теквондо Archives - Република https://republika.mk/tema/tekvondo/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 07:13:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png теквондо Archives - Република https://republika.mk/tema/tekvondo/ 32 32 Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mihail-gatsov-osvojuva-zlato-za-italija-i-sonuva-da-se-bori-za-makedonija/ Wed, 22 May 2024 07:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=780671

И покрај успесите во Италија, мојата најголема желба е да бидам дел од македонската теквондо репрезентација, вели 16-годишниот Михаил Гацов кој реди успеси и медали во новиот дом, но сака да ги брани црвено-жолтите бои.

Сител“ ја пренесува сторијата за ова момче родено во Македонија, кое најраното детство го поминало во Свети Николе. Токму таму се родила и неговата љубов кон теквондо, спорт кој денеска е негово секојдневие, но и причина за гордост. Љубовта која се родила во Свети Николе, прераснала во реалност откако неговото семејство пред неколку години се преселило во Италија. Михаил ја искористил можноста и веднаш се зачленил во клубот Black Tiger, во Мерано. Во овој клуб младиот Гацов ги стекнал првите вештини, а со помош на неговиот тренер Раби Буготаја успехот бил неизбежен па денеска е носител на повеќе од 20 златни медали освоени на повеќе државни натпревари во Италија, но и на меѓународните турнири во Швајцарија и Австрија. Иако има само 16 години, засега успешно менаџира помеѓу училиштето и спортот. Тренира четири пати неделно, а за да се постигне добар резултат, како што ни открива Михаил, еден тренинг трае по најмалку два часа.

Овој спорт, како и секој друг спорт бара дисциплина, посветеност, но и физичка и психичка подготвеност. Најголема посветеност има пред турнири, а тогаш покрај интензивните тренинзи морам да се придржувам и на посебен режим на исхрана. И покрај сето ова најголемо задоволство ми е кога по напорната работа ќе постигнам добар резултат, вели Михаил.

Во моментов има црвен појас, а само уште два чекори го делат од највисокиот степен во теквондото, односно освојувањето на црниот појас. Шеснаесет годишното момче меѓу другите успева да ги освои и златните трофеи на Golden Roof Insburg Cup Austria, Insubria Cup Busto Arsizio, Milano Dolomite Cup Schio- Veneto, Taekwondo Day Sud Tirol, а како што ни откри, посебно горд е на златото освоено во Австрија, каде вложил и најмногу труд борејќи се со противници од потешка категорија, носители на црн појас.

И покрај успесите во Италија, мојата најголема желба е да бидам дел од македонската теквондо репрезентација. Нема поголема чест од тоа да ги претставувам и бранам боите на македонското знаме, вели Михаил Гацов.

Тинејџерот роден во Македонија од срце им препорачува на сите млади да се бават со спорт, затоа што позитивните влијанија на боречките вештини се големи. Тој е голем вљубеник во боречките вештини а не ги пропушта ниту UFC натпреварувањата, а негови идоли се пензионираниот Карло Молфета, но и македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал на олимпијадата во Токио.  Михаил Гацов е среќен што неговите чекори веќе ги следи и неговиот помал брат Јован кој две години е член на истиот клуб во Мерано, Италија и ги постигнува првите успеси.

The post Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија appeared first on Република.

]]>

И покрај успесите во Италија, мојата најголема желба е да бидам дел од македонската теквондо репрезентација, вели 16-годишниот Михаил Гацов кој реди успеси и медали во новиот дом, но сака да ги брани црвено-жолтите бои. „Сител“ ја пренесува сторијата за ова момче родено во Македонија, кое најраното детство го поминало во Свети Николе. Токму таму се родила и неговата љубов кон теквондо, спорт кој денеска е негово секојдневие, но и причина за гордост. Љубовта која се родила во Свети Николе, прераснала во реалност откако неговото семејство пред неколку години се преселило во Италија. Михаил ја искористил можноста и веднаш се зачленил во клубот Black Tiger, во Мерано. Во овој клуб младиот Гацов ги стекнал првите вештини, а со помош на неговиот тренер Раби Буготаја успехот бил неизбежен па денеска е носител на повеќе од 20 златни медали освоени на повеќе државни натпревари во Италија, но и на меѓународните турнири во Швајцарија и Австрија. Иако има само 16 години, засега успешно менаџира помеѓу училиштето и спортот. Тренира четири пати неделно, а за да се постигне добар резултат, како што ни открива Михаил, еден тренинг трае по најмалку два часа.
Овој спорт, како и секој друг спорт бара дисциплина, посветеност, но и физичка и психичка подготвеност. Најголема посветеност има пред турнири, а тогаш покрај интензивните тренинзи морам да се придржувам и на посебен режим на исхрана. И покрај сето ова најголемо задоволство ми е кога по напорната работа ќе постигнам добар резултат, вели Михаил.
Во моментов има црвен појас, а само уште два чекори го делат од највисокиот степен во теквондото, односно освојувањето на црниот појас. Шеснаесет годишното момче меѓу другите успева да ги освои и златните трофеи на Golden Roof Insburg Cup Austria, Insubria Cup Busto Arsizio, Milano Dolomite Cup Schio- Veneto, Taekwondo Day Sud Tirol, а како што ни откри, посебно горд е на златото освоено во Австрија, каде вложил и најмногу труд борејќи се со противници од потешка категорија, носители на црн појас.
И покрај успесите во Италија, мојата најголема желба е да бидам дел од македонската теквондо репрезентација. Нема поголема чест од тоа да ги претставувам и бранам боите на македонското знаме, вели Михаил Гацов.
Тинејџерот роден во Македонија од срце им препорачува на сите млади да се бават со спорт, затоа што позитивните влијанија на боречките вештини се големи. Тој е голем вљубеник во боречките вештини а не ги пропушта ниту UFC натпреварувањата, а негови идоли се пензионираниот Карло Молфета, но и македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал на олимпијадата во Токио.  Михаил Гацов е среќен што неговите чекори веќе ги следи и неговиот помал брат Јован кој две години е член на истиот клуб во Мерано, Италија и ги постигнува првите успеси.

The post Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија appeared first on Република.

]]>
Парулеска сребрена на ЕП во традиционално теквондо, селекторот Лазарески очекува нови медали https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/paruleska-srebrena-na-ep-vo-traditsionalno-tekvondo-selektorot-lazareski-ochekuva-novi-medali/ Fri, 21 Apr 2023 12:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=632737

Селекторот Марјанчо Лазарески изјави дека очекува македонската репрезентација во традиционално теквондо да продолжи со успешните настапи на Европското првенство кое се одржува во Италија, откако Христијана Парулеска го освои сребрениот медал.

На ЕП во традиционално теквондо, чиј домаќин до 24 април е италијанскиот град Јесоло, македонската репрезентација, предводена од селекторот Лазарески, е претставена со седум натпреварувачи, од кои три во женска и четири во машка конкуренција.

- Натпреварувањата продолжуваат и сметам дека имаме квалитетни натпреварувачи и реални очекувања за уште одличја, изјави селекторот Лазарески, по успешниот настап на охриѓанката Парулеска и освоеното второ место.

На ова прво ЕП во традиционално теквондо, по пандемијата на коронавирусот, учествуваат натпреварувачи од 27 земји, а најбројни се репрезентациите на Украина, Чешка, Грција, Англија и Италија.

The post Парулеска сребрена на ЕП во традиционално теквондо, селекторот Лазарески очекува нови медали appeared first on Република.

]]>

Селекторот Марјанчо Лазарески изјави дека очекува македонската репрезентација во традиционално теквондо да продолжи со успешните настапи на Европското првенство кое се одржува во Италија, откако Христијана Парулеска го освои сребрениот медал. На ЕП во традиционално теквондо, чиј домаќин до 24 април е италијанскиот град Јесоло, македонската репрезентација, предводена од селекторот Лазарески, е претставена со седум натпреварувачи, од кои три во женска и четири во машка конкуренција. - Натпреварувањата продолжуваат и сметам дека имаме квалитетни натпреварувачи и реални очекувања за уште одличја, изјави селекторот Лазарески, по успешниот настап на охриѓанката Парулеска и освоеното второ место. На ова прво ЕП во традиционално теквондо, по пандемијата на коронавирусот, учествуваат натпреварувачи од 27 земји, а најбројни се репрезентациите на Украина, Чешка, Грција, Англија и Италија.

The post Парулеска сребрена на ЕП во традиционално теквондо, селекторот Лазарески очекува нови медали appeared first on Република.

]]>
Костовски: За оваа неправда кон Георгиевски и Костовски ќе мора да ви вратиме со уште две олимписки медали https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kostovski-za-ovaa-nepravda-kon-georgievski-i-kostovski-ke-mora-da-vi-vratime-so-ushte-dve-olimpiski-medali/ Wed, 28 Dec 2022 16:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=591111

Градоначалникот на Бутел и тренер на европскиот шампион во теквондо Дејан Георгиевски се обрати во јавноста по повод вчерашното прогласување на најдобрите спортисти од страна на Агенцијата за млади и спорт.

На манифестацијата за најдобар спортист беше прогласен Владимир Егоров во борење.

ДАЛИ МОЖЕБИ ВИ ПРЕЧИМЕ ЗАТОА ШТО СЕ ШТО ПРАВИМЕ Е ЗА НЕА, ДАЛИ МОЖЕБИ ВИ ПРЕЧИ НАШАТА ЉУБОВ ПРЕМА МАКЕДОНИЈА, ТАА ЉУБОВ Е НОСИТЕЛ НА НАЈГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ УСПЕХ ВО НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА !
Вечерва во налик на приватна забава со еден куп намерни грешки, убивање на национален дух, пазарџиски договори и елементарно незнаење се одржа изборот за најдобар спортист на Македонија во организација на АМС 😇
Најнапред како за пример би посочил дека на ниту еден избор за најдобар спортист од како што постојат до денес, еве не мора подалеку да ги земеме околните држави, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија па и Југославија никогаш не се ни споредувале неолимписките успеси со олимписките а камо ли грешно да се одлучи. ВРВЕН СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТ Е ОНОЈ КОЈ ШТО Е ПОСТИГНАТ ВО ОЛИМПИСКИ СПОРТ. Секогаш, ама баш секогаш најдобрите спортисти, тренери во погоре споменатите избори за најдобри спортисти доаѓале од олимписки спортови. Што и да додадам понатака е илузорно.
На годинешниот избор за најдобар спортист два врвни резултати кои се мечуваа беа првата историска бронза од финално ГРАНД ПРИ на Дејан Георгиевски и европското злато на Егоров во Борење. Два резултати кои во секоја смисла на зборот се за врвна почит и тука дилема нема. Нијанси можеби решаваат кој е поголем.
Дејан Георгиевски е наш домашен производ, кој работел, тренирал, тагувал, се радувал тука под домашни македонски услови, чист македонски производ кој покажа дека и од нашите македонски услови може да се покорат олимписките велесили како САД, Кореа, Куба, Британија и тн. Македонски спортист кој во континуитет е во самиот врв на еден олимписки спорт, пример кој досега го немало во самостојна Македонија.
Егоров е врвен борач, со апсолутно респектабилни успеси, но е натурализиран македонец со првично Руско државјанство, човек кој не излегол од македонските школи за борење, спортист кој практично нема ништо со македонскиот спорт. Човек кој живее, работи, тренира секаде само не во Македонија.
Иако Дејан Георгиевски беше прворангиран, вечерва Владимир Егоров беше прогласен за спортист на годината и искрено му честитаме.
Но, она што сакам да го истакнам е тоа дека Дејан Георгиевски и Владимир Егоров имаа слични резултати, едниот домашен наш производ другиот не, нашиот производ не е прогласен за најдобар и оваа година како лани, да се разбереме не треба никој да го прогласува за ние да знаеме дека Дејан е најдобар не само годинава, туку во олимписката историја на независна Македонија.
Зошто Дејан не треба да е и оваа година најдобар спортист!?
Каква порака вечерва се испрати на младите македонски спортисти кои сонуваат за врвни олимписки резултати, кој повеќе се цени нашиот домашниот спортист или некој што нема допир со Македонија!?
Да имаше драстична разлика помеѓу резултатот на Егоров со вториот резултат по него, разбирливо би било, но вака !?
Уште еден парадокс, Дејан Георгиевски бронза финале ГРАНД ПРИ олимписки спорт, европски шампион на клупско европско првенство, Филип Додевски петти на светско првенство во олимписки спорт, Дејан прворангиран спортист за најдобар спортист годинава, а Борче Костовски нивниот главен тренер не беше ниту номиниран за најдобар тренер оваа година, кој толку се исплаши и зошто и оваа година Борче Костовски да биде најдобар тренер во Македонија!?
Не е првпат да не минираат, во 2017 на Дејан Георгиевски му го оспорија првото злато на европско првенство во олимписки спорт за Македонија како независна држава.
Сето ова изгледа ќе мораме да го засениме со уште еден, или можеби два олимписки медали иако до олимписките игри во Париз оние кои сега бираат веќе ќе бидат минато и искрено се надевам дека многу работи во македонскиот спорт коренито ќе се променат!
Одиме понатака, ЗА МАКЕДОНИЈА ! 😇

The post Костовски: За оваа неправда кон Георгиевски и Костовски ќе мора да ви вратиме со уште две олимписки медали appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Бутел и тренер на европскиот шампион во теквондо Дејан Георгиевски се обрати во јавноста по повод вчерашното прогласување на најдобрите спортисти од страна на Агенцијата за млади и спорт. На манифестацијата за најдобар спортист беше прогласен Владимир Егоров во борење. ДАЛИ МОЖЕБИ ВИ ПРЕЧИМЕ ЗАТОА ШТО СЕ ШТО ПРАВИМЕ Е ЗА НЕА, ДАЛИ МОЖЕБИ ВИ ПРЕЧИ НАШАТА ЉУБОВ ПРЕМА МАКЕДОНИЈА, ТАА ЉУБОВ Е НОСИТЕЛ НА НАЈГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ УСПЕХ ВО НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА ! Вечерва во налик на приватна забава со еден куп намерни грешки, убивање на национален дух, пазарџиски договори и елементарно незнаење се одржа изборот за најдобар спортист на Македонија во организација на АМС 😇 Најнапред како за пример би посочил дека на ниту еден избор за најдобар спортист од како што постојат до денес, еве не мора подалеку да ги земеме околните држави, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија па и Југославија никогаш не се ни споредувале неолимписките успеси со олимписките а камо ли грешно да се одлучи. ВРВЕН СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТ Е ОНОЈ КОЈ ШТО Е ПОСТИГНАТ ВО ОЛИМПИСКИ СПОРТ. Секогаш, ама баш секогаш најдобрите спортисти, тренери во погоре споменатите избори за најдобри спортисти доаѓале од олимписки спортови. Што и да додадам понатака е илузорно. На годинешниот избор за најдобар спортист два врвни резултати кои се мечуваа беа првата историска бронза од финално ГРАНД ПРИ на Дејан Георгиевски и европското злато на Егоров во Борење. Два резултати кои во секоја смисла на зборот се за врвна почит и тука дилема нема. Нијанси можеби решаваат кој е поголем. Дејан Георгиевски е наш домашен производ, кој работел, тренирал, тагувал, се радувал тука под домашни македонски услови, чист македонски производ кој покажа дека и од нашите македонски услови може да се покорат олимписките велесили како САД, Кореа, Куба, Британија и тн. Македонски спортист кој во континуитет е во самиот врв на еден олимписки спорт, пример кој досега го немало во самостојна Македонија. Егоров е врвен борач, со апсолутно респектабилни успеси, но е натурализиран македонец со првично Руско државјанство, човек кој не излегол од македонските школи за борење, спортист кој практично нема ништо со македонскиот спорт. Човек кој живее, работи, тренира секаде само не во Македонија. Иако Дејан Георгиевски беше прворангиран, вечерва Владимир Егоров беше прогласен за спортист на годината и искрено му честитаме. Но, она што сакам да го истакнам е тоа дека Дејан Георгиевски и Владимир Егоров имаа слични резултати, едниот домашен наш производ другиот не, нашиот производ не е прогласен за најдобар и оваа година како лани, да се разбереме не треба никој да го прогласува за ние да знаеме дека Дејан е најдобар не само годинава, туку во олимписката историја на независна Македонија. Зошто Дејан не треба да е и оваа година најдобар спортист!? Каква порака вечерва се испрати на младите македонски спортисти кои сонуваат за врвни олимписки резултати, кој повеќе се цени нашиот домашниот спортист или некој што нема допир со Македонија!? Да имаше драстична разлика помеѓу резултатот на Егоров со вториот резултат по него, разбирливо би било, но вака !? Уште еден парадокс, Дејан Георгиевски бронза финале ГРАНД ПРИ олимписки спорт, европски шампион на клупско европско првенство, Филип Додевски петти на светско првенство во олимписки спорт, Дејан прворангиран спортист за најдобар спортист годинава, а Борче Костовски нивниот главен тренер не беше ниту номиниран за најдобар тренер оваа година, кој толку се исплаши и зошто и оваа година Борче Костовски да биде најдобар тренер во Македонија!? Не е првпат да не минираат, во 2017 на Дејан Георгиевски му го оспорија првото злато на европско првенство во олимписки спорт за Македонија како независна држава. Сето ова изгледа ќе мораме да го засениме со уште еден, или можеби два олимписки медали иако до олимписките игри во Париз оние кои сега бираат веќе ќе бидат минато и искрено се надевам дека многу работи во македонскиот спорт коренито ќе се променат! Одиме понатака, ЗА МАКЕДОНИЈА ! 😇

The post Костовски: За оваа неправда кон Георгиевски и Костовски ќе мора да ви вратиме со уште две олимписки медали appeared first on Република.

]]>
Злато за Дејан Георгиевски, сребро за Филип Додевски https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zlato-za-dejan-georgievski-srebro-za-filip-dodevski/ Sun, 02 Oct 2022 18:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=556612

Теквондистите Дејан Георгиевски и Филип Додевски од теквондо клубот „Бутел“ од Г2 турнирот во Тирсана се враќаат со злато и сребро.
Дејан Георгиевски со две убедливи победи, во финалето го демолираше олимпиецот и медалист од СП Иван Трајковиќ од Словенија.
Филип Додевски две ефективни победи и исклучително тесен пораз во финале од Сулејманов Азербејџан.

The post Злато за Дејан Георгиевски, сребро за Филип Додевски appeared first on Република.

]]>

Теквондистите Дејан Георгиевски и Филип Додевски од теквондо клубот „Бутел“ од Г2 турнирот во Тирсана се враќаат со злато и сребро. Дејан Георгиевски со две убедливи победи, во финалето го демолираше олимпиецот и медалист од СП Иван Трајковиќ од Словенија. Филип Додевски две ефективни победи и исклучително тесен пораз во финале од Сулејманов Азербејџан.

The post Злато за Дејан Георгиевски, сребро за Филип Додевски appeared first on Република.

]]>
Машко и женско злато за Македонија: Георгиевски и Рељиќ европски клупски шампиони во теквондо https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mashko-i-zensko-zlato-za-makedonija-georgievski-i-reljikj-evropski-klupski-shampioni-vo-tekvondo/ Fri, 26 Aug 2022 18:41:47 +0000 https://republika.mk/?p=544558

Нашиот најдобар теквондист Дејан Георгиевски се закити со титулата европски шампион на Европското клупско првенство во Талин.

Заради добриот ранкинг нашиот натпреварувач во првото коло беше слободен, потоа со две убедливи победи го освои првото место во категорија 87+ килограми.

Најрвин запиша победа против Египќанецот Шериф Каири Амр славејќи со 21:17 во првата и 7:5 во втората рунда, а потоа триумфираше и против Милош Пилиповиќ од Норвешка со 6:1 во првата и 12:5 во втората рунда.

Ова е трет медал за теквондо клубот „Бутел“ од Европско клупско првенство, две злата и едно сребро. Останатите борци од ТК Бутел беа солидни, но денеска за нив не беше денот.

Во женска конкуренција, пак, златен медал освои Мила Рељиќ од скопскиот теквондо клуб „Тигри“. Рељиќ константно бележи добри резултати на турнирите, а еве сега сиот досегашен вложен труд се исплати и со освојување на европска титула.

Нашата теквондистка на Европското клупско првенство беше првопласирана во категоријата сениорки -62 килограми, а до златото стигна после четири борби.

Најпрвин ги победи натпреварувачките од Италија, Украина, па претставничката од Египет, која е членка на европски клуб и во финалната борба Мел Мина од Еквадор, која тренира во Тортоса, Шпанија, поради повреда ја предаде борбата. И пред две недели беше совладана Мел Мина во финалето во Израел.

 

The post Машко и женско злато за Македонија: Георгиевски и Рељиќ европски клупски шампиони во теквондо appeared first on Република.

]]>

Нашиот најдобар теквондист Дејан Георгиевски се закити со титулата европски шампион на Европското клупско првенство во Талин. Заради добриот ранкинг нашиот натпреварувач во првото коло беше слободен, потоа со две убедливи победи го освои првото место во категорија 87+ килограми. Најрвин запиша победа против Египќанецот Шериф Каири Амр славејќи со 21:17 во првата и 7:5 во втората рунда, а потоа триумфираше и против Милош Пилиповиќ од Норвешка со 6:1 во првата и 12:5 во втората рунда. Ова е трет медал за теквондо клубот „Бутел“ од Европско клупско првенство, две злата и едно сребро. Останатите борци од ТК Бутел беа солидни, но денеска за нив не беше денот. Во женска конкуренција, пак, златен медал освои Мила Рељиќ од скопскиот теквондо клуб „Тигри“. Рељиќ константно бележи добри резултати на турнирите, а еве сега сиот досегашен вложен труд се исплати и со освојување на европска титула. Нашата теквондистка на Европското клупско првенство беше првопласирана во категоријата сениорки -62 килограми, а до златото стигна после четири борби. Најпрвин ги победи натпреварувачките од Италија, Украина, па претставничката од Египет, која е членка на европски клуб и во финалната борба Мел Мина од Еквадор, која тренира во Тортоса, Шпанија, поради повреда ја предаде борбата. И пред две недели беше совладана Мел Мина во финалето во Израел.  

The post Машко и женско злато за Македонија: Георгиевски и Рељиќ европски клупски шампиони во теквондо appeared first on Република.

]]>
Теквондо клубот „Бутел“ на Европското клупско првенство во Талин ќе се бори за историски пласман https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/tekvondo-klubot-butel-na-evropskoto-klupsko-prvenstvo-vo-talin-kje-se-bori-za-istoriski-plasman/ Thu, 25 Aug 2022 18:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=544143

Теквондо клубот „Бутел“ на Европското клупско првенство во Талин ќе се бори за историски пласман на европските клупски првенства. На последното европско клупско првенство на кое настапи клубот од општина Бутел, одржано во Грција пред три години, ТК Бутел беше рангиран како шести најдобар клуб во Европа.

На ова ЕП ќе настапат:
Дејан Георгиевски 87+
Филип Додевски -87
Филип Стаменов -80
Анамарија Георгиевска -73
Сања Поповска -57
Фросина Рајкова -46

The post Теквондо клубот „Бутел“ на Европското клупско првенство во Талин ќе се бори за историски пласман appeared first on Република.

]]>

Теквондо клубот „Бутел“ на Европското клупско првенство во Талин ќе се бори за историски пласман на европските клупски првенства. На последното европско клупско првенство на кое настапи клубот од општина Бутел, одржано во Грција пред три години, ТК Бутел беше рангиран како шести најдобар клуб во Европа. На ова ЕП ќе настапат: Дејан Георгиевски 87+ Филип Додевски -87 Филип Стаменов -80 Анамарија Георгиевска -73 Сања Поповска -57 Фросина Рајкова -46

The post Теквондо клубот „Бутел“ на Европското клупско првенство во Талин ќе се бори за историски пласман appeared first on Република.

]]>
Остана без злато: Георгиевски го откажа полуфиналето поради стомачен вирус https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ostana-bez-zlato-georgievski-go-otkaza-polufinaleto-poradi-stomachen-virus/ Sun, 03 Jul 2022 18:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=523296

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе мора да се задоволи само со бронзен медал од Медитеранските игри. Тој не настапи во полуфиналето поради стомачен вирус.

– Дејан Георгиевски за жал денес ќе застане на бронзен медал од медитеранските игри во Алжир, иако уште од утрово јас и брат ми бевме во дилема дали воопшто да настапи Деки заради високиот ранкинг првата борба беше слободен, за втората борба иако речиси без сила тој во негов натчовечки стил собра сили настапи и ја победи првата борба, со тоа обезбеди бронза за Македонија. За кусо требаше да биде полуфиналната борба на МИ 2022, заради доброто на нашата олимписка икона ќе мораме да го прекинеме денешниот поход.Деки денес имаше исклучително силна дехидратација поради високо интензивен стомачен вирус, соопшти Дарко Костовски, еден од тренерите на Дејан Георгиевски.

Во 2018 година Георгиевски освои сребрен медал на Медитеранските игри во Шпанија, а на овие Игри беше прв фаворит за златото. 

The post Остана без злато: Георгиевски го откажа полуфиналето поради стомачен вирус appeared first on Република.

]]>

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе мора да се задоволи само со бронзен медал од Медитеранските игри. Тој не настапи во полуфиналето поради стомачен вирус.
– Дејан Георгиевски за жал денес ќе застане на бронзен медал од медитеранските игри во Алжир, иако уште од утрово јас и брат ми бевме во дилема дали воопшто да настапи Деки заради високиот ранкинг првата борба беше слободен, за втората борба иако речиси без сила тој во негов натчовечки стил собра сили настапи и ја победи првата борба, со тоа обезбеди бронза за Македонија. За кусо требаше да биде полуфиналната борба на МИ 2022, заради доброто на нашата олимписка икона ќе мораме да го прекинеме денешниот поход.Деки денес имаше исклучително силна дехидратација поради високо интензивен стомачен вирус, соопшти Дарко Костовски, еден од тренерите на Дејан Георгиевски.
Во 2018 година Георгиевски освои сребрен медал на Медитеранските игри во Шпанија, а на овие Игри беше прв фаворит за златото. 

The post Остана без злато: Георгиевски го откажа полуфиналето поради стомачен вирус appeared first on Република.

]]>