средно училиште Archives - Република https://republika.mk/tema/sredno-uchilishte/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 08:39:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png средно училиште Archives - Република https://republika.mk/tema/sredno-uchilishte/ 32 32 Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pretepal-dete-vo-uchilishte-vo-kochani-pa-so-noze-mu-vlegol-i-na-politsaets/ Thu, 17 Oct 2024 08:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=827910

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „насилство врз дете“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 15 октомври, во утринските часови, во дворот на средно училиште во Кочани, осомничениот извршил физичко насилство над дете родено 2008 година, удирајќи го со тупаници по лицето, носот и устата и нанесувајќи му телесни повреди.

Петнаесетина минути подоцна, кога полициски службеници дошле да го приведат лицето, осомничениот им се заканувал и ги навредувал. Во полициската станица во Кочани во еден момент и физички нападнал полицаец, удирајќи го со нога неколку пати во пределот на градниот кош и нозете со што му нанел телесни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „насилство врз дете“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Како што соопшти Јавното обвинителство, на 15 октомври, во утринските часови, во дворот на средно училиште во Кочани, осомничениот извршил физичко насилство над дете родено 2008 година, удирајќи го со тупаници по лицето, носот и устата и нанесувајќи му телесни повреди. Петнаесетина минути подоцна, кога полициски службеници дошле да го приведат лицето, осомничениот им се заканувал и ги навредувал. Во полициската станица во Кочани во еден момент и физички нападнал полицаец, удирајќи го со нога неколку пати во пределот на градниот кош и нозете со што му нанел телесни повреди. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец appeared first on Република.

]]>
Професорка нападната од колега во средно училиште https://republika.mk/vesti/crna-hronika/profesorka-napadnata-od-kolega-vo-sredno-uchilishte/ Thu, 26 Sep 2024 16:07:16 +0000 https://republika.mk/?p=819934

На 25.09 во 14.10 часот во ОВР Виница, Т.А.Д.(50) од Виница пријавила дека на 24.09.2024 на работното место во средно училиште во Виница била физички нападната од колегата М.С..

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

The post Професорка нападната од колега во средно училиште appeared first on Република.

Јаневска: Од јануари ќе има образовни асистенти во средните училишта за учениците со попреченост https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-od-januari-ke-ima-obrazovni-asistenti-vo-srednite-uchilishta-za-uchenitsite-so-poprechenost/ Tue, 10 Sep 2024 10:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=814914

Од јануари учениците со попреченост во средното образование ќе добијат образовни асистенти , најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа беше во посета на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром. Таму веќе работат 12 образовни асистенти за 15 деца со посебни потреби, а раководството очекува за некој ден да се докомплетира тимот.

Според министерката за образование и наука договори со образовни асистенти се потпишуваат и денеска, што значи, како што изјави, во следните денови асистентите постепено навлегуваат во училиштата.

Повеќе пати кажав дека ова што се случуваше годинава е одраз на чекањето на ребалансот на Буџетот и на релативното работење на училиштата на различни начини. Но, ресурсниот центар „Златан Сремец“ кој ја покрива оваа територија успешно го привршува процесот, денес во училиштево, а верувам и во другите има образовни асистенти, изјави министерката Јаневска, откако со в.д.градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски поделија таблети на четвртоодделенци од училиштето.

Јаневска повтори дека се работи на системско решение за ангажманот на образованите асистенти и оти со новите закони за основно, средно и средно стручно образование ќе се определи рок во кој ќе биде завршена целата постапка што ќе треба да биде готова до јуни.

Големата новина, рече Јаневска, е што обезбедуваме асистенти и за средните училишта, што досега не беше случај, а исто така и тоа што асистентите ќе го следат ученикот во целиот негов образован процес освен ако не престане потребата за асистент, ако асистентот одлучи да се исклучи од овој процес или на силно инсистирање на родителите кои ќе сметаат дека нивното дете би можело да постигне подобар успех со друг асистент бидејќи понекогаш е неопходна промена на асистент.

Очекува образовни асистенти во средите учичишта да има најрано во јануари 2025 година.

Законот многу скоро ќе биде ставен на јавна расправа, таа треба да заврши, па да помине на Влада, да се поднесе во Собрание. Многу скоро ќе биде ставен на јавна расправа, сите ќе можат да го видат и ќе можат и да реагираат ако имаат забелешки на некои членови, рече Јаневска.

Најавата за законска рамка за дуалното образование, како што појасни, ќе биде со Законот за средно стручно обарзование.

Почнуваме шест закони што се меѓусебно поврзани - закон за основно, за средно, за средно стручно образование, за образование на возрасни и закон за национална рамка на квалификации. Го додаваме и законот за учебници за да може проблемот да биде решен и да почнеме на мир следната година. Се надевам дека во октомври тој процес ќе биде завршен. Работиме на уште шест нови закони кои исто така треба брзо да се донесат - закон за наставници, за педагошка служба, за Државен испитен центар, работиме и на законот за високо обарзование. Во МОН не чека тешка и долга зима, но ние продолжуваме со исто темпо, изјави Јаневска.

The post Јаневска: Од јануари ќе има образовни асистенти во средните училишта за учениците со попреченост appeared first on Република.

]]>

Од јануари учениците со попреченост во средното образование ќе добијат образовни асистенти , најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа беше во посета на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром. Таму веќе работат 12 образовни асистенти за 15 деца со посебни потреби, а раководството очекува за некој ден да се докомплетира тимот. Според министерката за образование и наука договори со образовни асистенти се потпишуваат и денеска, што значи, како што изјави, во следните денови асистентите постепено навлегуваат во училиштата.
Повеќе пати кажав дека ова што се случуваше годинава е одраз на чекањето на ребалансот на Буџетот и на релативното работење на училиштата на различни начини. Но, ресурсниот центар „Златан Сремец“ кој ја покрива оваа територија успешно го привршува процесот, денес во училиштево, а верувам и во другите има образовни асистенти, изјави министерката Јаневска, откако со в.д.градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски поделија таблети на четвртоодделенци од училиштето.
Јаневска повтори дека се работи на системско решение за ангажманот на образованите асистенти и оти со новите закони за основно, средно и средно стручно образование ќе се определи рок во кој ќе биде завршена целата постапка што ќе треба да биде готова до јуни. Големата новина, рече Јаневска, е што обезбедуваме асистенти и за средните училишта, што досега не беше случај, а исто така и тоа што асистентите ќе го следат ученикот во целиот негов образован процес освен ако не престане потребата за асистент, ако асистентот одлучи да се исклучи од овој процес или на силно инсистирање на родителите кои ќе сметаат дека нивното дете би можело да постигне подобар успех со друг асистент бидејќи понекогаш е неопходна промена на асистент. Очекува образовни асистенти во средите учичишта да има најрано во јануари 2025 година.
Законот многу скоро ќе биде ставен на јавна расправа, таа треба да заврши, па да помине на Влада, да се поднесе во Собрание. Многу скоро ќе биде ставен на јавна расправа, сите ќе можат да го видат и ќе можат и да реагираат ако имаат забелешки на некои членови, рече Јаневска.
Најавата за законска рамка за дуалното образование, како што појасни, ќе биде со Законот за средно стручно обарзование.
Почнуваме шест закони што се меѓусебно поврзани - закон за основно, за средно, за средно стручно образование, за образование на возрасни и закон за национална рамка на квалификации. Го додаваме и законот за учебници за да може проблемот да биде решен и да почнеме на мир следната година. Се надевам дека во октомври тој процес ќе биде завршен. Работиме на уште шест нови закони кои исто така треба брзо да се донесат - закон за наставници, за педагошка служба, за Државен испитен центар, работиме и на законот за високо обарзование. Во МОН не чека тешка и долга зима, но ние продолжуваме со исто темпо, изјави Јаневска.

The post Јаневска: Од јануари ќе има образовни асистенти во средните училишта за учениците со попреченост appeared first on Република.

]]>
ФБИ објави фотографија од атентаторот на Трамп: Томас Крукс бил многу малтретиран во средното училиште https://republika.mk/vesti/svet/fbi-objavi-fotografija-od-atentatorot-na-tramp-tomas-kruks-bil-mnogu-maltretiran-vo-srednoto-uchilishte/ Sun, 14 Jul 2024 18:19:52 +0000 https://republika.mk/?p=796775

ФБИ објави официјална фотографија на Томас Метју Крукс, кој стои зад обидот за атентат врз Доналд Трамп на митингот во Пенсилванија.

Засега има малку официјални информации за него. ФБИ го идентификуваше седум часа по обидот за атентат. Дваесетгодишникот е од Бетел парк, Пенсилванија.

Тајната служба само накратко соопшти дека го „неутрализирала напаѓачот на митингот“.

„Волстрит џурнал“ објави дека истражителите пронашле експлозивни направи во автомобилот на Крукс.

Крукс, младиот човек кој го застрела Доналд Трамп, работел во кујната на дом за стари лица на само неколку минути возење од улицата каде што живеел, тврди Би-Би-Си.

Томас Метју Крукс дипломирал на средното училиште Бетел Парк во 2022 година.

Сакаме да ги испратиме нашите искрени желби за брзо и целосно закрепнување на Трамп и на оние кои присуствуваа на саботниот настан и на оние кои беа физички повредени или емотивно погодени од овој трагичен настан – се вели во соопштението на училиштето.

Ен-Би-Си објави дека Крукс бил меѓу повеќе од десетина ученици кои ја добиле наградата за математика и природни науки таа година, а неговиот соученик од средно училиште Џејсон Колер рекол дека Крукс бил осаменик кој бил многу малтретиран во средно училиште.

Како што рекол, Крукс секогаш носел ловечка облека и бил исмејуван поради начинот на кој се облекувал. Често седел сам на ручек.

Еден човек кој живее на улицата Крукс изјави дека бил шокиран кога се разбудил од веста дека неговиот сосед е одговорен за обидот за атентат.

Тоа е апсолутно лудо, рече Ендрју Бланко.

Бланко рече дека повеќето луѓе на блокот биле пријателски расположени, но тој ретко гледал или разговарал со некого во домот на Крукс.

Ден Грзибек, демократ кој е член на Советот на округот Алегени и живее по улицата од домот на напаѓачот во паркот Бетел, рече дека соседите не можат да веруваат дека убиецот живеел меѓу нив.

Тој рече дека минатата есен, кога се кандидирал за место во општинскиот совет, ги сретнал родителите на Крукс додека тропал на вратите во соседството.

Пентагон потврди дека Крукс немал врски со американската војска. Во списоците на гласачи во Пенсилванија е наведен Томас Метју Крукс со иста адреса и датум на раѓање како регистриран републиканец. Но, се чини дека Крукс направил донација од 15 долари на либерален PAC на Денот на инаугурацијата 2021 година, според записите на Федералната изборна комисија.

Американските власти пронајдоа експлозивни направи во автомобилот на Крукс, објави денеска „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори, а во неговиот дом биле пронајдени и експлозиви.

И весникот и ABC News објавија дека пушката на Крукс ја купил неговиот татко.

Инспекторите заплениле пушка АР-15 по атентатот на Трамп и се верува дека оружјето било користено во обидот за атентат, објавија Њујорк Тајмс и Вашингтон пост.

The post ФБИ објави фотографија од атентаторот на Трамп: Томас Крукс бил многу малтретиран во средното училиште appeared first on Република.

]]>

ФБИ објави официјална фотографија на Томас Метју Крукс, кој стои зад обидот за атентат врз Доналд Трамп на митингот во Пенсилванија. Засега има малку официјални информации за него. ФБИ го идентификуваше седум часа по обидот за атентат. Дваесетгодишникот е од Бетел парк, Пенсилванија. Тајната служба само накратко соопшти дека го „неутрализирала напаѓачот на митингот“. „Волстрит џурнал“ објави дека истражителите пронашле експлозивни направи во автомобилот на Крукс. Крукс, младиот човек кој го застрела Доналд Трамп, работел во кујната на дом за стари лица на само неколку минути возење од улицата каде што живеел, тврди Би-Би-Си. Томас Метју Крукс дипломирал на средното училиште Бетел Парк во 2022 година.
Сакаме да ги испратиме нашите искрени желби за брзо и целосно закрепнување на Трамп и на оние кои присуствуваа на саботниот настан и на оние кои беа физички повредени или емотивно погодени од овој трагичен настан – се вели во соопштението на училиштето.
Ен-Би-Си објави дека Крукс бил меѓу повеќе од десетина ученици кои ја добиле наградата за математика и природни науки таа година, а неговиот соученик од средно училиште Џејсон Колер рекол дека Крукс бил осаменик кој бил многу малтретиран во средно училиште. Како што рекол, Крукс секогаш носел ловечка облека и бил исмејуван поради начинот на кој се облекувал. Често седел сам на ручек. Еден човек кој живее на улицата Крукс изјави дека бил шокиран кога се разбудил од веста дека неговиот сосед е одговорен за обидот за атентат.
Тоа е апсолутно лудо, рече Ендрју Бланко.
Бланко рече дека повеќето луѓе на блокот биле пријателски расположени, но тој ретко гледал или разговарал со некого во домот на Крукс. Ден Грзибек, демократ кој е член на Советот на округот Алегени и живее по улицата од домот на напаѓачот во паркот Бетел, рече дека соседите не можат да веруваат дека убиецот живеел меѓу нив. Тој рече дека минатата есен, кога се кандидирал за место во општинскиот совет, ги сретнал родителите на Крукс додека тропал на вратите во соседството. Пентагон потврди дека Крукс немал врски со американската војска. Во списоците на гласачи во Пенсилванија е наведен Томас Метју Крукс со иста адреса и датум на раѓање како регистриран републиканец. Но, се чини дека Крукс направил донација од 15 долари на либерален PAC на Денот на инаугурацијата 2021 година, според записите на Федералната изборна комисија. Американските власти пронајдоа експлозивни направи во автомобилот на Крукс, објави денеска „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори, а во неговиот дом биле пронајдени и експлозиви. И весникот и ABC News објавија дека пушката на Крукс ја купил неговиот татко. Инспекторите заплениле пушка АР-15 по атентатот на Трамп и се верува дека оружјето било користено во обидот за атентат, објавија Њујорк Тајмс и Вашингтон пост.  

The post ФБИ објави фотографија од атентаторот на Трамп: Томас Крукс бил многу малтретиран во средното училиште appeared first on Република.

]]>
Почна електронското пријавување за упис во средно, ќе трае до 25 јуни https://republika.mk/vesti/makedonija/pochna-elektronskoto-prijavuvane-za-upis-vo-sredno-ke-trae-do-25-juni/ Thu, 20 Jun 2024 08:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=789220

Од денеска до следниот вторник, 25 јуни, во тек е првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година.

Пријавувањето се одвива преку линк до порталот на електронски услуги на МОН (https://e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички профили на schools.mk.

„Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/најава“, информираат од Министерството за образование.

Најдоцна до 26 јуни до 9 часот секое училиште треба да ја објави конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места останати по првото пријавување.

Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање, ќе се организира на 28 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 28 јуни на јавно место во училиштето.

Второто пријавување во јунскиот рок ќе биде на 1 и 2 јули.

The post Почна електронското пријавување за упис во средно, ќе трае до 25 јуни appeared first on Република.

]]>

Од денеска до следниот вторник, 25 јуни, во тек е првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето се одвива преку линк до порталот на електронски услуги на МОН (https://e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички профили на schools.mk.
„Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/најава“, информираат од Министерството за образование.
Најдоцна до 26 јуни до 9 часот секое училиште треба да ја објави конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места останати по првото пријавување. Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање, ќе се организира на 28 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 28 јуни на јавно место во училиштето. Второто пријавување во јунскиот рок ќе биде на 1 и 2 јули.  

The post Почна електронското пријавување за упис во средно, ќе трае до 25 јуни appeared first on Република.

]]>
По тепачката на докторките, сега се степале професорки во средно училиште во Битола https://republika.mk/vesti/crna-hronika/po-tepachkata-na-doktorkite-sega-se-stepale-profesorki-vo-sredno-uchilishte-vo-bitola/ Fri, 19 Apr 2024 10:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=767952

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР.

Од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Неодамна вест за тепачка меѓу други две колешки дојде и од битолската болница, каде се пресметале две докторки од Одделението за психијатрија.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-bitolskata-bolnitsa-se-stepale-doktorki-psihijatri/

The post По тепачката на докторките, сега се степале професорки во средно училиште во Битола appeared first on Република.

]]>

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. Неодамна вест за тепачка меѓу други две колешки дојде и од битолската болница, каде се пресметале две докторки од Одделението за психијатрија. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-bitolskata-bolnitsa-se-stepale-doktorki-psihijatri/  

The post По тепачката на докторките, сега се степале професорки во средно училиште во Битола appeared first on Република.

]]>
Професор од тетовско средно училиште пријавен дека нападнал ученик https://republika.mk/vesti/crna-hronika/profesor-od-tetovsko-sredno-uchilishte-prijaven-deka-napadnal-uchenik/ Fri, 15 Mar 2024 12:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=755098

Триесет и деветгодишната И.М. од тетовско село, вчера во 16 часот и 10 часот во СВР Тетово пријавила дека околу 13 часот и 10 минути во тетовско средно училиште во кое учел нејзиниот малолетен син, професорот И.Н. се однесувал агресивно кон него и му нанел повреда со тврд предмет.

Од тетовската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Професор од тетовско средно училиште пријавен дека нападнал ученик appeared first on Република.

]]>

Триесет и деветгодишната И.М. од тетовско село, вчера во 16 часот и 10 часот во СВР Тетово пријавила дека околу 13 часот и 10 минути во тетовско средно училиште во кое учел нејзиниот малолетен син, професорот И.Н. се однесувал агресивно кон него и му нанел повреда со тврд предмет. Од тетовската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Професор од тетовско средно училиште пријавен дека нападнал ученик appeared first on Република.

]]>
Уписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни https://republika.mk/vesti/makedonija/uspisite-na-uchenitsi-vo-sredno-obrazovanie-vo-dve-prijavuvana-vo-juni/ Thu, 15 Jun 2023 10:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=651686

Пријавувањето и запишувањето на учениците во средните училишта ќе биде во еден уписен рок со две пријавувања во јуни. Пријавувањето е почнато со електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk, со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Според Конкурсот на МОН за запишување во прва година средно образование, првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до 24 часот и на 21 јуни до 15 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет-страницата www.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во учебната 2020/2021.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени истиот ден на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Второто пријавување на учениците за уоис во средно образование ќе биде на 27 јуни до 24 часот и на 29 јуни до 10 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на www.mon.gov.mk најдоцна до 13 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 15 до 19 часот и на 30 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификациско тестирање во второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24 часот.

Пријавувањето за упис во програмата Меѓународна матура во Средното училиште на Град Скопје Гимназија „Јосип Броз Тито” - Скопје беше спроведено од 3 до 12 мај 2023.

The post Уписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни appeared first on Република.

]]>

Пријавувањето и запишувањето на учениците во средните училишта ќе биде во еден уписен рок со две пријавувања во јуни. Пријавувањето е почнато со електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk, со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk. Според Конкурсот на МОН за запишување во прва година средно образование, првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до 24 часот и на 21 јуни до 15 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет-страницата www.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk. Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во учебната 2020/2021. Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени истиот ден на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk. Второто пријавување на учениците за уоис во средно образование ќе биде на 27 јуни до 24 часот и на 29 јуни до 10 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на www.mon.gov.mk најдоцна до 13 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 15 до 19 часот и на 30 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk. Квалификациско тестирање во второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24 часот. Пријавувањето за упис во програмата Меѓународна матура во Средното училиште на Град Скопје Гимназија „Јосип Броз Тито” - Скопје беше спроведено од 3 до 12 мај 2023.

The post Уписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни appeared first on Република.

]]>
Родител и се заканувал на наставничка на родителска во средно училиште во Центар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/roditel-i-se-zakanuval-na-nastavnichka-na-roditelska-vo-sredno-uchilishte-vo-tsentar/ Wed, 14 Jun 2023 17:19:25 +0000 https://republika.mk/?p=651437

На 13.06.2023 во 20.15 часот во Полициската станица Центар, Т.П.(50) од Скопје, наставничка во средно училиште на подрачје на Центар, пријавила дека за време на родителски состанок, З.Х.од Скопје, родител на ученичка, агресивно се однесувал и ѝ упатувал закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Родител и се заканувал на наставничка на родителска во средно училиште во Центар appeared first on Република.

]]>

На 13.06.2023 во 20.15 часот во Полициската станица Центар, Т.П.(50) од Скопје, наставничка во средно училиште на подрачје на Центар, пријавила дека за време на родителски состанок, З.Х.од Скопје, родител на ученичка, агресивно се однесувал и ѝ упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Родител и се заканувал на наставничка на родителска во средно училиште во Центар appeared first on Република.

]]>
Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“ https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-go-poseti-skopskoto-sredno-uchilishte-tsvetan-dimov/ Wed, 31 May 2023 14:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=646510

Претседателот имаше можност да се запознае со условите во училиштето, наставниот кадар и со учениците, при што беше информиран дека наставната програма се одвива на албански и на турски јазик, образувајќи ученици во здравствена и економско-правна, како и во трговска струка, информираа од кабинетот на Претседателот.

За време на посетата, претседателот Пендаровски имаше и свое обраќање во кое, како поранешен ученик на тогашната гимназија „Цветан Димов“, истакна дека за време на средношколските денови, покрај со образование, се стекнал и со соодветно воспитување.

Во продолжение е интегралниот текст на обраќањето на претседателот Пендаровски.

Денес ми е посебна чест да бидам со вас на отворениот ден на Средното  училиште на град Скопје „Цветан Димов“. Овој собир е убава можност за сите вас да се запознаете со наставните планови и програми на училиштето, насоките кои постојат, наставниот кадар и самиот простор во кои се одвива наставата. Сево ова треба да им помогне на полуматурантите, се разбира, со поддршка на нивните родители да го одберат училиштето, во кое ќе ги поминат средношколските денови.

Постои една изрека која вели дека во животот на секој човек најубави се годините што сме ги поминале во училиште, а, според мене, средношколскиот период е најдинамичен и најинтересен. Тоа е период кога се преминува од светот на децата во светот на возрасните. Средношколците имаат многу идеи, многу енергија и желби за иднината. Токму во средното училиште се доизградуваме како личности, го градиме својот интегритет како луѓе, почнуваме да препознаваме што сакаме да бидеме во животот и особено важно, создаваме другарства и пријателства кои траат со години.

За мене, оваа посета на „Цветан Димов“, има и посебно емоционално значење, затоа што токму тука ги поминав моите средношколски денови и со голема радост и задоволство се сеќавам на тој период од мојот живот. Во тоа време имав чест и привилегија, во „Цветан Димов“ да ми предаваат професори кои освен знаење и вештини ни даваа и љубов и внимание и кои знаеја како да го направат наставниот материјал интересен за учење.

Ова сакам посебно да го нагласам, важно е во училиштата, освен солидно образование, да имаме можност да добиеме и добро воспитание. Покрај родителите и семејството, учителите и професорите се најважниот фактор за правилно воспитување на младите луѓе и усвојување на моралните вредности.

На страна мојата кариера, сигурен сум дека образованието и воспитувањето што ги имам добиено на времето од моите професори во тогашната гимназија Цветан Димов ми помогнаа да се изградам во морална личност, во човек кој никогаш не ги делел луѓето по вера и нација и кој секогаш покажувал солидарност кон оние меѓу нас на кои им треба помош и поддршка.

Колку што сум информиран, сега имате и понуда со навистина голем број на  интересни насоки, настава која се одвива на два јазици и  навистина мислам дека Средното училиште на град Скопје „Цветан Димов“ е одличен избор за вас.

Најискрено ви посакувам да уживате во средношколските денови, да бидете што е можно повеќе во интеракција едни со други. Дружете се повеќе во живо, а помалку на социјалните мрежи, на интернет и на мобилни телефони, спортувајте, читајте, информирајте се и помагајте си едни на други. Прашувајте, истражувајте, бидете слободни и свои и придонесувајте во светот во кој сите ние живееме да има повеќе мир, повеќе слога и повеќе среќа за секого.

The post Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“ appeared first on Република.

Инцидент во центарско средно училиште, нападнати ученици https://republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-vo-tsentarsko-sredno-uchilishte-napadnati-uchenitsi/ Fri, 03 Mar 2023 16:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=615676

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје, Б.Р.(18) од Скопје пријавил дека во средно училиште на подрачјето на Центар, каде учи, тој и негов соученик биле физички нападнати од две лица, од кои едното имало остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Инцидент во центарско средно училиште, нападнати ученици appeared first on Република.

]]>

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје, Б.Р.(18) од Скопје пријавил дека во средно училиште на подрачјето на Центар, каде учи, тој и негов соученик биле физички нападнати од две лица, од кои едното имало остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Инцидент во центарско средно училиште, нападнати ученици appeared first on Република.

]]>
Пристигнати се над 14.500 апликации за запишување во средните училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/pristignati-se-nad-14-500-aplikacii-za-zapishuvanje-vo-srednite-uchilishta/ Wed, 15 Jun 2022 16:05:40 +0000 https://republika.mk/?p=515652

Над 14.500 пријави се пристигнати во базата на податоци на системот за електронско аплицирање на учениците за прва година во средните училишта, модел кој за прв пат се воведе оваа година. Целокупната подготовка од страна на МОН, како и достапноста на порталот за пријавување, резултираше со евидентно порелаксиран процес споредбено со сите минати години и веќе утрово до 08.00 часот имаме апликации на околу 75% од сите ученици, а до крајот на денот очекуваме процентот да биде достигне до 90%.

Ова го истакна министерот за образование и наука д-р Јетон Шаќири на денешната прес конференција, напоменувајќи дека се намалени гужвите во средните училишта во сегментот на пријавување, со што се минимизираа неизвесноста и нервозите од исходот на самиот упис.

На 16-ти и 17-ти јуни училишните комисии ќе извршат проверка на идентичноста на податоците од апликациите со доставените документи, а веќе на 18-ти ќе бидат објавени и конечните ранг листи на огласните табли на училиштата и на веб страницата на Министерството за образование и наука, истакна министерот.

Воедно, тој, најави неколку новини кои се планирани за следната година, надграден Е-дневник со полесни функционалности, побрзи сервери што во текот на работата на наставниците ќе им овозможи на наставниците непречена работа, мобилна апликација на е-дневник, како и подобра комуникација во реално време со родителите.

Воведување на електронско свидетелство, автоматско внесување на оценките во е-дневник при аплицирање на основци во средно, како и работиме на идејата за имплементација на нов Higher education management system (HEMIS) за автоматско аплицирање за матурантите на универзитетите. Исто така се планира целосна електронска евиденција на сите студенти од универзитетите и овозможување непречено реализирање на студентските права, рече министерот.

Секоја новина, рече тој, кај сите нас предизвикува страв и несигурност.

Овој пат сум сигурен дека ова е еден голем чекор напред во насока на дигитализација и осовременување на целокупниот образовен процес и дека сме на вистинскиот пат, рече Шаќири.

The post Пристигнати се над 14.500 апликации за запишување во средните училишта appeared first on Република.

]]>

Над 14.500 пријави се пристигнати во базата на податоци на системот за електронско аплицирање на учениците за прва година во средните училишта, модел кој за прв пат се воведе оваа година. Целокупната подготовка од страна на МОН, како и достапноста на порталот за пријавување, резултираше со евидентно порелаксиран процес споредбено со сите минати години и веќе утрово до 08.00 часот имаме апликации на околу 75% од сите ученици, а до крајот на денот очекуваме процентот да биде достигне до 90%. Ова го истакна министерот за образование и наука д-р Јетон Шаќири на денешната прес конференција, напоменувајќи дека се намалени гужвите во средните училишта во сегментот на пријавување, со што се минимизираа неизвесноста и нервозите од исходот на самиот упис.
На 16-ти и 17-ти јуни училишните комисии ќе извршат проверка на идентичноста на податоците од апликациите со доставените документи, а веќе на 18-ти ќе бидат објавени и конечните ранг листи на огласните табли на училиштата и на веб страницата на Министерството за образование и наука, истакна министерот.
Воедно, тој, најави неколку новини кои се планирани за следната година, надграден Е-дневник со полесни функционалности, побрзи сервери што во текот на работата на наставниците ќе им овозможи на наставниците непречена работа, мобилна апликација на е-дневник, како и подобра комуникација во реално време со родителите.
Воведување на електронско свидетелство, автоматско внесување на оценките во е-дневник при аплицирање на основци во средно, како и работиме на идејата за имплементација на нов Higher education management system (HEMIS) за автоматско аплицирање за матурантите на универзитетите. Исто така се планира целосна електронска евиденција на сите студенти од универзитетите и овозможување непречено реализирање на студентските права, рече министерот.
Секоја новина, рече тој, кај сите нас предизвикува страв и несигурност.
Овој пат сум сигурен дека ова е еден голем чекор напред во насока на дигитализација и осовременување на целокупниот образовен процес и дека сме на вистинскиот пат, рече Шаќири.
 
The post Пристигнати се над 14.500 апликации за запишување во средните училишта appeared first on Република.

]]>
Почнува електронското аплицирање за запишување во средните училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-elektronskoto-apliciranje-za-zapishuvanje-vo-srednite-uchilishta/ Fri, 10 Jun 2022 06:57:42 +0000 https://republika.mk/?p=513411

Од денеска во 10 часот до 15 часот на 15 јуни учениците ќе пополнуваат пријави и електронски ќе аплицираат за запишување во средните училишта за учебната 2022/2023 година. Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk.

Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16 јуни на интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk и на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата ќе биде на 16 јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19 часот, според распоред што ќе го подготви секое училиште.

МОН годинава ја воведе новата дигиталната услуга со цел да се оптимизира целиот процес на уписи во средните училишта. Во периодот додека системот за аплицирање биде достапен за учениците, тие ќе може да прават ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, појаснуваат од Министерството за образование и наука.

Доколку до рокот за електронско аплицирање, 15 јуни, учениците сè уште го немаат добиено свидетелството за IX одделение, ќе ги внесат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за IX одделение (во полето за прикачување) ќе прикачат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ќе ја завршат апликацијата. Свидетелството од IX-то одделение задолжително ќе го приложат до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16 и 17 јуни.

Министерството за образование и наука на крајот на март го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година, во кој се наведени условите за запишување и критериуми за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците, роковите за пријавување и насоки за спроведување на Конкурсот.

The post Почнува електронското аплицирање за запишување во средните училишта appeared first on Република.

]]>

Од денеска во 10 часот до 15 часот на 15 јуни учениците ќе пополнуваат пријави и електронски ќе аплицираат за запишување во средните училишта за учебната 2022/2023 година. Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk. Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16 јуни на интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk и на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата ќе биде на 16 јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19 часот, според распоред што ќе го подготви секое училиште. МОН годинава ја воведе новата дигиталната услуга со цел да се оптимизира целиот процес на уписи во средните училишта. Во периодот додека системот за аплицирање биде достапен за учениците, тие ќе може да прават ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.
Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, појаснуваат од Министерството за образование и наука.
Доколку до рокот за електронско аплицирање, 15 јуни, учениците сè уште го немаат добиено свидетелството за IX одделение, ќе ги внесат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за IX одделение (во полето за прикачување) ќе прикачат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ќе ја завршат апликацијата. Свидетелството од IX-то одделение задолжително ќе го приложат до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16 и 17 јуни. Министерството за образование и наука на крајот на март го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година, во кој се наведени условите за запишување и критериуми за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците, роковите за пријавување и насоки за спроведување на Конкурсот.

The post Почнува електронското аплицирање за запишување во средните училишта appeared first on Република.

]]>
Директор на кичевско средно училите „бегајќи од часови“, се збогатил за милион и 700 илјади денари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/direktor-na-kichevsko-sredno-uchilite-begajkji-od-chasovi-se-zbogatil-za-milion-i-700-iljadi-denari/ Mon, 11 Apr 2022 16:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=486910

Директор на училиште во Кичево противправно стекнал милиони па заработи кривична пријава
t

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.Б.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој, во својство на директор на Општинско средно училиште во Кичево, во повеќе наврати ја кршел работната дисциплина со неоправдано отсуство од работа по три последователни работни дена и се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 1.694.379 денари и на неколку професори од школото им овозможил да се стекнат со вкупна противправна имотна корист од 3.673.532 денари.

The post Директор на кичевско средно училите „бегајќи од часови“, се збогатил за милион и 700 илјади денари appeared first on Република.

]]>

Директор на училиште во Кичево противправно стекнал милиони па заработи кривична пријава t ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.Б.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во својство на директор на Општинско средно училиште во Кичево, во повеќе наврати ја кршел работната дисциплина со неоправдано отсуство од работа по три последователни работни дена и се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 1.694.379 денари и на неколку професори од школото им овозможил да се стекнат со вкупна противправна имотна корист од 3.673.532 денари.

The post Директор на кичевско средно училите „бегајќи од часови“, се збогатил за милион и 700 илјади денари appeared first on Република.

]]>
МОН објави Конкурсот за запишување во средно образование за учебната 2022/2023 година https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-objavi-konkursot-za-zapishuvanje-vo-sredno-obrazovanie-za-uchebnata-2022-2023-godina/ Thu, 31 Mar 2022 08:41:35 +0000 https://republika.mk/?p=481266

Министерството за образование го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година во Република Македонија.

Конкурсот може да го погледнете на следниот ЛИНК.

The post МОН објави Конкурсот за запишување во средно образование за учебната 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година во Република Македонија. Конкурсот може да го погледнете на следниот ЛИНК.  

The post МОН објави Конкурсот за запишување во средно образование за учебната 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>
Дрога во средно училиште во Тетово, уапсени двајца ученици https://republika.mk/vesti/crna-hronika/droga-vo-sredno-uchilishte-vo-tetovo-uapseni-dvajca-uchenici/ Thu, 17 Mar 2022 14:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=474399

Од тетовската полиција информираат дека вчера во средно училиште имало приведување на ученици кај кои била најдена марихуана. Според информацијата на СВР Тетово, малолетниците се лишени од слобода во присуство на нивни родители.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 18.45 часот, во дворот на тетовското средно училиште во кое учеле, во присуство на нивните родители, лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско село, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Се расчистува и документира случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на вчерашниот ден приведени се уште три лица, кај кои при преглед е најдена марихуана.

Околу 21.20 часот, на регионалниот пат во тетовското Долно Палчиште, лишени од слобода се А.К.(24), М.С.(29) и Ф.И.(23), тројцата од ова село, затоа што при нивен и преглед на возилото „форд“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, а го управувал А.К. била пронајдена марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица, информира Јосифоски.

Во билтенот на случувања евидентирано е дека и во кругот на Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово била пронајдена марихуана, по што е направен увид.

The post Дрога во средно училиште во Тетово, уапсени двајца ученици appeared first on Република.

]]>

Од тетовската полиција информираат дека вчера во средно училиште имало приведување на ученици кај кои била најдена марихуана. Според информацијата на СВР Тетово, малолетниците се лишени од слобода во присуство на нивни родители.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 18.45 часот, во дворот на тетовското средно училиште во кое учеле, во присуство на нивните родители, лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско село, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Се расчистува и документира случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во текот на вчерашниот ден приведени се уште три лица, кај кои при преглед е најдена марихуана.
Околу 21.20 часот, на регионалниот пат во тетовското Долно Палчиште, лишени од слобода се А.К.(24), М.С.(29) и Ф.И.(23), тројцата од ова село, затоа што при нивен и преглед на возилото „форд“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, а го управувал А.К. била пронајдена марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица, информира Јосифоски. Во билтенот на случувања евидентирано е дека и во кругот на Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово била пронајдена марихуана, по што е направен увид.

The post Дрога во средно училиште во Тетово, уапсени двајца ученици appeared first on Република.

]]>
70 отсто од средношколците се сведоци на насилство во училиштата, ама не го пријавуваат https://republika.mk/vesti/makedonija/70-otsto-od-srednoshkolcite-se-svedoci-na-nasilstvo-vo-uchilishtata-ama-ne-go-prijavuvaat/ Thu, 10 Mar 2022 13:07:22 +0000 https://republika.mk/?p=470662

Високи 70 отсто од средношколците се сведоци се на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како да пријават, а да останат аноними пријавувачи. Висок процент на ученици, односно 82,3%, одговориле дека наставниот кадар посветува најмногу време на ваква едукација.

Ова го истакна Бојана Мијовиќ Христовска, програмската директорка на тинк тенк организацијата „Аналитика“ при отворањето на настанот „Промовирање на култура на мир и спречување на насилство во образование систем во Макеоднија“.

Тинк тенк организацијата „Аналитика“ спроведе квантитативно истражување со учениците од три средни училишта на територијата на Град Скопје (СУГС „Здравко Цветковски”, СУГС „Зеф Љуш Марку “и СУГС”„Шаип Јусуф”).

Мијовиќ Христовска истакна дека дури 62,7% од учениците потврдуваат дека насилството е често или постојано присутно во училишната средина. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо, а според учениците во висок процент е присутно психичкото и сајбер насилството.

Истражувањето беше спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици во училишта со мешан етнички состав. Целта на ова истражување беше да се утврдат видовите на насилство на кои се изложени учениците во средните училишта, согледување на улогата на наставниците во превенција и делување при насилно однесување во училиштата, но и на останатите чинители во образовниот систем како што се психолошко-педагошката служба, надлежните институции и родителите.
.
Анета Трпевска, државната секретарка од Министерството за образование и наука имаше воведено обраќање на настанот при што истакна дека исклучиво е важно да се негува култура на мир и ненасилство во образовниот систем во Македонија. Воедно укажа на сите реформи кои Министерството ги подготвува во насока на спречување на насилството и ја потврди потребата од понатамошна едукација на сите чинители во овој процес, со цел рано детектирање на формите на насилство и спречување на истите. Дополнително истакна дека Министерството за образование и наука останува партнер во овој процес.

Маја Христовска од Аналитика напомена дека кај 43% од учениците доминира одговорот дека насилството е најчесто прекинато од страна на наставниците во училиштето, што посочува на важноста на улогата на наставниот кадар во креирањето на безбедна училишна средина. Воедно истакна дека високи 83,6% покажуваат дека девојчињата се почестите жртви на родово базираното насилство во училиштата. Родово базираното насилство како и родовата рамноправност се уште претставуваат една од најгорливите теми во нашата заедница, па и во училиштата. Кога зборуваме за нашето општество, можеме и да додадеме дека родово базираното насилство се третира како табу-тема, отсуствува едукација, како и помош и поддршка на младите девојки.

Професорите од трите средни училишта на територијата на Град Скопје на панел дискусијата истакнаа дека училиштата, се исклучително важни во процесот на препознавање и пријавување на случаите на насилство, каде може рано да се открие насилството врз децата, со цел спречување на истото. Важно е да се воспостави отворен и коректен однос помеѓу учениците, наставниците и родителите бидејќи тоа помага во намалување на насилството во училиштата.
Потребно е стручната служба да работи на развој на конкретни програми за подигање на свесноста за постоење на насилството, на многу повисоко ниво. Потребна е едукација на учениците за превенција од насилство, што ќе придонесе во намалување на насилството во училиштата. За таа цел, клучно е континуирано да се вложува во личниот и професионалниот развој на наставниот кадар и стручните служби во училиштата, со цел истите да стекнат и развијат поголеми вештини и компетенции кои би придонеле во креирањето на подобра училишна клима.

Истражувањето е изработено во рамки на проектот „Развој на култура на мир и превенција на насилство, како основни вредности во образовниот систем во Македонија”, што го спроведува Аналитика - Скопје, со финансиска поддршка од Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Македонија.

The post 70 отсто од средношколците се сведоци на насилство во училиштата, ама не го пријавуваат appeared first on Република.

]]>

Високи 70 отсто од средношколците се сведоци се на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како да пријават, а да останат аноними пријавувачи. Висок процент на ученици, односно 82,3%, одговориле дека наставниот кадар посветува најмногу време на ваква едукација. Ова го истакна Бојана Мијовиќ Христовска, програмската директорка на тинк тенк организацијата „Аналитика“ при отворањето на настанот „Промовирање на култура на мир и спречување на насилство во образование систем во Макеоднија“. Тинк тенк организацијата „Аналитика“ спроведе квантитативно истражување со учениците од три средни училишта на територијата на Град Скопје (СУГС „Здравко Цветковски”, СУГС „Зеф Љуш Марку “и СУГС”„Шаип Јусуф”). Мијовиќ Христовска истакна дека дури 62,7% од учениците потврдуваат дека насилството е често или постојано присутно во училишната средина. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо, а според учениците во висок процент е присутно психичкото и сајбер насилството. Истражувањето беше спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици во училишта со мешан етнички состав. Целта на ова истражување беше да се утврдат видовите на насилство на кои се изложени учениците во средните училишта, согледување на улогата на наставниците во превенција и делување при насилно однесување во училиштата, но и на останатите чинители во образовниот систем како што се психолошко-педагошката служба, надлежните институции и родителите. . Анета Трпевска, државната секретарка од Министерството за образование и наука имаше воведено обраќање на настанот при што истакна дека исклучиво е важно да се негува култура на мир и ненасилство во образовниот систем во Македонија. Воедно укажа на сите реформи кои Министерството ги подготвува во насока на спречување на насилството и ја потврди потребата од понатамошна едукација на сите чинители во овој процес, со цел рано детектирање на формите на насилство и спречување на истите. Дополнително истакна дека Министерството за образование и наука останува партнер во овој процес. Маја Христовска од Аналитика напомена дека кај 43% од учениците доминира одговорот дека насилството е најчесто прекинато од страна на наставниците во училиштето, што посочува на важноста на улогата на наставниот кадар во креирањето на безбедна училишна средина. Воедно истакна дека високи 83,6% покажуваат дека девојчињата се почестите жртви на родово базираното насилство во училиштата. Родово базираното насилство како и родовата рамноправност се уште претставуваат една од најгорливите теми во нашата заедница, па и во училиштата. Кога зборуваме за нашето општество, можеме и да додадеме дека родово базираното насилство се третира како табу-тема, отсуствува едукација, како и помош и поддршка на младите девојки. Професорите од трите средни училишта на територијата на Град Скопје на панел дискусијата истакнаа дека училиштата, се исклучително важни во процесот на препознавање и пријавување на случаите на насилство, каде може рано да се открие насилството врз децата, со цел спречување на истото. Важно е да се воспостави отворен и коректен однос помеѓу учениците, наставниците и родителите бидејќи тоа помага во намалување на насилството во училиштата. Потребно е стручната служба да работи на развој на конкретни програми за подигање на свесноста за постоење на насилството, на многу повисоко ниво. Потребна е едукација на учениците за превенција од насилство, што ќе придонесе во намалување на насилството во училиштата. За таа цел, клучно е континуирано да се вложува во личниот и професионалниот развој на наставниот кадар и стручните служби во училиштата, со цел истите да стекнат и развијат поголеми вештини и компетенции кои би придонеле во креирањето на подобра училишна клима. Истражувањето е изработено во рамки на проектот „Развој на култура на мир и превенција на насилство, како основни вредности во образовниот систем во Македонија”, што го спроведува Аналитика - Скопје, со финансиска поддршка од Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Македонија.

The post 70 отсто од средношколците се сведоци на насилство во училиштата, ама не го пријавуваат appeared first on Република.

]]>