технички преглед Archives - Република https://republika.mk/tema/tehnichki-pregled/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jan 2024 16:47:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png технички преглед Archives - Република https://republika.mk/tema/tehnichki-pregled/ 32 32 Гостиварец со бензин потурил вработен во технички преглед, се обидел да го запали возилото https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gostivarets-so-benzin-poturil-vraboten-vo-tehnichki-pregled-se-obidel-da-go-zapali-voziloto/ Mon, 22 Jan 2024 14:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=735535

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, на 22.01., околу 10 часот и 30 минути го лишиле од слобода И.Р.(44) од гостиварското село Градец.

Според пријавеното тој се сомничи дека во објект за технички преглед во Гостивар, најпрво со бензин полеал еден од вработените, а потоа и своето возило, по што со запалка се обидел да го запали возилото. Според пријавеното, исто така, И.Р. бил незадоволен од услугата што ја барал, но во намерата да го запали возилото бил спречен и совладан од неколку лица присутни во објектот.

Од СВР Тетово велат дека извршен е комплетен увид, осомничениот е задржан во Полициската станица Гостивар и во координација и консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Гостиварец со бензин потурил вработен во технички преглед, се обидел да го запали возилото appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, на 22.01., околу 10 часот и 30 минути го лишиле од слобода И.Р.(44) од гостиварското село Градец. Според пријавеното тој се сомничи дека во објект за технички преглед во Гостивар, најпрво со бензин полеал еден од вработените, а потоа и своето возило, по што со запалка се обидел да го запали возилото. Според пријавеното, исто така, И.Р. бил незадоволен од услугата што ја барал, но во намерата да го запали возилото бил спречен и совладан од неколку лица присутни во објектот. Од СВР Тетово велат дека извршен е комплетен увид, осомничениот е задржан во Полициската станица Гостивар и во координација и консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Гостиварец со бензин потурил вработен во технички преглед, се обидел да го запали возилото appeared first on Република.

]]>
На технички преглед регистрирал камион без да го провери: Вработен во МВР доби кривична пријава https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-tehnichki-pregled-registriral-kamion-bez-da-go-proveri-vraboten-vo-mvr-dobi-krivichna-prijava/ Thu, 27 Jul 2023 15:25:24 +0000 https://republika.mk/?p=665963

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и против С.Ш.(41) од с.Блаце, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина" по член 380 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, вработен како референт за управни работи во станица за технички преглед, на 26.06.2023 издал сообраќајна дозвола за товарно возило со скопски регистарски ознаки и ја заверил со службен печат на МВР, со која потврдил дека возилото е технички исправно и со валидна регистрација, иако возилото воопшто не било поминато на технички преглед. Таквата невалидна сообраќајна дозвола му ја дал на второпријавениот, кој ја приложил на 27.06.2023 на увид на полициските службеници при сообраќајна контрола како доказ дека возилото е со важечка регистрација, информираат од МВР.

The post На технички преглед регистрирал камион без да го провери: Вработен во МВР доби кривична пријава appeared first on Република.

]]>

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и против С.Ш.(41) од с.Блаце, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина" по член 380 од Кривичниот законик.
Првопријавениот, вработен како референт за управни работи во станица за технички преглед, на 26.06.2023 издал сообраќајна дозвола за товарно возило со скопски регистарски ознаки и ја заверил со службен печат на МВР, со која потврдил дека возилото е технички исправно и со валидна регистрација, иако возилото воопшто не било поминато на технички преглед. Таквата невалидна сообраќајна дозвола му ја дал на второпријавениот, кој ја приложил на 27.06.2023 на увид на полициските службеници при сообраќајна контрола како доказ дека возилото е со важечка регистрација, информираат од МВР.

The post На технички преглед регистрирал камион без да го провери: Вработен во МВР доби кривична пријава appeared first on Република.

]]>
67 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици по само една контрола https://republika.mk/vesti/crna-hronika/67-sanktsii-za-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenitsi-po-samo-edna-kontrola/ Thu, 26 Jan 2023 09:41:13 +0000 https://republika.mk/?p=601199

Вчера во периодот од 12.00 до 16.00 часот е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од  сообраќај поради истечена регистрација.

Како што информираат денеска од МВР, на вонреден технички преглед се упатени 17 возила.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за поголема безбедноста на децата и на сите нас.

The post 67 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици по само една контрола appeared first on Република.

]]>

Вчера во периодот од 12.00 до 16.00 часот е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од  сообраќај поради истечена регистрација. Како што информираат денеска од МВР, на вонреден технички преглед се упатени 17 возила. Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за поголема безбедноста на децата и на сите нас.

The post 67 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици по само една контрола appeared first on Република.

]]>
Санкции за 47 автобуси што вршат превоз на ученици, 17 возила се упатени на вонреден технички преглед https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sankcii-za-47-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenici-17-vozila-se-upateni-na-vonreden-tehnichki-pregled/ Thu, 27 Oct 2022 14:24:18 +0000 https://republika.mk/?p=566444

Во периодот од 6 до 10 часот денеска на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 47 сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, како што посочуваат од МВР, пет санкции за технички неисправни возила, три мерки поради непоседување на задолжителна опрема, две санкции за возење без возачка дозвола, 17 возила се упатени на вонреден технички преглед…

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

The post Санкции за 47 автобуси што вршат превоз на ученици, 17 возила се упатени на вонреден технички преглед appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 6 до 10 часот денеска на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 47 сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, како што посочуваат од МВР, пет санкции за технички неисправни возила, три мерки поради непоседување на задолжителна опрема, две санкции за возење без возачка дозвола, 17 возила се упатени на вонреден технички преглед… Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

The post Санкции за 47 автобуси што вршат превоз на ученици, 17 возила се упатени на вонреден технички преглед appeared first on Република.

]]>
Нов ценовен удар за повеќето граѓани: Поскапува и регистрацијата на возилата, постарите возила ќе плаќаат поскапо https://republika.mk/vesti/ekonomija/nov-cenoven-udar-za-povekjeto-gragjani-poskapuva-i-registracijata-na-vozilata-postarite-vozila-kje-plakjaat-poskapo/ Tue, 25 Oct 2022 12:15:03 +0000 https://republika.mk/?p=565431

И регистрацијата на возила е поскапена, не заради техничкиот преглед туку повисоката еколошка такса велат од станиците за технички преглед.

Од 400 до 700 денари е за патнички возила и 1050 до 1900 за товарни во зависност од староста и зафатнината на возилото. Па така постарите возила плаќаат повисока еколошка такса, објави ТВ21.

Поскапувањето се должи на еколошката такса, велат од станиците за технички преглед.

The post Нов ценовен удар за повеќето граѓани: Поскапува и регистрацијата на возилата, постарите возила ќе плаќаат поскапо appeared first on Република.

]]>

И регистрацијата на возила е поскапена, не заради техничкиот преглед туку повисоката еколошка такса велат од станиците за технички преглед. Од 400 до 700 денари е за патнички возила и 1050 до 1900 за товарни во зависност од староста и зафатнината на возилото. Па така постарите возила плаќаат повисока еколошка такса, објави ТВ21. Поскапувањето се должи на еколошката такса, велат од станиците за технички преглед.

The post Нов ценовен удар за повеќето граѓани: Поскапува и регистрацијата на возилата, постарите возила ќе плаќаат поскапо appeared first on Република.

]]>
Од 80 камиони испратени на вонреден технички преглед, 57 биле неисправни https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-80-kamioni-isprateni-na-vonreden-tehnichki-pregled-57-bile-neispravni/ Tue, 11 Oct 2022 17:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=559791

Во текот на вчерашниот ден (10.10.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. При контролата 80 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 57 товарни моторни возила и тоа: седум за техничка неисправност на уредот за запирање, шест за претовар, шест за неправилно сместен и небезбеден товар, а 14 возачи управувале без возачка дозвола. При контролата санкционирани се и 104 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

The post Од 80 камиони испратени на вонреден технички преглед, 57 биле неисправни appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден (10.10.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. При контролата 80 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 57 товарни моторни возила и тоа: седум за техничка неисправност на уредот за запирање, шест за претовар, шест за неправилно сместен и небезбеден товар, а 14 возачи управувале без возачка дозвола. При контролата санкционирани се и 104 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

The post Од 80 камиони испратени на вонреден технички преглед, 57 биле неисправни appeared first on Република.

]]>
Возилото ќе може да се осигура само за викенд, на шест месeци или за една сезона, а зелениот картон ќе се купува со регистрацијата!? https://republika.mk/vesti/ekonomija/voziloto-kje-moze-da-se-osigura-samo-za-vikend-na-shest-meseci-ili-za-edna-sezona-a-zeleniot-karton-kje-se-kupuva-so-registracijata/ Mon, 18 Apr 2022 10:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=489923

Во завршна фаза е процесот на либерализација на пазарот на автоосигурувањето. Во моментов пазарот на автоодговорноста е регулиран. Тоа е така затоа што кога се подготвувале правилата имало малку осигурителни компании, но со развој на пазарот на осигурителни компании полека се влегува во сегментот за потреба од лебарализирање на автоодговорноста. Регулаторот на пазарот со осигурителни полиси за Денар вели дека многу е битно овој процес да се направи квалитетно, односно при самата либерализација да не настанат дополнителни проблеми.

Во периодот што следи се очекуваат измени во правилата во осигурителниот бизнис. Надлежните велат дека е добро што осигурителните компании од земјава чии мајки фирми во странство, претежно во Европската унија имаат либерализиран пазар. Тие го имаат тоа искуство и знаат како да се справат, односно да ги постават позициите во сегментот како утврдување така и на цената и на пресметувањето на ризиците. Кога се зборува за полиси за автоодговорност или осигурување на автомобилите, колку што е битна цената толку е и битен ризикот кој ја покрива таа цена. А тоа значи, квалитетот на испорачување на услугата. Надлежните се надеваат дека заедно со комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која е формирана од страна на Владата заедно ќе го довршат процесот на либерализација кој мора да гарантира дека нема да бидат оштетени ниту осигурениците, а ниту пак да настанат проблеми кај компаниите од овој сектор.

Во моментов има една утврдена цена и таа утврдена цена ја нудат сите компании на пазарот на автомобилска одговорност. Но услугата пак не е иста кај сите компании, некои подобро сервисираат а некои полошо сервисираат. Со либерализацијата ќе добиеме можност компаниите да отворат лепеза на автоодговорност. Како на пример би можело да биде на викенд ниво, месечно или слично. Има луѓе автомобилот го возат само за викенд, некој сака да го вози автомобилот сезонски, да речеме само во лето. Дополнително, цената на пакетите може да се формира и според тоа колку е ризичен возачот или цената ќе се определува според лицето кое го управува возилото. Имате дисциплинирани возачи и недисциплинирани.

Според планот, недисциплинираните возачи добро ќе бидат познати на осигурителните компании, и тие ќе плаќаат повисока автоодговорност. Податоците ќе може да ги добиваат од МВР, по основ на тоа колку прекршоци имале направено во текот на годината. Либерализацијата е многу посложен процес на менаџирање и тој ќе биде посложен и за компаниите и за регулаторот, во случајот Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Но сепак, надлежните сметаат дека секој осигуреник треба да има право да одбира на кој начин ќе користи одредена услуга. Но на тој начин, и компаниите добиваат интерес да бидат креативни и да нудат производи кои ќе бидат од интерес на клиентите. Очекувањата се дека тие производи ќе бидат и со различна цена, за поголемо осигурување нормално дека цената ќе биде повисока и обратно. Но од Агенцијата за супервизија на осигурувањето велат дека суштината е да се понуди избор. На тој начин ќе се зголеми квалитетот на услугата, а тоа е најбитно за граѓаните.

Информациите од терен пак се дека оваа, актуелна состојба во овој бизнис е далеку подобра за компаниите од колку слободниот пазар. Но, по одредено време кога работите ќе си дојдат на свое место и сите ќе бидат подготвени за новите правила, работите ќе се движат во позитивен правец. Либерализацијата на автоодговорноста подразбира и промени во купувањето на зелениот картон. Слободниот пазар ќе значи и спојување на зелениот картон со автоодговорноста.

Последниот збор за овие промени ќе го има владата. Засега не е познат крајниот рок кога оваа либерализација ќе се случи, но надлежните велат добро е што се работи на случајот. Инаку, податоците велат дека над 50 отсто од полисите кои се продаваат во државава се токму наменети за автоодговорност.

Извор: Денар.мк

The post Возилото ќе може да се осигура само за викенд, на шест месeци или за една сезона, а зелениот картон ќе се купува со регистрацијата!? appeared first on Република.

]]>

Во завршна фаза е процесот на либерализација на пазарот на автоосигурувањето. Во моментов пазарот на автоодговорноста е регулиран. Тоа е така затоа што кога се подготвувале правилата имало малку осигурителни компании, но со развој на пазарот на осигурителни компании полека се влегува во сегментот за потреба од лебарализирање на автоодговорноста. Регулаторот на пазарот со осигурителни полиси за Денар вели дека многу е битно овој процес да се направи квалитетно, односно при самата либерализација да не настанат дополнителни проблеми. Во периодот што следи се очекуваат измени во правилата во осигурителниот бизнис. Надлежните велат дека е добро што осигурителните компании од земјава чии мајки фирми во странство, претежно во Европската унија имаат либерализиран пазар. Тие го имаат тоа искуство и знаат како да се справат, односно да ги постават позициите во сегментот како утврдување така и на цената и на пресметувањето на ризиците. Кога се зборува за полиси за автоодговорност или осигурување на автомобилите, колку што е битна цената толку е и битен ризикот кој ја покрива таа цена. А тоа значи, квалитетот на испорачување на услугата. Надлежните се надеваат дека заедно со комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која е формирана од страна на Владата заедно ќе го довршат процесот на либерализација кој мора да гарантира дека нема да бидат оштетени ниту осигурениците, а ниту пак да настанат проблеми кај компаниите од овој сектор. Во моментов има една утврдена цена и таа утврдена цена ја нудат сите компании на пазарот на автомобилска одговорност. Но услугата пак не е иста кај сите компании, некои подобро сервисираат а некои полошо сервисираат. Со либерализацијата ќе добиеме можност компаниите да отворат лепеза на автоодговорност. Како на пример би можело да биде на викенд ниво, месечно или слично. Има луѓе автомобилот го возат само за викенд, некој сака да го вози автомобилот сезонски, да речеме само во лето. Дополнително, цената на пакетите може да се формира и според тоа колку е ризичен возачот или цената ќе се определува според лицето кое го управува возилото. Имате дисциплинирани возачи и недисциплинирани. Според планот, недисциплинираните возачи добро ќе бидат познати на осигурителните компании, и тие ќе плаќаат повисока автоодговорност. Податоците ќе може да ги добиваат од МВР, по основ на тоа колку прекршоци имале направено во текот на годината. Либерализацијата е многу посложен процес на менаџирање и тој ќе биде посложен и за компаниите и за регулаторот, во случајот Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Но сепак, надлежните сметаат дека секој осигуреник треба да има право да одбира на кој начин ќе користи одредена услуга. Но на тој начин, и компаниите добиваат интерес да бидат креативни и да нудат производи кои ќе бидат од интерес на клиентите. Очекувањата се дека тие производи ќе бидат и со различна цена, за поголемо осигурување нормално дека цената ќе биде повисока и обратно. Но од Агенцијата за супервизија на осигурувањето велат дека суштината е да се понуди избор. На тој начин ќе се зголеми квалитетот на услугата, а тоа е најбитно за граѓаните. Информациите од терен пак се дека оваа, актуелна состојба во овој бизнис е далеку подобра за компаниите од колку слободниот пазар. Но, по одредено време кога работите ќе си дојдат на свое место и сите ќе бидат подготвени за новите правила, работите ќе се движат во позитивен правец. Либерализацијата на автоодговорноста подразбира и промени во купувањето на зелениот картон. Слободниот пазар ќе значи и спојување на зелениот картон со автоодговорноста. Последниот збор за овие промени ќе го има владата. Засега не е познат крајниот рок кога оваа либерализација ќе се случи, но надлежните велат добро е што се работи на случајот. Инаку, податоците велат дека над 50 отсто од полисите кои се продаваат во државава се токму наменети за автоодговорност. Извор: Денар.мк

The post Возилото ќе може да се осигура само за викенд, на шест месeци или за една сезона, а зелениот картон ќе се купува со регистрацијата!? appeared first on Република.

]]>
Полицијата испрати на технички преглед 60-тина автобуси на ЈСП, во прекин дел од линиите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/policijata-isprati-na-tehnichki-pregled-60-tina-avtobusi-na-jsp-vo-prekin-del-od-liniite/ Wed, 23 Feb 2022 12:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=462457

Околу 60 возила на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) утринава биле испратени на вонреден технички преглед од страна на полицијата.

Поради тоа дел од линиите се во прекин, а граѓаните кои го користат скопскиот јавен превоз се затекнати од сето тоа, објави ТВ21.

Од МВР велат дека се работи за акциска контрола која Министерството редовно ја спроведува за возилата кои вршат превоз на патници, со цел да се утврди нивната исправност, но нема детали за тоа колку автобуси се испратени на принуден технички преглед.

The post Полицијата испрати на технички преглед 60-тина автобуси на ЈСП, во прекин дел од линиите appeared first on Република.

]]>

Околу 60 возила на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) утринава биле испратени на вонреден технички преглед од страна на полицијата. Поради тоа дел од линиите се во прекин, а граѓаните кои го користат скопскиот јавен превоз се затекнати од сето тоа, објави ТВ21. Од МВР велат дека се работи за акциска контрола која Министерството редовно ја спроведува за возилата кои вршат превоз на патници, со цел да се утврди нивната исправност, но нема детали за тоа колку автобуси се испратени на принуден технички преглед.

The post Полицијата испрати на технички преглед 60-тина автобуси на ЈСП, во прекин дел од линиите appeared first on Република.

]]>