Само што стапи на функцијата, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска веќе вработува двајца советници во нејзиниот кабинет, на кои ќе им исплаќа плата од 52.000 денари, дознава „Плусинфо“. Огласот за нивно вработување е објавен во петокот и трае 3 работни дена.

Според огласот се вработуваат – посебен советник за прашања поврзани со политика за вработување, труд, безбедност и здравје при работа и пензиско и инвалидско осигурување и посебен советник за прашања поврзани со политики за социјална заштита на деца.

Од Министерството за труд и социјална политика за „Плусинфо“ потврдија дека се вработуваат советници во кабинетот на министерката.

Министерството за труд и социјална политика поради потреба од пополнување на посебни работни места, заради извршување на работни задачи на посебни советници во Кабинетот на Министерот за труд и социјална политика, на ден петок (21.01.2022) објави јавен оглас за вработување на 2 (два) посебни советници на определено време во Кабинет на министерот за труд и социјална политика. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат, велат од Министерството.

Огласот предизвика низа на реакции во јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.