Теодора Генчовска Archives - Република https://republika.mk/tema/teodora-genchovska/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Oct 2022 06:31:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Теодора Генчовска Archives - Република https://republika.mk/tema/teodora-genchovska/ 32 32 Османи потпишувал со Генчовска менување на учебници без знаење на Комисијата за историја? https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-potpishuval-so-genchovska-menuvanje-na-uchebnici-bez-znaenje-na-komisijata-za-istorija/ Tue, 16 Aug 2022 09:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=540859

На вчерашниот брифинг со новинарите на повтореното прашање за овие обврски од Протоколот потпишан на 17 јули меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Бугарија Бујар Османи и Теодора Генчовска, македонските членови на Комисијата одговорија дека тие за тоа воопшто не разговарале со своите бугарски колеги.

Во Протоколот, во делот „Темата за историјата“ пишува дека македонската влада „ќе подготви и достави прелиминарен урнек“ од лекција за 7. одделение на темата Самоилова држава.

Во истиот документ пишува дека двете држави, преку надлежните институции, треба да „подготват и претстават предлог-текстови за лекции врз основа на препораките на Комисијата“ за настаните и историските личности од „заедничката историја за кои Комисијата постигнала согласност“, и да ги земат предвид „содржините на натписи на табли, историски споменици, споменици и информациски материјали во музеи и други објекти од образовно и културно значење, како и во информативни медиуми во јавна сопственост... Владите на двете земји на заедничка церемонија ќе откријат обновени табли на тврдината на Цар Самуил во Охрид, кои ќе ги одразуваат препораките на Комисијата“.

Во делот од Протоколот насловен „Мерки што треба да бидат преземени по одржувањето на Меѓувладината конференција за комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори“, македонската влада презела обврска до почетокот на учебната година 2023/24 да ја промени содржината на учебникот по географија за 7. одделение, поради „неосновани етнички/територијални претензии“.

„Двете држави се согласија, при утврдување на други случаи на неосновани етнички/територијални претензии во учебници и учебни помагала, тие да бидат извадени од образовните програми и нивната содржина да биде променета“, пишува во Протоколот.

\

The post Османи потпишувал со Генчовска менување на учебници без знаење на Комисијата за историја? appeared first on Република.

]]>

На вчерашниот брифинг со новинарите на повтореното прашање за овие обврски од Протоколот потпишан на 17 јули меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Бугарија Бујар Османи и Теодора Генчовска, македонските членови на Комисијата одговорија дека тие за тоа воопшто не разговарале со своите бугарски колеги. Во Протоколот, во делот „Темата за историјата“ пишува дека македонската влада „ќе подготви и достави прелиминарен урнек“ од лекција за 7. одделение на темата Самоилова држава. Во истиот документ пишува дека двете држави, преку надлежните институции, треба да „подготват и претстават предлог-текстови за лекции врз основа на препораките на Комисијата“ за настаните и историските личности од „заедничката историја за кои Комисијата постигнала согласност“, и да ги земат предвид „содржините на натписи на табли, историски споменици, споменици и информациски материјали во музеи и други објекти од образовно и културно значење, како и во информативни медиуми во јавна сопственост... Владите на двете земји на заедничка церемонија ќе откријат обновени табли на тврдината на Цар Самуил во Охрид, кои ќе ги одразуваат препораките на Комисијата“. Во делот од Протоколот насловен „Мерки што треба да бидат преземени по одржувањето на Меѓувладината конференција за комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори“, македонската влада презела обврска до почетокот на учебната година 2023/24 да ја промени содржината на учебникот по географија за 7. одделение, поради „неосновани етнички/територијални претензии“.
„Двете држави се согласија, при утврдување на други случаи на неосновани етнички/територијални претензии во учебници и учебни помагала, тие да бидат извадени од образовните програми и нивната содржина да биде променета“, пишува во Протоколот. \

The post Османи потпишувал со Генчовска менување на учебници без знаење на Комисијата за историја? appeared first on Република.

]]>
Генчовска контра Османи: Нема нов француски предлог, имплементацијата на протоколот може да се контролира https://republika.mk/vesti/makedonija/genchovska-kontra-osmani-nema-nov-francuski-predlog-implementacijata-na-protokolot-moze-da-se-kontrolira/ Sun, 17 Jul 2022 11:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=530285

Не, нема промена во францускиот предлог. Таква промена нема. Ова за БГНЕС го изјави министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска во врска со наводите во Република Македонија дека има промени во францускиот предлог.

Таа прецизира дека во протоколот што денеска го потпишаа двајцата министри – Генчовска и Бујар Османи, има конкретни конкретни рокови кои се дел од Преговорната рамка.

„Има механизам да се контролира неговата имплементација. Тоа не е само билатерален протокол“, рече Геночвска, како одговор на прашањето на БГНЕС, „дали постои опасност денешниот протокол да ја следи судбината на првиот од 2019 година, кој што не се спроведе.

Бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, за БГНЕС изјави дека е загрижен од антиевропските говори во РСМ во последните недели и ја повика политичката елита и локалните медиуми да тргнат по патот на европеизацијата на државата.

https://youtu.be/hsNOU-SpqP8

The post Генчовска контра Османи: Нема нов француски предлог, имплементацијата на протоколот може да се контролира appeared first on Република.

]]>

Не, нема промена во францускиот предлог. Таква промена нема. Ова за БГНЕС го изјави министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска во врска со наводите во Република Македонија дека има промени во францускиот предлог. Таа прецизира дека во протоколот што денеска го потпишаа двајцата министри – Генчовска и Бујар Османи, има конкретни конкретни рокови кои се дел од Преговорната рамка.
„Има механизам да се контролира неговата имплементација. Тоа не е само билатерален протокол“, рече Геночвска, како одговор на прашањето на БГНЕС, „дали постои опасност денешниот протокол да ја следи судбината на првиот од 2019 година, кој што не се спроведе.
Бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, за БГНЕС изјави дека е загрижен од антиевропските говори во РСМ во последните недели и ја повика политичката елита и локалните медиуми да тргнат по патот на европеизацијата на државата. https://youtu.be/hsNOU-SpqP8  

The post Генчовска контра Османи: Нема нов француски предлог, имплементацијата на протоколот може да се контролира appeared first on Република.

]]>
Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на C.Македонија, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-ne-otstapuva-vo-odnos-na-stavot-za-oficijalniot-jazik-na-c-makedonija-bugarskata-pozicija-e-zagarantirana-vo-celata-pregovarachka-ramka/ Sun, 17 Jul 2022 10:20:06 +0000 https://republika.mk/?p=530268

Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, вели Бугарија не прави отстапки за признавање на македонскиот јазик и нејзината позиција ќе ја гарантира со едностраната декларација што ќе ја достави до ЕУ, но и дека Бугарија не може да ги убеди останатите 26 земји-членки на ЕУ да го прифатат нејзиниот став.

„Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Cеверна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во контекст на преостанатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став. Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка“,рече Генчовска одговарајќи на прашање дали Бугарија прави отстапки за јазикот со оглед дека целото законодавство на ЕУ ќе биде преведено на македонски јазик.

Важно е, додаде таа, дека ниту еден документ не може да се сфати како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија,а тоа ќе биде јасно со едностраната декларација што ќе ја достави земјата до Брисел.

Генчовска на оваа тема зборуваше на брифинг со бугарските новинари одржат по потпишувањето на билатералниот протокол со нејзиниот колега Бујар Османи, во рамки на вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, согласно членот 12 од Договорот за добрососедство.

Одржувањето на состанокот на комисијата, според Генчовска, е важен момент од кои најважен резултат е протоколот.

„Тој содржи исклучително амбициозни, краткорочни и долгорочни мерки чија цел е да решат многу од отворените прашања. Она што треба да се напомене е дека ова не е документ сам по себе туку е составен дел од пакетот на т.н. француски предлог.Оттука натаму ќе продолжиме со работа на ниво на експерти со колегите од Република Македонија“,рече Генчовска.

На прашање како Бугарија ќе гарантира дека Македонија ќе го почитува протоколот, бугарската министерка посочи дека е важно што во него има конкретни рокови и што тој е поврзан со преговарачката рамка.

На брифингот со медиумите, шефицата на бугарската дипломатија порача – дека отсега зависи само од Македонија кога земјата ќе влезе во ЕУ и колку долго ќе се одолговлекува преговарачкиот процес.

https://youtu.be/JPlNYgTJUPQ

The post Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на C.Македонија, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка appeared first on Република.

]]>

Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, вели Бугарија не прави отстапки за признавање на македонскиот јазик и нејзината позиција ќе ја гарантира со едностраната декларација што ќе ја достави до ЕУ, но и дека Бугарија не може да ги убеди останатите 26 земји-членки на ЕУ да го прифатат нејзиниот став.
„Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Cеверна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во контекст на преостанатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став. Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка“,рече Генчовска одговарајќи на прашање дали Бугарија прави отстапки за јазикот со оглед дека целото законодавство на ЕУ ќе биде преведено на македонски јазик.
Важно е, додаде таа, дека ниту еден документ не може да се сфати како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија,а тоа ќе биде јасно со едностраната декларација што ќе ја достави земјата до Брисел. Генчовска на оваа тема зборуваше на брифинг со бугарските новинари одржат по потпишувањето на билатералниот протокол со нејзиниот колега Бујар Османи, во рамки на вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, согласно членот 12 од Договорот за добрососедство. Одржувањето на состанокот на комисијата, според Генчовска, е важен момент од кои најважен резултат е протоколот.
„Тој содржи исклучително амбициозни, краткорочни и долгорочни мерки чија цел е да решат многу од отворените прашања. Она што треба да се напомене е дека ова не е документ сам по себе туку е составен дел од пакетот на т.н. француски предлог.Оттука натаму ќе продолжиме со работа на ниво на експерти со колегите од Република Македонија“,рече Генчовска.
На прашање како Бугарија ќе гарантира дека Македонија ќе го почитува протоколот, бугарската министерка посочи дека е важно што во него има конкретни рокови и што тој е поврзан со преговарачката рамка. На брифингот со медиумите, шефицата на бугарската дипломатија порача – дека отсега зависи само од Македонија кога земјата ќе влезе во ЕУ и колку долго ќе се одолговлекува преговарачкиот процес. https://youtu.be/JPlNYgTJUPQ  

The post Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на C.Македонија, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка appeared first on Република.

]]>
Османи и Генчовска утре во Софија ќе го потпишат протоколот https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-i-genchovska-utre-vo-sofija-kje-go-potpishat-protokolot/ Sat, 16 Jul 2022 18:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=530103

Утре во Софија министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Осамни и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска ќе го потпишат протоколот меѓу двете министерствата, јавува БНТ. Како што пишува БНТ, ќе се одржи вториот состанок на мешовитата меѓувладина комисија на Бугарија и Македонија.

Во рамки на средбата ќе се направи преглед на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и ќе се договорат мерки за негово ефикасно спроведување во следниот период. За таа цел ќе биде потпишал протокол помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Теодора Генчовска и Бујар Османи, пишува БНТ.

Ова ќе биде втор состанок на мешовитата меѓувладина комисија, неговиот старт е закажал во 10 часот по локално време, а одржувањето е согласно членот 12 од Договорот за добрососедство од 2017 година.

По состанокот, се очекува двајцата шефови на дипломатиите да одржат и прес-конференција.

Ова ќе следува откако денеска Собранието на Македонија ги изгласа заклучоците за францускиот предлог, а Владата потоа одлучи да го прифати предлогот.

Потпишувањето на протоколот, пак, е во пресрет и на првата меѓувладина конференција за отворање на преговорите со ЕУ, која премиерот Димитар Ковачевски, најави дека ќе се одржи во вторник (19 јули).

The post Османи и Генчовска утре во Софија ќе го потпишат протоколот appeared first on Република.

]]>

Утре во Софија министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Осамни и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска ќе го потпишат протоколот меѓу двете министерствата, јавува БНТ. Како што пишува БНТ, ќе се одржи вториот состанок на мешовитата меѓувладина комисија на Бугарија и Македонија.
Во рамки на средбата ќе се направи преглед на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и ќе се договорат мерки за негово ефикасно спроведување во следниот период. За таа цел ќе биде потпишал протокол помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Теодора Генчовска и Бујар Османи, пишува БНТ.
Ова ќе биде втор состанок на мешовитата меѓувладина комисија, неговиот старт е закажал во 10 часот по локално време, а одржувањето е согласно членот 12 од Договорот за добрососедство од 2017 година. По состанокот, се очекува двајцата шефови на дипломатиите да одржат и прес-конференција. Ова ќе следува откако денеска Собранието на Македонија ги изгласа заклучоците за францускиот предлог, а Владата потоа одлучи да го прифати предлогот. Потпишувањето на протоколот, пак, е во пресрет и на првата меѓувладина конференција за отворање на преговорите со ЕУ, која премиерот Димитар Ковачевски, најави дека ќе се одржи во вторник (19 јули).

The post Османи и Генчовска утре во Софија ќе го потпишат протоколот appeared first on Република.

]]>
Генчовска го поканила Османи во Банско, тој не прифатил https://republika.mk/vesti/makedonija/genchovska-go-pokanila-osmani-vo-bansko-toj-ne-prifatil/ Sat, 09 Jul 2022 15:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=526312

Во екот на големите протести во Македонија против францускиот предлог бугарското министерство за надворешни работи во петокот упатило покана до нашето МНР да се одржи средба на Мешовитата меѓувладина комисија нудејќи три датуми – 9, 10 или 11 јули. Местото на средбата требало да биде познатиот туристички центар Банско во Пиринска Македонија.

Според соопштението на бугарското МНР, преку таа покана се повикувал министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за тој и неговата колешка Теодора Генчовска да се сретнат во Банско според чл. 12 од Договорот за добрососедство.

„На претстојниот состанок на оваа заедничка комисија треба да се разгледа имплементацијата на билатералната спогодба за изминатиот период и да се усвојат мерки за подобрување на билатералната соработка во сите сектори“, пишува во соопштението на бугарското МНР.

Од македонското МНР информираат дека е пристигната нота, но ја известиле Софија дека министерот Бујар Османи како претставник на владата во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието.

Експертите меѓу двете министерства за надворешни работи ќе продолжат со работа, велат од МНР.

Официјално Скопје ја известило Софија дека доколку е потребно, министерот Османи и министерката Генчовска ќе одржат онлајн средба.

The post Генчовска го поканила Османи во Банско, тој не прифатил appeared first on Република.

]]>

Во екот на големите протести во Македонија против францускиот предлог бугарското министерство за надворешни работи во петокот упатило покана до нашето МНР да се одржи средба на Мешовитата меѓувладина комисија нудејќи три датуми – 9, 10 или 11 јули. Местото на средбата требало да биде познатиот туристички центар Банско во Пиринска Македонија. Според соопштението на бугарското МНР, преку таа покана се повикувал министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за тој и неговата колешка Теодора Генчовска да се сретнат во Банско според чл. 12 од Договорот за добрососедство.
„На претстојниот состанок на оваа заедничка комисија треба да се разгледа имплементацијата на билатералната спогодба за изминатиот период и да се усвојат мерки за подобрување на билатералната соработка во сите сектори“, пишува во соопштението на бугарското МНР.
Од македонското МНР информираат дека е пристигната нота, но ја известиле Софија дека министерот Бујар Османи како претставник на владата во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието.
Експертите меѓу двете министерства за надворешни работи ќе продолжат со работа, велат од МНР.
Официјално Скопје ја известило Софија дека доколку е потребно, министерот Османи и министерката Генчовска ќе одржат онлајн средба.

The post Генчовска го поканила Османи во Банско, тој не прифатил appeared first on Република.

]]>
Генчовска ги нарекува Македонците „заедница“ https://republika.mk/vesti/balkan/genchovska-gi-narekuva-makedoncite-zaednica/ Wed, 06 Jul 2022 15:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=524863

Реакцијата во Македонија на европскиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на државата е доста загрижувачка за една демократска земја, изјави денеска министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во коментар на последните случување во земјава.

– Да им дадеме можност да и објаснат на нивната заедница што е овој пакет, рече Генчовска по денешната седница на бугарската Влада во оставка.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Генчовска нагласи дека она што може да се направи од бугарска страна е да не се шпекулира со информации објавени во медиумите во Македонија.

Според Генчовска, бугарската позиција е јасна и Министерството за надворешни работи ма Бугарија строго ја почитува одлуката на бугарското Народно собрание.

– Колегите во Република Македонија треба да поминат низ процес согласно процедурите и да ги разгледаат документите преку нивната Влада и нивниот Парламент, додаде Генчовска.

The post Генчовска ги нарекува Македонците „заедница“ appeared first on Република.

]]>

Реакцијата во Македонија на европскиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на државата е доста загрижувачка за една демократска земја, изјави денеска министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во коментар на последните случување во земјава.
– Да им дадеме можност да и објаснат на нивната заедница што е овој пакет, рече Генчовска по денешната седница на бугарската Влада во оставка.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Генчовска нагласи дека она што може да се направи од бугарска страна е да не се шпекулира со информации објавени во медиумите во Македонија. Според Генчовска, бугарската позиција е јасна и Министерството за надворешни работи ма Бугарија строго ја почитува одлуката на бугарското Народно собрание.
– Колегите во Република Македонија треба да поминат низ процес согласно процедурите и да ги разгледаат документите преку нивната Влада и нивниот Парламент, додаде Генчовска.

The post Генчовска ги нарекува Македонците „заедница“ appeared first on Република.

]]>
Состанок Османи-Генчовска, се финализира текстот на Протоколот за историјата https://republika.mk/vesti/makedonija/sostanok-osmani-genchovska-se-finalizira-tekstot-na-protokolot-za-istorijata/ Mon, 04 Jul 2022 15:37:11 +0000 https://republika.mk/?p=523678

Се очекува денеска Министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија да го финализираат текстот на Билатералниот протокол, документ кој двете земји допрва треба да го потпишат. Министерот Бујар Османи рече дека ќе оствари онлајн средба со бугарската колешка Теодора Генчовска, за да го допрецизираат текстот во делот за уставните измени.

Овој Протокол, што ја одредува имплементацијата на Договорот за добрососедство од 2019 година, не е вклучен во преговарачката рамка, но ги опфаќа прашањата за историјата, говорот на омраза и рехабилитацијата на жртвите од комунизмот. Османи најави дека Протоколот ќе биде потпишан на седница на Меѓувладината комисија со Бугарија истиот ден кога Брисел би ја усвоил преговарачката рамка за земјава.

The post Состанок Османи-Генчовска, се финализира текстот на Протоколот за историјата appeared first on Република.

]]>

Се очекува денеска Министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија да го финализираат текстот на Билатералниот протокол, документ кој двете земји допрва треба да го потпишат. Министерот Бујар Османи рече дека ќе оствари онлајн средба со бугарската колешка Теодора Генчовска, за да го допрецизираат текстот во делот за уставните измени. Овој Протокол, што ја одредува имплементацијата на Договорот за добрососедство од 2019 година, не е вклучен во преговарачката рамка, но ги опфаќа прашањата за историјата, говорот на омраза и рехабилитацијата на жртвите од комунизмот. Османи најави дека Протоколот ќе биде потпишан на седница на Меѓувладината комисија со Бугарија истиот ден кога Брисел би ја усвоил преговарачката рамка за земјава.

The post Состанок Османи-Генчовска, се финализира текстот на Протоколот за историјата appeared first on Република.

]]>
Генчовска: Нема нов француски предлог, сè зависи од Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/genchovska-nema-nov-francuski-predlog-se-zavisi-od-skopje/ Thu, 30 Jun 2022 20:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=521846

Бугарската министерка за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска за БГНЕС изјави дека нема нов француски предлог што се разликува од веќе одобрениот во бугарскиот парламент.

На 24 јуни, Националното собрание гласаше за нацрт-резолуцијата со цел да се реши спорот меѓу Софија и Скопје и да се отвори патот за европската интеграција на Македонија. Нацрт-одлуката се надоврзува на предлогот на француското претседателство и се надоврзува на него за што повеќе да се заштитат бугарските интереси. Тој ги потврдува условите под кои Софија може да го поддржи процесот на европска интеграција на PM. Владата вчера ја одобри оваа одлука на бугарскиот парламент.

На прашањето на БГНЕС дали има нов француски предлог за решавање на спорот меѓу РМ и Бугарија за почеток на преговорите за ЕУ, кој би се разликувал од веќе одобрениот во бугарскиот парламент, Генчовска кусо одговори: Не.

„Сè зависи од подготвеноста на Скопје. Од нив очекуваме државна и одговорна политика. Бугарија е подготвена да го потпише најновиот протокол од Мешовитата меѓувладина комисија“, рече Генчовска.

The post Генчовска: Нема нов француски предлог, сè зависи од Скопје appeared first on Република.

]]>

Бугарската министерка за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска за БГНЕС изјави дека нема нов француски предлог што се разликува од веќе одобрениот во бугарскиот парламент. На 24 јуни, Националното собрание гласаше за нацрт-резолуцијата со цел да се реши спорот меѓу Софија и Скопје и да се отвори патот за европската интеграција на Македонија. Нацрт-одлуката се надоврзува на предлогот на француското претседателство и се надоврзува на него за што повеќе да се заштитат бугарските интереси. Тој ги потврдува условите под кои Софија може да го поддржи процесот на европска интеграција на PM. Владата вчера ја одобри оваа одлука на бугарскиот парламент. На прашањето на БГНЕС дали има нов француски предлог за решавање на спорот меѓу РМ и Бугарија за почеток на преговорите за ЕУ, кој би се разликувал од веќе одобрениот во бугарскиот парламент, Генчовска кусо одговори: Не. „Сè зависи од подготвеноста на Скопје. Од нив очекуваме државна и одговорна политика. Бугарија е подготвена да го потпише најновиот протокол од Мешовитата меѓувладина комисија“, рече Генчовска.

The post Генчовска: Нема нов француски предлог, сè зависи од Скопје appeared first on Република.

]]>
Генчовска: Не можам да излезам со став за францускиот предлог https://republika.mk/vesti/makedonija/genchovska-ne-mozam-da-izlezam-so-stav-za-francuskiot-predlog/ Thu, 23 Jun 2022 13:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=518980

Имаме многу малку информации за да донесеме одлука и поради тоа не можам да излезам со став, туку само со експертски предлог, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска на седницата на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Бугарија посветена на разгледување на францускиот предлог за деблокада на европскиот пат на Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на заседанието на Комисијата, што започна попладнево, покрај Генчовска присуствува и нејзината заменичка Весислава Петрова.

Генчовска пред членовите на Комисијата презентираше извештај од 15 страници за напредокот на преговорите меѓу Бугарија и Македонија.

– Владата на Македонија има интерес да започне преговори со ЕУ. Бугарија е заинтересирана за влез на Македонија во ЕУ. Има четири теми за кои има напредок во билатералните односи од мај, рече Генчовска.

Во обраќањето таа посочи и дека пред една недела бугарското Министерство за надворешни работи испратило извештај за свикување на седница на собраниската Комисија, но дека таа никогаш не се одржала.

The post Генчовска: Не можам да излезам со став за францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

Имаме многу малку информации за да донесеме одлука и поради тоа не можам да излезам со став, туку само со експертски предлог, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска на седницата на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Бугарија посветена на разгледување на францускиот предлог за деблокада на европскиот пат на Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на заседанието на Комисијата, што започна попладнево, покрај Генчовска присуствува и нејзината заменичка Весислава Петрова. Генчовска пред членовите на Комисијата презентираше извештај од 15 страници за напредокот на преговорите меѓу Бугарија и Македонија.
– Владата на Македонија има интерес да започне преговори со ЕУ. Бугарија е заинтересирана за влез на Македонија во ЕУ. Има четири теми за кои има напредок во билатералните односи од мај, рече Генчовска.
Во обраќањето таа посочи и дека пред една недела бугарското Министерство за надворешни работи испратило извештај за свикување на седница на собраниската Комисија, но дека таа никогаш не се одржала.

The post Генчовска: Не можам да излезам со став за францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
Генчовска: Петков му ветил на Вархеји дека ќе го укине ветото за Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/genchovska-petkov-mu-vetil-na-varheji-deka-kje-go-ukine-vetoto-za-makedonija/ Wed, 15 Jun 2022 10:31:09 +0000 https://republika.mk/?p=515456

Бугарскиот премиерот Кирил Петков вети дека ќе го укине ветото за старт на преговорите на Република Македонија со ЕУ до крајот на француското претседателство за време на негова средба со еврокомесарот Оливер Вархеји, изјави денеска  министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска пред пратениците во бугарското Собрание.

– Тоа беше на мојата прва средба со еврокомесарот Оливер Вархеји. На состанокот присуствуваа седум-осум луѓе од тимот на МНР и како и на сите состаноци, од оваа средба беше подготвен меморандум. Овој меморандум е отворен и го потврдува токму тоа што вие го поставивте во вашето прашање, изјави Генчовска во одговор на прашање на пратеникот и   лидерот на националистичката партија Преродба, Костадин Костадинов.

Како што јави БГНЕС, Костадинов при денешното сослушување на Генчовска на седница на бугарското Собрание ја праша дали на средба со Вархеји на 17 февруари, Петков се обврзал дека Бугарија ќе го укине ветото за старт на преговорите на земјава со ЕУ до крајот на француското претседателство, односно до крајот на јуни.

Претходно, Генчовска во обраќање пред бугарските пратеници изјави дека Петков испратил предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковната позиција донесена од Народното собрание и Владата на Бугарија, но тој беше одбиен од МНР..

Генчовска оцени дека преговорите напредуваат, но има и прашања кои остануваат отворени за решавање. Еден од нив, како што наведе, е „формулацијата на т.н. македонски јазик во историска и етничка смисла“.

– Уште кога ја презедов функцијата министер за надворешни работи, на првата средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, кажав: комуницирајте само со мене. За жал, тоа не се случи. Претставниците на Република Македонија продолжија да бараат контакт надвор од МНР со цел да се отстрани клучното бугарско барање – Механизмот за следење на спроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година, рече Генчовска.

На 5 април годинава, како што посочи таа, советникот за надворешна политика на премиерот испратил нацрт за ажурирање на Рамковната позиција, којшто сугерирал ревизија на националната позиција на Бугарија.

– Нацртот на таа нова Рамковна позиција не го вклучува бугарскиот став за т.н. македонски јазик. Барањето за европски гаранции во однос на Договорот од 2017 година станува неодржливо. Практично, овој проект ги комбинира парцијалните идеи на МНР за имплементација на билатералниот договор, но без јасен механизам за спроведување на договорот. МНР оцени дека документот е целосно погрешен и го отфрли како можност, рече Генчовска.

Според неа, главниот проблем бил што додека МНР се обидувало да преговара, на друго место се создавал впечаток дека Бугарија може да се согласи и на помалку и оти е подготвена за отстапки.

Таа наведе дека има четири теми за кои треба да се направи напредок за да се заштитат бугарските национални интереси: имплементација на Договорот од 2017 година, вклучување на Бугарите во Уставот на Република Македонија, зачувување на бугарската позиција за јазикот на соседната земја и вклучување на гаранции за сите овие прашања во преговарачката рамка на земјава со ЕУ.

The post Генчовска: Петков му ветил на Вархеји дека ќе го укине ветото за Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиерот Кирил Петков вети дека ќе го укине ветото за старт на преговорите на Република Македонија со ЕУ до крајот на француското претседателство за време на негова средба со еврокомесарот Оливер Вархеји, изјави денеска  министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска пред пратениците во бугарското Собрание.
– Тоа беше на мојата прва средба со еврокомесарот Оливер Вархеји. На состанокот присуствуваа седум-осум луѓе од тимот на МНР и како и на сите состаноци, од оваа средба беше подготвен меморандум. Овој меморандум е отворен и го потврдува токму тоа што вие го поставивте во вашето прашање, изјави Генчовска во одговор на прашање на пратеникот и   лидерот на националистичката партија Преродба, Костадин Костадинов.
Како што јави БГНЕС, Костадинов при денешното сослушување на Генчовска на седница на бугарското Собрание ја праша дали на средба со Вархеји на 17 февруари, Петков се обврзал дека Бугарија ќе го укине ветото за старт на преговорите на земјава со ЕУ до крајот на француското претседателство, односно до крајот на јуни. Претходно, Генчовска во обраќање пред бугарските пратеници изјави дека Петков испратил предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковната позиција донесена од Народното собрание и Владата на Бугарија, но тој беше одбиен од МНР.. Генчовска оцени дека преговорите напредуваат, но има и прашања кои остануваат отворени за решавање. Еден од нив, како што наведе, е „формулацијата на т.н. македонски јазик во историска и етничка смисла“.
– Уште кога ја презедов функцијата министер за надворешни работи, на првата средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, кажав: комуницирајте само со мене. За жал, тоа не се случи. Претставниците на Република Македонија продолжија да бараат контакт надвор од МНР со цел да се отстрани клучното бугарско барање – Механизмот за следење на спроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година, рече Генчовска.
На 5 април годинава, како што посочи таа, советникот за надворешна политика на премиерот испратил нацрт за ажурирање на Рамковната позиција, којшто сугерирал ревизија на националната позиција на Бугарија.
– Нацртот на таа нова Рамковна позиција не го вклучува бугарскиот став за т.н. македонски јазик. Барањето за европски гаранции во однос на Договорот од 2017 година станува неодржливо. Практично, овој проект ги комбинира парцијалните идеи на МНР за имплементација на билатералниот договор, но без јасен механизам за спроведување на договорот. МНР оцени дека документот е целосно погрешен и го отфрли како можност, рече Генчовска.
Според неа, главниот проблем бил што додека МНР се обидувало да преговара, на друго место се создавал впечаток дека Бугарија може да се согласи и на помалку и оти е подготвена за отстапки. Таа наведе дека има четири теми за кои треба да се направи напредок за да се заштитат бугарските национални интереси: имплементација на Договорот од 2017 година, вклучување на Бугарите во Уставот на Република Македонија, зачувување на бугарската позиција за јазикот на соседната земја и вклучување на гаранции за сите овие прашања во преговарачката рамка на земјава со ЕУ.

The post Генчовска: Петков му ветил на Вархеји дека ќе го укине ветото за Македонија appeared first on Република.

]]>
Генчовска: Петков предложи целосна ревизија на Рамковниот став, ние го одбивме https://republika.mk/vesti/balkan/genchovska-petkov-predlozi-celosna-revizija-na-ramkovniot-stav-nie-go-odbivme/ Wed, 15 Jun 2022 09:01:50 +0000 https://republika.mk/?p=515395

Премиерот Кирил Петков испрати предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковниот став донесен од Народното собрание и Владата, но тој беше одбиен од МНР, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во оставка, на сослушувањето во Народното собрание кое првично требаше да биде затворено, јави БГНЕС.

Преговорите напредуваат, но има и прашања кои остануваат отворени за решавање. Еден од нив е формулацијата на таканаречениот македонски јазик во историска и етничка смисла, рече Генчовска коментирајќи дека новата рамковна проектна позиција не ја вклучувала бугарската позиција за јазикот.

Уште кога ја презедов функцијата министер за надворешни работи, на првата средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, изјавив: Комуницирајте само со мене. За жал, тоа не се случи. Претставниците на РМ продолжија да бараат контакт надвор од Министерството за надворешни работи за да се отстрани клучното бугарско барање на Механизмот за следење на спроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година. Во следната фаза од овој процес, на 5 април годинава, советникот за надворешна политика на премиерот го испрати својот нацрт за ажурирање на Рамковниот став. Неговата содржина повеќе сугерира ревизија на националната позиција на Бугарија - рече Генчовска.

БГНЕС пишува дека претходно, бугарскиот премиер Кирил Петков и официјално го изолирал МНР од процесот, со најавата дека сите одлуки ќе одат преку пратениците.

Сослушувањето на министерката Генчовска е за процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ и одлуката за одобрување рамката за преговори. Откако пратениците првично одлучија рочиштето на Генчовска да се одржи на затворена седница, половина час подоцна стана јасно дека постапката ќе биде на отворена седница.

Предлогот беше ова рочиште да се одржи зад затворени врати. Тоа не беше поддржано од Домот. Нека слушнат сите граѓани и луѓе кои се заинтересирани за темата Македонија што има да каже МНР - рече координаторот на Пратеничката група на Промената продолжува, Андреј Ѓуров.

The post Генчовска: Петков предложи целосна ревизија на Рамковниот став, ние го одбивме appeared first on Република.

]]>

Премиерот Кирил Петков испрати предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковниот став донесен од Народното собрание и Владата, но тој беше одбиен од МНР, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во оставка, на сослушувањето во Народното собрание кое првично требаше да биде затворено, јави БГНЕС. Преговорите напредуваат, но има и прашања кои остануваат отворени за решавање. Еден од нив е формулацијата на таканаречениот македонски јазик во историска и етничка смисла, рече Генчовска коментирајќи дека новата рамковна проектна позиција не ја вклучувала бугарската позиција за јазикот.
Уште кога ја презедов функцијата министер за надворешни работи, на првата средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, изјавив: Комуницирајте само со мене. За жал, тоа не се случи. Претставниците на РМ продолжија да бараат контакт надвор од Министерството за надворешни работи за да се отстрани клучното бугарско барање на Механизмот за следење на спроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година. Во следната фаза од овој процес, на 5 април годинава, советникот за надворешна политика на премиерот го испрати својот нацрт за ажурирање на Рамковниот став. Неговата содржина повеќе сугерира ревизија на националната позиција на Бугарија - рече Генчовска.
БГНЕС пишува дека претходно, бугарскиот премиер Кирил Петков и официјално го изолирал МНР од процесот, со најавата дека сите одлуки ќе одат преку пратениците. Сослушувањето на министерката Генчовска е за процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ и одлуката за одобрување рамката за преговори. Откако пратениците првично одлучија рочиштето на Генчовска да се одржи на затворена седница, половина час подоцна стана јасно дека постапката ќе биде на отворена седница.
Предлогот беше ова рочиште да се одржи зад затворени врати. Тоа не беше поддржано од Домот. Нека слушнат сите граѓани и луѓе кои се заинтересирани за темата Македонија што има да каже МНР - рече координаторот на Пратеничката група на Промената продолжува, Андреј Ѓуров.

The post Генчовска: Петков предложи целосна ревизија на Рамковниот став, ние го одбивме appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот Парламент на затворена седница ќе ја сослуша Генчовска за Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-parlament-na-zatvorena-sednica-kje-ja-soslusha-genchovska-za-makedonija/ Wed, 15 Jun 2022 07:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=515360

Со гласови од ГЕРБ – СДС, ДПС, „Има таков народ“ и „Преродба“, бугарскиот Парламент одлучи како прва точка на дневниот ред, денеска, да ја сослуша министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

Предлогот беше одобрен со 117 гласа „за“, 108 против и пет воздржани. Од „Продолжуваме со промената“, „БСП за Бугарија“, „Демократска Бугарија“ и четворица независни пратеници гласаа „против“ предлогот.

На барање на „Има таков народ“, сослушувањето на министерката Генчовска е зад затворени врати. Затоа медиумските камери беа запрени и од пратениците беше побарано да ги остават телефоните надвор од салата.

Таа е кандидат на партијата на Слави Трифонов и пред неколку месеци зборуваше за двојна политика на премиерот Кирил Петков околу спорот за Македонија. Последните денови откако ИТН ја напуштија коалицијата и почнаа да ги обвинуваат своите поранешни партнери, повторно се отвори прашањето за обидите на Петков зад сцената да го укине ветото за почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ.

Како одговор, премиерот постојано повторуваше дека одлуката за соседната земја ќе се носи во Парламентот, максимално транспарентно, а не без согласност на опозицијата.

Неодамна пратеникот Станислав Балабанов покажа белешка во која тврди дека го обвинува премиерот дека лаже, затоа што нацртал дијаграм на возот за Киев, според кој Владата планира прво да го укине ветото, а потоа Македонија да ги исполни барањата на Бугарија.

Наводите на Балабанов беа опишани од шефот на кабинетот на премиерот Лена Бориславова како трикови.

ГЕРБ- СДС утринава поднесоа 59 потписи по барање за изгласување недоверба на Владата. Ова на брифинг во Народното собрание го соопшти претседателката на групата Десислава Атанасова.

На вонредна прес-конференција заменик-претседателот на ГЕРБ Томислав Дончев вчера најави дека денеска ќе се поднесе гласање поради неуспехот на Владата во областа на јавните финансии и економската политика.

The post Бугарскиот Парламент на затворена седница ќе ја сослуша Генчовска за Македонија appeared first on Република.

]]>

Со гласови од ГЕРБ – СДС, ДПС, „Има таков народ“ и „Преродба“, бугарскиот Парламент одлучи како прва точка на дневниот ред, денеска, да ја сослуша министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Предлогот беше одобрен со 117 гласа „за“, 108 против и пет воздржани. Од „Продолжуваме со промената“, „БСП за Бугарија“, „Демократска Бугарија“ и четворица независни пратеници гласаа „против“ предлогот. На барање на „Има таков народ“, сослушувањето на министерката Генчовска е зад затворени врати. Затоа медиумските камери беа запрени и од пратениците беше побарано да ги остават телефоните надвор од салата. Таа е кандидат на партијата на Слави Трифонов и пред неколку месеци зборуваше за двојна политика на премиерот Кирил Петков околу спорот за Македонија. Последните денови откако ИТН ја напуштија коалицијата и почнаа да ги обвинуваат своите поранешни партнери, повторно се отвори прашањето за обидите на Петков зад сцената да го укине ветото за почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ. Како одговор, премиерот постојано повторуваше дека одлуката за соседната земја ќе се носи во Парламентот, максимално транспарентно, а не без согласност на опозицијата. Неодамна пратеникот Станислав Балабанов покажа белешка во која тврди дека го обвинува премиерот дека лаже, затоа што нацртал дијаграм на возот за Киев, според кој Владата планира прво да го укине ветото, а потоа Македонија да ги исполни барањата на Бугарија. Наводите на Балабанов беа опишани од шефот на кабинетот на премиерот Лена Бориславова како трикови. ГЕРБ- СДС утринава поднесоа 59 потписи по барање за изгласување недоверба на Владата. Ова на брифинг во Народното собрание го соопшти претседателката на групата Десислава Атанасова. На вонредна прес-конференција заменик-претседателот на ГЕРБ Томислав Дончев вчера најави дека денеска ќе се поднесе гласање поради неуспехот на Владата во областа на јавните финансии и економската политика.

The post Бугарскиот Парламент на затворена седница ќе ја сослуша Генчовска за Македонија appeared first on Република.

]]>
„Има таков народ“ и Генчовска бараат затворена седница за Македонија, Петков обвинет за предавство https://republika.mk/vesti/balkan/ima-takov-narod-i-genchovska-baraat-zatvorena-sednica-za-makedonija-petkov-obvinet-za-predavstvo/ Mon, 13 Jun 2022 21:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=514752

Бугарската партија на Слави Трифонов „Има таков народ“ ќе побара затворена седница на Парламентот посветена за Македонија, на која министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска „ќе изнесе информации“ и ќе ги претстави тајните стенограми за водени разговори за таа тема - изјави претседателот на парламентарната група Тошко Јорданов на прес-конференција, откако се обзнани дека шест пратеници од нивната партија се изјаснија за независни.

https://republika.mk/vesti/balkan/petkov-mafijata-shtotuku-go-zagubi-koalicioniot-partner-bugarija/

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јорданов, партијата „Продолжуваме со промената“ се обидува да го измести фокусот од ветото за Македонија.

Тој истакна дека станувало збор за таен стенограм, во кој премиерот на Бугарија Кирил Петков пред некои еврокомесари разговарал што планира да прави за оваа тема, прашувајќи дали тоа не е национално предавство и ако не е, што ги спречува да одржат затворена седница.

Јорданов рече дека се собрани потребните 48 потписи за одржување затворена седница оваа недела, но претседателот на Парламентот Никола Минчев го одбил тоа.

The post „Има таков народ“ и Генчовска бараат затворена седница за Македонија, Петков обвинет за предавство appeared first on Република.

]]>

Бугарската партија на Слави Трифонов „Има таков народ“ ќе побара затворена седница на Парламентот посветена за Македонија, на која министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска „ќе изнесе информации“ и ќе ги претстави тајните стенограми за водени разговори за таа тема - изјави претседателот на парламентарната група Тошко Јорданов на прес-конференција, откако се обзнани дека шест пратеници од нивната партија се изјаснија за независни.
https://republika.mk/vesti/balkan/petkov-mafijata-shtotuku-go-zagubi-koalicioniot-partner-bugarija/ Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јорданов, партијата „Продолжуваме со промената“ се обидува да го измести фокусот од ветото за Македонија. Тој истакна дека станувало збор за таен стенограм, во кој премиерот на Бугарија Кирил Петков пред некои еврокомесари разговарал што планира да прави за оваа тема, прашувајќи дали тоа не е национално предавство и ако не е, што ги спречува да одржат затворена седница. Јорданов рече дека се собрани потребните 48 потписи за одржување затворена седница оваа недела, но претседателот на Парламентот Никола Минчев го одбил тоа.

The post „Има таков народ“ и Генчовска бараат затворена седница за Македонија, Петков обвинет за предавство appeared first on Република.

]]>
Генчовска го напушта кабинетот на Петков, и неа Македонија ѝ е причина https://republika.mk/vesti/balkan/genchovska-go-napushta-kabinetot-na-petkov-i-nea-makedonija-e-prichina/ Mon, 13 Jun 2022 08:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=514350

Двајца министри од партијата „Има таков народ“ – министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов денеска ќе поднесат оставки, јави агенцијата БГНЕС.

Според Слави Трифонов, кој ги повлече министрите на „Има таков народ“, има две причини за распадот на четирикратната коалиција – темата Македонија и непочитувањето на коалицискиот договор и тоа што Трифонов повеќе нема пари во земјата. Тој ја оцени како погрешна и штетна финансиската политика што ја водат министерот за финансии Асен Василев и премиерот Кирил Петков.

https://republika.mk/vesti/balkan/slavi-trifonov-ja-napushtiv-vladata-poradi-makedonija/

Според шефот на дипломатијата, нејзината оставка била политичка одлука на партијата ИТН која ја номинирала. Генчовска досега не поднесе оставка бидејќи беше на форум во странство.

Таа за медиумите изјави дека нема притисок од ЕУ за прашањето за укинувањето на бугарското вето за почеток на преговорите за членство во ЕУ за Македонија.

Александар Николов рече дека го напушта енергетскиот сектор поради лојалност кон „Има такви луѓе“ и дека тоа нема врска со енергетската политика, трговијата, транзитот и снабдувањето со природен гас. Откако тој раководеше со министерството, изјавија дека Николов не овластил ниту еден негов заменик да ги толкува односите со Гаспром по негова дискреција.

Лојалноста е функција на најскапата роба – довербата. Во мое лично својство не излегов на избори, не барав доверба од јавноста. Според тоа, живеејќи во парламентарна република со јасни правила, немам право, откако ќе има политичка одлука, да ја надминам, коментира во неделното интервју Александар Николов.

The post Генчовска го напушта кабинетот на Петков, и неа Македонија ѝ е причина appeared first on Република.

]]>

Двајца министри од партијата „Има таков народ“ – министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов денеска ќе поднесат оставки, јави агенцијата БГНЕС. Според Слави Трифонов, кој ги повлече министрите на „Има таков народ“, има две причини за распадот на четирикратната коалиција – темата Македонија и непочитувањето на коалицискиот договор и тоа што Трифонов повеќе нема пари во земјата. Тој ја оцени како погрешна и штетна финансиската политика што ја водат министерот за финансии Асен Василев и премиерот Кирил Петков. https://republika.mk/vesti/balkan/slavi-trifonov-ja-napushtiv-vladata-poradi-makedonija/ Според шефот на дипломатијата, нејзината оставка била политичка одлука на партијата ИТН која ја номинирала. Генчовска досега не поднесе оставка бидејќи беше на форум во странство. Таа за медиумите изјави дека нема притисок од ЕУ за прашањето за укинувањето на бугарското вето за почеток на преговорите за членство во ЕУ за Македонија. Александар Николов рече дека го напушта енергетскиот сектор поради лојалност кон „Има такви луѓе“ и дека тоа нема врска со енергетската политика, трговијата, транзитот и снабдувањето со природен гас. Откако тој раководеше со министерството, изјавија дека Николов не овластил ниту еден негов заменик да ги толкува односите со Гаспром по негова дискреција. Лојалноста е функција на најскапата роба – довербата. Во мое лично својство не излегов на избори, не барав доверба од јавноста. Според тоа, живеејќи во парламентарна република со јасни правила, немам право, откако ќе има политичка одлука, да ја надминам, коментира во неделното интервју Александар Николов.

The post Генчовска го напушта кабинетот на Петков, и неа Македонија ѝ е причина appeared first on Република.

]]>
Османи потврди Генчовска го поставила условот „прво Бугарите во Уставот“, но тој не прифатил https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-potvrdi-genchovska-go-postavila-uslovot-prvo-bugarite-vo-ustavot-no-toj-ne-prifatil/ Thu, 09 Jun 2022 19:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=513316

Точно е дека за време на последната посета на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска изминатиот викенд во Скопје беше кажано првата меѓувладина конференција на С Македонија со ЕУ да се одржи дури по внесување на Бугарите во Уставот, но тоа беше бугарско барање, а не е договорено, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за „Само вистина“ на Канал 5.

Точно е дека тоа беше бугарско барање и тука премиерот Петков е коректен дека има такво барање. Но нема договор, бидејќи за нас тоа е неприфатливо. Ние мислиме дека треба да е обратно. Нема дилеми дека треба да се направи, но во однос на чекорите сметаме дека треба да е обратно. И се заклучи дека треба да се врати секој во своите централи. Ние сметаме дека преговрачката рамка треба да биде заедно со меѓувладината конференција, а потоа да влеземе во уставни измени, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање дали на средбата во саботата е договорено прво да се отвори Уставот, што би го отворило патот за меѓувладина конференција на РСМ и ЕУ.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера во интервју за БТВ, изјави дека при последната посета на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на Скопје е разговарано првата меѓувладина конференција на Република Македонија со ЕУ да се одржи дури откако Бугарите ќе бидат вметнати во Уставот. Тоа, според Петков, засега е само на ниво на предлог.

The post Османи потврди Генчовска го поставила условот „прво Бугарите во Уставот“, но тој не прифатил appeared first on Република.

Петков: Има предлог Бугарите да бидат вметнати во македонскиот Устав пред одржување на Првата меѓувладина конференција https://republika.mk/vesti/balkan/petkov-ja-pofali-genchovska-za-napredokot-vo-pregovorite-za-evropskata-idnina-na-makedonija/ Wed, 08 Jun 2022 16:54:03 +0000 https://republika.mk/?p=512810

Бугарскиот премиер Кирил Петков ја пофали денеска министерката за надворешни работи Теодора Генчовска од „Има таков народ“ за напредокот во преговорите за европска иднина на Македонија.

Во интервју за БТВ, премиерот на Бугарија нагласи дека нејзините неодамнешни разговори во Скопје, во изминатиот викенд, ги доближиле можностите за европските партнери да се согласат првата меѓувладина конференција да се одржи дури по промената на Уставот во  Македонија.

Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска има разговарано дека само доколку се промени Уставот на Република Македонија ќе се одржи првата меѓувладина конференција за која гарантираат нашите европски партнери, ова го изјави премиерот Кирил Петков во програмата „Лице в лице“, неколку часа откако коалицискиот партнер од „Има таков народ“ се повлече од владината коалиција.

Тој го оцени тоа како невиден успех за тимот на Министерството за надворешни работи, кој во моментов е само на ниво на предлог.

Односно пред ваква средба Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот и тоа да го гарантира Европа - додаде премиерот Петков.

Тој посочи дека сите нови можности за кои се разговара, сакал да бидат на една маса од сите, додавајќи дека тоа е новиот предлог што сака да го коментира.

The post Петков: Има предлог Бугарите да бидат вметнати во македонскиот Устав пред одржување на Првата меѓувладина конференција appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков ја пофали денеска министерката за надворешни работи Теодора Генчовска од „Има таков народ“ за напредокот во преговорите за европска иднина на Македонија. Во интервју за БТВ, премиерот на Бугарија нагласи дека нејзините неодамнешни разговори во Скопје, во изминатиот викенд, ги доближиле можностите за европските партнери да се согласат првата меѓувладина конференција да се одржи дури по промената на Уставот во  Македонија. Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска има разговарано дека само доколку се промени Уставот на Република Македонија ќе се одржи првата меѓувладина конференција за која гарантираат нашите европски партнери, ова го изјави премиерот Кирил Петков во програмата „Лице в лице“, неколку часа откако коалицискиот партнер од „Има таков народ“ се повлече од владината коалиција. Тој го оцени тоа како невиден успех за тимот на Министерството за надворешни работи, кој во моментов е само на ниво на предлог.
Односно пред ваква средба Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот и тоа да го гарантира Европа - додаде премиерот Петков.
Тој посочи дека сите нови можности за кои се разговара, сакал да бидат на една маса од сите, додавајќи дека тоа е новиот предлог што сака да го коментира.

The post Петков: Има предлог Бугарите да бидат вметнати во македонскиот Устав пред одржување на Првата меѓувладина конференција appeared first on Република.

]]>
Ахмети – Генчовска: Секое доцнење оди на штета на бугарската заедница во земјава https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-genchovska-sekoe-docnenje-odi-na-shteta-na-bugarskata-zaednica-vo-zemjava/ Mon, 06 Jun 2022 10:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=511704

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во понеделникот се сретна со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

Ахмети и Генчовска разговарале за спорот меѓу Македонија и Бугарија, решение кое ќе му даде „зелено светло“ на Скопје за почеток на пристапните преговори со Европската унија и одржување на првата меѓувладина конференција, додека земјата веќе ги има исполнето сите неопходни услови, се наведува во партиското соопштение.

Лидерот на ДУИ на средбата изјавил дека „секое одложување на решавањето на спорот меѓу Скопје и официјална Софија оди на штета на бугарската заедница во земјата“.

Ахмети апелирал до бугарските власти за золемување на меѓусебната доверба и заедничка работа „за позитивен епилог на билатералниот спор преку стеснување на просторот за дејствување на агенди во земјата и регионот кои не се совпаѓаат со западните определби“.

Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секако без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на нашите сограѓани, рекол Ахмети.

Челникот на ДУИ, исто така, рекол дека решавањето на спорот меѓу двете земји придонесува за мир, безбедност и стабилност во целиот регион.

Граѓаните веќе очекуваат позитивни резултати за изнаоѓање заеднички јазик во решавањето на спорот меѓу двете земји, бидејќи Европа не е во целосен мир без западен Балкан, оценил Ахмети.

Ахмети и Генчовска на средбата истакнаа дека е неопходно да се интензивираат трговската и културната размена меѓу нашите две земји за подобрување на благосостојбата на граѓаните и подоброто меѓусебно познавање.

The post Ахмети – Генчовска: Секое доцнење оди на штета на бугарската заедница во земјава appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во понеделникот се сретна со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска. Ахмети и Генчовска разговарале за спорот меѓу Македонија и Бугарија, решение кое ќе му даде „зелено светло“ на Скопје за почеток на пристапните преговори со Европската унија и одржување на првата меѓувладина конференција, додека земјата веќе ги има исполнето сите неопходни услови, се наведува во партиското соопштение. Лидерот на ДУИ на средбата изјавил дека „секое одложување на решавањето на спорот меѓу Скопје и официјална Софија оди на штета на бугарската заедница во земјата“. Ахмети апелирал до бугарските власти за золемување на меѓусебната доверба и заедничка работа „за позитивен епилог на билатералниот спор преку стеснување на просторот за дејствување на агенди во земјата и регионот кои не се совпаѓаат со западните определби“.
Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секако без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на нашите сограѓани, рекол Ахмети.
Челникот на ДУИ, исто така, рекол дека решавањето на спорот меѓу двете земји придонесува за мир, безбедност и стабилност во целиот регион.
Граѓаните веќе очекуваат позитивни резултати за изнаоѓање заеднички јазик во решавањето на спорот меѓу двете земји, бидејќи Европа не е во целосен мир без западен Балкан, оценил Ахмети.
Ахмети и Генчовска на средбата истакнаа дека е неопходно да се интензивираат трговската и културната размена меѓу нашите две земји за подобрување на благосостојбата на граѓаните и подоброто меѓусебно познавање.

The post Ахмети – Генчовска: Секое доцнење оди на штета на бугарската заедница во земјава appeared first on Република.

]]>
Генчовска тврди дека палењето на клубот „Ванчо Михајлов“ не е бугарска провокација и дека името на клубот нема да биде променето https://republika.mk/vesti/makedonija/genchovska-tvrdi-deka-palenjeto-na-klubot-vancho-mihajlov-ne-e-bugarska-provokacija-i-deka-imeto-na-klubot-nema-da-bide-promeneto/ Sun, 05 Jun 2022 11:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=511362

„Никогаш од бугарска страна“.

Ваков е кусиот одговор на бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, на новинарското прашање дали е можно подметнатиот пожар во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола да е провокација од бугарска страна за да ги наруши односите меѓу двете држави.

Клубот беше отворен на 16 април и до сега немаше никаков инцидент, освен овој сега, со палување на влезната врата извршен непосредно пред почетокот на дводневната работна посета на Генчовска во Македонија на покана на министерот Бујар Османи.

Овој инцидентот нема да ги наруши односите. Продолжуваме со многу конструктивниот дијалог. Морав да излезам од средбата со Бујар Османи, сега се враќам повторно, продолжуваме. Мислам дека ќе се договориме за нештата кои треба да се завршат од страна на Македонија да биде исполнет договорот - истакна Генчовска.

Претходно, министерот за надворешни рабти Бујар Османи најостро го осуди „вандалскиот напад“ кон здружението „Иван Михајлов“ и порача дека „ваквиот акт е доказ дека многу актери се против постигнувањето на напредок во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина“.

Генчовска изјави дека одлуката дали ќе го дигнат ветото за почеток на пристапните преговори со ЕУ во јуни зависи од Македонија и европските партнери. Прашана дали по инцидентот размислуваат да го променат името на културниот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“ според фашистичиот соработник, нешто што македонскиот народ го доживува како провокација, таа одговори дека центарот одамна го носи тоа име и воопшто не станува збор тоа да се промени.

Таа изрази уверување дека македонските служби ќе го откријат потпалувачот на клубот во Битола и ќе го казнат.

Како што ме увери началникот на битолската полиција, преземени се сите мерки и во најскоро време ќе следат резултати. Се надевам на конечни резултати за да има конечна пресуда за извршителот - додаде Генчовска.

Заедно со неа во Битола беа бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и конзулот Димитар Иванов.

При посетата на делегацијата од Бугарија на Битола имаше силно полициско обезбедување и беше забрането движење низ улицата Рузвелтова каде што се наоѓа клубот, во поранешното Еврејско маало. Освен делегацијата беа присустни и уште десетина граѓани, членови на клубот, а едниот од нив носеше и маица со ликот на Гоце Делчев.

Битолчани реагираат дека Битола е космополитески град и колку и да провоцира името Ванчо Михајлов, зашто народот го доживува како соработник на фашистичкиот окупатор од Втората светска војна и дека со името што се става на клубот се врши рехабилитација на фашистичката идеологија и се промовира историски ревизионизам насочен кон негирање на НОВ на македонскиот народ, сепак, никој не би го запалил клубот. Доказ за тоа е фактот што функционира повеќе од месец и половина, а никој немаше преземено никакви мерки.

The post Генчовска тврди дека палењето на клубот „Ванчо Михајлов“ не е бугарска провокација и дека името на клубот нема да биде променето appeared first on Република.

]]>

„Никогаш од бугарска страна“.
Ваков е кусиот одговор на бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, на новинарското прашање дали е можно подметнатиот пожар во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола да е провокација од бугарска страна за да ги наруши односите меѓу двете држави. Клубот беше отворен на 16 април и до сега немаше никаков инцидент, освен овој сега, со палување на влезната врата извршен непосредно пред почетокот на дводневната работна посета на Генчовска во Македонија на покана на министерот Бујар Османи.
Овој инцидентот нема да ги наруши односите. Продолжуваме со многу конструктивниот дијалог. Морав да излезам од средбата со Бујар Османи, сега се враќам повторно, продолжуваме. Мислам дека ќе се договориме за нештата кои треба да се завршат од страна на Македонија да биде исполнет договорот - истакна Генчовска.
Претходно, министерот за надворешни рабти Бујар Османи најостро го осуди „вандалскиот напад“ кон здружението „Иван Михајлов“ и порача дека „ваквиот акт е доказ дека многу актери се против постигнувањето на напредок во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина“.
Генчовска изјави дека одлуката дали ќе го дигнат ветото за почеток на пристапните преговори со ЕУ во јуни зависи од Македонија и европските партнери. Прашана дали по инцидентот размислуваат да го променат името на културниот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“ според фашистичиот соработник, нешто што македонскиот народ го доживува како провокација, таа одговори дека центарот одамна го носи тоа име и воопшто не станува збор тоа да се промени. Таа изрази уверување дека македонските служби ќе го откријат потпалувачот на клубот во Битола и ќе го казнат.
Како што ме увери началникот на битолската полиција, преземени се сите мерки и во најскоро време ќе следат резултати. Се надевам на конечни резултати за да има конечна пресуда за извршителот - додаде Генчовска.
Заедно со неа во Битола беа бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и конзулот Димитар Иванов. При посетата на делегацијата од Бугарија на Битола имаше силно полициско обезбедување и беше забрането движење низ улицата Рузвелтова каде што се наоѓа клубот, во поранешното Еврејско маало. Освен делегацијата беа присустни и уште десетина граѓани, членови на клубот, а едниот од нив носеше и маица со ликот на Гоце Делчев. Битолчани реагираат дека Битола е космополитески град и колку и да провоцира името Ванчо Михајлов, зашто народот го доживува како соработник на фашистичкиот окупатор од Втората светска војна и дека со името што се става на клубот се врши рехабилитација на фашистичката идеологија и се промовира историски ревизионизам насочен кон негирање на НОВ на македонскиот народ, сепак, никој не би го запалил клубот. Доказ за тоа е фактот што функционира повеќе од месец и половина, а никој немаше преземено никакви мерки.

The post Генчовска тврди дека палењето на клубот „Ванчо Михајлов“ не е бугарска провокација и дека името на клубот нема да биде променето appeared first on Република.

]]>
Маскиран маж на велосипед дошол ладнокрвно: Генчовска вели камерите го „фатиле“ подметнувањето пожар во бугарскиот клуб во Битола https://republika.mk/vesti/crna-hronika/maskiran-maz-na-velosiped-doshol-ladnokrvno-genchovska-veli-kamerite-go-fatile-podmetnuvanjeto-pozar-vo-bugarskiot-klub-vo-bitola/ Sun, 05 Jun 2022 10:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=511354

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во интервју за софиската телевизија бТВ, во директен пренос од Скопје како и за Бгнес коментира дека откако дознала за инцидентот во саботата на средбата со македонскиот колега Бујар Османи, веднаш заминала за Битола.

Генчовска се заблагодарува за брзата реакција на противпожарната бригада, на полицијата и на дежурниот обвинител во Битола. Директорот на полицијата, како што вели, се обврзал да вложи максимални напори за разоткривање на сторителот на овој немил чин и вандалски чин.

Таа изразува очекување дека и судството во Македонија ќе си ја заврши работата. Генчовска на записите на една од безбедносните камери можела да види маж кој безбедно пристигнал со велосипед, извадил туба со запалива течност и мирно ја истурил течноста пред вратата од куќата.

Според бугарската министерка за надворешни работи, од овој пожар сторителот се здобил со одредени повреди и може да побара лекарска помош. Генчовска за медиумите изјави дека мажот носел маска. Според неа, ова дело е извршено ладнокрвно и намерно за влошување на односите меѓу Софија и Скопје.

Ова нема да предизвика пожар во односите меѓу нас. Во моментов односите се нормално конструктивни и се одвива нормален работен дијалог. Двата тима работат напорно многу часови, продолжуваме да се обидуваме да најдеме решение за отворените прашања во спроведувањето на Договорот за добрососедство – вели Генчовска.

Таа додава дека пожарот е израз на говор на омраза и додаде дека се очекува Македонија и нејзината Влада да имаат кохерентна сеопфатна политика за справување со говорот на омраза.

Оптимисти сме за резултатите. Кога и како - е прашање на подготвеност на колегите од Владата на Македонија да ги спроведат овие договори - додаде Генчовска.

The post Маскиран маж на велосипед дошол ладнокрвно: Генчовска вели камерите го „фатиле“ подметнувањето пожар во бугарскиот клуб во Битола appeared first on Република.

]]>

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во интервју за софиската телевизија бТВ, во директен пренос од Скопје како и за Бгнес коментира дека откако дознала за инцидентот во саботата на средбата со македонскиот колега Бујар Османи, веднаш заминала за Битола. Генчовска се заблагодарува за брзата реакција на противпожарната бригада, на полицијата и на дежурниот обвинител во Битола. Директорот на полицијата, како што вели, се обврзал да вложи максимални напори за разоткривање на сторителот на овој немил чин и вандалски чин. Таа изразува очекување дека и судството во Македонија ќе си ја заврши работата. Генчовска на записите на една од безбедносните камери можела да види маж кој безбедно пристигнал со велосипед, извадил туба со запалива течност и мирно ја истурил течноста пред вратата од куќата. Според бугарската министерка за надворешни работи, од овој пожар сторителот се здобил со одредени повреди и може да побара лекарска помош. Генчовска за медиумите изјави дека мажот носел маска. Според неа, ова дело е извршено ладнокрвно и намерно за влошување на односите меѓу Софија и Скопје.
Ова нема да предизвика пожар во односите меѓу нас. Во моментов односите се нормално конструктивни и се одвива нормален работен дијалог. Двата тима работат напорно многу часови, продолжуваме да се обидуваме да најдеме решение за отворените прашања во спроведувањето на Договорот за добрососедство – вели Генчовска.
Таа додава дека пожарот е израз на говор на омраза и додаде дека се очекува Македонија и нејзината Влада да имаат кохерентна сеопфатна политика за справување со говорот на омраза.
Оптимисти сме за резултатите. Кога и како - е прашање на подготвеност на колегите од Владата на Македонија да ги спроведат овие договори - додаде Генчовска.

The post Маскиран маж на велосипед дошол ладнокрвно: Генчовска вели камерите го „фатиле“ подметнувањето пожар во бугарскиот клуб во Битола appeared first on Република.

]]>
Втор ден од работната посета на Генчовска https://republika.mk/vesti/makedonija/vtor-den-od-rabotnata-poseta-na-genchovska/ Sun, 05 Jun 2022 07:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=511292

Бугарската делегација предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска денеска ја продолжува работната посета на Македонија. Посетата се реализира на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а е во функција на дијалогот меѓу двете министерства за адресирање на отворените билатерални прашања, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и прашањата за евроинтеграцијата на Македонија.

Во фокусот вчера, на првиот ден од посетата, беше опожарениот Центар за култура „Иван Михајлов“ во Битола. Осуди за палењето на Центарот стигнаа од македонска и бугарска страна, а сите нагласија дека се работи за вандалски чин и порачаа побрзо да се најдат сторителите.

Османи и Генчовска заеднички остро го осудија инцидентот во Битола и најавија дека двете министерства ќе продлжат да наоѓаат заемно прифатливи решенија и да ги унапредуваат билатерталните односи помеѓу двете земји.

Разговорите протекоа во пријателска и конструктивна атмосфера во функција на продолжување на дијалогот меѓу двете министерства за надминување на отворените билатерални прашања согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и унапредување на евроинтеграцискиот процес на Македонија, информира МНР по средбата.

Разговорите, како што истакнаа од МНР, дополнително ќе се интензивираат во периодот кој претстои„ во насока на изнаоѓање заемни решенија за остварување на споделената цел за унапредување на европската иднина на Македонија.

Остри реакции пристигнаа и од бугарскиот државен врв во врска со палењето на влезот на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Осуди стигнаа и од претседателот на државата Стево Пендаровски и од премиерот Димитар Ковачевски.

Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Тој ги повика надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите.

Според премиерот Ковачевски, во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо.
Дадов јасни насоки до надлежните институции веднаш да го расчистат случајот. Ваквите потпалувачки провокации имаат цел да ги нарушат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Затоа, повикувам сите да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.

Опозицијата, пак, смета дека вакви инциденти се случуваат поради нефункционалноста на институциите.

Бугарија треба да покаже разум и мислам дека треба да го тргнат ветото. Ако сакаат да наоѓаат причини за да го остават ветото можат секогаш да наоѓаат причини, како и во животот можете да најдете причина да со некого сте пријател, можете да најдете 1.000 причини со некого да сте непријател. Тоа е нивниот избор, но треба да се свесни дека од нивниот однос зависи и нашиот однос и односот на граѓаните на Македонија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола вчера извршија увид на објектот. Според првичните наоди од увидот,  опожарен е влезниот дел од објектот, подигнати се траги од местото за кои јавниот обвинител издало наредба за вештачење.

The post Втор ден од работната посета на Генчовска appeared first on Република.

]]>

Бугарската делегација предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска денеска ја продолжува работната посета на Македонија. Посетата се реализира на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а е во функција на дијалогот меѓу двете министерства за адресирање на отворените билатерални прашања, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и прашањата за евроинтеграцијата на Македонија. Во фокусот вчера, на првиот ден од посетата, беше опожарениот Центар за култура „Иван Михајлов“ во Битола. Осуди за палењето на Центарот стигнаа од македонска и бугарска страна, а сите нагласија дека се работи за вандалски чин и порачаа побрзо да се најдат сторителите. Османи и Генчовска заеднички остро го осудија инцидентот во Битола и најавија дека двете министерства ќе продлжат да наоѓаат заемно прифатливи решенија и да ги унапредуваат билатерталните односи помеѓу двете земји.
Разговорите протекоа во пријателска и конструктивна атмосфера во функција на продолжување на дијалогот меѓу двете министерства за надминување на отворените билатерални прашања согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и унапредување на евроинтеграцискиот процес на Македонија, информира МНР по средбата.
Разговорите, како што истакнаа од МНР, дополнително ќе се интензивираат во периодот кој претстои„ во насока на изнаоѓање заемни решенија за остварување на споделената цел за унапредување на европската иднина на Македонија. Остри реакции пристигнаа и од бугарскиот државен врв во врска со палењето на влезот на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Осуди стигнаа и од претседателот на државата Стево Пендаровски и од премиерот Димитар Ковачевски.
Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија, напиша Пендаровски на Фејсбук.
Тој ги повика надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите. Според премиерот Ковачевски, во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо. Дадов јасни насоки до надлежните институции веднаш да го расчистат случајот. Ваквите потпалувачки провокации имаат цел да ги нарушат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Затоа, повикувам сите да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски. Опозицијата, пак, смета дека вакви инциденти се случуваат поради нефункционалноста на институциите.