советници Archives - Република https://republika.mk/tema/sovetnici/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 13:38:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png советници Archives - Република https://republika.mk/tema/sovetnici/ 32 32 Дали Скопје ќе се спаси: Советничките групи ќе поддржат дополнителни вработувања во „Комунална хигиена“ и средства за поправка на 30 автобуси на ЈСП https://republika.mk/vesti/skopje/dali-skopje-ke-se-spasi-sovetnichkite-grupi-ke-poddrzhat-dopolnitelni-vrabotuvana-vo-komunalna-higiena-i-sredstva-za-popravka-na-30-avtobusi-na-jsp/ Thu, 22 Aug 2024 13:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=809128

Советничките групи во Советот на Град Скопје на наредната седница на Советот на 29 август ќе ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица, како и средства за ЈСП со пренамена од друг проект со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси, изјави претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески.

На денешната средба за координација во Град Скопје на која присуствуваа координаторите на советничките групи Славески посочи дека градоначалничката Арсовска дошла со директорите јавните претпријатија Паркови и зеленило, Комунална хигиена Скопје и ЈСП Скопје, надлежни за областите кои се најгорливи во Скопје чистота во градот Скопје и јавниот превоз. Директорите на Комунална хигиена и на Паркови и зеленило со оглед дека се нови на функцијата, само 10 -тина дена, не можеле да дадат конкретни одговори на прашањата, и останало дополнително советници да бидат информирани за прашањата што ги поставуваа.

На состанокот од јавните претпријатија беше нагласено дека им е потребна дозвола за набавка на нова механизација, опрема и др. Јас забележав дека нивните инвестициски планови се одобрени од страна Советот на Град Скопје уште на почетокот на годината, како и во претходните години и се поставува прашање што правеа кога ни кажуваат дека во просек возилата и опремата им се стари над 20 а во некои групи и 30 години - вели Славески.

Во однос на јавниот превоз во Град Скопје, кажа дека и на средбата во понеделникот било констатирано дека на краток рок не може да се изврши набавка на нови автобуси кои би го зголемиле возниот парк, но и дека добар дел на возниот парк е нефункционален. Повтори дека Владата била изразила подготвеност  дел од средствата кои се неискористени а се наменети за инфраструктурен проект во Град Скопје, да се префрлат на сметката на Град Скопје за рехабилитација на одреден број на автобуси што не се во функција, во пресрет на почетокот на новата учебна година.

Затоа што овде имаме две клучни дати, едната е 1 односно 3 септември кога е почеток на учебната година, за основците и средношколците и мала пауза додека студентите не се вратат на факултетите. Според проценката на директорот дури 30 автобуси би можеле да бидат поправени и да се стават во функција доколку овој договор околу префрлањето на средства од страна на Владата и започнување на сервисирање на оној долг од осум милиони евра што претходната Влада го направи кој ЈСП - рече Славески.

Тој изрази очекување дека од 1 септември јавниот превоз во градот ќе функционира, но не оптимално како што посакуваме.

Нема закочени процеси во Советот за Град Скопје, ако станува збор за закочување тоа е една програма, која ја спомнав, да се дозволат нови 120 вработени во „Комунална хигиена“. Се разбира, ќе ги разгледаме и другите програми кои што не се донесени, рече Славески на новинарско прашање дали од 29 август ќе се откочат работите во Советот на градот.

Прашан за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска ги повика советниците да ги поддржат плановите на Град Скопје, Славески повтори дека до сега единствено не била изгласана Програмата за дополнителни активности за „Комунална хигиена“ за дополнително сезонско вработување на 120 работници. Тој, смета дека и со сегашната бројка ова ЈП би можело добро да функционира.

Буџетот нема 8 милиони евра да го подмири долгот, создаден во претходните неколку години за бесплатниот превоз на студентскиот, рече Славески и дополни дека постои расположение тоа да се прави сукцесивно. Во однос на БРТ системот, потсети дека претседателот на Владата во понеделник изрази сомнеж дека за кусо време советниците би дале дозвола за продолжување на овој проект.

The post Дали Скопје ќе се спаси: Советничките групи ќе поддржат дополнителни вработувања во „Комунална хигиена“ и средства за поправка на 30 автобуси на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Советничките групи во Советот на Град Скопје на наредната седница на Советот на 29 август ќе ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица, како и средства за ЈСП со пренамена од друг проект со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси, изјави претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески. На денешната средба за координација во Град Скопје на која присуствуваа координаторите на советничките групи Славески посочи дека градоначалничката Арсовска дошла со директорите јавните претпријатија Паркови и зеленило, Комунална хигиена Скопје и ЈСП Скопје, надлежни за областите кои се најгорливи во Скопје чистота во градот Скопје и јавниот превоз. Директорите на Комунална хигиена и на Паркови и зеленило со оглед дека се нови на функцијата, само 10 -тина дена, не можеле да дадат конкретни одговори на прашањата, и останало дополнително советници да бидат информирани за прашањата што ги поставуваа.
На состанокот од јавните претпријатија беше нагласено дека им е потребна дозвола за набавка на нова механизација, опрема и др. Јас забележав дека нивните инвестициски планови се одобрени од страна Советот на Град Скопје уште на почетокот на годината, како и во претходните години и се поставува прашање што правеа кога ни кажуваат дека во просек возилата и опремата им се стари над 20 а во некои групи и 30 години - вели Славески.
Во однос на јавниот превоз во Град Скопје, кажа дека и на средбата во понеделникот било констатирано дека на краток рок не може да се изврши набавка на нови автобуси кои би го зголемиле возниот парк, но и дека добар дел на возниот парк е нефункционален. Повтори дека Владата била изразила подготвеност  дел од средствата кои се неискористени а се наменети за инфраструктурен проект во Град Скопје, да се префрлат на сметката на Град Скопје за рехабилитација на одреден број на автобуси што не се во функција, во пресрет на почетокот на новата учебна година.
Затоа што овде имаме две клучни дати, едната е 1 односно 3 септември кога е почеток на учебната година, за основците и средношколците и мала пауза додека студентите не се вратат на факултетите. Според проценката на директорот дури 30 автобуси би можеле да бидат поправени и да се стават во функција доколку овој договор околу префрлањето на средства од страна на Владата и започнување на сервисирање на оној долг од осум милиони евра што претходната Влада го направи кој ЈСП - рече Славески.
Тој изрази очекување дека од 1 септември јавниот превоз во градот ќе функционира, но не оптимално како што посакуваме. Нема закочени процеси во Советот за Град Скопје, ако станува збор за закочување тоа е една програма, која ја спомнав, да се дозволат нови 120 вработени во „Комунална хигиена“. Се разбира, ќе ги разгледаме и другите програми кои што не се донесени, рече Славески на новинарско прашање дали од 29 август ќе се откочат работите во Советот на градот. Прашан за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска ги повика советниците да ги поддржат плановите на Град Скопје, Славески повтори дека до сега единствено не била изгласана Програмата за дополнителни активности за „Комунална хигиена“ за дополнително сезонско вработување на 120 работници. Тој, смета дека и со сегашната бројка ова ЈП би можело добро да функционира. Буџетот нема 8 милиони евра да го подмири долгот, создаден во претходните неколку години за бесплатниот превоз на студентскиот, рече Славески и дополни дека постои расположение тоа да се прави сукцесивно. Во однос на БРТ системот, потсети дека претседателот на Владата во понеделник изрази сомнеж дека за кусо време советниците би дале дозвола за продолжување на овој проект.

The post Дали Скопје ќе се спаси: Советничките групи ќе поддржат дополнителни вработувања во „Комунална хигиена“ и средства за поправка на 30 автобуси на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ги замолувам советниците на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите, но ништо нема да се смени https://republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-gi-zamoluvam-sovetnitsite-na-slednata-sednitsa-na-sovetot-na-grad-skopje-da-gi-izglasaat-programite-no-nishto-nema-da-se-smeni/ Thu, 22 Aug 2024 13:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=809131

Па видете, за Арсовска мислам дека премногу периодов се кажа сé, би кажал дека е единица мерка на личност која што создава непријатели наместо да создава пријатели и тоа не е добро, мислам доколку и значи мојот совет“, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на Арсовска дека Советот не ги гласа програмите.

Премиерот Мицкоски рече дека Арсовска обвинува дека состојбите во градот се катастрофални затоа што не се гласале програмите, и ги повика на следната седница на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат, иако како што рече и покрај тоа лошата состојба повторно нема да се промени.

Ги слушнав тие пораки, не се гласале програмите, па не знам кочеле овие, кочеле тие. Еве јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги замолам советниците коишто доаѓаат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш на следната седница да ги изгласаат тие програми, истакна Мицкоски.

Ако е до програмите, но не е до програмите. Еве ќе видите веднаш, мислам дека добив информација дека на 29-ти има седница, еве ќе ги замолам советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата тие програми кои што таа вели дека не и се гласаат да и ги изгласаме и еве ќе видите дека ништо нема да се смени. Еве да знаете дека буквално ништо нема да се смени, додава тој.

Премиерот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не кочи и дека ќе ги изгласаат програмите.

Тоа што е до нас ќе го направиме и еве да не биде и тоа повторно причина да речат ете ВМРО-ДМПНЕ кочи. Не кочиме, еве ќе ги изгласаме тие програми, ќе ги замолам да ги изгласаат, истакна премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Ги замолувам советниците на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите, но ништо нема да се смени appeared first on Република.

]]>

Па видете, за Арсовска мислам дека премногу периодов се кажа сé, би кажал дека е единица мерка на личност која што создава непријатели наместо да создава пријатели и тоа не е добро, мислам доколку и значи мојот совет“, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на Арсовска дека Советот не ги гласа програмите.
Премиерот Мицкоски рече дека Арсовска обвинува дека состојбите во градот се катастрофални затоа што не се гласале програмите, и ги повика на следната седница на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат, иако како што рече и покрај тоа лошата состојба повторно нема да се промени.
Ги слушнав тие пораки, не се гласале програмите, па не знам кочеле овие, кочеле тие. Еве јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги замолам советниците коишто доаѓаат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш на следната седница да ги изгласаат тие програми, истакна Мицкоски. Ако е до програмите, но не е до програмите. Еве ќе видите веднаш, мислам дека добив информација дека на 29-ти има седница, еве ќе ги замолам советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата тие програми кои што таа вели дека не и се гласаат да и ги изгласаме и еве ќе видите дека ништо нема да се смени. Еве да знаете дека буквално ништо нема да се смени, додава тој.
Премиерот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не кочи и дека ќе ги изгласаат програмите.
Тоа што е до нас ќе го направиме и еве да не биде и тоа повторно причина да речат ете ВМРО-ДМПНЕ кочи. Не кочиме, еве ќе ги изгласаме тие програми, ќе ги замолам да ги изгласаат, истакна премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Ги замолувам советниците на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите, но ништо нема да се смени appeared first on Република.

]]>
Засега имам еден советник, а оние кои сакам да ги вклучам долго време бегаат од политиката https://republika.mk/vesti/makedonija/zasega-imam-eden-sovetnik-a-onie-koi-sakam-da-gi-vklucham-dolgo-vreme-begaat-od-politikata/ Fri, 05 Jul 2024 07:18:35 +0000 https://republika.mk/?p=793591

Претседателката Гордана Сиљаноска Давкова најави дека наскоро својот Кабинет ќе го прошири со советник за внатрешна политика, како и дека ќе ги пополни трите места во Советот за безбедност со експерти за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени.

Како што истакна Сиљаноска Давкова во „Само интервју“, засега има само еден советник за надворешна политика, Жидас Даскаловски, иако може да ангажира уште четворица.

Засега имам еден советник, за надворешна политика, тоа е Жидас Даскаловски, а пет може да се ангажираат според законот. Оние луѓе кои јас сакам да ги вклучам долго време бегаат од политиката. Велат дека во секое време ќе дадат совет, но без да се институционализира тоа. Но, ќе биде наскоро и за внатрешна политика, а ќе ги пополнам и трите места во Советот за безбедност. Мерам, сакам во Советот да има експерт за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени, нагласи претседателката Сиљаноска Давкова.

The post Засега имам еден советник, а оние кои сакам да ги вклучам долго време бегаат од политиката appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљаноска Давкова најави дека наскоро својот Кабинет ќе го прошири со советник за внатрешна политика, како и дека ќе ги пополни трите места во Советот за безбедност со експерти за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени. Како што истакна Сиљаноска Давкова во „Само интервју“, засега има само еден советник за надворешна политика, Жидас Даскаловски, иако може да ангажира уште четворица.
Засега имам еден советник, за надворешна политика, тоа е Жидас Даскаловски, а пет може да се ангажираат според законот. Оние луѓе кои јас сакам да ги вклучам долго време бегаат од политиката. Велат дека во секое време ќе дадат совет, но без да се институционализира тоа. Но, ќе биде наскоро и за внатрешна политика, а ќе ги пополнам и трите места во Советот за безбедност. Мерам, сакам во Советот да има експерт за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени, нагласи претседателката Сиљаноска Давкова.

The post Засега имам еден советник, а оние кои сакам да ги вклучам долго време бегаат од политиката appeared first on Република.

]]>
Данела Арсовска им должи 112.500 евра на советниците во Советот на Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/danela-arsovska-im-dolzhi-112-500-evra-na-sovetnitsite-vo-sovetot-na-grad-skopje/ Wed, 18 Oct 2023 14:47:06 +0000 https://republika.mk/?p=692560

Дури 112.500 евра им должи Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска на сите 45 советници во Советот на Град Скопје. Тие пари треба законски да ги добијат како надомест за извршувањето на нивната функција, а дел од нив наплатата ќе ја бараат преку суд, пишува ПлусИнфо.

Според информациите во разговор со неколку советници, ниту еден од нив нема добиено пари за мај, јуни, јули, август и за септември, во висина од една просечна плата или околу 500 евра.

Ова го потврдува и претседателот на Советот, Трајко Славески, кој вели дека средствата редовно се уплаќале до април, а според него Арсовска има дадено усна наредба парите повеќе да не им се исплаќаат.

Точна ви е информацијата околу долгот на град Скопје кон советниците. На нив, според закон, им следува месечен надомест за извршување на функцијата во висина од една просечна плата, исплатена во РМ во изминатата година, во бруто износ (се задржува персонален данок). Заклучно со април оваа година, надоместот се исплаќаше редовно, кога по наредба на Арсовска, најверојатно усна, Сектор за финансии престана да го исплаќа надоместокот, вели Славески, пренесува порталот.

The post Данела Арсовска им должи 112.500 евра на советниците во Советот на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Дури 112.500 евра им должи Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска на сите 45 советници во Советот на Град Скопје. Тие пари треба законски да ги добијат како надомест за извршувањето на нивната функција, а дел од нив наплатата ќе ја бараат преку суд, пишува ПлусИнфо. Според информациите во разговор со неколку советници, ниту еден од нив нема добиено пари за мај, јуни, јули, август и за септември, во висина од една просечна плата или околу 500 евра. Ова го потврдува и претседателот на Советот, Трајко Славески, кој вели дека средствата редовно се уплаќале до април, а според него Арсовска има дадено усна наредба парите повеќе да не им се исплаќаат.
Точна ви е информацијата околу долгот на град Скопје кон советниците. На нив, според закон, им следува месечен надомест за извршување на функцијата во висина од една просечна плата, исплатена во РМ во изминатата година, во бруто износ (се задржува персонален данок). Заклучно со април оваа година, надоместот се исплаќаше редовно, кога по наредба на Арсовска, најверојатно усна, Сектор за финансии престана да го исплаќа надоместокот, вели Славески, пренесува порталот.
 
The post Данела Арсовска им должи 112.500 евра на советниците во Советот на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Советниците и ја одземаа можноста на Арсовска да ги издава спортските сали и дворови на училиштата https://republika.mk/vesti/skopje/sovetnitsite-i-ja-odzemaa-mozhnosta-na-arsovska-da-gi-izdava-sportskite-sali-i-dvorovi-na-uchilishtata/ Fri, 24 Feb 2023 12:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=612762

Градоначалничката Данела Арсовска нема да може да ги издава спортските сали и другиот имот на средните улилишта под кирија туку директорите на школите. Советот на Град Скопје донесе нова одлука за издавање под закуп на имотот на Град Скопје и средните училишта која е спротивна на онаа која по предлог на Арсовска беше донесена пред 10 месеци, со која Градот ја презема надлежноста од директорите, објави сдк.мк.

На вчерашната седница советниците од ВМРО-ДПМНЕ доставија иницијатива за донесување нова одлука за начините и условите за закуп на имотот на училиштата со која надлежноста ѝ се одзема на Арсовска и се враќа на директорите.

Градоначалничката Данела Арсовска пак порача дека оваа одлука која ја подготвиле не е законска и поради тоа таа како градоначалничка нема да ја спроведува.

Одлуката беше изгласана со 23 гласа „за“, а 6 советници беа против.

The post Советниците и ја одземаа можноста на Арсовска да ги издава спортските сали и дворови на училиштата appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката Данела Арсовска нема да може да ги издава спортските сали и другиот имот на средните улилишта под кирија туку директорите на школите. Советот на Град Скопје донесе нова одлука за издавање под закуп на имотот на Град Скопје и средните училишта која е спротивна на онаа која по предлог на Арсовска беше донесена пред 10 месеци, со која Градот ја презема надлежноста од директорите, објави сдк.мк. На вчерашната седница советниците од ВМРО-ДПМНЕ доставија иницијатива за донесување нова одлука за начините и условите за закуп на имотот на училиштата со која надлежноста ѝ се одзема на Арсовска и се враќа на директорите. Градоначалничката Данела Арсовска пак порача дека оваа одлука која ја подготвиле не е законска и поради тоа таа како градоначалничка нема да ја спроведува. Одлуката беше изгласана со 23 гласа „за“, а 6 советници беа против.

The post Советниците и ја одземаа можноста на Арсовска да ги издава спортските сали и дворови на училиштата appeared first on Република.

]]>
Условна за бизнисменот кој со синовите нападна советници https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-za-biznismenot-koj-so-sinovite-napadna-sovetnitsi/ Sat, 18 Feb 2023 11:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=610459

Александар Талевски, бизнисменот од Битола, кој вербално нападна советници од битолскиот Совет доби алтернативна мерка, условна осуда казна затвор од 6 месеци која нема да се изврши доколку во период од една година и шест месеци нема да повтори кривично дело, објави Независен.

Ваква пресуда денеска донесе Основниот суд во Битола, откако битолското јавно обвинителство даде предлог-спогодба. Судењето беше на 10 овој месец.

За синовите на Талевски, кои исто така беа дел од овој настан, изречена е алтернативна мерка 3 месеци казна затвор, која нема да се изврши ако за 1 година не сторат ново кривично дело.

Инаку инцидентот на 28 декември во кафеана на битолски Широк Сокак, додека голем дел од советниците по изгласувањето на буџетот на Општина Битола и по одржаната седница седнале да вечераат секој на своја сметка.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolski-biznismen-so-sinovite-trgnal-da-se-tepa-so-sovetnitsi-od-opshtinata/

The post Условна за бизнисменот кој со синовите нападна советници appeared first on Република.

]]>

Александар Талевски, бизнисменот од Битола, кој вербално нападна советници од битолскиот Совет доби алтернативна мерка, условна осуда казна затвор од 6 месеци која нема да се изврши доколку во период од една година и шест месеци нема да повтори кривично дело, објави Независен. Ваква пресуда денеска донесе Основниот суд во Битола, откако битолското јавно обвинителство даде предлог-спогодба. Судењето беше на 10 овој месец. За синовите на Талевски, кои исто така беа дел од овој настан, изречена е алтернативна мерка 3 месеци казна затвор, која нема да се изврши ако за 1 година не сторат ново кривично дело. Инаку инцидентот на 28 декември во кафеана на битолски Широк Сокак, додека голем дел од советниците по изгласувањето на буџетот на Општина Битола и по одржаната седница седнале да вечераат секој на своја сметка. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolski-biznismen-so-sinovite-trgnal-da-se-tepa-so-sovetnitsi-od-opshtinata/

The post Условна за бизнисменот кој со синовите нападна советници appeared first on Република.

]]>
Половина милион евра за советниците на Ковачевски и неговите потсекретаријати, пресмета Левица https://republika.mk/vesti/makedonija/polovina-milion-evra-za-sovetnitsite-na-kovachevski-i-negovite-potsekretarijati-presmeta-levitsa/ Tue, 31 Jan 2023 07:42:49 +0000 https://republika.mk/?p=602820

Најпосле, Владата ги објави платите и имињата на соработниците и советниците вработени во трите потсекретаријати на Владата. Имено, од народни пари, за потребите на Ковачевски, ангажирани се 15 надворешни соработници и уште околу 25 соработници и советници кои влегуваат во списоците во трите потсекретаријати.

Голем број од поранешните советници на Заев повторно се најдоа на листите. Иако СДС ветуваше намалување на бројот на советниците на премиерот, очигледно преку манипулативно прераспределување, сепак овие лица останале на платен список на државата.

Сега, истите фигурираат како соработници и советници на потсекретаријатите на кабинетот на Ковачески, кои директно работат за премиерот. Власта ќе им исплаќа на овие лица авторски договори за специфични задачи, кои небулозно, не може да ги обезбеди од прекумерната и партизирана администрација, а народот за нив ќе плаќа околу половина милион евра годишно.

Највисок хонорар повторно ќе добие Зоран Верушевски, советник за национална безбедност, во нето износ од 74.618 денари, а на списокот повторно е и Љубе Бошковски. Власта ќе ја советуваат и со неа ќе соработуваат професори, „експерти”, бизнисмени и новинари.

Јасно е дека ќе се одвојуваат значајни средства од Буџетот на Република Македонија за лица кои имаат единствена задача како облигација на нивната ангажираност во Владата, а тоа е хвалоспевот на власта и клеветење на опозицијата. Овие лица се дел од политичкиот поткуп на власта во нејзината квинслиншка и врховистичка политика и работат против интересите на македонскиот народ.

The post Половина милион евра за советниците на Ковачевски и неговите потсекретаријати, пресмета Левица appeared first on Република.

]]>

Најпосле, Владата ги објави платите и имињата на соработниците и советниците вработени во трите потсекретаријати на Владата. Имено, од народни пари, за потребите на Ковачевски, ангажирани се 15 надворешни соработници и уште околу 25 соработници и советници кои влегуваат во списоците во трите потсекретаријати. Голем број од поранешните советници на Заев повторно се најдоа на листите. Иако СДС ветуваше намалување на бројот на советниците на премиерот, очигледно преку манипулативно прераспределување, сепак овие лица останале на платен список на државата. Сега, истите фигурираат како соработници и советници на потсекретаријатите на кабинетот на Ковачески, кои директно работат за премиерот. Власта ќе им исплаќа на овие лица авторски договори за специфични задачи, кои небулозно, не може да ги обезбеди од прекумерната и партизирана администрација, а народот за нив ќе плаќа околу половина милион евра годишно. Највисок хонорар повторно ќе добие Зоран Верушевски, советник за национална безбедност, во нето износ од 74.618 денари, а на списокот повторно е и Љубе Бошковски. Власта ќе ја советуваат и со неа ќе соработуваат професори, „експерти”, бизнисмени и новинари. Јасно е дека ќе се одвојуваат значајни средства од Буџетот на Република Македонија за лица кои имаат единствена задача како облигација на нивната ангажираност во Владата, а тоа е хвалоспевот на власта и клеветење на опозицијата. Овие лица се дел од политичкиот поткуп на власта во нејзината квинслиншка и врховистичка политика и работат против интересите на македонскиот народ.

The post Половина милион евра за советниците на Ковачевски и неговите потсекретаријати, пресмета Левица appeared first on Република.

]]>
Битолски бизнисмен со синовите тргнал да се тепа со советници од Општината https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolski-biznismen-so-sinovite-trgnal-da-se-tepa-so-sovetnitsi-od-opshtinata/ Thu, 29 Dec 2022 11:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=591435

Вчеравечер во 21.20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги приведиле А.Т.(48), А.Т.(26) и М.Т.(27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Совет на општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив.

Како што соопштуваат од МВР, тие ее однесувале агресивно и кон полициските службеници службеници кои извршувале службени дејствија.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање нас случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Како што пренесува битолскиот портал „Апла“, претседателката на Советот, Габриела Илиевска открила дека станува збор за познат битолски бизнисмен, кој упатил закани по живот кон неа и кон десеттината други битолски советници, со кои во кафеана на Широк Сокак, вечерале заедно по изгласувањето на буџетот на Општина Битола.

Бизнисменот дошол со уште тројца млади момци, најверојатно двајцата негови синови и уште еден непознат за присутните и упатиле вербални закани по живот не само кон претседателката на Советот туку и кон сите останатите советници.

The post Битолски бизнисмен со синовите тргнал да се тепа со советници од Општината appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 21.20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги приведиле А.Т.(48), А.Т.(26) и М.Т.(27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Совет на општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив. Како што соопштуваат од МВР, тие ее однесувале агресивно и кон полициските службеници службеници кои извршувале службени дејствија. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање нас случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Како што пренесува битолскиот портал „Апла“, претседателката на Советот, Габриела Илиевска открила дека станува збор за познат битолски бизнисмен, кој упатил закани по живот кон неа и кон десеттината други битолски советници, со кои во кафеана на Широк Сокак, вечерале заедно по изгласувањето на буџетот на Општина Битола. Бизнисменот дошол со уште тројца млади момци, најверојатно двајцата негови синови и уште еден непознат за присутните и упатиле вербални закани по живот не само кон претседателката на Советот туку и кон сите останатите советници.    

The post Битолски бизнисмен со синовите тргнал да се тепа со советници од Општината appeared first on Република.

]]>
Андоновска: Граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку натпревар на идеи https://republika.mk/vesti/skopje/andonovska-gragjanite-ne-sakaat-da-gledaat-megjusebni-obvinuvanja-i-lagi-tuku-natprevar-na-idei/ Sat, 05 Nov 2022 14:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=570058

На денешната трибина „Предизвици на Градот Скопје“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, координатор на советничката група на Град Скопје при ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата истакна дека ако нешто може да се каже дека функционира во Градот, тоа е единствено Советот на Град Скопје.

– За првпат од кога постои Совет на Градот Скопје воведовме една пракса на транспарентност, каде што граѓаните во живо можат да ги следат седниците на Градот Скопје, да ја видат одблиску работата на секој од нас советниците, како и градската власт. Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата воспоставивме пракса од самиот почеток на отворени денови за средби со граѓаните. И колк што сум запознаена не само тие официјални денови кога имаме предвидено средби со граѓаните, буквално секој советник од оваа советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остваруваат средби на дневна основа со граѓаните дали тоа се поединци, здруженија и сл, рече Андоновска.

Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наша примарна цел е остварување т.е. реализација на програмата „За модерно Скопје“. Како повеќето партии така и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застанавме зад оваа програма „За модерно Скопје“ и буквално одевме од врата на врата, во секој дом, и ја промовиравме оваа програма. Од тие причини наша обврска е и обврзувачки е ние да се обидеме како Совет, како советници да направиме што е можно повеќе оваа програма да се реализира. И тоа е единственото нешто што ние го бараме како Совет. Она што јас можам да го кажам е дека не постои ниту еден проект кој што бил предложен на дел од програмата или проект кој што е за доброто на граѓаните на Град Скопје, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за него. Значи такво нешто не постои и покрај обвинувањата дека тоа се случува, заклучи таа.

Андоновска нагласи дека граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку сакаат да видат дека советниците, градоначалникот, Градот се оние што зборуваат, имаат натпревар на идеи кои што би значело подобар проект или побрза реализација на истите проекти. Во Градот Скопје транспарентност нема, отчетност нема. Советниците на Градот Скопје не добиваат ниту одговор на советничките прашања кои што ги поставуваат.

Советничките прашања не се лични прашања туку тие произлегуваат од средбите со граѓани. градоначалникот на Град Скопје не треба да одговори на советниците, туку да одговори на граѓаните.

Градот во моментов е узурпиран од актуелниот секретар на Градот Скопје. И зошто ова го кажувам, без двојба? Поради тоа што во Градот во последно време се секаде поставени камери, не знам со која цел. Поставени се дури и безбедносни врати. Но, ајде тоа да го тргнеме настрана, јас морам да споменам една случка што ми се случи скоро, а тоа е дека како што споменав имаме средби со граѓани и тоа е на различни локации, или во просториите на некој од нашите партиски штабови или некое друго место, или пак просториите кои што ни ги овозможува и ни ги дава на користење Градот Скопје. Ете тоа пред некој дена се случи, јас се обидов да остварам средба со една личност во просториите на Градот Скопје. Влегов внатре и ја чекам личноста да дојде, но после извесно време, доцни нели, ми се јавува и вика морате да излезете надвор. Велам зошто. Личноста ми вели јас сума на пријавница веќе половина час, овде морам да потполнам формулар каде одам, како одам, но морам да потполнам вели и зошто одам, а воедно кај тој што одам да дојде овде и да се потпише. Па, замислете чив е Градот Скопје, кога не можат граѓаните да дојдат и да си ги кажат таму маките, појасни Андоновска.

Таа порача до градоначалничката и секретарот веднаш да се ослободи Градот Скопје, бидејќи тој не е нивен туку на граѓаните.

Ѓоко Велковски, поранешен секретар на Град Скопје. на трибината за предизвиците во град Скопје на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина”, истакна дека во тие 10 месеци додека бил генерален секретар вратите биле отворени за сите граѓани, се обидувале се решаваат проблемите на граѓаните но по негово заминување сега гледаме како менаџментот на градот е фокусиран на рекла кажала муабети наместо за потребите на граѓаните.

Тој посочи дека втор човек на град Скопје целото внимание било насочено кон реализација на проектите, меѓутоа по неговото заминување проблемите се појавиле и почнала тортура кон вработените во град Скопје, неотчетност кон граѓаните.

Се заложивме за мега паркови во Скопје, да најдеме начин за намалување на аерозагадувањето, да направиме проодни булевари, нови булевари, тоа се проекти за кои од прв дена баравме начин да го реализираме, но одредени структури од кај градоначалничката па ни самата таа денеска немаме ниту еден мега парк, немаме почнат булевар, за аерозагадување нема мерки, а за Луна парк да не зборуваме. Наместо за бесплатен јавен превоз денеска гледаме дека нема превоз, градски линии не сообраќаат затоа што вработените во ЈСП не земале плата, а ни на другите приватни превозници не им се исплатени парите, рече Велковски.

Депонијата Дрисла е една од клучните фактори за поздрава и поквалитетна животна средина во градот Скопје. Депонијата Дрисла е единствена регионална депонија во Република Македонија која работи со еколошка „А“ интегрирана дозвола која е издадена од министерството за животна средина и е на највисоко ниво, изјави поранешниот директор на Депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски.

Мицевски потенцираше дека градот Скопје на дневна основа создава 600-тини до 700-тини тони комунален отпад и како Депонија Дрисла мора да размислуваме како умешно да се справуваме со тој отпад. Депонија Дрисла мора со нејзиното модернизирање и со нејзиното усовршување ќе помогне и те како на поквалитетниот живот на скопјани.

Она што успеав за овие 9 месеци да го стекнам како искуство таму и преку бројните состаноци организирани на оваа тема од луѓе што имаат искуство со справување со отпадот и што веќе знаат како да се работи на отпадот и како економски да се врати фидвекот према градот Скопје. Еден од начините е да се направи постројка за секундарна селекција на отпадот, преку таа селекција на отпадот околу 70-80% ќе може повторно назад да се врати преку фракции како што се метал, стакло, пластика, картон и секоја онаа фракција што може да се реупотребува внатре во бизнисот. Со тоа што 20-30% би завршувало на отворена депонија и те како ќе биде позитивно за градот Скопје и самото претпријатие во финансиски импут меѓутоа и со продолжување на векот на самата депонија, кажа Мицевски.

Мојот последен предлог и одлука од директорувањето беше токму зголемување на платите на вработените во ЈП Градски паркинг и беше тоа спроведено од страна на Управнит одбор, воданш по иницијативата. Сега веќе вработените во ЈП Градски паркинг земаат достоинствена плата која што можеби е на рангот на повисоките или највисоките плати на вработените во државна институција, рече Бојан Христовски, поранешен директор на ЈП Градски Паркинг, пред пристутните на политичкиот саем.

Христовски изјави дека за успешно менаџирање на едно претпријатие главни се три фактори, а тоа како што рече тој е задоиволен работник, функционално претпријатие и се разбира задоволен граѓанин. Според него, тој тоа успеал да го постигне додавајќи дека се покачила платата за 3000 денари на вработените, се намалило зонското паркирање од 25 проценти за граѓаните, но и покрај тоа претпријатитето со домажинско работење доби зголемен прилив на средства.

Неопходно е доброто менаџирање и тука би издвоил три главни фактори кои што се како формула за успешно општествено одговорно претрпијатие, а тоа е задоволен работник, функционално претпријатие и задоволен граѓанин. Многу е важно да се креира баланс помеѓу овие три главни фактори и мислам дека тој баланс го постигнав со мојот тим, а тоа е што вработените добија покачување од 3000 денари, граѓаните добија 25 проценти поевтин паркинг на зонско паркирање, а претпријатието доби сепак и покрај намалувањето зголемен прилив на средства од зонското паркирање во вредност повеќе од 25 проценти, вели Христовски.

Доскорешниот директор на Јавното претпријатија „Водовод и канализација“, Златко Перински рече дека ја испорачува работата за која е основано ова претпријатие, а во последно време, последниот месец, месец и половина е во медиумите е со непопуларни вести.

Според него предизвиците кои ги трпи претпријатието се многу големи и како пример посочи дека цената која ја плаќаат за електрична енергија е за шест пати поголема или сметката за септември била скоро шест пати поголема наспроти августовската.

Ние видовме дека ова ќе се случува и во февруари, март формиравме работна група во рамки на управниот одбор за да се најде начин претпријатието да инвестира во соларни панели со што според анализите излезе дека 70 проценти од потребите претпријатието може да покрива само, рече Перински.

Перински посочи дека ова не е реализирано и дека не знае зошто проектот не е продолжен. Тој се осврна на изработката на десет годишен план за водовод и канализација и додаде „и дека беше да направиме буквално библија по која ќе се развива водоводната, фекалната и атмосферската линија на град Скопје“.

Жалам, рече Перински, што изработката на пречистителната станица доби негативен контекст.

Пречистителната станица е проект започнат во 2019 година жал ми е што беше претставен во негативен план. Процесот е кристално чист, а ова е императив и за отворање на поглавјата со ЕУ, заклучи Перински укажувајќи дека во делот на човечкиот потенцијал во претпријатието се потребни водоводџии, багерсисти, а оти токму ним не им беа продолжени договорите.

The post Андоновска: Граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку натпревар на идеи appeared first on Република.

]]>

На денешната трибина „Предизвици на Градот Скопје“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, координатор на советничката група на Град Скопје при ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата истакна дека ако нешто може да се каже дека функционира во Градот, тоа е единствено Советот на Град Скопје. – За првпат од кога постои Совет на Градот Скопје воведовме една пракса на транспарентност, каде што граѓаните во живо можат да ги следат седниците на Градот Скопје, да ја видат одблиску работата на секој од нас советниците, како и градската власт. Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата воспоставивме пракса од самиот почеток на отворени денови за средби со граѓаните. И колк што сум запознаена не само тие официјални денови кога имаме предвидено средби со граѓаните, буквално секој советник од оваа советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остваруваат средби на дневна основа со граѓаните дали тоа се поединци, здруженија и сл, рече Андоновска.
Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наша примарна цел е остварување т.е. реализација на програмата „За модерно Скопје“. Како повеќето партии така и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застанавме зад оваа програма „За модерно Скопје“ и буквално одевме од врата на врата, во секој дом, и ја промовиравме оваа програма. Од тие причини наша обврска е и обврзувачки е ние да се обидеме како Совет, како советници да направиме што е можно повеќе оваа програма да се реализира. И тоа е единственото нешто што ние го бараме како Совет. Она што јас можам да го кажам е дека не постои ниту еден проект кој што бил предложен на дел од програмата или проект кој што е за доброто на граѓаните на Град Скопје, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за него. Значи такво нешто не постои и покрај обвинувањата дека тоа се случува, заклучи таа.
Андоновска нагласи дека граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку сакаат да видат дека советниците, градоначалникот, Градот се оние што зборуваат, имаат натпревар на идеи кои што би значело подобар проект или побрза реализација на истите проекти. Во Градот Скопје транспарентност нема, отчетност нема. Советниците на Градот Скопје не добиваат ниту одговор на советничките прашања кои што ги поставуваат. Советничките прашања не се лични прашања туку тие произлегуваат од средбите со граѓани. градоначалникот на Град Скопје не треба да одговори на советниците, туку да одговори на граѓаните.
Градот во моментов е узурпиран од актуелниот секретар на Градот Скопје. И зошто ова го кажувам, без двојба? Поради тоа што во Градот во последно време се секаде поставени камери, не знам со која цел. Поставени се дури и безбедносни врати. Но, ајде тоа да го тргнеме настрана, јас морам да споменам една случка што ми се случи скоро, а тоа е дека како што споменав имаме средби со граѓани и тоа е на различни локации, или во просториите на некој од нашите партиски штабови или некое друго место, или пак просториите кои што ни ги овозможува и ни ги дава на користење Градот Скопје. Ете тоа пред некој дена се случи, јас се обидов да остварам средба со една личност во просториите на Градот Скопје. Влегов внатре и ја чекам личноста да дојде, но после извесно време, доцни нели, ми се јавува и вика морате да излезете надвор. Велам зошто. Личноста ми вели јас сума на пријавница веќе половина час, овде морам да потполнам формулар каде одам, како одам, но морам да потполнам вели и зошто одам, а воедно кај тој што одам да дојде овде и да се потпише. Па, замислете чив е Градот Скопје, кога не можат граѓаните да дојдат и да си ги кажат таму маките, појасни Андоновска.
Таа порача до градоначалничката и секретарот веднаш да се ослободи Градот Скопје, бидејќи тој не е нивен туку на граѓаните. Ѓоко Велковски, поранешен секретар на Град Скопје. на трибината за предизвиците во град Скопје на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина”, истакна дека во тие 10 месеци додека бил генерален секретар вратите биле отворени за сите граѓани, се обидувале се решаваат проблемите на граѓаните но по негово заминување сега гледаме како менаџментот на градот е фокусиран на рекла кажала муабети наместо за потребите на граѓаните. Тој посочи дека втор човек на град Скопје целото внимание било насочено кон реализација на проектите, меѓутоа по неговото заминување проблемите се појавиле и почнала тортура кон вработените во град Скопје, неотчетност кон граѓаните.
Се заложивме за мега паркови во Скопје, да најдеме начин за намалување на аерозагадувањето, да направиме проодни булевари, нови булевари, тоа се проекти за кои од прв дена баравме начин да го реализираме, но одредени структури од кај градоначалничката па ни самата таа денеска немаме ниту еден мега парк, немаме почнат булевар, за аерозагадување нема мерки, а за Луна парк да не зборуваме. Наместо за бесплатен јавен превоз денеска гледаме дека нема превоз, градски линии не сообраќаат затоа што вработените во ЈСП не земале плата, а ни на другите приватни превозници не им се исплатени парите, рече Велковски.
 
Депонијата Дрисла е една од клучните фактори за поздрава и поквалитетна животна средина во градот Скопје. Депонијата Дрисла е единствена регионална депонија во Република Македонија која работи со еколошка „А“ интегрирана дозвола која е издадена од министерството за животна средина и е на највисоко ниво, изјави поранешниот директор на Депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски.
Мицевски потенцираше дека градот Скопје на дневна основа создава 600-тини до 700-тини тони комунален отпад и како Депонија Дрисла мора да размислуваме како умешно да се справуваме со тој отпад. Депонија Дрисла мора со нејзиното модернизирање и со нејзиното усовршување ќе помогне и те како на поквалитетниот живот на скопјани.
Она што успеав за овие 9 месеци да го стекнам како искуство таму и преку бројните состаноци организирани на оваа тема од луѓе што имаат искуство со справување со отпадот и што веќе знаат како да се работи на отпадот и како економски да се врати фидвекот према градот Скопје. Еден од начините е да се направи постројка за секундарна селекција на отпадот, преку таа селекција на отпадот околу 70-80% ќе може повторно назад да се врати преку фракции како што се метал, стакло, пластика, картон и секоја онаа фракција што може да се реупотребува внатре во бизнисот. Со тоа што 20-30% би завршувало на отворена депонија и те како ќе биде позитивно за градот Скопје и самото претпријатие во финансиски импут меѓутоа и со продолжување на векот на самата депонија, кажа Мицевски.
 
Мојот последен предлог и одлука од директорувањето беше токму зголемување на платите на вработените во ЈП Градски паркинг и беше тоа спроведено од страна на Управнит одбор, воданш по иницијативата. Сега веќе вработените во ЈП Градски паркинг земаат достоинствена плата која што можеби е на рангот на повисоките или највисоките плати на вработените во државна институција, рече Бојан Христовски, поранешен директор на ЈП Градски Паркинг, пред пристутните на политичкиот саем.
Христовски изјави дека за успешно менаџирање на едно претпријатие главни се три фактори, а тоа како што рече тој е задоиволен работник, функционално претпријатие и се разбира задоволен граѓанин. Според него, тој тоа успеал да го постигне додавајќи дека се покачила платата за 3000 денари на вработените, се намалило зонското паркирање од 25 проценти за граѓаните, но и покрај тоа претпријатитето со домажинско работење доби зголемен прилив на средства.
Неопходно е доброто менаџирање и тука би издвоил три главни фактори кои што се како формула за успешно општествено одговорно претрпијатие, а тоа е задоволен работник, функционално претпријатие и задоволен граѓанин. Многу е важно да се креира баланс помеѓу овие три главни фактори и мислам дека тој баланс го постигнав со мојот тим, а тоа е што вработените добија покачување од 3000 денари, граѓаните добија 25 проценти поевтин паркинг на зонско паркирање, а претпријатието доби сепак и покрај намалувањето зголемен прилив на средства од зонското паркирање во вредност повеќе од 25 проценти, вели Христовски.
Доскорешниот директор на Јавното претпријатија „Водовод и канализација“, Златко Перински рече дека ја испорачува работата за која е основано ова претпријатие, а во последно време, последниот месец, месец и половина е во медиумите е со непопуларни вести. Според него предизвиците кои ги трпи претпријатието се многу големи и како пример посочи дека цената која ја плаќаат за електрична енергија е за шест пати поголема или сметката за септември била скоро шест пати поголема наспроти августовската.
Ние видовме дека ова ќе се случува и во февруари, март формиравме работна група во рамки на управниот одбор за да се најде начин претпријатието да инвестира во соларни панели со што според анализите излезе дека 70 проценти од потребите претпријатието може да покрива само, рече Перински.
Перински посочи дека ова не е реализирано и дека не знае зошто проектот не е продолжен. Тој се осврна на изработката на десет годишен план за водовод и канализација и додаде „и дека беше да направиме буквално библија по која ќе се развива водоводната, фекалната и атмосферската линија на град Скопје“. Жалам, рече Перински, што изработката на пречистителната станица доби негативен контекст.
Пречистителната станица е проект започнат во 2019 година жал ми е што беше претставен во негативен план. Процесот е кристално чист, а ова е императив и за отворање на поглавјата со ЕУ, заклучи Перински укажувајќи дека во делот на човечкиот потенцијал во претпријатието се потребни водоводџии, багерсисти, а оти токму ним не им беа продолжени договорите.

The post Андоновска: Граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку натпревар на идеи appeared first on Република.

]]>
Советниците од опозицијата ја прекинаа седницата на град Скопје и порачаа – НЕ за бугаризација https://republika.mk/vesti/skopje/sovetnicite-od-opozicijata-ja-prekinaa-sednicata-na-grad-skopje-i-porachaa-ne-za-bugarizacija/ Mon, 11 Jul 2022 11:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=526976

Советничката група во Град Скопје составена од ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, МААК, Демократски сили на Ромите, Демократска партија на Србите во Македонија, Српска напредна странка во Македонија, Роми обединети од Македонија (РОМ), ГЛАС за Македонија, Демократска бошњачка партија и Левица направи прекин на седницата во град Скопје и порача НЕ за бугаризација и асимилација на Македонија, соопштуваат оттаму.

Додека се прави предавство на националните и државни интереси нема да седиме неми и ќе бидеме гласни против негаторската политика на владата на националните и државни интереси и отворената бугаризација наметната од Владата предводена од антимакедонската СДСМ. Македонија не смее да биде заложник и жртва на предавствата на владата предводена од СДСМ и ДУИ, стои во соопштението на Советничката група.

The post Советниците од опозицијата ја прекинаа седницата на град Скопје и порачаа – НЕ за бугаризација appeared first on Република.

]]>

Советничката група во Град Скопје составена од ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, МААК, Демократски сили на Ромите, Демократска партија на Србите во Македонија, Српска напредна странка во Македонија, Роми обединети од Македонија (РОМ), ГЛАС за Македонија, Демократска бошњачка партија и Левица направи прекин на седницата во град Скопје и порача НЕ за бугаризација и асимилација на Македонија, соопштуваат оттаму. Додека се прави предавство на националните и државни интереси нема да седиме неми и ќе бидеме гласни против негаторската политика на владата на националните и државни интереси и отворената бугаризација наметната од Владата предводена од антимакедонската СДСМ. Македонија не смее да биде заложник и жртва на предавствата на владата предводена од СДСМ и ДУИ, стои во соопштението на Советничката група.

The post Советниците од опозицијата ја прекинаа седницата на град Скопје и порачаа – НЕ за бугаризација appeared first on Република.

]]>
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје денеска подигнаа транспарент на кој пишуваше „НЕ за бугаризација“ https://republika.mk/vesti/skopje/sovetnicite-na-vmro-dpmne-vo-grad-skopje-deneska-podignaa-transparent-na-koj-pishuvashe-ne-za-bugarizacija/ Mon, 11 Jul 2022 10:38:20 +0000 https://republika.mk/?p=526942

На денешната седница на Град Скопје, советниците од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, станаа од своите места и пред говорница подигнаа транспарент на кој пишуваше „НЕ за бугаризација“.

The post Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје денеска подигнаа транспарент на кој пишуваше „НЕ за бугаризација“ appeared first on Република.

Ковачки: Колку пари во услови на криза потрошило министерството за одбрана на професори да агитираат за партиски потреби на СДСМ? https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-kolku-pari-vo-uslovi-na-kriza-potroshilo-ministerstvoto-za-odbrana-na-profesori-da-agitiraat-za-partiski-potrebi-na-sdsm/ Mon, 30 May 2022 15:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=508847

Срамно и неодговорно е министерството за одбрана да ангажира и плаќа професори да агитираат за партиски потреби и прашање е уште колку такви лица се ангажирани и олку пари се потрошени за таа намена во услови на криза“, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во „Филибастер“ на Радио Лидер во врска со протечениот документ во кој се гледа како министерство за одбрана плаќало професор да агитира за партиски цели за СДСМ.

Ковачки истакна дена тоа не доликува на еден професор, а не доликува ни за човек кој носел униформа и ги бранел боите на државата.

Срамно е ова што се случува, тоа е запрепастувачки, јас не можев да поверувам дека може такво нешто да се случува во 21 век во земја која тежнее кон европски интеграции и се залага за европски вредности. Тие вредности ги  исклучуваат таквите работи како што е партиско ангажирање од страна на министерството за одбрана на професори кои за одредена сума на пари се задолжени да пишуваат на Фејсбук за потребите на политичка партија“, рече Ковачки.

Тој истакна дека срамно е да земате пари, да склучите договор со министерството за одбрана, да прифатите да пишувате агитациони текстови, да се прават обиди за влијание врз вработени во министерството за одбрана, врз армијата само за одредена сума на пари.

Тука не се работи за транспарентност, се поставуваат прашања на колку такви договори имало како овој професор, според мои информации се работи за над 50 такви лица кои се под договор во министерството за одбрана и кои за одредени потреби се ангажирани од министерот поранешниот Шекеринска и сега Петровска.  Земаат пари од министерството за одбрана за да пишуваат текстови со поддршка за коалицијата на СДСМ и ДУИ“, рече Ковачки.

Ковачки посочи дека ова што сега се случува е крајно понижувачки. Има доста криминални набавки во делот на јавните набавки. Како пример го посочи случајот со набавката на резервни делови за оклопните транспортери Хермелин.

Еве кратко ќе појаснам, станува збор за договор кој што е вреден над милион и 500 илјади евра односно над 90 милиони денари. Министерството за одбрана за потребите на Армијата набавува резервни делови за оклопните транспортери Хермелини и тоа го прави по итна постапка односно бара од Биро за јавни набавки да им даде одобрение да тој договор се склучи во четири очи. Внимавајте, резервни делови набавувате, а барате да се склучи договор во четири очи поради итност како тоа да не било планирано претходно. Како да немало систем на планирање итн. тоа е сосема неодговорно, посебно за една институција како што е одбраната и војската“, појасни Ковачки.

Во текот на гостувањето Ковачки се осврна и на предлог законот кој што го поднесе ВМРО-ДПМНЕ за измени и служба во Армијата.

Ние од наша страна поднесовме предлог закон за измени и служба во Армијата, и тука нудиме поволности. Добар дел од тие поволности да кажеме се веќе познати и на неколку прес конференции ние кои ги одржавме кажавме дека тука се решава проблемот со веќе пензионираните воени лица кои што заминале во пензија по некои други закони, се решава проблемот со пензионирањето на лицата кои што еве веќе 19 – 20 месеци не се поставени во Армијата на Република Македонија“, појасни Ковачки.

Тој закон на 10-ти мај беше отфрлен од страна на владејачкото мнозинство, за мене изненадување беше затоа што еден генерал во пензија поранешен гласаше против, еден мајор еве го Талат Џафери тој е мајор и тој гласаше против овој закон. За да на крај видиме дека добар дел од тие предлози што ние ги предлагаме беа преземени од страна на министерството па беа као усогласени со синдикатите и еве го поднеле законот, го дале на седница на Влада. Факт е дека ние тие работи кои што ги предлагаме се малтене идентични со она што го предлага сега министерството“, рече Ковачки.

The post Ковачки: Колку пари во услови на криза потрошило министерството за одбрана на професори да агитираат за партиски потреби на СДСМ? appeared first on Република.

]]>

Срамно и неодговорно е министерството за одбрана да ангажира и плаќа професори да агитираат за партиски потреби и прашање е уште колку такви лица се ангажирани и олку пари се потрошени за таа намена во услови на криза“, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во „Филибастер“ на Радио Лидер во врска со протечениот документ во кој се гледа како министерство за одбрана плаќало професор да агитира за партиски цели за СДСМ.
Ковачки истакна дена тоа не доликува на еден професор, а не доликува ни за човек кој носел униформа и ги бранел боите на државата.
Срамно е ова што се случува, тоа е запрепастувачки, јас не можев да поверувам дека може такво нешто да се случува во 21 век во земја која тежнее кон европски интеграции и се залага за европски вредности. Тие вредности ги  исклучуваат таквите работи како што е партиско ангажирање од страна на министерството за одбрана на професори кои за одредена сума на пари се задолжени да пишуваат на Фејсбук за потребите на политичка партија“, рече Ковачки.
Тој истакна дека срамно е да земате пари, да склучите договор со министерството за одбрана, да прифатите да пишувате агитациони текстови, да се прават обиди за влијание врз вработени во министерството за одбрана, врз армијата само за одредена сума на пари.
Тука не се работи за транспарентност, се поставуваат прашања на колку такви договори имало како овој професор, според мои информации се работи за над 50 такви лица кои се под договор во министерството за одбрана и кои за одредени потреби се ангажирани од министерот поранешниот Шекеринска и сега Петровска.  Земаат пари од министерството за одбрана за да пишуваат текстови со поддршка за коалицијата на СДСМ и ДУИ“, рече Ковачки.
Ковачки посочи дека ова што сега се случува е крајно понижувачки. Има доста криминални набавки во делот на јавните набавки. Како пример го посочи случајот со набавката на резервни делови за оклопните транспортери Хермелин.
Еве кратко ќе појаснам, станува збор за договор кој што е вреден над милион и 500 илјади евра односно над 90 милиони денари. Министерството за одбрана за потребите на Армијата набавува резервни делови за оклопните транспортери Хермелини и тоа го прави по итна постапка односно бара од Биро за јавни набавки да им даде одобрение да тој договор се склучи во четири очи. Внимавајте, резервни делови набавувате, а барате да се склучи договор во четири очи поради итност како тоа да не било планирано претходно. Како да немало систем на планирање итн. тоа е сосема неодговорно, посебно за една институција како што е одбраната и војската“, појасни Ковачки.
Во текот на гостувањето Ковачки се осврна и на предлог законот кој што го поднесе ВМРО-ДПМНЕ за измени и служба во Армијата.
Ние од наша страна поднесовме предлог закон за измени и служба во Армијата, и тука нудиме поволности. Добар дел од тие поволности да кажеме се веќе познати и на неколку прес конференции ние кои ги одржавме кажавме дека тука се решава проблемот со веќе пензионираните воени лица кои што заминале во пензија по некои други закони, се решава проблемот со пензионирањето на лицата кои што еве веќе 19 – 20 месеци не се поставени во Армијата на Република Македонија“, појасни Ковачки. Тој закон на 10-ти мај беше отфрлен од страна на владејачкото мнозинство, за мене изненадување беше затоа што еден генерал во пензија поранешен гласаше против, еден мајор еве го Талат Џафери тој е мајор и тој гласаше против овој закон. За да на крај видиме дека добар дел од тие предлози што ние ги предлагаме беа преземени од страна на министерството па беа као усогласени со синдикатите и еве го поднеле законот, го дале на седница на Влада. Факт е дека ние тие работи кои што ги предлагаме се малтене идентични со она што го предлага сега министерството“, рече Ковачки.

The post Ковачки: Колку пари во услови на криза потрошило министерството за одбрана на професори да агитираат за партиски потреби на СДСМ? appeared first on Република.

]]>
Предраг Трпески, Ванчо Узунов, Антон Чаушевски и Глигор Бишев – дел од листата со советници на Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/predrag-trpeski-vancho-uzunov-anton-chaushevski-i-gligor-bishev-del-od-listata-so-sovetnici-na-kovachevski/ Thu, 07 Apr 2022 09:17:19 +0000 https://republika.mk/?p=484623

Универзитетските професори Предраг Трпески, Ванчо Узунов, Антон Чаушевски и банкарот Глигор Бишев се дел од листата со советници на премиерот Димитар Ковачевски, ексклузивно дознава Фокус.

На неа се наоѓаат неколку стари имиња - Едмонд Адеми (надворешни работи), Исмет Рамадани (евроатлански вредности), Нина Фити (финансии), Драган Василевски (одбрана)

The post Предраг Трпески, Ванчо Узунов, Антон Чаушевски и Глигор Бишев – дел од листата со советници на Ковачевски appeared first on Република.

Ковачевски ги избрал Трпески и Наков за економски советници, дали ќе остане Верушевски? https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-gi-izbral-trpeski-i-nakov-za-ekonomski-sovetnici-dali-kje-ostane-verushevski/ Thu, 24 Mar 2022 21:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=477983

Универзитетските професори Предраг Трпески и Леонид Наков ќе му бидат советници за економија на премиерот Димитар Ковачевски, објави Фокус повикувајќи се на високи владини извори.

Покрај нив, во новиот советодавен тим во премиерскиот кабинет се очекува да останат и дел актуелните советници, избрани во времето на поранешниот премиер Зоран Заев.

Меѓу нив, посочуваат нашите соговорници, треба да биде советникот за надворешни работи Едмонд Адеми, а најверојатно и Виктор Андонов, советник за енергетика кој претходно беше дел од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Она што засега останува енигма, е дали поранешниот контроверзен шеф на тајната полиција Зоран Верушевски ќе остане советник за национална безбедност и во кабинетот на Ковачевски, откако оваа функција ја вршеше кај неговиот претходник Заев?

The post Ковачевски ги избрал Трпески и Наков за економски советници, дали ќе остане Верушевски? appeared first on Република.

]]>

Универзитетските професори Предраг Трпески и Леонид Наков ќе му бидат советници за економија на премиерот Димитар Ковачевски, објави Фокус повикувајќи се на високи владини извори. Покрај нив, во новиот советодавен тим во премиерскиот кабинет се очекува да останат и дел актуелните советници, избрани во времето на поранешниот премиер Зоран Заев. Меѓу нив, посочуваат нашите соговорници, треба да биде советникот за надворешни работи Едмонд Адеми, а најверојатно и Виктор Андонов, советник за енергетика кој претходно беше дел од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Она што засега останува енигма, е дали поранешниот контроверзен шеф на тајната полиција Зоран Верушевски ќе остане советник за национална безбедност и во кабинетот на Ковачевски, откако оваа функција ја вршеше кај неговиот претходник Заев?

The post Ковачевски ги избрал Трпески и Наков за економски советници, дали ќе остане Верушевски? appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ќе има 13 советници, Заев имаше 50 https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-kje-ima-13-sovetnici-zaev-imashe-50/ Wed, 16 Mar 2022 10:15:10 +0000 https://republika.mk/?p=473634

Премиерот Димитар Ковачевски ќе има 13 советници наместо досегашните 50 советници на поранешниот премиер Зоран Заев, велат од Владата. Голем дел од овие советници се професори од Економскиот факултет во Скопје, директор на македонска банка, Македонка професорка од Велика Британија, двајца се поранешни европарламентарци од Германија... Имињата ќе бидат наскоро објавени.

Од активните над 50 советници, дел ќе бидат распоредени линиски, а дел ќе се вратат дома и ќе останат без работа. Има и такви советници кои владиното советување им беше дополнителна работа.

The post Ковачевски ќе има 13 советници, Заев имаше 50 appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски ќе има 13 советници наместо досегашните 50 советници на поранешниот премиер Зоран Заев, велат од Владата. Голем дел од овие советници се професори од Економскиот факултет во Скопје, директор на македонска банка, Македонка професорка од Велика Британија, двајца се поранешни европарламентарци од Германија... Имињата ќе бидат наскоро објавени. Од активните над 50 советници, дел ќе бидат распоредени линиски, а дел ќе се вратат дома и ќе останат без работа. Има и такви советници кои владиното советување им беше дополнителна работа.

The post Ковачевски ќе има 13 советници, Заев имаше 50 appeared first on Република.

]]>
Касами вработил 8 советници – земаат плата по 10 денари месечно https://republika.mk/vesti/makedonija/kasami-vrabotil-8-sovetnici-zemaat-plata-po-10-denari-mesechno/ Wed, 16 Feb 2022 15:16:30 +0000 https://republika.mk/?p=459461

Билал Касами, градоначалникот на Општина Тетово го објави списокот на 544 лица со кои претходната градоначалничка на општината склучила 811 договори на дело. Согласно податоците, примале хонорари од 9.000 до 30.000 денари на месечно ниво.

Градоначалникот посочи дека повеќе лица не доаѓале ниту на работа, а пак редовно си ги примале финасиските средства. Потоа најави дека ќе ги објави сите договори на дело што физички ќе ги склучи со општината.

Оттаму пак, на социјалната мрежа Фејсбук ги објавија имињата на осуммина хонорарци кои работеле во кабинетот на Касами во декември 2021, за што зеле месечен надоместок од 10 денари.

Општина Тетово, залагајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објавува списокот на договори на дело склучени со општина Тетово за месец декември 2021 година. Има вкупно 8 доброволни договори од по 10 денари. Овие лица се дел од кабинетот на актуелниот градоначалник. Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово. Исто така, Ве известуваме дека овој тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој 3-ти месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук, се вели во постот на општината.

The post Касами вработил 8 советници – земаат плата по 10 денари месечно appeared first on Република.

]]>

Билал Касами, градоначалникот на Општина Тетово го објави списокот на 544 лица со кои претходната градоначалничка на општината склучила 811 договори на дело. Согласно податоците, примале хонорари од 9.000 до 30.000 денари на месечно ниво. Градоначалникот посочи дека повеќе лица не доаѓале ниту на работа, а пак редовно си ги примале финасиските средства. Потоа најави дека ќе ги објави сите договори на дело што физички ќе ги склучи со општината. Оттаму пак, на социјалната мрежа Фејсбук ги објавија имињата на осуммина хонорарци кои работеле во кабинетот на Касами во декември 2021, за што зеле месечен надоместок од 10 денари. Општина Тетово, залагајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објавува списокот на договори на дело склучени со општина Тетово за месец декември 2021 година. Има вкупно 8 доброволни договори од по 10 денари. Овие лица се дел од кабинетот на актуелниот градоначалник. Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово. Исто така, Ве известуваме дека овој тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој 3-ти месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук, се вели во постот на општината.

The post Касами вработил 8 советници – земаат плата по 10 денари месечно appeared first on Република.

]]>
Министерот Сали преку Фејсбук ги покани професорите Даниловски, Пановски и Марковски во новата Комисија за заразни болести https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-sali-preku-fejsbuk-gi-pokani-profesorite-danilovski-panovski-i-markovski-vo-novata-komisija-za-zarazni-bolesti/ Sun, 30 Jan 2022 16:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=451631

Министерот за здравство, Беким Сали, попладнево преку објава на Фејсбук ги покани професорите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски во новата Комисија за заштита на населенито од заразни болести.

Според најавите, а во согласност со законските надлежности, како министер за здравство на Република Македонија, наскоро ќе ја формирам Комисијата за заразни болести. Таа е советодавен орган во чиј состав се истакнати експерти кои преку научни толкувања ќе ни овозможат ефикасно, навремено и ажурно да предлагаме мерки во согласност со епидемиолошката состојба. Непобитен факт е дека сегашните околности бараат засилено и координирано дејствување, врз основа на стручни и реалистични проценки, објави попладнево на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Беким Сали.

Тој додава:

Оттука, како министер најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р. Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа.

Чест и задоволство ми е јавно да го упатам повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести. Гласот на науката е клучен во борбата против Ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин!

Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници, објави министерот Сали.

The post Министерот Сали преку Фејсбук ги покани професорите Даниловски, Пановски и Марковски во новата Комисија за заразни болести appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, Беким Сали, попладнево преку објава на Фејсбук ги покани професорите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски во новата Комисија за заштита на населенито од заразни болести.
Според најавите, а во согласност со законските надлежности, како министер за здравство на Република Македонија, наскоро ќе ја формирам Комисијата за заразни болести. Таа е советодавен орган во чиј состав се истакнати експерти кои преку научни толкувања ќе ни овозможат ефикасно, навремено и ажурно да предлагаме мерки во согласност со епидемиолошката состојба. Непобитен факт е дека сегашните околности бараат засилено и координирано дејствување, врз основа на стручни и реалистични проценки, објави попладнево на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Беким Сали.
Тој додава:
Оттука, како министер најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р. Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа. Чест и задоволство ми е јавно да го упатам повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести. Гласот на науката е клучен во борбата против Ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин! Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници, објави министерот Сали.
 
The post Министерот Сали преку Фејсбук ги покани професорите Даниловски, Пановски и Марковски во новата Комисија за заразни болести appeared first on Република.

]]>
Митева: Советниците на СДСМ на сметка на Град Скопје трошеле пари за скапи порции по кафани https://republika.mk/vesti/skopje/miteva-sovetnicite-na-sdsm-na-smetka-na-grad-skopje-troshele-pari-za-skapi-porcii-po-kafani/ Thu, 27 Jan 2022 11:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=450218

Советниците на СДСМ на сметка на Градот Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани. Се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Митева:

-Додека СДСМ блефира и манипулира со јавноста дека Македонија е најдобро рангирана според извештајот на Транспаренси интернешнал денес имаме нов доказ кој покажува зошто Македонија е повторно во групата земји со највисока перцепција за корупција во Европа.

Имено, на сметка на Градот Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани.

Се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари.

Според наведеното во барањето за одобрување на средства за репрезентација лицето Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада навел дека репрезентациите се искористени за гости од странство за цитирам: “промоција на скалата- возило”.

Или ова би подразбирало прослава за „добрата“ зделка со противпожарната скала во вредност од 1,7 милиони евра. Да потсетиме дека на социјалните мрежи се ширеа гласини дека во кризните моменти кога Македонија ја зафатија пожари на одмор беше и командирот на скопската противпожарна бригад. Владимир Симоновски ова задоволство го чинело 29.400 денари, пари од буџетската каса, пари на сите скопјани.

Исто така претседателката на Совет на Град Скопје, Љубица Јанчева за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, од сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар.

Оттука сосема јасно е зошто Македонија се наоѓа на 87то место на извештајот на Транспаренси интернешнал.

Владата на СДСМ и на локално ниво изминативе 4 години беше дел од голем број скандали, сомнителни јавни набавки и тендери во 4 очи, коруптивни зделки и злоупотреба на јавната функција.

Последица на се ова е неефикасната администрација и партизираното судство што е нотирано во извештајот на Стејт Департментот.

Ова се причините за лошите извешти кои ги добива Македонија и со СДСМ на власт Македонија ќе продолжи да нижи неуспеси на секое поле, заклучи Митева.

https://youtu.be/5EotrxpDIyU

The post Митева: Советниците на СДСМ на сметка на Град Скопје трошеле пари за скапи порции по кафани appeared first on Република.

]]>

Советниците на СДСМ на сметка на Градот Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани. Се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Митева: -Додека СДСМ блефира и манипулира со јавноста дека Македонија е најдобро рангирана според извештајот на Транспаренси интернешнал денес имаме нов доказ кој покажува зошто Македонија е повторно во групата земји со највисока перцепција за корупција во Европа. Имено, на сметка на Градот Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани. Се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари. Според наведеното во барањето за одобрување на средства за репрезентација лицето Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада навел дека репрезентациите се искористени за гости од странство за цитирам: “промоција на скалата- возило”. Или ова би подразбирало прослава за „добрата“ зделка со противпожарната скала во вредност од 1,7 милиони евра. Да потсетиме дека на социјалните мрежи се ширеа гласини дека во кризните моменти кога Македонија ја зафатија пожари на одмор беше и командирот на скопската противпожарна бригад. Владимир Симоновски ова задоволство го чинело 29.400 денари, пари од буџетската каса, пари на сите скопјани. Исто така претседателката на Совет на Град Скопје, Љубица Јанчева за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, од сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар. Оттука сосема јасно е зошто Македонија се наоѓа на 87то место на извештајот на Транспаренси интернешнал. Владата на СДСМ и на локално ниво изминативе 4 години беше дел од голем број скандали, сомнителни јавни набавки и тендери во 4 очи, коруптивни зделки и злоупотреба на јавната функција. Последица на се ова е неефикасната администрација и партизираното судство што е нотирано во извештајот на Стејт Департментот. Ова се причините за лошите извешти кои ги добива Македонија и со СДСМ на власт Македонија ќе продолжи да нижи неуспеси на секое поле, заклучи Митева. https://youtu.be/5EotrxpDIyU

The post Митева: Советниците на СДСМ на сметка на Град Скопје трошеле пари за скапи порции по кафани appeared first on Република.

]]>
Министерство за труд вравотува советници за плата од 52.000 денари, огласот трае само три дена https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvo-za-trud-vravotuva-sovetnici-za-plata-od-52-000-denari-oglasot-trae-samo-tri-dena/ Wed, 26 Jan 2022 10:26:37 +0000 https://republika.mk/?p=449635

Само што стапи на функцијата, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска веќе вработува двајца советници во нејзиниот кабинет, на кои ќе им исплаќа плата од 52.000 денари, дознава „Плусинфо“. Огласот за нивно вработување е објавен во петокот и трае 3 работни дена.

Според огласот се вработуваат – посебен советник за прашања поврзани со политика за вработување, труд, безбедност и здравје при работа и пензиско и инвалидско осигурување и посебен советник за прашања поврзани со политики за социјална заштита на деца.

Од Министерството за труд и социјална политика за „Плусинфо“ потврдија дека се вработуваат советници во кабинетот на министерката.

Министерството за труд и социјална политика поради потреба од пополнување на посебни работни места, заради извршување на работни задачи на посебни советници во Кабинетот на Министерот за труд и социјална политика, на ден петок (21.01.2022) објави јавен оглас за вработување на 2 (два) посебни советници на определено време во Кабинет на министерот за труд и социјална политика. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат, велат од Министерството.

Огласот предизвика низа на реакции во јавноста.

The post Министерство за труд вравотува советници за плата од 52.000 денари, огласот трае само три дена appeared first on Република.

]]>

Само што стапи на функцијата, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска веќе вработува двајца советници во нејзиниот кабинет, на кои ќе им исплаќа плата од 52.000 денари, дознава „Плусинфо“. Огласот за нивно вработување е објавен во петокот и трае 3 работни дена. Според огласот се вработуваат – посебен советник за прашања поврзани со политика за вработување, труд, безбедност и здравје при работа и пензиско и инвалидско осигурување и посебен советник за прашања поврзани со политики за социјална заштита на деца. Од Министерството за труд и социјална политика за „Плусинфо“ потврдија дека се вработуваат советници во кабинетот на министерката.
Министерството за труд и социјална политика поради потреба од пополнување на посебни работни места, заради извршување на работни задачи на посебни советници во Кабинетот на Министерот за труд и социјална политика, на ден петок (21.01.2022) објави јавен оглас за вработување на 2 (два) посебни советници на определено време во Кабинет на министерот за труд и социјална политика. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат, велат од Министерството.
Огласот предизвика низа на реакции во јавноста.

The post Министерство за труд вравотува советници за плата од 52.000 денари, огласот трае само три дена appeared first on Република.

]]>
Оставка на речиси сите советници за ковид-10 во Владата на Полска https://republika.mk/vesti/svet/ostavka-na-rechisi-site-sovetnici-za-kovid-10-vo-vladata-na-polska/ Fri, 14 Jan 2022 19:27:34 +0000 https://republika.mk/?p=444734

Во Полска, 13 од 17-те членови на медицинскиот тим што го советуваа премиерот за пандемијата на коронавирус поднесоа оставка, поради, како што наведоа, недоволното влијание на науката врз политиката, објави денеска државната агенција ПАП.

Разликата меѓу научниот и медицинскиот став и практиката стана особено очигледна, во контекст на многу ограничените мерки во есенскиот бран на коронавирус, а потоа и по појавата на варијантата омикрон, и покрај огромниот број на очекувани смртни случаи – велат членовите на Советот.

Иако има една од највисоките стапки на смртност во светот, Полска воведе поблаги мерки во последниот бран на пандемијата за разлика од многу други европски земји, пренесува Ројтерс.

Во Полска вакцинирани се 56,4 отсто од населението, што е под просекот на Европската унија.

The post Оставка на речиси сите советници за ковид-10 во Владата на Полска appeared first on Република.

]]>

Во Полска, 13 од 17-те членови на медицинскиот тим што го советуваа премиерот за пандемијата на коронавирус поднесоа оставка, поради, како што наведоа, недоволното влијание на науката врз политиката, објави денеска државната агенција ПАП.
Разликата меѓу научниот и медицинскиот став и практиката стана особено очигледна, во контекст на многу ограничените мерки во есенскиот бран на коронавирус, а потоа и по појавата на варијантата омикрон, и покрај огромниот број на очекувани смртни случаи – велат членовите на Советот.
Иако има една од највисоките стапки на смртност во светот, Полска воведе поблаги мерки во последниот бран на пандемијата за разлика од многу други европски земји, пренесува Ројтерс. Во Полска вакцинирани се 56,4 отсто од населението, што е под просекот на Европската унија.

The post Оставка на речиси сите советници за ковид-10 во Владата на Полска appeared first on Република.

]]>