тикток Archives - Република https://republika.mk/tema/tiktok/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 08:07:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тикток Archives - Република https://republika.mk/tema/tiktok/ 32 32 Дали „Google“ нè слуша? Зборувате за нешто, па ви се појавува реклама за истото на вашиот мобилен телефон https://republika.mk/zivot/tehnologija/dali-google-ne-slusha-zboruvate-za-neshto-pa-vi-se-pojavuva-reklama-za-istoto-na-vashiot-mobilen-telefon/ Wed, 04 Sep 2024 19:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=813201

Инфлуенсерот Валерио објави еден експеримент на Инстаграм и ТикТок. Имено, тој истражувал дали „Google“ ги слуша корисниците преку микрофонот на мобилните телефони, лаптопите и компјутерите. На почетокот на видеото тој најавува дека ќе зборува за играчки за кучиња, но не го изговорува тоа на глас. Додека ја истражувал темата на интернет, тој не пронашол ниту една реклама или линк поврзан со играчки за кучиња.

Откако ги затворил сите пребарувачи, Валерио почнал да зборува сам со себе за играчки за кучиња, вклучително и каде да ги купи и каква храна би зел за своето куче кое всушност го нема. Кога повторно го отворил пребарувачот и по случаен избор отишол на страницата на „Daily Mail“, бил изненаден кога забележал дека на десната страна од екранот се појавуваат реклами за играчки и храна за кучиња.

https://www.tiktok.com/@learnwithvalerio/video/7331894113530301729?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id=7410829752921998853

На ТикТок видеото има речиси 6 милиони прегледи и над 400 илјади лајкови.

Софтверот за маркетинг на американската компанија за дигитален маркетинг, наводно користен од Google, Meta и Amazon, незаконски собира и анализира снимени гласови од паметните телефони, телевизори и други уреди на потрошувачите.

Cox Media Group, голема американска компанија за дигитален маркетинг, неодамна беше во центарот на вниманието поради својата контроверзна практика „Активно слушање“. Услугата, за која Cox тврди дека ја користат Google, Meta и Amazon, користи вештачка интелигенција за собирање и анализа на гласовните податоци од паметните телефони, телевизори и други уреди на потрошувачите.

Можно прекршување на законот

Несомнено, можни се прекршувања на законите за прислушување доколку разговорите се снимаат без изречна согласност. Повеќето американски држави имаат некаква форма на закон за прислушување што ја ограничува можноста за снимање на лице без нивно експлицитно знаење. На пример, законот во Калифорнија бара согласност од двете страни за снимање разговори.

Маркетиншките материјали на CMG, кои беа откриени од 404 Media и оттогаш беа отстранети од нивната веб-страница, тврдеа дека технологијата може да открие релевантни разговори и да им обезбеди на огласувачите податоци за поефективно таргетирање на потрошувачите. На пример, дискусиите за потребата од нов автомобил или незадоволството од услугата може да предизвикаат прикажување на поврзани реклами.

Корисниците наводно „се согласуваат“ преку TOS

Реакциите во јавноста се секако негативни. Компанијата појасни дека не ги слуша директно разговорите, туку се потпира на збирни, анонимизирани и шифрирани податоци од трети страни за да сервира реклами. Овие податоци наводно се собираат според условите за користење на различни апликации и уреди, со кои корисниците наводно се согласуваат кога ги преземаат или ажурираат тие апликации. CMG се брани дека согласноста обично се добива преку кориснички договори, иако јасноста и транспарентноста на таквата согласност се сомнителни. Terms of service (TOS) се правни договори помеѓу давателот на услугата и лицето кое сака да ја користи таа услуга, но тие секогаш се недоволно јасни за правата на корисникот. Покрај тоа, во многу случаи, корисниците не ги читаат кога ќе почнат да ја користат апликацијата.

Google ја отстрани, Meta преиспитува, Amazon демантираше

Контроверзноста влијаеше и на односите на CMG со големите технолошки компании. Откако 404 Media го контактираше Google за партнерството со CMG, Google ја отстрани CMG од својата програма за партнери за рекламирање. Meta, матичната компанија на Facebook, исто така, рече дека ја ревидира својата врска со CMG за да обезбеди усогласеност со нејзините услови за користење. Amazon, од друга страна, негираше каква било вмешаност во програмата на CMG.

The post Дали „Google“ нè слуша? Зборувате за нешто, па ви се појавува реклама за истото на вашиот мобилен телефон appeared first on Република.

]]>

Инфлуенсерот Валерио објави еден експеримент на Инстаграм и ТикТок. Имено, тој истражувал дали „Google“ ги слуша корисниците преку микрофонот на мобилните телефони, лаптопите и компјутерите. На почетокот на видеото тој најавува дека ќе зборува за играчки за кучиња, но не го изговорува тоа на глас. Додека ја истражувал темата на интернет, тој не пронашол ниту една реклама или линк поврзан со играчки за кучиња. Откако ги затворил сите пребарувачи, Валерио почнал да зборува сам со себе за играчки за кучиња, вклучително и каде да ги купи и каква храна би зел за своето куче кое всушност го нема. Кога повторно го отворил пребарувачот и по случаен избор отишол на страницата на „Daily Mail“, бил изненаден кога забележал дека на десната страна од екранот се појавуваат реклами за играчки и храна за кучиња. https://www.tiktok.com/@learnwithvalerio/video/7331894113530301729?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id=7410829752921998853 На ТикТок видеото има речиси 6 милиони прегледи и над 400 илјади лајкови. Софтверот за маркетинг на американската компанија за дигитален маркетинг, наводно користен од Google, Meta и Amazon, незаконски собира и анализира снимени гласови од паметните телефони, телевизори и други уреди на потрошувачите. Cox Media Group, голема американска компанија за дигитален маркетинг, неодамна беше во центарот на вниманието поради својата контроверзна практика „Активно слушање“. Услугата, за која Cox тврди дека ја користат Google, Meta и Amazon, користи вештачка интелигенција за собирање и анализа на гласовните податоци од паметните телефони, телевизори и други уреди на потрошувачите. Можно прекршување на законот Несомнено, можни се прекршувања на законите за прислушување доколку разговорите се снимаат без изречна согласност. Повеќето американски држави имаат некаква форма на закон за прислушување што ја ограничува можноста за снимање на лице без нивно експлицитно знаење. На пример, законот во Калифорнија бара согласност од двете страни за снимање разговори. Маркетиншките материјали на CMG, кои беа откриени од 404 Media и оттогаш беа отстранети од нивната веб-страница, тврдеа дека технологијата може да открие релевантни разговори и да им обезбеди на огласувачите податоци за поефективно таргетирање на потрошувачите. На пример, дискусиите за потребата од нов автомобил или незадоволството од услугата може да предизвикаат прикажување на поврзани реклами. Корисниците наводно „се согласуваат“ преку TOS Реакциите во јавноста се секако негативни. Компанијата појасни дека не ги слуша директно разговорите, туку се потпира на збирни, анонимизирани и шифрирани податоци од трети страни за да сервира реклами. Овие податоци наводно се собираат според условите за користење на различни апликации и уреди, со кои корисниците наводно се согласуваат кога ги преземаат или ажурираат тие апликации. CMG се брани дека согласноста обично се добива преку кориснички договори, иако јасноста и транспарентноста на таквата согласност се сомнителни. Terms of service (TOS) се правни договори помеѓу давателот на услугата и лицето кое сака да ја користи таа услуга, но тие секогаш се недоволно јасни за правата на корисникот. Покрај тоа, во многу случаи, корисниците не ги читаат кога ќе почнат да ја користат апликацијата. Google ја отстрани, Meta преиспитува, Amazon демантираше Контроверзноста влијаеше и на односите на CMG со големите технолошки компании. Откако 404 Media го контактираше Google за партнерството со CMG, Google ја отстрани CMG од својата програма за партнери за рекламирање. Meta, матичната компанија на Facebook, исто така, рече дека ја ревидира својата врска со CMG за да обезбеди усогласеност со нејзините услови за користење. Amazon, од друга страна, негираше каква било вмешаност во програмата на CMG.

The post Дали „Google“ нè слуша? Зборувате за нешто, па ви се појавува реклама за истото на вашиот мобилен телефон appeared first on Република.

]]>
Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок за нарушување на приватноста на децата https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-vlada-podnese-nova-tuzhba-protiv-tiktok-za-narushuvane-na-privatnosta-na-detsata/ Sun, 04 Aug 2024 09:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=803200

Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок, обвинувајќи ја кинеската компанија за незаконско собирање податоци за деца во случаи кога родителите се обиделе да ги избришат акаунтите на нивните деца.

Би-Би-Си го цитира американското Министерство за правда во соопштението дека е пракса оваа социјална мрежа „масовно“ да навлегува во приватноста на децата.

Официјалните лица изјавија дека ТикТок и нејзината матична компанија „Бајт Денс“ (ByteDance) се „повторни престапници“, бидејќи сличен случај беше поднесен и во 2019 година.

ТикТок ги оспорува овие тврдења и наведува дека е „горд“ на своите напори да ги заштити децата.

Кинеската компанија соопшти дека проактивно ги отстранила малолетните корисници и доброволно поставила заштитни мерки, како што се ограничувањата на времето поминато зад екран и дополнителната заштита на приватноста за малолетниците.

Тужбата дополнително го зголемува притисокот врз ТикТок и „Бејт Данс“, кои веќе имаат затегнати односи со американските власти поради законот што се заканува да ја забрани работата на компанијата во САД.

The post Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок за нарушување на приватноста на децата appeared first on Република.

]]>

Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок, обвинувајќи ја кинеската компанија за незаконско собирање податоци за деца во случаи кога родителите се обиделе да ги избришат акаунтите на нивните деца. Би-Би-Си го цитира американското Министерство за правда во соопштението дека е пракса оваа социјална мрежа „масовно“ да навлегува во приватноста на децата. Официјалните лица изјавија дека ТикТок и нејзината матична компанија „Бајт Денс“ (ByteDance) се „повторни престапници“, бидејќи сличен случај беше поднесен и во 2019 година. ТикТок ги оспорува овие тврдења и наведува дека е „горд“ на своите напори да ги заштити децата. Кинеската компанија соопшти дека проактивно ги отстранила малолетните корисници и доброволно поставила заштитни мерки, како што се ограничувањата на времето поминато зад екран и дополнителната заштита на приватноста за малолетниците. Тужбата дополнително го зголемува притисокот врз ТикТок и „Бејт Данс“, кои веќе имаат затегнати односи со американските власти поради законот што се заканува да ја забрани работата на компанијата во САД.

The post Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок за нарушување на приватноста на децата appeared first on Република.

]]>
Предолго време на „Инстаграм“, „Тикток“ и „X“ ги прави луѓето депресивни, анксиозни и ненаспани https://republika.mk/zivot/psihologija/predolgo-vreme-na-instagram-tiktok-i-x-gi-pravi-lugeto-depresivni-anksiozni-i-nenaspani/ Mon, 15 Apr 2024 16:19:59 +0000 https://republika.mk/?p=766380

Прекумерната употреба на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ или „X“ може да биде причинител на недоволен сон, депресија, стрес и анксиозност, предупредуваат лекарите.

Неврологот Рејчел Самерс го користи својот интернет-простор за да ги сподели своите совети подобро псиихичко здравје. Според неа, не треба да се минува повеќе од половина час на ден на социјалните мрежи.

Трошењето до 30 минути дневно на личниот интернет-простор ја намалува опасноста од осаменост, депресија и анксиозност. Ако спиете лошо или страдате од мозочна магла, најверојатно премногу долго време минувате на социјалните мрежи. Меѓу последиците на прекумерната употреба на мрежите се и: анксиозност, депресија, осаменост, стрес, насолзени очи и главоболки, истакна Самерс.

При појава на некој од овие симптоми, таа препорачува првично намалување на употребата на социјалните мрежи за 20 насто.

The post Предолго време на „Инстаграм“, „Тикток“ и „X“ ги прави луѓето депресивни, анксиозни и ненаспани appeared first on Република.

]]>

Прекумерната употреба на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ или „X“ може да биде причинител на недоволен сон, депресија, стрес и анксиозност, предупредуваат лекарите. Неврологот Рејчел Самерс го користи својот интернет-простор за да ги сподели своите совети подобро псиихичко здравје. Според неа, не треба да се минува повеќе од половина час на ден на социјалните мрежи.
Трошењето до 30 минути дневно на личниот интернет-простор ја намалува опасноста од осаменост, депресија и анксиозност. Ако спиете лошо или страдате од мозочна магла, најверојатно премногу долго време минувате на социјалните мрежи. Меѓу последиците на прекумерната употреба на мрежите се и: анксиозност, депресија, осаменост, стрес, насолзени очи и главоболки, истакна Самерс.
При појава на некој од овие симптоми, таа препорачува првично намалување на употребата на социјалните мрежи за 20 насто.  

The post Предолго време на „Инстаграм“, „Тикток“ и „X“ ги прави луѓето депресивни, анксиозни и ненаспани appeared first on Република.

]]>
Конкуренција за Инстаграм: ТикТок најавува новина за корисниците ширум светот https://republika.mk/zivot/tehnologija/konkurentsija-za-instagram-tiktok-najavuva-novina-za-korisnitsite-shirum-svetot/ Thu, 11 Apr 2024 19:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=765106

„TikTok“ планира да објави нова апликација за споделување фотографии за да биде конкурент на „Instagram“.

Во известувањето испратено до корисниците, „TikTok“ вели дека се подготвува да објави нова апликација за споделување фотографии наречена „TikTok Notes“.

„TikTok Notes“ ќе ги споделува постоечките и идните објави на „TikTok“ со фотографии, а на корисниците ќе им биде понудена опција да се одјават од услугата.

„TechCrunch“ забележа нов „URL“ – „photo.tiktok.com“, кој накратко се појави на интернет за да ја отвори апликацијата „TikTok Notes“. Според она што беше видливо, корисниците ќе имаат можност и да креираат натписи за фотографиите.

„TikTok“ вели дека истражува начини да ја поттикне заедницата на тиктокери да создава и да ја споделува нивната креативност користејќи фотографии и текст во простор посветен на тие формати.

Не е објавено кога е планирано да биде објавена апликацијата „TikTok Notes“.

The post Конкуренција за Инстаграм: ТикТок најавува новина за корисниците ширум светот appeared first on Република.

]]>

„TikTok“ планира да објави нова апликација за споделување фотографии за да биде конкурент на „Instagram“. Во известувањето испратено до корисниците, „TikTok“ вели дека се подготвува да објави нова апликација за споделување фотографии наречена „TikTok Notes“. „TikTok Notes“ ќе ги споделува постоечките и идните објави на „TikTok“ со фотографии, а на корисниците ќе им биде понудена опција да се одјават од услугата. „TechCrunch“ забележа нов „URL“ – „photo.tiktok.com“, кој накратко се појави на интернет за да ја отвори апликацијата „TikTok Notes“. Според она што беше видливо, корисниците ќе имаат можност и да креираат натписи за фотографиите. „TikTok“ вели дека истражува начини да ја поттикне заедницата на тиктокери да создава и да ја споделува нивната креативност користејќи фотографии и текст во простор посветен на тие формати. Не е објавено кога е планирано да биде објавена апликацијата „TikTok Notes“.

The post Конкуренција за Инстаграм: ТикТок најавува новина за корисниците ширум светот appeared first on Република.

]]>
Шолц отвори профил на ТикТок за да се приближи до граѓаните и да ја зголеми нивната поддршка https://republika.mk/vesti/svet/sholts-otvori-profil-na-tiktok-za-da-se-priblizhi-do-graganite-i-da-ja-zgolemi-nivnata-poddrshka/ Wed, 10 Apr 2024 09:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=764517

Соочен со се поголемата недоверба од германските граѓани, канцеларот Олаф Шолц, отвори официјален профил на социјалната мрежа ТикТок, со цел што повеќе да се приближи, пред се до помладите Германци.

Затоа, прес-службата на Олаф Шолц, најави дека со отворањето профил на ТикТок, ќе се прикаже работата на владата „зад сцената“, со што ќе биде поотворена и попристапна за граѓаните.

Самиот Шолц, пак, вети дека на профилот на социјалната мреѓа нема да објавува видеа со танцување.

Една неодамнешна анкета покажа лоши резултати за популарноста на Шолц, само 20% од испитаниците ја поддржуваат неговата политика, додека повеќе од 70% изразуваат неодобрување.

The post Шолц отвори профил на ТикТок за да се приближи до граѓаните и да ја зголеми нивната поддршка appeared first on Република.

]]>

Соочен со се поголемата недоверба од германските граѓани, канцеларот Олаф Шолц, отвори официјален профил на социјалната мрежа ТикТок, со цел што повеќе да се приближи, пред се до помладите Германци. Затоа, прес-службата на Олаф Шолц, најави дека со отворањето профил на ТикТок, ќе се прикаже работата на владата „зад сцената“, со што ќе биде поотворена и попристапна за граѓаните. Самиот Шолц, пак, вети дека на профилот на социјалната мреѓа нема да објавува видеа со танцување. Една неодамнешна анкета покажа лоши резултати за популарноста на Шолц, само 20% од испитаниците ја поддржуваат неговата политика, додека повеќе од 70% изразуваат неодобрување.

The post Шолц отвори профил на ТикТок за да се приближи до граѓаните и да ја зголеми нивната поддршка appeared first on Република.

]]>
На Османи му сугерирале да се кандидира за ген.сек на НАТО, но засега бил фокусиран на претседателските избори https://republika.mk/vesti/makedonija/na-osmani-mu-sugerirale-da-se-kandidira-za-gen-sek-na-nato-no-zasega-bil-fokusiran-na-pretsedatelskite-izbori/ Thu, 28 Mar 2024 17:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=759894

Во видео на ТикТок, претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи вели дека му сугерирале да се кандидира за ген.сек на НАТО, но засега бил фокусиран на претседателските избори.

https://www.tiktok.com/@bujar.m.osmani/video/7350419783478758662

The post На Османи му сугерирале да се кандидира за ген.сек на НАТО, но засега бил фокусиран на претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Во видео на ТикТок, претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи вели дека му сугерирале да се кандидира за ген.сек на НАТО, но засега бил фокусиран на претседателските избори. https://www.tiktok.com/@bujar.m.osmani/video/7350419783478758662

The post На Османи му сугерирале да се кандидира за ген.сек на НАТО, но засега бил фокусиран на претседателските избори appeared first on Република.

]]>
ЕК започна истрага против ТикТок за прекршување на Законот за дигитални услуги на ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/ek-zapochna-istraga-protiv-tiktok-za-prekrshuvane-na-zakonot-za-digitalni-uslugi-na-eu/ Mon, 19 Feb 2024 13:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=745739

Како што соопшти ЕК, ваквата одлука е донесена врз основа на досега спроведената прелиминарна истрага, како и врз основа на анализа на извештајот за проценка на ризикот и на одговорите на нејзините формални барања за информации доставни од страна на ТикТок.

Според најавата постапката ќе се фокусира на усогласеноста со обврските од ДСА поврзани со проценката и ублажувањето на системските ризици и реални или предвидливи негативни ефекти кои произлегуваат од дизајнот на системот на ТикТок, вклучувајќи ги и алгоритамските системи, кои можат да стимулираат зависности во однесувањето.

– Ваквата проценка е потребна за да се спречат потенцијалните ризици за остварување на основното право на физичката и менталната благосостојба на корисниците, почитувањето на правата на детето, како и влијанието врз процесите на радикализација. Понатаму, мерките за ублажување што се применуваат во овој поглед, особено алатките за проверка на возраста што ги користи ТикТок за да го спречи пристапот на малолетниците до несоодветна содржина, може да не се разумни, пропорционални и ефективни, се наведува во соопштението.

Дополнително ќе се проверуваат мерките за обезбедување високо ниво на приватност, безбедност и сигурност за малолетниците, особено во однос на стандардните поставки за нивната приватност, усогласеност со обврските на ДСА поврзани со рекламите и зголемување на транспарентноста на ТикТок и недостатоците во давањето пристап до јавно достапните податоци.

Комисијата посочува дека отворањето на формална постапка не го прејудицира нејзиниот исход, како и дека за време на нејзиното траење може да покрене и друга истрага поврзана со прекршување на одредбите од ДСА, како на пример со ширењето на илегални и терористички содржини, сексуална злоупотреба на деца на интернет или известувања за сомнежи за кривични дела.

Законот за дигитални услуги не поставува законски рок за завршување на формалните постапки, чие времетраење зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја сложеноста на случајот, степенот до кој платформата соработува со Комисијата и остварувањето на нејзините права на одбрана.

ТикТок беше прогласена за „многу голема онлајн платформа“ на 25 април 2023 година врз основа на Законот за дигитални услуги на ЕУ, затоа што социјалната мрежа во тој период имала 135,9 милиони месечни активни корисници во Унијата. Со прогласувањето за „многу голема онлајн платформа“, од август минатата година ТикТок мораше да започне да се усогласува со низата обврски утврдени во ДСА.

Инаку, од саботата одредбите од Законот за дигитални услуги важат на сите интернет сајтови, а не само за оние кои лани го добија статусот на „многу големи онлајн платформи“.

The post ЕК започна истрага против ТикТок за прекршување на Законот за дигитални услуги на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Како што соопшти ЕК, ваквата одлука е донесена врз основа на досега спроведената прелиминарна истрага, како и врз основа на анализа на извештајот за проценка на ризикот и на одговорите на нејзините формални барања за информации доставни од страна на ТикТок. Според најавата постапката ќе се фокусира на усогласеноста со обврските од ДСА поврзани со проценката и ублажувањето на системските ризици и реални или предвидливи негативни ефекти кои произлегуваат од дизајнот на системот на ТикТок, вклучувајќи ги и алгоритамските системи, кои можат да стимулираат зависности во однесувањето. – Ваквата проценка е потребна за да се спречат потенцијалните ризици за остварување на основното право на физичката и менталната благосостојба на корисниците, почитувањето на правата на детето, како и влијанието врз процесите на радикализација. Понатаму, мерките за ублажување што се применуваат во овој поглед, особено алатките за проверка на возраста што ги користи ТикТок за да го спречи пристапот на малолетниците до несоодветна содржина, може да не се разумни, пропорционални и ефективни, се наведува во соопштението. Дополнително ќе се проверуваат мерките за обезбедување високо ниво на приватност, безбедност и сигурност за малолетниците, особено во однос на стандардните поставки за нивната приватност, усогласеност со обврските на ДСА поврзани со рекламите и зголемување на транспарентноста на ТикТок и недостатоците во давањето пристап до јавно достапните податоци. Комисијата посочува дека отворањето на формална постапка не го прејудицира нејзиниот исход, како и дека за време на нејзиното траење може да покрене и друга истрага поврзана со прекршување на одредбите од ДСА, како на пример со ширењето на илегални и терористички содржини, сексуална злоупотреба на деца на интернет или известувања за сомнежи за кривични дела. Законот за дигитални услуги не поставува законски рок за завршување на формалните постапки, чие времетраење зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја сложеноста на случајот, степенот до кој платформата соработува со Комисијата и остварувањето на нејзините права на одбрана. ТикТок беше прогласена за „многу голема онлајн платформа“ на 25 април 2023 година врз основа на Законот за дигитални услуги на ЕУ, затоа што социјалната мрежа во тој период имала 135,9 милиони месечни активни корисници во Унијата. Со прогласувањето за „многу голема онлајн платформа“, од август минатата година ТикТок мораше да започне да се усогласува со низата обврски утврдени во ДСА. Инаку, од саботата одредбите од Законот за дигитални услуги важат на сите интернет сајтови, а не само за оние кои лани го добија статусот на „многу големи онлајн платформи“.

The post ЕК започна истрага против ТикТок за прекршување на Законот за дигитални услуги на ЕУ appeared first on Република.

]]>
ЕК бара податоци од ТикТок и Јутјуб за мерките за заштита на малолетници https://republika.mk/vesti/svet/ek-bara-podatotsi-od-tiktok-i-jutjub-za-merkite-za-zashtita-na-maloletnitsi/ Fri, 10 Nov 2023 07:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=700102

Европската комисија испрати официјално барање до ТикТок и Јутјуб да и достават информации за мерките што ги презеле за усогласување со нивните обврски поврзани со заштитата на малолетниците согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Еврокомисијата бара ТикТок и Јутјуб да и достават податоци за исполнување на обврските поврзани со проценката на ризикот и мерките за онлајн заштита на малолетниците, особено во однос на ризиците за нивното ментално и физичко здравје, како и за условите под кои малолетни лица можат да ги користат услугите на двете платформи.

Двете компании се обврзани да ги достават бараните информации до Комисијата најдоцна до 30 ноември, по што врз основа на проценката на одговорите таа ќе донесе одлука за следните чекори.

Доколку платформите не одговрат на барањата или дадат неточни, нецелосни или погрешни информации, Европската комисија, согласно ДСА, може да им изрече казни.

По прогласувањето на 19 социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за онлајн трговија од страна на ЕК за „многу големи онлајн платформи“, меѓу кои се ТикТок и Јутјуб, тие се должни да се усогласат со целосниот сет на одредби од Законот за дигитални услуги, вклучително и за проценка и ублажување на ризиците поврзани со ширењето на илегални и штетни содржини, со негативните ефекти врз основните човекови права, меѓу кои и правата на децата, како и за заштита на малолетниците.

Ова е второ барање од ЕК до ТикТок врз основа со ДСА, откако на 19 минатиот месец од платформата беше побарано да достави информации во врска со наводното ширење на терористичка и насилна содржина, говор на омраза и дезинформации, како и за општите аспекти во врска со заштитата на малолетниците на интернет.

The post ЕК бара податоци од ТикТок и Јутјуб за мерките за заштита на малолетници appeared first on Република.

]]>

Европската комисија испрати официјално барање до ТикТок и Јутјуб да и достават информации за мерките што ги презеле за усогласување со нивните обврски поврзани со заштитата на малолетниците согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Еврокомисијата бара ТикТок и Јутјуб да и достават податоци за исполнување на обврските поврзани со проценката на ризикот и мерките за онлајн заштита на малолетниците, особено во однос на ризиците за нивното ментално и физичко здравје, како и за условите под кои малолетни лица можат да ги користат услугите на двете платформи. Двете компании се обврзани да ги достават бараните информации до Комисијата најдоцна до 30 ноември, по што врз основа на проценката на одговорите таа ќе донесе одлука за следните чекори. Доколку платформите не одговрат на барањата или дадат неточни, нецелосни или погрешни информации, Европската комисија, согласно ДСА, може да им изрече казни. По прогласувањето на 19 социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за онлајн трговија од страна на ЕК за „многу големи онлајн платформи“, меѓу кои се ТикТок и Јутјуб, тие се должни да се усогласат со целосниот сет на одредби од Законот за дигитални услуги, вклучително и за проценка и ублажување на ризиците поврзани со ширењето на илегални и штетни содржини, со негативните ефекти врз основните човекови права, меѓу кои и правата на децата, како и за заштита на малолетниците. Ова е второ барање од ЕК до ТикТок врз основа со ДСА, откако на 19 минатиот месец од платформата беше побарано да достави информации во врска со наводното ширење на терористичка и насилна содржина, говор на омраза и дезинформации, како и за општите аспекти во врска со заштитата на малолетниците на интернет.

The post ЕК бара податоци од ТикТок и Јутјуб за мерките за заштита на малолетници appeared first on Република.

]]>
Не сакаат премногу видеа од терен: ЕУ му нареди на Тикток да отстрани повеќе од 500.000 видеа за војната меѓу Израел и Хамас https://republika.mk/vesti/svet/ne-sakaat-premnogu-videa-od-teren-eu-mu-naredi-na-tiktok-da-otstrani-poveke-od-500-000-videa-za-vojnata-megu-izrael-i-hamas/ Mon, 16 Oct 2023 15:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=691767

Платформата ТикТок соопшти дека отстранила 500.000 видеа и затворила 8.000 преноси во живо за војната меѓу Израел и Хамас, неколку дена откако ЕУ ја потсети на нејзината обврска да се бори против нелегалната содржина.

Од 7 октомври, отстранивме повеќе од 500.000 видеа и затворивме 8.000 преноси во живо во дадената област, поради прекршување на нашите политики“, објави ТикТок на својот блог, додавајќи дека ги зајакнал своите тимови за контрола на содржината.

Во четвртокот, Брисел ја предупреди кинеската социјална мрежа, популарна меѓу младите, на нејзината обврска да се бори против „нелегалната содржина“ и „лажните информации“ во примената на новата регулатива на ЕУ за дигитални услуги (DSA).

Имате посебна обврска да ги заштитите (корисниците) од насилна содржина... која се чини дека циркулира во голем број на вашата платформа без специфични безбедносни контроли“, напиша европскиот комесар за дигитални платформи Тиери Бретнон во писмо до шефот на ТикТок, Шу Зи Чу.

Европскиот комесар издаде слични предупредувања до платформите Мета, Х (поранешен Твитер) и Јутјуб, во време кога платформите се преплавени со насилни содржини и дезинформации за војната на Израел со палестинскиот Хамас.

Веднаш мобилизиравме значителни ресурси за да ги имплементираме нашите политики против насилство, вклучително и здружување на клучните членови на нашиот глобален тим и 40.000 безбедносни професионалци“, информираа од ТикТок

Тие, исто така, велат дека го подобриле системот за „проактивно автоматско откривање“ на такви содржини во реално време и го зголемиле бројот на контролори кои зборуваат арапски и хебрејски.

За борба против лажните содржини, ТикТок потсетува дека работи со организации за верификација на податоци на повеќе од 50 јазици, вклучувајќи арапски и хебрејски.

ТикТок, исто така, го ограничи емитувањето во живо и некои „хаштагови“.

Повеќе социјални мрежи веќе одговорија на барањата на Европската комисија, меѓу кои и Мета и Х.

Платформата Х наведе дека повлекла или означила десетици илјади пораки, но Брисел, оценувајќи го тој одговор како недоволен, отвори подлабока истрага против мрежата на Илон Маск, изјави денеска Тијери Бретон.

Мониторинг компанијата „Висибреин“ од 7 октомври изброила 166 милиони пораки за војната објавени на Твитер, Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и Тикток. Ова е 47 проценти повеќе отколку за Светското првенство во фудбал во 2022 година, кое беше еден од најкоментираните настани во светот.

The post Не сакаат премногу видеа од терен: ЕУ му нареди на Тикток да отстрани повеќе од 500.000 видеа за војната меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>

Платформата ТикТок соопшти дека отстранила 500.000 видеа и затворила 8.000 преноси во живо за војната меѓу Израел и Хамас, неколку дена откако ЕУ ја потсети на нејзината обврска да се бори против нелегалната содржина.
Од 7 октомври, отстранивме повеќе од 500.000 видеа и затворивме 8.000 преноси во живо во дадената област, поради прекршување на нашите политики“, објави ТикТок на својот блог, додавајќи дека ги зајакнал своите тимови за контрола на содржината.
Во четвртокот, Брисел ја предупреди кинеската социјална мрежа, популарна меѓу младите, на нејзината обврска да се бори против „нелегалната содржина“ и „лажните информации“ во примената на новата регулатива на ЕУ за дигитални услуги (DSA).
Имате посебна обврска да ги заштитите (корисниците) од насилна содржина... која се чини дека циркулира во голем број на вашата платформа без специфични безбедносни контроли“, напиша европскиот комесар за дигитални платформи Тиери Бретнон во писмо до шефот на ТикТок, Шу Зи Чу.
Европскиот комесар издаде слични предупредувања до платформите Мета, Х (поранешен Твитер) и Јутјуб, во време кога платформите се преплавени со насилни содржини и дезинформации за војната на Израел со палестинскиот Хамас.
Веднаш мобилизиравме значителни ресурси за да ги имплементираме нашите политики против насилство, вклучително и здружување на клучните членови на нашиот глобален тим и 40.000 безбедносни професионалци“, информираа од ТикТок
Тие, исто така, велат дека го подобриле системот за „проактивно автоматско откривање“ на такви содржини во реално време и го зголемиле бројот на контролори кои зборуваат арапски и хебрејски. За борба против лажните содржини, ТикТок потсетува дека работи со организации за верификација на податоци на повеќе од 50 јазици, вклучувајќи арапски и хебрејски. ТикТок, исто така, го ограничи емитувањето во живо и некои „хаштагови“. Повеќе социјални мрежи веќе одговорија на барањата на Европската комисија, меѓу кои и Мета и Х.
Платформата Х наведе дека повлекла или означила десетици илјади пораки, но Брисел, оценувајќи го тој одговор како недоволен, отвори подлабока истрага против мрежата на Илон Маск, изјави денеска Тијери Бретон.
Мониторинг компанијата „Висибреин“ од 7 октомври изброила 166 милиони пораки за војната објавени на Твитер, Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и Тикток. Ова е 47 проценти повеќе отколку за Светското првенство во фудбал во 2022 година, кое беше еден од најкоментираните настани во светот.

The post Не сакаат премногу видеа од терен: ЕУ му нареди на Тикток да отстрани повеќе од 500.000 видеа за војната меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>
„Aпликацијата е социјалната мрежа што ја претпочитаат луѓе со лоша намера“: Сенегал го прекина пристапот до ТикТок https://republika.mk/vesti/svet/aplikatsijata-e-sotsijalnata-mrezha-shto-ja-pretpochitaat-luge-so-losha-namera-senegal-go-prekina-pristapot-do-tiktok/ Wed, 02 Aug 2023 14:42:45 +0000 https://republika.mk/?p=667963

Сенегал го прекина пристапот до апликацијата ТикТок до понатамошно известување, соопшти министерот за комуникации, неколку дена по ограничувањето на користењето на мобилниот интернет поради протестите на опозицијата.

Министерот... ја известува јавноста дека е забележано дека апликацијата ТикТок е социјалната мрежа што ја претпочитаат луѓе со лоша намера да шират штетни пораки на омраза што ја загрозуваат стабилноста на земјата“, се вели во изјавата на министерот.

Западноафриканската земја, исто така, од понеделникот го ограничи пристапот до интернет услугите, користејќи слично оправдување. Ограничувањата доаѓаат откако опозицискиот лидер Усман Сонко беше обвинет за заговор за бунт, криминален заговор и други дела.

The post „Aпликацијата е социјалната мрежа што ја претпочитаат луѓе со лоша намера“: Сенегал го прекина пристапот до ТикТок appeared first on Република.

Нов тренд на TикТок, насочен кон девојките: „Луѓе, ова веќе не е нормално…“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nov-trend-na-tiktok-nasochen-kon-devojkite-luge-ova-veke-ne-e-normalno/ Thu, 20 Jul 2023 11:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=663507

Ова не води никаде, навистина е бесмислено!

Таканаречените „шеги“ на ТикТок од година во година стануваат светски трендови, а лажните шеги со запросување се оние кои моментално се во тренд на оваа социјална мрежа и луѓето се во неверување.

Имено, се поголем е бројот на мажи кои ги запросуваат своите девојки пред камерите, по што, кога возбудата ќе помине, објаснуваат дека сепак сето тоа било шега. Девојките веруваат дека овој тренд не е добар за љубовните врски.

„Мојот дечко лажно ме запросува за време на секое романтично патување, така што ако некогаш навистина ме запроси, дури и тогаш ќе помислам дека тоа е шега“, вели фитнес инструкторката Фиона Симпсон во едно од нејзините видеа на TикТок, инаку позната по тоа што нејзиниот партнер лажира запросување секогаш кога снимаат видео, а со клекнување на едно колено.

Исто така, човекот кој е познат на ТикТок како „Farmer Wil“ досега има снимено неколку видеа во кои запросува случајни девојки што ги среќава на улица.

Земајќи со себе пријател кој снима сè, Вил запира непознати девојки на улица, а на колена ги прашува  „дали ќе се омажиш за мене“. Неговото последно видео во кое лажно запросува непозната девојка е прегледано 5,4 милиони пати.

„Мислам дека вистинската девојка, ако продолжам со лажните предлози, всушност нема да ми верува кога ќе одлучам да ја запросам вистински“, напиша тој во виралното видео.

За жал, тој не е единствениот кој се шегува на овој начин, бидејќи на социјалните мрежи кружат видеа од лажни предлози, а мислењата на корисниците, како да се каже, се поделени - каде повеќето не се ентузијасти.

„Дали само јас мислам дека ова е смешно“, „Само вежбај за вистинското“, беа позитивните коментари.

А потоа доаѓаат главно негативни коментари.

„Ова не е шега. Многу би се налутила“, „Ова е црвено знаме за мене, не се шегувај со моите чувства“, „Тоа што мисли дека предлогот е шега кажува многу за него“ беа коментарите на оние кои дефинитивно не го поддржуваат овој тренд.

@farmerwill_I think if i carry on fake proposing- she wont belive me when i do♬ Summer Background Jazz - Jazz Background Vibes

The post Нов тренд на TикТок, насочен кон девојките: „Луѓе, ова веќе не е нормално…“ appeared first on Република.

]]>

Ова не води никаде, навистина е бесмислено! Таканаречените „шеги“ на ТикТок од година во година стануваат светски трендови, а лажните шеги со запросување се оние кои моментално се во тренд на оваа социјална мрежа и луѓето се во неверување. Имено, се поголем е бројот на мажи кои ги запросуваат своите девојки пред камерите, по што, кога возбудата ќе помине, објаснуваат дека сепак сето тоа било шега. Девојките веруваат дека овој тренд не е добар за љубовните врски.
„Мојот дечко лажно ме запросува за време на секое романтично патување, така што ако некогаш навистина ме запроси, дури и тогаш ќе помислам дека тоа е шега“, вели фитнес инструкторката Фиона Симпсон во едно од нејзините видеа на TикТок, инаку позната по тоа што нејзиниот партнер лажира запросување секогаш кога снимаат видео, а со клекнување на едно колено.
Исто така, човекот кој е познат на ТикТок како „Farmer Wil“ досега има снимено неколку видеа во кои запросува случајни девојки што ги среќава на улица.
Земајќи со себе пријател кој снима сè, Вил запира непознати девојки на улица, а на колена ги прашува  „дали ќе се омажиш за мене“. Неговото последно видео во кое лажно запросува непозната девојка е прегледано 5,4 милиони пати. „Мислам дека вистинската девојка, ако продолжам со лажните предлози, всушност нема да ми верува кога ќе одлучам да ја запросам вистински“, напиша тој во виралното видео.
За жал, тој не е единствениот кој се шегува на овој начин, бидејќи на социјалните мрежи кружат видеа од лажни предлози, а мислењата на корисниците, како да се каже, се поделени - каде повеќето не се ентузијасти. „Дали само јас мислам дека ова е смешно“, „Само вежбај за вистинското“, беа позитивните коментари. А потоа доаѓаат главно негативни коментари. „Ова не е шега. Многу би се налутила“, „Ова е црвено знаме за мене, не се шегувај со моите чувства“, „Тоа што мисли дека предлогот е шега кажува многу за него“ беа коментарите на оние кои дефинитивно не го поддржуваат овој тренд.
@farmerwill_I think if i carry on fake proposing- she wont belive me when i do♬ Summer Background Jazz - Jazz Background Vibes

The post Нов тренд на TикТок, насочен кон девојките: „Луѓе, ова веќе не е нормално…“ appeared first on Република.

]]>
Нов ТикТок предизвик однесе во смрт повеќе луѓе https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nov-tiktok-predizvik-odnese-vo-smrt-poveke-luge/ Sun, 09 Jul 2023 20:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=659466

Најмалку четири лица починаа во последните месеци поради новиот тренд на TikTok наречен #Boatjumping. Властите во Алабама соопштија дека жртвите се препуштале на новиот и смртоносен тренд во кој луѓето скокале или превртувале од задниот дел на глисерите.

„Во последните шест месеци имавме четири давења кои лесно можевме да ги избегнеме. Тие правеа предизвик на TikTok. Тоа е местото каде што влегувате во чамец што се движи со голема брзина, скокате од страната на бродот, без нуркање, прво скокате со нозете и само се навалувате во водата“, изјави за New York Post Џим Денис од спасувачкиот одред Childersburg. .

Првата жртва починала во февруари откако паднала во реката Куза додека неговата сопруга и нивните деца гледале од чамец.

„За жал, таа ја сними неговата смрт“, рече Денис.

И покрај трагичниот крај, уште тројца ги игнорирале предупредувањата на спасувачите и подлегнале на истата судбина. Пребарувањето на TikTok за „#boatjumping“ или кое било повторување на тие два збора покажува голем број „херои“ кои ги снимаат своите потенцијални средби со она што Денис го нарече „моментална смрт“.

Денис предупреди и побара од наутичарите да го избегнат смртоносниот тренд и да ги повикаат своите најблиски да не учествуваат. „Не правете го тоа“, рече тој. „Не е вредно за твојот живот“.

The post Нов ТикТок предизвик однесе во смрт повеќе луѓе appeared first on Република.

]]>

Најмалку четири лица починаа во последните месеци поради новиот тренд на TikTok наречен #Boatjumping. Властите во Алабама соопштија дека жртвите се препуштале на новиот и смртоносен тренд во кој луѓето скокале или превртувале од задниот дел на глисерите. „Во последните шест месеци имавме четири давења кои лесно можевме да ги избегнеме. Тие правеа предизвик на TikTok. Тоа е местото каде што влегувате во чамец што се движи со голема брзина, скокате од страната на бродот, без нуркање, прво скокате со нозете и само се навалувате во водата“, изјави за New York Post Џим Денис од спасувачкиот одред Childersburg. . Првата жртва починала во февруари откако паднала во реката Куза додека неговата сопруга и нивните деца гледале од чамец. „За жал, таа ја сними неговата смрт“, рече Денис. И покрај трагичниот крај, уште тројца ги игнорирале предупредувањата на спасувачите и подлегнале на истата судбина. Пребарувањето на TikTok за „#boatjumping“ или кое било повторување на тие два збора покажува голем број „херои“ кои ги снимаат своите потенцијални средби со она што Денис го нарече „моментална смрт“. Денис предупреди и побара од наутичарите да го избегнат смртоносниот тренд и да ги повикаат своите најблиски да не учествуваат. „Не правете го тоа“, рече тој. „Не е вредно за твојот живот“.  

The post Нов ТикТок предизвик однесе во смрт повеќе луѓе appeared first on Република.

]]>
Извештај: Сè помалку луѓе им веруваат на традиционалните медиуми, а сè повеќе се инфомираат преку Тикток https://republika.mk/vesti/svet/izveshtaj-se-pomalku-luge-im-veruvaat-na-traditsionalnite-mediumi-a-se-poveke-se-infomiraat-preku-tiktok/ Wed, 14 Jun 2023 07:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=651089

Бројот на луѓе кои глобално пристапуваат до вести преку веб-страница или апликација е намален за 10 процентни поени од 2018 година, при што помладите групи претпочитаат да се информираат преку социјалните медиуми, пребарувачите или мобилните агрегатори, соопшти Институтот на Ројтерс за проучување на новинарството во својот годишен извештај за дигитални вести.

Публиката посветува поголемо внимание на познатите личности, влијателните и личностите на социјалните медиуми отколку новинарите на платформи како што се ТикТок, Инстаграм и Снепчет, објави Институтот.

Според извештајот, ТикТок е најбрзо растечката социјална мрежа што ја користат за вести 20 отсто од лицата на возраст од 18-24-години, што е за пет процентни поени повеќе од минатата година. Помалку од 50 отсто од испитаници изразиле некаков интерес за вести, што е нагло намалување од 60 проценти во 2017 година.

Помалку од една третина од испитаниците рекле дека изборот на вести врз основа на минатите пребарувања е добар начин да се остане информиран, за шест процентни поени помалку од 2016 година. Сепак, луѓето претпочитаат алгоритми за да ги изберат своите вести отколку уредници или новинари.

Довербата во вестите е намалена за два процентни поени во изминатата година. Во просек, 40 отсто од луѓето велат дека генерално им веруваат на повеќето вести. САД забележаа шест отсто зголемување на довербата во вестите, на 32 отсто, но сепак беа меѓу најниските во истражувањето.

На сите пазари, 56 проценти од луѓето велат дека се загрижени за препознавањето на разликата помеѓу вистинските и лажните вести онлајн - два процентни поени повеќе од минатата година.

Истражувањето покажа дека 48 отсто од луѓето велат дека се многу или екстремно заинтересирани за вести, што е намалување од 63 отсто во 2017 година.

Извештајот e заснован на онлајн анкета, со која се опфатени приближно 94.000 возрасни лица, спроведена во 46 земји, вклучувајќи ги и САД.

The post Извештај: Сè помалку луѓе им веруваат на традиционалните медиуми, а сè повеќе се инфомираат преку Тикток appeared first on Република.

]]>

Бројот на луѓе кои глобално пристапуваат до вести преку веб-страница или апликација е намален за 10 процентни поени од 2018 година, при што помладите групи претпочитаат да се информираат преку социјалните медиуми, пребарувачите или мобилните агрегатори, соопшти Институтот на Ројтерс за проучување на новинарството во својот годишен извештај за дигитални вести. Публиката посветува поголемо внимание на познатите личности, влијателните и личностите на социјалните медиуми отколку новинарите на платформи како што се ТикТок, Инстаграм и Снепчет, објави Институтот. Според извештајот, ТикТок е најбрзо растечката социјална мрежа што ја користат за вести 20 отсто од лицата на возраст од 18-24-години, што е за пет процентни поени повеќе од минатата година. Помалку од 50 отсто од испитаници изразиле некаков интерес за вести, што е нагло намалување од 60 проценти во 2017 година. Помалку од една третина од испитаниците рекле дека изборот на вести врз основа на минатите пребарувања е добар начин да се остане информиран, за шест процентни поени помалку од 2016 година. Сепак, луѓето претпочитаат алгоритми за да ги изберат своите вести отколку уредници или новинари. Довербата во вестите е намалена за два процентни поени во изминатата година. Во просек, 40 отсто од луѓето велат дека генерално им веруваат на повеќето вести. САД забележаа шест отсто зголемување на довербата во вестите, на 32 отсто, но сепак беа меѓу најниските во истражувањето. На сите пазари, 56 проценти од луѓето велат дека се загрижени за препознавањето на разликата помеѓу вистинските и лажните вести онлајн - два процентни поени повеќе од минатата година. Истражувањето покажа дека 48 отсто од луѓето велат дека се многу или екстремно заинтересирани за вести, што е намалување од 63 отсто во 2017 година. Извештајот e заснован на онлајн анкета, со која се опфатени приближно 94.000 возрасни лица, спроведена во 46 земји, вклучувајќи ги и САД.  

The post Извештај: Сè помалку луѓе им веруваат на традиционалните медиуми, а сè повеќе се инфомираат преку Тикток appeared first on Република.

]]>
Тикток – брзорастечки канал за ширење дезинформации https://republika.mk/zivot/tehnologija/tiktok-brzorastechki-kanal-za-shirene-dezinformatsii/ Sat, 20 May 2023 16:42:32 +0000 https://republika.mk/?p=643037

Манипулативни содржини од политички карактер, конспиративни содржини или видеа за војната во Украина се најчестите дезинформации што се објавуваат на социјалната мрежа Тикток, која на месечно ниво има околу една милијарда активни корисници и повеќе од 700 милиони објавени видеа.

Според Истражувањето на NewsGuard, речиси 20 проценти од видеата претставени како резултати од пребарувања за одредени теми на Тикток содржеле дезинформации. Комуникологот Сеад Џигал вели дека ова се должи на порастот и на популарноста на самата социјална мрежа.

Поради порастот на популарноста на Тикток, сѐ поголем е напливот на дезинформации на оваа социјална мрежа од различни злонамерни чинители заинтересирани нивните дезинформации до стигнат до што поголем број корисници. Тикток е важен извор за информирање кај помладите корисници и кај нив има најизразено негативно влијание. Најчесто се поставуваат манипулативни содржини од политички карактер, конспиративни содржини или, на пример, видеа за војната во Украина, каде што преку различни техники многу често се дезинформира што навистина се случува во овој конфликт, вели тој.

Тетовската полиција приведе 39 годишник од Боговиње во врска со случајот кога две лица на дете му помагаа да пука од оружје, а снимката беше објавена на социјалната мрежа Тик-ток.

Платформата на која се пласираат куси видеа е застапена во 141 држава и е веќе преведена на 39 светски јазици. Од неговото лансирање во 2016 година, Тикток бил преземен околу три милијарди пати и со тоа успеа за нешто повеќе од четири години да го постигне она што на Фејсбук и на Инстаграм им требаше да го направат за 10 години.

Правилата и стандардите за содржината на Тикток забрануваат дезинформации што претставуваат ризик за јавната безбедност, медицински дезинформации, дезинформации за климатските промени, опасни теории на заговор како и материјал што е уреден, споен или комбиниран (како видео и аудио) на начин што може да доведе до заблуда за настани од реалниот свет. Според Џигал, интерниот систем за заштита на дезинформации на Тикток е корисен, но далеку од совршен.

Тикток, како и поголемиот дел од социјалните мрежи, има интерен систем за пријавување проблеми и злоупотреби. По проверка на пријавите, содржините можат да се отстранат или, пак, да се блокираат одредени корисници. Исто така, мрежата користи и софтверски алатки, какви што се различни алгоритми за пребарување и детектирање одредени содржини, вклучително и дезинформации. Овој систем е корисен, но е далеку од совршен затоа што може само да го намали штетниот ефект од дезинформациите, но не и целосно да ги отстрани, вели Џигал.

Неговите препораки за заштита од дезинформациите, покрај наведените методи и алатки за нивно пријавување и отстранување, се едукацијата и обучувањето на корисниците да препознаваат дезинформации, да ги пријавуваат и да ги маркираат како штетни и манипулативни, бидејќи, според него, доколку се намали ефектот на дезинформациите врз корисниците, тогаш ќе се намали и мотивацијата на оние што ги објавуваат да го прават тоа и понатаму.

Џигал смета дека младите корисници се најранлива категорија поради нивните сѐ уште недооформени вештини за критичко преиспитување на информациите и на содржините на Тикток.

Убедливоста на визуелните содржини е особено моќна и за нив е многу потешко да ги препознаат манипулациите и дезинформациите затоа што за нив е реално тоа што го гледаат со своите очи, иако визуелните содржини е сѐ полесно да се уредат и да се манипулира со нив. Конечно, влијанието на нивните контакти и пријатели го олеснува ширењето на дезинформациите, затоа што ако дезинформациите им се пратени или споделени од корисници на кои им веруваат, тие некритички ги прифаќаат како вистинити, вели тој.

На него се надоврзува и професор д-р Ана Фрицханд од Институт за психологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, која вели дека причините за тоа лежат во достигнатиот степен на развој во целост, како и степенот на емоционална зрелост, потоа капацитетот за критичко мислење и филтрирање на важните од неважните (и штетни) информации, способноста да се разликуваат добри од лоши, односно правилни од погрешни постапки и однесувања, степенот на консолидираност на личниот вредносен систем, возрасниот период во кој се наоѓаат, степенот на развој на мозокот, степенот на оформеност на идентитетот и изложеноста на врснички притисок.

Секој поединец се разликува од другите, а тоа е случај и со децата и адолесцентите. Во овие периоди од животот многу е важно со какви модели се идентификуваат, бидејќи се склони да го имитираат и да го повторуваат однесувањето на тие модели, кое доколку е несоодветно или насилно, може да претставува сериозен проблем. Воедно, во периодот на адолесценција интензивно се формира идентитетот и се одвива клучниот процес на индивидуализација, што само по себе претставува сериозна развојна задача што носи многу предизвици, вели таа.

Фрицханд појаснува дека периодот на рана адолесценција (12, 13 и 14-годишна возраст) е познат по високиот степен на конформирање со групните барања и норми, па адолесцентите честопати не покажуваат конзистентно морално однесување.

Тоа во практика значи дека кога се во група и под влијание на врсниците, склони се да го прават тоа што сите го прават, дури и кога е во прашање однесување што авторитетите не би го одобриле и кое самите не би го манифестирале кога не би биле под будното око на врсниците. Исто така, периодот помеѓу 10-тата и 12-тата година, познат како предадолесценција, се карактеризира со значајни транзиции во развојот на мозокот и во продукцијата на хормоните на среќа (окситоцин и допамин), поради што почнуваат поинтензивно да бараат социјални награди, кои честопати се мерат преку бројот на лајкови добиени на поставените содржини на социјалните мрежи, вели д-р Фрицханд.

Оттука, дополнува таа, не е исклучено да повторуваат ризични постапки (познати како „предизвици“) и да ги поставуваат онлајн за да го проценат степенот на сопствената популарност преку бројот на добиени лајкови.

Притоа, според нив, колку е поголем бројот на лајкови, толку е поголема популарноста и социјалната награда. Имајќи го сето ова (и уште многу други фактори) предвид, јасно е зошто децата и адолесцентите се ранливи и полесно подложни на манипулација во интернет-просторот. Токму затоа, клучен е квалитетниот однос со родителите/старателите, исполнет со доверба, меѓусебна почит, искреност и квалитетна комуникација во насока на превенција и заштита од ризиците по психичката благосостојба, кои извираат од неселективното и несоодветно користење на социјалните мрежи и интернетот воопшто, посочува таа.

Фрицханд вели дека доколку некритички и неселективно се пристапи кон прифаќање на сè што се презентира на која било социјална мрежа, тоа може да влијае штетно и негативно врз секој што ја користи.

Тоа може да ги насочи размислувањата, верувањата, чувствата и ставовите кај дел од луѓето и да влијае врз одлуките што ги носат и однесувањето што го манифестираат. Притоа, колку се корисниците помлади, поради што се соочуваат со низа когнитивни ограничувања што ги носи достигнатиот степен на развој со возраста, последиците се дотолку поштетни. Кај возрасните поединци се очекува дека степенот на критичко мислење и корпусот на знаења и информации што се поседуваат е поголем, па оттука можат поподготвено да ги селектираат содржините што ги прегледуваат на социјалните мрежи и тоа што избираат да го читаат, гледаат и слушаат, вели таа.

Во однос на препораките, Фрицханд вели дека треба да се да се следат проверени и релевантни извори на информации, а потоа и да се проверуваат консултирајќи повеќе и различни релевантни извори, бидејќи на тој начин ќе се изгради пообјективна информираност за темите од интерес за поединецот.

Кога станува збор за помладата популација, посебно децата што се во интензивен процес на развој, со сѐ уште неоформена структура на личност и идентитет, родителите/старателите треба да обрнат внимание на тоа за која цел тие ги користат електронските уреди, колку време поминуваат пред екраните и дали и кон какви содржини пристапуваат кога се онлајн, вели таа.

Фрицханд потенцира дека е особено важно децата да бидат добро информирани за негативните последици од изложеноста на содржини несоодветни за нивната возраст и за начините како да ја заштитат сопствената безбедност во интернет-просторот.

Покрај ова, треба да имаат достигнато одреден степен на сознаен развој и на емоционална зрелост пред воопшто да пристапат на која било социјална мрежа. Сето ова бара посветеност од родителите/старателите, како и нивна активна и континуирана вклученост во процесот на квалитетна комуникација со децата, преку која ќе им објасни кои се ограничувањата поставени пред нив и зошто се поставени соодветните ограничувања – смета таа.

Индија забрани десетици апликации направени од кинески компании вклучувајќи ги Тик Ток (TikTok), ВиЧет (WeChat) и неколкуQQ апликации и Baidu aпликацијата. Одлуката за блокирање на 59 кинески

Имајќи ги предвид штетните влијанија какви што се зависност, дезинформации, безбедност, ментално здравје и заштита на податоци, апликацијата е забранета за употреба од страна на вработените во државната администрација во 34 (од 50) земји во САД како и во повеќе држави во Европа. Во мај 2023 година, Монтана стана првата држава што го забрани Тикток на сите лични уреди во државата.

The post Тикток – брзорастечки канал за ширење дезинформации appeared first on Република.

]]>

Манипулативни содржини од политички карактер, конспиративни содржини или видеа за војната во Украина се најчестите дезинформации што се објавуваат на социјалната мрежа Тикток, која на месечно ниво има околу една милијарда активни корисници и повеќе од 700 милиони објавени видеа. Според Истражувањето на NewsGuard, речиси 20 проценти од видеата претставени како резултати од пребарувања за одредени теми на Тикток содржеле дезинформации. Комуникологот Сеад Џигал вели дека ова се должи на порастот и на популарноста на самата социјална мрежа.
Поради порастот на популарноста на Тикток, сѐ поголем е напливот на дезинформации на оваа социјална мрежа од различни злонамерни чинители заинтересирани нивните дезинформации до стигнат до што поголем број корисници. Тикток е важен извор за информирање кај помладите корисници и кај нив има најизразено негативно влијание. Најчесто се поставуваат манипулативни содржини од политички карактер, конспиративни содржини или, на пример, видеа за војната во Украина, каде што преку различни техники многу често се дезинформира што навистина се случува во овој конфликт, вели тој.
Тетовската полиција приведе 39 годишник од Боговиње во врска со случајот кога две лица на дете му помагаа да пука од оружје, а снимката беше објавена на социјалната мрежа Тик-ток. Платформата на која се пласираат куси видеа е застапена во 141 држава и е веќе преведена на 39 светски јазици. Од неговото лансирање во 2016 година, Тикток бил преземен околу три милијарди пати и со тоа успеа за нешто повеќе од четири години да го постигне она што на Фејсбук и на Инстаграм им требаше да го направат за 10 години. Правилата и стандардите за содржината на Тикток забрануваат дезинформации што претставуваат ризик за јавната безбедност, медицински дезинформации, дезинформации за климатските промени, опасни теории на заговор како и материјал што е уреден, споен или комбиниран (како видео и аудио) на начин што може да доведе до заблуда за настани од реалниот свет. Според Џигал, интерниот систем за заштита на дезинформации на Тикток е корисен, но далеку од совршен.
Тикток, како и поголемиот дел од социјалните мрежи, има интерен систем за пријавување проблеми и злоупотреби. По проверка на пријавите, содржините можат да се отстранат или, пак, да се блокираат одредени корисници. Исто така, мрежата користи и софтверски алатки, какви што се различни алгоритми за пребарување и детектирање одредени содржини, вклучително и дезинформации. Овој систем е корисен, но е далеку од совршен затоа што може само да го намали штетниот ефект од дезинформациите, но не и целосно да ги отстрани, вели Џигал.
Неговите препораки за заштита од дезинформациите, покрај наведените методи и алатки за нивно пријавување и отстранување, се едукацијата и обучувањето на корисниците да препознаваат дезинформации, да ги пријавуваат и да ги маркираат како штетни и манипулативни, бидејќи, според него, доколку се намали ефектот на дезинформациите врз корисниците, тогаш ќе се намали и мотивацијата на оние што ги објавуваат да го прават тоа и понатаму. Џигал смета дека младите корисници се најранлива категорија поради нивните сѐ уште недооформени вештини за критичко преиспитување на информациите и на содржините на Тикток.
Убедливоста на визуелните содржини е особено моќна и за нив е многу потешко да ги препознаат манипулациите и дезинформациите затоа што за нив е реално тоа што го гледаат со своите очи, иако визуелните содржини е сѐ полесно да се уредат и да се манипулира со нив. Конечно, влијанието на нивните контакти и пријатели го олеснува ширењето на дезинформациите, затоа што ако дезинформациите им се пратени или споделени од корисници на кои им веруваат, тие некритички ги прифаќаат како вистинити, вели тој.
На него се надоврзува и професор д-р Ана Фрицханд од Институт за психологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, која вели дека причините за тоа лежат во достигнатиот степен на развој во целост, како и степенот на емоционална зрелост, потоа капацитетот за критичко мислење и филтрирање на важните од неважните (и штетни) информации, способноста да се разликуваат добри од лоши, односно правилни од погрешни постапки и однесувања, степенот на консолидираност на личниот вредносен систем, возрасниот период во кој се наоѓаат, степенот на развој на мозокот, степенот на оформеност на идентитетот и изложеноста на врснички притисок.
Секој поединец се разликува од другите, а тоа е случај и со децата и адолесцентите. Во овие периоди од животот многу е важно со какви модели се идентификуваат, бидејќи се склони да го имитираат и да го повторуваат однесувањето на тие модели, кое доколку е несоодветно или насилно, може да претставува сериозен проблем. Воедно, во периодот на адолесценција интензивно се формира идентитетот и се одвива клучниот процес на индивидуализација, што само по себе претставува сериозна развојна задача што носи многу предизвици, вели таа.
Фрицханд појаснува дека периодот на рана адолесценција (12, 13 и 14-годишна возраст) е познат по високиот степен на конформирање со групните барања и норми, па адолесцентите честопати не покажуваат конзистентно морално однесување.
Тоа во практика значи дека кога се во група и под влијание на врсниците, склони се да го прават тоа што сите го прават, дури и кога е во прашање однесување што авторитетите не би го одобриле и кое самите не би го манифестирале кога не би биле под будното око на врсниците. Исто така, периодот помеѓу 10-тата и 12-тата година, познат како предадолесценција, се карактеризира со значајни транзиции во развојот на мозокот и во продукцијата на хормоните на среќа (окситоцин и допамин), поради што почнуваат поинтензивно да бараат социјални награди, кои честопати се мерат преку бројот на лајкови добиени на поставените содржини на социјалните мрежи, вели д-р Фрицханд.
Оттука, дополнува таа, не е исклучено да повторуваат ризични постапки (познати како „предизвици“) и да ги поставуваат онлајн за да го проценат степенот на сопствената популарност преку бројот на добиени лајкови.
Притоа, според нив, колку е поголем бројот на лајкови, толку е поголема популарноста и социјалната награда. Имајќи го сето ова (и уште многу други фактори) предвид, јасно е зошто децата и адолесцентите се ранливи и полесно подложни на манипулација во интернет-просторот. Токму затоа, клучен е квалитетниот однос со родителите/старателите, исполнет со доверба, меѓусебна почит, искреност и квалитетна комуникација во насока на превенција и заштита од ризиците по психичката благосостојба, кои извираат од неселективното и несоодветно користење на социјалните мрежи и интернетот воопшто, посочува таа.
Фрицханд вели дека доколку некритички и неселективно се пристапи кон прифаќање на сè што се презентира на која било социјална мрежа, тоа може да влијае штетно и негативно врз секој што ја користи.
Тоа може да ги насочи размислувањата, верувањата, чувствата и ставовите кај дел од луѓето и да влијае врз одлуките што ги носат и однесувањето што го манифестираат. Притоа, колку се корисниците помлади, поради што се соочуваат со низа когнитивни ограничувања што ги носи достигнатиот степен на развој со возраста, последиците се дотолку поштетни. Кај возрасните поединци се очекува дека степенот на критичко мислење и корпусот на знаења и информации што се поседуваат е поголем, па оттука можат поподготвено да ги селектираат содржините што ги прегледуваат на социјалните мрежи и тоа што избираат да го читаат, гледаат и слушаат, вели таа.
Во однос на препораките, Фрицханд вели дека треба да се да се следат проверени и релевантни извори на информации, а потоа и да се проверуваат консултирајќи повеќе и различни релевантни извори, бидејќи на тој начин ќе се изгради пообјективна информираност за темите од интерес за поединецот.
Кога станува збор за помладата популација, посебно децата што се во интензивен процес на развој, со сѐ уште неоформена структура на личност и идентитет, родителите/старателите треба да обрнат внимание на тоа за која цел тие ги користат електронските уреди, колку време поминуваат пред екраните и дали и кон какви содржини пристапуваат кога се онлајн, вели таа.
Фрицханд потенцира дека е особено важно децата да бидат добро информирани за негативните последици од изложеноста на содржини несоодветни за нивната возраст и за начините како да ја заштитат сопствената безбедност во интернет-просторот.
Покрај ова, треба да имаат достигнато одреден степен на сознаен развој и на емоционална зрелост пред воопшто да пристапат на која било социјална мрежа. Сето ова бара посветеност од родителите/старателите, како и нивна активна и континуирана вклученост во процесот на квалитетна комуникација со децата, преку која ќе им објасни кои се ограничувањата поставени пред нив и зошто се поставени соодветните ограничувања – смета таа.
Индија забрани десетици апликации направени од кинески компании вклучувајќи ги Тик Ток (TikTok), ВиЧет (WeChat) и неколкуQQ апликации и Baidu aпликацијата. Одлуката за блокирање на 59 кинески Имајќи ги предвид штетните влијанија какви што се зависност, дезинформации, безбедност, ментално здравје и заштита на податоци, апликацијата е забранета за употреба од страна на вработените во државната администрација во 34 (од 50) земји во САД како и во повеќе држави во Европа. Во мај 2023 година, Монтана стана првата држава што го забрани Тикток на сите лични уреди во државата.

The post Тикток – брзорастечки канал за ширење дезинформации appeared first on Република.

]]>
Дали ќе се забрани ТикТок во државата ќе се знае наскоро, рече министерот за информатичко општество https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-ke-se-zabrani-tiktok-vo-drzhavata-ke-se-znae-naskoro-reche-ministerot-za-informatichko-opshtestvo/ Sun, 07 May 2023 15:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=638030

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека конечен став околу иницијативата за забрана на социјалната мрежа Тик Ток во државава ќе има само по координирана активност со правосудните, образовните и безбедносните институции.

Алиу попладнево во пишана изјава изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите и граѓаните на соседна Србија и осврнувајќи се на иницијативата за забрана на Тик Ток посочи дека ја поддржуваат иницијативата на Министерството за образование и наука за евалуација на ризиците од сите социјални платформи.

Најпрвин, цензурата е регулирана со Уставот на Република Македонија. Така што, конечен став околу таква мерка, може да следи само по координирана активност со правосудните институции и со останатите образовни и безбедносни институции во државата. Оттаму ја поддржуваме иницијативата на МОН за евалуација на ризиците од сите социјални платформи. МИОА има јасен став дека е против секој вид на говор на омраза или насилство, без исклучок, и поддржуваме санкционирање на секој извор на говор на омраза/насилство, вели Алиу.

Потребно е, укажува ресорниот министер, да направиме дистинкција помеѓу говор на омраза/насилство како и извори на говор на омраза/насилство од една страна и самите платформи за говор преку кои таков говор би се трансимитирал.

Оттаму, Министерството за информатичко општество и администрација ги зема во предвид сите социјални платформи без исклучок. Иако во моментов не завземаме став за забрана на било која социјална платформа, но и како родители, силно сметаме дека социјалните платформи како феномен на цивилизацијата на нашето време треба да почнат да се регулираат. Следствено како Министерство веќе превземаме подготвителни активности во тој правец и ќе се вклучиме со општествени иницијатив своевремено, вели Алиу.

Од МИОА апелираат за зголемување на свесноста за социјалните платформи на наставно образовниот кадар и кај родителите и огромно внимание. Дополнително, вклучително и до невладиниот сектор, како и останатите државни институции, телевизиски и радио концесионери да продуцираат содржина со образовно воспитен карактер и да ги пополнуваат празнините на социјалните платформи со добри содржини.

Будно ќе ги следиме случувањата и ќе бидеме во контакт со надлежните институции. Имајќи ја во предвид сензитивноста и опасностите остануваме целосно отворени за комумикација со сите општествени чинители, вели министерот Алиу.

The post Дали ќе се забрани ТикТок во државата ќе се знае наскоро, рече министерот за информатичко општество appeared first on Република.

]]>

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека конечен став околу иницијативата за забрана на социјалната мрежа Тик Ток во државава ќе има само по координирана активност со правосудните, образовните и безбедносните институции. Алиу попладнево во пишана изјава изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите и граѓаните на соседна Србија и осврнувајќи се на иницијативата за забрана на Тик Ток посочи дека ја поддржуваат иницијативата на Министерството за образование и наука за евалуација на ризиците од сите социјални платформи.
Најпрвин, цензурата е регулирана со Уставот на Република Македонија. Така што, конечен став околу таква мерка, може да следи само по координирана активност со правосудните институции и со останатите образовни и безбедносни институции во државата. Оттаму ја поддржуваме иницијативата на МОН за евалуација на ризиците од сите социјални платформи. МИОА има јасен став дека е против секој вид на говор на омраза или насилство, без исклучок, и поддржуваме санкционирање на секој извор на говор на омраза/насилство, вели Алиу.
Потребно е, укажува ресорниот министер, да направиме дистинкција помеѓу говор на омраза/насилство како и извори на говор на омраза/насилство од една страна и самите платформи за говор преку кои таков говор би се трансимитирал.
Оттаму, Министерството за информатичко општество и администрација ги зема во предвид сите социјални платформи без исклучок. Иако во моментов не завземаме став за забрана на било која социјална платформа, но и како родители, силно сметаме дека социјалните платформи како феномен на цивилизацијата на нашето време треба да почнат да се регулираат. Следствено како Министерство веќе превземаме подготвителни активности во тој правец и ќе се вклучиме со општествени иницијатив своевремено, вели Алиу.
Од МИОА апелираат за зголемување на свесноста за социјалните платформи на наставно образовниот кадар и кај родителите и огромно внимание. Дополнително, вклучително и до невладиниот сектор, како и останатите државни институции, телевизиски и радио концесионери да продуцираат содржина со образовно воспитен карактер и да ги пополнуваат празнините на социјалните платформи со добри содржини.
Будно ќе ги следиме случувањата и ќе бидеме во контакт со надлежните институции. Имајќи ја во предвид сензитивноста и опасностите остануваме целосно отворени за комумикација со сите општествени чинители, вели министерот Алиу.

The post Дали ќе се забрани ТикТок во државата ќе се знае наскоро, рече министерот за информатичко општество appeared first on Република.

]]>
Скопски средношколки повикани на разговор во полиција, на „Тикток“ се заканувале кон врсничка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopski-srednoshkolki-povikani-na-razgovor-vo-politsija-na-tiktok-se-zakanuvale-kon-vrsnichka/ Sat, 06 May 2023 14:36:54 +0000 https://republika.mk/?p=637700

Преку социјалната мрежа „Тикток“, средношколки од Скопје се заканувале кон ученичка во училиштето каде учеле. За ова пријава дошла и до МВР, кои постапиле и ги повикале сите на разговор. За случајот се запознаени и родителите на трите малолетнички.

На 05.05.2023 полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички, сите ученички во средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители, по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица, информира МВР.

Вчера, 13-годишен ученик од Скопје вперил пластичен пиштол во соученици среде училница.

The post Скопски средношколки повикани на разговор во полиција, на „Тикток“ се заканувале кон врсничка appeared first on Република.

Зајкова бара забрана на „Тик-Ток“ и други социјални мрежи кои поттикнуваат насилство https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-bara-zabrana-na-tik-tok-i-drugi-sotsijalni-mrezhi-koi-pottiknuvaat-nasilstvo/ Sat, 06 May 2023 14:30:43 +0000 https://republika.mk/?p=637698

Наместо да седиме шокирани и тивко да тагуваме и коментираме на социјалните мрежи на време да реагираме и да дејствуваме со конкретни превентивни мерки и акции, посочи денеска на 16-тиот Конгрес на Либерално-демократската младина, претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова.

Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на убиените лица и ги осудам крвавите масакри во Србија. Оваа спирала на насилство извршена од млади лица мора да го вклучи црвениот аларм и кај нас и потребно е преземање на итни и ефикасни превентивни мерки за да се спречи врсничкото насилство, грозоморните слики од убиени и повредени, истакна таа.

The post Зајкова бара забрана на „Тик-Ток“ и други социјални мрежи кои поттикнуваат насилство appeared first on Република.

Приведено девојчето кое се потсмеваше со масакрот во белградското училиште и го величаше сторителот https://republika.mk/vesti/balkan/privedeno-devojcheto-koe-se-potsmevashe-so-masakrot-vo-belgradskoto-uchilishte-i-go-velichashe-storitelot/ Sat, 06 May 2023 14:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=637690

Приведена е девојката која со видео на ТикТок, се потсмеваше со масакрот што се случи во Врачар и го величаше 13-годишниот К.К. кој уби девет лица, меѓу кои осум соученици.

Таа е приведена на информативен разговор. Бидејќи се работи за малолетничка, против нејзините родителите ќе биде поднесена соодветна пријава, пренесува „Новости“.

The post Приведено девојчето кое се потсмеваше со масакрот во белградското училиште и го величаше сторителот appeared first on Република.

]]>

Приведена е девојката која со видео на ТикТок, се потсмеваше со масакрот што се случи во Врачар и го величаше 13-годишниот К.К. кој уби девет лица, меѓу кои осум соученици. Таа е приведена на информативен разговор. Бидејќи се работи за малолетничка, против нејзините родителите ќе биде поднесена соодветна пријава, пренесува „Новости“.  

The post Приведено девојчето кое се потсмеваше со масакрот во белградското училиште и го величаше сторителот appeared first on Република.

]]>
МОН ќе ѝ предложи на Владата да не се користи ТикТок во училиштата https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-ke-predlozhi-na-vladata-da-ne-se-koristi-tiktok-vo-uchilishtata/ Sat, 06 May 2023 13:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=637682

Министерството за образование и наука (МОН) ќе ѝ предложи на Владата на Македониија итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, кои што во голема мерка се потхрануваат од одредени социјални мрежи како ТикТок, а со цел да се намалат можните ризици и закани за безбедноста на наставниците во училишната средина.

Ова е поттикнато од случувањата во соседна Србија каде што 13-годишно дете уби девет лица, од кои осум соученици во белградската населба Врачар.

Имајќи предвид дека истите не треба да се користат во училишна средина, МОН веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, како тие ризици би се минимизирале, а нивната употреба да се ограничи или целосно да се оневозможи.

Ги повикувам сите наставници, како и родители, на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот.

Исто така веќе во консултација со експертската заедница од повеќе институции и факултети, ќе се зајакнат дополнително превентивните програми за борба против булингот, промоција на ненасилството и дијалогот, како клучни елементи за образование и развој на нашите ученици, изјави министерот Јетон Шаќири.

The post МОН ќе ѝ предложи на Владата да не се користи ТикТок во училиштата appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука (МОН) ќе ѝ предложи на Владата на Македониија итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, кои што во голема мерка се потхрануваат од одредени социјални мрежи како ТикТок, а со цел да се намалат можните ризици и закани за безбедноста на наставниците во училишната средина. Ова е поттикнато од случувањата во соседна Србија каде што 13-годишно дете уби девет лица, од кои осум соученици во белградската населба Врачар. Имајќи предвид дека истите не треба да се користат во училишна средина, МОН веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, како тие ризици би се минимизирале, а нивната употреба да се ограничи или целосно да се оневозможи.
Ги повикувам сите наставници, како и родители, на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот. Исто така веќе во консултација со експертската заедница од повеќе институции и факултети, ќе се зајакнат дополнително превентивните програми за борба против булингот, промоција на ненасилството и дијалогот, како клучни елементи за образование и развој на нашите ученици, изјави министерот Јетон Шаќири.

The post МОН ќе ѝ предложи на Владата да не се користи ТикТок во училиштата appeared first on Република.

]]>
Француската Влада забрани ТикТок и Нетфликс за сите службеници во јавната управа https://republika.mk/vesti/svet/frantsuskata-vlada-zabrani-tiktok-i-netfliks-za-site-sluzhbenitsi-vo-javnata-uprava/ Fri, 24 Mar 2023 13:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=623229

Француската Влада денеска им забрани на сите државни службеници инсталирање и користење на апликации за забава како што се социјалната мрежа ТикТок, американската стриминг платформа Нетфликс или играта Кенди креш.

Неименувани соработници на министерот за јавна администрација Станислас Гуерини истакнаа дека тие апликации носат „ризици во однос на кибер безбедноста и заштитата на податоците на јавните службеници и администрацијата“.

Забраната ќе важи за службените телефони на 2,5 милиони вработени во државната администрација, но не и за нивните лични уреди.

ТикТок е на удар на властите во неколку земји поради стравувањата дека корисничките податоци од апликацијата, во сопственост на кинеската компанија „Бајт денс“ (Byte Dance), би можеле да завршат во рацете на властите во Пекинг, што може да ги поткопа безбедносните интереси на Западот.

Франција за ТикТок го следеше примерот на САД, Канада, Велика Британија или Белгија, но ја прошири забраната на сите апликации за забава, без оглед на тоа кој ги поседува.

The post Француската Влада забрани ТикТок и Нетфликс за сите службеници во јавната управа appeared first on Република.

]]>

Француската Влада денеска им забрани на сите државни службеници инсталирање и користење на апликации за забава како што се социјалната мрежа ТикТок, американската стриминг платформа Нетфликс или играта Кенди креш. Неименувани соработници на министерот за јавна администрација Станислас Гуерини истакнаа дека тие апликации носат „ризици во однос на кибер безбедноста и заштитата на податоците на јавните службеници и администрацијата“. Забраната ќе важи за службените телефони на 2,5 милиони вработени во државната администрација, но не и за нивните лични уреди. ТикТок е на удар на властите во неколку земји поради стравувањата дека корисничките податоци од апликацијата, во сопственост на кинеската компанија „Бајт денс“ (Byte Dance), би можеле да завршат во рацете на властите во Пекинг, што може да ги поткопа безбедносните интереси на Западот. Франција за ТикТок го следеше примерот на САД, Канада, Велика Британија или Белгија, но ја прошири забраната на сите апликации за забава, без оглед на тоа кој ги поседува.

The post Француската Влада забрани ТикТок и Нетфликс за сите службеници во јавната управа appeared first on Република.

]]>