Вчера во периодот од 12.00 до 16.00 часот е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од  сообраќај поради истечена регистрација.

Како што информираат денеска од МВР, на вонреден технички преглед се упатени 17 возила.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за поголема безбедноста на децата и на сите нас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.