шпиони Archives - Република https://republika.mk/tema/shpioni/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Sep 2023 15:24:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шпиони Archives - Република https://republika.mk/tema/shpioni/ 32 32 Петков: Како може Македонија да има подобри информации од нас за руските шпиони во Бугарија? https://republika.mk/vesti/balkan/petkov-kako-mozhe-makedonija-da-ima-podobri-informatsii-od-nas-za-ruskite-shpioni-vo-bugarija/ Sat, 23 Sep 2023 15:24:49 +0000 https://republika.mk/?p=684430

Не престануваат реакциите по новот случај на шпионажа во Бугарија, во кој вчера беа протерани тројца руски свештеници со образложение дека биле закана за нацоналната безбедност.

Поранешниот премиер и копретседател на партијата „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков жестоко реагира на како што вели, фактот што уште еднаш Софија од странски служби морале да откријат шпион во Бугарија..

Вели како е можно Македонија да има подобри разузнавачки информации од бугарските, алудирајќи на тоа дека уште пред 10 дена Македонија го прогласи рускиот свештеник Васијан Змеев за персона нон – грата, а Бугарија го протера дури вчера.

The post Петков: Како може Македонија да има подобри информации од нас за руските шпиони во Бугарија? appeared first on Република.

]]>

Не престануваат реакциите по новот случај на шпионажа во Бугарија, во кој вчера беа протерани тројца руски свештеници со образложение дека биле закана за нацоналната безбедност. Поранешниот премиер и копретседател на партијата „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков жестоко реагира на како што вели, фактот што уште еднаш Софија од странски служби морале да откријат шпион во Бугарија.. Вели како е можно Македонија да има подобри разузнавачки информации од бугарските, алудирајќи на тоа дека уште пред 10 дена Македонија го прогласи рускиот свештеник Васијан Змеев за персона нон – грата, а Бугарија го протера дури вчера.  

The post Петков: Како може Македонија да има подобри информации од нас за руските шпиони во Бугарија? appeared first on Република.

]]>
Уапсени руски шпиони во Британија https://republika.mk/vesti/svet/uapseni-ruski-shpioni-vo-britanija/ Tue, 15 Aug 2023 11:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=672293

Три лица осомничени за шпионирање за Русија во Велика Британија се уапсени и обвинети како дел од поголема истрага за националната безбедност, објави Би-Би-Си. Осомничените се бугарски државјани кои наводно работат за руските безбедносни служби.

Контратерористичките детективи на лондонската полиција задолжени за шпионажа ги приведоа во февруари според Законот за службени тајни. Тие беа обвинети дека поседувале документи за идентификација со несоодветна намера и наводно ги поседувале знаејќи дека се лажни.

Документите вклучуваат пасоши, лични карти и други документи од ОК, Бугарија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Грција и Чешка. Триото живееше во Британија три години работејќи различни работни места и престојувајќи во низа имоти во предградијата.

The post Уапсени руски шпиони во Британија appeared first on Република.

]]>

Три лица осомничени за шпионирање за Русија во Велика Британија се уапсени и обвинети како дел од поголема истрага за националната безбедност, објави Би-Би-Си. Осомничените се бугарски државјани кои наводно работат за руските безбедносни служби. Контратерористичките детективи на лондонската полиција задолжени за шпионажа ги приведоа во февруари според Законот за службени тајни. Тие беа обвинети дека поседувале документи за идентификација со несоодветна намера и наводно ги поседувале знаејќи дека се лажни. Документите вклучуваат пасоши, лични карти и други документи од ОК, Бугарија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Грција и Чешка. Триото живееше во Британија три години работејќи различни работни места и престојувајќи во низа имоти во предградијата.

The post Уапсени руски шпиони во Британија appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: За Нова година Белград беше како Казабланка, полн со шпиони https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-nova-godina-belgrad-beshe-kako-kazablanka-poln-so-shpioni/ Mon, 09 Jan 2023 08:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=594804

Претседателот Александар Вучиќ објави дека во Белград околу Нова година има „рекорден број странски шпиони“ и дека странските служби го уништиле проектот за ископ на литиум во Србија.

Тој објасни дека разузнавачките информации што ги добил потврдуваат дека „Белград бил како Казабланка за Нова година“ и дека „нема шпиони кои не ги окупирале нашите хотели“.

Никогаш не било така, постигнавме рекорд, толкав број на шпиони од 20 декември до 5 јануари во Белград не е забележан од Втората светска војна, очигледно е дека многу луѓе подготвуваа секакви работи. Странските служби си ја вршат работата, така не уништија со литиум, јас сум единствениот што можам да зборувам за тоа. Странските служби директно не уништија“, рече Вучиќ.

https://republika.mk/vesti/balkan/za-del-od-opozitsijata-vo-srbija-izjavata-na-vuchik-za-shpioni-e-zamajuvane-na-javnosta/

The post Вучиќ: За Нова година Белград беше како Казабланка, полн со шпиони appeared first on Република.

]]>

Претседателот Александар Вучиќ објави дека во Белград околу Нова година има „рекорден број странски шпиони“ и дека странските служби го уништиле проектот за ископ на литиум во Србија. Тој објасни дека разузнавачките информации што ги добил потврдуваат дека „Белград бил како Казабланка за Нова година“ и дека „нема шпиони кои не ги окупирале нашите хотели“.
Никогаш не било така, постигнавме рекорд, толкав број на шпиони од 20 декември до 5 јануари во Белград не е забележан од Втората светска војна, очигледно е дека многу луѓе подготвуваа секакви работи. Странските служби си ја вршат работата, така не уништија со литиум, јас сум единствениот што можам да зборувам за тоа. Странските служби директно не уништија“, рече Вучиќ.
https://republika.mk/vesti/balkan/za-del-od-opozitsijata-vo-srbija-izjavata-na-vuchik-za-shpioni-e-zamajuvane-na-javnosta/

The post Вучиќ: За Нова година Белград беше како Казабланка, полн со шпиони appeared first on Република.

]]>
Украинците објавија дека откриле ланец руски шпиони во врвот на армијата https://republika.mk/vesti/svet/ukraincite-objavija-deka-otkrile-lanec-ruski-shpioni-vo-vrvot-na-armijata/ Mon, 02 May 2022 18:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=496379

Украинската разузнавачка служба објави дека открила руски шпионски ланец.

Еден од шпионите бил дури и вработен во главниот штаб на украинската армија, изјави Олексиј Арестович, советник на претседателот Володимир Зеленски, пренесе украинската новинска агенција „Укринформ“.

Арестович не даде детали за тоа колку шпиони имало во синџирот.

Една од целите на групата била, наводно, да соборат патнички авион над Русија или Белорусија и да ја обвинат Украина - вели Арестович.

Според него, за планот требало да се користат противвоздушни ракети од украински резерви.

The post Украинците објавија дека откриле ланец руски шпиони во врвот на армијата appeared first on Република.

]]>

Украинската разузнавачка служба објави дека открила руски шпионски ланец. Еден од шпионите бил дури и вработен во главниот штаб на украинската армија, изјави Олексиј Арестович, советник на претседателот Володимир Зеленски, пренесе украинската новинска агенција „Укринформ“. Арестович не даде детали за тоа колку шпиони имало во синџирот.
Една од целите на групата била, наводно, да соборат патнички авион над Русија или Белорусија и да ја обвинат Украина - вели Арестович.
Според него, за планот требало да се користат противвоздушни ракети од украински резерви.

The post Украинците објавија дека откриле ланец руски шпиони во врвот на армијата appeared first on Република.

]]>
Украина објави список на руски шпиони https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-objavi-spisok-na-ruski-shpioni/ Tue, 29 Mar 2022 10:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=480252

Украина соопшти дека открила 620 руски шпиони - меѓу кои и еден кој очигледно се гледа себеси како Џејмс Бонд и кој го користи прекарот на Скајп - „џемсбонд007“, пишува британски Телеграф.

Украинците не откриваат како дошле до списокот, но истражувачката новинарска група „Белингкет“ вели дека некои од информациите се засноваат на претходни протекувања на податоци.

Официјални лица ги обвинуваат луѓето на списокто за вмешаност во криминални активности низ Европа, а некои од идентификуваните биле активни и во велика Британија.

Списокот ги вклучува нивните имиња, броеви на пасоши, телефонски броеви, па дури и нивните навики - пишува Телеграф.

The post Украина објави список на руски шпиони appeared first on Република.

]]>

Украина соопшти дека открила 620 руски шпиони - меѓу кои и еден кој очигледно се гледа себеси како Џејмс Бонд и кој го користи прекарот на Скајп - „џемсбонд007“, пишува британски Телеграф. Украинците не откриваат како дошле до списокот, но истражувачката новинарска група „Белингкет“ вели дека некои од информациите се засноваат на претходни протекувања на податоци. Официјални лица ги обвинуваат луѓето на списокто за вмешаност во криминални активности низ Европа, а некои од идентификуваните биле активни и во велика Британија.
Списокот ги вклучува нивните имиња, броеви на пасоши, телефонски броеви, па дури и нивните навики - пишува Телеграф.

The post Украина објави список на руски шпиони appeared first on Република.

]]>
На телефоните имале снимки од контролни пунктови и распоред на војската: Во Лавов уапсени две лица осомничени дека шпионирале за Русија https://republika.mk/vesti/svet/na-telefonite-imale-snimki-od-kontrolni-punktovi-i-raspored-na-vojskata-vo-lavov-uapseni-dve-lica-osomnicheni-deka-shpionirale-za-rusija/ Sun, 27 Mar 2022 19:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=479440

Шефот на регионалната воена управа на Лавов, Максим Козицки, соопшти дека полицијата уапсила две лица во регионот под сомнение дека споделувале информации со Русија.

На авенијата Чорновил во Лавов, патроли запреа сомнителен автомобил. Проверувајќи го телефонот и документите на возачот, полицијата откри видео и фотографии од нашите воени движења. Тој имаше и фотографии од пасоши на мажи со адреса на Луганск и многу контакти со руски броеви - објави Козитски на „Телеграм“.

Лавов вчера беше гранатиран во два наврати, а една од гранатите предизвика пожар во складиште за гориво.

Козитски изјави дека полицијата уапсила човек кој наводно го снимил летот на проектилот и неговиот удар на местото на ракетниот напад, а полицијата пронашла и фотографии од контролни пунктови во регионот, кои биле испратени на руски броеви.

Тие лица по апсењето се предадени на Службата за безбедност на Украина - изјави Козитски.

The post На телефоните имале снимки од контролни пунктови и распоред на војската: Во Лавов уапсени две лица осомничени дека шпионирале за Русија appeared first on Република.

]]>

Шефот на регионалната воена управа на Лавов, Максим Козицки, соопшти дека полицијата уапсила две лица во регионот под сомнение дека споделувале информации со Русија.
На авенијата Чорновил во Лавов, патроли запреа сомнителен автомобил. Проверувајќи го телефонот и документите на возачот, полицијата откри видео и фотографии од нашите воени движења. Тој имаше и фотографии од пасоши на мажи со адреса на Луганск и многу контакти со руски броеви - објави Козитски на „Телеграм“.
Лавов вчера беше гранатиран во два наврати, а една од гранатите предизвика пожар во складиште за гориво. Козитски изјави дека полицијата уапсила човек кој наводно го снимил летот на проектилот и неговиот удар на местото на ракетниот напад, а полицијата пронашла и фотографии од контролни пунктови во регионот, кои биле испратени на руски броеви.