средни училишта Archives - Република https://republika.mk/tema/sredni-uchilishta/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Mar 2024 08:39:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png средни училишта Archives - Република https://republika.mk/tema/sredni-uchilishta/ 32 32 Објавен Конкурсот за запишување во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 https://republika.mk/vesti/makedonija/objaven-konkursot-za-zapishuvane-vo-javnite-sredni-uchilishta-za-uchebnata-2024-2025/ Fri, 29 Mar 2024 08:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=760001

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година.

Во Конкурсот се наведени слободни места во училиштата во Град Скопје и општините низ државава за гимназиско, стручно и уметничко образование, за Математичко-информатичката гимназија, Спортската академија и за училиштата за настава на ученици со посебни образовни потреби.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk.

Во јунскиот уписен рок има две електронски пријавувања – првото ќе биде од 20 јуни до 25 јуни, кога ќе се доставува и потребната документација до училиштата. Конечната ранг-листа од првото пријавување ќе биде на 26 јуни.

Второто електронско пријавување ќе биде на 1 и 2 јули 2024 кога воедно ќе се доставуваат и документите до училиштата, а конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе ја објави на 3 јули 2024.

Во августовскиот уписен рок пријавувањето ќе се врши на 21 август 2024.

Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за запишување, насоки за спроведување на конкурсот, роковите за запишување со детали за полагање на квалификациските тестирања и за објавување на резултатите.

The post Објавен Конкурсот за запишување во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Во Конкурсот се наведени слободни места во училиштата во Град Скопје и општините низ државава за гимназиско, стручно и уметничко образование, за Математичко-информатичката гимназија, Спортската академија и за училиштата за настава на ученици со посебни образовни потреби. Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk. Во јунскиот уписен рок има две електронски пријавувања – првото ќе биде од 20 јуни до 25 јуни, кога ќе се доставува и потребната документација до училиштата. Конечната ранг-листа од првото пријавување ќе биде на 26 јуни. Второто електронско пријавување ќе биде на 1 и 2 јули 2024 кога воедно ќе се доставуваат и документите до училиштата, а конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе ја објави на 3 јули 2024. Во августовскиот уписен рок пријавувањето ќе се врши на 21 август 2024. Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за запишување, насоки за спроведување на конкурсот, роковите за запишување со детали за полагање на квалификациските тестирања и за објавување на резултатите.

The post Објавен Конкурсот за запишување во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 appeared first on Република.

]]>
Средното училиште „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес ќе прераснат во регионални центри за стручно образование https://republika.mk/vesti/makedonija/srednoto-uchilishte-nikola-karev-od-strumitsa-i-kole-nedelkovski-od-veles-ke-prerasnat-vo-regionalni-tsentri-za-struchno-obrazovanie/ Tue, 19 Dec 2023 14:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=724574

Владата на Република Македонија, во соработка со проектот на Европската Унија „Зголемување на атрактивноста инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“ (ИАИР), донесе одлука две средни општински училишта од Струмица и Велес да прераснат во регионални центри за стручно образование (СО).

Станува збор за училиштата „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес, кои со помош на Европската Унија ќе бидат целосно реконструирани.

По тој повод, ќе се одржат и две регионални конференции „Улогата на регионалните СОО центри за подобрување на системот за СОО во источниот регион“.

На конференциите ќе присуствуваат претставници на повеќе владини институции, на Делегацијата на Европската Унија, градоначалниците на општините во регионот, како и претставници од тимот на проектот ИАИР.

Во име на Министерството за образование и наука ќе се обрати државниот секретар, Билјана Казанџиска.

The post Средното училиште „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес ќе прераснат во регионални центри за стручно образование appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија, во соработка со проектот на Европската Унија „Зголемување на атрактивноста инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“ (ИАИР), донесе одлука две средни општински училишта од Струмица и Велес да прераснат во регионални центри за стручно образование (СО). Станува збор за училиштата „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес, кои со помош на Европската Унија ќе бидат целосно реконструирани. По тој повод, ќе се одржат и две регионални конференции „Улогата на регионалните СОО центри за подобрување на системот за СОО во источниот регион“. На конференциите ќе присуствуваат претставници на повеќе владини институции, на Делегацијата на Европската Унија, градоначалниците на општините во регионот, како и претставници од тимот на проектот ИАИР. Во име на Министерството за образование и наука ќе се обрати државниот секретар, Билјана Казанџиска.

The post Средното училиште „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес ќе прераснат во регионални центри за стручно образование appeared first on Република.

]]>
Во сите средни училишта во Велес има слободни места за третиот уписен рок https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-site-sredni-uchilishta-vo-veles-ima-slobodni-mesta-za-tretiot-upisen-rok/ Mon, 21 Aug 2023 20:55:23 +0000 https://republika.mk/?p=674359

Во третиот уписен рок во четирите средни училишта во Велес има уште вкупно 265 слободни места. Уписите почнаа денеска и ќе траат до утревечер до 24 часот. Освен во училиштето кандидатите може да се запишат и онлајн. Најмалку слободни места има во ССОУ „Коле Неделковски“.

Како што информираат од Општина Велес, од вкупно 830 слободни места во четирите средни училишта во Велес, во првите два уписни рока, пополнети се 565 места.

Во ССОУ „Коле Неделковски“ има слободни места за струките електроника и телекомуникации, техничар за транспорт и шпедиција, заварувач, автомеханичар, машински техничар за моторни возила.

Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во двете пријавувања во првиот уписен рок запишани се 106 ученика, од нив 84 ученици во македонските паралелки и 22 ученика во албанската паралелка. Во спортската паралелка, која работи во Гимназијата, а е засебен субјект, примени се 10 ученици, за фудбал.

Во Хемиското училиште ССОУ „Димитрија Чуповски“, како што информира за МИА директорот Петар Жабев, во двете пријавувања запишани се вкупно 135 ученици. Исполнет е профилот фармацевтски техничар и медицински лабораториско- санитарен техничар. Слободно место има само едно за медицинска сестра и едно за лични услуги. Слободни места најмногу има за физиотерапевт 18 , во одделението за месар –пекар има 27 и за техничар за заштита на животната средина 17 слободни места.

Во Економското „Јовче Тесличков“ има слободни места во сите смерови.

Пријавувањето е и утре до 24 часот, а списокот со пријавените кандидати ќе биде објавен на огласните табли во училиштата во среда на 23 август.

The post Во сите средни училишта во Велес има слободни места за третиот уписен рок appeared first on Република.

]]>

Во третиот уписен рок во четирите средни училишта во Велес има уште вкупно 265 слободни места. Уписите почнаа денеска и ќе траат до утревечер до 24 часот. Освен во училиштето кандидатите може да се запишат и онлајн. Најмалку слободни места има во ССОУ „Коле Неделковски“. Како што информираат од Општина Велес, од вкупно 830 слободни места во четирите средни училишта во Велес, во првите два уписни рока, пополнети се 565 места. Во ССОУ „Коле Неделковски“ има слободни места за струките електроника и телекомуникации, техничар за транспорт и шпедиција, заварувач, автомеханичар, машински техничар за моторни возила. Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во двете пријавувања во првиот уписен рок запишани се 106 ученика, од нив 84 ученици во македонските паралелки и 22 ученика во албанската паралелка. Во спортската паралелка, која работи во Гимназијата, а е засебен субјект, примени се 10 ученици, за фудбал. Во Хемиското училиште ССОУ „Димитрија Чуповски“, како што информира за МИА директорот Петар Жабев, во двете пријавувања запишани се вкупно 135 ученици. Исполнет е профилот фармацевтски техничар и медицински лабораториско- санитарен техничар. Слободно место има само едно за медицинска сестра и едно за лични услуги. Слободни места најмногу има за физиотерапевт 18 , во одделението за месар –пекар има 27 и за техничар за заштита на животната средина 17 слободни места. Во Економското „Јовче Тесличков“ има слободни места во сите смерови. Пријавувањето е и утре до 24 часот, а списокот со пријавените кандидати ќе биде објавен на огласните табли во училиштата во среда на 23 август.

The post Во сите средни училишта во Велес има слободни места за третиот уписен рок appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Преку социјалниот дијалог „Учи паметно, работи стручно“, ги информираме учениците за предностите на стручното образование https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-preku-sotsijalniot-dijalog-uchi-pametno-raboti-struchno-gi-informirame-uchenitsite-za-prednostite-na-struchnoto-obrazovanie/ Wed, 10 May 2023 13:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=639374

Јакнењето на професионалната и кариерна ориентација е еден од приоритетите на Министерството за образование и наука. Во Стратегијата за образованието 2018-2025, со акцискиот план е зацртано подобрувањето на услугите за професионална ориентација и кариерно насочување и тоа почнувајќи од основното, средното, стручното сè до високото образование. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната конференција на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Тетово, која беше посветена на предизвиците на наставниците и училишните психолози поврзани со професионално насочување на учениците.

„Донесовме Програма за професионална ориентација за учениците од осмо и деветто оделение, за да ја зголемиме нивната подготвеност за натамошното образование и проширување на нивните интереси за различни видови професии. Преку социјалниот дијалог „Учи паметно, работи стручно“, ги информираме за можностите и предностите на стручното образование, од аспект на брзо вработување но и проодноста кон високото образование“, рече Шаќири.

Тој информираше дека во средното образование во рамки на проектот “ЈЕС мрежа”, со финансиска поддршка на УСАИД, во 53 средни училишта беа воспоставени кариерни центри, со околу 200 кариерни советници, кои поминаа посебна обука и се оспособени преку употреба на различни техники да му помогнат на ученикот да ги спознае сопствените капацитети, вештини и интереси, со цел да направи вистински избор во однос на својот професионален развој.

Kако креатор на политиките во образованието, Министерството за образование и наука предложи нов Закон за средно образование, кој е во собраниска процедура и во рамки на кој кариерно советување на учениците станува законска обврска на средните училишта. Тоа го направивме и со новиот Закон за високо образование, со кој секој Универзитет има обврска да основа најмалку еден центар за кариера, кој води посебна евиденција за поранешни студенти, но и организира саеми за кариера на секој факултет, односно универзитет, истакна министерот за образование и наука.

На крајот од своето обраќање, Шаќири рече дека цел на МОН и на Владата е да изградат квалитетен систем на образование кој ќе овозможи секое дете целосно да го реализира својот потенцијал, за како што нагласи, да ја градиме државата како заедница на здрави, успешни и среќни граѓани.

The post Шаќири: Преку социјалниот дијалог „Учи паметно, работи стручно“, ги информираме учениците за предностите на стручното образование appeared first on Република.

]]>

Јакнењето на професионалната и кариерна ориентација е еден од приоритетите на Министерството за образование и наука. Во Стратегијата за образованието 2018-2025, со акцискиот план е зацртано подобрувањето на услугите за професионална ориентација и кариерно насочување и тоа почнувајќи од основното, средното, стручното сè до високото образование. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната конференција на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Тетово, која беше посветена на предизвиците на наставниците и училишните психолози поврзани со професионално насочување на учениците. „Донесовме Програма за професионална ориентација за учениците од осмо и деветто оделение, за да ја зголемиме нивната подготвеност за натамошното образование и проширување на нивните интереси за различни видови професии. Преку социјалниот дијалог „Учи паметно, работи стручно“, ги информираме за можностите и предностите на стручното образование, од аспект на брзо вработување но и проодноста кон високото образование“, рече Шаќири. Тој информираше дека во средното образование во рамки на проектот “ЈЕС мрежа”, со финансиска поддршка на УСАИД, во 53 средни училишта беа воспоставени кариерни центри, со околу 200 кариерни советници, кои поминаа посебна обука и се оспособени преку употреба на различни техники да му помогнат на ученикот да ги спознае сопствените капацитети, вештини и интереси, со цел да направи вистински избор во однос на својот професионален развој.
Kако креатор на политиките во образованието, Министерството за образование и наука предложи нов Закон за средно образование, кој е во собраниска процедура и во рамки на кој кариерно советување на учениците станува законска обврска на средните училишта. Тоа го направивме и со новиот Закон за високо образование, со кој секој Универзитет има обврска да основа најмалку еден центар за кариера, кој води посебна евиденција за поранешни студенти, но и организира саеми за кариера на секој факултет, односно универзитет, истакна министерот за образование и наука.
На крајот од своето обраќање, Шаќири рече дека цел на МОН и на Владата е да изградат квалитетен систем на образование кој ќе овозможи секое дете целосно да го реализира својот потенцијал, за како што нагласи, да ја градиме државата како заедница на здрави, успешни и среќни граѓани.

The post Шаќири: Преку социјалниот дијалог „Учи паметно, работи стручно“, ги информираме учениците за предностите на стручното образование appeared first on Република.

]]>
Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно https://republika.mk/vesti/makedonija/srednite-uchilishta-so-zdravstveni-struki-nema-da-zapishuvaat-uchenitsi-vonredno-2/ Wed, 22 Mar 2023 15:14:41 +0000 https://republika.mk/?p=622502

Во средните училишта во државава кои имаат насоки од здравствена струка повеќе не ќе може вонредно да се запишуваат ученици. Од Министерството за образование и наука за МИА потврдија дека во овие училишта е пратен допис со кој се бара запишувањето вонредни ученици да се стави во мирување.

Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка.

Неофицијално, заинтересирани се најчесто кандидати со завршено средно образование, кои се преквалификуваат со намера да стекнат диплома во овие области и да конкурираат за работа во странство.

МОН не ја прецизира причината за оваа одлука, но посочува дека таа е донесена за да се заштитат националните интереси.

-МОН испрати допис до сите училишта во кои се реализира здравствена струка, дека запишувањето  вонредни ученици се става во мирување. Одлуката е донесена во насока на заштита на националните интереси, а согласно анализа на состојбите на пазарот на трудот, велат од МОН за МИА. 

The post Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно appeared first on Република.

]]>

Во средните училишта во државава кои имаат насоки од здравствена струка повеќе не ќе може вонредно да се запишуваат ученици. Од Министерството за образование и наука за МИА потврдија дека во овие училишта е пратен допис со кој се бара запишувањето вонредни ученици да се стави во мирување. Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка. Неофицијално, заинтересирани се најчесто кандидати со завршено средно образование, кои се преквалификуваат со намера да стекнат диплома во овие области и да конкурираат за работа во странство. МОН не ја прецизира причината за оваа одлука, но посочува дека таа е донесена за да се заштитат националните интереси. -МОН испрати допис до сите училишта во кои се реализира здравствена струка, дека запишувањето  вонредни ученици се става во мирување. Одлуката е донесена во насока на заштита на националните интереси, а согласно анализа на состојбите на пазарот на трудот, велат од МОН за МИА. 

The post Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно appeared first on Република.

]]>
Повторно дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/povtorno-dojavi-za-bombi-vo-osum-sredni-uchilishta-vo-skopje/ Thu, 01 Dec 2022 14:30:28 +0000 https://republika.mk/?p=580557

На меил адреси на осум средни училишта во Скопје денеска повторно била упатена закана за поставена експлозивна направа, информираа за МИА од МВР.

Станува збор за училиштата „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“ и „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се презематаа мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Скопските средни училишта изминатиот период повеќепати добиваа закани за поставени бомби, за кои полицијата утврди дека биле лажни.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека станува збор за хибридни закани и оти очекува истрагата за лажните дојави на бомби наскоро да заврши.

The post Повторно дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>

На меил адреси на осум средни училишта во Скопје денеска повторно била упатена закана за поставена експлозивна направа, информираа за МИА од МВР. Станува збор за училиштата „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“ и „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се презематаа мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. Скопските средни училишта изминатиот период повеќепати добиваа закани за поставени бомби, за кои полицијата утврди дека биле лажни. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека станува збор за хибридни закани и оти очекува истрагата за лажните дојави на бомби наскоро да заврши.

The post Повторно дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>
Заканите за бомби пристигаат на адреси на професорите, дел од „испраќачите“ се ученици https://republika.mk/vesti/makedonija/zakanite-za-bombi-pristigaat-na-adresi-na-profesorite-del-od-isprakjachite-se-uchenici/ Thu, 17 Nov 2022 10:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=574822

Заканите за поставени бомби во средните училишта пристигнуваат на адреса на професори, тврдат извори на Република. Според нив дел од професорите добиваат пораки на нивна меил адреса дека има поставено експлозивна направа во зградата.

-Првата дојава кога беше, ние како професори не знаевме за што станува збор. Влегоа униформирани лица и ни рекоа дека има полициска вежба, да ја напуштиме зградата. Излеговме надвор и стоејќи пред врата запрашав еден од полицајците колку време ќе трае целата вежба, да знам дали имам време да седнам од спротива кафе да испијам. Тогаш полицаецот ми рече - ма каква вежба, дојава за бомба има, тргнете се настрана. Веќе за следната дојава се направи поголема паника меѓу професорите. Колешка, професорка, побара да се види со директорот на училиштето да разговара. Добила на меил порака за поставена бомба во зградата на училиштето. Директорот не сакал да посочи дали тоа се случува и кај други професори, или таа е единствената, по што колешката отиде во полициска станица. Оттаму ѝ кажале дека главно заканите стигаат на адреси на професори, но дека изборот очигледно е сосема случаен, дека не е намерно испратена таа закана кај неа - ни раскажа професорка од скопска гимназија која сакаше да остане анонимна.

Околу приведувањето на Никола Николовски како осомничено лице за дојавите за бомби, таа вели дека било траги-комично кога добиле порака од претпоставените дали имаат ученик со такво име и презиме, а воедно бил посочен и телефонскиот број кој бил оставен во пораката за наводно поставената бомба.

Добивме вибер порака дали имаме ученик со име и презиме Никола Николовски и притоа да го има телефонскиот број кој беше посочен во истата порака. Тоа е бројот кој бил оставен во самата порака, заедно со името и презимето. Таква комбинација на име и презиме не е ретка, но се испостави дека учениците со тоа име и презиме го немаат тој мобилен телефон. Многу набрзо слушнавме на телевизија дека е приведено лицето Никола Николовски. Имаше и порака од меил кој ги имаше податоците на еден ученик, но по направената проверка беше констатирано дека не се работи за тоа лице. Но, за него немаше фама, како што се направи за Никола Николовски - додава професорката.

Таа вели дека и меѓу професорите и меѓу учениците се создава паника.

Дел од учениците во тие денови кога имаше чести дојави за поставени бомби не доаѓаа во училиште. Некои родители не дозволуваа децата да одат на училиште, а некои пак, секако, ја користеа ситуацијата, под изговор дека им е страв за нивниот живот, не се појавуваа. Но има и професори кои се во паника. Дел имаат отворено боледувавања и не доаѓаат на работа. Реално, ова со заканите направи хаос со часовите - коментира професорката.

Помина речиси еден месец од првата дојава за поставени бомби во средни училишта во Скопје, а освен бламирањето со приведувањето на Никола Николовски, сѐ чини нема ништо конкретно. Нови дојави се случуваат секој втор ден. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека знаат од кои земји доаѓаат мејловите и дека „детално ги утврдуваат фактите“.

Има неколку карактеристики, сите се лажни, но по секоја мора да се постапува според протоколот. Сега постои и посебна европска конвенција за сајбер криминал за проценка на нивото на закана и тоа заедно го работиме. Содржините на мејловите се различни. Со терористи преговори нема, а кога има лажна најава, нема да што да разговараме и ги преземавме сите неопходни мерки. Заканата се појавува среда, четврток и петок и во една смена на училишта. Тоа се дел од работите кои се анализаираат. истагата е многу комплексна, не зошто учествуваат многу оддели од МВР, туку е сложена зошто ги утврдуваме ИП адресите. Се праќаат од надвор Хрватска, Швајцарија, се креираат виртуелни мејлови. Сите интернет провајдери кои можат да воспостават ваква конекција мора да дадат одговори и тие ги проследуваме до секторот за тероризам, вели Спасовски.

The post Заканите за бомби пристигаат на адреси на професорите, дел од „испраќачите“ се ученици appeared first on Република.

Денешните пријави за бомби во скопските средни училишта се лажни, утврди МВР https://republika.mk/vesti/crna-hronika/deneshnite-prijavi-za-bombi-vo-skopskite-sredni-uchilishta-se-lazni-utvrdi-mvr/ Fri, 11 Nov 2022 12:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=572755

Министерството за внатрешни работи информира дека денешните пријави за бомби се лажни.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението од МВР.

На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава беше упатена закана за поставена експлозивна направа. Вакви пријави има во изминатиот период во дел од училиштата во главниот град кои по направените проверки е утврдено дека се лажни.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неколкупати досега има изјавено дека имаат сознанија од каде се ипратени мејловите и дека се работи за хибридна закана.

The post Денешните пријави за бомби во скопските средни училишта се лажни, утврди МВР appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информира дека денешните пријави за бомби се лажни.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението од МВР.
На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава беше упатена закана за поставена експлозивна направа. Вакви пријави има во изминатиот период во дел од училиштата во главниот град кои по направените проверки е утврдено дека се лажни. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неколкупати досега има изјавено дека имаат сознанија од каде се ипратени мејловите и дека се работи за хибридна закана.

The post Денешните пријави за бомби во скопските средни училишта се лажни, утврди МВР appeared first on Република.

]]>
МОН доделува грантови до 500 евра за основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот и толеранцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-dodeluva-grantovi-do-500-evra-za-osnovni-i-sredni-uchilishta-za-unapreduvanje-na-multikulturalizmot-i-tolerancijata/ Wed, 09 Nov 2022 10:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=571815

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта, кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште.

Грантови се во висина до 30.000,00 денари и ќе бидат доделени на вкупно 95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми, велат од МОН.

Од МОН ги охрабруваат училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици.

Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.

Аплицирањето трае до 9.12.2022 година, а пријавувањето може да се направи на следниот линк Ms. Forms: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=QSfKBfwhf06hy-c2FzfhPOEWDx3AtGNGpDA4x4JCZS5UN0gyT1BJVjVSUkJWRFI5TkE0UlpNUk8yQy4u

За аплицирање на Јавниот повик кој е поставен на MC Forms, потребно е училиштата да бидат најавени со официјалните кориснички сметки на @schools.mk.

The post МОН доделува грантови до 500 евра за основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот и толеранцијата appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта, кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште.
Грантови се во висина до 30.000,00 денари и ќе бидат доделени на вкупно 95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми, велат од МОН.
Од МОН ги охрабруваат училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици. Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент. Аплицирањето трае до 9.12.2022 година, а пријавувањето може да се направи на следниот линк Ms. Forms: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=QSfKBfwhf06hy-c2FzfhPOEWDx3AtGNGpDA4x4JCZS5UN0gyT1BJVjVSUkJWRFI5TkE0UlpNUk8yQy4u За аплицирање на Јавниот повик кој е поставен на MC Forms, потребно е училиштата да бидат најавени со официјалните кориснички сметки на @schools.mk.  

The post МОН доделува грантови до 500 евра за основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот и толеранцијата appeared first on Република.

]]>
МВР откри кои 4 училишта се евакуирани https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-otkri-koi-4-uchilishta-se-evakuirani/ Fri, 04 Nov 2022 15:31:02 +0000 https://republika.mk/?p=569641

Станува збор за училиштата „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Здравко Цветковски“ и „Јосип Броз Тито“, потврдија за новинската агенција МИА од МВР.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот - наведуваат од МВР.

Неколку дена по ред одредени скопски училишта добиваат пораки на нивните електронски адреси со дојави за бомби. Во досега сите случаи, по теренска проверка, МВР потврдуваше дека дојавите се лажни.

The post МВР откри кои 4 училишта се евакуирани appeared first on Република.

Нови закани за бомби во шест училишта во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/novi-zakani-za-bombi-vo-shest-uchilishta-vo-skopje/ Wed, 02 Nov 2022 14:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=568867

Шест училишта во Скопје денеска добиле закани за поставени бомби.

Како што информираат од МВР, денеска во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

https://republika.mk/vesti/skopje/novi-dojavi-za-bombi-vo-nikola-karev-uchenicite-evakuirani/

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Минатата недела три дена по ред повеќе скопски училишта на мејл адресите добиваа закани за бомби, кои по полициските проверки беа утврдени дека се лажни.

The post Нови закани за бомби во шест училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>

Шест училишта во Скопје денеска добиле закани за поставени бомби. Како што информираат од МВР, денеска во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. https://republika.mk/vesti/skopje/novi-dojavi-za-bombi-vo-nikola-karev-uchenicite-evakuirani/ Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. Минатата недела три дена по ред повеќе скопски училишта на мејл адресите добиваа закани за бомби, кои по полициските проверки беа утврдени дека се лажни.

The post Нови закани за бомби во шест училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>
Евакуација во 9 скопски училишта откако и денеска стигнаа закани за бомби https://republika.mk/vesti/makedonija/evakuacija-vo-9-skopski-uchilishta-otkako-i-deneska-stignaa-zakani-za-bombi/ Thu, 27 Oct 2022 12:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=566416

Девет училишта во Скопје и денеска добија дојави за поставени бомби.

Денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Според првичните информации, мејлот, овојпат со различна адреса од вчерашниот, стигнал до гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин", „Орце Николов", „Никола Карев", „Јосип Броз Тито",  АСУЦ „Боро Петрушевски" и во уште 4 други училишта.

Дојави за поставени бомби вчера беа упатени преку мејл до осум средни скопски училишта, а по акцијата на полицијата, беше утврдено дека се лажни.

Проверени се осумте училишта на чии мејлови беа упатени закани за наводно поставени бомби и утврдено е дека пријавите се лажни, информираа вчера од МВР за МИА.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претходно денеска изјави дека истрагата за вчерашните дојави за поставени бомби во осумте скопски средни училишта е тек.

Ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие мејлови и најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Cеверна Македонија или политички игри, како една од претпоставките, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој додаде дека без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата и на сите нас.

Ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Cеверна Македонија, порача министерот Спасовски утрово во интервју на МТВ.

The post Евакуација во 9 скопски училишта откако и денеска стигнаа закани за бомби appeared first on Република.

]]>

Девет училишта во Скопје и денеска добија дојави за поставени бомби. Денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Според првичните информации, мејлот, овојпат со различна адреса од вчерашниот, стигнал до гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин", „Орце Николов", „Никола Карев", „Јосип Броз Тито",  АСУЦ „Боро Петрушевски" и во уште 4 други училишта.
Дојави за поставени бомби вчера беа упатени преку мејл до осум средни скопски училишта, а по акцијата на полицијата, беше утврдено дека се лажни.
Проверени се осумте училишта на чии мејлови беа упатени закани за наводно поставени бомби и утврдено е дека пријавите се лажни, информираа вчера од МВР за МИА.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претходно денеска изјави дека истрагата за вчерашните дојави за поставени бомби во осумте скопски средни училишта е тек.
Ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие мејлови и најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Cеверна Македонија или политички игри, како една од претпоставките, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тој додаде дека без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата и на сите нас.
Ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Cеверна Македонија, порача министерот Спасовски утрово во интервју на МТВ.

The post Евакуација во 9 скопски училишта откако и денеска стигнаа закани за бомби appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Не смее да се игра со судбините на децата, сторителите на вчерашниот чин мора да одговараат https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ne-smee-da-se-igra-so-sudbinite-na-decata-storitelite-na-vcherashniot-chin-mora-da-odgovaraat/ Thu, 27 Oct 2022 12:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=566374

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју на Националната телевизија одговори на прашањето за дојавите за бомби во осум скопски училишта, тема која го привлече вниманието на јавноста во текот на претходниот ден.

Спасовски изјави дека никој не смее да дозволи да се игра со судбините на децата и додаде дека ова е сензитивна тема и без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Македонија.

Вчера имавме дојава во 8 училишта за наводно поставени бомби. Секако дека овие згради беа детално проверени од Одделот за антитероризам и утврдивме дека станува збор за лажни пријави. Истрагата е во тек, ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие меилови. Најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој, би рекол, монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Македонија или политички игри, како една од претпоставките. Без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да се игра со судбините на децата и на сите нас, ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Македонија, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека пред неколку дена се случи лажна дојава во ЈСП Скопје, а сега се случува во училиштата и ако станува збор за некаква политичка пресметка, таа не смее да се прави врз грбот на граѓаните.

Запрашан околу санкциите кон сторителите, министерот Спасовски повтори дека со оглед на фактот што во најмала рака станува збор монструозен чин, во кој се злоупотребени училиштата, имајќи ја предвид вознемиреноста на децата, родителите, но и граѓаните генерално, казните треба да бидат најстроги.

The post Спасовски: Не смее да се игра со судбините на децата, сторителите на вчерашниот чин мора да одговараат appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју на Националната телевизија одговори на прашањето за дојавите за бомби во осум скопски училишта, тема која го привлече вниманието на јавноста во текот на претходниот ден. Спасовски изјави дека никој не смее да дозволи да се игра со судбините на децата и додаде дека ова е сензитивна тема и без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Македонија.
Вчера имавме дојава во 8 училишта за наводно поставени бомби. Секако дека овие згради беа детално проверени од Одделот за антитероризам и утврдивме дека станува збор за лажни пријави. Истрагата е во тек, ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие меилови. Најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој, би рекол, монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Македонија или политички игри, како една од претпоставките. Без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да се игра со судбините на децата и на сите нас, ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Македонија, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека пред неколку дена се случи лажна дојава во ЈСП Скопје, а сега се случува во училиштата и ако станува збор за некаква политичка пресметка, таа не смее да се прави врз грбот на граѓаните.
Запрашан околу санкциите кон сторителите, министерот Спасовски повтори дека со оглед на фактот што во најмала рака станува збор монструозен чин, во кој се злоупотребени училиштата, имајќи ја предвид вознемиреноста на децата, родителите, но и граѓаните генерално, казните треба да бидат најстроги.

The post Спасовски: Не смее да се игра со судбините на децата, сторителите на вчерашниот чин мора да одговараат appeared first on Република.

]]>
Завршува електронското пријавување за упис во средно, стигнале над 14 илјади апликации https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshuva-elektronskoto-prijavuvanje-za-upis-vo-sredno-stignale-nad-14-iljadi-aplikacii/ Wed, 15 Jun 2022 13:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=515579

Електронското аплицирање за упис во средно образование за учебната 2022/2023 година завршува во 15 часот. Пријавувањето почна на 10 јуни во 10 часот преку линк до порталот за електронски услуги https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk. Еден час пред затворањето на е-системот, министерот за образование и наука Јетон Шаќири на прес-конференција соопшти дека стигнале над 14 илјади апликации од ученици.

Бројот е сличен како и минатата година во првиот уписен рок што, според Шаќири, е потврда дека процесот е функционален, а онаму каде што имало проблеми при аплицирањето, учениците и родителите добивале поддршка од Секторот за средно образование.

Оваа дигитална услуга МОН ја воведе оваа година. Шаќири истакна дека новиот начин на уписи резултирал со, како што рече, евидентно релаксиран процес за разлика од минатите години – учениците имаа увид во поените од успехот и можност да ја менуваат, ажурираат и дополнуваат пријавата односно да се премислат во изборот на училиштето.

Со цел оптимизирање на целиот процес на уписите во средните училишта, МОН првпат оваа година воведе нова дигитална услуга која овозможи електронско аплицирање на учениците за упис во прва година. Согласно поените од успехот во основното образование, учениците имаат можност да изберат училиште и вид на образование и за сето тоа им беа потребни не повеќе од 5 до 10 минути за аплицирање. На овој начин ги намаливме гужвите во средните училишта за пријавување, со што се минимизира неизвесноста и нервозата од исходот на уписите. Исто така, ја зголемивме транспарентноста и ја намаливме улогата на човечкиот фактор - рече Шаќири.

По затворањето на електронскиот систем, денеска во 15 часот, утре и задутре (16 и 17 јуни) училишните комисии ќе вршат проверка на идентичноста на податоците од пристигнатите апликации со доставените документи, а в сабота, 18 јуни, ќе бидат објавени конечните ранг-листи на огласните табли на училиштата и на веб-страницата на МОН (mon.gov.mk).

Шаќири соопшти дека новина идната година ќе биде надградба на Е-дневникот со побрзи сервери за полесна функционалност, мобилна апликација за Е-дневникот и подобра комуникација во реално време со родителите, воведување електронско свидетелство, а ќе се работи и на автоматско аплицирање на матурантите за упис на универзитетите. Исто така, рече Шаќири, се планира целосна електронска евиденција на сите студенти на универзитетите.

The post Завршува електронското пријавување за упис во средно, стигнале над 14 илјади апликации appeared first on Република.

]]>

Електронското аплицирање за упис во средно образование за учебната 2022/2023 година завршува во 15 часот. Пријавувањето почна на 10 јуни во 10 часот преку линк до порталот за електронски услуги https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk. Еден час пред затворањето на е-системот, министерот за образование и наука Јетон Шаќири на прес-конференција соопшти дека стигнале над 14 илјади апликации од ученици. Бројот е сличен како и минатата година во првиот уписен рок што, според Шаќири, е потврда дека процесот е функционален, а онаму каде што имало проблеми при аплицирањето, учениците и родителите добивале поддршка од Секторот за средно образование. Оваа дигитална услуга МОН ја воведе оваа година. Шаќири истакна дека новиот начин на уписи резултирал со, како што рече, евидентно релаксиран процес за разлика од минатите години – учениците имаа увид во поените од успехот и можност да ја менуваат, ажурираат и дополнуваат пријавата односно да се премислат во изборот на училиштето.
Со цел оптимизирање на целиот процес на уписите во средните училишта, МОН првпат оваа година воведе нова дигитална услуга која овозможи електронско аплицирање на учениците за упис во прва година. Согласно поените од успехот во основното образование, учениците имаат можност да изберат училиште и вид на образование и за сето тоа им беа потребни не повеќе од 5 до 10 минути за аплицирање. На овој начин ги намаливме гужвите во средните училишта за пријавување, со што се минимизира неизвесноста и нервозата од исходот на уписите. Исто така, ја зголемивме транспарентноста и ја намаливме улогата на човечкиот фактор - рече Шаќири.
По затворањето на електронскиот систем, денеска во 15 часот, утре и задутре (16 и 17 јуни) училишните комисии ќе вршат проверка на идентичноста на податоците од пристигнатите апликации со доставените документи, а в сабота, 18 јуни, ќе бидат објавени конечните ранг-листи на огласните табли на училиштата и на веб-страницата на МОН (mon.gov.mk). Шаќири соопшти дека новина идната година ќе биде надградба на Е-дневникот со побрзи сервери за полесна функционалност, мобилна апликација за Е-дневникот и подобра комуникација во реално време со родителите, воведување електронско свидетелство, а ќе се работи и на автоматско аплицирање на матурантите за упис на универзитетите. Исто така, рече Шаќири, се планира целосна електронска евиденција на сите студенти на универзитетите.

The post Завршува електронското пријавување за упис во средно, стигнале над 14 илјади апликации appeared first on Република.

]]>
Запишувањето во средните училишта годинава првпат со електронско аплицирање https://republika.mk/vesti/makedonija/zapishuvanjeto-vo-srednite-uchilishta-godinava-prvpat-so-elektronsko-apliciranje/ Tue, 07 Jun 2022 07:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=511795

Првпат годинава е овозможено електронско аплицирање за запишување во средните училишта во земјава. Пријавувањето на учениците ќе биде преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Од МОН велат дека целта на новата дигиталната услуга е оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта и дека  електронско аплицирање нема да им  одземе повеќе од 5 до 10 минути.

Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од 10 јуни 2022 година  во 10 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15 јуни 2022 година најдоцна до 15 часот, по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици - појаснуваат од Министерството за образование и наука.

Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе може да вршат ажурирање, измени и  дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

Доколку учениците до 15 јуни 2022 сè уште го немаат добиено своето свидетелство за 9. одделение,  ќе ги внесат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за 9. одделение (во полето за прикачување) ќе прикачат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ќе ја завршат апликацијата. Свидетелството од 9. одделение  задолжително ќе го приложат  до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16  и 17  јуни.

Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16  јуни 2022 на интернет-страницата на Министерството за образование и наука  www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk  најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребената документација  до училиштата ќе биде на 16  јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7  до 19  часот,  согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

The post Запишувањето во средните училишта годинава првпат со електронско аплицирање appeared first on Република.

]]>

Првпат годинава е овозможено електронско аплицирање за запишување во средните училишта во земјава. Пријавувањето на учениците ќе биде преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Од МОН велат дека целта на новата дигиталната услуга е оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта и дека  електронско аплицирање нема да им  одземе повеќе од 5 до 10 минути.
Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од 10 јуни 2022 година  во 10 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15 јуни 2022 година најдоцна до 15 часот, по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици - појаснуваат од Министерството за образование и наука.
Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе може да вршат ажурирање, измени и  дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта. Доколку учениците до 15 јуни 2022 сè уште го немаат добиено своето свидетелство за 9. одделение,  ќе ги внесат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за 9. одделение (во полето за прикачување) ќе прикачат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ќе ја завршат апликацијата. Свидетелството од 9. одделение  задолжително ќе го приложат  до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16  и 17  јуни. Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16  јуни 2022 на интернет-страницата на Министерството за образование и наука  www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk  најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација  до училиштата ќе биде на 16  јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7  до 19  часот,  согласно изготвен распоред од страна на училиштето.    

The post Запишувањето во средните училишта годинава првпат со електронско аплицирање appeared first on Република.

]]>
Учениците од оваа година ќе може да се запишуваат електронски во средните училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/uchenicite-od-ovaa-godina-kje-moze-da-se-zapishuvaat-elektronski-vo-srednite-uchilishta/ Wed, 06 Apr 2022 11:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=484024

Учениците кои ќе се запишуваат во прва година средно образование за 2022/2023 година, од оваа година ќе може да се пријавуваат електронски наместо да поднесуваат документи во училиштата. Тоа ќе го овозможи новата дигитална услуга – електронско запишување ученици во средните училишта која Министерството за образование и наука ја изработи во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот финансиран од Амбасадата на Велика Британија.

Ваквата услуга лани првпат им беше овозможена на првоодделенците преку националната платформа за електронски упис на првачиња.

Услугата денеска им беше презентирана на директори на средни училишта. Овој месец ќе почнат обуки на наставници за нејзино користење, а ќе биде функционална во јуни кога ќе бидат и уписите за средно образование.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација, но и факт е, рече тој, дека нејзините придобивки се исто толку значајни и во постковид периодот. Со новата услуга, нагласи Шаќири, ќе се избегнат непријатните метежи и чекањето со документи в раце пред шалтерите, се заштедуваат трошоци за праќање по пошта, како и времето потребно за пријавување. Кон сето тоа, додаде Шаќири, е и транспарентноста во целиот процес.

Покрај сите придобивки, дигитализацијата на услугите значи и минимизирање на можноста за какви било коруптивни дејства. Квалитетно и поедноставно обезбедување образовни услуги е меѓу повисоките приоритети во работата на МОН и во следниот период ќе продолжиме со нашите партнери да вложуваме во дигитален развој за да изградиме модерен образовен систем и јавни услуги кои се лесно достапни за сите, истакна Шаќири.

Потсети дека во областа на образованието, дигитализирани се и голем број други услуги – аплицирање на конкурсите за стипендии за ученици и студенти и за прием во домовите, за субвенциониран студентски оброк, дигитално е нострифицирањето на странски дипломи и свидетелства, а родителите/старателите електронски се информирани за успехот на нивните деца во училиштата.

Амбасадорката на Велика Британија во земјава Рејчел Галовеј посочи дека со новата дигитална услуга за средношколци, покрај услугата за упис во основните училишта од минатата година, се завршува проектот за електронско запишување на ученици во образованието во нашата држава и на тој начин и училиштата и децата односно родителите, рече таа, се ослободуваат од административни обврски.

Поддршката во овие реформи ќе направи разлика во животите на луѓето. Работиме со МОН повеќе години во програмите поддржани од УНИЦЕФ во предучилишното образование. Кога се случи пандемијата, работевме на прилагодување на програмите за да одговориме на предизвикот. Поддржуваме дигитални вештини во образованието и мило ми е што ги обезбедивме, рече Галовеј.

Извршната директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП) Неда Малеска-Сачмароска истакна дека во 21 век образованието и граѓаните не може да функционираат на ист начин како во минатото, а дека тоа го покажала и ковидкризата и затворањето дома кога, како што рече, не успеавме брзо да се приспособиме во процесот на дигитализацијата. Затоа ЦУП се посветил на дигитализација на најфреквентните услуги за граѓаните, меѓу кои се и тие во образованието.

Во процесот на дигитализација на дел од услугите се соочивме со многу проблеми – како во делот на законската регулатива, бидејќи се уште сме научени да работиме со хартија, технологијата, интернет-конекцијата, инфраструктурата во самите училишта… Но она што најмногу не погоди во истражување во ковид-кризата со фокус на образованието се дигиталните вештини на нашата нација. Тие се далеку под просекот на ЕУ и на Велика Британија, рече Малеска-Сачмароска.

Според податоците на Еуростат, посочи таа, нивото на дигиталните вештини кај сите лица во земјава е околу 32 проценти, а просекот во Велика Британија е 74 отсто.

Истражувањето покажало и дека младите кај нас имаат значително подобри дигитални вештини од повозрасната популација: 74 отсто од децата меѓу 16 и 19 години се дигитално писмени, користат дигитална технологија и купуваат онлајн и тој број, рече Малеска-Сачмароска, е значително зголемен во последните две години како резултат на пандемијата.

The post Учениците од оваа година ќе може да се запишуваат електронски во средните училишта appeared first on Република.

]]>

Учениците кои ќе се запишуваат во прва година средно образование за 2022/2023 година, од оваа година ќе може да се пријавуваат електронски наместо да поднесуваат документи во училиштата. Тоа ќе го овозможи новата дигитална услуга – електронско запишување ученици во средните училишта која Министерството за образование и наука ја изработи во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот финансиран од Амбасадата на Велика Британија. Ваквата услуга лани првпат им беше овозможена на првоодделенците преку националната платформа за електронски упис на првачиња. Услугата денеска им беше презентирана на директори на средни училишта. Овој месец ќе почнат обуки на наставници за нејзино користење, а ќе биде функционална во јуни кога ќе бидат и уписите за средно образование. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација, но и факт е, рече тој, дека нејзините придобивки се исто толку значајни и во постковид периодот. Со новата услуга, нагласи Шаќири, ќе се избегнат непријатните метежи и чекањето со документи в раце пред шалтерите, се заштедуваат трошоци за праќање по пошта, како и времето потребно за пријавување. Кон сето тоа, додаде Шаќири, е и транспарентноста во целиот процес.
Покрај сите придобивки, дигитализацијата на услугите значи и минимизирање на можноста за какви било коруптивни дејства. Квалитетно и поедноставно обезбедување образовни услуги е меѓу повисоките приоритети во работата на МОН и во следниот период ќе продолжиме со нашите партнери да вложуваме во дигитален развој за да изградиме модерен образовен систем и јавни услуги кои се лесно достапни за сите, истакна Шаќири.
Потсети дека во областа на образованието, дигитализирани се и голем број други услуги – аплицирање на конкурсите за стипендии за ученици и студенти и за прием во домовите, за субвенциониран студентски оброк, дигитално е нострифицирањето на странски дипломи и свидетелства, а родителите/старателите електронски се информирани за успехот на нивните деца во училиштата. Амбасадорката на Велика Британија во земјава Рејчел Галовеј посочи дека со новата дигитална услуга за средношколци, покрај услугата за упис во основните училишта од минатата година, се завршува проектот за електронско запишување на ученици во образованието во нашата држава и на тој начин и училиштата и децата односно родителите, рече таа, се ослободуваат од административни обврски.
Поддршката во овие реформи ќе направи разлика во животите на луѓето. Работиме со МОН повеќе години во програмите поддржани од УНИЦЕФ во предучилишното образование. Кога се случи пандемијата, работевме на прилагодување на програмите за да одговориме на предизвикот. Поддржуваме дигитални вештини во образованието и мило ми е што ги обезбедивме, рече Галовеј.
Извршната директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП) Неда Малеска-Сачмароска истакна дека во 21 век образованието и граѓаните не може да функционираат на ист начин како во минатото, а дека тоа го покажала и ковидкризата и затворањето дома кога, како што рече, не успеавме брзо да се приспособиме во процесот на дигитализацијата. Затоа ЦУП се посветил на дигитализација на најфреквентните услуги за граѓаните, меѓу кои се и тие во образованието.
Во процесот на дигитализација на дел од услугите се соочивме со многу проблеми – како во делот на законската регулатива, бидејќи се уште сме научени да работиме со хартија, технологијата, интернет-конекцијата, инфраструктурата во самите училишта… Но она што најмногу не погоди во истражување во ковид-кризата со фокус на образованието се дигиталните вештини на нашата нација. Тие се далеку под просекот на ЕУ и на Велика Британија, рече Малеска-Сачмароска.
Според податоците на Еуростат, посочи таа, нивото на дигиталните вештини кај сите лица во земјава е околу 32 проценти, а просекот во Велика Британија е 74 отсто.
Истражувањето покажало и дека младите кај нас имаат значително подобри дигитални вештини од повозрасната популација: 74 отсто од децата меѓу 16 и 19 години се дигитално писмени, користат дигитална технологија и купуваат онлајн и тој број, рече Малеска-Сачмароска, е значително зголемен во последните две години како резултат на пандемијата.

The post Учениците од оваа година ќе може да се запишуваат електронски во средните училишта appeared first on Република.

]]>
Средните училишта на Град Скопје ќе ги отворат вратите за студиските програми на универзитетите и факултетите https://republika.mk/vesti/skopje/srednite-uchilishta-na-grad-skopje-kje-gi-otvorat-vratite-za-studiskite-programi-na-univerzitetite-i-fakultetite/ Sun, 27 Feb 2022 18:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=464835

Секторот за образование на Град Скопје ги почна активности за реализација на проектот „Училиштата на Градот Скопје со отворени врати за универзитетите и факултетите за промоција на нивните студиски програми“.

Со реализацијата на овој проект Градот сака да им помогне на своите матуранти во професионалното определување и изборот на студиските програми со кои ќе ги стекнат посакуваните стручни компетенции.

Проектот овозможува поврзување и структурирана комуникација помеѓу универзитетите и средните училишта, во училиштен амбиент или со онлајн комуникација, приспособена на здравствената криза, да се понудат одговори на голем број прашања кои ги поставуваат учениците.

Согласно со заложбите на Секторот за образование за континуирано унапредување на квалитетот на образовните услуги, на овој начин на учениците ќе им се овозможи полесно да донесат одлука при изборот на својата професија и да направат дистинкција помеѓу изборот и можностите.

До сите државни и приватни универзитети и факултети е испратена официјална покана за да го потврдат својот интерес на мејл до 28.02.2022 година. По добиените пријави ќе се изготви план со термини за секој универзитет и факултет поединечно за презентација во средните училишта.

Термините за презентација на универзитетите и на факултетите со промоција на нивните студиски програми ќе се одвиваат во текот на месец март.

The post Средните училишта на Град Скопје ќе ги отворат вратите за студиските програми на универзитетите и факултетите appeared first on Република.

]]>

Секторот за образование на Град Скопје ги почна активности за реализација на проектот „Училиштата на Градот Скопје со отворени врати за универзитетите и факултетите за промоција на нивните студиски програми“. Со реализацијата на овој проект Градот сака да им помогне на своите матуранти во професионалното определување и изборот на студиските програми со кои ќе ги стекнат посакуваните стручни компетенции. Проектот овозможува поврзување и структурирана комуникација помеѓу универзитетите и средните училишта, во училиштен амбиент или со онлајн комуникација, приспособена на здравствената криза, да се понудат одговори на голем број прашања кои ги поставуваат учениците. Согласно со заложбите на Секторот за образование за континуирано унапредување на квалитетот на образовните услуги, на овој начин на учениците ќе им се овозможи полесно да донесат одлука при изборот на својата професија и да направат дистинкција помеѓу изборот и можностите. До сите државни и приватни универзитети и факултети е испратена официјална покана за да го потврдат својот интерес на мејл до 28.02.2022 година. По добиените пријави ќе се изготви план со термини за секој универзитет и факултет поединечно за презентација во средните училишта. Термините за презентација на универзитетите и на факултетите со промоција на нивните студиски програми ќе се одвиваат во текот на месец март.

The post Средните училишта на Град Скопје ќе ги отворат вратите за студиските програми на универзитетите и факултетите appeared first on Република.

]]>