Лидерот на ССМ Дарко Димовски на денешниот протест уште  ги повтори барањата за линеарно покачување на платите од 2 806 денари за сите, од општи работници до претседателот на државата, и регрес за годишен одмор во јавниот сектор

На протестот се приклучија и Вицепремиерот Битиќи и министерката за труд и социјална политика Тренчевска  кои потенцираа дека никој нема да заборави дека работникот е на прво место.

Трпението нема крај, повеќе нема да чекаме – нашите барања да бидат разгледани и исполнети веднаш, порача Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од протестот пред Владата.

Од ССМ истакнаа дека товарот на кризата не смее да падне само врз работникот и дека повеќе нема време за чекање, зашто работникот е доведен до работ на егзистенција.

 

 

„Имавме многу причини за организирање на денешниот протест. Со месеци наназад укажуваме на стагнирање на државата и на продлабочување на кризата. Оргомниот товар од кризата не смее да падне само на грбот на работникот. Со овој протест сакаме да укажеме дека во овие клучни моменти државата, Владата и работодавач не покажаа волја, што резултираше со замирање на социјалниот дијалог. Товарот на кризата мора да го понесат сите, а не само работниците кои се доведени до работ на издржливост. Така веќе не може, ви оставивме премногу време“,

рече потпретседателот на Синдикатот на градежници, Иван Пешевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.