суд Archives - Република https://republika.mk/tema/sud/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 08:31:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png суд Archives - Република https://republika.mk/tema/sud/ 32 32 Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти https://republika.mk/vesti/svet/sudot-na-pravdata-na-eu-ja-odbi-zhalbata-na-zabranata-za-davane-advokatski-uslugi-na-ruski-subjekti/ Fri, 04 Oct 2024 08:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=822511

Судот на правдата на Европската унија ги отфрли жалбите на адвокатски здруженија од Белгија, Франција и Германија против одлуката на ЕУ со која се забранува давање правни совети на руската Влада или на други субјекти основани во Русија.

Како што јави белгискиот јавен радиодифузен сервис РТБФ, станува збор за одлука на ЕУ донесена во рамки на пакетот санкции воведени поради руската инвазија на Украина.

Меѓутоа, неколку адвокатски здруженија сметаат дека со оваа одлука се кршат основните права кои гарантираат пристап до правни совети од адвокат, како и принципите за почитување на професионалната тајна и независноста на адвокатите. Дополнително, според подносителите на жалбата, забраната ги крши и вредностите на владеењето на правото и принципите на пропорционалност и правна сигурност.

Очигледно е дека силно ја поддржуваме Украина и нејзините жители, кои трпат неприфатлива агресија од страна на Русија. Но, војната и нејзините злосторства не смеат да не натераат да заборавиме дека правото и правдата не се услуги како сите други. Тие се гаранти на здрава демократија, изјави претседател на Франкофонската адвокатска комора од Брисел, Емануел Плашер.

Според Плашер. ако се следи оваа логика, еден ден би можело да им се каже на адвокатите дека не смеат да бранат лице кое се смета за несовесно.

Ова е почеток на крајот на владеењето на правото, додаде Плашер.

Меѓутоа, Судот на правдата оцени дека оваа забрана не го ограничува правото на секој поединец да биде советуван и застапуван од адвокат.

Забраната не се однесува на правни совети дадени во врска со правните постапки, а дополнително со неа не е опфатено давањето совети на поединци, заклучи Судот.

Највисокото судско тело во ЕУ, исто така, ги отфрли и жалбите во кои се тврди дека со забраната се кршат принципите на професионална тајна или независност на адвокатите

The post Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти appeared first on Република.

]]>

Судот на правдата на Европската унија ги отфрли жалбите на адвокатски здруженија од Белгија, Франција и Германија против одлуката на ЕУ со која се забранува давање правни совети на руската Влада или на други субјекти основани во Русија. Како што јави белгискиот јавен радиодифузен сервис РТБФ, станува збор за одлука на ЕУ донесена во рамки на пакетот санкции воведени поради руската инвазија на Украина. Меѓутоа, неколку адвокатски здруженија сметаат дека со оваа одлука се кршат основните права кои гарантираат пристап до правни совети од адвокат, како и принципите за почитување на професионалната тајна и независноста на адвокатите. Дополнително, според подносителите на жалбата, забраната ги крши и вредностите на владеењето на правото и принципите на пропорционалност и правна сигурност. Очигледно е дека силно ја поддржуваме Украина и нејзините жители, кои трпат неприфатлива агресија од страна на Русија. Но, војната и нејзините злосторства не смеат да не натераат да заборавиме дека правото и правдата не се услуги како сите други. Тие се гаранти на здрава демократија, изјави претседател на Франкофонската адвокатска комора од Брисел, Емануел Плашер. Според Плашер. ако се следи оваа логика, еден ден би можело да им се каже на адвокатите дека не смеат да бранат лице кое се смета за несовесно. Ова е почеток на крајот на владеењето на правото, додаде Плашер. Меѓутоа, Судот на правдата оцени дека оваа забрана не го ограничува правото на секој поединец да биде советуван и застапуван од адвокат. Забраната не се однесува на правни совети дадени во врска со правните постапки, а дополнително со неа не е опфатено давањето совети на поединци, заклучи Судот. Највисокото судско тело во ЕУ, исто така, ги отфрли и жалбите во кои се тврди дека со забраната се кршат принципите на професионална тајна или независност на адвокатите

The post Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти appeared first on Република.

]]>
Алијанса на Албанците: Апелациониот суд ја прифати жалбата на Таравари, го врати предметот на повторно судење https://republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-na-albantsite-apelatsioniot-sud-ja-prifati-zhalbata-na-taravari-go-vrati-predmetot-na-povtorno-sudene/ Fri, 13 Sep 2024 08:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=815895

Од фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците денеска информираа дека Апелациониот суд во Гостивар го вратил на повторно судење предметот за печатите на партијата.

Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелациониот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари, се вели во соопштението.

The post Алијанса на Албанците: Апелациониот суд ја прифати жалбата на Таравари, го врати предметот на повторно судење appeared first on Република.

Направиле тунел од соседната зграда и краделе докази од судот во Подгорица https://republika.mk/vesti/balkan/napravile-tunel-od-sosednata-zgrada-i-kradele-dokazi-od-sudot-vo-podgoritsa/ Tue, 10 Sep 2024 07:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=814775

Обвинение е подигнато против осум лица поврзани со минатогодишната кражба во депото на Вишиот суд во Подгорица, до кое крадците дошле преку тунел ископан од соседната зграда. Против едно лице истрагата е прекината.

Основното државно обвинителство во Подгорица подигна обвинение пред Основниот суд во Подгорица против шест лица, поради кривично дело организирање криминална група во врска со тешка кражба.

Против едно лице е поднесено обвинение за организирање криминална група во врска со тешка кражба и фалсификување документи, а против едно лице за помагање на сторителот по извршувањето на кривично дело.

Според обвинението, од депото на Вишиот суд во Подгорица биле противправно одземени 11 мобилни телефони, како и 19 парчиња огнено оружје, од кои 11 биле од предмети кои завршиле со правосилна пресуда, а останатите осум од предмети кои сè уште се во процес.

Исто така, биле одземени и помали количини дрога – марихуана, хероин и кокаин од три правосилно завршени предмети и два предмети кои сè уште се во постапка, се наведува во соопштението.

The post Направиле тунел од соседната зграда и краделе докази од судот во Подгорица appeared first on Република.

]]>

Обвинение е подигнато против осум лица поврзани со минатогодишната кражба во депото на Вишиот суд во Подгорица, до кое крадците дошле преку тунел ископан од соседната зграда. Против едно лице истрагата е прекината. Основното државно обвинителство во Подгорица подигна обвинение пред Основниот суд во Подгорица против шест лица, поради кривично дело организирање криминална група во врска со тешка кражба. Против едно лице е поднесено обвинение за организирање криминална група во врска со тешка кражба и фалсификување документи, а против едно лице за помагање на сторителот по извршувањето на кривично дело. Според обвинението, од депото на Вишиот суд во Подгорица биле противправно одземени 11 мобилни телефони, како и 19 парчиња огнено оружје, од кои 11 биле од предмети кои завршиле со правосилна пресуда, а останатите осум од предмети кои сè уште се во процес.
Исто така, биле одземени и помали количини дрога – марихуана, хероин и кокаин од три правосилно завршени предмети и два предмети кои сè уште се во постапка, се наведува во соопштението.

The post Направиле тунел од соседната зграда и краделе докази од судот во Подгорица appeared first on Република.

]]>
Штом во Врховниот суд има корумпирани судии, можете да замислите што се случува во пониските судови – рече Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/shtom-vo-vrhovniot-sud-ima-korumpirani-sudii-mozhete-da-zamislite-shto-se-sluchuva-vo-poniskite-sudovi-reche-mitskoski/ Fri, 16 Aug 2024 12:02:54 +0000 https://republika.mk/?p=807237

Се додека овие луѓе не се распуштат, нема да имаме правна држава. Довербата во правосудството е два отсто со причина, а тоа се потврди со спогодбите на поранешниот врховен судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, рече премиерот

Јас пред се сум задоволен што акцијата со која се покажа дека во највисокото судско тело – Врховниот суд имаме корумпирани судии се ја спроведе МВР во техничката влада, одговори премиерот Мицкоски на новинарско прашање во однос на тоа дали е задоволен од изречените казни за Наќе Георгиев и Иџет Мемети.

Мицкоски рече дека доколку има корумпирани судии кои се во Врховниот суд, тогаш може само да се замисли што се случува надолу, па и оттаму според него, доаѓа и таа доверба од два отсто во судството. Тој кажа и дека се додека овие луѓе не се распуштат, Македонија нема да биде правна држава.

„Во истрагата се потврди дека не бил сам врховниот судија, туку и лицето за кое што исто така постои спогодба со Обвинителството, а тоа е Иџет Мемети како претседател на Советот на јавни обвинители. Јасна е спрегата меѓу судско обвинителскиот систем кај нас. Затоа довербата е два проценти, затоа што едни тефтерчиња од едно минато се заменија со други тефтерчиња, само овие се од Струмица, од „Бихаќка“ и од Речица. Се’ додека имаме тефтерчиња и се’ додека не се распуштат овие луѓе, нема да имаме правна држава“, рече Мицкоски.

Претпладнево на вонредна седница, Судскиот совет донесе одлука за разрешување на осудениот врховен судија Наќе Георгиев кој доби затворска казна во траење од три години за примање мито. Претседателката на советот, Весна Дамева, рече дека по докажувањето вина кај Георгиев се докажало дека никој, ниту судија од највисоката судска инстанца не може да пркоси на фактите и доказите, без разлика што тој претходно ја негирал одговорноста.

„Граѓаните да се одважуваат и пријавуваат до Судскиот совет и до другите надлежни органи секое коруптивно дејствие преземено од страна на судија. Секој случај кога судија лично или преку посредник ќе им побара поткуп или било какво дејствие или, пак, услуга заради влијание или донесување на судска одлука“, изјави Дамева.

Таа порача и дека не смее да се дозволи поединци како Георгиев да ја уриваат сликата за целото судство и оти се преземеаат чекори јавноста и граѓаните да видат дека Судскиот совет работи и дека нема да дозволи ваквите судии да останат дел од системот.

„Поединците си имаат име и презиме, си имаме ние име и презиме. Само малку трпение од јавноста, затоа што веќе некои работи почнаа да се решаваат и резултатите ќе дојдат многу брзо“, рече Дамева.

Разрешувањето на врховниот судија Наке Георгиев доаѓа откако тој призна дека примил мито и се спогоди со Обвинителството да добие затворска казна од три години, а исто толку време ќе има забрана за вршење на професијата. Од Обвинителството велат дека потпишувајќи ја предлог-спогодбата осомничениот не спори дека го сторил кривичното дело и, имајќи ја предвид одредената затворска казна од една до десет години, прифатил да одлежи затвор, како и да му се забрани вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години.

Пред два дена, и второосомничениот за овој случај, Иџет Мемети од Советот на јавни обвинители, си поднесе оставка, призна вина и се спогоди со Обвинителството за условна казна.

Според Обвинителството, Мемети по претходен договор со Георгиев во текот на април и мај годинава, преку врховниот судија, му пренел на синот на Стојчев дека наводно интеревенирал да не се поднесе обвинителен акт во случај со неговиот татко, туку да се склучи предлог-спогодба.

Георгиев и Mемети комуницирале преку апликацијата Вацап (Whatsapp), а членот на Советот на јавни обвинители не знаел дека тие разговори ги слуша и синот на Стојчев.

The post Штом во Врховниот суд има корумпирани судии, можете да замислите што се случува во пониските судови – рече Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Се додека овие луѓе не се распуштат, нема да имаме правна држава. Довербата во правосудството е два отсто со причина, а тоа се потврди со спогодбите на поранешниот врховен судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, рече премиерот Јас пред се сум задоволен што акцијата со која се покажа дека во највисокото судско тело – Врховниот суд имаме корумпирани судии се ја спроведе МВР во техничката влада, одговори премиерот Мицкоски на новинарско прашање во однос на тоа дали е задоволен од изречените казни за Наќе Георгиев и Иџет Мемети. Мицкоски рече дека доколку има корумпирани судии кои се во Врховниот суд, тогаш може само да се замисли што се случува надолу, па и оттаму според него, доаѓа и таа доверба од два отсто во судството. Тој кажа и дека се додека овие луѓе не се распуштат, Македонија нема да биде правна држава.
„Во истрагата се потврди дека не бил сам врховниот судија, туку и лицето за кое што исто така постои спогодба со Обвинителството, а тоа е Иџет Мемети како претседател на Советот на јавни обвинители. Јасна е спрегата меѓу судско обвинителскиот систем кај нас. Затоа довербата е два проценти, затоа што едни тефтерчиња од едно минато се заменија со други тефтерчиња, само овие се од Струмица, од „Бихаќка“ и од Речица. Се’ додека имаме тефтерчиња и се’ додека не се распуштат овие луѓе, нема да имаме правна држава“, рече Мицкоски.
Претпладнево на вонредна седница, Судскиот совет донесе одлука за разрешување на осудениот врховен судија Наќе Георгиев кој доби затворска казна во траење од три години за примање мито. Претседателката на советот, Весна Дамева, рече дека по докажувањето вина кај Георгиев се докажало дека никој, ниту судија од највисоката судска инстанца не може да пркоси на фактите и доказите, без разлика што тој претходно ја негирал одговорноста.
„Граѓаните да се одважуваат и пријавуваат до Судскиот совет и до другите надлежни органи секое коруптивно дејствие преземено од страна на судија. Секој случај кога судија лично или преку посредник ќе им побара поткуп или било какво дејствие или, пак, услуга заради влијание или донесување на судска одлука“, изјави Дамева.
Таа порача и дека не смее да се дозволи поединци како Георгиев да ја уриваат сликата за целото судство и оти се преземеаат чекори јавноста и граѓаните да видат дека Судскиот совет работи и дека нема да дозволи ваквите судии да останат дел од системот.
„Поединците си имаат име и презиме, си имаме ние име и презиме. Само малку трпение од јавноста, затоа што веќе некои работи почнаа да се решаваат и резултатите ќе дојдат многу брзо“, рече Дамева.
Разрешувањето на врховниот судија Наке Георгиев доаѓа откако тој призна дека примил мито и се спогоди со Обвинителството да добие затворска казна од три години, а исто толку време ќе има забрана за вршење на професијата. Од Обвинителството велат дека потпишувајќи ја предлог-спогодбата осомничениот не спори дека го сторил кривичното дело и, имајќи ја предвид одредената затворска казна од една до десет години, прифатил да одлежи затвор, како и да му се забрани вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години. Пред два дена, и второосомничениот за овој случај, Иџет Мемети од Советот на јавни обвинители, си поднесе оставка, призна вина и се спогоди со Обвинителството за условна казна. Според Обвинителството, Мемети по претходен договор со Георгиев во текот на април и мај годинава, преку врховниот судија, му пренел на синот на Стојчев дека наводно интеревенирал да не се поднесе обвинителен акт во случај со неговиот татко, туку да се склучи предлог-спогодба. Георгиев и Mемети комуницирале преку апликацијата Вацап (Whatsapp), а членот на Советот на јавни обвинители не знаел дека тие разговори ги слуша и синот на Стојчев.

The post Штом во Врховниот суд има корумпирани судии, можете да замислите што се случува во пониските судови – рече Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Балерина во Русија донирала 50 долари за Украина, осудена е на 12 години затвор https://republika.mk/vesti/svet/balerina-vo-rusija-donirala-50-dolari-za-ukraina-osudena-e-na-12-godini-zatvor/ Thu, 15 Aug 2024 11:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=806856

Судот во регионот на Уралските Планини во Екатеринбург ја осуди американско-руската државјанка Ксенија Карелина на 12 години затвор за „предавство“ во четвртокот откако таа наводно донирала околу 50 долари на проукраинска добротворна организација, пишува Москоу тајмс.

Карелина беше уапсена во јануари додека го посетила своето семејство во градот Екатеринбург. Минатата недела, нејзиниот адвокат рече дека таа се изјаснила за виновна за обвиненијата за предавство за време на затворено рочиште.

Судот ја прогласи Ксенија Карелина за виновна за велепредавство и ја осуди на 12 години затвор, соопшти во четвртокот Регионалниот суд во Свердловск.

The post Балерина во Русија донирала 50 долари за Украина, осудена е на 12 години затвор appeared first on Република.

]]>

Судот во регионот на Уралските Планини во Екатеринбург ја осуди американско-руската државјанка Ксенија Карелина на 12 години затвор за „предавство“ во четвртокот откако таа наводно донирала околу 50 долари на проукраинска добротворна организација, пишува Москоу тајмс. Карелина беше уапсена во јануари додека го посетила своето семејство во градот Екатеринбург. Минатата недела, нејзиниот адвокат рече дека таа се изјаснила за виновна за обвиненијата за предавство за време на затворено рочиште.
Судот ја прогласи Ксенија Карелина за виновна за велепредавство и ја осуди на 12 години затвор, соопшти во четвртокот Регионалниот суд во Свердловск.
 
The post Балерина во Русија донирала 50 долари за Украина, осудена е на 12 години затвор appeared first on Република.

]]>
Судот во Москва издаде потрница по вдовицата на Алексеј Навални https://republika.mk/vesti/svet/sudot-vo-moskva-izdade-potrnitsa-po-vdovitsata-na-aleksej-navalni/ Tue, 09 Jul 2024 16:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=795049

Окружниот суд во Москва денеска издаде налог за апсење во отсуство по вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални – Јулија Навални, поради наводно учество во екстремистичка заедница.

Јулија Борисовна не им беше достапна на истражните органи во претходната истрага. Во врска со тоа, издадена е потерница – се наведува во соопштението на судот, пренесува Известија.

Се појаснува дека Судот одлучил да донесе превентивна мерка против Јулија Навална откако ја разгледал претставката на истражните органи.

The post Судот во Москва издаде потрница по вдовицата на Алексеј Навални appeared first on Република.

Месец дена притвор за косовскиот Србин обвинет за воени злосторства кој беше уапсен пред два дена https://republika.mk/vesti/balkan/mesets-dena-pritvor-za-kosovskiot-srbin-obvinet-za-voeni-zlostorstva-koj-beshe-uapsen-pred-dva-dena/ Sat, 29 Jun 2024 15:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=791895

Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на косовскиот Србин Срѓан Лазовиќ, кој е осомничен за сторено кривично дело „Воено злосторство врз цивилното население“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лазовиќ е осомничен дека за време на војната во Косово во 1998-99 година извршил злосторства врз цивилното население во селото Панорц, општина Малишево.

Тој беше уапсен од косовската полиција во четвртокот, на 27 јуни, во Лепосавиќ, во северно Косово.

МИА

The post Месец дена притвор за косовскиот Србин обвинет за воени злосторства кој беше уапсен пред два дена appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на косовскиот Србин Срѓан Лазовиќ, кој е осомничен за сторено кривично дело „Воено злосторство врз цивилното население“, јави дописникот на МИА од Приштина. Лазовиќ е осомничен дека за време на војната во Косово во 1998-99 година извршил злосторства врз цивилното население во селото Панорц, општина Малишево. Тој беше уапсен од косовската полиција во четвртокот, на 27 јуни, во Лепосавиќ, во северно Косово.
МИА

The post Месец дена притвор за косовскиот Србин обвинет за воени злосторства кој беше уапсен пред два дена appeared first on Република.

]]>
Одземен пасошот на Иџет Мемети https://republika.mk/vesti/makedonija/odzemen-pasoshot-na-idhet-memeti/ Thu, 23 May 2024 09:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=781047

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за И.М., второосомничен во истрагата поврзана со Примање награда за против законито влијание за која веќе информираа од ОЈО.

По денешното произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител како и ценење на фактите и доказите во прилог на ОЈО ГОКК, донесе решени со кое предлогот се уважува. На осомничениот му се опредлуваат мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т. 2 и 3 односно обврска на осомничениот повремено да се јавува на определено службено лице во судот и одземање на патна и друга исправа за напуштање на државната граница како и забрана за издавање нова.

Мерките важат до правосилноста на постпаката, а против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, извести Кривичниот суд.

The post Одземен пасошот на Иџет Мемети appeared first on Република.

]]>

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за И.М., второосомничен во истрагата поврзана со Примање награда за против законито влијание за која веќе информираа од ОЈО.
По денешното произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител како и ценење на фактите и доказите во прилог на ОЈО ГОКК, донесе решени со кое предлогот се уважува. На осомничениот му се опредлуваат мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т. 2 и 3 односно обврска на осомничениот повремено да се јавува на определено службено лице во судот и одземање на патна и друга исправа за напуштање на државната граница како и забрана за издавање нова. Мерките важат до правосилноста на постпаката, а против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, извести Кривичниот суд.
 
The post Одземен пасошот на Иџет Мемети appeared first on Република.

]]>
Со солзи во очите таткото на Вања рече дека трпи тортура во притвор и размислува за самоубиство https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-solzi-vo-ochite-tatkoto-na-vana-reche-deka-trpi-tortura-vo-pritvor-i-razmisluva-za-samoubistvo/ Wed, 13 Mar 2024 14:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=754459

Во Врховниот суд на Република Македонија денеска се одржа јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска. Преку жалбата, одбраната тврди дека притворот е превентивен, што, според нив е недозволиво. Додека, обвинителството вели дека од доказите се извлекува неспорниот заклучок дека во оваа фаза постои основано сомнение дека обвинетиот го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Жалбата следува по одлуката на Апелациониот суд со која беше одбиена жалбата на Ѓорчевски и му ја продолжи мерката притвор поради основано сомнение за сторено кривично дело „грабнување“ до 3 април 2024 година.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на обвинетиот Александар Ѓорчевски, на денешната јавна седница нагласи дека не им е приложен ниту еден доказ или индиција од кој може да се заклучи дека постои минималниот стандард за продолжување на мерката притвор.

- Основано сомнение дека било извршено кривично дело подразбира постоење на факти и информации за кои некој би можел да се убеди дека осомничениот го сторил делото. Аргументите за и против не смеат да бидат општи и апстрактни, туку треба да содржат аргументи кои го оправдуваат притворот, рече тој.

Според него, како што рече, „квази автоматското продолжување на притворот“ е спротивно на законот.

Туфегџиќ нагласи дека осомничениот минува низ процес на загуба, а како што рече, досегашното негово однесување е здрава реакција на загуба на своето дете што, како што дополни, е најтешко нешто што може да му се случи на еден родител.

Според одбраната, исто така, кривичниот совет ја донел одлуката нејасно, неразбирливо и противречно самиот на себе без наведени причини.

Оттаму тврдат дека обвинетиот со проактивна одбрана учествувал во оваа кривична постапка заради целосно разјаснување на работите. Помогнал да се пријават видео записи од различни објекти и ги доставил до полиција. Тие се концизни дека му била определена мерка притвор без да му биде приложен ниту еден доказ за тоа, а судот дал паушални причини.

Одбраната тврди и дека обвинетиот не може да влијае врз сведоците бидејќи сите веќе биле сослушани како и на фактот дека на обвинетиот не му бил дозволен увид во списите. Одбраната, исто така, укажува и на тоа дека обвинетиот во притворскиот објект бил подложен на тортура на начин што повеќе пати бил испитувани од лица кои се претставувале како полициски службеници, односно бил под притисок да го признае делото кое му се става на товар.

Од сите горенаведени причини одбрана смета дека жалбата треба да се прифати, да се определат поблаги мерки или мерката притвор да биде укината.

На ваквите жалбени наводи, Јавното обвинителство доставило одговор во кој предлага жалбата на обвинетиот да се одбие како неоснована.

Според обвинителката Наталија Тасевска, Апелациониот суд Скопје, донел јасно решение во кое има доволно образложени причини дека осомничениот го сторил кривичното дело „грабнување“, кое, како што посочи, со текот на истрагата се надоградува со повеќе докази, а истрагата сѐ уште трае.

- Станува збор за тешко кривично дело од кое е произлезена тешка последица, а за судството во такви дејствија законот предвидува тешка казна, од кое само по себе произлегува причината дека ако обвинетиот е на слобода ќе постои висок степен на веројатност дека ќе се даде во бегство, рече таа.

Дополни дека во оваа фаза на постапката, кога сѐ уште се преземаат истражни дејствија, постои можност обвинетиот да влијае на сведоците со дел да овозможи подобра позиција, односно да истите во текот на понатамошна постапка да ги променат исказите.

- Особено би нагласила дека во оваа фаза на постапката, мерката со која може да се обезбеди непречено водење на кривична постапка е притвор, рече таа.

На денешната јавна седница се изјасни и осомничениот Александар Ѓорѓиевски, таткото на Вања, кој се приклучи на жалбените наводи на неговиот бранител.

- Јас сум поделен на два света во моментов, едното дете ми се наоѓа тука, другото ми го одземаа. Не ми е важно каде ќе ја дочекам разрешница од оваа ситуација, важно ми е да дојде до разрешница, за да можам и јас да донесам одлука како возрасен човек дали ќе продолжам на овој свет или ќе се придружам на постарата ќеркичка, рече тој.

Малолетната Вања Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител Судот беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд

The post Со солзи во очите таткото на Вања рече дека трпи тортура во притвор и размислува за самоубиство appeared first on Република.

Лажни повици за бомби во суд и телевизија во Атина https://republika.mk/vesti/balkan/lazhni-povitsi-za-bombi-vo-sud-i-televizija-vo-atina/ Mon, 11 Mar 2024 10:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=753581

Со два одделни анонимни телефонски повици, непознати лица претпладнево предупредиле за поставени бомби во Основниот суд во Атина и во студио на телевизијата Антена, а по спроведената проверка било констатирано дека станува збор за лажни дојави, јави дописничката на МИА од Атина.

И во двата одвоени случаи, припадници на Единицита за деактивирање експлозивни направи ги проверија објектите, а вработените беа евакуирани.

Во изминатиот период во Грција зачестија анонимните повици за поставени бомби, кои на крајот се покажува дека се лажни.

The post Лажни повици за бомби во суд и телевизија во Атина appeared first on Република.

]]>

Со два одделни анонимни телефонски повици, непознати лица претпладнево предупредиле за поставени бомби во Основниот суд во Атина и во студио на телевизијата Антена, а по спроведената проверка било констатирано дека станува збор за лажни дојави, јави дописничката на МИА од Атина. И во двата одвоени случаи, припадници на Единицита за деактивирање експлозивни направи ги проверија објектите, а вработените беа евакуирани. Во изминатиот период во Грција зачестија анонимните повици за поставени бомби, кои на крајот се покажува дека се лажни.

The post Лажни повици за бомби во суд и телевизија во Атина appeared first on Република.

]]>
Судот во Салехард ја прими жалба од мајката на Навални https://republika.mk/vesti/svet/sudot-vo-salehard-ja-primi-zhalba-od-majkata-na-navalni/ Wed, 21 Feb 2024 07:41:54 +0000 https://republika.mk/?p=746378

Градскиот суд Салехард прими Жалба за незаконски дејствија од мајката на Алексеј Навални, Људмила Навалнаја. Разгледувањето на жалбата ќе се одржи зад затворени врати, соопшти Судот за ТАСС.

Примена е Жалба за незаконски дејствија и одлуки. (Разгледувањето) е закажано за 4 март, затворено судско рочиште, соопшти Градскиот суд Салехард, одговарајќи на прашање за жалбата на Људмила Навалнаја.

На 16 февруари, Одделот на Федералната казнена служба за автономниот округ Јамало-Ненец ја објави смртта на Алексеј Навални во казнената колонија. Според одделот, на рускиот истакнат опозиционер му се слошило по прошетка и изгубил свест, по што починал.

The post Судот во Салехард ја прими жалба од мајката на Навални appeared first on Република.

]]>

Градскиот суд Салехард прими Жалба за незаконски дејствија од мајката на Алексеј Навални, Људмила Навалнаја. Разгледувањето на жалбата ќе се одржи зад затворени врати, соопшти Судот за ТАСС. Примена е Жалба за незаконски дејствија и одлуки. (Разгледувањето) е закажано за 4 март, затворено судско рочиште, соопшти Градскиот суд Салехард, одговарајќи на прашање за жалбата на Људмила Навалнаја. На 16 февруари, Одделот на Федералната казнена служба за автономниот округ Јамало-Ненец ја објави смртта на Алексеј Навални во казнената колонија. Според одделот, на рускиот истакнат опозиционер му се слошило по прошетка и изгубил свест, по што починал.

The post Судот во Салехард ја прими жалба од мајката на Навални appeared first on Република.

]]>
Aмериканскиот новинар Гершкович ќе остане во притвор https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskiot-novinar-gershkovich-ke-ostane-vo-pritvor/ Tue, 20 Feb 2024 14:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=746200

Рускиот суд соопшти дека американскиот новинар Еван Гершкович ќе остане во притвор до 30 март, пишува „Гласот на Америка“.

Судот ја отфрли жалбата на претходната одлука за продолжување на притворот на новинарот на Волстрит журнал до тој датум додека тој се соочува со обвиненија за шпионажа.

32-годишниот Гершкович беше уапсен додека бил на патување за известување во рускиот град Екатеринбург во март 2023 година.

The post Aмериканскиот новинар Гершкович ќе остане во притвор appeared first on Република.

]]>

Рускиот суд соопшти дека американскиот новинар Еван Гершкович ќе остане во притвор до 30 март, пишува „Гласот на Америка“. Судот ја отфрли жалбата на претходната одлука за продолжување на притворот на новинарот на Волстрит журнал до тој датум додека тој се соочува со обвиненија за шпионажа. 32-годишниот Гершкович беше уапсен додека бил на патување за известување во рускиот град Екатеринбург во март 2023 година.

The post Aмериканскиот новинар Гершкович ќе остане во притвор appeared first on Република.

]]>
Tаткото на Вања останува во притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-vana-ostanuva-vo-pritvor/ Mon, 22 Jan 2024 14:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=735518

Таткото на убиената Вања, останува во притвор, откако Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му се замени со куќен притвор.

„Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот
П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива“, информираа од Кривичниот суд.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

Претходно овој месец, Одбраната побара куќен притвор за таткото на Вања. Адвокатот Туфегџиќ рече иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејствоот кое е погодено од големата трагедија. Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски се уште не е сослушан во обвинителството, вели исказ дал само во предистрага кога му е одреден краткотрајниот притвор.

The post Tаткото на Вања останува во притвор appeared first on Република.

]]>

Таткото на убиената Вања, останува во притвор, откако Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му се замени со куќен притвор. „Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива“, информираа од Кривичниот суд. Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет. Претходно овој месец, Одбраната побара куќен притвор за таткото на Вања. Адвокатот Туфегџиќ рече иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејствоот кое е погодено од големата трагедија. Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски се уште не е сослушан во обвинителството, вели исказ дал само во предистрага кога му е одреден краткотрајниот притвор.  

The post Tаткото на Вања останува во притвор appeared first on Република.

]]>
Судот го ослободи од обвинение поранешниот директор на Онкологија Васев, за несовесно работење во служба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sudot-go-oslobodi-od-obvinenie-poraneshniot-direktor-na-onkologija-vasev-za-nesovesno-rabotene-vo-sluzhba/ Thu, 21 Dec 2023 10:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=725207

Судот ги ослободи од обвинение поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев за несовесно работење во службата и двајца доктори, по поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година.

Судијката Славица Наумовски, на изрекувањето на пресудата, денеска во Основниот кривичен Скопје Скопје, рече дека обвинетите Никола Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновски се ослободуват од обвинението, со оглед дека од изнеените докази во текот на потапката не е докажало делото што им е тава на товар.

Јавниот обвинител во текот на судењето не успеа да го докаже точното време на извршување на делото и начинот, изјави судијката Наумовска.

Трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а незадоволните странки имаат право на жалба.

Првообвинетиот Васев, не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.

Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, во изјава за медиумите по објавувањето на пресудата најави жалба пред второстепениот суд и рече дека тврдела и ќе продолжи да тврди дека кривичните дела се сторени и тројцата доктори заслужуваат осуда.

- Тоа што го сториле обвинетите и тоа што треба да извлече поука целиот докторски персонал што работи со пациенти на Онкологија, е дека на овие пациенти им е потребна заштита согласно два закони – Закон за здравствена заштита и Закон за заштита на права на пациенти. Тие имаат точно определени права кои што им следуваат и се однесуваат на прием, лекување, терапија, дијагноза, третман, однос на лекари кои што ќе име внесе доверба дека се во сигурни раце и дека можат да очекуваат продолжување со медицинска заштита на нивниот живот. Тоа не го добил овој пациент, кој што е починат во многу тешки услови и околности и заради тоа сметавме дека е сторено кривично дело, изјави Раичевиќ.

Предмет почна во 2021 година, а според обвинението на пациент со малиген меланом три месеци во 2018 година не му била препишувана терапија на Клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба.

Според обивнението, Васев како директор на онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол да сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори. Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што затоа што три месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019.

The post Судот го ослободи од обвинение поранешниот директор на Онкологија Васев, за несовесно работење во служба appeared first on Република.

]]>

Судот ги ослободи од обвинение поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев за несовесно работење во службата и двајца доктори, по поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година. Судијката Славица Наумовски, на изрекувањето на пресудата, денеска во Основниот кривичен Скопје Скопје, рече дека обвинетите Никола Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновски се ослободуват од обвинението, со оглед дека од изнеените докази во текот на потапката не е докажало делото што им е тава на товар.
Јавниот обвинител во текот на судењето не успеа да го докаже точното време на извршување на делото и начинот, изјави судијката Наумовска.
Трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а незадоволните странки имаат право на жалба. Првообвинетиот Васев, не присуствуваше на изрекувањето на пресудата. Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, во изјава за медиумите по објавувањето на пресудата најави жалба пред второстепениот суд и рече дека тврдела и ќе продолжи да тврди дека кривичните дела се сторени и тројцата доктори заслужуваат осуда.
- Тоа што го сториле обвинетите и тоа што треба да извлече поука целиот докторски персонал што работи со пациенти на Онкологија, е дека на овие пациенти им е потребна заштита согласно два закони – Закон за здравствена заштита и Закон за заштита на права на пациенти. Тие имаат точно определени права кои што им следуваат и се однесуваат на прием, лекување, терапија, дијагноза, третман, однос на лекари кои што ќе име внесе доверба дека се во сигурни раце и дека можат да очекуваат продолжување со медицинска заштита на нивниот живот. Тоа не го добил овој пациент, кој што е починат во многу тешки услови и околности и заради тоа сметавме дека е сторено кривично дело, изјави Раичевиќ.
Предмет почна во 2021 година, а според обвинението на пациент со малиген меланом три месеци во 2018 година не му била препишувана терапија на Клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба. Според обивнението, Васев како директор на онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол да сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори. Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што затоа што три месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019.  

The post Судот го ослободи од обвинение поранешниот директор на Онкологија Васев, за несовесно работење во служба appeared first on Република.

]]>
Судот во Хаг привремено ги забрани сите посети на Тачи, Весели и Селими https://republika.mk/vesti/svet/sudot-vo-hag-privremeno-gi-zabrani-site-poseti-na-tachi-veseli-i-selimi/ Fri, 24 Nov 2023 17:36:01 +0000 https://republika.mk/?p=716019

Судот за злосторства на ОВК во Хаг привремено ги забрани сите посети на приведените поранешни водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими поради сомневање дека на посетителите им оддавале заштитени сведоци во обид да ги спречат да сведочат.

Тачи, Весели и Селими, заедно со Јакуп Красниќи, се обвинети за воени злосторства во Косово и Албанија во 1998-1999 година, пренесе Бета.

Со одлуката објавена денеска, расправата на барање на обвинителството забрани тројцата обвинети да ги посетуваат сите лица освен нивните адвокати.

Судиите заклучиле дека врз основа на податоците доставени од обвинителството „постои реален ризик“ обвинетите „да обелодениле доверливи информации на лица кои не биле овластени да ги примат“.

-Незаконското објавување на такви информации може негативно да влијае на заштитата на сведоците и на интегритетот на процесот, се вели во одлуката.

The post Судот во Хаг привремено ги забрани сите посети на Тачи, Весели и Селими appeared first on Република.

]]>

Судот за злосторства на ОВК во Хаг привремено ги забрани сите посети на приведените поранешни водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими поради сомневање дека на посетителите им оддавале заштитени сведоци во обид да ги спречат да сведочат. Тачи, Весели и Селими, заедно со Јакуп Красниќи, се обвинети за воени злосторства во Косово и Албанија во 1998-1999 година, пренесе Бета. Со одлуката објавена денеска, расправата на барање на обвинителството забрани тројцата обвинети да ги посетуваат сите лица освен нивните адвокати. Судиите заклучиле дека врз основа на податоците доставени од обвинителството „постои реален ризик“ обвинетите „да обелодениле доверливи информации на лица кои не биле овластени да ги примат“. -Незаконското објавување на такви информации може негативно да влијае на заштитата на сведоците и на интегритетот на процесот, се вели во одлуката.

The post Судот во Хаг привремено ги забрани сите посети на Тачи, Весели и Селими appeared first on Република.

]]>
По пресуда од 15 години затвор избила сериозна тепачка: Голем инцидент во судот во Охрид на судење на лица од Велешта https://republika.mk/vesti/crna-hronika/po-presuda-od-15-godini-zatvor-izbila-seriozna-tepachka-golem-intsident-vo-sudot-vo-ohrid-na-sudene-na-litsa-od-veleshta/ Tue, 21 Nov 2023 14:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=714818

Сертиозен инцидент и голема тепачка се случиле во Судот во Охрид, кога во судницата била изречена затворска казна во траење од 15 години, за лице кое се товари за убиство. По ова, ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, која излегла од контрола и била повикана полицијата да интервенира, објави „Охрид1“.

Засега нема информации кој е нападнат и дали во инцидентот има повредени.

Како што објави порталот, полицијата ја блокирала улицата „Македонски просветители“. Околу судот се расподедени повеќе полициски автомобили, а полицијата влегла во судската зграда.

Според информациите, инцидентот се случил на судење на лица од Велешта.

The post По пресуда од 15 години затвор избила сериозна тепачка: Голем инцидент во судот во Охрид на судење на лица од Велешта appeared first on Република.

]]>

Сертиозен инцидент и голема тепачка се случиле во Судот во Охрид, кога во судницата била изречена затворска казна во траење од 15 години, за лице кое се товари за убиство. По ова, ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, која излегла од контрола и била повикана полицијата да интервенира, објави „Охрид1“. Засега нема информации кој е нападнат и дали во инцидентот има повредени. Како што објави порталот, полицијата ја блокирала улицата „Македонски просветители“. Околу судот се расподедени повеќе полициски автомобили, а полицијата влегла во судската зграда. Според информациите, инцидентот се случил на судење на лица од Велешта.

The post По пресуда од 15 години затвор избила сериозна тепачка: Голем инцидент во судот во Охрид на судење на лица од Велешта appeared first on Република.

]]>
Министерството за правда влезе во кавадаречкиот суд, ќе проверува како работел претседателот Нанев https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-pravda-vleze-vo-kavadarechkiot-sud-ke-proveruva-kako-rabotel-pretsedatelot-nanev/ Fri, 10 Nov 2023 11:01:34 +0000 https://republika.mk/?p=700226

Членови на Комисијата за надзор на работата на судовите при Министерството за правда од утрово е во контрола на Основниот суд Кавадарци.

Како што неофицијално дознава МКД.мк, комисијата ќе врши надзор на работата на судот врз основа на забелешките содржани во извештаите од одржаните седници на Судскиот совет, но и по пријави за работата на претседателот на судот, судијата Лазар Нанев, испратени до Јавното обвинителство.

Освен ова, комисијата ќе испитува дали имало дали се почитувала компјутерската распределба на предметите или се делеле на рака, односно дали се почитувал АКМИС системот.

Министерот за правда Кренар Лога минатата недела го разреши Нанев од претседател на Советот на ИКТ и иницираше постапка за изработување на нов правилник за функционирање на Советот.

The post Министерството за правда влезе во кавадаречкиот суд, ќе проверува како работел претседателот Нанев appeared first on Република.

]]>

Членови на Комисијата за надзор на работата на судовите при Министерството за правда од утрово е во контрола на Основниот суд Кавадарци. Како што неофицијално дознава МКД.мк, комисијата ќе врши надзор на работата на судот врз основа на забелешките содржани во извештаите од одржаните седници на Судскиот совет, но и по пријави за работата на претседателот на судот, судијата Лазар Нанев, испратени до Јавното обвинителство. Освен ова, комисијата ќе испитува дали имало дали се почитувала компјутерската распределба на предметите или се делеле на рака, односно дали се почитувал АКМИС системот. Министерот за правда Кренар Лога минатата недела го разреши Нанев од претседател на Советот на ИКТ и иницираше постапка за изработување на нов правилник за функционирање на Советот.

The post Министерството за правда влезе во кавадаречкиот суд, ќе проверува како работел претседателот Нанев appeared first on Република.

]]>
Петмината Бугари обвинети од Лондон за шпионажа во корист на Русија се појавија пред суд во Лондон https://republika.mk/vesti/svet/petminata-bugari-obvineti-od-london-za-shpionazha-vo-korist-na-rusija-se-pojavija-pred-sud-vo-london/ Tue, 26 Sep 2023 12:47:26 +0000 https://republika.mk/?p=685355

Петмина Бугари осомничени дека се шпиони за Русија се појавија пред суд во Велика Британија кон кои има обвинение за „заговор за собирање информации што би биле корисни за непријателот“.

На тројцата мажи и две жени - сите Бугари - им беше одреден притвор во судот на Вестминстер.

Орлин Русев, 45; Бизер Џамбазов, 41; Катрин Иванова, 31; Иван Стојанов, 31; Вања Габерова (29) приведени во различни затвори, се појавија денеска кусо пред судот преку видео врска.

Сите тие се обвинети за заговор за собирање информации „наменети да бидат директно или индиректно корисни за непријателот со цел што е штетна за безбедноста и интересите на државата помеѓу 30 август 2020 година и 8 февруари оваа година“.

Следното рочиште е закажано за 13 октомври.
Ако бидат прогласни за виновни – казната е од 10 до 14 години затвор.

Во обвинението пишува дека приведените вршеле набљудување на лица и места за кои добиле информации од Русија.

„Таквото набљудување очигледно имало за цел да и помогне на Русија да спроведе непријателски дејствија против цели, вклучително и потенцијални киднапирања“.

Обвинителката Кетрин Селби рече дека „оперативниот центар во оваа земја за кривично дело шпионажа“ бил во сопственост на Русев.

The post Петмината Бугари обвинети од Лондон за шпионажа во корист на Русија се појавија пред суд во Лондон appeared first on Република.

]]>

Петмина Бугари осомничени дека се шпиони за Русија се појавија пред суд во Велика Британија кон кои има обвинение за „заговор за собирање информации што би биле корисни за непријателот“. На тројцата мажи и две жени - сите Бугари - им беше одреден притвор во судот на Вестминстер. Орлин Русев, 45; Бизер Џамбазов, 41; Катрин Иванова, 31; Иван Стојанов, 31; Вања Габерова (29) приведени во различни затвори, се појавија денеска кусо пред судот преку видео врска. Сите тие се обвинети за заговор за собирање информации „наменети да бидат директно или индиректно корисни за непријателот со цел што е штетна за безбедноста и интересите на државата помеѓу 30 август 2020 година и 8 февруари оваа година“. Следното рочиште е закажано за 13 октомври. Ако бидат прогласни за виновни – казната е од 10 до 14 години затвор. Во обвинението пишува дека приведените вршеле набљудување на лица и места за кои добиле информации од Русија. „Таквото набљудување очигледно имало за цел да и помогне на Русија да спроведе непријателски дејствија против цели, вклучително и потенцијални киднапирања“. Обвинителката Кетрин Селби рече дека „оперативниот центар во оваа земја за кривично дело шпионажа“ бил во сопственост на Русев.

The post Петмината Бугари обвинети од Лондон за шпионажа во корист на Русија се појавија пред суд во Лондон appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава против шест лица за копање тунел до Вишиот суд во Подгорица https://republika.mk/vesti/balkan/krivichna-prijava-protiv-shest-litsa-za-kopane-tunel-do-vishiot-sud-vo-podgoritsa/ Fri, 22 Sep 2023 07:19:40 +0000 https://republika.mk/?p=683995

Вршителот на должноста директор на црногорската полициска управа Никола Терзиќ изјави дека полицијата знае кои се луѓето кои го ископале тунелот до зградата на Вишиот суд во Подгорица и дека во кривичната пријава ќе бидат опфатени шест лица, меѓу кои има и државјани на Србија.

„Полициската управа знае кои се рударите. Во кривичната пријава од СВР ќе бидат опфатени шест лица - М.М.(53), Ј.Д.(30), М.В.(32), В.Е.(32), сите државјани на Србија, како и две непознати лица“, рече Терзиќ.

Тој додаде и дека „инвеститор“ на акцијата е сериозна криминална група од Црна Гора.

„Нема да кажам која е за да не ја загрозам истрагата. Не стигнавме до оние кои платиле не толку мала инвестиција. Кривичната пријава што ќе биде поднесена утре е само првиот чекор“, рече Терзиќ.

Тој најави и дека министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ утре ќе одржи прес-конференција на која ќе соопшти дополнителни информации, пренесува РТЦГ.

Истрагата ја води Основното државно обвинителство во Подгорица, а досега се осомничени најмалку девет лица, меѓу кои и една жена.

Кражбата на судското депо е забележана на 11 септември, по што било откриено дека од стан на улицата „Његошева“ до депото на Вишиот суд бил ископан тунел.

Комбето што го користеле осомничените го пронашла полицијата на 13 септември.

Откриен е и стан во населбата Забјело во Подгорица, каде наводно престојувале осомничените.

The post Кривична пријава против шест лица за копање тунел до Вишиот суд во Подгорица appeared first on Република.

]]>

Вршителот на должноста директор на црногорската полициска управа Никола Терзиќ изјави дека полицијата знае кои се луѓето кои го ископале тунелот до зградата на Вишиот суд во Подгорица и дека во кривичната пријава ќе бидат опфатени шест лица, меѓу кои има и државјани на Србија.
„Полициската управа знае кои се рударите. Во кривичната пријава од СВР ќе бидат опфатени шест лица - М.М.(53), Ј.Д.(30), М.В.(32), В.Е.(32), сите државјани на Србија, како и две непознати лица“, рече Терзиќ.
Тој додаде и дека „инвеститор“ на акцијата е сериозна криминална група од Црна Гора.
„Нема да кажам која е за да не ја загрозам истрагата. Не стигнавме до оние кои платиле не толку мала инвестиција. Кривичната пријава што ќе биде поднесена утре е само првиот чекор“, рече Терзиќ.
Тој најави и дека министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ утре ќе одржи прес-конференција на која ќе соопшти дополнителни информации, пренесува РТЦГ. Истрагата ја води Основното државно обвинителство во Подгорица, а досега се осомничени најмалку девет лица, меѓу кои и една жена. Кражбата на судското депо е забележана на 11 септември, по што било откриено дека од стан на улицата „Његошева“ до депото на Вишиот суд бил ископан тунел. Комбето што го користеле осомничените го пронашла полицијата на 13 септември. Откриен е и стан во населбата Забјело во Подгорица, каде наводно престојувале осомничените.

The post Кривична пријава против шест лица за копање тунел до Вишиот суд во Подгорица appeared first on Република.

]]>
Адвокатот на Алил Демири потврдил дека косовскиот суд го ослободил неговиот клиент https://republika.mk/vesti/balkan/advokatot-na-alil-demiri-potvrdil-deka-kosovskiot-sud-go-oslobodil-negoviot-klient/ Fri, 25 Aug 2023 16:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=675816

Косовскиот адвокат Бесник Бериша денеска изјави дека судот во Приштина го ослободил неговиот клиент Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Бериша за порталот „Сињали“ (sinjali.com) изјавил дека надлежниот обвинител во случајот го повлекол барањето за изрекување мерка притвор, така што Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција, врз основа на меѓународна потерница распишана од македонското МВР, веќе е пуштен на слобода.

- По доказите кои беа изложени од одбраната и дополнителните аргументи изнесени на испитното рочиште на кое се разгледа барањето на Обвинителството за изрекување мерка притвор, обвинителот кој го изнесе предлогот се повлече од барањето, изјави Бериша.

Тој додаде дека и вчера бил убеден оти апсењето на Демири е извршено на незаконит начин и „претставува флагрантно кршење на неговите законски и уставни права“.

За истиот портал, Бериша синоќа изјави дека Демири не може да се екстрадира во Македонија, бидејќи барањето на македонските власти е одбиено од косовските судови во две инстанци.

- Али Демири беше приведен и уапсен на незаконит начин, врз снова на налог на Интерпол за работа која веќе е истретирана од нашиот суд... Тој не може да биде екстрадиран во Македонија и јас сум уверен деке тој утре ќе им се врати на неговото семејство и пријателите, изјави синоќа Бериша.

Демири, според неговиот адвокат, е „невин за исконструрианото и извршено злосторство од страна на македонските тајни служби“.

Порталот „Сињали“ објави и фотографија на Бериша и Демири пред комплексот згради, во кој се наоѓаат Обвинителството на Косово и Основниот суд на Приштина.

The post Адвокатот на Алил Демири потврдил дека косовскиот суд го ослободил неговиот клиент appeared first on Република.

]]>

Косовскиот адвокат Бесник Бериша денеска изјави дека судот во Приштина го ослободил неговиот клиент Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Бериша за порталот „Сињали“ (sinjali.com) изјавил дека надлежниот обвинител во случајот го повлекол барањето за изрекување мерка притвор, така што Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција, врз основа на меѓународна потерница распишана од македонското МВР, веќе е пуштен на слобода. - По доказите кои беа изложени од одбраната и дополнителните аргументи изнесени на испитното рочиште на кое се разгледа барањето на Обвинителството за изрекување мерка притвор, обвинителот кој го изнесе предлогот се повлече од барањето, изјави Бериша. Тој додаде дека и вчера бил убеден оти апсењето на Демири е извршено на незаконит начин и „претставува флагрантно кршење на неговите законски и уставни права“. За истиот портал, Бериша синоќа изјави дека Демири не може да се екстрадира во Македонија, бидејќи барањето на македонските власти е одбиено од косовските судови во две инстанци. - Али Демири беше приведен и уапсен на незаконит начин, врз снова на налог на Интерпол за работа која веќе е истретирана од нашиот суд... Тој не може да биде екстрадиран во Македонија и јас сум уверен деке тој утре ќе им се врати на неговото семејство и пријателите, изјави синоќа Бериша. Демири, според неговиот адвокат, е „невин за исконструрианото и извршено злосторство од страна на македонските тајни служби“. Порталот „Сињали“ објави и фотографија на Бериша и Демири пред комплексот згради, во кој се наоѓаат Обвинителството на Косово и Основниот суд на Приштина.

The post Адвокатот на Алил Демири потврдил дека косовскиот суд го ослободил неговиот клиент appeared first on Република.

]]>