Спасовски Archives - Република https://republika.mk/tema/spasovski/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 11:25:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Спасовски Archives - Република https://republika.mk/tema/spasovski/ 32 32 Спасовски: Со законот за локална самоуправа ќе се манипулира со волјата на избирачите, ние сме против https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-so-zakonot-za-lokalna-samouprava-ke-se-manipulira-so-voljata-na-izbirachite-nie-sme-protiv/ Wed, 11 Sep 2024 11:25:50 +0000 https://republika.mk/?p=815353

СДСМ го искажа својот став за измена на законот за локална самоуправа, а тоа е дека сме против ова законско решение, истакна пратеникот Оливер Спасовски.

Опозициската партија смета дека на овој начин се нарушуваат демократските принципи и е спротивно на уставните начела со кои граѓаноите ги носат одлуките за локалната власт.

„Сметаме дека носењето на вакво законско решение во кое без одлука на граѓаните ќе можеме да вршиме промена на градоначалници во одредени општини, на тој начин се одзема правото на граѓаните и се манипулира со волјата на избирачите. Исправно е да кажеме јасно и гласно дека ваков закон не може да добие поддршка. Кога станува збор за изборите, последниот збор мора да го има граѓанинот. Ќе се соочиме со состојба кога по одржувањето на избори повторно се создава пракса во која ќе може на некој од градоначалниците да му престане мандатот и потоа до крајот на мандатот да раководи друг“, рече Спасовски.

Пратеникот го коментираше и ставот на ДУИ дека ќе го поддржи законот за локална самоуправа.

„И покрај тоа што партијата која сега ја предводи владата, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, пред целата јавност кажа дека ДУИ е дефакторизирана и било каква соработка со ДУИ е невозможна, ние гледаме добра коалиција на дело затоа што ова е веќе второ законско решение. Сосема се јасни работите и ќе им бидат и награѓаните дека таа нишка, врска којашто постои е длабока, а причините за одлуката ќе излезат на вииделина“, рече Спасовски.

Собранието денеска ја почна 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. За да се изгласа овој закон потребно е двотретонско мнозинство. По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај.

The post Спасовски: Со законот за локална самоуправа ќе се манипулира со волјата на избирачите, ние сме против appeared first on Република.

]]>

СДСМ го искажа својот став за измена на законот за локална самоуправа, а тоа е дека сме против ова законско решение, истакна пратеникот Оливер Спасовски. Опозициската партија смета дека на овој начин се нарушуваат демократските принципи и е спротивно на уставните начела со кои граѓаноите ги носат одлуките за локалната власт. „Сметаме дека носењето на вакво законско решение во кое без одлука на граѓаните ќе можеме да вршиме промена на градоначалници во одредени општини, на тој начин се одзема правото на граѓаните и се манипулира со волјата на избирачите. Исправно е да кажеме јасно и гласно дека ваков закон не може да добие поддршка. Кога станува збор за изборите, последниот збор мора да го има граѓанинот. Ќе се соочиме со состојба кога по одржувањето на избори повторно се создава пракса во која ќе може на некој од градоначалниците да му престане мандатот и потоа до крајот на мандатот да раководи друг“, рече Спасовски. Пратеникот го коментираше и ставот на ДУИ дека ќе го поддржи законот за локална самоуправа. „И покрај тоа што партијата која сега ја предводи владата, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, пред целата јавност кажа дека ДУИ е дефакторизирана и било каква соработка со ДУИ е невозможна, ние гледаме добра коалиција на дело затоа што ова е веќе второ законско решение. Сосема се јасни работите и ќе им бидат и награѓаните дека таа нишка, врска којашто постои е длабока, а причините за одлуката ќе излезат на вииделина“, рече Спасовски. Собранието денеска ја почна 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. За да се изгласа овој закон потребно е двотретонско мнозинство. По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај.

The post Спасовски: Со законот за локална самоуправа ќе се манипулира со волјата на избирачите, ние сме против appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Нема никакви пропусти во истрагата за двојното убиство https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-nema-nikakvi-propusti-vo-istragata-za-dvojnoto-ubistvo/ Mon, 08 Jul 2024 19:46:10 +0000 https://republika.mk/?p=794737

Поранешниот министер за надворешни работи од СДСМ, Оливер Спасовски, во емисијата „24 анализа“ во врска за случајот со грабнувањето и двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски рече дека сите процедури се проследени до внатрепшната контрола и нема никаков пропуст во истрагата и сите потврди на обвининенија се испочитувани.

„Таа истрага и сомневања беше отворена преку внатрешна контрола и нема никакви пропусти во однос на постапките и дека треба да дојде до промена на одредени правилници. било кој случај на криминал на територијата е ва важно да го видиме во судница со извршување на санкција“, рече Спасовски.

The post Спасовски: Нема никакви пропусти во истрагата за двојното убиство appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за надворешни работи од СДСМ, Оливер Спасовски, во емисијата „24 анализа“ во врска за случајот со грабнувањето и двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски рече дека сите процедури се проследени до внатрепшната контрола и нема никаков пропуст во истрагата и сите потврди на обвининенија се испочитувани. „Таа истрага и сомневања беше отворена преку внатрешна контрола и нема никакви пропусти во однос на постапките и дека треба да дојде до промена на одредени правилници. било кој случај на криминал на територијата е ва важно да го видиме во судница со извршување на санкција“, рече Спасовски.

The post Спасовски: Нема никакви пропусти во истрагата за двојното убиство appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Борбата на Делчев беше за Македонија со европска иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-borbata-na-delchev-beshe-za-makedonija-so-evropska-idnina/ Sat, 04 May 2024 11:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=774116

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во кругот на Гимназијата „Гоце Делчев”, во Куманово, по повод 121 година од загинувањето на македонскиот револуционер. Во продолжение честитката од Спасовски на социјалните мрежи:

„Гоце Делчев - син на Македонија, двигател на македонскиот цивилизациски напредок.

Денеска, со посебен пиетет положив цвеќе пред бистата на великанот Гоце Делчев во мое Куманово, по повод 121 годишнината од загинувањето на македонскиот јунак.

Борбата на македонскиот револуционер Гоце Делчев никогаш не беше свртена кон минатото, туку кон иднината. Македонија со европска иднина, како дел од демократскиот и прогресивен свет. Тој ни остави аманет за вклученост и искрен пристап во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност.

И никогаш посилно не одекнувале неговите зборови во Преспа, во далечната 1901 година: „Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи“ - Идеалите и заложбите на великанот Делчев ги продолжуваме остварувајќи го вековниот сон за слободна, демократска и економски напредна Македонија, дел од најмоќните светски сојузи НАТО и ЕУ - како Македонци, со македонски идентитет, посебност, јазик, култура и традиција.

Нека му е вечна слава!”, напиша Спасовски на социјалните мрежи.

The post Спасовски: Борбата на Делчев беше за Македонија со европска иднина appeared first on Република.

]]>

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во кругот на Гимназијата „Гоце Делчев”, во Куманово, по повод 121 година од загинувањето на македонскиот револуционер. Во продолжение честитката од Спасовски на социјалните мрежи: „Гоце Делчев - син на Македонија, двигател на македонскиот цивилизациски напредок. Денеска, со посебен пиетет положив цвеќе пред бистата на великанот Гоце Делчев во мое Куманово, по повод 121 годишнината од загинувањето на македонскиот јунак. Борбата на македонскиот револуционер Гоце Делчев никогаш не беше свртена кон минатото, туку кон иднината. Македонија со европска иднина, како дел од демократскиот и прогресивен свет. Тој ни остави аманет за вклученост и искрен пристап во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност. И никогаш посилно не одекнувале неговите зборови во Преспа, во далечната 1901 година: „Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи“ - Идеалите и заложбите на великанот Делчев ги продолжуваме остварувајќи го вековниот сон за слободна, демократска и економски напредна Македонија, дел од најмоќните светски сојузи НАТО и ЕУ - како Македонци, со македонски идентитет, посебност, јазик, култура и традиција. Нека му е вечна слава!”, напиша Спасовски на социјалните мрежи.

The post Спасовски: Борбата на Делчев беше за Македонија со европска иднина appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-prosechna-plata-od-1-100-evra-i-minimalna-plata-od-600-evra/ Thu, 02 May 2024 18:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=773610

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се сретна со граѓаните од Чучер Сандево.

„СДСМ е рамо до рамо со граѓаните, сите на 8 мај за број 1!

Со СДСМ е можен европски животен стандард, со просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра”, рече Спасовски, наведувајќи мерки за младите од Програмата за европска иднина.

“Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра”, истакна Спасовски, додавајќи платите во здравството ќе продолжат да раснат.

„Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари.

СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места” рече Спасовски.

The post Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра appeared first on Република.

]]>

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се сретна со граѓаните од Чучер Сандево. „СДСМ е рамо до рамо со граѓаните, сите на 8 мај за број 1! Со СДСМ е можен европски животен стандард, со просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра”, рече Спасовски, наведувајќи мерки за младите од Програмата за европска иднина. “Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра”, истакна Спасовски, додавајќи платите во здравството ќе продолжат да раснат. „Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари. СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места” рече Спасовски.

The post Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра appeared first on Република.

]]>
Спасовски на средба со пензионери од Куманово: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-na-sredba-so-penzioneri-od-kumanovo-minimalna-penzija-od-20-000-denari-i-prosechna-penzija-od-30-000-denari/ Fri, 19 Apr 2024 15:46:51 +0000 https://republika.mk/?p=768106

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.

Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите, истакна Спасовски.

The post Спасовски на средба со пензионери од Куманово: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари appeared first on Република.

]]>

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово. Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите, истакна Спасовски.

The post Спасовски на средба со пензионери од Куманово: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари appeared first on Република.

]]>
По Ковачевски и Спасовски ветува минимална пензија од 20.000 и просечна пензија од 30.000 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/po-kovachevski-i-spasovski-vetuva-minimalna-penzija-od-20-000-i-prosechna-penzija-od-30-000-denari/ Sun, 07 Apr 2024 13:02:16 +0000 https://republika.mk/?p=763450

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Kоалицијата за европска иднина во изборна единица 2, Оливер Спасовски, денеска се сретна со група пензионери во кино Маџари.

„Денеска сум во Маџари со сограѓаните пензионери, разговараме за европската иднина на државата која заедно ја изградивме. Се грижиме за тие што се грижеа за нас и за државата.

Со меѓугенерациска солидарност до европски пензии и двојна победа на 8 мај за европски живот во Македонија!”, истакна Спасовски во своето обраќање пред пензионерите.

„Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари! Во текот на грејната сезона, во периодот од октомври до март, воведуваме енергетски додаток за пензионерите од 1.500 денари”, најави Спасовски, потсетувајќи дека изминатиот период пензионерите беа вклучени во антикризните пакети за време на енергетската криза.

„Впрочем и антикризните мерки изминатиов период помогнаа на голем број пензионери со ниско примања. А, за оние со најниски пензии ќе обезбедиме посебна картичка „Се грижиме за сите“, со која ќе добиваат попуст до 30 отсто”, рече Спасовски.

The post По Ковачевски и Спасовски ветува минимална пензија од 20.000 и просечна пензија од 30.000 денари appeared first on Република.

]]>

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Kоалицијата за европска иднина во изборна единица 2, Оливер Спасовски, денеска се сретна со група пензионери во кино Маџари. „Денеска сум во Маџари со сограѓаните пензионери, разговараме за европската иднина на државата која заедно ја изградивме. Се грижиме за тие што се грижеа за нас и за државата. Со меѓугенерациска солидарност до европски пензии и двојна победа на 8 мај за европски живот во Македонија!”, истакна Спасовски во своето обраќање пред пензионерите. „Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари! Во текот на грејната сезона, во периодот од октомври до март, воведуваме енергетски додаток за пензионерите од 1.500 денари”, најави Спасовски, потсетувајќи дека изминатиот период пензионерите беа вклучени во антикризните пакети за време на енергетската криза. „Впрочем и антикризните мерки изминатиов период помогнаа на голем број пензионери со ниско примања. А, за оние со најниски пензии ќе обезбедиме посебна картичка „Се грижиме за сите“, со која ќе добиваат попуст до 30 отсто”, рече Спасовски.

The post По Ковачевски и Спасовски ветува минимална пензија од 20.000 и просечна пензија од 30.000 денари appeared first on Република.

]]>
Оливер Спасовски и Дарко Каевски демонстративно го напуштиле состанокот на СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/oliver-spasovski-i-darko-kaevski-demonstrativno-go-napushtile-sostanokot-na-sdsm/ Sat, 23 Mar 2024 14:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=757815

Денеска на состанокот на извршниот одбор на СДСМ, поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и портпаролот и актуелниот пратник Дарко Каевски, демонстративно го напуштиле состанокот на кој се разговара за пратеничките листи на СДСМ за изборите на 8-ми мај, објави Клан ТВ .

Клан ТВ дознава дека атмосферата е многу тензична и има огромно незадоволство во рамките на СДСМ за како што велат самоволието на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и наметнувањето на листи на кои што нема голем дел од најистакните членови на СДСМ.

The post Оливер Спасовски и Дарко Каевски демонстративно го напуштиле состанокот на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Денеска на состанокот на извршниот одбор на СДСМ, поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и портпаролот и актуелниот пратник Дарко Каевски, демонстративно го напуштиле состанокот на кој се разговара за пратеничките листи на СДСМ за изборите на 8-ми мај, објави Клан ТВ . Клан ТВ дознава дека атмосферата е многу тензична и има огромно незадоволство во рамките на СДСМ за како што велат самоволието на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и наметнувањето на листи на кои што нема голем дел од најистакните членови на СДСМ.

The post Оливер Спасовски и Дарко Каевски демонстративно го напуштиле состанокот на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Јанушев до Спасовски: Знаевте дека поради нестручност и нефикасна работа дојде до трагичната ликвидација на двајца сограѓани- зошто лажевте? https://republika.mk/vesti/makedonija/janushev-do-spasovski-znaevte-deka-poradi-nestruchnost-i-nefikasna-rabota-dojde-do-tragichnata-likvidatsija-na-dvajtsa-sogragani-zoshto-lazhevte/ Thu, 28 Dec 2023 13:29:51 +0000 https://republika.mk/?p=727540

Речиси две недели Спасовски не одговара дали постои соодветен правен акт со кој се регулира процедурата и постапувањето при потраги за исчезнати лица, ќе започнам оттаму. Спасовски, дали упатството за начинот на распишување промена, запирање и објaвување на потрага по лица и предмети од 2007 година е сеуште на сила, праша Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања.

Тој во текот на своето обраќање се повика на упаството од 2007 година и го запраша Спасовски кои се првично предложените мерки, дали и кога е изработен планот и дали се предложени други мерки и активности за потрагата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.

-Во членот 2 од ова упатство е наведено дека трагањето по лица претствува организирано преземање на оперативно-тактички мерки кои ги превзема полицијата и полициските службениците можат меѓудругото да повикуваат и да собираат потребни известувања од граѓани и да соберат и извршат преглед и претрес на лица и превозни средства. Кои оперативно-тактички технички мерки ги превземавте во последната потрага? Во членот 12 од упатството е наведено дека при превземање на посложени оперативно тактички технички мерки одделение за потраги, може да го превземе координирањето и организирањето на потрагата, па следствено на тоа Спасовски ве прашувам дали и кого одделението за потраги ја превзема потрагата.Понатаму во членот 28 е предвидено, Секторот за внатрешни работи да ја следи реализиацијата на предложените мерки за потребите на потрагата, да изводи план за мерки и активности, да организира и прибира сознанија за предметот на потрагата и по добиените сознанија може да предлага превземања на други и активности, па затоа ве прашувам кој се првично предложените мерки, дали и кога е изработен планот и дали се предложени други мерки и активности за потрагата. Во интерес на јавноста ќе кажам ова упаство на кое се повикувам е донесено во 2007 година и оттогаш има две измени и дополнувања и тоа во 2008 година и 2014 година, рече тој и додаде:

-Затоа ќе го прашам Спасовски дали смета упаството од 2007 година, 16 години старо требало барем еднаш да биде изменето во неговото 9 годишно министерување со цел да се приспособи кон нованастанатите околности, развојот на технологиите, праксaта од современите држави и така натаму, особено ако се има во предвид фактот дека со оваа телеграма од 03.02.2023, на девет страни детално се даваат инструкции во 29 точки за пропустите со кои се соочува МВР.

Јанушев исто така посочи дека Оливер Спасовски знаел дека полициските службеници не се придржуваат на упаството и дека нестручно и неефикасно се работи и се прават грешки и тоа на крајот резултираше со трагична ликвидација на двајца наши сограѓани.

-Овие постапки и каде што е наведено „Од страна на инспекторите по потраги задолжително и во целост од нив се бараат да се придржуваат до споменатото упатство како и до погоре дадените насоки и инструкции со кои би се надминало нестручното работење во самата проблематика, а со цел да се зголеми ефикасноста и точноста на постапувањето како и запазувањето на постапките и чекорите кои ги налагаат и потекнуваат од самите подрачнидејствија, значи Спасовски знаел дека полициските службениците не се придржуваат на упатството. Спасовски и те како си знаел и си бил несвесен дека нестручно се работи и дека се крајно неефикасни и сте знаеле дека се прават грешки и чекори и во однос на форма и во однос на содржина, ама за 9 години не сте превземале ништо, за што за жал резултираше со трагична ликвидација на двајца наши сограѓани од кои едното е 14 годишно девојче, вели Јанушев.

Тој понатаму потсети на сите факти во врска со оваа истрага.

-Затоа пишував и ги наведов фактите, СВР Велес на 24.11 ги известува сите во МВР дека Панче Жежовски последен пат е виден во дворот на своето живеалиште од страна на комшијата, на 22 околу 11 часот. Исто така контстатирано е дека возилото на Панче цитроен го нема и контстатирале дека Панче заминал со возилото. Ова го констатира полицијата во телеграма од 24.11.Дали е сосема нормално Спасовски да се прати телеграма на 24.11, истио ден на 24, следниот на 25.11 возилото да го има на камерите на Сејф Сити, а полицијата да не го бара, особено ако од старт се знае дека лицето заминало токму со возилото. Возило кое го поминало цело Скопје, кое на денот на трагедијата 27 се движело на улица Орце Николов во Дебар Маало, поминало пред општина Центар, ја извозило пола Партизанска, па преку Александар Палас се упатило кон Качанички пат и тоа никој не го забележал и тоа еден ден пред официјалното започнување на Самитот на ОБСЕ, буквално во областа за која тврдевте дека е обезбдена на највисоко можно ниво, најобезбеденото место во тој момент во цела држава, а можеби и во Европа и во светот, потсети тој.

На крај Јанушев го запраша Спасовски што друго крие и за што друго лаже во врска со ова двојно убиство.

-Истото возило кое е најдено опожарено на 27.11, а објавата за потрага за возилото е напревена истиот ден на 27.11 во 19 и 9 минути, цел ден по пронаоѓање на опожареното возило. Зошто Спасовски се чекало речиси 4 дена за да се почне со потрага по возилото на Панче? Дали со непостапувањето на вас и на МВР дојде до втората ликвидација? Одоговорт лежи погоре и пред малку го дадов. Знаевте дека полициските службеници не се придржуваат до упатството, знаевте дека нестручно се работи, дека сте крајно неефикасни, ама за 9 месеци не преземвате ништо. Што друго криете и за што друго лажете Спасовски, праша Јанушев.

The post Јанушев до Спасовски: Знаевте дека поради нестручност и нефикасна работа дојде до трагичната ликвидација на двајца сограѓани- зошто лажевте? appeared first on Република.

]]>

Речиси две недели Спасовски не одговара дали постои соодветен правен акт со кој се регулира процедурата и постапувањето при потраги за исчезнати лица, ќе започнам оттаму. Спасовски, дали упатството за начинот на распишување промена, запирање и објaвување на потрага по лица и предмети од 2007 година е сеуште на сила, праша Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања. Тој во текот на своето обраќање се повика на упаството од 2007 година и го запраша Спасовски кои се првично предложените мерки, дали и кога е изработен планот и дали се предложени други мерки и активности за потрагата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска. -Во членот 2 од ова упатство е наведено дека трагањето по лица претствува организирано преземање на оперативно-тактички мерки кои ги превзема полицијата и полициските службениците можат меѓудругото да повикуваат и да собираат потребни известувања од граѓани и да соберат и извршат преглед и претрес на лица и превозни средства. Кои оперативно-тактички технички мерки ги превземавте во последната потрага? Во членот 12 од упатството е наведено дека при превземање на посложени оперативно тактички технички мерки одделение за потраги, може да го превземе координирањето и организирањето на потрагата, па следствено на тоа Спасовски ве прашувам дали и кого одделението за потраги ја превзема потрагата.Понатаму во членот 28 е предвидено, Секторот за внатрешни работи да ја следи реализиацијата на предложените мерки за потребите на потрагата, да изводи план за мерки и активности, да организира и прибира сознанија за предметот на потрагата и по добиените сознанија може да предлага превземања на други и активности, па затоа ве прашувам кој се првично предложените мерки, дали и кога е изработен планот и дали се предложени други мерки и активности за потрагата. Во интерес на јавноста ќе кажам ова упаство на кое се повикувам е донесено во 2007 година и оттогаш има две измени и дополнувања и тоа во 2008 година и 2014 година, рече тој и додаде: -Затоа ќе го прашам Спасовски дали смета упаството од 2007 година, 16 години старо требало барем еднаш да биде изменето во неговото 9 годишно министерување со цел да се приспособи кон нованастанатите околности, развојот на технологиите, праксaта од современите држави и така натаму, особено ако се има во предвид фактот дека со оваа телеграма од 03.02.2023, на девет страни детално се даваат инструкции во 29 точки за пропустите со кои се соочува МВР. Јанушев исто така посочи дека Оливер Спасовски знаел дека полициските службеници не се придржуваат на упаството и дека нестручно и неефикасно се работи и се прават грешки и тоа на крајот резултираше со трагична ликвидација на двајца наши сограѓани. -Овие постапки и каде што е наведено „Од страна на инспекторите по потраги задолжително и во целост од нив се бараат да се придржуваат до споменатото упатство како и до погоре дадените насоки и инструкции со кои би се надминало нестручното работење во самата проблематика, а со цел да се зголеми ефикасноста и точноста на постапувањето како и запазувањето на постапките и чекорите кои ги налагаат и потекнуваат од самите подрачнидејствија, значи Спасовски знаел дека полициските службениците не се придржуваат на упатството. Спасовски и те како си знаел и си бил несвесен дека нестручно се работи и дека се крајно неефикасни и сте знаеле дека се прават грешки и чекори и во однос на форма и во однос на содржина, ама за 9 години не сте превземале ништо, за што за жал резултираше со трагична ликвидација на двајца наши сограѓани од кои едното е 14 годишно девојче, вели Јанушев. Тој понатаму потсети на сите факти во врска со оваа истрага. -Затоа пишував и ги наведов фактите, СВР Велес на 24.11 ги известува сите во МВР дека Панче Жежовски последен пат е виден во дворот на своето живеалиште од страна на комшијата, на 22 околу 11 часот. Исто така контстатирано е дека возилото на Панче цитроен го нема и контстатирале дека Панче заминал со возилото. Ова го констатира полицијата во телеграма од 24.11.Дали е сосема нормално Спасовски да се прати телеграма на 24.11, истио ден на 24, следниот на 25.11 возилото да го има на камерите на Сејф Сити, а полицијата да не го бара, особено ако од старт се знае дека лицето заминало токму со возилото. Возило кое го поминало цело Скопје, кое на денот на трагедијата 27 се движело на улица Орце Николов во Дебар Маало, поминало пред општина Центар, ја извозило пола Партизанска, па преку Александар Палас се упатило кон Качанички пат и тоа никој не го забележал и тоа еден ден пред официјалното започнување на Самитот на ОБСЕ, буквално во областа за која тврдевте дека е обезбдена на највисоко можно ниво, најобезбеденото место во тој момент во цела држава, а можеби и во Европа и во светот, потсети тој. На крај Јанушев го запраша Спасовски што друго крие и за што друго лаже во врска со ова двојно убиство. -Истото возило кое е најдено опожарено на 27.11, а објавата за потрага за возилото е напревена истиот ден на 27.11 во 19 и 9 минути, цел ден по пронаоѓање на опожареното возило. Зошто Спасовски се чекало речиси 4 дена за да се почне со потрага по возилото на Панче? Дали со непостапувањето на вас и на МВР дојде до втората ликвидација? Одоговорт лежи погоре и пред малку го дадов. Знаевте дека полициските службеници не се придржуваат до упатството, знаевте дека нестручно се работи, дека сте крајно неефикасни, ама за 9 месеци не преземвате ништо. Што друго криете и за што друго лажете Спасовски, праша Јанушев.

The post Јанушев до Спасовски: Знаевте дека поради нестручност и нефикасна работа дојде до трагичната ликвидација на двајца сограѓани- зошто лажевте? appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Во работење на полицијата не може да стане збор за инстант ПР, важно е да се мисли на членовите на семејствата и на сите луѓе кои работат неколку дена и до рано сабајле https://republika.mk/vesti/crna-hronika/spasovski-vo-rabotene-na-politsijata-ne-mozhe-da-stane-zbor-za-instant-pr-vazhno-e-da-se-misli-na-chlenovite-na-semejstvata-i-na-site-luge-koi-rabotat-nekolku-dena-i-do-rano-sabajle/ Mon, 04 Dec 2023 11:34:22 +0000 https://republika.mk/?p=719367

МВР во координација и под водство на ЈО во текот на изминатата ноќ го расчисти случајот, откако вчера се добија информациите, се обезбедуваа доказите и беа пронајдени телата на двете лица кои се водеа за исчезнати, рече денеска Оливер Спасовски на прес конференцијата.

Иако, за жал, разрешницата не нѐ доведе до  исходот кој го посакувавме сите ние и целата македонска јавност, да ги пронајдеме живи, туку двете лица, и малолетничката од Скопје и 74-годишното лице од Велес вчера беа пронајдени од полицијата, убиени и закопани - првото во околината на Скопје, а второто во околината на Велес. Затоа, дозволете ми да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите за оваа огромна загуба. Ова го велам во свое име, во име на секој еден што учествуваше и работеше во откривањето на овие кривични дела, и во име на сите врабтени во МВР.

Но, преземените опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници на СВР Скопје нѐ доведоа до сторителите на ова грозоморно кривично дело без преседан - тие се утврдени, приведени и за нив по извршените вештачења и искази се собрани материјални докази.

Поточно, во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три е веќе определена мерка притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице, (татко на малолетничката), е приведено, со него е извршен распит и понатаму ќе се преземаат мерки по насока на ЈО. Како што сте веќе запознати, мотивот е користољубие, при што едно од лицата, во договор и со знаење според првичните сознанија, на член на семејството, го организирало извршувањето на кривичното дело, со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката, од кои понатаму сите инволвирани би имале материјална корист.

Што се однесува до другата жртва, повозрасното машко лице од Велес, кое нема никаква врска со малолетничката, директно лицето и малолетничката од Скопје, но поради нерасчистени односи со еден од осомничените, а неговото возило „цитроен“ е одземено и употребено при извршување на кривичното дело, за потоа ова возило да биде пронајдено опожарено. Токму со тоа возило е земена малолетничката и тоа во влезот на зградата, односно живеалиштето, откако претходно според исказите на осомничените нејзиниот татко споделил информации со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од домот.

Секако, главен организатор, а воедно и извршител кој со пиштол на 27.11. според досегашните утврдени докази некаде околу 10:00 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата  на веќе започнатата веднаш истрага од страна на полицијата, е лицето кое ја напуштило државата непосредно по стореното кривично дело. По него се трага. Можам да ви ветам дека ќе сторам сѐ јас и институцијата, ова лице, или подобро овој монструм, на кое му ја следиме трагата, час поскоро штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата.

Сакам да искажам уште еден став во објаснувањето зошто синоќа немаше прес-конференција. Зошто детално беше претходно образложено, меѓутоа изјавите, пишувањата дека било неработен ден на МВР и ЈО, ги третираме како една неодговорност во овој момент затоа што ниту МВР ниту ОЈО немаат ниту работно време, немаат ниту слободни денови, напротив во секој еден момент може да се излезе и да се соопшти, меѓутоа тој момент мора да биде вистински во вистинско време, кога ќе се завршат и утврдат сите аспекти, бидејќи никако во работење на полицијата не може да стане збор за инстант ПР. Важно е да се мисли на членовите на семејствата и на сите луѓе кои работат неколку дена и до рано сабајле се утврдуваат сите овие аспекти и докази.

Во текот на вчерашната вечер оставивме да се завршат активностите во кои СВР Скопје беше навлезен веќе во последната четвртина, да се изврши и последниот вчерашен распит и неколку претреси синоќа за кои се чекаа неопходните судски наредби. Веќе е познато на јавноста дека СВР Скопје веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, ги презеде сите мерки и активности за нивно пронаоѓање, формираше посебен Оперативен штаб, извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, со познаниците, со пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи, а истовремено, речиси секојдневно се боревме и со шпекулации, дезинформации и со лажни вести.

Сакам да кажам дека станува збор за изолиран случај, инцидентен случај, на организирана група од криминалци, бандити, монструми, кои сакале да изнудат пари заради финаниска корист, а притоа го познавале семејството. Покрај на медиумите за професионалното известување, сакам да се заблагодарам и на добронамерните граѓани кои сакаа да помогнат во истрагата со десетиците пријави, по коишто полицијата веднаш излегуваше да ја провери веродостојноста на секој од нив и дас е провери нивната основаност. Но, и посебна благодарност на нашата полиција, скопската и велешката, кои неуморно се вложија да ги изнајдат исчезнатите и успеаја за рекордно брзо време да расчистат вака прецизно испланирани брутални кривични дела и да ги пронајдат телата. И воедно да се заблагодарам на целиот тим на обивнители, со основниот јавен обвниители со коишто паралено работевме, преку комуникација, преку издавање потребни наредби и преземање на низа мерки да се расчисти случајот.

И уште еднаш, наспроти шпекулациите и дезинформациите за етничка заднина на случајот, со цел подгревање меѓуетничка нетрпеливост, должен сум уште еднаш да напоменам дека сите осомничени се од македонска етничка припадност.

https://www.youtube.com/watch?v=k6IDuuAasiE

The post Спасовски: Во работење на полицијата не може да стане збор за инстант ПР, важно е да се мисли на членовите на семејствата и на сите луѓе кои работат неколку дена и до рано сабајле appeared first on Република.

Спасовски-Гашиќ: Разговори за јакнење на билатералната соработка и за илегалната миграција https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-gashik-razgovori-za-jaknene-na-bilateralnata-sorabotka-i-za-ilegalnata-migratsija/ Mon, 13 Nov 2023 14:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=701125

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Белград, по повод учеството на 24. Состанок на Комитет на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа, денеска оствари средба со својот српски колега, министерот за внатрешни работи на Република Србија Братислав Гашиќ, на која се разговарало за јакнење на билатералната соработка и за заедничкото дејствување за илегалната миграција, јави дописникот на МИА од Белград.

- Од аспект на нашата соработка на мултилатерално ниво, задоволство ми е да констатирам дека е евидентна нашата посветеност на регионалната соработка што – впрочем – се огледува преку заедничкото дејствување и активност во сите регионални иницијативи и процеси. Во овој аспект, би ја споменал и Специјалната мерка односно Заедничката операција функционална речиси од самиот почеток на миграциската криза која заврши со распоредувањето на припадници на постојаниот корпус на Европската гранична и крајбрежна стража во рамки на која српски полициски службеници заеднички работеа со македонските полициски службеници, оставајќи личен печат на управувањето со миграциите и борбата против илегалната миграција, рече министерот Спасовски, информирајќи го колегата Гашиќ за состојбите со управување со миграцијата и криумчарење мигранти.

Како што изјави министерот Спасовски, една од темите била и илегалната миграција, која, подвлече, е генерален проблем за сите држави во регионот.

- Македонија има извонредни резултати во спречувањето на илегалната миграција, со оглед на фактот што во првите десет месеци имаме намалување за 50 отсто споредбено со истиот период лани, иако е зголемен и бројот на случаи кои што се откриени на криумчарењето на мигранти. Така да Македонија не е атрактивна во моментов, но ние мораме интензивно да работиме. Задоволни сме со Фронтекс, со операцијализацијата на мисијата и со заедничката мисија на заштита на границите, изјави министерот Спасовски.

Тој оцени дека зголемувањето на оперативната соработка и нејзиното продлабочување со Република Србија е наш приоритет, за да учествуваме заеднички во зачувувањето на националната безбедноси и на регионално ниво.

Спасовски на 24. Состанок на Комитет на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа (КПС ЈИЕ) оцени дека успешната имплементација на Договорот за автоматизирана размена на податоци e доказ за нашата решителност да се вклопиме во безбедносниот систем на Европската Унија.

The post Спасовски-Гашиќ: Разговори за јакнење на билатералната соработка и за илегалната миграција appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Белград, по повод учеството на 24. Состанок на Комитет на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа, денеска оствари средба со својот српски колега, министерот за внатрешни работи на Република Србија Братислав Гашиќ, на која се разговарало за јакнење на билатералната соработка и за заедничкото дејствување за илегалната миграција, јави дописникот на МИА од Белград. - Од аспект на нашата соработка на мултилатерално ниво, задоволство ми е да констатирам дека е евидентна нашата посветеност на регионалната соработка што – впрочем – се огледува преку заедничкото дејствување и активност во сите регионални иницијативи и процеси. Во овој аспект, би ја споменал и Специјалната мерка односно Заедничката операција функционална речиси од самиот почеток на миграциската криза која заврши со распоредувањето на припадници на постојаниот корпус на Европската гранична и крајбрежна стража во рамки на која српски полициски службеници заеднички работеа со македонските полициски службеници, оставајќи личен печат на управувањето со миграциите и борбата против илегалната миграција, рече министерот Спасовски, информирајќи го колегата Гашиќ за состојбите со управување со миграцијата и криумчарење мигранти. Како што изјави министерот Спасовски, една од темите била и илегалната миграција, која, подвлече, е генерален проблем за сите држави во регионот. - Македонија има извонредни резултати во спречувањето на илегалната миграција, со оглед на фактот што во првите десет месеци имаме намалување за 50 отсто споредбено со истиот период лани, иако е зголемен и бројот на случаи кои што се откриени на криумчарењето на мигранти. Така да Македонија не е атрактивна во моментов, но ние мораме интензивно да работиме. Задоволни сме со Фронтекс, со операцијализацијата на мисијата и со заедничката мисија на заштита на границите, изјави министерот Спасовски. Тој оцени дека зголемувањето на оперативната соработка и нејзиното продлабочување со Република Србија е наш приоритет, за да учествуваме заеднички во зачувувањето на националната безбедноси и на регионално ниво. Спасовски на 24. Состанок на Комитет на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа (КПС ЈИЕ) оцени дека успешната имплементација на Договорот за автоматизирана размена на податоци e доказ за нашата решителност да се вклопиме во безбедносниот систем на Европската Унија.

The post Спасовски-Гашиќ: Разговори за јакнење на билатералната соработка и за илегалната миграција appeared first on Република.

]]>
Спасовски, кој 8 години е министер: Никој досега не расчистил со овие криминални групи, ама ова раководство ќе ги докрајчи https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-koj-8-godini-e-minister-nikoj-dosega-ne-raschistil-so-ovie-kriminalni-grupi-ama-ova-rakovodstvo-ke-gi-dokrajchi/ Sat, 28 Oct 2023 07:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=695734

Се разговара со многу лица, се обезбедуваат докази, се работи интезивно во откривањето на напаѓачот во Ист гејт но сеуште е рано да се споделуваат информации. Тоа е пресметка на криминални банди кои биле создавани 30-тина години за кои се зборува многу, а никој не преземал одговорност да расчисти со нив, информираше во интервју за МИА министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за пукањето во трговскиот центар во кој се застрелани две лица.

Тоа се криминални структури коишто биле создавани 30-тина можеби и повеќе години, за коишто сите гласно зборуваат меѓутоа никој не преземал одговорност за да расчистува со нив и ова раководство тоа го направи и е решено да се расчисти до крај. Да треба многу средства, многу напори, многу енергија, тоа да се случи, меѓутоа мора да се завршат работите коишто ќе допринесат таквите криминални структури да бидат зад решетки, да бидат изведени пред лицет на правдата. Недозволиво во изминатите триесет години да имате структури коишто ги поддржуваат одредени бизнисмени, групи итн. притоа барајќи оправдание зошто практично ги поддржуваат дури и финансиски, истакна Спасовски.

Главната улога во истрагата, според Спасовски ја има Одделот за форензички испитувања.

Знаете дека објавивме фотографија од извршителот, таа фотографија ја имаме и од видео надзорот, од сите прибрани документи коишто се, и тоа е нормална постапка во криминалистичките истраги. Затоа што слушам деновиве за разно разни состојби дека некој очекува граѓаните да го утврдат лицето. Тоа се нормални криминалистички постапки коишто се превземаат се со цел да се стигне до извршителот, и најважно е да се откријат мотивите иако знаеме дека тоа се пресметки на криминалните групи. Секако дека утврдивме многу работи, се разговара со многу лица, се прибираат многу податоци, информации, докази. Меѓутоа тоа се уште е рано да може да се споделува заради тоа што ќе наштети на истрагата, истакна Спасовски.

Министерот напомена дека е важно истрагите да бидат релевантни и дека сензационалното водење на истрагите може да биде добро за медиумите но не и за истрагата.

Новата зграда за форензика при МВР кој оддел, според министерот, ја има главната улога во откривање на криминалот и криминалците е направена по сите стандарди и нуди можности за сертифицирање на многу постапки во вештачењето и во испитувањата.

Тоа ќе значи дека можеме да дадеме услуги, и за други држави, и за потреби, тоа што ние го поседуваме како експертски тим, како експертиза, како можност да го направиме. Јас сум многу горд заради тоа што успеавме да добиеме таков проект којшто целосно е финансиран од страна на ЕУ преку ИПА програмата за Cеверна Македонија, и на тој начин со вложување на 3,6 милиони евра се изгради таа зграда по најсовремени стандарди, и над пет илјади метри квадратни простор е сега наменет токму за Одделот за форензички испитувања, појасни министерот во интервјуто за МИА.

Информираше дека се очекува до средината на ноември да се инсталира и новиот систем којшто ќе работи за пребарување. Тоа е систем за пребарување на фингер-принт и за препознавање по лик, што за првпат се воведува како постапка во криминалистичкото работење во МВР и генерално во државата. Во дел претходната зграда на кримтехника ќе бидат сместени Одделот за дисциплински и судски постапки како и други служби кои ќе имаат потреба од поголем.

Во интервјуто за МИА министерот Спасовски посебно ја потенцираше борбата против трговијата со дрога и рече дека тоа е еден од најврвните приоритети на МВР. Информираше дека за првите девет месеци од годинава има намалување на криминалитетот за 11 проценти според истиот период во 2022 година.

Кога зборувам за најврвните приоритети тоа е врз основа на анализите и согледувањата коишто ги имаме за тоа што значи како врвен безбедносен предизвик, и сега, и во иднина на подолг рок. И тоа не е врвен приоритет само на Cеверна Македонија. Тоа е врвен приоритет на сите. Прво сакам да кажам за овие девет месеци од 2023 годна имаме намалување на вкупниот криминалитет во државата за 11 проценти, споредбено со истиот период од 2022 година, истакна Спасовски.

Во периодот од првите девет месеци, во делот на борбата против недозволената трговија со дрога, откриени биле 576 кривични дела, во коишто кривично се пријавени 674 сторители.

Запленети се некаде околу 304 килограми марихуана, 7 килограми амфитемини, 3,2 килограми кокаин, околу 4.000 парчиња екстази, 146 стебла канабис, околу 5 илјади таблети тромадол, 3.500 мдма итн. Знаете дека пред неколку дена исто така откривме една лабораторија за производство на канабис овде на територијата на градот Скопје. Тоа е покажува псоветеноста на највисоко ниво во однос на борбата против трговијата со дрога, нагласи Спасовски.

Во однос на организираните групи, министерот рече за овие девет месеци се пресечени три транспорти на марихуана, и сузбиени се пет криминални групи, коишто дејствувале меѓународно или национално во делот на недозволената трговија со марихуана и со кокаин, и во коишто членувале 28 македонски државјани, при што се запленети 71 килограми марихуана, и 1,5 килограми кокаин.

Меѓутоа имавме и заеднички операции со државите во опкружувањето, а при формирање на такви криминални групи заеднички настапивме во разбивањето на криминалните групи во Албанија и Грција, при што се запленети 429 килограми кокаин. Тоа се информации коишто се заеднички споделени и преку заедничка оперативна акција дојде до целосна реализација. Ќе напоменам, на почетокот на јуни оваа година Одделот за криминалистичка во рамки на меѓународната истрага со службата за борба против дрога од Солун заедно со американската ДЕА и со Селект, тоа е организација за борба против организиран криминал на ЈИЕ, заеднички работевме и се запленети тука 161 килограм кокаин на пристаништето коешто во Солун, коешто потекнува од Еквадор. Секако дека како продолжеток на оваа активност беше сузбиена и меѓународна криминална група, на почетокот на мај годнава кога исто така во Солун беа запленети 104 килограми кокаин и притоа беа лишени од слобода 10 лица од кои што седум државјани на Грција, три државјани на Албанија, а во Cеверна Македонија се лишени четири лица за истиот овој случај којшто го имаме, истакна Спасовски.

Според министерот и уличното дилерство е еден од приоритетите на кои МВР работи.

Ако ги погледнете извештаите или билтените на МВР, ќе видите дека скоро и да нема ден во кој што не е објавена дека улични дилери или продавачи на наркотични дроги биле уапсени при претрес низ државата по градовите. Тоа е приоритет којшто го работиме постојано во изминатиот период и тука навистина може да стане збор за една жестока борба која што ја водиме токму со овој безбедносен предизвик, потенцира Спасовски.

На прашањето за нелегалната сеча на шумите, министерот рече дека преку организирана акција на МВР, БЈБ и шумската полиција запленети се околу илјада кубни метра дрва коишто биле нелегално исечени.

Секако дека треба да се направи една добра анализа и да се види што е тоа што треба можеби да се смени во законската регулатива за да не дојдеме до ваква една состојба во која што ќе може да имаме пустошење на шумскиот фонд, рече Спасовски

Дали има поврзаност на пироманите со бизнисите со огревни ресусри, првиот човек на полицијата вели дека најголемиот процент на пожари коишто се случувале, се случувале од невнимание но и дека не се исклучува заради некакви други причини како што се економските интереси.

Во интервјуто министерот информира дека во моментот има една селекција за полициски службеници и како позитивно го оцени тоа што од сите изминати огласи во овој најмногу се зголемува бројот на жени коишто сакаат да бидат дел од македонската полиција. Потсети дека во изминатите шест години реконструирани се 80 објекти во македонската полиција, дека после повеќе години е набавена нова опрема како и дека од како е тој министер зголемена е платата за 35 проценти.

Спасовски за МИА вели според него прво треба да се одржат претседателските избори, па птоа да се одржат парламентарните, но и дека за тоа треба да се разговара на политичко ниво, во рамките на дијалогот помеѓу партиите.

The post Спасовски, кој 8 години е министер: Никој досега не расчистил со овие криминални групи, ама ова раководство ќе ги докрајчи appeared first on Република.

]]>

Се разговара со многу лица, се обезбедуваат докази, се работи интезивно во откривањето на напаѓачот во Ист гејт но сеуште е рано да се споделуваат информации. Тоа е пресметка на криминални банди кои биле создавани 30-тина години за кои се зборува многу, а никој не преземал одговорност да расчисти со нив, информираше во интервју за МИА министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за пукањето во трговскиот центар во кој се застрелани две лица.
Тоа се криминални структури коишто биле создавани 30-тина можеби и повеќе години, за коишто сите гласно зборуваат меѓутоа никој не преземал одговорност за да расчистува со нив и ова раководство тоа го направи и е решено да се расчисти до крај. Да треба многу средства, многу напори, многу енергија, тоа да се случи, меѓутоа мора да се завршат работите коишто ќе допринесат таквите криминални структури да бидат зад решетки, да бидат изведени пред лицет на правдата. Недозволиво во изминатите триесет години да имате структури коишто ги поддржуваат одредени бизнисмени, групи итн. притоа барајќи оправдание зошто практично ги поддржуваат дури и финансиски, истакна Спасовски.
Главната улога во истрагата, според Спасовски ја има Одделот за форензички испитувања.
Знаете дека објавивме фотографија од извршителот, таа фотографија ја имаме и од видео надзорот, од сите прибрани документи коишто се, и тоа е нормална постапка во криминалистичките истраги. Затоа што слушам деновиве за разно разни состојби дека некој очекува граѓаните да го утврдат лицето. Тоа се нормални криминалистички постапки коишто се превземаат се со цел да се стигне до извршителот, и најважно е да се откријат мотивите иако знаеме дека тоа се пресметки на криминалните групи. Секако дека утврдивме многу работи, се разговара со многу лица, се прибираат многу податоци, информации, докази. Меѓутоа тоа се уште е рано да може да се споделува заради тоа што ќе наштети на истрагата, истакна Спасовски.
Министерот напомена дека е важно истрагите да бидат релевантни и дека сензационалното водење на истрагите може да биде добро за медиумите но не и за истрагата. Новата зграда за форензика при МВР кој оддел, според министерот, ја има главната улога во откривање на криминалот и криминалците е направена по сите стандарди и нуди можности за сертифицирање на многу постапки во вештачењето и во испитувањата.
Тоа ќе значи дека можеме да дадеме услуги, и за други држави, и за потреби, тоа што ние го поседуваме како експертски тим, како експертиза, како можност да го направиме. Јас сум многу горд заради тоа што успеавме да добиеме таков проект којшто целосно е финансиран од страна на ЕУ преку ИПА програмата за Cеверна Македонија, и на тој начин со вложување на 3,6 милиони евра се изгради таа зграда по најсовремени стандарди, и над пет илјади метри квадратни простор е сега наменет токму за Одделот за форензички испитувања, појасни министерот во интервјуто за МИА.
Информираше дека се очекува до средината на ноември да се инсталира и новиот систем којшто ќе работи за пребарување. Тоа е систем за пребарување на фингер-принт и за препознавање по лик, што за првпат се воведува како постапка во криминалистичкото работење во МВР и генерално во државата. Во дел претходната зграда на кримтехника ќе бидат сместени Одделот за дисциплински и судски постапки како и други служби кои ќе имаат потреба од поголем. Во интервјуто за МИА министерот Спасовски посебно ја потенцираше борбата против трговијата со дрога и рече дека тоа е еден од најврвните приоритети на МВР. Информираше дека за првите девет месеци од годинава има намалување на криминалитетот за 11 проценти според истиот период во 2022 година.
Кога зборувам за најврвните приоритети тоа е врз основа на анализите и согледувањата коишто ги имаме за тоа што значи како врвен безбедносен предизвик, и сега, и во иднина на подолг рок. И тоа не е врвен приоритет само на Cеверна Македонија. Тоа е врвен приоритет на сите. Прво сакам да кажам за овие девет месеци од 2023 годна имаме намалување на вкупниот криминалитет во државата за 11 проценти, споредбено со истиот период од 2022 година, истакна Спасовски.
Во периодот од првите девет месеци, во делот на борбата против недозволената трговија со дрога, откриени биле 576 кривични дела, во коишто кривично се пријавени 674 сторители.
Запленети се некаде околу 304 килограми марихуана, 7 килограми амфитемини, 3,2 килограми кокаин, околу 4.000 парчиња екстази, 146 стебла канабис, околу 5 илјади таблети тромадол, 3.500 мдма итн. Знаете дека пред неколку дена исто така откривме една лабораторија за производство на канабис овде на територијата на градот Скопје. Тоа е покажува псоветеноста на највисоко ниво во однос на борбата против трговијата со дрога, нагласи Спасовски.
Во однос на организираните групи, министерот рече за овие девет месеци се пресечени три транспорти на марихуана, и сузбиени се пет криминални групи, коишто дејствувале меѓународно или национално во делот на недозволената трговија со марихуана и со кокаин, и во коишто членувале 28 македонски државјани, при што се запленети 71 килограми марихуана, и 1,5 килограми кокаин.
Меѓутоа имавме и заеднички операции со државите во опкружувањето, а при формирање на такви криминални групи заеднички настапивме во разбивањето на криминалните групи во Албанија и Грција, при што се запленети 429 килограми кокаин. Тоа се информации коишто се заеднички споделени и преку заедничка оперативна акција дојде до целосна реализација. Ќе напоменам, на почетокот на јуни оваа година Одделот за криминалистичка во рамки на меѓународната истрага со службата за борба против дрога од Солун заедно со американската ДЕА и со Селект, тоа е организација за борба против организиран криминал на ЈИЕ, заеднички работевме и се запленети тука 161 килограм кокаин на пристаништето коешто во Солун, коешто потекнува од Еквадор. Секако дека како продолжеток на оваа активност беше сузбиена и меѓународна криминална група, на почетокот на мај годнава кога исто така во Солун беа запленети 104 килограми кокаин и притоа беа лишени од слобода 10 лица од кои што седум државјани на Грција, три државјани на Албанија, а во Cеверна Македонија се лишени четири лица за истиот овој случај којшто го имаме, истакна Спасовски.
Според министерот и уличното дилерство е еден од приоритетите на кои МВР работи.
Ако ги погледнете извештаите или билтените на МВР, ќе видите дека скоро и да нема ден во кој што не е објавена дека улични дилери или продавачи на наркотични дроги биле уапсени при претрес низ државата по градовите. Тоа е приоритет којшто го работиме постојано во изминатиот период и тука навистина може да стане збор за една жестока борба која што ја водиме токму со овој безбедносен предизвик, потенцира Спасовски.
На прашањето за нелегалната сеча на шумите, министерот рече дека преку организирана акција на МВР, БЈБ и шумската полиција запленети се околу илјада кубни метра дрва коишто биле нелегално исечени.
Секако дека треба да се направи една добра анализа и да се види што е тоа што треба можеби да се смени во законската регулатива за да не дојдеме до ваква една состојба во која што ќе може да имаме пустошење на шумскиот фонд, рече Спасовски
Дали има поврзаност на пироманите со бизнисите со огревни ресусри, првиот човек на полицијата вели дека најголемиот процент на пожари коишто се случувале, се случувале од невнимание но и дека не се исклучува заради некакви други причини како што се економските интереси. Во интервјуто министерот информира дека во моментот има една селекција за полициски службеници и како позитивно го оцени тоа што од сите изминати огласи во овој најмногу се зголемува бројот на жени коишто сакаат да бидат дел од македонската полиција. Потсети дека во изминатите шест години реконструирани се 80 објекти во македонската полиција, дека после повеќе години е набавена нова опрема како и дека од како е тој министер зголемена е платата за 35 проценти. Спасовски за МИА вели според него прво треба да се одржат претседателските избори, па птоа да се одржат парламентарните, но и дека за тоа треба да се разговара на политичко ниво, во рамките на дијалогот помеѓу партиите.

The post Спасовски, кој 8 години е министер: Никој досега не расчистил со овие криминални групи, ама ова раководство ќе ги докрајчи appeared first on Република.

]]>
За 8 години министер Спасовски – подземјето стана надземје, се пукаат по молови, ресторани и улици и досега настрадаа десетици лица https://republika.mk/vesti/makedonija/za-8-godini-minister-spasovski-podzemjeto-stana-nadzemje-se-pukaat-po-molovi-restorani-i-ulitsi-i-dosega-nastradaa-desetitsi-litsa/ Thu, 26 Oct 2023 07:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=695073

Оливер Спасовски од пред 8 години е на функцијата министер за внатрешни работи. Тој е најодговорен за мафијашките пресметки кои се случуваат среде бел ден, во центарот на Скопје, во трговски центри, пред очите на граѓаните. Тој е најодговорен за нарушената безбедност на граѓаните. Тој е најодговорен за тоа што царува криминалот и неказнивоста, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Престрелката од пред два дена во трговски центар во која има две тешко ранети лица, не е прва. Оваа престрелка е само една во низата мафијашки препукувања во кои досега настрадаа десетици лица. Се пукаа на улици, на паркинзи, во хотели, барови и каде ли уште не, и тоа цело време во мандатот на Оливер Спасовски.

Очигледно дека нарко картелите или се чувствуваат доволно заштитени од структури во власта за вака дрско да се однесуваат, или пак не ја есапат полицијата. И во едниот и во другиот случај Спасовски е директно одговорен, дотолку повеќе што ниеден случај не е расветлен и Спасовски постојано како папагал повторува дека истрагата трае, а всушност инцидентите се зачестуваат и стануваат поопасни.. Поради Спасовски подземјето стана надземје во Скопје и завладеа со улиците, трговските центри, угостителските објекти. Граѓаните не се повеќе безбедни. Животот на секој човек е загрозен. Оливер Спасовски да имаше доблест ќе си поднесеше оставка или пак Ковачевски ако беше вистински премиер ќе го разрешеше, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post За 8 години министер Спасовски – подземјето стана надземје, се пукаат по молови, ресторани и улици и досега настрадаа десетици лица appeared first on Република.

]]>

Оливер Спасовски од пред 8 години е на функцијата министер за внатрешни работи. Тој е најодговорен за мафијашките пресметки кои се случуваат среде бел ден, во центарот на Скопје, во трговски центри, пред очите на граѓаните. Тој е најодговорен за нарушената безбедност на граѓаните. Тој е најодговорен за тоа што царува криминалот и неказнивоста, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Престрелката од пред два дена во трговски центар во која има две тешко ранети лица, не е прва. Оваа престрелка е само една во низата мафијашки препукувања во кои досега настрадаа десетици лица. Се пукаа на улици, на паркинзи, во хотели, барови и каде ли уште не, и тоа цело време во мандатот на Оливер Спасовски. Очигледно дека нарко картелите или се чувствуваат доволно заштитени од структури во власта за вака дрско да се однесуваат, или пак не ја есапат полицијата. И во едниот и во другиот случај Спасовски е директно одговорен, дотолку повеќе што ниеден случај не е расветлен и Спасовски постојано како папагал повторува дека истрагата трае, а всушност инцидентите се зачестуваат и стануваат поопасни.. Поради Спасовски подземјето стана надземје во Скопје и завладеа со улиците, трговските центри, угостителските објекти. Граѓаните не се повеќе безбедни. Животот на секој човек е загрозен. Оливер Спасовски да имаше доблест ќе си поднесеше оставка или пак Ковачевски ако беше вистински премиер ќе го разрешеше, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post За 8 години министер Спасовски – подземјето стана надземје, се пукаат по молови, ресторани и улици и досега настрадаа десетици лица appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Продолжуваме по европскиот пат, во интерес на сите граѓани, за демократска и просперитетна Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-prodolzhuvame-po-evropskiot-pat-vo-interes-na-site-gragani-za-demokratska-i-prosperitetna-severna-makedonija/ Mon, 23 Oct 2023 09:43:40 +0000 https://republika.mk/?p=694094

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

-Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кога организираното македонско револуционерно движење, преку Илинден 1903, Крушевската Република и преку НОВ и АСНОМ, резултираше со создавање самостојна македонска држава. Продолжуваме по европскиот пат, во интерес на сите граѓани, за демократска и просперитетна Република Македонија, напиша Спасовски во честитката. 

The post Спасовски: Продолжуваме по европскиот пат, во интерес на сите граѓани, за демократска и просперитетна Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. -Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кога организираното македонско револуционерно движење, преку Илинден 1903, Крушевската Република и преку НОВ и АСНОМ, резултираше со создавање самостојна македонска држава. Продолжуваме по европскиот пат, во интерес на сите граѓани, за демократска и просперитетна Република Македонија, напиша Спасовски во честитката. 

The post Спасовски: Продолжуваме по европскиот пат, во интерес на сите граѓани, за демократска и просперитетна Македонија appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Се водат финансиски истраги за околу седум лица од Клиниката за онкологија https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-se-vodat-finansiski-istragi-za-okolu-sedum-litsa-od-klinikata-za-onkologija/ Tue, 10 Oct 2023 20:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=690010

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на втората седница на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија, информира дека се водат финансиски истраги за околу седум лица од Клиниката.

Секој за кој ќе се утврди вина, ќе треба не само да биде во притвор, туку и да носи одговорност пред надлежниот суд и на крајот да биде осуден. Досега постапувавме по неколку наредби за обезбедување на докази и паралелно за повеќе лица веќе се водат и финансиски истраги. За околу седум лица покрај кривичната истрага се води и финансиска истрага во однос на овој процес. Доказите се обезбедени, одземени се електронските уреди, одземени се здравствените картони и на тоа што го пишува во документите и она што е во електронските уреди не може да влијае никој. Тоа е непобитен факт, изјави Спасовски, одговарајќи на прашање поставено од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.

Спасовски информира дека во времето додека Беким Сали бил министер за здравство не е пријавено ниту едно кривично дело во ОЈО или МВР за Клиниката за онкологија.

Првото дејствие го преземаме на 1.9.2023 година, кога сосема друг е министер. Ниту претседател на државата, ниту премиер, ниту некој друг не може да изврши притисок на ова што го работиме и да ги негира доказите кои што сме ги обезбедиле со Основното јавно обвинителство, рече Спасовски

The post Спасовски: Се водат финансиски истраги за околу седум лица од Клиниката за онкологија appeared first on Република.

Спасовски: МВР уште во 2012-та поднесе кривична против тогашниот директор на Онкологија, Обвинителството до денес нема ништо преземено https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-mvr-ushte-vo-2012-ta-podnese-krivichna-protiv-togashniot-direktor-na-onkologija-obvinitelstvoto-do-denes-nema-nishto-prezemeno/ Tue, 10 Oct 2023 17:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=689981

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред пратениците рече дека МВР ја следи работата на Онкологија уште пред десет години и дека не е точно дека не презеле никакви мерки. Тој нагласи дека уште во 2012 година МВР поднело кривична пријава против тогашниот директор на клиниката, но дека до денеска Јавното обвинителство не презело никакви мерки.

„МВР првпат реагира на 31.05 2012 година во основа на оперативни сознанија кои ги има и поднесува кривична пријава против директорот на онкологија во тоа време од одделот за организиран криминал до основното јавно обвинителство за спречување на организиран и сериозен криминал, со индиции на злоупотреба на цитостатици на лекови. Од моментот на поднесување на пријавата до денеска не е преземно ниту едно истражно дејствие од страна на Јавното обвинителство“ изјави Спасовски.

Претходно, екс-министерот за здравство, Беким Сали кој беше прв сведок на сослушувањето, рече дека не знаел дека во клиниката постоел КАТО систем, и додаде дека за случувањата во Онкологија дознал преку медиумите.

Инаку, Јавното обвинителство на крајот на минатиот месец поднесе обвинение за „проневера“ против медицинската сестра од Клиниката за онкологија, која крадела цитостатици. Таа досега не е достапна за органите на прогонот.

Во Собранието заседава Анкетната комисија за скандалот со Онкологија, а пред пратениците свои образложенија дадоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали.

The post Спасовски: МВР уште во 2012-та поднесе кривична против тогашниот директор на Онкологија, Обвинителството до денес нема ништо преземено appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред пратениците рече дека МВР ја следи работата на Онкологија уште пред десет години и дека не е точно дека не презеле никакви мерки. Тој нагласи дека уште во 2012 година МВР поднело кривична пријава против тогашниот директор на клиниката, но дека до денеска Јавното обвинителство не презело никакви мерки. „МВР првпат реагира на 31.05 2012 година во основа на оперативни сознанија кои ги има и поднесува кривична пријава против директорот на онкологија во тоа време од одделот за организиран криминал до основното јавно обвинителство за спречување на организиран и сериозен криминал, со индиции на злоупотреба на цитостатици на лекови. Од моментот на поднесување на пријавата до денеска не е преземно ниту едно истражно дејствие од страна на Јавното обвинителство“ изјави Спасовски. Претходно, екс-министерот за здравство, Беким Сали кој беше прв сведок на сослушувањето, рече дека не знаел дека во клиниката постоел КАТО систем, и додаде дека за случувањата во Онкологија дознал преку медиумите. Инаку, Јавното обвинителство на крајот на минатиот месец поднесе обвинение за „проневера“ против медицинската сестра од Клиниката за онкологија, која крадела цитостатици. Таа досега не е достапна за органите на прогонот. Во Собранието заседава Анкетната комисија за скандалот со Онкологија, а пред пратениците свои образложенија дадоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали.

The post Спасовски: МВР уште во 2012-та поднесе кривична против тогашниот директор на Онкологија, Обвинителството до денес нема ништо преземено appeared first on Република.

]]>
Според Спасовски нема потреба од носење на закон за амнестија https://republika.mk/vesti/makedonija/spored-spasovski-nema-potreba-od-nosene-na-zakon-za-amnestija/ Sat, 30 Sep 2023 16:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=686654

Непотребно е донесувањето на законот за амнестија, оцени Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој смета дека неговата примена, нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите, а како што вели, не е ниту момент за амнестија.

„Прво, не е соодветно ниту времето, ниту моментот на носење на Закон за амнестија. Второ, опфатот кој што е барем соопштен дека ќе опфати прилично мал број на лица, исто така нема да помогне во многу.Нема да имаме никави ефекти во однос на носењето на законското решение, нема да допринесе значително да се ослободат места итн или да се намали притисокот на КПУ. Јас мислам дека треба државата стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетие на затворските институции“, изјави Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.

Според него, амнестираните многу често по излегувањето од затвор ги повторуваат делата.

„Ние секогаш укажуваме на тоа дека тие лица кои сториле кривични дела, пред се, разбојништва, тешки кражби итн, претставуваат уште еден терет за безбедносната состојба, или ако ги погледнеме минатите закони за амнестија ќе видите дека најголемиот дел од тие лица за два до три месеци повторно се враќаат назад заради тоа што имаат повторно кривични дела со кои ние секојдневно се справуваме“, вели министерот за внатрешни работи.

Законот за амнестија подготвен од Министерството за правда, пред пратениците е предвидено да се најде за десетина дена. Опозицијата се противи на неговото донесување и најави бројни амандмани. Власта пак со амандман ќе спречува од затвор да излезат и помагачи на тешки кривични дела.

The post Според Спасовски нема потреба од носење на закон за амнестија appeared first on Република.

]]>

Непотребно е донесувањето на законот за амнестија, оцени Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој смета дека неговата примена, нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите, а како што вели, не е ниту момент за амнестија.
„Прво, не е соодветно ниту времето, ниту моментот на носење на Закон за амнестија. Второ, опфатот кој што е барем соопштен дека ќе опфати прилично мал број на лица, исто така нема да помогне во многу.Нема да имаме никави ефекти во однос на носењето на законското решение, нема да допринесе значително да се ослободат места итн или да се намали притисокот на КПУ. Јас мислам дека треба државата стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетие на затворските институции“, изјави Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.
Според него, амнестираните многу често по излегувањето од затвор ги повторуваат делата. „Ние секогаш укажуваме на тоа дека тие лица кои сториле кривични дела, пред се, разбојништва, тешки кражби итн, претставуваат уште еден терет за безбедносната состојба, или ако ги погледнеме минатите закони за амнестија ќе видите дека најголемиот дел од тие лица за два до три месеци повторно се враќаат назад заради тоа што имаат повторно кривични дела со кои ние секојдневно се справуваме“, вели министерот за внатрешни работи. Законот за амнестија подготвен од Министерството за правда, пред пратениците е предвидено да се најде за десетина дена. Опозицијата се противи на неговото донесување и најави бројни амандмани. Власта пак со амандман ќе спречува од затвор да излезат и помагачи на тешки кривични дела.

The post Според Спасовски нема потреба од носење на закон за амнестија appeared first on Република.

]]>
Спасовски за Oнкологија: Важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-za-onkologija-vazhno-e-predmetot-da-se-zavrshi-brzo-i-kvalitetno-a-pardon-nema-da-ima-za-nikogo/ Fri, 15 Sep 2023 08:13:03 +0000 https://republika.mk/?p=682078

За случувањата во Клиниката за онкологија, важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за неделникот „Фокус“.

Во врска со истрагата и обезбедените докази, Спасовски нагласи дека прво сака да потенцира оти на самата помисла за сè она што се случувало на Клиниката за онкологија навистина нема збор со којшто може сето тоа да се опише.

Ние направивме прибирање на електронските уреди и се преземаат низа криминалистички мерки и активности сè со цел да се приберат што е можно повеќе докази во овој дел. Морам да напоменам дека се работи многу интензивно на целиот овој случај за да се види што точно се правело и кои се виновниците и учесниците. Важно е поради тоа што секој криминал, па и овој мора да има име и презиме и оние кои директно учествувале ќе мора да носат сериозна одговорност. Така што, интензитетот е голем во делот на истрагата, се преземаат низа на мерки како што напоменав, се прават разговори со одредени лица кои учествувале во ова, кои можат да дадат дополнителни информации и на основа на тоа секако дека ќе ги преземеме следните чекори во овој случај, по насоки на јавниот обвинител, рече министерот Спасовски.

Во однос на тоа кога би можело да се очекува разрешница на случајот, Спасовски истакна дека заради јавноста, динамиката со која ќе се заврши предметот е особено важна, но не по цена на квалитетот.

 Ние работиме и посакуваме тоа да се случи час поскоро заради тоа што е важно и заради јавноста и заради сите нас, да се заврши предметот што е можно побрзо, меѓутоа многу поважно од брзината е квалитетот. Не е добро да направиме случај во којшто од побуди на задоволување на јавноста во одреден момент ќе се намали квалитетот на прибраните документи или нема да бидат собрани доволно докази. Напротив, сметам дека квалитетно собраните докази, дефинирањето точно на оние кои се виновниците е многу поважно во овој момент, иако и динамикатата за нас е сериозно важна, потенцираше Спасовски.

Во врска со прашањето за евентуална селективност во однос на овој случај, тој е дециден дека нема да има пардон за никого. Спасовски потенцира дека не сака да разговара за „ситни или крупни риби“ кога станува збор за криминалец.

Криминалец е криминалец. Зар мислите дека помал или поголем криминалец е тој што седи на некоја позиција од некој обичен граѓанин. Секој кој се занимава со криминал е криминалец и секој треба да носи одговорност. И затоа кажав и мој јасен став е дека мора да одговара секој што е инволвиран во тој случај, без разлика каде е на хиерархијата на државната поставеност, на колку висока позиција. Ако учествувал во ова и ако давал одредени насоки, одобрувања итн., ќе носи одговорност што сака нека е! Меѓутоа важно е да ги утврдиме сите докази и на основа на доказите да се носи таква одговорност. Нема да има пардон дали е политичар, дали е носител на функција, дали е од една или од друга политичка партија, воопшто не ме интересираат ниту партиите, ниту што било друго, туку да се утврди она што е интерес на граѓаните, истакна Спасовски.

The post Спасовски за Oнкологија: Важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого appeared first on Република.

]]>

За случувањата во Клиниката за онкологија, важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за неделникот „Фокус“. Во врска со истрагата и обезбедените докази, Спасовски нагласи дека прво сака да потенцира оти на самата помисла за сè она што се случувало на Клиниката за онкологија навистина нема збор со којшто може сето тоа да се опише.
Ние направивме прибирање на електронските уреди и се преземаат низа криминалистички мерки и активности сè со цел да се приберат што е можно повеќе докази во овој дел. Морам да напоменам дека се работи многу интензивно на целиот овој случај за да се види што точно се правело и кои се виновниците и учесниците. Важно е поради тоа што секој криминал, па и овој мора да има име и презиме и оние кои директно учествувале ќе мора да носат сериозна одговорност. Така што, интензитетот е голем во делот на истрагата, се преземаат низа на мерки како што напоменав, се прават разговори со одредени лица кои учествувале во ова, кои можат да дадат дополнителни информации и на основа на тоа секако дека ќе ги преземеме следните чекори во овој случај, по насоки на јавниот обвинител, рече министерот Спасовски.
Во однос на тоа кога би можело да се очекува разрешница на случајот, Спасовски истакна дека заради јавноста, динамиката со која ќе се заврши предметот е особено важна, но не по цена на квалитетот.
 Ние работиме и посакуваме тоа да се случи час поскоро заради тоа што е важно и заради јавноста и заради сите нас, да се заврши предметот што е можно побрзо, меѓутоа многу поважно од брзината е квалитетот. Не е добро да направиме случај во којшто од побуди на задоволување на јавноста во одреден момент ќе се намали квалитетот на прибраните документи или нема да бидат собрани доволно докази. Напротив, сметам дека квалитетно собраните докази, дефинирањето точно на оние кои се виновниците е многу поважно во овој момент, иако и динамикатата за нас е сериозно важна, потенцираше Спасовски.
Во врска со прашањето за евентуална селективност во однос на овој случај, тој е дециден дека нема да има пардон за никого. Спасовски потенцира дека не сака да разговара за „ситни или крупни риби“ кога станува збор за криминалец.
Криминалец е криминалец. Зар мислите дека помал или поголем криминалец е тој што седи на некоја позиција од некој обичен граѓанин. Секој кој се занимава со криминал е криминалец и секој треба да носи одговорност. И затоа кажав и мој јасен став е дека мора да одговара секој што е инволвиран во тој случај, без разлика каде е на хиерархијата на државната поставеност, на колку висока позиција. Ако учествувал во ова и ако давал одредени насоки, одобрувања итн., ќе носи одговорност што сака нека е! Меѓутоа важно е да ги утврдиме сите докази и на основа на доказите да се носи таква одговорност. Нема да има пардон дали е политичар, дали е носител на функција, дали е од една или од друга политичка партија, воопшто не ме интересираат ниту партиите, ниту што било друго, туку да се утврди она што е интерес на граѓаните, истакна Спасовски.

The post Спасовски за Oнкологија: Важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого appeared first on Република.

]]>
Спасовски се сретна со неговиот албански колега Бала https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-se-sretna-so-negoviot-albanski-kolega-bala/ Wed, 13 Sep 2023 19:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=681693

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва, за време на работниот престој во Тирана, по повод учеството на Конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, оствари работна средба со неговиот албанскиот колега,Таулант Бала.

На средбата македонскиот прв полицаец  му го  честитал  назначувањето на функцијата министер за внатрешни работи на Република Албанија, со желби за успех, на личен и професионален план.

-Токму Министерската Конференција во рамки на Берлински процес во Тирана е добар старт за продлабочување на веќе успешната соработката помеѓу МВР на Република Македонија и МВР на Република Албанија.
Преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и регионалната соработка, особено на полето на прекуграничната соработка, како и успешното спроведување на имплементациските Протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, како и заедничкото учество во Регионалните иницијативи, можам да кажам дека соработката помеѓу граничните полиции на двете држави е континуирана, објави Спасовски на Фејсбук.

Додава дека на средбата се договориле да започнат подготовките од двете страни кои ќе значат позитивен одговор на барањата на македонската заедница во Албанија,  поточно областа Голо Брдо, граничниот премин Џепиште-Требиште кај Дебар да работи 24/7, со што ќе се олеснат потребите на Македонците што живеат и работат.

Овој премин е од локален карактер и работи од 6 до 20 часот во летниот и од 8 до 18 часот во зимскиот период.

-Продолжуваме и во иднина да ги интензивираме сите активности коишто веќе се отпочнати, и ќе започнуваме и нови, кои ги отвораат европските перспективи на граѓаните и на регионот - Нашите заеднички цели им се безбедноста и сигурноста на граѓаните, владеењето на правото и европски институции, наведува Спасовски

The post Спасовски се сретна со неговиот албански колега Бала appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва, за време на работниот престој во Тирана, по повод учеството на Конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, оствари работна средба со неговиот албанскиот колега,Таулант Бала. На средбата македонскиот прв полицаец  му го  честитал  назначувањето на функцијата министер за внатрешни работи на Република Албанија, со желби за успех, на личен и професионален план. -Токму Министерската Конференција во рамки на Берлински процес во Тирана е добар старт за продлабочување на веќе успешната соработката помеѓу МВР на Република Македонија и МВР на Република Албанија. Преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и регионалната соработка, особено на полето на прекуграничната соработка, како и успешното спроведување на имплементациските Протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, како и заедничкото учество во Регионалните иницијативи, можам да кажам дека соработката помеѓу граничните полиции на двете држави е континуирана, објави Спасовски на Фејсбук. Додава дека на средбата се договориле да започнат подготовките од двете страни кои ќе значат позитивен одговор на барањата на македонската заедница во Албанија,  поточно областа Голо Брдо, граничниот премин Џепиште-Требиште кај Дебар да работи 24/7, со што ќе се олеснат потребите на Македонците што живеат и работат. Овој премин е од локален карактер и работи од 6 до 20 часот во летниот и од 8 до 18 часот во зимскиот период. -Продолжуваме и во иднина да ги интензивираме сите активности коишто веќе се отпочнати, и ќе започнуваме и нови, кои ги отвораат европските перспективи на граѓаните и на регионот - Нашите заеднички цели им се безбедноста и сигурноста на граѓаните, владеењето на правото и европски институции, наведува Спасовски

The post Спасовски се сретна со неговиот албански колега Бала appeared first on Република.

]]>
Ковачки: МВР крие дека пушката со која е пукано во Ропотово не е пронајдена, Спасовски е директно одговорен за башибозукот во МВР и во државата https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-mvr-krie-deka-pushkata-so-koja-e-pukano-vo-ropotovo-ne-e-pronajdena-spasovski-e-direktno-odgovoren-za-bashibozukot-vo-mvr-i-vo-drzhavata/ Tue, 29 Aug 2023 11:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=676932

МВР на Спасовски знаеше, но молчеше за настанот на кој командир на полициска станица, други полициски службеници, воени лица и замислете и во нивно присуство и други лица-цивили, предизвикувале општа опасност и употребиле автоматско и друго оружје чисто за своја разонода во сред населено место и во толпа народ, објави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМ.
-Според соопштението од МВР, во текот на акцијата за апсење на горенаведените лица кои со своите дејанија можеле да предизивикаат тешки последици, т.е. при претреси биле пронајдени поголема количина разновидно оружје и муниција, а за командирот на станицата била поднесена пријава само за предизвикување на општа опасност.
Тоа што не го кажува МВР е дека автоматската пушка од која пукаше командирот на станицата не е пронајдена, а што е уште потрагично, на настанот присуствувале и лица од најтесното раководство на СВР Битола во чие присуство се случувало дивеењето со огнено оружје.
Оттука се поставуваат прашањата:
1. Зошто на припадници на МВР и на АРМ им се потребни нелегални пушки, пиштоли итн?
2. Како е возможно во присуство на командир на полиција, како и на други полициски службеници, да се дозволи употреба на огнено оружје и од други лица, воени лица и цивили?
Во борбена зона ли се наоѓаат учесниците на настанот или во сред населено место на земја членка на НАТО и кандидат за ЕУ?
3. Ќе има ли кривична одговорност за раководните од СВР Битола затоа што го сокриле настанот?
*Г-не Спасовски, време е за оставка.
Со свесно непреземање, а и со свесно-изнудено и ненавремено односно пост-фестум преземање на мерки, се стимулира растот на криминалот во државата.
Вие сте 8-ма година министер и сте директно одговорен за башибозукот во МВР и во државата.
Под Ваше раководство на МВР, нарко банди се пресметуваат во строг центар на Скопје, ниедно убиство немате расветлено, а полицијата и Ваши началници и командири кои лично Вие сте ги поставиле, наместо да се занимава со спроведување на законот и редот и да овозможи безбедност на граѓаните е директно вклучена во кршење на законите и предизвикување на опасност.

The post Ковачки: МВР крие дека пушката со која е пукано во Ропотово не е пронајдена, Спасовски е директно одговорен за башибозукот во МВР и во државата appeared first on Република.

]]>

МВР на Спасовски знаеше, но молчеше за настанот на кој командир на полициска станица, други полициски службеници, воени лица и замислете и во нивно присуство и други лица-цивили, предизвикувале општа опасност и употребиле автоматско и друго оружје чисто за своја разонода во сред населено место и во толпа народ, објави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМ. -Според соопштението од МВР, во текот на акцијата за апсење на горенаведените лица кои со своите дејанија можеле да предизивикаат тешки последици, т.е. при претреси биле пронајдени поголема количина разновидно оружје и муниција, а за командирот на станицата била поднесена пријава само за предизвикување на општа опасност. Тоа што не го кажува МВР е дека автоматската пушка од која пукаше командирот на станицата не е пронајдена, а што е уште потрагично, на настанот присуствувале и лица од најтесното раководство на СВР Битола во чие присуство се случувало дивеењето со огнено оружје. Оттука се поставуваат прашањата: 1. Зошто на припадници на МВР и на АРМ им се потребни нелегални пушки, пиштоли итн? 2. Како е возможно во присуство на командир на полиција, како и на други полициски службеници, да се дозволи употреба на огнено оружје и од други лица, воени лица и цивили? Во борбена зона ли се наоѓаат учесниците на настанот или во сред населено место на земја членка на НАТО и кандидат за ЕУ? 3. Ќе има ли кривична одговорност за раководните од СВР Битола затоа што го сокриле настанот? *Г-не Спасовски, време е за оставка. Со свесно непреземање, а и со свесно-изнудено и ненавремено односно пост-фестум преземање на мерки, се стимулира растот на криминалот во државата. Вие сте 8-ма година министер и сте директно одговорен за башибозукот во МВР и во државата. Под Ваше раководство на МВР, нарко банди се пресметуваат во строг центар на Скопје, ниедно убиство немате расветлено, а полицијата и Ваши началници и командири кои лично Вие сте ги поставиле, наместо да се занимава со спроведување на законот и редот и да овозможи безбедност на граѓаните е директно вклучена во кршење на законите и предизвикување на опасност.

The post Ковачки: МВР крие дека пушката со која е пукано во Ропотово не е пронајдена, Спасовски е директно одговорен за башибозукот во МВР и во државата appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Додека криминалците се заштитени како бели мечки, Спасовски и МВР открија „криминал од светски размери“ со назначување на директор на училиште во Кочани https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dodeka-kriminaltsite-se-zashtiteni-kako-beli-mechki-spasovski-i-mvr-otkrija-kriminal-od-svetski-razmeri-so-naznachuvane-na-direktor-na-uchilishte-vo-kochani/ Tue, 08 Aug 2023 06:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=669820

Криминалот во државата цвета, криминалци како на Дивиот запад се пукаат во центар на главниот град и шетаат слободни низ улиците, ама за тоа МВР на Спасовски откри „криминал од светски размери“ со именување на директор на училиште и кривична пријава за градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Преку соопштение на МВР, небаре откриле и спречиле огромен криминал, известија дека поднеле кривична пријава против градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Но ни буква, ниту збор, а не пак истрага за назначувањето за директори со средно образувание на коалициониот градоначалник Рамиз Мерко, кој патем е и на црната листа на Америка. Само заради тоа што кандидатот, директорот на училиштето, не им е по мерка на криминалците на власт ДУИ и СДС решија кривично да го гонат градоначалникот на Кочани се со цел дефокусирање од сите порази, велат од партијата.

„На претендентот за претседател на државата Оливер Спасовски, не му е битно како низ улиците во државава се тргува со наркотици, не му е ни битно за тоа што со месеци и години не се расчистуваат убиства сред бел ден, ниту пак како се извадија стотици пасоши за светски криминалци, ама за тоа партискиот реваншизам е највисоко ниво за билдање на партискиот рејтинг.

За тоа довербата кон институциите од сите релевантни истражување е на најниско ниво. Токму заради злоупотребата на институциите, полицијата, обвинителството, судство за партиски прогон додека криминалот и криминалците се заштитени како бели мечкин од власта на ДУИ и СДС“ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Додека криминалците се заштитени како бели мечки, Спасовски и МВР открија „криминал од светски размери“ со назначување на директор на училиште во Кочани appeared first on Република.

]]>

Криминалот во државата цвета, криминалци како на Дивиот запад се пукаат во центар на главниот град и шетаат слободни низ улиците, ама за тоа МВР на Спасовски откри „криминал од светски размери“ со именување на директор на училиште и кривична пријава за градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Преку соопштение на МВР, небаре откриле и спречиле огромен криминал, известија дека поднеле кривична пријава против градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Но ни буква, ниту збор, а не пак истрага за назначувањето за директори со средно образувание на коалициониот градоначалник Рамиз Мерко, кој патем е и на црната листа на Америка. Само заради тоа што кандидатот, директорот на училиштето, не им е по мерка на криминалците на власт ДУИ и СДС решија кривично да го гонат градоначалникот на Кочани се со цел дефокусирање од сите порази, велат од партијата. „На претендентот за претседател на државата Оливер Спасовски, не му е битно како низ улиците во државава се тргува со наркотици, не му е ни битно за тоа што со месеци и години не се расчистуваат убиства сред бел ден, ниту пак како се извадија стотици пасоши за светски криминалци, ама за тоа партискиот реваншизам е највисоко ниво за билдање на партискиот рејтинг.