севернодонецк Archives - Република https://republika.mk/tema/severnodoneck/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Jun 2022 08:54:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png севернодонецк Archives - Република https://republika.mk/tema/severnodoneck/ 32 32 Кадиров: Чеченските борци го освоија селото кое ќе овозможи опколување на украинските сили во Севернодонецк и Лисичанск https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-chechenskite-borci-go-osvoija-seloto-koe-kje-ovozmozi-opkoluvanje-na-ukrainskite-sili-vo-severnodoneck-i-lisichansk/ Wed, 15 Jun 2022 08:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=515388

Лидерот на нЧеченија, Рамзан Кадиров, чии сили сктивно учествуваат во борбите во Севернодонец во Донбас, објави дека е завршена последната фаза од операцијата за заземање на местото Камишеваха, село што се наоѓа на 25 километри јужно од Лисичанск, во Луганската Народна Република (ЛНР).

Завршена е последната фаза од ослободувањето на Камишеваха. Нејзините жители може да се одморат бидејќи сега се ослободени од украинската окупација - изјави Кадиров, нагласувајќи дека селото го заземале борците на специјалните чеченски сили.

Истовремено од милицијата на ЛНР соопшти дека по заземањето на ова село, станало можно опколување на украинските војници во областа Лисичанск и Северодонецк, пренесува ТАС С.

The post Кадиров: Чеченските борци го освоија селото кое ќе овозможи опколување на украинските сили во Севернодонецк и Лисичанск appeared first on Република.

]]>

Лидерот на нЧеченија, Рамзан Кадиров, чии сили сктивно учествуваат во борбите во Севернодонец во Донбас, објави дека е завршена последната фаза од операцијата за заземање на местото Камишеваха, село што се наоѓа на 25 километри јужно од Лисичанск, во Луганската Народна Република (ЛНР).
Завршена е последната фаза од ослободувањето на Камишеваха. Нејзините жители може да се одморат бидејќи сега се ослободени од украинската окупација - изјави Кадиров, нагласувајќи дека селото го заземале борците на специјалните чеченски сили.
Истовремено од милицијата на ЛНР соопшти дека по заземањето на ова село, станало можно опколување на украинските војници во областа Лисичанск и Северодонецк, пренесува ТАС С.

The post Кадиров: Чеченските борци го освоија селото кое ќе овозможи опколување на украинските сили во Севернодонецк и Лисичанск appeared first on Република.

]]>
Руските сили не планираат директен напад врз фабриката „Азот“ во Севернодонецк, очекуваат дека Украинците ќе се предадат https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-ne-planiraat-direkten-napad-vrz-fabrikata-azot-vo-severnodoneck-ochekuvaat-deka-ukraincite-kje-se-predadat/ Mon, 13 Jun 2022 21:10:55 +0000 https://republika.mk/?p=514745

Неименуван функционер на Луганската народна Република (ЛНР), изјави дека руските сили и нивните сојузници не планираат да ја нападнат големата хемиска фабрика „Азот“ во Северодонецк, каде што се засолнети украинските сили во градот, додавајќи дека сепак, забарикадираните украински сили, кои остануваат во индустрискиот комплекс, ќе бидат принудени да се предадат.

Функционерот за руската новинска агенција Интерфакс изјавил дека преговорите со тамошните украински војници засега не постигнале договор, пренесе Би-би-си.

Нема планови за напад врз „Азот“. Фабриката е под блокада. Украинските војници кои остануваат таму ќе бидат принудени да се предадат - изјавил функционерот.

Тој, истовремено, ја отфрла можноста да им биде обезбеден безбеден коридор, со цел повторно да се приклучат на главните украински сили.

Претходно, украинскиот гувернер на областа Луганск, Сергеј Гајдаи, изјави дека околу 800 цивили се засолниле во бункери во фабриката „Азот“.

The post Руските сили не планираат директен напад врз фабриката „Азот“ во Севернодонецк, очекуваат дека Украинците ќе се предадат appeared first on Република.

]]>

Неименуван функционер на Луганската народна Република (ЛНР), изјави дека руските сили и нивните сојузници не планираат да ја нападнат големата хемиска фабрика „Азот“ во Северодонецк, каде што се засолнети украинските сили во градот, додавајќи дека сепак, забарикадираните украински сили, кои остануваат во индустрискиот комплекс, ќе бидат принудени да се предадат. Функционерот за руската новинска агенција Интерфакс изјавил дека преговорите со тамошните украински војници засега не постигнале договор, пренесе Би-би-си.
Нема планови за напад врз „Азот“. Фабриката е под блокада. Украинските војници кои остануваат таму ќе бидат принудени да се предадат - изјавил функционерот.
Тој, истовремено, ја отфрла можноста да им биде обезбеден безбеден коридор, со цел повторно да се приклучат на главните украински сили. Претходно, украинскиот гувернер на областа Луганск, Сергеј Гајдаи, изјави дека околу 800 цивили се засолниле во бункери во фабриката „Азот“.

The post Руските сили не планираат директен напад врз фабриката „Азот“ во Севернодонецк, очекуваат дека Украинците ќе се предадат appeared first on Република.

]]>
Захарова: Украинските националисти планираат да разнесат резервоари со отровни хемикалии во фабриката во Северодонецк https://republika.mk/vesti/svet/zaharova-ukrainskite-nacionalisti-planiraat-da-raznesat-rezervoari-so-otrovni-hemikalii-vo-fabrikata-vo-severodoneck/ Thu, 09 Jun 2022 11:58:37 +0000 https://republika.mk/?p=513146

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека украинските сили подготвуваат нова провокација со цел да ја обвинат Русија за наводни злосторства.

Таа обелодени дека Украинците подготвуваат провокација, планираат да кренат во воздух резервоари со отровни хемикалии во фабриката во Северодонецк и притоа да ги задржат работниците и цивилите на територијата на индустрискиот комплекс.

Да видиме што навистина се подготвува. Се подготвува уште една провокација на украинските војници, а тоа е минирање на резервоари со отровни хемикалии во фабриката „Азот“ во Северодонецк на територијата на Луганската Народна Република и затворање на повеќе од 1.000 фабрички работници и локални жители во нејзините подземни објекти - изјави Захарова.

Таа додаде дека украинските сили продолжуваат со гранатирање на населените места во Донбас, распоредуваат огнени позиции во станбени згради и користат цивили како жив штит.

Сите овие воени злосторства се регистрирани од истражните органи на Република Русија и републиките во Донбас. Тие ќе бидат детално истражени, а сторителите ќе бидат казнети - изјави Захарова.

Таа истакна дека оваа тактика на користење жив штит станала „визит-карта на украинските сили“.

Захарова порача и дека официјална Москва ќе одговори на одлуката на Франција да забрани некои руски телевизиски канали.

Министерството за надворешни работи ќе реагира на таквите дејствија и ќе следи одговор - изјави Захарова пред новинарите, без да даде повеќе детали, пренесува „Ројтерс“.

The post Захарова: Украинските националисти планираат да разнесат резервоари со отровни хемикалии во фабриката во Северодонецк appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека украинските сили подготвуваат нова провокација со цел да ја обвинат Русија за наводни злосторства. Таа обелодени дека Украинците подготвуваат провокација, планираат да кренат во воздух резервоари со отровни хемикалии во фабриката во Северодонецк и притоа да ги задржат работниците и цивилите на територијата на индустрискиот комплекс.
Да видиме што навистина се подготвува. Се подготвува уште една провокација на украинските војници, а тоа е минирање на резервоари со отровни хемикалии во фабриката „Азот“ во Северодонецк на територијата на Луганската Народна Република и затворање на повеќе од 1.000 фабрички работници и локални жители во нејзините подземни објекти - изјави Захарова.
Таа додаде дека украинските сили продолжуваат со гранатирање на населените места во Донбас, распоредуваат огнени позиции во станбени згради и користат цивили како жив штит.
Сите овие воени злосторства се регистрирани од истражните органи на Република Русија и републиките во Донбас. Тие ќе бидат детално истражени, а сторителите ќе бидат казнети - изјави Захарова.
Таа истакна дека оваа тактика на користење жив штит станала „визит-карта на украинските сили“. Захарова порача и дека официјална Москва ќе одговори на одлуката на Франција да забрани некои руски телевизиски канали.
Министерството за надворешни работи ќе реагира на таквите дејствија и ќе следи одговор - изјави Захарова пред новинарите, без да даде повеќе детали, пренесува „Ројтерс“.

The post Захарова: Украинските националисти планираат да разнесат резервоари со отровни хемикалии во фабриката во Северодонецк appeared first on Република.

]]>
Севернодонецк: Што треба да се знае за центарот на борбите во Донбас и зошто е толку важен за руските сили https://republika.mk/vesti/svet/severnodoneck-shto-treba-da-se-znae-za-centarot-na-borbite-vo-donbas-i-zoshto-e-tolku-vazen-za-ruskite-sili/ Tue, 07 Jun 2022 10:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=512121

По пристанишниот град Мариупол, Северодонецк е уште еден голем индустриски центар во источна Украина. Проруското движење во овој реон за првпат се манифестира пред дваесет години, пиува „Дојче веле“.

Помалку од две недели откако последните украински војници се предадоа во Мариупол, надевајќи се дека ќе разменат заробеници со руската армија, Украина може да изгуби уште еден голем центар на Донбас, градот Северодонецк. Според извештаите, по уличните борби, руските сили веќе се навлезени во поголемиот дел од градот.

Северодонецк и соседниот Лисичанск се последните поголеми градови во регионот Луганск, кои сè уште се под контрола на Киев. Според украинскиот Генералштаб, главна сегашна цел на Русија е да го освои Северодонецк. Украинските сили кои ја бранат областа се соочени со опасност да бидат опколени како во Мариупол.

Центар на украинската хемиска индустрија

Пред војната, Северодонецк имаше нешто повеќе од 100.000 жители. Градот е основан во советско време, во близина на хемиската фабрика „Азот“, најголемата во Украина. Релативно новиот град, на границата на регионите Луганск, Доњецк и Харков, го добил името по реката Северски Донец во 1950-тите.

Сопственик на хемиската фабрика „Азот“ е олигархот и медиумски магнат Дмитро Фирташ, кој живее во Австрија од 2014 година. На Фирташ му се заканува екстрадиција во САД поради сомневање за корупција. Неговата компанија во Северодонецк првенствено произведува ѓубриво, главно за извоз.

Во последните години, поради конфликтот во Донбас, фабриката „Азот“, како и многу други фабрики во регионот, често го прекинува производството. Во Северодонецк има и други хемиски фабрики. Нафтена рафинерија има и во соседен Лисичанск. Порано им припаѓаше на руски бизнисмени, но одамна не функционира.

Проруско движење во Севернодонецк

Северодонецк е познат и по првиот обид да се подели Украина пред дваесет години. На 28 ноември 2004 година, во градот се состана таканаречениот Сеукраински конгрес на пратеници од сите нивоа, на кој првенствено присуствуваа претставници на проруската Партија на регионот.

Партијата потекнува од Донбас и доминираше во регионот. Во времето на прозападната „Портокалова револуција“, таа се закани дека ќе прогласи автономија со Харков како свој центар. Автономијата требаше да опфати осум источни и јужни украински региони, како и Крим и Севастопол.

На конгресот говореше и тогашниот градоначалник на Москва, Јуриј Лушков, кој како млад работел во фабриката „Азот“. Подоцна дури беше прогласен и за почесен граѓанин на Северодонецк, иако украинските власти уште тогаш му забранија влез во земјата, поради сепаратистичките изјави за Севастопол.

Иницијаторите на Сеукраинскиот конгрес во 2004 година застанаа на заканите. Сепак, многу набљудувачи го видоа состанокот како прв, неуспешен обид за формален политички раскол во Украина.

Вториот обид следуваше десет години подоцна, во текот на пролетта и летото 2014 година. По припојувањето на Крим кон Русија, вооружените локални сепаратисти, заедно со Козаците кои дојдоа од Русија, ги зазедоа трите соседни градови Северодонецк, Лисичанск и Рубижне.

Во втората половина на јули 2014 година, украинската армија го поврати регионот. Северодонецк стана регионален центар на воено-цивилната администрација. Од Луганск таму се преселија разни институции и факултети. Сега повторно се преселија, овој пат во западна Украина.

Стратешко значење на Северодонецк

Северодонецк и соседниот Лисичанск се стратешки многу важни, бидејќи тој дел од Донбас е поврзан со други украински региони. Главниот фокус е на автопатот што го поврзува Лисичанск со Бахмут во регионот Доњецк. Преку нив се снабдува украинската армија, а до неодамна на тој правец се евакуираа цивили. Меѓутоа, поради гранатирање, патот сега се смета за премногу опасен.

Заземањето на Северодонецк и Лисичанск ќе и овозможи на руската армија да стигне до административната граница на регионот Луганск. Оттаму, потоа би можела да напредува позападно, кон Краматорск, вториот административен центар во регионот Доњецк.

Краматорск е еден од последните големи индустриски градови во Донбас, кој се уште е целосно под контрола на Киев.

The post Севернодонецк: Што треба да се знае за центарот на борбите во Донбас и зошто е толку важен за руските сили appeared first on Република.

]]>

По пристанишниот град Мариупол, Северодонецк е уште еден голем индустриски центар во источна Украина. Проруското движење во овој реон за првпат се манифестира пред дваесет години, пиува „Дојче веле“. Помалку од две недели откако последните украински војници се предадоа во Мариупол, надевајќи се дека ќе разменат заробеници со руската армија, Украина може да изгуби уште еден голем центар на Донбас, градот Северодонецк. Според извештаите, по уличните борби, руските сили веќе се навлезени во поголемиот дел од градот. Северодонецк и соседниот Лисичанск се последните поголеми градови во регионот Луганск, кои сè уште се под контрола на Киев. Според украинскиот Генералштаб, главна сегашна цел на Русија е да го освои Северодонецк. Украинските сили кои ја бранат областа се соочени со опасност да бидат опколени како во Мариупол.

Центар на украинската хемиска индустрија

Пред војната, Северодонецк имаше нешто повеќе од 100.000 жители. Градот е основан во советско време, во близина на хемиската фабрика „Азот“, најголемата во Украина. Релативно новиот град, на границата на регионите Луганск, Доњецк и Харков, го добил името по реката Северски Донец во 1950-тите. Сопственик на хемиската фабрика „Азот“ е олигархот и медиумски магнат Дмитро Фирташ, кој живее во Австрија од 2014 година. На Фирташ му се заканува екстрадиција во САД поради сомневање за корупција. Неговата компанија во Северодонецк првенствено произведува ѓубриво, главно за извоз. Во последните години, поради конфликтот во Донбас, фабриката „Азот“, како и многу други фабрики во регионот, често го прекинува производството. Во Северодонецк има и други хемиски фабрики. Нафтена рафинерија има и во соседен Лисичанск. Порано им припаѓаше на руски бизнисмени, но одамна не функционира.

Проруско движење во Севернодонецк

Северодонецк е познат и по првиот обид да се подели Украина пред дваесет години. На 28 ноември 2004 година, во градот се состана таканаречениот Сеукраински конгрес на пратеници од сите нивоа, на кој првенствено присуствуваа претставници на проруската Партија на регионот. Партијата потекнува од Донбас и доминираше во регионот. Во времето на прозападната „Портокалова револуција“, таа се закани дека ќе прогласи автономија со Харков како свој центар. Автономијата требаше да опфати осум источни и јужни украински региони, како и Крим и Севастопол. На конгресот говореше и тогашниот градоначалник на Москва, Јуриј Лушков, кој како млад работел во фабриката „Азот“. Подоцна дури беше прогласен и за почесен граѓанин на Северодонецк, иако украинските власти уште тогаш му забранија влез во земјата, поради сепаратистичките изјави за Севастопол. Иницијаторите на Сеукраинскиот конгрес во 2004 година застанаа на заканите. Сепак, многу набљудувачи го видоа состанокот како прв, неуспешен обид за формален политички раскол во Украина. Вториот обид следуваше десет години подоцна, во текот на пролетта и летото 2014 година. По припојувањето на Крим кон Русија, вооружените локални сепаратисти, заедно со Козаците кои дојдоа од Русија, ги зазедоа трите соседни градови Северодонецк, Лисичанск и Рубижне. Во втората половина на јули 2014 година, украинската армија го поврати регионот. Северодонецк стана регионален центар на воено-цивилната администрација. Од Луганск таму се преселија разни институции и факултети. Сега повторно се преселија, овој пат во западна Украина.

Стратешко значење на Северодонецк

Северодонецк и соседниот Лисичанск се стратешки многу важни, бидејќи тој дел од Донбас е поврзан со други украински региони. Главниот фокус е на автопатот што го поврзува Лисичанск со Бахмут во регионот Доњецк. Преку нив се снабдува украинската армија, а до неодамна на тој правец се евакуираа цивили. Меѓутоа, поради гранатирање, патот сега се смета за премногу опасен. Заземањето на Северодонецк и Лисичанск ќе и овозможи на руската армија да стигне до административната граница на регионот Луганск. Оттаму, потоа би можела да напредува позападно, кон Краматорск, вториот административен центар во регионот Доњецк. Краматорск е еден од последните големи индустриски градови во Донбас, кој се уште е целосно под контрола на Киев.

The post Севернодонецк: Што треба да се знае за центарот на борбите во Донбас и зошто е толку важен за руските сили appeared first on Република.

]]>
Украински гувернер: Позицијата на украинските сили во Севернодонецк малку се влоши https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-guverner-pozicijata-na-ukrainskite-sili-vo-severnodoneck-malku-se-vloshi/ Mon, 06 Jun 2022 10:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=511709

Гувернерот на украинската Луганска област, Сергеј Гајдај, изјави дека позицијата на украинските сили во Северодонецк „малку се влошила“, пренесува Ројтерс.

Нашите бранители успеаја да одржат контранапад извесно време. Ослободија речиси половина од градот. Меѓутоа, ситуацијата сега повторно се влоши за нас - изјави Гајдај за националната телевизија.

The post Украински гувернер: Позицијата на украинските сили во Севернодонецк малку се влоши appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на украинската Луганска област, Сергеј Гајдај, изјави дека позицијата на украинските сили во Северодонецк „малку се влошила“, пренесува Ројтерс.
Нашите бранители успеаја да одржат контранапад извесно време. Ослободија речиси половина од градот. Меѓутоа, ситуацијата сега повторно се влоши за нас - изјави Гајдај за националната телевизија.

The post Украински гувернер: Позицијата на украинските сили во Севернодонецк малку се влоши appeared first on Република.

]]>
Украински извори: Украина изведува контранапади во Северодонецк, но Русија сè уште држи „поголем дел од градот“ https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-izvori-ukraina-izveduva-kontranapadi-vo-severodoneck-no-rusija-se-ushte-drzi-pogolem-del-od-gradot/ Thu, 02 Jun 2022 13:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=510245

Регионален украински воен претставник во Севернодонецк, изјави дека украинската армија извршила серија контранапади во овој град во Донецк, но дека руските сили сè уште го контролираат „поголемиот дел од градот.

Северодонецк е едно од последните преостанати упоришта што ги држи Украина во источниот регион Луганск.

Шефот на воената управа на Луганск, Сергеј Хајдај, изјави дека руските сили во средата вечерта не постигнале никаков напредок во обидот да го заземат Северодонецк и покрај руските тврдења дека го освоиле целиот град.

Хајдај претходно изјави дека 10.000 војници под руска контрола се борат да го заземат градот.

The post Украински извори: Украина изведува контранапади во Северодонецк, но Русија сè уште држи „поголем дел од градот“ appeared first on Република.

]]>

Регионален украински воен претставник во Севернодонецк, изјави дека украинската армија извршила серија контранапади во овој град во Донецк, но дека руските сили сè уште го контролираат „поголемиот дел од градот. Северодонецк е едно од последните преостанати упоришта што ги држи Украина во источниот регион Луганск. Шефот на воената управа на Луганск, Сергеј Хајдај, изјави дека руските сили во средата вечерта не постигнале никаков напредок во обидот да го заземат Северодонецк и покрај руските тврдења дека го освоиле целиот град. Хајдај претходно изјави дека 10.000 војници под руска контрола се борат да го заземат градот.

The post Украински извори: Украина изведува контранапади во Северодонецк, но Русија сè уште држи „поголем дел од градот“ appeared first on Република.

]]>
Британски разузнавачи: Руските сили напредуваат во Донбас https://republika.mk/vesti/svet/britanski-razuznavachi-ruskite-sili-napreduvaat-vo-donbas/ Wed, 01 Jun 2022 11:53:27 +0000 https://republika.mk/?p=509676

Британското министерство за одбрана, во својот најнов извештај за состојбата на боиштата во Украина, базиран врз разузнавачки податоци, соопшти дека борбите во Донбас се концентрирани во реонот на Севернодонецк, каде што руските сили постигнуваат напредок.

Руските копнени сили продолжуваат да ја концентрираат воената моќ кон тесен појас во Луганската Област. Во текот на 30-31 мај, се интензивираа борбите во Севернодонецк, а руските сили напредуваа кон центарот на градот. Повеќе од половиата на Севернодонецк е под контрола на руските сили, вклучувајќи и ги чеченските борци.

 

Надвор од Доњецката област, руските сили продолжуваат со долгометни удари врз инфраструктурата во разни делови од Украина. На удар се стратешки важните мостовски врски со Украина, како и со украинските пристаништа на Дунав, коишто станаа клучни по блокадата на пристаништата на Црното Море - се вели во британскиот разузнавачки извештај.

https://twitter.com/DefenceHQ/status/1531881373262290944?cxt=HHwWgICxtcT_qsIqAAAA

The post Британски разузнавачи: Руските сили напредуваат во Донбас appeared first on Република.

]]>

Британското министерство за одбрана, во својот најнов извештај за состојбата на боиштата во Украина, базиран врз разузнавачки податоци, соопшти дека борбите во Донбас се концентрирани во реонот на Севернодонецк, каде што руските сили постигнуваат напредок.
Руските копнени сили продолжуваат да ја концентрираат воената моќ кон тесен појас во Луганската Област. Во текот на 30-31 мај, се интензивираа борбите во Севернодонецк, а руските сили напредуваа кон центарот на градот. Повеќе од половиата на Севернодонецк е под контрола на руските сили, вклучувајќи и ги чеченските борци.   Надвор од Доњецката област, руските сили продолжуваат со долгометни удари врз инфраструктурата во разни делови од Украина. На удар се стратешки важните мостовски врски со Украина, како и со украинските пристаништа на Дунав, коишто станаа клучни по блокадата на пристаништата на Црното Море - се вели во британскиот разузнавачки извештај.
https://twitter.com/DefenceHQ/status/1531881373262290944?cxt=HHwWgICxtcT_qsIqAAAA

The post Британски разузнавачи: Руските сили напредуваат во Донбас appeared first on Република.

]]>
Борците на Кадиров патролираат по улиците на Севернодонецк: Клучниот град во Луганск е целосно во руски раце https://republika.mk/vesti/svet/borcite-na-kadirov-patroliraat-po-ulicite-na-severnodoneck-kluchniot-grad-vo-lugansk-e-celosno-vo-ruski-race/ Wed, 01 Jun 2022 08:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=509594

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, објави дека во градот Северодонецк е завршено чистењето на украинските војници. Тој информира дека неговите борци преминале во следната фаза - темелна проверка на поединечни градски згради.

Кадиров додава дека „непријателот во градот е поразен и бега во неред“ и дека руските вооружени сили ја контролираат ситуацијата.

На овие снимки го гледаме Северодонецк, кој, според украинските медиуми, наводно е под контрола на Вооружените сили на Украина. Драгиот брат Ахмед Саидарханов одеше со борците по централната авенија на градот и неговата околина во потрага по барем еден претставник на украинската армија. За жал, потрагата беше неуспешна“.

 

Дури и на периферијата на Северодонецк владее мир и тишина. Луѓето постепено излегуваат на улица, животот се враќа во мир. А нацистите, бандерашите и ѓаволите исчезнаа. Безбедноста и мирот се обезбедени. Месното население, уморно од постојаното угнетување на националистите, ги пречекува своите ослободители со раширени раце - напиша Кадиров на Телеграм, објавувајќи видео од чеченските борци во градот.

Претходно, официјалниот претставник на Народната милиција на Луганската Народна Република, Иван Филипоненко, изјави дека полициските сили, со поддршка на руските војници, ја пробиле линијата на одбраната на Вооружените сили на Украина во Северодонецк и зазеле упоришта во градот.

Според него, украинските безбедносни сили се кријат во станбени објекти и пукаат кон областите од кои веќе се повлекле.

Информацијата дека Русите контролираат поголем дел од Северодоњецк ја потврди и украинскиот гувернер на Луганската област, Сергеј Гајдаи.

Градот Северодонецк е еден од најважните стратеши точки во Донбас и беше привремен административен центар на регионот Луганск во Украина.

На почетокот на руската воена операција во Украина, градот не беше главна цел на армијата на Руската Федерација, па затоа овој добро утврден дел од фронтот беше главно мирен. Кога ескалираа конфликтите во Донбас, во мај 2022 година, Русите почнаа да ги освојуваат градовите еден по друг, а еден од најважните е Северодонецк.

The post Борците на Кадиров патролираат по улиците на Севернодонецк: Клучниот град во Луганск е целосно во руски раце appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, објави дека во градот Северодонецк е завршено чистењето на украинските војници. Тој информира дека неговите борци преминале во следната фаза - темелна проверка на поединечни градски згради. Кадиров додава дека „непријателот во градот е поразен и бега во неред“ и дека руските вооружени сили ја контролираат ситуацијата.
На овие снимки го гледаме Северодонецк, кој, според украинските медиуми, наводно е под контрола на Вооружените сили на Украина. Драгиот брат Ахмед Саидарханов одеше со борците по централната авенија на градот и неговата околина во потрага по барем еден претставник на украинската армија. За жал, потрагата беше неуспешна“.   Дури и на периферијата на Северодонецк владее мир и тишина. Луѓето постепено излегуваат на улица, животот се враќа во мир. А нацистите, бандерашите и ѓаволите исчезнаа. Безбедноста и мирот се обезбедени. Месното население, уморно од постојаното угнетување на националистите, ги пречекува своите ослободители со раширени раце - напиша Кадиров на Телеграм, објавувајќи видео од чеченските борци во градот.
Претходно, официјалниот претставник на Народната милиција на Луганската Народна Република, Иван Филипоненко, изјави дека полициските сили, со поддршка на руските војници, ја пробиле линијата на одбраната на Вооружените сили на Украина во Северодонецк и зазеле упоришта во градот. Според него, украинските безбедносни сили се кријат во станбени објекти и пукаат кон областите од кои веќе се повлекле. Информацијата дека Русите контролираат поголем дел од Северодоњецк ја потврди и украинскиот гувернер на Луганската област, Сергеј Гајдаи. Градот Северодонецк е еден од најважните стратеши точки во Донбас и беше привремен административен центар на регионот Луганск во Украина. На почетокот на руската воена операција во Украина, градот не беше главна цел на армијата на Руската Федерација, па затоа овој добро утврден дел од фронтот беше главно мирен. Кога ескалираа конфликтите во Донбас, во мај 2022 година, Русите почнаа да ги освојуваат градовите еден по друг, а еден од најважните е Северодонецк.

The post Борците на Кадиров патролираат по улиците на Севернодонецк: Клучниот град во Луганск е целосно во руски раце appeared first on Република.

]]>