рута Archives - Република https://republika.mk/tema/ruta/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 11:41:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рута Archives - Република https://republika.mk/tema/ruta/ 32 32 „Мислам дека треба да разговараме“ од Подгорица работена по филмот на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“ вечерва во Драмски театар на РУТА https://republika.mk/vesti/kultura/mislam-deka-treba-da-razgovarame-od-podgoritsa-rabotena-po-filmot-na-ingmar-bergman-stseni-od-brachniot-zhivot-vecherva-vo-dramski-teatar-na-ruta/ Fri, 18 Oct 2024 11:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=828484

Четвртата фестивалска вечер во Драмски е резервирана за гостите од Црна Гора. Градско позориште Подгорица со претставата „Мислам дека треба да разговараме“ настапува на фестивалот РУТА.

Инспирирани од познатиот филм на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“, авторката Драгана Трипковиќ и режисерот Данило Маруновиќ ја направиле претставата „Мислам дека треба да разговараме“ со која пред македонската публика ќе се претстави ансамблот на Градско позориште Подгорица. Улогите ги играат: Миливоје Обрадовиќ, Вања Јовичевиќ, Јелена Ненезиќ, Милош Пејовиќ, Ивона Човиќ Јакимовиќ и Павле Поповиќ.

Оваа претстава зборува за човечноста, интимата и смислата на животот. Ниту еден AI бот не може точно да го утврди бројот на луѓе кои ја „пронашле смислата“. Оваа претстава дава отпор на отуѓувањето, на сѐ поголемото намање човечност и оди во пресрет на потребата да исплива од дното на дигиталниот базен, каде човекот е најмалата единица мерка. Пред вас се актерите, „мајсторите на својот занает“, како доказ дека смислата е самиот живот, уметноста, дека смислата се децата и љубовта, истакна актерката и директорка на театарот, Ивона Човиќ Јакимовиќ.

Во оваа претстава нема ништо дигитално. Сѐ е театарско. Сѐ е вистинито! И затоа „Мислам дека треба да разговараме“. По вечерашнава изведба на претставата се поканува публиката за тркалезната маса на која актерите ќе споделат свои впечатоци за претставата и гостувањето во Скопје.

 

The post „Мислам дека треба да разговараме“ од Подгорица работена по филмот на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“ вечерва во Драмски театар на РУТА appeared first on Република.

]]>

Четвртата фестивалска вечер во Драмски е резервирана за гостите од Црна Гора. Градско позориште Подгорица со претставата „Мислам дека треба да разговараме“ настапува на фестивалот РУТА. Инспирирани од познатиот филм на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“, авторката Драгана Трипковиќ и режисерот Данило Маруновиќ ја направиле претставата „Мислам дека треба да разговараме“ со која пред македонската публика ќе се претстави ансамблот на Градско позориште Подгорица. Улогите ги играат: Миливоје Обрадовиќ, Вања Јовичевиќ, Јелена Ненезиќ, Милош Пејовиќ, Ивона Човиќ Јакимовиќ и Павле Поповиќ.
Оваа претстава зборува за човечноста, интимата и смислата на животот. Ниту еден AI бот не може точно да го утврди бројот на луѓе кои ја „пронашле смислата“. Оваа претстава дава отпор на отуѓувањето, на сѐ поголемото намање човечност и оди во пресрет на потребата да исплива од дното на дигиталниот базен, каде човекот е најмалата единица мерка. Пред вас се актерите, „мајсторите на својот занает“, како доказ дека смислата е самиот живот, уметноста, дека смислата се децата и љубовта, истакна актерката и директорка на театарот, Ивона Човиќ Јакимовиќ.
Во оваа претстава нема ништо дигитално. Сѐ е театарско. Сѐ е вистинито! И затоа „Мислам дека треба да разговараме“. По вечерашнава изведба на претставата се поканува публиката за тркалезната маса на која актерите ќе споделат свои впечатоци за претставата и гостувањето во Скопје.  

The post „Мислам дека треба да разговараме“ од Подгорица работена по филмот на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“ вечерва во Драмски театар на РУТА appeared first on Република.

]]>
Кабаре-концерт за лажици и гитара на театарот „Улис“ вечерва на РУТА во Драмски https://republika.mk/vesti/kultura/kabare-kontsert-za-lazhitsi-i-gitara-na-teatarot-ulis-vecherva-na-ruta-vo-dramski/ Wed, 16 Oct 2024 07:59:19 +0000 https://republika.mk/?p=827399

Кабарето „Концерт за лажици и гитара“ на театарот Улисис од Хрватска ќе биде изведена вечерва во рамки на третото издание на Меѓународниот фестивал РУТА во Драмскиот театар во Скопје.

„Концерт за лажици и гитара“ е под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев. Продукцијата е на театарот Улисис и театарот EXIT. Автор на видеото е на Хрвое Залукар, а фотографиите се на Сашка Мутиќ.

Како што соопштија од Драмскиот театар, во „Лажици и гитара“ двајцата артисти преку звуците на лажици, гитара, мандолина во својот настап кој наликува на музицирањето на трубадурите, говорат поезија, раскажуваат за својот живот, а низ нивниот „откачен“ настап говори „гласот на разумот“. Секоја изведена песна има своја приказна и колку и да звучат забавно на сцената, до публиката од секоја песна допира позадината и длабоката порака за светот во кој живееме.

„Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот како што се корупцијата, криминалот, капитализмот и иселувањето на младите.

Во 2020 година на Меѓународниот актерски фестивал „Заплет“ за „Концерт за лажици и гитара“ Никола Недиќ и Марио Јовев добиле награда за најдобри млади глумци, а на 14. „Гумбекови денови“ во Загреб во 2021 година претставата го добила признанието за особен придонес и унапредување на кабаретскиот израз.

Кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ доаѓа на фестивалот РУТА како претставник на театарот Улисис на местото на веќе најавената претстава „Опера за три гроша“ со која од технички причини не се во состојба да допатуваат во Скопје. Од театарот Улисис и Драмски театар Скопје соопштија дека се извинуваат за оваа промена во програмата.

 

The post Кабаре-концерт за лажици и гитара на театарот „Улис“ вечерва на РУТА во Драмски appeared first on Република.

]]>

Кабарето „Концерт за лажици и гитара“ на театарот Улисис од Хрватска ќе биде изведена вечерва во рамки на третото издание на Меѓународниот фестивал РУТА во Драмскиот театар во Скопје. „Концерт за лажици и гитара“ е под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев. Продукцијата е на театарот Улисис и театарот EXIT. Автор на видеото е на Хрвое Залукар, а фотографиите се на Сашка Мутиќ. Како што соопштија од Драмскиот театар, во „Лажици и гитара“ двајцата артисти преку звуците на лажици, гитара, мандолина во својот настап кој наликува на музицирањето на трубадурите, говорат поезија, раскажуваат за својот живот, а низ нивниот „откачен“ настап говори „гласот на разумот“. Секоја изведена песна има своја приказна и колку и да звучат забавно на сцената, до публиката од секоја песна допира позадината и длабоката порака за светот во кој живееме. „Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот како што се корупцијата, криминалот, капитализмот и иселувањето на младите. Во 2020 година на Меѓународниот актерски фестивал „Заплет“ за „Концерт за лажици и гитара“ Никола Недиќ и Марио Јовев добиле награда за најдобри млади глумци, а на 14. „Гумбекови денови“ во Загреб во 2021 година претставата го добила признанието за особен придонес и унапредување на кабаретскиот израз. Кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ доаѓа на фестивалот РУТА како претставник на театарот Улисис на местото на веќе најавената претстава „Опера за три гроша“ со која од технички причини не се во состојба да допатуваат во Скопје. Од театарот Улисис и Драмски театар Скопје соопштија дека се извинуваат за оваа промена во програмата.  

The post Кабаре-концерт за лажици и гитара на театарот „Улис“ вечерва на РУТА во Драмски appeared first on Република.

]]>
Поради технички причини „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ нема да допатува во Драмски театар на РУТА, на нивно место ќе настапат Никола Недиќ и Марио Јовев со кабаре „Концерт за лажици и гитара“ https://republika.mk/vesti/kultura/poradi-tehnichki-prichini-opera-za-tri-grosha-na-teatarot-ulisis-nema-da-dopatuva-vo-dramski-teatar-na-ruta-na-nivno-mesto-ke-nastapat-nikola-nedik-i-mario-jovev-so-kabare-kontsert-za-lazhitsi-i-gitar/ Tue, 01 Oct 2024 15:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=821476

Најавената претстава „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ од Хрватска нема да учестува на претстојното трето издание на Фестивалот РУТА во Драмски театар поради технички причини, а на нивно место гледачите ќе може да го следат кабарето – „Концерт за лажици и гитара“, соопштија од Драмски театар.

На третото издание на меѓународниот театарски фестивал Рута во Драмски театар Скопје, во среда на 16 октомври како претставник на „Улисис“ од Хрватска ќе биде изведено кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев. Продукцијата е на театарот „Улисис“ и театарот EXIT. Автор на видеото е на Хрвое Залукар, а фотографиите се на Сашка Мутиќ, се вели во соопштението на Драмски.

Во „Лажици и гитара“ двајцата артисти преку звуците на лажици, гитара, мандолина во својот настап кој наликува на музицирањето на трубадурите, говорат поезија, раскажуваат за својот живот, а низ нивниот „откачен“ настап говори „гласот на разумот“. Секоја изведена песна има своја приказна и колку и да звучат забавно на сцената, до публиката од секоја песна допира позадината и длабоката порака за светот во кој живееме.

„Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот како што се корупцијата, криминалот, капитализмот и иселувањето на младите.

Во 2020 година на Меѓународниот актерски фестивал „Заплет“ за „Концерт за лажици и гитара“ Никола Недиќ и Марио Јовев добиле награда за најдобри млади глумци, а на 14. „Гумбекови денови“ во Загреб во 2021 година претставата го добила признанието за особен придонес и унапредување на кабаретскиот израз.

The post Поради технички причини „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ нема да допатува во Драмски театар на РУТА, на нивно место ќе настапат Никола Недиќ и Марио Јовев со кабаре „Концерт за лажици и гитара“ appeared first on Република.

]]>

Најавената претстава „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ од Хрватска нема да учестува на претстојното трето издание на Фестивалот РУТА во Драмски театар поради технички причини, а на нивно место гледачите ќе може да го следат кабарето – „Концерт за лажици и гитара“, соопштија од Драмски театар.
На третото издание на меѓународниот театарски фестивал Рута во Драмски театар Скопје, во среда на 16 октомври како претставник на „Улисис“ од Хрватска ќе биде изведено кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев. Продукцијата е на театарот „Улисис“ и театарот EXIT. Автор на видеото е на Хрвое Залукар, а фотографиите се на Сашка Мутиќ, се вели во соопштението на Драмски.
Во „Лажици и гитара“ двајцата артисти преку звуците на лажици, гитара, мандолина во својот настап кој наликува на музицирањето на трубадурите, говорат поезија, раскажуваат за својот живот, а низ нивниот „откачен“ настап говори „гласот на разумот“. Секоја изведена песна има своја приказна и колку и да звучат забавно на сцената, до публиката од секоја песна допира позадината и длабоката порака за светот во кој живееме. „Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот како што се корупцијата, криминалот, капитализмот и иселувањето на младите. Во 2020 година на Меѓународниот актерски фестивал „Заплет“ за „Концерт за лажици и гитара“ Никола Недиќ и Марио Јовев добиле награда за најдобри млади глумци, а на 14. „Гумбекови денови“ во Загреб во 2021 година претставата го добила признанието за особен придонес и унапредување на кабаретскиот израз.

The post Поради технички причини „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ нема да допатува во Драмски театар на РУТА, на нивно место ќе настапат Никола Недиќ и Марио Јовев со кабаре „Концерт за лажици и гитара“ appeared first on Република.

]]>
Од 15 до 20 октомври Драмски театар Скопје е домаќин на Фестивалот РУТА, доаѓаат најактуелните претстави од регионот https://republika.mk/vesti/kultura/od-15-do-20-oktomvri-dramski-teatar-skopje-e-domakin-na-festivalot-ruta-doagaat-najaktuelnite-pretstavi-od-regionot/ Fri, 27 Sep 2024 12:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=820269

Најактуелните претстави од регионот ќе гостуваат на третото издание на Меѓународниот фестивал РУТА кој од 15 до 20 октомври ќе се одржи во Драмски театар Скопје, најави денеска директорот Роберт Вељановски.

РУТА е Фестивал на Регионлната унија на театари во кој членуваат Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар „Улисис“ од Загреб, Месно гледалишле од Љубњана, Градско позориште Подгорица (Црна Гора) и Драмски театар.

Фестивалот почнува на 15 октомври со претставата на Драмски, „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов.

Следниот ден, на 16 октомври е претставата „Опера за три гроша“ од Бертолд Брехт и Курт Веил, во режија на Ленка Удовички и ансамблите на театар „Улисис“ и Градски драмски театар „Гавела“ од Загреб.

Камерни театар 55 од Сараево на 17 октомври доаѓа со претставата „Целосно странци“ работена според истоимениот филм на италијанскиот режисер Паоло Ѓеновезе. Режијата е на Лајла Каикчија.

Инспирирани од филмскиот класик „Сцени од брачниот живот“ на Ингмар Бергман, авторката Драгана Трипковиќ и режисерот Данило Маруновиќ ја поставија претставата „Мислам дека треба да разговараме“, со која на 18 октомври ќе се претстави ансамблот на Градско позориште Подгорица.

Београдско драмско доаѓа со претставата „Швејк“, работена по сатиричниот роман на чешкиот писател Јарослав Хашек. Режисер е Вељко Миќуновиќ.

РУТА во Драмски театар се затвора на 20 октомври со претставата „Иднина“ на словенечкиот режисер Жига Дивјак, работена во копродукција на Местно гледалишче Љубљана и Београдско драмско позориште.

Од Драмски најавија различни цени на билети за претставите и на пакети. Новина е што оваа година студените имаат 50 отсто попуст на цените на билетите, без разлика дали станува збор за поединечен билет или блок-карти. Продажбата на билетите почнува денес на билетарницата на Драмски, секој ден од 14:30 до 20:30 часот.

 

The post Од 15 до 20 октомври Драмски театар Скопје е домаќин на Фестивалот РУТА, доаѓаат најактуелните претстави од регионот appeared first on Република.

]]>

Најактуелните претстави од регионот ќе гостуваат на третото издание на Меѓународниот фестивал РУТА кој од 15 до 20 октомври ќе се одржи во Драмски театар Скопје, најави денеска директорот Роберт Вељановски. РУТА е Фестивал на Регионлната унија на театари во кој членуваат Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар „Улисис“ од Загреб, Месно гледалишле од Љубњана, Градско позориште Подгорица (Црна Гора) и Драмски театар. Фестивалот почнува на 15 октомври со претставата на Драмски, „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов. Следниот ден, на 16 октомври е претставата „Опера за три гроша“ од Бертолд Брехт и Курт Веил, во режија на Ленка Удовички и ансамблите на театар „Улисис“ и Градски драмски театар „Гавела“ од Загреб. Камерни театар 55 од Сараево на 17 октомври доаѓа со претставата „Целосно странци“ работена според истоимениот филм на италијанскиот режисер Паоло Ѓеновезе. Режијата е на Лајла Каикчија. Инспирирани од филмскиот класик „Сцени од брачниот живот“ на Ингмар Бергман, авторката Драгана Трипковиќ и режисерот Данило Маруновиќ ја поставија претставата „Мислам дека треба да разговараме“, со која на 18 октомври ќе се претстави ансамблот на Градско позориште Подгорица. Београдско драмско доаѓа со претставата „Швејк“, работена по сатиричниот роман на чешкиот писател Јарослав Хашек. Режисер е Вељко Миќуновиќ. РУТА во Драмски театар се затвора на 20 октомври со претставата „Иднина“ на словенечкиот режисер Жига Дивјак, работена во копродукција на Местно гледалишче Љубљана и Београдско драмско позориште. Од Драмски најавија различни цени на билети за претставите и на пакети. Новина е што оваа година студените имаат 50 отсто попуст на цените на билетите, без разлика дали станува збор за поединечен билет или блок-карти. Продажбата на билетите почнува денес на билетарницата на Драмски, секој ден од 14:30 до 20:30 часот.  

The post Од 15 до 20 октомври Драмски театар Скопје е домаќин на Фестивалот РУТА, доаѓаат најактуелните претстави од регионот appeared first on Република.

]]>
Драмски театар гостува на фестивалот РУТА во Белград со претставата „Мојот маж“ https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-gostuva-na-festivalot-ruta-vo-belgrad-so-pretstavata-mojot-mazh/ Sat, 02 Dec 2023 08:23:55 +0000 https://republika.mk/?p=718553

Драмскиот театар - Скопје денеска ќе гостува во Белград со претставата „Мојот маж“ во рамки на фестивалот РУТА кој до 6 декември го организира Београдско драмско позориште.

Претставата е во режија на Нела Витошевиќ, по текстот на Румена Бужаровска. Драматизацијата на текстот и авторските монолози ја направија режисерката Витошевиќ и драматургот Викторија Рангелова-Петровска.

Од Драмски театар информираат дека драмската структура на претставата „Мојот маж“ е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали - драматизацијата на шесте раскази (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и документарениот материјал произлезен од авторските монолози.

Дејствата/состојбите од расказите на Бужаровска, како и документарниот дел (авторските монолози) тематски се цврсто поврзани со поднебјето и времето во кое се одигруваат, без притоа да се засноваат на дневно-политички актуелности. Расказите и авторските монолози имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото. Сега, денес, сè уште имаме потреба да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото, соопшти Драмски театар.

Костимограф е Роза Трајчевска-Ристоска, сценограф Костантин Трпеноски, асистент сценограф Моника Ангелевска, а изборот на музика е на режисерката Витошевиќ.

Во претставата „Мојот маж“ улогите ги играат актерите: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ.

Во рамките на фестивалот РУТА (Регионална унија на театри), Драмски театар Скопје со претставата „Мојот маж“ гостуваше и на сцените на Местно гледалишче Љубљана во 2022, а во 2023 година претставата беше изведена во Подгорица и на Бриони во Хрватска.

The post Драмски театар гостува на фестивалот РУТА во Белград со претставата „Мојот маж“ appeared first on Република.

]]>

Драмскиот театар - Скопје денеска ќе гостува во Белград со претставата „Мојот маж“ во рамки на фестивалот РУТА кој до 6 декември го организира Београдско драмско позориште. Претставата е во режија на Нела Витошевиќ, по текстот на Румена Бужаровска. Драматизацијата на текстот и авторските монолози ја направија режисерката Витошевиќ и драматургот Викторија Рангелова-Петровска. Од Драмски театар информираат дека драмската структура на претставата „Мојот маж“ е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали - драматизацијата на шесте раскази (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и документарениот материјал произлезен од авторските монолози.
Дејствата/состојбите од расказите на Бужаровска, како и документарниот дел (авторските монолози) тематски се цврсто поврзани со поднебјето и времето во кое се одигруваат, без притоа да се засноваат на дневно-политички актуелности. Расказите и авторските монолози имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото. Сега, денес, сè уште имаме потреба да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото, соопшти Драмски театар.
Костимограф е Роза Трајчевска-Ристоска, сценограф Костантин Трпеноски, асистент сценограф Моника Ангелевска, а изборот на музика е на режисерката Витошевиќ. Во претставата „Мојот маж“ улогите ги играат актерите: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ. Во рамките на фестивалот РУТА (Регионална унија на театри), Драмски театар Скопје со претставата „Мојот маж“ гостуваше и на сцените на Местно гледалишче Љубљана во 2022, а во 2023 година претставата беше изведена во Подгорица и на Бриони во Хрватска.

The post Драмски театар гостува на фестивалот РУТА во Белград со претставата „Мојот маж“ appeared first on Република.

]]>
Претставата „Отело“ на режисерката Оксана Дмитриева од Украина вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-otelo-na-rezhiserkata-oksana-dmitrieva-od-ukraina-vecherva-go-zatvora-festivalot-ruta-vo-dramski-teatar/ Sun, 08 Oct 2023 11:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=689213

Претставата „Отело“ на режисерката Оксана Дмитриева од Украина, работена по текстот на Вилијам Шекспир вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар Скопје во 20 часот. Претставата е копродукција на театарот Улисис од  Хрватска и Сарајевски ратни театар од Босна и Херцеговина.

На прес конференцијата за претставата актерската екипа говореше за процесот на создавање на истата, за безвременоста на текстот на Отело и пост трауматскиот синдром на луѓето што биле учесници во воените дејствија. Тоа што регионот и Сараево го преживеаја во деведесеттите, Киев во изминатата година, а овие денови го преживуваат луѓето во Израел и појасот Газа е стравотно и остава далекусежни трауми на повеќе генерации.

Актерската екипа ја истакна благодарноста за соработката со режисерката Оксана Дмитриева и нејзиниот тим од Украина. Нивна трајна придобивка е можноста да се запознаат со поинаква театарска школа и да дадат свој придонес во испреплетувањето на различни културолошки влијанија во самиот процес на подготовка на претставата.

Премиерата на претставата беше на Бриони во јули каде што се играла неколкупати и по сараевската премиера, вечерва во Скопје „Отело“ ќе биде изведена на затворањето на  фестивалот РУТА.

Фестивалската публика на годинешнава РУТА имаше можност да проследи шест претстави на ансамблите членки на РУТА и неколку театарски копродукции што го збогати фестивалот и поврзувањето на театарските куќи во регионот.

 

 

 

The post Претставата „Отело“ на режисерката Оксана Дмитриева од Украина вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Претставата „Отело“ на режисерката Оксана Дмитриева од Украина, работена по текстот на Вилијам Шекспир вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар Скопје во 20 часот. Претставата е копродукција на театарот Улисис од  Хрватска и Сарајевски ратни театар од Босна и Херцеговина. На прес конференцијата за претставата актерската екипа говореше за процесот на создавање на истата, за безвременоста на текстот на Отело и пост трауматскиот синдром на луѓето што биле учесници во воените дејствија. Тоа што регионот и Сараево го преживеаја во деведесеттите, Киев во изминатата година, а овие денови го преживуваат луѓето во Израел и појасот Газа е стравотно и остава далекусежни трауми на повеќе генерации. Актерската екипа ја истакна благодарноста за соработката со режисерката Оксана Дмитриева и нејзиниот тим од Украина. Нивна трајна придобивка е можноста да се запознаат со поинаква театарска школа и да дадат свој придонес во испреплетувањето на различни културолошки влијанија во самиот процес на подготовка на претставата. Премиерата на претставата беше на Бриони во јули каде што се играла неколкупати и по сараевската премиера, вечерва во Скопје „Отело“ ќе биде изведена на затворањето на  фестивалот РУТА. Фестивалската публика на годинешнава РУТА имаше можност да проследи шест претстави на ансамблите членки на РУТА и неколку театарски копродукции што го збогати фестивалот и поврзувањето на театарските куќи во регионот.      

The post Претставата „Отело“ на режисерката Оксана Дмитриева од Украина вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Белградско драмско позориште вечерва со претставата „Самрак на боговите“ на РУТА https://republika.mk/vesti/kultura/belgradsko-dramsko-pozorishte-vecherva-so-pretstavata-samrak-na-bogovite-na-ruta/ Sat, 07 Oct 2023 13:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=688907

Белградско драмско позориште настапува вечерва со „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ, во Драмски театар Скопје. Гостувањето е во рамки на фестивалот РУТА.

Премиерата на претставата беше во октомври 2019 година на матичната сцена на БДП и на задоволство на ансамблот интензивно гостува во периодот по короната во целиот регион каде што е одлично прифатена од публиката. Пораката на претставата е дека секој човек има влијание на опкружувањето, сите сме соучесници на доаѓањето на лошите времиња и настани. Репликата „Сите сме виновни со своето однесување или недејствување“ е нитка присутна низ целата претстава.

Автор: Ивор Мартиниќ
Режија : Јагош Марковиќ
Јазична адаптација:Живана Рашковиќ
Сценограф и костимограф: Јагош Марковиќ и Бојана Никитовиќ
Сценски говор: Др.Лилјана Мркиќ Поповиќ
Продуцент: Срџан Обреновиќ

Улоги:

Александар Алач
Бранка Катиќ
Исидора Симијоновиќ
Владан Милиќ
Павле Пекиќ
Јово Максиќ
Милан Чучиловиќ
Милица Зариќ
Вања Ненадиќ/Мина Ненадовиќ

Инспициент: Дејан Поповиќ
Помошник режисер: Ксенија Ќирица
Асистент режисер: Тара Лазаревиќ
Асистент костимограф: Петра Фотез

Ивор Мартиниќ, низ специфичната драматуршка стилизација на познатиот филм на Лукино Висконти (1969), го почитува временскиот редослед на моралното пропаѓање и политичкиот раст и богатење на семејството Фон Ашенбек (алузија на познатото семејство Круп), кое започнува со палењето на Рајхстагот во 1933 година, а завршува во Ноќта на долгите ножеви во 1934 година. Сѐ е споено, подобро кажано, сведено на една призрачна ноќна прослава на падот на старата Германија и раѓањето на нацизмот. Софистицираната роденденска прослава прераснува во брутална, крвава „игра на столовите“ во која во секој круг некој е исфрлен, поточно го губи животот, а маските на цивилизациската надградба (скрупили, емпатија, самоконтрола) забрзано паѓаат, откривајќи ја вистинската смисла, во последната слика, на оваа бестијална игра на моќ.

Мораме да посведочиме, мораме едни на други да си кажеме – за да не помислиме дека сѐ е во ред, за да не отрпнеме, да не заборавиме. Е токму затоа Самрак на боговите, рече Јагош Марковиќ во третата соработка со БДП.

The post Белградско драмско позориште вечерва со претставата „Самрак на боговите“ на РУТА appeared first on Република.

]]>

Белградско драмско позориште настапува вечерва со „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ, во Драмски театар Скопје. Гостувањето е во рамки на фестивалот РУТА. Премиерата на претставата беше во октомври 2019 година на матичната сцена на БДП и на задоволство на ансамблот интензивно гостува во периодот по короната во целиот регион каде што е одлично прифатена од публиката. Пораката на претставата е дека секој човек има влијание на опкружувањето, сите сме соучесници на доаѓањето на лошите времиња и настани. Репликата „Сите сме виновни со своето однесување или недејствување“ е нитка присутна низ целата претстава. Автор: Ивор Мартиниќ Режија : Јагош Марковиќ Јазична адаптација:Живана Рашковиќ Сценограф и костимограф: Јагош Марковиќ и Бојана Никитовиќ Сценски говор: Др.Лилјана Мркиќ Поповиќ Продуцент: Срџан Обреновиќ Улоги: Александар Алач Бранка Катиќ Исидора Симијоновиќ Владан Милиќ Павле Пекиќ Јово Максиќ Милан Чучиловиќ Милица Зариќ Вања Ненадиќ/Мина Ненадовиќ Инспициент: Дејан Поповиќ Помошник режисер: Ксенија Ќирица Асистент режисер: Тара Лазаревиќ Асистент костимограф: Петра Фотез Ивор Мартиниќ, низ специфичната драматуршка стилизација на познатиот филм на Лукино Висконти (1969), го почитува временскиот редослед на моралното пропаѓање и политичкиот раст и богатење на семејството Фон Ашенбек (алузија на познатото семејство Круп), кое започнува со палењето на Рајхстагот во 1933 година, а завршува во Ноќта на долгите ножеви во 1934 година. Сѐ е споено, подобро кажано, сведено на една призрачна ноќна прослава на падот на старата Германија и раѓањето на нацизмот. Софистицираната роденденска прослава прераснува во брутална, крвава „игра на столовите“ во која во секој круг некој е исфрлен, поточно го губи животот, а маските на цивилизациската надградба (скрупили, емпатија, самоконтрола) забрзано паѓаат, откривајќи ја вистинската смисла, во последната слика, на оваа бестијална игра на моќ.
Мораме да посведочиме, мораме едни на други да си кажеме – за да не помислиме дека сѐ е во ред, за да не отрпнеме, да не заборавиме. Е токму затоа Самрак на боговите, рече Јагош Марковиќ во третата соработка со БДП.

The post Белградско драмско позориште вечерва со претставата „Самрак на боговите“ на РУТА appeared first on Република.

]]>
Белградската претстава „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ, вечерва на фестивалот „РУТА“ 2023 https://republika.mk/vesti/kultura/belgradskata-pretstava-samrak-na-bogovite-na-neodamna-pochinatiot-rezhiser-jagosh-markovik-vecherva-na-festivalot-ruta-2023/ Sat, 07 Oct 2023 07:13:02 +0000 https://republika.mk/?p=688803

Во рамки на фестивалот „РУТА“ вечерва на сцената на Драмски театар Скопје ќе биде изведена претставата „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ.

Претставата е во изведба на Београдско драмско позориште (БДП) и нејзината премиера беше во октомври 2019 година на матичната сцена на БДП.

Претходно, во 11:00 часот ќе биде одржана прес-конференцијата на која ќе се обрати актерската екипа.

The post Белградската претстава „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ, вечерва на фестивалот „РУТА“ 2023 appeared first on Република.

]]>

Во рамки на фестивалот „РУТА“ вечерва на сцената на Драмски театар Скопје ќе биде изведена претставата „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ. Претставата е во изведба на Београдско драмско позориште (БДП) и нејзината премиера беше во октомври 2019 година на матичната сцена на БДП. Претходно, во 11:00 часот ќе биде одржана прес-конференцијата на која ќе се обрати актерската екипа.

The post Белградската претстава „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ, вечерва на фестивалот „РУТА“ 2023 appeared first on Република.

]]>
Словенечка „Нора“ на Нела Витошевиќ вечерва на РУТА во Драмски https://republika.mk/vesti/kultura/slovenechka-nora-na-nela-vitoshevik-vecherva-na-ruta-vo-dramski/ Thu, 05 Oct 2023 08:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=688053

Претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен на македонската режисерка Нела Витошевиќ, на Местно гледалиште Љубљана, Словенија вечерва во 20 часот ќе гостува на фестивалот РУТА во Драмскиот театар во Скопје. Премиерно, „Нора“ беше изведна на 3 март годинава.

Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча.

Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е обезбеден превод на македонски јазик.

„Нора“ е приказна за навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг.

 

The post Словенечка „Нора“ на Нела Витошевиќ вечерва на РУТА во Драмски appeared first on Република.

]]>

Претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен на македонската режисерка Нела Витошевиќ, на Местно гледалиште Љубљана, Словенија вечерва во 20 часот ќе гостува на фестивалот РУТА во Драмскиот театар во Скопје. Премиерно, „Нора“ беше изведна на 3 март годинава. Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е обезбеден превод на македонски јазик. „Нора“ е приказна за навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг.  

The post Словенечка „Нора“ на Нела Витошевиќ вечерва на РУТА во Драмски appeared first on Република.

]]>
Со „Декамерон“ ги побаравме заедничките именители на нашето време и средновековна Фиренца https://republika.mk/vesti/kultura/so-dekameron-gi-pobaravme-zaednichkite-imeniteli-na-nasheto-vreme-i-srednovekovna-firentsa/ Wed, 04 Oct 2023 11:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=687813

На прес конференцијата за медиуми по повод преставата „Декамерон“ на режисерот Дејан Пројковски, режисерот и актерската екипа проговорија за соработката, инспирацијата и енергијата која ја споделиле во текот на подготовката на претставата.

Претставата е копродукција на Градско позориште Подгорица, Народно позориште Ниш и Барски љетопис, а во рамките на фестивалот „РУТА“ претставата ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Драмски театар Скопје.

Чумата коси низ Европа, милиони мртви, годината е 1348, нема лек, надеж, утеха, нема рационално промислување. Социјалната изолација е единствениот начин да се преживее (преживување). Бокачо сместува во изолација група млади луѓе, кои ќе ѝ се спротивстават на болеста со раскажување приказни, уживајќи во животот и во подарените мигови на среќа во апокалиптичното опкружување. Кога Бокачо тоа го направил, нема причина зошто и ние да не го направиме во театарското читање на „Декамерон“, со цел да се обидеме да ги побараме заедничките именители на нашето време и средновековна Фиренца. Неверојатно е колку од мотивите се преклопуваат, колку симиларии има, колку има непотребно механицистичко и насилно преведување во сегашноста. Хумористичниот пристап, иронијата и апсурдот се поетични средства кон кои прибегнавме со цел да го одбраниме Човекот пред Болеста, Догмата, Глупоста и манипулативните понижувања, велат тандемот Дејан Пројковски и Стеван Копривица.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, кој појасни дека се направени три идентични сценографии за изведбите во Црна Гора, Македонија и Ниш, така што во зависност од понатамошните изведби на претставата оној театар кој е најблиску ќе ја опслужува претставата во следните гостувања.
Костимите се на Марија Пупучевска. Таа рече дека го задржала современиот момент во костимографијата во комбинација средновековните елементи и дека актерите ги чувствувале како сопствена кожа.

Композитор: Горан Трајковски, сценски движења и кореографија: Тамара Вујошевиќ – Мандиќ
корепетитор: Рената Перазиќ, асистент на режија: Бранка Кнежевиќ, асистент на драматург: Сашо Димоски, дизајн на промотивен материјал: Ена Вучковиќ.

Актерската екипа ја сочинуваат актери од помладата и постарата генерација кои беа едногласни дека соработката течела одлично, и дека за помладите ова било огромен предизвик и задоволство да се работи со Пројковски и постарите колеги, а постарите, пак, подвлекоа дека црпеле енергија од своите помлади колеги.

Улогите ги толкуваат: Милош Пејовиќ, Сања Крстовиќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Душан Ковачевиќ, Маја Вукојевиќ – Цветковиќ, Павле Поповиќ, Евгенија Станковиќ, Уна Лучиќ
Стефан Вуковиќ, Драгана Јовановиќ, Лара Драговиќ и Драгиша Вељковиќ.

The post Со „Декамерон“ ги побаравме заедничките именители на нашето време и средновековна Фиренца appeared first on Република.

]]>

На прес конференцијата за медиуми по повод преставата „Декамерон“ на режисерот Дејан Пројковски, режисерот и актерската екипа проговорија за соработката, инспирацијата и енергијата која ја споделиле во текот на подготовката на претставата. Претставата е копродукција на Градско позориште Подгорица, Народно позориште Ниш и Барски љетопис, а во рамките на фестивалот „РУТА“ претставата ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Драмски театар Скопје.
Чумата коси низ Европа, милиони мртви, годината е 1348, нема лек, надеж, утеха, нема рационално промислување. Социјалната изолација е единствениот начин да се преживее (преживување). Бокачо сместува во изолација група млади луѓе, кои ќе ѝ се спротивстават на болеста со раскажување приказни, уживајќи во животот и во подарените мигови на среќа во апокалиптичното опкружување. Кога Бокачо тоа го направил, нема причина зошто и ние да не го направиме во театарското читање на „Декамерон“, со цел да се обидеме да ги побараме заедничките именители на нашето време и средновековна Фиренца. Неверојатно е колку од мотивите се преклопуваат, колку симиларии има, колку има непотребно механицистичко и насилно преведување во сегашноста. Хумористичниот пристап, иронијата и апсурдот се поетични средства кон кои прибегнавме со цел да го одбраниме Човекот пред Болеста, Догмата, Глупоста и манипулативните понижувања, велат тандемот Дејан Пројковски и Стеван Копривица.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, кој појасни дека се направени три идентични сценографии за изведбите во Црна Гора, Македонија и Ниш, така што во зависност од понатамошните изведби на претставата оној театар кој е најблиску ќе ја опслужува претставата во следните гостувања. Костимите се на Марија Пупучевска. Таа рече дека го задржала современиот момент во костимографијата во комбинација средновековните елементи и дека актерите ги чувствувале како сопствена кожа. Композитор: Горан Трајковски, сценски движења и кореографија: Тамара Вујошевиќ – Мандиќ корепетитор: Рената Перазиќ, асистент на режија: Бранка Кнежевиќ, асистент на драматург: Сашо Димоски, дизајн на промотивен материјал: Ена Вучковиќ. Актерската екипа ја сочинуваат актери од помладата и постарата генерација кои беа едногласни дека соработката течела одлично, и дека за помладите ова било огромен предизвик и задоволство да се работи со Пројковски и постарите колеги, а постарите, пак, подвлекоа дека црпеле енергија од своите помлади колеги. Улогите ги толкуваат: Милош Пејовиќ, Сања Крстовиќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Душан Ковачевиќ, Маја Вукојевиќ – Цветковиќ, Павле Поповиќ, Евгенија Станковиќ, Уна Лучиќ Стефан Вуковиќ, Драгана Јовановиќ, Лара Драговиќ и Драгиша Вељковиќ.

The post Со „Декамерон“ ги побаравме заедничките именители на нашето време и средновековна Фиренца appeared first on Република.

]]>
Натпреварувачите ќе трчаат по нови патеки на овогодинешното издание на Скопски маратон https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/natprevaruvachite-kje-trchaat-po-novi-pateki-na-ovogodineshnoto-izdanie-na-skopski-maraton/ Tue, 06 Sep 2022 12:00:34 +0000 https://republika.mk/?p=547967

На 2 октомври годинава ќе се одржи 18. издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија, Скопскиот маратон. Она што е ново оваа година, е промена на патеките за трчање, информира организаторот.

Стартот за сите трки ќе биде пред Собранието на  Македонија во 8.00 часот наутро, додека целта за сите трки ќе биде на Плоштад Македонија.

Учесниците во маратон, полумаратон и штафетен маратон ќе стартуваат во правец накај „Порта Македонија“ преку Плоштад „Македонија“ и ќе излезат на улицата покрај Тренд (Бул. Никола Вапцаров)“ која излегува на ул. Димитрије Чупвски., и потоа се движат по Бул. „Климент Охридски“, па десно по ул. Св. „Кирил и Методиј“ до кружниот тек кај Католичка Црква. Оттука се приклучуваат на „Теодосиј Гологанов“ каде се трча се до Студентскиот Дом “Гоце Делчев“ и се продолжува по „Војвода Васил Чакаларов“ до населбата Хром каде се врти полукржно и тркачите се враќаат по истата патека назад кон центарот на градот каде продолжуваат кон населбата Аеродром по улицата 11 Октомври. Потоа по Бул. Крушевска Република каде вртат десно по 3-та Македонска Бригада, па се трча до Бул. Србија и се врти лево и потоа повторно лево за да се излезе на Бул. Јане Сандански, се трча до пред раскрсницата кај „Мајчин Дом“, тука се врти полукружно и учесниците се враќаат по истата патека назад до центарот на градот. Ја поминуваат Порта Македонија и завршуваат пред Плоштад „Македонија“. Ова е еден круг кој го трчаат учесниците во полумаратон, додека учесниците во маратон и штафетниот маратон трчаат уште еден ист ваков круг.

The post Натпреварувачите ќе трчаат по нови патеки на овогодинешното издание на Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

На 2 октомври годинава ќе се одржи 18. издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија, Скопскиот маратон. Она што е ново оваа година, е промена на патеките за трчање, информира организаторот. Стартот за сите трки ќе биде пред Собранието на  Македонија во 8.00 часот наутро, додека целта за сите трки ќе биде на Плоштад Македонија. Учесниците во маратон, полумаратон и штафетен маратон ќе стартуваат во правец накај „Порта Македонија“ преку Плоштад „Македонија“ и ќе излезат на улицата покрај Тренд (Бул. Никола Вапцаров)“ која излегува на ул. Димитрије Чупвски., и потоа се движат по Бул. „Климент Охридски“, па десно по ул. Св. „Кирил и Методиј“ до кружниот тек кај Католичка Црква. Оттука се приклучуваат на „Теодосиј Гологанов“ каде се трча се до Студентскиот Дом “Гоце Делчев“ и се продолжува по „Војвода Васил Чакаларов“ до населбата Хром каде се врти полукржно и тркачите се враќаат по истата патека назад кон центарот на градот каде продолжуваат кон населбата Аеродром по улицата 11 Октомври. Потоа по Бул. Крушевска Република каде вртат десно по 3-та Македонска Бригада, па се трча до Бул. Србија и се врти лево и потоа повторно лево за да се излезе на Бул. Јане Сандански, се трча до пред раскрсницата кај „Мајчин Дом“, тука се врти полукружно и учесниците се враќаат по истата патека назад до центарот на градот. Ја поминуваат Порта Македонија и завршуваат пред Плоштад „Македонија“. Ова е еден круг кој го трчаат учесниците во полумаратон, додека учесниците во маратон и штафетниот маратон трчаат уште еден ист ваков круг.

The post Натпреварувачите ќе трчаат по нови патеки на овогодинешното издание на Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Драмски театар гостува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав во Сараево https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-gostuva-na-megjunarodniot-festival-ruta-grupa-triglav-vo-saraevo/ Tue, 21 Jun 2022 09:10:25 +0000 https://republika.mk/?p=517942

Драмски театар Скопје ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина од 20 до 27 јуни годинава со претставата „Диши“.

Оваа претстава која е работена според текстот на Данкан Мекмилан, е во режија на Димче Николовски. Преводот на текстот е на Благоја Бошковски, сценографијата на Илија Николовски, а костимографијата на Раде Василев.

Улогите ги толкуваат: Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

НУ Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.

The post Драмски театар гостува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав во Сараево appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина од 20 до 27 јуни годинава со претставата „Диши“. Оваа претстава која е работена според текстот на Данкан Мекмилан, е во режија на Димче Николовски. Преводот на текстот е на Благоја Бошковски, сценографијата на Илија Николовски, а костимографијата на Раде Василев. Улогите ги толкуваат: Јасмина Василева и Димитрија Доксевски. НУ Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.

The post Драмски театар гостува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав во Сараево appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со „My name is Goran Stefanovski“ гостува во Подгорица https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-my-name-is-goran-stefanovski-gostuva-vo-podgorica/ Fri, 08 Apr 2022 11:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=485284

Драмски театар Скопје ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој се одржува во Подгорица, Црна Гора од петти до 10 април годинава со претставата „My name is Goran Stefanovski“. Гостувањето на Драмски е в сабота, на 9 април.

Претставата е во режија на Бранислав Миќуновиќ, драматургија на Бранислава Илиќ, сценографија на Александар Дениќ, костимографија на Роза Трајческа Ристовска, авторска музика на Влатко Стефановски. Музички соработник е Давор Јордановски, а асистент на режија е Кристијан Атанасов.

Улогите ги толкуваат: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.

 

The post Драмски театар со „My name is Goran Stefanovski“ гостува во Подгорица appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој се одржува во Подгорица, Црна Гора од петти до 10 април годинава со претставата „My name is Goran Stefanovski“. Гостувањето на Драмски е в сабота, на 9 април. Претставата е во режија на Бранислав Миќуновиќ, драматургија на Бранислава Илиќ, сценографија на Александар Дениќ, костимографија на Роза Трајческа Ристовска, авторска музика на Влатко Стефановски. Музички соработник е Давор Јордановски, а асистент на режија е Кристијан Атанасов. Улогите ги толкуваат: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска. Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.  

The post Драмски театар со „My name is Goran Stefanovski“ гостува во Подгорица appeared first on Република.

]]>