Света гора Archives - Република https://republika.mk/tema/sveta-gora/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 11:02:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Света гора Archives - Република https://republika.mk/tema/sveta-gora/ 32 32 Серија земјотреси во близина на Света Гора, најсилниот 4,6 степени https://republika.mk/vesti/balkan/serija-zemjotresi-vo-blizina-na-sveta-gora-najsilniot-4-6-stepeni/ Sun, 22 Sep 2024 11:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=818693

Серија земјотреси беа регистрирани на третиот крак на Халкидики, кај Света Гора, а најсилниот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првиот земјотрес од 4,1 степен беше во морскиот дел на 11 километри југоисточно од градот Урануполи, следеа три помали меѓу 2,6 и 3,2 степени, а еден час подоцна и најголемиот од 4,6 степени со епицентар, исто така во морскиот дел.

Неколку минути подоцна беше регистриран уште еден земјотрес од 3,8 степени.

Засега нема информации за проблеми од земјотресите.

Во изминатиот период се почеста е појават на земјотреси во близина на Света Гора.

The post Серија земјотреси во близина на Света Гора, најсилниот 4,6 степени appeared first on Република.

]]>

Серија земјотреси беа регистрирани на третиот крак на Халкидики, кај Света Гора, а најсилниот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првиот земјотрес од 4,1 степен беше во морскиот дел на 11 километри југоисточно од градот Урануполи, следеа три помали меѓу 2,6 и 3,2 степени, а еден час подоцна и најголемиот од 4,6 степени со епицентар, исто така во морскиот дел. Неколку минути подоцна беше регистриран уште еден земјотрес од 3,8 степени. Засега нема информации за проблеми од земјотресите. Во изминатиот период се почеста е појават на земјотреси во близина на Света Гора.

The post Серија земјотреси во близина на Света Гора, најсилниот 4,6 степени appeared first on Република.

]]>
Што возат монасите од Света Гора https://republika.mk/vesti/balkan/shto-vozat-monasite-od-sveta-gora/ Fri, 20 Sep 2024 17:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=818284

Монаси од Света Гора, поточно oд српскиот манастир Хиландер дојдоа во Скопје да ја донесат иконата на Пресвета Богородица -„Троеручица“ .Оваа реликвија има непроценлива вредност па затоа кај нас дојде копија од иконата која ќе остане во нашиот храм во центарот на градот.

Неколкумина српски монаси пристигнаа пред храмот со полициска придружба со џип „Волво“ со специјални регистарски ознаки од Света Гора.

Присутните им бакнуваа рака и се воодушевуваа. Кога иконата пристигна пред храмот беше дочекана од наши свештеници кои ја внесоа во црквата.

https://republika.mk/vesti/skopje/vernitsite-se-turkaa-da-ja-doprat-i-baknat-ikonata-na-bogoroditsa-od-sveta-gora/

The post Што возат монасите од Света Гора appeared first on Република.

]]>

Монаси од Света Гора, поточно oд српскиот манастир Хиландер дојдоа во Скопје да ја донесат иконата на Пресвета Богородица -„Троеручица“ .Оваа реликвија има непроценлива вредност па затоа кај нас дојде копија од иконата која ќе остане во нашиот храм во центарот на градот. Неколкумина српски монаси пристигнаа пред храмот со полициска придружба со џип „Волво“ со специјални регистарски ознаки од Света Гора. Присутните им бакнуваа рака и се воодушевуваа. Кога иконата пристигна пред храмот беше дочекана од наши свештеници кои ја внесоа во црквата. https://republika.mk/vesti/skopje/vernitsite-se-turkaa-da-ja-doprat-i-baknat-ikonata-na-bogoroditsa-od-sveta-gora/  

The post Што возат монасите од Света Гора appeared first on Република.

]]>
Верниците се туркаа да ја допрат и бакнат иконата на Богородица од Света Гора https://republika.mk/vesti/skopje/vernitsite-se-turkaa-da-ja-doprat-i-baknat-ikonata-na-bogoroditsa-od-sveta-gora/ Fri, 20 Sep 2024 16:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=818272

Икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот српски манастир Хиландар пристигна во Скопје.Стотици верница дојдоа во црквата посветена на Мајката Божја да ја пречекаат иконата и да допрат и бакнат.Ја донесоа неколкумина српски монаси кои беа поздравени од народот.

Иконата беше внесена во црквата на осветување по што следеше литија низ центарот на Скопје. Се работи за копија од оригиналната икона и трајно ќе остане во нашиот храм.

Икона Богородична Троеручица

Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно римско царство се појави ереста на иконоборството, тогаш светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони.

Заради тоа, безбожниот иконоборен цар Лав III Исавријанец го наклевети Јована пред Калифот за божемно ковање завера против калифот, заради што на Јован како казна му беше отсечена десната рака. Но, Јован измоли од калифот да му ја дадат отсечената рака, и, откако ја доби, се молеше пред оваа икона на Пресветата Богомајка за исцеление. Молејќи се долго пред иконата, Јован заспа пред неа. На сон му се јави Богомајката и му ја врати отсечената рака на нејзиното место, оставајќи само видлива лузна на кожата, на местото каде што беше пресечена, како сведоштво за чудото. Од благодарност за исцелението, светиот Дамаскин направи рака (поточно дланка) од сребро и ја додаде на иконата, која од тогаш е наречена „Троеручица“ (или „Трирачица“).

The post Верниците се туркаа да ја допрат и бакнат иконата на Богородица од Света Гора appeared first on Република.

]]>

Икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот српски манастир Хиландар пристигна во Скопје.Стотици верница дојдоа во црквата посветена на Мајката Божја да ја пречекаат иконата и да допрат и бакнат.Ја донесоа неколкумина српски монаси кои беа поздравени од народот. Иконата беше внесена во црквата на осветување по што следеше литија низ центарот на Скопје. Се работи за копија од оригиналната икона и трајно ќе остане во нашиот храм.

Икона Богородична Троеручица

Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно римско царство се појави ереста на иконоборството, тогаш светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони. Заради тоа, безбожниот иконоборен цар Лав III Исавријанец го наклевети Јована пред Калифот за божемно ковање завера против калифот, заради што на Јован како казна му беше отсечена десната рака. Но, Јован измоли од калифот да му ја дадат отсечената рака, и, откако ја доби, се молеше пред оваа икона на Пресветата Богомајка за исцеление. Молејќи се долго пред иконата, Јован заспа пред неа. На сон му се јави Богомајката и му ја врати отсечената рака на нејзиното место, оставајќи само видлива лузна на кожата, на местото каде што беше пресечена, како сведоштво за чудото. Од благодарност за исцелението, светиот Дамаскин направи рака (поточно дланка) од сребро и ја додаде на иконата, која од тогаш е наречена „Троеручица“ (или „Трирачица“).

The post Верниците се туркаа да ја допрат и бакнат иконата на Богородица од Света Гора appeared first on Република.

]]>
Богородица -Троеручица, икона од Света Гора пристигнува во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/bogoroditsa-troeruchitsa-ikona-od-sveta-gora-pristignuva-vo-skopje/ Fri, 20 Sep 2024 05:54:12 +0000 https://republika.mk/?p=818001

Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје денеска ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар. Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17:00 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Потоа ќе следи празнична Вечерна богослужба, по што ќе се изврши литија со иконата низ центарот на Скопје, информираат од Канцеларијата на Скопска епархија на МПЦ-ОА.

В сабота, на 21 септември ќе се отслужи света архијерејска Литургија, на која ќе началствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и гости.

Икона Богородична Троеручица

Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно римско царство се појави ереста на иконоборството, тогаш светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони.

Заради тоа, безбожниот иконоборен цар Лав III Исавријанец го наклевети Јована пред Калифот за божемно ковање завера против калифот, заради што на Јован како казна му беше отсечена десната рака. Но, Јован измоли од калифот да му ја дадат отсечената рака, и, откако ја доби, се молеше пред оваа икона на Пресветата Богомајка за исцеление. Молејќи се долго пред иконата, Јован заспа пред неа. На сон му се јави Богомајката и му ја врати отсечената рака на нејзиното место, оставајќи само видлива лузна на кожата, на местото каде што беше пресечена, како сведоштво за чудото. Од благодарност за исцелението, светиот Дамаскин направи рака (поточно дланка) од сребро и ја додаде на иконата, која од тогаш е наречена „Троеручица“ (или „Трирачица“).

Кога го виде тоа, калифот сфати дека Јован бил лажно обвинет и сакаше да го задржи на претходното место каде што службуваше, но Јован одбра да замине во манастир и отиде во лаврата на свети Сава Освештен, помеѓу Ерусалим и Мртвото море, каде што се замонаши, а со себе постојано ја имаше оваа чудотворна икона на Пречистата Богомајка. Светиот Сава Освештен им имаше оставено завет на своите монаси, неговиот игуменски стап и неговата икона наречена „Млекопитателка“ (или „Млекохранителка“) монасите да му ја дадат на оној монах кој ќе дојде да се поклони во лаврата многу години после смртта на свети Сава Освештен, а кој ќе го носи истото име – Сава, и при чие доаѓање ќе се придвижи игуменскиот стап. Пред својата смрт, светиот Јован Дамаскин кон овој завет ја приложи и иконата Троеручица да биде предадена заедно со останатите работи.

Очекуваното знамение се случи во XIII век, кога во лаврата дојде свети Сава, првиот Српски архиепископ, и при неговото доаѓање се придвижи игуменскиот стап на светиот Сава Освештен. Така, свети Сава во Србија ги донесе двете икони и игуменскиот стап. Од тогаш иконата Троеручица се чуваше во дворецот на Српските владетели.

Кога Српскиот цар Душан беше крунисан во Скопје, се смета дека и иконата Троеручица беше донесена во Скопје, каде што остана до крајот на XIV век, кога беше пренесена во манастирот Студеница, во централна Србија.

Во XV век, овој манастир стана мета на нападите на турските освојувачи, па монасите се решија оваа икона да ја заштитат со тоа што ќе ја препуштат на Божјата волја. Ја ставија на едно магаре и го оставија само да оди. Магарето го помина целиот пат преку Србија и Македонија и стигна до Света Гора, пред манастирот Хиландар. Хиландарските монаси со радост ја дочекаа иконата и свечено ја внесоа во манастирскиот соборен храм на Воведението Богородично.

Подоцна, кога во Хиландар настана спор околу изборот на игумен, светата Икона Троеручица самата на чудесен начин дојде на игуменскиот трон. Отците, мислејќи дека некој таму ја донел, ја вратија во олтар, но ова се повторуваше трипати, и тие сфатија дека е тоа е волјата на самата Пресвета Богородица, па ја оставија на игуменското место, каде што стои до ден денес. Таа се смета за игуманија Хиландарска, и не се бираат други игумени, туку само проигумени (односно заменици). И денес, сите монаси од иконата земаат благослов за сите служби и за сите работи во манастирот.

Не се знае каде точно се наоѓала иконата кога била во Скопје. Истражувачите се согласуваат дека била во црква посветена на Пресвета Богородица, а некои таа црква ја именуваат како „Пресвета Богородица – Троеручица“. Каде точно се наоѓала таа црква, не е познато. Постојат повеќе теории: една – дека црквата била на самото Кале, втората – дека била помеѓу калето и реката Серава, некаде во денешната чаршија, третата – дека била токму на местото каде што денес се наоѓа храмот „Рождество Богородично“, а не е исклучено храмот да бил на сосема четврто место. Но, она што е сигурно е дека тој храм бил соборен храм на градот Скопје и дека Пречистата Богородица се сметала заштитничка на градот.

The post Богородица -Троеручица, икона од Света Гора пристигнува во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје денеска ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар. Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17:00 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Потоа ќе следи празнична Вечерна богослужба, по што ќе се изврши литија со иконата низ центарот на Скопје, информираат од Канцеларијата на Скопска епархија на МПЦ-ОА. В сабота, на 21 септември ќе се отслужи света архијерејска Литургија, на која ќе началствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и гости. Икона Богородична Троеручица Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно римско царство се појави ереста на иконоборството, тогаш светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони. Заради тоа, безбожниот иконоборен цар Лав III Исавријанец го наклевети Јована пред Калифот за божемно ковање завера против калифот, заради што на Јован како казна му беше отсечена десната рака. Но, Јован измоли од калифот да му ја дадат отсечената рака, и, откако ја доби, се молеше пред оваа икона на Пресветата Богомајка за исцеление. Молејќи се долго пред иконата, Јован заспа пред неа. На сон му се јави Богомајката и му ја врати отсечената рака на нејзиното место, оставајќи само видлива лузна на кожата, на местото каде што беше пресечена, како сведоштво за чудото. Од благодарност за исцелението, светиот Дамаскин направи рака (поточно дланка) од сребро и ја додаде на иконата, која од тогаш е наречена „Троеручица“ (или „Трирачица“). Кога го виде тоа, калифот сфати дека Јован бил лажно обвинет и сакаше да го задржи на претходното место каде што службуваше, но Јован одбра да замине во манастир и отиде во лаврата на свети Сава Освештен, помеѓу Ерусалим и Мртвото море, каде што се замонаши, а со себе постојано ја имаше оваа чудотворна икона на Пречистата Богомајка. Светиот Сава Освештен им имаше оставено завет на своите монаси, неговиот игуменски стап и неговата икона наречена „Млекопитателка“ (или „Млекохранителка“) монасите да му ја дадат на оној монах кој ќе дојде да се поклони во лаврата многу години после смртта на свети Сава Освештен, а кој ќе го носи истото име – Сава, и при чие доаѓање ќе се придвижи игуменскиот стап. Пред својата смрт, светиот Јован Дамаскин кон овој завет ја приложи и иконата Троеручица да биде предадена заедно со останатите работи. Очекуваното знамение се случи во XIII век, кога во лаврата дојде свети Сава, првиот Српски архиепископ, и при неговото доаѓање се придвижи игуменскиот стап на светиот Сава Освештен. Така, свети Сава во Србија ги донесе двете икони и игуменскиот стап. Од тогаш иконата Троеручица се чуваше во дворецот на Српските владетели. Кога Српскиот цар Душан беше крунисан во Скопје, се смета дека и иконата Троеручица беше донесена во Скопје, каде што остана до крајот на XIV век, кога беше пренесена во манастирот Студеница, во централна Србија. Во XV век, овој манастир стана мета на нападите на турските освојувачи, па монасите се решија оваа икона да ја заштитат со тоа што ќе ја препуштат на Божјата волја. Ја ставија на едно магаре и го оставија само да оди. Магарето го помина целиот пат преку Србија и Македонија и стигна до Света Гора, пред манастирот Хиландар. Хиландарските монаси со радост ја дочекаа иконата и свечено ја внесоа во манастирскиот соборен храм на Воведението Богородично. Подоцна, кога во Хиландар настана спор околу изборот на игумен, светата Икона Троеручица самата на чудесен начин дојде на игуменскиот трон. Отците, мислејќи дека некој таму ја донел, ја вратија во олтар, но ова се повторуваше трипати, и тие сфатија дека е тоа е волјата на самата Пресвета Богородица, па ја оставија на игуменското место, каде што стои до ден денес. Таа се смета за игуманија Хиландарска, и не се бираат други игумени, туку само проигумени (односно заменици). И денес, сите монаси од иконата земаат благослов за сите служби и за сите работи во манастирот. Не се знае каде точно се наоѓала иконата кога била во Скопје. Истражувачите се согласуваат дека била во црква посветена на Пресвета Богородица, а некои таа црква ја именуваат како „Пресвета Богородица – Троеручица“. Каде точно се наоѓала таа црква, не е познато. Постојат повеќе теории: една – дека црквата била на самото Кале, втората – дека била помеѓу калето и реката Серава, некаде во денешната чаршија, третата – дека била токму на местото каде што денес се наоѓа храмот „Рождество Богородично“, а не е исклучено храмот да бил на сосема четврто место. Но, она што е сигурно е дека тој храм бил соборен храм на градот Скопје и дека Пречистата Богородица се сметала заштитничка на градот.

The post Богородица -Троеручица, икона од Света Гора пристигнува во Скопје appeared first on Република.

]]>
Во петок литија со икона од Света Гора во центарот на Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/vo-petok-litija-so-ikona-od-sveta-gora-vo-tsentarot-na-skopje/ Tue, 17 Sep 2024 07:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=816973

Во петок, на 20 септември во Скопје, монасите од Света Гора заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, ќе донесат копија од иконата на Богородица „Трирачица“, која ќе биде осветена, а потоа ќе се одржи литија низ улиците на главниот град.

Подарокот од манастирот Хиландар пристигнува во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје во 17:00 часот, а во 17:30 часот ќе има вечерна богослужба и празнична литија со иконата низ центарот на Скопје.

„Ние, како редовни гости на манастирот Хиландар на Света Гора, благодарение на нашето братско здружение Мир, хармонија и стабилност, ги повикуваме сите верници заедно да го прославиме овој голем православен чин и да се молиме за здравје, љубов, среќа, мир, слога и единство, се вели во најавата за настанот.

Во сабота во 09:00 часот ќе се одржи Света литургија на Архиепископијата, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Во петок литија со икона од Света Гора во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

Во петок, на 20 септември во Скопје, монасите од Света Гора заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, ќе донесат копија од иконата на Богородица „Трирачица“, која ќе биде осветена, а потоа ќе се одржи литија низ улиците на главниот град.   Подарокот од манастирот Хиландар пристигнува во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје во 17:00 часот, а во 17:30 часот ќе има вечерна богослужба и празнична литија со иконата низ центарот на Скопје.
„Ние, како редовни гости на манастирот Хиландар на Света Гора, благодарение на нашето братско здружение Мир, хармонија и стабилност, ги повикуваме сите верници заедно да го прославиме овој голем православен чин и да се молиме за здравје, љубов, среќа, мир, слога и единство, се вели во најавата за настанот.
Во сабота во 09:00 часот ќе се одржи Света литургија на Архиепископијата, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Во петок литија со икона од Света Гора во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Човек заробен на непристапно место на Света Гора, не можат да му помогнат https://republika.mk/vesti/balkan/chovek-zaroben-na-nepristapno-mesto-na-sveta-gora-ne-mozhat-da-mu-pomognat/ Wed, 04 Sep 2024 19:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=813220

Во тек е спасувачка акција на планината Света Гора, каде еден маж е заробен на непристапно место.

На терен се бројни противпожарни бригади кои се обидуваат да дојдат до мажот.

Спасувачките екипи биле алармирани околу пладне, но тој се уште не е извлечен, пренесуваат медиумите во регионот.

На помош биле повикани и членови на планинарската служба.

Не се знае дали мажот е повреден, ниту како завршил на непристапниот терен.

The post Човек заробен на непристапно место на Света Гора, не можат да му помогнат appeared first on Република.

]]>

Во тек е спасувачка акција на планината Света Гора, каде еден маж е заробен на непристапно место. На терен се бројни противпожарни бригади кои се обидуваат да дојдат до мажот. Спасувачките екипи биле алармирани околу пладне, но тој се уште не е извлечен, пренесуваат медиумите во регионот. На помош биле повикани и членови на планинарската служба. Не се знае дали мажот е повреден, ниту како завршил на непристапниот терен.

The post Човек заробен на непристапно место на Света Гора, не можат да му помогнат appeared first on Република.

]]>
Грчките монаси го одбранија манастирот на Света Гора од полицијата и Цариград https://republika.mk/vesti/balkan/grchkite-monasi-go-odbranija-manastirot-na-sveta-gora-od-politsijata-i-tsarigrad/ Tue, 13 Aug 2024 09:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=806013

Крајот на јули донесе голема вознемиреност кај верниците ширум светот кога во грчките медиуми се појави веста за планираната полициска интервенција на Света Гора, закажана за 1 август.

Информациите кои стигнаа во јавноста ја открија сериозноста на ситуацијата. Грчката влада преку седиштето на грчката полиција испрати писмо до управата на Света Гора, во кое бара организациона поддршка за влез, сместување и движење на полициските сили низ полуостровот Атос.

https://republika.mk/vesti/balkan/bara-ruski-sluzhbi-vo-manastir-grchkata-politsija-vleze-na-sveta-gora/

Ова беше дел од подготовките за иселување на монасите од Есфигменскиот манастир, по наредба на судскиот извршител. 

Датумот на полициската интервенција го означи потенцијалниот почеток на турбулентни настани кои би можеле да ја трансформираат мирната атмосфера на Света Гора во немирно пристаниште. Токму во тој момент беше организиран голем протест во рајскиот град Уранополис, а откако денот „Д“ помина мирно на Света Гора, организацијата „Православие или смрт“ излезе со соопштение:

„Слава на Семоќниот Бог, благодарение на Пресвета Богородица, игуманијата на Света Гора, на сите светии и на сите вас, драги браќа и сестри, кои се молевте за манастирот Есфигмен на Света Гора.

Како што известуваат монасите од манастирот, Света Епистасија (колективното раководно тело на Света Гора) не дозволила полицијата да влезе на Света Гора и да започне со протерување на монасите, не само од Есфигменскиот манастир, туку имало план да избркајте ги сите монаси кои не му се покоруваат на патријархот Вартоломеј.

 На крајот на јули во Уранополис се одржа голем собир за поддршка на монасите од Есфигманите Победата е Божја и на грчкиот народ, на сечија радост. Монасите сè уште живеат и се молат за целиот свет. Грчкиот народ како никогаш досега застана на одбраната на Есфигменскиот манастир и на тој начин ја покажа својата побожност и жива вера.

Каков манастир е Есфигмен

Ова светилиште на Света Гора уште во 1972 година го раскинал канонското единство со Царигадската патријаршија  поради заедничките молитви со римокатоличката црква и оттогаш трае спорот меѓу Управата на манастирот и Патријаршијата во Цариград.

The post Грчките монаси го одбранија манастирот на Света Гора од полицијата и Цариград appeared first on Република.

Бара руски служби во манастир: Грчката полиција влезе на Света Гора https://republika.mk/vesti/balkan/bara-ruski-sluzhbi-vo-manastir-grchkata-politsija-vleze-na-sveta-gora/ Thu, 25 Jul 2024 12:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=800179

Големи протести се случуваат во Грција во градот Уранополис поради упадот на полицијата во православниот грчки манастир Есфигмен на Света Гора.

Упадот наводно се случил откако полицијата добила дојава дека во манастирот се изведуваат обуки на т.н верски фанатици поврзани со руски служби. Било планирано да се апсат и монаси но тоа било спречено откако се собрале верници да ги бранат.

Каков манастир е Есфигмен

Ова светилиште на Света Гора уште во 1972 година го раскинал канонското единство со Царигадската патријаршија  поради заедничките молитви со римокатоличката црква и оттогаш трае спорот меѓу Управата на манастирот и Патријаршијата во Цариград.

Во Есфигмен се наоѓаат 119 монаси и искушеници кои Вартоломеј ги нарече „верски екстремисти“, „расколници“ и „руски агенти“.Монасите во манастирот велат дека ќе ја чуваат автономијата на манастирот и ќе се бранат доколку грчката полиција се обиде да влезе.

Грчката полиција како причина за вле во манастирот ја посочува судската одлука за отстранување на ревносните монаси од манастирот Есфигмен е донесена во 2002 година, а ново братство на манастирот е формирано во 2005 година.

The post Бара руски служби во манастир: Грчката полиција влезе на Света Гора appeared first on Република.

]]>

Големи протести се случуваат во Грција во градот Уранополис поради упадот на полицијата во православниот грчки манастир Есфигмен на Света Гора. Упадот наводно се случил откако полицијата добила дојава дека во манастирот се изведуваат обуки на т.н верски фанатици поврзани со руски служби. Било планирано да се апсат и монаси но тоа било спречено откако се собрале верници да ги бранат.

Каков манастир е Есфигмен

Ова светилиште на Света Гора уште во 1972 година го раскинал канонското единство со Царигадската патријаршија  поради заедничките молитви со римокатоличката црква и оттогаш трае спорот меѓу Управата на манастирот и Патријаршијата во Цариград. Во Есфигмен се наоѓаат 119 монаси и искушеници кои Вартоломеј ги нарече „верски екстремисти“, „расколници“ и „руски агенти“.Монасите во манастирот велат дека ќе ја чуваат автономијата на манастирот и ќе се бранат доколку грчката полиција се обиде да влезе. Грчката полиција како причина за вле во манастирот ја посочува судската одлука за отстранување на ревносните монаси од манастирот Есфигмен е донесена во 2002 година, а ново братство на манастирот е формирано во 2005 година.

The post Бара руски служби во манастир: Грчката полиција влезе на Света Гора appeared first on Република.

]]>
Звицер планирал убиство и на Света Гора https://republika.mk/vesti/balkan/zvitser-planiral-ubistvo-i-na-sveta-gora/ Sat, 30 Mar 2024 21:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=759359

Радоје Звицер и неговиот послушник Игор Божовиќ планирале на Света Гора да го ликвидираат  Милан Вујовиќ од Шкаљарскиот кан, откако дознале дека тој се крие на грчкиот полуостров.Милан се криел во српскиот манастир Хиландер.

Колку што знам, треба да се најавите на Света Гора и да испратите некаква молба преку црквата да ве примат. Тоа е тешко да се следи. Можеби ќе видите дали има камп во близина или на Света Гора-вели Звицер во пресретнатата комуникација на Скај.

The post Звицер планирал убиство и на Света Гора appeared first on Република.

Предлог јадења за бадниковата вечера од монсасите од Света Гора https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/predlog-jadena-za-badnikovata-vechera-od-monsasite-od-sveta-gora/ Sat, 06 Jan 2024 07:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=730240

Во пресрет на Божиќ, Милан Златиќ, главниот готвач на светилиштето кое е суштината на српскиот идентитет, за „Курир.рс“ открива неколку едноставни и уникатни посни рецепти кои монасите со векови ги подготвувале на Света Гора, а кои лесно можеме да ги направиме на дома.

Варена риба

Се земаат поголеми видови морски риби, најчесто бакалар, се сечат на парчиња. Рибата се посолува преку ноќ и наутро се става во тавче, само едно парче на дното. Не еден на друг. Се прелива вода и се додаваат млади тиквички, цели чешниња лук, корен од целер, зрна бибер. Се готви на силен оган. Претходно се готви многу крупно исечкан кромид.Кога ќе се излупи кромидот по еден час варење, се блендира и се претвора во каша. Оваа каша се прелива врз рибата во тенџерето, бидејќи водата испарила, па ја добиваме густината на сосот. По еден час варење, рибата се вади од шпоретот, се прелива со сок од лимон, маслиново масло и се посипува со сечкан магдонос.

Салата од туна

Земете лименка туна на парчиња, колку што е можно поголема за да се видат парчињата во целост. Исецкајте главица кромид, малку млад кромид или праз, малку магдонос, сол, бибер и оригано. Отворете ја туната и исцедете го маслото од неа, а месото склопете го со исечкан кромид. Сето тоа измешајте го и додадете маслиново масло и малку сок од лимон. По желба може да се додадат свежи сечкани пиперки, сечкани маслинки или слатка пченка. Послужете ладно.

Посна алва со гриз

Земете 50-100 гр излупени бадеми, кои треба претходно да се излупат и да се исушат.

1 шолја бел кафе шеќер

1 шолја бело кафено гриз

2 чаши шеќер

2 чаши вода

150 гр маргарин со малку маснотии или ако е масен, кравјо путер

Ставете ги бадемите во тенџере, а можете да додадете и ореви или лешници, суво испржете ги со гриз и мешајте додека не поруменат. Во друг сад се ставаат шеќерот, водата, маргаринот (или путерот ако не е посен) и се вари. Кога гризот убаво ќе зарумени полека се прелива врелата течност од вода, шеќер и маргарин (путер) и непрекинато се меша додека не се згусне смесата. Топлата маса истурете ја во калапи натопени со вода или во плех, а потоа исечете ги на коцки кога ќе се изладат. Одозгора посипете многу цимет, а добро е кога циметот веднаш ќе се додаде во гризот и за време на пржењето. По желба посипете со ванилин шеќер. Може да се прелие со мед, по желба малку сируп, а може да се послужи и со топка сладолед од ванила ако не е посен. Послужете ладно.

The post Предлог јадења за бадниковата вечера од монсасите од Света Гора appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на Божиќ, Милан Златиќ, главниот готвач на светилиштето кое е суштината на српскиот идентитет, за „Курир.рс“ открива неколку едноставни и уникатни посни рецепти кои монасите со векови ги подготвувале на Света Гора, а кои лесно можеме да ги направиме на дома.   Варена риба Се земаат поголеми видови морски риби, најчесто бакалар, се сечат на парчиња. Рибата се посолува преку ноќ и наутро се става во тавче, само едно парче на дното. Не еден на друг. Се прелива вода и се додаваат млади тиквички, цели чешниња лук, корен од целер, зрна бибер. Се готви на силен оган. Претходно се готви многу крупно исечкан кромид.Кога ќе се излупи кромидот по еден час варење, се блендира и се претвора во каша. Оваа каша се прелива врз рибата во тенџерето, бидејќи водата испарила, па ја добиваме густината на сосот. По еден час варење, рибата се вади од шпоретот, се прелива со сок од лимон, маслиново масло и се посипува со сечкан магдонос. Салата од туна Земете лименка туна на парчиња, колку што е можно поголема за да се видат парчињата во целост. Исецкајте главица кромид, малку млад кромид или праз, малку магдонос, сол, бибер и оригано. Отворете ја туната и исцедете го маслото од неа, а месото склопете го со исечкан кромид. Сето тоа измешајте го и додадете маслиново масло и малку сок од лимон. По желба може да се додадат свежи сечкани пиперки, сечкани маслинки или слатка пченка. Послужете ладно. Посна алва со гриз Земете 50-100 гр излупени бадеми, кои треба претходно да се излупат и да се исушат. 1 шолја бел кафе шеќер 1 шолја бело кафено гриз 2 чаши шеќер 2 чаши вода 150 гр маргарин со малку маснотии или ако е масен, кравјо путер Ставете ги бадемите во тенџере, а можете да додадете и ореви или лешници, суво испржете ги со гриз и мешајте додека не поруменат. Во друг сад се ставаат шеќерот, водата, маргаринот (или путерот ако не е посен) и се вари. Кога гризот убаво ќе зарумени полека се прелива врелата течност од вода, шеќер и маргарин (путер) и непрекинато се меша додека не се згусне смесата. Топлата маса истурете ја во калапи натопени со вода или во плех, а потоа исечете ги на коцки кога ќе се изладат. Одозгора посипете многу цимет, а добро е кога циметот веднаш ќе се додаде во гризот и за време на пржењето. По желба посипете со ванилин шеќер. Може да се прелие со мед, по желба малку сируп, а може да се послужи и со топка сладолед од ванила ако не е посен. Послужете ладно.

The post Предлог јадења за бадниковата вечера од монсасите од Света Гора appeared first on Република.

]]>
Се степале двајца монаси на Света Гора https://republika.mk/vesti/svet/se-stepale-dvajtsa-monasi-na-sveta-gora/ Tue, 19 Sep 2023 08:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=683072

Монах од Романија е уапсен откако, веројатно под дејство на алкохол, во манастир на Света Гора, физички нападнал монах од Белорусија, кој бил пренесен во болница, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на солунскиот информативен портал „Вориа“ инцидентот се случил пред манастирот Хиландар, а караницата веројатно започнала поради различните ставови на двајцата монаси за рускиот патријарх Кирил, по што 35-годошниот монах од Романија го нападнал 53-годишниот од Белорусија.

Физичкиот напад бил со раце,нозе и пластично шише по што нападнатиот се здобил со повреди и бил пренесен во болница, а сторителот бил уапсен.

При распитот, напаѓачот рекол дека бил под дејство на алкохол, бидејќи пиеле вино и не бил свесен за своите постапки.

The post Се степале двајца монаси на Света Гора appeared first on Република.

]]>

Монах од Романија е уапсен откако, веројатно под дејство на алкохол, во манастир на Света Гора, физички нападнал монах од Белорусија, кој бил пренесен во болница, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на солунскиот информативен портал „Вориа“ инцидентот се случил пред манастирот Хиландар, а караницата веројатно започнала поради различните ставови на двајцата монаси за рускиот патријарх Кирил, по што 35-годошниот монах од Романија го нападнал 53-годишниот од Белорусија. Физичкиот напад бил со раце,нозе и пластично шише по што нападнатиот се здобил со повреди и бил пренесен во болница, а сторителот бил уапсен. При распитот, напаѓачот рекол дека бил под дејство на алкохол, бидејќи пиеле вино и не бил свесен за своите постапки.

The post Се степале двајца монаси на Света Гора appeared first on Република.

]]>
Пожар на Света Гора https://republika.mk/vesti/balkan/pozhar-na-sveta-gora/ Fri, 18 Aug 2023 09:20:56 +0000 https://republika.mk/?p=673271

На Света Гора во четвртокот попладне избувна пожар со кој пожарникарите се уште се борат и утринава.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 36 пожарникари и четири групи планинари, а од рано утрото од воздух оперираат авион и два хеликоптери.

Пожарот избувнал во шумската област на Света Гора, објави Блиц.

The post Пожар на Света Гора appeared first on Република.

]]>

На Света Гора во четвртокот попладне избувна пожар со кој пожарникарите се уште се борат и утринава. Во гаснењето на пожарот учествуваат 36 пожарникари и четири групи планинари, а од рано утрото од воздух оперираат авион и два хеликоптери. Пожарот избувнал во шумската област на Света Гора, објави Блиц.

The post Пожар на Света Гора appeared first on Република.

]]>
Поранешното момче на Цеца заврши во манастир https://republika.mk/scena/estrada/poraneshnoto-momche-na-tsetsa-zavrshi-vo-manastir/ Mon, 24 Jul 2023 08:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=664634

Богдан поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ  реши да замине  на Света Гора во манастир. Ноќите ги минува на Хиландар и им помага на монасите во работа во лозјето и на полето и на топло време, а ја гребел тревата и ништо не му било тешко.

Срејовиќ присуствува на сите молитви и литургии и ја проба специјалната манастирска храна и локалното вино.

The post Поранешното момче на Цеца заврши во манастир appeared first on Република.

]]>

Богдан поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ  реши да замине  на Света Гора во манастир. Ноќите ги минува на Хиландар и им помага на монасите во работа во лозјето и на полето и на топло време, а ја гребел тревата и ништо не му било тешко. Срејовиќ присуствува на сите молитви и литургии и ја проба специјалната манастирска храна и локалното вино.  

The post Поранешното момче на Цеца заврши во манастир appeared first on Република.

]]>
Нов тренд или измама: Онлајн палење свеќи на Света Гора за 100 евра https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nov-trend-ili-izmama-onlajn-palene-sveki-na-sveta-gora-za-100-evra/ Sun, 23 Jul 2023 16:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=664283

Дали знаете дека сега можете „онлајн“ да запалите свеќа на Света Гора? Ако од која било причина не можете да го посетите ова свето место, можете да го направите тоа преку виртуелниот свет.

Веб-страницата ATHOS.GUIDE, која припаѓа на непрофитната организација МЕТАМОРФОЗИС НПО, се појави на интернет со цел, како што велат, да го шири Божјото слово и да го промовира духовното и културното наследство на Света Гора.

Што всушност нуди оваа страница?

Преку онлајн формуларот можете да го изберете посакуваниот манастир и опцијата – палење свеќа за здравје (за живите) и спокој на душата (за покојникот). На ист начин, можете да завршите со испраќање белешка, односно список со имињата на вашите најблиски, живи и починати, на кои потоа им се читаат молитви во црквата по ваш избор, за здравје или упокојување.
Цената ситница-100 евра

The post Нов тренд или измама: Онлајн палење свеќи на Света Гора за 100 евра appeared first on Република.

]]>

Дали знаете дека сега можете „онлајн“ да запалите свеќа на Света Гора? Ако од која било причина не можете да го посетите ова свето место, можете да го направите тоа преку виртуелниот свет. Веб-страницата ATHOS.GUIDE, која припаѓа на непрофитната организација МЕТАМОРФОЗИС НПО, се појави на интернет со цел, како што велат, да го шири Божјото слово и да го промовира духовното и културното наследство на Света Гора.

Што всушност нуди оваа страница?

Преку онлајн формуларот можете да го изберете посакуваниот манастир и опцијата – палење свеќа за здравје (за живите) и спокој на душата (за покојникот). На ист начин, можете да завршите со испраќање белешка, односно список со имињата на вашите најблиски, живи и починати, на кои потоа им се читаат молитви во црквата по ваш избор, за здравје или упокојување. Цената ситница-100 евра

The post Нов тренд или измама: Онлајн палење свеќи на Света Гора за 100 евра appeared first on Република.

]]>
Шумски пожар во близина на манастир во Света Гора https://republika.mk/vesti/balkan/shumski-pozhar-vo-blizina-na-manastir-vo-sveta-gora/ Sat, 08 Jul 2023 08:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=659139

Од воздух и копно противпожарните сили на Грција го гаснат пожарот што рано утрово избувна во шумски предел на Света Гора, во поширокото подрачје на еден од манастирите, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик-управителот на Света Гора, Аристос Касмироглу за грчката телевизија Скај рече дека пожарот е во непрооден дел во близина на манастирот, но станува збор за шумски предел и манастирот не е во опасност.

Паралелно изрази надеж дека огнените јазици брзо ќе бидат ставени под контрола.

Во гаснењето учествуваат четири авиони и еден хеликоптер, како и 11 возила со 43 пожарникари и три пешадиски тима.

The post Шумски пожар во близина на манастир во Света Гора appeared first on Република.

]]>

Од воздух и копно противпожарните сили на Грција го гаснат пожарот што рано утрово избувна во шумски предел на Света Гора, во поширокото подрачје на еден од манастирите, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик-управителот на Света Гора, Аристос Касмироглу за грчката телевизија Скај рече дека пожарот е во непрооден дел во близина на манастирот, но станува збор за шумски предел и манастирот не е во опасност. Паралелно изрази надеж дека огнените јазици брзо ќе бидат ставени под контрола. Во гаснењето учествуваат четири авиони и еден хеликоптер, како и 11 возила со 43 пожарникари и три пешадиски тима.

The post Шумски пожар во близина на манастир во Света Гора appeared first on Република.

]]>
Чудовторната икона на Богородица од Света Гора пристигна од Атина https://republika.mk/vesti/balkan/chudovtornata-ikona-na-bogoroditsa-od-sveta-gora-pristigna-od-atina/ Tue, 16 May 2023 05:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=641176

Илјадници верници во Атина, кои пристигнаа од различни делови на Грција во изминатите две седмици се поклонија пред чудотворната икона на Пресвета Богородица од Света Гора, која специјално беше донесена во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина.

Иконата заштитничка на светогорските манастири, насликана во ерата на византиското иконоборството во Константинопол и наречена „Аксион ести“ (Достојно е) се изнесува ретко од Света Гора и само во специјални прилики, а ова е осми пат во изминатите 60 години да биде достапна за сите верници да се поклонат пред неа.

Во Соборниот храм во центарот на Атина пристигна на 3 мај, првично беше планирано да остане до вчера, меѓутоа, поради огромниот интерес кај граѓаните и по барањето до Света Гора упатено од поглаварот на Грчката Православна црква, архиепископот Јеронимос, чудотворната икона на полуостровот Атос ќе се врати утре.

Дописничката на МИА од Атина го посети Соборниот храм, поразговара со верниците кои трпеливо чекаа во ред за да влезат во црквата и да се поклонат, а во изминатите денови поради зголемениот интерес се чекаше и по еден час.

-Би чекала и до пет часа, ако е потребно, бидејќи вреди, вели за МИА помлада Гркинка.

Верниците влегуваат во групи од 30-40 лица, на секои десет минути, а Соборниот храм е отворен од рано наутро до полноќ, или како што велат надлежните, додека не влезе и последниот верник.

Неофицијалните процени се дека околу четири до пет илјади граѓани дневно се поклонуваат пред иконата на Богородица, а дел од верниците велат дека воопшто не им пречи да чекаат бидејќи станува збор за ретка и несекојдневна можност.

Особено е голем интересот кај жените, со оглед на тоа дека немаат пристап до Света Гора, каде што се чува иконата во Светиот храм во Кареја.

-Имам многу здравствени проблеми, загубив едно од моите деца, генерално сум верник и често доаѓам во црква. Меѓутоа, за конкретната икона на Пресвета Богородица имав особена желба да се поклонам. Како жена, немам можност да ја видам иконата во Света Гора, вели повозрасна Гркинка за МИА.

Меѓу верниците беа и две жени кои на колена, со лазење влегоа во црквата.

Ова е осми пат иконата да биде изнесена од Света Гора, а во Атина дојде по пауза од 24 години.

Според грчките медиуми, иконата на Пресвета Богородица во минатото била три пати донесена во Атина, во 1963 година за време на прославата на Милениумот на Света Гора, во 1987 година за време на официјалната посета на тогашниот вселенски патријарх и во септември 1999 година по големиот земјотрес.

Во Солун била два пати и по еднаш на Кипар и во градот Комотини.

The post Чудовторната икона на Богородица од Света Гора пристигна од Атина appeared first on Република.

]]>

Илјадници верници во Атина, кои пристигнаа од различни делови на Грција во изминатите две седмици се поклонија пред чудотворната икона на Пресвета Богородица од Света Гора, која специјално беше донесена во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина. Иконата заштитничка на светогорските манастири, насликана во ерата на византиското иконоборството во Константинопол и наречена „Аксион ести“ (Достојно е) се изнесува ретко од Света Гора и само во специјални прилики, а ова е осми пат во изминатите 60 години да биде достапна за сите верници да се поклонат пред неа. Во Соборниот храм во центарот на Атина пристигна на 3 мај, првично беше планирано да остане до вчера, меѓутоа, поради огромниот интерес кај граѓаните и по барањето до Света Гора упатено од поглаварот на Грчката Православна црква, архиепископот Јеронимос, чудотворната икона на полуостровот Атос ќе се врати утре. Дописничката на МИА од Атина го посети Соборниот храм, поразговара со верниците кои трпеливо чекаа во ред за да влезат во црквата и да се поклонат, а во изминатите денови поради зголемениот интерес се чекаше и по еден час. -Би чекала и до пет часа, ако е потребно, бидејќи вреди, вели за МИА помлада Гркинка. Верниците влегуваат во групи од 30-40 лица, на секои десет минути, а Соборниот храм е отворен од рано наутро до полноќ, или како што велат надлежните, додека не влезе и последниот верник. Неофицијалните процени се дека околу четири до пет илјади граѓани дневно се поклонуваат пред иконата на Богородица, а дел од верниците велат дека воопшто не им пречи да чекаат бидејќи станува збор за ретка и несекојдневна можност. Особено е голем интересот кај жените, со оглед на тоа дека немаат пристап до Света Гора, каде што се чува иконата во Светиот храм во Кареја. -Имам многу здравствени проблеми, загубив едно од моите деца, генерално сум верник и често доаѓам во црква. Меѓутоа, за конкретната икона на Пресвета Богородица имав особена желба да се поклонам. Како жена, немам можност да ја видам иконата во Света Гора, вели повозрасна Гркинка за МИА. Меѓу верниците беа и две жени кои на колена, со лазење влегоа во црквата. Ова е осми пат иконата да биде изнесена од Света Гора, а во Атина дојде по пауза од 24 години. Според грчките медиуми, иконата на Пресвета Богородица во минатото била три пати донесена во Атина, во 1963 година за време на прославата на Милениумот на Света Гора, во 1987 година за време на официјалната посета на тогашниот вселенски патријарх и во септември 1999 година по големиот земјотрес. Во Солун била два пати и по еднаш на Кипар и во градот Комотини.

The post Чудовторната икона на Богородица од Света Гора пристигна од Атина appeared first on Република.

]]>
Монаси од Света Гора во прва официјална посета на Бигорски манастир https://republika.mk/vesti/makedonija/monasi-od-sveta-gora-vo-prva-oficijalna-poseta-na-bigorski-manastir/ Sun, 22 May 2022 13:29:56 +0000 https://republika.mk/?p=505488

По одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на Охридската Архиепископоија во прва официјална посета на Бигорски манастир престојуваат монаси од Света Гора. Во Бигорски се Игуменот на светогорската Свештена Обител Есфигмен, Неговото Високопреподобие, Архимандрит г. Вартоломеј, заедно со браќа монаси од својот манастир и во придружба на Високопреподобниот Архимандрит г. Никанор од манастирот на Светите Бесребреници во градот Перник.

На свечениот и официјален манастирски пречек, од страна на нашиот старец и игумен, Епископ г. Партениј Антаниски, на светогорскиот Старец му беше подарен архимандритски крст од илјадагодишниот јубилеј на Бигорската Обител. Според манастирскиот типик, ценетиот гостин и неговата придружба беа со песнопенија и ѕвона внесени во Претечевиот храм, каде што беше отслужено пригодно молитвословие, вели отец Кирил.

Додава дека и двајцата имале и говори. Епископот Партениј го потенцирал значењето на оваа посета по одлуката на Вселенската патријаршија.

Сегашниов благодатен настан за нас преставува една огромна радост, особено затоа што Вие сте првиот игумен од Света Гора кој доаѓа во официјална посета на нашиот манастир по прогласувањето на богслужбеното и канонско единство на нашата Црква од страна на светиот престол на Мајката Црква, Вселенската Патријаршија. За нас, како и за сите Православни, Света Гора значи многу. Сето ова што го гледате сега во нашиов Манастир, ова братство, е благодарение токму на Мајката Божја, Која некогаш благоизволи и го просветли преподобниот Старец Георгиј Капсанис да ги отвори вратите на своето срце и на својот манастир за првите монаси на Света Гора од кај нас. Вие го донесовте благословот на Света Гора овде, само неколку дена по пристигнувањето на благата вест од пресветлиот Центар православието,Вселенската Патријаршија. Честа и радоста наша се уште поголеми, затоа што сме слушале за Вашата љубов кон Мајката Црква, Вселенската Патријаршија и особено кон личноста на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј – еден Патријарх кого слободно можеме да го наречеме велик. Имено тој нам ни стана втор Фотиј Велики, подобен на првиот кој ги испратил Светите Кирил и Методиј, за да ја пренесат светлината на Евангелието среде Словените. Преку личноста на Патријархот Вартоломеј и со неговото благоволение да нè прими и прифати во лоното на Црквата и во семејството на православните, за нас се случи второто просвештение. По неговите молитви и заложби дојде и до помирување со Православната Црква на Србија, коешто беше официјализирано со неодамнешното сослужение во Белград. Ние искрено се надеваме дека од денес ќе започне нашата поголема соработка со светогорската монашка заедница, со Вас и со другите игумени и монаси од Градината на Мајката Божја, рекол владиката Партениј.

Г. Вартоломеј пак потенцирал дека му се исполнила тајната желба што ја имал со години да го посети овој манастир.

Една тајна желба што ја имав многу години, во овој миг ја гледам како се исполнува на еден чудесен начин. Не беше во нашата програма да дојдеме овде во Манастирот, зашто нашата мисија беше да ги однесеме во Софија за поклонение чесните мошти на Светите Браќа Кирил и Методиј, од кои дел се чуваат во нашата Обител. Архимандритот Никанор од Манастирот на Светите Бесребреници во Перник е брат на нашиот Манастир и неговиот Манастир ние го сметаме и како наш. Имено тој беше оној кој ја смисли и ја оствари програмата да дојдеме денеска кај вас. Во себе почувствував една огромна радост, затоа што слушав, гледав, чувствував за Вашиот Манастир. И во овој миг, и слушам и гледам и чувствувам, присутен во Вашиот манастир. По благодатта Божја живееме историски моменти през целиов овој период и секој еден од нас станува мал дел од историјата која во моментов се испишува. И не можеме да Му искажеме ништо друго освен благодарност на седобриот Бог, Кој нè удостојува толку чудесни настани да се случуваат во нашиот живот, и покрај човечките безизлези кои имаат завладеано со нашиот живот, потенцирал игуменот.

Посочил дека по подигањето на таа шизма, која толку години ја измачуваше Црквата и Православието, веќе го живееме тоа чудо – сите да сме заедно на исто место.

Затоа, дозволете ми да кажам сега кога за првпат доаѓам во Вашиот Манастир: Ви благодарам што ме примивте во мојот Манастир. Јас навистина се чувствувам како дел од Вашата заедница, како еден од Вашите отци. Ова е благодатта Божја и благодатта на Богородица, Која го благословува целиот свет, а особено нас монасите. Како што рековте многу точно и мудро, Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј е еден мудар јерарх, човек Божје, испратен во правиот момент, за да го исполни планот Божји, кој не е ништо друго, освен љубовта Божја за човекот и за единството помеѓу нас. Неговата Сесветост прави пресек на историјата и ние сме среде таа историја и се радуваме и ја вкусуваме оваа радост. И им ја посакуваме оваа радост на сите отци и на сите поклоници на овој Манастир, посочил Игуменот.

The post Монаси од Света Гора во прва официјална посета на Бигорски манастир appeared first on Република.

На Света Гора најмалку 40 монаси починале од Ковид-19 https://republika.mk/vesti/balkan/na-sveta-gora-najmalku-40-monasi-pochinale-od-kovid-19/ Thu, 20 Jan 2022 13:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=447147

Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19, од вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, од кои двајца вчера и додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега.

Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, два –три манастири, превентивно се затворени за верниците, а меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари.

Според „Та неа“, но и според натписите во грчките медиуми од изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно, ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат.

По изјавите на монах од Света гора дека постојат монаси – антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат и се одговорни за многу смртни случаи, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

The post На Света Гора најмалку 40 монаси починале од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19, од вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина. Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, од кои двајца вчера и додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега. Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, два –три манастири, превентивно се затворени за верниците, а меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари. Според „Та неа“, но и според натписите во грчките медиуми од изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно, ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат. По изјавите на монах од Света гора дека постојат монаси – антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат и се одговорни за многу смртни случаи, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

The post На Света Гора најмалку 40 монаси починале од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
На Света Гора од Ковид-19 починале најмалку 40 монаси, заразени се околу 1.000 https://republika.mk/vesti/balkan/na-sveta-gora-od-kovid-19-pochinale-najmalku-40-monasi-zarazeni-se-okolu-1-000/ Thu, 20 Jan 2022 11:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=447068

Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19. Oд вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“.

Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, од кои двајца во текот на вчерашниот ден. Тој додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега.

Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, додека два-три манастири се превентивно затворени за верниците. Меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари.

Според „Та неа“, но и според натписите во грчките медиуми од изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно, ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат.

По изјавите на монах од Света гора дека постојат монаси-антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

The post На Света Гора од Ковид-19 починале најмалку 40 монаси, заразени се околу 1.000 appeared first on Република.

]]>

Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19. Oд вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“. Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, од кои двајца во текот на вчерашниот ден. Тој додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега. Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, додека два-три манастири се превентивно затворени за верниците. Меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари. Според „Та неа“, но и според натписите во грчките медиуми од изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно, ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат. По изјавите на монах од Света гора дека постојат монаси-антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

The post На Света Гора од Ковид-19 починале најмалку 40 монаси, заразени се околу 1.000 appeared first on Република.

]]>