суспензија Archives - Република https://republika.mk/tema/suspenzija/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 12:41:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png суспензија Archives - Република https://republika.mk/tema/suspenzija/ 32 32 Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kosovskiot-trener-suspendiran-zatoa-shto-i-udri-shamar-na-kerka-si-po-porazot-od-srbinka/ Mon, 11 Nov 2024 12:41:14 +0000 https://republika.mk/?p=836347

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското првенство во Тирана, кога и удри шлаканица на својата осумгодишна натпреварувачка, која воедно е и негова ќерка.

Според официјалните информации, Фетиу е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни натпреварувања.

Надзорниот одбор на Европското кадетско првенство 2024 година во Тирана (Албанија) му изрече шестмесечна суспензија на селекторот откако на крајот од натпреварот покажа физичка агресија кон својот спортист. Инцидентот е снимен со видео камера и јасно се гледа како тренерот се однесува на начин, за кој во нашиот спорт постои нулта толеранција. Селекторот јавно се извини и доби забрана за учество на сите натпреварувања, државни и меѓународни, во период од шест месеци, стои во соопштението.

Одлуката за суспензијата ја донесе надзорниот орган на натпреварувањето, со образложение дека тренерот покажал „физичка агресија“ кон својот натпреварувач на крајот од натпреварот.

The post Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка appeared first on Република.

]]>

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското првенство во Тирана, кога и удри шлаканица на својата осумгодишна натпреварувачка, која воедно е и негова ќерка. Според официјалните информации, Фетиу е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни натпреварувања. Надзорниот одбор на Европското кадетско првенство 2024 година во Тирана (Албанија) му изрече шестмесечна суспензија на селекторот откако на крајот од натпреварот покажа физичка агресија кон својот спортист. Инцидентот е снимен со видео камера и јасно се гледа како тренерот се однесува на начин, за кој во нашиот спорт постои нулта толеранција. Селекторот јавно се извини и доби забрана за учество на сите натпреварувања, државни и меѓународни, во период од шест месеци, стои во соопштението. Одлуката за суспензијата ја донесе надзорниот орган на натпреварувањето, со образложение дека тренерот покажал „физичка агресија“ кон својот натпреварувач на крајот од натпреварот.

The post Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за полицаец од станица за технички преглед во Сарај https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-politsaets-od-stanitsa-za-tehnichki-pregled-vo-saraj/ Fri, 25 Oct 2024 11:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=830941

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешниработи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.М. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

Пријавениот Ф.М. во својство на овластено службено лице - референт за управни работи вработен во Одделение за управни работи – Скопје како деташиран референт во станица за технички преглед во Сарај, во електронскиот систем на МВР преку апликацијата за печатење на сообраќајни дозволи направил промена на сопственост на моторно возило „ауди а5“ и издал сообраќајна дозвола на лице кое не е сопственик на возилото без да бидат исполнети условите за регистрација, врз основа на барање кое не било поднесено лично од сопственикот на возилото и без веродостоен доказ за сопственоста на возилото, што е спротивно на член 31 од Законот за возила.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Ф.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување - суспензија од работното место.

The post Кривична пријава за полицаец од станица за технички преглед во Сарај appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешниработи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.М. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. Пријавениот Ф.М. во својство на овластено службено лице - референт за управни работи вработен во Одделение за управни работи – Скопје како деташиран референт во станица за технички преглед во Сарај, во електронскиот систем на МВР преку апликацијата за печатење на сообраќајни дозволи направил промена на сопственост на моторно возило „ауди а5“ и издал сообраќајна дозвола на лице кое не е сопственик на возилото без да бидат исполнети условите за регистрација, врз основа на барање кое не било поднесено лично од сопственикот на возилото и без веродостоен доказ за сопственоста на возилото, што е спротивно на член 31 од Законот за возила. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Ф.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување - суспензија од работното место.

The post Кривична пријава за полицаец од станица за технички преглед во Сарај appeared first on Република.

]]>
Привремено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за нив се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе https://republika.mk/vesti/makedonija/privremeno-otstraneti-dvajtsa-doktori-od-detska-klinika-za-niv-se-vodi-distsiplinska-postapka-za-smrtta-na-14-mesechnoto-bebe/ Fri, 18 Oct 2024 17:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=828577

Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди, околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници - доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.

За одлуката попладнево информираа од Детската клиника.

Врз основа на извештајот на Комисијата за стручен надзор, формирана од Министерството за здравство, во врска со случајот на починатото 14-месечно дете, каде се констатирани елементи на лекарски пропуст, согласно член 187 од ЗЗЗ и чл.30 од Статутот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести - Скопје, в.д директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести на ден 18.10.2024 година, донесе одлука за формирање Комисија за водење на дисциплинска постапка и поднесе пријава за утврдување на дисциплинска одговорност за сторен дисциплински престап на здравствените работници- двајца доктори специјалисти кои биле дежурни и извршиле преглед на малото дете на ден 03.10.2024 година, наведуваат од Клиниката.

При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни, информираше министерот за здравство Арбен Таравари во понеделникот.

Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.

Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка - инвазивна и неинвазивна, појасни Таравари.

Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.

Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во Козле е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, рече Таравари.

Вчера пак, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој кажа дека се надева оти двајцата директори ќе преземат некакви мерки. Министерот подвлече дека очекува да има некаква одговорност.

Како министер, не сум судија, ниту обвинител. Како министер, ангажирав комисија и тоа мислам компетентна, што даде детален извештај што се случило, сега извештајот е испратен до клиниките. Чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Понатаму, ние можеме да постапиме врз директорите, меѓутоа, врз вработените ... нема никаде, министерот да избрка од работа. Треба Министерството и министерот да инсистираат за директорите да преземат одредени мерки за тие доктори кои направиле некаков тип, да речам, ако не речам - грешка, меѓутоа, превид. Така констатиравме заедно со комисијата, дека е направен превид, одговори Таравари.

The post Привремено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за нив се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе appeared first on Република.

]]>

Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди, околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници - доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка. За одлуката попладнево информираа од Детската клиника.
Врз основа на извештајот на Комисијата за стручен надзор, формирана од Министерството за здравство, во врска со случајот на починатото 14-месечно дете, каде се констатирани елементи на лекарски пропуст, согласно член 187 од ЗЗЗ и чл.30 од Статутот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести - Скопје, в.д директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести на ден 18.10.2024 година, донесе одлука за формирање Комисија за водење на дисциплинска постапка и поднесе пријава за утврдување на дисциплинска одговорност за сторен дисциплински престап на здравствените работници- двајца доктори специјалисти кои биле дежурни и извршиле преглед на малото дете на ден 03.10.2024 година, наведуваат од Клиниката.
При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни, информираше министерот за здравство Арбен Таравари во понеделникот. Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.
Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка - инвазивна и неинвазивна, појасни Таравари.
Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.
Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во Козле е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, рече Таравари.
Вчера пак, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој кажа дека се надева оти двајцата директори ќе преземат некакви мерки. Министерот подвлече дека очекува да има некаква одговорност.
Како министер, не сум судија, ниту обвинител. Како министер, ангажирав комисија и тоа мислам компетентна, што даде детален извештај што се случило, сега извештајот е испратен до клиниките. Чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Понатаму, ние можеме да постапиме врз директорите, меѓутоа, врз вработените ... нема никаде, министерот да избрка од работа. Треба Министерството и министерот да инсистираат за директорите да преземат одредени мерки за тие доктори кои направиле некаков тип, да речам, ако не речам - грешка, меѓутоа, превид. Така констатиравме заедно со комисијата, дека е направен превид, одговори Таравари.

The post Привремено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за нив се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе appeared first on Република.

]]>
ФФМ го суспендираше и теренот на Башкими https://republika.mk/sport/fudbal/ffm-go-suspendirashe-i-terenot-na-bashkimi/ Fri, 27 Sep 2024 11:37:27 +0000 https://republika.mk/?p=820241

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за суспензија на стадионот „Башкими“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово.

Стадионот „Башкими“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на ДК на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш, соопштија од ФФМ.

Одлуката следува по инцидентот од средата, кога судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални.

https://republika.mk/sport/fudbal/politsijata-morala-da-intervenira-na-stadionot-na-bashkimi-na-kraj-nastrada-avtomobilot-na-sudijata/

Претходно суспензија беше одредена и за Градскиот стадион Неготино каде беше нокаутиран голманот од гостинската екипа.

https://republika.mk/sport/fudbal/navivach-nokautira-golman-na-ohrid/

The post ФФМ го суспендираше и теренот на Башкими appeared first on Република.

]]>

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за суспензија на стадионот „Башкими“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово.
Стадионот „Башкими“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на ДК на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш, соопштија од ФФМ.
Одлуката следува по инцидентот од средата, кога судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални. https://republika.mk/sport/fudbal/politsijata-morala-da-intervenira-na-stadionot-na-bashkimi-na-kraj-nastrada-avtomobilot-na-sudijata/ Претходно суспензија беше одредена и за Градскиот стадион Неготино каде беше нокаутиран голманот од гостинската екипа. https://republika.mk/sport/fudbal/navivach-nokautira-golman-na-ohrid/

The post ФФМ го суспендираше и теренот на Башкими appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава и суспензија за членот на обезбедувањето на Гаши кој извадил пиштол на скопскиот аеродром https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-i-suspenzija-za-chlenot-na-obezbeduvaneto-na-gashi-koj-izvadil-pishtol-na-skopskiot-aerodrom/ Mon, 05 Aug 2024 17:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=803553

„Кривична пријава и отстранување од работното место за полицискиот службеник кој предизвика инцидент на Меѓународниот Аеродром Скопје“, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело “Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ.

Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија.

Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови.

Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот.

ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службвеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата.

Како министер, секогаш цврсто ќе се залагам за еднакво применување на законот за сите. Секој мора да го почитува законот, а особено полициските службеници мора да бидат пример за почитување на законите и професионалните стандарди, бидејќи нивната одговорност е клучна за одржување на довербата на јавноста во институциите.

The post Кривична пријава и суспензија за членот на обезбедувањето на Гаши кој извадил пиштол на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

„Кривична пријава и отстранување од работното место за полицискиот службеник кој предизвика инцидент на Меѓународниот Аеродром Скопје“, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело “Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ. Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија. Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови. Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот. ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службвеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата. Како министер, секогаш цврсто ќе се залагам за еднакво применување на законот за сите. Секој мора да го почитува законот, а особено полициските службеници мора да бидат пример за почитување на законите и професионалните стандарди, бидејќи нивната одговорност е клучна за одржување на довербата на јавноста во институциите.

The post Кривична пријава и суспензија за членот на обезбедувањето на Гаши кој извадил пиштол на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Светски рекордер на 100 метри доби четири години суспензија поради допинг https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/svetski-rekorder-na-100-metri-dobi-chetiri-godini-suspenzija-poradi-doping/ Tue, 28 May 2024 11:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=782415

Светскиот рекордер на 100 метри до 20 години Исам Асинга е дисквалификуван поради допинг.

Деветнаесетгодишниот атлетичар од репрезентацијата на Суринам е суспендиран на четири години, соопшти независното атлетско тело АИУ. Во јули тој беше позитивен на забранетата супстанција GW1516.

Асинга се обиде да докаже дека допингот влегол во телото поради бонбоните за џвакање „Gatorade“ (кои се користат како додаток во исхраната за спортистите). Но, дисциплинското тело не ја прифати оваа верзија.

Во 2023 година, Асинга постави светски рекорд меѓу јуниорите до 20 години на трката на 100 метри. Тој патеката ја истрча за 9,89 секунди на првенството на Јужна Америка. Овој резултат, како и две победи на континенталниот шампионат ќе бидат поништени.

Според „Асошиетед прес“, тркачот има намера да поднесе жалба на дисквалификацијата до Судот за спортска арбитража (CAS).

The post Светски рекордер на 100 метри доби четири години суспензија поради допинг appeared first on Република.

]]>

Светскиот рекордер на 100 метри до 20 години Исам Асинга е дисквалификуван поради допинг. Деветнаесетгодишниот атлетичар од репрезентацијата на Суринам е суспендиран на четири години, соопшти независното атлетско тело АИУ. Во јули тој беше позитивен на забранетата супстанција GW1516. Асинга се обиде да докаже дека допингот влегол во телото поради бонбоните за џвакање „Gatorade“ (кои се користат како додаток во исхраната за спортистите). Но, дисциплинското тело не ја прифати оваа верзија. Во 2023 година, Асинга постави светски рекорд меѓу јуниорите до 20 години на трката на 100 метри. Тој патеката ја истрча за 9,89 секунди на првенството на Јужна Америка. Овој резултат, како и две победи на континенталниот шампионат ќе бидат поништени. Според „Асошиетед прес“, тркачот има намера да поднесе жалба на дисквалификацијата до Судот за спортска арбитража (CAS).

The post Светски рекордер на 100 метри доби четири години суспензија поради допинг appeared first on Република.

]]>
Акушерка на ГАК е суспендирана, откако ненамерно му отсекла дел од прст на новроднече https://republika.mk/zivot/zdravje/akusherka-na-gak-e-suspendirana-otkako-nenamerno-mu-otsekla-del-od-prst-na-novrodneche/ Tue, 26 Dec 2023 15:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=726867

Новороденче пред 10 дена останало без дел од прст на скопската Клиника за гинекологија и акушерство ГАК, откако акушерка ненамерно му нанела повреда, а за немилиот настан добила суспензија.

Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата. Акушерката била суспендирана, дадена на Дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место, соопштија од Министерството за здравство.

 

The post Акушерка на ГАК е суспендирана, откако ненамерно му отсекла дел од прст на новроднече appeared first on Република.

]]>

Новороденче пред 10 дена останало без дел од прст на скопската Клиника за гинекологија и акушерство ГАК, откако акушерка ненамерно му нанела повреда, а за немилиот настан добила суспензија.
Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата. Акушерката била суспендирана, дадена на Дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место, соопштија од Министерството за здравство.
 

The post Акушерка на ГАК е суспендирана, откако ненамерно му отсекла дел од прст на новроднече appeared first on Република.

]]>
Родителите бараат суспензија на директорот, психологот и педагогот во белградското училиште „Владислав Рибникар“ https://republika.mk/vesti/balkan/roditelite-baraat-suspenzija-na-direktorot-psihologot-i-pedagogot-vo-belgradskoto-uchilishte-vladislav-ribnikar/ Sat, 20 May 2023 16:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=643032

Родителите на учениците од VII/2 клас од Основното училиште „Владислав Рибникар“, кои ги претрпеа најтешките последици од трагичното пукање на 3 мај, испратија писмо до Министерството за образование во кое бараат итно суспендирање на директорот на училиштето, училишниот психолог и педагог.

Во писмото наведуваат дека бараат „итна и без натамошно одлагање суспензија на директорката на ОУ „Владислав Рибникар“ Снежана Кнежевиќ до завршување на истрагата и утврдување на нејзината лична одговорност за трагичниот настан што се случи и последователниот третман на учениците и родителите VII/2 одделенија“.

Тие бараат и итна суспензија на училишниот психолог Лидија Макшиќ и училишниот педагог Јелена Вујичиќ, до завршување на истрагата и утврдување на нивната лична одговорност за трагичниот настан.

Тие ги повторија барањата изнесени претходно: реконструкцијата на трагичниот настан и статусот на истрагата во врска со него да се спроведе целосно и до крај, а заинтересираните страни да бидат информирани за тоа во согласност со законот; што ќе биде со момчето и каков е статусот на неговите родители бидејќи постои голем страв дека ќе биде на слобода; што и како, освен обезбедување на средства, конкретно ќе се преземе во врска со предложеното реновирање на просториите на училиштето.

Тие го повторуваат и барањето да се утврди „што конкретно е направено или ќе се прави во врска со нашето барање за утврдување на одговорноста на лицата кои јавно го објавија списокот со имињата на децата од одделението, кој го обиколи светот, како и фотографиите на родителите и децата и дека поради ваквата постапка одговорните треба да се санкционирани согласно закон“.

Побараа и „определување на лице или група на лица од надлежните органи за директна комуникација и координација на активностите со родителите од VII/2 одделение поради нивните специфичности“.

Исто така, бараат изготвување и усвојување на посебна наставна програма и програма за завршување на седмо и присуство во осмо одделение за VII/2 клас, вклучително и полагање на средното образование.

Родителите во допис до Министерството за образование бараат и изработка на медицинска документација за учениците и родителите кои се на психотерапија, а по посебно барање на секој од родителите.

На кој начин и да се регулира интеграцијата на преживеаните ученици, ние, родителите и децата од VII/2 одделение, бараме сите преживеани ученици од нашето одделение да се вратат недопрени во својот колектив, без разлика колку ученици има и без додавање ученици од други паралелки, се наведува во дописот.

Бараат „преземање мерки за откривање, евентуално гонење и судење на сторителите кои испраќаат закани до децата преку социјалните мрежи, со цел сузбивање и натамошно спречување на овој вид активност“.

Родителите од VII/2 се оградија од јавното говорење и други постапки на претседателот на Советот на родители на училиштето, Игор Ѓорѓевиќ.

Во писмото родителите наведуваат дека биле „приморани да укажат на големите пропусти и некооперативност на училишната администрација, пред се директорката Снежана Кнежевиќ, а делумно и претседателот на Советот на родители, Игор Ѓорѓевиќ“.

Како што наведоа, тоа се рефлектира во следново: „Речиси постојано избегнување на навремено и точно информирање на родителите од VII/2 одделение што преземаат училиштето и надлежните органи по овие и други прашања, туку оваа информација е добиени од медиумите“.
Тврдат и дека директорот на училиштето избегнува писмена комуникација со родителите, „иако родителите поставувале одредени прашања и предлози писмено – по електронска пошта“.
Тие наведуваат и дека пропустите на училишната администрација се рефлектираат во „непостоење јасен план и програма за работа со учениците и родителите, барем во следните два до три дена, но зошто да не и на неделно ниво“.

Тие го сметаат за неодговорно „јавното појавување во медиумите на претседателот на Советот на родители Игор Ѓорѓевиќ без одобрение на Советот на родители и согласност на родителите од VII/2 одделение“.

The post Родителите бараат суспензија на директорот, психологот и педагогот во белградското училиште „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.

]]>

Родителите на учениците од VII/2 клас од Основното училиште „Владислав Рибникар“, кои ги претрпеа најтешките последици од трагичното пукање на 3 мај, испратија писмо до Министерството за образование во кое бараат итно суспендирање на директорот на училиштето, училишниот психолог и педагог. Во писмото наведуваат дека бараат „итна и без натамошно одлагање суспензија на директорката на ОУ „Владислав Рибникар“ Снежана Кнежевиќ до завршување на истрагата и утврдување на нејзината лична одговорност за трагичниот настан што се случи и последователниот третман на учениците и родителите VII/2 одделенија“. Тие бараат и итна суспензија на училишниот психолог Лидија Макшиќ и училишниот педагог Јелена Вујичиќ, до завршување на истрагата и утврдување на нивната лична одговорност за трагичниот настан. Тие ги повторија барањата изнесени претходно: реконструкцијата на трагичниот настан и статусот на истрагата во врска со него да се спроведе целосно и до крај, а заинтересираните страни да бидат информирани за тоа во согласност со законот; што ќе биде со момчето и каков е статусот на неговите родители бидејќи постои голем страв дека ќе биде на слобода; што и како, освен обезбедување на средства, конкретно ќе се преземе во врска со предложеното реновирање на просториите на училиштето. Тие го повторуваат и барањето да се утврди „што конкретно е направено или ќе се прави во врска со нашето барање за утврдување на одговорноста на лицата кои јавно го објавија списокот со имињата на децата од одделението, кој го обиколи светот, како и фотографиите на родителите и децата и дека поради ваквата постапка одговорните треба да се санкционирани согласно закон“. Побараа и „определување на лице или група на лица од надлежните органи за директна комуникација и координација на активностите со родителите од VII/2 одделение поради нивните специфичности“. Исто така, бараат изготвување и усвојување на посебна наставна програма и програма за завршување на седмо и присуство во осмо одделение за VII/2 клас, вклучително и полагање на средното образование. Родителите во допис до Министерството за образование бараат и изработка на медицинска документација за учениците и родителите кои се на психотерапија, а по посебно барање на секој од родителите.
На кој начин и да се регулира интеграцијата на преживеаните ученици, ние, родителите и децата од VII/2 одделение, бараме сите преживеани ученици од нашето одделение да се вратат недопрени во својот колектив, без разлика колку ученици има и без додавање ученици од други паралелки, се наведува во дописот.
Бараат „преземање мерки за откривање, евентуално гонење и судење на сторителите кои испраќаат закани до децата преку социјалните мрежи, со цел сузбивање и натамошно спречување на овој вид активност“. Родителите од VII/2 се оградија од јавното говорење и други постапки на претседателот на Советот на родители на училиштето, Игор Ѓорѓевиќ. Во писмото родителите наведуваат дека биле „приморани да укажат на големите пропусти и некооперативност на училишната администрација, пред се директорката Снежана Кнежевиќ, а делумно и претседателот на Советот на родители, Игор Ѓорѓевиќ“. Како што наведоа, тоа се рефлектира во следново: „Речиси постојано избегнување на навремено и точно информирање на родителите од VII/2 одделение што преземаат училиштето и надлежните органи по овие и други прашања, туку оваа информација е добиени од медиумите“. Тврдат и дека директорот на училиштето избегнува писмена комуникација со родителите, „иако родителите поставувале одредени прашања и предлози писмено – по електронска пошта“. Тие наведуваат и дека пропустите на училишната администрација се рефлектираат во „непостоење јасен план и програма за работа со учениците и родителите, барем во следните два до три дена, но зошто да не и на неделно ниво“. Тие го сметаат за неодговорно „јавното појавување во медиумите на претседателот на Советот на родители Игор Ѓорѓевиќ без одобрение на Советот на родители и согласност на родителите од VII/2 одделение“.

The post Родителите бараат суспензија на директорот, психологот и педагогот во белградското училиште „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.

]]>
МОК со 4-годишна суспензија за Борко Ристовски зашто го навредил претседателот Даниел Димевски, голманот најави борба https://republika.mk/sport/rakomet/mok-so-4-godishna-suspenzija-za-borko-ristovski-zashto-go-navredil-pretsedatelot-daniel-dimevski-golmanot-najavi-borba/ Mon, 24 Apr 2023 14:44:47 +0000 https://republika.mk/?p=633655

По пријава на првиот човек на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, на поранешниот македонски репрезентативец, сега голман за РК Вардар,  Борко Ристовски доби суспензија од четири години за извршување работа во олимпискиoт спорт.

Пријавата била поднесена во март поради „изнесување на лаги и невистини во една ТВ емисија кои можат да се одразат врз МОК“.

Ристовски има рок за жалба на одлуката на МОК во следните осум дена.

Во кратка изјава за „Гол“, тој рече дека „човековата глупост е бесконечна“ и најави прес-конференција.

The post МОК со 4-годишна суспензија за Борко Ристовски зашто го навредил претседателот Даниел Димевски, голманот најави борба appeared first on Република.

]]>

По пријава на првиот човек на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, на поранешниот македонски репрезентативец, сега голман за РК Вардар,  Борко Ристовски доби суспензија од четири години за извршување работа во олимпискиoт спорт. Пријавата била поднесена во март поради „изнесување на лаги и невистини во една ТВ емисија кои можат да се одразат врз МОК“. Ристовски има рок за жалба на одлуката на МОК во следните осум дена. Во кратка изјава за „Гол“, тој рече дека „човековата глупост е бесконечна“ и најави прес-конференција.

The post МОК со 4-годишна суспензија за Борко Ристовски зашто го навредил претседателот Даниел Димевски, голманот најави борба appeared first on Република.

]]>
Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskoska-potvrdi-deka-spasovski-i-besa-trans-direktno-stojat-zad-nejzinata-suspenzija/ Fri, 16 Dec 2022 07:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=586266

Одбивањето на Вилма Рускоска да потклекне на политичкиот притисок е причината таа да биде суспендирана. Поранешната шефица на Обвинителството за органзиран криминал и корупција Вилма Русоскоска ја посочува улогата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во случајот „Беса транс“ како директна причина за нејзината суспензија.

Зборувајќи за политичките притисоци во Обвинителството, Рускоска рече е суспендирана додека траела предистрагата

Мене ме суспендираа, затоа што јас не прифаќав притисоци и влијанија. Пријавата се однесуваше на тоа, некаде околу 12-13 јули 2021 година одговорните за управни работи извршиле контрола на станицата за технички преголед, констатирале неправилности, изготвиле решение за затворање на станицата, а решението е потпишано три дена по несреќата (несреќата се случи на 23 ноември 2021 година, нов. заб.). Според закон требало да биде потпишано во рок од 15 дена, рече Рускоска во поткастот на ИРЛ и потврди дека таа инспекција ја води МВР, а решението го потпишува министерот.

The post Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија appeared first on Република.

]]>

Одбивањето на Вилма Рускоска да потклекне на политичкиот притисок е причината таа да биде суспендирана. Поранешната шефица на Обвинителството за органзиран криминал и корупција Вилма Русоскоска ја посочува улогата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во случајот „Беса транс“ како директна причина за нејзината суспензија. Зборувајќи за политичките притисоци во Обвинителството, Рускоска рече е суспендирана додека траела предистрагата
Мене ме суспендираа, затоа што јас не прифаќав притисоци и влијанија. Пријавата се однесуваше на тоа, некаде околу 12-13 јули 2021 година одговорните за управни работи извршиле контрола на станицата за технички преголед, констатирале неправилности, изготвиле решение за затворање на станицата, а решението е потпишано три дена по несреќата (несреќата се случи на 23 ноември 2021 година, нов. заб.). Според закон требало да биде потпишано во рок од 15 дена, рече Рускоска во поткастот на ИРЛ и потврди дека таа инспекција ја води МВР, а решението го потпишува министерот.

The post Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија appeared first on Република.

]]>
Советот на јавни обвинители ја држи страната на Јовески: Одбиена жалбата на Русковска, суспензијата останува https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-sovetot-na-javni-obviniteli-ja-drzi-stranata-na-joveski-odbiena-zalbata-na-ruskovska-suspenzijata-ostanuva/ Wed, 24 Aug 2022 10:04:03 +0000 https://republika.mk/?p=543562

Советот на јавни обвинители на Република Македонија на денешната 63-та седница, едногласно одлучи жалбата за суспензијата на обвинителката Вилма Русковска да се отфрли како неоснована.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, рече дека Советот, со ова го потврдува решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава.

Со ова обвинителката Русковска останува суспендирана од својата функција.

Седницата на Советот на ЈО, за време на дискусијата по жалбата на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК Вилма Русковска, беше затворена за јавноста, за како што појасни претседателот на Советот Јолевски, заштита на интегритетот на сите јавните обвинители и предметите, кои се дел од списите.

Советот на ЈО работи со осум од 11 члена, бидејќи двајца се пензионирани и се уште нема избрано нови, а обвинителот Љубомир Јовески не присуствуваше поради конфликт на интереси.

Републичкиот јавен обвинител, Јовески врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатата недела донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција.

Обвинителката Вилма Русковска, минатата недела поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија на правото и суспендирање на правдата“.

The post Советот на јавни обвинители ја држи страната на Јовески: Одбиена жалбата на Русковска, суспензијата останува appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители на Република Македонија на денешната 63-та седница, едногласно одлучи жалбата за суспензијата на обвинителката Вилма Русковска да се отфрли како неоснована. Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, рече дека Советот, со ова го потврдува решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава. Со ова обвинителката Русковска останува суспендирана од својата функција. Седницата на Советот на ЈО, за време на дискусијата по жалбата на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК Вилма Русковска, беше затворена за јавноста, за како што појасни претседателот на Советот Јолевски, заштита на интегритетот на сите јавните обвинители и предметите, кои се дел од списите. Советот на ЈО работи со осум од 11 члена, бидејќи двајца се пензионирани и се уште нема избрано нови, а обвинителот Љубомир Јовески не присуствуваше поради конфликт на интереси. Републичкиот јавен обвинител, Јовески врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатата недела донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција. Обвинителката Вилма Русковска, минатата недела поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија на правото и суспендирање на правдата“.

The post Советот на јавни обвинители ја држи страната на Јовески: Одбиена жалбата на Русковска, суспензијата останува appeared first on Република.

]]>
Рускоска суспендирана една недела пред да почне распитот за станицата за технички преглед, предмет заглавен во фиоките на МВР на Спасовски https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskoska-suspendirana-edna-nedela-pred-da-pochne-raspitot-za-stanicata-za-tehnichki-pregled-predmet-zaglaven-vo-fiokite-na-mvr-na-spasovski/ Fri, 19 Aug 2022 13:27:38 +0000 https://republika.mk/?p=542061

Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска денеска во изјава за медиумите откри дека била суспендирана една недела пред да почне распит на сведоци за случајот „Станица за технички преглед на Беса транс“, во кој како шеф на МВР е инволвиран министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Процесните дејствија во истрагата за предметот поврзан со Спасовски кои требало да продолжат идната недела, а кои може да доведат до кривична пријава за најмоќниот човек во владата и во СДСМ дава нова перспектива за суспензијата на Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) уште од мај годинава испитува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-ispituva-zoshto-spasovski-so-meseci-ne-go-zatvoral-tehnichkiot-pregled-vo-koj-amin-dobi-i-besa-trans/

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одбива да одговори зошто три и пол месеци го чувал во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, а го потпишал три дена по трагедијата на автобусот „Беса Транс“ кој изгоре на автопатот во Бугарија.

Затоа отвори истрага Обвинителството и ќе ги даде резултатите. Мојот одговор е дека моментално има истрага што се води и ќе ги даде резултатите, рече Спасовски во мај годинава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ne-kazuva-zoshto-se-chuvalo-vo-fioka-reshenieto-za-zatvoranje-na-stanicata-kade-shto-tehnichki-pregled-pomina-avtobusot-na-besa-trans/

Со откритието дека Русковска е суспендирана пред да ги процесира индициите за криминал во случајот Беса транс во кој е инволвиран и Спасовски случајот на суспензија на шефицата за организиран криминал добива уште една, најмалку четврта причина или личен интерес на моќни политички фигури.

Покрај шефот на Финансиската полицијата Арафат Муареми и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути од ДУИ против кои Русковска води истражни дејствија се чини дека личен интерес за суспензија има и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Надвор од политичките фактори интерес од суспензијата на Русковска има и Вице Заев, кој е дел од истрагата за рекетот во РЕК Битола и кој е наведен во кривична пријава за криминал и уцени вредни 250 илјади евра.

 

The post Рускоска суспендирана една недела пред да почне распитот за станицата за технички преглед, предмет заглавен во фиоките на МВР на Спасовски appeared first on Република.

]]>

Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска денеска во изјава за медиумите откри дека била суспендирана една недела пред да почне распит на сведоци за случајот „Станица за технички преглед на Беса транс“, во кој како шеф на МВР е инволвиран министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Процесните дејствија во истрагата за предметот поврзан со Спасовски кои требало да продолжат идната недела, а кои може да доведат до кривична пријава за најмоќниот човек во владата и во СДСМ дава нова перспектива за суспензијата на Русковска. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) уште од мај годинава испитува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија. https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-ispituva-zoshto-spasovski-so-meseci-ne-go-zatvoral-tehnichkiot-pregled-vo-koj-amin-dobi-i-besa-trans/ Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одбива да одговори зошто три и пол месеци го чувал во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, а го потпишал три дена по трагедијата на автобусот „Беса Транс“ кој изгоре на автопатот во Бугарија.
Затоа отвори истрага Обвинителството и ќе ги даде резултатите. Мојот одговор е дека моментално има истрага што се води и ќе ги даде резултатите, рече Спасовски во мај годинава.
https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ne-kazuva-zoshto-se-chuvalo-vo-fioka-reshenieto-za-zatvoranje-na-stanicata-kade-shto-tehnichki-pregled-pomina-avtobusot-na-besa-trans/ Со откритието дека Русковска е суспендирана пред да ги процесира индициите за криминал во случајот Беса транс во кој е инволвиран и Спасовски случајот на суспензија на шефицата за организиран криминал добива уште една, најмалку четврта причина или личен интерес на моќни политички фигури. Покрај шефот на Финансиската полицијата Арафат Муареми и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути од ДУИ против кои Русковска води истражни дејствија се чини дека личен интерес за суспензија има и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Надвор од политичките фактори интерес од суспензијата на Русковска има и Вице Заев, кој е дел од истрагата за рекетот во РЕК Битола и кој е наведен во кривична пријава за криминал и уцени вредни 250 илјади евра.  

The post Рускоска суспендирана една недела пред да почне распитот за станицата за технички преглед, предмет заглавен во фиоките на МВР на Спасовски appeared first on Република.

]]>
Русковска: Притисокот доаѓа од поранешна влада https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-pritisokot-doagja-od-poraneshna-vlada/ Fri, 19 Aug 2022 12:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=542047

Апсолутно ова не е притисок од сегашната влада, но ние сме имале и многу влади претходно, без да прецизира од која влада доаѓа притисокот. Ова беше кусата изјава на обвинителката Вилма Русковска за тоа дали има некоја политичка позадина на нејзината суспензија од функцијата шефица на Обвинителството за организиран криминал. Вели дека нејзините сомнежи за тоа дали и кој би стоел зад нејзината суспензија нема да ги сподели со јавноста и дека не се плаши да ги каже, само не сака да заврши пред Суд за клевета.

„Како обвинител не сакам да верувам дека некој политичар или политика стои зад сето ова. Ве повикувам новинарите да откриете која е позадина на сето ова“, изјави Русковска откако во Советот за јавни обвинители ја поднесе жалбата на одлуката на Шефот на обвинителството Љубомир Јовески за суспензија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/

Таа вели дека се што преземала до сега во врска со нејзината работа е согласно законските надлежност.

Не сум ја злоупотребила својата функција, а поготово не за парични средства како што тоа се докажа дека беше случај со Катица Јанева и не ја споредувам мојата судбина со таа на Јанева. Тврдам дека се што сум направила е во рамките за законот“, рече во изјава Русковска како одговор на прашањето дали смета дека ќе заврши како Јанева.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-e-ubedena-deka-ne-ja-cheka-sudbinata-na-katica-janeva/

The post Русковска: Притисокот доаѓа од поранешна влада appeared first on Република.

]]>

Апсолутно ова не е притисок од сегашната влада, но ние сме имале и многу влади претходно, без да прецизира од која влада доаѓа притисокот. Ова беше кусата изјава на обвинителката Вилма Русковска за тоа дали има некоја политичка позадина на нејзината суспензија од функцијата шефица на Обвинителството за организиран криминал. Вели дека нејзините сомнежи за тоа дали и кој би стоел зад нејзината суспензија нема да ги сподели со јавноста и дека не се плаши да ги каже, само не сака да заврши пред Суд за клевета. „Како обвинител не сакам да верувам дека некој политичар или политика стои зад сето ова. Ве повикувам новинарите да откриете која е позадина на сето ова“, изјави Русковска откако во Советот за јавни обвинители ја поднесе жалбата на одлуката на Шефот на обвинителството Љубомир Јовески за суспензија. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/ Таа вели дека се што преземала до сега во врска со нејзината работа е согласно законските надлежност.
Не сум ја злоупотребила својата функција, а поготово не за парични средства како што тоа се докажа дека беше случај со Катица Јанева и не ја споредувам мојата судбина со таа на Јанева. Тврдам дека се што сум направила е во рамките за законот“, рече во изјава Русковска како одговор на прашањето дали смета дека ќе заврши како Јанева.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-e-ubedena-deka-ne-ja-cheka-sudbinata-na-katica-janeva/

The post Русковска: Притисокот доаѓа од поранешна влада appeared first on Република.

]]>
Русковска ќе се жали на одлуката за суспензија, владата тврди дека на Муареми му истекол мандатот https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-kje-se-zali-na-odlukata-za-suspenzija-vladata-tvrdi-deka-na-muaremi-mu-istekol-mandatot/ Wed, 17 Aug 2022 15:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=541466

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска ќе се жали на суспензијата од републичкиот обвинител, Љубомир Јовески. Таа за „Сител“ вели дека во рокот од 8 дена својата жалба ќе му ја достави на Советот за јавни обвинители. Не сакаше да ги коментира причините поради кои Јовески се решил да ја суспендира.

Русковска, која ги стави во притвор двајца од тројцата генерални секретари на Владите на СДСМ, се сопна на директорот на финансиската полиција Арафат Муареми, исто така кадар на социјалдемократите. По отворената истрага против него, доби кривична пријава и дисциплинска постапка за наводни пропусти во постапката во која вршеше претрес во неговите канцеларии.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kalajdziev-ruskovska-napravi-tri-greshki-najserioznata-e-shto-zgazila-vrz-nechija-noga-kade-shto-ne-trebalo/

Со својата фотелја се збогуваше и Муареми. Тој вчера во писмено обраќање рече дека си заминува по сопствена волја за да не пречел на истрагата која треба да се води против него.

Денеска Потпретседателот на Владата Бојан Маричиќ со друг став. Вели, Муареми не си поднел оставка туку му истекол мандатот.

Чистката во институциите кои треба да ја носат борбата против корупцијата во Владата велат дека нема да има влијание во намерата да се расчисти со високиот криминал во државата. Владиниот потпретседател денеска потсети на реализираните предмети, но само против функционерите на поранешната власт.

Но суспензијата на Русковска и заминувањето на Муареми доаѓаат на средина од отворената истрага против директорот на финансиската полиција во која Обвинителството за органзиран криминал чека цела пратка на докази за кои смета дека би можеле функционерот на СДСМ да го поврзат со криминал. Во ситуација кога на Русковска и е забрането да се доближува до Обвинителството, останува нејасно кој ќе ја прими и обработи целата документација и какви услови ќе има за реална борба против евентуалната корупција во оваа државна институција.

Суспензија на Русковска веројатно ќе биде една од последните одлуки кои ги донел Јовески имајќи предвид дека тој во моментов го чека мнозинството на СДСМ и ДУИ кое треба да му обезбеди 9 години фотелја како судија во Уставниот суд.

The post Русковска ќе се жали на одлуката за суспензија, владата тврди дека на Муареми му истекол мандатот appeared first on Република.

]]>

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска ќе се жали на суспензијата од републичкиот обвинител, Љубомир Јовески. Таа за „Сител“ вели дека во рокот од 8 дена својата жалба ќе му ја достави на Советот за јавни обвинители. Не сакаше да ги коментира причините поради кои Јовески се решил да ја суспендира. Русковска, која ги стави во притвор двајца од тројцата генерални секретари на Владите на СДСМ, се сопна на директорот на финансиската полиција Арафат Муареми, исто така кадар на социјалдемократите. По отворената истрага против него, доби кривична пријава и дисциплинска постапка за наводни пропусти во постапката во која вршеше претрес во неговите канцеларии. https://republika.mk/vesti/makedonija/kalajdziev-ruskovska-napravi-tri-greshki-najserioznata-e-shto-zgazila-vrz-nechija-noga-kade-shto-ne-trebalo/ Со својата фотелја се збогуваше и Муареми. Тој вчера во писмено обраќање рече дека си заминува по сопствена волја за да не пречел на истрагата која треба да се води против него. Денеска Потпретседателот на Владата Бојан Маричиќ со друг став. Вели, Муареми не си поднел оставка туку му истекол мандатот. Чистката во институциите кои треба да ја носат борбата против корупцијата во Владата велат дека нема да има влијание во намерата да се расчисти со високиот криминал во државата. Владиниот потпретседател денеска потсети на реализираните предмети, но само против функционерите на поранешната власт. Но суспензијата на Русковска и заминувањето на Муареми доаѓаат на средина од отворената истрага против директорот на финансиската полиција во која Обвинителството за органзиран криминал чека цела пратка на докази за кои смета дека би можеле функционерот на СДСМ да го поврзат со криминал. Во ситуација кога на Русковска и е забрането да се доближува до Обвинителството, останува нејасно кој ќе ја прими и обработи целата документација и какви услови ќе има за реална борба против евентуалната корупција во оваа државна институција. Суспензија на Русковска веројатно ќе биде една од последните одлуки кои ги донел Јовески имајќи предвид дека тој во моментов го чека мнозинството на СДСМ и ДУИ кое треба да му обезбеди 9 години фотелја како судија во Уставниот суд.

The post Русковска ќе се жали на одлуката за суспензија, владата тврди дека на Муареми му истекол мандатот appeared first on Република.

]]>
Лиле Стефанова ќе ја менува Русковска додека трае суспензијата https://republika.mk/vesti/makedonija/lile-stefanova-kje-ja-menuva-ruskovska-dodeka-trae-suspenzijata/ Wed, 17 Aug 2022 13:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=541428

По суспензијата на Вилма Русковска, нејзиното место според годишниот план за распоред на обвинители ќе го преземе обвинителката Лиле Стефанова. Стефанова ги водеше случаите Империја и Плацеви на Водно кои беа отпочнати во СЈО.

Русковска за Телма вели дека дополнително ќе одлучи кому ќе ги предаде двете предистраги кои ги води за работењето на финансиката полиција и истрагата за техничките центри при МВР.

Русковска ја пишува и жалбата до советот на јавни обвинители против одлуката на државнито обвинител Љубомир Јовевски за нејзино оддалечување од предметите.

 

 

The post Лиле Стефанова ќе ја менува Русковска додека трае суспензијата appeared first on Република.

]]>

По суспензијата на Вилма Русковска, нејзиното место според годишниот план за распоред на обвинители ќе го преземе обвинителката Лиле Стефанова. Стефанова ги водеше случаите Империја и Плацеви на Водно кои беа отпочнати во СЈО. Русковска за Телма вели дека дополнително ќе одлучи кому ќе ги предаде двете предистраги кои ги води за работењето на финансиката полиција и истрагата за техничките центри при МВР. Русковска ја пишува и жалбата до советот на јавни обвинители против одлуката на државнито обвинител Љубомир Јовевски за нејзино оддалечување од предметите.    

The post Лиле Стефанова ќе ја менува Русковска додека трае суспензијата appeared first on Република.

]]>
По суспензијата Русковска со придружба изнесена од канцеларијата, веќе нема пристап до документи и предмети https://republika.mk/vesti/makedonija/po-suspenzijata-ruskovska-so-pridruzba-iznesena-od-kancelarijata-vekje-nema-pristap-do-dokumenti-i-predmeti/ Tue, 16 Aug 2022 14:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=541010

Со добивањето на решението за суспензија, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска со придружба била изнесена од канцеларијата, а потоа и од зградата. Ова значи дека таа во истиот момент добила забрана за пристап до сите информации, документи, предмети. Русковска од канцеларијата можела да си ги земе само нејзините лични предмети.

Од попладнево, обвинителката и суспендирана шефица, нема пристап до Обвинителството со кое раководеше. Кога обвинителите се суспендираат, се обрнува особено внимание што изнесуваат со себе, особено поради предметите и доверливите материјали со кои располагаат.

Русковска добила решение за суспензија, по претресот за кој двајца обвинители од Републичкото обвинителство констатирале дека е незаконски. Сега, против неа се води и дисциплинска постапка која може да резултира со разрешување.

Мандатот на Русковска истекува во ноември.

The post По суспензијата Русковска со придружба изнесена од канцеларијата, веќе нема пристап до документи и предмети appeared first on Република.

]]>

Со добивањето на решението за суспензија, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска со придружба била изнесена од канцеларијата, а потоа и од зградата. Ова значи дека таа во истиот момент добила забрана за пристап до сите информации, документи, предмети. Русковска од канцеларијата можела да си ги земе само нејзините лични предмети. Од попладнево, обвинителката и суспендирана шефица, нема пристап до Обвинителството со кое раководеше. Кога обвинителите се суспендираат, се обрнува особено внимание што изнесуваат со себе, особено поради предметите и доверливите материјали со кои располагаат. Русковска добила решение за суспензија, по претресот за кој двајца обвинители од Републичкото обвинителство констатирале дека е незаконски. Сега, против неа се води и дисциплинска постапка која може да резултира со разрешување. Мандатот на Русковска истекува во ноември.

The post По суспензијата Русковска со придружба изнесена од канцеларијата, веќе нема пристап до документи и предмети appeared first on Република.

]]>
Британски тренер по атлетика доби доживотна суспензија поради сексуална злоупотреба https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/britanski-trener-po-atletika-dobi-dozivotna-suspenzija-poradi-seksualna-zloupotreba/ Tue, 09 Aug 2022 14:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=538407

Британскиот тренер по атлетика Тони Миникјело денеска е доживотно суспендиран поради недолично однесување, вклучително и сексуална злоупотреба на спортисти.

Судскиот орган на Атлетската асоцијација на Велика Британија го прогласи 56-годишниот тренер за виновен по четири точки од обвинението.

Миникјело ги допирал спортистите против нивна волја, заедно со несоодветни сексуални изјави, гестови, агресивно однесување, малтретирање и емоционална злоупотреба, во период од 15 години.

Ова претставува грубо нарушување на довербата од страна на господинот Миникјело, што доведе до сериозни последици по менталното здравје на спортистите кои беа под негов надзор, се посочува во соопштението на Федерацијата.

Во соопштението здружението им се заблагодарува на спортистите кои сведочеа против селекторот, без да ги споменат нивните имиња.

Во текот на својата кариера, Миникјело беше тренер на познатата британска атлетичарка Џесика Енис-Хил, која стана олимписка шампионка во седмобој во 2012 година.

 

The post Британски тренер по атлетика доби доживотна суспензија поради сексуална злоупотреба appeared first on Република.

]]>

Британскиот тренер по атлетика Тони Миникјело денеска е доживотно суспендиран поради недолично однесување, вклучително и сексуална злоупотреба на спортисти. Судскиот орган на Атлетската асоцијација на Велика Британија го прогласи 56-годишниот тренер за виновен по четири точки од обвинението. Миникјело ги допирал спортистите против нивна волја, заедно со несоодветни сексуални изјави, гестови, агресивно однесување, малтретирање и емоционална злоупотреба, во период од 15 години.
Ова претставува грубо нарушување на довербата од страна на господинот Миникјело, што доведе до сериозни последици по менталното здравје на спортистите кои беа под негов надзор, се посочува во соопштението на Федерацијата.
Во соопштението здружението им се заблагодарува на спортистите кои сведочеа против селекторот, без да ги споменат нивните имиња. Во текот на својата кариера, Миникјело беше тренер на познатата британска атлетичарка Џесика Енис-Хил, која стана олимписка шампионка во седмобој во 2012 година.  

The post Британски тренер по атлетика доби доживотна суспензија поради сексуална злоупотреба appeared first on Република.

]]>
ФИФА суспендираше три земји поради мешање на политиката во фудбалот https://republika.mk/sport/fudbal/fifa-suspendirashe-tri-zemji-poradi-meshanje-na-politikata-vo-fudbalot/ Thu, 31 Mar 2022 10:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=481355

Поради мешање на политиката во спортот, Светската фудбалска федерација (ФИФА) изрече ригорозни казни за Пакистан, Зимбабве и Кенија.

Доха е во центарот на вниманието во светот на фудбалот. Во овој катарски град денеска се одржува конгресот на ФИФА, а додека утре ќе биде ждрепката за Светското првенство, чиј домаќин е оваа земја.

На Конгресот на кој се присутни претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев и генералниот секретар Филип Поповски, светската куќа на фудбалот суспендираше три земји.

Останува да видиме каква одлука ќе донесе за Иран по инцидентот на домашниот меч со Либан кога на околу 2.000 жени не им беше дозволено да влезат на стадион и да го гледаат мечот. Доколку Иран биде суспендиран, во тој случај прва репрезентација која ќе добие место на Мундијалот би била Италија и покрај тоа што беше елиминирана од Македонија.

 

The post ФИФА суспендираше три земји поради мешање на политиката во фудбалот appeared first on Република.

]]>

Поради мешање на политиката во спортот, Светската фудбалска федерација (ФИФА) изрече ригорозни казни за Пакистан, Зимбабве и Кенија. Доха е во центарот на вниманието во светот на фудбалот. Во овој катарски град денеска се одржува конгресот на ФИФА, а додека утре ќе биде ждрепката за Светското првенство, чиј домаќин е оваа земја. На Конгресот на кој се присутни претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев и генералниот секретар Филип Поповски, светската куќа на фудбалот суспендираше три земји. Останува да видиме каква одлука ќе донесе за Иран по инцидентот на домашниот меч со Либан кога на околу 2.000 жени не им беше дозволено да влезат на стадион и да го гледаат мечот. Доколку Иран биде суспендиран, во тој случај прва репрезентација која ќе добие место на Мундијалот би била Италија и покрај тоа што беше елиминирана од Македонија.  

The post ФИФА суспендираше три земји поради мешање на политиката во фудбалот appeared first on Република.

]]>
ИХФ ги суспендира Русија и Белорусија и нивните клубови https://republika.mk/sport/rakomet/ihf-gi-suspendira-rusija-i-belorusija-i-nivnite-klubovi/ Mon, 07 Mar 2022 22:34:41 +0000 https://republika.mk/?p=469283

Интернационална ракометна федерација (ИХФ) се приклучи на другите спортски федерации со одлука за суспензија на Русија и Белорусија од сите ракометни активности во светот поради нападот на Украина.

Русите и Белорусите нема да бидат дел од натпреварите кои ги организира ИХФ што значи дека казнети се сите официјални лица, ракометните екипи, ракометари…

Со тоа ИХФ и се приклучи на Европската ракометна федерација (ЕХФ) која веќе го исфрли руските и белоруските репрезентации како и сите клубови и официјалните лица и нивни ракометари

The post ИХФ ги суспендира Русија и Белорусија и нивните клубови appeared first on Република.

]]>

Интернационална ракометна федерација (ИХФ) се приклучи на другите спортски федерации со одлука за суспензија на Русија и Белорусија од сите ракометни активности во светот поради нападот на Украина. Русите и Белорусите нема да бидат дел од натпреварите кои ги организира ИХФ што значи дека казнети се сите официјални лица, ракометните екипи, ракометари… Со тоа ИХФ и се приклучи на Европската ракометна федерација (ЕХФ) која веќе го исфрли руските и белоруските репрезентации како и сите клубови и официјалните лица и нивни ракометари

The post ИХФ ги суспендира Русија и Белорусија и нивните клубови appeared first on Република.

]]>
Најавена суспензија, па разрешување на невакцинираните свештеници на Кипар https://republika.mk/vesti/balkan/najavena-suspenzija-pa-razreshuvanje-na-nevakciniranite-sveshtenici-na-kipar/ Mon, 31 Jan 2022 10:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=451874

Поглаварот на Кипарската православна црква вчера најави дека ќе суспендира десетина свештеници од неговата епархија бидејќи одбиле да го послушаат неговиот повик да се вакцинираат против Ковид-19. Архиепископот Хрисостомос Втори во интервју за државната телевизија „CyBC“ изјави дека повеќето од свештениците се теолози кои принудиле дел од верниците да не се вакцинираат.

Тој ја нарече непослушноста на свештенството „нечуено“ и предупреди дека суспензиите може да бидат продолжени за шест месеци или да доведат до разрешување на свештениците.

Тој предложи некои од невакцинираните свештеници се охрабрени да му пркосат поради неговата лоша здравствена состојба.

Архиепископот Хрисoстомос II гласно ја поддржа вакцинацијата за сите верници, а највисокото црковно одлучувачко тело Светиот синод упати јасен апел до народот за вакцинација.

Бројот на новозаразени лица на Кипар се намалува во последните неколку недели, но сè уште е висок, како и бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, а здравствените власти тврдат дека системот не е загрозен, наведува АП.

Во јануари беше забележан вториот најголем број на смртни случаи поврзани со коронавирус на Кипар.

The post Најавена суспензија, па разрешување на невакцинираните свештеници на Кипар appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Кипарската православна црква вчера најави дека ќе суспендира десетина свештеници од неговата епархија бидејќи одбиле да го послушаат неговиот повик да се вакцинираат против Ковид-19. Архиепископот Хрисостомос Втори во интервју за државната телевизија „CyBC“ изјави дека повеќето од свештениците се теолози кои принудиле дел од верниците да не се вакцинираат. Тој ја нарече непослушноста на свештенството „нечуено“ и предупреди дека суспензиите може да бидат продолжени за шест месеци или да доведат до разрешување на свештениците.
Тој предложи некои од невакцинираните свештеници се охрабрени да му пркосат поради неговата лоша здравствена состојба. Архиепископот Хрисoстомос II гласно ја поддржа вакцинацијата за сите верници, а највисокото црковно одлучувачко тело Светиот синод упати јасен апел до народот за вакцинација. Бројот на новозаразени лица на Кипар се намалува во последните неколку недели, но сè уште е висок, како и бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, а здравствените власти тврдат дека системот не е загрозен, наведува АП. Во јануари беше забележан вториот најголем број на смртни случаи поврзани со коронавирус на Кипар.

The post Најавена суспензија, па разрешување на невакцинираните свештеници на Кипар appeared first on Република.

]]>