светец Archives - Република https://republika.mk/tema/svetec/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Jun 2023 07:38:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png светец Archives - Република https://republika.mk/tema/svetec/ 32 32 Ни доаѓа голем празник: За оваа вода се верува дека е лековита, помолете се на овој светец и сите желби ќе ви станат реалност! https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ni-doaga-golem-praznik-za-ovaa-voda-se-veruva-deka-e-lekovita-pomolete-se-na-ovoj-svetets-i-site-zhelbi-ke-vi-stanat-realnost/ Wed, 14 Jun 2023 07:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=651102

Во петок на 15 јуни се празнува Свети Еразмо Охридски кој поради неговата мисионерска дејност и големите заслуги за ширењето на христијанството свети Еразмо во нашиве краишта бил сликан заедно со Седмочислениците.

Овој светител, од Бога даруван со чудотворна моќ, е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелисто па така стигнал и во Охрид.

Откако го воскреснал синот на некој човек по име Атанас, крстил многу луѓе, а идолските жртвеници ги разурнал. Поради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан, кој му наредил да му се поклони на бакарниот кип на Зевс и да му принесе жртва.

Но, Еразмо направил од статуата да излезе ламја и да го исплаши народот. По овој настан св. Еразмо крстил 20 000 луѓе, но по наредба на царот сите биле исечени, а Еразмо бил затворен. Но тогаш се јавил ангелот и го ослободил од затворот, како што многу порано го ослободил св. Петар. Св. Еразмо пред смртта се повлекол во една пештера и во молитви го минал животот. Починал во почетокот на IV век.

Во близината на Охрид има пештерска црква посветана на св. Еразмо Охридски, а во близина на црквата има вода за која се верува дека е лековита, особено на денот на светителот.

Култот на свети Еразмо бил раширен и во западните земји: Италија, Шпанија, Франција, Германија и др.

„Во земјите на византиската и словенската културна сфера, според сегашните сознанија, неговиот култ пушти корења само во охридскиот крај каде што се одржа во долг хронолошки распон, подолг отколку на кој и да било друг светител во македонските краишта“.

Споменот на св. Еразмо во Македонија се празнувал уште во времето на свети Климент, прифаќајќи го неговиот култ втемелен многу порано. Во текот на 19 век, за време на македонската преродба зографите мошне често кај композицијата на Седмочислениците ја сликаат и фигурата на св. Еразмо заради неговата мисионерска дејност и заслуги во ширењето на христијанството.

The post Ни доаѓа голем празник: За оваа вода се верува дека е лековита, помолете се на овој светец и сите желби ќе ви станат реалност! appeared first on Република.

]]>

Во петок на 15 јуни се празнува Свети Еразмо Охридски кој поради неговата мисионерска дејност и големите заслуги за ширењето на христијанството свети Еразмо во нашиве краишта бил сликан заедно со Седмочислениците. Овој светител, од Бога даруван со чудотворна моќ, е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелисто па така стигнал и во Охрид. Откако го воскреснал синот на некој човек по име Атанас, крстил многу луѓе, а идолските жртвеници ги разурнал. Поради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан, кој му наредил да му се поклони на бакарниот кип на Зевс и да му принесе жртва. Но, Еразмо направил од статуата да излезе ламја и да го исплаши народот. По овој настан св. Еразмо крстил 20 000 луѓе, но по наредба на царот сите биле исечени, а Еразмо бил затворен. Но тогаш се јавил ангелот и го ослободил од затворот, како што многу порано го ослободил св. Петар. Св. Еразмо пред смртта се повлекол во една пештера и во молитви го минал животот. Починал во почетокот на IV век. Во близината на Охрид има пештерска црква посветана на св. Еразмо Охридски, а во близина на црквата има вода за која се верува дека е лековита, особено на денот на светителот. Култот на свети Еразмо бил раширен и во западните земји: Италија, Шпанија, Франција, Германија и др. „Во земјите на византиската и словенската културна сфера, според сегашните сознанија, неговиот култ пушти корења само во охридскиот крај каде што се одржа во долг хронолошки распон, подолг отколку на кој и да било друг светител во македонските краишта“. Споменот на св. Еразмо во Македонија се празнувал уште во времето на свети Климент, прифаќајќи го неговиот култ втемелен многу порано. Во текот на 19 век, за време на македонската преродба зографите мошне често кај композицијата на Седмочислениците ја сликаат и фигурата на св. Еразмо заради неговата мисионерска дејност и заслуги во ширењето на христијанството.

The post Ни доаѓа голем празник: За оваа вода се верува дека е лековита, помолете се на овој светец и сите желби ќе ви станат реалност! appeared first on Република.

]]>
Утре е значаен празник – еве што треба да направите во чест на светецот, една работа е строго забранета! https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/utre-e-znachaen-praznik-eve-shto-treba-da-napravite-vo-chest-na-svetecot-edna-rabota-e-strogo-zabraneta/ Fri, 25 Nov 2022 15:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=578320

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е 13 ноември.

Се прославува Св. Јован Златоуст.

Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа.

По смртта на родителите се замонаши. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград.

Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување, по кои едвај да е надминат од некого во историјата на Црквата.

Се успокои во 407 година, во Ерменија. Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан.

Се смета дека утре не се важни парите и материјалните нешта, туку нешто друго. Утре секој верник треба да земе книга во рака, и да прочита барем дел од неа.

Не смеат во рака да се земат конци, волна и игли. Светецот не сака утре на неговиот празник да се работи, туку сите подеднакво да уживаат.

The post Утре е значаен празник – еве што треба да направите во чест на светецот, една работа е строго забранета! appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е 13 ноември. Се прославува Св. Јован Златоуст. Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа. По смртта на родителите се замонаши. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград. Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување, по кои едвај да е надминат од некого во историјата на Црквата. Се успокои во 407 година, во Ерменија. Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан. Се смета дека утре не се важни парите и материјалните нешта, туку нешто друго. Утре секој верник треба да земе книга во рака, и да прочита барем дел од неа. Не смеат во рака да се земат конци, волна и игли. Светецот не сака утре на неговиот празник да се работи, туку сите подеднакво да уживаат.

The post Утре е значаен празник – еве што треба да направите во чест на светецот, една работа е строго забранета! appeared first on Република.

]]>
Кирил Пејчиновиќ станува светец https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kiril-pejchinovikj-stanuva-svetec/ Sat, 08 Oct 2022 14:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=558821

Во рамки на Литургијата на која ќе се изврши прогласувањето за светец на македонскиот прередобеник Кирил Пејчиновиќ верниците ќе имаат можност да се поклонат на моштите.

Канонизацијата ќе се одржи наредниот викенд 16 октомври во Соборниот храм ,,Св. Кирил и Методиј” во Тетово, со почеток во 8.30 часот, кога ќе се отслужи света Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на архијереите и свештенослужители од епархиите на МПЦ-ОА.

На Литургијата ден претходно на 15 октомври во Лешочкиот манастир „Свети Атанасиј Велики”, ќе биде отслужена Вечерна служба со почеток во 17 часот.

Ова е чин со историско значење, дело кое, со Божјата помош и по застапништвото на преподобниот, ќе донесе духовни плодови за нашиот народ и нашата Црква, а воедно претставува и несекојдневен дел од црковната традиција, кој е душеполезно да се посведочи со личното присуство. Тетово и Полошкиот регион, но и нашиот верен народ низ татковината и светот, добиваат уште еден молитвен покровител, принесувајќи му дар и на соборното Православие, а во слава на Бога. Нека е на многу години – велат од Тетовско-гостиварската православна епархија.

The post Кирил Пејчиновиќ станува светец appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Литургијата на која ќе се изврши прогласувањето за светец на македонскиот прередобеник Кирил Пејчиновиќ верниците ќе имаат можност да се поклонат на моштите. Канонизацијата ќе се одржи наредниот викенд 16 октомври во Соборниот храм ,,Св. Кирил и Методиј” во Тетово, со почеток во 8.30 часот, кога ќе се отслужи света Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на архијереите и свештенослужители од епархиите на МПЦ-ОА. На Литургијата ден претходно на 15 октомври во Лешочкиот манастир „Свети Атанасиј Велики”, ќе биде отслужена Вечерна служба со почеток во 17 часот.
Ова е чин со историско значење, дело кое, со Божјата помош и по застапништвото на преподобниот, ќе донесе духовни плодови за нашиот народ и нашата Црква, а воедно претставува и несекојдневен дел од црковната традиција, кој е душеполезно да се посведочи со личното присуство. Тетово и Полошкиот регион, но и нашиот верен народ низ татковината и светот, добиваат уште еден молитвен покровител, принесувајќи му дар и на соборното Православие, а во слава на Бога. Нека е на многу години – велат од Тетовско-гостиварската православна епархија.
 
The post Кирил Пејчиновиќ станува светец appeared first on Република.

]]>
Кирил Пејчиновиќ во октомври ќе биде прогласен за светец https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kiril-pejchinovikj-vo-oktomvri-kje-bide-proglasen-za-svetec/ Fri, 08 Jul 2022 13:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=525990

Тетовско гостиварската епархија информира дека во октомври ќе се случи прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец. Канонизацијата ќе се изврши во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј.

Возљубени браќа и сестри, на 15 и 16 октомври 2022 ќе се изврши канонизацијата на игуменот Кирил Лешочки за светител и вбројување во диптихот на светите. Канонизацијата започнува во сабота 15 октомври со Воскресна вечерна богослужба во Лешочкиот манастир од 17 часот која ќе ја чиноначалствива митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф - информираат од епархијата.

Утредента од 07.30 часот во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј ќе има Восрекна Утрена богослужба, додека во 08.30 дочек на Архиепископот и Архијереите на МПЦ – ОА. Вееднаш потоа ќе започне Светата божествена литругија и прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец Кирил Лешочки.

Кирил Пејчиновиќ е роден 1771 година во тетовско Теарце, а живеел до 1845 година, бил голем просветител, народен учител и игумен на Лешочкиот манастир. Го обновил Лешочкиот манастир каде и почива во црковниот двор.

The post Кирил Пејчиновиќ во октомври ќе биде прогласен за светец appeared first on Република.

]]>

Тетовско гостиварската епархија информира дека во октомври ќе се случи прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец. Канонизацијата ќе се изврши во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј.
Возљубени браќа и сестри, на 15 и 16 октомври 2022 ќе се изврши канонизацијата на игуменот Кирил Лешочки за светител и вбројување во диптихот на светите. Канонизацијата започнува во сабота 15 октомври со Воскресна вечерна богослужба во Лешочкиот манастир од 17 часот која ќе ја чиноначалствива митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф - информираат од епархијата.
Утредента од 07.30 часот во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј ќе има Восрекна Утрена богослужба, додека во 08.30 дочек на Архиепископот и Архијереите на МПЦ – ОА. Вееднаш потоа ќе започне Светата божествена литругија и прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец Кирил Лешочки. Кирил Пејчиновиќ е роден 1771 година во тетовско Теарце, а живеел до 1845 година, бил голем просветител, народен учител и игумен на Лешочкиот манастир. Го обновил Лешочкиот манастир каде и почива во црковниот двор.

The post Кирил Пејчиновиќ во октомври ќе биде прогласен за светец appeared first on Република.

]]>
Игуменот Јоаким Крчовски ќе биде прогласен за светец https://republika.mk/vesti/makedonija/igumenot-joakim-krchovski-kje-bide-proglasen-za-svetec/ Sun, 22 May 2022 07:33:06 +0000 https://republika.mk/?p=505371

На иницијатива на Кумановско-Осоговската епархија денеска во манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка ќе се изврши канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светец.

Со канонизацијата, Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител ќе се вброи во диптихот на светите.

Според информациите од Кумановско-Осоговската епархија, во 7:30 часот ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а во 9 часот е закажана светата божествена литургија и вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски.

Вчера со почеток во 18 часот беше отслужена воскресна вечерна богослужба со парастос за блаженоупокоениот игумен Јоаким Крчовски.

Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија на својата вонредна седница одржана на 10 мај разгледувајќи го предлогот на комисијата за канионизација за канионизирање на светител во лицето на преподобниот игумен Јоаким Крчовски 1820, внимателно изучувувајќи го животниот пат и пастирскиот подвиг, како и чудата што се случуваат по неговите молитви ја донесе одлуката преподобниот игумен Јоаким Крчовски да го вброи во редот на светите.

Чесните останки на преподобниот игумен Јоаким Крчовски да се сметаат како свети мошти и да им се оддава достојно почитување.

– Во православната црква светителите ги почитувуваме како Христови пријатели, како Божји чеда и наследници. Нивниот праведен живот овозможува тие да бидат наши застапници пред Бога, да се молат за нас и да посредуваат пред Бога за нас. Спрегата што ја постигнал и самиот игумен, Јоаким Крчовски, се опишува преку мислата дека знаењето без подвиг е филозофирање, а подвигот без знаење е идолопоклонство. Јоаким Крчовски и живеел, и проповедал, и учителствувал, и провестувал, и богослужел и бил богоугоден подвижник на самиот премин меѓу 18. и 19. век, а споменот и славата на неговиот свет живот општонародно се почитува и денес. Меѓу другото, тој е автор на првата книга отпечатена на народен македонски јазик во 1814 година. Книгите на Јоаким Крчовски се пишувани на разбирлив јазик за секој христијанин и затоа имале верна улога во верското и во моралното просветување, рече митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј во обраќањето во пресрет на канонизацијата.

Како датум за прославување на ликот и делото на Крчовски, Синодот го предлага 23 мај.

The post Игуменот Јоаким Крчовски ќе биде прогласен за светец appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Кумановско-Осоговската епархија денеска во манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка ќе се изврши канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светец. Со канонизацијата, Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител ќе се вброи во диптихот на светите. Според информациите од Кумановско-Осоговската епархија, во 7:30 часот ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а во 9 часот е закажана светата божествена литургија и вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски. Вчера со почеток во 18 часот беше отслужена воскресна вечерна богослужба со парастос за блаженоупокоениот игумен Јоаким Крчовски. Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија на својата вонредна седница одржана на 10 мај разгледувајќи го предлогот на комисијата за канионизација за канионизирање на светител во лицето на преподобниот игумен Јоаким Крчовски 1820, внимателно изучувувајќи го животниот пат и пастирскиот подвиг, како и чудата што се случуваат по неговите молитви ја донесе одлуката преподобниот игумен Јоаким Крчовски да го вброи во редот на светите. Чесните останки на преподобниот игумен Јоаким Крчовски да се сметаат како свети мошти и да им се оддава достојно почитување.