ССК Archives - Република https://republika.mk/tema/ssk/ За подобро да се разбереме Tue, 07 May 2024 12:02:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ССК Archives - Република https://republika.mk/tema/ssk/ 32 32 Лебот нема да поскапи следните два месеца, но компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри https://republika.mk/vesti/ekonomija/lebot-nema-da-poskapi-slednite-dva-mesetsa-no-kompaniite-se-zhalat-na-problemi-so-likvidnosta-i-so-odliv-na-kadri/ Tue, 07 May 2024 13:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=775010

Има промени во цените на житото на светските берзи, но засега, барем најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени, велат пекарите. Според нив, по месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и поради поскапувањето на нафтата кое може да значи потенцијална повисока цена на суровините во прехранбената и општо, во целата индустрија.

Како што оценува Агро-бизнис комората на Сојузот на стопански комори (ССК), многу поголем проблем од цената на лебот во моментов е ликвидноста на компаниите и одливот на работна сила во секторот.

Стигнаа информации од големите производители како Украина и Русија дека таму не се знае како ќе се одвиваат жетвите поради воените дејства, што влијае врз берзата. ФАО истакна некој процент на зголемување на цената на житото. Тоа, сепак, е незначително и ние, како Агробизнис комора, тврдиме дека во наредниот период ќе има стабилност на цената на прехранбените производи, барем во сегментот на основни производи како житото, пекарските производи. Големиот притисок што го имаме е од друга природа и трае најмалку една година. Се работи за големиот одлив на човечките ресурси во западните и туристичките земји како Грција и Хрватска. Проблем е и ликвидноста на компаниите кои се соочуваат со недостиг на финансии, истакна Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората, одговорајќи на новинарски прашања пред тркалезна маса за зелени иновации.

Тој укажа и на високите каматни стапки. Банките, рече, тешко одобруваат кредити и тешко овозможуваат пристап до финансии со соодветно ниска цена.

Тука би ги насочил проблемите. Повеќе притисок се чувствува од страна на недостигот на човечки ресурси, имавме и покачување на минималната плата. Сето тоа се одразува таму, компаниите да имаат повеќе трошоци за тоа, отколку во однос на цените на суровините кои во овој момент имаат стабилна вредност, напомена Ѓорѓиевски.

И на 23 април, на друг настан што го организираше ССК, Ѓорѓиевски тврдеше дека лебот нема да поскапи и дека неговата цена е стабилна.

The post Лебот нема да поскапи следните два месеца, но компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри appeared first on Република.

]]>

Има промени во цените на житото на светските берзи, но засега, барем најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени, велат пекарите. Според нив, по месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и поради поскапувањето на нафтата кое може да значи потенцијална повисока цена на суровините во прехранбената и општо, во целата индустрија. Како што оценува Агро-бизнис комората на Сојузот на стопански комори (ССК), многу поголем проблем од цената на лебот во моментов е ликвидноста на компаниите и одливот на работна сила во секторот.
Стигнаа информации од големите производители како Украина и Русија дека таму не се знае како ќе се одвиваат жетвите поради воените дејства, што влијае врз берзата. ФАО истакна некој процент на зголемување на цената на житото. Тоа, сепак, е незначително и ние, како Агробизнис комора, тврдиме дека во наредниот период ќе има стабилност на цената на прехранбените производи, барем во сегментот на основни производи како житото, пекарските производи. Големиот притисок што го имаме е од друга природа и трае најмалку една година. Се работи за големиот одлив на човечките ресурси во западните и туристичките земји како Грција и Хрватска. Проблем е и ликвидноста на компаниите кои се соочуваат со недостиг на финансии, истакна Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората, одговорајќи на новинарски прашања пред тркалезна маса за зелени иновации.
Тој укажа и на високите каматни стапки. Банките, рече, тешко одобруваат кредити и тешко овозможуваат пристап до финансии со соодветно ниска цена.
Тука би ги насочил проблемите. Повеќе притисок се чувствува од страна на недостигот на човечки ресурси, имавме и покачување на минималната плата. Сето тоа се одразува таму, компаниите да имаат повеќе трошоци за тоа, отколку во однос на цените на суровините кои во овој момент имаат стабилна вредност, напомена Ѓорѓиевски.
И на 23 април, на друг настан што го организираше ССК, Ѓорѓиевски тврдеше дека лебот нема да поскапи и дека неговата цена е стабилна.

The post Лебот нема да поскапи следните два месеца, но компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри appeared first on Република.

]]>
Бизнисот не беше консултиран: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела https://republika.mk/vesti/ekonomija/biznisot-ne-beshe-konsultiran-koga-ke-proglasite-neraboten-den-vo-sreda-negativno-ste-ja-reshile-tsela-nedela/ Wed, 24 Apr 2024 06:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=769823

Бизнисот не бил консултиран за владината одлука - приватните компании да не работат утре и на 8 мај, за време на претседателските и парламентарните избори.

Според Сојузот на стопански комори (ССК), тоа што среда е неработен ден, негативно се одразува и врз останатите четири дена во неделата.

Со нас, конкретно, за оваа одлука никој нема разговарано. Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, и понеделникот и вторникот се релативно неефикасни, како и четвртокот и петокот. Навистина, многу непријатна ситуација. Ова не е наша одлука, политичарите ги носат тие одлуки за изборните датуми кои им се потребни за да добијат излезност, рече вчера претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на тркалезната маса „Одржлива иднина со зелени иновации, практична примена во компаниите“.

На 9 април годинава Владата донесе Одлука, 24 април и 8 мај да бидат неработни денови поради претседателските и парламентарните избори. Притоа, им препорача и на работодавачите од приватниот сектор во земјава да ја спроведат ваквата Одлука за секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас.

И денеска, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) потсети дека деновите на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни за сите граѓани, со напомена дека работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност, со исклучок на оние каде работните процеси поради својата природа не може да се прекинат.

The post Бизнисот не беше консултиран: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела appeared first on Република.

]]>

Бизнисот не бил консултиран за владината одлука - приватните компании да не работат утре и на 8 мај, за време на претседателските и парламентарните избори. Според Сојузот на стопански комори (ССК), тоа што среда е неработен ден, негативно се одразува и врз останатите четири дена во неделата.
Со нас, конкретно, за оваа одлука никој нема разговарано. Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, и понеделникот и вторникот се релативно неефикасни, како и четвртокот и петокот. Навистина, многу непријатна ситуација. Ова не е наша одлука, политичарите ги носат тие одлуки за изборните датуми кои им се потребни за да добијат излезност, рече вчера претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на тркалезната маса „Одржлива иднина со зелени иновации, практична примена во компаниите“.
На 9 април годинава Владата донесе Одлука, 24 април и 8 мај да бидат неработни денови поради претседателските и парламентарните избори. Притоа, им препорача и на работодавачите од приватниот сектор во земјава да ја спроведат ваквата Одлука за секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас. И денеска, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) потсети дека деновите на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни за сите граѓани, со напомена дека работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност, со исклучок на оние каде работните процеси поради својата природа не може да се прекинат.

The post Бизнисот не беше консултиран: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела appeared first on Република.

]]>
ССК: Предлог-законот за работни односи е конфузен, неразбирлив и неприменлив https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssk-predlog-zakonot-za-rabotni-odnosi-e-konfuzen-nerazbirliv-i-neprimenliv/ Fri, 24 Feb 2023 10:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=612682

Потребата од комплетно нов закон за работни односи е одамна утврдена, но измените кои се прават мора да се одраз на современите трендови на пазарот на трудот и динамичните односи меѓу работната сила и работодавачите, истакнува Сојузот на стопански комори на Македонија.

За да има задоволни работници потребно е да постојат здрави компании кои ќе работат во економско и деловно опкружување каде ќе има рамноправни услови за сите деловни субјекти. Предлог текстот на новиот закон за работни односи во ваква форма во која е даден е конфузен, неразбирлив и неприменлив, посебно во делот на уредување на договорите. Сојузот истакнува мислење дека не треба да има ограничување на број на анекси и скратување на времето на договор на определено време. Се соочуваме со недостаток на квалификувана работна сила која е многу мобилна и со наметнување на потешки правила, само го комплицира функционирањето на компаниите, реагираат од ССК.

Како спорни во предложеното решение ги наоѓаат и членовите од законот, каде се бара 100 процентно покривање на платата и во услови кога правното лице не работи, што, според ССК, преставува нелогично и тешко остварливо решение и може негативно да се одрази на понатамошно продолжување со работа. Исто така, додаваат, сè уште не се дефинирани условите и начинот за тоа, кој ќе ги сноси трошоците за дополнително родителско отсуство.

Сојузот на оваа тема оствари комуникација и со синдикатите при што се доаѓа до заклучок дека од текстот на новиот закон кој е на јавна расправа не се задоволни ниту работодавачите ниту синдикатите. Основата е на база на стари услови, а врз база на истите се вметнуваат промени кои не може да ги отсликаат современите трендови на работење и на овој начин не се постигнува она кое треба да биде темел на работењето на секоја компанија. Предложениот текст на законот има потреба од значајна доработка за да биде применлив во ново создадените услови за работа, а во текот на транспарентниот процес на јавни расправи има предлози кои даваат значаен инпут во позитивна насока. Исто така ја акцентираме и потребата паралелно со овој процес да се преземат и сериозни дејствија за намалување на сивата економија и за создавање на услови за здраво, предвидливо работење и инвестирање во инфраструкурата и капиталните позиции, реагираат од Сојузот.

The post ССК: Предлог-законот за работни односи е конфузен, неразбирлив и неприменлив appeared first on Република.

Претседателот на ССК, Ангелоски на годишен самит на Светската коморска федерација https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-ssk-angeloski-na-godishen-samit-na-svetskata-komorska-federacija/ Mon, 07 Nov 2022 17:41:40 +0000 https://republika.mk/?p=571067

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски зеде учество на годишниот самит на Генералниот Совет на Светската коморска федерација кој се одржува во Париз со фокус на утврдување на стратегијата за дејствување на коморите во наредните години втемелена на реалните потреби на бизнисите и глобалните економски предизвици.

На настанот свои презентации имаа највисоките претставници на истакнати комори организации како Џон Дентон, генерален секретар на Интернационалната стопанска комора и Николас Урибе претседател на Светската коморска федерација.

Дејствувањето на стопанските комори ќе биде во насока на градење на политики со пет приоритети на дејствување. Овозможување на функционирање на глобалната трговија е еден од приоритетите кон им е потребен на бизнисите. Акцент се става и на промовирање на пристап до правдата и владеење на правото, преку проширување на пристап до доверливо и непристрасно избегнување и решавање на спорови, подобрување на ефикасноста на арбитражатa и другите услуги за алтернативно решавање спорови. Како трет приоритет се акцентира исполнување на целите за глобална одржливост и климатска акција преку подобра хармонизација на националните политики. Приоритет треба да биде и обликување на дигитална економија преку олеснување на користењето на конзистентни интернационални стандарди и алатки, поставување на правна рамка за трговија со помалку документи, имплементација на инструменти за заштита од сајбер криминал. Петти приоритет на делувањето е зајакнување на мултилатералната соработка, преку обликување а ефикасен меѓународен одговор за големите економски предизвици.

На маргините на годишниот самит Ангелоски како единствен претставник на деловна мрежа од нашиот регион, оствари повеќе средби и состаноци со претставници на други комори, како и со Џон Дентон, генерален секретар на Интернационалната стопанска комора на кои се дискутираше за продлабочување и зајакнување на соработка.

Светската коморска федерација како тело на Интернационалната стопанска комора е единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на Обединети Нации ООН, Г20, Светската трговска организација, како и Европската банка за обнова и развој. Интернационалната стопанска комора е институционален претставник на повеќе од 45 милиони компании во над 100 земји со главна мисија  да се направи бизнисот да функционира непречено за секој деловен субјект, насекаде во светот.

The post Претседателот на ССК, Ангелоски на годишен самит на Светската коморска федерација appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски зеде учество на годишниот самит на Генералниот Совет на Светската коморска федерација кој се одржува во Париз со фокус на утврдување на стратегијата за дејствување на коморите во наредните години втемелена на реалните потреби на бизнисите и глобалните економски предизвици. На настанот свои презентации имаа највисоките претставници на истакнати комори организации како Џон Дентон, генерален секретар на Интернационалната стопанска комора и Николас Урибе претседател на Светската коморска федерација. Дејствувањето на стопанските комори ќе биде во насока на градење на политики со пет приоритети на дејствување. Овозможување на функционирање на глобалната трговија е еден од приоритетите кон им е потребен на бизнисите. Акцент се става и на промовирање на пристап до правдата и владеење на правото, преку проширување на пристап до доверливо и непристрасно избегнување и решавање на спорови, подобрување на ефикасноста на арбитражатa и другите услуги за алтернативно решавање спорови. Како трет приоритет се акцентира исполнување на целите за глобална одржливост и климатска акција преку подобра хармонизација на националните политики. Приоритет треба да биде и обликување на дигитална економија преку олеснување на користењето на конзистентни интернационални стандарди и алатки, поставување на правна рамка за трговија со помалку документи, имплементација на инструменти за заштита од сајбер криминал. Петти приоритет на делувањето е зајакнување на мултилатералната соработка, преку обликување а ефикасен меѓународен одговор за големите економски предизвици.
На маргините на годишниот самит Ангелоски како единствен претставник на деловна мрежа од нашиот регион, оствари повеќе средби и состаноци со претставници на други комори, како и со Џон Дентон, генерален секретар на Интернационалната стопанска комора на кои се дискутираше за продлабочување и зајакнување на соработка. Светската коморска федерација како тело на Интернационалната стопанска комора е единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на Обединети Нации ООН, Г20, Светската трговска организација, како и Европската банка за обнова и развој. Интернационалната стопанска комора е институционален претставник на повеќе од 45 милиони компании во над 100 земји со главна мисија  да се направи бизнисот да функционира непречено за секој деловен субјект, насекаде во светот.

The post Претседателот на ССК, Ангелоски на годишен самит на Светската коморска федерација appeared first on Република.

]]>
ССК бара да се овозможи инсталирање фотоволтаици паралелно со обезбедувањето дозволи https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssk-bara-da-se-ovozmozi-instaliranje-fotovoltaici-paralelno-so-obezbeduvanjeto-dozvoli/ Wed, 05 Oct 2022 17:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=557682

Сојузот на стопански комори (ССК) бара, во услови на прогласена кризна состојба, да се дозволи поставување фотоволтаични панели паралелно со обезбедувањето на потребните дозволи и целокупната документација.

Според Сојузот, голем број компании се подготвени да инвестираат во фотоволтаици и веќе ги имаат направено неопходните набавки, но процесот е закочен заради бирократските процедури за обезбедување дозволи.

Барањето е неопходно, разумно и не ангажира никакви дополнителни средства за реализација од страна на државниот буџет, а ќе се дозволи компаниите со свои инвестиции да ги намалат и енергетската зависност и сметките за електрична енергија - наведуваат од ССК.

Од Сојузот оценуваат дека Владата и надлежните институции треба брзо и ефикасно да постапат и да преземат се што е во нивна надлежност за создавање подобри услови за работење на бизнисите во услови на криза.

Состојбата во која се наоѓаат бизнисите е исклучително предизвикувачка и неопходно е итно и неодложно да се обезбедат соодветни, таргетирани и реални мерки за поддршка. Енергетската криза му задава тежок удар на стопанството, a ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната енергија на берзите веќе почна да предизвикува затворање на одредени производни капацитети. Уште во август доставивме 14 барања за мерки од кои со најголемо значење се тие за ограничување на цената на струјата до одредено ниво до кое ќе ја плаќаат претпријатијата, додека над тоа ниво да ја плаќа Владата преку фондови наменети за енергетска кризна состојба како и обезбедување на струја од домашните производни капацитети, по поповолна цена за стопанството - наведуваат од ССК.

Во рамки на пакетот мерки што го подготви Сојузот во соработка со експерти беше и барањето за укинување на ДДВ за фотоволтаици и опрема за монтажа на фотоволтаици, како и за инвертер клими и агрегати со кои може да се намали количината на енергија која се ангажира за загреење на објектите.

Со цел да се дестимулира употребата, потребно е да се воведе дополнителен данок за користење енергетски неефикасни уреди за загревање, а во Скопје и во другите градови каде има можност, треба да се обезбеди бесплатно приклучување на систем на централно греење - истакнуваат од ССК.

Сојузот предлага и мерки за зголемување на енергетската ефикасност, меѓу кои оданочување со повисок данок на стариот тип светилки со вжарено влакно кои во продавниците треба да се одвојат на посебен рафт и да се обележат како енергетски неефикасни, во Законот за градење да се изврши измена со која при градбата на нови објекти задолжително да постои обврска за монтирање енергетски ефикасни решенија и фотоволтаици на крововите.

Потребно е и да се класифицираат новите градби според степенот на енергетската ефикасност и еден дел од комуналните давачки да се одредува според енергетска класа на објектот - дополнува ССК.

The post ССК бара да се овозможи инсталирање фотоволтаици паралелно со обезбедувањето дозволи appeared first on Република.

]]>

Сојузот на стопански комори (ССК) бара, во услови на прогласена кризна состојба, да се дозволи поставување фотоволтаични панели паралелно со обезбедувањето на потребните дозволи и целокупната документација. Според Сојузот, голем број компании се подготвени да инвестираат во фотоволтаици и веќе ги имаат направено неопходните набавки, но процесот е закочен заради бирократските процедури за обезбедување дозволи.
Барањето е неопходно, разумно и не ангажира никакви дополнителни средства за реализација од страна на државниот буџет, а ќе се дозволи компаниите со свои инвестиции да ги намалат и енергетската зависност и сметките за електрична енергија - наведуваат од ССК.
Од Сојузот оценуваат дека Владата и надлежните институции треба брзо и ефикасно да постапат и да преземат се што е во нивна надлежност за создавање подобри услови за работење на бизнисите во услови на криза.
Состојбата во која се наоѓаат бизнисите е исклучително предизвикувачка и неопходно е итно и неодложно да се обезбедат соодветни, таргетирани и реални мерки за поддршка. Енергетската криза му задава тежок удар на стопанството, a ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната енергија на берзите веќе почна да предизвикува затворање на одредени производни капацитети. Уште во август доставивме 14 барања за мерки од кои со најголемо значење се тие за ограничување на цената на струјата до одредено ниво до кое ќе ја плаќаат претпријатијата, додека над тоа ниво да ја плаќа Владата преку фондови наменети за енергетска кризна состојба како и обезбедување на струја од домашните производни капацитети, по поповолна цена за стопанството - наведуваат од ССК.
Во рамки на пакетот мерки што го подготви Сојузот во соработка со експерти беше и барањето за укинување на ДДВ за фотоволтаици и опрема за монтажа на фотоволтаици, како и за инвертер клими и агрегати со кои може да се намали количината на енергија која се ангажира за загреење на објектите.
Со цел да се дестимулира употребата, потребно е да се воведе дополнителен данок за користење енергетски неефикасни уреди за загревање, а во Скопје и во другите градови каде има можност, треба да се обезбеди бесплатно приклучување на систем на централно греење - истакнуваат од ССК.
Сојузот предлага и мерки за зголемување на енергетската ефикасност, меѓу кои оданочување со повисок данок на стариот тип светилки со вжарено влакно кои во продавниците треба да се одвојат на посебен рафт и да се обележат како енергетски неефикасни, во Законот за градење да се изврши измена со која при градбата на нови објекти задолжително да постои обврска за монтирање енергетски ефикасни решенија и фотоволтаици на крововите.
Потребно е и да се класифицираат новите градби според степенот на енергетската ефикасност и еден дел од комуналните давачки да се одредува според енергетска класа на објектот - дополнува ССК.

The post ССК бара да се овозможи инсталирање фотоволтаици паралелно со обезбедувањето дозволи appeared first on Република.

]]>
ССК: Нема логика да се даваат субвенции, а да се воведуваат нови даноци https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssk-nema-logika-da-se-davaat-subvencii-a-da-se-voveduvaat-novi-danoci/ Fri, 26 Aug 2022 19:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=544578

Раководството на Сојузот на стопански комори порача Владата да биде повнимателна при креирањето и носењето на најавената даночна реформа во, како што велат, овие тешки времиња кога стопанството се наоѓа во тежок постковид период,  зафатено е од енергетска криза и е во нарушен глобален синџир на снабдување.

-Државата треба да се фокусира на заштеди и рационализација  во Буџетот, а редно време е да размислува и за приватизација на одредени несуштински работи кои ги поседува, а кои со години можеби бележат загуби, рече денеска на прес-конференција претседателот на ССК Трајан Ангелоски.

Државата, посочи, има акции во Телеком, ние сме либерализиран пазар, и не ја гледаме потребата зошто државата сега на некој начин да тера бизнис во Телеком. Има и во железници итн. кои и така и вака секоја година гледаме бележат загуби.

-Дефинитивно државата треба да размисли на рационализација во буџетските трошења. Моментов за воведување нови даноци треба многу внимателно да се размисли. Во ваква елементарна непогода со цените на енергенсите не сум убеден како би се одразиле нови даноци  затоа што прашање е која фирма ќе има позитивни резултати за да ги измирува дополнителните даноци, посоочи Ангелоски.

На вчерашната средба во Владата со коморите министерот за финансии Фатмир Бесими се изјаснил позитивно во однос на приливите во Буџетот, а тоа, посочи Ангелоски, е очекувано со оглед дека инфлацијата ги зголемува цените на производите и на тој начин даноците  процентуално се наплаќаат,  растат и вредностите на приливи во буџетот.

-Не треба да размислуваме доколку се даваат одредени стимулации за цената на електричната енергија веднаш дали да се воведуваат и нови даноци, мислам дека нема поврзаност помеѓу овие две работи и се губи логиката на давање на тие стимулации за евентуално избегнување на високите вредности на струјата, рече претседателот на ССК, на прес-конференцијата на која ги претстави последиците во стопанството од енергетската криза и предлозите на ССК за штедење.

The post ССК: Нема логика да се даваат субвенции, а да се воведуваат нови даноци appeared first on Република.

Претседателот на ССК во Белград: Големи можности за градежните компании и за развој на туризмот https://republika.mk/vesti/ekonomija/pretsedatelot-na-ssk-vo-belgrad-golemi-moznosti-za-gradeznite-kompanii-i-za-razvoj-na-turizmot/ Wed, 20 Jul 2022 13:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=531443

Засилување на економската соработка меѓу деловните ентитети од нашата земја и од Белград со цел унапредување на економската соработка беше во фокусот на средбата на претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Трајан Ангелоски и заменик-претседателот на Собранието на Град Белград, Игор Јовановиќ која се реализираше во рамки на посетата на Србија.

Со соседна Србија имаме традиционални економски и партнерски односи, кои се карактеризираат со високо ниво на заемна доверба и разбирање. Воспоставениот политички дијалог овозможува континуиран и постојан развој на билатералните односи и соработката, соопшти Сојузот на стопански комори.

Овие средби се поттик за усогласување на економските политики во земјите кои припаѓаат на регионот за побрз развој, приспособување кон конкуренцијата на либерализираниот пазар и можност за усогласување на правната регулатива во земјите. Идентификуваме можности за зголемување на соработката во стопанството, инвестициите и туризмот. Исто така голем потенцијал има во реализација на заеднички проекти и инвестиции на сродни фирми од двете земји, како и унапредување и продлабочување на економската соработка меѓу дветe земји во рамките на иницијативите кои веќе постојат како „Отворен Балкан“ - истакна Ангелоски.

Тој посочи дека во Нов Белград интензивно се гради, што е одлична можност за вклучување на нашите градежни компании како изведувачи во овие проекти од нискоградба, високоградба, инфраструктурни проекти.

Нашите компании имаат капацитет и се со докажано реноме во реализацијата на сериозни проекти во земјите од регионот, но и пошироко, може самостојно или здружено да настапуваат на странските пазари. Преку воспоставената соработка со локалната самоуправа во Белград веруваме дека може да се изградат директни релации кои ќе го направат подостапен пазарот во Србија за домашните компании што ќе поттикне потпишување на нови договори за реализација на градежни проекти - изјави Ангелоски.

Во Белград, како еден од главните економски центри во регионот, како што информираа од Сојузот на стопански комори, интензивно се развива и туризмот, а бројот на странски туристи е во постојан пораст, искуство кое може да го преземеме и пресликаме и во нашите околности.

Во трката по странски пазари ги запоставуваме можностите за соработка со земјите од регионот, иако тие се со најголем потенцијал. Во изминатиот период Сојузот е посветен на интензивирање на комуникацијата со сите ентитети кои можат да дадат поддршка во воспоставување на нови деловни релации, зајакнување на соработката на деловните заедници и креирање подобро бизнис окружување - истакна Ангелоски.

Како што се посочува, во наредниот период се планира соработката меѓу ССК и градската управа во Белград да биде и формализирана, како и да се организираат настани за вмрежување на деловните субјекти.

The post Претседателот на ССК во Белград: Големи можности за градежните компании и за развој на туризмот appeared first on Република.

]]>

Засилување на економската соработка меѓу деловните ентитети од нашата земја и од Белград со цел унапредување на економската соработка беше во фокусот на средбата на претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Трајан Ангелоски и заменик-претседателот на Собранието на Град Белград, Игор Јовановиќ која се реализираше во рамки на посетата на Србија. Со соседна Србија имаме традиционални економски и партнерски односи, кои се карактеризираат со високо ниво на заемна доверба и разбирање. Воспоставениот политички дијалог овозможува континуиран и постојан развој на билатералните односи и соработката, соопшти Сојузот на стопански комори.
Овие средби се поттик за усогласување на економските политики во земјите кои припаѓаат на регионот за побрз развој, приспособување кон конкуренцијата на либерализираниот пазар и можност за усогласување на правната регулатива во земјите. Идентификуваме можности за зголемување на соработката во стопанството, инвестициите и туризмот. Исто така голем потенцијал има во реализација на заеднички проекти и инвестиции на сродни фирми од двете земји, како и унапредување и продлабочување на економската соработка меѓу дветe земји во рамките на иницијативите кои веќе постојат како „Отворен Балкан“ - истакна Ангелоски.
Тој посочи дека во Нов Белград интензивно се гради, што е одлична можност за вклучување на нашите градежни компании како изведувачи во овие проекти од нискоградба, високоградба, инфраструктурни проекти.
Нашите компании имаат капацитет и се со докажано реноме во реализацијата на сериозни проекти во земјите од регионот, но и пошироко, може самостојно или здружено да настапуваат на странските пазари. Преку воспоставената соработка со локалната самоуправа во Белград веруваме дека може да се изградат директни релации кои ќе го направат подостапен пазарот во Србија за домашните компании што ќе поттикне потпишување на нови договори за реализација на градежни проекти - изјави Ангелоски.
Во Белград, како еден од главните економски центри во регионот, како што информираа од Сојузот на стопански комори, интензивно се развива и туризмот, а бројот на странски туристи е во постојан пораст, искуство кое може да го преземеме и пресликаме и во нашите околности.
Во трката по странски пазари ги запоставуваме можностите за соработка со земјите од регионот, иако тие се со најголем потенцијал. Во изминатиот период Сојузот е посветен на интензивирање на комуникацијата со сите ентитети кои можат да дадат поддршка во воспоставување на нови деловни релации, зајакнување на соработката на деловните заедници и креирање подобро бизнис окружување - истакна Ангелоски.
Како што се посочува, во наредниот период се планира соработката меѓу ССК и градската управа во Белград да биде и формализирана, како и да се организираат настани за вмрежување на деловните субјекти.

The post Претседателот на ССК во Белград: Големи можности за градежните компании и за развој на туризмот appeared first on Република.

]]>
Запален автомобилот на директорка од ССК, раководството откри со какви смртни закани се соочуваат https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapalen-avtomobilot-na-direktorka-od-ssk-rakovodstvoto-otkri-so-kakvi-smrtni-zakani-se-soochuvaat/ Fri, 25 Feb 2022 12:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=463821

Раководството на Сојузот на стопански комори (ССК) се соочува со закани и притисоци околу функционирањето, во изминатите два месеца упатувани преку телефон и писма, а ноќеска бил запален и автомобилот на извршната директорка, тврди Трајан Ангелоски, претседател на ССК.

Ангелоски на прес-конференција рече дека кон него биле упатени притисоци да си даде оставка од здравствени причини, а кон извршната директорка како да постапува.

Веќе втор месец јас лично добивам закани, притисоци, кои на ниту еден начин не се испровоцирани, ниту е даден повод и причина, а во изминативе денови веќе кон извршната директорка на многу експлицитен начин се извршија одредени акти кои навлегуваат дури и во сферата на потешки криминални дејства и потешки дела на безбедноста. Станува збор за телефонски и закани упатени преку писма, а изминатата ноќ во 1.30 часот е запалено возилото на нашата извршна директорка, кое е во директна релација со претходното писмо каде на експлицитен начин се дадени рокови, ултиматиуми како треба да се однесува и да постапи на одредени лица кои го упатиле ова писмо, рече Ангелоски.

Побара брзо и одлучно постапување од надлежните институции и праша дали „државава е место каде некој треба да се грижи за својата безбедност“. Апелира до институции да ги заштитат нив како личности, како и интегритетот на комората како организација која, како што посочи, делува за економските случувања и на ниту еден случај нема допирни точки со вакви негативни појави. Заклучно со ноќешниот настан досега поднеле три пријави до Министерството за внатрешни работи, кое, како што рече, веќе постапува.

На новинарско прашање на што се однесуваат заканите Ангелоски посочи дека според писмото што го добил како слика што му го испратила извршната директорка додека тој со државната делегација изминатите денови престојуваше во Дубаи, јасно се иницира дека станува збор за работи поврзани со ССК.

Посочи дека не може да шпекулира и наведе дека можеби заканите се од структури кои се внатре или кои не се веќе во ССК, но оти оставаат на институциите да си ја завршат својата работа.

Заканите се однесуваат околу функционирањето на ССК, не станува збор за државна институција, туку за одредени лица кои можеби се внатре, кои можеби повеќе не се во Сојузот. Но, генерално од заканите и писмата тоа веќе го има во документациска форма и во МВР јасно иницира, се бара еве кон мене да поднесам оставка од здравствени причини и доколку не го сторам тоа дека знаете ќе ви се случи… имате ветувања од ваков или онаков тип, рече Ангелоски.

The post Запален автомобилот на директорка од ССК, раководството откри со какви смртни закани се соочуваат appeared first on Република.

]]>

Раководството на Сојузот на стопански комори (ССК) се соочува со закани и притисоци околу функционирањето, во изминатите два месеца упатувани преку телефон и писма, а ноќеска бил запален и автомобилот на извршната директорка, тврди Трајан Ангелоски, претседател на ССК. Ангелоски на прес-конференција рече дека кон него биле упатени притисоци да си даде оставка од здравствени причини, а кон извршната директорка како да постапува.
Веќе втор месец јас лично добивам закани, притисоци, кои на ниту еден начин не се испровоцирани, ниту е даден повод и причина, а во изминативе денови веќе кон извршната директорка на многу експлицитен начин се извршија одредени акти кои навлегуваат дури и во сферата на потешки криминални дејства и потешки дела на безбедноста. Станува збор за телефонски и закани упатени преку писма, а изминатата ноќ во 1.30 часот е запалено возилото на нашата извршна директорка, кое е во директна релација со претходното писмо каде на експлицитен начин се дадени рокови, ултиматиуми како треба да се однесува и да постапи на одредени лица кои го упатиле ова писмо, рече Ангелоски.
Побара брзо и одлучно постапување од надлежните институции и праша дали „државава е место каде некој треба да се грижи за својата безбедност“. Апелира до институции да ги заштитат нив како личности, како и интегритетот на комората како организација која, како што посочи, делува за економските случувања и на ниту еден случај нема допирни точки со вакви негативни појави. Заклучно со ноќешниот настан досега поднеле три пријави до Министерството за внатрешни работи, кое, како што рече, веќе постапува. На новинарско прашање на што се однесуваат заканите Ангелоски посочи дека според писмото што го добил како слика што му го испратила извршната директорка додека тој со државната делегација изминатите денови престојуваше во Дубаи, јасно се иницира дека станува збор за работи поврзани со ССК. Посочи дека не може да шпекулира и наведе дека можеби заканите се од структури кои се внатре или кои не се веќе во ССК, но оти оставаат на институциите да си ја завршат својата работа.
Заканите се однесуваат околу функционирањето на ССК, не станува збор за државна институција, туку за одредени лица кои можеби се внатре, кои можеби повеќе не се во Сојузот. Но, генерално од заканите и писмата тоа веќе го има во документациска форма и во МВР јасно иницира, се бара еве кон мене да поднесам оставка од здравствени причини и доколку не го сторам тоа дека знаете ќе ви се случи… имате ветувања од ваков или онаков тип, рече Ангелоски.

The post Запален автомобилот на директорка од ССК, раководството откри со какви смртни закани се соочуваат appeared first on Република.

]]>
ССК: Новиот Закон за електричен отпад наметнува нереално зголемени давачки за претпријатијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssk-noviot-zakon-za-elektrichen-otpad-nametnuva-nerealno-zgolemeni-davachki-za-pretprijatijata/ Wed, 12 Jan 2022 09:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=443590

Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема чија имплементација почна од 1 јануари 2022 година, не нуди квалитетно решение за намалување на штетните влијанија врз животната средина и за континуирано одржување на активната дејност и ликвидност на деловните субјекти зашто наметнува нереално зголемени давачки за претпријатијата, смета Сојузот на стопански комори (ССК).

Според ССК, спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со отпадната електрична и електронска опрема е прашање кои треба да биде соодветно регулирано што може да се постигне со измена и дополнување на Законот.

Со цел обезбедување еднаков економски и социјален пристап, трговските друштва кои вршат дејност на територијата на РМ и опфаќаат најголем дел од пазарот со електрична и електронска опрема, истакнуваат иницијатива за одложување на примената на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, како и намалување на висината на надоместоците кои се предвидени со законското решение. Овие надоместоци за управување со отпадна опрема кои ги плаќа производителот што пушта на пазар или како краен корисник увезува во државата, досега се движеа од 50 до 120 денари за килограм отпад, додека со законските измени неколку пати се зголемени и се движат од 100 до 350 денари за килограм отпад. Наведените цени се многу високи и нереални, дури повисоки и од Република Хрватска која е дел од ЕУ. Сето ова доведува до ценовно зголемување на сите производи и истото ќе падне и на товар на крајниот потрошувач, укажува ССК.

Оценка на Сојузот е дека согласно моменталната состојба во државата и воопшто, во светот, поврзана со корона пандемијата и енергетската криза, компаниите се спречени во навременото исполнување на законските обврски за постапување со електрична и електронска опрема. Особено потребен е подолг временски период за имплементирање и почнување со користење информациски систем наменет за водење на предвидените евиденции, поставување известувања и информирање за крајните корисници за сите промени со електричната и електронска опрема кои директно ќе влијаат врз нивното секојдневие и функционирање, усогласување на упатствата за употреба на опремата за домаќинствата со обврските за постапување со електрична и електронска опрема, како и за информирање на дистрибутерите со предвидените промени и нивно усогласување согласно законските измени.

ССК предочува и дека се уште не се усогласени и потпишани нови договори за постапување со електричната и електронска опрема со колективните постапувачи, како и дека се уште не се донесени ниту подзаконските акти кои треба да ги регулираат прашањата околу постапувањето со електричната и електронска опрема.

Економските оператори воопшто не беа вклучени во изготвување на законското решение, со што беа исклучени од можноста да придонесат кон донесување на ефикасна и применлива регулатива. Исто така треба да се има во предвид и опасноста законското решение да има спротивен резултат од очекуваниот и да го нагласи проблемот со создавање на диви депонии, забележува Сојузот.

Воедно истакнува дека проблемот е адресиран и до Министерството за животна средина и просторно планирање како и до Владата на РМ, но се уште нема одговор на иницијативата за организирање на работна средба.

Моменталната економска состојба не дозволува покачување на предвидениот надоместок. Сметаме дека наведеното е од исклучителна важност со цел заеднички да се делува кон превенција, а особено кон ефикасна имплементација на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и заеднички да се делува кон изнаоѓање на квалитетно решение за континуирано одржување на активната дејност и ликвидност на деловните субјекти која што е тесно врзана со нивното тековно работење, а кое се уште е дискутабилно со оглед на ситуацијата со која приватниот сектор се наоѓа, наведува ССК.

The post ССК: Новиот Закон за електричен отпад наметнува нереално зголемени давачки за претпријатијата appeared first on Република.

]]>

Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема чија имплементација почна од 1 јануари 2022 година, не нуди квалитетно решение за намалување на штетните влијанија врз животната средина и за континуирано одржување на активната дејност и ликвидност на деловните субјекти зашто наметнува нереално зголемени давачки за претпријатијата, смета Сојузот на стопански комори (ССК). Според ССК, спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со отпадната електрична и електронска опрема е прашање кои треба да биде соодветно регулирано што може да се постигне со измена и дополнување на Законот. Со цел обезбедување еднаков економски и социјален пристап, трговските друштва кои вршат дејност на територијата на РМ и опфаќаат најголем дел од пазарот со електрична и електронска опрема, истакнуваат иницијатива за одложување на примената на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, како и намалување на висината на надоместоците кои се предвидени со законското решение. Овие надоместоци за управување со отпадна опрема кои ги плаќа производителот што пушта на пазар или како краен корисник увезува во државата, досега се движеа од 50 до 120 денари за килограм отпад, додека со законските измени неколку пати се зголемени и се движат од 100 до 350 денари за килограм отпад. Наведените цени се многу високи и нереални, дури повисоки и од Република Хрватска која е дел од ЕУ. Сето ова доведува до ценовно зголемување на сите производи и истото ќе падне и на товар на крајниот потрошувач, укажува ССК. Оценка на Сојузот е дека согласно моменталната состојба во државата и воопшто, во светот, поврзана со корона пандемијата и енергетската криза, компаниите се спречени во навременото исполнување на законските обврски за постапување со електрична и електронска опрема. Особено потребен е подолг временски период за имплементирање и почнување со користење информациски систем наменет за водење на предвидените евиденции, поставување известувања и информирање за крајните корисници за сите промени со електричната и електронска опрема кои директно ќе влијаат врз нивното секојдневие и функционирање, усогласување на упатствата за употреба на опремата за домаќинствата со обврските за постапување со електрична и електронска опрема, како и за информирање на дистрибутерите со предвидените промени и нивно усогласување согласно законските измени. ССК предочува и дека се уште не се усогласени и потпишани нови договори за постапување со електричната и електронска опрема со колективните постапувачи, како и дека се уште не се донесени ниту подзаконските акти кои треба да ги регулираат прашањата околу постапувањето со електричната и електронска опрема. Економските оператори воопшто не беа вклучени во изготвување на законското решение, со што беа исклучени од можноста да придонесат кон донесување на ефикасна и применлива регулатива. Исто така треба да се има во предвид и опасноста законското решение да има спротивен резултат од очекуваниот и да го нагласи проблемот со создавање на диви депонии, забележува Сојузот. Воедно истакнува дека проблемот е адресиран и до Министерството за животна средина и просторно планирање како и до Владата на РМ, но се уште нема одговор на иницијативата за организирање на работна средба. Моменталната економска состојба не дозволува покачување на предвидениот надоместок. Сметаме дека наведеното е од исклучителна важност со цел заеднички да се делува кон превенција, а особено кон ефикасна имплементација на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и заеднички да се делува кон изнаоѓање на квалитетно решение за континуирано одржување на активната дејност и ликвидност на деловните субјекти која што е тесно врзана со нивното тековно работење, а кое се уште е дискутабилно со оглед на ситуацијата со која приватниот сектор се наоѓа, наведува ССК.

The post ССК: Новиот Закон за електричен отпад наметнува нереално зголемени давачки за претпријатијата appeared first on Република.

]]>