Тања Нанкова, наставник на денешната трибина „Погрешната образовна политика го нарушува стандардот, и го урива системот“ зборуваше за состојбата во образованието каде потенцираше дека состојбата во образованието е повеќе од катастрофална односно потсети дека националната платформа која долго беше најавувана од власта воопшто и не профункционирала.

-Кога се порадувавме и мислевме дека најавениот живот и национална платформа дека тоа ќе вроди со плод всушност имавме само два дена обука односно три дена од наши колеги и таа национална платформа воопшто не профункционира. И повторно се се сведе на тоа колку се вешти самите наставници да ја тераат целата учебна година така како што треба за да има ефект и да добијат какво-такво основно образование. Но, најтрагично е што ние се вративме во училиштето, но што се случи? И кога се вративме во училиште затекнавме нечисти училници, прашина еден тон затоа што немаше технички персонал тогаш кога баравме да ни достават луѓе за вработување, од финансии велат нема пари, рече Нанкова.

Таа во текот на своето обраќање посочи дека невозможно е да се нема пари за хигиенски средства, за хартија за копирање и така натаму.

Невозможно е да нема пари за основни хигиенски средства, невозможно и срамно, понижувачки е да ви дојде родител и да ви донесе топ хартија или пак во најсмешен случај затоа што вие не можете и немате каде да испринтате електронскиот дневник. Ние наставниците сме задолжени на крајот на месецот да си ги испечатиме дневниците за тој месец. Значи тоа е едно од многуте небулози, затоа велам има разлика помеѓу дигитализација и дигитални учебници, кажа таа.

На крај Нанкова додаде:

Пострашно е сето тоа што беше ветено дека ќе има помал број на ученици во паралелките, дека ќе се реформираат наставните планови, ние немаме ништо од тоа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.