софтвер Archives - Република https://republika.mk/tema/softver/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Apr 2024 23:19:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png софтвер Archives - Република https://republika.mk/tema/softver/ 32 32 Партијата на Ѓукановиќ набавила софтвер кој може да препознае за кого ќе гласате https://republika.mk/vesti/balkan/partijata-na-gukanovik-nabavila-softver-koj-mozhe-da-prepoznae-za-kogo-ke-glasate/ Sun, 28 Apr 2024 12:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=771832

Демократската партија на социјалистите во Црна Гора на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ (ДПС) купила софтвер кој ги совпаѓа броевите за социјално осигурување на граѓаните со нивните профили на социјалните мрежи или онлајн податоци за да влијае на нивните политички ставови за време на кампањата за претседателските избори во 2018 година.

„Вијести“ располага со обемна документација што државните ревизори ја заплениле при финансиска контрола на партијата во 2019 година за набавка на софтвер, кој во тест фаза им овозможил да ги препознае и да влијае на политичките ставови на околу 40.000 граѓани.

The post Партијата на Ѓукановиќ набавила софтвер кој може да препознае за кого ќе гласате appeared first on Република.

]]>

Демократската партија на социјалистите во Црна Гора на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ (ДПС) купила софтвер кој ги совпаѓа броевите за социјално осигурување на граѓаните со нивните профили на социјалните мрежи или онлајн податоци за да влијае на нивните политички ставови за време на кампањата за претседателските избори во 2018 година. „Вијести“ располага со обемна документација што државните ревизори ја заплениле при финансиска контрола на партијата во 2019 година за набавка на софтвер, кој во тест фаза им овозможил да ги препознае и да влијае на политичките ставови на околу 40.000 граѓани.

The post Партијата на Ѓукановиќ набавила софтвер кој може да препознае за кого ќе гласате appeared first on Република.

]]>
Два софтверски проекти дел од планот на ВМРО-ДПМНЕ за налување на корупцијата во урбанизмот https://republika.mk/vesti/makedonija/dva-softverski-proekti-del-od-planot-na-vmro-dpmne-za-naluvane-na-koruptsijata-vo-urbanizmot/ Mon, 19 Feb 2024 08:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=745518

ВМРО-ДПМНЕ со два софтверски проекти, е-урбанизам и бим софтвер ќе се бори против корупцијата во урбанизмот.

Првиот, како што соопштуваат од патријата, е е-урбанизам или е-простор значи намалување на постапките и времето што се чека од надлежни институции за одговор. Сега за еден проект потребно е мислење од институции како МЕПСО, ЕВН, комунални претпријатија, министерства други институции како Завод за културно и историско наследство. Планот на ВМРО-ДПМНЕ е ова да се дигитализира или лицето кое го подготвува урбанистичкиот план информациите наместо со трчање по институции да ги добие со софтверска алатка. Со ова ќе се намали влијанието на човечкиот фактор, а ќе се забрза самиот процес за добивање информации и документи. Тоа ќе води до транспарентен процес и процес без корупција.

Вториот, бим софтвер или бим алатка, би ја користеле проектантите и институциите кои во процес на вадење на градежна дозвола ќе можат да го вметнат самиот проект, а алатката да ми даде одговор на тоа дали проектот одговара урбанистичките основи. И со ова идејата е да се забрза процесот на давање на градежна дозвола. Или вака ќе се зголеми транспарентноста и ќе се намали корупцијата.

Овие алатки ќе водат до поголема транспарентност, побрз процес на издавање на документи и што е најважно со ова ќе се сузбива корупцијата во општеството која е еден од најголемите проблеми на граѓаните.

Овие алатки се и начин да се врати изгубената доверба во институциите во овој период на владеење на СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ работи отчетно и чесно и сака да ја врати довербата на граѓаните кон институциите.

The post Два софтверски проекти дел од планот на ВМРО-ДПМНЕ за налување на корупцијата во урбанизмот appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ со два софтверски проекти, е-урбанизам и бим софтвер ќе се бори против корупцијата во урбанизмот. Првиот, како што соопштуваат од патријата, е е-урбанизам или е-простор значи намалување на постапките и времето што се чека од надлежни институции за одговор. Сега за еден проект потребно е мислење од институции како МЕПСО, ЕВН, комунални претпријатија, министерства други институции како Завод за културно и историско наследство. Планот на ВМРО-ДПМНЕ е ова да се дигитализира или лицето кое го подготвува урбанистичкиот план информациите наместо со трчање по институции да ги добие со софтверска алатка. Со ова ќе се намали влијанието на човечкиот фактор, а ќе се забрза самиот процес за добивање информации и документи. Тоа ќе води до транспарентен процес и процес без корупција. Вториот, бим софтвер или бим алатка, би ја користеле проектантите и институциите кои во процес на вадење на градежна дозвола ќе можат да го вметнат самиот проект, а алатката да ми даде одговор на тоа дали проектот одговара урбанистичките основи. И со ова идејата е да се забрза процесот на давање на градежна дозвола. Или вака ќе се зголеми транспарентноста и ќе се намали корупцијата. Овие алатки ќе водат до поголема транспарентност, побрз процес на издавање на документи и што е најважно со ова ќе се сузбива корупцијата во општеството која е еден од најголемите проблеми на граѓаните. Овие алатки се и начин да се врати изгубената доверба во институциите во овој период на владеење на СДС и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ работи отчетно и чесно и сака да ја врати довербата на граѓаните кон институциите.

The post Два софтверски проекти дел од планот на ВМРО-ДПМНЕ за налување на корупцијата во урбанизмот appeared first on Република.

]]>
Владата набавува за 70% поскапи софтверски лиценци од пред 3 години, од фирма со која соработуваше Рашковски https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-nabavuva-za-70-poskapi-softverski-litsentsi-od-pred-3-godini-od-firma-so-koja-sorabotuvashe-rashkovski/ Tue, 12 Sep 2023 07:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=681096

СДС продолжува кај што застана Рашковски, истата фирма со која Рашковски склучи договор за набавка на софтвери во 2020 година во вредност од 15 милиони евра, е избрана за набавка на софтвери повторно, но овој пат за 26 милиони долари, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Набавката од фирмата која беше дел од низата скандали заради која Рашковски си замина, сега повторно книжи милиони.

Имено на 1-ви септември потпишан е договорот, а од страна на владата потпишува генералниот секретар Методија Димовски, и веќе на 5-ти септември овој договор е влезен во сила.

Договорот е за софтверски лиценци, и со пресметан ДДВ тежи 26 милиони 429 илјади и 350 долари.

Се поставува прашањето што се смени за 3 години, па наместо за 15 милиони се купува за 26 милиони? Во кој дел работата на владата напреднала и што ново е направено?

Како фирмата која беше во фокусот на скандалите со Рашковски повторно склучува договори со владата на СДС во очи избори за сума поголема за 70% од пред 3 години, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Владата набавува за 70% поскапи софтверски лиценци од пред 3 години, од фирма со која соработуваше Рашковски appeared first on Република.

]]>

СДС продолжува кај што застана Рашковски, истата фирма со која Рашковски склучи договор за набавка на софтвери во 2020 година во вредност од 15 милиони евра, е избрана за набавка на софтвери повторно, но овој пат за 26 милиони долари, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ. Набавката од фирмата која беше дел од низата скандали заради која Рашковски си замина, сега повторно книжи милиони. Имено на 1-ви септември потпишан е договорот, а од страна на владата потпишува генералниот секретар Методија Димовски, и веќе на 5-ти септември овој договор е влезен во сила. Договорот е за софтверски лиценци, и со пресметан ДДВ тежи 26 милиони 429 илјади и 350 долари. Се поставува прашањето што се смени за 3 години, па наместо за 15 милиони се купува за 26 милиони? Во кој дел работата на владата напреднала и што ново е направено? Како фирмата која беше во фокусот на скандалите со Рашковски повторно склучува договори со владата на СДС во очи избори за сума поголема за 70% од пред 3 години, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Владата набавува за 70% поскапи софтверски лиценци од пред 3 години, од фирма со која соработуваше Рашковски appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да отвори истрага за шпионскиот софтвер https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-bara-javnoto-obvinitelstvo-da-otvori-istraga-za-shpionskiot-softver/ Tue, 18 Jul 2023 11:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=662704

Димитар Ковачевски лажеше дека во Македонија не е користен шпиунскиот софтвер за следење на интернет комуникациите Предатор, за чие користење постои загриженост и во НАТО.Според наводите на грчки истражувачки новинари од Инсајд Стори, Македонија преку ОТА го има набавено шпиунскиот софтвер Предатор. Истражувачите новинари констатираат дека истиот е набавен, а демант од Ковачевски нема, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали во Македонија е користен шпионскиот софтвер Предатор, е прашање поставено од пратеникот Ковачки до Ковачевски во април оваа година. Тоа е овој документ. На што Ковачевски еден месец потоа одговара дека за таквиот софтвер не е регистрирана употреба од страна на институциите. Тоа е овој друг документ.

Согласно наводите во истражувањето на Инсајд Стори, кои не се демантирани од Ковачевски, доаѓаме до заклучок дека Ковачевски лажел при одговор на пратеничко прашање.

Со помош на шпиунскиот софтвер Предатор во Грција се следени политичари и други јавни личности.

Дали и во Македонија се вршело нелегално следење со шпиунскиот софтвер Предатор, и дали под палка на Ковачевски незаконски се следени интернет комуникациите на граѓаните?

ЈО да отвори истрага веднаш. Постојат индиции дека безбедноста и приватноста на граѓаните е нарушена. Расветлување и одговорност мора да има.

https://www.youtube.com/watch?v=SQ-iFzPD0OM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да отвори истрага за шпионскиот софтвер appeared first on Република.

]]>

Димитар Ковачевски лажеше дека во Македонија не е користен шпиунскиот софтвер за следење на интернет комуникациите Предатор, за чие користење постои загриженост и во НАТО.Според наводите на грчки истражувачки новинари од Инсајд Стори, Македонија преку ОТА го има набавено шпиунскиот софтвер Предатор. Истражувачите новинари констатираат дека истиот е набавен, а демант од Ковачевски нема, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Дали во Македонија е користен шпионскиот софтвер Предатор, е прашање поставено од пратеникот Ковачки до Ковачевски во април оваа година. Тоа е овој документ. На што Ковачевски еден месец потоа одговара дека за таквиот софтвер не е регистрирана употреба од страна на институциите. Тоа е овој друг документ.
Согласно наводите во истражувањето на Инсајд Стори, кои не се демантирани од Ковачевски, доаѓаме до заклучок дека Ковачевски лажел при одговор на пратеничко прашање. Со помош на шпиунскиот софтвер Предатор во Грција се следени политичари и други јавни личности.
Дали и во Македонија се вршело нелегално следење со шпиунскиот софтвер Предатор, и дали под палка на Ковачевски незаконски се следени интернет комуникациите на граѓаните?
ЈО да отвори истрага веднаш. Постојат индиции дека безбедноста и приватноста на граѓаните е нарушена. Расветлување и одговорност мора да има. https://www.youtube.com/watch?v=SQ-iFzPD0OM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да отвори истрага за шпионскиот софтвер appeared first on Република.

]]>
Новиот шпионски софтвер на ОТА може да ја следи целата наша активност на интернет https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-shpionski-softver-na-ota-mozhe-da-ja-sledi-tselata-nasha-aktivnost-na-internet/ Tue, 18 Jul 2023 07:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=662492

Скандалот со шпионската  опрема набавена од страна на ОТА е мошне сериозен. За него веќе говорат и странски медиуми. Според информациите во јавноста македонската агенција набавила шпионски софтвер за следење на интернет комуникација на граѓаните, наречен Предатор. Овој контроверзен софтвер е набавен пред извесно време, спротивно на законската рамка и со него може да се следат комуникациите на сите граѓани, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Внимавајте, со овој софтвер може да се следи секоја интернет комуникација на секој еден граѓанин во Македонија и истиот може да биде злоупотребен за политички цели на власта.

Овој софтвер е проблематичен и за НАТО, а во Грција веќе изби  скандал дека со истиот биле следени политичари и јавни личности. Јавното овинителство за оваа афета беше информирано уште пред неколку недели, но реакција и акција од нивна страна нема никаква.

Владата на Ковачевски е најодговорна во овој случај и треба за тоа да биде испитана. Но, како и судството, така и обвинителството во Македонија, кои имаат едвај 1% доверба, се директно поклопени од страна на власта и поголема е веројатноста грчките истражни органи и медиуми да откријат што се правело со софтверот Предатор во Македонија, отколку самите домашни органи.

Но, домашните институции кои сега молчат за овој скандал со шпионскиот софтвер Предатор треба да знаат дека порано или покасно за ова ќе има истрага и после тоа и одговорност за сите оние кои го злоупотребиле законот, но и за оние кои молчеле за тоа и го прикривале.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ota-e-vo-tsentarot-na-shpionski-skandal-softver-problematichen-i-za-nato-e-nabaven-vo-makedonija/

The post Новиот шпионски софтвер на ОТА може да ја следи целата наша активност на интернет appeared first on Република.

]]>

Скандалот со шпионската  опрема набавена од страна на ОТА е мошне сериозен. За него веќе говорат и странски медиуми. Според информациите во јавноста македонската агенција набавила шпионски софтвер за следење на интернет комуникација на граѓаните, наречен Предатор. Овој контроверзен софтвер е набавен пред извесно време, спротивно на законската рамка и со него може да се следат комуникациите на сите граѓани, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Внимавајте, со овој софтвер може да се следи секоја интернет комуникација на секој еден граѓанин во Македонија и истиот може да биде злоупотребен за политички цели на власта.
Овој софтвер е проблематичен и за НАТО, а во Грција веќе изби  скандал дека со истиот биле следени политичари и јавни личности. Јавното овинителство за оваа афета беше информирано уште пред неколку недели, но реакција и акција од нивна страна нема никаква.
Владата на Ковачевски е најодговорна во овој случај и треба за тоа да биде испитана. Но, како и судството, така и обвинителството во Македонија, кои имаат едвај 1% доверба, се директно поклопени од страна на власта и поголема е веројатноста грчките истражни органи и медиуми да откријат што се правело со софтверот Предатор во Македонија, отколку самите домашни органи.
Но, домашните институции кои сега молчат за овој скандал со шпионскиот софтвер Предатор треба да знаат дека порано или покасно за ова ќе има истрага и после тоа и одговорност за сите оние кои го злоупотребиле законот, но и за оние кои молчеле за тоа и го прикривале. https://republika.mk/vesti/makedonija/ota-e-vo-tsentarot-na-shpionski-skandal-softver-problematichen-i-za-nato-e-nabaven-vo-makedonija/

The post Новиот шпионски софтвер на ОТА може да ја следи целата наша активност на интернет appeared first on Република.

]]>
ОТА во центар на шпионски скандал: Софтвер проблематичен и за НАТО е набавен во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/ota-e-vo-tsentarot-na-shpionski-skandal-softver-problematichen-i-za-nato-e-nabaven-vo-makedonija/ Mon, 17 Jul 2023 11:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=662261

ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку недели предупреди дека Владата преку ОТА набавила опрема за следење на комуникациите за која нема законска рамка.За нашите индиции и сомнежи дека власта може да нелегално да следи 2 милиони граѓани го известивме ЈО. Реакција уште нема, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Деновиве повторно гледаме дека ОТА е вмешана во сомнителна шема и можна злоупотреба на ингеренциите, при следење на граѓаните.Од новинарско истражување на грчкото Инсајд Стори и македонската ИРЛ дознаваме дека ОТА уште во 2020 година купила шпионски софтвер за следење на интернет комуникацијата на граѓаните наречен Предатор.

Според истражувањето, новинарите тврдат дека шпионскиот софтвер е набавен како од македонската ОТА, така и од грчката служба.

Во истражувањето се наведува дополнително дека македонската и грчката служба имале неколку средби, по што во 2022 година направиле и нацрт договор за соработка и размена на класифицирани и некласифицирани информации кои произлегуваат од следењето на податоците, а врховно одговорен за ова е Димитар Ковачевски, кој како премиер е одговорен за координирање на овие служби.

До потпишување на Договорот не дошло само заради шпионската афера која ја потресла Грција, во која беа обелодените информации дека нелегално се следени политичари и други јавни личности.

https://www.youtube.com/watch?v=EdQ50JcIVsQ

Овој софтвер кој го поседува ОТА е проблематичен и за самиот НАТО. Користењето на истиот е потенцијална закана за нелегално следење на илјадници граѓани и нивната интернет комуникација.Уште еднаш го повикуваме ЈО, да постапи по нашите барања, а дополнително на тоа да постапи и по најновите индиции за можна шпионска афера со софтверот за следење Предатор.

The post ОТА во центар на шпионски скандал: Софтвер проблематичен и за НАТО е набавен во Македонија appeared first on Република.

Во Арачиново 20 години не се наплаќа данок на имот, општината немала софтвер https://republika.mk/vesti/skopje/vo-arachinovo-20-godini-ne-se-naplakja-danok-na-imot-opshtinata-nemala-softver/ Thu, 17 Feb 2022 07:46:54 +0000 https://republika.mk/?p=459585

Најмалку две децении во Арачиново не се наплаќа данок на имот. Шест градоначалници ја водеа оваа општина од 1996 година и никој од нив не успеал да воведе систем, односно компјутерски софтвер за наплата на овој данок.

Некои од градоначалниците со кои контактирале од „Алсат“, велат дека кога го добиле мандатот не нашле инсталиран софтвер, додавајќи дека „како што нашле, така и оставиле“.

Градоначалници на Арачиново 

- Мурат Ајдини, ПДП еден мандат

- Решат Ферати, ДПА еден мандат

- Музафер Бислими, ДУИ еден мандат

- Басри Бајрами, НД еден мандат

- Брахим Ајвази, ДУИ еден мандат

- Миликије Халими, СДСМ еден мандат

- Ридван Ибраими, ДУИ АКТУЕЛЕН

Не најдов софтвер кога го добив мандатот. Уште кога ја презедов општината ја знаев нејзината финансиска моќ, но успеав да направам одлична работа. Нашите проекти се видливи. Актуелниот градоначалник треба да се занимава со работа, а не со празни муабети - вели претходната градоначалничка на Арачиново, Миликије Халими.

Да ви кажам право, како што наоѓаа другите, така наследивме и ние, па немавме софтвер. Ниту ние не успеавме, па го пренесовме така. Секој градоначалник, така што, остана. Како што кажавте – зошто не го направивте тоа, цел проблем ми беше тоа што буџетот е ограничен, едвај успеавме да ги платиме работниците и советниците, а не да направиме нешто надвор од тоа - вели поранешниот градоначалник Брахим Ајвази.

Колку што знам, немавме софтвер. Едноставно е пресметано преку секторот за урбанизам“.

Дали сте се обиделе да го инсталирате софтверот?

Немавме софтвер, но се обидовме да направиме пресметки преку секторот за урбанизам -  истакнува поранешниот градоначалник Басри Бајрами.

Актуелниот градоначалник на Арачиново, Ридван Ибраими вели дека веќе инсталирале софтвер и е обучен тим за регистрација на имотите на терен. Сепак, колку сериозно ќе се реши ова прашање ќе се види во иднина.

На некој начин обвинети се сите жители на Општина Арачиново. Мислам дека неправедно се обвинети, односно во општината не е инсталирана даночна програма. Ако ја откријам оваа информација за нашата општина, мислам дека е и срамно тоа што го дозволувале раководителите во минатото - вели Ибраими.

Според податоците на Заводот за статистика, добиени од пописот на населението во 2002 година, во Арачиново се регистрирани 2.442 куќи. Арачиново е една од најзадолжените општини, а Владата неколкупати интервенираше од буџетот за враќање на долговите.

Од Владата не посочуваат дали побарале одговорност од општините кои трупаат долгови.

The post Во Арачиново 20 години не се наплаќа данок на имот, општината немала софтвер appeared first on Република.

]]>

Најмалку две децении во Арачиново не се наплаќа данок на имот. Шест градоначалници ја водеа оваа општина од 1996 година и никој од нив не успеал да воведе систем, односно компјутерски софтвер за наплата на овој данок. Некои од градоначалниците со кои контактирале од „Алсат“, велат дека кога го добиле мандатот не нашле инсталиран софтвер, додавајќи дека „како што нашле, така и оставиле“. Градоначалници на Арачиново  - Мурат Ајдини, ПДП еден мандат - Решат Ферати, ДПА еден мандат - Музафер Бислими, ДУИ еден мандат - Басри Бајрами, НД еден мандат - Брахим Ајвази, ДУИ еден мандат - Миликије Халими, СДСМ еден мандат - Ридван Ибраими, ДУИ АКТУЕЛЕН
Не најдов софтвер кога го добив мандатот. Уште кога ја презедов општината ја знаев нејзината финансиска моќ, но успеав да направам одлична работа. Нашите проекти се видливи. Актуелниот градоначалник треба да се занимава со работа, а не со празни муабети - вели претходната градоначалничка на Арачиново, Миликије Халими.
 
Да ви кажам право, како што наоѓаа другите, така наследивме и ние, па немавме софтвер. Ниту ние не успеавме, па го пренесовме така. Секој градоначалник, така што, остана. Како што кажавте – зошто не го направивте тоа, цел проблем ми беше тоа што буџетот е ограничен, едвај успеавме да ги платиме работниците и советниците, а не да направиме нешто надвор од тоа - вели поранешниот градоначалник Брахим Ајвази.
 
Колку што знам, немавме софтвер. Едноставно е пресметано преку секторот за урбанизам“.   Дали сте се обиделе да го инсталирате софтверот?   Немавме софтвер, но се обидовме да направиме пресметки преку секторот за урбанизам -  истакнува поранешниот градоначалник Басри Бајрами.
Актуелниот градоначалник на Арачиново, Ридван Ибраими вели дека веќе инсталирале софтвер и е обучен тим за регистрација на имотите на терен. Сепак, колку сериозно ќе се реши ова прашање ќе се види во иднина.
На некој начин обвинети се сите жители на Општина Арачиново. Мислам дека неправедно се обвинети, односно во општината не е инсталирана даночна програма. Ако ја откријам оваа информација за нашата општина, мислам дека е и срамно тоа што го дозволувале раководителите во минатото - вели Ибраими.
Според податоците на Заводот за статистика, добиени од пописот на населението во 2002 година, во Арачиново се регистрирани 2.442 куќи. Арачиново е една од најзадолжените општини, а Владата неколкупати интервенираше од буџетот за враќање на долговите. Од Владата не посочуваат дали побарале одговорност од општините кои трупаат долгови.

The post Во Арачиново 20 години не се наплаќа данок на имот, општината немала софтвер appeared first on Република.

]]>
Почнува судењето против Рашковски и шест лица за случајот „Софтвери” https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-sudenjeto-protiv-rashkovski-i-shest-lica-za-sluchajot-softveri/ Tue, 25 Jan 2022 08:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=449005

Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се осомничени за нелегалната набавка на софтвер. Судскиот процес ќе го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Л

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ.

Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Во една од постапките за јавна набавка, со умисла во сторувањето на кривичното дело му помогнал и четвротообвинетиот, сопственик и управител на економски оператор. Првообвинетиот, јавните набавки ги спровел спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени во согласност со прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства, дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка во консултации со подизведувач и со учесници во постапката, во текот на постапката за јавната набавка, комуникацијата не ја вршеле со користење на електронски средства преку ЕСЈН, туку лично, дефинирал технички спецификации што упатуваат на конкретен патент, не извршил имплементирање и обуки на она за што биле склучени договорите за јавни набавки, ​со што за четирите економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и им овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 17.474.137,00 денари, се вели во обвинителниот акт на ОЈО – ГОКК.

Воедно, првообвинетиот, како службено лице, го искористил службеното овластување – да склучува авторски договори со физички лица, иако знаел дека шесто и седмообвинетите воопшто не ги извршувале своите работни задачи согласно склучените договори, сепак им исплаќал месечни хонорари.

Второобвинетиот и шесто и седмообвинетите, според ОЈО, согласно договорот што го имале со првообвинетиот за поделба на паричните средства подигнувале дел од исплатените средства во готовина со цел да му ги предадат на првообвинетиот. Со овие дејствија е нанесена штета на Буџетот на Р.Македонија во вкупен износ од 1.320.000,00 денари.

Во временскиот период од 05.06.2017 година до 05.05.2021 година, во Скопје, првообвинетиот, пуштил во оптек пари во вкупен износ од 5.378.319,00 денари, за кои знаел дека потекнуваат од кривично дело, па со намера да го прикрие потеклото на паричните средства во повеќе наврати, откако ќе ги добиел парите од кривичното дело, ги пуштал во промет вршејќи готовинска уплата на сопствените сметки и банкарски картички и на сметките на членовите на своето семејство, а исто така предвремено ги исплатил претходно земените кредити, информираат од ОЈО.

The post Почнува судењето против Рашковски и шест лица за случајот „Софтвери” appeared first on Република.

]]>

Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се осомничени за нелегалната набавка на софтвер. Судскиот процес ќе го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Л Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ. Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.
Во една од постапките за јавна набавка, со умисла во сторувањето на кривичното дело му помогнал и четвротообвинетиот, сопственик и управител на економски оператор. Првообвинетиот, јавните набавки ги спровел спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени во согласност со прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства, дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка во консултации со подизведувач и со учесници во постапката, во текот на постапката за јавната набавка, комуникацијата не ја вршеле со користење на електронски средства преку ЕСЈН, туку лично, дефинирал технички спецификации што упатуваат на конкретен патент, не извршил имплементирање и обуки на она за што биле склучени договорите за јавни набавки, ​со што за четирите економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и им овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 17.474.137,00 денари, се вели во обвинителниот акт на ОЈО – ГОКК.
Воедно, првообвинетиот, како службено лице, го искористил службеното овластување – да склучува авторски договори со физички лица, иако знаел дека шесто и седмообвинетите воопшто не ги извршувале своите работни задачи согласно склучените договори, сепак им исплаќал месечни хонорари. Второобвинетиот и шесто и седмообвинетите, според ОЈО, согласно договорот што го имале со првообвинетиот за поделба на паричните средства подигнувале дел од исплатените средства во готовина со цел да му ги предадат на првообвинетиот. Со овие дејствија е нанесена штета на Буџетот на Р.Македонија во вкупен износ од 1.320.000,00 денари.