Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е 13 ноември.

Се прославува Св. Јован Златоуст.

Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа.

По смртта на родителите се замонаши. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград.

Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување, по кои едвај да е надминат од некого во историјата на Црквата.

Се успокои во 407 година, во Ерменија. Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан.

Се смета дека утре не се важни парите и материјалните нешта, туку нешто друго. Утре секој верник треба да земе книга во рака, и да прочита барем дел од неа.

Не смеат во рака да се земат конци, волна и игли. Светецот не сака утре на неговиот празник да се работи, туку сите подеднакво да уживаат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.