден чекор“.

Никој не нé држи со сила во рамки на процесот. Ако нешто во даден момент не ни одговара, секогаш можеме да излеземе и да се повлечеме, потенцира Деспотовски.

Според него, секој има право да протестира и да го искаже своето незадоволство.

Навистина верувам во тоа дека секој граѓанин има право и го почитувам тоа право да може своето незадоволство од која и да е политика мирно го изрази на кој било начин, вклучително и на улица. Тоа е едно од демократските придобивки за кое оваа власт кога беше во опозиција се бореше да се зацврсти, така што тука апсолутно немам никаква дилема дека тоа е позитивно. Како Македонец искрено и мене ми пречи, да речеме, ајде така да го окарактеризираме, неодговорното однесување на дел од политичките елити и структури во Бугарија, така што и јас реагирам на тоа искрено и го разбирам незадоволството и реакцијата, јас би рекол кај огромно мнозинство од нашите сограѓани, не само на тие што се на улица, туку и на тие што не излегуваат на улица од различни причини. Меѓутоа, исто така ми пречи и неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица кои се обидуваат, ај да кажеме автентично незадоволство кај луѓето од неодговорни политики кај нашиот источен сосед да го искористат за ситен политички ќар. Е тоа е неодговорно однесување и тоа ми пречи. И верувам дека многу, многу повеќе луѓе би биле на улица да го изразат тоа незадоволство доколку не се случува тоа што се случува и таа злоупотреба е, така да кажеме, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, објасни Деспотовски, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој изрази надеж дека следната недела, кога доаѓа делегацијата од американско-тајванската компанија, нема да има прашања за тоа „што се случува“.

Сепак, пораката и една од клучните позиции на земјава во однос на останатите држави во регионот е тоа што имаме гарантирана безбедност и стабилност како членка на НАТО и навистина не сакам тој адут и аргумент да го изгубиме, повторно ќе кажам, заради тоа што имаме неодговорни политички партии кои тоа го користат за ситен, сопствен ќар. Искрено се надевам дека ова што се случува сега, нема да ни наштети на позицијата на државата во разговорите со американската компанија која доаѓа на почетокот на наредната недела бидејќи станува збор за инвестиција од четврт милијарда евра, подвлече директорот на Дирекцијата на ТИРЗ.

The post Деспотовски: Политичките случувања во земјава засега не влијаат врз странските инвестиции appeared first on Република.

]]>

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски смета дека политичките случувања во земјава и протестите поради францускиот предлог, нема да се одразат врз одлуките за инвестирање на странските компании. Тој, како што рече денеска на прес-конференција, во разговорите со компаниите добива прашања од типот „што се случува“, но ризици по договорите за инвестиции засега нема, ниту некои компании одлучиле да ја променат својата позиција и од тука да заминат во земјите од регионот. Неговиот личен став во однос на францускиот предлог е дека „по 17 години можеме да си дозволиме да направиме еден чекор“. Никој не нé држи со сила во рамки на процесот. Ако нешто во даден момент не ни одговара, секогаш можеме да излеземе и да се повлечеме, потенцира Деспотовски. Според него, секој има право да протестира и да го искаже своето незадоволство. Навистина верувам во тоа дека секој граѓанин има право и го почитувам тоа право да може своето незадоволство од која и да е политика мирно го изрази на кој било начин, вклучително и на улица. Тоа е едно од демократските придобивки за кое оваа власт кога беше во опозиција се бореше да се зацврсти, така што тука апсолутно немам никаква дилема дека тоа е позитивно. Како Македонец искрено и мене ми пречи, да речеме, ајде така да го окарактеризираме, неодговорното однесување на дел од политичките елити и структури во Бугарија, така што и јас реагирам на тоа искрено и го разбирам незадоволството и реакцијата, јас би рекол кај огромно мнозинство од нашите сограѓани, не само на тие што се на улица, туку и на тие што не излегуваат на улица од различни причини. Меѓутоа, исто така ми пречи и неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица кои се обидуваат, ај да кажеме автентично незадоволство кај луѓето од неодговорни политики кај нашиот источен сосед да го искористат за ситен политички ќар. Е тоа е неодговорно однесување и тоа ми пречи. И верувам дека многу, многу повеќе луѓе би биле на улица да го изразат тоа незадоволство доколку не се случува тоа што се случува и таа злоупотреба е, така да кажеме, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, објасни Деспотовски, одговорајќи на новинарско прашање. Тој изрази надеж дека следната недела, кога доаѓа делегацијата од американско-тајванската компанија, нема да има прашања за тоа „што се случува“. Сепак, пораката и една од клучните позиции на земјава во однос на останатите држави во регионот е тоа што имаме гарантирана безбедност и стабилност како членка на НАТО и навистина не сакам тој адут и аргумент да го изгубиме, повторно ќе кажам, заради тоа што имаме неодговорни политички партии кои тоа го користат за ситен, сопствен ќар. Искрено се надевам дека ова што се случува сега, нема да ни наштети на позицијата на државата во разговорите со американската компанија која доаѓа на почетокот на наредната недела бидејќи станува збор за инвестиција од четврт милијарда евра, подвлече директорот на Дирекцијата на ТИРЗ.

The post Деспотовски: Политичките случувања во земјава засега не влијаат врз странските инвестиции appeared first on Република.

]]>
Извозот од ТИРЗ над милијарда евра во првите четири месеци од годинава https://republika.mk/vesti/ekonomija/izvozot-od-tirz-nad-milijarda-evra-vo-prvite-chetiri-meseci-od-godinava/ Fri, 13 May 2022 09:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=501800

Во првите четири месеци од годинава извозот од Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) достигна 1.1 милијарда евра и е највисок споредено со истиот период во изминативе четири години, покажува денеска објавената редовна месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ. Само во однос на 2021 растот е за четири проценти, во однос на пандемиската 2020 за 74 проценти, додека споредено со истиот период во 2019 и 2018 година извозот е зголемен за 19 проценти односно за 51 процент.

Од ДТИРЗ посочуваат дека извозот само во април е приближно на исто ниво како во март, додека увозот е зголемен за пет проценти споредено со претходниот месец годинава. Вкупниот увоз во првите четири месеци од годинава достигна речиси милијарда евра што е за 75 проценти повеќе од 2020 година, односно за 13 проценти повеќе од 2019 и 55 проценти повеќе од 2018. Анализата во април покажува и зголемен увоз од речиси два процента наспроти извозот што се должи на складирање залихи кај компаниите. Вкупниот нето извоз заклучно со април е над 10 проценти.

Според анализата, околу 70 проценти од компаниите имаат пораст во извозот во април годинава однос на април 2021. Раст од речиси четири проценти има и кај бројот на вработени во април годинава споредено со истиот период лани. Во зоните во моментов работат над 14 500 лица.

Исто така првичната годишна анализа за 2021 година покажа дека просечната плата во технолошко – индустриските развојни зони за првпат е над државниот просек и тоа за три проценти, што се должи и на зголемениот број на вработени кој во 2021 година е за пет проценти повисок од 2020. Се очекува ваквиот тренд да продолжи и годинава со реализација на новите странски инвестиции во зоните, велат од Дирекцијата на ТИРЗ

The post Извозот од ТИРЗ над милијарда евра во првите четири месеци од годинава appeared first on Република.

]]>

Во првите четири месеци од годинава извозот од Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) достигна 1.1 милијарда евра и е највисок споредено со истиот период во изминативе четири години, покажува денеска објавената редовна месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ. Само во однос на 2021 растот е за четири проценти, во однос на пандемиската 2020 за 74 проценти, додека споредено со истиот период во 2019 и 2018 година извозот е зголемен за 19 проценти односно за 51 процент. Од ДТИРЗ посочуваат дека извозот само во април е приближно на исто ниво како во март, додека увозот е зголемен за пет проценти споредено со претходниот месец годинава. Вкупниот увоз во првите четири месеци од годинава достигна речиси милијарда евра што е за 75 проценти повеќе од 2020 година, односно за 13 проценти повеќе од 2019 и 55 проценти повеќе од 2018. Анализата во април покажува и зголемен увоз од речиси два процента наспроти извозот што се должи на складирање залихи кај компаниите. Вкупниот нето извоз заклучно со април е над 10 проценти. Според анализата, околу 70 проценти од компаниите имаат пораст во извозот во април годинава однос на април 2021. Раст од речиси четири проценти има и кај бројот на вработени во април годинава споредено со истиот период лани. Во зоните во моментов работат над 14 500 лица. Исто така првичната годишна анализа за 2021 година покажа дека просечната плата во технолошко – индустриските развојни зони за првпат е над државниот просек и тоа за три проценти, што се должи и на зголемениот број на вработени кој во 2021 година е за пет проценти повисок од 2020. Се очекува ваквиот тренд да продолжи и годинава со реализација на новите странски инвестиции во зоните, велат од Дирекцијата на ТИРЗ

The post Извозот од ТИРЗ над милијарда евра во првите четири месеци од годинава appeared first on Република.

]]>