сексуално злоставување Archives - Република https://republika.mk/tema/seksualno-zlostavuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 13:35:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сексуално злоставување Archives - Република https://republika.mk/tema/seksualno-zlostavuvanje/ 32 32 Судијата одби притвор за полицаецот кој застана девојка без возачка и почна сексуално да ја вознемирува https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sudijata-odbi-pritvor-za-politsaetsot-koj-zastana-devojka-bez-vozachka-i-pochna-seksualno-da-ja-voznemiruva/ Thu, 15 Aug 2024 13:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=806927

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција повело истражна постапка против полициски службеник од полициската станица Бит Пазар осомничен за обљуба со злоупотреба на положбата.

Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден полициски службеник. На осомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело „Обљуба со злоупотреба на положбата“ по член 189 став 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението од Јавното обвинителство на РСМ.

Постои основано сомнение дека, како што се посочува, осомничениот – униформиран полициски службеник од ПС Бит Пазар, на 31.07.2024 година во 22:30 часот на бул.Крсте Мисирков во Скопје, пред хотел „Дајмонд“, со злоупотреба на својата положба ја навел оштетената која во моментот била во однос на подреденост да изврши друго полово дејство на тој начин го понижил нејзиното човеково достоинство и човековата личност.

Осомничениот, постапувајќи по наредба за вршење на дејност на сообраќајни прекршоци од Законот за безбеност на сообраќајот на патиштата, со светлосен знак ја запрел оштетената која управувала ПМВ марка „Митсибуши Колт“ и при проверката на документацијата утврдил дека оштетената го управува возилото без возачка дозвола. Наместо да изготви и да ѝ врачи прекршочен платен налог, тој преку отворена возачка врата на возилото каде седела оштетената и ги фатил рацете и со главата и горниот дел од телото влегол внатре во возилото и ѝ ја повлекол маицата па почнал да ја бакнува по градите, вратот и лицето. Потоа напуштајќи го возилото ѝ рекол „Сега ќе те пуштам. Јас морам да пипнам, морам да видам“ и со трескање ја затворил вратата од возилото на оштетената ѝ одобрил да си замине. Оштетената го ставила возилото во движење и го пријавила настанот, по што во координација со јавен обвинител беа преземени предистражни дејствија за расветлување на случајот. Врз основа на земени примероци за ДНК и извршено препознавање беше утврден идентитетот на полицискиот службеник и против него е поднесена кривичната пријава, се наведува во соопштението.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци ќе ја попречи истрагата, предметниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје предложил на осомничениот да му се определи мерката притвор.

Судијата на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и забрана за издавање нова, за што обвинителството како незадоволно од ваквата одлука ќе поднесе жалба, особено имајќи предвид дека запретената казна за кривичното дело за кое се товари осомничениот е најмалку пет години затвор, се наведува во соопштението од ЈОРМ.

The post Судијата одби притвор за полицаецот кој застана девојка без возачка и почна сексуално да ја вознемирува appeared first on Република.

]]>

Се бараат 135 години затвор за учител по веронаука кој сексуално злоставувал ученички https://republika.mk/vesti/se-baraat-135-godini-zatvor-za-uchitel-po-veronauka-koj-seksualno-zlostavuval-uchenichki/ Sun, 26 May 2024 16:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=781850

Наставник по верска култура и етика во турскиот град Адана е осомничен дека сексуално злоставувал шест ученички, од кои најстарата имала 12 години. Против него е поднесена тужба со која се бара затворска казна до 135 години, јавија турски медиуми.

Пет ученички од петто одделение им кажале на родителите дека наставник от Џ. Џ. сексуално ги злоставувувал во училница додека читале молитви, семејствата на жрвите поднеле кривична пријава.

Според информациите на турските медиуми, Џ.Џ. бил уапсен на 11 мај, а по завршување на истрагата против него е покренато обвинение за кривично дело „сексуална злоупотреба на жртви помлади од 12 години“.

The post Се бараат 135 години затвор за учител по веронаука кој сексуално злоставувал ученички appeared first on Република.

]]>

Наставник по верска култура и етика во турскиот град Адана е осомничен дека сексуално злоставувал шест ученички, од кои најстарата имала 12 години. Против него е поднесена тужба со која се бара затворска казна до 135 години, јавија турски медиуми. Пет ученички од петто одделение им кажале на родителите дека наставник от Џ. Џ. сексуално ги злоставувувал во училница додека читале молитви, семејствата на жрвите поднеле кривична пријава. Според информациите на турските медиуми, Џ.Џ. бил уапсен на 11 мај, а по завршување на истрагата против него е покренато обвинение за кривично дело „сексуална злоупотреба на жртви помлади од 12 години“.

The post Се бараат 135 години затвор за учител по веронаука кој сексуално злоставувал ученички appeared first on Република.

]]>
„Трпевме сексуална, физичка и емоционална злоупотреба“: 77 спортиски го кренаа својот глас против култот во канадската гимнастика https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trpevme-seksualna-fizichka-i-emocionalna-zloupotreba-77-sportiski-go-krenaa-svojot-glas-protiv-kultot-vo-kanadskata-gimnastika/ Tue, 29 Mar 2022 08:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=480171

Група од седумдесетина сегашни и поранешни спортистки повикаа на независна истрага за „токсичната култура и навредливите работни практики“ присутни во канадската гимнастика.

Не можеме повеќе да молчиме. Подготвени сме да ги споделиме нашите искуства за злоупотреба, занемарување и дискриминација со надеж дека ќе направиме разлика. Бараме да се преземе акција за да се спречи следната генерација канадски гимнастичари да ја избегнат физичката и психолошката траума што моравме да ги издржиме, се вели во отвореното писмо испратено до шефот на Одделот за спорт на Владата на Канада.

Писмото открива дека канадската гимнастика има просперитетен култ на емоционална, физичка и сексуална злоупотреба од страна на тренери против спортистки, од кои многу се малолетни.

Сегашното раководство на „Гимнастик Канада“ не успеа да ги реши овие прашања и да ја заработи довербата на спортистите. Нејзиниот неуспех да одговори адекватно на тековната системска злоупотреба и дискриминација е загрижувачки, стои во отвореното писмо, објави Би-би-си.

Претходно слични обвинувања имаше и од репрезентациите во гимнастика на САД, Велика Британија, Австралија и Грција.

The post „Трпевме сексуална, физичка и емоционална злоупотреба“: 77 спортиски го кренаа својот глас против култот во канадската гимнастика appeared first on Република.

Папа Франциск: Канонското право е важен чекор во борбата против злоставувањето во Католичката црква https://republika.mk/vesti/svet/papa-francisk-kanonskoto-pravo-e-vazen-chekor-vo-borbata-protiv-zlostavuvanjeto-vo-katolichkata-crkva/ Fri, 21 Jan 2022 13:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=447729

Папата Франциск повика на строга примена на канонското право во борбата против злоставувањата во Католичката црква.

Црквата, со Божја помош, продолжува со својата посветеност да обезбеди правда за жртвите злоставувани од нашите членови, применувајќи го со посебно внимание и строго пропишаното канонско право - изјави Папата Франциск во Апостолската палата при приемот на претставниците на Конгрегацијата за доктрина на верата, ватиканските власти кои се занимаваат со извештаите за злоставување.

Папата укажа на неодамнешните реформи кои го олеснуваат повикувањето на одговорност на злоставувачите во Црквата.

Самото ова можеби не е доволно за борба против овој феномен, но е важен чекор кон враќање на правдата, поправање на скандалот и отстранување на сторителите - порача Папата.

Ватикан во четвртокот повтори дека чувствува „срам и каење“ за сексуалната злоупотреба што свештеници ја вршеле над малолетници, по објавувањето независен извештај во кој се доведуваат во прашање постапките на Папата Бенедикт Шеснаесетти.

Папата Бенедикт 16, кој има 94 години и живее во манастир во Ватикан, „одлучно“ негираше каква било одговорност во изјавата што ја испрати до адвокатите.

https://republika.mk/vesti/svet/papata-benedikt-znael-za-zlostavuvanjeto-deca-vo-nadbiskupijata-vo-minhen/

The post Папа Франциск: Канонското право е важен чекор во борбата против злоставувањето во Католичката црква appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск повика на строга примена на канонското право во борбата против злоставувањата во Католичката црква.
Црквата, со Божја помош, продолжува со својата посветеност да обезбеди правда за жртвите злоставувани од нашите членови, применувајќи го со посебно внимание и строго пропишаното канонско право - изјави Папата Франциск во Апостолската палата при приемот на претставниците на Конгрегацијата за доктрина на верата, ватиканските власти кои се занимаваат со извештаите за злоставување.
Папата укажа на неодамнешните реформи кои го олеснуваат повикувањето на одговорност на злоставувачите во Црквата.
Самото ова можеби не е доволно за борба против овој феномен, но е важен чекор кон враќање на правдата, поправање на скандалот и отстранување на сторителите - порача Папата.
Ватикан во четвртокот повтори дека чувствува „срам и каење“ за сексуалната злоупотреба што свештеници ја вршеле над малолетници, по објавувањето независен извештај во кој се доведуваат во прашање постапките на Папата Бенедикт Шеснаесетти. Папата Бенедикт 16, кој има 94 години и живее во манастир во Ватикан, „одлучно“ негираше каква било одговорност во изјавата што ја испрати до адвокатите. https://republika.mk/vesti/svet/papata-benedikt-znael-za-zlostavuvanjeto-deca-vo-nadbiskupijata-vo-minhen/

The post Папа Франциск: Канонското право е важен чекор во борбата против злоставувањето во Католичката црква appeared first on Република.

]]>
Универзитетски лекар сексуално злоставувал над 1.000 студенти, Универзитетот ќе плати пола милијарда долари отштета https://republika.mk/vesti/svet/univerzitetski-lekar-seksualno-zlostavival-nad-1-000-studenti-univerzitetot-kje-plati-pola-milijarda-dolari-otshteta/ Wed, 19 Jan 2022 20:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=446825

Американскиот Универзитет Мичиген со седиште во Ан Арбор постигна спогодба во износ од 490 милиони долари во врска со обвинението дека поранешниот спортски доктор на оваа образовна институција Роберт Андерсон со години сексуално ги злоставувал студентите спортисти.

Како што објавија локалните медиуми, со спогодбата се опфатени повеќе од 1.000 лица.

Горд сум што можам да објавам дека е постигната спогодба. Беше тоа долг пат исполнет со предизвици и верувам дека оваа спогодба ќе донесе правда и рехабилитација за многу храбри мажи и жени, кои одбија да бидат замолчени - изјави Паркер Стинар за ЕСПН.

Андерсон бил дел од Универзитетот Мичиген од 1966 до пензионирањето во 2003 година и бил директор на универзитетската здравствена служба и надлежен лекар за повеќе спортски екипи, вклучувајќи ја и таа во американски фудбал. Бројни спортисти, во најголем број мажи, го обвинија Андерсон, кој почина во 2008 година, дека сексуално ги злоставувал.

The post Универзитетски лекар сексуално злоставувал над 1.000 студенти, Универзитетот ќе плати пола милијарда долари отштета appeared first on Република.

]]>

Американскиот Универзитет Мичиген со седиште во Ан Арбор постигна спогодба во износ од 490 милиони долари во врска со обвинението дека поранешниот спортски доктор на оваа образовна институција Роберт Андерсон со години сексуално ги злоставувал студентите спортисти. Како што објавија локалните медиуми, со спогодбата се опфатени повеќе од 1.000 лица.