штипска болница Archives - Република https://republika.mk/tema/shtipska-bolnica/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Dec 2023 12:44:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png штипска болница Archives - Република https://republika.mk/tema/shtipska-bolnica/ 32 32 Околу Нова година нови тендери за доградба на Штипската и Кичевската болница https://republika.mk/vesti/makedonija/okolu-nova-godina-novi-tenderi-za-dogradba-na-shtipskata-i-kichevskata-bolnitsa/ Mon, 11 Dec 2023 12:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=721758

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека околу Нова година ќе има нови тендери за доградба на новите згради на болниците во Кичево и во Штип.

Ова го најави денеска од МАНУ каде заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири беа на презентација на нова апаратура за генетско испитување.

Се шпекулираше дека нема да се раскине тој договор за Кичевската болница. Веќе е раскинат, поточно, приближно пред две недели го раскинав. Така како што се заложивме од првиот ден со Кабинетот, кажавме дека сите спорни прашања, сите спорни проекти во здравството, што не се градат со децении, која голгота беше и Кичевската болница, 33 години, како што знаете и со Штипската, значи ги решаваме сите отворени и спорни прашања. Така и Кичевската болница, веќе е раскинат, или пред Нова година или по Нова година, зависи од процедурите ќе биде објавена и доградбата, тендерот за Штипската клиничка болница. Така ќе продолжиме и со Кичевската болница, изјави Меџити.

Новата зграда за болницата во Кичево е почната уште во 90-тите години, а во Штип темели за нов објект се почнати пред седум години во 2016 година.

The post Околу Нова година нови тендери за доградба на Штипската и Кичевската болница appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека околу Нова година ќе има нови тендери за доградба на новите згради на болниците во Кичево и во Штип. Ова го најави денеска од МАНУ каде заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири беа на презентација на нова апаратура за генетско испитување.
Се шпекулираше дека нема да се раскине тој договор за Кичевската болница. Веќе е раскинат, поточно, приближно пред две недели го раскинав. Така како што се заложивме од првиот ден со Кабинетот, кажавме дека сите спорни прашања, сите спорни проекти во здравството, што не се градат со децении, која голгота беше и Кичевската болница, 33 години, како што знаете и со Штипската, значи ги решаваме сите отворени и спорни прашања. Така и Кичевската болница, веќе е раскинат, или пред Нова година или по Нова година, зависи од процедурите ќе биде објавена и доградбата, тендерот за Штипската клиничка болница. Така ќе продолжиме и со Кичевската болница, изјави Меџити.
Новата зграда за болницата во Кичево е почната уште во 90-тите години, а во Штип темели за нов објект се почнати пред седум години во 2016 година.  

The post Околу Нова година нови тендери за доградба на Штипската и Кичевската болница appeared first on Република.

]]>
Пациентите со месеци чекаат за операција на жолчка во штипската болница https://republika.mk/vesti/makedonija/patsientite-so-mesetsi-chekaat-za-operatsija-na-zholchka-vo-shtipskata-bolnitsa/ Thu, 02 Mar 2023 16:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=615208

Граѓани од Радовиш и околината на Штип реагираат дека чекаат за операција на жолчка, од штипската болница добиле какошто велат образложение дека нема доволно медицински кадар. Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев потврдува дека има листа на чекање за елективни операции. Најголем проблем во случајов, посочува тој, е ограничениот број на лекари, односно недостатокот на анестезиолози, со кој се соочуваат на Одделението за анестезиологија.

Тоа не е хронична болест и поради тоа има простор за одложување на операцијата. Се чека по изготвена листа, кога пациентот ќе дојде на ред, истиот ќе се оперира. Нема анестезиолози и тоа е проблемот за кој веќе алармиравме и со кој се соочуваме изминативе месеци, вели Ѓеорѓијев.

Ѓеорѓијев во МИА интервју минатата недела откри дека за само два месеци од болницата си заминале 30 вработени, лекари, медицински сестри и друг здравствен персонал, со што болницата работи со сто испразнети работни места. Одделението за анестезиологија, функционира со само тројца анестезиолози, но лекари специјалисти, медицински сестри, болничари и хигиеничари недостигаат и на Ортопедија, Интерно, Очно, Инфективно и речиси сите останати одделенија. Дел од вработените заминаа во приватното здравство, друг дел се пензионираа. Во последниве две и пол години заминати се сто здравствени работници, а за истиот период нема вработувања.

The post Пациентите со месеци чекаат за операција на жолчка во штипската болница appeared first on Република.

Кога ќе се однесе пациент во Штип со посериозни проблеми – јавна тајна е дека назад се враќа во погребaлно возило https://republika.mk/vesti/makedonija/koga-ke-se-odnese-patsient-vo-shtip-so-poseriozni-problemi-javna-tajna-e-deka-nazad-se-vraka-vo-pogrebalno-vozilo/ Wed, 18 Jan 2023 19:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=598497

Јавен апел до премиерот на Република Македонија, министерот за здравство во владата, директорот на болницата во Штип и сите одговорни во одделенијата во болницата испраќа вечерва градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, споделувајќи за последниот од многуте случаи на страдање и агонија низ кои поминуваат пациентите од Источна Македонија, кои судбината ќе ги доведе до штипската болница.

Кога ќе се однесе пациент во болницата во Штип со посериозни проблеми јавна тајна е дека назад се враќа во погребaлно возило
Студено, кревети и постелнина од 19 век..... за храна да не зборуваме....и таа што ја има нема кој да ги храни луѓето....несменети памперси...крв...
Зборувам за отворени рани за неполни 9 дена ...
Лично сум сведок, дека наместо да се излекува пациентот , пациентот се враќа во вегетабилна состојба.
Товарот е на семејството.
Зборувам од име на функцијата градоначалник на соседната општина.
Како е на обичните граѓани и пациенти.
Пациент во стабилна состојба да го отпуштат по десетина дена во ,,страшна" состојба со отворени рани и во несвесна состојба.
Дали имаат чувство спрема пациентот и неговото семејство.....
Уште еднаш апел до сите одговорни во нашата ни држава во ресорот ЗДРАВСТВО дека животот нема цена.
Одговорност мора и треба да има ,од секој одговорен за секој пациент посебно.
Се изнагледав многу работи во последните денови во болницата во Штип.
Ова го пишувам од лично искуство но и од искуството на многу мои сограѓани.
Со господ Бог напред..., пишува тој.

The post Кога ќе се однесе пациент во Штип со посериозни проблеми – јавна тајна е дека назад се враќа во погребaлно возило appeared first on Република.

]]>

Јавен апел до премиерот на Република Македонија, министерот за здравство во владата, директорот на болницата во Штип и сите одговорни во одделенијата во болницата испраќа вечерва градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, споделувајќи за последниот од многуте случаи на страдање и агонија низ кои поминуваат пациентите од Источна Македонија, кои судбината ќе ги доведе до штипската болница.
Кога ќе се однесе пациент во болницата во Штип со посериозни проблеми јавна тајна е дека назад се враќа во погребaлно возило Студено, кревети и постелнина од 19 век..... за храна да не зборуваме....и таа што ја има нема кој да ги храни луѓето....несменети памперси...крв... Зборувам за отворени рани за неполни 9 дена ... Лично сум сведок, дека наместо да се излекува пациентот , пациентот се враќа во вегетабилна состојба. Товарот е на семејството. Зборувам од име на функцијата градоначалник на соседната општина. Како е на обичните граѓани и пациенти. Пациент во стабилна состојба да го отпуштат по десетина дена во ,,страшна" состојба со отворени рани и во несвесна состојба. Дали имаат чувство спрема пациентот и неговото семејство..... Уште еднаш апел до сите одговорни во нашата ни држава во ресорот ЗДРАВСТВО дека животот нема цена. Одговорност мора и треба да има ,од секој одговорен за секој пациент посебно. Се изнагледав многу работи во последните денови во болницата во Штип. Ова го пишувам од лично искуство но и од искуството на многу мои сограѓани. Со господ Бог напред..., пишува тој.

The post Кога ќе се однесе пациент во Штип со посериозни проблеми – јавна тајна е дека назад се враќа во погребaлно возило appeared first on Република.

]]>
Д-р Стојменов: Изолирајте ги болните дома, мијте се, проветрувајте, штипската болница врие од заболени од грип https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-stojmenov-izolirajte-gi-bolnite-doma-mijte-se-provetruvajte-shtipskata-bolnitsa-vrie-od-zaboleni-od-grip/ Wed, 04 Jan 2023 15:32:36 +0000 https://republika.mk/?p=593653

Штипските здравствени ординациите деновиве бележат зголемен број на пациенти со горнореспираторни и долнореспираторни заболувања. Инфекциите кај граѓаните сѐ почести, симптомите се различно вели Златко Стојменов специјалист интернист. Посочува дека има случаи во кои пациентите имаат изразени симптоми, но има и такви кои поминуваат без температура и компликации.

Факт е дека доминираат вирусни инфекции без, но и со температура, има такви кои се задржуваат на горните дишни патишта, но и такви кои даваат компликации и во вид на бронхитис. Зачестени се ваквите посети од страна на пациентите, изразито зачестени во нашите амбуланти. Емпириски загадувањето може да биде фактор кој учествува да се добијат ваквите инфекции, но тоа сѐ уште не е докажано, вели Стоjменов.

Контактите и изолацијата можат да го спречат ширењето на вирусните инфекции, исто како примерот со корона вирусот. Забележува дека колку помалку контакти се оставаруваат толку се помали шансите вирусот да се шири. Апелира на внимателност бидејќи пораст на заболени од грип допрва се очекува.

Изолација од болните членови, внимавање на хигиената и употребата на хигиенски средства, на чашите, приборите за јадење, да се изолираат едноставно пациентите кои веќе ги добиле респираторните инфекции од останатите од семејството. Здравите да ги избегнуваат луѓето кои се со симптоми. Очекувам пораст на инфлуенсата на грипот кај пациентите, а таквиот пораст ќе даде уште поголем број на ваков вид заболени на респираторни заболувања, додава Стоjменов.

Советува дека со подобрување на временските услови и можноста граѓаните да се движат на отворено и да проветруваат ќе се чувствуваат подобро. Маските носат резултати, како и одржувањето хигиена.

Инаку во Штип по седум дена континуирано загадување на воздухот од 150 до 220 микрограми ПМ честички, веќе попладнево по кревањето на маглата и ведрото време мерната станица на лабараторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип покажува 59,8 микрограми ПМ честички.

The post Д-р Стојменов: Изолирајте ги болните дома, мијте се, проветрувајте, штипската болница врие од заболени од грип appeared first on Република.

]]>

Штипските здравствени ординациите деновиве бележат зголемен број на пациенти со горнореспираторни и долнореспираторни заболувања. Инфекциите кај граѓаните сѐ почести, симптомите се различно вели Златко Стојменов специјалист интернист. Посочува дека има случаи во кои пациентите имаат изразени симптоми, но има и такви кои поминуваат без температура и компликации.
Факт е дека доминираат вирусни инфекции без, но и со температура, има такви кои се задржуваат на горните дишни патишта, но и такви кои даваат компликации и во вид на бронхитис. Зачестени се ваквите посети од страна на пациентите, изразито зачестени во нашите амбуланти. Емпириски загадувањето може да биде фактор кој учествува да се добијат ваквите инфекции, но тоа сѐ уште не е докажано, вели Стоjменов.
Контактите и изолацијата можат да го спречат ширењето на вирусните инфекции, исто како примерот со корона вирусот. Забележува дека колку помалку контакти се оставаруваат толку се помали шансите вирусот да се шири. Апелира на внимателност бидејќи пораст на заболени од грип допрва се очекува.
Изолација од болните членови, внимавање на хигиената и употребата на хигиенски средства, на чашите, приборите за јадење, да се изолираат едноставно пациентите кои веќе ги добиле респираторните инфекции од останатите од семејството. Здравите да ги избегнуваат луѓето кои се со симптоми. Очекувам пораст на инфлуенсата на грипот кај пациентите, а таквиот пораст ќе даде уште поголем број на ваков вид заболени на респираторни заболувања, додава Стоjменов.
Советува дека со подобрување на временските услови и можноста граѓаните да се движат на отворено и да проветруваат ќе се чувствуваат подобро. Маските носат резултати, како и одржувањето хигиена. Инаку во Штип по седум дена континуирано загадување на воздухот од 150 до 220 микрограми ПМ честички, веќе попладнево по кревањето на маглата и ведрото време мерната станица на лабараторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип покажува 59,8 микрограми ПМ честички.

The post Д-р Стојменов: Изолирајте ги болните дома, мијте се, проветрувајте, штипската болница врие од заболени од грип appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Сопругата и балдаската на Бочварски вработени во исти ден во штипската болница https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-soprugata-i-baldaskata-na-bochvarski-vraboteni-vo-isti-den-vo-shtipskata-bolnica/ Sun, 25 Sep 2022 10:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=554003

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес-конференција објави дека сопругата и балдаската на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски биле вработени во штипската болница. Столковски изнесе дека Маринела и Мартина биле вработени директно од клупа, веднаш по завршувањето на студиите, без ниту еден ден работен стаж, како што предвидува законот.

Штипската болница не е изградена, но тоа не го спречува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од антимакедонската клептоманска СДС, токму таа болница да е местото каде на најбрз можен начин се вработува неговата сопругата. Бочварски да е појасни се венчава во мај, а веќе во јуни, неговата сега сопруга добива работа во штипската болница. Тоа што дополнително боде очи во овој случај е што во исто време, во ист ден, во штипската болница се ухлебени и сопругата на Бочварски и нејзината сестра.

За да работата биде појасна Маринела Серафимова сега Бочварска и нејзината сестра Мартина Серафимова во оваа болница се вработени, како велат во Штип, веднаш од клупа по дипломирање, односно по неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа.

Стоилковски ги упати следниве прашања до министерот Благој Бочварски:

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистички оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра ухлебени во штипската болница се директно „од клупа“ веднаш по дипломирањето и без тримесечен стаж?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипската болница без оглас распишан од болницата?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра немале шестмесечен работен стаж во приватна установа пред да бидат вработени во штипската болница без оглас?

Дали е точно дека Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработени во штипската болница?

И последно, дали и како е можно без работен стаж од шест месеци, ухлебена во јуни, сопругата на Бочварски да користи годишен одмор во август?

The post Стоилковски: Сопругата и балдаската на Бочварски вработени во исти ден во штипската болница appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес-конференција објави дека сопругата и балдаската на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски биле вработени во штипската болница. Столковски изнесе дека Маринела и Мартина биле вработени директно од клупа, веднаш по завршувањето на студиите, без ниту еден ден работен стаж, како што предвидува законот.
Штипската болница не е изградена, но тоа не го спречува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од антимакедонската клептоманска СДС, токму таа болница да е местото каде на најбрз можен начин се вработува неговата сопругата. Бочварски да е појасни се венчава во мај, а веќе во јуни, неговата сега сопруга добива работа во штипската болница. Тоа што дополнително боде очи во овој случај е што во исто време, во ист ден, во штипската болница се ухлебени и сопругата на Бочварски и нејзината сестра. За да работата биде појасна Маринела Серафимова сега Бочварска и нејзината сестра Мартина Серафимова во оваа болница се вработени, како велат во Штип, веднаш од клупа по дипломирање, односно по неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа.
Стоилковски ги упати следниве прашања до министерот Благој Бочварски:
Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистички оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев? Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра ухлебени во штипската болница се директно „од клупа“ веднаш по дипломирањето и без тримесечен стаж? Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипската болница без оглас распишан од болницата? Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра немале шестмесечен работен стаж во приватна установа пред да бидат вработени во штипската болница без оглас? Дали е точно дека Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработени во штипската болница? И последно, дали и како е можно без работен стаж од шест месеци, ухлебена во јуни, сопругата на Бочварски да користи годишен одмор во август?
 
The post Стоилковски: Сопругата и балдаската на Бочварски вработени во исти ден во штипската болница appeared first on Република.

]]>
Не можевме да го спасиме, па го пративме на КАРИЛ: Протече извештајот за смртта на 25-годишниот Ванчо https://republika.mk/zivot/zdravje/ne-mozevme-da-go-spasime-pa-go-prativme-na-karil-proteche-izveshtajot-za-smrtta-na-25-godishniot-vancho/ Thu, 25 Aug 2022 13:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=544032

25-годишниот Јован Димовски од Берово, кој наводно поради сепса предизвикана од забот кој го лекувал во Штипската болница прерано го напушти овој свет, првпат во болницата се јавил на 14 август во 1 часот по полноќ, со изразена флегмонозна состојба на десната страна на вратот со потекло од заб.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/25-godishniot-vancho-pochina-od-sepsa-po-losho-postaven-dren-na-zab-vo-shtipskata-bolnica/

Ова е наведено во извештајот напишан од ординирачкиот лекар во болницата во Штип, а кој денеска беше доставен до редакцијата на Плусинфо.

Ординирана е инфузиона терапија, направен е РТГ и извршена е екстракција на забот заради обезбедување на дренажа на гнојната колекција. Следниот ден извршена е и инизија со дренажа. Постинционо, состојбата покажува знаци на подобрување. По три дена пациентот се отпушта со локален уреден наод и со ординирана терапија за дома, како и препорака за контрола. На контролен преглед, локален наод уреден, се вели во извештајот.

Но, таму е наведено и дека истиот пациент во болницата во Штип бил донесен и на 23 август во 04:40 часот со возило на Итната помош од Берово, во тешка општа состојба, кардио-васкуларно нестабилен, со ниска сатурација, фебрилен и со локален наод: крваво-гноева секреција од инцизиона рана на врат, како и од устата.

Пациентот е итно внесен во операциона сала, интубиран и започната интервенција. Поради сериозноста на состојбата, итно е повикана помош од УК МФХ. Оперативниот зафат е завршен околу 10 часот. Пациентот е сместен на одделот за интензивно лекување поради септичната состојба и понатамошна опсервација. Во раните утрински часови, поради влошување на општата состојба, организиран е итен транспорт на КАРИЛ, се вели во извештајот.

Инаку, роднини и блиски пријатели на 25-годишниот Јован на социјалните мрежи обвинуваат дека станува збор за лекарска грешка, односно дека забарот го ставил дренот наопаку, па со тоа се предизвикала сепсата.

The post Не можевме да го спасиме, па го пративме на КАРИЛ: Протече извештајот за смртта на 25-годишниот Ванчо appeared first on Република.

]]>

25-годишниот Јован Димовски од Берово, кој наводно поради сепса предизвикана од забот кој го лекувал во Штипската болница прерано го напушти овој свет, првпат во болницата се јавил на 14 август во 1 часот по полноќ, со изразена флегмонозна состојба на десната страна на вратот со потекло од заб. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/25-godishniot-vancho-pochina-od-sepsa-po-losho-postaven-dren-na-zab-vo-shtipskata-bolnica/ Ова е наведено во извештајот напишан од ординирачкиот лекар во болницата во Штип, а кој денеска беше доставен до редакцијата на Плусинфо. Ординирана е инфузиона терапија, направен е РТГ и извршена е екстракција на забот заради обезбедување на дренажа на гнојната колекција. Следниот ден извршена е и инизија со дренажа. Постинционо, состојбата покажува знаци на подобрување. По три дена пациентот се отпушта со локален уреден наод и со ординирана терапија за дома, како и препорака за контрола. На контролен преглед, локален наод уреден, се вели во извештајот. Но, таму е наведено и дека истиот пациент во болницата во Штип бил донесен и на 23 август во 04:40 часот со возило на Итната помош од Берово, во тешка општа состојба, кардио-васкуларно нестабилен, со ниска сатурација, фебрилен и со локален наод: крваво-гноева секреција од инцизиона рана на врат, како и од устата. Пациентот е итно внесен во операциона сала, интубиран и започната интервенција. Поради сериозноста на состојбата, итно е повикана помош од УК МФХ. Оперативниот зафат е завршен околу 10 часот. Пациентот е сместен на одделот за интензивно лекување поради септичната состојба и понатамошна опсервација. Во раните утрински часови, поради влошување на општата состојба, организиран е итен транспорт на КАРИЛ, се вели во извештајот. Инаку, роднини и блиски пријатели на 25-годишниот Јован на социјалните мрежи обвинуваат дека станува збор за лекарска грешка, односно дека забарот го ставил дренот наопаку, па со тоа се предизвикала сепсата.

The post Не можевме да го спасиме, па го пративме на КАРИЛ: Протече извештајот за смртта на 25-годишниот Ванчо appeared first on Република.

]]>
25-годишниот Ванчо почина од сепса по лошо поставен дрен на заб во штипската болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/25-godishniot-vancho-pochina-od-sepsa-po-losho-postaven-dren-na-zab-vo-shtipskata-bolnica/ Thu, 25 Aug 2022 11:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=543966

Момче од Берово почина откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница. За случајот преку социјалните мрежи известија негови блиски.

Само во нашата држава, само со нашето здравство, само со нашите „професионални“ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20-годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па, да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згасне на само 25 години... СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние, какво здравство имаме, дали веќе еден ден некој ќе одговара за секојдневниот хорор во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради невнимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со „како е рекол Бог“.... Дали во 21 век треба да се случи таков срам? Ангелу наш ти почивај во мир. А тие нема да спијат мирно, пишува Слаџана Ризинска.

The post 25-годишниот Ванчо почина од сепса по лошо поставен дрен на заб во штипската болница appeared first on Република.

Новата штипска болница изградена 31 процент https://republika.mk/vesti/makedonija/novata-shtipska-bolnica-izgradena-31-procent/ Fri, 04 Mar 2022 18:31:40 +0000 https://republika.mk/?p=467944

Штипската Клиничка болница се гради пет години, а досега главниот изведувач грчки „Интеркат” има завршено ниту една третина, односно 31 проценти. Од Министерството за здравство за МИА информираат дека досега се исплатени 11,3 милиони евра, а изведувачот веќе доби нов рок до декември годинава да ја заврши оваа фаза што требаше да биде готова пред три години. Исплатите кон изведувачот се направени во декември лани и кон средината на јануари годинава. Според Министерството за здравство од страна на изведувачот се работи во објектот, кој треба да биде современ болнички центар за пациентите од источниот и југоисточниот дел на државата.

-На објектот на Клиничка болница- Штип работат до 100 работници на дневно ниво и активно се работи на поставување челична конструкција, поставување спуштен плафон во објект на линеарен акцелератор, како и завршни работи на фасадата и други технички градежни активности, пишува во одговорот на Министерството за здравство.

Според Министерството за здравство крајниот рок за завршување на целиот објект е крајот на јуни 2023-та. Проектот опфаќа и уривање и повторна изградба на помал објект што треба да се поврзе со новоизградената болница на просторот каде сега се наоѓа лабараторија и рентген. Изградбата на болницата треба да чини 30 милиони евра, а за дореализација остануваат да се обезбедат 19 милиони евра, овие средствата треба Владата да ги обезбеди.

The post Новата штипска болница изградена 31 процент appeared first on Република.

]]>

Штипската Клиничка болница се гради пет години, а досега главниот изведувач грчки „Интеркат” има завршено ниту една третина, односно 31 проценти. Од Министерството за здравство за МИА информираат дека досега се исплатени 11,3 милиони евра, а изведувачот веќе доби нов рок до декември годинава да ја заврши оваа фаза што требаше да биде готова пред три години. Исплатите кон изведувачот се направени во декември лани и кон средината на јануари годинава. Според Министерството за здравство од страна на изведувачот се работи во објектот, кој треба да биде современ болнички центар за пациентите од источниот и југоисточниот дел на државата. -На објектот на Клиничка болница- Штип работат до 100 работници на дневно ниво и активно се работи на поставување челична конструкција, поставување спуштен плафон во објект на линеарен акцелератор, како и завршни работи на фасадата и други технички градежни активности, пишува во одговорот на Министерството за здравство. Според Министерството за здравство крајниот рок за завршување на целиот објект е крајот на јуни 2023-та. Проектот опфаќа и уривање и повторна изградба на помал објект што треба да се поврзе со новоизградената болница на просторот каде сега се наоѓа лабараторија и рентген. Изградбата на болницата треба да чини 30 милиони евра, а за дореализација остануваат да се обезбедат 19 милиони евра, овие средствата треба Владата да ги обезбеди.

The post Новата штипска болница изградена 31 процент appeared first on Република.

]]>