стразбур Archives - Република https://republika.mk/tema/strazbur/ За подобро да се разбереме Fri, 17 May 2024 14:16:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стразбур Archives - Република https://republika.mk/tema/strazbur/ 32 32 Османи со бројни билатерални средби во Стразбур https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-so-brojni-bilateralni-sredbi-vo-strazbur/ Fri, 17 May 2024 14:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=779222

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи денеска, на маргини на 133 сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур, оствари бројни билатерални средби со хомолози од различни земји, имено со министрите за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Република Австрија, Република Унгарија, Швајцарска Конфедерација, Република Малта, Република Словенија, Република Албанија, Република Молдавија, како и заменик министерот за надворешни работи на Република Турција.

Во фокус на одвоените средби на Османи со министрите на Германија, Австрија и Унгарија, Аналена Бербок, Александар Шаленберг и Петер Сијарто беше европското досие на земјата, при што Османи ги информираше соговорниците за активностите во однос на исполнувањето на реформската агенда и за успешно завршениот скрининг процес, притоа изразувајќи благодарност за конзистентната поддршка на процесот на интеграцијата на нашата земја во Европската унија.

Османи и министерот на Швајцарија, Игнацио Касис разговараа за билатералните односи на двете земји, заблагодарувајќи му се за континуираната поддршка за реформскиот процес на земјата.

На средбата со министерот на Малта, Иан Борг се направи осврт на билатералните односи, ставајќи го притоа акцентот на соработката во рамки на мултилатералните организации.  Османи подвлече дека Македонија како дел од ОБСЕ Тројката очекува зајакнување на улогата и ефикасноста на ОБСЕ, како уникатна безбедносна организација и платформа за дијалог.

Теми на разговорите на Османи со колегите од Словенија, Албанија и Молдавија, Тања Фајон, Игли Хасани и Михај Попсоји како и заменик министерот за надворешни работи на Турција, Мехмет Кемал Бозај беа повеќе аспекти од билатералните односи и можностите за продлабочување на соработката. Се дискутираа и активностите на Македонија како земја претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа во врска со претстојниот министерски состанок како и начините за интензивирање регионалната соработка.

The post Османи со бројни билатерални средби во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Јулија Навална пред ЕП во Стразбур: Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј https://republika.mk/vesti/svet/julija-navalna-pred-ep-vo-strazbur-ke-napravam-s-za-da-go-ostvaram-sonot-na-aleksej/ Wed, 28 Feb 2024 11:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=749244

Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј Навални за Русија на иднината, изјави денеска неговата сопруга Јулија пред европратениците во Стразбур. Навална беше пречекана во салата на нозе, а нејзиниот говор постојано беше прекинуван со аплауз.

Таа ја повика ЕУ да работи со десетиците милиони Руси кои се против војната во Украина и рускиот претседател Владимир Путин.

-Ако сакате да го победите Путин, треба да бидете инвентивни, а не досадни. Путин нема да биде засегнат од резолуциите и санкциите, инсистираше Навална. Според неа, „не се потребни дипломатски ноти, туку истраги за парите на мафијата“.

-Во негова личност не си имате работа со политичар, туку со „крваво чудовиште“, со шеф на организирана криминална група трујачи и убијци и чувари на мафијашки пари. Путин е способен за се и со него не може да се преговара. Според многумина, Путин е непобедлив, но тој мора да одговара за она што и го направи на мојата земја и нејзините мирни соседи, како и за сето она што му го направи на Алексеј. Сè уште не сум сигурна дали погребот на Алексеј ќе биде мирен или полицијата ќе ги приведе оние кои дојдоа да се поздрават со мојот сопруг. Путин го уби мојот сопруг, по негова наредба Алексеј беше мачен три години, истакна Навална.

Според неа, „мерките против Путин досега не помогнаа“.

-Сите се навикнаа на војна. Луѓето мислат дека на крајот ќе треба да се постигне договор со Путин, рече Навална и изрази верба дека надежите на Алексеј Навални за демократска Русија ќе се остварат.

The post Јулија Навална пред ЕП во Стразбур: Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј appeared first on Република.

]]>

Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј Навални за Русија на иднината, изјави денеска неговата сопруга Јулија пред европратениците во Стразбур. Навална беше пречекана во салата на нозе, а нејзиниот говор постојано беше прекинуван со аплауз. Таа ја повика ЕУ да работи со десетиците милиони Руси кои се против војната во Украина и рускиот претседател Владимир Путин.
-Ако сакате да го победите Путин, треба да бидете инвентивни, а не досадни. Путин нема да биде засегнат од резолуциите и санкциите, инсистираше Навална. Според неа, „не се потребни дипломатски ноти, туку истраги за парите на мафијата“. -Во негова личност не си имате работа со политичар, туку со „крваво чудовиште“, со шеф на организирана криминална група трујачи и убијци и чувари на мафијашки пари. Путин е способен за се и со него не може да се преговара. Според многумина, Путин е непобедлив, но тој мора да одговара за она што и го направи на мојата земја и нејзините мирни соседи, како и за сето она што му го направи на Алексеј. Сè уште не сум сигурна дали погребот на Алексеј ќе биде мирен или полицијата ќе ги приведе оние кои дојдоа да се поздрават со мојот сопруг. Путин го уби мојот сопруг, по негова наредба Алексеј беше мачен три години, истакна Навална.
Според неа, „мерките против Путин досега не помогнаа“.
-Сите се навикнаа на војна. Луѓето мислат дека на крајот ќе треба да се постигне договор со Путин, рече Навална и изрази верба дека надежите на Алексеј Навални за демократска Русија ќе се остварат.

The post Јулија Навална пред ЕП во Стразбур: Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј appeared first on Република.

]]>
Николоски од Стразбур: Во борба за Македонија и правата на Македонците https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-od-strazbur-vo-borba-za-makedonija-i-pravata-na-makedontsite/ Tue, 10 Oct 2023 16:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=689973

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски учествува на сесијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПССЕ).

Во Совет на Европа во Стразбур во борба за Македонија и правата на Македонците.

Помеѓу другото ќе зборуваме и за:

- масовното следење на комуникации со малициозен софтвер како Пегасус и Предатор, како и сомнежите за следење на раководството на ВМРО - ДПМНЕ од страна на власта на СДСМ и ДУИ.

- предизвиците на екстремно десната идеологија и загрозувањето на правата на Македонците во Бугарија и во Албанија како резултат на оваа идеологија.

Секогаш за Македонија!, истакна Николоски.

The post Николоски од Стразбур: Во борба за Македонија и правата на Македонците appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски учествува на сесијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПССЕ).
Во Совет на Европа во Стразбур во борба за Македонија и правата на Македонците. Помеѓу другото ќе зборуваме и за: - масовното следење на комуникации со малициозен софтвер како Пегасус и Предатор, како и сомнежите за следење на раководството на ВМРО - ДПМНЕ од страна на власта на СДСМ и ДУИ. - предизвиците на екстремно десната идеологија и загрозувањето на правата на Македонците во Бугарија и во Албанија како резултат на оваа идеологија. Секогаш за Македонија!, истакна Николоски.

The post Николоски од Стразбур: Во борба за Македонија и правата на Македонците appeared first on Република.

]]>
Правда за Уставобранителите: Доцевска Божиновска ја порази власта на СДСМ во Судот во Стразбур https://republika.mk/vesti/makedonija/pravda-za-ustavobranitelite-dotsevska-bozhinovska-ja-porazi-vlasta-na-sdsm-vo-sudot-vo-strazbur/ Fri, 19 May 2023 21:11:29 +0000 https://republika.mk/?p=642836

После 5 години макотрпна борба и страдања, правдата за уставобранителите го виде светлото на денот. Елена Доцевска Божиновска, долгогодишен професионалец во Собранието на Република Македонија која беше неправдено притворена и гонета од власта на СДСМ оствари голема победа пред Европскиот суд за човекови права за злосторството што и’ беше направено.

Во тие денови, Елена, мајката на Наум кој тогаш имаше една година и на Софија која тогаш имаше две години, пред нивните очи и пред очите на сопругот Игор, во нивниот дом во Куманово, во раните утрински часови, како во најстрашен хорор филм, беше нападната од ордите на власта на СДСМ, кои ја тренираа својата авторитарна природа.

Ја добивме битката во Стразбур

Може да забави, но не и да заборави...

По повеќе од 5 години, стигна првата пресуда за 27 април од Европскиот суд за човекови права.

СЛАВА ТЕБЕ ГОСПОДИ!🙏🏻

Да живеат УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, напиша Доцевска Божиновска на социјалните мрежи.

The post Правда за Уставобранителите: Доцевска Божиновска ја порази власта на СДСМ во Судот во Стразбур appeared first on Република.

]]>

После 5 години макотрпна борба и страдања, правдата за уставобранителите го виде светлото на денот. Елена Доцевска Божиновска, долгогодишен професионалец во Собранието на Република Македонија која беше неправдено притворена и гонета од власта на СДСМ оствари голема победа пред Европскиот суд за човекови права за злосторството што и’ беше направено. Во тие денови, Елена, мајката на Наум кој тогаш имаше една година и на Софија која тогаш имаше две години, пред нивните очи и пред очите на сопругот Игор, во нивниот дом во Куманово, во раните утрински часови, како во најстрашен хорор филм, беше нападната од ордите на власта на СДСМ, кои ја тренираа својата авторитарна природа.
Ја добивме битката во Стразбур Може да забави, но не и да заборави... По повеќе од 5 години, стигна првата пресуда за 27 април од Европскиот суд за човекови права. СЛАВА ТЕБЕ ГОСПОДИ!🙏🏻 Да живеат УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, напиша Доцевска Божиновска на социјалните мрежи.

The post Правда за Уставобранителите: Доцевска Божиновска ја порази власта на СДСМ во Судот во Стразбур appeared first on Република.

]]>
„Независен“ падна на бугарската пропаганда дека Николоски добил забрана да ги брани Македонците во Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/nezavisen-padna-na-bugarskata-propaganda-deka-nikoloski-dobil-zabrana-da-gi-brani-makedontsite-vo-bugarija/ Sat, 29 Apr 2023 09:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=635203

Весникот Независен пренесе делови од бугарските медиуми дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски добил забрана за говор во Стразбур. Објавувајќи без да се провери информацијата македонскиот медиум стана гласило на бугарската пропаганда. Имено, уште вчера беше пристигнат демантот во кој ЕПП конта Бугарија и во одбрана на Николоски потврди дека немало никаква забрана за зборување.

https://republika.mk/vesti/makedonija/epp-kontra-bugarija-i-vo-odbrana-na-nikoloski-nema-nikakva-zabrana-za-zboruvane/

Објаснување на случајот побаравме и од групата на ЕПП во ПССЕ, од каде што неофицијално потврдија дека на состанокот имало реакција и расправија, но никој не зборува за суспензија на правото на обраќање во име на групата. Според извори во ПССЕ, претседателот на групата не може да му забрани на потпретседателот да зборува во име на групата.

Николоски во Стразбур имаше говор во кој кажа дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците.

Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, исто како и другите земји кои одбиваат да ги спроведат судските одлуки. Тоа е единствениот пат да се оди напред, побара пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во обраќање на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.

The post „Независен“ падна на бугарската пропаганда дека Николоски добил забрана да ги брани Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Весникот Независен пренесе делови од бугарските медиуми дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски добил забрана за говор во Стразбур. Објавувајќи без да се провери информацијата македонскиот медиум стана гласило на бугарската пропаганда. Имено, уште вчера беше пристигнат демантот во кој ЕПП конта Бугарија и во одбрана на Николоски потврди дека немало никаква забрана за зборување. https://republika.mk/vesti/makedonija/epp-kontra-bugarija-i-vo-odbrana-na-nikoloski-nema-nikakva-zabrana-za-zboruvane/ Објаснување на случајот побаравме и од групата на ЕПП во ПССЕ, од каде што неофицијално потврдија дека на состанокот имало реакција и расправија, но никој не зборува за суспензија на правото на обраќање во име на групата. Според извори во ПССЕ, претседателот на групата не може да му забрани на потпретседателот да зборува во име на групата. Николоски во Стразбур имаше говор во кој кажа дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците.
Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, исто како и другите земји кои одбиваат да ги спроведат судските одлуки. Тоа е единствениот пат да се оди напред, побара пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во обраќање на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.

The post „Независен“ падна на бугарската пропаганда дека Николоски добил забрана да ги брани Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Николоски: Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците, мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-bugarija-ne-gi-pochituva-jazichnite-i-kulturnite-prava-na-makedontsite-mora-da-gi-sprovede-presudite-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/ Wed, 25 Jan 2023 09:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=600745

Оваа дебата ќе го постави патот на Советот на Европа за периодот што следи. И затоа јас мислам како што е јасно напишано и тука дека солидарноста и издржливоста на европските демократии, почитувањето на човековите права, почитување на владеењето на правото се најдобри гаранции за меѓусебниот просперитет, безбедноста и сигурна иднина.
Исто така, треба да го реафирмираме единството околу заедничките вредности на оваа организација каде што сме членки, како и мултилатерализмот заснован на меѓународното право. Треба да поставиме напредна агенда на Советот на Европа ставајќи го интересот на народот на прво место, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во Стразбур.

Европскиот суд за човекови права е еден од клучните елементи на Советот на Европа. Тоа е место каде што стотици илјади европски граѓани бараат правда. Мора да разговараме и мора да поставиме цврста агенда која ќе создаде ефикасен механизам што ќе ги натера земјите-членки да ги спроведат одлуките и пресудите на Европскиот суд за човекови права.
Бидејќи многу често се донесуваат пресуди- одлуки од страна на Европскиот суд за човекови права и земјите членки истите не ги спроведуваат.

Можам да споделам еден пример поврзан со Македонците и македонското национално малцинство во Бугарија. Во овој момент има шеснаесет пресуди или одлуки на Европскиот суд за човекови права кои не се спроведуваат во Бугарија. Шеснаесет не се спроведуваат, не една, не две туку шеснаесет пресуди и одлуки на Европскиот суд за човекови права не се спроведуваат!

Овие пресуди, овие одлуки се поврзани со правото на самоидентификација, со правото на собирање и здружување, со правото на учество на избори, со правото на учење на мајчин јазик и со правото на заштита на националниот интерес во културата.

Овие одлуки се носат овде во Стразбур, Софија одбива да ги спроведе и со тоа ги лишува основните човекови права на граѓаните на Бугарија кои се декларираат како Македонци.Ова е нешто што не треба да се толерира и нешто што е лош пример во 21 век. Тоа е лош пример и за Советот на Европа, бидејќи луѓето дојдоа овде, дојдоа во Стразбур, беа во Европскиот суд за човекови права, бараа правда, тие ја добија правдата, но таа не се спроведува во нивната држава. 

Затоа мора да се создаде ефикасен механизам за спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права и да се дискутира на самитот во Рејкјавик

The post Николоски: Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците, мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>

Оваа дебата ќе го постави патот на Советот на Европа за периодот што следи. И затоа јас мислам како што е јасно напишано и тука дека солидарноста и издржливоста на европските демократии, почитувањето на човековите права, почитување на владеењето на правото се најдобри гаранции за меѓусебниот просперитет, безбедноста и сигурна иднина. Исто така, треба да го реафирмираме единството околу заедничките вредности на оваа организација каде што сме членки, како и мултилатерализмот заснован на меѓународното право. Треба да поставиме напредна агенда на Советот на Европа ставајќи го интересот на народот на прво место, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во Стразбур. Европскиот суд за човекови права е еден од клучните елементи на Советот на Европа. Тоа е место каде што стотици илјади европски граѓани бараат правда. Мора да разговараме и мора да поставиме цврста агенда која ќе создаде ефикасен механизам што ќе ги натера земјите-членки да ги спроведат одлуките и пресудите на Европскиот суд за човекови права. Бидејќи многу често се донесуваат пресуди- одлуки од страна на Европскиот суд за човекови права и земјите членки истите не ги спроведуваат.
Можам да споделам еден пример поврзан со Македонците и македонското национално малцинство во Бугарија. Во овој момент има шеснаесет пресуди или одлуки на Европскиот суд за човекови права кои не се спроведуваат во Бугарија. Шеснаесет не се спроведуваат, не една, не две туку шеснаесет пресуди и одлуки на Европскиот суд за човекови права не се спроведуваат!
Овие пресуди, овие одлуки се поврзани со правото на самоидентификација, со правото на собирање и здружување, со правото на учество на избори, со правото на учење на мајчин јазик и со правото на заштита на националниот интерес во културата. Овие одлуки се носат овде во Стразбур, Софија одбива да ги спроведе и со тоа ги лишува основните човекови права на граѓаните на Бугарија кои се декларираат како Македонци.Ова е нешто што не треба да се толерира и нешто што е лош пример во 21 век. Тоа е лош пример и за Советот на Европа, бидејќи луѓето дојдоа овде, дојдоа во Стразбур, беа во Европскиот суд за човекови права, бараа правда, тие ја добија правдата, но таа не се спроведува во нивната држава.  Затоа мора да се создаде ефикасен механизам за спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права и да се дискутира на самитот во Рејкјавик

The post Николоски: Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците, мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>
Николоски од Стразбур: Советот на Европа да ѝ препорача на ЕУ промената на Уставот по бугарски диктат да не биде услов за почеток на преговори https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-od-strazbur-sovetot-na-evropa-da-preporacha-na-eu-promenata-na-ustavot-po-bugarski-diktat-da-ne-bide-uslov-za-pochetok-na-pregovori/ Tue, 11 Oct 2022 15:35:06 +0000 https://republika.mk/?p=559758

Го повикувам Советот на Европа во овој извештај да предложи отворање на пристапните преговори за Македонија без понатамошни одложувања и дополнителни барања. Советот на Европа треба да побара од ЕУ да ги почитува своите Копенхашки критериуми. Промената на Уставот на независна држава не треба да е услов за пристапни преговори - порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото обраќање од Совет на Европа од Стразбур.

Николоски додава дека Советот на Европа треба да побара од Бугарија да престане да врши притисок за уставни измени во Македонија и да дозволи пристапни преговори.

Како што вели Николоски, ЕУ треба да ги искористи своите механизми за да го наложи ова.

Во извештајот е напишано дека Советот на Европа го поздравува отворањето на пристапните преговори со Македонија на 19 јули 2022. Тоа не е точно! Македонија не ги отвори пристапните преговори туку само беше притисната да го промени Уставот според бугарски диктат и услови. Без промена на Уставот нема пристапни преговори. Сите ќе се согласите дека ова е брутална интервенција на суверенитетот и независноста на државата. Не постои ваков втор пример на ниту една друга земја кандидат за ЕУ која се соочила со вакви предуслови, ова не е европска вредност - вели Николоски.

Тој порача дека поради ова го повикува Советот на Европа да препорача на ЕУ промената на уставот по бугарски диктат да не биде услов за почеток на преговори за членство.

The post Николоски од Стразбур: Советот на Европа да ѝ препорача на ЕУ промената на Уставот по бугарски диктат да не биде услов за почеток на преговори appeared first on Република.

]]>

Го повикувам Советот на Европа во овој извештај да предложи отворање на пристапните преговори за Македонија без понатамошни одложувања и дополнителни барања. Советот на Европа треба да побара од ЕУ да ги почитува своите Копенхашки критериуми. Промената на Уставот на независна држава не треба да е услов за пристапни преговори - порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото обраќање од Совет на Европа од Стразбур.
Николоски додава дека Советот на Европа треба да побара од Бугарија да престане да врши притисок за уставни измени во Македонија и да дозволи пристапни преговори. Како што вели Николоски, ЕУ треба да ги искористи своите механизми за да го наложи ова.
Во извештајот е напишано дека Советот на Европа го поздравува отворањето на пристапните преговори со Македонија на 19 јули 2022. Тоа не е точно! Македонија не ги отвори пристапните преговори туку само беше притисната да го промени Уставот според бугарски диктат и услови. Без промена на Уставот нема пристапни преговори. Сите ќе се согласите дека ова е брутална интервенција на суверенитетот и независноста на државата. Не постои ваков втор пример на ниту една друга земја кандидат за ЕУ која се соочила со вакви предуслови, ова не е европска вредност - вели Николоски.
Тој порача дека поради ова го повикува Советот на Европа да препорача на ЕУ промената на уставот по бугарски диктат да не биде услов за почеток на преговори за членство.

The post Николоски од Стразбур: Советот на Европа да ѝ препорача на ЕУ промената на Уставот по бугарски диктат да не биде услов за почеток на преговори appeared first on Република.

]]>
На пратениците од ЕП не им се патува од Брисел до Стразбур https://republika.mk/vesti/svet/na-pratenicite-od-ep-ne-im-se-patuva-od-brisel-do-strazbur/ Mon, 15 Aug 2022 20:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=540688

Германски европратеник повика да престане практиката на патување меѓу Стразбур и Брисел, поврзана со работата на Европскиот Парламент, јави ДПА.

ЕП се состанува во францускиот град за своите 12 сесии годишно, но други парламентарни активности се одржуваат во главниот град на Белгија. Поради ова, илјадници вработени и документи мора редовно да се движат меѓу Стразбур и Брисел.

Даниел Фројнд од германската партија Унија 90/Зелени испрати писмо до претседателката на ЕП Роберта Мецола во кое бара укинување на овој систем поради енергетската криза во Европа предизвикана од руската војна во Украина.

„Се соочуваме со акутен недостиг на енергија во Европа“, се вели во писмото. „Додека некои европски граѓани веројатно нема да можат доволно да ги загреат домовите в зима, ЕП непотребно загрева, осветлува и одржува два градежни комплекси во исто време“, вели европратеникот.

Засега нема одговор од Мецола. За ова прашање долго време се дебатира во ЕУ, особено поради еколошки причини, но Франција има цврста контрола врз Стразбур, а промената може да се договори само со едногласност меѓу земјите-членки

The post На пратениците од ЕП не им се патува од Брисел до Стразбур appeared first on Република.

]]>

Германски европратеник повика да престане практиката на патување меѓу Стразбур и Брисел, поврзана со работата на Европскиот Парламент, јави ДПА. ЕП се состанува во францускиот град за своите 12 сесии годишно, но други парламентарни активности се одржуваат во главниот град на Белгија. Поради ова, илјадници вработени и документи мора редовно да се движат меѓу Стразбур и Брисел. Даниел Фројнд од германската партија Унија 90/Зелени испрати писмо до претседателката на ЕП Роберта Мецола во кое бара укинување на овој систем поради енергетската криза во Европа предизвикана од руската војна во Украина. „Се соочуваме со акутен недостиг на енергија во Европа“, се вели во писмото. „Додека некои европски граѓани веројатно нема да можат доволно да ги загреат домовите в зима, ЕП непотребно загрева, осветлува и одржува два градежни комплекси во исто време“, вели европратеникот. Засега нема одговор од Мецола. За ова прашање долго време се дебатира во ЕУ, особено поради еколошки причини, но Франција има цврста контрола врз Стразбур, а промената може да се договори само со едногласност меѓу земјите-членки

The post На пратениците од ЕП не им се патува од Брисел до Стразбур appeared first on Република.

]]>
Стразбур ќе биде светска престолнина на книгата во 2024 година https://republika.mk/vesti/kultura/strazbur-kje-bide-svetska-prestolnina-na-knigata-vo-2024-godina/ Sat, 30 Jul 2022 16:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=535160

УНЕСКО го избра Стразбур за светска престолнина на книгата за 2024 година, како прв француски град со таа титула, која почна да се доделува во 2001 година.
Според соопштението, УНЕСКО бил „импресиониран“ од акцентот на Стразбур на книгата како средство за справување со предизвиците на социјалната кохезија и климатските промени.
Годината на славење ќе започне на 23 април 2024 година, Светскиот ден на книгата и авторското право. Стразбур е 24-ти град што е прогласен за светска престолнина на книгата од страна на УНЕСКО од 2001 година.
Глобалниот буџет што градските власти ќе го одвојат за програмите ќе достигне 4,5 милиони евра.

The post Стразбур ќе биде светска престолнина на книгата во 2024 година appeared first on Република.

]]>

УНЕСКО го избра Стразбур за светска престолнина на книгата за 2024 година, како прв француски град со таа титула, која почна да се доделува во 2001 година. Според соопштението, УНЕСКО бил „импресиониран“ од акцентот на Стразбур на книгата како средство за справување со предизвиците на социјалната кохезија и климатските промени. Годината на славење ќе започне на 23 април 2024 година, Светскиот ден на книгата и авторското право. Стразбур е 24-ти град што е прогласен за светска престолнина на книгата од страна на УНЕСКО од 2001 година. Глобалниот буџет што градските власти ќе го одвојат за програмите ќе достигне 4,5 милиони евра.

The post Стразбур ќе биде светска престолнина на книгата во 2024 година appeared first on Република.

]]>
УНЕСКО го избра Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година https://republika.mk/vesti/kultura/unesko-go-izbra-strazbur-za-svetska-prestolnina-na-knigata-za-2024-godina/ Thu, 21 Jul 2022 09:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=531726

Организација за образование, наука и култура на Обединетите Нации (УНЕСКО) го избра Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година.

Ова е првпат еден француски град да ја добие оваа титула која започна да се доделува од 2001 година.

Во соопштението на УНЕСКО се вели дека биле импресионирани од фокусот што Стразбур го става на книгите како средство за справување со предизвиците на социјалната тензии и климатските промени.

„Во несигурни времиња, многумина се свртуваат кон книгите како прибежиште и како извор на соништа. Навистина, книгите ја имаат таа уникатна способност истовремено и да не едуцираат и да не забавуваат. Затоа мора да се осигураме дека секој треба да има пристап до знаење и рефлексија низ книгите и читањето. Токму затоа, секоја година УНЕСКО одредува светска престолнина на книгата. По Гвадалахара во 2022 и Акра во 2023 година, пресреќна сум што можам да соопштам дека Светска престолнина на книгата за 2024 ќе биде Стразбур“, изјави Одри Азулај, генералната директорка на УНЕСКО.

Од организацијата додаваат дека една од главните причини за изборот на Стразбур е што градот ја нагласува можноста книгите да охрабрат дебата и дискусија за еколошките грижи и научните факти, фокусирајќи се пред се` на младите, како носители на промените.

Градовите кои се избрани како Светска престолнина на книгата на УНЕСКО прифаќаат да ги промовираат книгите и читањето за сите возрасти и категории граѓани во своите граници и надвор од нив, како и да организираат програма со активности во текот на годината.

Стразбур е 24-ти град кој е прогласен за Светска престолнина на книгата од 2001 година. Прв град со оваа титула беше Мадрид, а досега во оваа улога беа и: Александрија, Њу Делхи, Антверпен, Монтреал, Торино, Богота, Амстердам, Бејрут, Љубљана, Буенос Аирес, Ереван, Бангкок, Порт Харкурт, Инчон, Вроцлав, Конакри, Атина, Шарџа, Куала Лумпур и Тбилиси.

Оваа година Светска престолнина на книгата е мексиканскиот град Гвадалахара, а следната 2023 е главниот град на Гана, Акра.

The post УНЕСКО го избра Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Организација за образование, наука и култура на Обединетите Нации (УНЕСКО) го избра Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година. Ова е првпат еден француски град да ја добие оваа титула која започна да се доделува од 2001 година. Во соопштението на УНЕСКО се вели дека биле импресионирани од фокусот што Стразбур го става на книгите како средство за справување со предизвиците на социјалната тензии и климатските промени. „Во несигурни времиња, многумина се свртуваат кон книгите како прибежиште и како извор на соништа. Навистина, книгите ја имаат таа уникатна способност истовремено и да не едуцираат и да не забавуваат. Затоа мора да се осигураме дека секој треба да има пристап до знаење и рефлексија низ книгите и читањето. Токму затоа, секоја година УНЕСКО одредува светска престолнина на книгата. По Гвадалахара во 2022 и Акра во 2023 година, пресреќна сум што можам да соопштам дека Светска престолнина на книгата за 2024 ќе биде Стразбур“, изјави Одри Азулај, генералната директорка на УНЕСКО. Од организацијата додаваат дека една од главните причини за изборот на Стразбур е што градот ја нагласува можноста книгите да охрабрат дебата и дискусија за еколошките грижи и научните факти, фокусирајќи се пред се` на младите, како носители на промените. Градовите кои се избрани како Светска престолнина на книгата на УНЕСКО прифаќаат да ги промовираат книгите и читањето за сите возрасти и категории граѓани во своите граници и надвор од нив, како и да организираат програма со активности во текот на годината. Стразбур е 24-ти град кој е прогласен за Светска престолнина на книгата од 2001 година. Прв град со оваа титула беше Мадрид, а досега во оваа улога беа и: Александрија, Њу Делхи, Антверпен, Монтреал, Торино, Богота, Амстердам, Бејрут, Љубљана, Буенос Аирес, Ереван, Бангкок, Порт Харкурт, Инчон, Вроцлав, Конакри, Атина, Шарџа, Куала Лумпур и Тбилиси. Оваа година Светска престолнина на книгата е мексиканскиот град Гвадалахара, а следната 2023 е главниот град на Гана, Акра.  

The post УНЕСКО го избра Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Судот за човекови права во Стразбур го скрати рокот за поднесување барања од шест на четири месеци https://republika.mk/vesti/svet/sudot-za-chovekovi-prava-vo-strazbur-go-skrati-rokot-za-podnesuvanje-baranja-od-shest-na-chetiri-meseci/ Tue, 04 Jan 2022 07:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=440249

Од 1 февруари, рокот за поднесување барање до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ќе се скрати од шест на четири месеци по конечната одлука на највисокиот домашен суд.

Промената на рокот за поднесување барања до Судот произлегува од Протоколот број 15 кон Европската конвенција за човекови права и потенцијално се однесува на 830 милиони луѓе кои живеат во 47-те земји-членки на Советот на Европа кои се потписнички на оваа конвенција.

Од 1 февруари 2022 година, рокот за поднесување барање до Европскиот суд за човекови права ќе се скрати од шест на четири месеци од конечната домашна судска одлука во случајот (обично пресуда на највисокиот суд во земјата) - соопшти судот.

Текстот за изменување и дополнување на Конвенцијата стапи во сила на 1 август 2021 година, но предвидуваше преоден период до 1 февруари 2022 година пред амандманот да стапи во сила.

Од 1 февруари подносителите и нивните адвокати ќе треба да го испочитуваат новиот рок за поднесување барања до ЕСЧП, во спротивно нивното барање ќе биде прогласено за неприфатливо - соопшти судот.

ЕСЧП е меѓународен трибунал основан во 1959 година со седиште во Стразбур. Одлучува за поединечни или меѓународни барања кои се однесуваат на повреди на граѓански и политички права содржани во Европската конвенција за човекови права. Конвенцијата ја ратификуваа 47 земји.

До Судот секој година пристигнуваат по повеќе од 50.000 нови барања.

The post Судот за човекови права во Стразбур го скрати рокот за поднесување барања од шест на четири месеци appeared first on Република.

]]>

Од 1 февруари, рокот за поднесување барање до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ќе се скрати од шест на четири месеци по конечната одлука на највисокиот домашен суд. Промената на рокот за поднесување барања до Судот произлегува од Протоколот број 15 кон Европската конвенција за човекови права и потенцијално се однесува на 830 милиони луѓе кои живеат во 47-те земји-членки на Советот на Европа кои се потписнички на оваа конвенција.
Од 1 февруари 2022 година, рокот за поднесување барање до Европскиот суд за човекови права ќе се скрати од шест на четири месеци од конечната домашна судска одлука во случајот (обично пресуда на највисокиот суд во земјата) - соопшти судот.
Текстот за изменување и дополнување на Конвенцијата стапи во сила на 1 август 2021 година, но предвидуваше преоден период до 1 февруари 2022 година пред амандманот да стапи во сила.
Од 1 февруари подносителите и нивните адвокати ќе треба да го испочитуваат новиот рок за поднесување барања до ЕСЧП, во спротивно нивното барање ќе биде прогласено за неприфатливо - соопшти судот.
ЕСЧП е меѓународен трибунал основан во 1959 година со седиште во Стразбур. Одлучува за поединечни или меѓународни барања кои се однесуваат на повреди на граѓански и политички права содржани во Европската конвенција за човекови права. Конвенцијата ја ратификуваа 47 земји. До Судот секој година пристигнуваат по повеќе од 50.000 нови барања.

The post Судот за човекови права во Стразбур го скрати рокот за поднесување барања од шест на четири месеци appeared first on Република.

]]>