Слупчане Archives - Република https://republika.mk/tema/slupchane/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Aug 2023 13:38:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Слупчане Archives - Република https://republika.mk/tema/slupchane/ 32 32 ЕВН средува во Слупчане: Претходно било бурно оти луѓето од селото „само сакале да знаат што ќе прави компанијата“ https://republika.mk/vesti/makedonija/evn-sreduva-vo-slupchane-prethodno-bilo-burno-oti-lugeto-od-seloto-samo-sakale-da-znaat-shto-ke-pravi-kompanijata/ Wed, 09 Aug 2023 11:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=670393

Екипите на електродистрибуција почнаа со работа во липковското село Слупчане. Во дел од селото веќе се заменети орманите. Договорено е корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати, кажаа претставниците од општината.

Во однос на договорот со жителите од Слупчане од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе продолжат да важат и понатаму.

Претседателот на советот на општина Липково, Зекрија Шаини вели дека активностите на терен течат согласно договорот.

Состојбата беше бурна и луѓето од селото сакаа да знаат што ЕВН ќе работи. Тие се приватна компанија и сакавме да знаеме што конкретно ќе работат како и за сите приватни компании. Половина од селото користат социјална помош и имавме барање долговите да се плаќаат на рати, што важи за сите граѓани во Македонија. ЕВН ќе треба да постави бандери до планот до каде што е селото, изјави Шаини.

Во однос на барањето да се плаќа по 3.000 без разлика на потрошувачката, тој кажа дека во тоа препукување преку медиумите со некои луѓе од ЕВН, дел од барањата на слупчанци биле нелогични.

Барањето не е логично, ќе се плаќа колку се троши и не сакаме да бидеме црна точка како што не претставуваа. Оние кои се социјални случаи ќе плаќаат на рати. Останатите плаќаат како и сите во државата, ќе користат поволности што важат за сите, вели Шаини.

Според него, во Слупчане има над 60 проценти жители кои плаќаат сметки.

Мрежата во Слупчане не е реконструирана повеќе од 20 години од конфликтот 2001.

The post ЕВН средува во Слупчане: Претходно било бурно оти луѓето од селото „само сакале да знаат што ќе прави компанијата“ appeared first on Република.

]]>

Екипите на електродистрибуција почнаа со работа во липковското село Слупчане. Во дел од селото веќе се заменети орманите. Договорено е корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати, кажаа претставниците од општината. Во однос на договорот со жителите од Слупчане од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе продолжат да важат и понатаму. Претседателот на советот на општина Липково, Зекрија Шаини вели дека активностите на терен течат согласно договорот.
Состојбата беше бурна и луѓето од селото сакаа да знаат што ЕВН ќе работи. Тие се приватна компанија и сакавме да знаеме што конкретно ќе работат како и за сите приватни компании. Половина од селото користат социјална помош и имавме барање долговите да се плаќаат на рати, што важи за сите граѓани во Македонија. ЕВН ќе треба да постави бандери до планот до каде што е селото, изјави Шаини.
Во однос на барањето да се плаќа по 3.000 без разлика на потрошувачката, тој кажа дека во тоа препукување преку медиумите со некои луѓе од ЕВН, дел од барањата на слупчанци биле нелогични.
Барањето не е логично, ќе се плаќа колку се троши и не сакаме да бидеме црна точка како што не претставуваа. Оние кои се социјални случаи ќе плаќаат на рати. Останатите плаќаат како и сите во државата, ќе користат поволности што важат за сите, вели Шаини.
Според него, во Слупчане има над 60 проценти жители кои плаќаат сметки. Мрежата во Слупчане не е реконструирана повеќе од 20 години од конфликтот 2001.

The post ЕВН средува во Слупчане: Претходно било бурно оти луѓето од селото „само сакале да знаат што ќе прави компанијата“ appeared first on Република.

]]>
Не сакаме да бидеме црна точка како што не претставуваа: Слупчанци дозволија екипите на ЕВН да си ја работат работата https://republika.mk/zivot/servisi/ne-sakame-da-bideme-tsrna-tochka-kako-shto-ne-pretstavuvaa-slupchantsi-dozvolija-ekipite-na-evn-da-si-ja-rabotat-rabotata/ Wed, 09 Aug 2023 11:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=670352

Екипите на електродистрибуција почнаа со работа во липковското село Слупчане. Во дел од селото веќе се заменети орманите. Договорено е корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати, кажаа претставниците од општината.

Во однос на договорот со жителите од Слупчане од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе продолжат да важат и понатаму.

Претседателот на советот на општина Липково, Зекрија Шаини вели дека активностите на терен течат согласно договорот.

Состојбата беше бурна и луѓето од селото сакаа да знаат што ЕВН ќе работи. Тие се приватна компанија и сакавме да знаеме што конкретно ќе работат како и за сите приватни компании. Половина од селото користат социјална помош и имавме барање долговите да се плаќаат на рати, што важи за сите граѓани во Македонија. ЕВН ќе треба да постави бандери до планот до каде што е селото - изјави Шаини.

Во однос на барањето да се плаќа по 3.000 без разлика на потрошувачката, тој кажа дека во тоа препукување преку медиумите со некои луѓе од ЕВН, дел од барањата на слупчанци биле нелогични.

Барањето не е логично, ќе се плаќа колку се троши и не сакаме да бидеме црна точка како што не претставуваа. Оние кои се социјални случаи ќе плаќаат на рати. Останатите плаќаат како и сите во државата, ќе користат поволности што важат за сите - вели Шаини, додавајќи дека во Слупчане има над 60 проценти жители кои плаќаат сметки.

Мрежата во Слупчане не е реконструирана повеќе од 20 години од конфликтот 2001

The post Не сакаме да бидеме црна точка како што не претставуваа: Слупчанци дозволија екипите на ЕВН да си ја работат работата appeared first on Република.

]]>

Екипите на електродистрибуција почнаа со работа во липковското село Слупчане. Во дел од селото веќе се заменети орманите. Договорено е корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати, кажаа претставниците од општината. Во однос на договорот со жителите од Слупчане од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе продолжат да важат и понатаму. Претседателот на советот на општина Липково, Зекрија Шаини вели дека активностите на терен течат согласно договорот.
Состојбата беше бурна и луѓето од селото сакаа да знаат што ЕВН ќе работи. Тие се приватна компанија и сакавме да знаеме што конкретно ќе работат како и за сите приватни компании. Половина од селото користат социјална помош и имавме барање долговите да се плаќаат на рати, што важи за сите граѓани во Македонија. ЕВН ќе треба да постави бандери до планот до каде што е селото - изјави Шаини.
Во однос на барањето да се плаќа по 3.000 без разлика на потрошувачката, тој кажа дека во тоа препукување преку медиумите со некои луѓе од ЕВН, дел од барањата на слупчанци биле нелогични.
Барањето не е логично, ќе се плаќа колку се троши и не сакаме да бидеме црна точка како што не претставуваа. Оние кои се социјални случаи ќе плаќаат на рати. Останатите плаќаат како и сите во државата, ќе користат поволности што важат за сите - вели Шаини, додавајќи дека во Слупчане има над 60 проценти жители кои плаќаат сметки.
Мрежата во Слупчане не е реконструирана повеќе од 20 години од конфликтот 2001

The post Не сакаме да бидеме црна точка како што не претставуваа: Слупчанци дозволија екипите на ЕВН да си ја работат работата appeared first on Република.

]]>
Каде бе македонски споменик на територија која е плен од војната во 2001, што би рекол Груби https://republika.mk/vesti/makedonija/kade-be-makedonski-soomenik-na-teritorija-koja-e-plen-od-vojnata-vo-2001-shto-bi-rekol-grubi/ Wed, 09 Aug 2023 09:06:26 +0000 https://republika.mk/?p=670259

Тоа е таа успешна децентрализација по која селата се помоќни од државата. Добро, некои села, не сите, коментира актерот Сашо Тасевски на изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска дека владата ќе испрати молба до Желино таму да се постави споменик на загинатите бранители од заседата во 2001 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mozhe-slupchane-imashe-za-uchk-drzhavata-ke-bara-dozvola-od-selo-za-spomenik-na-branitelite-kaj-karpalak/

Добро е само, додава Тасевски, што Славјанка нема ни намера да ги замоли од петни жили, туку она, молбата беше само за вчера, колку полесно да помине јубилејот од нивната смрт и да се одглуми патриотизам на мускули.

Село Слупчене го молеа да плати сметки за струја.
Сега Славјанка железната леди на НАТО го моли село Желино да дозволи да се направи споменик на загинатите македонски војници кај Карпалак, оти глупо е без дозвола од село Желино да поставиш споменик на Македонци кои загинале за Македонија.
Тоа е таа успешна децентрализација по која селата се помоќни од државата.
Добро, некои села, не сите.
Без молба со печат, заверена кај нотар, ништо не правиш као држава.
Добро е само што Славјанка нема ни намера да ги замоли од петни жили, туку она, молбата беше само за вчера, колку полесно да помине јубилејот од нивната смрт и да се одглуми патриотизам на мускули.
Споменик никогаш и нема да се изгради.
Каде бе македонски сооменик на територија која е плен од војната во 2001, што би рекол Груби.
Не оди тоа така. Молбата се одбива, вели тој.

The post Каде бе македонски споменик на територија која е плен од војната во 2001, што би рекол Груби appeared first on Република.

]]>

Тоа е таа успешна децентрализација по која селата се помоќни од државата. Добро, некои села, не сите, коментира актерот Сашо Тасевски на изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска дека владата ќе испрати молба до Желино таму да се постави споменик на загинатите бранители од заседата во 2001 година. https://republika.mk/vesti/makedonija/mozhe-slupchane-imashe-za-uchk-drzhavata-ke-bara-dozvola-od-selo-za-spomenik-na-branitelite-kaj-karpalak/ Добро е само, додава Тасевски, што Славјанка нема ни намера да ги замоли од петни жили, туку она, молбата беше само за вчера, колку полесно да помине јубилејот од нивната смрт и да се одглуми патриотизам на мускули.
Село Слупчене го молеа да плати сметки за струја. Сега Славјанка железната леди на НАТО го моли село Желино да дозволи да се направи споменик на загинатите македонски војници кај Карпалак, оти глупо е без дозвола од село Желино да поставиш споменик на Македонци кои загинале за Македонија. Тоа е таа успешна децентрализација по која селата се помоќни од државата. Добро, некои села, не сите. Без молба со печат, заверена кај нотар, ништо не правиш као држава. Добро е само што Славјанка нема ни намера да ги замоли од петни жили, туку она, молбата беше само за вчера, колку полесно да помине јубилејот од нивната смрт и да се одглуми патриотизам на мускули. Споменик никогаш и нема да се изгради. Каде бе македонски сооменик на територија која е плен од војната во 2001, што би рекол Груби. Не оди тоа така. Молбата се одбива, вели тој.

The post Каде бе македонски споменик на територија која е плен од војната во 2001, што би рекол Груби appeared first on Република.

]]>
Криумчар од Студеничани со 10 мигранти излетал од пат, па избегал од местото на несреќата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kriumchar-od-studenichani-so-10-migranti-izletal-od-pat-pa-izbegal-od-mestoto-na-nesrekata/ Wed, 09 Aug 2023 08:48:35 +0000 https://republika.mk/?p=670230

Полицијата од ОВР Неготино вчера во 20 часот пред влез во Неготино, на регионалниот пат Демир Капија - Неготино, го лишила од слобода дваесетгодишниот О.Р. од скопското село Студеничани, осомничен за кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, околу 15.15 часот на автопатот А1, на делницата Демир Капија - Неготино, во близина на место викано Острово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово забележале патничко возило „волво“ со скопски регистарски таблички од друго возило, кое излетало од патот, а возачот го напуштил местото.

Во близина на возилото биле пронајдени десет лица мигранти од Сирија. По преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и полициски службеници од ОВР Неготино, малку подоцна, возачот бил пронајден и лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, наведува МВР.

Министерството информира дека против О.Р. денеска ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Криумчар од Студеничани со 10 мигранти излетал од пат, па избегал од местото на несреќата appeared first on Република.

]]>

Полицијата од ОВР Неготино вчера во 20 часот пред влез во Неготино, на регионалниот пат Демир Капија - Неготино, го лишила од слобода дваесетгодишниот О.Р. од скопското село Студеничани, осомничен за кривично дело „криумчарење мигранти“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, околу 15.15 часот на автопатот А1, на делницата Демир Капија - Неготино, во близина на место викано Острово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово забележале патничко возило „волво“ со скопски регистарски таблички од друго возило, кое излетало од патот, а возачот го напуштил местото.
Во близина на возилото биле пронајдени десет лица мигранти од Сирија. По преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и полициски службеници од ОВР Неготино, малку подоцна, возачот бил пронајден и лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, наведува МВР.
Министерството информира дека против О.Р. денеска ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Криумчар од Студеничани со 10 мигранти излетал од пат, па избегал од местото на несреќата appeared first on Република.

]]>
Може Слупчане имаше за УЧК: Државата ќе бара дозвола од село за споменик на бранителите кај Карпалак https://republika.mk/vesti/makedonija/mozhe-slupchane-imashe-za-uchk-drzhavata-ke-bara-dozvola-od-selo-za-spomenik-na-branitelite-kaj-karpalak/ Tue, 08 Aug 2023 10:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=669945

Денеска со положување цвеќе и панихида пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје утрово беше оддадена почит кон десетте загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година.

Почит им оддадоа министерката Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на претставници на Владата, од кабинетот на Претседателот, Општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичките партии како и поголем број здруженија на бранителите како и граѓански организации.

На новинарско прашање дали Владата планира да направи некое достојно обележје, министерката рече дека ќе побара од Општина Желино дозвола Министерството да постави споменик.

Оваа изјава на министерката отвори неколку прашања. Дали слична довола има споменикот на УЧК во „струјаџикото“ село Слупчане и пак сличното обележје во општина Чаир.

Очекуваме одговор од Петровска?

The post Може Слупчане имаше за УЧК: Државата ќе бара дозвола од село за споменик на бранителите кај Карпалак appeared first on Република.

]]>

Денеска со положување цвеќе и панихида пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје утрово беше оддадена почит кон десетте загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година. Почит им оддадоа министерката Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на претставници на Владата, од кабинетот на Претседателот, Општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичките партии како и поголем број здруженија на бранителите како и граѓански организации. На новинарско прашање дали Владата планира да направи некое достојно обележје, министерката рече дека ќе побара од Општина Желино дозвола Министерството да постави споменик. Оваа изјава на министерката отвори неколку прашања. Дали слична довола има споменикот на УЧК во „струјаџикото“ село Слупчане и пак сличното обележје во општина Чаир. Очекуваме одговор од Петровска?

The post Може Слупчане имаше за УЧК: Државата ќе бара дозвола од село за споменик на бранителите кај Карпалак appeared first on Република.

]]>
Пожар над липковско Слупчане https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-nad-lipkovsko-slupchane/ Fri, 04 Aug 2023 18:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=668827

Нискостеблеста шума и сува трева гори над липковското село Слупчане, информираше Територијалната противпожарна единица Куманово.

На терен се две противпожарни возила и седум пожарникари.

И Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти за пожарот над Слупчане кој избувнал попладнево.

-Пожарот во Липковско е на линија Слупчане - Ваксинце во насока кон Алашевце. Линијата на огнот е подолга од 300 метеи. Во близина има  борова шума. Се прават напори да се спречи ширење во таа насока. Гори трева и грмушки, информкра ЦУК.

The post Пожар над липковско Слупчане appeared first on Република.

]]>

Нискостеблеста шума и сува трева гори над липковското село Слупчане, информираше Територијалната противпожарна единица Куманово. На терен се две противпожарни возила и седум пожарникари. И Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти за пожарот над Слупчане кој избувнал попладнево. -Пожарот во Липковско е на линија Слупчане - Ваксинце во насока кон Алашевце. Линијата на огнот е подолга од 300 метеи. Во близина има  борова шума. Се прават напори да се спречи ширење во таа насока. Гори трева и грмушки, информкра ЦУК.

The post Пожар над липковско Слупчане appeared first on Република.

]]>
Бектеши тврди дека не посредува меѓу Слупчане и ЕВН https://republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-tvrdi-deka-ne-posreduva-megu-slupchane-i-evn/ Fri, 04 Aug 2023 13:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=668743

Министерот за економија, Крешник Бектеши тврди дека тој и институцијата, но и Владата, не посредуваат помеѓу Слупчане и ЕВН. Според него, барањето на ВМРО-ДПМНЕ да тој да каже што е договорено и дали ќе се простуваат долгови на жителите е спин, а со ова се креираат и лажни вести. Не знае што се збори два дена меѓу слупчанци и ЕВН.

Демантирам дека претставници од Министерството за економија, некој од Владата или јас, учествува во преговори кои се водат меѓу ЕВН и претставници на Слупчане. Имајќи во предвид заложбите на Владата како институции кои ја следат енергетиката, ние даваме пораки во насока кон тоа да се намалат загубите кај државата. Но најверојатно, спиновите од опозициските партии, пренесуваат лажни вести кон граѓаните бидејќи прават споредба со села или регони, а кога ќе се отворат теми за кои тие треба да дадат одговор. А уште не се дадени одговорите дали општините кои се раководени од нивни кадри, се завршени извештаите за злоупотребите кои се прават таму во делот на електричната енергија, а се многу поголеми. Загубите на електрична енергија се многу помали од вредноста не белата палата во која ги креираат лажните вести“, кажа Крешник Бектеши.

Тој кажа дека се залага за правна држава, а сите граѓани да ги плаќаат обврските кои ги имаат.

Конкретни информации за тоа што е разговарано или договорено меѓу Слупчане или ЕВН – ние немаме. Ако имаат тие потреба да олесниме или помогнеме, ние сме тука, како и за сите граѓани со цел да го олесниме процесот. Би ги замолил и политичките партии и медиумите да не даваме лажни информации дека одредени места крадат или злоупотребуваат електрична енергија. Да ја гледаме големата слика на ниво на државата“, додаде Бектеши.

Слупачне двапати остана без струја оти не даваа екипите на ЕВН да влезат и да ја модернизираат мрежата оти таму има големи загуби според компанијата. Наместо слободен пристап до трафостаницата, вработените во компанијата тврдеа дека се соочуваа со вербални и физички напади.

The post Бектеши тврди дека не посредува меѓу Слупчане и ЕВН appeared first on Република.

Дали Владата на ДУИ на крајот ќе ги плати долговите за струја на слупчанци? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vladata-na-krajot-ke-gi-plati-dolgovite-za-struja-na-slupchantsi/ Fri, 04 Aug 2023 10:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=668652

Во име на демократијата и еднаквоста, Владата на ДУИ и министерот Бектеши, мора да соопштат што е договорено во Слупчане во однос на плаќањето сметки за струја?Дали владата којашто се вмеша во овој должничко доверителски спор, е гарант за жителите на Слупчане дека ќе добијат отпис на долговите, или гарант за ЕВН дека ќе ги наплатат парите?Дали владата е гарант дека во Слупчане ќе се добие гарантирана месечна наплата за струја, како што бараат од 3.000 денари без разлика колку се троши?,прашува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=IcEDT3HhyrU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Дали владата можеби ќе им ги плати долговите на слупчанци кон приватна фирма, бидејќи парите на крајот сепак ќе бидат наплатени?Дали владата ќе дозволи можеби повисока сметка на струја на државно ниво за да се покрие таа разлика?

Ова се реални прашања од граѓаните коишто повторно се ставени во подредена состојба, во позиција од втор ред.

Епска драма за почитување на закон, за плаќање сметки за струја!? Ова е брука!

Но, почитувани ова е и резултат на корупцијата, на криминалот, на претприемачкиот дух на младите со презиме Ахмети или Груби, на рекламите на владата на сметките за струја!

И секако мора да се даде одговор на прашањето, зошто сега се случува овој проблем, ако се знае дека со само две неплатени сметки ЕВН гаси струјомер насекаде во Македонија? Како се дозволени толкави милионски долгови, а никој не преземал мерки?

Почитувани,

Одговорите на овие прашања се и одговори за зелената агенда, непостапувањето на ЈО за „Соравија“ и за аудито возено од Груби, за хотелот на Шапка, за локалот во Скопје! И секако одговор за наводните оставки и отворањето на Уставот како единствена пречка кон ЕУ!

Почитувани,

Само избори и ослободени институции се спасот!

The post Дали Владата на ДУИ на крајот ќе ги плати долговите за струја на слупчанци? appeared first on Република.

]]>

Во име на демократијата и еднаквоста, Владата на ДУИ и министерот Бектеши, мора да соопштат што е договорено во Слупчане во однос на плаќањето сметки за струја?Дали владата којашто се вмеша во овој должничко доверителски спор, е гарант за жителите на Слупчане дека ќе добијат отпис на долговите, или гарант за ЕВН дека ќе ги наплатат парите?Дали владата е гарант дека во Слупчане ќе се добие гарантирана месечна наплата за струја, како што бараат од 3.000 денари без разлика колку се троши?,прашува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/watch?v=IcEDT3HhyrU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Дали владата можеби ќе им ги плати долговите на слупчанци кон приватна фирма, бидејќи парите на крајот сепак ќе бидат наплатени?Дали владата ќе дозволи можеби повисока сметка на струја на државно ниво за да се покрие таа разлика?
  Ова се реални прашања од граѓаните коишто повторно се ставени во подредена состојба, во позиција од втор ред. Епска драма за почитување на закон, за плаќање сметки за струја!? Ова е брука! Но, почитувани ова е и резултат на корупцијата, на криминалот, на претприемачкиот дух на младите со презиме Ахмети или Груби, на рекламите на владата на сметките за струја! И секако мора да се даде одговор на прашањето, зошто сега се случува овој проблем, ако се знае дека со само две неплатени сметки ЕВН гаси струјомер насекаде во Македонија? Како се дозволени толкави милионски долгови, а никој не преземал мерки? Почитувани, Одговорите на овие прашања се и одговори за зелената агенда, непостапувањето на ЈО за „Соравија“ и за аудито возено од Груби, за хотелот на Шапка, за локалот во Скопје! И секако одговор за наводните оставки и отворањето на Уставот како единствена пречка кон ЕУ! Почитувани, Само избори и ослободени институции се спасот!

The post Дали Владата на ДУИ на крајот ќе ги плати долговите за струја на слупчанци? appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Дали и во Вевчани треба да ги кренат во воздух трансформаторите за да привлечат внимание? https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dali-i-vo-vevchani-treba-da-gi-krenat-vo-vozduh-transformatorite-za-da-privlechat-vnimanie/ Fri, 28 Jul 2023 12:25:45 +0000 https://republika.mk/?p=666293

Цела Влада е вклучена во преговори со едно село во североисточна Македонија да ги убеди граѓаните да плаќаат сметки за струја, нешто што по природа треба да го прават, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Вевчани, зборувајќи за блокадите во Слупчане.

Еве да речеме овде во Вевчани има 2.500 жители, натплатата за електрична енергија е повеќе од 90 отсто, претпоставувам исто е и за даноците. Е сега прашувам, зошто овие граѓани да бидат од втор ред, дали треба да ги кренат во воздух трансформаторите за да привлечат внимание? Не смее да има привилегирани, не смее во Слупчане луѓето да се привилегирани, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Дали и во Вевчани треба да ги кренат во воздух трансформаторите за да привлечат внимание? appeared first on Република.

Ковачевски: Слупчанци се домаќини луѓе https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-slupchantsi-se-domakini-luge/ Fri, 28 Jul 2023 11:23:18 +0000 https://republika.mk/?p=666270

Според премиерот Димитар Ковачевски смета не организирале бунт против ЕВН сите жители на селото Слупчане или околните села, туку тоа биле само поединци и кај нив треба да се идентификува одговорност за спречувањето на работата на компанијата која врши јавна услуга.

Бидејќи работниците од ЕВН бараа гаранција за да можат да влезат, за одредени лица да не ги спречуваат, локалната самоуправа им ги даде тие гаранции. МВР непречено ја одвива својата работа на територија на општина Липково и веќе се работи на терен. Селото има голем број домаќини луѓе. Кога ќе одите на Зелен Пазар или Бит Пазар, вие нема да најдете производ од Аеродром, Центар или од Карпош. Производите доминантно доаѓаат од рурални средини, домаќините си ја плаќаат струјата, но има поединци кои сакаат да злоупотребат повеќе луѓе за свои цели. Тоа нема да го дозволиме, рече Ковачевски по денешното ставање камен-темелник на новата полициска станица во Аеродром.

При првите нереди предизвикани од жителите на Слупчане ова лето, од Електродистрибуција потенцираа дека кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/evn-krazhbata-na-struja-vo-slupchane-e-80-a-naplatata-samo-20-protsenti/

The post Ковачевски: Слупчанци се домаќини луѓе appeared first on Република.

]]>

Според премиерот Димитар Ковачевски смета не организирале бунт против ЕВН сите жители на селото Слупчане или околните села, туку тоа биле само поединци и кај нив треба да се идентификува одговорност за спречувањето на работата на компанијата која врши јавна услуга.
Бидејќи работниците од ЕВН бараа гаранција за да можат да влезат, за одредени лица да не ги спречуваат, локалната самоуправа им ги даде тие гаранции. МВР непречено ја одвива својата работа на територија на општина Липково и веќе се работи на терен. Селото има голем број домаќини луѓе. Кога ќе одите на Зелен Пазар или Бит Пазар, вие нема да најдете производ од Аеродром, Центар или од Карпош. Производите доминантно доаѓаат од рурални средини, домаќините си ја плаќаат струјата, но има поединци кои сакаат да злоупотребат повеќе луѓе за свои цели. Тоа нема да го дозволиме, рече Ковачевски по денешното ставање камен-темелник на новата полициска станица во Аеродром.
При првите нереди предизвикани од жителите на Слупчане ова лето, од Електродистрибуција потенцираа дека кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти. https://republika.mk/vesti/ekonomija/evn-krazhbata-na-struja-vo-slupchane-e-80-a-naplatata-samo-20-protsenti/

The post Ковачевски: Слупчанци се домаќини луѓе appeared first on Република.

]]>
Митровски: Ќе чуеме ли еден интелектуалец Албанец да излезе со јасна и остра осуда на племенското однесување на Слупчанци?! https://republika.mk/vesti/makedonija/mitrovski-ke-chueme-li-eden-intelektualets-albanets-da-izleze-so-jasna-i-ostra-osuda-na-plemenskoto-odnesuvane-na-slupchantsi/ Fri, 28 Jul 2023 07:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=666158

Ќе чуеме ли еден политичар од ДУИ, Беса, Алтернатива, АА, некој интелектуалец Албанец да излезе со јасна и остра осуда на племенското однесување на Слупчанци?!, прашува адвокатот Јанаки Митровски.

Валда не се луди Албанците во Карпош, Нерези, Сарај што плаќаат струја?
Каде го има ова уште барања си пуштаат максимум 3.000, па дај и за мене нека важи, зарем не !
Да не ги пресметува ЕВН загубите на нас будалите што плаќаме не би ми чуело ама јас да плаќам за некои силеџии, што е многу многу е!!!
Се нашло па се зашто уста полна права ама неми кога збориме за обврски!!!!, вели тој.

The post Митровски: Ќе чуеме ли еден интелектуалец Албанец да излезе со јасна и остра осуда на племенското однесување на Слупчанци?! appeared first on Република.

]]>

Ќе чуеме ли еден политичар од ДУИ, Беса, Алтернатива, АА, некој интелектуалец Албанец да излезе со јасна и остра осуда на племенското однесување на Слупчанци?!, прашува адвокатот Јанаки Митровски.
Валда не се луди Албанците во Карпош, Нерези, Сарај што плаќаат струја? Каде го има ова уште барања си пуштаат максимум 3.000, па дај и за мене нека важи, зарем не ! Да не ги пресметува ЕВН загубите на нас будалите што плаќаме не би ми чуело ама јас да плаќам за некои силеџии, што е многу многу е!!! Се нашло па се зашто уста полна права ама неми кога збориме за обврски!!!!, вели тој.

The post Митровски: Ќе чуеме ли еден интелектуалец Албанец да излезе со јасна и остра осуда на племенското однесување на Слупчанци?! appeared first on Република.

]]>
Божиновски: ЕВН влегува во Слупчане, добиле гаранции за безбедноста од политички партии и општината…Слупчане е во Македонија или на партиска почва? https://republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovski-evn-vleguva-vo-slupchane-dobile-garantsii-za-bezbednosta-od-politichki-partii-i-opshtinata-slupchane-e-vo-makedonija-ili-na-partiska-pochva/ Thu, 27 Jul 2023 18:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=666039

ЕВН влегува во Слупчане, добиле гаранции за безбедноста од политички партии и општината, пишува на фејсбук Божидар Божиновски.

Како гаранции од партии? Слупчане е во Македонија или на партиска почва? И многу битно, кај е премиерчето во цело ова? Трет ден не можат институциите да влезат и се спречени во работа тој збор нема кажано.

The post Божиновски: ЕВН влегува во Слупчане, добиле гаранции за безбедноста од политички партии и општината…Слупчане е во Македонија или на партиска почва? appeared first on Република.

Тензично во Куманово: Група на револтирани граѓани од Оризари насилно влегла во просториите на ЕВН https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tenzichno-vo-kumanovo-grupa-na-revoltirani-gragani-od-orizari-nasilno-vlegla-vo-prostoriite-na-evn/ Thu, 27 Jul 2023 10:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=665863

Откако група жители на липковското село Оризаре, влегоа во објектот на КЕЦ Куманово, вработените ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа, информираа денеска од ЕВН. Од компанијата велат корисничко енерго центар на ЕВН Куманово нема да работи сè додека не се создадат услови за нормално одвивање на работата.

Инаку, како што претходно информираа од ЕВН, жителите на Оризаре немаат струја, откако жителите од нивното соседно село Слупчане бесправно манипулираа со трафостаниците, оставајќи го нивното и соседните села без струја.

Утрово, ЕВН информираше дека селото Слупчане и Оризари (општина Липково) се сè уште без напојување со електрична енергија. Останатите дефекти беа надминати. Од компанијата велат дека сè додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

Од Министерството за економија ги повика граѓаните во државата редовно да си ги намируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.

The post Тензично во Куманово: Група на револтирани граѓани од Оризари насилно влегла во просториите на ЕВН appeared first on Република.

]]>

Откако група жители на липковското село Оризаре, влегоа во објектот на КЕЦ Куманово, вработените ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа, информираа денеска од ЕВН. Од компанијата велат корисничко енерго центар на ЕВН Куманово нема да работи сè додека не се создадат услови за нормално одвивање на работата. Инаку, како што претходно информираа од ЕВН, жителите на Оризаре немаат струја, откако жителите од нивното соседно село Слупчане бесправно манипулираа со трафостаниците, оставајќи го нивното и соседните села без струја. Утрово, ЕВН информираше дека селото Слупчане и Оризари (општина Липково) се сè уште без напојување со електрична енергија. Останатите дефекти беа надминати. Од компанијата велат дека сè додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села. Од Министерството за економија ги повика граѓаните во државата редовно да си ги намируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.

The post Тензично во Куманово: Група на револтирани граѓани од Оризари насилно влегла во просториите на ЕВН appeared first on Република.

]]>
Бектеши по блокадите во Слупчане: Граѓаните треба да плаќаат струја колку што потрошиле https://republika.mk/vesti/bekteshi-po-blokadite-vo-slupchane-graganite-treba-da-plakaat-struja-kolku-shto-potroshile/ Thu, 27 Jul 2023 09:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=665803

Министерството за економија ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.

По блокадите на граѓаните од Слупчане кои повторно не дозволуваа екипите од ЕВН да влезат во селото и создадоа нови дефекти во мрежата, министерот Бектеши вели дека секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати.

Повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија, вели министерот.

Ги повика надлежните институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија.

The post Бектеши по блокадите во Слупчане: Граѓаните треба да плаќаат струја колку што потрошиле appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании. По блокадите на граѓаните од Слупчане кои повторно не дозволуваа екипите од ЕВН да влезат во селото и создадоа нови дефекти во мрежата, министерот Бектеши вели дека секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати. Повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија, вели министерот. Ги повика надлежните институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија.

The post Бектеши по блокадите во Слупчане: Граѓаните треба да плаќаат струја колку што потрошиле appeared first on Република.

]]>
Министерство за економија: Надлежните да го решат проблемот со снабдувањето на струја за Слупчане https://republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvo-za-ekonomija-nadlezhnite-da-go-reshat-problemot-so-snabduvaneto-na-struja-za-slupchane/ Thu, 27 Jul 2023 09:16:27 +0000 https://republika.mk/?p=665799

Министерството за економија ги повика сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-odgovara-li-nekoj-shto-granichen-premin-ostana-bez-struja-evn-ne-planira-da-vleguva-vo-slupchane-dodeka-ne-e-sigurno/

Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил. Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија. Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија. Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија, велат од Министерството.

The post Министерство за економија: Надлежните да го решат проблемот со снабдувањето на струја за Слупчане appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија ги повика сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании. https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-odgovara-li-nekoj-shto-granichen-premin-ostana-bez-struja-evn-ne-planira-da-vleguva-vo-slupchane-dodeka-ne-e-sigurno/
Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил. Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија. Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија. Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија, велат од Министерството.

The post Министерство за економија: Надлежните да го решат проблемот со снабдувањето на струја за Слупчане appeared first on Република.

]]>
Ќе одговара ли некој што граничен премин остана без струја? ЕВН не планира да влегува во Слупчане додека не е сигурно https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-odgovara-li-nekoj-shto-granichen-premin-ostana-bez-struja-evn-ne-planira-da-vleguva-vo-slupchane-dodeka-ne-e-sigurno/ Thu, 27 Jul 2023 08:48:58 +0000 https://republika.mk/?p=665783

Селата Слупчане и Оризари во општина Липково се уште се без напојување со електрична енергија, соопштија денеска од ЕВН. Од компанијата велат дека се додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

Како што велат, екипите на Електродистрибуција работеа цела ноќ на санација на дефекти при што е нормализирано снабдувањето со електрична енергија на селата Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави без струја селата Матејче, Виштица и Никуштак. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села. Дефектот на граничниот премин Табановце беше саниран вчера за кратко време, велат од компанијата.

Вчера жителите на Слупчане го блокираа патот во селото и не им дозволија на екипите на ЕВН да работат на мрежата.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/slupchantsi-podnesoa-13-apsurdni-barana-do-evn-ke-troshime-kolku-sakame-ke-plakame-do-3-000-denari/

ЕВН до медиумите ги испрати и барањата на жителите на ова село во кое тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата, изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи. Според податоците на компанијата загубите во Слупчане се 80 проценти а наплатата е 20 отсто.

Засега нема никаква реакција од властите што анархијата во Слупчане доведе до тоа не само околните села да немаат струја, туку и да се оневозможи работата на граничен премин во време на висока сезона.

The post Ќе одговара ли некој што граничен премин остана без струја? ЕВН не планира да влегува во Слупчане додека не е сигурно appeared first on Република.

]]>

Селата Слупчане и Оризари во општина Липково се уште се без напојување со електрична енергија, соопштија денеска од ЕВН. Од компанијата велат дека се додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села. Како што велат, екипите на Електродистрибуција работеа цела ноќ на санација на дефекти при што е нормализирано снабдувањето со електрична енергија на селата Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.
Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави без струја селата Матејче, Виштица и Никуштак. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села. Дефектот на граничниот премин Табановце беше саниран вчера за кратко време, велат од компанијата.
Вчера жителите на Слупчане го блокираа патот во селото и не им дозволија на екипите на ЕВН да работат на мрежата. https://republika.mk/vesti/ekonomija/slupchantsi-podnesoa-13-apsurdni-barana-do-evn-ke-troshime-kolku-sakame-ke-plakame-do-3-000-denari/ ЕВН до медиумите ги испрати и барањата на жителите на ова село во кое тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата, изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи. Според податоците на компанијата загубите во Слупчане се 80 проценти а наплатата е 20 отсто. Засега нема никаква реакција од властите што анархијата во Слупчане доведе до тоа не само околните села да немаат струја, туку и да се оневозможи работата на граничен премин во време на висока сезона.

The post Ќе одговара ли некој што граничен премин остана без струја? ЕВН не планира да влегува во Слупчане додека не е сигурно appeared first on Република.

]]>
Слупчане и Оризари се се уште без струја: ЕВН бара да им се гарантира безбедноста за да работат https://republika.mk/vesti/ekonomija/slupchane-i-orizari-se-se-ushte-bez-struja-evn-bara-da-im-se-garantira-bezbednosta-za-da-rabotat/ Thu, 27 Jul 2023 07:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=665738

Селото Слупчане и Оризари се се’ уште без напојување, по дефектот предизвикан од мештаните по упад во мрежата.

Од ЕВН велат дека се’ додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

Екипите на Електродистрибуција работеа цела ноќ на санација на дефекти. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија на селата: Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави селата Матејче, Виштица и Никуштак. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села.

Дефектот на граничниот премин „Табановце” беше саниран вчера за кратко време.

The post Слупчане и Оризари се се уште без струја: ЕВН бара да им се гарантира безбедноста за да работат appeared first on Република.

]]>

Селото Слупчане и Оризари се се’ уште без напојување, по дефектот предизвикан од мештаните по упад во мрежата. Од ЕВН велат дека се’ додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села. Екипите на Електродистрибуција работеа цела ноќ на санација на дефекти. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија на селата: Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце. Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави селата Матејче, Виштица и Никуштак. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села. Дефектот на граничниот премин „Табановце” беше саниран вчера за кратко време.

The post Слупчане и Оризари се се уште без струја: ЕВН бара да им се гарантира безбедноста за да работат appeared first on Република.

]]>
Жителите на Слупчане пак чепкале во струјата – на граничарите на Табановце им се стемни https://republika.mk/vesti/ekonomija/zhitelite-na-slupchane-pak-chepkale-vo-strujata-na-granicharite-na-tabanovtse-im-se-stemni/ Wed, 26 Jul 2023 19:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=665688

Продолжува револтот и противправните активности на жителите на селото Слупчане, па проблемот со електричната енергија отишол дотаму што слупчанци предизвикале нов дефект во инсталацијата и без снабдување вечерва го оставиле граничниот премин „Табановце“, дознава Плусинфо од извори во ЕВН.

Како што објави порталот, прекинот на електрична енергија траел само неколку минути.

„Само пред неколку десетина минути повторно извршиле манипулации во мрежата и предизвикале дополнителен дефект поради што без снабдување остана граничниот премин ‘Табановце’. Снабдувањето на граничниот премин со електрична енергија сега е нормализирано“, соопшти ЕВН.

Претходно, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја.

Кумановското село Слупчане и другите околни села Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце сѐ уште се соочуваат со прекини во снабдувањето поради сериозниот дефект, потврдија од ЕВН Македонија.

Ова е втор пат дефект од ваков обем во Слупчане да предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија во околните села. Пред околу 3 недели, одредени лица безуспешно се обиделе да го вратат напојувањето на селото, кога нелегално влегле и упаднале во среднонапонски енергетски објект. Се покажа дека ова е дефект кој освен Слупчане, остана без струја и други села.

The post Жителите на Слупчане пак чепкале во струјата – на граничарите на Табановце им се стемни appeared first on Република.

]]>

Продолжува револтот и противправните активности на жителите на селото Слупчане, па проблемот со електричната енергија отишол дотаму што слупчанци предизвикале нов дефект во инсталацијата и без снабдување вечерва го оставиле граничниот премин „Табановце“, дознава Плусинфо од извори во ЕВН. Како што објави порталот, прекинот на електрична енергија траел само неколку минути.
„Само пред неколку десетина минути повторно извршиле манипулации во мрежата и предизвикале дополнителен дефект поради што без снабдување остана граничниот премин ‘Табановце’. Снабдувањето на граничниот премин со електрична енергија сега е нормализирано“, соопшти ЕВН.
Претходно, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја. Кумановското село Слупчане и другите околни села Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце сѐ уште се соочуваат со прекини во снабдувањето поради сериозниот дефект, потврдија од ЕВН Македонија. Ова е втор пат дефект од ваков обем во Слупчане да предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија во околните села. Пред околу 3 недели, одредени лица безуспешно се обиделе да го вратат напојувањето на селото, кога нелегално влегле и упаднале во среднонапонски енергетски објект. Се покажа дека ова е дефект кој освен Слупчане, остана без струја и други села.

The post Жителите на Слупчане пак чепкале во струјата – на граничарите на Табановце им се стемни appeared first on Република.

]]>
Од Слупчане бараат да им се простат долговите и да не добиваат сметка над 3.000, без разлика колку струја ќе потрошат https://republika.mk/vesti/makedonija/od-slupchane-baraat-da-im-se-prostat-dolgovite-i-da-ne-dobivaat-smetka-nad-3-000-bez-razlika-kolku-struja-ke-potroshat/ Wed, 26 Jul 2023 13:06:44 +0000 https://republika.mk/?p=665569

Жителите на липковско Слупчане повторно не им дозволиле на екипите на ЕВН да работат на мрежата, соопштија денеска од ЕВН. Оттаму велат дека продолжува отпорот на мештаните од Слупчане кои денеска на екипите на ЕВН не им дозволиле да работат. На терен била присутна и полицијата

ЕВН до медиумите ги испрати и барањата на жителите на ова село во кое тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи.

Пред околу три недели мештаните ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи. Загубите во Слупчане се 80 проценти а наплатата е 20 отсто, велат од ЕВН.

The post Од Слупчане бараат да им се простат долговите и да не добиваат сметка над 3.000, без разлика колку струја ќе потрошат appeared first on Република.

]]>

Жителите на липковско Слупчане повторно не им дозволиле на екипите на ЕВН да работат на мрежата, соопштија денеска од ЕВН. Оттаму велат дека продолжува отпорот на мештаните од Слупчане кои денеска на екипите на ЕВН не им дозволиле да работат. На терен била присутна и полицијата ЕВН до медиумите ги испрати и барањата на жителите на ова село во кое тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи.
Пред околу три недели мештаните ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи. Загубите во Слупчане се 80 проценти а наплатата е 20 отсто, велат од ЕВН.

The post Од Слупчане бараат да им се простат долговите и да не добиваат сметка над 3.000, без разлика колку струја ќе потрошат appeared first on Република.

]]>
Жителите на липковско Слупчане повторно не им дозволија на екипите на ЕВН да влезат во селото https://republika.mk/vesti/zhitelite-na-lipkovsko-slupchane-povtorno-ne-im-dozvolija-na-ekipite-na-evn-da-vlezat-vo-seloto/ Wed, 26 Jul 2023 12:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=665545

ителите на липковско Слупчане повторно не им дозволиле на екипите на ЕВН да работат на мрежата, соопштија денеска од ЕВН. Оттаму велат дека продолжува отпорот на мештаните од Слупчане кои денеска на екипите на ЕВН не им дозволиле да работат. На терен била присутна и полицијата

ЕВН до медиумите ги испрати и барањата на жителите на ова село во кое тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи.

Пред околу три недели мештаните ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи. Загубите во Слупчане се 80 проценти а наплатата е 20 отсто, велат од ЕВН.

The post Жителите на липковско Слупчане повторно не им дозволија на екипите на ЕВН да влезат во селото appeared first on Република.

]]>

ителите на липковско Слупчане повторно не им дозволиле на екипите на ЕВН да работат на мрежата, соопштија денеска од ЕВН. Оттаму велат дека продолжува отпорот на мештаните од Слупчане кои денеска на екипите на ЕВН не им дозволиле да работат. На терен била присутна и полицијата ЕВН до медиумите ги испрати и барањата на жителите на ова село во кое тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи.