Сите сме птици Archives - Република https://republika.mk/tema/site-sme-ptici/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 09:54:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сите сме птици Archives - Република https://republika.mk/tema/site-sme-ptici/ 32 32 „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“ за 79. роденден на МНТ, парите од билетите за лекување на Леонид Индов https://republika.mk/vesti/kultura/siljan-shtrkot-shantsa-i-site-sme-ptitsi-za-79-rodenden-na-mnt-parite-od-biletite-za-lekuvane-na-leonid-indov-2/ Mon, 25 Mar 2024 09:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=758470

На 3 април Македонскиот народен театар (МНТ) го слави 79. роденден, а од националниот театар соопштија дека одбележувањето ќе има хуманитарна цел.

На репертоарот на МНТ на 3 април во 12 часот ќе се игра „Силјан Штркот Шанца“ на Дејан Дуковски, а во режија Срѓан Јанаќијевиќ. Во вечерниот термин во 20 часот е „Сите сме птици“ на Важди Муавад, во режија на Слободан Унковски.

Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на 18-годишниот Леонид Индов, кој моментално е во Вина, Австрија.

Истиот ден во фоајето на театарот ќе биде претставена документарна изложба „Миг кој трае“, на која низ оригинални фотографии и предмети ќе бидат претставени дел од досега изиграните претстави од 1945 година до денес. Изложбата е отворена за публиката.

The post „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“ за 79. роденден на МНТ, парите од билетите за лекување на Леонид Индов appeared first on Република.

]]>

На 3 април Македонскиот народен театар (МНТ) го слави 79. роденден, а од националниот театар соопштија дека одбележувањето ќе има хуманитарна цел. На репертоарот на МНТ на 3 април во 12 часот ќе се игра „Силјан Штркот Шанца“ на Дејан Дуковски, а во режија Срѓан Јанаќијевиќ. Во вечерниот термин во 20 часот е „Сите сме птици“ на Важди Муавад, во режија на Слободан Унковски. Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на 18-годишниот Леонид Индов, кој моментално е во Вина, Австрија. Истиот ден во фоајето на театарот ќе биде претставена документарна изложба „Миг кој трае“, на која низ оригинални фотографии и предмети ќе бидат претставени дел од досега изиграните претстави од 1945 година до денес. Изложбата е отворена за публиката.

The post „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“ за 79. роденден на МНТ, парите од билетите за лекување на Леонид Индов appeared first on Република.

]]>
Долг аплауз и стоечки овации за „Сите сме птици“ на Слободан Унковски во МНТ https://republika.mk/vesti/kultura/dolg-aplauz-i-stoechki-ovacii-za-site-sme-ptici-na-slobodan-unkovski-vo-mnt/ Sun, 18 Dec 2022 16:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=587254

Со долг аплауз и стоечки овации публиката во полниот салон на Македонскиот народен театар (МНТ) ја награди премиерата на претставата „Сите сме птици“ на реномираниот режисер Слободан Унковски која се одржа во саботата.

Актери, режисери, театарски работници, лица од јавниот живот присустуваа на театарскиот настан на годината.

Унковски се врати во МНТ по пауза од девет години со текст на оригиналниот и современ автор од либанско-канадско потекло Муавад, кој го истражува идентитетот за тоа кои сме или мислиме дека сме.

„Сите сме птици“ е прекрасна љубовна приказна за судбоносната средба меѓу момче и девојка во читалната на една библиотека во Њујорк. Но, момчето (Дамјан Цветановски) е Евреин, а девојката (Сара Климоска) е Арапка .

Ова е драма за момче кое тргнува на патување за да го реши сомнежот за потеклото на неговиот татко. Но и драма за девојка која си ја најде татковината која со години се обидувала да ја заборави.

Ова е претстава за етикетите што нè одредуваат кои сме и што сме уште пред да ја добиеме потребата за нешто ново и поинакво, вели актерот Дамјан Цветановски, кој го толкува ликот на Еитан.

Во драмата, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сето она што го знаат за својот идентитет. Поради терористичкиот напад во Ерусалим младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан паѓа во кома, додека неговата девојка Вахида е оставена да ја открие неговата семејна тајна…

Претставата „Сите сме птици“ е приказна за една битка помеѓу идентитетот на групата и искрената потреба за индивидуалност.

Во претставата покрај Цветановски уште играат и Сара Климоска – Вахида, Тина Трпкоска – Еден, Звездана Ангеловска – Леа, Николина Кујача – Нора, Емил Рубен – Етгар, Никола Ристановски – Давид, Петре Арсовски – Вазан, Сашка Димитровска – Болничарка, Драгана Костадиновска – Лекарка.

Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска, а драматург е Јелена Мијовиќ.

Сценографијата на претставата е на Бранко Хојник, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска и композитор е Ирена Поповиќ-Драговиќ.

Следните изведби се закажани на 20 и 21 декември и на 30 и 31 јануари.

фото: Македонски народен театар

The post Долг аплауз и стоечки овации за „Сите сме птици“ на Слободан Унковски во МНТ appeared first on Република.

]]>

Со долг аплауз и стоечки овации публиката во полниот салон на Македонскиот народен театар (МНТ) ја награди премиерата на претставата „Сите сме птици“ на реномираниот режисер Слободан Унковски која се одржа во саботата. Актери, режисери, театарски работници, лица од јавниот живот присустуваа на театарскиот настан на годината. Унковски се врати во МНТ по пауза од девет години со текст на оригиналниот и современ автор од либанско-канадско потекло Муавад, кој го истражува идентитетот за тоа кои сме или мислиме дека сме. „Сите сме птици“ е прекрасна љубовна приказна за судбоносната средба меѓу момче и девојка во читалната на една библиотека во Њујорк. Но, момчето (Дамјан Цветановски) е Евреин, а девојката (Сара Климоска) е Арапка . Ова е драма за момче кое тргнува на патување за да го реши сомнежот за потеклото на неговиот татко. Но и драма за девојка која си ја најде татковината која со години се обидувала да ја заборави.
Ова е претстава за етикетите што нè одредуваат кои сме и што сме уште пред да ја добиеме потребата за нешто ново и поинакво, вели актерот Дамјан Цветановски, кој го толкува ликот на Еитан.
Во драмата, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сето она што го знаат за својот идентитет. Поради терористичкиот напад во Ерусалим младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан паѓа во кома, додека неговата девојка Вахида е оставена да ја открие неговата семејна тајна… Претставата „Сите сме птици“ е приказна за една битка помеѓу идентитетот на групата и искрената потреба за индивидуалност. Во претставата покрај Цветановски уште играат и Сара Климоска – Вахида, Тина Трпкоска – Еден, Звездана Ангеловска – Леа, Николина Кујача – Нора, Емил Рубен – Етгар, Никола Ристановски – Давид, Петре Арсовски – Вазан, Сашка Димитровска – Болничарка, Драгана Костадиновска – Лекарка. Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска, а драматург е Јелена Мијовиќ. Сценографијата на претставата е на Бранко Хојник, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска и композитор е Ирена Поповиќ-Драговиќ. Следните изведби се закажани на 20 и 21 декември и на 30 и 31 јануари. фото: Македонски народен театар

The post Долг аплауз и стоечки овации за „Сите сме птици“ на Слободан Унковски во МНТ appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Сите сме птици“ на Слободан Унковски во МНТ https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-site-sme-ptici-na-slobodan-unkovski-vo-mnt/ Sat, 17 Dec 2022 08:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=586753

Премиерната изведба на претставата „Сите сме птици“, по текст на Важди Муавад, а во режија на Слободан Унковски ќе се одржи вечерва во 20 часот на големата сцена во Македонскиот народен театар (МНТ).

Унковски се враќа во МНТ по пауза од девет години со текст на оригиналниот и современ автор од либанско-канадско потекло Муавад, кој го истражува идентитетот за тоа кои сме или мислиме дека сме. Оваа моќна современа драма спојува повеќе јазици и различни светови на искуства.

Ова е претстава за етикетите што нè одредуваат кои сме и што сме уште пред да ја добиеме потребата за нешто ново и поинакво, вели актерот Дамјан Цветановски, кој го толкува ликот на Еитан.

Во драмата, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сето она што го знаат за својот идентитет. Поради терористичкиот напад во Ерусалим младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан паѓа во кома, додека неговата девојка Вахида (Американка со арапско потекло) е оставена да ја открие неговата семејна тајна…

Претставата „Сите сме птици“ е приказна за една битка помеѓу идентитетот на групата и искрената потреба за индивидуалност.

Ова е претстава за меѓуетничка толеранција и недостатокот на истата, додава Цветановски (28) кој ја толкува главната улога.

Во претставата покрај Цветановски уште играат и Сара Климоска – Вахида, Тина Трпкоска – Еден, Звездана Ангеловска – Леа, Николина Кујача – Нора, Емил Рубен – Етгар, Никола Ристановски – Давид, Петре Арсовски – Вазан, Сашка Димитровска – Болничарка, Драгана Костадиновска – Лекарка.

Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска, а драматург е Јелена Мијовиќ.

Сценографијата на претставата е на Бранко Хојник, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска и композитор е Ирена Поповиќ-Драговиќ.

Следните изведби се закажани на 20 и 21 декември и на 30 и 31 јануари.

The post Премиера на „Сите сме птици“ на Слободан Унковски во МНТ appeared first on Република.

]]>

Премиерната изведба на претставата „Сите сме птици“, по текст на Важди Муавад, а во режија на Слободан Унковски ќе се одржи вечерва во 20 часот на големата сцена во Македонскиот народен театар (МНТ). Унковски се враќа во МНТ по пауза од девет години со текст на оригиналниот и современ автор од либанско-канадско потекло Муавад, кој го истражува идентитетот за тоа кои сме или мислиме дека сме. Оваа моќна современа драма спојува повеќе јазици и различни светови на искуства.
Ова е претстава за етикетите што нè одредуваат кои сме и што сме уште пред да ја добиеме потребата за нешто ново и поинакво, вели актерот Дамјан Цветановски, кој го толкува ликот на Еитан.
Во драмата, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сето она што го знаат за својот идентитет. Поради терористичкиот напад во Ерусалим младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан паѓа во кома, додека неговата девојка Вахида (Американка со арапско потекло) е оставена да ја открие неговата семејна тајна… Претставата „Сите сме птици“ е приказна за една битка помеѓу идентитетот на групата и искрената потреба за индивидуалност.
Ова е претстава за меѓуетничка толеранција и недостатокот на истата, додава Цветановски (28) кој ја толкува главната улога.
Во претставата покрај Цветановски уште играат и Сара Климоска – Вахида, Тина Трпкоска – Еден, Звездана Ангеловска – Леа, Николина Кујача – Нора, Емил Рубен – Етгар, Никола Ристановски – Давид, Петре Арсовски – Вазан, Сашка Димитровска – Болничарка, Драгана Костадиновска – Лекарка. Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска, а драматург е Јелена Мијовиќ. Сценографијата на претставата е на Бранко Хојник, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска и композитор е Ирена Поповиќ-Драговиќ. Следните изведби се закажани на 20 и 21 декември и на 30 и 31 јануари.

The post Премиера на „Сите сме птици“ на Слободан Унковски во МНТ appeared first on Република.

]]>
„Сите сме птици“ е претстава за етикетите што нè одредуваат кои сме уште пред да ја добиеме потребата за нешто ново и поинакво https://republika.mk/vesti/kultura/site-sme-ptici-e-pretstava-za-etiketite-shto-ne-odreduvaat-koi-sme-ushte-pred-da-ja-dobieme-potrebata-za-neshto-novo-i-poinakvo/ Fri, 16 Dec 2022 12:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=586438

Претставата „Сите сме птици“ е приказна за една битка помеѓу идентитетот на групата и искрената потреба за индивидуалност. Ова е претстава за меѓуетничка толеранција и недостатокот на истата, вели актерот Дамјан Цветановски (28) кој ја толкува главната улога во „Сите сме птици“ чија премиера е закажана за в сабота, 17 декември (20 часот), на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ).

Автор на текстот е либанско-канадскиот автор Важди Муавад, а режијата е на реномираниот Слободан Унковски, кој по пауза од девет години повторно режира во Националниот театар.

[caption id="attachment_586472" align="alignnone" width="2000"] Дамјан Цветановски и Сара Климовска[/caption]

Ова е претстава за етикетите што нè одредуваат кои сме и што сме уште пред да ја добиеме потребата за нешто ново и поинакво, вели Цветановски, кој го толкува ликот на Еитан.

Во драмата, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сето она што го знаат за својот идентитет. Поради терористичкиот напад во Ерусалим младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан паѓа во кома, додека неговата девојка Вахида (Американка со арапско потекло) е оставена да ја открие неговата семејна тајна…

Ликот на Еитан е младо момче од еврејска фамилија кој го посветува животот на изучување и истражување на генетиката. Момче кое сè во својот живот перцепира низ својата научна леќа, вистината за него е секогаш практична и аргументирана со факти. Но кога птиците на случајноста ќе го втурнат во еден поинаков свет, исполнет со магија, религија и љубов, тој мора да научи да го гледа животот на еден нов, поинаков начин, вели Цветановски.

[caption id="attachment_586474" align="alignnone" width="980"] Звездана Ангеловска, Емил Рубен, Дамјан Цветановски, Никола Ристановски и Николина Кујача во „Сите сме птици“[/caption]

Како завршува приказната и што има на тој пат?

Не би било фер да кажам како завршува таа приказна, но можам да кажам дека тој пат е исполнет со многу јаки ставови и чувства, неизбежно испреплетен со драмите и животните приказни на сите членови од фамилијата на Еитан, објаснува Цветановски.

Тој е дел од ансбамлот на Драмски театар, а во МНТ гостува по четврти пат, по „Разговор во четири очи“, „Галеб“ и „Еден месец на село“.

Овој пат радоста е поголема, бидејќи улогата е насловна, но и притисокот и одговорноста сразмерно се поголеми. Се надевам на успех и задоволна публика, вели Цветановски.

Го прашавме Цветановски дали секоја генерација го става товарот на следната и додава по уште еден камен за да биде потешко?

[caption id="attachment_586473" align="alignnone" width="700"] Сè што досега ми се случило во кариерата го чувствувам како последица на претходниот проект, вели Цветановски[/caption]

Мој личен став е дека секоја следна генерација има обврска да препознае што од тоа што го правела претходната генерација е вредно за чување и негување. Исто така, нивна обврска е да препознаат што е веќе старо и непотребно во денешницата и полека да се ослободуваат од работите кои нè држат во место или во полош случај, не уназадуваат, вели Цветановски.

Младиот и надежен актер во досегашната кариера, меѓудругото има работено со Нина Николиќ („Галеб“), со Паоло Маџели („Еден месец на село“), со Доналд Ворен Мофет („Несоодветно за на работа“), со Зоја Бузалковска („Чудна случка со кучето во ноќта“).

Сè што досега ми се случило во кариерата го чувствувам како последица на претходниот проект. Имам чувство дека ако продолжам да имам љубов и волја за оваа работа, причински-последично ќе се нижат нови и нови проекти. За сега тоа е сè што сакам од мојата кариера. Можеби, еден ден ќе сакам малку да забавам со темпото кое моментално го држам, но засега таа желба се нема појавено. Би сакал малку повеќе работа на филм, тоа е еден простор кој сè уште го немам доволно истражено и освоено, вели Цветановски.

Цветановски е дел и од импрув групата НАСТАП.

Драмски е мојата матична куќа, местото каде што можам да го развивам мојот актерски израз без да го чуствувам стравот дека тој проект ми е последен. Тоа ми носи едно чувство на сигурност кое е опасно исто колку што е убаво. Не смеам да се „улежам" во сопствената удобност. Импров групата НАСТАП е мојата фамилија, тоа е еден склоп на прекрасни луѓе и актери со кои сум втурнат да го истражувам помалку и страшниот простор наречен импровизирање пред публика. Тоа е една исклучително храбра група на актери и ми е чест да ја делам сцената со секој од нив. Иднината ќе донесе тоа што ќе донесе, јас имам контрола колку што можам, другото е на птиците на случајноста..., завшрува Цветановски.

[caption id="attachment_586475" align="alignnone" width="2000"] Цветановски: Иднината ќе донесе тоа што ќе донесе, јас имам контрола колку што можам, другото е на птиците на случајноста...,[/caption]

Освен Цветановски, во претставата уште играат и Сара Климоска, Тина Трпкоска, Звездана Ангеловска, Николина Кујача, Емил Рубен, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Сашка Димитровска и Драгана Костадиновска.

Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска, а драматург е Јелена Мијовиќ. Сценографијата на претставата е на Бранко Хојник, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска и композитор е Ирена Поповиќ-Драговиќ.

Следните изведби се закажани на 20 и 21 декември, како и на 30 и 31 јануари со почеток во 20 часот.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Кире Галевски

The post „Сите сме птици“ е претстава за етикетите што нè одредуваат кои сме уште пред да ја добиеме потребата за нешто ново и поинакво appeared first on Република.

]]>

Претставата „Сите сме птици“ е приказна за една битка помеѓу идентитетот на групата и искрената потреба за индивидуалност. Ова е претстава за меѓуетничка толеранција и недостатокот на истата, вели актерот Дамјан Цветановски (28) кој ја толкува главната улога во „Сите сме птици“ чија премиера е закажана за в сабота, 17 декември (20 часот), на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ). Автор на текстот е либанско-канадскиот автор Важди Муавад, а режијата е на реномираниот Слободан Унковски, кој по пауза од девет години повторно режира во Националниот театар. [caption id="attachment_586472" align="alignnone" width="2000"] Дамјан Цветановски и Сара Климовска[/caption]
Ова е претстава за етикетите што нè одредуваат кои сме и што сме уште пред да ја добиеме потребата за нешто ново и поинакво, вели Цветановски, кој го толкува ликот на Еитан.
Во драмата, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сето она што го знаат за својот идентитет. Поради терористичкиот напад во Ерусалим младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан паѓа во кома, додека неговата девојка Вахида (Американка со арапско потекло) е оставена да ја открие неговата семејна тајна…
Ликот на Еитан е младо момче од еврејска фамилија кој го посветува животот на изучување и истражување на генетиката. Момче кое сè во својот живот перцепира низ својата научна леќа, вистината за него е секогаш практична и аргументирана со факти. Но кога птиците на случајноста ќе го втурнат во еден поинаков свет, исполнет со магија, религија и љубов, тој мора да научи да го гледа животот на еден нов, поинаков начин, вели Цветановски.
[caption id="attachment_586474" align="alignnone" width="980"] Звездана Ангеловска, Емил Рубен, Дамјан Цветановски, Никола Ристановски и Николина Кујача во „Сите сме птици“[/caption] Како завршува приказната и што има на тој пат?
Не би било фер да кажам како завршува таа приказна, но можам да кажам дека тој пат е исполнет со многу јаки ставови и чувства, неизбежно испреплетен со драмите и животните приказни на сите членови од фамилијата на Еитан, објаснува Цветановски.
Тој е дел од ансбамлот на Драмски театар, а во МНТ гостува по четврти пат, по „Разговор во четири очи“, „Галеб“ и „Еден месец на село“.
Овој пат радоста е поголема, бидејќи улогата е насловна, но и притисокот и одговорноста сразмерно се поголеми. Се надевам на успех и задоволна публика, вели Цветановски.
Го прашавме Цветановски дали секоја генерација го става товарот на следната и додава по уште еден камен за да биде потешко? [caption id="attachment_586473" align="alignnone" width="700"] Сè што досега ми се случило во кариерата го чувствувам како последица на претходниот проект, вели Цветановски[/caption]
Мој личен став е дека секоја следна генерација има обврска да препознае што од тоа што го правела претходната генерација е вредно за чување и негување. Исто така, нивна обврска е да препознаат што е веќе старо и непотребно во денешницата и полека да се ослободуваат од работите кои нè држат во место или во полош случај, не уназадуваат, вели Цветановски.
Младиот и надежен актер во досегашната кариера, меѓудругото има работено со Нина Николиќ („Галеб“), со Паоло Маџели („Еден месец на село“), со Доналд Ворен Мофет („Несоодветно за на работа“), со Зоја Бузалковска („Чудна случка со кучето во ноќта“).
Сè што досега ми се случило во кариерата го чувствувам како последица на претходниот проект. Имам чувство дека ако продолжам да имам љубов и волја за оваа работа, причински-последично ќе се нижат нови и нови проекти. За сега тоа е сè што сакам од мојата кариера. Можеби, еден ден ќе сакам малку да забавам со темпото кое моментално го држам, но засега таа желба се нема појавено. Би сакал малку повеќе работа на филм, тоа е еден простор кој сè уште го немам доволно истражено и освоено, вели Цветановски.
Цветановски е дел и од импрув групата НАСТАП.
Драмски е мојата матична куќа, местото каде што можам да го развивам мојот актерски израз без да го чуствувам стравот дека тој проект ми е последен. Тоа ми носи едно чувство на сигурност кое е опасно исто колку што е убаво. Не смеам да се „улежам" во сопствената удобност. Импров групата НАСТАП е мојата фамилија, тоа е еден склоп на прекрасни луѓе и актери со кои сум втурнат да го истражувам помалку и страшниот простор наречен импровизирање пред публика. Тоа е една исклучително храбра група на актери и ми е чест да ја делам сцената со секој од нив. Иднината ќе донесе тоа што ќе донесе, јас имам контрола колку што можам, другото е на птиците на случајноста..., завшрува Цветановски.
[caption id="attachment_586475" align="alignnone" width="2000"] Цветановски: Иднината ќе донесе тоа што ќе донесе, јас имам контрола колку што можам, другото е на птиците на случајноста...,[/caption] Освен Цветановски, во претставата уште играат и Сара Климоска, Тина Трпкоска, Звездана Ангеловска, Николина Кујача, Емил Рубен, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Сашка Димитровска и Драгана Костадиновска. Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска, а драматург е Јелена Мијовиќ. Сценографијата на претставата е на Бранко Хојник, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска и композитор е Ирена Поповиќ-Драговиќ. Следните изведби се закажани на 20 и 21 декември, како и на 30 и 31 јануари со почеток во 20 часот. Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Кире Галевски

The post „Сите сме птици“ е претстава за етикетите што нè одредуваат кои сме уште пред да ја добиеме потребата за нешто ново и поинакво appeared first on Република.

]]>
По пауза од девет години Слободан Унковски се враќа во МНТ, ќе ја режира претставата „Сите сме птици“ https://republika.mk/vesti/kultura/po-pauza-od-devet-godini-slobodan-unkovski-se-vrakja-vo-mnt-kje-ja-rezira-pretstavata-site-sme-ptici/ Mon, 20 Jun 2022 09:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=517527

По пауза од девет години реномираниот театарски режисер со меѓународна кариера Слободан Унковски се враќа во Македонскиот народен театар (МНТ) и ќе ја работи претставата „Сите сме птици“ по текст на либанско-канадскиот автор Важди Муавад.

„Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски во 2013 година беше последен проект на Унковски во МНТ. Тој во изминатите децении на сцената на националниот театар ги постави претставите кои уште долго ќе се паметат: „Јунона и паунот“ (1971), „Среќна нова '49“ (1985), „Ништо без Трифолио“ (1986), „Гнев божји“ (1990), „Црнила 005“ (2005).

Премиерата на претставата „Сите сме птици“ се очекува со почетокот на новата театарска сезона.

Унковски денеска ја одржал првата читачка проба. Тој ја поставува оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, притоа го истражува и идентитетот за тоа кои сме - или мислиме дека сме, информираат од МНТ.

Во драмата на уникатниот и современ автор Муавад, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сѐ она што го знаат за својот идентитет. Терористички напад во Ерусалим го става во кома младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан, додека неговата мароканска девојка Вахида е оставена да ја открие неговата семејна тајна...

Во претставата играат: Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска и други.

Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска.

The post По пауза од девет години Слободан Унковски се враќа во МНТ, ќе ја режира претставата „Сите сме птици“ appeared first on Република.

]]>

По пауза од девет години реномираниот театарски режисер со меѓународна кариера Слободан Унковски се враќа во Македонскиот народен театар (МНТ) и ќе ја работи претставата „Сите сме птици“ по текст на либанско-канадскиот автор Важди Муавад. „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски во 2013 година беше последен проект на Унковски во МНТ. Тој во изминатите децении на сцената на националниот театар ги постави претставите кои уште долго ќе се паметат: „Јунона и паунот“ (1971), „Среќна нова '49“ (1985), „Ништо без Трифолио“ (1986), „Гнев божји“ (1990), „Црнила 005“ (2005). Премиерата на претставата „Сите сме птици“ се очекува со почетокот на новата театарска сезона.
Унковски денеска ја одржал првата читачка проба. Тој ја поставува оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, притоа го истражува и идентитетот за тоа кои сме - или мислиме дека сме, информираат од МНТ.
Во драмата на уникатниот и современ автор Муавад, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сѐ она што го знаат за својот идентитет. Терористички напад во Ерусалим го става во кома младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан, додека неговата мароканска девојка Вахида е оставена да ја открие неговата семејна тајна... Во претставата играат: Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска и други. Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска.

The post По пауза од девет години Слободан Унковски се враќа во МНТ, ќе ја режира претставата „Сите сме птици“ appeared first on Република.

]]>