Таксират Archives - Република https://republika.mk/tema/taksirat/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Mar 2024 22:05:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Таксират Archives - Република https://republika.mk/tema/taksirat/ 32 32 Култниот метал-бенд AMORPHIS со концерт во Скопје https://republika.mk/scena/muzika/kultniot-metal-bend-amorphis-so-kontsert-vo-skopje/ Wed, 17 May 2023 11:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=641785

Култниот фински метал бенд AMORPHIS пристигнува во Скопје во склоп на актуелната европска турнеја со која го промовира својот најнов албум „Halo“! Во организација на Password Production и како дел од јубилејниот 25-ти „Таксират“, на 2 ноември во Младинскиот Културен Центар, AMORPHIS ќе одржат концерт на кој како специјален гостин ќе настапи исландската метал-институција SÓLSTAFIR, и модерните фински металци LOST SOCIETY како предгрупа.

Триесет и една година по нивното создавање, со безброј глобални турнеи зад себе и четиринаесет албуми во својот творечки опус, AMORPHIS докажуваат дека тие сѐ уште се музичкиот извор на вечната младост, извонреден бенд кој постојано го надградува својот израз без да ги напушти мистичните корени. Рок и метал музиката секогаш била прибежиште за оние кои имаат да раскажат поголеми приказни, кои имаат да изразат поголеми емоции, таква е и за AMORPHIS кои преку неа на најдобар начин создаваат свој уникатен музички белег со искрени, агресивни, но и меланхолични мелодии.

Албумот „Halo“, кој се пласираше на прво место на финската и трето место на германската листа на албуми е извонредно студиско издание со кое финците Amorphis го зацврстуваат својот статус на пионери на сцената како еден од најоригиналните, културолошки најрелевантните и најнаградувани бендови што некогаш се појавиле од земјата со илјада езера. Со „Halo“, тие испорачаа неверојатен албум кој заслужува да се свири секаде и кој со својата огромна длабочина и музикалност ја трансцендира сферата на метал и рок музиката. Во тој контекст и гитаристот на AMORPHIS, Еса Холопајнен ја најави турнејата која го претставува ова издание, изјавувајќи: „Со задоволство најавуваме дека започнуваме со втората фаза на европската турнеја на Amorphis ‘Halo’ која започнува од октомври. Овој пат покриваме земји и градови каде што не беше возможно да одиме минатата година. Програмата на турнејата е апсолутно одлична. Со нас ќе бидат нашите пријатели од Исланд Sólstafir и нашите земјаци Lost Society. Се надеваме да ги видиме повторно нашите омилени фанови низ Европа."

По легендарниот настап во далечната 2002 година на главната вечер на „Таксират“, AMORPHIS повторно се враќаат пред македонската публика. Нивното гостување и овој пат е во склоп на Фестивалот „Таксират“ кој годинава го одбележува своето јубилејно 25-то издание со голем број музички настани, па во славеничката програма најзаслужено се запишуваат Amorphis кои сега ќе ги видиме со нов материјал и со самостоен концерт на кој нема сомнеж дека метал ветераните ќе ни приредат незаборавна вечер!

Билетите за концертот ќе бидат достапни во продажба од 19 мај, петок од 10 часот, онлајн и во продажната мрежа на „МкТикетс“ по промотивна цена од 1000 денари која важи само за првите сто билети.

The post Култниот метал-бенд AMORPHIS со концерт во Скопје appeared first on Република.

]]>

Култниот фински метал бенд AMORPHIS пристигнува во Скопје во склоп на актуелната европска турнеја со која го промовира својот најнов албум „Halo“! Во организација на Password Production и како дел од јубилејниот 25-ти „Таксират“, на 2 ноември во Младинскиот Културен Центар, AMORPHIS ќе одржат концерт на кој како специјален гостин ќе настапи исландската метал-институција SÓLSTAFIR, и модерните фински металци LOST SOCIETY како предгрупа.

Триесет и една година по нивното создавање, со безброј глобални турнеи зад себе и четиринаесет албуми во својот творечки опус, AMORPHIS докажуваат дека тие сѐ уште се музичкиот извор на вечната младост, извонреден бенд кој постојано го надградува својот израз без да ги напушти мистичните корени. Рок и метал музиката секогаш била прибежиште за оние кои имаат да раскажат поголеми приказни, кои имаат да изразат поголеми емоции, таква е и за AMORPHIS кои преку неа на најдобар начин создаваат свој уникатен музички белег со искрени, агресивни, но и меланхолични мелодии.

Албумот „Halo“, кој се пласираше на прво место на финската и трето место на германската листа на албуми е извонредно студиско издание со кое финците Amorphis го зацврстуваат својот статус на пионери на сцената како еден од најоригиналните, културолошки најрелевантните и најнаградувани бендови што некогаш се појавиле од земјата со илјада езера. Со „Halo“, тие испорачаа неверојатен албум кој заслужува да се свири секаде и кој со својата огромна длабочина и музикалност ја трансцендира сферата на метал и рок музиката. Во тој контекст и гитаристот на AMORPHIS, Еса Холопајнен ја најави турнејата која го претставува ова издание, изјавувајќи: „Со задоволство најавуваме дека започнуваме со втората фаза на европската турнеја на Amorphis ‘Halo’ која започнува од октомври. Овој пат покриваме земји и градови каде што не беше возможно да одиме минатата година. Програмата на турнејата е апсолутно одлична. Со нас ќе бидат нашите пријатели од Исланд Sólstafir и нашите земјаци Lost Society. Се надеваме да ги видиме повторно нашите омилени фанови низ Европа."

По легендарниот настап во далечната 2002 година на главната вечер на „Таксират“, AMORPHIS повторно се враќаат пред македонската публика. Нивното гостување и овој пат е во склоп на Фестивалот „Таксират“ кој годинава го одбележува своето јубилејно 25-то издание со голем број музички настани, па во славеничката програма најзаслужено се запишуваат Amorphis кои сега ќе ги видиме со нов материјал и со самостоен концерт на кој нема сомнеж дека метал ветераните ќе ни приредат незаборавна вечер!

Билетите за концертот ќе бидат достапни во продажба од 19 мај, петок од 10 часот, онлајн и во продажната мрежа на „МкТикетс“ по промотивна цена од 1000 денари која важи само за првите сто билети.

The post Култниот метал-бенд AMORPHIS со концерт во Скопје appeared first on Република.

]]>
Денеска во Скопје: Главниот настан на Таксират фестивал https://republika.mk/scena/muzika/deneska-vo-skopje-glavniot-nastan-na-taksirat-festival/ Wed, 07 Dec 2022 07:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=582774

Денеска (среда, 7 декември) во Скопје ќе се одржува главната вечер на ТАКСИРАТ со која официјално ќе биде затворено годинашното, 24-то издание на нашиот најголем зимски музички фестивал и тоа со осумчасовна концертна прослава и 12 музички изведувачи кои ќе настапат на две бини во Арената „Борис Трајковски“.

Влезот за посетителите ќе биде отворен во 19:00 часот, почетокот на програмата е во 20:00 часот.

Први на главната бина и задолжени за официјалното отворање на ова фестивалско финале ќе настапи незаменливиот колектив на македонскиот андерграунд хип-хоп, едно од најзначајните имиња на правецот, групата ЗАД АГОЛОТ! Покрај нив, и тоа за прв пат во Македонија ќе имаме прилика да ги погледнеме и настапите на британската трап-џез сензација „АЈ-ЕМ-ДИДИ-БИ“ и легендата на светската треш-метал сцена, групата „СОДОМ“ од Германија. Френетичната атмосфера годинава ни пристигнува со енергичните каталонци „ЛА ПЕГАТИНА“, додека пак најпопуларниот инди-поп тандем во регионов „БУЧ КЕСИДИ“ доаѓа од Србија со гаранција за најдобрата диско/рокенрол журка на „ТАКСИРАТ“. Полноќниот дел од програмата е резервирана за артистите од електронската музичка сцена и тоа најпрво настапот на еден од најценетите претставници од домашната клупска сцена, диџејот НИНО ФЛУДЕР. Карактеристичниот завршен термин и сетот за затворањето на целиот фестивал е резервиран за германскиот техно великан БЕН КЛОК – најголемиот симбол на берлинскиот техно-храм „Бергхаин“ и неприкосновен талент кој повеќе од деценија е меѓу најдобрите и најбараните диџеи и продуценти во светот.

На втората, „Трапсират“ бината, паралелно ќе се одвива програмата со најзвучните претставници од домашната и регионалната трап сцена, а во листата на изведувачи подготвени и оваа година да ја приредат најжешката атмосфера на „Таксират“ се запишуваат: Баша, Хиљсон Мандела, Јанг Дади, Принцес Донатсу и Донплеја.

Во моментов во претпродажба се достапни последните билети со супер-промо цена кои чинат 800 денари и кои ќе можат да се купат преку продажната мрежа на МкТикетс, најдоцна до 19:00 часот на денот на настанот (среда, 7.12.2022), а потоа на фестивалските билетарници ќе почне да важи полната цена и билетите за „Таксират“ ќе чинат 1000 денари.

Главната вечер на ТАКСИРАТ е воедно и последниот настан од годинашната, импресивна и досега најобемна музичка програма на Фестивалот во чии рамки, повеќе од 20.000 посетители, покрај тридневната меѓународна ПИН музичка конференција, уживаа во приликата да ги погледнат концертите на славните светски музички ѕвезди „ДЕД КЕН ДЕНС“, МАНУ ЧАО, АНДРЕ РИУ, последниот концерт во кариерата на хрватскиот панк-рок бенд „ХЛАДНО ПИВО“, потоа македонските докажани музички имиња „ВЕРКА“, „ПИЈАН СЛАВЕЈ“, ЏАМБО АГУШЕВ заедно со НАТАША АТЛАС, ЗАРИНА ПРВАСЕВДА, „ЛУФТАНЗА“ и уште над 40 други музички изведувачи кои од сите страни на светот пристигнаа на „Таксират“ во Скопје.

The post Денеска во Скопје: Главниот настан на Таксират фестивал appeared first on Република.

]]>

Денеска (среда, 7 декември) во Скопје ќе се одржува главната вечер на ТАКСИРАТ со која официјално ќе биде затворено годинашното, 24-то издание на нашиот најголем зимски музички фестивал и тоа со осумчасовна концертна прослава и 12 музички изведувачи кои ќе настапат на две бини во Арената „Борис Трајковски“. Влезот за посетителите ќе биде отворен во 19:00 часот, почетокот на програмата е во 20:00 часот. Први на главната бина и задолжени за официјалното отворање на ова фестивалско финале ќе настапи незаменливиот колектив на македонскиот андерграунд хип-хоп, едно од најзначајните имиња на правецот, групата ЗАД АГОЛОТ! Покрај нив, и тоа за прв пат во Македонија ќе имаме прилика да ги погледнеме и настапите на британската трап-џез сензација „АЈ-ЕМ-ДИДИ-БИ“ и легендата на светската треш-метал сцена, групата „СОДОМ“ од Германија. Френетичната атмосфера годинава ни пристигнува со енергичните каталонци „ЛА ПЕГАТИНА“, додека пак најпопуларниот инди-поп тандем во регионов „БУЧ КЕСИДИ“ доаѓа од Србија со гаранција за најдобрата диско/рокенрол журка на „ТАКСИРАТ“. Полноќниот дел од програмата е резервирана за артистите од електронската музичка сцена и тоа најпрво настапот на еден од најценетите претставници од домашната клупска сцена, диџејот НИНО ФЛУДЕР. Карактеристичниот завршен термин и сетот за затворањето на целиот фестивал е резервиран за германскиот техно великан БЕН КЛОК – најголемиот симбол на берлинскиот техно-храм „Бергхаин“ и неприкосновен талент кој повеќе од деценија е меѓу најдобрите и најбараните диџеи и продуценти во светот. На втората, „Трапсират“ бината, паралелно ќе се одвива програмата со најзвучните претставници од домашната и регионалната трап сцена, а во листата на изведувачи подготвени и оваа година да ја приредат најжешката атмосфера на „Таксират“ се запишуваат: Баша, Хиљсон Мандела, Јанг Дади, Принцес Донатсу и Донплеја. Во моментов во претпродажба се достапни последните билети со супер-промо цена кои чинат 800 денари и кои ќе можат да се купат преку продажната мрежа на МкТикетс, најдоцна до 19:00 часот на денот на настанот (среда, 7.12.2022), а потоа на фестивалските билетарници ќе почне да важи полната цена и билетите за „Таксират“ ќе чинат 1000 денари. Главната вечер на ТАКСИРАТ е воедно и последниот настан од годинашната, импресивна и досега најобемна музичка програма на Фестивалот во чии рамки, повеќе од 20.000 посетители, покрај тридневната меѓународна ПИН музичка конференција, уживаа во приликата да ги погледнат концертите на славните светски музички ѕвезди „ДЕД КЕН ДЕНС“, МАНУ ЧАО, АНДРЕ РИУ, последниот концерт во кариерата на хрватскиот панк-рок бенд „ХЛАДНО ПИВО“, потоа македонските докажани музички имиња „ВЕРКА“, „ПИЈАН СЛАВЕЈ“, ЏАМБО АГУШЕВ заедно со НАТАША АТЛАС, ЗАРИНА ПРВАСЕВДА, „ЛУФТАНЗА“ и уште над 40 други музички изведувачи кои од сите страни на светот пристигнаа на „Таксират“ во Скопје.

The post Денеска во Скопје: Главниот настан на Таксират фестивал appeared first on Република.

]]>
Да ги поддржиме со клик: „Таксират“ и „Д Фестивал“ номинирани за најдобри фестивали во Европа https://republika.mk/scena/muzika/da-gi-poddrzime-so-klik-taksirat-i-d-festival-nominirani-za-najdobri-festivali-vo-evropa/ Fri, 18 Nov 2022 21:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=575653

Фестивалите „Таксират“ и „Д Фестивал“ се во трка за престижните „Европски фестивалски награди“, најзначајното признание за музичките настани на стариот континент. Двата фестивала, како што информира нивниот организатор „Пасворд Продакшн“, се единствени од Македонија номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави од Европа.

Зимскиот „Таксират“ влегува во категоријата за „Најдобар фестивал во затоврен простор“, додека пак „Д Фестивал“ е номиниран за „Најдобар мал фестивал“ односно категоријата во која спаѓаат фестивалите со капацитет од 10 000 посетители дневно.

По номинацијата, за изборот на победниците главниот збор го има милионската публика од целиот свет која веќе гласа за своите омилени фестивали. Гласањето е отворено за сите, па и за македонската публика која може да ги поддржи фестивали преку овој линк.

„Европските Фестивалски Награди“ се најзначајното меѓународно признание за препознавање на квалитетот на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена. Токму затоа за победниците од секоја категорија одлучуваат оние кои се најважниот дел од музичките фестивали – публиката! Преку отворено гласање на официјалната онлајн платформа (https://www.surveymonkey.com/r/efavoting2022) јавноста ќе може да гласа во сите категории и секако да ги поддржи „Таксират“ и „Д Фестивал“ со својот глас сѐ до 7 декември.

Прогласувањето на победниците ќе биде на 18 јануари 2023, на свеченото доделување на наградите во Гронинген, Холандија. За конечните победници во секоја од категориите, се одлучува според гласовите од публиката, но и стручното жири кое го сочинуваат истакнати личности од светската музичка индустрија.

The post Да ги поддржиме со клик: „Таксират“ и „Д Фестивал“ номинирани за најдобри фестивали во Европа appeared first on Република.

]]>

Фестивалите „Таксират“ и „Д Фестивал“ се во трка за престижните „Европски фестивалски награди“, најзначајното признание за музичките настани на стариот континент. Двата фестивала, како што информира нивниот организатор „Пасворд Продакшн“, се единствени од Македонија номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави од Европа. Зимскиот „Таксират“ влегува во категоријата за „Најдобар фестивал во затоврен простор“, додека пак „Д Фестивал“ е номиниран за „Најдобар мал фестивал“ односно категоријата во која спаѓаат фестивалите со капацитет од 10 000 посетители дневно. По номинацијата, за изборот на победниците главниот збор го има милионската публика од целиот свет која веќе гласа за своите омилени фестивали. Гласањето е отворено за сите, па и за македонската публика која може да ги поддржи фестивали преку овој линк. „Европските Фестивалски Награди“ се најзначајното меѓународно признание за препознавање на квалитетот на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена. Токму затоа за победниците од секоја категорија одлучуваат оние кои се најважниот дел од музичките фестивали – публиката! Преку отворено гласање на официјалната онлајн платформа (https://www.surveymonkey.com/r/efavoting2022) јавноста ќе може да гласа во сите категории и секако да ги поддржи „Таксират“ и „Д Фестивал“ со својот глас сѐ до 7 декември. Прогласувањето на победниците ќе биде на 18 јануари 2023, на свеченото доделување на наградите во Гронинген, Холандија. За конечните победници во секоја од категориите, се одлучува според гласовите од публиката, но и стручното жири кое го сочинуваат истакнати личности од светската музичка индустрија.

The post Да ги поддржиме со клик: „Таксират“ и „Д Фестивал“ номинирани за најдобри фестивали во Европа appeared first on Република.

]]>
Бен Клок ја предводи главната бина на Таксират https://republika.mk/scena/muzika/ben-klok-ja-predvodi-glavnata-bina-na-taksirat/ Wed, 16 Nov 2022 13:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=574526

ТАКСИРАТ ја закажа својата главна вечер на 7 декември кога во Арена Борис Трајковски ќе биде официјално затворено годинашното, 24-то издание на Фестивалот и тоа со настапот на апсолутниот симбол на берлинската техно сцена, врвниот диџеј и продуцент BEN KLOCK (Бен Клок) - несомнено еден од најзначајните ликови на модерната електронска музичка сцена! Тој е еден од најпознатите резиденти на култниот клуб „Бергјахн“, во 2015 година ја освои врвната награда за диџеи, „BBC’s Essential Mix of the Year“, изминатата деценија е на врвот на сите анкети на публиката, а и неговата самостојна издавачка куќа „Klockworks“ е високо ценета.

Оваа година неговиот уникатен сет е резервиран за затворањето на ТАКСИРАТ, со настап надополнет со висока продукција кој ни гарантира повеќесетилно искуство.

Покрај Бен Клок, од светската сцена, главната бина на „Таксират“ годинава ќе ни претстави и два премиерни настапи кај нас и тоа британската трап-џез сензација IAMDDB и култниот германски треш-метал бенд SODOM; како и каталонците LA PEGATINA кои се враќаат пред македонската публика со ново шоу! Од регионот ни пристигнува најпопуларниот инди-бенд БУЧ КЕСИДИ, додека пак од домашната музичка сцена за прв пат на Таксират ќе настапи македонскиот рап синоним ЗАД АГОЛОТ!

За прв пат во Македонија, од Манчестер пристигнува IAMDDB (Ај-ем-ди-ди-би), водечката уметница на британската хип-хоп ренесанса! Нејзиното вистинско име е Дијана Де Брито и таа за кратко време ја преточи својата генијалност во глобална популарност, враќајќи ја женската моќ со свеж звук на музичката сцена. Комбинирајќи безвременски џез и соул со модерен трап и р’н’б, созададе сопствен стил кој го нарече урбан џез и важи за најкреативните уметници на новата сцена од ОК. На ТАКСИРАТ доаѓа во рамки на европската турнеја на која речиси сите настапи ѝ се целосно распродадени.

Уште еден премиерен настап во Македонија ќе биде концертот на германскиот бенд SODOM (Содом) - еден од клучните бендови на светската треш метал сцена кој 40 години неприкосновено владее со жестокиот метал звук вкоренет во најдлабокиот андерграунд. Со ниту чекор отстапување од своите почетни принципи и како суверен носител на титулата еден од најценетите треш метал бендови на стариот континент, SODOM сега одбележува јубилеј со ново издание „40 YEARS AT WAR - THE GREATEST HELL OF SODOM“ и со турнеја во чии рамки пристигнува и на главната бина на Таксират!

LA PEGATINA (Ла Пегатина) пристигнуваат на „Таксират“ со нивното ново шоу „Hacia otra parte“! Нов сценски спектакл со повеќе енергија од кога било и достоен за френетичната забава што ја инспирира нивната музика. Најверната публика на „Таксират“ веќе знае дека со нив на сцена невозможно е да не се разиграте. Со повеќе од 1200 концерти во над 35 земји, La Pegatina е еден од најинтернационалните бендови во светот, а велат дека тоа е така баш затоа што знаат како да ве натераат да танцувате.

БУЧ КЕСИДИ самите се опишуваат како „леворак диско/поп-рок/електро бој-бенд“, додека пак критиката ги опушува како најпопуларното име на новата регионална сцена, со милиони на YouTube и секогаш рекордно распродадени концерти. А кога се концертите во прашање, синоним за овој талентиран тандем се енергичните настапи со одлична сценографија за вистинска и неверојатно добра диско/рокенрол журка. Токму тоа го очекуваме и на ТАКСИРАТ!

ЗАД АГОЛОТ пак се незаменливи кога е во прашање македонскиот андерграунд хип-хоп! Ова е екипа која ги има поставено своите корени и на регионалната сцена уште од нивното деби во 2012 година. Редовно ги поместуваат границите на перфекција со секој свој настап во живо, а со нивниот потврден настап на главната бина на ТАКСИРАТ, „Зад Аголот“ несомнено ќе го покаже најдоброто од македонскиот рап!

И иако остануваат само уште неколку недели до финалната вечер, програмата за истата не завршува тука, па наскоро ќе бидат објавени нови музички имиња со кои ќе се комплетира импресивната листа на музички изведувачи кои ќе се потпишат зад новото издание на најголемиот зимски музички фестивал во Југоисточна Европа, скопскиот ТАКСИРАТ!

Билетите за главната вечер на Таксират се веќе достапни во продажба и за нив сѐ уште важи првата, извонредна цена: 700 денари, за кои публиката треба да поита во некое од продажните места на МкТикетс или најбрзо онлајн преку официјалната веб-страница на Таксират.

Покрај главната вечер, претходно во рамки на 24-тиот ТАКСИРАТ во Скопје ќе се одржува концертот на славниот „крал на валцерот“ Андре Риу на 23 ноември, а потоа Лузер Фест и големата ПИН музичка конференција која е своевиден фестивал во фестивал со над 50 концерти од 24 до 26 ноември.

The post Бен Клок ја предводи главната бина на Таксират appeared first on Република.

]]>

ТАКСИРАТ ја закажа својата главна вечер на 7 декември кога во Арена Борис Трајковски ќе биде официјално затворено годинашното, 24-то издание на Фестивалот и тоа со настапот на апсолутниот симбол на берлинската техно сцена, врвниот диџеј и продуцент BEN KLOCK (Бен Клок) - несомнено еден од најзначајните ликови на модерната електронска музичка сцена! Тој е еден од најпознатите резиденти на култниот клуб „Бергјахн“, во 2015 година ја освои врвната награда за диџеи, „BBC’s Essential Mix of the Year“, изминатата деценија е на врвот на сите анкети на публиката, а и неговата самостојна издавачка куќа „Klockworks“ е високо ценета. Оваа година неговиот уникатен сет е резервиран за затворањето на ТАКСИРАТ, со настап надополнет со висока продукција кој ни гарантира повеќесетилно искуство. Покрај Бен Клок, од светската сцена, главната бина на „Таксират“ годинава ќе ни претстави и два премиерни настапи кај нас и тоа британската трап-џез сензација IAMDDB и култниот германски треш-метал бенд SODOM; како и каталонците LA PEGATINA кои се враќаат пред македонската публика со ново шоу! Од регионот ни пристигнува најпопуларниот инди-бенд БУЧ КЕСИДИ, додека пак од домашната музичка сцена за прв пат на Таксират ќе настапи македонскиот рап синоним ЗАД АГОЛОТ! За прв пат во Македонија, од Манчестер пристигнува IAMDDB (Ај-ем-ди-ди-би), водечката уметница на британската хип-хоп ренесанса! Нејзиното вистинско име е Дијана Де Брито и таа за кратко време ја преточи својата генијалност во глобална популарност, враќајќи ја женската моќ со свеж звук на музичката сцена. Комбинирајќи безвременски џез и соул со модерен трап и р’н’б, созададе сопствен стил кој го нарече урбан џез и важи за најкреативните уметници на новата сцена од ОК. На ТАКСИРАТ доаѓа во рамки на европската турнеја на која речиси сите настапи ѝ се целосно распродадени. Уште еден премиерен настап во Македонија ќе биде концертот на германскиот бенд SODOM (Содом) - еден од клучните бендови на светската треш метал сцена кој 40 години неприкосновено владее со жестокиот метал звук вкоренет во најдлабокиот андерграунд. Со ниту чекор отстапување од своите почетни принципи и како суверен носител на титулата еден од најценетите треш метал бендови на стариот континент, SODOM сега одбележува јубилеј со ново издание „40 YEARS AT WAR - THE GREATEST HELL OF SODOM“ и со турнеја во чии рамки пристигнува и на главната бина на Таксират! LA PEGATINA (Ла Пегатина) пристигнуваат на „Таксират“ со нивното ново шоу „Hacia otra parte“! Нов сценски спектакл со повеќе енергија од кога било и достоен за френетичната забава што ја инспирира нивната музика. Најверната публика на „Таксират“ веќе знае дека со нив на сцена невозможно е да не се разиграте. Со повеќе од 1200 концерти во над 35 земји, La Pegatina е еден од најинтернационалните бендови во светот, а велат дека тоа е така баш затоа што знаат како да ве натераат да танцувате. БУЧ КЕСИДИ самите се опишуваат како „леворак диско/поп-рок/електро бој-бенд“, додека пак критиката ги опушува како најпопуларното име на новата регионална сцена, со милиони на YouTube и секогаш рекордно распродадени концерти. А кога се концертите во прашање, синоним за овој талентиран тандем се енергичните настапи со одлична сценографија за вистинска и неверојатно добра диско/рокенрол журка. Токму тоа го очекуваме и на ТАКСИРАТ! ЗАД АГОЛОТ пак се незаменливи кога е во прашање македонскиот андерграунд хип-хоп! Ова е екипа која ги има поставено своите корени и на регионалната сцена уште од нивното деби во 2012 година. Редовно ги поместуваат границите на перфекција со секој свој настап во живо, а со нивниот потврден настап на главната бина на ТАКСИРАТ, „Зад Аголот“ несомнено ќе го покаже најдоброто од македонскиот рап! И иако остануваат само уште неколку недели до финалната вечер, програмата за истата не завршува тука, па наскоро ќе бидат објавени нови музички имиња со кои ќе се комплетира импресивната листа на музички изведувачи кои ќе се потпишат зад новото издание на најголемиот зимски музички фестивал во Југоисточна Европа, скопскиот ТАКСИРАТ! Билетите за главната вечер на Таксират се веќе достапни во продажба и за нив сѐ уште важи првата, извонредна цена: 700 денари, за кои публиката треба да поита во некое од продажните места на МкТикетс или најбрзо онлајн преку официјалната веб-страница на Таксират. Покрај главната вечер, претходно во рамки на 24-тиот ТАКСИРАТ во Скопје ќе се одржува концертот на славниот „крал на валцерот“ Андре Риу на 23 ноември, а потоа Лузер Фест и големата ПИН музичка конференција која е своевиден фестивал во фестивал со над 50 концерти од 24 до 26 ноември.

The post Бен Клок ја предводи главната бина на Таксират appeared first on Република.

]]>
Музичко уживање до максимум: На Ману Чао не му се заминуваше од бина https://republika.mk/scena/muzika/muzichko-uzivanje-do-maksimum-na-manu-chao-ne-mu-se-zaminuvashe-od-bina/ Tue, 27 Sep 2022 12:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=554761

Позитивна атмосфера, многу топлина и емоции и апсолутно никаква желба за музичката дружба да заврши...

Ману Чао и присутните во МКЦ на неговиот концерт во рамки на фестивалот Таксират, покажаа дека негуваат взаемна почит која доведе до тоа легендарниот музичар и неговите двајца соработници, гитаристот Лусијано Едуардо Фалико и долгогодишниот музички партнер, перкусионистот Филип Тебул (познат како Гарбансито), да го продолжуваат бисот одново и одново, па со несмален интензитет позитивната атмосфера и интеракцијата меѓу бината и публиката се приближи и до два ипол часа.

Толку време во салата во МКЦ владееја доброто расположение од одличната музика, веселите луѓе и среќните лица... Едноставно, атмосфера која ги понесе и триото на бината и публиката, па ни едните ни другите не покажуваа ни грам желба да го прекинат музичкото дружење.

Па, дури и кога концертот конечно заврши, голем дел од присутните продолжија да танцуваат и да пејат на заразниот и весел ритам на музиката на Ману Чао, која продолжи од звучниците во салата во МКЦ.

Со ваквиот свој настап, Ману Чао целосно ги исполни очекувањата и потврди зошто е еден од милениците и најдраги гости на скопската публика.

Се на се, за настапот на Ману Чао на Таксират слободно може да се каже дека е многу високо на скалилото на најдобри музички случувања во Македонија оваа година.

The post Музичко уживање до максимум: На Ману Чао не му се заминуваше од бина appeared first on Република.

]]>

Позитивна атмосфера, многу топлина и емоции и апсолутно никаква желба за музичката дружба да заврши... Ману Чао и присутните во МКЦ на неговиот концерт во рамки на фестивалот Таксират, покажаа дека негуваат взаемна почит која доведе до тоа легендарниот музичар и неговите двајца соработници, гитаристот Лусијано Едуардо Фалико и долгогодишниот музички партнер, перкусионистот Филип Тебул (познат како Гарбансито), да го продолжуваат бисот одново и одново, па со несмален интензитет позитивната атмосфера и интеракцијата меѓу бината и публиката се приближи и до два ипол часа. Толку време во салата во МКЦ владееја доброто расположение од одличната музика, веселите луѓе и среќните лица... Едноставно, атмосфера која ги понесе и триото на бината и публиката, па ни едните ни другите не покажуваа ни грам желба да го прекинат музичкото дружење. Па, дури и кога концертот конечно заврши, голем дел од присутните продолжија да танцуваат и да пејат на заразниот и весел ритам на музиката на Ману Чао, која продолжи од звучниците во салата во МКЦ. Со ваквиот свој настап, Ману Чао целосно ги исполни очекувањата и потврди зошто е еден од милениците и најдраги гости на скопската публика. Се на се, за настапот на Ману Чао на Таксират слободно може да се каже дека е многу високо на скалилото на најдобри музички случувања во Македонија оваа година.

The post Музичко уживање до максимум: На Ману Чао не му се заминуваше од бина appeared first on Република.

]]>
Остануваат уште само 300 билети за Ману Чао на Таксират https://republika.mk/scena/muzika/ostanuvaat-ushte-samo-300-bileti-za-manu-chao-na-taksirat/ Fri, 16 Sep 2022 08:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=551278

Распродаден е и вториот контингент од билетите за настапот на Ману Чао на фестивалот Таксират, информираа од „Пасворд продукција“.

Организаторите на фестивалот информираат дека во продажба се останати само уште 300 влезници, коишто се продаваат по цена од 900 денари.

Ману Чао на Таксират ќе се претстави со акустичен концерт, што ќе се одржи на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар.

https://republika.mk/scena/muzika/manu-chao-doagja-na-taksirat-so-ekipa-podgotvena-za-akustichen-nastap/

 

The post Остануваат уште само 300 билети за Ману Чао на Таксират appeared first on Република.

]]>

Распродаден е и вториот контингент од билетите за настапот на Ману Чао на фестивалот Таксират, информираа од „Пасворд продукција“. Организаторите на фестивалот информираат дека во продажба се останати само уште 300 влезници, коишто се продаваат по цена од 900 денари. Ману Чао на Таксират ќе се претстави со акустичен концерт, што ќе се одржи на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар. https://republika.mk/scena/muzika/manu-chao-doagja-na-taksirat-so-ekipa-podgotvena-za-akustichen-nastap/  

The post Остануваат уште само 300 билети за Ману Чао на Таксират appeared first on Република.

]]>
Пуштени во продажба промо билетите за настапот на Хладно пиво на Таксират https://republika.mk/scena/muzika/pushteni-vo-prodazba-promo-biletite-za-nastapot-na-hladno-pivo-na-taksirat/ Wed, 14 Sep 2022 10:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=550668

Пуштени во продажба се билетите за концертото на хравтскиот бенд Хладно пиво, што, во рамки на фестивалот Таксират, ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 9 октомври. Почетокот е закажан за во 20 часот.

Како што објавија од „Пасворд продикција“ билетите се пуштен во продажба преку продажната мрежа на МкТикетс, а првите 200 купени билети ќе бидат со промотивна цена од 700 денари.

Последна тура Хладно пиво‼

 

Еден од најзначајните панк-рок бендови во регионов најави последна серија настапи пред, како што велат подолга концертна пауза, а како дел и од исклучително успешната турнеја „35 за 35“ за три ипол децении постоење.

 

Повеќе од доволно за задолжителен концерт во Скопје! - велат од Пасворд продукција.

The post Пуштени во продажба промо билетите за настапот на Хладно пиво на Таксират appeared first on Република.

]]>

Пуштени во продажба се билетите за концертото на хравтскиот бенд Хладно пиво, што, во рамки на фестивалот Таксират, ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 9 октомври. Почетокот е закажан за во 20 часот. Како што објавија од „Пасворд продикција“ билетите се пуштен во продажба преку продажната мрежа на МкТикетс, а првите 200 купени билети ќе бидат со промотивна цена од 700 денари.
Последна тура Хладно пиво‼   Еден од најзначајните панк-рок бендови во регионов најави последна серија настапи пред, како што велат подолга концертна пауза, а како дел и од исклучително успешната турнеја „35 за 35“ за три ипол децении постоење.   Повеќе од доволно за задолжителен концерт во Скопје! - велат од Пасворд продукција.

The post Пуштени во продажба промо билетите за настапот на Хладно пиво на Таксират appeared first on Република.

]]>
Билетите за настапот на Ману Чао на Таксират одат „како алва“ https://republika.mk/scena/muzika/biletite-za-nastapot-na-manu-chao-na-taksirat-odat-kako-alva/ Wed, 14 Sep 2022 10:39:50 +0000 https://republika.mk/?p=550651

Концертот на Ману Чао, кој ќе настапи со акустичен концерт, што ќе се одржи во амки на фестивалот Таксират на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар, предизвикува голем интерес во јавноста.

Само еден ден откако беа пуштени во продажба првите 200 билети со промотивна цена од 700 денари, сите влезници се распродадени. По ваквиот интерес, сега во продажба се билети со цена од 800 денари достапни за купување во продажната мрежа на МкТикетс низ Македонија.
Концертот на Ману Чао во Скопје .

Покрај овој концерт, што е во организација на „Пасворд Продакшн“ и е дел од годинашното, 24-то издание на „Таксират“ беа и двата распродадени концерти на светскиот музички феномен „Дед Кен Денс“ кој во мај годинава за прв пат настапи кај нас, а наскоро ќе бидат објавени уште многу нови изведувачи и настани во рамките на Таксират Фестивал.

https://republika.mk/scena/muzika/manu-chao-doagja-na-taksirat-so-ekipa-podgotvena-za-akustichen-nastap/

The post Билетите за настапот на Ману Чао на Таксират одат „како алва“ appeared first on Република.

]]>

Концертот на Ману Чао, кој ќе настапи со акустичен концерт, што ќе се одржи во амки на фестивалот Таксират на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар, предизвикува голем интерес во јавноста. Само еден ден откако беа пуштени во продажба првите 200 билети со промотивна цена од 700 денари, сите влезници се распродадени. По ваквиот интерес, сега во продажба се билети со цена од 800 денари достапни за купување во продажната мрежа на МкТикетс низ Македонија. Концертот на Ману Чао во Скопје . Покрај овој концерт, што е во организација на „Пасворд Продакшн“ и е дел од годинашното, 24-то издание на „Таксират“ беа и двата распродадени концерти на светскиот музички феномен „Дед Кен Денс“ кој во мај годинава за прв пат настапи кај нас, а наскоро ќе бидат објавени уште многу нови изведувачи и настани во рамките на Таксират Фестивал. https://republika.mk/scena/muzika/manu-chao-doagja-na-taksirat-so-ekipa-podgotvena-za-akustichen-nastap/

The post Билетите за настапот на Ману Чао на Таксират одат „како алва“ appeared first on Република.

]]>
Ману Чао доаѓа на Таксират со екипа подготвена за акустичен настап https://republika.mk/scena/muzika/manu-chao-doagja-na-taksirat-so-ekipa-podgotvena-za-akustichen-nastap/ Tue, 13 Sep 2022 18:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=550646

Ману Чао пристигнува во Скопје со акустичен концерт кој ќе се одржи на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар, во склоп на програмата на Таксират фестивал.

За концертот на Ману Чао во Скопје, билетите се веќе пуштени во продажба. Првите 200 купени билети беа со најповолна цена од 700 денари, а веќе достапни за купување во продажната мрежа на „МкТикетс“ низ Македонија се билети од втората група со цена од по 800 денари.

Покрај овој концерт, дел од годинашното, 24-то издание на „Таксират“ беа и двата распродадени концерти на светскиот музички феномен „Дед Кен Денс“ кој во мај годинава за прв пат настапи кај нас, а наскоро ќе бидат објавени уште многу нови изведувачи и настани во рамките на Таксират Фестивал.

Француско-шпанскиот уметник Ману Чао е култно име на бунтовната музика и еден од најважните гласови на музиката на светот, а привилегија на публиката на Таксират е што во својата мапа на секогаш внимателно избрани места за свирење големиот Ману Чао упорно инсистира на Скопје! Неговиот прв настап во Македонија се одржа во 2002 година и остана запаметен како еден од најдобрите што ги има видено македонската публика. Од тој посебен момент Ману Чао важи за другар на Таксират, на Скопје и на Македонија, а секое негово навраќање кај нас носи обострана неизмерна радост, како што впрочем и самиот напиша во најавата за овој концерт.

Во својата музика тој спојува различни култури и влијанија, панк, рок, ска, реге, салса и традиционални песни во кои го пренесува пркосот кон предизвиците на денешниот свет. Од имиграција до консумеризам и глобализација. Од основањето на славната група „Мано Негра“ во 1987 година до денес, Ману Чао е уметникот кој ги наполни дури и најголемите стадиони ширум светот, продаде милиони албуми и сними безброј хитови кои се искачија на врвот на топ листите, особено во земјите од Европа и Латинска Америка, како што се „Clandestino“, „Bongo Bong“, „Me Gustas Tu“, „Mala Vida“ и многу други. Тој е револуционерно продорен и подеднакво мирољубив музичар, пејач, гитарист, текстописец, полиглот, патник и активист кој го започна латинското алтернативно движење во 80-тите и ги надмина музичките стилови и географските граници во неговата музика. Без разлика дали тој настапува со „Мано Негра“, „Радио Бемба“ или „Ла Вентура“, атмосферата и енергијата на неговите концерти се практично неспоредливи.

Овој пат, Ману Чао пред својата публика се враќа во акустична постава. Заедно со гитаристот Лусијано Едуардо Фалико и долгогодишниот музички партнер, перкусионистот Филип Тебул (познат како Гарбансито, член на Mano Negra и Radio Bemba), Ману сега патува со најинтимните концерти во својата кариера, без ѕвездени статуси, без толпа од стотици илјади и по правило во мали концертни простори кои веднаш се распродаваат.

Веќе се распродадени и сите претходно најавени концерти на Ману Чао во регионов, а меѓу нив рекорден е белградскиот настап за кој билетите се распродадоа за помалку од 24 часа.

The post Ману Чао доаѓа на Таксират со екипа подготвена за акустичен настап appeared first on Република.

]]>

Ману Чао пристигнува во Скопје со акустичен концерт кој ќе се одржи на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар, во склоп на програмата на Таксират фестивал. За концертот на Ману Чао во Скопје, билетите се веќе пуштени во продажба. Првите 200 купени билети беа со најповолна цена од 700 денари, а веќе достапни за купување во продажната мрежа на „МкТикетс“ низ Македонија се билети од втората група со цена од по 800 денари. Покрај овој концерт, дел од годинашното, 24-то издание на „Таксират“ беа и двата распродадени концерти на светскиот музички феномен „Дед Кен Денс“ кој во мај годинава за прв пат настапи кај нас, а наскоро ќе бидат објавени уште многу нови изведувачи и настани во рамките на Таксират Фестивал. Француско-шпанскиот уметник Ману Чао е култно име на бунтовната музика и еден од најважните гласови на музиката на светот, а привилегија на публиката на Таксират е што во својата мапа на секогаш внимателно избрани места за свирење големиот Ману Чао упорно инсистира на Скопје! Неговиот прв настап во Македонија се одржа во 2002 година и остана запаметен како еден од најдобрите што ги има видено македонската публика. Од тој посебен момент Ману Чао важи за другар на Таксират, на Скопје и на Македонија, а секое негово навраќање кај нас носи обострана неизмерна радост, како што впрочем и самиот напиша во најавата за овој концерт. Во својата музика тој спојува различни култури и влијанија, панк, рок, ска, реге, салса и традиционални песни во кои го пренесува пркосот кон предизвиците на денешниот свет. Од имиграција до консумеризам и глобализација. Од основањето на славната група „Мано Негра“ во 1987 година до денес, Ману Чао е уметникот кој ги наполни дури и најголемите стадиони ширум светот, продаде милиони албуми и сними безброј хитови кои се искачија на врвот на топ листите, особено во земјите од Европа и Латинска Америка, како што се „Clandestino“, „Bongo Bong“, „Me Gustas Tu“, „Mala Vida“ и многу други. Тој е револуционерно продорен и подеднакво мирољубив музичар, пејач, гитарист, текстописец, полиглот, патник и активист кој го започна латинското алтернативно движење во 80-тите и ги надмина музичките стилови и географските граници во неговата музика. Без разлика дали тој настапува со „Мано Негра“, „Радио Бемба“ или „Ла Вентура“, атмосферата и енергијата на неговите концерти се практично неспоредливи. Овој пат, Ману Чао пред својата публика се враќа во акустична постава. Заедно со гитаристот Лусијано Едуардо Фалико и долгогодишниот музички партнер, перкусионистот Филип Тебул (познат како Гарбансито, член на Mano Negra и Radio Bemba), Ману сега патува со најинтимните концерти во својата кариера, без ѕвездени статуси, без толпа од стотици илјади и по правило во мали концертни простори кои веднаш се распродаваат. Веќе се распродадени и сите претходно најавени концерти на Ману Чао во регионов, а меѓу нив рекорден е белградскиот настап за кој билетите се распродадоа за помалку од 24 часа.

The post Ману Чао доаѓа на Таксират со екипа подготвена за акустичен настап appeared first on Република.

]]>
Безвременскиот и магичен звук на култниот светски музички феномен Dead Can Dance на Таксират Фестивал https://republika.mk/scena/muzika/bezvremenskiot-i-magichen-zvuk-na-kultniot-svetski-muzichki-fenomen-dead-can-dance-na-taksirat-festival/ Sun, 22 May 2022 14:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=505505

DEAD CAN DANCE конечно пристигнуваат во Скопје! Македонската публика за прв пат ќе има прилика да ужива во безвременскиот и магичен звук на култниот и единствен светски музички феномен Dead Can Dance кој во рамки на Таксират Фестивал ќе одржи два концерта, на 23 и 24 мај во Македонска Филхармонија.

Лиза Џерард, еден од најубавите светски вокали и музичкиот гениј Брендан Пери, веќе 4 децении на музичките вљубеници им го пренесуваат својот длабок уметнички интегритет. Tворејќи музика која уште од оформувањето во 1981 година во Мелбурн, успешно се оттргнува од прангите на жанровите, просторот или времето, тие се потпишуваат зад неверојатно инспиративен опус. Зад себе имаат осум студиски и три албуми во живо, и многу успешни светски турнеи. Славни се и како композитори на музика за бројни филмови, меѓу кои најпозната е музиката за „Гладијатор“ на Ридли Скот. Лиза Џерард и Брендан Пери имаа и прекин во заедничкото работење, во кој период тие успешно ги градеа соло кариерите, а шест години по албумот „Anastasis“, повторно се вратија на заедничкото творење во 2018 година со албумот „Dionysus“.

Билетите со цени 1500 и 2000 денари ќе бидат достапни од среда, 22 септември 2021 на www.mktickets.mk

The post Безвременскиот и магичен звук на култниот светски музички феномен Dead Can Dance на Таксират Фестивал appeared first on Република.

]]>

DEAD CAN DANCE конечно пристигнуваат во Скопје! Македонската публика за прв пат ќе има прилика да ужива во безвременскиот и магичен звук на култниот и единствен светски музички феномен Dead Can Dance кој во рамки на Таксират Фестивал ќе одржи два концерта, на 23 и 24 мај во Македонска Филхармонија.

Лиза Џерард, еден од најубавите светски вокали и музичкиот гениј Брендан Пери, веќе 4 децении на музичките вљубеници им го пренесуваат својот длабок уметнички интегритет. Tворејќи музика која уште од оформувањето во 1981 година во Мелбурн, успешно се оттргнува од прангите на жанровите, просторот или времето, тие се потпишуваат зад неверојатно инспиративен опус. Зад себе имаат осум студиски и три албуми во живо, и многу успешни светски турнеи. Славни се и како композитори на музика за бројни филмови, меѓу кои најпозната е музиката за „Гладијатор“ на Ридли Скот. Лиза Џерард и Брендан Пери имаа и прекин во заедничкото работење, во кој период тие успешно ги градеа соло кариерите, а шест години по албумот „Anastasis“, повторно се вратија на заедничкото творење во 2018 година со албумот „Dionysus“.

Билетите со цени 1500 и 2000 денари ќе бидат достапни од среда, 22 септември 2021 на www.mktickets.mk

The post Безвременскиот и магичен звук на култниот светски музички феномен Dead Can Dance на Таксират Фестивал appeared first on Република.

]]>