состојба Archives - Република https://republika.mk/tema/sostojba/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 13:57:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png состојба Archives - Република https://republika.mk/tema/sostojba/ 32 32 Состојбата на Фицо е стабилизирана, но и натаму е сериозна https://republika.mk/vesti/svet/sostojbata-na-fitso-e-stabilizirana-no-i-natamu-e-seriozna/ Sat, 18 May 2024 13:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=779554

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но и понатаму е сериозна, изјави словачката министерката за здравство Зузана Долинкова.

Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина испука во него неколку истрели од пиштол.

Долинкова објасни дека вчерашната двочасовна операција за отстранување на мртвото ткиво од повеќекратните прострелни рани, која ги зголемила надежите за негово закрепнување, „придонела за позитивната прогноза“ за Фицо.

Словачкиот вицепремиер и министер за одбрана Роберт Калињак им изјави на новинарите пред болницата каде се лекува Фицо дека неговиот трансфер во главниот град Братислава од малиот град во областа, каде што беше застрелан пет пати нема да се случи во следните неколку дена.

Според вицепремиерот, не било потребно официјално преземање на функциите на Фицо и има одредена комуникација со него.

Напаѓачот денеска за прв пат се појави во судницата во Пезинок, гратче недалеку од главниот град Братислава. Судската зграда ја обезбедуваше маскирани полицајци вооружени со пушки.

The post Состојбата на Фицо е стабилизирана, но и натаму е сериозна appeared first on Република.

]]>

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но и понатаму е сериозна, изјави словачката министерката за здравство Зузана Долинкова. Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина испука во него неколку истрели од пиштол. Долинкова објасни дека вчерашната двочасовна операција за отстранување на мртвото ткиво од повеќекратните прострелни рани, која ги зголемила надежите за негово закрепнување, „придонела за позитивната прогноза“ за Фицо. Словачкиот вицепремиер и министер за одбрана Роберт Калињак им изјави на новинарите пред болницата каде се лекува Фицо дека неговиот трансфер во главниот град Братислава од малиот град во областа, каде што беше застрелан пет пати нема да се случи во следните неколку дена. Според вицепремиерот, не било потребно официјално преземање на функциите на Фицо и има одредена комуникација со него. Напаѓачот денеска за прв пат се појави во судницата во Пезинок, гратче недалеку од главниот град Братислава. Судската зграда ја обезбедуваше маскирани полицајци вооружени со пушки.  

The post Состојбата на Фицо е стабилизирана, но и натаму е сериозна appeared first on Република.

]]>
Се влошува состојбата на Брус Вилис https://republika.mk/scena/film/se-vloshuva-sostojbata-na-brus-vilis/ Thu, 07 Dec 2023 13:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=720772

Легендарниот актер Брус Вилис води битка со деменцијата, а неговото семејство не се одвојува од него, наведувајќи дека актерот е во лоша состојба и прашање на време е кога ќе ја загуби битката со оваа болест.

Пред речиси една година светот беше шокиран од веста дека еден од најдобрите акциони херои на големото платно се повлекува од филмскиот свет. На Брус Вилис првично му беше дијагностицирана афазија, болест која предизвикува губење на способноста за говорење, за подоцна да му биде дијагностицирана ретка форма на деменција. Покрај сегашната сопруга Ема Хеминг Вилис и неговите деца Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин, кои ги доби во два брака, славниот актер во тешките моменти го поддржува и поранешната сопруга Деми Мур, пренесува „Телеграф“.

Како што пренесуваат странските медиуми, неговата состојба е неизвесна, а најмалку еден член од семејството е постојано со него. Актерот на хит филмовите „Умри машки“ деновите ги поминува со сопругата Ема, поранешната сопруга Деми Мур и петте деца.

Во февруари семејството објави дека неговата состојба се влошила со „сурова“ дијагноза на деменција. Оттогаш, семејството се собира за секој празник за да ужива во времето заедно.

The post Се влошува состојбата на Брус Вилис appeared first on Република.

]]>

Легендарниот актер Брус Вилис води битка со деменцијата, а неговото семејство не се одвојува од него, наведувајќи дека актерот е во лоша состојба и прашање на време е кога ќе ја загуби битката со оваа болест. Пред речиси една година светот беше шокиран од веста дека еден од најдобрите акциони херои на големото платно се повлекува од филмскиот свет. На Брус Вилис првично му беше дијагностицирана афазија, болест која предизвикува губење на способноста за говорење, за подоцна да му биде дијагностицирана ретка форма на деменција. Покрај сегашната сопруга Ема Хеминг Вилис и неговите деца Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин, кои ги доби во два брака, славниот актер во тешките моменти го поддржува и поранешната сопруга Деми Мур, пренесува „Телеграф“. Како што пренесуваат странските медиуми, неговата состојба е неизвесна, а најмалку еден член од семејството е постојано со него. Актерот на хит филмовите „Умри машки“ деновите ги поминува со сопругата Ема, поранешната сопруга Деми Мур и петте деца. Во февруари семејството објави дека неговата состојба се влошила со „сурова“ дијагноза на деменција. Оттогаш, семејството се собира за секој празник за да ужива во времето заедно.  

The post Се влошува состојбата на Брус Вилис appeared first on Република.

]]>
Нанкова: Состојбата во образованието е катастрофална https://republika.mk/vesti/makedonija/nankova-sostojbata-vo-obrazovanieto-e-katastrofalna/ Tue, 07 Jun 2022 12:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=512209

Тања Нанкова, наставник на денешната трибина „Погрешната образовна политика го нарушува стандардот, и го урива системот“ зборуваше за состојбата во образованието каде потенцираше дека состојбата во образованието е повеќе од катастрофална односно потсети дека националната платформа која долго беше најавувана од власта воопшто и не профункционирала.

-Кога се порадувавме и мислевме дека најавениот живот и национална платформа дека тоа ќе вроди со плод всушност имавме само два дена обука односно три дена од наши колеги и таа национална платформа воопшто не профункционира. И повторно се се сведе на тоа колку се вешти самите наставници да ја тераат целата учебна година така како што треба за да има ефект и да добијат какво-такво основно образование. Но, најтрагично е што ние се вративме во училиштето, но што се случи? И кога се вративме во училиште затекнавме нечисти училници, прашина еден тон затоа што немаше технички персонал тогаш кога баравме да ни достават луѓе за вработување, од финансии велат нема пари, рече Нанкова.

Таа во текот на своето обраќање посочи дека невозможно е да се нема пари за хигиенски средства, за хартија за копирање и така натаму.

Невозможно е да нема пари за основни хигиенски средства, невозможно и срамно, понижувачки е да ви дојде родител и да ви донесе топ хартија или пак во најсмешен случај затоа што вие не можете и немате каде да испринтате електронскиот дневник. Ние наставниците сме задолжени на крајот на месецот да си ги испечатиме дневниците за тој месец. Значи тоа е едно од многуте небулози, затоа велам има разлика помеѓу дигитализација и дигитални учебници, кажа таа.

На крај Нанкова додаде:

Пострашно е сето тоа што беше ветено дека ќе има помал број на ученици во паралелките, дека ќе се реформираат наставните планови, ние немаме ништо од тоа.

The post Нанкова: Состојбата во образованието е катастрофална appeared first on Република.

Состојбата во Србија е алармантна: Повеќе од 15.000 новозаразени, починаа 54 пациенти https://republika.mk/vesti/balkan/sostojbata-vo-srbija-e-alarmantna-povekje-od-15-000-novozarazeni-pochinaa-54-pacienti/ Sun, 30 Jan 2022 18:46:00 +0000 https://republika.mk/?p=451660

Според последните податоци, во соседна Србија за 24 часа регистрирани се 15.425 нови случаи корона вирус од 34.778 тестирани.

Од последиците на болеста починаа 54 пациенти.

Ситуацијата во моментот е вонредна, со тенденција да стане уште посериозна, предупредуваат епидемиолозите. Посебно загрижува тоа што вирусот забрзува, а процесот на имунизација успорува. Пред само еден месец позитивни на корона вирус во просек беа 1.804, а сега осум пати повеќе.

Тогаш на лекување во болница беа нешто повеќе од 2.000 луѓе, а на респиратор 89 пациенти.

Сега ситуацијата е поинаква – во болница се лекуваат 3.488 пациенти, од кои 145 се на респиратор.

Освен тоа, откако почна второто полугодие на учебната година, зголемен е бројот на деца кои доаѓаат на преглед и се очекува пораст на заразени, тврдат лекарите.

The post Состојбата во Србија е алармантна: Повеќе од 15.000 новозаразени, починаа 54 пациенти appeared first on Република.

]]>

Според последните податоци, во соседна Србија за 24 часа регистрирани се 15.425 нови случаи корона вирус од 34.778 тестирани. Од последиците на болеста починаа 54 пациенти. Ситуацијата во моментот е вонредна, со тенденција да стане уште посериозна, предупредуваат епидемиолозите. Посебно загрижува тоа што вирусот забрзува, а процесот на имунизација успорува. Пред само еден месец позитивни на корона вирус во просек беа 1.804, а сега осум пати повеќе. Тогаш на лекување во болница беа нешто повеќе од 2.000 луѓе, а на респиратор 89 пациенти. Сега ситуацијата е поинаква – во болница се лекуваат 3.488 пациенти, од кои 145 се на респиратор. Освен тоа, откако почна второто полугодие на учебната година, зголемен е бројот на деца кои доаѓаат на преглед и се очекува пораст на заразени, тврдат лекарите.

The post Состојбата во Србија е алармантна: Повеќе од 15.000 новозаразени, починаа 54 пациенти appeared first on Република.

]]>