ССМ протест Archives - Република https://republika.mk/tema/ssm-protest/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Oct 2022 10:37:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ССМ протест Archives - Република https://republika.mk/tema/ssm-protest/ 32 32 Пред нас е есен на протести на гладни и обесправени работници: КСОМ и ССМ вријат, ќе го извадат членството на улица https://republika.mk/vesti/makedonija/pred-nas-e-esen-na-protesti-na-gladni-i-obespraveni-rabotnici-ksom-i-ssm-vrijat-kje-go-izvadat-chlenstvoto-na-ulica/ Sat, 13 Aug 2022 14:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=539922

Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) бара од Владата итно да се одржи седница на Социјално-економскиот совет, а причина за тоа е актуелната состојба „која е неиздржлива поради енормно покачените животни трошоци“.

Доколку не се исполнат барањата за итна седница, КСОМ најавува дека ќе одржи штрајк.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата и главен генерален координатор на независните синдикати во Македонија Гоце Делчев Тодев рече дека од мај годинава огромен е бројот на граѓани кои ја напуштаат земјава, особено од секторите полиција, здравство и образование.

Оценка на КСОМ е дека годишно од земјава заминуваат пет отсто од вработените во образованието.

Апелираме и до останатите синдикати на национално ниво, да седнеме и заеднички да донесеме став. Доколку ни се приклучат, ќе бидеме уште посилни како работници. Доколку не сакаат да се приклучат на нашата иницијатива, ние веќе донесовме одлука. Ќе правиме штрајкови и протести, а за датумот дополнително ќе известиме, истакна на денешната прес-конфернција претседателот на КСОМ Марјан Ристески.

Според КСОМ, граѓаните се осиромашени и не можат да опстанат зашто се е поскапено, а платите се на исто ниво, додека Владата прави непродуктивни трошоци.

Пред неколку дена и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски најави радикализирање на штрајкот од септември, доколку Владата не ги исполни нивните барања, а тоа е со покачување на минималната плата за 18,4 проценти, да се усогласат сите останати плати.

-Ги повикуваме сите работници на улица, за да може најпрвин да егзистираме, да опстанеме, бидејќи како што вели Владата, од септември не знаеме што ќе се случи поради најавената нова енергетска криза, се најавуваат штедења, уште поголема инфлација, додаде претседателот на ССМ.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/gi-povikuvame-site-rabotnici-na-ulica-ssm-kje-se-radikalizira-od-septemvri-ako-nema-pokachuvanje-na-platite/

The post Пред нас е есен на протести на гладни и обесправени работници: КСОМ и ССМ вријат, ќе го извадат членството на улица appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) бара од Владата итно да се одржи седница на Социјално-економскиот совет, а причина за тоа е актуелната состојба „која е неиздржлива поради енормно покачените животни трошоци“. Доколку не се исполнат барањата за итна седница, КСОМ најавува дека ќе одржи штрајк. Претседателот на Независниот синдикат на полицијата и главен генерален координатор на независните синдикати во Македонија Гоце Делчев Тодев рече дека од мај годинава огромен е бројот на граѓани кои ја напуштаат земјава, особено од секторите полиција, здравство и образование. Оценка на КСОМ е дека годишно од земјава заминуваат пет отсто од вработените во образованието.
Апелираме и до останатите синдикати на национално ниво, да седнеме и заеднички да донесеме став. Доколку ни се приклучат, ќе бидеме уште посилни како работници. Доколку не сакаат да се приклучат на нашата иницијатива, ние веќе донесовме одлука. Ќе правиме штрајкови и протести, а за датумот дополнително ќе известиме, истакна на денешната прес-конфернција претседателот на КСОМ Марјан Ристески.
Според КСОМ, граѓаните се осиромашени и не можат да опстанат зашто се е поскапено, а платите се на исто ниво, додека Владата прави непродуктивни трошоци. Пред неколку дена и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски најави радикализирање на штрајкот од септември, доколку Владата не ги исполни нивните барања, а тоа е со покачување на минималната плата за 18,4 проценти, да се усогласат сите останати плати.
-Ги повикуваме сите работници на улица, за да може најпрвин да егзистираме, да опстанеме, бидејќи како што вели Владата, од септември не знаеме што ќе се случи поради најавената нова енергетска криза, се најавуваат штедења, уште поголема инфлација, додаде претседателот на ССМ.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/gi-povikuvame-site-rabotnici-na-ulica-ssm-kje-se-radikalizira-od-septemvri-ako-nema-pokachuvanje-na-platite/

The post Пред нас е есен на протести на гладни и обесправени работници: КСОМ и ССМ вријат, ќе го извадат членството на улица appeared first on Република.

]]>
„Ги повикуваме сите работници на улица“: ССМ ќе се радикализира од септември ако нема покачување на платите https://republika.mk/vesti/ekonomija/gi-povikuvame-site-rabotnici-na-ulica-ssm-kje-se-radikalizira-od-septemvri-ako-nema-pokachuvanje-na-platite/ Thu, 11 Aug 2022 19:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=539263

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски најави радикализирање на штрајкот од септември, доколку Владата не ги исполни нивните барања, а тоа е со покачување на минималната плата за 18,4 проценти, да се усогласат сите останати плати.

-Согласно Законот за минимална плата и новата методологија, со порастот на минималната плата треба да се усогласат и сите останати плати. Значи, минималната плата се зголемила за 18,4 проценти и во тоа законско решение се вели дека во рок од шест месеци мора да се усогласат и останатите плати. Но, видовме дека тоа не се случи, рече Димовски во денешното гостување на ТВ Сител.

Тој посочи дека уште е во тек штрајкот во јавниот сектор, а радикализирање ќе има во септември, бидејќи според Владата, законот им овозможува до септември да ги усогласат платите.

-Како социјални партнери, на 1 мај последен пат остваривме средба со владини претставници, каде што ни беше ветено дека Владата ќе излезе во пресрет и ќе даде по 2.860 денари со ребалансот на буџетот. Видовме во ребалансот на Буџетот, министерот за финансии Бесими тоа го нема предвидено туку почнаа од ракав да се делат некакви покачувања. Затоа, ние од септември ќе радикализираме доколку не се случи ова покачување, рече Димовски.

Тој најави дека од септември ќе ги повикаат сите работници без разлика дали од приватниот или од јавниот сектор да излезат на улица.

-Ги повикуваме сите работници на улица, за да може најпрвин да егзистираме, да опстанеме, бидејќи како што вели Владата, од септември не знаеме што ќе се случи поради најавената нова енергетска криза, се најавуваат штедења, уште поголема инфлација, додаде претседателот на ССМ.

Во моментов, како што информираше, штрајкот се води во јавниот сектор, се штрајкува и се добива на локално ниво и во јавните комунални претпријатија. Утре, како што рече, ќе бидат во Прилеп каде што ќе потпишат покачување за 18 проценти во едно општинско јавно комунално претпријатие.

-Во септември треба да земеме сите покачување за 18,4 проценти, зборувам и за јавниот и за приватниот сектор, бидејќи Законот е ист за сите, додаде Димовски.

Во однос на даночните реформи, тој смета дека сега воопшто не е време за даночни реформи.

-После 1 мај, од кога исчезна социјалниот дијалог, ние преку медиумите и преку она што го презентираше министерот Бесими разбравме дека се зборувало за прогресивен, но мене ова повеќе ми личи на регресивен данок бидејќи истиот повеќе ги зафаќа сиромашните отколку богатите. Преку тој данок, пониските примања на плати од нивниот профит ќе бидат повеќе оданочени, додаде Димовски.

Посочи дека Сојуз на синдикати на Македонија ќе му предложи на министерот за финансии Фатмир Бесими да го оданочи профитот на банките, со 33 отсто данок а не, како што истакна, да ги чепка работниците, пензионерите и младината.

-Не може цело време данокот да паѓа на грбот на работниците и на граѓаните со пониски примања, незначително дали станува збор за плати, пензии или друг вид на примања. Моментно никако не е време за даночни реформи, смета претседателот на ССМ.

The post „Ги повикуваме сите работници на улица“: ССМ ќе се радикализира од септември ако нема покачување на платите appeared first on Република.

Синдикатите денес пред Собрание, се бара изгласување на амандманот за линеарно зголемување на платата https://republika.mk/vesti/ekonomija/sindikatite-denes-pred-sobranie-se-bara-izglasuvanje-na-amandmanot-za-linearno-zgolemuvanje-na-platata/ Fri, 01 Jul 2022 11:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=522092

Претставници од органите и телата на гранските синдикати членки на Сојуз на синдикатите на Македонија денеска од пред Собранието побараа од пратениците членови на Комисијата за финансирање и буџет да го поддржат амандманот на ССМ на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите.

Упатувам јасна порака до пратениците кои се членови на таа Комисија и за кои ставивме 14 столчиња со осум жолти картони, бидејќи минатиот пат не го изгласаа тој предлог-амандман за 2 806 линеарно зголемување на платите на работниците, да се освестат и да го изгласаат, бидејќи јавно, оттука им порачувам, сите овие работници, кои што се зад мене го чекаат нивниот глас „за“, ако не биде тоа така, ние јавно ќе побараме со име и со презиме, оставка од тие пратеници, бидејќи, ако дигнат рака за „не“ ќе кажат дека не се за работникот и не се за народот во овие тешки моменти, истакна претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Димовски посочи дека продолжуваат со штрајкот и информираше дека во моментов преговараат со пет општини и 12 јавни комунални претпријатија.

Во јавниот сектор насекаде продолжува штрајкот на своите работни места, но јас мора да повторам, во моментов преговараме со пет општини и 12 јавни комунални претпријатија, тоа ќе го правиме во текот и на другата недела, бидејќи потоа ќе ве викнеме на прес каде што јавно ќе кажеме „другари, не благодарам, не сме повеќе за 2 806 денари, за оние кои што мислиме дека се виновни за тоа ќе си побараме оставки, вклучително тоа дали се пратеници, министри, градоначалници, директори на претпријатија и институции, ќе ги повикаме и ќе ги кажеме, но, и ќе кажеме онаму каде што има ефект, а тоа се 25 јавни комунални претпријатија и во моментов пет општини, посочи тој.

На прашање за евентуална радикализација на протестите, тој одговори дека смета оти нема полошо некој да побара од некого оставка или разрешување, бидејќи не си ја извршува достојно работата.

The post Синдикатите денес пред Собрание, се бара изгласување на амандманот за линеарно зголемување на платата appeared first on Република.

ССМ повторно на протест пред Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/ssm-povtorno-na-protest-pred-sobranieto/ Fri, 01 Jul 2022 06:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=521919

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на членовите на Комисијата за финансирање и буџет за да го изгласаат амандманот со кој се бараат средства во ребалансот на Буџетот за линеарна исплата на 2.806 денари во нето износ за вработените во јавниот сектор.

Ќе бидат поставени 14 столчиња, а протестот ќе почне во 11 часот и во тој временски период сообраќајот ќе биде во прекин.

Ќе бидеме на улица за да им дадеме поддршка на пратениците членови на Комисијата за да го изгласаат амандманот на ССМ со кој ќе се предвидат 2.806 денари за секој еден работник во јавниот сектор. Доколку не дадат поддршка за амандманот на ССМ, ќе ги повикаме сите по име и презиме, за секој еден работник да знае кој е пријател, а кој непријател на работникот и јавно ќе побараме оставки од сите нив зошто не се достојни да го претставуваат работникот и граѓаните во Парламентот, велат од ССМ.

Генералниот штрајк во јавниот сектор почна на 22 јуни со барања за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ за сите вработени согласно зголемувањето на минималната плата, потпишување на Општиот колективниот договор и исплата на К-15. На првиот ден од штрајкот беа поставени 120 столчиња пред Собранието, а на вториот ден 21 столче пред Владата. Во изминатите денови столчиња беа поставени и пред министерствата за финансии и за труд и социјална политика. Синдикалните претставници во понеделникот три часа го блокираа и влезот на Скопје кај Автокоманда.

Штрајкот уследи откако не беше постигнат договор меѓу синдикатот и Владата. Синдикатот останува на ставот за линеарно зголемување на платите, додека од Владата велат дека треба да се најде системско решение за раст на платите, а не да се прифаќаат ад хок решенија.

The post ССМ повторно на протест пред Собранието appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на членовите на Комисијата за финансирање и буџет за да го изгласаат амандманот со кој се бараат средства во ребалансот на Буџетот за линеарна исплата на 2.806 денари во нето износ за вработените во јавниот сектор. Ќе бидат поставени 14 столчиња, а протестот ќе почне во 11 часот и во тој временски период сообраќајот ќе биде во прекин.
Ќе бидеме на улица за да им дадеме поддршка на пратениците членови на Комисијата за да го изгласаат амандманот на ССМ со кој ќе се предвидат 2.806 денари за секој еден работник во јавниот сектор. Доколку не дадат поддршка за амандманот на ССМ, ќе ги повикаме сите по име и презиме, за секој еден работник да знае кој е пријател, а кој непријател на работникот и јавно ќе побараме оставки од сите нив зошто не се достојни да го претставуваат работникот и граѓаните во Парламентот, велат од ССМ.
Генералниот штрајк во јавниот сектор почна на 22 јуни со барања за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ за сите вработени согласно зголемувањето на минималната плата, потпишување на Општиот колективниот договор и исплата на К-15. На првиот ден од штрајкот беа поставени 120 столчиња пред Собранието, а на вториот ден 21 столче пред Владата. Во изминатите денови столчиња беа поставени и пред министерствата за финансии и за труд и социјална политика. Синдикалните претставници во понеделникот три часа го блокираа и влезот на Скопје кај Автокоманда. Штрајкот уследи откако не беше постигнат договор меѓу синдикатот и Владата. Синдикатот останува на ставот за линеарно зголемување на платите, додека од Владата велат дека треба да се најде системско решение за раст на платите, а не да се прифаќаат ад хок решенија.

The post ССМ повторно на протест пред Собранието appeared first on Република.

]]>
Ништо не се прави за работникот, освен што работниците во туристичките места го изгубија правото на недела неработен ден https://republika.mk/vesti/makedonija/nishto-ne-se-pravi-za-rabotnikot-osven-shto-rabotnicite-vo-turistichkite-mesta-go-izgubija-pravoto-na-nedela-neraboten-den/ Wed, 29 Jun 2022 10:48:58 +0000 https://republika.mk/?p=521066

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска протестните активности ги продолжи пред Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) од каде што претседателството на ССМ побара исполнување на ветеното линеарно зголемување на платите за 2.806 денари до 1 јули односно вкупно 30 милиони денари со ребаланс на Буџетот.

МИОА беше дел од тимот што преговараше за тие 2.806 денари линеарно зголемување на платите на сите работници и враќање на регресот во јавниот сектор од 30 до 100 проценти за сите работници. Затоа денеска го повикуваме министерот за информатичко општество, кој е дел и беше дел од тој преговарачки тим, доколку навистина се стремат за нова методологија, за реформи во администрацијата, за нов закон за плати за административните работници, нека повели, ние сме пред неговото министерство, нека ни достави ако има искрени намери и не се купува време. Доколку не, жешкото столче го чека, денеска е министер, утре ќе стане обичен работник како нас. Апелирам и до централната и до локалната власт – да излезат, да им ги зголемат платите на сите работници во ова тешко време со двоцифрена инфлација и секаков вид кризи, изјави лидерот на ССМ Дарко Димовски.

Штрајкот ќе го продолжат и во наредните денови и, рече, ќе бидат пред вратите на министерствата кои имаат надлежности за платите, како и во локалните самоуправи и за утре најави посета на Гостивар и Струмица.

Со гостиварскиот градоначалник утре напладне ССМ ќе потпише колективен договор за усогласување на платите за 2.806 денари, како и со јавното комунално претпријатие во таа општина, а во 15.30 часот утре во Струмица ќе потпишат спогодба за зголемување на платите и со трите јавни комунални претпријатија и колективен договор со струмичкиот градоначалник. Со потпишување на тие договори, рече Димовски, од 1 јули ќе им бидат зголемени платите за 2.806 денари на повеќе од 1300 работници во двете општини.

Штрајковите вродуваат со плод, но, за жал, само на локално ниво и во претпријатијата основани од општините. Апелирам власта да го следи примерот, да не се крие, зашто во моментов ништо не се прави за работникот, освен што се уназади едно работничко право и неделата неработен ден во туристичките места стана работен ден за  работниците, додаде Димовски.

За вчерашниот протест пред МТСП посочи дека министерката Јованка Тренчевска била поинаква од другите министри и, како што рече, „се одважила да излезе и застанала рамо до рамо“ со нив, но без понудено решение.

Очигледно треба повеќе да одлучуваат бидејќи се работи за целиот јавен сектор кој покрива повеќе од 130 илјади вработени, но е позитивно од нејзина страна што излезе со нас рамо до рамо. Барањата се тие, немаме отстапки, го слушаме гласот на работникот кој вели 2.806 денари до 1 јули. Нека мислат што прават, имаат време уште два дена, а потоа 18,4 проценти од септември со Законот за минимална плата. Нека пресметаат колку ќе ги чини плус тоа кога не сакаат да ги дадат ни овие 30 милиони кои сега ги бараме со ребаланс на Буџетот. Битката ја биеме и со амандман задутре на Комисијата за финансирање и буџет и исто така ќе излеземе во поголем број пред Собранието, истакна лидерот на ССМ.

The post Ништо не се прави за работникот, освен што работниците во туристичките места го изгубија правото на недела неработен ден appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска протестните активности ги продолжи пред Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) од каде што претседателството на ССМ побара исполнување на ветеното линеарно зголемување на платите за 2.806 денари до 1 јули односно вкупно 30 милиони денари со ребаланс на Буџетот.
МИОА беше дел од тимот што преговараше за тие 2.806 денари линеарно зголемување на платите на сите работници и враќање на регресот во јавниот сектор од 30 до 100 проценти за сите работници. Затоа денеска го повикуваме министерот за информатичко општество, кој е дел и беше дел од тој преговарачки тим, доколку навистина се стремат за нова методологија, за реформи во администрацијата, за нов закон за плати за административните работници, нека повели, ние сме пред неговото министерство, нека ни достави ако има искрени намери и не се купува време. Доколку не, жешкото столче го чека, денеска е министер, утре ќе стане обичен работник како нас. Апелирам и до централната и до локалната власт – да излезат, да им ги зголемат платите на сите работници во ова тешко време со двоцифрена инфлација и секаков вид кризи, изјави лидерот на ССМ Дарко Димовски.
Штрајкот ќе го продолжат и во наредните денови и, рече, ќе бидат пред вратите на министерствата кои имаат надлежности за платите, како и во локалните самоуправи и за утре најави посета на Гостивар и Струмица. Со гостиварскиот градоначалник утре напладне ССМ ќе потпише колективен договор за усогласување на платите за 2.806 денари, како и со јавното комунално претпријатие во таа општина, а во 15.30 часот утре во Струмица ќе потпишат спогодба за зголемување на платите и со трите јавни комунални претпријатија и колективен договор со струмичкиот градоначалник. Со потпишување на тие договори, рече Димовски, од 1 јули ќе им бидат зголемени платите за 2.806 денари на повеќе од 1300 работници во двете општини.
Штрајковите вродуваат со плод, но, за жал, само на локално ниво и во претпријатијата основани од општините. Апелирам власта да го следи примерот, да не се крие, зашто во моментов ништо не се прави за работникот, освен што се уназади едно работничко право и неделата неработен ден во туристичките места стана работен ден за  работниците, додаде Димовски.
За вчерашниот протест пред МТСП посочи дека министерката Јованка Тренчевска била поинаква од другите министри и, како што рече, „се одважила да излезе и застанала рамо до рамо“ со нив, но без понудено решение.
Очигледно треба повеќе да одлучуваат бидејќи се работи за целиот јавен сектор кој покрива повеќе од 130 илјади вработени, но е позитивно од нејзина страна што излезе со нас рамо до рамо. Барањата се тие, немаме отстапки, го слушаме гласот на работникот кој вели 2.806 денари до 1 јули. Нека мислат што прават, имаат време уште два дена, а потоа 18,4 проценти од септември со Законот за минимална плата. Нека пресметаат колку ќе ги чини плус тоа кога не сакаат да ги дадат ни овие 30 милиони кои сега ги бараме со ребаланс на Буџетот. Битката ја биеме и со амандман задутре на Комисијата за финансирање и буџет и исто така ќе излеземе во поголем број пред Собранието, истакна лидерот на ССМ.

The post Ништо не се прави за работникот, освен што работниците во туристичките места го изгубија правото на недела неработен ден appeared first on Република.

]]>
ССМ: Парите ни се неопходни веднаш! Тренчевска: Стојам зад правата на работниците https://republika.mk/vesti/makedonija/ssm-izleze-na-protest-pred-mtsp-parite-ni-se-neophodni-vednash-trenchevska-stojam-zad-pravata-na-rabotnicite/ Tue, 28 Jun 2022 11:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=520704

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска излезе пред Министерството за труд и социјална политика за да го изрази незадоволството од законските измени кои предвидуваат недела да биде работен ден во туристичките места и потсети на барањето за линеарно покачување на платите за работниците од јавниот сектор за 2 806 денари.

Денеска ѝ се обраќаме на министерката да ги земе работите во свои раце, нас ни требаат фамилиите нас ни треба одмор, и ние работниците сме од крв и месо и сакаме и ние тоа право да го уживаме. Ова докажува дека 2 806 денари во моментот поради зголемената ангажираност кој го овозможува овој Закон за трговија се неопходни сега веднаш, затоа министерке ви се обраќаме на вас уште утре во Владата да го поддржите предлогот за линеарно зголемување за сите работници како и враќање на изгубеното право регрес во јавниот сектор, порача претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Се повика на Законот за туризам, порачувајќи дека мора да се има предвид дека постојат ограничувања каде смее да се работи и во секторот туризам.

Во Законот има поделба, се дели на езерски, планински, рурален и алтернативен туризам, Скопје како туристичка дестинација, стари чаршии и туристички атракции. Мора да знаеме дека не можат да работат сите, туку напротив, во него убаво пишува, тие кои ќе сакаат да не ангажираат, да си го прочитаат Законот за туризам и да знаат дека има ограничувања каде смее да се работи, изјави Димовски.

Пред Министерството излезе и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, со цел да ја изрази отвореноста за остварување средба со Сојузот на синдикати на Македонија.

Таа потенцира дека цврсто стои зад правата на работниците и квалитетот на живот на сите работници.

Ветувам дека како Министерство и како Влада цврсто стоиме зад социјалниот дијалог, најдобрите решенија треба да ги донесеме низ дијалог заедно со синдикатите бидејќи тоа е единствениот начин на кој треба да се бориме за правата на работниците. Ветивме дека ќе има подобрување на работничките права, ветивме дека ќе го започнеме социјалниот дијалог за носење на нов општ колективен договор и дека еднаш засегокаш ќе воспоставиме систем кој ќе гарантира постојан раст на платите на работниците во јавниот сектор. Ќе има општ колектривен договор кој ќе  дава дополнителни права на работниците во јавниот сектор, меѓутоа не ад хок решенија кои не се системски решенија и не придонесуваат кон подобрување на правата на работниците, рече Тренчевска.

Додаде дека социјалниот дијалог ќе продолжи, и ги повика синдикалните претставници на средба.

Ќе продолжиме заедно со вицепремиерот Битиќи и со министерите вклучени во социјалниот дијалог, и ќе продолжиме понатаму се додека не дојдеме до заедничко решение, појасни министерката.

Истакна дека нејзина цел е воспоставување систем на плати кој ќе гарантира постојано зголемување на платите на работниците во јавниот сектор.

Ад хок решенија, популистички мерки, не носат трајно решавање на проблемот. Како министерка за труд и социјална политика сум насочена на систем кој ќе функционира и нема да зависи ниту од волјата на ниту еден систем или Владата, туку ќе биде воспоставен систем кој ќе дава трајно решавање на проблемот со платите во јавниот сектор. Само така можеме да зборуваме за вистинска посветеност на работниците, се друго е популистичко решение кое само во моментот ќе даде решение, подвлече Тренчевска.

Димовски од друга страна и порача на министерката дека моменталните плати со кои како што рече „не се преживува“ не се решение во никој случај.

Моментално решение со овие плати со кои не можеме да преживееме немаме. Затоа барам да не разбере министерката дека овие плати во моментот не ни се решение и не можеме да чекаме. Нас ни беше ветено 2 806 денари како едно, еве нека биде и ад хок решение, кое во моментот ќе ги амортизира овие ценовни шокови и оваа двоцифрена инфлација. Спремни сме за реформи, спремни сме за нова методологија, но платите мора да пораснат за 2 806 денари во износ, бидејќи времето не е на наша страна, ама не е ни на страна на Владата, бидејќи во септември согласно Законот за минимална плата треба истите да пораснат за 18,4 проценти, рече Димовски.

Оцени дека решението на нивните барањата може да се постигне многу лесно и тоа само со еден потпис.

Ако е спремна Владата и не поддржува министерката како што вели за едно трајно решение, значи кажете ни во септември ќе ги покачиме платите согласно законот за 18,4 отсто за ние да знаеме како и што да правиме до септември и ќе им бидеме благодарни за тоа покачување од 18,4 проценти согласно законот. Доколку тоа го нема, решение немаме во моментот и бараме 2 806 денари, бараме враќање на регрес за јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата и потпишување на општиот колективен договор. Проблемите се тие, се решаваат буквално за една минута со ставање на потпис мој и на министерката за труд и социјална политика, заклучи Димовски.

Министерката изрази надеж дека до септември ќе се изнајде заедничко решение со Синдикатот.

Се надевам дека до септември ќе изнајдеме решение, ќе потпишеме општ колективен договор и ќе започнеме со процесот за подготовка на плата и нема да има потреба за вакви чекори од страна на Синдикатот. Меѓутоа, треба да го погледнеме и добро и Синдикатот и останатите, да ја погледнеме законската регулатива што вели во однос на Законот за минимална плата и усогласувањето на останатите плати, изјави министерката Тренчевска.

The post ССМ: Парите ни се неопходни веднаш! Тренчевска: Стојам зад правата на работниците appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска излезе пред Министерството за труд и социјална политика за да го изрази незадоволството од законските измени кои предвидуваат недела да биде работен ден во туристичките места и потсети на барањето за линеарно покачување на платите за работниците од јавниот сектор за 2 806 денари.
Денеска ѝ се обраќаме на министерката да ги земе работите во свои раце, нас ни требаат фамилиите нас ни треба одмор, и ние работниците сме од крв и месо и сакаме и ние тоа право да го уживаме. Ова докажува дека 2 806 денари во моментот поради зголемената ангажираност кој го овозможува овој Закон за трговија се неопходни сега веднаш, затоа министерке ви се обраќаме на вас уште утре во Владата да го поддржите предлогот за линеарно зголемување за сите работници како и враќање на изгубеното право регрес во јавниот сектор, порача претседателот на ССМ Дарко Димовски.
Се повика на Законот за туризам, порачувајќи дека мора да се има предвид дека постојат ограничувања каде смее да се работи и во секторот туризам.
Во Законот има поделба, се дели на езерски, планински, рурален и алтернативен туризам, Скопје како туристичка дестинација, стари чаршии и туристички атракции. Мора да знаеме дека не можат да работат сите, туку напротив, во него убаво пишува, тие кои ќе сакаат да не ангажираат, да си го прочитаат Законот за туризам и да знаат дека има ограничувања каде смее да се работи, изјави Димовски.
Пред Министерството излезе и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, со цел да ја изрази отвореноста за остварување средба со Сојузот на синдикати на Македонија. Таа потенцира дека цврсто стои зад правата на работниците и квалитетот на живот на сите работници.
Ветувам дека како Министерство и како Влада цврсто стоиме зад социјалниот дијалог, најдобрите решенија треба да ги донесеме низ дијалог заедно со синдикатите бидејќи тоа е единствениот начин на кој треба да се бориме за правата на работниците. Ветивме дека ќе има подобрување на работничките права, ветивме дека ќе го започнеме социјалниот дијалог за носење на нов општ колективен договор и дека еднаш засегокаш ќе воспоставиме систем кој ќе гарантира постојан раст на платите на работниците во јавниот сектор. Ќе има општ колектривен договор кој ќе  дава дополнителни права на работниците во јавниот сектор, меѓутоа не ад хок решенија кои не се системски решенија и не придонесуваат кон подобрување на правата на работниците, рече Тренчевска.
Додаде дека социјалниот дијалог ќе продолжи, и ги повика синдикалните претставници на средба.
Ќе продолжиме заедно со вицепремиерот Битиќи и со министерите вклучени во социјалниот дијалог, и ќе продолжиме понатаму се додека не дојдеме до заедничко решение, појасни министерката.
Истакна дека нејзина цел е воспоставување систем на плати кој ќе гарантира постојано зголемување на платите на работниците во јавниот сектор.
Ад хок решенија, популистички мерки, не носат трајно решавање на проблемот. Како министерка за труд и социјална политика сум насочена на систем кој ќе функционира и нема да зависи ниту од волјата на ниту еден систем или Владата, туку ќе биде воспоставен систем кој ќе дава трајно решавање на проблемот со платите во јавниот сектор. Само така можеме да зборуваме за вистинска посветеност на работниците, се друго е популистичко решение кое само во моментот ќе даде решение, подвлече Тренчевска.
Димовски од друга страна и порача на министерката дека моменталните плати со кои како што рече „не се преживува“ не се решение во никој случај.
Моментално решение со овие плати со кои не можеме да преживееме немаме. Затоа барам да не разбере министерката дека овие плати во моментот не ни се решение и не можеме да чекаме. Нас ни беше ветено 2 806 денари како едно, еве нека биде и ад хок решение, кое во моментот ќе ги амортизира овие ценовни шокови и оваа двоцифрена инфлација. Спремни сме за реформи, спремни сме за нова методологија, но платите мора да пораснат за 2 806 денари во износ, бидејќи времето не е на наша страна, ама не е ни на страна на Владата, бидејќи во септември согласно Законот за минимална плата треба истите да пораснат за 18,4 проценти, рече Димовски.
Оцени дека решението на нивните барањата може да се постигне многу лесно и тоа само со еден потпис.
Ако е спремна Владата и не поддржува министерката како што вели за едно трајно решение, значи кажете ни во септември ќе ги покачиме платите согласно законот за 18,4 отсто за ние да знаеме како и што да правиме до септември и ќе им бидеме благодарни за тоа покачување од 18,4 проценти согласно законот. Доколку тоа го нема, решение немаме во моментот и бараме 2 806 денари, бараме враќање на регрес за јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата и потпишување на општиот колективен договор. Проблемите се тие, се решаваат буквално за една минута со ставање на потпис мој и на министерката за труд и социјална политика, заклучи Димовски.
Министерката изрази надеж дека до септември ќе се изнајде заедничко решение со Синдикатот.
Се надевам дека до септември ќе изнајдеме решение, ќе потпишеме општ колективен договор и ќе започнеме со процесот за подготовка на плата и нема да има потреба за вакви чекори од страна на Синдикатот. Меѓутоа, треба да го погледнеме и добро и Синдикатот и останатите, да ја погледнеме законската регулатива што вели во однос на Законот за минимална плата и усогласувањето на останатите плати, изјави министерката Тренчевска.

The post ССМ: Парите ни се неопходни веднаш! Тренчевска: Стојам зад правата на работниците appeared first on Република.

]]>
ССМ на протест пред МТСП: Да ја прашаме министерката Јованка Тренчевска каде исчезна социјалниот дијалог https://republika.mk/vesti/makedonija/ssm-na-protest-pred-mtsp-da-ja-prashame-ministerkata-jovanka-trenchevska-kade-ischezna-socijalniot-dijalog/ Tue, 28 Jun 2022 06:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=520546

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска од 10 часот до 13 часот ќе протестира пред пред Министерството за труд и социјална политика (МТСП) поради неисполнетото барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.

Откако минатата недела не беше прифатен амандманот на ССМ  во собраниската Комисија за финансирање и буџет, Претседателството на ССМ организираше протестни активности пред Владата и Собранието, а вчера наутро три часа ја блокираше крстосницата во Автокоманда за влез/излез од Скопје.

„Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и од тие причини Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува и преку други форми на синдикален притисок, незадоволството да го изразува на улица“, соопшти ССМ.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски синоќа во телевизиско гостување рече дека од опозициските партии им било ветено уште еднаш да биде поднесен амандман за корекција на ребелансот на Буџетот и дека идејата им била пред Собранието да постават столчиња колку што има членови во Комисијата, но седницата е одложена и ќе протестираат пред МТСП.

„Активностите ги пренасочуваме пред МТСП за да ја прашаме министерката Јованка Тренчевска каде исчезна социјалниот дијалог, ветувањето што ни го даде на 1 мај и зошто не е прифатен амандманот во расправата за ребалансот на Буџетот. Јавно ќе побараме од министерката Тренчевска да се заложи многу повеќе за она што ни го ветија на 1 мај, кога и таа беше присутна како дел од претставниците на Владата. Тогаш ни ветија дека со ребалансот на Буџетот и Законот за извршување на Буџет овие средства можат да ги предвидат најдоцна до 1 јули. Тоа е за четири дена, а од тоа ни трага ни глас“, рече Димовски.

The post ССМ на протест пред МТСП: Да ја прашаме министерката Јованка Тренчевска каде исчезна социјалниот дијалог appeared first on Република.

ССМ порача: Трпението нема крај, повеќе нема да чекаме, бараме линеарно покачување на платите од 2 806 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-poracha-trpenieto-nema-kraj-povekje-nema-da-chekame-barame-linearno-pokachuvanje-na-platite-od-2-806-denari/ Sun, 01 May 2022 13:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=496022

Лидерот на ССМ Дарко Димовски на денешниот протест уште  ги повтори барањата за линеарно покачување на платите од 2 806 денари за сите, од општи работници до претседателот на државата, и регрес за годишен одмор во јавниот сектор

На протестот се приклучија и Вицепремиерот Битиќи и министерката за труд и социјална политика Тренчевска  кои потенцираа дека никој нема да заборави дека работникот е на прво место.

Трпението нема крај, повеќе нема да чекаме – нашите барања да бидат разгледани и исполнети веднаш, порача Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од протестот пред Владата.

Од ССМ истакнаа дека товарот на кризата не смее да падне само врз работникот и дека повеќе нема време за чекање, зашто работникот е доведен до работ на егзистенција.

„Имавме многу причини за организирање на денешниот протест. Со месеци наназад укажуваме на стагнирање на државата и на продлабочување на кризата. Оргомниот товар од кризата не смее да падне само на грбот на работникот. Со овој протест сакаме да укажеме дека во овие клучни моменти државата, Владата и работодавач не покажаа волја, што резултираше со замирање на социјалниот дијалог. Товарот на кризата мора да го понесат сите, а не само работниците кои се доведени до работ на издржливост. Така веќе не може, ви оставивме премногу време“,

рече потпретседателот на Синдикатот на градежници, Иван Пешевски.

The post ССМ порача: Трпението нема крај, повеќе нема да чекаме, бараме линеарно покачување на платите од 2 806 денари appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ССМ Дарко Димовски на денешниот протест уште  ги повтори барањата за линеарно покачување на платите од 2 806 денари за сите, од општи работници до претседателот на државата, и регрес за годишен одмор во јавниот сектор На протестот се приклучија и Вицепремиерот Битиќи и министерката за труд и социјална политика Тренчевска  кои потенцираа дека никој нема да заборави дека работникот е на прво место.
Трпението нема крај, повеќе нема да чекаме – нашите барања да бидат разгледани и исполнети веднаш, порача Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од протестот пред Владата.
Од ССМ истакнаа дека товарот на кризата не смее да падне само врз работникот и дека повеќе нема време за чекање, зашто работникот е доведен до работ на егзистенција.    
„Имавме многу причини за организирање на денешниот протест. Со месеци наназад укажуваме на стагнирање на државата и на продлабочување на кризата. Оргомниот товар од кризата не смее да падне само на грбот на работникот. Со овој протест сакаме да укажеме дека во овие клучни моменти државата, Владата и работодавач не покажаа волја, што резултираше со замирање на социјалниот дијалог. Товарот на кризата мора да го понесат сите, а не само работниците кои се доведени до работ на издржливост. Така веќе не може, ви оставивме премногу време“, рече потпретседателот на Синдикатот на градежници, Иван Пешевски.

The post ССМ порача: Трпението нема крај, повеќе нема да чекаме, бараме линеарно покачување на платите од 2 806 денари appeared first on Република.

]]>
ССМ за утре најави протест: „Инфлацијата ги изеде парите за прослави“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ssm-za-utre-najavi-protest-inflacijata-gi-izede-parite-za-proslavi/ Sat, 30 Apr 2022 14:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=495732

Сојузот на синдикатите на Македонија организира голем работнички протест со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови и работниците од работниот однос.

-ССМ овој 1 Мај нема да слави, туку ќе протестира. За да славиме потребни ни се пари, а парите ни ги изеде инфлацијата. Затоа, сите работници, пензионери, младината да излезе заедно и да им кажеме на работодавачите без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор дека ни е потребно што побрзо зголемувањето на платите. Ние не лиферуваме со проценти бидејќи процентот значи за едниот работник помалку, а за друг работник повеќе. Нашата интенција како ССМ е да им помогнеме на најниските слоеви на работници со најниски плат, ка претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

ССМ, истакна Димовски, не се откажува ниту од тоа да го врати регресот за годишен одмор во јавниот сектор.

The post ССМ за утре најави протест: „Инфлацијата ги изеде парите за прослави“ appeared first on Република.

ССМ: 300 членови едногласно одлучија – од 10 февруари ќе се блокираат фабрики, институции и патишта https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-300-chlenovi-ednoglasno-odluchija-od-10-fevruari-kje-se-blokiraat-fabriki-institucii-i-patishta/ Sat, 05 Feb 2022 17:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=454559

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека 300 членови на штрајкувачките одбори и синдикалните одбори донеле едногласна одлука за организирање различни форми на притисок со цел да се зголеми минималната плата на 18.000 денари.

Ќе се блокираат фабрики, институции и патишта, велат од ССМ.

Донесена е и одлука за организирање собир пред Собранието на 10 февруари со почеток во 11 часот со општ повик до сите граѓани, работници и симдикати за поддршка на пратениците веднаш да го изгласаат законот за минимална плата од 18.000 денари.

За следната недела е најавено продолжување на закочените преговори со Владата и работодавачите, откако вчера работодавачите побараа државна помош за исплата на евентуалната зголемена минимална плата.

The post ССМ: 300 членови едногласно одлучија – од 10 февруари ќе се блокираат фабрики, институции и патишта appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека 300 членови на штрајкувачките одбори и синдикалните одбори донеле едногласна одлука за организирање различни форми на притисок со цел да се зголеми минималната плата на 18.000 денари. Ќе се блокираат фабрики, институции и патишта, велат од ССМ. Донесена е и одлука за организирање собир пред Собранието на 10 февруари со почеток во 11 часот со општ повик до сите граѓани, работници и симдикати за поддршка на пратениците веднаш да го изгласаат законот за минимална плата од 18.000 денари. За следната недела е најавено продолжување на закочените преговори со Владата и работодавачите, откако вчера работодавачите побараа државна помош за исплата на евентуалната зголемена минимална плата.

The post ССМ: 300 членови едногласно одлучија – од 10 февруари ќе се блокираат фабрики, институции и патишта appeared first on Република.

]]>
Протест на ССМ: Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот, доста им бевме слуги на работодавачите https://republika.mk/vesti/ekonomija/protest-na-ssm-so-15-iljadi-denari-ne-mozeme-da-go-pomineme-mesecot-dosta-im-bevme-slugi-na-rabotodavachite/ Fri, 04 Feb 2022 12:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=454227

Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со штрајкувачките одбори денеска ја блокираа улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора во центарот на Скопје во знак на незадоволство од предлогот на работодавачите за методологијата на минималната плата.

За синдикатот, предлогот е неприфатлив бидејќи нивните пресметки покажале дека минималната плата би се зголемила на 16.164 денари, а синдикатот бара минималната плата да изнесува 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати.

Да не застанеме додека не го добиеме нашето право. Доста беше да им бидеме слуги на работодавачите. Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот. Во џебовите на работодавачите завршуваат 60 проценти од профитот. Мора да престане и исплатата на плата во плик затоа што нашиот работник утре ќе биде пензионер и ќе стане социјален случај, порачаа синдикалците.

Најавија дека доколку денеска на седницата на Економско-социјалниот совет не бидат прифатени нивните барања за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и за скалесто зголемување на сите останати плати, ќе организираат генерален штрајк и други облици на притисок како блокирање на улици и фабрики.

На 10 февруари, за кога е закажана собраниската седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата, ќе организираат собир пред Собранието.

Од ова нема враќање. На потег се Владата и работодавачите. Работникот зема 15 илјади денари, а минималната потрошувачка кошничка е 35 илјади денари. Пораката е егзистенција, ништо повеќе, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Според Димовски, со зголемувањето на минималната плата бенефит ќе имаат и работниците, и работодавачите и државата- работникот ќе добие достоинствена плата за да го помине месецот, работодавачите ќе добијат мотивирани работници и ќе ја зголемат продуктивноста, а државата по основ на придонеси на месечно ниво ќе има прилив од 2.750.000 евра од 110.000 работници кои земаат минимална плата.

За денеска е закажана и седница на Економско-социјалниот совет на која повторно ќе се разговара за зголемување на минималната плата откако во средата не беше постигнат договор.

The post Протест на ССМ: Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот, доста им бевме слуги на работодавачите appeared first on Република.

]]>

Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со штрајкувачките одбори денеска ја блокираа улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора во центарот на Скопје во знак на незадоволство од предлогот на работодавачите за методологијата на минималната плата. За синдикатот, предлогот е неприфатлив бидејќи нивните пресметки покажале дека минималната плата би се зголемила на 16.164 денари, а синдикатот бара минималната плата да изнесува 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати.
Да не застанеме додека не го добиеме нашето право. Доста беше да им бидеме слуги на работодавачите. Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот. Во џебовите на работодавачите завршуваат 60 проценти од профитот. Мора да престане и исплатата на плата во плик затоа што нашиот работник утре ќе биде пензионер и ќе стане социјален случај, порачаа синдикалците.
Најавија дека доколку денеска на седницата на Економско-социјалниот совет не бидат прифатени нивните барања за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и за скалесто зголемување на сите останати плати, ќе организираат генерален штрајк и други облици на притисок како блокирање на улици и фабрики. На 10 февруари, за кога е закажана собраниската седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата, ќе организираат собир пред Собранието.
Од ова нема враќање. На потег се Владата и работодавачите. Работникот зема 15 илјади денари, а минималната потрошувачка кошничка е 35 илјади денари. Пораката е егзистенција, ништо повеќе, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски.
Според Димовски, со зголемувањето на минималната плата бенефит ќе имаат и работниците, и работодавачите и државата- работникот ќе добие достоинствена плата за да го помине месецот, работодавачите ќе добијат мотивирани работници и ќе ја зголемат продуктивноста, а државата по основ на придонеси на месечно ниво ќе има прилив од 2.750.000 евра од 110.000 работници кои земаат минимална плата. За денеска е закажана и седница на Економско-социјалниот совет на која повторно ќе се разговара за зголемување на минималната плата откако во средата не беше постигнат договор.