ружица николовска Archives - Република https://republika.mk/tema/ruzica-nikolovska/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 13:12:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ружица николовска Archives - Република https://republika.mk/tema/ruzica-nikolovska/ 32 32 Власта, спротивно на закон ја продолжува постапката за вработување, која во изборен период мора да е во мирување https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-sprotivno-na-zakon-ja-prodolzhuva-postapkata-za-vrabotuvane-koja-vo-izboren-period-mora-da-e-vo-miruvane/ Thu, 21 Mar 2024 13:12:57 +0000 https://republika.mk/?p=756999

ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговор до Државната комисија за спречување на корупција заради прекршување на Изборниот законик од страна на Академијата за судии и јавни обвинители, соопшти денеска Ружица Николовска од ИК на партијата.

Имено согласно член 8а од Изборниот законик, како и согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси предвидено е дека од денот на донесување на одлука за распишување на претседателски и парламентарни избори не може да се спроведуваат постапки за нови вработувања ниту да се даваат откази на вработени во јавните и државните институции, а доколку има почнато такви постапки се ставаат во мирување. Сите сме сведоци во изминатиов период дека од страна на Академијата за судии и јавни обвинители беше објавен оглас за прием на нови 130 слушатели на Академијата при што непосредно сега пред некој ден во месец март е донесена временска динамика од страна на академијата за спроведување на приемниот испит, соопшти адвокатката на денешната прес-конференција.

Објаснува дека ова е важно затоа што приемот на слушателите на Академијата за судии и јавни обвинители подразбира дека стекнувањето на статус слушател значи вработување односно засновање на работен однос со Академијата за судии и јавни обвинители со сите права и овластувања како што следуваат од еден работен однос.

Сметаме дека тоа ќе влијае на изборниот процес и наместо Академијата да произведува кадри кои што утре ќе ги почитуваат правата и законите, за жал излегува дека Академијата е главниот прекршител на правото во овој момент. Ова што го поднесовме е пријава односно приговор до Државната комисија за спречување на корупцијата, за што сметаме дека е прв сериозен тест токму за интегритетот на новиот состав на ДКСК. Заради тоа бараме со пријавата истата да се разгледа, да се отвори случај и согласно своите законски ингеренции ДКСК да ги преземе сите потребни законски мерки за спречување на ваквите прекршувања, рече Николовска, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги следи овие прекршувања и за истите ќе ги извести секако и меѓународните организации кои што ги следат изборите како што се ОБСЕ и ОДИХР.

https://youtu.be/r4lNkUYPGqQ?si=kFM6XcOGwZPhkx8z

The post Власта, спротивно на закон ја продолжува постапката за вработување, која во изборен период мора да е во мирување appeared first on Република.

]]>

Николовска: Македонија сака да биде на патот кон ЕУ, меѓутоа не по секоја цена, не со ултиматуми и не со вакви понижувачки сценарија https://republika.mk/vesti/makedonija/nikolovska-makedonija-saka-da-bide-na-patot-kon-eu-megjutoa-ne-po-sekoja-cena-ne-so-ultimatumi-i-ne-so-vakvi-ponizuvachki-scenarija/ Tue, 12 Jul 2022 19:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=527776

На ваков начин нема да помине никаков предлог, протокол. Иако од власта слушаме дека со многу широки раце отворени го фалат францускиот предлог за патот на Македонија кон Европската Унија. Меѓутоа, или намерно и свесно ги премолчуваат фактите или навистина се слепи, изјави Ружица Николовска на денешниот протест насловен „Ултиматум, НЕ благодарам“.

Николовска додаде дека има неколку работи кои ќе ни пречат и што се за нас штетни. Штетни за нашиот идентитет и за нашите национални интереси.

Се обидуваат Бугарите да ја читаат историјата како чиста бугарска историја, тоа е содржано во предлогот и доаѓа токму од договорот за добрососедство од 2017та година. Дали тоа значи дека ние треба да го заборавиме нашиот идентитет, да ги избришеме нашите досегашни книги, учебници, филмови и да заборавиме на се ?“, кажа Николовска.

Николовска истакна дека ваков документ како што ни се нуди, на ваков начин не е за доброто на Македонија, напротив тоа е само штетен предлог.

Ни малку не е наивно тоа што се обидуваат како едно наивно прашање да го вметнат протнувањето и ставањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија. Ако тоа го дозволиме, знаете ли што ќе направиме? Ќе дозволиме да ни се истакнуваат бугарски симболи слободно, да ни се зборува на Бугарски јазик овде. Ние имаме наша историја, идентитет и ние имаме нешто што нашите предци го оставиле и не смееме да дозволиме сето тоа да го изгубиме, вели Николовска.

Таа додаде дека Македонија сака да биде на патот кон Европската Унија, меѓутоа не по секоја цена, не со ултиматуми и не со вакви понижувачки сценарија за нас Македонците.

Николовска потенцираше да не дозволиме ова власт да се однесува кон Македонија како слаба држава да е Македонија, можеби сме мала држава и мал народ но сите имаме големо срце и душа.

Сакам да упатам една порака до сите сограѓани во Република Македонија од другите националности. Браќа и сестри од други националности, излезете и вие со нас бидејќи ние како Македонци секогаш сме стоеле и ќе стоиме и ќе ви помагаме доколку било кои се обиде да задира во вашиот идентитет, историја и националност. Истото го очекуваме од вас, само на таков начин ќе имаме соживот а оние кои се обидуваат да ви протнат меѓуетнички тензии се излажале за тоа затоа што ние живееме вистински живот, изјави Николовска.

The post Николовска: Македонија сака да биде на патот кон ЕУ, меѓутоа не по секоја цена, не со ултиматуми и не со вакви понижувачки сценарија appeared first on Република.

]]>

На ваков начин нема да помине никаков предлог, протокол. Иако од власта слушаме дека со многу широки раце отворени го фалат францускиот предлог за патот на Македонија кон Европската Унија. Меѓутоа, или намерно и свесно ги премолчуваат фактите или навистина се слепи, изјави Ружица Николовска на денешниот протест насловен „Ултиматум, НЕ благодарам“. Николовска додаде дека има неколку работи кои ќе ни пречат и што се за нас штетни. Штетни за нашиот идентитет и за нашите национални интереси.
Се обидуваат Бугарите да ја читаат историјата како чиста бугарска историја, тоа е содржано во предлогот и доаѓа токму од договорот за добрососедство од 2017та година. Дали тоа значи дека ние треба да го заборавиме нашиот идентитет, да ги избришеме нашите досегашни книги, учебници, филмови и да заборавиме на се ?“, кажа Николовска.
Николовска истакна дека ваков документ како што ни се нуди, на ваков начин не е за доброто на Македонија, напротив тоа е само штетен предлог.
Ни малку не е наивно тоа што се обидуваат како едно наивно прашање да го вметнат протнувањето и ставањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија. Ако тоа го дозволиме, знаете ли што ќе направиме? Ќе дозволиме да ни се истакнуваат бугарски симболи слободно, да ни се зборува на Бугарски јазик овде. Ние имаме наша историја, идентитет и ние имаме нешто што нашите предци го оставиле и не смееме да дозволиме сето тоа да го изгубиме, вели Николовска.
Таа додаде дека Македонија сака да биде на патот кон Европската Унија, меѓутоа не по секоја цена, не со ултиматуми и не со вакви понижувачки сценарија за нас Македонците. Николовска потенцираше да не дозволиме ова власт да се однесува кон Македонија како слаба држава да е Македонија, можеби сме мала држава и мал народ но сите имаме големо срце и душа.
Сакам да упатам една порака до сите сограѓани во Република Македонија од другите националности. Браќа и сестри од други националности, излезете и вие со нас бидејќи ние како Македонци секогаш сме стоеле и ќе стоиме и ќе ви помагаме доколку било кои се обиде да задира во вашиот идентитет, историја и националност. Истото го очекуваме од вас, само на таков начин ќе имаме соживот а оние кои се обидуваат да ви протнат меѓуетнички тензии се излажале за тоа затоа што ние живееме вистински живот, изјави Николовска.
 
The post Николовска: Македонија сака да биде на патот кон ЕУ, меѓутоа не по секоја цена, не со ултиматуми и не со вакви понижувачки сценарија appeared first on Република.

]]>
Николовска до Богоев: Нема покриминална партија од  СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/nikolovska-do-bogoev-nema-pokriminalna-partija-od-sdsm/ Thu, 09 Jun 2022 19:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=513343

Јас сум правник и секогаш разговарам со аргументи и правнички, а не со паушални изјави, му порача Ружица Николовска на потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

Николовска на обвинувањата на Богоев дека од одлуката за Талир2 судот докажал дека партијата е криминална, му одговори дека тој не може да прејудицира судски одлуки, како и дека нејзиниот став е дека нема покриминална партија од СДСМ.

Јас ве разбирам вие сега дадовте пример како сега да сме застанати на пазар, а јас зборувам од аспект на право и закон. Стефан Богоев го слушам прејудицира одлука на Судот и он кажува дека било докажано. Но, не знам можеби они нешто докажуваат. Јас да сум на ваше место не би кажувала така криминална партија, бидејќи мојот став е дека по криминална партија од СДСМ до сега немам сретнато, му рече Николовска на Богоев.

На прашањето што ќе биде доколку ВМРО-ДПМНЕ остане без партиско седиште, Николовска истакна дека ниту имотот, ниту пак зградата е ВМРО-ДПМНЕ, туку народот, каузата и идејата.

Ниту најмалку не значи дека тој имот, или таа зграда е ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е нешто многу повеќе. ВМРО-ДПМНЕ е народ, кауза, идеја. Прво не сакам да размислувам на такво сценарио, меѓутоа ќе кажам дека не значи дека ако го нема недвижниот имот, дека ќе го нема ВМРО-ДПМНЕ, вели Николовска.

The post Николовска до Богоев: Нема покриминална партија од  СДСМ appeared first on Република.

Николовска: Неразумна одлуката да се конфискува имотот, тоа е политички атак врз ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/nikolovska-nerazumna-odlukata-da-se-konfiskuva-imotot-toa-e-politichki-atak-vrz-vmro-dpmne/ Thu, 09 Jun 2022 19:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=513339

Ружица Николовска од ИК на ВМРО-ДПМНЕ и адвокатка за случајот „Талир 2“ во емисијата 24 анализа рече дека судењето изгледаше како да се суди на партијата, а не како да е заинтересирана страна.

Ја слушавте пресудата и делото е конфискација на имотот на партијата како недвижен имот. Самиот процес го доживеав како политички инсконструиран. За мене е неразумна одлуката да се конфискува имотот. Неспорно е согласно Законот за кривична постапка да се конфискува имот стекнат со кривично дело, но тука тоа  не се докажа, ниту обвинителството го докажа, а судот утврди. Тоа е политички атак кон партијата, рече Николовска.

The post Николовска: Неразумна одлуката да се конфискува имотот, тоа е политички атак врз ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Да се конфискува цел имот на една политичка партија заради некакви дејствија на две обвинети лица е надвор од секаква правна и здрава логика https://republika.mk/vesti/makedonija/da-se-konfiskuva-cel-imot-na-edna-politichka-partija-zaradi-nekakvi-dejstvija-na-dve-obvineti-lica-e-nadvor-od-sekakva-pravna-i-zdrava-logika/ Wed, 08 Jun 2022 13:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=512716

Целта на судската постапка „Талир 2“ ѝ беше насочена исклучиво кон имотот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска пред судот правниот застапник на ВМРО-ДПМНЕ Ружица Николовска по изрекувањето на судската одлука во предметот „Талир 2“.

Николовска рече дека иако судечкиот совет се обидел да ја оправда одлуката со толкување некакви законски одредби, јавноста е сведок дека правата на политичката партија биле ускратени.

Во текот на постапката не беше сослушан претставникот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да се произнесе за сите околности. Да се конфискува цел имот на една политичка партија заради некакви дејствија на две обвинети лица е надвор од секаква правна и здрава логика, рече Николовска пред новинарите.

Таа додаде дека доколку постојат вина и противправни дејствија, како што тврди судот, можело да се конфискува и личен имот на обвинетите лица.

Овој имот на политичката парија ВМРО-ДПМНЕ не може да се толкува дека целиот е заслуга на само две лица. Напротив, во таа политичка партија има многу други луѓе кои придонеле за создавање на тој имот, рече Николовска, која најави дека ќе ги користат правните лекови и дека на крајот правдата ќе биде задоволена.

The post Да се конфискува цел имот на една политичка партија заради некакви дејствија на две обвинети лица е надвор од секаква правна и здрава логика appeared first on Република.

]]>

Целта на судската постапка „Талир 2“ ѝ беше насочена исклучиво кон имотот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска пред судот правниот застапник на ВМРО-ДПМНЕ Ружица Николовска по изрекувањето на судската одлука во предметот „Талир 2“. Николовска рече дека иако судечкиот совет се обидел да ја оправда одлуката со толкување некакви законски одредби, јавноста е сведок дека правата на политичката партија биле ускратени.