тендер Archives - Република https://republika.mk/tema/tender/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 12:47:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тендер Archives - Република https://republika.mk/tema/tender/ 32 32 Една понуда на тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар во Скопје https://republika.mk/zivot/zdravje/edna-ponuda-na-tenderot-za-kompresorskata-stanitsa-na-klinichkiot-tsentar-vo-skopje/ Thu, 12 Sep 2024 12:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=815758

Една понуда е пристигната на вториот тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје што го распиша Министерството за здравство.

По денешното јавно отворање на понудите следува евалуација на единствената доставена понуда. Доколку се исполнети условите од тендерската документација треба да се донесе одлука за избор на најповолна понуда и да се склучи договор за јавна набавка.

Министерството за здравство, согласно објавениот Оглас за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка: „Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух", денеска изврши јавно отворање преку Електронскиот систем за јавни набавки. Ве известуваме дека пристигната е една понуда, за која во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка, информираат од Министерството за здравство.

Три фирми првично пројавиле интерес за тендерот и ја посетиле локацијата, потврди за МИА минатата недела Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата и раководител на Секторот за техники работи во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар - Скопје.

Операционите сали на Клинички центар во мај годинава беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда, по што следуваше нов тендер.

The post Една понуда на тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар во Скопје appeared first on Република.

]]>

Една понуда е пристигната на вториот тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје што го распиша Министерството за здравство. По денешното јавно отворање на понудите следува евалуација на единствената доставена понуда. Доколку се исполнети условите од тендерската документација треба да се донесе одлука за избор на најповолна понуда и да се склучи договор за јавна набавка.
Министерството за здравство, согласно објавениот Оглас за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка: „Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух", денеска изврши јавно отворање преку Електронскиот систем за јавни набавки. Ве известуваме дека пристигната е една понуда, за која во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка, информираат од Министерството за здравство.
Три фирми првично пројавиле интерес за тендерот и ја посетиле локацијата, потврди за МИА минатата недела Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата и раководител на Секторот за техники работи во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар - Скопје. Операционите сали на Клинички центар во мај годинава беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда, по што следуваше нов тендер.

The post Една понуда на тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар во Скопје appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Со меморандумот компанијата 4iG изразува интерес, но тендер мора да има, заврши времето на договори во четири очи https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-so-memorandumot-kompanijata-4ig-izrazuva-interes-no-tender-mora-da-ima-zavrshi-vremeto-na-dogovori-vo-chetiri-ochi/ Tue, 03 Sep 2024 11:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=812665

Тендер мора да има, но тој меморандум е необврзувачки, со којшто компанијата 4iG изразува интерес, пројавува интерес дека е заинтересирана да се појави на тој тендер, иначе таман работа сигурно не може тоа да биде дадено во четири очи, нормално и други доколку има компании кои што се заинтересирани и доколку сакаат да потпишат ваков необврзувачки меморандум, тоа ќе биде потпишано“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски истакна дека сега е време кога треба да се развива Македонија заедно со македонските граѓани и кога треба да владее правото.

„Заврши времето на договори во четири очи како што беа тие во кичевски РЕК „Осломеј“, битолски РЕК „Битола“, заврши времето кога голобради момчиња купуваа трговски центри во центарот на Скопје, кога се играше фудбалчиња и баскетче во канцелариите на Владата, сега е време кога треба да се развива Македонија заедно со македонските граѓани и кога треба да владее правото, тоа е суштината на работа“, изјави тој.

Премиерот Мицкоски објасни дека тендерот ќе биде распишан во периодот што следи, и додаде:

„Сега моментално компаниите коишто се заинтересирани, можеби ќе има и други коишто ќе потпишат ваков меморандум, го анализираат пазарот и периодот којшто следи, наш интерес и интересот на граѓаните, а кој е интересот на граѓаните, поголема конкуренција и пониски цени. Интересот на граѓаните е и наш интерес како Влада“.

The post Мицкоски: Со меморандумот компанијата 4iG изразува интерес, но тендер мора да има, заврши времето на договори во четири очи appeared first on Република.

]]>

Тендер мора да има, но тој меморандум е необврзувачки, со којшто компанијата 4iG изразува интерес, пројавува интерес дека е заинтересирана да се појави на тој тендер, иначе таман работа сигурно не може тоа да биде дадено во четири очи, нормално и други доколку има компании кои што се заинтересирани и доколку сакаат да потпишат ваков необврзувачки меморандум, тоа ќе биде потпишано“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Мицкоски истакна дека сега е време кога треба да се развива Македонија заедно со македонските граѓани и кога треба да владее правото. „Заврши времето на договори во четири очи како што беа тие во кичевски РЕК „Осломеј“, битолски РЕК „Битола“, заврши времето кога голобради момчиња купуваа трговски центри во центарот на Скопје, кога се играше фудбалчиња и баскетче во канцелариите на Владата, сега е време кога треба да се развива Македонија заедно со македонските граѓани и кога треба да владее правото, тоа е суштината на работа“, изјави тој. Премиерот Мицкоски објасни дека тендерот ќе биде распишан во периодот што следи, и додаде: „Сега моментално компаниите коишто се заинтересирани, можеби ќе има и други коишто ќе потпишат ваков меморандум, го анализираат пазарот и периодот којшто следи, наш интерес и интересот на граѓаните, а кој е интересот на граѓаните, поголема конкуренција и пониски цени. Интересот на граѓаните е и наш интерес како Влада“.

The post Мицкоски: Со меморандумот компанијата 4iG изразува интерес, но тендер мора да има, заврши времето на договори во четири очи appeared first on Република.

]]>
Пропадна тендерот за нова компресорска станица на хируршките клиники, не пристигнала ниту една понуда https://republika.mk/zivot/zdravje/propadna-tenderot-za-nova-kompresorska-stanitsa-na-hirurshkite-kliniki-ne-pristignala-nitu-edna-ponuda/ Wed, 17 Jul 2024 06:37:57 +0000 https://republika.mk/?p=797539

Поништена е постапката за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух за операционите сали на хируршките клиники бидејќи не пристигнала ниту една понуда, информираа за МИА од Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ УК, завод и ургентен центар – Скопје.

Станува збор за проблемот со компресорите во некои хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје. Претставници на германска фирма беа во посета со цел да извршат испитување.

Согласно роковите определени во Оперативниот план доставен до Владата на Република Македонија, на ден 28.06.2024 година на страната на ЕСЈН беше објавена поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи – набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух, оглас број 10891/2024. Крајниот рок за доставување на понуди беше 15.07.2024 година до 11:00 часот. Проценетата вредност на постапката беше 18.644.068 денари без ДДВ“, појаснуваат оттаму.

Во тендерската документација била предвидена задолжителна посета на локација заради важноста на самата набавка за здравјето и безбедноста на пациентите.

Посета на локација побараа три економски оператори и на истите им беше овозможено посета на локација. За нас од непознати причини, до денот на отворање не е пристигната ниту една понуда, додаваат надлежните.

Тие денеска донеле одлука за поништување на постапката, за што биле информирани Владата и Министерството за здравство. Побарани биле натамошни насоки за постапување.

Во мај, се бараше во што е дефектот и од каде се шири непријатна миризба во некои операциони сали. Определен временски период, пациенти се препраќаа и во ГОБ „8 Септември“ и на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Министерот за здравство Арбен Таравари на 1 јули изјави дека веќе е објавен тендер за компресорите за хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека доколку е потребно ќе се обиде да се најде начин за реновирање и на салите во болницата „8 Септември“.

Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме, ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на Хирургија во Клиничкиот центар – изјави министерот на средба со новинарите.

Прашан околу реновирање на хируршките сали на ГОБ „8 Септември“, тој кажа дека таму не бил, но, оти слушнал оти салите не се во добра состојба.

Дефинитивно и во Клинички центар јас кога бев во салите, навистина не изгледаат добри. Во „8 Септември“ не сум бил да ги видам салите, меѓутоа ми кажуваат дека и таму не се во добра состојба. Меѓутоа, морам да се консултирам и со финансии да видиме како стоиме со финансиски средства. Ако добијам дозвола, јас се надевам дека што побргу што можам, не можам да кажам рок сега, бидејќи ми треба да видам што се можностите. На Клинички центар ќе се обидам што побргу и на „8 Септември“ доколку имаме начин некако да се менаџира плаќањето во неколку години ќе инсистирам и таму да завршиме или да започнеме со реновирање – одговори Таравари.

The post Пропадна тендерот за нова компресорска станица на хируршките клиники, не пристигнала ниту една понуда appeared first on Република.

]]>

Поништена е постапката за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух за операционите сали на хируршките клиники бидејќи не пристигнала ниту една понуда, информираа за МИА од Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ УК, завод и ургентен центар – Скопје. Станува збор за проблемот со компресорите во некои хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје. Претставници на германска фирма беа во посета со цел да извршат испитување.
Согласно роковите определени во Оперативниот план доставен до Владата на Република Македонија, на ден 28.06.2024 година на страната на ЕСЈН беше објавена поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи – набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух, оглас број 10891/2024. Крајниот рок за доставување на понуди беше 15.07.2024 година до 11:00 часот. Проценетата вредност на постапката беше 18.644.068 денари без ДДВ“, појаснуваат оттаму.
Во тендерската документација била предвидена задолжителна посета на локација заради важноста на самата набавка за здравјето и безбедноста на пациентите.
Посета на локација побараа три економски оператори и на истите им беше овозможено посета на локација. За нас од непознати причини, до денот на отворање не е пристигната ниту една понуда, додаваат надлежните.
Тие денеска донеле одлука за поништување на постапката, за што биле информирани Владата и Министерството за здравство. Побарани биле натамошни насоки за постапување. Во мај, се бараше во што е дефектот и од каде се шири непријатна миризба во некои операциони сали. Определен временски период, пациенти се препраќаа и во ГОБ „8 Септември“ и на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Министерот за здравство Арбен Таравари на 1 јули изјави дека веќе е објавен тендер за компресорите за хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека доколку е потребно ќе се обиде да се најде начин за реновирање и на салите во болницата „8 Септември“.
Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме, ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на Хирургија во Клиничкиот центар – изјави министерот на средба со новинарите.
Прашан околу реновирање на хируршките сали на ГОБ „8 Септември“, тој кажа дека таму не бил, но, оти слушнал оти салите не се во добра состојба.
Дефинитивно и во Клинички центар јас кога бев во салите, навистина не изгледаат добри. Во „8 Септември“ не сум бил да ги видам салите, меѓутоа ми кажуваат дека и таму не се во добра состојба. Меѓутоа, морам да се консултирам и со финансии да видиме како стоиме со финансиски средства. Ако добијам дозвола, јас се надевам дека што побргу што можам, не можам да кажам рок сега, бидејќи ми треба да видам што се можностите. На Клинички центар ќе се обидам што побргу и на „8 Септември“ доколку имаме начин некако да се менаџира плаќањето во неколку години ќе инсистирам и таму да завршиме или да започнеме со реновирање – одговори Таравари.
 
The post Пропадна тендерот за нова компресорска станица на хируршките клиники, не пристигнала ниту една понуда appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС и ДУИ на еден месец пред заминување туркаат милионски тендер за дигитални учебници? https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-dali-sds-i-dui-na-eden-mesets-pred-zaminuvane-turkaat-milionski-tender-za-digitalni-uchebnitsi/ Tue, 02 Apr 2024 07:18:56 +0000 https://republika.mk/?p=761136

Имено пред само неколку месеци МОН даде 500.000 евра на фирмата Тримакс за дигитални учебници кои никој не ги користеше, а сега истата фирма добива 800.000 евра повторно за дигитални учебници како претходно, од кои дел беа опфатени со претходната набавка.

И по сето ова МОН водена од ДУИ и СДС на само еден месец пред избори прави нова јавна набавка повторно за дигитални учебници, за кои нема наставна програма. Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии.

Дали повторно Тримакс треба да се јави како добитник на овој тендер или тој ќе отиде кај омилените за ДУИ Арс Студио, која претходно доби тендер од 5 милиони евра за превод на учебници?

На грабежите на народот мора да им дојде крај. Силата е во рацете на народот. Промените се во твои раце! Македонија повторно твоја!

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС и ДУИ на еден месец пред заминување туркаат милионски тендер за дигитални учебници? appeared first on Република.

]]>

Имено пред само неколку месеци МОН даде 500.000 евра на фирмата Тримакс за дигитални учебници кои никој не ги користеше, а сега истата фирма добива 800.000 евра повторно за дигитални учебници како претходно, од кои дел беа опфатени со претходната набавка. И по сето ова МОН водена од ДУИ и СДС на само еден месец пред избори прави нова јавна набавка повторно за дигитални учебници, за кои нема наставна програма. Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии. Дали повторно Тримакс треба да се јави како добитник на овој тендер или тој ќе отиде кај омилените за ДУИ Арс Студио, која претходно доби тендер од 5 милиони евра за превод на учебници? На грабежите на народот мора да им дојде крај. Силата е во рацете на народот. Промените се во твои раце! Македонија повторно твоја!

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС и ДУИ на еден месец пред заминување туркаат милионски тендер за дигитални учебници? appeared first on Република.

]]>
Маја Јорданова, службеничка во „Пошта“ добила бизнис од Електрани вреден 7 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/maja-jordanova-sluzhbenichka-vo-poshta-dobila-biznis-od-elektrani-vreden-7-milioni-evra/ Wed, 21 Feb 2024 17:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=746681

Истражувачката репортерска агенција ( ИРЛ) открива потенцијален скандал со тендерите во ЕСМ каде е замешана службеничка вработена во Пошта. Во нивното истражување велат дека Маја Јорданова од Велес која од пред три години е вработена во АД Пошта врти милионски бизнис со државната ЕСМ.

Таа како сопственичка на компанијата „Браинкоде“ ќе увезува адитив од Италија кој за прв пат ќе се користи во двата енергетски капацитети како замена за мазутот.

Фирмата „Браинкоде“ нема ниту еден вработен, претходно тргувала со канцелариски материјали, а откако почнува да работи со хемиски производи лани склучила три договори со ЕСМ вредни речиси седум милиони евра како единствен понудавач.

ИРЛ открива дека седиштето на „Браинкоде“ се наоѓа во семејна куќа во скопската населба Ѓорче Петров каде на истото место се регистирани повеќе фирми, чии сопственици или управители се луѓе од Велес.

Целиот текст тука

The post Маја Јорданова, службеничка во „Пошта“ добила бизнис од Електрани вреден 7 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Истражувачката репортерска агенција ( ИРЛ) открива потенцијален скандал со тендерите во ЕСМ каде е замешана службеничка вработена во Пошта. Во нивното истражување велат дека Маја Јорданова од Велес која од пред три години е вработена во АД Пошта врти милионски бизнис со државната ЕСМ. Таа како сопственичка на компанијата „Браинкоде“ ќе увезува адитив од Италија кој за прв пат ќе се користи во двата енергетски капацитети како замена за мазутот. Фирмата „Браинкоде“ нема ниту еден вработен, претходно тргувала со канцелариски материјали, а откако почнува да работи со хемиски производи лани склучила три договори со ЕСМ вредни речиси седум милиони евра како единствен понудавач. ИРЛ открива дека седиштето на „Браинкоде“ се наоѓа во семејна куќа во скопската населба Ѓорче Петров каде на истото место се регистирани повеќе фирми, чии сопственици или управители се луѓе од Велес. Целиот текст тука  

The post Маја Јорданова, службеничка во „Пошта“ добила бизнис од Електрани вреден 7 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Николоски: Власта на заминување прави епска пљачка од 46 милиони евра за ископ на јаглен https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vlasta-na-zaminuvane-pravi-epska-plachka-od-46-milioni-evra-za-iskop-na-jaglen/ Tue, 20 Feb 2024 09:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=746002

За ваквите објави на скандали најголем ефект ќе има кај истражните обвинителски и судски органи по промена на власта на 8 мај, бидејќи ќе има сериозна одговорност бидејќи станува збор за огромна злоупотреба на државни средства, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во утринската емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“ што се емитува на радио „Лидер“.

„Тоа што цената на струјата е многу висока, виновно е крадењето, а зошто, затоа што најголем дел од струјата која се троши кај малите корисници е произведена во Македонија и на неа не влијае ниту една било која светска, регионална криза затоа што таа се произведува во неколку хидроелектрани, РЕК Осломеј Кичево и во РЕК Битола. Таму се произведува и ако се работи домаќински, овие поскапувања кои одат дупло од претходно или ако некој плаќа две илјади денари, а сега одат до 4 и пет илјади денари и тоа е епско крадење, нема да бидат случај“, рече Николоски.

Николоски се осврна на тендерот од вчерашната прес конференција.

„Овој тендер  оди на една компанија, тоа е омилената компанија на власта за крадење наречена Марковски компани, не е таа со некоја 200 годишна традиција, туку е човек фирма. Она што го презентирав вчера е тендер од фантастични 46 милиони евра само за ископ на јаглен. Ако едно средно училиште и негова градба во просек чини околу милион до милион и половина илјади евра зависи од големината, ова е некаде 40 средни училишта или од вкупно деведесетина или скоро половина може да се изградат“, кажа Николоски.

Николсоки се осврна на фактот дека  оваа компанија е на Борче Марковски кој е почесен конзул во Белорусија, информирајќи дека понудата е за 30 проценти повисока од следната понуда или понудата која била пониска.

 „Цената на Марковски компани оди 129,7 денари а следната најниска 100 денари. Оваа одлука е донесена три дена пред Нова година,“ вели Николоски кој додава како е возможно по Нова година Владата да ја укинува одлуката.

Оттука тој праша, дали е ова дел од дилот помеѓу СДСМ и ДУИ каде во братската пљачка СДСМ ќе краде од РЕК Битола, а ДУИ ќе краде од увозот на јаглен.

Николоски укажа дека ова е една од ретките негови прес конференции по која никој не се огласи, немаше ниту демант од Влада, Електрани, РЕК, СДСМ, ниту од било кое споменат.

„Имаше само громогласна тишина и што знам е дека претставници на власта се јавувале кај ваши колеги уредници и сопственици на медиуми мојата прес конференција да не се емитува или да се емитува во подолниот дел“, изјави Николоски додавајќи дека очигледно не им е по ќеиф информацијата.

Николоски посочи дека на договорот на овој тендер има 5 потписи од страна на РЕК Битола директорот, Пеце Матевски, и оти се потпишани 5 имиња Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски. Претседателот праша и зошто овие 6 луѓе прво се противеле, а потоа минатиот петок решиле да го потпишат, која е причина зошто навечер биле разрешени и сабајле пак именувани, претседателот Христијан Мицкоски од Кавадарци рече дека ќе има ваква работа и дека ќе има одговорност.

Николоски посочи дека причината зошто Македонија нема средства за инвестиции е бруталниот криминал.

The post Николоски: Власта на заминување прави епска пљачка од 46 милиони евра за ископ на јаглен appeared first on Република.

]]>

За ваквите објави на скандали најголем ефект ќе има кај истражните обвинителски и судски органи по промена на власта на 8 мај, бидејќи ќе има сериозна одговорност бидејќи станува збор за огромна злоупотреба на државни средства, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во утринската емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“ што се емитува на радио „Лидер“.
„Тоа што цената на струјата е многу висока, виновно е крадењето, а зошто, затоа што најголем дел од струјата која се троши кај малите корисници е произведена во Македонија и на неа не влијае ниту една било која светска, регионална криза затоа што таа се произведува во неколку хидроелектрани, РЕК Осломеј Кичево и во РЕК Битола. Таму се произведува и ако се работи домаќински, овие поскапувања кои одат дупло од претходно или ако некој плаќа две илјади денари, а сега одат до 4 и пет илјади денари и тоа е епско крадење, нема да бидат случај“, рече Николоски.
Николоски се осврна на тендерот од вчерашната прес конференција.
„Овој тендер  оди на една компанија, тоа е омилената компанија на власта за крадење наречена Марковски компани, не е таа со некоја 200 годишна традиција, туку е човек фирма. Она што го презентирав вчера е тендер од фантастични 46 милиони евра само за ископ на јаглен. Ако едно средно училиште и негова градба во просек чини околу милион до милион и половина илјади евра зависи од големината, ова е некаде 40 средни училишта или од вкупно деведесетина или скоро половина може да се изградат“, кажа Николоски.
Николсоки се осврна на фактот дека  оваа компанија е на Борче Марковски кој е почесен конзул во Белорусија, информирајќи дека понудата е за 30 проценти повисока од следната понуда или понудата која била пониска.
 „Цената на Марковски компани оди 129,7 денари а следната најниска 100 денари. Оваа одлука е донесена три дена пред Нова година,“ вели Николоски кој додава како е возможно по Нова година Владата да ја укинува одлуката.
Оттука тој праша, дали е ова дел од дилот помеѓу СДСМ и ДУИ каде во братската пљачка СДСМ ќе краде од РЕК Битола, а ДУИ ќе краде од увозот на јаглен. Николоски укажа дека ова е една од ретките негови прес конференции по која никој не се огласи, немаше ниту демант од Влада, Електрани, РЕК, СДСМ, ниту од било кое споменат.
„Имаше само громогласна тишина и што знам е дека претставници на власта се јавувале кај ваши колеги уредници и сопственици на медиуми мојата прес конференција да не се емитува или да се емитува во подолниот дел“, изјави Николоски додавајќи дека очигледно не им е по ќеиф информацијата.
Николоски посочи дека на договорот на овој тендер има 5 потписи од страна на РЕК Битола директорот, Пеце Матевски, и оти се потпишани 5 имиња Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски. Претседателот праша и зошто овие 6 луѓе прво се противеле, а потоа минатиот петок решиле да го потпишат, која е причина зошто навечер биле разрешени и сабајле пак именувани, претседателот Христијан Мицкоски од Кавадарци рече дека ќе има ваква работа и дека ќе има одговорност. Николоски посочи дека причината зошто Македонија нема средства за инвестиции е бруталниот криминал.

The post Николоски: Власта на заминување прави епска пљачка од 46 милиони евра за ископ на јаглен appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ: Тендерот Чебрен пропадна поради пропусти и немање капацитет ниту знаење од владата за капитални проекти https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-tenderot-chebren-propadna-poradi-propusti-i-nemane-kapatsitet-nitu-znaene-od-vladata-za-kapitalni-proekti/ Wed, 03 Jan 2024 10:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=729260

Уште пред еден месец лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отворено предупредуваше за пропусти во постапката за реализација на проектот Чебрен. Алармиравме дека Владата неколку пати ги менувала одлуките поврзани со изградбата на хидроцентралата „Чебрен”, со што создаде сложена ситуација и потенцијално голем проблем во иднина. Тогаш СДС тврдеше дека нападите се малициозни и невистинити. Месец подоцна проектот пропадна, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочува на неколку одлуки на владата кои се збунувачки и спротивставени кои подоцна влијаеја на однесувањето на инвеститорот.

-Прво Владата на Зоран Заев на 24 декември 2019 година донела одлука за отпочнување на постапката, во која се вели дека на компанијата што ќе ја добие оваа набавка ќе и биде отстапена и хидроцентралата „Тиквеш” три месеци откако ќе почне изградбата. Почнува да се гради, три месеци потоа го добиваат „Тиквеш”, па потоа треба да изгради 400-киловолтна трафостаница „Мариово” каде што ќе се поврзе хидроцентралата- наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата нова промена е направена и за времена техничката влада предводена од Оливер Спасовски.

Таа носи нова одлука на 4 февруари 2020, со која се бришат сите овие обврски наведени во првичната одлука. А две недели подоцна е објавен и јавниот повик, и во него избришаните обврски повторно се појавуваат. Ситуацијата дополнително се комплицирала со тоа што во меѓувреме е објавен повикот за компаниите да учествуваат во пред квалификацијата, во кој се вели дека победничката компанија ќе ја добие ХЕЦ „Тиквеш” три месеци откако ХЕЦ „Чебрен” ќе почне со работа, односно ќе биде завршена градбата. Тоа е голема разлика бидејќи ако од прилика таа градба трае шест години, а ХЕЦ „Тиквеш” произведува отприлика 140-150 илјади мегават часови, пазарната цена е некаде околу 120 евра мегават час, но таа е пикова енергија и е уште поскапа, но еве да речеме 120 евра мегават час, помножено со 6 години ние добиваме сума од 100 милиони евра – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека во кус период се донесени повеќе документи што не се поклопуваат еден со друг, што предизвика проблем.

Конфузијата продолжила и понатаму во постапката, па така на 14 септември минатата година сегашната влада ја избира групата „ППЦ-Архиродон”, односно грчкото електростопанство, како најповолен понудувач, повикувајќи се на одлуките пред три и пол години во кои ХЕЦ „Тиквеш” еднаш се дава три месеци по почетокот на градбата, а вториот пат се брише. Владата во обид да си направи свој нов бонбона бизнис од 100 милиони евра дополнително се заплетка. Затоа поради овој криминал и неспособност никогаш не се живеело полошо. Важно е да ги поразиме! – наведуваат од партијата.

The post ВМРО ДПМНЕ: Тендерот Чебрен пропадна поради пропусти и немање капацитет ниту знаење од владата за капитални проекти appeared first on Република.

]]>

Уште пред еден месец лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отворено предупредуваше за пропусти во постапката за реализација на проектот Чебрен. Алармиравме дека Владата неколку пати ги менувала одлуките поврзани со изградбата на хидроцентралата „Чебрен”, со што создаде сложена ситуација и потенцијално голем проблем во иднина. Тогаш СДС тврдеше дека нападите се малициозни и невистинити. Месец подоцна проектот пропадна, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочува на неколку одлуки на владата кои се збунувачки и спротивставени кои подоцна влијаеја на однесувањето на инвеститорот. -Прво Владата на Зоран Заев на 24 декември 2019 година донела одлука за отпочнување на постапката, во која се вели дека на компанијата што ќе ја добие оваа набавка ќе и биде отстапена и хидроцентралата „Тиквеш” три месеци откако ќе почне изградбата. Почнува да се гради, три месеци потоа го добиваат „Тиквеш”, па потоа треба да изгради 400-киловолтна трафостаница „Мариово” каде што ќе се поврзе хидроцентралата- наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата нова промена е направена и за времена техничката влада предводена од Оливер Спасовски.
Таа носи нова одлука на 4 февруари 2020, со која се бришат сите овие обврски наведени во првичната одлука. А две недели подоцна е објавен и јавниот повик, и во него избришаните обврски повторно се појавуваат. Ситуацијата дополнително се комплицирала со тоа што во меѓувреме е објавен повикот за компаниите да учествуваат во пред квалификацијата, во кој се вели дека победничката компанија ќе ја добие ХЕЦ „Тиквеш” три месеци откако ХЕЦ „Чебрен” ќе почне со работа, односно ќе биде завршена градбата. Тоа е голема разлика бидејќи ако од прилика таа градба трае шест години, а ХЕЦ „Тиквеш” произведува отприлика 140-150 илјади мегават часови, пазарната цена е некаде околу 120 евра мегават час, но таа е пикова енергија и е уште поскапа, но еве да речеме 120 евра мегават час, помножено со 6 години ние добиваме сума од 100 милиони евра – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека во кус период се донесени повеќе документи што не се поклопуваат еден со друг, што предизвика проблем.
Конфузијата продолжила и понатаму во постапката, па така на 14 септември минатата година сегашната влада ја избира групата „ППЦ-Архиродон”, односно грчкото електростопанство, како најповолен понудувач, повикувајќи се на одлуките пред три и пол години во кои ХЕЦ „Тиквеш” еднаш се дава три месеци по почетокот на градбата, а вториот пат се брише. Владата во обид да си направи свој нов бонбона бизнис од 100 милиони евра дополнително се заплетка. Затоа поради овој криминал и неспособност никогаш не се живеело полошо. Важно е да ги поразиме! – наведуваат од партијата.
 
The post ВМРО ДПМНЕ: Тендерот Чебрен пропадна поради пропусти и немање капацитет ниту знаење од владата за капитални проекти appeared first on Република.

]]>
Пропадна тендерот за изградба на Чебрен https://republika.mk/vesti/ekonomija/propadna-tenderot-za-izgradba-na-chebren/ Tue, 02 Jan 2024 16:28:07 +0000 https://republika.mk/?p=729061

Пропадна тендерот за Чебрен. Истече рокот во кој грчки Архиродон требаше да стави потпис на договорот за изградба на хидроцентралата. Банкарската гаранција со важност до 31-ви декември не е продолжена.

Министерката за животна средина во телефонски разговор за Сител откри дека е формиран тим од правници кои веќе ги анализираат следните чекори. Меѓу нив и дали ќе се активира банкарската гаранција вредна речиси еден и пол милион евра. Нивните препораки потоа ќе одат на разгледување во Владата.

Грчката компанија претходно поднесе жалба оти условите на тендерот биле поинакви од владината одлука. Побараа измени и не го потпишаа договорот за формирање акционерско друштво со ЕСМ, во кое македонската страна ќе има третина од капиталот.

Голем дел од експертите повикаа Чебрен да не се дава на странци. Преку јавни дебати ги презентираа лошите страни од договорот. Здружението на инженери поднесе пртеставки до неколку институции и до претседателот Пендаровски. Нивниот став беше дека државата има капацитет да го изгради овој проект.

Договорот кој остана непотпишан вели дека Архиродон за 1 милијарда евра треба да ја изгради хидроцентралата на Црна Река, а за возврат да добие две третини од управува во наредните 60 години, како и ХЕЦ Тиквеш.

Чебрен е децениски проект. Првиот тендер за јавно-приватно партнерство за изградба на хидроцентралата се појавува во 2006 година и досега пропаднаа вкупно 13 тендери.

The post Пропадна тендерот за изградба на Чебрен appeared first on Република.

]]>

Пропадна тендерот за Чебрен. Истече рокот во кој грчки Архиродон требаше да стави потпис на договорот за изградба на хидроцентралата. Банкарската гаранција со важност до 31-ви декември не е продолжена. Министерката за животна средина во телефонски разговор за Сител откри дека е формиран тим од правници кои веќе ги анализираат следните чекори. Меѓу нив и дали ќе се активира банкарската гаранција вредна речиси еден и пол милион евра. Нивните препораки потоа ќе одат на разгледување во Владата. Грчката компанија претходно поднесе жалба оти условите на тендерот биле поинакви од владината одлука. Побараа измени и не го потпишаа договорот за формирање акционерско друштво со ЕСМ, во кое македонската страна ќе има третина од капиталот. Голем дел од експертите повикаа Чебрен да не се дава на странци. Преку јавни дебати ги презентираа лошите страни од договорот. Здружението на инженери поднесе пртеставки до неколку институции и до претседателот Пендаровски. Нивниот став беше дека државата има капацитет да го изгради овој проект. Договорот кој остана непотпишан вели дека Архиродон за 1 милијарда евра треба да ја изгради хидроцентралата на Црна Река, а за возврат да добие две третини од управува во наредните 60 години, како и ХЕЦ Тиквеш. Чебрен е децениски проект. Првиот тендер за јавно-приватно партнерство за изградба на хидроцентралата се појавува во 2006 година и досега пропаднаа вкупно 13 тендери.

The post Пропадна тендерот за изградба на Чебрен appeared first on Република.

]]>
Фантом фирма на пензионерка и студентка си доби тендер од Водостопанство https://republika.mk/vesti/skopje/fantom-firma-na-penzionerka-i-studentka-si-dobi-tender-od-vodostopanstvo/ Sun, 24 Dec 2023 15:32:31 +0000 https://republika.mk/?p=726187

Компанија основана пред една година од пензионерка и студентка го добила неодамнешниот тендер на Водостопанство, иако од четирите пријавени компании таа дала една од најскапите понуди и сепак победи на јавниот повик. Ова го тврдат од скопскатата компанија за производство на делови за водовод, КАЗ груп, кои учествувала на огласот. Се сомневаат во местење на тендерските постапки и укажуваат на нелојална конкуренција.

Се сомневаме во проблематична постапка, затоa што на последниот тендер на АД Водостопанство Скопје, во тендерската спецификација од 321 ставка, оваа година сметаме дека тенденциозно се внесени три производи, кои што за жал не даваат можност за конкуренција. Овој тендер кој што е три пати поскап од она што ние го нудиме, го доби компaнија фантом, отворена пред само една година, со само еден вработен. Ние понудивме три милиони и триста, а тие понудија 10 милиони, вели за „Алфа“ Анета Корбкина од КАЗ Груп.

Од скопската семејна компанија која постои веќе три децении, велат дека голем дел од машините за производство ги дизјанираат и создаваат тие самите. Со нив, произведуваат македонски продукти, кои потоа ги извезуваат во десетици европски земји, каде што се користат за тамошните водостнабдителни системи. Но кај нас, како што велат често се дискриминирани од своите. Па посочуваат дека македонските институции и претрпијатија наместо да користат неколку пати поевтини и квалитетни домашни производи, увезуваат и неконтролирано ги тршат парите од граѓаните.

Неконтролирано трошење на народни пари, второ, ние сме домашна компанија со производство, со 40 вработени, што регуларно плаќаме плати и даноци кон државата. Компанија која што извезува во 15 земји. Штетата е голема, кога парите, неконтролирано, без никаков надзор се трошат, додаде Корбкина.

Од државното акционерско друштво Водостопанство на Македонија за телевизијата велат дека е неоснована реакцијата на КАЗ-груп и дека на јавен тендер е избрана понудата која соодветствува на барањата и критериумите на набавката, а според тоа и на цената.

По објавувањето на огласот за јавна набавка, во постапката на евалуација, врз основа на проверка на приложените технички понуди, комисијата заклучи дека од вкупно четири понуди, понудите на два економски оператори не се во согласност со дефинираните технички карактеристики на предметот на јавна набавка, барањата и условите од техничките спецификации, како и во однос на условите за извршување или функционални карактеристики на предметот на јавна набавка наведени во тендерската документација и со тоа нивните понуди нема да се разгледуваат во понатамошната постапка на евалуација на понудите.“ – Велат од АД Водостопанство, од каде додаваат дека – „Од останатите две понуди беше избран понудувач врз основа на критериумот за доделување на јавна набавка, а тоа е економски најповолна понуда врз основа на цената. По спроведената постапка за јавна набавка и Одлуката за избор на најповолен понудувач, против истата од страна на еден од економските оператори беше вложена Жалба која Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби поради неоснованост, стои во соопштението на АД Водостопанство.

Инаку се работи за тендер за набавка на резервни делови за одржување на основните водостопански објекти за наводнување и одводнување со кои управува АД Водостопанство во државна сопственост.

Според податоците на Бирото за јавни набавки на тендерот учествувале четири фирми . Понудите биле од 12,7 милиони денари до 3,39 милиони денари. Се работи за рамковна спогодба за 6 месеци.

https://youtu.be/MBc8lgl0ZRA?si=klKbTp1Q1HujdPO6

The post Фантом фирма на пензионерка и студентка си доби тендер од Водостопанство appeared first on Република.

]]>

Компанија основана пред една година од пензионерка и студентка го добила неодамнешниот тендер на Водостопанство, иако од четирите пријавени компании таа дала една од најскапите понуди и сепак победи на јавниот повик. Ова го тврдат од скопскатата компанија за производство на делови за водовод, КАЗ груп, кои учествувала на огласот. Се сомневаат во местење на тендерските постапки и укажуваат на нелојална конкуренција.
Се сомневаме во проблематична постапка, затоa што на последниот тендер на АД Водостопанство Скопје, во тендерската спецификација од 321 ставка, оваа година сметаме дека тенденциозно се внесени три производи, кои што за жал не даваат можност за конкуренција. Овој тендер кој што е три пати поскап од она што ние го нудиме, го доби компaнија фантом, отворена пред само една година, со само еден вработен. Ние понудивме три милиони и триста, а тие понудија 10 милиони, вели за „Алфа“ Анета Корбкина од КАЗ Груп.
Од скопската семејна компанија која постои веќе три децении, велат дека голем дел од машините за производство ги дизјанираат и создаваат тие самите. Со нив, произведуваат македонски продукти, кои потоа ги извезуваат во десетици европски земји, каде што се користат за тамошните водостнабдителни системи. Но кај нас, како што велат често се дискриминирани од своите. Па посочуваат дека македонските институции и претрпијатија наместо да користат неколку пати поевтини и квалитетни домашни производи, увезуваат и неконтролирано ги тршат парите од граѓаните.
Неконтролирано трошење на народни пари, второ, ние сме домашна компанија со производство, со 40 вработени, што регуларно плаќаме плати и даноци кон државата. Компанија која што извезува во 15 земји. Штетата е голема, кога парите, неконтролирано, без никаков надзор се трошат, додаде Корбкина.
Од државното акционерско друштво Водостопанство на Македонија за телевизијата велат дека е неоснована реакцијата на КАЗ-груп и дека на јавен тендер е избрана понудата која соодветствува на барањата и критериумите на набавката, а според тоа и на цената.
По објавувањето на огласот за јавна набавка, во постапката на евалуација, врз основа на проверка на приложените технички понуди, комисијата заклучи дека од вкупно четири понуди, понудите на два економски оператори не се во согласност со дефинираните технички карактеристики на предметот на јавна набавка, барањата и условите од техничките спецификации, како и во однос на условите за извршување или функционални карактеристики на предметот на јавна набавка наведени во тендерската документација и со тоа нивните понуди нема да се разгледуваат во понатамошната постапка на евалуација на понудите.“ – Велат од АД Водостопанство, од каде додаваат дека – „Од останатите две понуди беше избран понудувач врз основа на критериумот за доделување на јавна набавка, а тоа е економски најповолна понуда врз основа на цената. По спроведената постапка за јавна набавка и Одлуката за избор на најповолен понудувач, против истата од страна на еден од економските оператори беше вложена Жалба која Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби поради неоснованост, стои во соопштението на АД Водостопанство.
Инаку се работи за тендер за набавка на резервни делови за одржување на основните водостопански објекти за наводнување и одводнување со кои управува АД Водостопанство во државна сопственост. Според податоците на Бирото за јавни набавки на тендерот учествувале четири фирми . Понудите биле од 12,7 милиони денари до 3,39 милиони денари. Се работи за рамковна спогодба за 6 месеци. https://youtu.be/MBc8lgl0ZRA?si=klKbTp1Q1HujdPO6

The post Фантом фирма на пензионерка и студентка си доби тендер од Водостопанство appeared first on Република.

]]>
Објавен тендерот за третата фаза од пругата кон Бугарија https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-tenderot-za-tretata-faza-od-prugata-kon-bugarija/ Sat, 23 Dec 2023 10:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=725877

Објавен е тендерот за избор на изведувач на третата делница од пругата кон Бугарија, од Крива Паланка до бугарската граница. Истовремено, во тек е и процесот за избор на надзорен инженер и на консултант за техничка помош на инвеститорот (ЖРСМ Инфраструктура).

Се очекува во првиот квартал 2024 година да се избере консултант за техничка помош, во вториот квартал надзорен инженер, додека пак тендерската постапка за избор на изведувач да се заокружи во третиот квартал на 2024 година. Според оваа динамика, активностите на терен би започнале во 2025 година за што повеќе детали ќе се има по одобрување на динамичниот план на изведувачот, изјавија за МИА од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Постапката за експорпријација за оваа делница е во тек, а досега се завршени 60 проценти, претежно во руралните средини.

Средствата во износ од 560 милиони евра како проценета вредност за оваа делница се веќе обезбедени, со грант од 61 милион евра од ИПА компонентата, 149 милиони евра од ВБИФ и два заеми од ЕБОР и ЕИБ од по 175 милиони евра.

Во наредната година, ЖРСМ Инфраструктура најавува дека ќе продолжи со градежните работи кои се во тек на двете делници на источниот дел од Коридор 8, на делницата Куманово - Бељаковци и на Бељаковци - Крива Паланка.

Од Министерството за транспорт и врски и од ЖРСМ Инфраструктура велат дека на првите две делници од пругата кон Бугарија, работите се одвиваат согласно одобрените динамички планови на изведувачите Ѓулермак и Страбаг.

Делницата Куманово до Бељаковц е изградена над 45 проценти и според оваа динамика, Министерството за транспорт очекува да биде пуштена за сообраќај во октомври следната година.

За втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка прогресот на работи е над 18 проценти, таму изведувачот ги надмина сите предизвици и според договорниот рок очекуваме да биде завршена во февруари 2026 година, изјавија за МИА од Министерството за транспорт и врски.

Инвестицијата за првите две фази изнесува околу 200 милиони евра.

Работна група за западниот железниччки дел од Коридор 8

За изградбата на западниот дел од железницата на Коридор 8, формирана е работна комисија која работи на постапките за изградба и на овој дел од пругата.

Планирано е да се реализира во две фази, од Кичево до Струга и од Струга до границате со Албанија.

Во овој момент комисијата работи на апликација за грант средства до КОНЕКТА кои ќе бидат потребни за да се направи ревизијата на основниот проект, информираат од Министерството за транспорт. МФ работи на преговори со меѓународни институции за финансирање за изградба на овој западен коридор, информираат од ресорното Министерство.

Трите проектирани делници на источното крило на Коридорот 8 се со вкупна должина од 89 километри (од Куманово до Бељаковце 31 километар, од Бељаковце до Крива Паланка 34 и од Крива Паланка до граница со Бугарија 24 километри). Проектираната пруга на западното крило на потегот од Кичево до границата со Албанија е 63 километри.

The post Објавен тендерот за третата фаза од пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>

Објавен е тендерот за избор на изведувач на третата делница од пругата кон Бугарија, од Крива Паланка до бугарската граница. Истовремено, во тек е и процесот за избор на надзорен инженер и на консултант за техничка помош на инвеститорот (ЖРСМ Инфраструктура).
Се очекува во првиот квартал 2024 година да се избере консултант за техничка помош, во вториот квартал надзорен инженер, додека пак тендерската постапка за избор на изведувач да се заокружи во третиот квартал на 2024 година. Според оваа динамика, активностите на терен би започнале во 2025 година за што повеќе детали ќе се има по одобрување на динамичниот план на изведувачот, изјавија за МИА од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.
Постапката за експорпријација за оваа делница е во тек, а досега се завршени 60 проценти, претежно во руралните средини. Средствата во износ од 560 милиони евра како проценета вредност за оваа делница се веќе обезбедени, со грант од 61 милион евра од ИПА компонентата, 149 милиони евра од ВБИФ и два заеми од ЕБОР и ЕИБ од по 175 милиони евра. Во наредната година, ЖРСМ Инфраструктура најавува дека ќе продолжи со градежните работи кои се во тек на двете делници на источниот дел од Коридор 8, на делницата Куманово - Бељаковци и на Бељаковци - Крива Паланка. Од Министерството за транспорт и врски и од ЖРСМ Инфраструктура велат дека на првите две делници од пругата кон Бугарија, работите се одвиваат согласно одобрените динамички планови на изведувачите Ѓулермак и Страбаг. Делницата Куманово до Бељаковц е изградена над 45 проценти и според оваа динамика, Министерството за транспорт очекува да биде пуштена за сообраќај во октомври следната година.
За втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка прогресот на работи е над 18 проценти, таму изведувачот ги надмина сите предизвици и според договорниот рок очекуваме да биде завршена во февруари 2026 година, изјавија за МИА од Министерството за транспорт и врски.
Инвестицијата за првите две фази изнесува околу 200 милиони евра. Работна група за западниот железниччки дел од Коридор 8 За изградбата на западниот дел од железницата на Коридор 8, формирана е работна комисија која работи на постапките за изградба и на овој дел од пругата. Планирано е да се реализира во две фази, од Кичево до Струга и од Струга до границате со Албанија.
Во овој момент комисијата работи на апликација за грант средства до КОНЕКТА кои ќе бидат потребни за да се направи ревизијата на основниот проект, информираат од Министерството за транспорт. МФ работи на преговори со меѓународни институции за финансирање за изградба на овој западен коридор, информираат од ресорното Министерство.
Трите проектирани делници на источното крило на Коридорот 8 се со вкупна должина од 89 километри (од Куманово до Бељаковце 31 километар, од Бељаковце до Крива Паланка 34 и од Крива Паланка до граница со Бугарија 24 километри). Проектираната пруга на западното крило на потегот од Кичево до границата со Албанија е 63 километри.

The post Објавен тендерот за третата фаза од пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>
Околу Нова година нови тендери за доградба на Штипската и Кичевската болница https://republika.mk/vesti/makedonija/okolu-nova-godina-novi-tenderi-za-dogradba-na-shtipskata-i-kichevskata-bolnitsa/ Mon, 11 Dec 2023 12:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=721758

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека околу Нова година ќе има нови тендери за доградба на новите згради на болниците во Кичево и во Штип.

Ова го најави денеска од МАНУ каде заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири беа на презентација на нова апаратура за генетско испитување.

Се шпекулираше дека нема да се раскине тој договор за Кичевската болница. Веќе е раскинат, поточно, приближно пред две недели го раскинав. Така како што се заложивме од првиот ден со Кабинетот, кажавме дека сите спорни прашања, сите спорни проекти во здравството, што не се градат со децении, која голгота беше и Кичевската болница, 33 години, како што знаете и со Штипската, значи ги решаваме сите отворени и спорни прашања. Така и Кичевската болница, веќе е раскинат, или пред Нова година или по Нова година, зависи од процедурите ќе биде објавена и доградбата, тендерот за Штипската клиничка болница. Така ќе продолжиме и со Кичевската болница, изјави Меџити.

Новата зграда за болницата во Кичево е почната уште во 90-тите години, а во Штип темели за нов објект се почнати пред седум години во 2016 година.

The post Околу Нова година нови тендери за доградба на Штипската и Кичевската болница appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека околу Нова година ќе има нови тендери за доградба на новите згради на болниците во Кичево и во Штип. Ова го најави денеска од МАНУ каде заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири беа на презентација на нова апаратура за генетско испитување.
Се шпекулираше дека нема да се раскине тој договор за Кичевската болница. Веќе е раскинат, поточно, приближно пред две недели го раскинав. Така како што се заложивме од првиот ден со Кабинетот, кажавме дека сите спорни прашања, сите спорни проекти во здравството, што не се градат со децении, која голгота беше и Кичевската болница, 33 години, како што знаете и со Штипската, значи ги решаваме сите отворени и спорни прашања. Така и Кичевската болница, веќе е раскинат, или пред Нова година или по Нова година, зависи од процедурите ќе биде објавена и доградбата, тендерот за Штипската клиничка болница. Така ќе продолжиме и со Кичевската болница, изјави Меџити.
Новата зграда за болницата во Кичево е почната уште во 90-тите години, а во Штип темели за нов објект се почнати пред седум години во 2016 година.  

The post Околу Нова година нови тендери за доградба на Штипската и Кичевската болница appeared first on Република.

]]>
„ДУИинг“ бизнис: Се мести тендер од 4.5 милиони евра во Тетово за партиска градежна фирма? https://republika.mk/vesti/makedonija/duiing-biznis-se-mesti-tender-od-4-5-milioni-evra-vo-tetovo-za-partiska-gradezhna-firma/ Fri, 27 Oct 2023 07:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=695402

Дали ДУИ мести тендер од 4.5 милиони евра во Тетово за партиска градежна фирма?На 12 октомври годинава МОН на Јетон Шаќири распишува јавен оглас за избор на фирма за реконструкција на средното училиште Моша Пијаде во Тетово во вредност од 4.5 милиони евраТендерот кој е еден од поголемите во обем во државата го следат многу контроверзии.Постојат сомнежи дека ДУИ го мести за партиска градежна фирма, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Според условите на повикот фирмите кои воопшто може да учествуваат мора да имаат реализирани минимум три договори во последните пет години, од кои барем еден да биде со сума не помала од 160 милиони денари. Дополнително фирмите мора да имаат приход не помал од 287 милиони денари за секоја од последните три години.

Според условите на тендерот станува јасно дека веќе однапред е скицирана фирмата или фирмите кои треба да се јават на него, а потоа и да го добијат.

Дали повторно како фирма добитник на овој тендер ќе се јави фирма донатор на ДУИ или фирма блиска до врвот на оваа партија?-прашува партијата.

The post „ДУИинг“ бизнис: Се мести тендер од 4.5 милиони евра во Тетово за партиска градежна фирма? appeared first on Република.

Мизрахи до Филипче: Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога Клиниката никогаш не ви доставила спецификација https://republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-do-filipche-kako-ste-pravele-tenderi-za-nabavka-na-lekovi-koga-klinikata-nikogash-ne-vi-dostavila-spetsifikatsija/ Tue, 17 Oct 2023 13:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=692182

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи која е и прв човек на Анкетната комисија за онкологија поранешниот министер за здравство, Венко Филипче го праша како спроведувал тендери кога бил министер за здравство кога не добивал спецификација од Клиниката за онкологија за тоа какви лекови треба, колкава количина.

Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога никогаш не ви доставила спецификација за лекови, количини за лекарствата“, го праша Мизрахи, поранешниот министер за здравство, Филипче кој денеска беше на распит во Анкетната комисија.

Мизрахи посочи дека ова е тема на која не смее да има било какви политизирања.

https://republika.mk/vesti/makedonija/venko-filipche-ne-stignala-informatsija-do-mene-deka-vo-2020-godina-na-onkologija-sestrata-kradela-tsitostatitsi/

Ниту се обидувам, ниту би се обидела да политизирам ваква тема и ваква расправа во Собранието. Рековте дека немате забелешки на ревизорскиот извештај за Онкологија кој вели дека немало стручен колегиум кој би ја има соодветна листа, а ревизорот достави листа до сите пратеници и доказ за тоа еве ја листата нема ништо. Како правите тендер за одредени лекови за количини кога никогаш не ви доставиле спецификација, му посочи Мизрахи на Филипче.

На Анкетната комисија на распит минатата недела беше и претходниот министер за здравство, Беким Сали.

Анкетната комисија беше формирана на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се разреши овој монструозен случај на Онкологија.

The post Мизрахи до Филипче: Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога Клиниката никогаш не ви доставила спецификација appeared first on Република.

]]>

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи која е и прв човек на Анкетната комисија за онкологија поранешниот министер за здравство, Венко Филипче го праша како спроведувал тендери кога бил министер за здравство кога не добивал спецификација од Клиниката за онкологија за тоа какви лекови треба, колкава количина.
Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога никогаш не ви доставила спецификација за лекови, количини за лекарствата“, го праша Мизрахи, поранешниот министер за здравство, Филипче кој денеска беше на распит во Анкетната комисија.
Мизрахи посочи дека ова е тема на која не смее да има било какви политизирања. https://republika.mk/vesti/makedonija/venko-filipche-ne-stignala-informatsija-do-mene-deka-vo-2020-godina-na-onkologija-sestrata-kradela-tsitostatitsi/
Ниту се обидувам, ниту би се обидела да политизирам ваква тема и ваква расправа во Собранието. Рековте дека немате забелешки на ревизорскиот извештај за Онкологија кој вели дека немало стручен колегиум кој би ја има соодветна листа, а ревизорот достави листа до сите пратеници и доказ за тоа еве ја листата нема ништо. Како правите тендер за одредени лекови за количини кога никогаш не ви доставиле спецификација, му посочи Мизрахи на Филипче.
На Анкетната комисија на распит минатата недела беше и претходниот министер за здравство, Беким Сали. Анкетната комисија беше формирана на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се разреши овој монструозен случај на Онкологија.

The post Мизрахи до Филипче: Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога Клиниката никогаш не ви доставила спецификација appeared first on Република.

]]>
Уште еден милионски тендер за „Еуровиа“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-eden-milionski-tender-za-eurovia/ Tue, 19 Sep 2023 10:17:19 +0000 https://republika.mk/?p=683112

Градежната фирма „Еуровија ДООЕЛ Желино“ e избрана на уште еден милионски тендер, овојпат за „Регулација на дел од ободен канал во н.м Арачиново, општина Арачиново“, услуга која ќе ја чини државата 1.038.833 евра.

Понуда на тендерот на Министерството за животна средина и просторно планирање дале и фирмите „Вардарградба“ од Трубарево и „Ленди груп“ од Скопје, но сепак одлуката паднала на донаторот на ДУИ.

Оваа компанија, меѓудругото, е ангажирана за 1,8 милиони евра да го преуреди просторот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ за настан на ОБСЕ и потребите на МНР, за околу 4 милиони евра ја гради полициската станица Аеродром преку тендерот на МВР, а ангажирани се и за расчистување на автопатиштата. Избрана е и за подизведувач во изградбата на коридорите 8 и 10д од страна на американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, со кого владата пред околу 6 месеци потпиша договор вреден над милијарда и 300 милиони евра.

Еуровија стана позната во јавноста и како фирма која лани била најголем донатор на политичката партија ДУИ, додека извршувала јавни работи за државата, што пак е спротивно на законот за финансирање на политички партии.

The post Уште еден милионски тендер за „Еуровиа“ appeared first on Република.

]]>

Градежната фирма „Еуровија ДООЕЛ Желино“ e избрана на уште еден милионски тендер, овојпат за „Регулација на дел од ободен канал во н.м Арачиново, општина Арачиново“, услуга која ќе ја чини државата 1.038.833 евра. Понуда на тендерот на Министерството за животна средина и просторно планирање дале и фирмите „Вардарградба“ од Трубарево и „Ленди груп“ од Скопје, но сепак одлуката паднала на донаторот на ДУИ. Оваа компанија, меѓудругото, е ангажирана за 1,8 милиони евра да го преуреди просторот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ за настан на ОБСЕ и потребите на МНР, за околу 4 милиони евра ја гради полициската станица Аеродром преку тендерот на МВР, а ангажирани се и за расчистување на автопатиштата. Избрана е и за подизведувач во изградбата на коридорите 8 и 10д од страна на американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, со кого владата пред околу 6 месеци потпиша договор вреден над милијарда и 300 милиони евра. Еуровија стана позната во јавноста и како фирма која лани била најголем донатор на политичката партија ДУИ, додека извршувала јавни работи за државата, што пак е спротивно на законот за финансирање на политички партии.

The post Уште еден милионски тендер за „Еуровиа“ appeared first on Република.

]]>
Поранешен портпарол и актуелен потпретседател на партија, ако не знае кој му е партиски спонзор, да си ја активира одложената оставка и да се врати во медицина, ама како пациент https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshen-portparol-i-aktuelen-potpretsedatel-na-partija-ako-ne-znae-koj-mu-e-partiski-sponzor-da-si-ja-aktivira-odlozhenata-ostavka-i-da-se-vrati-vo-meditsina-ama-kako-patsient/ Wed, 30 Aug 2023 13:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=677304

Османи дознал од медиумите дека „Еуровиа“ е донатор на ДУИ: Не бев среќен кога видов дека е прворангирана на тендерот, пишува аналитичарот Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.

Сега вака, поранешен портпарол и актуелен потпретседател на партија, па уште ДУИ, ако не знае кој му е партиски спонзор, треба да си ја активира таа одложената оставка и да се врати во медицина, ама како пациент.

Немој да не јебеш.

Второ, самата фирма е откриена дека лажеше оти не била спонзор на ДУИ, како што е потврдено од извештајот на партијата до УЈП.

Значи, што дедуктивно, што индуктивно, лажат и двете страни, лажат за се, лажат секогаш, а кој лаже тој и краде од се и краде секогаш.

The post Поранешен портпарол и актуелен потпретседател на партија, ако не знае кој му е партиски спонзор, да си ја активира одложената оставка и да се врати во медицина, ама како пациент appeared first on Република.

Мицкоски: Во ДУИ секој министер си има своја фирма, така е и со Османи, одговорност ќе има! https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-dui-sekoj-minister-si-ima-svoja-firma-taka-e-i-so-osmani-odgovornost-ke-ima/ Mon, 28 Aug 2023 14:31:29 +0000 https://republika.mk/?p=676632

Во ДУИ секој министер си има своја фирма. И секој министер преку таа фирма ги краде граѓаните во тендери во четири очи, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар по информацијата дека МНР префрлила пари на внукот на поранешниот министер од ДУИ и донатор на партијата за организирање на настан.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-belgradska-politika-nema-garantsii-deka-ova-ke-bide-poslednata-promena-na-ustavot/

Таков е и овој случај каде што фирма која што претходно се легитимирала како донатор на ДУИ добива тендер, а со тој тендер треба да направи одредени градежни зафати во СЦ Борис Трајковски каде што на крајот на декември месец ќе се одржи Самитот на претседател на држави на земјите членки на ОБСЕ. Си тоа практично се легитимира и организаторот а тоа е Бујар Османи кој што е во својство на министер за надворешни работи, бидејќи Ковачевски никој во суштина не го прашал. Него само му кажуваат ти ќе бидеш денеска уште еден ден повеќе премиер, другото остави го и така не те бива за таа работа, еве тука ти се ресурсите, те возат лево десно ,те викаат премиер уште малку, другото си е наша работа. Така што него никој ништо не го прашува. Бујар Османи си има своја фирма си ја ангажира таа фирма. Таа фирма е донатор на ДУИ за градежни зафати во СЦ Борис Трајковски, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски нагласи дека за ова по промена на власта ќе следи одговорност и дека секој кој што се огрешил пред законот ќе одговара, а секој кој што мисли дека ќе се спаси, како што рече тој се лаже.

Но, сакам да кажам дека веднаш по промената на владата ќе следи и одговорност. Ако некој мисли дека туку така ќе се спаси и дека ДУИ и понатаму и овие фирми блиски до ДУИ ќе бидат заштитени како до сега се лажат, порача Мицкоски и додаде дека малку повеќе се преиграа и за ова ќе следи одговорност.

The post Мицкоски: Во ДУИ секој министер си има своја фирма, така е и со Османи, одговорност ќе има! appeared first on Република.

]]>

Во ДУИ секој министер си има своја фирма. И секој министер преку таа фирма ги краде граѓаните во тендери во четири очи, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар по информацијата дека МНР префрлила пари на внукот на поранешниот министер од ДУИ и донатор на партијата за организирање на настан. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-belgradska-politika-nema-garantsii-deka-ova-ke-bide-poslednata-promena-na-ustavot/
Таков е и овој случај каде што фирма која што претходно се легитимирала како донатор на ДУИ добива тендер, а со тој тендер треба да направи одредени градежни зафати во СЦ Борис Трајковски каде што на крајот на декември месец ќе се одржи Самитот на претседател на држави на земјите членки на ОБСЕ. Си тоа практично се легитимира и организаторот а тоа е Бујар Османи кој што е во својство на министер за надворешни работи, бидејќи Ковачевски никој во суштина не го прашал. Него само му кажуваат ти ќе бидеш денеска уште еден ден повеќе премиер, другото остави го и така не те бива за таа работа, еве тука ти се ресурсите, те возат лево десно ,те викаат премиер уште малку, другото си е наша работа. Така што него никој ништо не го прашува. Бујар Османи си има своја фирма си ја ангажира таа фирма. Таа фирма е донатор на ДУИ за градежни зафати во СЦ Борис Трајковски, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски нагласи дека за ова по промена на власта ќе следи одговорност и дека секој кој што се огрешил пред законот ќе одговара, а секој кој што мисли дека ќе се спаси, како што рече тој се лаже.
Но, сакам да кажам дека веднаш по промената на владата ќе следи и одговорност. Ако некој мисли дека туку така ќе се спаси и дека ДУИ и понатаму и овие фирми блиски до ДУИ ќе бидат заштитени како до сега се лажат, порача Мицкоски и додаде дека малку повеќе се преиграа и за ова ќе следи одговорност.

The post Мицкоски: Во ДУИ секој министер си има своја фирма, така е и со Османи, одговорност ќе има! appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска ќе проверува како донаторот на ДУИ од Желино доби милионски тендер од Османи https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-ke-proveruva-kako-donatorot-na-dui-od-zhelino-dobi-milionski-tender-od-osmani/ Sun, 27 Aug 2023 15:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=676387

Антикорупциска под лупа ја става фирмата од Желино која доби тендер од 1,8 милиони евра од  МНР со кое раковдои Бујар Османи за да органзира настан на ОБСЕ, а која воедно и е најголем донатор на ДУИ, матичната партија на министерот.

На „Еуровиа“ во сопственост на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот втор човек во ДУИ Абдулаким Адеми, ова и е трет тендер за нецела година. Таа го доби и тендерот за изградба на полициската станица во Аеродром вреден 2 милиони евра, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза”.

Од друга страна, фирмата донирала на ДУИ 1,85 милиони денари како правно лице, додека Ељмедин лично на партијата и дал нешто над 2,5 милиони денари.

Според договорот, ќе се поправа и ќе се поставува нова електрична инсталација, нова климатизација и системи за греење и ладење, ќе се поставуваат и билјерски единици за топла вода, ќе има партнерно уредување. Сепак, најголемите пари ќе се потрошат за адаптација на просторот и за мебел. Покрај главните сали, предвидени се десетина канцеларии за делегации, билатерални простории, пулотови за помош, прес-сали, но и простор за одмор, кафетерии, простор за возачи и вип простории. Од мебел, освен паноа, маси, пултови, ќе се набавуваат и троседи за релексација за делегати, коњопои, клуб масички и декорации за енетериер.

Опозицијата реагираше дека ова се премногу пари за еден настан и дека со нив може да се изгради цел еден нов објект.

The post Антикорупциска ќе проверува како донаторот на ДУИ од Желино доби милионски тендер од Османи appeared first on Република.

]]>

Антикорупциска под лупа ја става фирмата од Желино која доби тендер од 1,8 милиони евра од  МНР со кое раковдои Бујар Османи за да органзира настан на ОБСЕ, а која воедно и е најголем донатор на ДУИ, матичната партија на министерот. На „Еуровиа“ во сопственост на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот втор човек во ДУИ Абдулаким Адеми, ова и е трет тендер за нецела година. Таа го доби и тендерот за изградба на полициската станица во Аеродром вреден 2 милиони евра, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза”. Од друга страна, фирмата донирала на ДУИ 1,85 милиони денари како правно лице, додека Ељмедин лично на партијата и дал нешто над 2,5 милиони денари. Според договорот, ќе се поправа и ќе се поставува нова електрична инсталација, нова климатизација и системи за греење и ладење, ќе се поставуваат и билјерски единици за топла вода, ќе има партнерно уредување. Сепак, најголемите пари ќе се потрошат за адаптација на просторот и за мебел. Покрај главните сали, предвидени се десетина канцеларии за делегации, билатерални простории, пулотови за помош, прес-сали, но и простор за одмор, кафетерии, простор за возачи и вип простории. Од мебел, освен паноа, маси, пултови, ќе се набавуваат и троседи за релексација за делегати, коњопои, клуб масички и декорации за енетериер. Опозицијата реагираше дека ова се премногу пари за еден настан и дека со нив може да се изгради цел еден нов објект.

The post Антикорупциска ќе проверува како донаторот на ДУИ од Желино доби милионски тендер од Османи appeared first on Република.

]]>
Објавен тендер за претквалификација за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-tender-za-pretkvalifikatsija-za-vtorata-faza-od-avtopatot-skopje-blatse/ Thu, 13 Jul 2023 09:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=660772

Објавен е тендер за изградба на 10,5 километри од автопатската делница Скопје-Блаце, со кој се упатува покана за претквалификација за изведувач на активностите од втората фаза.

Повикот е отворен до 21 август годинава.

Објавата е достапна на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој, од која за проектот е обезбеден заем во износ од 167 милиони евра, а 20,8 милиони евра грант се на располагање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри.

The post Објавен тендер за претквалификација за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>

Објавен е тендер за изградба на 10,5 километри од автопатската делница Скопје-Блаце, со кој се упатува покана за претквалификација за изведувач на активностите од втората фаза. Повикот е отворен до 21 август годинава. Објавата е достапна на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој, од која за проектот е обезбеден заем во износ од 167 милиони евра, а 20,8 милиони евра грант се на располагање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри.

The post Објавен тендер за претквалификација за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>
Постапките не ги одлучува министерот, се почитува Законот за учебници, вели Шаќири за тендерските услови на учебниците https://republika.mk/vesti/makedonija/postapkite-ne-gi-odluchuva-ministerot-se-pochituva-zakonot-za-uchebnitsi-veli-shakiri-za-tenderskite-uslovi-na-uchebnitsite/ Tue, 16 May 2023 15:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=641459

Постапките и законите се почитуваат од Законот за учебници, на првиот повик се појавија повеќе од 10 компании, значи имаат пристапна конкуренција. Исто така, во постапките не одлучува министерот, вклучено е и упатство за работа, има и комисија, има и рецензенти и експерти кои имаат долгогодишно работно искуство во овие работи, изјави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, во одговор на новинарско прашање за начинот на избор на фирма во тендерските услови за учебниците за време на денешната прес-конференција поврзано со безбедноста на училиштата.

Во буџетот се обезбедени буџетски средства за целосно да се исполнат барањата на основните и средните училиште оваа учебна година. Исто така, се обезбедени буџетски средства и наредната учебна година да се обезбедат учебници за сите основни и средни училишта. Значи, ќе имаме учебници, буџетски средства за сите основни и средни училишта вклучувајќи и странски јазици кои се подолг период, додаде Шаќири.

Тој ги повика сите страни да ги следат сите постапки од начинот на одобрување, начинот на согласност, да бидат вклучен во целиот процес на издавање, односно одобрување на учебник за странски јазик, исто така и во постапките за печатење на учебниците.

The post Постапките не ги одлучува министерот, се почитува Законот за учебници, вели Шаќири за тендерските услови на учебниците appeared first on Република.

Мицкоски објави нови документи за скандалот со надзорот на коридор 8, четворица експерти добиле 900.000 евра за еден месец работа https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-objavi-novi-dokumenti-za-skandalot-so-nadzorot-na-koridor-8-chetvoritsa-eksperti-dobile-900-000-evra-za-eden-mesets-rabota/ Thu, 23 Mar 2023 19:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=623012

Нашите критики се кон криминалот кој што го прават официјалните лица од Демократската унија за интеграција, не е само кон Артан Груби, има таму и други луѓе за кои што допрва ќе излегуваат криминални афери за сето тоа што ние го имаме документирано. Ако вие мислите дека треба да премолчиме за наместениот тендер за надзор и супервизија на проектот за Коридорот 8 и 10Д, но простете нема да премолчиме, бидејќи е евидентен криминалот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека околу тендерот за надзор и супервизија на коридорите 8 и 10Д криминалот е евидентен и еклантантен.

Таму имате тендер кој што е местен, во тендерот се менувани условите додека тендерот трае. Знаете ли колку пари наплатиле четирите експерти кои што работеа еден месец за да го изготват договорот со фирмата изведувач? Видете, 900.000 евра за еден месец. Видете јас сум доктор по науки, сум учествувал во многу вакви проекти пред да се занимавам со високата политика, и се чувствувам прилично моќен во тоа со кое што сум се школувал и за кое што имам искуство. Ни приближно вакви експертски услуги досега не сум имал“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека 900.000 евра четворица експерти поделиле за еден месец односно по 225.000 по човек. И уште останатите 300.000 ќе им се исплатат.

Нормално ли ви е ова? Најсиромашната држава во Европа, една од најсиромашните прави капитален проект чие буџетирање не е завршено. Не можеме да подржиме криминален тендер како што е овој, каде што јасно се менуваат правилата, а се менуваат затоа што една компанија од конзорциумот не ги исполнува условите според тендерот“, изјави Мицкоски.

Тој исто така потсети дека другата компанија од конзорциумот кога почнува тендерот нема лиценца за надзор, односно е во процес на добивање на лиценца за надзор и супервизија.

Тоа е онаа компанијата која што се занимава со производство на долен веш, појасни Мицкоски.

The post Мицкоски објави нови документи за скандалот со надзорот на коридор 8, четворица експерти добиле 900.000 евра за еден месец работа appeared first on Република.