студ Archives - Република https://republika.mk/tema/stud/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 14:18:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студ Archives - Република https://republika.mk/tema/stud/ 32 32 Годинава снегот и студот ни доаѓаат многу порано https://republika.mk/zivot/servisi/godinava-snegot-i-studot-ni-doagaat-mnogu-porano/ Sat, 19 Oct 2024 14:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=828838

Метео анализа на Славчо Попоски:

Најновите излези на прогностичките материјали со кои располагаме, укажуваат на тоа дека зимата би можела да ни пристигне многу порано од вообичаеното оваа година, и тоа веќе кон крајот на овој, и во почетокот на следниот месец (ноември).

Имено, се работи за студен бран кој преку Атлантикот и северна Европа ќе пробие до нашите краишта и драстично ќе ги спушти температурите на воздухот. Во ваква ситуација, снегот би можел да се појави и на помала надморска височина кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец. Не се исклучува можноста да имаме вистинска снежна идила.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна метео анализа, промени во истата се можни, па затоа јас ќе информирам за секоја ново- настаната временска состојба, а граѓаните најдобро е да се базираат на моите краткорочни метео анализи, кои се со голема веројатност за остварливост (над 90 %).

 

The post Годинава снегот и студот ни доаѓаат многу порано appeared first on Република.

]]>

Метео анализа на Славчо Попоски: Најновите излези на прогностичките материјали со кои располагаме, укажуваат на тоа дека зимата би можела да ни пристигне многу порано од вообичаеното оваа година, и тоа веќе кон крајот на овој, и во почетокот на следниот месец (ноември). Имено, се работи за студен бран кој преку Атлантикот и северна Европа ќе пробие до нашите краишта и драстично ќе ги спушти температурите на воздухот. Во ваква ситуација, снегот би можел да се појави и на помала надморска височина кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец. Не се исклучува можноста да имаме вистинска снежна идила. НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна метео анализа, промени во истата се можни, па затоа јас ќе информирам за секоја ново- настаната временска состојба, а граѓаните најдобро е да се базираат на моите краткорочни метео анализи, кои се со голема веројатност за остварливост (над 90 %).  

The post Годинава снегот и студот ни доаѓаат многу порано appeared first on Република.

]]>
На Попова Шапка измерени – 15 степени, во Крушево и во Берово -12 https://republika.mk/zivot/servisi/na-popova-shapka-izmereni-15-stepeni-vo-krushevo-i-vo-berovo-12/ Sat, 13 Jan 2024 08:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=732485

Минусни температури утрово се измерени речиси во сите делови од земјава.

Најниска беше температурата на Попова Шапка каде се измерени -15 степени, во Берово и во Крушево – 12, во Крива Паланка – 11, во Маврови Анови – 10, во Штип и Струмица -8, во Прилеп и во Виница – 7, во Битола, Охрид и Претор – 6, во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија – 5, во Куманово и во Велес – 4, во Скопје-Петровец, Тетово и Кавадарци – 3, во Дојран -2 и во Гевгелија 0 степени.

На Попова Шапка има седум сантиметри снег. Во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Изутринава е сончево со мала до умерена облачност и студено.

Наместа дува слаб ветер од северен правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени. Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

The post На Попова Шапка измерени – 15 степени, во Крушево и во Берово -12 appeared first on Република.

]]>

Минусни температури утрово се измерени речиси во сите делови од земјава. Најниска беше температурата на Попова Шапка каде се измерени -15 степени, во Берово и во Крушево – 12, во Крива Паланка – 11, во Маврови Анови – 10, во Штип и Струмица -8, во Прилеп и во Виница – 7, во Битола, Охрид и Претор – 6, во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија – 5, во Куманово и во Велес – 4, во Скопје-Петровец, Тетово и Кавадарци – 3, во Дојран -2 и во Гевгелија 0 степени. На Попова Шапка има седум сантиметри снег. Во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Изутринава е сончево со мала до умерена облачност и студено. Наместа дува слаб ветер од северен правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени. Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

The post На Попова Шапка измерени – 15 степени, во Крушево и во Берово -12 appeared first on Република.

]]>
Белгија се подготвува за температури под нулата https://republika.mk/vesti/svet/belgija-se-podgotvuva-za-temperaturi-pod-nulata/ Sun, 07 Jan 2024 09:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=730582

Почнувајќи од денеска, па во текот на следната недела Белгија ќе биде зафатена од студен бран со температури под нулата, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што соопшти белгискиот Кралски метеоролошки институт, Белгија ќе биде зафатена со најстуденото време од февруари 2021 година, при што температури ќе се движат од минус 5 до нула степени Целзиусови.

Ваквото време е резултат на т.н. ефект „Москва-Париз“, предизвикан од комбинација на зоната под висок притисок над Велија Британија и Ирска и студените ветрови од реонот на Скандинавија, каде температурите изминативе денови се спуштија од -40 до -20 степени Целзиусови.

Ветерот од скандинавскиот региони ќе резултира со студен бран, кој најмногу ќе ги погоди Белгија, Холандија и северните делови на Франција, при што се очекува претежно сончево време со ниски температури и минимални врнежи.

Белгија веќе беше зафатена од невреме од почетокот годинава, проследено со поројни дождови и силен северен ветер, што предизвика поплави и оштетувања во неколку реони на земјата. Областа на северниот белгиски град Антверпен, пак, во средата ја погоди торнадо, при што беа нанесени значителни материјални штети на над 40 домови.

The post Белгија се подготвува за температури под нулата appeared first on Република.

]]>

Почнувајќи од денеска, па во текот на следната недела Белгија ќе биде зафатена од студен бран со температури под нулата, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти белгискиот Кралски метеоролошки институт, Белгија ќе биде зафатена со најстуденото време од февруари 2021 година, при што температури ќе се движат од минус 5 до нула степени Целзиусови. Ваквото време е резултат на т.н. ефект „Москва-Париз“, предизвикан од комбинација на зоната под висок притисок над Велија Британија и Ирска и студените ветрови од реонот на Скандинавија, каде температурите изминативе денови се спуштија од -40 до -20 степени Целзиусови. Ветерот од скандинавскиот региони ќе резултира со студен бран, кој најмногу ќе ги погоди Белгија, Холандија и северните делови на Франција, при што се очекува претежно сончево време со ниски температури и минимални врнежи. Белгија веќе беше зафатена од невреме од почетокот годинава, проследено со поројни дождови и силен северен ветер, што предизвика поплави и оштетувања во неколку реони на земјата. Областа на северниот белгиски град Антверпен, пак, во средата ја погоди торнадо, при што беа нанесени значителни материјални штети на над 40 домови.

The post Белгија се подготвува за температури под нулата appeared first on Република.

]]>
Екстремниот студ го нарушува нормалниот живот во северозападна Европа https://republika.mk/vesti/svet/ekstremniot-stud-go-narushuva-normalniot-zhivot-vo-severozapadna-evropa/ Thu, 04 Jan 2024 14:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=729663

Екстремното студено време пропратено со бурни ветрови и снег остави без струја илјадници жители на нордискиот регион и го прекина автомобилскиот и железничкиот сообраќај.

Обилните дождови во Германија, Франција и Холандија повторно предизвикаа поплави во регионите како и во изминатите две недели.

Ниските температури и снегот низ нордискиот регион оставија многу патници заглавени во своите автомобили со часови на затворените делови од автопатиштата и некои главни патишта.

Околу 4.000 домови останаа без струја во арктичката Шведска, каде температурите паднаа на минус 38 степени Целзиусови.

Во соседна Данска, полицијата ги советува граѓаните да не излегуваат на пат освен ако е апсолутно неопходно, поради ветерот и снегот во северните и западните делови на земјата.

Во финска Лапонија, општината Енонтекио, во близина на границата со Норвешка и Шведска, во четвртокот ја забележа најниската температура во земјата оваа зима од минус 42,5 степени Целзиусови.

Метеоролозите најавуваат уште пониски температури во останатите денови од неделата.

Во Германија обилните врнежи продолжија да паѓаат во регионите кои се борат со поплавите во последните две недели. Германскиот канцелар Олаф Шолц планира денеска по вторпат за една недела да ја посети фабриката за полнење вреќи со песок во источниот град Сангерхаузен.

По неколкудневни дождови и надојдена вода, денеска беа поплавени повеќе градови на северот на Франција. Во текот на изминатите неколку дена, стотици жители беа евакуирани од нив.

Областа исто така беше погодена од поплави во ноември и декември, а некои градови сè уште не се опоравени. Министрите денеска ќе ги посетат тие области.

Владата во Холандија, која исто така се соочи со екстремно високи нивоа на вода во реките и езерата, објави дека ќе испрати пумпи во Франција за да и помогне да се справи со широко распространетите поплави.

„Важно е меѓусебно да си помагаме да се ослободиме од водата што е можно побрзо“, рече министерот за инфраструктура и вода Марк Харберс.

The post Екстремниот студ го нарушува нормалниот живот во северозападна Европа appeared first on Република.

]]>

Екстремното студено време пропратено со бурни ветрови и снег остави без струја илјадници жители на нордискиот регион и го прекина автомобилскиот и железничкиот сообраќај. Обилните дождови во Германија, Франција и Холандија повторно предизвикаа поплави во регионите како и во изминатите две недели. Ниските температури и снегот низ нордискиот регион оставија многу патници заглавени во своите автомобили со часови на затворените делови од автопатиштата и некои главни патишта. Околу 4.000 домови останаа без струја во арктичката Шведска, каде температурите паднаа на минус 38 степени Целзиусови. Во соседна Данска, полицијата ги советува граѓаните да не излегуваат на пат освен ако е апсолутно неопходно, поради ветерот и снегот во северните и западните делови на земјата. Во финска Лапонија, општината Енонтекио, во близина на границата со Норвешка и Шведска, во четвртокот ја забележа најниската температура во земјата оваа зима од минус 42,5 степени Целзиусови. Метеоролозите најавуваат уште пониски температури во останатите денови од неделата. Во Германија обилните врнежи продолжија да паѓаат во регионите кои се борат со поплавите во последните две недели. Германскиот канцелар Олаф Шолц планира денеска по вторпат за една недела да ја посети фабриката за полнење вреќи со песок во источниот град Сангерхаузен. По неколкудневни дождови и надојдена вода, денеска беа поплавени повеќе градови на северот на Франција. Во текот на изминатите неколку дена, стотици жители беа евакуирани од нив. Областа исто така беше погодена од поплави во ноември и декември, а некои градови сè уште не се опоравени. Министрите денеска ќе ги посетат тие области. Владата во Холандија, која исто така се соочи со екстремно високи нивоа на вода во реките и езерата, објави дека ќе испрати пумпи во Франција за да и помогне да се справи со широко распространетите поплави. „Важно е меѓусебно да си помагаме да се ослободиме од водата што е можно побрзо“, рече министерот за инфраструктура и вода Марк Харберс.

The post Екстремниот студ го нарушува нормалниот живот во северозападна Европа appeared first on Република.

]]>
До Божиќ ќе биде топло, па потоа следи поларен бран со многу снег https://republika.mk/zivot/servisi/do-bozhik-ke-bide-toplo-pa-potoa-sledi-polaren-bran-so-mnogu-sneg/ Sun, 31 Dec 2023 08:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=728415

Метеорологот Славчо Поповски посочува дека новогодишната ноќ нема да биде со снег, а времето ќе се менува од вторник. Сепак, натпросечните температури остануваат.

Новогодишната ноќ не многу студена, стабилна, сува и маглива и загадена по котлините, но веќе од понеделник навечер, а особено од вторник полека времето кај нас ќе започне да се менува и најпрвин ќе има локални врнежи од дожд, но и сеуште натпросечно високи температури на воздухот како и до сега“, вели Поповски.

Според него, се поизвесно е дека веќе од Божиќ на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија ќе пристигне силен поларен бран кој ќе ни донесе екстремно ниски температури на воздухот и многу снег.

Според најновите ажурирања на нумеричките модели, најмногу снег ќе имаме околу 10 и по 10 јануари, насекаде низ Македонија над 20 сантиметри, понекаде и над 50 сантиметри, додека на Скијачките центри дури и над 100 сантиметри. Многу снег ќе има во целиот регион. Се работи за голема снежна бура и леден бран. Во нашиот регион (Балканот) очекуваме температурите понекаде да се спуштат дури до околу -25 степени, а во Алпскиот регион и под -30 степени“, додава Поповски.

 

The post До Божиќ ќе биде топло, па потоа следи поларен бран со многу снег appeared first on Република.

]]>

Метеорологот Славчо Поповски посочува дека новогодишната ноќ нема да биде со снег, а времето ќе се менува од вторник. Сепак, натпросечните температури остануваат.
Новогодишната ноќ не многу студена, стабилна, сува и маглива и загадена по котлините, но веќе од понеделник навечер, а особено од вторник полека времето кај нас ќе започне да се менува и најпрвин ќе има локални врнежи од дожд, но и сеуште натпросечно високи температури на воздухот како и до сега“, вели Поповски.
Според него, се поизвесно е дека веќе од Божиќ на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија ќе пристигне силен поларен бран кој ќе ни донесе екстремно ниски температури на воздухот и многу снег.
Според најновите ажурирања на нумеричките модели, најмногу снег ќе имаме околу 10 и по 10 јануари, насекаде низ Македонија над 20 сантиметри, понекаде и над 50 сантиметри, додека на Скијачките центри дури и над 100 сантиметри. Многу снег ќе има во целиот регион. Се работи за голема снежна бура и леден бран. Во нашиот регион (Балканот) очекуваме температурите понекаде да се спуштат дури до околу -25 степени, а во Алпскиот регион и под -30 степени“, додава Поповски.
 

The post До Божиќ ќе биде топло, па потоа следи поларен бран со многу снег appeared first on Република.

]]>
Викендов студ и ветар https://republika.mk/zivot/servisi/vikendov-stud-i-vetar/ Fri, 17 Nov 2023 11:21:25 +0000 https://republika.mk/?p=702478

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час). На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, соопшти УХМР.

Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и пораст на дневната температура. Минималните утрински температури ќе се спуштат до минус 5, а максималните дневни ќе достигнат до 16 степени.

 

The post Викендов студ и ветар appeared first on Република.

]]>

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час). На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, соопшти УХМР. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и пораст на дневната температура. Минималните утрински температури ќе се спуштат до минус 5, а максималните дневни ќе достигнат до 16 степени.  

The post Викендов студ и ветар appeared first on Република.

]]>
Нè очекува долга и студена зима: Еве кога ќе падне и првиот снег https://republika.mk/zivot/servisi/ne-ochekuva-dolga-i-studena-zima-eve-koga-ke-padne-i-prviot-sneg/ Mon, 09 Oct 2023 08:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=689422

По врнежливо лето и топла есен, ќе дојде студена зима со многу врнежи, па првиот снег може да се очекува во декември, велат метеоролозите. Во следните денови, сепак ќе уживаме во вистинско лето, но октомври наскоро ни подготвува изненадување.

Српскиот метеоролог Иван Ристиќ даде сезонска прогноза и откри какво време не очекува до крајот на годината.

– На почетокот на октомври поголемиот дел од Европа ќе биде под влијание на исландскиот циклон и африканскиот антициклон наречен „Аполо“ кој носи реални летни температури во западна и југозападна Европа, па така во Шпанија максималната ќе биде околу 35 степени – вели Ристиќ и додава:
– Кон крајот на првата недела од октомври, поларниот вител пристигнува во Северна Европа и носи студен арктички воздух, но и првите снегулки. Ладниот арктички воздух ќе се движи кон исток и југоисток и до крајот на првата декада на октомври ќе го зафати поголемиот дел од Источна Европа. Првиот снег се очекува во Скандинавија, балтичките земји и европскиот дел на Русија.
Балканскиот регион ќе биде на границата на сите овие системи, но не би било изненадување доколку до тука дојде дел од студениот воздух и условите за првото есенско заладување се засилат. Во секој случај, по 12 октомври, студениот воздух од источна Европа полека ќе го отстапи местото на потоплиот воздух од запад, а температурите повторно ќе се покачуваат кај нас и во источна Европа.

Што се однесува до температурите во првите дваесетина дена од октомври, највисоките дневни температури ќе бидат претежно од 20 до 28 степени.

– Утрата ќе бидат свежи со температури од 10 до 15 степени по котлините каде ќе биде магливо. Доколку околу 10 октомври има продор на постуден воздух од север и североисток, што не е невозможно, највисоката дневна температура во тој период ќе биде од 15 до 19 степени, а утринската ќе се спушти од 5 до 10 степени – најавува Ристиќ.
По ова краткотрајно заладување, највисоките температури повторно ќе се искачат и ќе се движат над 20 степени.

– Врнежите во првите 20 дена од октомври ќе бидат мали, а претежно ослабените бранови на малку посвеж воздух ќе предизвикаат проодна облачност и краткотрајно зголемен ветер – посочува метеорологот.
Топло во ноември

Според најавата на Ристиќ, третата декада на октомври и почетокот на ноември го носат крајот на „есенското лето“ и промена на синоптичката состојба, па така сè повеќе облаци ќе се движат кон нашиот регион и ќе ги донесат првите вистински есенски дождови.

– Трендот на врнежлива есен ќе продолжи и во ноември, така што поради големото количество дожд во одредени денови се очекуваат поројни поплави. Тие се јавуваат кога количината на врнежи за кратко време надминува 20 mm во населените места и 40 mm во планинските предели – објаснува Ристиќ и додава:
– Температурата ќе биде календарска и постепено ќе се намалува во текот на ноември од 2 до 8 утрински, а највисоката дневна од 7 до 15 степени. Поларниот вртлог годинава ќе биде слаб и поделен на три дела. Едниот ќе биде над Северна Америка, вториот над Сибир, а третиот, најважен за нас, над северна Европа. Ова ќе отвори можност зимата 2023/2024 да биде како што ја имавме досега, дека температурите ќе бидат во нормални граници и многу снег ќе донесат циклони со центри во јужниот дел на Јадранот и Егејското Море – објаснуваат од метеоролог. Според сегашните прогнози, првата снежна покривка во Србија се очекува во средината на декември, иако нема да бидеме изненадени ако падне порано.
Времето во декември

Во декември се очекува малку сонце и многу облачност и ниска облачност на места, како и магла, а продолжува трендот на повеќе врнежи, но сега и од снег.

– Утринските температури ќе се движат од -3 до 3 степени, а максималните дневни температури од 2 до 7 степени. Во денови со снежна покривка и ведри ноќи се очекува слаб и умерен мраз од -10 до -5 и максимална температура околу 0 степени – најави Ристиќ.
Прогноза за јануари

Најстудениот, но и најснежниот период оваа зима ќе биде крајот на декември и првата половина на јануари.

– Во јануари 2024 година очекуваме сосема поинакво сценарио од лани кога седевме во кафулињата за Нова година – вели метеорологот Ристиќ.

The post Нè очекува долга и студена зима: Еве кога ќе падне и првиот снег appeared first on Република.

]]>

По врнежливо лето и топла есен, ќе дојде студена зима со многу врнежи, па првиот снег може да се очекува во декември, велат метеоролозите. Во следните денови, сепак ќе уживаме во вистинско лето, но октомври наскоро ни подготвува изненадување. Српскиот метеоролог Иван Ристиќ даде сезонска прогноза и откри какво време не очекува до крајот на годината. – На почетокот на октомври поголемиот дел од Европа ќе биде под влијание на исландскиот циклон и африканскиот антициклон наречен „Аполо“ кој носи реални летни температури во западна и југозападна Европа, па така во Шпанија максималната ќе биде околу 35 степени – вели Ристиќ и додава: – Кон крајот на првата недела од октомври, поларниот вител пристигнува во Северна Европа и носи студен арктички воздух, но и првите снегулки. Ладниот арктички воздух ќе се движи кон исток и југоисток и до крајот на првата декада на октомври ќе го зафати поголемиот дел од Источна Европа. Првиот снег се очекува во Скандинавија, балтичките земји и европскиот дел на Русија. Балканскиот регион ќе биде на границата на сите овие системи, но не би било изненадување доколку до тука дојде дел од студениот воздух и условите за првото есенско заладување се засилат. Во секој случај, по 12 октомври, студениот воздух од источна Европа полека ќе го отстапи местото на потоплиот воздух од запад, а температурите повторно ќе се покачуваат кај нас и во источна Европа. Што се однесува до температурите во првите дваесетина дена од октомври, највисоките дневни температури ќе бидат претежно од 20 до 28 степени. – Утрата ќе бидат свежи со температури од 10 до 15 степени по котлините каде ќе биде магливо. Доколку околу 10 октомври има продор на постуден воздух од север и североисток, што не е невозможно, највисоката дневна температура во тој период ќе биде од 15 до 19 степени, а утринската ќе се спушти од 5 до 10 степени – најавува Ристиќ. По ова краткотрајно заладување, највисоките температури повторно ќе се искачат и ќе се движат над 20 степени. – Врнежите во првите 20 дена од октомври ќе бидат мали, а претежно ослабените бранови на малку посвеж воздух ќе предизвикаат проодна облачност и краткотрајно зголемен ветер – посочува метеорологот. Топло во ноември Според најавата на Ристиќ, третата декада на октомври и почетокот на ноември го носат крајот на „есенското лето“ и промена на синоптичката состојба, па така сè повеќе облаци ќе се движат кон нашиот регион и ќе ги донесат првите вистински есенски дождови. – Трендот на врнежлива есен ќе продолжи и во ноември, така што поради големото количество дожд во одредени денови се очекуваат поројни поплави. Тие се јавуваат кога количината на врнежи за кратко време надминува 20 mm во населените места и 40 mm во планинските предели – објаснува Ристиќ и додава: – Температурата ќе биде календарска и постепено ќе се намалува во текот на ноември од 2 до 8 утрински, а највисоката дневна од 7 до 15 степени. Поларниот вртлог годинава ќе биде слаб и поделен на три дела. Едниот ќе биде над Северна Америка, вториот над Сибир, а третиот, најважен за нас, над северна Европа. Ова ќе отвори можност зимата 2023/2024 да биде како што ја имавме досега, дека температурите ќе бидат во нормални граници и многу снег ќе донесат циклони со центри во јужниот дел на Јадранот и Егејското Море – објаснуваат од метеоролог. Според сегашните прогнози, првата снежна покривка во Србија се очекува во средината на декември, иако нема да бидеме изненадени ако падне порано. Времето во декември Во декември се очекува малку сонце и многу облачност и ниска облачност на места, како и магла, а продолжува трендот на повеќе врнежи, но сега и од снег. – Утринските температури ќе се движат од -3 до 3 степени, а максималните дневни температури од 2 до 7 степени. Во денови со снежна покривка и ведри ноќи се очекува слаб и умерен мраз од -10 до -5 и максимална температура околу 0 степени – најави Ристиќ. Прогноза за јануари Најстудениот, но и најснежниот период оваа зима ќе биде крајот на декември и првата половина на јануари. – Во јануари 2024 година очекуваме сосема поинакво сценарио од лани кога седевме во кафулињата за Нова година – вели метеорологот Ристиќ.

The post Нè очекува долга и студена зима: Еве кога ќе падне и првиот снег appeared first on Република.

]]>
Најстудено со температури во минус во Берово, Прилеп и Струмица https://republika.mk/zivot/servisi/najstudeno-so-temperaturi-vo-minus-vo-berovo-prilep-i-strumitsa/ Sun, 01 Jan 2023 08:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=592414

Изутринава најстудено е во Берово каде се измерени -5 степени Целзиусови, по што следуваат Прилеп со -4, Струмица и Виница по -3, Битола со -2 и Тетово, Штип, Дебар и Лазарополе со -1.

Нула степени изутрина во седум часот се регистрирани во Куманово и во Маврови Анови, 1 степен во Скопје - Зајчев Рид, Скопје - Петровец, Гевгелија, Крива Паланка и Претор, два во Охрид, Демир Капија и Попова Шапка, и три во Крушево.

Како и во текот на ноќта и утрово во голем дел од земјава преовладува ведро време. По котлините (особено Полог, Пелагонија, Скопје, Куманово, централниот дел на Повардарието) има појава на магла со намалена видливост под 200 метри. Во Охридското подрачје има зголемена ниска облачност.

Во најголем дел од земјава времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе се задржи појавата на магла или ниска облачност, кои преку денот ќе се намалуваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Максималната температура ќе достигне 6 степени Целзиусови .

The post Најстудено со температури во минус во Берово, Прилеп и Струмица appeared first on Република.

]]>

Изутринава најстудено е во Берово каде се измерени -5 степени Целзиусови, по што следуваат Прилеп со -4, Струмица и Виница по -3, Битола со -2 и Тетово, Штип, Дебар и Лазарополе со -1. Нула степени изутрина во седум часот се регистрирани во Куманово и во Маврови Анови, 1 степен во Скопје - Зајчев Рид, Скопје - Петровец, Гевгелија, Крива Паланка и Претор, два во Охрид, Демир Капија и Попова Шапка, и три во Крушево. Како и во текот на ноќта и утрово во голем дел од земјава преовладува ведро време. По котлините (особено Полог, Пелагонија, Скопје, Куманово, централниот дел на Повардарието) има појава на магла со намалена видливост под 200 метри. Во Охридското подрачје има зголемена ниска облачност. Во најголем дел од земјава времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе се задржи појавата на магла или ниска облачност, кои преку денот ќе се намалуваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени Целзиусови. Во Скопје со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Максималната температура ќе достигне 6 степени Целзиусови .

The post Најстудено со температури во минус во Берово, Прилеп и Струмица appeared first on Република.

]]>
Во САД поради студот зовриена вода веднаш станува мраз https://republika.mk/vesti/svet/vo-sad-poradi-studot-zovriena-voda-vednash-stanuva-mraz/ Sat, 24 Dec 2022 19:57:42 +0000 https://republika.mk/?p=589587

Големо невреме ги зафати САД.Во Монтана е снимен интересен феномен кој покажува колку е студено, зовриена вода која веднаш се претвора во снег.

На видеото се гледа како маж држи зовриена вода во сад и ја фрла во воздухот, по што таа се претвора во магливи снегулки.

 

The post Во САД поради студот зовриена вода веднаш станува мраз appeared first on Република.

]]>

Големо невреме ги зафати САД.Во Монтана е снимен интересен феномен кој покажува колку е студено, зовриена вода која веднаш се претвора во снег. На видеото се гледа како маж држи зовриена вода во сад и ја фрла во воздухот, по што таа се претвора во магливи снегулки.  

The post Во САД поради студот зовриена вода веднаш станува мраз appeared first on Република.

]]>
Најстудено во Берово и Лазарополе https://republika.mk/zivot/servisi/najstudeno-vo-berovo-i-lazaropole/ Mon, 17 Oct 2022 07:09:43 +0000 https://republika.mk/?p=561869

Во Берово изутрина во 8:30 часот се измерени 2 степена Целзиусови, како и во Лазарополе, 3 во Скопје – Петровец, Крива Паланка, Струмица, Битола, Маврови Анови. Во Тетово температурата изнесувала 4 степени, 5 во Демир Капија, Попова Шапка, Прилеп, 6 во Виница, Штип Претор, Крушево, Куманово, Дебар, Скопје – Зајчев Рид, 7 Охрид, 8 Гевгелија и 10 степени во Дојран.

Како што информира УХМР, во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево и студено со мала до умерена локална облачност претежно во Повардарието. Дува слаб ветер од променлив правец, а магливо е во делови од скопската котлина.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степени Целзиусови.

The post Најстудено во Берово и Лазарополе appeared first on Република.

]]>

Во Берово изутрина во 8:30 часот се измерени 2 степена Целзиусови, како и во Лазарополе, 3 во Скопје – Петровец, Крива Паланка, Струмица, Битола, Маврови Анови. Во Тетово температурата изнесувала 4 степени, 5 во Демир Капија, Попова Шапка, Прилеп, 6 во Виница, Штип Претор, Крушево, Куманово, Дебар, Скопје – Зајчев Рид, 7 Охрид, 8 Гевгелија и 10 степени во Дојран. Како што информира УХМР, во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево и студено со мала до умерена локална облачност претежно во Повардарието. Дува слаб ветер од променлив правец, а магливо е во делови од скопската котлина. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени. Во Скопје сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степени Целзиусови.

The post Најстудено во Берово и Лазарополе appeared first on Република.

]]>
Koчан студено во цела Македонија https://republika.mk/zivot/servisi/kochan-studeno-vo-cela-makedonija/ Mon, 14 Mar 2022 07:13:43 +0000 https://republika.mk/?p=472301

Минисни утрински температури изутрина во 7 часот се регистрирани во цела држава. Најстудено е во Маврови Анови, Берово и Попова Шапка, каде се измерени – 10 степени, по што следуваат со -8 Крива Паланка и со -7 Скопје-Петровец и Струмица.  Минус 6 степени под нулата се регистрирани во Куманово и  Демир Капија, – 5 во Прилеп, Битола, Штип, Гевгелија и Kрушево, -4 во Тетово, Претор, Охрид и во Дебар, -3 Скопје-Зајчев Рид и Виница, а – 2 во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на Попова Шапка има снежна покривка од 60 сантиметри, во Крушево 54, во Маврови Анови 46, а во Пожаране 16.

Според најавата од УХМР,  по ведрото и многу студено време во текот на ноќта и изутрината, во текот на  денов ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.Во Скопје, сончево и претежно тивко, со максимална темпетарура до 10 степени.

The post Koчан студено во цела Македонија appeared first on Република.

]]>

Минисни утрински температури изутрина во 7 часот се регистрирани во цела држава. Најстудено е во Маврови Анови, Берово и Попова Шапка, каде се измерени – 10 степени, по што следуваат со -8 Крива Паланка и со -7 Скопје-Петровец и Струмица.  Минус 6 степени под нулата се регистрирани во Куманово и  Демир Капија, – 5 во Прилеп, Битола, Штип, Гевгелија и Kрушево, -4 во Тетово, Претор, Охрид и во Дебар, -3 Скопје-Зајчев Рид и Виница, а – 2 во Дојран. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на Попова Шапка има снежна покривка од 60 сантиметри, во Крушево 54, во Маврови Анови 46, а во Пожаране 16. Според најавата од УХМР,  по ведрото и многу студено време во текот на ноќта и изутрината, во текот на  денов ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.Во Скопје, сончево и претежно тивко, со максимална темпетарура до 10 степени.

The post Koчан студено во цела Македонија appeared first on Република.

]]>
Зошто мажите и жените не можат да се разберат за собната темепратура? https://republika.mk/zivot/zdravje/zoshto-mazite-i-zenite-ne-mozat-da-se-razberat-za-sobnata-temepratura/ Thu, 03 Feb 2022 07:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=453316

Со почетокот на грејната сезона започнува и борбата меѓу машко-женските двојки за контрола над темературата во куќата. Жените преферираат пожешко, тоа е и официјално докажано!

Статистиката, која ја направила една британска компанија која поставува и одржува болјери и термостати покажува дека поради овој таканаречен „проблем“ се расправаат третина двојки. Односно, 40 отсто жени тајно ја зголемуваат температурата во просторијата во која престојуваат и тоа зад грбот на партнерот.

Науката тврди дека идеалната собна температура за жените е меѓу 24 и 25 степени, што е за два и пол степени повисока од онаа која им одговара на мажите.

Перцепцијата на температурата зависи од кожата, а таа кај жените е пониска, вели науката.

Друго истражување покажа дека просечната температура на женските раце изложени на студ е пониска скоро три степени Целзиусови отколку кај мажите.

Фактор кој придонесува во разликите е женскиот хормон естроген кој крвта ја прави погуста, забавувајќи го нејзиниот проток кон капиларите и вените во деловите на телото како што се прстите на рацете и нозете, поради што тие се студени.

The post Зошто мажите и жените не можат да се разберат за собната темепратура? appeared first on Република.

]]>

Со почетокот на грејната сезона започнува и борбата меѓу машко-женските двојки за контрола над темературата во куќата. Жените преферираат пожешко, тоа е и официјално докажано! Статистиката, која ја направила една британска компанија која поставува и одржува болјери и термостати покажува дека поради овој таканаречен „проблем“ се расправаат третина двојки. Односно, 40 отсто жени тајно ја зголемуваат температурата во просторијата во која престојуваат и тоа зад грбот на партнерот. Науката тврди дека идеалната собна температура за жените е меѓу 24 и 25 степени, што е за два и пол степени повисока од онаа која им одговара на мажите. Перцепцијата на температурата зависи од кожата, а таа кај жените е пониска, вели науката. Друго истражување покажа дека просечната температура на женските раце изложени на студ е пониска скоро три степени Целзиусови отколку кај мажите. Фактор кој придонесува во разликите е женскиот хормон естроген кој крвта ја прави погуста, забавувајќи го нејзиниот проток кон капиларите и вените во деловите на телото како што се прстите на рацете и нозете, поради што тие се студени.

The post Зошто мажите и жените не можат да се разберат за собната темепратура? appeared first on Република.

]]>
Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Скопје, Тетово, Берово и Куманово https://republika.mk/zivot/servisi/najmnogu-sneg-na-popova-shapka-najstudeno-vo-skopje-tetovo-berovo-i-kumanovo/ Wed, 05 Jan 2022 08:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=440780

Најмногу снег утринава има на Попова Шапка, каде се измерени 25 сантиметри, а потоа во Маврови Анови – пет сантиметри.

Најстудено утрово било во Скопје-Петровец, Тетово, Берово и Куманово со измерени минус три степени Целзиусови и во Штип и Струмица со измерени минус два степени. Најтопло било на Попова Шапка, каде се измерени пет степени Целзиусови.

Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, а утрово по котлините вдолж Повардарието има појава магла, најмногу во источниот дел од Скопската котлина со намалена видливост до 200 метри. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец, а во северозападните планински подрачја умерен до засилен ветер од западен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, а во текот на денот претежно сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

The post Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Скопје, Тетово, Берово и Куманово appeared first on Република.

]]>

Најмногу снег утринава има на Попова Шапка, каде се измерени 25 сантиметри, а потоа во Маврови Анови – пет сантиметри. Најстудено утрово било во Скопје-Петровец, Тетово, Берово и Куманово со измерени минус три степени Целзиусови и во Штип и Струмица со измерени минус два степени. Најтопло било на Попова Шапка, каде се измерени пет степени Целзиусови. Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, а утрово по котлините вдолж Повардарието има појава магла, најмногу во источниот дел од Скопската котлина со намалена видливост до 200 метри. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец, а во северозападните планински подрачја умерен до засилен ветер од западен правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, а во текот на денот претежно сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

The post Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Скопје, Тетово, Берово и Куманово appeared first on Република.

]]>