роман Archives - Република https://republika.mk/tema/roman/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 08:28:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png роман Archives - Република https://republika.mk/tema/roman/ 32 32 „Македоника литера“ го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“ https://republika.mk/vesti/kultura/makedonika-litera-go-objavi-najnoviot-roman-za-detsa-na-kiro-donev-dnevnikot-od-shtrkovoto-gnezdo/ Tue, 30 Jul 2024 07:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=801537

„Македоника литера“ деновиве го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“, со илустрации на Славица Купенкова и со поговор на Ацо Ѓоргиев.

Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај своите баба и дедо доаѓаат две внучиња за да го минат летниот распуст. Еден ден, играјќи тенис, топчето малку посилно удрено одлетува во напуштено штрково гнездо. Дедото е принуден да им го симне „непослушното“ топче. И, токму од тука, почнува и нивната авантура. Покрај топчето наоѓа и една – училишна тетратка, која всушност е дневник на некое дете по име Добре Лошиот. За тој пишувач на дневникот со такво име и чудно презиме - дедото нема слушнато. За да го откријат авторот на дневникот, дедото и децата наизменично го читаат и откриваат дека тоа дете раскажува речиси неверојатни нешта. Но и загатката станува сè понерешлива...

Во поговорот Ацо Ѓоргиев пишува:

„Како и вообичаено, и овојпат Киро Донев настаните во приказната тој ги сместува во кругот на семејството, каде е неминовна хиерархијата, посочувајќи му на детето – читател, дека сè во животот започнува и завршува со семејното огниште.

Стилот и јазикот, облеката на зборовите, хумористичната интонација и гледајќи на сè околу себе со очите на детето – Донев и овојпат како и многу пати пред тоа, од дело до дело, од книга до книга, се надминува себеси, внесувајќи нешто ново, што досега не им го кажал на своите читатели, па овојпат со `Дневникот од штрковото гнездо`, тој воведува нова игра што се одвива меѓу сонот и јавето...“

Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на педесетина книги за деца: романи, раскази, гатанки, повести, пиески, стихозбирки и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори, не само кај писателите за деца, туку воопшто во македонската литература. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазиции тој е меѓу најпреведуваните македонски писатели за деца.

 

The post „Македоника литера“ го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“ appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ деновиве го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“, со илустрации на Славица Купенкова и со поговор на Ацо Ѓоргиев. Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај своите баба и дедо доаѓаат две внучиња за да го минат летниот распуст. Еден ден, играјќи тенис, топчето малку посилно удрено одлетува во напуштено штрково гнездо. Дедото е принуден да им го симне „непослушното“ топче. И, токму од тука, почнува и нивната авантура. Покрај топчето наоѓа и една – училишна тетратка, која всушност е дневник на некое дете по име Добре Лошиот. За тој пишувач на дневникот со такво име и чудно презиме - дедото нема слушнато. За да го откријат авторот на дневникот, дедото и децата наизменично го читаат и откриваат дека тоа дете раскажува речиси неверојатни нешта. Но и загатката станува сè понерешлива... Во поговорот Ацо Ѓоргиев пишува: „Како и вообичаено, и овојпат Киро Донев настаните во приказната тој ги сместува во кругот на семејството, каде е неминовна хиерархијата, посочувајќи му на детето – читател, дека сè во животот започнува и завршува со семејното огниште. Стилот и јазикот, облеката на зборовите, хумористичната интонација и гледајќи на сè околу себе со очите на детето – Донев и овојпат како и многу пати пред тоа, од дело до дело, од книга до книга, се надминува себеси, внесувајќи нешто ново, што досега не им го кажал на своите читатели, па овојпат со `Дневникот од штрковото гнездо`, тој воведува нова игра што се одвива меѓу сонот и јавето...“ Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на педесетина книги за деца: романи, раскази, гатанки, повести, пиески, стихозбирки и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори, не само кај писателите за деца, туку воопшто во македонската литература. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазиции тој е меѓу најпреведуваните македонски писатели за деца.  

The post „Македоника литера“ го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“ appeared first on Република.

]]>
„Бата прес“ го објави романот „Стриптиз на душата“ од Филип Георгиевски https://republika.mk/vesti/kultura/bata-pres-go-objavi-romanot-striptiz-na-dushata-od-filip-georgievski/ Mon, 15 Jul 2024 09:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=796916

Во издание на „Бата прес“ се објави романот „Стриптиз на душата“ од Филип Георгиевски. Познатиот писател, професор и книжевен критичар Александар Прокопиев, во рецензијата за делото бележи: „По неколкуте извонредни поетски збирки, поетот Филип Георгиевски сега се пројавува како автор на роман. Уште на самиот почеток на делото, во прологот се навестува дека романот ќе има длабоко рефлексивен, психолошки и филозофски пристап.“
Станува збор за дело во кое на простор од нешто повеќе од сто страници, низ главните ликови, авторот создава Фројдовски слики за борбата на доброто и злото, за верата и неверата. Георгиевски уште во прологот на романот го нагласува овој пристап: „Спротивноста го раздвижува постоењето. Ако не постои спротивност, ништо, ама баш ништо нема да се случува. Нема да постои искра за огнот, пламен за огништето и запалка за хартијата. Нема да опстои ни идејата за спротивставување, зашто таа произлегува од стравот да му опонираш на тоа што не ти се допаѓа и не се вклопува во твојата идеологија врежана во кодот на опстојување и дејствување. Тоа значи да се одбере меѓу она што се нарекува распнат за доброто и погубен во името на злото што постојано се повторува без оглед на идентитетите што ги нарекуваме луѓе. Идентитетот е лозинката за влез…“ Романот ќе биде промовиран на саемските манифестации во Скопје, Битола, Штип, Охрид и Тетово.
Филип Георгиевски е роден 1975 година во Скопје. Досега ги објавил стихозбирките: „Ново Видение“ (2010), „Чудодејствија“ (2011), „Под стреите на темнината“ (2011), „Соголување“ (2012), „Оросница“ (2015), „Песни за љубовта и смртта“ (2016).
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2013 година.

The post „Бата прес“ го објави романот „Стриптиз на душата“ од Филип Георгиевски appeared first on Република.

]]>

Во издание на „Бата прес“ се објави романот „Стриптиз на душата“ од Филип Георгиевски. Познатиот писател, професор и книжевен критичар Александар Прокопиев, во рецензијата за делото бележи: „По неколкуте извонредни поетски збирки, поетот Филип Георгиевски сега се пројавува како автор на роман. Уште на самиот почеток на делото, во прологот се навестува дека романот ќе има длабоко рефлексивен, психолошки и филозофски пристап.“ Станува збор за дело во кое на простор од нешто повеќе од сто страници, низ главните ликови, авторот создава Фројдовски слики за борбата на доброто и злото, за верата и неверата. Георгиевски уште во прологот на романот го нагласува овој пристап: „Спротивноста го раздвижува постоењето. Ако не постои спротивност, ништо, ама баш ништо нема да се случува. Нема да постои искра за огнот, пламен за огништето и запалка за хартијата. Нема да опстои ни идејата за спротивставување, зашто таа произлегува од стравот да му опонираш на тоа што не ти се допаѓа и не се вклопува во твојата идеологија врежана во кодот на опстојување и дејствување. Тоа значи да се одбере меѓу она што се нарекува распнат за доброто и погубен во името на злото што постојано се повторува без оглед на идентитетите што ги нарекуваме луѓе. Идентитетот е лозинката за влез…“ Романот ќе биде промовиран на саемските манифестации во Скопје, Битола, Штип, Охрид и Тетово. Филип Георгиевски е роден 1975 година во Скопје. Досега ги објавил стихозбирките: „Ново Видение“ (2010), „Чудодејствија“ (2011), „Под стреите на темнината“ (2011), „Соголување“ (2012), „Оросница“ (2015), „Песни за љубовта и смртта“ (2016). Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2013 година.

The post „Бата прес“ го објави романот „Стриптиз на душата“ од Филип Георгиевски appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, добитничката на Нобелова награда за литература за 2022 https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-devojchinski-spomeni-od-ani-erno-dobitnichkata-na-nobelova-nagrada-za-literatura-za-2022/ Sat, 01 Jun 2024 08:28:40 +0000 https://republika.mk/?p=783781

Во сабота на 1 јуни, во 19 часот, во кафе-книжарницата „Илика“ е најавена промоција на романот „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, добитничката на Нобеловата награда за литература за 2022 год. За книгата ќе разговараат д-р Ирина Талевска и д-р Елисавета Поповска, која е и преведувачка на делото. Разговорот ќе го модерира уредникот на изданието, Ведран Диздаревиќ.

Романот „Девојчински спомени“ е прв превод на Ани Ерно на македонски јазик. Во оваа книга авторката, во својот специфичен манир, се навраќа кон лавиринтите на своето минато, овој пат на летото 1958 г. и на доживувањата во едно летно одморалиште. Младата Ани се заљубува во Х. и го има своето прво сексуално искуство по кое следи неочекуван шок: потсмевот од другите, игнорирањето од саканиот, сопствениот срам. Повеќе од 55 години ѝ се потребни на авторката да му се спротивстави на ова сеќавање на срамот создавајќи хибридно дело на (авто)фикција, мемоарски запис и документарна проза што е типично обележје на нејзиното целокупно творештво. „Девојчински спомени“ е и многу повеќе од обид за книжевно осмислување и обликување на историјата – тоа е и прекрасна контемплација за страста, сеќавањето, срамот, времето и идентитетот.

The post Промоција на романот „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, добитничката на Нобелова награда за литература за 2022 appeared first on Република.

]]>

Во сабота на 1 јуни, во 19 часот, во кафе-книжарницата „Илика“ е најавена промоција на романот „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, добитничката на Нобеловата награда за литература за 2022 год. За книгата ќе разговараат д-р Ирина Талевска и д-р Елисавета Поповска, која е и преведувачка на делото. Разговорот ќе го модерира уредникот на изданието, Ведран Диздаревиќ. Романот „Девојчински спомени“ е прв превод на Ани Ерно на македонски јазик. Во оваа книга авторката, во својот специфичен манир, се навраќа кон лавиринтите на своето минато, овој пат на летото 1958 г. и на доживувањата во едно летно одморалиште. Младата Ани се заљубува во Х. и го има своето прво сексуално искуство по кое следи неочекуван шок: потсмевот од другите, игнорирањето од саканиот, сопствениот срам. Повеќе од 55 години ѝ се потребни на авторката да му се спротивстави на ова сеќавање на срамот создавајќи хибридно дело на (авто)фикција, мемоарски запис и документарна проза што е типично обележје на нејзиното целокупно творештво. „Девојчински спомени“ е и многу повеќе од обид за книжевно осмислување и обликување на историјата – тоа е и прекрасна контемплација за страста, сеќавањето, срамот, времето и идентитетот.

The post Промоција на романот „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, добитничката на Нобелова награда за литература за 2022 appeared first on Република.

]]>
Жан Рено на 16 мај ќе го објави својот прв шпионски роман „Ема“ https://republika.mk/scena/film/zhan-reno-na-16-maj-ke-go-objavi-svojot-prv-shpionski-roman-ema/ Thu, 02 May 2024 20:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=773648

Францускиот актер Жан Рено на 16 мај ќе го објави својот прв шпионски роман „Ема“.

„Морав да го напишам овој роман – тоа беше предизвик што си го поставив себеси. Отсекогаш сум сакал необични и романтични човечки приказни”, рекол актерот, пренесува Фигаро.

Тоа ќе биде приказна за една млада жена која живее мирен живот и која одеднаш ќе се најде вовлечена во безмилосниот свет на шпионажата, се вели во најавата на издавачот.

Ема е масерка од францускиот регион Бретања, која ќе отпатува во Султанатот Оман, каде ќе се најде „во центарот на неверојатна државна работа“, изјави Рено.

Тој ќе го потпишува романот во својата продавница на авенијата де Тернес во 17-тиот арондисман на Париз на 16 мај.

The post Жан Рено на 16 мај ќе го објави својот прв шпионски роман „Ема“ appeared first on Република.

]]>

Францускиот актер Жан Рено на 16 мај ќе го објави својот прв шпионски роман „Ема“. „Морав да го напишам овој роман – тоа беше предизвик што си го поставив себеси. Отсекогаш сум сакал необични и романтични човечки приказни”, рекол актерот, пренесува Фигаро. Тоа ќе биде приказна за една млада жена која живее мирен живот и која одеднаш ќе се најде вовлечена во безмилосниот свет на шпионажата, се вели во најавата на издавачот. Ема е масерка од францускиот регион Бретања, која ќе отпатува во Султанатот Оман, каде ќе се најде „во центарот на неверојатна државна работа“, изјави Рено. Тој ќе го потпишува романот во својата продавница на авенијата де Тернес во 17-тиот арондисман на Париз на 16 мај.

The post Жан Рено на 16 мај ќе го објави својот прв шпионски роман „Ема“ appeared first on Република.

]]>
Објавен романот „Црвените очи“ на белгиската писателка и новинарка Миријам Леруа https://republika.mk/vesti/kultura/objaven-romanot-tsrvenite-ochi-na-belgiskata-pisatelka-i-novinarka-mirijam-lerua/ Thu, 04 Apr 2024 14:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=762158

Издавачката куќа „Или-Или“ го објави романот „Црвените очи“ на белгиската писателка и новинарка Миријам Леруа. Преводот од француски е на Светлана Јовановска.

Во својот втор роман Леруа ни пренесува дел од нејзиното искуство од разговорите на социјалните мрежи со човекот кој во книгата го носи името Денис. Таа одговара на неговата покана за пријателство, охрабрена што имаат неколку заеднички пријатели на Фејбук. На почетокот, епистоларното пријателство се сведува на речиси симпатична размена на животните приказни.

Но, стапицата полека се затвора над жртвата. Таа ги одбива неговите покани за кафе и еден ден, вознемирена од неговата упорност, го отстранува од списокот пријатели. Свесна дека тој „клик“ може многу да ја чини. И навистина. Денис ја покажува својата грда страна. Тип со екстремно десни ставови, расист, исламофоб, човек кој не може да ги поднесе феминиститките. Тип што сака да ве сомеле и понижи. Накусо, Денис е претставник на токсичните интернет насилници што толку често ги среќаваме на социјалните мрежи и што ја злоупотребуваат слободата на изразувањето и недостигот на законодавство за виртуелното насилство.

Со оригинален стил на размена на пораки, Леруа до болка го опишува очајот во кој ја втурнуваат грозните пораки на Денис и на неговата виртуелна банда следачи. Тие кон жртвата испраќаат не само закани за силување и убиство туку и изместена и грда дефиниција на ликот на хероината во која таа буквално се губи. Обичниот „чет“ на младата новинарка со Денис се претвора во пекол за неа и повеќе на станува збор само за вознемирување туку за токсично виртуелно насилство. Последиците врз физичкото и ментално здравје на жртвата немаат повеќе ништо виртуелно.

Во потрага по решение, таа се соочува со рамнодушноста на нејзините блиски. Нивните совети од типот „блокирај го“, „не одговарај на пораките“, „исклучи се од социјалните мрежи“, „опушти се“, „оди на одмор“, само го акцентираат неразбирањето на околината за нејзиниот очај. Леруа го опишува маратонскиот пекол на жртвата помеѓу полицијата, докторите, адвокатите, алтернативните начини за лекување…. редица неуспешни обиди да најде лек за нејзината мака.
Леруа успева, со својот роман, да ја истакне актуелноста и итноста на овој проблем во денешниот свет. Да го отвори прашањето на неспособноста и немањето политичка волја на институциите, неподносливата затвореност на оопшеството. Виртуелното насилство не е само проблем на жртвата. Туку заеднички општествен проблем што го живеат над 70 отсто жени и што понекогаш ги води во трагедија.

Миријам Леруа (1982) е белгиска новинарка и писателка, живее и работи во Брисел. Таа се смета за писателка што ги вкрстува уметноста и новинарството и многу често го користи сопствениот живот како примарен материјал за обработка. Леруа отвора деликатни прашања со брутална искреност, ги постила пред јавноста табуата на нашето општество, особено сексистичките, тие што сакаат да ја замолчат жената.

„Црвените очи“ е нејзиниот втор роман. Текстот е адаптиран и за театар.

Леруа е автор на документарецот „#Валканакурва„ со сведочења на жени од повеќе земји, меѓу кои и од Македонија, за алармантниот онлајн говор на омраза и мизогинијата.

 

The post Објавен романот „Црвените очи“ на белгиската писателка и новинарка Миријам Леруа appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Или-Или“ го објави романот „Црвените очи“ на белгиската писателка и новинарка Миријам Леруа. Преводот од француски е на Светлана Јовановска. Во својот втор роман Леруа ни пренесува дел од нејзиното искуство од разговорите на социјалните мрежи со човекот кој во книгата го носи името Денис. Таа одговара на неговата покана за пријателство, охрабрена што имаат неколку заеднички пријатели на Фејбук. На почетокот, епистоларното пријателство се сведува на речиси симпатична размена на животните приказни. Но, стапицата полека се затвора над жртвата. Таа ги одбива неговите покани за кафе и еден ден, вознемирена од неговата упорност, го отстранува од списокот пријатели. Свесна дека тој „клик“ може многу да ја чини. И навистина. Денис ја покажува својата грда страна. Тип со екстремно десни ставови, расист, исламофоб, човек кој не може да ги поднесе феминиститките. Тип што сака да ве сомеле и понижи. Накусо, Денис е претставник на токсичните интернет насилници што толку често ги среќаваме на социјалните мрежи и што ја злоупотребуваат слободата на изразувањето и недостигот на законодавство за виртуелното насилство. Со оригинален стил на размена на пораки, Леруа до болка го опишува очајот во кој ја втурнуваат грозните пораки на Денис и на неговата виртуелна банда следачи. Тие кон жртвата испраќаат не само закани за силување и убиство туку и изместена и грда дефиниција на ликот на хероината во која таа буквално се губи. Обичниот „чет“ на младата новинарка со Денис се претвора во пекол за неа и повеќе на станува збор само за вознемирување туку за токсично виртуелно насилство. Последиците врз физичкото и ментално здравје на жртвата немаат повеќе ништо виртуелно. Во потрага по решение, таа се соочува со рамнодушноста на нејзините блиски. Нивните совети од типот „блокирај го“, „не одговарај на пораките“, „исклучи се од социјалните мрежи“, „опушти се“, „оди на одмор“, само го акцентираат неразбирањето на околината за нејзиниот очај. Леруа го опишува маратонскиот пекол на жртвата помеѓу полицијата, докторите, адвокатите, алтернативните начини за лекување…. редица неуспешни обиди да најде лек за нејзината мака. Леруа успева, со својот роман, да ја истакне актуелноста и итноста на овој проблем во денешниот свет. Да го отвори прашањето на неспособноста и немањето политичка волја на институциите, неподносливата затвореност на оопшеството. Виртуелното насилство не е само проблем на жртвата. Туку заеднички општествен проблем што го живеат над 70 отсто жени и што понекогаш ги води во трагедија. Миријам Леруа (1982) е белгиска новинарка и писателка, живее и работи во Брисел. Таа се смета за писателка што ги вкрстува уметноста и новинарството и многу често го користи сопствениот живот како примарен материјал за обработка. Леруа отвора деликатни прашања со брутална искреност, ги постила пред јавноста табуата на нашето општество, особено сексистичките, тие што сакаат да ја замолчат жената. „Црвените очи“ е нејзиниот втор роман. Текстот е адаптиран и за театар. Леруа е автор на документарецот „#Валканакурва„ со сведочења на жени од повеќе земји, меѓу кои и од Македонија, за алармантниот онлајн говор на омраза и мизогинијата.  

The post Објавен романот „Црвените очи“ на белгиската писателка и новинарка Миријам Леруа appeared first on Република.

]]>
Сашо Кокаланов ќе го промовира новиот роман „Среќните луѓе не слават родендени“ во бифето на ФДУ https://republika.mk/vesti/kultura/sasho-kokalanov-ke-go-promovira-noviot-roman-sreknite-luge-ne-slavat-rodendeni-vo-bifeto-na-fdu/ Fri, 12 Jan 2024 07:56:49 +0000 https://republika.mk/?p=732197

Денеска, на 12 јануари (петок) во 19 часот во бифето на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) ќе се одржи промоција на романот „Среќните луѓе не слават родендени“ од Сашо Кокаланов. Романот е објавен во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или.

За романот ќе зборуваат Сашко Насев и Стојан Синадинов.

Романот „Среќните луѓе не слават родендени“ е семејна драма за едно сиромашно семејство од Дримкол, инспирирана од вистинска приказна и претставува краток, згуснат книжевен запис кој на очигледен и нескриен начин кокетира со еден сосема поинаков јазик од книжевниот – филмскиот. Романот не крие дека е роден како сценарио за филм, а потоа при метаморфозата авторот намерно настојува четивото да си го промени крзното, но не и ќудта.

Динамиката на романот е повеќе од очигледно филмска. Описите се онолку детални колку што е потребно за да може природно убедливо, но и вехементно да бидат визуелизирани од читателот, а дејствието и сликите се менуваат – ајде да ја избегнеме фразата „како на филмско платно“ и да бидеме уште попрецизни – така што ќе му понудат привид на гледање филм снимен во еден кадар. Можеби оттука и одлуката на авторот приказната да ја раскаже во еден пасус, во еден здив, со „претопи“ на фокусот од еден кон друг лик, изведени на еден иновативен јазичен манир – во една иста реченица.

Како што Дерида ќе каже во неговата теорија за книжевноста: „не постои ништо надвор од текстот“, така и за овој роман можеме да кажеме дека не постои ништо надвор од кадарот што текстуално е создаден пред нас, а сепак, севкупноста на делото, на крајот на читањето/гледањето нуди една јасна метафора за човечките судбини во времето што го живееме и поставува едно егзистенцијално прашање за човековата среќа и можноста да се биде среќен во времиња кои се контекстуално несреќни.

Сашо Кокаланов е писател, сценарист, драмски писател, сатиричар, новинар.

„Среќните луѓе не слават родендени“ е негов шести роман. Работи како професор по филмско и телевизиско сценарио на ФДУ во Скопје.

Во рамките на оваа вечер ќе биде претставен и бугарскиот издавач и книжевен критичар, Пламен Тотев.

The post Сашо Кокаланов ќе го промовира новиот роман „Среќните луѓе не слават родендени“ во бифето на ФДУ appeared first on Република.

]]>

Денеска, на 12 јануари (петок) во 19 часот во бифето на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) ќе се одржи промоција на романот „Среќните луѓе не слават родендени“ од Сашо Кокаланов. Романот е објавен во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или. За романот ќе зборуваат Сашко Насев и Стојан Синадинов. Романот „Среќните луѓе не слават родендени“ е семејна драма за едно сиромашно семејство од Дримкол, инспирирана од вистинска приказна и претставува краток, згуснат книжевен запис кој на очигледен и нескриен начин кокетира со еден сосема поинаков јазик од книжевниот – филмскиот. Романот не крие дека е роден како сценарио за филм, а потоа при метаморфозата авторот намерно настојува четивото да си го промени крзното, но не и ќудта. Динамиката на романот е повеќе од очигледно филмска. Описите се онолку детални колку што е потребно за да може природно убедливо, но и вехементно да бидат визуелизирани од читателот, а дејствието и сликите се менуваат – ајде да ја избегнеме фразата „како на филмско платно“ и да бидеме уште попрецизни – така што ќе му понудат привид на гледање филм снимен во еден кадар. Можеби оттука и одлуката на авторот приказната да ја раскаже во еден пасус, во еден здив, со „претопи“ на фокусот од еден кон друг лик, изведени на еден иновативен јазичен манир – во една иста реченица. Како што Дерида ќе каже во неговата теорија за книжевноста: „не постои ништо надвор од текстот“, така и за овој роман можеме да кажеме дека не постои ништо надвор од кадарот што текстуално е создаден пред нас, а сепак, севкупноста на делото, на крајот на читањето/гледањето нуди една јасна метафора за човечките судбини во времето што го живееме и поставува едно егзистенцијално прашање за човековата среќа и можноста да се биде среќен во времиња кои се контекстуално несреќни. Сашо Кокаланов е писател, сценарист, драмски писател, сатиричар, новинар. „Среќните луѓе не слават родендени“ е негов шести роман. Работи како професор по филмско и телевизиско сценарио на ФДУ во Скопје. Во рамките на оваа вечер ќе биде претставен и бугарскиот издавач и книжевен критичар, Пламен Тотев.

The post Сашо Кокаланов ќе го промовира новиот роман „Среќните луѓе не слават родендени“ во бифето на ФДУ appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“ на Тина Иванова https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-se-chini-s-ushte-postoi-lubov-ili-lubov-vo-vreme-na-korona-na-tina-ivanova/ Sat, 16 Dec 2023 07:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=723516

Новиот роман на Тина Иванова под наслов „Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на корона“, ќе биде промовиран денеска во Аудиокултура, со почеток во 19 часот.

Промотор на книгата ќе биде новинарот, писателот, активистот за човекови права, Џабир Дерала. Промоцијата ќе биде збогатена со настап на двајцата пијанисти Дино Имери и Дуња Иванова.

„Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на Корона“ е приказна за љубовта помеѓу еден маж и една жена. Од една страна, зборува за љубовта помеѓу Ана и Дениал, љубов помеѓу христијанка и муслиман, за онаа чиста, искрена, невина љубов, речиси нереална – опишувана во некој класичен роман. Од друга страна, пак, приказната третира уште една верзија на љубов или „нељубов“, како контрапункт на среќната, полетната, безграничната, безусловната, полна со радост, а тоа е онаа грдата, измамничката, полна со сомнежи, непочитување, тага, објаснува авторката.

Како што укажува и самиот наслов, дел од времето на дејствието се случува во периодот на ковид-пандемијата. Локацијата на дејствијата е Скопје.

Но, во суштина, книгата зборува за предрасудите, пред сè, за религиските, а со тоа и за социјалните судови, за неразумните однесувања и за искривеностите во верувањата, наметнати од религиските авторитети помеѓу луѓето, кои се провлекуваат низ одредени дијалози и размислувања на главниот лик Ана. Низ размислите, во дел од случувањата на Ана, на нејзиниот емотивен живот како жена, се јавува аспект на одредена потиштеност и резигнираност на една разведена жена и сите стравови кои се наметнуваат од статусот, како и за соочувањето со тоа во едно гнило општество. Таа го наоѓа својот пат кон Бога, пат, којшто го наоѓа со помош на најголемиот композитор на сите времиња Јохан Себастијан Бах, посочува Иванова.

Тина Иванова (1976, Скопје) е музиколог и продуцент, со долгогодишно искуство во новинарството, а зад себе има и шест пишани изданија. Во моментов е продуцент во Македонската филхармонија, каде од 2020 до 2023 година беше на функцијата директор.

The post Промоција на романот „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“ на Тина Иванова appeared first on Република.

]]>

Новиот роман на Тина Иванова под наслов „Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на корона“, ќе биде промовиран денеска во Аудиокултура, со почеток во 19 часот. Промотор на книгата ќе биде новинарот, писателот, активистот за човекови права, Џабир Дерала. Промоцијата ќе биде збогатена со настап на двајцата пијанисти Дино Имери и Дуња Иванова.
„Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на Корона“ е приказна за љубовта помеѓу еден маж и една жена. Од една страна, зборува за љубовта помеѓу Ана и Дениал, љубов помеѓу христијанка и муслиман, за онаа чиста, искрена, невина љубов, речиси нереална – опишувана во некој класичен роман. Од друга страна, пак, приказната третира уште една верзија на љубов или „нељубов“, како контрапункт на среќната, полетната, безграничната, безусловната, полна со радост, а тоа е онаа грдата, измамничката, полна со сомнежи, непочитување, тага, објаснува авторката.
Како што укажува и самиот наслов, дел од времето на дејствието се случува во периодот на ковид-пандемијата. Локацијата на дејствијата е Скопје.
Но, во суштина, книгата зборува за предрасудите, пред сè, за религиските, а со тоа и за социјалните судови, за неразумните однесувања и за искривеностите во верувањата, наметнати од религиските авторитети помеѓу луѓето, кои се провлекуваат низ одредени дијалози и размислувања на главниот лик Ана. Низ размислите, во дел од случувањата на Ана, на нејзиниот емотивен живот како жена, се јавува аспект на одредена потиштеност и резигнираност на една разведена жена и сите стравови кои се наметнуваат од статусот, како и за соочувањето со тоа во едно гнило општество. Таа го наоѓа својот пат кон Бога, пат, којшто го наоѓа со помош на најголемиот композитор на сите времиња Јохан Себастијан Бах, посочува Иванова.
Тина Иванова (1976, Скопје) е музиколог и продуцент, со долгогодишно искуство во новинарството, а зад себе има и шест пишани изданија. Во моментов е продуцент во Македонската филхармонија, каде од 2020 до 2023 година беше на функцијата директор.

The post Промоција на романот „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“ на Тина Иванова appeared first on Република.

]]>
„Три“ го објави новиот роман на Наташа Сарџоска, „Живот без сведоци“ https://republika.mk/vesti/kultura/tri-go-objavi-noviot-roman-na-natasha-sardhoska-zhivot-bez-svedotsi/ Mon, 11 Dec 2023 07:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=721568

„Живот без сведоци“ е втор роман на Наташа Сарџоска, кој деновиве го објави Издавачкиот центар „Три“, кој, воедно, годинава ја објави и нејзината поетската книга „Часови по измама“, за која таа ја доби наградата на Хрватското книжевно друштво во Риека за книга објавена надвор од Хрватска. Освен овие објави, Сарџоска годинава стана и прва македонска поетеса и писателка што објавила свој целосен избор поезија во Мексико, во издание на издавачот Окседа, во нејзин автопревод на шпански јазик со што стана достапна за целиот хиспанофонски свет.

Промоцијата на новиот роман ќе се одржи на 14 декември во 19 часот во музичкото кафуле „Филхармонија“. За книгата со авторката ќе говори и разговара проф. Маја Мухиќ, професор по филозофија, култура и антропологија од Универзитетот за Југоисточна Европа.

Кревок, срамежлив, ранлив, а истовремено страстен, бурен, возбудлив роман во кој главната нарација е испреплетена со тивката, подмолна, невидлива, неискажлива болка на човечкото постоење, ќе рече професорот Венко Андоновски за вториот роман на Сарџоска.

Живот без сведоци е егзистенцијалистички психолошки роман за живот без никакво сведоштво за своето постоење, во едно отуѓено, подриено и потрошувачко пост-транзициско општество, на две радикални, прогонети, измачени и несреќни порочни личности, кои во бегство од правдата, без никакви надворешни сведоци и просторно-временски факти, во заложеништво на себеси самите каде што тие ја проживуваат одново и одново траумата на своите минати демони. Во тоа траорно заедништво, наоѓаат утеха и спас, кој иако привиден и утешителен, сепак ги води низ нивните внатрешни превирања и тегоби, и така, прежививајќи ги слепите точки на своето невидливо постоење, тие доаѓаат до нови екстремни познанија, кои ги доведуваат во прашање мноштвото општествени догми кои им биле наметнати. Во еден потчинет однос на слепа должност и послушност, бескомпримисни интимни односи, долги исповеди и онтолошки прашања, за да преживеат, за да се прехранат, се впуштаат во низа противзаконски дејности кои, во заплетот, ќе ги доведат до изборот да се прокоцка еден од двата живота, за да се спаси и суштински измени останатиот живот.

Наташа Сарџоска е современа македонска поетеса, писателка и преведувачка, родена во Скопје на 16 ноември во 1979. Студирала, работела и творела во Париз, Милано, Тибинген, Лисабон и Брисел од 2005 до 2015 година. Иако тоа ја оддалечува од македонскиот јазик, контекст и култура, таа секогаш одбира да се враќа во Скопје. Докторирала социјална антропологија на Универзитетот „Еберхард Карлс“ во Тибинген, на Нова Сорбона во Париз и на Универзитетот во Бергамо, а магистрирала медиумски и комуникациски студии на Новиот Универзитет во Лисабон и на Универзитетот „Виа Домиција“ во Перпињан. Денес, живее и работи меѓу Скопје, Штутгарт и Мадрид каде што е професор на Глобалниот американски универзитет „Шилер“. Таа е и нерезидентен научен соработник на Центарот за напредни студии на Југоисточна Европа во Риека.

Ги објавила поетските книги „Сината соба“, „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“, „Жива вода“, „Крстна коска" и „Часови по измама“, романот „Трамонтана“, раскази, колумни, интервјуа, есеи и академски трудови. Нејзини поетски книги во автопревод се објавени во САД, Италија и Мексико, а избор од нејзини песни се преведени и објавени на над дваесет светски јазици. Застапена е во поетски тематски антологии на тема граници и егзил, меѓу кои особено значајно за неа е италијанското издание „Лимен“ – избор на дела од уметници, поети и писатели од другата страна на Јадранското Море – во уредништво на Милена Бечи и Лорис Фери. За својата последна поетска книга „Часови по измама“ ја доби наградата „Книжевно перо“ во 2023 за поетска книга објавена надвор од Хрватска на 16. меѓународен книжевен фестивал „Денови на пријателите на книгата“ во Риека. Во Рим во 2021 ја добила наградата „Don Luigi de Liegro“ за посебни заслуги за творештво на италијански јазик, а во Неапол наградата од Издавачката куќа „Гвида Едиторе“, во 2021 за најдобра песна напишана на италијански јазик од странски автор. Во 2019 година е поканета во каталонскиот институт Рамон Љуљ на резиденција за писатели и преведувачи. Нејзината песна „Кукла на конци“ е објавена на англиски и шпански јазик во Меѓународната поетска антологија на поезија против злоупотреба на деца во издание на поетскиот меѓународен фестивал „Grito de mujer”. Настапила на меѓународни поетски фестивали меѓу кои најголемиот светски поетски фестивал во Меделин, „Ars Poetica“ во Националната галерија во Братислава,  фестивалот “Ritratti di poesia” во Рим, фестивалот „Parole Spalancate“ во Дуждовата палата во Џенова, поетскиот фестивал во Берлин во Академијата за уметности, „ Sha’ar Helicon“ во Јафа театарот во Тел Авив, Светскиот фестивал на поезија во Венецуела, фестивалот “Confines” во Хондурас како и бројни настапи во балканскиот регион. Освен на македонски, твори и пишува и на шпански, англиски и италијански јазик.

Со проф. Имануел Бруне-Жаји ја уредила светската поетска антологија “Blurred and Political: Border Poetry” објавена при Универзитетот на Викторија во Канада, а со академик Катица Ќулафкова го приредила изборот од современа македонска поезија во Колумбија. Превела од италијански, француски, португалски, шпански и каталонски јазик стотици автори. Прва и единствена преведувачка е на македонски јазик на Пазолини, Маргарит, Сарамаго и многу други италијански, португалски, шпански и каталонски поети и писатели.

Како уметник, ги истражува пограничјата меѓу песната, танцот и поезијата: оттаму нејзините поетски рецитали се испреплетени со вокални експерименти, современ танц, импровизација и перформанси во придружба на меѓународни музички автори. Твори предмети од керамика и често престојува покрај Охридското Езеро.

The post „Три“ го објави новиот роман на Наташа Сарџоска, „Живот без сведоци“ appeared first on Република.

]]>

„Живот без сведоци“ е втор роман на Наташа Сарџоска, кој деновиве го објави Издавачкиот центар „Три“, кој, воедно, годинава ја објави и нејзината поетската книга „Часови по измама“, за која таа ја доби наградата на Хрватското книжевно друштво во Риека за книга објавена надвор од Хрватска. Освен овие објави, Сарџоска годинава стана и прва македонска поетеса и писателка што објавила свој целосен избор поезија во Мексико, во издание на издавачот Окседа, во нејзин автопревод на шпански јазик со што стана достапна за целиот хиспанофонски свет. Промоцијата на новиот роман ќе се одржи на 14 декември во 19 часот во музичкото кафуле „Филхармонија“. За книгата со авторката ќе говори и разговара проф. Маја Мухиќ, професор по филозофија, култура и антропологија од Универзитетот за Југоисточна Европа.
Кревок, срамежлив, ранлив, а истовремено страстен, бурен, возбудлив роман во кој главната нарација е испреплетена со тивката, подмолна, невидлива, неискажлива болка на човечкото постоење, ќе рече професорот Венко Андоновски за вториот роман на Сарџоска.
Живот без сведоци е егзистенцијалистички психолошки роман за живот без никакво сведоштво за своето постоење, во едно отуѓено, подриено и потрошувачко пост-транзициско општество, на две радикални, прогонети, измачени и несреќни порочни личности, кои во бегство од правдата, без никакви надворешни сведоци и просторно-временски факти, во заложеништво на себеси самите каде што тие ја проживуваат одново и одново траумата на своите минати демони. Во тоа траорно заедништво, наоѓаат утеха и спас, кој иако привиден и утешителен, сепак ги води низ нивните внатрешни превирања и тегоби, и така, прежививајќи ги слепите точки на своето невидливо постоење, тие доаѓаат до нови екстремни познанија, кои ги доведуваат во прашање мноштвото општествени догми кои им биле наметнати. Во еден потчинет однос на слепа должност и послушност, бескомпримисни интимни односи, долги исповеди и онтолошки прашања, за да преживеат, за да се прехранат, се впуштаат во низа противзаконски дејности кои, во заплетот, ќе ги доведат до изборот да се прокоцка еден од двата живота, за да се спаси и суштински измени останатиот живот. Наташа Сарџоска е современа македонска поетеса, писателка и преведувачка, родена во Скопје на 16 ноември во 1979. Студирала, работела и творела во Париз, Милано, Тибинген, Лисабон и Брисел од 2005 до 2015 година. Иако тоа ја оддалечува од македонскиот јазик, контекст и култура, таа секогаш одбира да се враќа во Скопје. Докторирала социјална антропологија на Универзитетот „Еберхард Карлс“ во Тибинген, на Нова Сорбона во Париз и на Универзитетот во Бергамо, а магистрирала медиумски и комуникациски студии на Новиот Универзитет во Лисабон и на Универзитетот „Виа Домиција“ во Перпињан. Денес, живее и работи меѓу Скопје, Штутгарт и Мадрид каде што е професор на Глобалниот американски универзитет „Шилер“. Таа е и нерезидентен научен соработник на Центарот за напредни студии на Југоисточна Европа во Риека. Ги објавила поетските книги „Сината соба“, „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“, „Жива вода“, „Крстна коска" и „Часови по измама“, романот „Трамонтана“, раскази, колумни, интервјуа, есеи и академски трудови. Нејзини поетски книги во автопревод се објавени во САД, Италија и Мексико, а избор од нејзини песни се преведени и објавени на над дваесет светски јазици. Застапена е во поетски тематски антологии на тема граници и егзил, меѓу кои особено значајно за неа е италијанското издание „Лимен“ – избор на дела од уметници, поети и писатели од другата страна на Јадранското Море – во уредништво на Милена Бечи и Лорис Фери. За својата последна поетска книга „Часови по измама“ ја доби наградата „Книжевно перо“ во 2023 за поетска книга објавена надвор од Хрватска на 16. меѓународен книжевен фестивал „Денови на пријателите на книгата“ во Риека. Во Рим во 2021 ја добила наградата „Don Luigi de Liegro“ за посебни заслуги за творештво на италијански јазик, а во Неапол наградата од Издавачката куќа „Гвида Едиторе“, во 2021 за најдобра песна напишана на италијански јазик од странски автор. Во 2019 година е поканета во каталонскиот институт Рамон Љуљ на резиденција за писатели и преведувачи. Нејзината песна „Кукла на конци“ е објавена на англиски и шпански јазик во Меѓународната поетска антологија на поезија против злоупотреба на деца во издание на поетскиот меѓународен фестивал „Grito de mujer”. Настапила на меѓународни поетски фестивали меѓу кои најголемиот светски поетски фестивал во Меделин, „Ars Poetica“ во Националната галерија во Братислава,  фестивалот “Ritratti di poesia” во Рим, фестивалот „Parole Spalancate“ во Дуждовата палата во Џенова, поетскиот фестивал во Берлин во Академијата за уметности, „ Sha’ar Helicon“ во Јафа театарот во Тел Авив, Светскиот фестивал на поезија во Венецуела, фестивалот “Confines” во Хондурас како и бројни настапи во балканскиот регион. Освен на македонски, твори и пишува и на шпански, англиски и италијански јазик. Со проф. Имануел Бруне-Жаји ја уредила светската поетска антологија “Blurred and Political: Border Poetry” објавена при Универзитетот на Викторија во Канада, а со академик Катица Ќулафкова го приредила изборот од современа македонска поезија во Колумбија. Превела од италијански, француски, португалски, шпански и каталонски јазик стотици автори. Прва и единствена преведувачка е на македонски јазик на Пазолини, Маргарит, Сарамаго и многу други италијански, португалски, шпански и каталонски поети и писатели. Како уметник, ги истражува пограничјата меѓу песната, танцот и поезијата: оттаму нејзините поетски рецитали се испреплетени со вокални експерименти, современ танц, импровизација и перформанси во придружба на меѓународни музички автори. Твори предмети од керамика и често престојува покрај Охридското Езеро.

The post „Три“ го објави новиот роман на Наташа Сарџоска, „Живот без сведоци“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Епитаф за актерот“ од Љубица Кубура во „Јавна соба“ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-epitaf-za-akterot-od-lubitsa-kubura-vo-javna-soba/ Fri, 01 Dec 2023 08:07:06 +0000 https://republika.mk/?p=718191

Романот „Епитаф за актерот“ на Љубица Кубура ќе биде промовиран денеска во Јавна соба.

Љубица Кубура е родена на 29 јануари 1988 година во Белград. Пишува колумни за неколку портали во Србија. Нејзино претходно дело е збирката раскази „Белградски акварел“.

Како што информираат организаторите од СПОНА, приказната што го гради романот е сведоштво за суров талент и непоколеблива решителност да ги оствари своите детски соништа, тоа е приказната за Крсто Чутур кој зад себе ги остава родителите и браќата, доаѓа во голем град и станува познат актер.

Романот „Епитаф за актер“ навлегува во нескротливиот дух на човек кој одбива да биде замолчен, заменет и заборавен, дури и кога е соочен со непремостливи пречки. Откако ќе се спушти завесата на животот на актерот, неговата ќерка, која го гледа како модел, почнува да пишува роман за нејзиниот татко, обидувајќи се да го спаси неговото наследство од заборав, стои во соопштението од СПОНА.

 

The post Промоција на романот „Епитаф за актерот“ од Љубица Кубура во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>

Романот „Епитаф за актерот“ на Љубица Кубура ќе биде промовиран денеска во Јавна соба. Љубица Кубура е родена на 29 јануари 1988 година во Белград. Пишува колумни за неколку портали во Србија. Нејзино претходно дело е збирката раскази „Белградски акварел“. Како што информираат организаторите од СПОНА, приказната што го гради романот е сведоштво за суров талент и непоколеблива решителност да ги оствари своите детски соништа, тоа е приказната за Крсто Чутур кој зад себе ги остава родителите и браќата, доаѓа во голем град и станува познат актер.
Романот „Епитаф за актер“ навлегува во нескротливиот дух на човек кој одбива да биде замолчен, заменет и заборавен, дури и кога е соочен со непремостливи пречки. Откако ќе се спушти завесата на животот на актерот, неговата ќерка, која го гледа како модел, почнува да пишува роман за нејзиниот татко, обидувајќи се да го спаси неговото наследство од заборав, стои во соопштението од СПОНА.
 

The post Промоција на романот „Епитаф за актерот“ од Љубица Кубура во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>
„Арс Ламина“ објави роман за исчезнувањето на Агата Кристи https://republika.mk/vesti/kultura/ars-lamina-objavi-roman-za-ischeznuvaneto-na-agata-kristi/ Tue, 28 Nov 2023 11:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=717121

Во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, деновиве излезе од печат романот „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт. Ова издание е веќе преведено на многу јазици, меѓу кои: италијански, романски, португалски, хрватски, српски, холандски, литвански, француски, полски, шпански, германски, а сега ја добива и својата македонска верзија.

Појдовна точка за создавање на ова дело се познатите 11 дена исчезнување на големата писателка. Дамата-романописец, како што ја нарекувале некои весници, станала предмет на една од најголемите потраги по исчезнати личности во британската историја во која се вклучила полицијата, голем број кучиња-трагачи, цела армија доброволци, но и колегите-писатели на крими-романи како Дороти Л. Сејерс, Артур Конан Дојл, а секако и нејзиниот сопруг Арчибалд Кристи. Иако никогаш јавно не проговорила за овој настан, постојат мислења дека таа исчезнала како казна за сопругот кој ја изневерил.

Во оваа фикционализирана приказна за тој настан, како наратор се појавува љубовницата на Арчи, Нан О’Ди, која многу вешто го вовлекува читателот во сите настани што претходеле на исчезнувањето, но и за тоа што се случувало во текот на тие денови. Книгата е така структурирана што поглавјата постојано се менуваат помеѓу деновите и часовите околу исчезнувањето на Кристи, но и со реминисценции на поранешниот живот на Нан во Лондон и во Ирска.

Романот на Де Грамонт е плод на нејзината фантазија преточена во интригантно четиво. Се работи за богато замислен, инвентивен и повремено мошне емотивен роман што нема да ги остави читателите рамнодушни. Ова е роман што опфаќа повеќе жанрови – психолошка драма, историска фикција и мистерија.

„Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт е интернационален бестселер на „Њујорк тајмс“ и избор за најдобро издание на месецот на книжевниот клуб на Рис Витерспун за февруари 2022 година.

The post „Арс Ламина“ објави роман за исчезнувањето на Агата Кристи appeared first on Република.

]]>

Во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, деновиве излезе од печат романот „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт. Ова издание е веќе преведено на многу јазици, меѓу кои: италијански, романски, португалски, хрватски, српски, холандски, литвански, француски, полски, шпански, германски, а сега ја добива и својата македонска верзија. Појдовна точка за создавање на ова дело се познатите 11 дена исчезнување на големата писателка. Дамата-романописец, како што ја нарекувале некои весници, станала предмет на една од најголемите потраги по исчезнати личности во британската историја во која се вклучила полицијата, голем број кучиња-трагачи, цела армија доброволци, но и колегите-писатели на крими-романи како Дороти Л. Сејерс, Артур Конан Дојл, а секако и нејзиниот сопруг Арчибалд Кристи. Иако никогаш јавно не проговорила за овој настан, постојат мислења дека таа исчезнала како казна за сопругот кој ја изневерил. Во оваа фикционализирана приказна за тој настан, како наратор се појавува љубовницата на Арчи, Нан О’Ди, која многу вешто го вовлекува читателот во сите настани што претходеле на исчезнувањето, но и за тоа што се случувало во текот на тие денови. Книгата е така структурирана што поглавјата постојано се менуваат помеѓу деновите и часовите околу исчезнувањето на Кристи, но и со реминисценции на поранешниот живот на Нан во Лондон и во Ирска. Романот на Де Грамонт е плод на нејзината фантазија преточена во интригантно четиво. Се работи за богато замислен, инвентивен и повремено мошне емотивен роман што нема да ги остави читателите рамнодушни. Ова е роман што опфаќа повеќе жанрови – психолошка драма, историска фикција и мистерија. „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт е интернационален бестселер на „Њујорк тајмс“ и избор за најдобро издание на месецот на книжевниот клуб на Рис Витерспун за февруари 2022 година.

The post „Арс Ламина“ објави роман за исчезнувањето на Агата Кристи appeared first on Република.

]]>
Романот на Јасмина Атанасовска не е љубовен роман – ова е книга за храброста да бидеш среќен https://republika.mk/vesti/kultura/romanot-na-jasmina-atanasovska-ne-e-luboven-roman-ova-e-kniga-za-hrabrosta-da-bidesh-sreken/ Tue, 31 Oct 2023 16:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=696773

Една необична промоција на книга се случи неодамна во Битола. Јасмина Атанасова, синоним за интелектуалниот шарм на Битола, го претстави своето прво книжевно патување „Кога ќе стивне прашината“ пред публиката која е поврзана со нејзниот живот, семејството и пријателите.

Настанот покажа, како изгледа да се ослободи една промоција на книга од границите на конвенционалното. Како спонтано да се ужива во пишуваниот збор, будејќи емоции и длабока рефлексија. Тоа беше уметнички спој, каде размислите на авторката разговараа со минатото и сегашноста, а воздухот беше густ од исчекување, не за приказните на страниците, туку за приказната на самата Јасмина - наратив што изникна од прашината на соништата долго време задржани во едно тивко мирување.

Со своите корени закотвени во плодната почва на начитаност и љубов кон книгите од мали нозе, благодарјеќи на нејзините родители, Јасмина која по професија е фармацевт и професор во Медицинското училиште „Др Јован Калаузи во Битола„, долго време беше тивок чувар на приказните, додека тишината на пандемијата не го разбуди писателот во неа. Таа под менторство на Школата за креативно пишување, ги насочи своите мисли, ги обликуваше своите наративи и се појави не само со книга, туку и со сведоштво за верувањето дека никогаш не е доцна да се прифати предизвикот да бидеш среќен.

Промотор на романот беше Дарко Лешоски - уметник чија сопствена креативност ги опфаќа живописните сфери на поезијата, прозата и визуелниот раскош. Тој го со својот глас, направи спојување на вечерта со зборови и искрени…и поетски.

Откако ја дочитав книгата, не сакам ниту сега да сокријам дека и сега ми се насолзуваат очите кога ќе ми текне дека само жена може да проживее таков физички и психички хорор и да се истушира и излезе надвор со насмевка, да се соочи со денот и да рече: Јас сум она што можам да бидам и сакам да бидам, а не она што ми се случи пред малку. Тој тесен простор помеѓу нечија повреда кон нас и нашата реакција кон таа повреда кој најчесто ни е тесен и клаустрофобичен, а кај Јасмина е њујоршки пентхаус од дваесет милиони долари. Целата психа на тацна каде полека и спокојно се шетате низ ходниците на свеста на главниот лик во романот, Гала. Ви се случува пред очи приказната. Ја гледате. Сте виделе можеби нешто слично. Сте слушнале можеби нешто слично. Ама сега го чувствувате во себе - скоро како на своја кожа. Кинењето на деловите на личноста и пукањето по шавови не се случува наеднаш ами постепено, Јасмина ве води за рака и вие можеби насетувате ама како што вели таа: Ќе ти се случи - ќе видиш! Јас бев тоа , но не значи дека така треба да продолжам да бидам. Јас сум тоа но не значи дека ќе бидам и утре тоа, ако тоа мене ме венее„ - зборуваше Дарко Лешоски за неговото искуство додека ја читал книгата.

Љубовта во „Кога ќе стивне прашината“ е подеднакво потребна како и воздухот, а на моменти и повеќе од тоа. Но, сепак ова не е љубовен роман.

Секој сака да биде себеси само ретко кој може да е, зошто треба да се подреди на тато, на мама, на децата, на што ќе речат, на што ќе си речам сам или сама ако не успеам - ама ретко кој има сила да биде себеси навистина. Јасмина храбро ама и кршливо ја опишува таа битка. Сечија животна среќа па и животен век се продолжува правопропорционално на неговата храброст. Храброст е да се биде среќен„ - заклучува Лешоски.

 

Романот „Кога ќе стивне прашината“ од Јасмина Атанасова е зрело прозно писмо, за кое тешко може да се погоди дека е дебитантски роман. Пишуван во прво лице, од страна на жена-наратор, која истовремено е и лик во својата приказна.

Атанасова пишува за жената со големо „Ж“, постојано поставена пред борби, предизвици и секојдневни саможртви на општествениот жртвеник, која постојано наоѓа сила од некој таинствен извор за повторно да застане на нозе и да му се спротивстави на закоравените табуа и клишетизираните форми на живеењето„ - изјави на промоцијата д-р Славица Гаџова Свидерска од издавачката куќа Восток, која застана позади првиот роман на Јасмина Атанасовска.

Промоцијата на „Кога ќе стивне прашината“ не беше само настан, тоа беше изјава - објава дека животот, со сите негови текови, сè уште се поклонува на истрајноста на човечкиот дух. Таму застана Јасмина Атанасова, не само како автор, туку како светилник на надеж за секој латентен сон што ја чека својата зора.

Книгата, експресно се распродаде уште со првиот тираж, по што следуваше следен, а во тек на месец ноември, истата ќе биде промовирана во Скопје. Настанот е закажан за 16 ноември, во 19.00ч во Аудиокултура.

Ова е знак дека прашината околу првиот роман на Јасмина Атанасова нема да стивне и промоцијата во Битола не значеше дека книгата го дочека светлото на денот, туку на брилијантен почеток кој му шепоти на секој сонувач: осмели се да сонуваш, осмели се да пишуваш и осмели се да бидеш.

The post Романот на Јасмина Атанасовска не е љубовен роман – ова е книга за храброста да бидеш среќен appeared first on Република.

]]>

Една необична промоција на книга се случи неодамна во Битола. Јасмина Атанасова, синоним за интелектуалниот шарм на Битола, го претстави своето прво книжевно патување „Кога ќе стивне прашината“ пред публиката која е поврзана со нејзниот живот, семејството и пријателите. Настанот покажа, како изгледа да се ослободи една промоција на книга од границите на конвенционалното. Како спонтано да се ужива во пишуваниот збор, будејќи емоции и длабока рефлексија. Тоа беше уметнички спој, каде размислите на авторката разговараа со минатото и сегашноста, а воздухот беше густ од исчекување, не за приказните на страниците, туку за приказната на самата Јасмина - наратив што изникна од прашината на соништата долго време задржани во едно тивко мирување. Со своите корени закотвени во плодната почва на начитаност и љубов кон книгите од мали нозе, благодарјеќи на нејзините родители, Јасмина која по професија е фармацевт и професор во Медицинското училиште „Др Јован Калаузи во Битола„, долго време беше тивок чувар на приказните, додека тишината на пандемијата не го разбуди писателот во неа. Таа под менторство на Школата за креативно пишување, ги насочи своите мисли, ги обликуваше своите наративи и се појави не само со книга, туку и со сведоштво за верувањето дека никогаш не е доцна да се прифати предизвикот да бидеш среќен. Промотор на романот беше Дарко Лешоски - уметник чија сопствена креативност ги опфаќа живописните сфери на поезијата, прозата и визуелниот раскош. Тој го со својот глас, направи спојување на вечерта со зборови и искрени…и поетски.
Откако ја дочитав книгата, не сакам ниту сега да сокријам дека и сега ми се насолзуваат очите кога ќе ми текне дека само жена може да проживее таков физички и психички хорор и да се истушира и излезе надвор со насмевка, да се соочи со денот и да рече: Јас сум она што можам да бидам и сакам да бидам, а не она што ми се случи пред малку. Тој тесен простор помеѓу нечија повреда кон нас и нашата реакција кон таа повреда кој најчесто ни е тесен и клаустрофобичен, а кај Јасмина е њујоршки пентхаус од дваесет милиони долари. Целата психа на тацна каде полека и спокојно се шетате низ ходниците на свеста на главниот лик во романот, Гала. Ви се случува пред очи приказната. Ја гледате. Сте виделе можеби нешто слично. Сте слушнале можеби нешто слично. Ама сега го чувствувате во себе - скоро како на своја кожа. Кинењето на деловите на личноста и пукањето по шавови не се случува наеднаш ами постепено, Јасмина ве води за рака и вие можеби насетувате ама како што вели таа: Ќе ти се случи - ќе видиш! Јас бев тоа , но не значи дека така треба да продолжам да бидам. Јас сум тоа но не значи дека ќе бидам и утре тоа, ако тоа мене ме венее„ - зборуваше Дарко Лешоски за неговото искуство додека ја читал книгата.
Љубовта во „Кога ќе стивне прашината“ е подеднакво потребна како и воздухот, а на моменти и повеќе од тоа. Но, сепак ова не е љубовен роман.
Секој сака да биде себеси само ретко кој може да е, зошто треба да се подреди на тато, на мама, на децата, на што ќе речат, на што ќе си речам сам или сама ако не успеам - ама ретко кој има сила да биде себеси навистина. Јасмина храбро ама и кршливо ја опишува таа битка. Сечија животна среќа па и животен век се продолжува правопропорционално на неговата храброст. Храброст е да се биде среќен„ - заклучува Лешоски.
  Романот „Кога ќе стивне прашината“ од Јасмина Атанасова е зрело прозно писмо, за кое тешко може да се погоди дека е дебитантски роман. Пишуван во прво лице, од страна на жена-наратор, која истовремено е и лик во својата приказна.
Атанасова пишува за жената со големо „Ж“, постојано поставена пред борби, предизвици и секојдневни саможртви на општествениот жртвеник, која постојано наоѓа сила од некој таинствен извор за повторно да застане на нозе и да му се спротивстави на закоравените табуа и клишетизираните форми на живеењето„ - изјави на промоцијата д-р Славица Гаџова Свидерска од издавачката куќа Восток, која застана позади првиот роман на Јасмина Атанасовска.
Промоцијата на „Кога ќе стивне прашината“ не беше само настан, тоа беше изјава - објава дека животот, со сите негови текови, сè уште се поклонува на истрајноста на човечкиот дух. Таму застана Јасмина Атанасова, не само како автор, туку како светилник на надеж за секој латентен сон што ја чека својата зора. Книгата, експресно се распродаде уште со првиот тираж, по што следуваше следен, а во тек на месец ноември, истата ќе биде промовирана во Скопје. Настанот е закажан за 16 ноември, во 19.00ч во Аудиокултура. Ова е знак дека прашината околу првиот роман на Јасмина Атанасова нема да стивне и промоцијата во Битола не значеше дека книгата го дочека светлото на денот, туку на брилијантен почеток кој му шепоти на секој сонувач: осмели се да сонуваш, осмели се да пишуваш и осмели се да бидеш.

The post Романот на Јасмина Атанасовска не е љубовен роман – ова е книга за храброста да бидеш среќен appeared first on Република.

]]>
Едвај чекам да музицираме со оркестарот „Профундис“ и маестра Ѓурѓица Дашиќ, рече виртуозот на виолина Роман Симовиќ пред концертот во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/edvaj-chekam-da-muzitsirame-so-orkestarot-profundis-i-maestra-gurgitsa-dashik-reche-virtuozot-na-violina-roman-simovik-pred-kontsertot-vo-skopje/ Thu, 12 Oct 2023 11:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=690545

Виртуозниот Роман Симовиќ – концерт-мајстор на Лондонската филхармонија и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе настапат на концертниот спектакл „Роман“ на 16 октомври во големата сала на Македонската филхармонија со почеток во 20:30 часот.

На денешната прес-конференција по повод најавениот концерт беа презентирани деталите за овој спектакуларен настан.

Концертот дефинитивно го најавивме како спектакл поради повеќе аспекти, првиот е брилијатноста во изведбата на светски прославениот Роман Симовиќ, концерт-мајстор на престижната Лондонска филхармонија и еден од моментално водечките виолинисти во светот, чие гостување како солист на нашиот концерт уште еднаш го потврдува статусот на „Профундис“ како водечки уметнички камерен состав во Македонија, но и во регионот. Понатаму, уникатноста на програмата, па така на големата сцена на Филхармонија ќе прозвучат делата на тројцата најголеми британски композитори Вилијам Волтон, Вилијам Лојд Вебер и Ралф Вон Вилијамс, како и спектакуларните 4 годишни времиња од Астор Пјацола. Сето ова, проткаено со финеси и грациозност само какви што може да отсвират Роман Симовиќ и „Профундис“ се гаранција за концертен спектакл кој со сигурност ќе ги воодушеви присутните, изјави Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител на камерниот оркестар.

Концертот дефинитивно го најавивме како спектакл поради повеќе аспекти, вели маесетра Ѓурѓица Дашиќ

На прес-конференција свое обраќање имаше и Симовиќ, кој не ја криеше возбудата за најавениот настап во Скопје.

Многу сум среќен што доаѓам во Скопје после подолг период. Возбуден сум од можноста за соработка со македонскиот камерен оркестар „Профундис“ за кого имам слушнато само пофалби и убави зборови од моите колеги, а особено драга ми е средбата со диригентката Ѓурѓица Дашиќ. Во Скопје ќе престојувам неколку дена, ќе имаме неколку заеднички проби и едвај чекам да музицираме заедно. Особено драга ќе ми биде изведбата на Пјацола, врвно и многу ефективно дело за кое ветувам дека ќе го оставам срцето и душата на сцена!“ – кажа Роман Симовиќ пред присутните новинари.

Инаку, камерниот оркестар „Профундис“ уметникува на македонската културна сцена веќе четири години, а на оваа прва официјална средба со новинарите беа презентирани и најистакнатите проекти на овој уметнички состав низ годините.

Имаме реализирано 27 концерти овие четири години, интернационални гостувања и мултимедијални спектакли, со врвни македонски солисти, но и со познати имиња од светската класична музичка сцена како Ирина Мурезану, Драган Ѓорѓевиќ – Сузуки, Јован Богосављевиќ, Огњен Поповиќ, Данијеле Ајело, Џузепе Нова, Антонио ди Кристофано, Благој Нацоски, Владимир Костор, Ема Попивода и многу други. Оставаме публиката и концертите да бидат потврда за квалитетот и вредноста која „Профундис“ ја има како изграден бренд., додаде Јане Бакевски, креативен директор во „Профундис“.

Климент Тодороски, концерт-мајстор на „Профундис“, уште еднаш ја потенцираше важноста на соработката со овој голем музички великан, за кој како што кажа, е врвен инструменталист, свири на исклучително скап и редок инструмент и му е драго што „Профундис“ ќе биде дел од листата на имиња со кои Роман Симовиќ има настапувано, упатувајќи покана кон колегите од фелата да бидат сведоци на овој мајсторски концерт.

Влезниците за концертниот спектакл „Роман“ се достапни во ограничен број преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС како и онлајн (https://www.karti.com.mk/roman.nspx), по цени кои почнуваат од 500 денари.

 

The post Едвај чекам да музицираме со оркестарот „Профундис“ и маестра Ѓурѓица Дашиќ, рече виртуозот на виолина Роман Симовиќ пред концертот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Виртуозниот Роман Симовиќ – концерт-мајстор на Лондонската филхармонија и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе настапат на концертниот спектакл „Роман“ на 16 октомври во големата сала на Македонската филхармонија со почеток во 20:30 часот. На денешната прес-конференција по повод најавениот концерт беа презентирани деталите за овој спектакуларен настан.
Концертот дефинитивно го најавивме како спектакл поради повеќе аспекти, првиот е брилијатноста во изведбата на светски прославениот Роман Симовиќ, концерт-мајстор на престижната Лондонска филхармонија и еден од моментално водечките виолинисти во светот, чие гостување како солист на нашиот концерт уште еднаш го потврдува статусот на „Профундис“ како водечки уметнички камерен состав во Македонија, но и во регионот. Понатаму, уникатноста на програмата, па така на големата сцена на Филхармонија ќе прозвучат делата на тројцата најголеми британски композитори Вилијам Волтон, Вилијам Лојд Вебер и Ралф Вон Вилијамс, како и спектакуларните 4 годишни времиња од Астор Пјацола. Сето ова, проткаено со финеси и грациозност само какви што може да отсвират Роман Симовиќ и „Профундис“ се гаранција за концертен спектакл кој со сигурност ќе ги воодушеви присутните, изјави Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител на камерниот оркестар.
Концертот дефинитивно го најавивме како спектакл поради повеќе аспекти, вели маесетра Ѓурѓица Дашиќ На прес-конференција свое обраќање имаше и Симовиќ, кој не ја криеше возбудата за најавениот настап во Скопје.
Многу сум среќен што доаѓам во Скопје после подолг период. Возбуден сум од можноста за соработка со македонскиот камерен оркестар „Профундис“ за кого имам слушнато само пофалби и убави зборови од моите колеги, а особено драга ми е средбата со диригентката Ѓурѓица Дашиќ. Во Скопје ќе престојувам неколку дена, ќе имаме неколку заеднички проби и едвај чекам да музицираме заедно. Особено драга ќе ми биде изведбата на Пјацола, врвно и многу ефективно дело за кое ветувам дека ќе го оставам срцето и душата на сцена!“ – кажа Роман Симовиќ пред присутните новинари.
Инаку, камерниот оркестар „Профундис“ уметникува на македонската културна сцена веќе четири години, а на оваа прва официјална средба со новинарите беа презентирани и најистакнатите проекти на овој уметнички состав низ годините.
Имаме реализирано 27 концерти овие четири години, интернационални гостувања и мултимедијални спектакли, со врвни македонски солисти, но и со познати имиња од светската класична музичка сцена како Ирина Мурезану, Драган Ѓорѓевиќ – Сузуки, Јован Богосављевиќ, Огњен Поповиќ, Данијеле Ајело, Џузепе Нова, Антонио ди Кристофано, Благој Нацоски, Владимир Костор, Ема Попивода и многу други. Оставаме публиката и концертите да бидат потврда за квалитетот и вредноста која „Профундис“ ја има како изграден бренд., додаде Јане Бакевски, креативен директор во „Профундис“.
Климент Тодороски, концерт-мајстор на „Профундис“, уште еднаш ја потенцираше важноста на соработката со овој голем музички великан, за кој како што кажа, е врвен инструменталист, свири на исклучително скап и редок инструмент и му е драго што „Профундис“ ќе биде дел од листата на имиња со кои Роман Симовиќ има настапувано, упатувајќи покана кон колегите од фелата да бидат сведоци на овој мајсторски концерт. Влезниците за концертниот спектакл „Роман“ се достапни во ограничен број преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС како и онлајн (https://www.karti.com.mk/roman.nspx), по цени кои почнуваат од 500 денари.  

The post Едвај чекам да музицираме со оркестарот „Профундис“ и маестра Ѓурѓица Дашиќ, рече виртуозот на виолина Роман Симовиќ пред концертот во Скопје appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Единствен матичен број“- новиот роман на Лидија Димковска https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-edinstven-matichen-broj-noviot-roman-na-lidija-dimkovska/ Thu, 17 Aug 2023 07:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=671729

Новиот, четврти роман на писателката Лидија Димковска, насловен „Единствен матичен број“ ќе биде промовиран во четврток, 17 август во кафе-бар „Филхармонија“.

Со почеток во 19 и 30 часот, промотори на романот се Виолета Танчева-Златева и Гоце Смилевски, обајцата истакнати дејци во современата македонска литература.

Во издание на издавачката куќа „Три“, за романот се вели дека е уште еден во низата романи на Димковска во потрага по идентитетот и домот, освестувачка приказна за светот што заборавивме да го сакаме.

„Ве очекуваме во што е можно поголем број, заедно да ја вдомиме оваа книга во нашите срца. Токму каде што и треба да биде домот“, велат организаторите.

 

The post Промоција на „Единствен матичен број“- новиот роман на Лидија Димковска appeared first on Република.

]]>

Новиот, четврти роман на писателката Лидија Димковска, насловен „Единствен матичен број“ ќе биде промовиран во четврток, 17 август во кафе-бар „Филхармонија“. Со почеток во 19 и 30 часот, промотори на романот се Виолета Танчева-Златева и Гоце Смилевски, обајцата истакнати дејци во современата македонска литература. Во издание на издавачката куќа „Три“, за романот се вели дека е уште еден во низата романи на Димковска во потрага по идентитетот и домот, освестувачка приказна за светот што заборавивме да го сакаме. „Ве очекуваме во што е можно поголем број, заедно да ја вдомиме оваа книга во нашите срца. Токму каде што и треба да биде домот“, велат организаторите.
 

The post Промоција на „Единствен матичен број“- новиот роман на Лидија Димковска appeared first on Република.

]]>
Романот за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче денеска ќе се промовира во „Матица ексклузив“ https://republika.mk/vesti/kultura/romanot-za-lubovta-na-gotse-delchev-i-janka-kanevche-deneska-ke-se-promovira-vo-matitsa-ekskluziv/ Wed, 03 May 2023 07:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=636279

Книгоиздателството „Матица македонска“ денеска напладне во книжарницата „Матица ексклузив“ ќе го промовира романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче.

Големата љубовна одисеја на Гоце и Јанка почнала кога таа имала дваесет и две а тој дваесет и осум години. Траела речиси три години, до крајот на неговиот живот. Планирал да се ожени со неа веднаш по Илинденското востание, но не успеал да го преживее предавството. Неколку месеци пред убиството во Баница му оставил аманет на својот пријател Герџиков, ако тој загине, да се венча со Јанка, но само ако се родат некакви чувства. Дали се родиле такви чувства е едно од прашањата што ги поставува романот, наведува издавачката куќа.

„Матица македонска“ соопшти дека во романот првпат се објавуваат автентични сведоштва „за тајните средби на Гоце и Јанка, за интимните моменти, за плановите што ги имале, за венчавката што ја замислувале, но и за траумите на Јанка од загубата на саканиот и за болеста што ја разјадува, за лузните што ги чувствува до крајот на животот распната меѓу она што го носи во срцето и она што го живее како судбина“.

Новата книга на Миневски ќе ја претстават Јордан Плевнеш, Марина Мијаковска и Бранко Ставрев, извадоци ќе чита актерот Владо Јовановски, во музичкиот дел од промоцијата ќе настапат Драган Даутовски и Драган Мијалковски

The post Романот за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче денеска ќе се промовира во „Матица ексклузив“ appeared first on Република.

]]>

Книгоиздателството „Матица македонска“ денеска напладне во книжарницата „Матица ексклузив“ ќе го промовира романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче.
Големата љубовна одисеја на Гоце и Јанка почнала кога таа имала дваесет и две а тој дваесет и осум години. Траела речиси три години, до крајот на неговиот живот. Планирал да се ожени со неа веднаш по Илинденското востание, но не успеал да го преживее предавството. Неколку месеци пред убиството во Баница му оставил аманет на својот пријател Герџиков, ако тој загине, да се венча со Јанка, но само ако се родат некакви чувства. Дали се родиле такви чувства е едно од прашањата што ги поставува романот, наведува издавачката куќа.
„Матица македонска“ соопшти дека во романот првпат се објавуваат автентични сведоштва „за тајните средби на Гоце и Јанка, за интимните моменти, за плановите што ги имале, за венчавката што ја замислувале, но и за траумите на Јанка од загубата на саканиот и за болеста што ја разјадува, за лузните што ги чувствува до крајот на животот распната меѓу она што го носи во срцето и она што го живее како судбина“. Новата книга на Миневски ќе ја претстават Јордан Плевнеш, Марина Мијаковска и Бранко Ставрев, извадоци ќе чита актерот Владо Јовановски, во музичкиот дел од промоцијата ќе настапат Драган Даутовски и Драган Мијалковски

The post Романот за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче денеска ќе се промовира во „Матица ексклузив“ appeared first on Република.

]]>
Во време кога сите сакаат да напишат современ, јас напишав старовремски роман, рече академик Влада Урошевиќ на промоцијата на „Вистинита но не многу веројатна историја…“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-vreme-koga-site-sakaat-da-napishat-sovremen-jas-napishav-starovremski-roman-reche-akademik-vlada-uroshevik-na-promotsijata-na-vistinita-no-ne-mnogu-verojatna-istorija/ Fri, 24 Feb 2023 15:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=612836

Секогаш кога ќе напишам нов роман долго размислувам каков наслов да му ставам. Знаете, насловот се пишува на крајот. Откако го составив овој долг наслов, во една миговна инспирација допишав поднаслов – Старовремски роман. Овој поднаслов може да се сфати на повеќе начини, кажа вчера на промоцијата академик Влада Урошевиќ на неговиот најнов роман „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, со поднаслов „Старовремски роман“.

Ова е седмиот роман на Урошевиќ. Покрај тоа што е неговиот најдолг роман, тој е и со најдолг и необичен наслов.

Можете да го сфатите како иронија или како предизвик фрлен кон критиката, но и кон читателската публика. Сите сакаат да напишат современ роман, модерен, а еве некој сака да напише старовремски роман. Се надевам дека со тоа не сум ја нарушил суштината на романот и уште повеќе – се надевам дека не сум одбил читатели да го земат в рака. Старовремски роман звучи чудно денес, но мислам дека мене ми одговараше. Насловот можете да го сфатите и со извесна доза на хумор, кажано. Овој роман е напишан како еден израз на носталгија кон некогашните книги што сум ги читал. Израз на некоја потреба од враќање во времињата на детството, на првите лектири. Едноставно, сакав да напишам роман како што се пишувало некогаш. Со бавен вовед во настаните, со лесни навестувања на идниот заплет. Со описи на природата на годишните времиња. Сакав да напишам нешто што ќе даде впечаток на текот на времето. Сакав да ја опишам како времето влијае со својот тек врз луѓето, врз предметите, градбите... Се сеќавам во младоста, кога го читав краткиот роман „Кон светилникот“ на Вирџинија Вулф, многу ме фасцинираше една епизода, каде што опишува една куќа што е напуштена. Воодушевува начинот на кој е опишано што се случува кога ништо не се случува – текот на времето. Во новиот роман има многу работи што се случуваат постојано. Но, сакав да го покажам на извесен начин влијанието на времето и хронолошкото време, и на атмосферското време, како ја внесуваат својата промена во сите нешта што постојат. Низ таа постапка сакав да ја изразам минливоста на нештата. Веројатно критичарите ќе се обидат да одредат што сум сакал да кажам. Пред сè, ова не е роман со теза, тука сакав да раскажам една приказна, на колку што можев подобар начин. И тоа ми беше целта – кажа Урошевиќ.

Во присуство на многубројна книжевна публика, претставници од медиумите и читателска публика од сите генерации, вчеравечер, во киното „Фросина“ беше промовиран најновиот роман на академик Урошевиќ – „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“.

На промотивниот настан беа претставени и неговите евергрин-дела „Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“ и „Невестата на змејот“, кои се реобјавени во ново руво и со нови поговори. Книгите се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Промотори на книгите беа авторите на поговорите – Јелена Лужина, Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски, а се обрати и претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев. Настанот го модерираше уредникот на четирите книги, Ведран Диздаревиќ.

Во неговите романи опфаќа многу жанрови, има научна фантастика, елементи на криминалистички роман, на бајка... Урошевиќ вели дека со секое ново дело е пред нов предизвик да види што може да направи во нов жанр.

Се надевам дека помеѓу сите мои романи може да се најде некоја врска, дека сепак се поврзани. На пример, постои врска меѓу „Маџун“ и „Мојата роднина Емилија“, има врска меѓу „Невестата на змејот“ и „Дива лига“... Морам да признам дека секогаш со некоја доза на страв ги отворам моите објавени романи. Кога повторно ги пречитувам во мене се борат две чувства: едното е чувство на извесна радост што моите книги напишани пред неколку десетици години сѐ уште живеат, сѐ уште доаѓаат до читателите на иницијативата на некои издавачи. Тоа ме полни со извесна сатисфакција. Од друга страна, постои едно непријатно чувство на пропуштена шанса – секогаш кога ќе читам своја поранешна книга, си велам, „ова е мошне добро, но можело да биде и подобро!“ Но, за жал, животот се живее само еднаш и нема враќање назад. Она што сме го направиле – сме го направиле. Како што вели Марко Цепенков: „Стореното не може да се отстори“. Во тоа лежи трагичноста на нашиот живот и истовремено неговата неповторлива убавина – рече Урошевиќ.

Кон „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ и „Вкусот на праските“ се осврна Јелена Лужина.

Седмиот роман на Влада Урошевиќ е еден од доказите дека книжевното уметничко дело мора најпрвин да е УМЕТНОСТ – висока уметност – која само попатно („технички“) може/мора да се „повикува“ на она кое во драматургијата колоквијално се нарекува „содржина на хартија“. Смислата и, во крајната линија, „вистината“ на Шекспировиот „Хамлет“ нема да ја најдеме во таа „содржина“, триж помалку „на хартија“, туку – како што велеа руските формалисти – во „начинот како драмата на Хамлет е направена“. А направена е за да „лебдее“ и да не „допира“, таинствено и сосема необјасниво... Затоа што не е „вистинита“, туку е (само) „веројатна“... Како и куќата покрај Вардар, четирите прстени и сета фина дискурзивна пајажина што „лебдее“ низ седмиот роман на Влада Урошевиќ – рече Лужина.

Приказната во романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ почнува летото 1898 година. Во преодните денови помеѓу веќе исцрпениот XIX век и тукушто родениот XX век – Никола се враќа од своите студии на Ecole supérieur de pharmacie во Париз. Со себе го носи научното знаење од Западот и етосот на модерниот, просветлен човек, желен да ги примени во своето родно Скопје. Дома – во големата куќа на крајот на градот, покрај течението на реката Вардар – го чекаат татко му Харалампие, трговецот на ангро, мајка му Евдокија и трите помлади братучетки. На прв поглед, животот на ова семејство изгледа нормален, пристоен, па дури и здодевен. Но, работите не се такви како што изгледаат. Нешто страшно и неискажливо ја фрла својата сенка врз семејството Пустополски. Старата куќа крие свои тајни што се протегаат сè до Ориентот и кои се однесуваат на богатството на дедото на Никола. Приказната за еден прстен купен во Старата скопска чаршија го втурнува Никола во низа настани чиешто потекло, смисла и цел не му се целосно јасни...

Романот „Вкусот на праските“ – објавен во 1965 г. – е првото романескно достигнување на Урошевиќ. Приказната почнува со пристигнувањето на еден провинцијалец во градот. Тој случајно се разминува со една девојка, која го маѓепсува и со која се среќава, на сон и на јаве. Потоа земјотрес (катастрофалниот земјотрес од 1963 г.) и смрт. Оттука па натаму е многу тешко да се зборува за „приказната“ на „Вкусот на праските“, бидејќи таа не е од централен интерес на авторот. Тука тој сака да постигне нешто друго. Што е тоа друго што веќе половина век ги мачи книжевните критичари? Едноставниот одговор е: уметност.

Проф. Лидија Капушевска-Дракулевска истакна дека романот или збирката раскази – според преференциите на читателот – насловен/а „Мојата роднина Емилија“ е приказна за детството и младоста на младиот неименуван наратор и неговата исто толку млада роднина. Местото и времето на случување се јасно определени: Скопје за време на Втората светска војна. Но, како што читателот несомнено забележува, тие се само предлошка на фантастичниот свет карактеристичен за речиси сите дела на Влада Урошевиќ. Скопје на Урошевиќ е целосно „изместено“: скриени врати и тајни премини постојано го прекршуваат просторот, а оживеани сеќавања и градби што одамна не постојат го прекршуваат времето; еднорози и други фантастични животни изникнуваат во дворовите и покрај фактите во енциклопедиите; чудни кореспонденции водат и до уште почудни средби, до многубројни каталози на егзотични и мистични предмети и појави; и, на крајот на сè, еден брод што плови по една непловна река. Делото „Мојата роднина Емилија“ или „Осумнаесет затворени раскази кои сочинуваат еден отворен роман“ е една голема и возбудлива авантура што со сигурност никого нема да остави рамнодушен.

Проф. Владимир Мартиновски рече дека сите романи на Урошевиќ се меѓусебно поврзани со нишки.

Тоа што новиот роман е со поднаслов – старовремски роман, тоа што „Невестата на змејот“ е бајка роман, а во „Мојата роднина Емилија“ раскази формираат роман, значи дека Влада Урошевиќ пишува литература, но и металитература. Во неговото пишување има игра, која ги спојува световите, реалното со имагинарното. Во „Невестата на змејот“, на пример, огромното културно и уметничко наследство од претходните генерации е освежено со извонредниот раскажувачки талент на Урошевиќ. Го познавам 30 години лично, а подолго и како и читател, и уште од првата средба Влада Урошевиќ го доживувам како лик од бајка! – рече проф. Мартиновски, кој го напиша поговорот за романот „Невестата на змејот“.

Во суштината, овој роман е приказна за херојот Денко и неговото патешествие од Горниот во Долниот свет за да ја спаси својата сестра Летка од канџите на змејот. Романот изобилува со најразлични мотиви од фолклорот на овие простори, но и од пошироката митска, па дури и алхемиска традиција. Баучи, наречници, змејови и песоглавци го населуваат светот на Горната земја, каде што се случува првата половина од приказната. Во вториот дел, грабнувањето на Летка го води Денко во Долната земја, односно во „нашиот“, „стварен“ свет. Сепак, „романот бајка“ (како што гласи поднасловот) не е само тоа: станува збор за дело во кое народното творештво се преиспитува од современа, критичка дистанца, од книжевен и општествен аспект. Работите не се такви какви што изгледаат на прв поглед. „Невестата на змејот“ е роман што ќе ги задоволи вкусовите и на народното творештво и на современата книжевност, бидејќи во него, на учен и интересен начин, се испреплетуваат и двете – исто како што во приказната се судираат – и на момент се спојуваат – Горната и Долната земја.

The post Во време кога сите сакаат да напишат современ, јас напишав старовремски роман, рече академик Влада Урошевиќ на промоцијата на „Вистинита но не многу веројатна историја…“ appeared first on Република.

]]>

Секогаш кога ќе напишам нов роман долго размислувам каков наслов да му ставам. Знаете, насловот се пишува на крајот. Откако го составив овој долг наслов, во една миговна инспирација допишав поднаслов – Старовремски роман. Овој поднаслов може да се сфати на повеќе начини, кажа вчера на промоцијата академик Влада Урошевиќ на неговиот најнов роман „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, со поднаслов „Старовремски роман“. Ова е седмиот роман на Урошевиќ. Покрај тоа што е неговиот најдолг роман, тој е и со најдолг и необичен наслов.
Можете да го сфатите како иронија или како предизвик фрлен кон критиката, но и кон читателската публика. Сите сакаат да напишат современ роман, модерен, а еве некој сака да напише старовремски роман. Се надевам дека со тоа не сум ја нарушил суштината на романот и уште повеќе – се надевам дека не сум одбил читатели да го земат в рака. Старовремски роман звучи чудно денес, но мислам дека мене ми одговараше. Насловот можете да го сфатите и со извесна доза на хумор, кажано. Овој роман е напишан како еден израз на носталгија кон некогашните книги што сум ги читал. Израз на некоја потреба од враќање во времињата на детството, на првите лектири. Едноставно, сакав да напишам роман како што се пишувало некогаш. Со бавен вовед во настаните, со лесни навестувања на идниот заплет. Со описи на природата на годишните времиња. Сакав да напишам нешто што ќе даде впечаток на текот на времето. Сакав да ја опишам како времето влијае со својот тек врз луѓето, врз предметите, градбите... Се сеќавам во младоста, кога го читав краткиот роман „Кон светилникот“ на Вирџинија Вулф, многу ме фасцинираше една епизода, каде што опишува една куќа што е напуштена. Воодушевува начинот на кој е опишано што се случува кога ништо не се случува – текот на времето. Во новиот роман има многу работи што се случуваат постојано. Но, сакав да го покажам на извесен начин влијанието на времето и хронолошкото време, и на атмосферското време, како ја внесуваат својата промена во сите нешта што постојат. Низ таа постапка сакав да ја изразам минливоста на нештата. Веројатно критичарите ќе се обидат да одредат што сум сакал да кажам. Пред сè, ова не е роман со теза, тука сакав да раскажам една приказна, на колку што можев подобар начин. И тоа ми беше целта – кажа Урошевиќ.
Во присуство на многубројна книжевна публика, претставници од медиумите и читателска публика од сите генерации, вчеравечер, во киното „Фросина“ беше промовиран најновиот роман на академик Урошевиќ – „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“. На промотивниот настан беа претставени и неговите евергрин-дела „Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“ и „Невестата на змејот“, кои се реобјавени во ново руво и со нови поговори. Книгите се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Промотори на книгите беа авторите на поговорите – Јелена Лужина, Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски, а се обрати и претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев. Настанот го модерираше уредникот на четирите книги, Ведран Диздаревиќ. Во неговите романи опфаќа многу жанрови, има научна фантастика, елементи на криминалистички роман, на бајка... Урошевиќ вели дека со секое ново дело е пред нов предизвик да види што може да направи во нов жанр.
Се надевам дека помеѓу сите мои романи може да се најде некоја врска, дека сепак се поврзани. На пример, постои врска меѓу „Маџун“ и „Мојата роднина Емилија“, има врска меѓу „Невестата на змејот“ и „Дива лига“... Морам да признам дека секогаш со некоја доза на страв ги отворам моите објавени романи. Кога повторно ги пречитувам во мене се борат две чувства: едното е чувство на извесна радост што моите книги напишани пред неколку десетици години сѐ уште живеат, сѐ уште доаѓаат до читателите на иницијативата на некои издавачи. Тоа ме полни со извесна сатисфакција. Од друга страна, постои едно непријатно чувство на пропуштена шанса – секогаш кога ќе читам своја поранешна книга, си велам, „ова е мошне добро, но можело да биде и подобро!“ Но, за жал, животот се живее само еднаш и нема враќање назад. Она што сме го направиле – сме го направиле. Како што вели Марко Цепенков: „Стореното не може да се отстори“. Во тоа лежи трагичноста на нашиот живот и истовремено неговата неповторлива убавина – рече Урошевиќ.
Кон „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ и „Вкусот на праските“ се осврна Јелена Лужина.
Седмиот роман на Влада Урошевиќ е еден од доказите дека книжевното уметничко дело мора најпрвин да е УМЕТНОСТ – висока уметност – која само попатно („технички“) може/мора да се „повикува“ на она кое во драматургијата колоквијално се нарекува „содржина на хартија“. Смислата и, во крајната линија, „вистината“ на Шекспировиот „Хамлет“ нема да ја најдеме во таа „содржина“, триж помалку „на хартија“, туку – како што велеа руските формалисти – во „начинот како драмата на Хамлет е направена“. А направена е за да „лебдее“ и да не „допира“, таинствено и сосема необјасниво... Затоа што не е „вистинита“, туку е (само) „веројатна“... Како и куќата покрај Вардар, четирите прстени и сета фина дискурзивна пајажина што „лебдее“ низ седмиот роман на Влада Урошевиќ – рече Лужина.
Приказната во романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ почнува летото 1898 година. Во преодните денови помеѓу веќе исцрпениот XIX век и тукушто родениот XX век – Никола се враќа од своите студии на Ecole supérieur de pharmacie во Париз. Со себе го носи научното знаење од Западот и етосот на модерниот, просветлен човек, желен да ги примени во своето родно Скопје. Дома – во големата куќа на крајот на градот, покрај течението на реката Вардар – го чекаат татко му Харалампие, трговецот на ангро, мајка му Евдокија и трите помлади братучетки. На прв поглед, животот на ова семејство изгледа нормален, пристоен, па дури и здодевен. Но, работите не се такви како што изгледаат. Нешто страшно и неискажливо ја фрла својата сенка врз семејството Пустополски. Старата куќа крие свои тајни што се протегаат сè до Ориентот и кои се однесуваат на богатството на дедото на Никола. Приказната за еден прстен купен во Старата скопска чаршија го втурнува Никола во низа настани чиешто потекло, смисла и цел не му се целосно јасни... Романот „Вкусот на праските“ – објавен во 1965 г. – е првото романескно достигнување на Урошевиќ. Приказната почнува со пристигнувањето на еден провинцијалец во градот. Тој случајно се разминува со една девојка, која го маѓепсува и со која се среќава, на сон и на јаве. Потоа земјотрес (катастрофалниот земјотрес од 1963 г.) и смрт. Оттука па натаму е многу тешко да се зборува за „приказната“ на „Вкусот на праските“, бидејќи таа не е од централен интерес на авторот. Тука тој сака да постигне нешто друго. Што е тоа друго што веќе половина век ги мачи книжевните критичари? Едноставниот одговор е: уметност. Проф. Лидија Капушевска-Дракулевска истакна дека романот или збирката раскази – според преференциите на читателот – насловен/а „Мојата роднина Емилија“ е приказна за детството и младоста на младиот неименуван наратор и неговата исто толку млада роднина. Местото и времето на случување се јасно определени: Скопје за време на Втората светска војна. Но, како што читателот несомнено забележува, тие се само предлошка на фантастичниот свет карактеристичен за речиси сите дела на Влада Урошевиќ. Скопје на Урошевиќ е целосно „изместено“: скриени врати и тајни премини постојано го прекршуваат просторот, а оживеани сеќавања и градби што одамна не постојат го прекршуваат времето; еднорози и други фантастични животни изникнуваат во дворовите и покрај фактите во енциклопедиите; чудни кореспонденции водат и до уште почудни средби, до многубројни каталози на егзотични и мистични предмети и појави; и, на крајот на сè, еден брод што плови по една непловна река. Делото „Мојата роднина Емилија“ или „Осумнаесет затворени раскази кои сочинуваат еден отворен роман“ е една голема и возбудлива авантура што со сигурност никого нема да остави рамнодушен. Проф. Владимир Мартиновски рече дека сите романи на Урошевиќ се меѓусебно поврзани со нишки.
Тоа што новиот роман е со поднаслов – старовремски роман, тоа што „Невестата на змејот“ е бајка роман, а во „Мојата роднина Емилија“ раскази формираат роман, значи дека Влада Урошевиќ пишува литература, но и металитература. Во неговото пишување има игра, која ги спојува световите, реалното со имагинарното. Во „Невестата на змејот“, на пример, огромното културно и уметничко наследство од претходните генерации е освежено со извонредниот раскажувачки талент на Урошевиќ. Го познавам 30 години лично, а подолго и како и читател, и уште од првата средба Влада Урошевиќ го доживувам како лик од бајка! – рече проф. Мартиновски, кој го напиша поговорот за романот „Невестата на змејот“.
Во суштината, овој роман е приказна за херојот Денко и неговото патешествие од Горниот во Долниот свет за да ја спаси својата сестра Летка од канџите на змејот. Романот изобилува со најразлични мотиви од фолклорот на овие простори, но и од пошироката митска, па дури и алхемиска традиција. Баучи, наречници, змејови и песоглавци го населуваат светот на Горната земја, каде што се случува првата половина од приказната. Во вториот дел, грабнувањето на Летка го води Денко во Долната земја, односно во „нашиот“, „стварен“ свет. Сепак, „романот бајка“ (како што гласи поднасловот) не е само тоа: станува збор за дело во кое народното творештво се преиспитува од современа, критичка дистанца, од книжевен и општествен аспект. Работите не се такви какви што изгледаат на прв поглед. „Невестата на змејот“ е роман што ќе ги задоволи вкусовите и на народното творештво и на современата книжевност, бидејќи во него, на учен и интересен начин, се испреплетуваат и двете – исто како што во приказната се судираат – и на момент се спојуваат – Горната и Долната земја.

The post Во време кога сите сакаат да напишат современ, јас напишав старовремски роман, рече академик Влада Урошевиќ на промоцијата на „Вистинита но не многу веројатна историја…“ appeared first on Република.

]]>
Романот „Фантомско стапало“ на Миневски објавен на бугарски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/romanot-fantomsko-stapalo-na-minevski-objaven-na-bugarski-jazik/ Sat, 05 Nov 2022 11:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=569866

Романот „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски, чие второ издание беше објавено деновиве во „Матица македонска“ од Скопје, излезе на бугарски јазик во Софија.

Бугарскиот превод од македонски јазик за книгоздателството „Изида“ е на Мариjан Петров, а уредник на едицијата е Пламен Тотев.

Во најавата за изданието меѓу другото е наведено дека се работи за фасцинантна наративна структура што може да се нарече „фантомска реалност“, која се „исчитува“ на повеќе нивоа во приказната, почнувајќи од она што го немаме а мислиме дека го имаме до она што го имаме а всушност го немаме. Притоа, особено фасцинантен е раскажувачкиот слој кој е препуштен на предметите и на вегетативно-минералниот свет, со кој приказната раскажана однатре, од срцето на самото постоење, го фиксира животот таков каков што тој нѐ помни, а ние сме го заборавиле.

Во препораката на издавачот стои дека станува збор за оригинална иновација која животот го воспоставува, чува и брани од самото срце на постоењето, а тоа што е раскажано трајно го фиксира она што поминало како никогаш да не поминало.

„Фантомско стапало“ е маестрална проза за постоењето надвор од постоењето, почнувајќи од лексичката свежина, преку мајсторските слики, па сѐ до начинот на кој се води приказната, пишува во најавата за бугарското издание на романот на Блаже Миневски.

The post Романот „Фантомско стапало“ на Миневски објавен на бугарски јазик appeared first on Република.

]]>

Романот „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски, чие второ издание беше објавено деновиве во „Матица македонска“ од Скопје, излезе на бугарски јазик во Софија. Бугарскиот превод од македонски јазик за книгоздателството „Изида“ е на Мариjан Петров, а уредник на едицијата е Пламен Тотев. Во најавата за изданието меѓу другото е наведено дека се работи за фасцинантна наративна структура што може да се нарече „фантомска реалност“, која се „исчитува“ на повеќе нивоа во приказната, почнувајќи од она што го немаме а мислиме дека го имаме до она што го имаме а всушност го немаме. Притоа, особено фасцинантен е раскажувачкиот слој кој е препуштен на предметите и на вегетативно-минералниот свет, со кој приказната раскажана однатре, од срцето на самото постоење, го фиксира животот таков каков што тој нѐ помни, а ние сме го заборавиле. Во препораката на издавачот стои дека станува збор за оригинална иновација која животот го воспоставува, чува и брани од самото срце на постоењето, а тоа што е раскажано трајно го фиксира она што поминало како никогаш да не поминало. „Фантомско стапало“ е маестрална проза за постоењето надвор од постоењето, почнувајќи од лексичката свежина, преку мајсторските слики, па сѐ до начинот на кој се води приказната, пишува во најавата за бугарското издание на романот на Блаже Миневски.

The post Романот „Фантомско стапало“ на Миневски објавен на бугарски јазик appeared first on Република.

]]>
Онлајн промоција на романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен https://republika.mk/vesti/kultura/onlajn-promocija-na-romanot-kozata-e-elastichnata-obvivka-shto-go-opfakja-celoto-telo-od-bjorn-rasmusen/ Thu, 27 Oct 2022 09:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=566201

Романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од данскиот поет и писател Бјорн Расмусен, ќе биде промовиран онлајн, вечерва (27 октомври, четврток), со почеток во 19 часот. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е првиот наслов од новата едиција „Порта Европа“.

На промоцијата, која ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе зборуваат уредничката Бисера Бендевска и Искра Бадева, која го преведе делото од дански јазик.

Авторот Бјорн Расмусен е роден во 1983 година во Лемвиг, Данска. Дипломира на Данската школа за драматургија во 2007 година и на Данската школа за писатели во 2011 година. Истата година ја добива книжевната награда „Монтана“ за романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“. Во 2013 година се здобива со тригодишен грант за работа од данската влада, а следната година ја добива и наградата „Култур Борнхолм“. Во 2016 година е награден со книжевната награда на Европската унија, за истиот роман.

„Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ е роман за растењето на еден млад човек кој се навраќа на животот од неговото детство во рурална Данска и конкретно – на неговиот однос со многу повозрасниот инструктор по јавање, со кој развива приврзаност што прераснува во романтична и еротска опсесија.

Идејното решение на корицата на македонското издание е на дизајнерката Катерина Соколова. Тоа беше избрано како победничко на конкурсот за дизајн на корици на сите шест романи од едицијата „Порта Европа“, како дел од истоимениот проект, чиишто активности се однесуваат на ублажување на економските ефекти од рестрикциите предизвикани од пандемијата на Ковид-19 врз издавачкиот сектор, преку соработка со чинители од синџирот на книгоиздателството на домашниот пазар.

Проектот „Порта Европа“ е кофинансиран од Европската унија.

The post Онлајн промоција на романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен appeared first on Република.

]]>

Романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од данскиот поет и писател Бјорн Расмусен, ќе биде промовиран онлајн, вечерва (27 октомври, четврток), со почеток во 19 часот. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е првиот наслов од новата едиција „Порта Европа“. На промоцијата, која ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе зборуваат уредничката Бисера Бендевска и Искра Бадева, која го преведе делото од дански јазик. Авторот Бјорн Расмусен е роден во 1983 година во Лемвиг, Данска. Дипломира на Данската школа за драматургија во 2007 година и на Данската школа за писатели во 2011 година. Истата година ја добива книжевната награда „Монтана“ за романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“. Во 2013 година се здобива со тригодишен грант за работа од данската влада, а следната година ја добива и наградата „Култур Борнхолм“. Во 2016 година е награден со книжевната награда на Европската унија, за истиот роман. „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ е роман за растењето на еден млад човек кој се навраќа на животот од неговото детство во рурална Данска и конкретно – на неговиот однос со многу повозрасниот инструктор по јавање, со кој развива приврзаност што прераснува во романтична и еротска опсесија. Идејното решение на корицата на македонското издание е на дизајнерката Катерина Соколова. Тоа беше избрано како победничко на конкурсот за дизајн на корици на сите шест романи од едицијата „Порта Европа“, како дел од истоимениот проект, чиишто активности се однесуваат на ублажување на економските ефекти од рестрикциите предизвикани од пандемијата на Ковид-19 врз издавачкиот сектор, преку соработка со чинители од синџирот на книгоиздателството на домашниот пазар. Проектот „Порта Европа“ е кофинансиран од Европската унија.

The post Онлајн промоција на романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен appeared first on Република.

]]>
Белградскиот писател Бранко Росиќ во Скопје го промовира романот „Доаѓањето на матадорот“ https://republika.mk/vesti/kultura/belgradskiot-pisatel-branko-rosikj-vo-skopje-go-promovira-romanot-doagjanjeto-na-matadorot/ Mon, 12 Sep 2022 07:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=549896

Во организација на Српскиот културно информативен центар СПОНА, на 14-ти септември (среда), во кафе-книжарницата „Буква“ (со почеток во 19 часот), белградскиот писател, новинар и музичар Бранко Росиќ ќе го промовира својот трет роман „Доаѓањето на матадорот“, објавен летово во издание на издавачката куќа „Лагуна“ од Белград.

За „Матадорот“ една од хероините ја најдов на улица. Шетав низ градот Руан во Нормандија, и здогледав една убава питачка која беше толку убава што во секој момент комотно можеше да стане и да оди на некоја модна ревија. Се прашував што ја натерало една толку убава и млада девојка да капитулира и да се предаде на питачењето и на животот на бездомник. На стотина метри од таму било местото каде што жива била запалена Јованка Орлеанка. Зад аголот имаше големи демонстрации на „жолти елеци“...
И почнав да замислувам... Од таа бездомничка направив нова Јованка Орлеанка која ја тресе Европа, и на крај неа и нејзиното момче ги јаде самата револуција, што тие ја предизвикаа. Тоа е само дел од приказната... – открива Росиќ зборувајќи за својот најнов роман, за кој првичните реакции се фантастични.

Секако, актуелниот роман „Доаѓањето на матадорот“ не е единствената причина СПОНА да го покани и угости Бранко Росиќ во Скопје, а тој од срце да ја прифати поканата. Постојат работи што може да се подведат под „минат труд“...

Пред се, тука се неговите претходни книги: „За утре најавуваат конечно разведрување“, по која наскоро ќе се снима ТВ серија, и првиот роман „А така добро почна“, како и потсетување дека неговата панк група од 80-тите, „Урбана герила“ беше оазата од која во свет се „одметнаа“ и писателот Владимир Арсенијевиќ, и сликарот Урош Ѓуриќ, но и легендарниот Цане од „Партибрејкерси“...

Сепак, како што самиот знае да каже, Росиќ на пошироката јавност, особено во Македонија, најмногу ѝ е познат по неговото новинарско делување, особено по многу успешно вршење на функцијата заменик Главен и одговорен уредник на популарниот магазин „Недељник“.

Во биографијата на Росиќ еден детал блеска со посебен сјај. Тоа е медалот на Британската империја, добиен лично од кралицата Елизабета Втора, за промовирање и подобрување на културните врски меѓу Британија и Србија.

На промоцијата во „Буква“, која ќе ја води новинарот Иван Беќковиќ, освен за актуелниот роман на Росиќ, ќе се зборува и за неговите претходни книги, а посетителите бесплатно ќе добијат и примерок од магазинот „Недељник“, кој Бранко го уредува.

На промоцијата ќе бидат претставени и содржините кои се најдоа во актуелниот број на „Слово“, гласилото на СПОНА, двомесечник кој ги следи културните активности на Србите во Македонија.

Во случај временските прилики да оневозможат одржување промоција на отворено во „Буква“, алтернативен простор е во просториите на КИЦ СПОНА, ист ден, во исто време.

The post Белградскиот писател Бранко Росиќ во Скопје го промовира романот „Доаѓањето на матадорот“ appeared first on Република.

]]>

Во организација на Српскиот културно информативен центар СПОНА, на 14-ти септември (среда), во кафе-книжарницата „Буква“ (со почеток во 19 часот), белградскиот писател, новинар и музичар Бранко Росиќ ќе го промовира својот трет роман „Доаѓањето на матадорот“, објавен летово во издание на издавачката куќа „Лагуна“ од Белград.
За „Матадорот“ една од хероините ја најдов на улица. Шетав низ градот Руан во Нормандија, и здогледав една убава питачка која беше толку убава што во секој момент комотно можеше да стане и да оди на некоја модна ревија. Се прашував што ја натерало една толку убава и млада девојка да капитулира и да се предаде на питачењето и на животот на бездомник. На стотина метри од таму било местото каде што жива била запалена Јованка Орлеанка. Зад аголот имаше големи демонстрации на „жолти елеци“... И почнав да замислувам... Од таа бездомничка направив нова Јованка Орлеанка која ја тресе Европа, и на крај неа и нејзиното момче ги јаде самата револуција, што тие ја предизвикаа. Тоа е само дел од приказната... – открива Росиќ зборувајќи за својот најнов роман, за кој првичните реакции се фантастични.
Секако, актуелниот роман „Доаѓањето на матадорот“ не е единствената причина СПОНА да го покани и угости Бранко Росиќ во Скопје, а тој од срце да ја прифати поканата. Постојат работи што може да се подведат под „минат труд“... Пред се, тука се неговите претходни книги: „За утре најавуваат конечно разведрување“, по која наскоро ќе се снима ТВ серија, и првиот роман „А така добро почна“, како и потсетување дека неговата панк група од 80-тите, „Урбана герила“ беше оазата од која во свет се „одметнаа“ и писателот Владимир Арсенијевиќ, и сликарот Урош Ѓуриќ, но и легендарниот Цане од „Партибрејкерси“... Сепак, како што самиот знае да каже, Росиќ на пошироката јавност, особено во Македонија, најмногу ѝ е познат по неговото новинарско делување, особено по многу успешно вршење на функцијата заменик Главен и одговорен уредник на популарниот магазин „Недељник“. Во биографијата на Росиќ еден детал блеска со посебен сјај. Тоа е медалот на Британската империја, добиен лично од кралицата Елизабета Втора, за промовирање и подобрување на културните врски меѓу Британија и Србија. На промоцијата во „Буква“, која ќе ја води новинарот Иван Беќковиќ, освен за актуелниот роман на Росиќ, ќе се зборува и за неговите претходни книги, а посетителите бесплатно ќе добијат и примерок од магазинот „Недељник“, кој Бранко го уредува. На промоцијата ќе бидат претставени и содржините кои се најдоа во актуелниот број на „Слово“, гласилото на СПОНА, двомесечник кој ги следи културните активности на Србите во Македонија. Во случај временските прилики да оневозможат одржување промоција на отворено во „Буква“, алтернативен простор е во просториите на КИЦ СПОНА, ист ден, во исто време.

The post Белградскиот писател Бранко Росиќ во Скопје го промовира романот „Доаѓањето на матадорот“ appeared first on Република.

]]>
Објавен романот „Фауна“ на канадската писателка Кристијан Вадне https://republika.mk/vesti/kultura/objaven-romanot-fauna-na-kanadskata-pisatelka-kristijan-vadne/ Thu, 01 Sep 2022 10:47:36 +0000 https://republika.mk/?p=546409

Деновиве од печат излезе романот „Фауна“ од канадската писателка Кристијан Вадне, како 211 книга во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Преводот од француски на македонски јазик е на Валентина Новачева, а дизајнот на корицата на Марија Смилевска.

„Фауна“ е романот кој ја доби наградата за креативно пишување на градот Квебек и Саемот на книга „Интернационален Квебек“ во 2019 година, а беше финалист за „Наградата за имагинарни хоризонти“ како и за наградата „Аурора Бореалис“.

Сместен некаде на студениот Север, овој елегантен и изненадувачки роман сочинет од поврзани приказни ги следи ликовите околу изолираното, чудовишно село на студените, Шиверинг Хајтс, каде што комуницираат чудни и футуристички биолошки форми на живот. Меѓу најчудните од овие форми на живот се луѓето, иако читателите ќе откријат и други. Писмото на Вадне е сурово, еротично и наликува на сон. Или, доколку ги сакате Кроненберг, Кафка и Велс, тогаш Фауна е роман за вас, бидејќи го прикажува хипнотичкиот дарвинов кошмар до кој ќе не доведат нашата негрижа и негирање во годините што претстојат.

Оваа фантастична еко-фикција ги воодушеви и читателите и критичарите, кои не штедеа пофални зборови за романот.

Кристијан Вадне е канадска франкофонска писателка, родена 1986 година во Квебек. Пред објавувањето на романот „Фауна“, со години работела во книжевната заедница како програмерка на настани и менаџерка на проекти. Дејствието во „Фауна“, роман сочинет од поврзани приказни, се случува во иднината по климатските промени кога луѓето се борат со мистериозната епидемија додека другите видови се прилагодуваат и размножуваат. Успехот и многуте награди со дебитантскиот роман на Кристијан Вадне широко ѝ ги отворија вратите во книжевниот свет.

The post Објавен романот „Фауна“ на канадската писателка Кристијан Вадне appeared first on Република.

]]>

Деновиве од печат излезе романот „Фауна“ од канадската писателка Кристијан Вадне, како 211 книга во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Преводот од француски на македонски јазик е на Валентина Новачева, а дизајнот на корицата на Марија Смилевска. „Фауна“ е романот кој ја доби наградата за креативно пишување на градот Квебек и Саемот на книга „Интернационален Квебек“ во 2019 година, а беше финалист за „Наградата за имагинарни хоризонти“ како и за наградата „Аурора Бореалис“. Сместен некаде на студениот Север, овој елегантен и изненадувачки роман сочинет од поврзани приказни ги следи ликовите околу изолираното, чудовишно село на студените, Шиверинг Хајтс, каде што комуницираат чудни и футуристички биолошки форми на живот. Меѓу најчудните од овие форми на живот се луѓето, иако читателите ќе откријат и други. Писмото на Вадне е сурово, еротично и наликува на сон. Или, доколку ги сакате Кроненберг, Кафка и Велс, тогаш Фауна е роман за вас, бидејќи го прикажува хипнотичкиот дарвинов кошмар до кој ќе не доведат нашата негрижа и негирање во годините што претстојат. Оваа фантастична еко-фикција ги воодушеви и читателите и критичарите, кои не штедеа пофални зборови за романот. Кристијан Вадне е канадска франкофонска писателка, родена 1986 година во Квебек. Пред објавувањето на романот „Фауна“, со години работела во книжевната заедница како програмерка на настани и менаџерка на проекти. Дејствието во „Фауна“, роман сочинет од поврзани приказни, се случува во иднината по климатските промени кога луѓето се борат со мистериозната епидемија додека другите видови се прилагодуваат и размножуваат. Успехот и многуте награди со дебитантскиот роман на Кристијан Вадне широко ѝ ги отворија вратите во книжевниот свет.

The post Објавен романот „Фауна“ на канадската писателка Кристијан Вадне appeared first on Република.

]]>
„Фантомско стапало“ на Блаже Миневски објавен на руски јазик во Москва https://republika.mk/vesti/kultura/fantomsko-stapalo-na-blaze-minevski-objaven-na-ruski-jazik-vo-moskva/ Thu, 04 Aug 2022 08:11:00 +0000 https://republika.mk/?p=536619

Романот  „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски излезе на руски јазик во Москва. Преводот од македонски на руски за книгоздателството „Рудомино“ е на Олга Панкина, темелен познавач на двата јазика и голем популаризатор на македонските културни вредности во Русија.

Главниот уредник на реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“ Jуриj Фридштеjн, поет и критичар, човек со огромно искуство на полето на книжевноста е воодушевен од романот на Миневски. Во препораката стои дека се работи за фасцинантна наративна структура која се „исчитува“ на повеќе нивоа, а особено автентичен е раскажувачкиот слој кој е препуштен на предметите, растенијата и птиците, со што приказната раскажана однатре, од срцето на самото постоење, го фиксира животот таков каков што тој нѐ помни, а ние сме го заборавиле. Како што велат во „Рудомино“ станува збор за оригинална иновација која животот го воспоставува, чува и брани од самото срце на постоењето, маестрална проза за постоењето надвор од постоењето, почнувајќи од мајсторските слики па сѐ до начинот на кој се води приказната.

Романот за реалното отсуство и фиктивното присуство е објавен во тираж од илјада примероци, во специјална едиција, многу квалитетно реализирана, во тврд повез и современ ликовно-графички дизајн. Автор на дизјанот е Петр Бем а на корицата е аплициран фрагмент од слика на македонскиот академски сликар Владимир Темков.

Ова е прва посебна книга на Блаже Миневски објавена на руски, иако тој веќе им е познат на руските читатели од објавениот извадок од романот „Нишан“ (2012) и од неколкуте раскази претставени во книгата „Македонски раскази“. Центарот за книга „Рудомино“, кој соработува со огромен број книжарници во Русија, ќе ја обезбеди дистрибуцијата на книгата на големото руско јазично подрачје,  изјави преведувачката Олга Панкина, подвлекувајќи дека  „Фантомско стапало“ е  шести македонски роман што го има преведено во последниве осум години во соработка со Серуската државна библиотека за странска литература, коjа располага со над пет милиони книги, но која и понатаму постојано го пополнува својот книжевниот фонд со дела преведени од други јазици.

Романите на Блаже Миневски, освен на руски, се преведени и на англиски, полски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски и италијански јазик.

The post „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски објавен на руски јазик во Москва appeared first on Република.

]]>

Романот  „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски излезе на руски јазик во Москва. Преводот од македонски на руски за книгоздателството „Рудомино“ е на Олга Панкина, темелен познавач на двата јазика и голем популаризатор на македонските културни вредности во Русија.
Главниот уредник на реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“ Jуриj Фридштеjн, поет и критичар, човек со огромно искуство на полето на книжевноста е воодушевен од романот на Миневски. Во препораката стои дека се работи за фасцинантна наративна структура која се „исчитува“ на повеќе нивоа, а особено автентичен е раскажувачкиот слој кој е препуштен на предметите, растенијата и птиците, со што приказната раскажана однатре, од срцето на самото постоење, го фиксира животот таков каков што тој нѐ помни, а ние сме го заборавиле. Како што велат во „Рудомино“ станува збор за оригинална иновација која животот го воспоставува, чува и брани од самото срце на постоењето, маестрална проза за постоењето надвор од постоењето, почнувајќи од мајсторските слики па сѐ до начинот на кој се води приказната. Романот за реалното отсуство и фиктивното присуство е објавен во тираж од илјада примероци, во специјална едиција, многу квалитетно реализирана, во тврд повез и современ ликовно-графички дизајн. Автор на дизјанот е Петр Бем а на корицата е аплициран фрагмент од слика на македонскиот академски сликар Владимир Темков. Ова е прва посебна книга на Блаже Миневски објавена на руски, иако тој веќе им е познат на руските читатели од објавениот извадок од романот „Нишан“ (2012) и од неколкуте раскази претставени во книгата „Македонски раскази“. Центарот за книга „Рудомино“, кој соработува со огромен број книжарници во Русија, ќе ја обезбеди дистрибуцијата на книгата на големото руско јазично подрачје,  изјави преведувачката Олга Панкина, подвлекувајќи дека  „Фантомско стапало“ е  шести македонски роман што го има преведено во последниве осум години во соработка со Серуската државна библиотека за странска литература, коjа располага со над пет милиони книги, но која и понатаму постојано го пополнува својот книжевниот фонд со дела преведени од други јазици. Романите на Блаже Миневски, освен на руски, се преведени и на англиски, полски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски и италијански јазик.

The post „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски објавен на руски јазик во Москва appeared first on Република.

]]>