терористики напад Archives - Република https://republika.mk/tema/teroristiki-napad/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Mar 2024 15:10:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png терористики напад Archives - Република https://republika.mk/tema/teroristiki-napad/ 32 32 Натпреварот Русија – Парагвај одложен поради терористичкиот напад во Москва https://republika.mk/sport/fudbal/natprevarot-rusija-paragvaj-odlozhen-poradi-teroristichkiot-napad-vo-moskva/ Sat, 23 Mar 2024 15:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=757838

Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу селекциите на Русија и Парагвај, кој требаше да се одигра в понеделник во Москва, е откажан поради терористичкиот напад во руската престолнина, во кој според последните извештаи загинаа над 100 луѓе.

Поради нападот, Рускиот фудбалски сојуз и Парагвајскиот фудбалски сојуз одлучија да го откажат пријателскиот натпревар меѓу двата тима“, се вели во соопштението на Рускиот фудбалски сојуз (РФС).

Натпреварот требаше да се одигра в понеделник на стадионот „Динамо“ во Москва, но може да биде закажан за друг термин.

Според последните информации, 115 луѓе се убиени, а 145 повредени во петокот вечер во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Красногорск.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ги откажа сите јавни настапи во градот за време на викендот.

The post Натпреварот Русија – Парагвај одложен поради терористичкиот напад во Москва appeared first on Република.

]]>

Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу селекциите на Русија и Парагвај, кој требаше да се одигра в понеделник во Москва, е откажан поради терористичкиот напад во руската престолнина, во кој според последните извештаи загинаа над 100 луѓе.
Поради нападот, Рускиот фудбалски сојуз и Парагвајскиот фудбалски сојуз одлучија да го откажат пријателскиот натпревар меѓу двата тима“, се вели во соопштението на Рускиот фудбалски сојуз (РФС).
Натпреварот требаше да се одигра в понеделник на стадионот „Динамо“ во Москва, но може да биде закажан за друг термин. Според последните информации, 115 луѓе се убиени, а 145 повредени во петокот вечер во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Красногорск. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ги откажа сите јавни настапи во градот за време на викендот.

The post Натпреварот Русија – Парагвај одложен поради терористичкиот напад во Москва appeared first on Република.

]]>
Терористички напад во Тел Авив, Израел почнува мобилизација https://republika.mk/vesti/svet/teroristichki-napad-vo-tel-aviv-izrael-pochnuva-mobilizatsija/ Sat, 08 Apr 2023 07:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=628541

Маж со автомобил налетал на пешаци во Тел Авив, убил еден и ранил седум други, а осомничениот терорист е „неутрализиран“.

По нападот терористот излегол од возилото и се обидел да пука во полицајците, но му се заглавило оружјето, па полицијата успеала да го совлада и убие. Полицијата констатирала и дека автомобилот се превртел.

Наводно, осомничениот е израелски државјанин од Кафр Касим, 45-годишниот Јусеф Абу Џабер, кој работи во Тел Авив.

Потврдена е смртта на 30-годишен маж, за кој се претпоставува дека е италијански државјанин, а покрај него, во болница се пренесени уште три лица кои биле удрени од возилото.

Наводно, уште четири повредени лица се вратиле во нивниот хотел.

МДА соопшти дека сите жртви се туристи, а лицето кое е убиено во нападот е идентификувано како Алесандро Фарини, 35-годишен турист од Италија, додека британски и италијански државјани се повредени.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху и нареди на израелската полиција да го мобилизира целиот свој персонал, вклучително и граничната полиција, како и дополнителни безбедносни сили. Тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат упатствата на безбедносните сили во овој период на ескалација на насилството.

Се наведува дека осомничениот терорист е Палестинец од Западниот Брег кој го украл автомобилот користен во нападот.

Израелските власти наредија мобилизација на израелската гранична полиција и резервистите на израелската армија (ИДФ) по терористичкиот напад во Тел Авив. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди мобилизација на четири единици на резервните полициски единици, додека шест единици во моментов работат во Ерусалим, според „Тајмс оф Израел“.

Израелската полиција соопшти дека мобилизацијата започнала во неделата и дека засилени сили ќе бидат распоредени во Ерусалим и мешаниот арапско-еврејски град Лод во централен Израел поради претстојниот месец Рамазан, кој обично е придружен со немири меѓу Палестинците и израелските сили.

ВИДЕО ОД НАПАДОТ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

The post Терористички напад во Тел Авив, Израел почнува мобилизација appeared first on Република.

]]>

Маж со автомобил налетал на пешаци во Тел Авив, убил еден и ранил седум други, а осомничениот терорист е „неутрализиран“. По нападот терористот излегол од возилото и се обидел да пука во полицајците, но му се заглавило оружјето, па полицијата успеала да го совлада и убие. Полицијата констатирала и дека автомобилот се превртел. Наводно, осомничениот е израелски државјанин од Кафр Касим, 45-годишниот Јусеф Абу Џабер, кој работи во Тел Авив. Потврдена е смртта на 30-годишен маж, за кој се претпоставува дека е италијански државјанин, а покрај него, во болница се пренесени уште три лица кои биле удрени од возилото. Наводно, уште четири повредени лица се вратиле во нивниот хотел. МДА соопшти дека сите жртви се туристи, а лицето кое е убиено во нападот е идентификувано како Алесандро Фарини, 35-годишен турист од Италија, додека британски и италијански државјани се повредени. Премиерот Бенјамин Нетанјаху и нареди на израелската полиција да го мобилизира целиот свој персонал, вклучително и граничната полиција, како и дополнителни безбедносни сили. Тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат упатствата на безбедносните сили во овој период на ескалација на насилството. Се наведува дека осомничениот терорист е Палестинец од Западниот Брег кој го украл автомобилот користен во нападот. Израелските власти наредија мобилизација на израелската гранична полиција и резервистите на израелската армија (ИДФ) по терористичкиот напад во Тел Авив. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди мобилизација на четири единици на резервните полициски единици, додека шест единици во моментов работат во Ерусалим, според „Тајмс оф Израел“. Израелската полиција соопшти дека мобилизацијата започнала во неделата и дека засилени сили ќе бидат распоредени во Ерусалим и мешаниот арапско-еврејски град Лод во централен Израел поради претстојниот месец Рамазан, кој обично е придружен со немири меѓу Палестинците и израелските сили. ВИДЕО ОД НАПАДОТ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

The post Терористички напад во Тел Авив, Израел почнува мобилизација appeared first on Република.

]]>