СПЦ Archives - Република https://republika.mk/tema/spc/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 15:25:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СПЦ Archives - Република https://republika.mk/tema/spc/ 32 32 Помош од СПЦ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина https://republika.mk/vesti/balkan/pomosh-od-spts-od-100-000-evra-za-najzagrozenite-semejstva-od-poplavite-vo-bosna-i-hertsegovina/ Sat, 05 Oct 2024 20:41:26 +0000 https://republika.mk/?p=823134

Српската православна црква (СПЦ) донира 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина.

Српскиот патријарх Порфирије дал наредба на Религиозното добротворно старателство во Белград, добротворна организација која работи во рамките на СПЦ, да испрати еднократна финансиска помош во износ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во БиХ преку Епархијата Захум и Херцеговина.

https://republika.mk/vesti/balkan/apokaliptichni-stseni-vo-bih-dvaeset-litsa-mrtvi-bremena-zhena-go-izgubi-bebeto-vodata-nosi-kuki-polni-so-luge-vojkata-na-noze/

Од Српската православна црква соопштија дека помошта ќе се дели без разлика на верската и националната припадност на настраданите.

The post Помош од СПЦ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>

Српската православна црква (СПЦ) донира 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина. Српскиот патријарх Порфирије дал наредба на Религиозното добротворно старателство во Белград, добротворна организација која работи во рамките на СПЦ, да испрати еднократна финансиска помош во износ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во БиХ преку Епархијата Захум и Херцеговина. https://republika.mk/vesti/balkan/apokaliptichni-stseni-vo-bih-dvaeset-litsa-mrtvi-bremena-zhena-go-izgubi-bebeto-vodata-nosi-kuki-polni-so-luge-vojkata-na-noze/ Од Српската православна црква соопштија дека помошта ќе се дели без разлика на верската и националната припадност на настраданите.

The post Помош од СПЦ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>
Почна светата архиерејска литургија во „Света Софија“ во Охрид https://republika.mk/vesti/makedonija/pochna-svetata-arhierejska-liturgija-vo-sveta-sofija-vo-ohrid/ Mon, 05 Jun 2023 07:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=647868

Во црквата „Света Софија“ во Охрид утрово почна света архиерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ).

Со светата архиерејска литургија чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви.

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.

На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ.

Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни, минатата година.

The post Почна светата архиерејска литургија во „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во црквата „Света Софија“ во Охрид утрово почна света архиерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ). Со светата архиерејска литургија чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви. Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.
На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ.
Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.
По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни, минатата година.

The post Почна светата архиерејска литургија во „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Поглаварите на МПЦ и СПЦ со заедничка литургија во Охрид https://republika.mk/vesti/makedonija/poglavarite-na-mpts-i-spts-so-zaednichka-liturgija-vo-ohrid/ Mon, 05 Jun 2023 05:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=647777

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви.

Пред неколку дена МПЦ-ОА соопшти дека денеска во црквата Света Софија во Охрид ќе се одржи света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух.

-Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид.  Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА.

Српскиот патријарх Порфириј вчера по сослужувањето на заедничка литургија со aрхиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан во Соборниот храм во Скопје, ја одобри и упати благослов за авто

Со денешното заедничко сослужување треба да се означи и заокружувањето на процесот на интеграција и формалното згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква.

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ)  на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.

-На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната охридска архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.  За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури,  информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ.

Ставањето крај на 55 годишниот меѓуцрковен спор, формално почна лани на 16 мај минатата година кога СПЦ одобри канонско единство со МПЦ-ОА, откако претходно на 9 мај со одлука на Светиот синод на Вселенската патријаршија, возглавен патријархот г. г. Вартоломеј, беше отстранета долгогодишната шизма наложена врз древнатa Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ.

Соборот на Српската православна црква одобри канонско единство со МПЦ – Охридска архиепископија, прифаќајќи го „општопризнатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ доделен во 1959 година“, по што следуваше заедничка архијерејска литургија за воспоставување литургиско и канонско општење на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која сослужуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан. Архиепископот Стефан тогаш оцени дека овој настан „е правда за Охрид - словенскиот Ерусалим“

The post Поглаварите на МПЦ и СПЦ со заедничка литургија во Охрид appeared first on Република.

]]>

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви. Пред неколку дена МПЦ-ОА соопшти дека денеска во црквата Света Софија во Охрид ќе се одржи света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух.
-Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид.  Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА.
Српскиот патријарх Порфириј вчера по сослужувањето на заедничка литургија со aрхиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан во Соборниот храм во Скопје, ја одобри и упати благослов за авто Со денешното заедничко сослужување треба да се означи и заокружувањето на процесот на интеграција и формалното згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква. Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ)  на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.
-На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната охридска архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.  За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури,  информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ.
Ставањето крај на 55 годишниот меѓуцрковен спор, формално почна лани на 16 мај минатата година кога СПЦ одобри канонско единство со МПЦ-ОА, откако претходно на 9 мај со одлука на Светиот синод на Вселенската патријаршија, возглавен патријархот г. г. Вартоломеј, беше отстранета долгогодишната шизма наложена врз древнатa Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Соборот на Српската православна црква одобри канонско единство со МПЦ – Охридска архиепископија, прифаќајќи го „општопризнатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ доделен во 1959 година“, по што следуваше заедничка архијерејска литургија за воспоставување литургиско и канонско општење на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која сослужуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан. Архиепископот Стефан тогаш оцени дека овој настан „е правда за Охрид - словенскиот Ерусалим“

The post Поглаварите на МПЦ и СПЦ со заедничка литургија во Охрид appeared first on Република.

]]>
Поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.Порфириј утре во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија https://republika.mk/vesti/makedonija/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-porfirij-utre-vo-ohrid-ke-odrzhat-zaednichka-arhierejska-liturgija/ Sun, 04 Jun 2023 20:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=647753

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) утре во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви.

Пред неколку дена МПЦ-ОА соопшти дека утре во цквата Света Софија во Охрид ќе се одржи света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух.

-Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид.  Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА.

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ)  на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.

-На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.  За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури,  информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ.

Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

-По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни, минатата година.

The post Поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.Порфириј утре во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија appeared first on Република.

]]>

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) утре во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви. Пред неколку дена МПЦ-ОА соопшти дека утре во цквата Света Софија во Охрид ќе се одржи света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух. -Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид.  Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА. Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ)  на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА. -На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.  За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури,  информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ. Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. -По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни, минатата година.

The post Поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.Порфириј утре во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија appeared first on Република.

]]>
Српскиот патријарх в понеделник ќе ја води службата на обединување во Света Софија https://republika.mk/vesti/makedonija/srpskiot-patrijarh-v-ponedelnik-ke-ja-vodi-sluzhbata-na-obedinuvane-vo-sveta-sofija/ Thu, 01 Jun 2023 18:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=646972

В понеделник, на петти јуни, Духовден, во црквата Света Софија во Охрид официјално ќе се обединат Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Православната охридска архиепископија (ПОА), односно четворицата владици на ПОА, заeдно со свештениците ќе се вратат во МПЦ-ОА.

Според информациите на порталот Религија, на заедничката богослужба ќе чиноначалствува српскиот патријарх Порфириј, а единствениот владика од ПОА кој ќе учествува во службата ќе биде новиот дељадровско-илинденски епископ г. Јоаким.

На патријархот Порфириј ќе му сослужуваат архиепископот г.г. Стефан и тројцата владици на МПЦ-ОА кои отстапуваат делови од своите епархии за новите владици, а тоа се преспанско-пелагонискиот г. Петар, кумановско-осоговскиот г. Григориј и брегалничкиот г. Иларион. Со нив ќе служи и дебарско-кичевскиот г. Тимотеј, како домаќин.

Од страна на СПЦ, гости ќе бидат морачкиот епископ Сава и топличкиот Петар.

Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на државната телевизија МТВ.

Интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА ќе финишира со заеднички ручек во Хотелот „Изгрев“ во Струга.

 

The post Српскиот патријарх в понеделник ќе ја води службата на обединување во Света Софија appeared first on Република.

]]>

В понеделник, на петти јуни, Духовден, во црквата Света Софија во Охрид официјално ќе се обединат Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Православната охридска архиепископија (ПОА), односно четворицата владици на ПОА, заeдно со свештениците ќе се вратат во МПЦ-ОА. Според информациите на порталот Религија, на заедничката богослужба ќе чиноначалствува српскиот патријарх Порфириј, а единствениот владика од ПОА кој ќе учествува во службата ќе биде новиот дељадровско-илинденски епископ г. Јоаким. На патријархот Порфириј ќе му сослужуваат архиепископот г.г. Стефан и тројцата владици на МПЦ-ОА кои отстапуваат делови од своите епархии за новите владици, а тоа се преспанско-пелагонискиот г. Петар, кумановско-осоговскиот г. Григориј и брегалничкиот г. Иларион. Со нив ќе служи и дебарско-кичевскиот г. Тимотеј, како домаќин. Од страна на СПЦ, гости ќе бидат морачкиот епископ Сава и топличкиот Петар. Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на државната телевизија МТВ. Интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА ќе финишира со заеднички ручек во Хотелот „Изгрев“ во Струга.  

The post Српскиот патријарх в понеделник ќе ја води службата на обединување во Света Софија appeared first on Република.

]]>
Саборот на СПЦ донел одлука за доделување на канонски отпуст на ПОА и интегрирање во МПЦ-ОА https://republika.mk/vesti/makedonija/saborot-na-spts-donel-odluka-za-dodeluvane-na-kanonski-otpust-na-poa-i-integrirane-vo-mpts-oa/ Sat, 20 May 2023 14:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=643008

На овогодишното заседание на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, јави дописникот на МИА од Белград.

За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, се наведува во соопштението на Светиот архиерејски синод на СПЦ.

На Соборот приосуствуваа и архиереји на Православната Охридска Архиепископијам како и сите викарни архиереји.

 

The post Саборот на СПЦ донел одлука за доделување на канонски отпуст на ПОА и интегрирање во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

На овогодишното заседание на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, јави дописникот на МИА од Белград.
За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, се наведува во соопштението на Светиот архиерејски синод на СПЦ.
На Соборот приосуствуваа и архиереји на Православната Охридска Архиепископијам како и сите викарни архиереји.  

The post Саборот на СПЦ донел одлука за доделување на канонски отпуст на ПОА и интегрирање во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
Соборот на СПЦ ќе расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА https://republika.mk/vesti/balkan/soborot-na-spts-ke-rasprava-za-integriraneto-na-poa-vo-mpts-oa/ Mon, 15 May 2023 06:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=640821

Светиот архијерејски Собор на Српската православна црква, што почна вчера со богослужба во белградскиот храм Свети Сава, денеска треба да го одржи работниот дел на кој се очекува да се разговара и за македонското прашање односно за приклучувањето на ПОА во МПЦ-ОА.

Заседанието на највисокото архиерејско, црковно-законодавно и црковно-судско тело на СПЦ под водство на патријархот Порфириј во криптата на Светиот великомаченик кнез Лазар од црквата Свети Сава, според договорената процедура, ќе почне со утврдување на дневниот ред и предлозите доставени од Синодот, а потоа ќе бидат разгледани извештаите за работата на архиереите во сите епархии, како и на централните црковни тела и органи. Како што е најавено на веб страницата на СПЦ, на крајот од заседанието на Соборот ќе биде објавено соопштение за јавноста.

Иако во соопштението за одржувањето на Соборот на СПЦ не е конкретно наведено, српските медиуми објавија дека покрај Косово кое е редовна тема, ќе се разгледува и македонското прашање.

Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и епископите“. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што се надмина повеќедеценискиот меѓуцрковен спор.

-Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, пишува Бета.

Во пресрет на седницата на Соборот, според Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ-ОА и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална потврда и соопштение нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ-ОА.

The post Соборот на СПЦ ќе расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејски Собор на Српската православна црква, што почна вчера со богослужба во белградскиот храм Свети Сава, денеска треба да го одржи работниот дел на кој се очекува да се разговара и за македонското прашање односно за приклучувањето на ПОА во МПЦ-ОА. Заседанието на највисокото архиерејско, црковно-законодавно и црковно-судско тело на СПЦ под водство на патријархот Порфириј во криптата на Светиот великомаченик кнез Лазар од црквата Свети Сава, според договорената процедура, ќе почне со утврдување на дневниот ред и предлозите доставени од Синодот, а потоа ќе бидат разгледани извештаите за работата на архиереите во сите епархии, како и на централните црковни тела и органи. Како што е најавено на веб страницата на СПЦ, на крајот од заседанието на Соборот ќе биде објавено соопштение за јавноста.
Иако во соопштението за одржувањето на Соборот на СПЦ не е конкретно наведено, српските медиуми објавија дека покрај Косово кое е редовна тема, ќе се разгледува и македонското прашање. Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и епископите“. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што се надмина повеќедеценискиот меѓуцрковен спор. -Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, пишува Бета. Во пресрет на седницата на Соборот, според Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ-ОА и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална потврда и соопштение нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ-ОА.

The post Соборот на СПЦ ќе расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
На Соборот на СПЦ ќе се расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ https://republika.mk/vesti/balkan/na-soborot-na-spts-ke-se-rasprava-za-integriraneto-na-poa-vo-mpts/ Sun, 14 May 2023 11:36:01 +0000 https://republika.mk/?p=640636

Со богослужба во белградската црква Свети Сава денес почнува седницата на Соборот на СПЦ (СПЦ), нејзиното најважно тело, на кое покрај косовското, ќе се разгледува и македонското прашање, јави дописникот на МИА од Белград.

Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и пред епископите. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што ќе се надмине спорот што настана кога таа неканонско се оддели од Српската црква од автономна во целосно независен статус“.

[caption id="attachment_511355" align="alignnone" width="620"] (фото: РТС)[/caption]

Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, соопшти Бета.

Во пресрет на седницата на Соборот, како што дознава Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална најава за средбата нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ.

Во краткото официјално соопштение на СПЦ не се споменуваат никакви теми, освен доставување извештаи од епархиите и црковните органи, но Косово е редовна тема и се очекува така да биде и на овој Собор, кој според практиката заседава зад затворени врати.

The post На Соборот на СПЦ ќе се расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ appeared first on Република.

]]>

Со богослужба во белградската црква Свети Сава денес почнува седницата на Соборот на СПЦ (СПЦ), нејзиното најважно тело, на кое покрај косовското, ќе се разгледува и македонското прашање, јави дописникот на МИА од Белград. Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и пред епископите. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што ќе се надмине спорот што настана кога таа неканонско се оддели од Српската црква од автономна во целосно независен статус“. [caption id="attachment_511355" align="alignnone" width="620"] (фото: РТС)[/caption]
Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, соопшти Бета.
Во пресрет на седницата на Соборот, како што дознава Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална најава за средбата нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ. Во краткото официјално соопштение на СПЦ не се споменуваат никакви теми, освен доставување извештаи од епархиите и црковните органи, но Косово е редовна тема и се очекува така да биде и на овој Собор, кој според практиката заседава зад затворени врати.

The post На Соборот на СПЦ ќе се расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ appeared first on Република.

]]>
СПЦ: МПЦ-ОА дефакто се уште не е автокефална црква https://republika.mk/vesti/balkan/spts-mpts-oa-defakto-se-ushte-ne-e-avtokefalna-tsrkva/ Wed, 04 Jan 2023 10:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=593486

Српската православна црква ќе го прифати секое име за МПЦ-ОА, кое ќе биде резултат на сеправославен консензус, бидејќи со Томосот на СПЦ за автокефалноста тоа прашање е оставено отворено и не е решено. Вака бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, во интервју за српски „Печат“ ги објаснува позициите на СПЦ во поглед на прашањето за името на МПЦ-ОА, што во јавноста овде во Македонија се толкува како решено и затворено прашање.

СПЦ смета дека иако се одлучила да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА таа се уште дефакто не е автокефална црква и дека состојбата во која се наоѓа е комплексна, карактеризитрајќи ја како „новоформирана црква“.

Моменталната ситуација е ваква: практично сите помесни Цркви воспоставија литургиско и канонско општење со новоформираната Црква, некои веќе ја признаа и како автокефална, а некои тоа го одложија додека не се постигне согласност за нејзиното официјално име. А, бугарската Црква најде соломонско решение признавајќи и го автокефалниот статус и заедничко (општо) име „Црква во Македонија“ (значи ниту „македонска“ ниту „охридска“). Нашата Црква го остава прашањето за името отворено и ќе го прифати секое име кое ќе биде плод на општ договор и согласност, а дотогаш го профаќа името со кое сестринската црква сама себе се именува, „Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија“. Се надевам драги пријатели дека со овој одговор барем до некаде го разјаснив канонскиот пристап СПЦ на ова колку комплексно и сложено, толку и важно прашање, вели во интервјуто Иринеј Буловиќ.

Мометалниот статус на МПЦ е таков што се уште го чека томосот од Вселенската патријаршија но нема рок кога и дали тоа ќе се случи. Спротивно на тоа власта на Ковачевски си припишува дека го решила црковното прашање.

 

The post СПЦ: МПЦ-ОА дефакто се уште не е автокефална црква appeared first on Република.

]]>

Српската православна црква ќе го прифати секое име за МПЦ-ОА, кое ќе биде резултат на сеправославен консензус, бидејќи со Томосот на СПЦ за автокефалноста тоа прашање е оставено отворено и не е решено. Вака бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, во интервју за српски „Печат“ ги објаснува позициите на СПЦ во поглед на прашањето за името на МПЦ-ОА, што во јавноста овде во Македонија се толкува како решено и затворено прашање. СПЦ смета дека иако се одлучила да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА таа се уште дефакто не е автокефална црква и дека состојбата во која се наоѓа е комплексна, карактеризитрајќи ја како „новоформирана црква“.
Моменталната ситуација е ваква: практично сите помесни Цркви воспоставија литургиско и канонско општење со новоформираната Црква, некои веќе ја признаа и како автокефална, а некои тоа го одложија додека не се постигне согласност за нејзиното официјално име. А, бугарската Црква најде соломонско решение признавајќи и го автокефалниот статус и заедничко (општо) име „Црква во Македонија“ (значи ниту „македонска“ ниту „охридска“). Нашата Црква го остава прашањето за името отворено и ќе го прифати секое име кое ќе биде плод на општ договор и согласност, а дотогаш го профаќа името со кое сестринската црква сама себе се именува, „Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија“. Се надевам драги пријатели дека со овој одговор барем до некаде го разјаснив канонскиот пристап СПЦ на ова колку комплексно и сложено, толку и важно прашање, вели во интервјуто Иринеј Буловиќ.
Мометалниот статус на МПЦ е таков што се уште го чека томосот од Вселенската патријаршија но нема рок кога и дали тоа ќе се случи. Спротивно на тоа власта на Ковачевски си припишува дека го решила црковното прашање.  

The post СПЦ: МПЦ-ОА дефакто се уште не е автокефална црква appeared first on Република.

]]>
Црна Гора го потпиша Темелниот договор со СПЦ https://republika.mk/vesti/balkan/crna-gora-go-potpisha-temelniot-dogovor-so-spc/ Wed, 03 Aug 2022 09:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=526004

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и српскиот патријарх Порфириј, во Подгорица го потпишаа Темелниот договор со кој се регулира функционирањето на СПЦ во Црна Гора.

На потпишувањето на договорот присуствуваа и црногорскиот министер за правда, Марко Ковач и митрополитот црногорско-приморски на СПЦ, Јоаникије.

https://twitter.com/DritanAbazovic/status/1554752808230027267?cxt=HHwWhoC8gaLcy5MrAAAA

Владата на Црна Гора и Српската православна црква претходно официјално не го објавија доаѓањето на патријархот Порфириj во Подгорица, а точниот датум на потпишување на договорот не беше јавно соопштен.

РТС јави дека за време на потпишувањето на договорот, пред вилата „Горица“ во главниот град на Црна Гора протестирала помала група граѓани, а полицијата ги блокирала приодите до вилата.

Потпишувањето на Темелниот договор подолго време беше одложувано, а прашањето предизвикуваше и политички и општествени несогласувања во Црна Гора.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ пред неколку дена се закани дека ако биде потпишан договорот со СПЦ, ќе ја повлече поддршката што неговата партија ДПС досега и ја даваше на малцинската Влада на премиерот Абазовиќ, што би довело до нејзино паѓање.

The post Црна Гора го потпиша Темелниот договор со СПЦ appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и српскиот патријарх Порфириј, во Подгорица го потпишаа Темелниот договор со кој се регулира функционирањето на СПЦ во Црна Гора. На потпишувањето на договорот присуствуваа и црногорскиот министер за правда, Марко Ковач и митрополитот црногорско-приморски на СПЦ, Јоаникије. https://twitter.com/DritanAbazovic/status/1554752808230027267?cxt=HHwWhoC8gaLcy5MrAAAA Владата на Црна Гора и Српската православна црква претходно официјално не го објавија доаѓањето на патријархот Порфириj во Подгорица, а точниот датум на потпишување на договорот не беше јавно соопштен. РТС јави дека за време на потпишувањето на договорот, пред вилата „Горица“ во главниот град на Црна Гора протестирала помала група граѓани, а полицијата ги блокирала приодите до вилата. Потпишувањето на Темелниот договор подолго време беше одложувано, а прашањето предизвикуваше и политички и општествени несогласувања во Црна Гора. Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ пред неколку дена се закани дека ако биде потпишан договорот со СПЦ, ќе ја повлече поддршката што неговата партија ДПС досега и ја даваше на малцинската Влада на премиерот Абазовиќ, што би довело до нејзино паѓање.

The post Црна Гора го потпиша Темелниот договор со СПЦ appeared first on Република.

]]>
Утре во манастирот „Св. Прохор Пчински“ заедничка литургија за Илинден на владици на МПЦ-ОА и СПЦ https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-vo-manastirot-sv-prohor-pchinski-zaednichka-liturgija-za-ilinden-na-vladici-na-mpc-oa-i-spc/ Mon, 01 Aug 2022 15:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=535820

Во манастирот „Св. Прохор Пчински“, покрај одбележувањето на празникот Илинден од страна на државно-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, заедничка литургија по повод верскиот празник Св. Илија ќе сослужуваат владици на МПЦ-ОА и СПЦ.

Како што дознава МИА од српски црковни кругови, заедничката литургија во црквата во манастирот „Св. Прохор Пчински“ со почеток во 8 часот ќе ја сослужуваат митрополитот струмички Наум, митрополит кумановско-осоговски Григориј и епископот стобиски Јаков од МПЦ – Охридска Архиепископија и епископот врањски Пахомије од СПЦ.

Исто така, утре во манастирот „Св. Прохор Пчински“ празникот Илинден ќе го одбележат и Македонците од Србија, бидејќи 2 август е државен празник за македонското малцинство во Србија.

Државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) на 2 август 1944 година ќе ја предводи претседателот Стево Пендаровски.

Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, митрополит кумановско-осоговски Григориј и епископот стобиски Јаков, како и претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на Сојузот на борците на НОБ.

Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ и епископот врањски Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.

The post Утре во манастирот „Св. Прохор Пчински“ заедничка литургија за Илинден на владици на МПЦ-ОА и СПЦ appeared first on Република.

]]>

Во манастирот „Св. Прохор Пчински“, покрај одбележувањето на празникот Илинден од страна на државно-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, заедничка литургија по повод верскиот празник Св. Илија ќе сослужуваат владици на МПЦ-ОА и СПЦ. Како што дознава МИА од српски црковни кругови, заедничката литургија во црквата во манастирот „Св. Прохор Пчински“ со почеток во 8 часот ќе ја сослужуваат митрополитот струмички Наум, митрополит кумановско-осоговски Григориј и епископот стобиски Јаков од МПЦ – Охридска Архиепископија и епископот врањски Пахомије од СПЦ. Исто така, утре во манастирот „Св. Прохор Пчински“ празникот Илинден ќе го одбележат и Македонците од Србија, бидејќи 2 август е државен празник за македонското малцинство во Србија. Државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) на 2 август 1944 година ќе ја предводи претседателот Стево Пендаровски. Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, митрополит кумановско-осоговски Григориј и епископот стобиски Јаков, како и претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на Сојузот на борците на НОБ. Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ и епископот врањски Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.

The post Утре во манастирот „Св. Прохор Пчински“ заедничка литургија за Илинден на владици на МПЦ-ОА и СПЦ appeared first on Република.

]]>
СПЦ и црногорската Влада усогласиле нацрт верзија на Темелниот договор https://republika.mk/vesti/balkan/spc-i-crnogorskata-vlada-usoglasile-nacrt-verzija-na-temelniot-dogovor/ Wed, 29 Jun 2022 07:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=520962

Работните групи на Владата на Црна Гора и на Српската православна црква начелно ја усогласиле работната верзија на Темелниот договор.

Од Кабинетот на црногорскиот премиер објавија соопштение во кое се наведува дека работната верзија ќе оди натаму кон работните тела на владата, согласно вообичаената процедура.

Како што ветивме, за да се постигне целосна транспарентност, текстот наскоро ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Владата на Црна Гора - се наведува во соопштението од Кабинетот на црногорскиот премиер.

Премиерот Дритан Абазовиќ денеска е во прва официјална посета на Србија, каде што ќе има серија средби со претставници на политичкиот и државниот врв.

The post СПЦ и црногорската Влада усогласиле нацрт верзија на Темелниот договор appeared first on Република.

]]>

Работните групи на Владата на Црна Гора и на Српската православна црква начелно ја усогласиле работната верзија на Темелниот договор. Од Кабинетот на црногорскиот премиер објавија соопштение во кое се наведува дека работната верзија ќе оди натаму кон работните тела на владата, согласно вообичаената процедура.
Како што ветивме, за да се постигне целосна транспарентност, текстот наскоро ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Владата на Црна Гора - се наведува во соопштението од Кабинетот на црногорскиот премиер.
Премиерот Дритан Абазовиќ денеска е во прва официјална посета на Србија, каде што ќе има серија средби со претставници на политичкиот и државниот врв.

The post СПЦ и црногорската Влада усогласиле нацрт верзија на Темелниот договор appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ најавува дека наскоро ќе се реши спорот со СПЦ https://republika.mk/vesti/balkan/abazovikj-najavuva-deka-naskoro-kje-se-reshi-sporot-so-spc/ Mon, 27 Jun 2022 14:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=520352

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска изјави дека потпишувањето на Темелниот договор со Српската православна црква (СПЦ) е обврска на државата и дека прашањето наскоро ќе се реши.

– Сè што сум кажал, стојам зад тоа и нема мрдање. Темелниот договор ќе биде потпишан согласно Уставот и законот, рече Абазовиќ, одговарајќи на прашањата на шефот на пратеничката група на Демократскиот фронт, Славен Радуновиќ, пренесува подгоричкиот весник Вијести.

Овој договор предизвика потреси на политичката сцена во Црна Гора и наиде на несогласувања во политичките партии. Најголеми поддржувачки се министрите од просрпската Социјалистичка народна партија, кои посочуваат дека поради овој договор и влегле во Владата. На другата страна се министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ и министерот за одбрана Рашко Коњевиќ, од владејачката Социјалдемократска партија (СДП), кои сметаат дека владата не може да потпише договор со Српската православна црква бидејќи не е регистрирана во Црна Гора како правен субјект.

Спорови меѓу министрите има и околу името на тој иден договор.

За приврзаниците на СПЦ во Црна Гора името треба да биде „Темелен (Основен) договор“, а политичките противници на Српската православна црква бараат да се именува само како „Договор“, посочува Радио Слободна Европа.

Преговорите меѓу Владата на Црна Гора и Српската православна црква за Темелниот договор, со прекини, траат од 2012 година. Споровите меѓу државните институции и СПЦ за нејзиниот статус во Црна Гора резултираа со пад на последните две влади.

По усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед на крајот на 2019 година, Владата на Демократската партија на социјалистите, предводена од Душко Марковиќ, загуби на парламентарните избори во август 2020 година. На губењето на власта му претходеа неколкумесечни масовни протестни маршеви предводени од свештеници на СПЦ со поддршка на тогашните опозициски партии.

Ниту претходниот премиер Здравко Кривокапиќ, разрешен во февруари годинава, не го искористи мандатот и блискоста со Српската православна црква за да го потпише Темелниот договор, потсетува РСЕ. Причината е немањето целосна усогласеност меѓу двете страни

The post Абазовиќ најавува дека наскоро ќе се реши спорот со СПЦ appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска изјави дека потпишувањето на Темелниот договор со Српската православна црква (СПЦ) е обврска на државата и дека прашањето наскоро ќе се реши. – Сè што сум кажал, стојам зад тоа и нема мрдање. Темелниот договор ќе биде потпишан согласно Уставот и законот, рече Абазовиќ, одговарајќи на прашањата на шефот на пратеничката група на Демократскиот фронт, Славен Радуновиќ, пренесува подгоричкиот весник Вијести. Овој договор предизвика потреси на политичката сцена во Црна Гора и наиде на несогласувања во политичките партии. Најголеми поддржувачки се министрите од просрпската Социјалистичка народна партија, кои посочуваат дека поради овој договор и влегле во Владата. На другата страна се министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ и министерот за одбрана Рашко Коњевиќ, од владејачката Социјалдемократска партија (СДП), кои сметаат дека владата не може да потпише договор со Српската православна црква бидејќи не е регистрирана во Црна Гора како правен субјект. Спорови меѓу министрите има и околу името на тој иден договор. За приврзаниците на СПЦ во Црна Гора името треба да биде „Темелен (Основен) договор“, а политичките противници на Српската православна црква бараат да се именува само како „Договор“, посочува Радио Слободна Европа. Преговорите меѓу Владата на Црна Гора и Српската православна црква за Темелниот договор, со прекини, траат од 2012 година. Споровите меѓу државните институции и СПЦ за нејзиниот статус во Црна Гора резултираа со пад на последните две влади. По усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед на крајот на 2019 година, Владата на Демократската партија на социјалистите, предводена од Душко Марковиќ, загуби на парламентарните избори во август 2020 година. На губењето на власта му претходеа неколкумесечни масовни протестни маршеви предводени од свештеници на СПЦ со поддршка на тогашните опозициски партии. Ниту претходниот премиер Здравко Кривокапиќ, разрешен во февруари годинава, не го искористи мандатот и блискоста со Српската православна црква за да го потпише Темелниот договор, потсетува РСЕ. Причината е немањето целосна усогласеност меѓу двете страни

The post Абазовиќ најавува дека наскоро ќе се реши спорот со СПЦ appeared first on Република.

]]>
МПЦ-ОА: Документот на СПЦ, препорака за автокефалност, надеж за скоро издавање на Томос од Вселенскиот патријарх https://republika.mk/vesti/makedonija/mpc-oa-dokumentot-na-spc-preporaka-za-avtokefalnost-nadez-za-skoro-izdavanje-na-tomos-od-vselenskiot-patrijarh/ Mon, 06 Jun 2022 12:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=511755

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија денеска излезе со соопштение во кое изразува благодарност до Српската православна црква, поради заокружување на процесот на помирување, со вчерашното издавање на официјален документ, кој, како што наведува е своевидна препорака со која МПЦ се претставува како подготвена и достојна за автокефалност.

-Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Му благодари на Милостивиот Бог, а воедно и на сестринската Српска Православна Црква (СПЦ) за снисходливоста и покажаната љубов за помирување и за навремено и брзо решавање на меѓусебниот однос и административните аспекти, што произлезе како насока од страна на Великата Христова Црква во Константинопол и со актот за враќање во канонско единство на Охридската Архиепископија и со сите досегашни напори. Овој процес меѓу двете Цркви беше заокружен вчера во Белград, како меѓусебно решение, со издавањето на официјален документ, како своевидна препорака со која нашата света Црква се претставува како подготвена и достојна за автокефалност, се наведува во соопштението објавено од Кабинетот на на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Од Кабинетот известуваат дека во наредниот период, при официјалната посета на Фанар за Педесетница, Вселенската патријаршија ќе биде известена за решението на СПЦ.

Известуваме дека во наредниот период при официјалната посета на Фанар за Педесетница, што со голема радост ја очекуваме и кога ќе биде официјализирано нашето прифаќање во сеправославното литургиско и канонско единство, претстои да биде известена Вселенската Патријаршија за решението на СПЦ за да бидат затворени сите управни прашања меѓу двете Цркви. Изразуваме полноцрковна надеж, во иднина, односно кога за тоа ќе биде одлучено, да се пристапи кон финализирање на нашето црковно прашање и со издавање на општопризнат Томос од страна на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, согласно неговите законски и историски принадлежности, се нагласува во соопштението.

 

The post МПЦ-ОА: Документот на СПЦ, препорака за автокефалност, надеж за скоро издавање на Томос од Вселенскиот патријарх appeared first on Република.

]]>

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија денеска излезе со соопштение во кое изразува благодарност до Српската православна црква, поради заокружување на процесот на помирување, со вчерашното издавање на официјален документ, кој, како што наведува е своевидна препорака со која МПЦ се претставува како подготвена и достојна за автокефалност.
-Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Му благодари на Милостивиот Бог, а воедно и на сестринската Српска Православна Црква (СПЦ) за снисходливоста и покажаната љубов за помирување и за навремено и брзо решавање на меѓусебниот однос и административните аспекти, што произлезе како насока од страна на Великата Христова Црква во Константинопол и со актот за враќање во канонско единство на Охридската Архиепископија и со сите досегашни напори. Овој процес меѓу двете Цркви беше заокружен вчера во Белград, како меѓусебно решение, со издавањето на официјален документ, како своевидна препорака со која нашата света Црква се претставува како подготвена и достојна за автокефалност, се наведува во соопштението објавено од Кабинетот на на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Од Кабинетот известуваат дека во наредниот период, при официјалната посета на Фанар за Педесетница, Вселенската патријаршија ќе биде известена за решението на СПЦ.
Известуваме дека во наредниот период при официјалната посета на Фанар за Педесетница, што со голема радост ја очекуваме и кога ќе биде официјализирано нашето прифаќање во сеправославното литургиско и канонско единство, претстои да биде известена Вселенската Патријаршија за решението на СПЦ за да бидат затворени сите управни прашања меѓу двете Цркви. Изразуваме полноцрковна надеж, во иднина, односно кога за тоа ќе биде одлучено, да се пристапи кон финализирање на нашето црковно прашање и со издавање на општопризнат Томос од страна на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, согласно неговите законски и историски принадлежности, се нагласува во соопштението.
 

The post МПЦ-ОА: Документот на СПЦ, препорака за автокефалност, надеж за скоро издавање на Томос од Вселенскиот патријарх appeared first on Република.

]]>
СПЦ го отстапува на користење целиот свој имот на МПЦ https://republika.mk/vesti/makedonija/spc-go-otstapuva-na-koristenje-celiot-svoj-imot-na-mpc/ Sun, 05 Jun 2022 13:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=511434

Српската православна црква го отстапува на користење целиот свој имот на територијата на Македонија на новата, автокефална црква во таа земја, се наведува во томосот за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква, кој патријархот Порфириј денеска му го предаде на Архиепископот Македонски Стефан.

Светите храмови и манастири, особено светилишта од Немањичкиот период и подоцнежниот период на српско присуство, црковното градење и културното творештво на територијата на денешна Македонија, како и вкупниот движен и недвижен имот на СПЦ, во нејзините граници, се отстапуваат на користење новата автокефална сестринска црква, се вели во томосот.

 

The post СПЦ го отстапува на користење целиот свој имот на МПЦ appeared first on Република.

]]>

Српската православна црква го отстапува на користење целиот свој имот на територијата на Македонија на новата, автокефална црква во таа земја, се наведува во томосот за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква, кој патријархот Порфириј денеска му го предаде на Архиепископот Македонски Стефан.
Светите храмови и манастири, особено светилишта од Немањичкиот период и подоцнежниот период на српско присуство, црковното градење и културното творештво на територијата на денешна Македонија, како и вкупниот движен и недвижен имот на СПЦ, во нејзините граници, се отстапуваат на користење новата автокефална сестринска црква, се вели во томосот.
 

The post СПЦ го отстапува на користење целиот свој имот на МПЦ appeared first on Република.

]]>
Рускиот патријарх го благослови договорот меѓу СПЦ и МПЦ https://republika.mk/vesti/balkan/ruskiot-patrijarh-go-blagoslovi-dogovorot-megju-spc-i-mpc/ Fri, 27 May 2022 17:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=507765

Патријархот московски и на цела Русија Кирил го поздрави денеска, како што наведе, повторното обединување на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) со Српската православна црква (СПЦ), оценувајќи го како „значаен историски настан“.

-Ќе ве информирам за еден ваков добар и важен историски настан – обновувањето на комуникацијата меѓу Српската патријаршија и Охридската архиепископија, рече патријархот Кирил на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, јавија руските медиуми.

Патријархот Кирил напомена дека се работи за долга поделба, што „конечно е исцелена“

The post Рускиот патријарх го благослови договорот меѓу СПЦ и МПЦ appeared first on Република.

]]>

Патријархот московски и на цела Русија Кирил го поздрави денеска, како што наведе, повторното обединување на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) со Српската православна црква (СПЦ), оценувајќи го како „значаен историски настан“.
-Ќе ве информирам за еден ваков добар и важен историски настан – обновувањето на комуникацијата меѓу Српската патријаршија и Охридската архиепископија, рече патријархот Кирил на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, јавија руските медиуми.
Патријархот Кирил напомена дека се работи за долга поделба, што „конечно е исцелена“

The post Рускиот патријарх го благослови договорот меѓу СПЦ и МПЦ appeared first on Република.

]]>
„Браћо, признајте ги браќата!“ https://republika.mk/kolumni/bra-o-priznajte-gi-brakjata/ Fri, 27 May 2022 09:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=507515

Петар Поп Арсов 

Ова беше содржината на еден од транспарентите истакнат на митингот за поддршка на македонската самобитност одржан на плоштадот во Куманово, некаде на почетокот на 1992 година. Тоа не беше обичен митинг. Имаше две спротивставени страни, македонска и југословенска (читај српска). Имаше физички контакт, полициски кордон за раздвојување, бркотница, размена на удари, тепање. Тепање... и еден транспарент со порака „Браћо, признајте ги браќата!“.

Порака која остави длабока трага во мојата меморија во време во кое Македонија беше „ни на небо, ни на земја“. Новоформирана држава од неполни шест месеци, со сè уште присутна ЈНА, без сопствена војска и валута. Новородена државна творба со неверојатна мешавина на признавања и непризнавања од своите непосредни соседи. Бугарија веднаш ја призна државноста, но не го призна македонскиот народ и македонскиот јазик, како ни ден денес. Албанија и самата беше во хаос, па нејзиното признавање во тој момент и не беше некое достигнување или нешто за што жалевме. Србија го признаваше македонскиот народ и јазик според политичките параметри уште од времето на СФРЈ, но никогаш ја немаше признаено македонската црква и духовната компонента на идентитетската посебност на македоскиот народ. Во превод, не ти ја признава црквата, не ти го признава народот. Грција не признаваше ништо!

И така тргна! Така тргна патешествието на македонската држава и народ кон заокружување на вековниот стремеж на генерации Македонци за формирање на сопствена држава која ќе живее во хармонија со сопствените браќа и соседи.

Се редеа признавања, интеграција во меѓународни организации, политички, спортски, културни. Обединетите Нации, Советот на Европа, ОБСЕ, ФИФА...мифа, УЕФА, ЕХФ, Олимпијади, Евровизија, фудбал, ракомет, кошарка..., Македонија ја имаше насекаде.

Трпевме и притисоци, санкции и блокади!

Се маткавме по ходниците на ЕУ институциите, и уште ќе се маткаме. Не може ЕУ толку да не одбива колку што ние можеме да бидеме упорни! Никогаш не бевме задоволни и секогаш сакавме повеќе, уште, уште малку. Бевме свесни дека носиме вина во себе за незавршените домашни задачи, но бевме свесни и поучени дека дури и завршените задачи за Македонија нема да бидат доволни.Сепак продолжувавме напред.

Влеговме и во НАТО!

Присуствувавме, учествувавме, понекогаш и победувавме на радост на сите дома, но за најголемата победа секогаш го сметавме нашето присуство, учество и спомнувањето на името Македонија во друштвото со останатите земји. Стана сосема нормално да нè има, да сме присутни и да посакуваме успех.

Со соседите ни одеше по принципот топло-ладно. Некогаш топло, некогаш ќе заладеше, пред сè во политичките односи. Но, она што беше најважно, односите меѓу обичните луѓе секогаш ја држеа онаа топла струја која даваше надеж за просперитет и мирен соживот на Балканот. Особено односите со Србија, српскиот народ и српската политика во овие дваесетина и кусур години од овој век беа особено коректни, добри и на периоди на исклучително високо ниво.

Односите добри, блиски, а секогаш во мислите провејуваше пораката од транспарентот „Браќо, признајте ги браќата!“. Порака која го поставуваше клучното прашање, кога конечно ќе дојде до црковно признавање на македонскиот идентитет со признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква?!

И еве, се случи и тоа!

„Сега браќа и сестри, кога дојдовме овде ви носиме уште една радост. Светиот архирејски Собор на Српската Православна Црква едногласно излезе во пресрет на молбата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Соборот на нашата цркваблагословува, одобрува, прифаќа и признава автокефалност.“

Браќата ги признаа браќата!

Оваа реченица изговорена од патријархот српски, Порфириј, треба да стави крај на сите несогласувања, неслога и поделби кои постоеја на црковно ниво. Чинот на признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на СПЦ ги затвора сите отворени прашања меѓу двата народа и дава сериозен импулс на сите балкански народи во целина за излез од сопственото „средновековие“ во кое се сè уште заглавени, дури и во дваесетипрвиот век.

Што е тоа кое што највеќе импресионира во реченицата изговорена од патријархот Порфириј? Македонска православна црква - Охридска архиепископија, името на нашата црква. Онакво какво што е! Македонско!

Тоа е тоа!

Во Македонија има верници, веруваме во Бога. Имаме цркви, манастири и свештеници. Имаме исклучителна православна-христијанска традиција и негување на обичаите. Македонскиот народ во минатото, вака или онака, бил дел од духовното православно единство и тоа не е нешто ново кое што го добиваме со автокефалноста на МПЦ. Некои од нашите стари биле дел од славната Охридска Архиепископија, подоцна некои биле егзархисти, некои патријаршисти и како верници не припаѓале на „расколничка црква“, како што тоа е случајот со нас современите Македонци. Но, никогаш до сега, ниту една генерација Македонци не припаѓала на црква со име Македонска која е признаена како автокефална и во духовно единство со останатите цркви. Токму и за тоа беше, и е целата борба уште од 1967 година кога МПЦ самостојно ја прогласува сопствената автокефалност.

Тука е најголемото значење на пораката испратена од патријархот Порфириј и најголемиот успех на архиепископот Стефан и Синодот на МПЦ, зачувувањето на македонското име.

До тука некако сè делува идилично и оптимистички.

Но, како понатаму?

Во овие моменти не би сакал да бидам сомничав или „неверен Тома“ и да навлегувам во длабока анализа на онаа втората реченица,која како фуснота на радосната вест беше изговорена од патријархот Порфириј. Не би сакал да ја расипувам сопствената радост,но, мора да се биде реален и буден.

„Браќа и сестри, во исто време, Светиот собор на нашата црква му стави на должност на Синодот и патријархот на Српската православна црква, заедно и во соработка со архиепископот Стефан и неговиот Синод, да ги разработат сите техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување со официјален акт, а потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот канонски ред и поредок и ќе бидат повикани да го прифатат автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.“

Дали тоа значи дека сепак е потребен некаков официјален акт за прогласување на автокефалност на МПЦ?Дали тоа значи дека обзнанувањето на признавањето на автокефалноста на МПЦ од страна на патријархот Порфириј во Скопје има неофицијален карактер? Недостасува ли акт кој што треба да помине низ техничко-организациона нивелација меѓу водачите и Синодот на двете цркви? Акт кој ќе ја официјализира радосната вест која во Скопје ја соопшти патријархот на СПЦ?

Не сакам да верувам дека името Македонска ќе се загуби некаде во техничко-организационата нивелација, но имајќи го предвид признавањето коешто претходно дојде од Цариград, во кое јасно беше посочено дека се исклучува терминот македонска и сите деривати на името Македонија, создава обврска кај сите денешни Македонци да веруваме во божјата волја и делувањето на црковните великодостојници, но и будно да следиме и помагаме со цел сите заедно да истраеме на нашиот пат кон целосна црковна автокефалност на Македонската црква. Во Бога верувам, се друго проверувам!

Се поставува прашањето кои се мотивите и интересот на СПЦ и патријархот Порфириј на таков експлицитен начин, јасно и недвосмислено да ја ословува МПЦ-ОА со полното име? Дали дипломатијата досега нашла формула која ги задоволува сите заинтересирани страни и сèона што ќе следува е само имплемтација на веќе договореното или можеби СПЦ на овој начин, изненадена од чекорот на Вселенската патријаршија која прва ја обзнани веста за враќањето во канонско единство на нашата црква, ги зацврстува позициите на сопствената црква и држава и не дозволува некој друг да ја преземе улогата на „најголемиот пријател“ на Македонија и македонскиот народ? Дали СПЦ, поучена од грешката на БПЦ, која пред некоја година ја одби молбата на МПЦ-ОА во барањето начин да се вклучи во канонско единство со православниот свет, на овој начин прави нов исчекор со кој ја доведува Србија како држава на водечката позиција на Балканот?

Многу прашања, одговорите набргу ќе следат.

Ова е прв сериозен чекор (под услов целосно и до крај да се реализира) кој имплицира дека големосрпската политика, која доминираше во деведесеттите години од минатиот век и во времето кога истакнувавме транспаренти со текст „Браќо признајте ги браќата“, дефинитивно е заменета со разумна политика која не останува само во сферата на бајки и декларативност. Токму тие големодржавни политики ја направија Србија најмала и најневлијателна во последниве сто и кусур години.

Денес ја гледаме Бугарија заглавена и заробена во тој филм, филмот на големодржавните политики. Тааго напушти филмот на мир и пријателство на Желју Желев и влезе во агресивниот филм на Милошевиќ. Има свежа поука како завршуваат таквите филмови и кој е начинот за излез од нив. Бугарија е длабоко заспана во големобугарскиот сон кој што сега го сонува! Тоа е само еден обичен сон! Време е за будење!

Мое е само да им порачам „Братя, признајте ги браќата“!

За ваше и наше добро!

Останува да ја видиме и дочекаме разрешницата на ова поглавје од македонската историја. Останува да видиме каков ќе биде ставот на блокот грчки црквиво однос на името на МПЦ и дали во оваа политичко-верска операција секоја страна ќе го добие она што го сака во интерес на доброто, мирот и единството на сите?!

The post „Браћо, признајте ги браќата!“ appeared first on Република.

]]>

Петар Поп Арсов 

Ова беше содржината на еден од транспарентите истакнат на митингот за поддршка на македонската самобитност одржан на плоштадот во Куманово, некаде на почетокот на 1992 година. Тоа не беше обичен митинг. Имаше две спротивставени страни, македонска и југословенска (читај српска). Имаше физички контакт, полициски кордон за раздвојување, бркотница, размена на удари, тепање. Тепање... и еден транспарент со порака „Браћо, признајте ги браќата!“. Порака која остави длабока трага во мојата меморија во време во кое Македонија беше „ни на небо, ни на земја“. Новоформирана држава од неполни шест месеци, со сè уште присутна ЈНА, без сопствена војска и валута. Новородена државна творба со неверојатна мешавина на признавања и непризнавања од своите непосредни соседи. Бугарија веднаш ја призна државноста, но не го призна македонскиот народ и македонскиот јазик, како ни ден денес. Албанија и самата беше во хаос, па нејзиното признавање во тој момент и не беше некое достигнување или нешто за што жалевме. Србија го признаваше македонскиот народ и јазик според политичките параметри уште од времето на СФРЈ, но никогаш ја немаше признаено македонската црква и духовната компонента на идентитетската посебност на македоскиот народ. Во превод, не ти ја признава црквата, не ти го признава народот. Грција не признаваше ништо! И така тргна! Така тргна патешествието на македонската држава и народ кон заокружување на вековниот стремеж на генерации Македонци за формирање на сопствена држава која ќе живее во хармонија со сопствените браќа и соседи. Се редеа признавања, интеграција во меѓународни организации, политички, спортски, културни. Обединетите Нации, Советот на Европа, ОБСЕ, ФИФА...мифа, УЕФА, ЕХФ, Олимпијади, Евровизија, фудбал, ракомет, кошарка..., Македонија ја имаше насекаде. Трпевме и притисоци, санкции и блокади! Се маткавме по ходниците на ЕУ институциите, и уште ќе се маткаме. Не може ЕУ толку да не одбива колку што ние можеме да бидеме упорни! Никогаш не бевме задоволни и секогаш сакавме повеќе, уште, уште малку. Бевме свесни дека носиме вина во себе за незавршените домашни задачи, но бевме свесни и поучени дека дури и завршените задачи за Македонија нема да бидат доволни.Сепак продолжувавме напред. Влеговме и во НАТО! Присуствувавме, учествувавме, понекогаш и победувавме на радост на сите дома, но за најголемата победа секогаш го сметавме нашето присуство, учество и спомнувањето на името Македонија во друштвото со останатите земји. Стана сосема нормално да нè има, да сме присутни и да посакуваме успех. Со соседите ни одеше по принципот топло-ладно. Некогаш топло, некогаш ќе заладеше, пред сè во политичките односи. Но, она што беше најважно, односите меѓу обичните луѓе секогаш ја држеа онаа топла струја која даваше надеж за просперитет и мирен соживот на Балканот. Особено односите со Србија, српскиот народ и српската политика во овие дваесетина и кусур години од овој век беа особено коректни, добри и на периоди на исклучително високо ниво. Односите добри, блиски, а секогаш во мислите провејуваше пораката од транспарентот „Браќо, признајте ги браќата!“. Порака која го поставуваше клучното прашање, кога конечно ќе дојде до црковно признавање на македонскиот идентитет со признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква?! И еве, се случи и тоа! „Сега браќа и сестри, кога дојдовме овде ви носиме уште една радост. Светиот архирејски Собор на Српската Православна Црква едногласно излезе во пресрет на молбата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Соборот на нашата цркваблагословува, одобрува, прифаќа и признава автокефалност.“ Браќата ги признаа браќата! Оваа реченица изговорена од патријархот српски, Порфириј, треба да стави крај на сите несогласувања, неслога и поделби кои постоеја на црковно ниво. Чинот на признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на СПЦ ги затвора сите отворени прашања меѓу двата народа и дава сериозен импулс на сите балкански народи во целина за излез од сопственото „средновековие“ во кое се сè уште заглавени, дури и во дваесетипрвиот век. Што е тоа кое што највеќе импресионира во реченицата изговорена од патријархот Порфириј? Македонска православна црква - Охридска архиепископија, името на нашата црква. Онакво какво што е! Македонско! Тоа е тоа! Во Македонија има верници, веруваме во Бога. Имаме цркви, манастири и свештеници. Имаме исклучителна православна-христијанска традиција и негување на обичаите. Македонскиот народ во минатото, вака или онака, бил дел од духовното православно единство и тоа не е нешто ново кое што го добиваме со автокефалноста на МПЦ. Некои од нашите стари биле дел од славната Охридска Архиепископија, подоцна некои биле егзархисти, некои патријаршисти и како верници не припаѓале на „расколничка црква“, како што тоа е случајот со нас современите Македонци. Но, никогаш до сега, ниту една генерација Македонци не припаѓала на црква со име Македонска која е признаена како автокефална и во духовно единство со останатите цркви. Токму и за тоа беше, и е целата борба уште од 1967 година кога МПЦ самостојно ја прогласува сопствената автокефалност. Тука е најголемото значење на пораката испратена од патријархот Порфириј и најголемиот успех на архиепископот Стефан и Синодот на МПЦ, зачувувањето на македонското име. До тука некако сè делува идилично и оптимистички. Но, како понатаму? Во овие моменти не би сакал да бидам сомничав или „неверен Тома“ и да навлегувам во длабока анализа на онаа втората реченица,која како фуснота на радосната вест беше изговорена од патријархот Порфириј. Не би сакал да ја расипувам сопствената радост,но, мора да се биде реален и буден. „Браќа и сестри, во исто време, Светиот собор на нашата црква му стави на должност на Синодот и патријархот на Српската православна црква, заедно и во соработка со архиепископот Стефан и неговиот Синод, да ги разработат сите техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување со официјален акт, а потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот канонски ред и поредок и ќе бидат повикани да го прифатат автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.“ Дали тоа значи дека сепак е потребен некаков официјален акт за прогласување на автокефалност на МПЦ?Дали тоа значи дека обзнанувањето на признавањето на автокефалноста на МПЦ од страна на патријархот Порфириј во Скопје има неофицијален карактер? Недостасува ли акт кој што треба да помине низ техничко-организациона нивелација меѓу водачите и Синодот на двете цркви? Акт кој ќе ја официјализира радосната вест која во Скопје ја соопшти патријархот на СПЦ? Не сакам да верувам дека името Македонска ќе се загуби некаде во техничко-организационата нивелација, но имајќи го предвид признавањето коешто претходно дојде од Цариград, во кое јасно беше посочено дека се исклучува терминот македонска и сите деривати на името Македонија, создава обврска кај сите денешни Македонци да веруваме во божјата волја и делувањето на црковните великодостојници, но и будно да следиме и помагаме со цел сите заедно да истраеме на нашиот пат кон целосна црковна автокефалност на Македонската црква. Во Бога верувам, се друго проверувам! Се поставува прашањето кои се мотивите и интересот на СПЦ и патријархот Порфириј на таков експлицитен начин, јасно и недвосмислено да ја ословува МПЦ-ОА со полното име? Дали дипломатијата досега нашла формула која ги задоволува сите заинтересирани страни и сèона што ќе следува е само имплемтација на веќе договореното или можеби СПЦ на овој начин, изненадена од чекорот на Вселенската патријаршија која прва ја обзнани веста за враќањето во канонско единство на нашата црква, ги зацврстува позициите на сопствената црква и држава и не дозволува некој друг да ја преземе улогата на „најголемиот пријател“ на Македонија и македонскиот народ? Дали СПЦ, поучена од грешката на БПЦ, која пред некоја година ја одби молбата на МПЦ-ОА во барањето начин да се вклучи во канонско единство со православниот свет, на овој начин прави нов исчекор со кој ја доведува Србија како држава на водечката позиција на Балканот? Многу прашања, одговорите набргу ќе следат. Ова е прв сериозен чекор (под услов целосно и до крај да се реализира) кој имплицира дека големосрпската политика, која доминираше во деведесеттите години од минатиот век и во времето кога истакнувавме транспаренти со текст „Браќо признајте ги браќата“, дефинитивно е заменета со разумна политика која не останува само во сферата на бајки и декларативност. Токму тие големодржавни политики ја направија Србија најмала и најневлијателна во последниве сто и кусур години. Денес ја гледаме Бугарија заглавена и заробена во тој филм, филмот на големодржавните политики. Тааго напушти филмот на мир и пријателство на Желју Желев и влезе во агресивниот филм на Милошевиќ. Има свежа поука како завршуваат таквите филмови и кој е начинот за излез од нив. Бугарија е длабоко заспана во големобугарскиот сон кој што сега го сонува! Тоа е само еден обичен сон! Време е за будење! Мое е само да им порачам „Братя, признајте ги браќата“! За ваше и наше добро! Останува да ја видиме и дочекаме разрешницата на ова поглавје од македонската историја. Останува да видиме каков ќе биде ставот на блокот грчки црквиво однос на името на МПЦ и дали во оваа политичко-верска операција секоја страна ќе го добие она што го сака во интерес на доброто, мирот и единството на сите?!

The post „Браћо, признајте ги браќата!“ appeared first on Република.

]]>
Чудото по 250 години во храмот на свети Климент https://republika.mk/kolumni/chudoto-po-250-godini-vo-hramot-na-sveti-kliment/ Thu, 26 May 2022 12:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=506712

Слободан Томиќ

(Враќањето на автокефалноста на древната и вечна Охридска архиепископија) 

„Блажен е оној кој својата надеж секогаш ја полага на својот Господ. Чиешто име не минува и чијашто слава нема крај“, ќе рече преподониот Ефрем Сирин.

Надежта на македонскиот народ никогаш не умира, таа е единственото нешто што го опстои во изминатите милениуми и покрај илјадниците премрежиња.

Што за човекот е неможно за Бога е можно, ќе прочитаме во Светото Писмо.

Да, токму тоа, според Господ и неговата воља, Македонија и македонските верници на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископјија на денот на светите Просветители Светите Кирил И Методиј, го добија Божјиот благослов и автокефалност како православна црква, од Српската Православна Црква.

Српскиот патријарх Порфириј со полно срце ќе рече дека Соборот на СПЦ едногласно донел одлука за благослов на барањето на Македонската православна црква - Охридската архиепископија за автокефалност.

Во проповедта, по заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје  српскиот патријарх напомена дека е неописливо среќен, бидејќи пред очите на сите се случува чудо, чиј дел сме и ние.

Неговата Светост во својата проповед рече дека со нас денес се радуваат целата Црква, небото и Земјата, кога браќата се сакаат, кога го слават името Божјо, а ние се радуваме што по педесет и пет години служевме Света Литургија во Белград, а потоа и во Скопје. Едната вера е наша и наша љубов и затоа денес неописливо се радуваме, бидејќи пред нашите очи се случува чудо, а ние сме недостојни учесници во тоа чудо. Она што е одвоено од 1967 година, Бог ни даде чест да бидеме исцелени.

Чудото се случи, како што се случуваат чуда на ова библиско парче земја која се споменува повеќепати во Библијата и која како Македонска црква ја споменува и Светиот Апостол Павле.

Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија,  во Соборниот храм Свети Климент Охридски ја доби радосната вест од српскиот патријарх, дека 55 годишниот спор за автокефалноста на црквата на светите Климент и Наум, Светата Лидија Македонка,првата покрстена  Македонка, Светиот Еразмо, светиот Гаврил Лесновски, Светите Јоаникиј Ракотински, Света Злата Менглесака, Свети Георги Кратовски, Светиот Јоаким Осоговски, Светиот Јоаким Крчовски и многу други светители го доби заслуженото, а тоа е да биде автокефална православна црква како и останатите  сестри православни автокефални во соседството и во светот.

Кога зборуваме за „чуда“ убаво е да се спомне Уште еден интересен момент од кој човек со сигурност ќе се наежи е кога гулаб слета во Соборниот храм додека српскиот патријарх ја соопштуваше информацијата дека Соборот на СПЦ издал АМИН за доделување автокефалност на МПЦ-ОА.

Информацијата  ја потврдија  архијереји кои учествуваа  на  историска литургија и кои успеале да го фотографираат гулабот, а симболиката на оваа птица во христијанство сигурно ја знаете:

„Според Евангелието по Марко, по крштевањето на Исус, се виде како небото се отвора и како Духот претставен со гулаб излегол од него“.

Да,чуда се случуваа во храмот на Свети Климент Охридски, првото е најрадосната вест соопштена од српскиот патријарх ГГ Порфириј за автокефалноста на МПЦ-ОА, Охридската Архиепископија или чудото

Враќањето на АВТОКЕФАЛНОСТА  на древната и вечна Охридска архиепископија!

Патријархот Српски Порфириј, 61 годишниот филозов  и теолог, со богат црковен, монашки живот и духовна надрградба, во делот познавањето на срцето и духот на православната вера и душата на црквата е патријарх кој ќе биде влезен и запишан во историјата на црквата.

Патријарх кој со својот харизматичен лик и душа и без никава предрасуда и стереотип како што прилега на вистински висок црковен достојник во македонскиот храм на Свети Климент, заедно со членовите на Светиот Собор на СПЦ, ја израдуваа и ја развеселија, а да бидам искрен и ја изненадија сета македонска јавност и во Македонија и надвор од неа со радосната вест, дека Светиот Собор на СПЦ ја прифати молбата на светиот Синот на МПЦ-ОА предводена од неговото блаженство г.г. Стефан, кој заедно со архиерејството и митрополитите Петар и Тимотеј упатија молба за доделување на автокефалност на МПЦ-ОА, а кое се случи веднаш по објавата на одлуката на Светиот Синод на Цариградскта Патријаршија предводена од патријархот Вартоломеј, дека МПЦ-ОА, веќе нема да биде црква во забранетите.

Границите се менуваат, се сменија и сигурно повторно ќе се менуваат, но Црквата Христова е единственото нешто што не се менува, таа е вечна, таа е столб и тврдина на вистината!

Љубовта и молитвата на оние во Белград и овде ги надминаа искушенијата и му овозможија на Бога да направи чудо, да покаже дека сме си потребни еден на друг, дека сме едно во Христа, дека Тој е алфа и омега на нашето постоење, историја и вечност.

Најпрвин, поради нашите молитви и оние во Белград и овде во Скопје, и поради нашата љубов и молитвите на сите светии, воспоставивме единство, едногласната одлука на Светиот архиерејски собор на СПЦ за одобрување, прифаќање и признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија!

Останува  Собранието на Синодот на СПЦ и Патријархот заедно со Архиепископот Стефан и Синодот на МПЦ-ОА да ги разработат сите технички и организациски детали, а потоа црковното прогласување ќе биде официјален чин. И сите помесни цркви ќе бидат информирани и повикани да го прифатат статусот на автокефалност на МПЦ-ОА, изјави Порфир.

„Сигурни сме, браќа и сестри, дека сите други помесни православни цркви со задоволство ќе ја дочекаат оваа вест и дека ќе се радуваат што нашиот Господ и неговата црква ќе растат“, рече Порфириј.

Сите ве ставаме во нашите срца и молитви и ве молиме да не примите, рече Порфириј.

Не може да се изостави и прекрасната изјава на патријархот Порфириј на историскиот настан во храмот на Свети Климент во Скопје, тој меѓудругото ќе рече:

„Браќа архиепископи, браќа и сестри, верни народи на оваа прекрасна и благословена земја, украсена со најубавите бисери на православната духовност и свети Божји места и места каде што ние подвижниците со векови се молевме и пролевавме солзи на покајание за спасение на светот и човештвото. Да се радуваме , затоа што Господ погледна во нас и затоа што со нас денес се радува целата црква, се радуваат небото и земјата. Се радуваме кога браќата се сакаат и се радуваме што после 55 години служевме света Литургија прво во Белград, а потоа и во Скопје“.

Се е од Господ кој не поставил граници за нациите да се делат и да се спротивставуваат, туку дека границите значат можност секој народ подобро да се организира за да го умножи својот посебен печат, и дарови од Бога, порасна, да не се затвори во себе и да биде вљубен во себе. Но, има и такви кои немаат ниту тронка милост, чувство и благодарност ниту кон Бога, ниту кон верата, ниту кон црквата.

Тие веднаш со своите скептични мисли, и помисли!

Тоа се ситни души кои не се воопшто наклонети кон Божјите пораки  за љубов и единство!

„Бог ја создаде различноста и  секому му даде дар на уникатност, за да може да се даде себеси на другите, исто како што народите се даваат на другите народи и се интегрираат во заедниците со други народи, ги збогатуваат другите народи со себе и се збогатуваат со други народи.“

Искреноста не изостана и со пораката:

„Православната вера сме ја примиле од нашите свети предци, од светите Кирил и Методиј, словенски апостоли кои сведочеле за Христа, како и од Свети Климент и Наум и од Свети Сава и други“, истакна патријархот  Порфириј.

Да се потсетиме повторно на Апостол Павле:

„Ве молам, браќа, да нема раздор меѓу вас и да се утврдите во истиот збор!“

Чудото по 250 години

Љубовта во очите на сите нас како и обврската, задачата и пораката, а тоа е дека нашата љубов и молитви насекаде како во Скопје, така и во Белград како и во целиот православен свет уште повеќе ќе помогнат да се надминат  исклучувањата и се направи чудо - да, ние треба да се разбираме бидејќи си требаме и не можеме еден без друг.

Да живееме православно и во молитвите на сите светци, со што ќе воспоставиме единство“,

Убавата вест пристигна и од  Константинопол во седиштето на неговата СеСветос патрихархот ГГ Вартоломеј,  дека писмото за автокефалност е примено во Цариград и дека на 12 јуни, на 55-годишнината од МПЦ, претставници на таа црква ќе служат заедничка литургија со Вселенската патријаршија во Фанар.

Имаме и некои коментари дали нашата црква и името македонска ќе го изгубиме? Секако дека НЕ! Охридската Архиепископија е древна црква и има свој контунуитет кој денеска се вика македонска православна црква.

Според митрополитот преспанско пелагониски и администратор австралиско новозеландски Петарнема простор за страв и паника името на нашата црква е во духот на името синот и светиот дух,или три во едно.

Тоа подразбира ,како и да се спомнува и нарече во комуникација македонската православна црква, охридска архиепископија, јустинијана прима, или македонска православна црква тоа е едно исто!

Според истражувањата во контекст на автокефалниот статус на помесните православни цркви, поконкретно нивните официјални титули, на кои е издаден официјален томос, ги наведуваме следниве сознанија:

– Руска православна црква: Томосот е издаден на име Московска патријаршија, од страна на Вселенската патријаршија, во 1589 година, кога бил поставен првиот московски патријарх, Јов.

Името Руска Православна Црква почнало да се користи дури во 1943 година.

– Српска православна црква: Својот томос го добила во 1922 година, од страна на Мелетиј IV, во малку нерегуларни околности, а бил издаден на име Автокефална обединета Православна црква на Кралството СХС, во чиј состав влегле претходно канонски независните митрополии: Црногорската, Српската, Карловачката и двете далматински епархии. Со тој документ истовремено црквата во Кралството СХС е издигната на степен на патријаршија.

Значи, не стои Романска православна црква, туку Православна црква во Романија. Истото тоа важи и за другите.)

– Грчка православна црква: Првиот документ со кој се уреди автокефалниот статус на Грчката црква е томосот од 1850 година. Сепак, со ослободувањето на Северна Грција во 20 век, вселенскиот патријарх прогласи патријаршиски синодален акт, со кој беше основана нова црковна структура, наречена Црква на Грција, во кој влегоа и митрополиите на Северна Грција. Така што, томосот гласи на име: Православна црква на Грција.

– Бугарска православна црква: На 22 февруари 1945 година, од страна на константинополскиот патријарх Венјамин, доделен ѝ е томос на Бугарската православна црква, кој гласи на име: Света православна автокефална црква во Бугарија.

– Албанска православна црква: Томосот за автокефалноста на Албанската православна црква е издаден во 1937 година, од страна на Вселенската патријаршија, и гласи како Автокефална православна црква во Албанија.

Што се однесува до нашата помесна православна црква – МПЦ-ОА, особено е важно да се напомене дека нејзиното историски и еклисиолошки исправно име е Охридска архиепископија.

Името Македонска Православна Црква е настанато по аналогија на другите помесни православни цркви и не претставува суштествено еклисиолошко име, бидејќи никогаш во историјата не се среќавала црква со тоа име, како што не се среќавале ни Руска, Грчка, Бугарска, Српска, Романска…

Би сакал да ги спомнам и оценките на аналитичарите во соседството  околу ова прашање:

Прашањето за начинот за доделувањето на Томосот за автокефалија, има потенцијал да ја возобнови дебатата за улогата на мајката-црква, останатите помесни цркви и вселенскиот патријарх во процесот на доделување на автокефалија.

 – Постои ризик од евентуална поларизација во православието доколку процесот не се одвива преку еден координиран и искрен пристап кај главните чинители (СПЦ, МПЦ-ОА и Цариград).

Да не заборавиме дека во првичното соопштение на СПЦ од 16 мај беше наведена потребата за сеправославна согласност и прифаќање на конечниот статус на МПЦ-ОА.

 Истовремено, српскиот патријарх Порфириј не го спомна Вартоломеј кога зборуваше за наредни чекори, туку кажа дека СПЦ прифаќа, признава и одобрува автокефалност и дека за тоа останатите цркви следејќи го канонскиот редослед ќе бидат информирани и повикани и тие да го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА – објаснуваат аналитичарите.

 

Наредните чекори, појаснуваат тие, се формализација на одлуката донесена за автокефалија дадена од страна на СПЦ преку договор со МПЦ-ОА за техничко-административните прашања кои произлегуваат од ваквиот чекор.

 

Ќе има уценувања и условувања..?!

Српскиот верски аналитичар Жељко Ињац “ смета дека Вселенската патријаршија секако ќе се обиде да ја потчини новата македонска црква, како што тоа го направи со расколничката црква во Украина, давајќи ѝ еден вид полуавтокефалност со создавање црква што повеќе личи на парохија отколку на локална црква, за да ги оправда своите неопапистички претензии.

 Според Ињац, сега во МПЦ-ОА мора да бидат мудри да не се согласат на уцени и на какви било услови во однос на името, јурисдикцијата или Томос, без разлика кој ќе го додели.

– Но, единствено валидно е тоа сите помесни цркви ја признаат Македонската црква под нејзиното целосно име и презиме, по древната православна практика. Вселенската патријаршија е мајка на сите словенски цркви, но не е мајка на сите цркви, таа е сепак Ерусалимска патријаршија.

Српскиот аналитичар претпоставува дека вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе направи нешто слично како српскиот патријарх, без давање Томос, но најверојатно нема да ја пропушти приликата да го нагласи неговиот наводен примат во православната црква и тоа ќе биде крај, барем во оваа фаза.

 На прашањето дали најавениот Томос за автокефалност на МПЦ-ОА ќе важи и за епархиите надвор од територијата на Македонија, аналитичарот вели дека тоа ќе зависи од тоа кој ќе го додели Томосот.

 – Ако го дадат Србите, ќе биде, како што се наведува во соопштението на Соборот на СПЦ, дека МПЦ-ОА ќе ја добие сета јурисдикција над своите верници, како во татковината, така и во дијаспората.

Ако го даде Вселенската патријаршија, која има претензии кон дијаспората на сите помесни цркви, тешко дека МПЦ-ОА ќе ја задржи дијаспората. Тоа е сега борбата пред МПЦ-ОА за целосна јурисдикција над своите верници и балансирање меѓу СПЦ и Цариград.

 Српската православна црква не може повеќе од ова, а зад Вселенската патријаршија стојат моќни светски центри.

 Владиците од МПЦ-ОА и властите треба да бидат мудри да не се замерат со моќниците, а сепак да се изборат за своите права. На вашата црква и натаму ѝ претстои мачна и тешка борба да ја потврди својата духовна самостојност – порачува Ињац.

Како заокружена анализа и реакции околу признавањето и автокефалноста дадена од СПЦ на МПЦ-ОА, не може да се изостави и:

 Руската Православна Цеква среќна поради признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во  Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов.

– Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на Божјата волја. Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок – рече Балашов за ТАСС, во врска со завчерашното обзнанување на српскиот патријарх Порфириј на заедничката архијерејска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје дека Светиот архијерејски собор на СПЦ едногласно решил да го признае автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.

Да се надеваме,дека сепак силните молитви кои беа принесени кон Бога  од длабочината на  душите на светите архиереи и  верниците на македонската црква,заедно со поглаварите на двете православни цркви ,СПЦ и МПЦ-ОА ,ГГ Порфириј и ГГ Стефан на празникот на Раѓањето на  Црквата – Педесетница,   ќе го донесе очекуваното по 250 години,а тоа е  Томосот,потпишан од светата десница од неговата СеСветос цариградски патријарх Вартоломеј, и им „паднат во вода  сите лоши мисли и помисли“ на ,,некои,, кои не ја прифатија вистината за Христовата црква МПЦ-ОА дека е таа вечна и единствена.

Такви скептици, и неистомисленици за жал ги имало,ги има и во иднина ќе ги има  од сите страни, и дома и надвор!

Одлуката за Автокефалност што ни ја врачија Српскиот патријарх г. Порфириј и членовите на Светиот Синод на СПЦ, ја потврдија исконата на Македонија,македонскиот идентитет, јазик ,култура,историја со еден збор се случи враќањето на АВТОКЕФАЛНОСТА  на древната и вечна  Охридска  Архиепископија или чудото кое го посакувавме 250 години, денеска е реалност!

Останува , на роденденот на црквата 12 јуни 2022 или Педесетница да се радуваме и славиме чудото,од храмот на Свети Климент Охридски со радосната вест ,а таа е да го добиеме печатот, Томосот за автокефалноста  на нашата Света и Древна Охридска Архиепископија,или Јустинијана Прима, или Света Македонска Православна Црква!

        За многаја лета, во векови за навек! Амин!

The post Чудото по 250 години во храмот на свети Климент appeared first on Република.

]]>

Слободан Томиќ

(Враќањето на автокефалноста на древната и вечна Охридска архиепископија) 

„Блажен е оној кој својата надеж секогаш ја полага на својот Господ. Чиешто име не минува и чијашто слава нема крај“, ќе рече преподониот Ефрем Сирин.
Надежта на македонскиот народ никогаш не умира, таа е единственото нешто што го опстои во изминатите милениуми и покрај илјадниците премрежиња. Што за човекот е неможно за Бога е можно, ќе прочитаме во Светото Писмо. Да, токму тоа, според Господ и неговата воља, Македонија и македонските верници на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископјија на денот на светите Просветители Светите Кирил И Методиј, го добија Божјиот благослов и автокефалност како православна црква, од Српската Православна Црква. Српскиот патријарх Порфириј со полно срце ќе рече дека Соборот на СПЦ едногласно донел одлука за благослов на барањето на Македонската православна црква - Охридската архиепископија за автокефалност. Во проповедта, по заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје  српскиот патријарх напомена дека е неописливо среќен, бидејќи пред очите на сите се случува чудо, чиј дел сме и ние. Неговата Светост во својата проповед рече дека со нас денес се радуваат целата Црква, небото и Земјата, кога браќата се сакаат, кога го слават името Божјо, а ние се радуваме што по педесет и пет години служевме Света Литургија во Белград, а потоа и во Скопје. Едната вера е наша и наша љубов и затоа денес неописливо се радуваме, бидејќи пред нашите очи се случува чудо, а ние сме недостојни учесници во тоа чудо. Она што е одвоено од 1967 година, Бог ни даде чест да бидеме исцелени. Чудото се случи, како што се случуваат чуда на ова библиско парче земја која се споменува повеќепати во Библијата и која како Македонска црква ја споменува и Светиот Апостол Павле. Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија,  во Соборниот храм Свети Климент Охридски ја доби радосната вест од српскиот патријарх, дека 55 годишниот спор за автокефалноста на црквата на светите Климент и Наум, Светата Лидија Македонка,првата покрстена  Македонка, Светиот Еразмо, светиот Гаврил Лесновски, Светите Јоаникиј Ракотински, Света Злата Менглесака, Свети Георги Кратовски, Светиот Јоаким Осоговски, Светиот Јоаким Крчовски и многу други светители го доби заслуженото, а тоа е да биде автокефална православна црква како и останатите  сестри православни автокефални во соседството и во светот. Кога зборуваме за „чуда“ убаво е да се спомне Уште еден интересен момент од кој човек со сигурност ќе се наежи е кога гулаб слета во Соборниот храм додека српскиот патријарх ја соопштуваше информацијата дека Соборот на СПЦ издал АМИН за доделување автокефалност на МПЦ-ОА. Информацијата  ја потврдија  архијереји кои учествуваа  на  историска литургија и кои успеале да го фотографираат гулабот, а симболиката на оваа птица во христијанство сигурно ја знаете:
„Според Евангелието по Марко, по крштевањето на Исус, се виде како небото се отвора и како Духот претставен со гулаб излегол од него“.
Да,чуда се случуваа во храмот на Свети Климент Охридски, првото е најрадосната вест соопштена од српскиот патријарх ГГ Порфириј за автокефалноста на МПЦ-ОА, Охридската Архиепископија или чудото Враќањето на АВТОКЕФАЛНОСТА  на древната и вечна Охридска архиепископија! Патријархот Српски Порфириј, 61 годишниот филозов  и теолог, со богат црковен, монашки живот и духовна надрградба, во делот познавањето на срцето и духот на православната вера и душата на црквата е патријарх кој ќе биде влезен и запишан во историјата на црквата. Патријарх кој со својот харизматичен лик и душа и без никава предрасуда и стереотип како што прилега на вистински висок црковен достојник во македонскиот храм на Свети Климент, заедно со членовите на Светиот Собор на СПЦ, ја израдуваа и ја развеселија, а да бидам искрен и ја изненадија сета македонска јавност и во Македонија и надвор од неа со радосната вест, дека Светиот Собор на СПЦ ја прифати молбата на светиот Синот на МПЦ-ОА предводена од неговото блаженство г.г. Стефан, кој заедно со архиерејството и митрополитите Петар и Тимотеј упатија молба за доделување на автокефалност на МПЦ-ОА, а кое се случи веднаш по објавата на одлуката на Светиот Синод на Цариградскта Патријаршија предводена од патријархот Вартоломеј, дека МПЦ-ОА, веќе нема да биде црква во забранетите. Границите се менуваат, се сменија и сигурно повторно ќе се менуваат, но Црквата Христова е единственото нешто што не се менува, таа е вечна, таа е столб и тврдина на вистината! Љубовта и молитвата на оние во Белград и овде ги надминаа искушенијата и му овозможија на Бога да направи чудо, да покаже дека сме си потребни еден на друг, дека сме едно во Христа, дека Тој е алфа и омега на нашето постоење, историја и вечност. Најпрвин, поради нашите молитви и оние во Белград и овде во Скопје, и поради нашата љубов и молитвите на сите светии, воспоставивме единство, едногласната одлука на Светиот архиерејски собор на СПЦ за одобрување, прифаќање и признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија! Останува  Собранието на Синодот на СПЦ и Патријархот заедно со Архиепископот Стефан и Синодот на МПЦ-ОА да ги разработат сите технички и организациски детали, а потоа црковното прогласување ќе биде официјален чин. И сите помесни цркви ќе бидат информирани и повикани да го прифатат статусот на автокефалност на МПЦ-ОА, изјави Порфир.
„Сигурни сме, браќа и сестри, дека сите други помесни православни цркви со задоволство ќе ја дочекаат оваа вест и дека ќе се радуваат што нашиот Господ и неговата црква ќе растат“, рече Порфириј. Сите ве ставаме во нашите срца и молитви и ве молиме да не примите, рече Порфириј.
Не може да се изостави и прекрасната изјава на патријархот Порфириј на историскиот настан во храмот на Свети Климент во Скопје, тој меѓудругото ќе рече:
„Браќа архиепископи, браќа и сестри, верни народи на оваа прекрасна и благословена земја, украсена со најубавите бисери на православната духовност и свети Божји места и места каде што ние подвижниците со векови се молевме и пролевавме солзи на покајание за спасение на светот и човештвото. Да се радуваме , затоа што Господ погледна во нас и затоа што со нас денес се радува целата црква, се радуваат небото и земјата. Се радуваме кога браќата се сакаат и се радуваме што после 55 години служевме света Литургија прво во Белград, а потоа и во Скопје“.
Се е од Господ кој не поставил граници за нациите да се делат и да се спротивставуваат, туку дека границите значат можност секој народ подобро да се организира за да го умножи својот посебен печат, и дарови од Бога, порасна, да не се затвори во себе и да биде вљубен во себе. Но, има и такви кои немаат ниту тронка милост, чувство и благодарност ниту кон Бога, ниту кон верата, ниту кон црквата. Тие веднаш со своите скептични мисли, и помисли! Тоа се ситни души кои не се воопшто наклонети кон Божјите пораки  за љубов и единство!
„Бог ја создаде различноста и  секому му даде дар на уникатност, за да може да се даде себеси на другите, исто како што народите се даваат на другите народи и се интегрираат во заедниците со други народи, ги збогатуваат другите народи со себе и се збогатуваат со други народи.“
Искреноста не изостана и со пораката:
„Православната вера сме ја примиле од нашите свети предци, од светите Кирил и Методиј, словенски апостоли кои сведочеле за Христа, како и од Свети Климент и Наум и од Свети Сава и други“, истакна патријархот  Порфириј.
Да се потсетиме повторно на Апостол Павле:
„Ве молам, браќа, да нема раздор меѓу вас и да се утврдите во истиот збор!“
Чудото по 250 години Љубовта во очите на сите нас како и обврската, задачата и пораката, а тоа е дека нашата љубов и молитви насекаде како во Скопје, така и во Белград како и во целиот православен свет уште повеќе ќе помогнат да се надминат  исклучувањата и се направи чудо - да, ние треба да се разбираме бидејќи си требаме и не можеме еден без друг. Да живееме православно и во молитвите на сите светци, со што ќе воспоставиме единство“, Убавата вест пристигна и од  Константинопол во седиштето на неговата СеСветос патрихархот ГГ Вартоломеј,  дека писмото за автокефалност е примено во Цариград и дека на 12 јуни, на 55-годишнината од МПЦ, претставници на таа црква ќе служат заедничка литургија со Вселенската патријаршија во Фанар. Имаме и некои коментари дали нашата црква и името македонска ќе го изгубиме? Секако дека НЕ! Охридската Архиепископија е древна црква и има свој контунуитет кој денеска се вика македонска православна црква. Според митрополитот преспанско пелагониски и администратор австралиско новозеландски Петарнема простор за страв и паника името на нашата црква е во духот на името синот и светиот дух,или три во едно. Тоа подразбира ,како и да се спомнува и нарече во комуникација македонската православна црква, охридска архиепископија, јустинијана прима, или македонска православна црква тоа е едно исто! Според истражувањата во контекст на автокефалниот статус на помесните православни цркви, поконкретно нивните официјални титули, на кои е издаден официјален томос, ги наведуваме следниве сознанија: – Руска православна црква: Томосот е издаден на име Московска патријаршија, од страна на Вселенската патријаршија, во 1589 година, кога бил поставен првиот московски патријарх, Јов. Името Руска Православна Црква почнало да се користи дури во 1943 година. – Српска православна црква: Својот томос го добила во 1922 година, од страна на Мелетиј IV, во малку нерегуларни околности, а бил издаден на име Автокефална обединета Православна црква на Кралството СХС, во чиј состав влегле претходно канонски независните митрополии: Црногорската, Српската, Карловачката и двете далматински епархии. Со тој документ истовремено црквата во Кралството СХС е издигната на степен на патријаршија. Значи, не стои Романска православна црква, туку Православна црква во Романија. Истото тоа важи и за другите.) – Грчка православна црква: Првиот документ со кој се уреди автокефалниот статус на Грчката црква е томосот од 1850 година. Сепак, со ослободувањето на Северна Грција во 20 век, вселенскиот патријарх прогласи патријаршиски синодален акт, со кој беше основана нова црковна структура, наречена Црква на Грција, во кој влегоа и митрополиите на Северна Грција. Така што, томосот гласи на име: Православна црква на Грција. – Бугарска православна црква: На 22 февруари 1945 година, од страна на константинополскиот патријарх Венјамин, доделен ѝ е томос на Бугарската православна црква, кој гласи на име: Света православна автокефална црква во Бугарија. – Албанска православна црква: Томосот за автокефалноста на Албанската православна црква е издаден во 1937 година, од страна на Вселенската патријаршија, и гласи како Автокефална православна црква во Албанија. Што се однесува до нашата помесна православна црква – МПЦ-ОА, особено е важно да се напомене дека нејзиното историски и еклисиолошки исправно име е Охридска архиепископија. Името Македонска Православна Црква е настанато по аналогија на другите помесни православни цркви и не претставува суштествено еклисиолошко име, бидејќи никогаш во историјата не се среќавала црква со тоа име, како што не се среќавале ни Руска, Грчка, Бугарска, Српска, Романска… Би сакал да ги спомнам и оценките на аналитичарите во соседството  околу ова прашање: Прашањето за начинот за доделувањето на Томосот за автокефалија, има потенцијал да ја возобнови дебатата за улогата на мајката-црква, останатите помесни цркви и вселенскиот патријарх во процесот на доделување на автокефалија.  – Постои ризик од евентуална поларизација во православието доколку процесот не се одвива преку еден координиран и искрен пристап кај главните чинители (СПЦ, МПЦ-ОА и Цариград). Да не заборавиме дека во првичното соопштение на СПЦ од 16 мај беше наведена потребата за сеправославна согласност и прифаќање на конечниот статус на МПЦ-ОА.  Истовремено, српскиот патријарх Порфириј не го спомна Вартоломеј кога зборуваше за наредни чекори, туку кажа дека СПЦ прифаќа, признава и одобрува автокефалност и дека за тоа останатите цркви следејќи го канонскиот редослед ќе бидат информирани и повикани и тие да го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА – објаснуваат аналитичарите.   Наредните чекори, појаснуваат тие, се формализација на одлуката донесена за автокефалија дадена од страна на СПЦ преку договор со МПЦ-ОА за техничко-административните прашања кои произлегуваат од ваквиот чекор.   Ќе има уценувања и условувања..?! Српскиот верски аналитичар Жељко Ињац “ смета дека Вселенската патријаршија секако ќе се обиде да ја потчини новата македонска црква, како што тоа го направи со расколничката црква во Украина, давајќи ѝ еден вид полуавтокефалност со создавање црква што повеќе личи на парохија отколку на локална црква, за да ги оправда своите неопапистички претензии.  Според Ињац, сега во МПЦ-ОА мора да бидат мудри да не се согласат на уцени и на какви било услови во однос на името, јурисдикцијата или Томос, без разлика кој ќе го додели.
– Но, единствено валидно е тоа сите помесни цркви ја признаат Македонската црква под нејзиното целосно име и презиме, по древната православна практика. Вселенската патријаршија е мајка на сите словенски цркви, но не е мајка на сите цркви, таа е сепак Ерусалимска патријаршија.
Српскиот аналитичар претпоставува дека вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе направи нешто слично како српскиот патријарх, без давање Томос, но најверојатно нема да ја пропушти приликата да го нагласи неговиот наводен примат во православната црква и тоа ќе биде крај, барем во оваа фаза.  На прашањето дали најавениот Томос за автокефалност на МПЦ-ОА ќе важи и за епархиите надвор од територијата на Македонија, аналитичарот вели дека тоа ќе зависи од тоа кој ќе го додели Томосот.
 – Ако го дадат Србите, ќе биде, како што се наведува во соопштението на Соборот на СПЦ, дека МПЦ-ОА ќе ја добие сета јурисдикција над своите верници, како во татковината, така и во дијаспората.
Ако го даде Вселенската патријаршија, која има претензии кон дијаспората на сите помесни цркви, тешко дека МПЦ-ОА ќе ја задржи дијаспората. Тоа е сега борбата пред МПЦ-ОА за целосна јурисдикција над своите верници и балансирање меѓу СПЦ и Цариград.  Српската православна црква не може повеќе од ова, а зад Вселенската патријаршија стојат моќни светски центри.  Владиците од МПЦ-ОА и властите треба да бидат мудри да не се замерат со моќниците, а сепак да се изборат за своите права. На вашата црква и натаму ѝ претстои мачна и тешка борба да ја потврди својата духовна самостојност – порачува Ињац. Како заокружена анализа и реакции околу признавањето и автокефалноста дадена од СПЦ на МПЦ-ОА, не може да се изостави и:  Руската Православна Цеква среќна поради признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА Признавањето на автокефалноста на црквата во  Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов.
– Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на Божјата волја. Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок – рече Балашов за ТАСС, во врска со завчерашното обзнанување на српскиот патријарх Порфириј на заедничката архијерејска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје дека Светиот архијерејски собор на СПЦ едногласно решил да го признае автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.
Да се надеваме,дека сепак силните молитви кои беа принесени кон Бога  од длабочината на  душите на светите архиереи и  верниците на македонската црква,заедно со поглаварите на двете православни цркви ,СПЦ и МПЦ-ОА ,ГГ Порфириј и ГГ Стефан на празникот на Раѓањето на  Црквата – Педесетница,   ќе го донесе очекуваното по 250 години,а тоа е  Томосот,потпишан од светата десница од неговата СеСветос цариградски патријарх Вартоломеј, и им „паднат во вода  сите лоши мисли и помисли“ на ,,некои,, кои не ја прифатија вистината за Христовата црква МПЦ-ОА дека е таа вечна и единствена. Такви скептици, и неистомисленици за жал ги имало,ги има и во иднина ќе ги има  од сите страни, и дома и надвор! Одлуката за Автокефалност што ни ја врачија Српскиот патријарх г. Порфириј и членовите на Светиот Синод на СПЦ, ја потврдија исконата на Македонија,македонскиот идентитет, јазик ,култура,историја со еден збор се случи враќањето на АВТОКЕФАЛНОСТА  на древната и вечна  Охридска  Архиепископија или чудото кое го посакувавме 250 години, денеска е реалност! Останува , на роденденот на црквата 12 јуни 2022 или Педесетница да се радуваме и славиме чудото,од храмот на Свети Климент Охридски со радосната вест ,а таа е да го добиеме печатот, Томосот за автокефалноста  на нашата Света и Древна Охридска Архиепископија,или Јустинијана Прима, или Света Македонска Православна Црква!         За многаја лета, во векови за навек! Амин!

The post Чудото по 250 години во храмот на свети Климент appeared first on Република.

]]>
Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-pravoslavna-crkva-go-pozdravi-priznavanjeto-na-avtokefalnosta-na-mpc-oa-od-strana-na-spc/ Wed, 25 May 2022 10:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=506654

Признавањето на автокефалноста на црквата во Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов.

Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на Божјата волја. Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок, рече Балашов за ТАСС во врска со вчерашното обзнанување на српскиот патријарх Порфириј на заедничката ариерејска литургија во црквата Свети Климент Охридски во Скопје дека Светиот архиерејски собор на СПЦ едногласно решил да го признае автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.

Патријархот Порфириј кажа дека за оваа одлука ќе бидат известени сите помесни православни цркви според каконскиот ред со повик да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.

The post Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ appeared first on Република.

]]>

Признавањето на автокефалноста на црквата во Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов.
Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на Божјата волја. Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок, рече Балашов за ТАСС во врска со вчерашното обзнанување на српскиот патријарх Порфириј на заедничката ариерејска литургија во црквата Свети Климент Охридски во Скопје дека Светиот архиерејски собор на СПЦ едногласно решил да го признае автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.
Патријархот Порфириј кажа дека за оваа одлука ќе бидат известени сите помесни православни цркви според каконскиот ред со повик да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.

The post Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ appeared first on Република.

]]>
Аплауз и солзи радосници кога поглаварот на СПЦ соопшти дека ја прифаќа автокефалноста на МПЦ https://republika.mk/vesti/makedonija/aplauz-i-solzi-radosnici-koga-poglavarot-na-spc-soopshti-deka-ja-prifakja-avtokefalnosta-na-mpc/ Tue, 24 May 2022 17:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=506459

Со громогласен аплауз и солзи радосници беше дочекана веста кога поглаварот на СПЦ соопшти дека ја прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА денеска на заедничката литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

На заедничката литургија денеска во Соборниот храм во Скопје со која чиноначалствуваа поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, архиепископот охридски и македонски Стефан и патријархот српски Порфириј беше соопштена радосната вест.

Ви носиме уште една радост. Светиот Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, ја одобрува и ја прифаќа автокефалноста. Српската православна црква (СПЦ) ја призна автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), објави поглаварот на СПЦ, Порфириј.

Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиепископот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.

Одлуката за признавањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква ОА ја поздрави државниот врв во двете земји бидејќи со неа се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

https://youtu.be/IFVZxoSqy7M

The post Аплауз и солзи радосници кога поглаварот на СПЦ соопшти дека ја прифаќа автокефалноста на МПЦ appeared first on Република.

]]>

Со громогласен аплауз и солзи радосници беше дочекана веста кога поглаварот на СПЦ соопшти дека ја прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА денеска на заедничката литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На заедничката литургија денеска во Соборниот храм во Скопје со која чиноначалствуваа поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, архиепископот охридски и македонски Стефан и патријархот српски Порфириј беше соопштена радосната вест.
Ви носиме уште една радост. Светиот Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, ја одобрува и ја прифаќа автокефалноста. Српската православна црква (СПЦ) ја призна автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), објави поглаварот на СПЦ, Порфириј.
Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиепископот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт. Одлуката за признавањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква ОА ја поздрави државниот врв во двете земји бидејќи со неа се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. https://youtu.be/IFVZxoSqy7M

The post Аплауз и солзи радосници кога поглаварот на СПЦ соопшти дека ја прифаќа автокефалноста на МПЦ appeared first on Република.

]]>