Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

В сабота ќе има локални врнежи од дожд, а од недела следува период на стабилно време со умерен до засилен северен ветер и опаѓање на температурите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.