Не, нема промена во францускиот предлог. Таква промена нема. Ова за БГНЕС го изјави министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска во врска со наводите во Република Македонија дека има промени во францускиот предлог.

Таа прецизира дека во протоколот што денеска го потпишаа двајцата министри – Генчовска и Бујар Османи, има конкретни конкретни рокови кои се дел од Преговорната рамка.

„Има механизам да се контролира неговата имплементација. Тоа не е само билатерален протокол“, рече Геночвска, како одговор на прашањето на БГНЕС, „дали постои опасност денешниот протокол да ја следи судбината на првиот од 2019 година, кој што не се спроведе.

Бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, за БГНЕС изјави дека е загрижен од антиевропските говори во РСМ во последните недели и ја повика политичката елита и локалните медиуми да тргнат по патот на европеизацијата на државата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.