Американскиот Универзитет Мичиген со седиште во Ан Арбор постигна спогодба во износ од 490 милиони долари во врска со обвинението дека поранешниот спортски доктор на оваа образовна институција Роберт Андерсон со години сексуално ги злоставувал студентите спортисти.

Како што објавија локалните медиуми, со спогодбата се опфатени повеќе од 1.000 лица.

Горд сум што можам да објавам дека е постигната спогодба. Беше тоа долг пат исполнет со предизвици и верувам дека оваа спогодба ќе донесе правда и рехабилитација за многу храбри мажи и жени, кои одбија да бидат замолчени – изјави Паркер Стинар за ЕСПН.

Андерсон бил дел од Универзитетот Мичиген од 1966 до пензионирањето во 2003 година и бил директор на универзитетската здравствена служба и надлежен лекар за повеќе спортски екипи, вклучувајќи ја и таа во американски фудбал. Бројни спортисти, во најголем број мажи, го обвинија Андерсон, кој почина во 2008 година, дека сексуално ги злоставувал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.