Сонце Archives - Република https://republika.mk/tema/sonce/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 18:45:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сонце Archives - Република https://republika.mk/tema/sonce/ 32 32 Oва сите ги интересира: Eве какво ќе биде времето за викендов https://republika.mk/zivot/servisi/ova-site-gi-interesira-eve-kakvo-ke-bide-vremeto-za-praznichniot-vikend/ Fri, 02 Aug 2024 20:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=802892

Во деновите од викендот, особено утре во попладневните и вечерните часови, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

Како што информираат од УХМР, во недела нестабилно ќе биде повеќе во западните делови од земјата, а потоа следува период на претежно стабилно и топло време со слаб до умерен северен ветер.

Времето утре претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9

Во Скопје претежно сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени

The post Oва сите ги интересира: Eве какво ќе биде времето за викендов appeared first on Република.

]]>

Во деновите од викендот, особено утре во попладневните и вечерните часови, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Како што информираат од УХМР, во недела нестабилно ќе биде повеќе во западните делови од земјата, а потоа следува период на претежно стабилно и топло време со слаб до умерен северен ветер. Времето утре претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9 Во Скопје претежно сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени

The post Oва сите ги интересира: Eве какво ќе биде времето за викендов appeared first on Република.

]]>
Колку време на сонце е потребно за дневна доза на витамин Д? https://republika.mk/zivot/zdravje/kolku-vreme-na-sontse-e-potrebno-za-dnevna-doza-na-vitamin-d/ Fri, 14 Jun 2024 20:03:58 +0000 https://republika.mk/?p=787650

Со доаѓањето на летото доаѓа и опасноста од штетните УВ зраци, но сепак ни треба сончева светлина за да создадеме витамин Д.

Повеќе од 50 отсто од европската популација страда од недостаток на витамин Д, покажуваат истражувањата, а употребата на крем со заштитен фактор ја намалува синтезата на овој сончев витамин за повеќе од 90 отсто. Логично би било летото да го искористите за сончање. Сепак, дерматолозите предупредуваат на опасностите.

Недостатокот на витамин Д е поврзан со бројни здравствени проблеми. Некогаш се сметаше дека витаминот Д игра витална улога во минерализацијата на коските и забите, а добро е познато дека неговиот недостаток може да доведе до рахитис кај децата (затоа го нарекуваат и витамин против рахитис), а кај возрасните до остеопороза.

Неодамнешните истражувања ги поврзуваат ниските нивоа на витамин Д со многу други болести на современиот човек: дебелина, дијабетес, кардиоваскуларни и автоимуни болести, разни видови на рак, депресија, псоријаза и неплодност. Витаминот Д се чини дека има многу моќен ефект – го намалува воспалението и го подобрува имунитетот.

Витамин Д за неколку минути

Со оглед на тоа што денес повеќето од нас деновите ги поминуваат во затворени простории, особено во зима, кога природно има многу помалку сонце, а во лето се мачкаме со заштитни креми кои не дозволуваат УВ зраците да навлезат во кожата, постои епидемија на недостаток на „сончевиот“ витамин.

На прашањето колку минути дневно треба да поминете на сонце за да „апсорбирате“ доволна количина од овој важен витамин – одговорот е комплициран. Ова зависи од неколку параметри – време од денот и годината, географска ширина и должина, временски услови, количина на озон во воздухот, надморска височина, површината на која стоите и бојата на кожата.

Генерално, во зима, кога УВ зрачењето е значително послабо, се препорачува да се изложуваат рацете и лицето на сонце повеќе од два часа за да се синтетизираат 1000 IU витамин Д, што е препорачана дневна доза за возрасни. За исто толку, во лето, во сезоната на најсилното сончево зрачење, доволно е само десет минути незаштитено потемнување на лицето и рацете.

Луѓето со многу светла и реактивна кожа кои не можат да го толерираат сонцето, како и оние кои се опоравиле од меланом, треба да избегнуваат сонце и да добиваат витамин Д преку храна и додатоци.

Како да го снабдите телото со овој важен витамин? Иако храната не е најдобар извор на овој витамин, најдобар избор се рибиното масло, масната риба и месото, а потоа млекото и млечните производи, јајцата (жолчките), семките и црниот дроб.

Доколку сакате да ја зачувате младоста и здравјето на кожата, потребата од овој важен витамин во текот на целата година најдобро се задоволува преку додатоци во исхраната. Според нутриционистичките упатства, препорачаната дневна доза на витамин Д за здрави возрасни лица до 70 години е од 400 до 600 меѓународни единици (IU), а за постарата популација е нешто повисока – 800 IU.

Американскиот национален институт за здравје предлага земање на овој додаток во комбинација со калциум, бидејќи овој минерал ја подобрува неговата ефикасност. Додатоци може да се добијат со рецепт (со претходен тест на крвта) или без рецепт.

 

The post Колку време на сонце е потребно за дневна доза на витамин Д? appeared first on Република.

]]>

Со доаѓањето на летото доаѓа и опасноста од штетните УВ зраци, но сепак ни треба сончева светлина за да создадеме витамин Д. Повеќе од 50 отсто од европската популација страда од недостаток на витамин Д, покажуваат истражувањата, а употребата на крем со заштитен фактор ја намалува синтезата на овој сончев витамин за повеќе од 90 отсто. Логично би било летото да го искористите за сончање. Сепак, дерматолозите предупредуваат на опасностите. Недостатокот на витамин Д е поврзан со бројни здравствени проблеми. Некогаш се сметаше дека витаминот Д игра витална улога во минерализацијата на коските и забите, а добро е познато дека неговиот недостаток може да доведе до рахитис кај децата (затоа го нарекуваат и витамин против рахитис), а кај возрасните до остеопороза. Неодамнешните истражувања ги поврзуваат ниските нивоа на витамин Д со многу други болести на современиот човек: дебелина, дијабетес, кардиоваскуларни и автоимуни болести, разни видови на рак, депресија, псоријаза и неплодност. Витаминот Д се чини дека има многу моќен ефект – го намалува воспалението и го подобрува имунитетот. Витамин Д за неколку минути Со оглед на тоа што денес повеќето од нас деновите ги поминуваат во затворени простории, особено во зима, кога природно има многу помалку сонце, а во лето се мачкаме со заштитни креми кои не дозволуваат УВ зраците да навлезат во кожата, постои епидемија на недостаток на „сончевиот“ витамин. На прашањето колку минути дневно треба да поминете на сонце за да „апсорбирате“ доволна количина од овој важен витамин – одговорот е комплициран. Ова зависи од неколку параметри – време од денот и годината, географска ширина и должина, временски услови, количина на озон во воздухот, надморска височина, површината на која стоите и бојата на кожата. Генерално, во зима, кога УВ зрачењето е значително послабо, се препорачува да се изложуваат рацете и лицето на сонце повеќе од два часа за да се синтетизираат 1000 IU витамин Д, што е препорачана дневна доза за возрасни. За исто толку, во лето, во сезоната на најсилното сончево зрачење, доволно е само десет минути незаштитено потемнување на лицето и рацете. Луѓето со многу светла и реактивна кожа кои не можат да го толерираат сонцето, како и оние кои се опоравиле од меланом, треба да избегнуваат сонце и да добиваат витамин Д преку храна и додатоци. Како да го снабдите телото со овој важен витамин? Иако храната не е најдобар извор на овој витамин, најдобар избор се рибиното масло, масната риба и месото, а потоа млекото и млечните производи, јајцата (жолчките), семките и црниот дроб. Доколку сакате да ја зачувате младоста и здравјето на кожата, потребата од овој важен витамин во текот на целата година најдобро се задоволува преку додатоци во исхраната. Според нутриционистичките упатства, препорачаната дневна доза на витамин Д за здрави возрасни лица до 70 години е од 400 до 600 меѓународни единици (IU), а за постарата популација е нешто повисока – 800 IU. Американскиот национален институт за здравје предлага земање на овој додаток во комбинација со калциум, бидејќи овој минерал ја подобрува неговата ефикасност. Додатоци може да се добијат со рецепт (со претходен тест на крвта) или без рецепт.  

The post Колку време на сонце е потребно за дневна доза на витамин Д? appeared first on Република.

]]>
Утре и во понеделник сонце, од вторник нестабилно https://republika.mk/zivot/servisi/utre-i-vo-ponedelnik-sontse-od-vtornik-nestabilno/ Sat, 04 May 2024 14:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=774195

Времeто денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Утре и во понеделник времето ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.

 

The post Утре и во понеделник сонце, од вторник нестабилно appeared first on Република.

]]>

Времeто денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре и во понеделник времето ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.  

The post Утре и во понеделник сонце, од вторник нестабилно appeared first on Република.

]]>
Милиони луѓе го чекаат целосното затемнување на Сонцето https://republika.mk/vesti/svet/milioni-luge-go-chekaat-tselosnoto-zatemnuvane-na-sontseto/ Mon, 08 Apr 2024 08:40:33 +0000 https://republika.mk/?p=763706

Милиони луѓе денеска се надеваат на ведро небо во очекување на целосно затемнување на Сонцето. Метеоролозите предвидуваат облачно време во северниот дел на Мексико, Тексас и делови од регионот на Големите езера, јавува Би-би-си.

Подобро време се очекува во западно Мексико и делови од Средниот Запад на САД, со ведро небо веројатно во Нова Англија и Канада.

Целосното затемнување на Сонцето прво ќе се случи на западниот брег на Мексико.

Оваа појава ќе се движи североисточно низ густо населените области и неколку поголеми градови во трите земји.

Ова ќе биде прво затемнување во Америка од 2017 година, а следната можност за овој феномен ќе биде во 2044 година.

The post Милиони луѓе го чекаат целосното затемнување на Сонцето appeared first on Република.

]]>

Милиони луѓе денеска се надеваат на ведро небо во очекување на целосно затемнување на Сонцето. Метеоролозите предвидуваат облачно време во северниот дел на Мексико, Тексас и делови од регионот на Големите езера, јавува Би-би-си. Подобро време се очекува во западно Мексико и делови од Средниот Запад на САД, со ведро небо веројатно во Нова Англија и Канада. Целосното затемнување на Сонцето прво ќе се случи на западниот брег на Мексико. Оваа појава ќе се движи североисточно низ густо населените области и неколку поголеми градови во трите земји. Ова ќе биде прво затемнување во Америка од 2017 година, а следната можност за овој феномен ќе биде во 2044 година.

The post Милиони луѓе го чекаат целосното затемнување на Сонцето appeared first on Република.

]]>
За викендов сонце https://republika.mk/zivot/servisi/za-vikendov-sontse/ Fri, 16 Feb 2024 11:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=744836

За време на викендов времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во недела, соопшти УХМР.

Времето утре ќе биде сончево и тивко, со дневна температура до 17 степени. В недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени, а максималната температура до 19 степени.

Во првите денови од следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува и умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе бидат во интервал од -4 до 4, а дневните од 7 до 19 степени.

The post За викендов сонце appeared first on Република.

]]>

За време на викендов времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во недела, соопшти УХМР. Времето утре ќе биде сончево и тивко, со дневна температура до 17 степени. В недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени, а максималната температура до 19 степени. Во првите денови од следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува и умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од -4 до 4, а дневните од 7 до 19 степени.

The post За викендов сонце appeared first on Република.

]]>
Новата година почна со најголемата експлозија на Сонцето од 2017 година https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/novata-godina-pochna-so-najgolemata-eksplozija-na-sontseto-od-2017-godina/ Tue, 02 Jan 2024 17:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=729075

Новата година почна со најголемата експлозија на Сонцето од 2017 година.

Причина за експлозијата е акумулација на магнетна и електрична енергија во сончевата корона, како резултат на движењето на сончевите дамки. Областа каде што се случила експлозијата била на далечната страна на Сонцето и дури денеска се појави во видното поле на Земјата. Затоа, силната експлозија е сосема неочекувана.

Експлозијата може да се окарактеризира како настан со извонредна јачина - таа е приближно двапати помоќна од претходните записи од циклусот. Одблесокот има оцена X5.0. Претходниот одблесок број 1 имаше резултат од X2.8 и се случи на 14 декември.

Серијата експлозии на Сонцето може да продолжи и во наредните денови. Фреквенцијата на блесоци и зголемувањето на нивната моќ укажуваат на постепено приближување на Сонцето до максималната активност, што може да се случи веќе во средината на 2024 година.

The post Новата година почна со најголемата експлозија на Сонцето од 2017 година appeared first on Република.

]]>

Новата година почна со најголемата експлозија на Сонцето од 2017 година. Причина за експлозијата е акумулација на магнетна и електрична енергија во сончевата корона, како резултат на движењето на сончевите дамки. Областа каде што се случила експлозијата била на далечната страна на Сонцето и дури денеска се појави во видното поле на Земјата. Затоа, силната експлозија е сосема неочекувана. Експлозијата може да се окарактеризира како настан со извонредна јачина - таа е приближно двапати помоќна од претходните записи од циклусот. Одблесокот има оцена X5.0. Претходниот одблесок број 1 имаше резултат од X2.8 и се случи на 14 декември. Серијата експлозии на Сонцето може да продолжи и во наредните денови. Фреквенцијата на блесоци и зголемувањето на нивната моќ укажуваат на постепено приближување на Сонцето до максималната активност, што може да се случи веќе во средината на 2024 година.

The post Новата година почна со најголемата експлозија на Сонцето од 2017 година appeared first on Република.

]]>
Зошто не e добро да се „печете“ на плажа https://republika.mk/zivot/zdravje/zoshto-ne-e-dobro-da-se-pechete-na-plazha/ Tue, 08 Aug 2023 16:09:58 +0000 https://republika.mk/?p=670093

За некои луѓе летното мото „сончево е, покажи се“ е дел од годишниот ритуал на уживање во топлината и гледање на движењето на сонцето на плажа или базен, пишува германската новинска агенција dpa. Но, според лекарите и научниците од Универзитетот во Манчестер, ова можеби не се идеи што треба да се следат во животот.

Не само што премногу сончање на плажа може да придонесе за рак на кожата и да предизвика „оштетување на ДНК во клетките на кожата, воспаление и предвремено стареење на кожата“, туку може да ја поткопа и одбраната на кожата од патогени, предупредуваат научниците, што доведува до состојби како што се дерматитис, егзема и псоријаза.

Како најголем орган на човечкото тело, кожата е дом на комплексни групи бактерии кои го штитат телото, познати како микробиом.

Краткорочното, но интензивно изложување на сонце „значително влијае на различноста и составот на микробиомот на кожата“, рече Абигејл Лангтон од универзитетот.

Студијата, објавена во списанието Frontiers in Aging, „беше спроведена на планинари и дава важен увид за тоа како изложувањето на сонце, дури и за релативно краток период на сончање, може да доведе до акутно намалување на протеобактериите, што ја намали различноста на микробиомот на кожата“, рече соработникот на Лангтон, Томас Вилмот.

 

The post Зошто не e добро да се „печете“ на плажа appeared first on Република.

]]>

За некои луѓе летното мото „сончево е, покажи се“ е дел од годишниот ритуал на уживање во топлината и гледање на движењето на сонцето на плажа или базен, пишува германската новинска агенција dpa. Но, според лекарите и научниците од Универзитетот во Манчестер, ова можеби не се идеи што треба да се следат во животот. Не само што премногу сончање на плажа може да придонесе за рак на кожата и да предизвика „оштетување на ДНК во клетките на кожата, воспаление и предвремено стареење на кожата“, туку може да ја поткопа и одбраната на кожата од патогени, предупредуваат научниците, што доведува до состојби како што се дерматитис, егзема и псоријаза. Како најголем орган на човечкото тело, кожата е дом на комплексни групи бактерии кои го штитат телото, познати како микробиом. Краткорочното, но интензивно изложување на сонце „значително влијае на различноста и составот на микробиомот на кожата“, рече Абигејл Лангтон од универзитетот. Студијата, објавена во списанието Frontiers in Aging, „беше спроведена на планинари и дава важен увид за тоа како изложувањето на сонце, дури и за релативно краток период на сончање, може да доведе до акутно намалување на протеобактериите, што ја намали различноста на микробиомот на кожата“, рече соработникот на Лангтон, Томас Вилмот.  

The post Зошто не e добро да се „печете“ на плажа appeared first on Република.

]]>
Уапсена мајката на детето кое почина откако два часа било оставено во автомобил во Словенија https://republika.mk/vesti/balkan/uapsena-majkata-na-deteto-koe-pochina-otkako-dva-chasa-bilo-ostaveno-vo-avtomobil-vo-slovenija/ Wed, 21 Jun 2023 07:36:33 +0000 https://republika.mk/?p=653553

Словенечката полиција ја уапси мајката на детето кое трагично загина во прегреан автомобил во Свети Ловренц и нејзиниот партнер. Ним им е одреден 48-часовен полициски притвор. Како што јави РТВ Словенија, станува збор за момче кое има неполни две години.

Никогаш не оставајте дете во автомобил без надзор на возрасен. Никогаш, ниту за минута, не оставајте никого во затворен, паркиран автомобил, предупредуваат од словенечкиот институт за јавно здравје.

Нагласуваат и дека во вакви ситуации никому не треба да му се суди.

Сите мислат дека тоа не може да им се случи. Затоа, да внимаваме, да не судиме, туку да спречуваме, додаваат тие.

Како што вчера изјави за ТВ Словенија помошник-началникот на секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа Целје, мајката и нејзиниот партнер се 48 часа во притвор поради сомнение за кривично дело предизвикување смрт од небрежност, за што се соочуваат казна затвор од шест месеци до пет години.

Трагичниот настан се случи вчера во Свети Ловренц. Детето останало заклучено во автомобилот на сонце и починало на местото на настанот. Според неофицијални информации на 24ur.com, станува збор за момче кое немало ни две години. Беше затворен во автомобилот во предниот двор најмалку два часа. Ова е прва смрт од ваков вид во Словенија досега.

И покрај укажаната прва помош и пристигнувањето на хеликоптерот на словенечката армија од Марибор, детето починало на местото на настанот.

 

The post Уапсена мајката на детето кое почина откако два часа било оставено во автомобил во Словенија appeared first on Република.

]]>

Словенечката полиција ја уапси мајката на детето кое трагично загина во прегреан автомобил во Свети Ловренц и нејзиниот партнер. Ним им е одреден 48-часовен полициски притвор. Како што јави РТВ Словенија, станува збор за момче кое има неполни две години.
Никогаш не оставајте дете во автомобил без надзор на возрасен. Никогаш, ниту за минута, не оставајте никого во затворен, паркиран автомобил, предупредуваат од словенечкиот институт за јавно здравје.
Нагласуваат и дека во вакви ситуации никому не треба да му се суди.
Сите мислат дека тоа не може да им се случи. Затоа, да внимаваме, да не судиме, туку да спречуваме, додаваат тие.
Како што вчера изјави за ТВ Словенија помошник-началникот на секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа Целје, мајката и нејзиниот партнер се 48 часа во притвор поради сомнение за кривично дело предизвикување смрт од небрежност, за што се соочуваат казна затвор од шест месеци до пет години. Трагичниот настан се случи вчера во Свети Ловренц. Детето останало заклучено во автомобилот на сонце и починало на местото на настанот. Според неофицијални информации на 24ur.com, станува збор за момче кое немало ни две години. Беше затворен во автомобилот во предниот двор најмалку два часа. Ова е прва смрт од ваков вид во Словенија досега. И покрај укажаната прва помош и пристигнувањето на хеликоптерот на словенечката армија од Марибор, детето починало на местото на настанот.  

The post Уапсена мајката на детето кое почина откако два часа било оставено во автомобил во Словенија appeared first on Република.

]]>
Отворени вратите за 150 дечиња во новата градинка „Сонце“ во Волково! https://republika.mk/vesti/skopje/otvoreni-vratite-za-150-dechina-vo-novata-gradinka-sontse-vo-volkovo/ Thu, 16 Feb 2023 12:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=609749

Отворени вратите за 150 дечиња во новата градинка „Сонце“ во Волково!

Чест ми е што во мојот мандат, заедно со мојот тим и со финансиско учество на општината од 9 милиони денари го завршивме овој грандиозен објект. Дечињата во овој објект ќе бидат згрижени почнувајќи од понеделник во возрасни групи од 9 месеци до 6 години, поделени во 7 групи, порача денеска градончалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

Тој рече дек веќе аплицирале со проект за нова детска градинка во Дексион, а изработен е и проект за нов објект во Стопански Двор.

Исто така, одлична вест е што работиме и на уште две локации за градинки во урбаниот дел на Ѓорче Петров. Продолжуваме со работа со засилено темпо. Ѓорче Петров ќе биде урбано јадро со решени проблеми. Граѓаните заслужуваат добри услови и тие остануваат наш приоритет, порача Стојкоски.

The post Отворени вратите за 150 дечиња во новата градинка „Сонце“ во Волково! appeared first on Република.

]]>

Отворени вратите за 150 дечиња во новата градинка „Сонце“ во Волково!
Чест ми е што во мојот мандат, заедно со мојот тим и со финансиско учество на општината од 9 милиони денари го завршивме овој грандиозен објект. Дечињата во овој објект ќе бидат згрижени почнувајќи од понеделник во возрасни групи од 9 месеци до 6 години, поделени во 7 групи, порача денеска градончалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
Тој рече дек веќе аплицирале со проект за нова детска градинка во Дексион, а изработен е и проект за нов објект во Стопански Двор.
Исто така, одлична вест е што работиме и на уште две локации за градинки во урбаниот дел на Ѓорче Петров. Продолжуваме со работа со засилено темпо. Ѓорче Петров ќе биде урбано јадро со решени проблеми. Граѓаните заслужуваат добри услови и тие остануваат наш приоритет, порача Стојкоски.

The post Отворени вратите за 150 дечиња во новата градинка „Сонце“ во Волково! appeared first on Република.

]]>
За викендот пролет – сончево и топло, до 19 степени https://republika.mk/zivot/servisi/za-vikendot-prolet-sonchevo-i-toplo-do-19-stepeni/ Wed, 15 Feb 2023 10:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=609253

Времето до крајот на неделава ќе биде стабилно и суво, со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневните температури. Најтопло ќе биде за време на викендот. Поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува од понеделник.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наутро ќе биде постудено, а преку денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Во Скопје сончево и тивко.

Минималните температури ќе бидат во интервал од -5 до пет степени, а максималните од четири до 19 степени

The post За викендот пролет – сончево и топло, до 19 степени appeared first on Република.

]]>

Времето до крајот на неделава ќе биде стабилно и суво, со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневните температури. Најтопло ќе биде за време на викендот. Поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува од понеделник. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наутро ќе биде постудено, а преку денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Во Скопје сончево и тивко. Минималните температури ќе бидат во интервал од -5 до пет степени, а максималните од четири до 19 степени

The post За викендот пролет – сончево и топло, до 19 степени appeared first on Република.

]]>
Денеска и до 14 степени https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-i-do-14-stepeni-2/ Wed, 15 Feb 2023 07:43:28 +0000 https://republika.mk/?p=609127

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

До крајот на работната седмица и за време на викендот ќе се задржи стабилно и потопло време со повеќе сончеви периоди

The post Денеска и до 14 степени appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени. До крајот на работната седмица и за време на викендот ќе се задржи стабилно и потопло време со повеќе сончеви периоди

The post Денеска и до 14 степени appeared first on Република.

]]>
Eсен во зима: Денеска 19 степени https://republika.mk/zivot/servisi/esen-vo-zima-deneska-19-stepeni/ Fri, 16 Dec 2022 06:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=586244

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

В сабота ќе има локални врнежи од дожд, а од недела следува период на стабилно време со умерен до засилен северен ветер и опаѓање на температурите

The post Eсен во зима: Денеска 19 степени appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени. В сабота ќе има локални врнежи од дожд, а од недела следува период на стабилно време со умерен до засилен северен ветер и опаѓање на температурите

The post Eсен во зима: Денеска 19 степени appeared first on Република.

]]>
Уште денеска сонце, од утре дожд https://republika.mk/zivot/servisi/ushte-deneska-sonce-od-utre-dozd/ Fri, 04 Nov 2022 07:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=569380

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. До крајот на денот ќе биде значително облачно. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степени.

За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени

The post Уште денеска сонце, од утре дожд appeared first on Република.

]]>

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. До крајот на денот ќе биде значително облачно. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степени. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени

The post Уште денеска сонце, од утре дожд appeared first on Република.

]]>
Денеска стандардни 26 степени https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-standardni-26-stepeni/ Thu, 03 Nov 2022 07:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=569004

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 22 степена.

И во петок ќе се задржи стабилно време, но со зголемена облачност во попладневните часови.

Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2). Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а дневната температуара значително ќе се намали

The post Денеска стандардни 26 степени appeared first on Република.

]]>

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 22 степена. И во петок ќе се задржи стабилно време, но со зголемена облачност во попладневните часови. Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2). Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а дневната температуара значително ќе се намали

The post Денеска стандардни 26 степени appeared first on Република.

]]>
Првоноемвриско сонце и 27 степени https://republika.mk/zivot/servisi/prvonoemvrisko-sonce-i-27-stepeni/ Tue, 01 Nov 2022 06:49:35 +0000 https://republika.mk/?p=568054

Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од нула до девет, а максималните ќе достигнат од 21 до 27 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и релативно топло време. Минималните температури ќе се спуштат до шест, а максималните ќе достигнат до 25 степени.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и посвежо време.

The post Првоноемвриско сонце и 27 степени appeared first on Република.

]]>

Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од нула до девет, а максималните ќе достигнат од 21 до 27 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и релативно топло време. Минималните температури ќе се спуштат до шест, а максималните ќе достигнат до 25 степени. До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и посвежо време.

The post Првоноемвриско сонце и 27 степени appeared first on Република.

]]>
НАСА: Погледнете како се смее Сонцето https://republika.mk/zivot/tehnologija/nasa-poglednete-kako-se-smee-sonceto/ Sun, 30 Oct 2022 21:37:01 +0000 https://republika.mk/?p=567590

Фотографијата од „насмеаното“ Сонце стана вирална на Интернет, откако беше објавена на Твитер од опсерваторијата Solar Dynamics на НАСА, чии научници ја направија фотографијата.

Црните дамки што ја создадоа илузијата се всушност познати како коронални дупки и се региони каде брзиот сончев ветар блика во вселената, објаснија тие.

The post НАСА: Погледнете како се смее Сонцето appeared first on Република.

]]>

Фотографијата од „насмеаното“ Сонце стана вирална на Интернет, откако беше објавена на Твитер од опсерваторијата Solar Dynamics на НАСА, чии научници ја направија фотографијата.
Црните дамки што ја создадоа илузијата се всушност познати како коронални дупки и се региони каде брзиот сончев ветар блика во вселената, објаснија тие.

The post НАСА: Погледнете како се смее Сонцето appeared first on Република.

]]>
Сеј чис: Погледнете како се „смее“ Сонцето https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/sej-chis-poglednete-kako-se-smee-sonceto/ Sun, 30 Oct 2022 10:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=567333

Фотографијата од „насмеаното“ Сонце стана вирална на Интернет, откако беше објавена на Твитер од опсерваторијата Solar Dynamics на НАСА, чии научници ја направија фотографијата.

– Кажи мала птица, напишале во описот на фотографијата на која изгледа како Сонцето да има очи и уста и се смешка.

– Црните дамки што ја создадоа илузијата се всушност познати како коронални дупки и се региони каде брзиот сончев ветар блика во вселената, објаснија тие.

Научниците предупредија дека појавата на овие дупки најверојатно ќе значи дека невреме ќе ја погоди Земјата во сабота.

И покрај тоа, многу коментатори не го криеја својот ентузијазам за сцената.

– Сонцето изгледа како ситно колаче, напишал еден корисник.

– И со нетрпение ја чека Ноќта на вештерките, додаде друг.

The post Сеј чис: Погледнете како се „смее“ Сонцето appeared first on Република.

]]>

Фотографијата од „насмеаното“ Сонце стана вирална на Интернет, откако беше објавена на Твитер од опсерваторијата Solar Dynamics на НАСА, чии научници ја направија фотографијата. – Кажи мала птица, напишале во описот на фотографијата на која изгледа како Сонцето да има очи и уста и се смешка. – Црните дамки што ја создадоа илузијата се всушност познати како коронални дупки и се региони каде брзиот сончев ветар блика во вселената, објаснија тие. Научниците предупредија дека појавата на овие дупки најверојатно ќе значи дека невреме ќе ја погоди Земјата во сабота. И покрај тоа, многу коментатори не го криеја својот ентузијазам за сцената. – Сонцето изгледа како ситно колаче, напишал еден корисник. – И со нетрпение ја чека Ноќта на вештерките, додаде друг.

The post Сеј чис: Погледнете како се „смее“ Сонцето appeared first on Република.

]]>
Денеска 25 степени: Пролет на крајот на октомври https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-25-stepeni-prolet-na-krajot-na-oktomvri/ Wed, 26 Oct 2022 05:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=565642

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје сончево со слаб до умерен северен ветер.

Како што соопшто УХМР, ќе продолжи периодот на стабилно време, но со постепен пад на температурата која до сабота ќе се намали за околу пет степени.

Во следните три дена ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. В четврток наутро ќе има услови за слаба магла по одделни котлини.

Минималната температура ќе се движи од -1 до 10 степени, а максималната од 17 до 25 степени

The post Денеска 25 степени: Пролет на крајот на октомври appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје сончево со слаб до умерен северен ветер. Како што соопшто УХМР, ќе продолжи периодот на стабилно време, но со постепен пад на температурата која до сабота ќе се намали за околу пет степени. Во следните три дена ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. В четврток наутро ќе има услови за слаба магла по одделни котлини. Минималната температура ќе се движи од -1 до 10 степени, а максималната од 17 до 25 степени

The post Денеска 25 степени: Пролет на крајот на октомври appeared first on Република.

]]>
Какво ќе биде времето денеска: Наутро за јакна, напладне за куси ракави https://republika.mk/zivot/servisi/kakvo-kje-bide-vremeto-deneska-nautro-za-jakna-napladne-za-kusi-rakavi/ Fri, 21 Oct 2022 06:27:06 +0000 https://republika.mk/?p=563821

Времето денеска ќе биде претежно сончево, утрото студено со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 18 степени.

Во наредните денови ќе се задржи претежно сончево време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во сабота претпладне магла и ниска облачност се очекува на повеќе места. Од недела ќе биде значително потопло

The post Какво ќе биде времето денеска: Наутро за јакна, напладне за куси ракави appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде претежно сончево, утрото студено со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 18 степени. Во наредните денови ќе се задржи претежно сончево време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во сабота претпладне магла и ниска облачност се очекува на повеќе места. Од недела ќе биде значително потопло

The post Какво ќе биде времето денеска: Наутро за јакна, напладне за куси ракави appeared first on Република.

]]>
Издржете уште денеска: Викендот топло време https://republika.mk/zivot/servisi/izdrzete-ushte-deneska-vikendot-toplo-vreme/ Fri, 23 Sep 2022 07:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=553349

Времето утрово е студено, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 20 степени.

За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, позначителен од почетокот на следната седмица.

Според прогнозата на УХМР, од вторник ќе има дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер

The post Издржете уште денеска: Викендот топло време appeared first on Република.

]]>

Времето утрово е студено, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени. Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 20 степени. За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, позначителен од почетокот на следната седмица. Според прогнозата на УХМР, од вторник ќе има дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер

The post Издржете уште денеска: Викендот топло време appeared first on Република.

]]>