Романија Archives - Република https://republika.mk/tema/romanija/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 11:56:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Романија Archives - Република https://republika.mk/tema/romanija/ 32 32 Романија повторно подигна воени авиони: „Неидентификуван објект“ го наруши воздушниот простор https://republika.mk/vesti/svet/romanija-povtorno-podigna-voeni-avioni-neidentifikuvan-objekt-go-narushi-vozdushniot-prostor/ Sun, 20 Oct 2024 11:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=829093

Радарските служби на Романија и во петокот вечер регистрирале беспилотно летало во националниот воздушен простор, два дена откако беа испратени два борбени авиона да пресретнат дрон што се приближувал до Констанца на црноморскиот брег.

Сигналот од дронот регистриран во петокот бил слаб, а пилотите во пресретнувачите изјавиле дека не можеле да воспостават визуелен контакт со леталото регистрирано на радарите.

Во петокот бил регистриран дрон во истиот регион, но 19 километри подлабоко во романскиот простор. Биле испратени два романски авиона „ф-16“ и два шпански „ф-18“, но пилотите повторно не забележале ништо.

The post Романија повторно подигна воени авиони: „Неидентификуван објект“ го наруши воздушниот простор appeared first on Република.

]]>

Радарските служби на Романија и во петокот вечер регистрирале беспилотно летало во националниот воздушен простор, два дена откако беа испратени два борбени авиона да пресретнат дрон што се приближувал до Констанца на црноморскиот брег. Сигналот од дронот регистриран во петокот бил слаб, а пилотите во пресретнувачите изјавиле дека не можеле да воспостават визуелен контакт со леталото регистрирано на радарите. Во петокот бил регистриран дрон во истиот регион, но 19 километри подлабоко во романскиот простор. Биле испратени два романски авиона „ф-16“ и два шпански „ф-18“, но пилотите повторно не забележале ништо.

The post Романија повторно подигна воени авиони: „Неидентификуван објект“ го наруши воздушниот простор appeared first on Република.

]]>
Романија се надева дека ќе влезе во Шенген зоната https://republika.mk/vesti/svet/romanija-se-nadeva-deka-ke-vleze-vo-shengen-zonata/ Sun, 20 Oct 2024 07:03:54 +0000 https://republika.mk/?p=828970

Романскиот премиер Марсел Чолаку изјави дека е уверен оти неговата земја ќе влезе во Шенген зоната до крајот на годината.

    – Како што сите знаете, изборите во Австрија завршија. Сè уште не формирале нова влада. Дозволете ми да ви кажам со 99,9 отсто сигурност дека Романија ќе се приклучи на Шенген оваа година – изјави Чолаку на новинарите.

    На крајот на март, Романија и Бугарија делумно се приклучија на безвизната Шенген зона на ЕУ.

    Поморските и аеродромските гранични контроли за овие земји се укинати и остануваат само контролите на нивните копнени граници.

    За нивното укинување потребна е уште една одлука на Советот на ЕУ, која мора да биде едногласна.

    Целосниот влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната беше блокиран од Австрија, која стравува од зголемување на бројот на мигранти.

    Бугарија и Романија ќе треба да докажат дека ги исполнуваат условите за полноправно членство во Шенген зоната, особено во областа на борбата против илегалната миграција.

    The post Романија се надева дека ќе влезе во Шенген зоната appeared first on Република.

    ]]>

    Романскиот премиер Марсел Чолаку изјави дека е уверен оти неговата земја ќе влезе во Шенген зоната до крајот на годината.
      – Како што сите знаете, изборите во Австрија завршија. Сè уште не формирале нова влада. Дозволете ми да ви кажам со 99,9 отсто сигурност дека Романија ќе се приклучи на Шенген оваа година – изјави Чолаку на новинарите.
      На крајот на март, Романија и Бугарија делумно се приклучија на безвизната Шенген зона на ЕУ. Поморските и аеродромските гранични контроли за овие земји се укинати и остануваат само контролите на нивните копнени граници. За нивното укинување потребна е уште една одлука на Советот на ЕУ, која мора да биде едногласна. Целосниот влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната беше блокиран од Австрија, која стравува од зголемување на бројот на мигранти. Бугарија и Романија ќе треба да докажат дека ги исполнуваат условите за полноправно членство во Шенген зоната, особено во областа на борбата против илегалната миграција.

      The post Романија се надева дека ќе влезе во Шенген зоната appeared first on Република.

      ]]> Советот на ЕУ ќе расправа за прашањето за Шенген во однос на Бугарија и Романија https://republika.mk/vesti/svet/sovetot-na-eu-ke-rasprava-za-prashaneto-za-shengen-vo-odnos-na-bugarija-i-romanija/ Fri, 27 Sep 2024 16:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=820363

      Советот на ЕУ на 10 октомври во Луксембург ќе расправа за моменталната состојба на примена на шенгенското законодавство од Бугарија и Романија. Тоа е наведено во програмата за работа на институцијата за почетокот на следниот месец.

      Министрите за внатрешни работи ќе разговараат за општата состојба на Шенген зоната. Европската комисија ќе презентира извештај за Шенген со податоци од изминатите две години. Документот ќе ги наведе заканите за заедничкиот простор без гранични проверки. Министрите ќе разговараат и за прашањето за зголемување на отпорноста на надворешните граници на ЕУ, пренесе БТА.

      The post Советот на ЕУ ќе расправа за прашањето за Шенген во однос на Бугарија и Романија appeared first on Република.

      ]]>

      Советот на ЕУ на 10 октомври во Луксембург ќе расправа за моменталната состојба на примена на шенгенското законодавство од Бугарија и Романија. Тоа е наведено во програмата за работа на институцијата за почетокот на следниот месец. Министрите за внатрешни работи ќе разговараат за општата состојба на Шенген зоната. Европската комисија ќе презентира извештај за Шенген со податоци од изминатите две години. Документот ќе ги наведе заканите за заедничкиот простор без гранични проверки. Министрите ќе разговараат и за прашањето за зголемување на отпорноста на надворешните граници на ЕУ, пренесе БТА.

      The post Советот на ЕУ ќе расправа за прашањето за Шенген во однос на Бугарија и Романија appeared first on Република.

      ]]>
      Пожар во романскиот Парламент, евакуирани 300 луѓе https://republika.mk/vesti/balkan/pozhar-vo-romanskiot-parlament-evakuirani-300-luge/ Tue, 17 Sep 2024 15:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=817170

      Во романскиот Парламент  избувна пожар поради што се евакуирани 300 лица, јавуваат романските медиуми.

      Пожарот се случил на влезот во зоната за посетители, на ниво С2. Пожарникарите биле во објектот и веднаш интервенирале, така што тој е изгаснат во моментот. Надлежните институции ќе ја утврдат причината за пожарот“, се наведува во соопштението на Долниот дом.

      Инспекторатот за вонредни состојби (ИСУ) наведува дека пожарот избувнал во просторија за посетители од 30 метри квадратни.

      Запалени се текстил и канцелариски предмети. Нема повредени во инцидентот“, соопшти ИСУ Букурешт.

      Полицијата соопшти дека „по првичните истраги е утврдено дека посетител наводно фрлил запалива материја“ кон Собранието, и дека врши проверка на идентитетот на човекот кој се обидел да побегне.

      The post Пожар во романскиот Парламент, евакуирани 300 луѓе appeared first on Република.

      Силен земјотрес во Романија https://republika.mk/vesti/balkan/silen-zemjotres-vo-romanija-2/ Mon, 16 Sep 2024 18:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=816896

      Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ.

      Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау.

      Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.

      The post Силен земјотрес во Романија appeared first on Република.

      ]]>

      Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ. Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау. Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.  

      The post Силен земјотрес во Романија appeared first on Република.

      ]]>
      Воздушна тревога во Романија поради можен руски напад во близина на границата со Украина https://republika.mk/vesti/svet/vozdushna-trevoga-vo-romanija-poradi-mozhen-ruski-napad-vo-blizina-na-granitsata-so-ukraina/ Sun, 08 Sep 2024 08:03:59 +0000 https://republika.mk/?p=814272

      Предупредувачко известување за можност од паѓање на објекти од воздух добија синоќа жителите на романските окрузи Тулча и Констанца преку системот „Ро-Алeрт“ (Ro-Alert), пренесува Диџи24.

      „Останете смирени. Засолнете се во подруми или во засолништа за цивилна заштита. Доколку нема засолниште, останете внатре во куќите, далеку од прозорци и надворешни ѕидови. Очекувано времетраење: 90 минути“, се вели во пораката, испратена неколку минути пред три часот по полноќ.

      Диџи24 наведува дека ова е првпат вакво известување да се испрати и до округот Констанца. Досега вакви предупредувања добиваа жителите на Тулча, Браила и Галац.

      Известувањето беше испратено синоќа, откако националните одбранбени и безбедносни структури забележаа можен напад од Руската Федерација врз некои цели на територијата на Украина, во близина на границата со Романија. Во него се пренесуваат информации за предупредување и информирање на населението за можноста од паѓање на предмети од воздушниот простор и мерки за засолнување ако ситуацијата го наложува тоа“, истакнаа од Инспекторатот за итни случаи на Тулча. Тие изјавија дека овие известувања имаат цел да го информираат населението од граничната зона на Романија.

      Минатата година Романија неколку пати соопшти за пронајдени остатоци од руски дронови на нејзина територија по напади врз украински цели на спротивниот брег на реката Дунав, потсетуваат локалните медиуми.

      The post Воздушна тревога во Романија поради можен руски напад во близина на границата со Украина appeared first on Република.

      ]]>

      Предупредувачко известување за можност од паѓање на објекти од воздух добија синоќа жителите на романските окрузи Тулча и Констанца преку системот „Ро-Алeрт“ (Ro-Alert), пренесува Диџи24. „Останете смирени. Засолнете се во подруми или во засолништа за цивилна заштита. Доколку нема засолниште, останете внатре во куќите, далеку од прозорци и надворешни ѕидови. Очекувано времетраење: 90 минути“, се вели во пораката, испратена неколку минути пред три часот по полноќ. Диџи24 наведува дека ова е првпат вакво известување да се испрати и до округот Констанца. Досега вакви предупредувања добиваа жителите на Тулча, Браила и Галац.
      Известувањето беше испратено синоќа, откако националните одбранбени и безбедносни структури забележаа можен напад од Руската Федерација врз некои цели на територијата на Украина, во близина на границата со Романија. Во него се пренесуваат информации за предупредување и информирање на населението за можноста од паѓање на предмети од воздушниот простор и мерки за засолнување ако ситуацијата го наложува тоа“, истакнаа од Инспекторатот за итни случаи на Тулча. Тие изјавија дека овие известувања имаат цел да го информираат населението од граничната зона на Романија.
      Минатата година Романија неколку пати соопшти за пронајдени остатоци од руски дронови на нејзина територија по напади врз украински цели на спротивниот брег на реката Дунав, потсетуваат локалните медиуми.  

      The post Воздушна тревога во Романија поради можен руски напад во близина на границата со Украина appeared first on Република.

      ]]>
      Романија ќе донира два ракетни система „Патриот“ за Украина https://republika.mk/vesti/svet/romanija-ke-donira-dva-raketni-sistema-patriot-za-ukraina/ Tue, 03 Sep 2024 17:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=812781

      Долниот дом на романскиот Парламент усвои закон со кој се одобрува донацијата на еден одбранбен ракетен систем Патриот на Украина.

      Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри долга граница со Украина. За време на руските напади врз украинските пристаништа од другата страна на Дунав, остатоци од беспилотни летала често паѓаат на романска територија.

      Откако претседателот Клаус Јоханис ќе го потпише споменатиот документ и тој ќе стане правен акт, владата ќе издаде наредба за спроведување на донацијата.

      Романија одлучи да донира два оперативни система „Патриот“ под услов Алијансата подоцна да ги замени со друг систем „Патриот“.

      Во законот усвоен од парламентот се наведува и дека американските заменски системи „Патриот“ не смеат да чинат повеќе од тоа што Романија го платила за двата и дека трошоците ќе бидат платени од „неповратни странски извори“.

      Во 2017 година, Романија потпиша договор од четири милијарди долари за купување на системите „Патриот“. Досега на земјата и се испорачани четири системи, од кои два се веќе оперативни.

      The post Романија ќе донира два ракетни система „Патриот“ за Украина appeared first on Република.

      ]]>

      Долниот дом на романскиот Парламент усвои закон со кој се одобрува донацијата на еден одбранбен ракетен систем Патриот на Украина. Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри долга граница со Украина. За време на руските напади врз украинските пристаништа од другата страна на Дунав, остатоци од беспилотни летала често паѓаат на романска територија. Откако претседателот Клаус Јоханис ќе го потпише споменатиот документ и тој ќе стане правен акт, владата ќе издаде наредба за спроведување на донацијата. Романија одлучи да донира два оперативни система „Патриот“ под услов Алијансата подоцна да ги замени со друг систем „Патриот“. Во законот усвоен од парламентот се наведува и дека американските заменски системи „Патриот“ не смеат да чинат повеќе од тоа што Романија го платила за двата и дека трошоците ќе бидат платени од „неповратни странски извори“. Во 2017 година, Романија потпиша договор од четири милијарди долари за купување на системите „Патриот“. Досега на земјата и се испорачани четири системи, од кои два се веќе оперативни.

      The post Романија ќе донира два ракетни система „Патриот“ за Украина appeared first on Република.

      ]]>
      Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија „за да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“ https://republika.mk/vesti/svet/romanija-saka-da-go-kupi-edinstvenoto-pristanishte-na-moldavija-za-da-stane-vazhen-tsentar-vo-protsesot-na-obnova-na-ukraina/ Tue, 03 Sep 2024 14:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=810945

      Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија, што се наоѓа во Црното Море.

      Станува збор за купување на меѓународниот дел на пристаништето Ѓурѓулешти на брегот на Дунав.

      Интерес за купување изрази романскиот премиер Марсел Чолаку, кој се занимава и со купување на енергетски компании во Молдавија.

      Пристаништето Ѓурѓулешти има терминал за нафта, два терминали за жито, терминал за други товари и деловен парк. Не е наведена сумата за која Романија е подготвена да го купи пристаништето.

      Уште во септември 2023 година, Чолаку ги објави плановите на земјата да го купи молдавското пристаниште, бидејќи Романија „треба да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“.

      The post Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија „за да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“ appeared first on Република.

      ]]>

      Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија, што се наоѓа во Црното Море. Станува збор за купување на меѓународниот дел на пристаништето Ѓурѓулешти на брегот на Дунав. Интерес за купување изрази романскиот премиер Марсел Чолаку, кој се занимава и со купување на енергетски компании во Молдавија. Пристаништето Ѓурѓулешти има терминал за нафта, два терминали за жито, терминал за други товари и деловен парк. Не е наведена сумата за која Романија е подготвена да го купи пристаништето. Уште во септември 2023 година, Чолаку ги објави плановите на земјата да го купи молдавското пристаниште, бидејќи Романија „треба да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“.

      The post Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија „за да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“ appeared first on Република.

      ]]>
      Мисајловски: Благодарност за помошта што Романија ни ја даде во справувањето со пожарите https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-blagodarnost-za-pomoshta-shto-romanija-ni-ja-dade-vo-spravuvaneto-so-pozharite/ Mon, 12 Aug 2024 11:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=805811

      Министерот Владо Мисајловски се сретна со амбасадорката на Романија, Н.Е. Моника Аксинте и со одбранбеното аташе, полковникот Каталин-Петре Арчип, во Министерството за одбрана, на која беше потврдена успешната соработка помеѓу двете сојузнички земји.

      Министерот Мисајловски упати благодарност за помошта која Романија ни ја пружи во справувањето со пожарите со упатување на два специјални авиони и тимови за гаснење пожар.

      За време на средбата се разговараше за регионалната соработка која е од особено значење за стабилноста на регионот како и за можностите и унапредување на билатералната одбранбена соработка преку размена на експерти на полето на односи со јавност, кризни состојби, одбранбеното право како и стручното оспособување.

      The post Мисајловски: Благодарност за помошта што Романија ни ја даде во справувањето со пожарите appeared first on Република.

      ]]>

      Министерот Владо Мисајловски се сретна со амбасадорката на Романија, Н.Е. Моника Аксинте и со одбранбеното аташе, полковникот Каталин-Петре Арчип, во Министерството за одбрана, на која беше потврдена успешната соработка помеѓу двете сојузнички земји. Министерот Мисајловски упати благодарност за помошта која Романија ни ја пружи во справувањето со пожарите со упатување на два специјални авиони и тимови за гаснење пожар. За време на средбата се разговараше за регионалната соработка која е од особено значење за стабилноста на регионот како и за можностите и унапредување на билатералната одбранбена соработка преку размена на експерти на полето на односи со јавност, кризни состојби, одбранбеното право како и стручното оспособување.

      The post Мисајловски: Благодарност за помошта што Романија ни ја даде во справувањето со пожарите appeared first on Република.

      ]]>
      ОИ: Романскиот премиер ќе го бојкотира затворањето поради одземениот медал во гимнастика https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-romanskiot-premier-ke-go-bojkotira-zatvoraneto-poradi-odzemeniot-medal-vo-gimnastika/ Tue, 06 Aug 2024 18:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=804036

      Романскиот премиер Марсел Чолаку најави денеска дека ќе ја бојкотира церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз поради скандалот со одземениот бронзен медал на романска гимнастичарка Ана Барбоса.

      Романската гимнастичарка во понеделникот го прославуваше бронзениот медал во партер, кога американската репрезентација поднесе жалба на резултатот од настапот на Џордан Чилс. Судиите ја променија одлуката и го подобрија резултатот на Американката за 0,1 поени, што беше доволно таа да скокне од петтото на третото место и да ја истисне Барбоса од победничкиот пиедестал.

      „Одлучив да не присуствувам на затворањето на Олимписките игри во Париз поради скандалозната ситуација во гимнастиката, каде нашите спортистки беа третирани на апсолутно нечесен начин. Да одземете медал заработен со чесна работа врз основа на жалба. е целосно неприфатливо“, објави Чолаку на својот Фејсбук профил.

      Тој рече дека Романија ќе ги третира Барбоса и петтопласираната Сабрина Манека-Војнеа како медалистки во однос на наградите.

      „Зад себе ја имате цела нација, за која вашиот труд и солзи се поскапоцени од кој било медал, без разлика од кој скапоцен метал се направени“, рече Чолаку.

      Барбоса го држеше романското знаме кога виде дека резултатот на семафорот е променет, шокирана го испушти знамето, ги стави рацете на лицето и во солзи замина во соблекувалната.

      The post ОИ: Романскиот премиер ќе го бојкотира затворањето поради одземениот медал во гимнастика appeared first on Република.

      ]]>

      Романскиот премиер Марсел Чолаку најави денеска дека ќе ја бојкотира церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз поради скандалот со одземениот бронзен медал на романска гимнастичарка Ана Барбоса. Романската гимнастичарка во понеделникот го прославуваше бронзениот медал во партер, кога американската репрезентација поднесе жалба на резултатот од настапот на Џордан Чилс. Судиите ја променија одлуката и го подобрија резултатот на Американката за 0,1 поени, што беше доволно таа да скокне од петтото на третото место и да ја истисне Барбоса од победничкиот пиедестал.
      „Одлучив да не присуствувам на затворањето на Олимписките игри во Париз поради скандалозната ситуација во гимнастиката, каде нашите спортистки беа третирани на апсолутно нечесен начин. Да одземете медал заработен со чесна работа врз основа на жалба. е целосно неприфатливо“, објави Чолаку на својот Фејсбук профил.
      Тој рече дека Романија ќе ги третира Барбоса и петтопласираната Сабрина Манека-Војнеа како медалистки во однос на наградите.
      „Зад себе ја имате цела нација, за која вашиот труд и солзи се поскапоцени од кој било медал, без разлика од кој скапоцен метал се направени“, рече Чолаку.
      Барбоса го држеше романското знаме кога виде дека резултатот на семафорот е променет, шокирана го испушти знамето, ги стави рацете на лицето и во солзи замина во соблекувалната.

      The post ОИ: Романскиот премиер ќе го бојкотира затворањето поради одземениот медал во гимнастика appeared first on Република.

      ]]>
      Сите зборуваат како Ромаците ја оставија соблекувалната зад себе https://republika.mk/sport/fudbal/site-zboruvaat-kako-romatsite-ja-ostavija-soblekuvalnata-zad-sebe/ Wed, 03 Jul 2024 16:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=793161

      Фудбалерите на Романија го завршија Европското првенство во Германија со пораз од Холандија (3-0) во осминафиналето, но ги воодушевија сите љубители на фудбалот со нивниот потег по натпреварот на Алијанц арената.

      По примерот на Јапонците го средиле домот на фудбалерите на Баерн и ја оставиле соблекувалната буквално во состојбата во која ја пронашле.

      Романците дури и на домаќините им оставиле порака на романски и германски јазик.

      ЕУРО 2024 за секого од нас беше едно од најважните фудбалски искуства досега. Мило ни е што беше токму во Германија. Секој натпревар, секоја емоција, секое искуство направи да ја почувствуваме магијата на фудбалот. Заминуваме од Германија со мисла дека дадовме се за Романија и благодарни сме за сè што доживеавме додека бевме тука. Беше чест да се биде дел од големото семејство на европскиот фудбал. Ви благодарам што направивте да се чувствуваме како дома, пишува во пораката која ја оставиле Романците во соблекувалната.

      The post Сите зборуваат како Ромаците ја оставија соблекувалната зад себе appeared first on Република.

      ]]>

      Фудбалерите на Романија го завршија Европското првенство во Германија со пораз од Холандија (3-0) во осминафиналето, но ги воодушевија сите љубители на фудбалот со нивниот потег по натпреварот на Алијанц арената. По примерот на Јапонците го средиле домот на фудбалерите на Баерн и ја оставиле соблекувалната буквално во состојбата во која ја пронашле. Романците дури и на домаќините им оставиле порака на романски и германски јазик.
      ЕУРО 2024 за секого од нас беше едно од најважните фудбалски искуства досега. Мило ни е што беше токму во Германија. Секој натпревар, секоја емоција, секое искуство направи да ја почувствуваме магијата на фудбалот. Заминуваме од Германија со мисла дека дадовме се за Романија и благодарни сме за сè што доживеавме додека бевме тука. Беше чест да се биде дел од големото семејство на европскиот фудбал. Ви благодарам што направивте да се чувствуваме како дома, пишува во пораката која ја оставиле Романците во соблекувалната.
       
      The post Сите зборуваат како Ромаците ја оставија соблекувалната зад себе appeared first on Република.

      ]]>
      Стипендии за студии во Романија за академската 2024/2025 година https://republika.mk/vesti/makedonija/stipendii-za-studii-vo-romanija-za-akademskata-2024-2025-godina/ Fri, 31 May 2024 14:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=783596

      Министерството за образование и наука информира дека Владата на Романија почна програма за стипендирање државјани на Република Македонија за академската 2024/2025 година.

      Владата на Романија доделува пет стипендии за магистерски студии, пет стипендии за докторски студии и пет стипендии за учество на летни курсеви за романски јазик, култура и цивилизација. Апликациите за овие стипендии треба да се достават до архивата на Министерството за образование и наука, најдоцна до 5 јули 2024, наведува МОН во објавата.

      Потребните информации за овие стипендии и формуларот за апицирање за заинтересираните кандидати се достапни на веб-страницата на МОН.

      The post Стипендии за студии во Романија за академската 2024/2025 година appeared first on Република.

      Во Романија уапсен осомничен за шпионажа за Русија https://republika.mk/vesti/svet/vo-romanija-uapsen-osomnichen-za-shpionazha-za-rusija/ Fri, 24 May 2024 12:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=781410

      Романските обвинители објавија дека започнале кривична истрага против романски државјанин обвинет за предавство и шпионирање за Русија повеќе од две години. Романската единица за борба против организираниот криминал DIICOT во соопштение наведе дека осомничениот од 2022 година ги надгледувал воените објекти на Романија или на НАТО во југоисточна Романија во близина на границата со Украина.

      Осомничениот собирал воени податоци и фотографирал промени во состојбата на воената опрема и персонал во пограничната област со Украина, кои потоа ги испратил до дипломатите од руската амбасада во Букурешт, се вели во соопштението.

      Романскиот суд одобри апсење на осомничениот на 30 дена во очекување на кривична истрага. Тоа е прво апсење за шпионажа за русија во Романија, еден од центрите на западната воена и хуманитарна помош за Украина од почетокот на руската инвазија на земјата.

      Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри граница со Украина.

      The post Во Романија уапсен осомничен за шпионажа за Русија appeared first on Република.

      ]]>

      Романските обвинители објавија дека започнале кривична истрага против романски државјанин обвинет за предавство и шпионирање за Русија повеќе од две години. Романската единица за борба против организираниот криминал DIICOT во соопштение наведе дека осомничениот од 2022 година ги надгледувал воените објекти на Романија или на НАТО во југоисточна Романија во близина на границата со Украина. Осомничениот собирал воени податоци и фотографирал промени во состојбата на воената опрема и персонал во пограничната област со Украина, кои потоа ги испратил до дипломатите од руската амбасада во Букурешт, се вели во соопштението. Романскиот суд одобри апсење на осомничениот на 30 дена во очекување на кривична истрага. Тоа е прво апсење за шпионажа за русија во Романија, еден од центрите на западната воена и хуманитарна помош за Украина од почетокот на руската инвазија на земјата. Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри граница со Украина.

      The post Во Романија уапсен осомничен за шпионажа за Русија appeared first on Република.

      ]]>
      Премиерот на Романија: Молдавците и молдавскиот јазик не постојат https://republika.mk/vesti/svet/premierot-na-romanija-moldavtsite-i-moldavskiot-jazik-ne-postojat/ Thu, 16 May 2024 15:34:22 +0000 https://republika.mk/?p=778714

      Премиерот на Романија, Марсел Чолаку, за време на телевизиска дебата на каналот „Диги24“ изјави дека „Молдавците и молдавскиот јазик не постојат“.

      Романија ќе ја поддржи Молдавија на нејзиниот пат на интеграција, бидејќи таму сите се Романци и ништо друго. Нема Молдавци, нема молдавски јазик - ова е романски јазик и ова се Романци“, изјави Чолаку.

      Претходно прее месец и половина, романскиот премиер исто така изјави дека во Молдавија живеат само Романци и дека тој лично ја поддржува идејата за обединување на двете држави.

      https://republika.mk/vesti/svet/nivnoto-postoene-e-istoriska-greshka-romanskiot-premier-poddrzhuva-pripojuvane-na-moldavija/

      По првото соопштение, молдавската парламентарна опозиција побара во собранието да го сослуша министерот за надворешни работи Михаи Попсој во врска со антимолдавските изјави на романскиот премиер, но владејачката партија „Акција и солидарност“ одби.

      The post Премиерот на Романија: Молдавците и молдавскиот јазик не постојат appeared first on Република.

      ]]>

      Премиерот на Романија, Марсел Чолаку, за време на телевизиска дебата на каналот „Диги24“ изјави дека „Молдавците и молдавскиот јазик не постојат“.
      Романија ќе ја поддржи Молдавија на нејзиниот пат на интеграција, бидејќи таму сите се Романци и ништо друго. Нема Молдавци, нема молдавски јазик - ова е романски јазик и ова се Романци“, изјави Чолаку.
      Претходно прее месец и половина, романскиот премиер исто така изјави дека во Молдавија живеат само Романци и дека тој лично ја поддржува идејата за обединување на двете држави. https://republika.mk/vesti/svet/nivnoto-postoene-e-istoriska-greshka-romanskiot-premier-poddrzhuva-pripojuvane-na-moldavija/ По првото соопштение, молдавската парламентарна опозиција побара во собранието да го сослуша министерот за надворешни работи Михаи Попсој во врска со антимолдавските изјави на романскиот премиер, но владејачката партија „Акција и солидарност“ одби.

      The post Премиерот на Романија: Молдавците и молдавскиот јазик не постојат appeared first on Република.

      ]]>
      Пет деца на возраст од 3 до 15 години во тешка состојба завршија во болница во Романија, мајка им ги избањала со средство за паразити https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pet-detsa-na-vozrast-od-3-do-15-godini-vo-teshka-sostojba-zavrshija-vo-bolnitsa-vo-romanija-majka-im-gi-izbanala-so-sredstvo-za-paraziti/ Tue, 14 May 2024 11:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=777935

      Пет браќа на возраст од 3 до 15 години завршиле во болница откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити.

      Децата од Липница, Романија во неделата вечерта биле донесени во болница во исклучително тешка состојба, а 14-годишното момче паднало во кома и било интубирано.

      Како што пишуваат медиумите, мајката се капела себеси и децата со исклучително токсично средство, кое се користи за чистење на овци, коњи, кучиња и мачки од крлежи и болви. Се верува дека на овој чекор се одлучила откако едно од децата добило вошки. Наводно советот и го дала бабата на момчето.

      Овој инсектицид се користи само од обучен персонал и само во многу разредени дози, пренесуваат медиумите во регионот.

      Децата се донесени во Ургентен центар во исклучително тешка состојба. Децата беа во состојба на делириум, халуцинираа и се тресеа. Едното е веднаш префрлено на интензивна нега бидејќи веќе е во кома. Состојбата на другите деца донекаде се подобри“, рече Крина Кибеди, портпаролка на болницата.

      The post Пет деца на возраст од 3 до 15 години во тешка состојба завршија во болница во Романија, мајка им ги избањала со средство за паразити appeared first on Република.

      ]]>

      Пет браќа на возраст од 3 до 15 години завршиле во болница откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити. Децата од Липница, Романија во неделата вечерта биле донесени во болница во исклучително тешка состојба, а 14-годишното момче паднало во кома и било интубирано. Како што пишуваат медиумите, мајката се капела себеси и децата со исклучително токсично средство, кое се користи за чистење на овци, коњи, кучиња и мачки од крлежи и болви. Се верува дека на овој чекор се одлучила откако едно од децата добило вошки. Наводно советот и го дала бабата на момчето. Овој инсектицид се користи само од обучен персонал и само во многу разредени дози, пренесуваат медиумите во регионот.
      Децата се донесени во Ургентен центар во исклучително тешка состојба. Децата беа во состојба на делириум, халуцинираа и се тресеа. Едното е веднаш префрлено на интензивна нега бидејќи веќе е во кома. Состојбата на другите деца донекаде се подобри“, рече Крина Кибеди, портпаролка на болницата.

      The post Пет деца на возраст од 3 до 15 години во тешка состојба завршија во болница во Романија, мајка им ги избањала со средство за паразити appeared first on Република.

      ]]>
      Мечка упадна на погреб во Романија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mechka-upadna-na-pogreb-vo-romanija/ Sat, 20 Apr 2024 18:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=768572

      Исплашена од крикот на мештаните, мечката се вратила во шумата, а мештаните велат дека често се појавува на места во близина на гробиштата.

      Да бевме помалку, мечката сигурно ќе нè нападнеше, вака се исплаши. Се затрча по ридот, се сврте и нѐ погледна набрзина неколку пати. Вториот пат се упати кон нас и се приближи уште повеќе, но повторно се повлече. Луѓето ги фати паника и почнаа да врескаат што мечката многу ја вознемири“, изјавил еден од присутните.

      По инцидентот во кој нема повредени, погребот продолжил.

      Иако опасноста поминала, мештаните сè уште се плашат од средбата со мечката. Велат дека со оглед на тоа што гробиштата се опкружени со шума, избегнуваат да ги посетуваат гробовите на своите најблиски од страв дека мечката во секој момент може повторно да се појави.

      The post Мечка упадна на погреб во Романија appeared first on Република.

      ]]>

      Исплашена од крикот на мештаните, мечката се вратила во шумата, а мештаните велат дека често се појавува на места во близина на гробиштата.
      Да бевме помалку, мечката сигурно ќе нè нападнеше, вака се исплаши. Се затрча по ридот, се сврте и нѐ погледна набрзина неколку пати. Вториот пат се упати кон нас и се приближи уште повеќе, но повторно се повлече. Луѓето ги фати паника и почнаа да врескаат што мечката многу ја вознемири“, изјавил еден од присутните.
      По инцидентот во кој нема повредени, погребот продолжил. Иако опасноста поминала, мештаните сè уште се плашат од средбата со мечката. Велат дека со оглед на тоа што гробиштата се опкружени со шума, избегнуваат да ги посетуваат гробовите на своите најблиски од страв дека мечката во секој момент може повторно да се појави.

      The post Мечка упадна на погреб во Романија appeared first on Република.

      ]]>
      Ветрот во Романија уриваше билборди и дрвја, издадено предупредување за поплави https://republika.mk/vesti/svet/vetrot-vo-romanija-urivashe-bilbordi-i-drvja-izdadeno-predupreduvane-za-poplavi/ Wed, 17 Apr 2024 19:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=767244

      Бурата Рената стигна и до Романија, каде што се издадени предупредувања за поплави поради силните дождови, додека лапавицата се претвори во снег на планините.

      Издадени се предупредувања за поплави за реките во шест окрузи, додека половина земја е под метеоролошки предупредувања за невреме и дожд.

      На планините врнежите се претворија во лапавица и снег.

      Утрово снежниот слој изнесуваше 52 сантиметри во туристичката област Балеа Лак, на над 2.000 метри во планините Фагараш, каде температурата е само два степена Целзиусови, изјави за Агерпрес метеорологот Нарциса Милијан од Службата за метеоролошки прогнози.

      „Можно е да продолжи да паѓа снег во Балеа Лац“, изјави метеорологот.

      Засега Трансфагарашан е затворен за сообраќај на делот помеѓу Балеа Каскада и Балеа Лака.

      Најголеми проблеми на западот од земјата предизвика ветерот кој урна дрвја и билборди.

      Вработени во Службата за вонредни состојби интервенирале во повеќе градови низ Романија.

      Засега нема информации за жртви.

      Температурите низ земјата се драстично опаднати, со вредности за 15-20 степени пониски од претходниот период.

      The post Ветрот во Романија уриваше билборди и дрвја, издадено предупредување за поплави appeared first on Република.

      ]]>

      Бурата Рената стигна и до Романија, каде што се издадени предупредувања за поплави поради силните дождови, додека лапавицата се претвори во снег на планините. Издадени се предупредувања за поплави за реките во шест окрузи, додека половина земја е под метеоролошки предупредувања за невреме и дожд. На планините врнежите се претворија во лапавица и снег. Утрово снежниот слој изнесуваше 52 сантиметри во туристичката област Балеа Лак, на над 2.000 метри во планините Фагараш, каде температурата е само два степена Целзиусови, изјави за Агерпрес метеорологот Нарциса Милијан од Службата за метеоролошки прогнози. „Можно е да продолжи да паѓа снег во Балеа Лац“, изјави метеорологот. Засега Трансфагарашан е затворен за сообраќај на делот помеѓу Балеа Каскада и Балеа Лака. Најголеми проблеми на западот од земјата предизвика ветерот кој урна дрвја и билборди. Вработени во Службата за вонредни состојби интервенирале во повеќе градови низ Романија. Засега нема информации за жртви. Температурите низ земјата се драстично опаднати, со вредности за 15-20 степени пониски од претходниот период.

      The post Ветрот во Романија уриваше билборди и дрвја, издадено предупредување за поплави appeared first on Република.

      ]]>
      „Нивното постоење е историска грешка“: Романскиот премиер поддржува припојување на Молдавија https://republika.mk/vesti/svet/nivnoto-postoene-e-istoriska-greshka-romanskiot-premier-poddrzhuva-pripojuvane-na-moldavija/ Fri, 05 Apr 2024 19:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=762837

      Романскиот премиер, Марсел Чолаку, во интервју за телевизискиот канал „ДЦ Њуз“ (DC News- изјави дека ја поддржува идејата за припојување на Молдавија. Чолаку изјави дека постоењето на Молдавија е „историска грешка“, а нејзиното припојување е можно и во форматот на европската интеграција и на други начини.

      Во романските медиуми неодамна се пишуваше за „другите начини“. Така на 3 април, Министерството за одбрана на Романија на јавна расправа поднесе предлог-закон со кој ќе им се овозможи на претседателот и премиерот, без согласност на парламентот, да носат одлуки за „употреба на вооружени сили во странство за заштита на своите граѓани од хибридни закани“.

      https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dobi-pregovori-pred-makedonija-bosna-kojashto-e-protektorat-ukraina-vo-vojna-i-moldavija-bez-utvrdena-teritorija/

      Хибридната закана најверојатно се однесува на Придњестровје, република во Молдавија, која не е призната од меѓународна заедница, а која има блиски врски со Русија.

      The post „Нивното постоење е историска грешка“: Романскиот премиер поддржува припојување на Молдавија appeared first on Република.

      ]]>

      Романскиот премиер, Марсел Чолаку, во интервју за телевизискиот канал „ДЦ Њуз“ (DC News- изјави дека ја поддржува идејата за припојување на Молдавија. Чолаку изјави дека постоењето на Молдавија е „историска грешка“, а нејзиното припојување е можно и во форматот на европската интеграција и на други начини. Во романските медиуми неодамна се пишуваше за „другите начини“. Така на 3 април, Министерството за одбрана на Романија на јавна расправа поднесе предлог-закон со кој ќе им се овозможи на претседателот и премиерот, без согласност на парламентот, да носат одлуки за „употреба на вооружени сили во странство за заштита на своите граѓани од хибридни закани“. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dobi-pregovori-pred-makedonija-bosna-kojashto-e-protektorat-ukraina-vo-vojna-i-moldavija-bez-utvrdena-teritorija/ Хибридната закана најверојатно се однесува на Придњестровје, република во Молдавија, која не е призната од меѓународна заедница, а која има блиски врски со Русија.

      The post „Нивното постоење е историска грешка“: Романскиот премиер поддржува припојување на Молдавија appeared first on Република.

      ]]>
      Невреме во Романија, илјадници луѓе се без струја https://republika.mk/vesti/svet/nevreme-vo-romanija-iljadnitsi-luge-se-bez-struja/ Tue, 02 Apr 2024 15:48:04 +0000 https://republika.mk/?p=761343

      Во 19 окрузи во Романија има силен ветер, односно портокалов код. Предупредувањето за тешки временски услови важи и за Букурешт, каде досега има најмногу итни повици.

      Силните ветрови соборија 31 дрво и четири столбови, искршиле билборди и оштетиле 16 автомобили во романската престолнина, соопшти Одделот за итни случаи. Ветерот носи и облаци од сахарска прашина, која денеска минува над Романија.

      Маневрите во пристаништата на Црното Море се прекинати.

      Возовите меѓу Ваља Калугарјаска и Плоешти привремено запреа откако дрво падна на пругата. Пожарникарите работат и на гаснење на пожар во вегетацијата кај пругите.

      -На ниските места брзината на ветерот е меѓу 55 и 80 км/ч. Во високите делови на планините очекуваме да надмине 90-110 км/ч. Можно е ветерот да стане урагански и на места да има невреме, известува Националната метеоролошка управа.

      Поради лошото време, 5.000 луѓе останаа без струја во областа Прахова. Ситуацијата во Плоешти беше комплицирана, каде неколку дрвја паднаа на коловозот или на електрични кабли. Несреќи имало и во седум населени места во областа Харгита. Во населбата Вранча, струја немаат 13.218 претплатници, пренесе БТА.

      Во некои региони од земјава температурите паднаа и до 13 степени во однос на вчерашните рекордни вредности на места.

      The post Невреме во Романија, илјадници луѓе се без струја appeared first on Република.

      ]]>

      Во 19 окрузи во Романија има силен ветер, односно портокалов код. Предупредувањето за тешки временски услови важи и за Букурешт, каде досега има најмногу итни повици. Силните ветрови соборија 31 дрво и четири столбови, искршиле билборди и оштетиле 16 автомобили во романската престолнина, соопшти Одделот за итни случаи. Ветерот носи и облаци од сахарска прашина, која денеска минува над Романија. Маневрите во пристаништата на Црното Море се прекинати. Возовите меѓу Ваља Калугарјаска и Плоешти привремено запреа откако дрво падна на пругата. Пожарникарите работат и на гаснење на пожар во вегетацијата кај пругите. -На ниските места брзината на ветерот е меѓу 55 и 80 км/ч. Во високите делови на планините очекуваме да надмине 90-110 км/ч. Можно е ветерот да стане урагански и на места да има невреме, известува Националната метеоролошка управа. Поради лошото време, 5.000 луѓе останаа без струја во областа Прахова. Ситуацијата во Плоешти беше комплицирана, каде неколку дрвја паднаа на коловозот или на електрични кабли. Несреќи имало и во седум населени места во областа Харгита. Во населбата Вранча, струја немаат 13.218 претплатници, пренесе БТА. Во некои региони од земјава температурите паднаа и до 13 степени во однос на вчерашните рекордни вредности на места.

      The post Невреме во Романија, илјадници луѓе се без струја appeared first on Република.

      ]]>
      ЕК, Фон дер Лајен, Схинас и Јохансон го поздравуваат утрешниот прием на Бугарија и Романија во Шенген https://republika.mk/vesti/svet/ek-fon-der-lajen-shinas-i-johanson-go-pozdravuvaat-utreshniot-priem-na-bugarija-i-romanija-vo-shengen/ Sat, 30 Mar 2024 15:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=760413

      Бугарија и Романија утре се приклучуваат на Шенген зоната: во двете земји-членки сега ќе важат сите правила на Шенген, вклучително и за издавање шенген визи, а контролата на внатрешните воздушни и поморски граници ќе биде укината. Европската комисија топло го поздравува ова достигнување - тоа е продолжение на историската одлука на Советот на ЕУ во декември 2023 година. Пристапувањето на двете земји ја прави попривлечна и значително ја проширува најголемата заедничка област во светот без контроли на внатрешните граници, се вели во изјава за медиумите на Европската Комисија.

      „Утре е важен ден: Бугарија и Романија се приклучуваат на шенгенското семејство. Го поздравувам укинувањето на контролите на внатрешните воздушни и поморски граници. Ова е голем успех за двете земји. Исто така, историски момент за Шенген зоната - најголемата област на слободно движење во светот. Заедно градиме посилна и пообединета Европа за сите наши граѓани“, истакна претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, пренесува БТА.

      Заменик-претседателот на Комисијата Маргаритис Схинас, од своја страна, додаде дека: „Пристапувањето на Романија и Бугарија го прави Шенген посилен - овој „скапоцен камен во круната“ што е симбол на нашиот европски начин на живот и го фаворизира внатрешниот пазар, нашите економии и европски граѓани насекаде. Срдечно им честитам на двете страни за напорната работа што ја вложивте за да стигнете до тука - тоа е одамна заслужено достигнување. Ќе продолжиме да чекориме заедно на патот напред“.

      Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон потсети дека од 31 март „Бугарија и Романија целосно ќе го имплементираат правото на Шенген, што ќе ја направи ЕУ посилна и побезбедна со подобра заштита на нашите надворешни граници, ќе ги промени животите на милиони луѓе и ќе го олесни патувањето. Горда сум на работата направена од толку многу луѓе и во Романија и во Бугарија“.

      Јохансон потсети дека од утре ќе биде отстранета внатрешната гранична контрола за двете балкански земји на воздушната и поморската граница. „Следниот чекор е да се отстранат проверките и на внатрешните копнени граници. Дискусијата во Советот ќе продолжи оваа година. Ветувам дека тоа ќе биде приоритет до крајот на мојот мандат“, рече Јохансон, пренесува БТА.

      The post ЕК, Фон дер Лајен, Схинас и Јохансон го поздравуваат утрешниот прием на Бугарија и Романија во Шенген appeared first on Република.

      ]]>

      Бугарија и Романија утре се приклучуваат на Шенген зоната: во двете земји-членки сега ќе важат сите правила на Шенген, вклучително и за издавање шенген визи, а контролата на внатрешните воздушни и поморски граници ќе биде укината. Европската комисија топло го поздравува ова достигнување - тоа е продолжение на историската одлука на Советот на ЕУ во декември 2023 година. Пристапувањето на двете земји ја прави попривлечна и значително ја проширува најголемата заедничка област во светот без контроли на внатрешните граници, се вели во изјава за медиумите на Европската Комисија.
      „Утре е важен ден: Бугарија и Романија се приклучуваат на шенгенското семејство. Го поздравувам укинувањето на контролите на внатрешните воздушни и поморски граници. Ова е голем успех за двете земји. Исто така, историски момент за Шенген зоната - најголемата област на слободно движење во светот. Заедно градиме посилна и пообединета Европа за сите наши граѓани“, истакна претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, пренесува БТА.
      Заменик-претседателот на Комисијата Маргаритис Схинас, од своја страна, додаде дека: „Пристапувањето на Романија и Бугарија го прави Шенген посилен - овој „скапоцен камен во круната“ што е симбол на нашиот европски начин на живот и го фаворизира внатрешниот пазар, нашите економии и европски граѓани насекаде. Срдечно им честитам на двете страни за напорната работа што ја вложивте за да стигнете до тука - тоа е одамна заслужено достигнување. Ќе продолжиме да чекориме заедно на патот напред“. Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон потсети дека од 31 март „Бугарија и Романија целосно ќе го имплементираат правото на Шенген, што ќе ја направи ЕУ посилна и побезбедна со подобра заштита на нашите надворешни граници, ќе ги промени животите на милиони луѓе и ќе го олесни патувањето. Горда сум на работата направена од толку многу луѓе и во Романија и во Бугарија“. Јохансон потсети дека од утре ќе биде отстранета внатрешната гранична контрола за двете балкански земји на воздушната и поморската граница. „Следниот чекор е да се отстранат проверките и на внатрешните копнени граници. Дискусијата во Советот ќе продолжи оваа година. Ветувам дека тоа ќе биде приоритет до крајот на мојот мандат“, рече Јохансон, пренесува БТА.

      The post ЕК, Фон дер Лајен, Схинас и Јохансон го поздравуваат утрешниот прием на Бугарија и Романија во Шенген appeared first on Република.

      ]]>