Директор на училиште во Кичево противправно стекнал милиони па заработи кривична пријава
t

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.Б.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој, во својство на директор на Општинско средно училиште во Кичево, во повеќе наврати ја кршел работната дисциплина со неоправдано отсуство од работа по три последователни работни дена и се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 1.694.379 денари и на неколку професори од школото им овозможил да се стекнат со вкупна противправна имотна корист од 3.673.532 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.