Рим Archives - Република https://republika.mk/tema/rim/ За подобро да се разбереме Sat, 25 May 2024 07:52:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рим Archives - Република https://republika.mk/tema/rim/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова во Рим оствари средба со претставници на македонската дијаспора https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-vo-rim-ostvari-sredba-so-pretstavnitsi-na-makedonskata-dijaspora/ Sat, 25 May 2024 07:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=781576

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за време на престојот во Рим, остварила средба со претставници на македонската дијаспора и на италијанско-македонската стопанска комора, АПИ НОРДЕС.

На средбата, како што соопштија од претседателскиот Кабинет, соговорниците ја запознале претседателката со нивните тековни активности и вклученоста на дијаспората во севкупните општествено-економски процеси во Италија. Во разговорот со Мунир Шемси, успешен бизнисмен и претседател на АПИ НОРДЕС, претседателката била информирана за заложбите на Комората, за неговиот личен и професионален развој, како и за над тридеценискиот хуман активизам насочен кон социјално ранливи семејства во неговиот роден крај.

Сиљановска Давкова изразила благодарност за исклучителниот придонес на македонските иселеници во континуираното унапредување и продлабочување на соработката меѓу македонската и Италијанската република.

Таа ја нагласила важноста од одржувањето на врските со дијаспората, што како нераскинлив дел од македонското ткиво доследно ги негува културата и традицијата, афирмирајќи ја нивната матична држава во странство.

Во таа насока, стои во соопштението, ја потенцирала и потребата од почитување на нивните согледувања на состојбите во нашето општество, имајќи ги предвид децениските искуства и демократски вредности стекнати во државите во коишто живеат и работат.

Средбата со претставниците на македонската дијаспора се реализира за време на посетата на претседателката Сиљановска Давкова на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

The post Претседателката Сиљановска Давкова во Рим оствари средба со претставници на македонската дијаспора appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за време на престојот во Рим, остварила средба со претставници на македонската дијаспора и на италијанско-македонската стопанска комора, АПИ НОРДЕС. На средбата, како што соопштија од претседателскиот Кабинет, соговорниците ја запознале претседателката со нивните тековни активности и вклученоста на дијаспората во севкупните општествено-економски процеси во Италија. Во разговорот со Мунир Шемси, успешен бизнисмен и претседател на АПИ НОРДЕС, претседателката била информирана за заложбите на Комората, за неговиот личен и професионален развој, како и за над тридеценискиот хуман активизам насочен кон социјално ранливи семејства во неговиот роден крај. Сиљановска Давкова изразила благодарност за исклучителниот придонес на македонските иселеници во континуираното унапредување и продлабочување на соработката меѓу македонската и Италијанската република. Таа ја нагласила важноста од одржувањето на врските со дијаспората, што како нераскинлив дел од македонското ткиво доследно ги негува културата и традицијата, афирмирајќи ја нивната матична држава во странство. Во таа насока, стои во соопштението, ја потенцирала и потребата од почитување на нивните согледувања на состојбите во нашето општество, имајќи ги предвид децениските искуства и демократски вредности стекнати во државите во коишто живеат и работат. Средбата со претставниците на македонската дијаспора се реализира за време на посетата на претседателката Сиљановска Давкова на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

The post Претседателката Сиљановска Давкова во Рим оствари средба со претставници на македонската дијаспора appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-polozhi-venets-pred-spomen-plochata-na-makedonski-jazik-vo-bazilikata-santa-marija-madhore-vo-rim/ Fri, 24 May 2024 10:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=781376

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државно-црковната делегацијата кои се во посета на Рим и Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од РИМ, Сиљановска Давкова и делегацијата претходно присуствуваа на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата Свети Климент. За попладнево е предвидено Сиљановска Давкова да се сретне со италијанскиот претседател Серџо Матарела по што ќе даде изјава за медиумите.

Сиљановска Давкова, посетата на Рим и Ватикан, која е нејзина прва посета во странство по стапувањето на претседателската функиција, официјално ја почна вчера со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Таа по средбата изјави дека со папата разговарале за поддршката на Ватикан за процесот на евроинтеграција на земјава, но и на целиот Западен Балкан, како и актуелните случувања во светот, но и за претстојната конференција за Украина во Швајцарија, каде Ватикан ќе присустува како набљудувач.

-Триесет години потоа во соработката рековме дека успесите се очигледни. Потврдивме дека во посетата во 2019 година беше неверојатно инспиративна не само кон малото стадо, на кое папата му порача да не се плаши, туку за сите религии, дека сме пример за религиозен дијалог, дека Ватикан верува во нашата сила, рече Сиљановска Давкова.

На средбата, како што истакна, изразила разбирање за склучување на конкордат со Ватикан, бидејќи системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на Католичката црква и христијаните од католичката вероисовест кај нас. Таа посочи оти овие прашања таа самостојно не може да ги реши бидејќи не е надлежна, но дека во соработка со Владата може многу лесно да се надминат.

Сиљановска Давкова на одбележувањето на 24 Мај ја предводи државно-црковната делегација, во чиј состав се и заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Делегацијата на МПЦ-ОА ја претставуваат владиците Тимотеј и Пимен, додека Католичката црква ја претставува протојереј ставрофор, Зоран Стојанов.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

 

The post Сиљановска Давкова положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државно-црковната делегацијата кои се во посета на Рим и Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“. Како што јави специјалниот известувач на МИА од РИМ, Сиљановска Давкова и делегацијата претходно присуствуваа на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата Свети Климент. За попладнево е предвидено Сиљановска Давкова да се сретне со италијанскиот претседател Серџо Матарела по што ќе даде изјава за медиумите. Сиљановска Давкова, посетата на Рим и Ватикан, која е нејзина прва посета во странство по стапувањето на претседателската функиција, официјално ја почна вчера со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Таа по средбата изјави дека со папата разговарале за поддршката на Ватикан за процесот на евроинтеграција на земјава, но и на целиот Западен Балкан, како и актуелните случувања во светот, но и за претстојната конференција за Украина во Швајцарија, каде Ватикан ќе присустува како набљудувач.
-Триесет години потоа во соработката рековме дека успесите се очигледни. Потврдивме дека во посетата во 2019 година беше неверојатно инспиративна не само кон малото стадо, на кое папата му порача да не се плаши, туку за сите религии, дека сме пример за религиозен дијалог, дека Ватикан верува во нашата сила, рече Сиљановска Давкова.
На средбата, како што истакна, изразила разбирање за склучување на конкордат со Ватикан, бидејќи системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на Католичката црква и христијаните од католичката вероисовест кај нас. Таа посочи оти овие прашања таа самостојно не може да ги реши бидејќи не е надлежна, но дека во соработка со Владата може многу лесно да се надминат. Сиљановска Давкова на одбележувањето на 24 Мај ја предводи државно-црковната делегација, во чиј состав се и заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Делегацијата на МПЦ-ОА ја претставуваат владиците Тимотеј и Пимен, додека Католичката црква ја претставува протојереј ставрофор, Зоран Стојанов. Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.  

The post Сиљановска Давкова положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители, попладне на средба со Матарела https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-vo-rim-na-chestvuvane-na-denot-na-seslovenskite-prosvetiteli-popladne-na-sredba-so-matarela/ Fri, 24 May 2024 06:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=781313

Со посета на базиликата „Свети Климент“, каде се наоѓа гробот на Свети Кирил и на базиликата „Санта Марија Марџоре“ денеска во Рим продолжува посетата на претседателката Гордана Силјановска Давкова по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Рим, Силјановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свeти Кирил“, а денеска во базиликата „Свети Климент“ традиционално како и секоја година ќе се одржи молебен на гробот на Свети Кирил. Молебенот ќе го водат митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј и митрополитот Европски, Пимен.

Македонска црковно-државна делегација утрово имаше поклонение на гробот на свети Кирил во Рим, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

По молебенот, претседателката и делегацијата во базиликата „Санта Марија Маџоре“ ќе положат венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

За попладнево е предвидена средба на Силјановска Давкова со нејзиниот италијански колега, Серџо Матарела.

Силјановска Давкова, посетата на Рим и Ватикан, која е нејзина прва посета во странство по стапувањето на претседателската функиција, официјално ја почна вчера со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Таа по средбата изјави дека со папата разговарале за поддршката на Ватикан за процесот на евроинтеграција на земјава, но и на целиот Западен Балкан, како и актуелните случувања во светот, но и за претстојната конференција за Украина во Швајцарија, каде Ватикан ќе присуствува како набљудувач.

Поддршката на Ватикан за процесот на евроинтеграција на земјава, но и на целиот Западен Балкан, како и актуелните случувања во светот биле дел од темите на денешниот разговор на претседателката.

Триесет години потоа во соработката рековме дека успесите се очигледни. Потврдивме дека во посетата во 2019 година беше неверојатно инспиративна не само кон малото стадо, на кое папата му порача да не се плаши, туку за сите религии, дека сме пример за религиозен дијалог, дека Ватикан верува во нашата сила - рече Силјановска Давкова.

На средбата, како што истакна, изразила разбирање за склучување на конкордат со Ватикан, бидејќи системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на Католичката црква и христијаните од католичката вероисовест кај нас. Таа посочи оти овие прашања таа самостојно не може да ги реши бидејќи не е надлежна, но дека во соработка со Владата може многу лесно да се надминат.

Изразив желба да се отвори нунцијат кај нас бидејќи така ќе може навистина соработката да биде директна. Да веќе имаме соработка во многу области во сферата на образованието, библиотекарството, конзервирањето и изразена е поддршка таа да продолжи. Има некои проблеми врзани за национализацијата на земјиштето или за отворање на црква во Чаир, всушност таму има локација, но заради промената на урбанистичкиот план не може да се реализира - рече претседателката, која вчера оствари средба и со државниот секретар на Ватикан, монсињор Пјетро Паролин.

Во Ватикан на аудиенција кај папата беше и бугарскиот претседател Румен Радев, кој вчера го одбележа Денот на сесловенските просветители со посетите на двете познати базилики, но сепак, иако се говореше дека е можна средба со Силјановска Давкова, таа сепак не се реализираше, поради, како што официјално изјавија, преполните агенди, но не ја исклучија можноста таа да се реализира во некоја наредна прилика.

Неофицијално бугарската страна побарала средбата да се одржи во бугарската Амбасада, но за нашата делегација тоа не било прифатливо.

Претседателката вчера во изјава за медиумите по средбите во Ватикан рече дека со Радев не се сретнале поради неможноста да се усогласат агендите на двајцата шефови на држави. Подготвеност за средба постоела и од двете страни, посочи таа, но ја оставиле за некоја наредна прилика.

Изразивме подготвеност, но до средба нема да дојде. И двете делегации имаме агенда меѓутоа рековме дека час поскоро, во првиот можен момент, ќе ја реализираме - изјави Силјановска-Давкова.

Импичмент нема да ги пополни браните или фрижидерите на луѓето, ниту ќе ги зголеми пензиите, туку најмногу ќе ги наполни плоштадите и ќе доведе до дефинитивен колапс на Владата, изјави бугарс

Радев, пак тука во Ватикан во изјава за бугарските медиуми рече дека поради набиената програма организирана до минута, бугарската делегација не можела да се сретне со делегацијата на Република Македонија, предводена од Силјановска Давкова.

Позитивен знак е што претседателот на Република Македонија покажал желба за ваква средба, одговорил Радев на прашањето дали е побарана средба меѓу него и Силјановска-Давкова во Рим. Очекувам, нагласил Радев, дека таква средба ќе има наскоро. Прашан дали ја кани Силјановска-Давкова во Бугарија, Радев одговорил „Ја поканувам, секако“.

Сметам дека желбата на Република  Македонија за дијалог е позитивен знак. Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на Република Македонија кон ЕУ. Се надевам и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро. На ред е претседателот на Република  Македонија, ако не се лажам, да дојде во Бугарија - изјавил Радев.

Тој со порака и дека земјава треба да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа со тоа што ќе ги исполни сите барања што ѝ ги поставувала ЕУ, исто како што било за секоја земја членка.

Мојата порака до претседателот на Република Македонија е дека Бугарија час поскоро очекува промена на реториката и конечно да престане со јазикот на омразата - изјави Радев.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Силјановска Давкова вчера попладне во Рим присуствуваше на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола“, настан во организација на Министерството за култура.

Силјановска Давкова на одбележувањето на 24 Мај ја предводи државно-црковната делегација, во чиј состав се и заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Делегацијата на МПЦ-ОА ја претставуваат владиците Тимотеј и Пимен, додека Католичката црква ја претставува протојереј ставрофор, Зоран Стојанов.

The post Силјановска Давкова во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители, попладне на средба со Матарела appeared first on Република.

]]>

Со посета на базиликата „Свети Климент“, каде се наоѓа гробот на Свети Кирил и на базиликата „Санта Марија Марџоре“ денеска во Рим продолжува посетата на претседателката Гордана Силјановска Давкова по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Рим, Силјановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свeти Кирил“, а денеска во базиликата „Свети Климент“ традиционално како и секоја година ќе се одржи молебен на гробот на Свети Кирил. Молебенот ќе го водат митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј и митрополитот Европски, Пимен. Македонска црковно-државна делегација утрово имаше поклонение на гробот на свети Кирил во Рим, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. По молебенот, претседателката и делегацијата во базиликата „Санта Марија Маџоре“ ќе положат венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј. Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација. За попладнево е предвидена средба на Силјановска Давкова со нејзиниот италијански колега, Серџо Матарела. Силјановска Давкова, посетата на Рим и Ватикан, која е нејзина прва посета во странство по стапувањето на претседателската функиција, официјално ја почна вчера со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Таа по средбата изјави дека со папата разговарале за поддршката на Ватикан за процесот на евроинтеграција на земјава, но и на целиот Западен Балкан, како и актуелните случувања во светот, но и за претстојната конференција за Украина во Швајцарија, каде Ватикан ќе присуствува како набљудувач. Поддршката на Ватикан за процесот на евроинтеграција на земјава, но и на целиот Западен Балкан, како и актуелните случувања во светот биле дел од темите на денешниот разговор на претседателката.
Триесет години потоа во соработката рековме дека успесите се очигледни. Потврдивме дека во посетата во 2019 година беше неверојатно инспиративна не само кон малото стадо, на кое папата му порача да не се плаши, туку за сите религии, дека сме пример за религиозен дијалог, дека Ватикан верува во нашата сила - рече Силјановска Давкова.
На средбата, како што истакна, изразила разбирање за склучување на конкордат со Ватикан, бидејќи системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на Католичката црква и христијаните од католичката вероисовест кај нас. Таа посочи оти овие прашања таа самостојно не може да ги реши бидејќи не е надлежна, но дека во соработка со Владата може многу лесно да се надминат.
Изразив желба да се отвори нунцијат кај нас бидејќи така ќе може навистина соработката да биде директна. Да веќе имаме соработка во многу области во сферата на образованието, библиотекарството, конзервирањето и изразена е поддршка таа да продолжи. Има некои проблеми врзани за национализацијата на земјиштето или за отворање на црква во Чаир, всушност таму има локација, но заради промената на урбанистичкиот план не може да се реализира - рече претседателката, која вчера оствари средба и со државниот секретар на Ватикан, монсињор Пјетро Паролин.
Во Ватикан на аудиенција кај папата беше и бугарскиот претседател Румен Радев, кој вчера го одбележа Денот на сесловенските просветители со посетите на двете познати базилики, но сепак, иако се говореше дека е можна средба со Силјановска Давкова, таа сепак не се реализираше, поради, како што официјално изјавија, преполните агенди, но не ја исклучија можноста таа да се реализира во некоја наредна прилика. Неофицијално бугарската страна побарала средбата да се одржи во бугарската Амбасада, но за нашата делегација тоа не било прифатливо. Претседателката вчера во изјава за медиумите по средбите во Ватикан рече дека со Радев не се сретнале поради неможноста да се усогласат агендите на двајцата шефови на држави. Подготвеност за средба постоела и од двете страни, посочи таа, но ја оставиле за некоја наредна прилика.
Изразивме подготвеност, но до средба нема да дојде. И двете делегации имаме агенда меѓутоа рековме дека час поскоро, во првиот можен момент, ќе ја реализираме - изјави Силјановска-Давкова.
Импичмент нема да ги пополни браните или фрижидерите на луѓето, ниту ќе ги зголеми пензиите, туку најмногу ќе ги наполни плоштадите и ќе доведе до дефинитивен колапс на Владата, изјави бугарс Радев, пак тука во Ватикан во изјава за бугарските медиуми рече дека поради набиената програма организирана до минута, бугарската делегација не можела да се сретне со делегацијата на Република Македонија, предводена од Силјановска Давкова. Позитивен знак е што претседателот на Република Македонија покажал желба за ваква средба, одговорил Радев на прашањето дали е побарана средба меѓу него и Силјановска-Давкова во Рим. Очекувам, нагласил Радев, дека таква средба ќе има наскоро. Прашан дали ја кани Силјановска-Давкова во Бугарија, Радев одговорил „Ја поканувам, секако“.
Сметам дека желбата на Република  Македонија за дијалог е позитивен знак. Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на Република Македонија кон ЕУ. Се надевам и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро. На ред е претседателот на Република  Македонија, ако не се лажам, да дојде во Бугарија - изјавил Радев.
Тој со порака и дека земјава треба да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа со тоа што ќе ги исполни сите барања што ѝ ги поставувала ЕУ, исто како што било за секоја земја членка.
Мојата порака до претседателот на Република Македонија е дека Бугарија час поскоро очекува промена на реториката и конечно да престане со јазикот на омразата - изјави Радев.
Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Силјановска Давкова вчера попладне во Рим присуствуваше на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола“, настан во организација на Министерството за култура. Силјановска Давкова на одбележувањето на 24 Мај ја предводи државно-црковната делегација, во чиј состав се и заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Делегацијата на МПЦ-ОА ја претставуваат владиците Тимотеј и Пимен, додека Католичката црква ја претставува протојереј ставрофор, Зоран Стојанов.

The post Силјановска Давкова во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители, попладне на средба со Матарела appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста https://republika.mk/zivot/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-papata-frantsisk-mu-podari-golema-rezba-so-motiv-od-ptitsata-feniks-kojshto-pretstavuva-simbol-na-vechnosta/ Thu, 23 May 2024 10:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=781125

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, денеска во Апостолската палата имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за упатените честитки од Папата Франциск по повод нејзиниот избор за Претседател и истакна дека ѝ претставува особена чест во годината кога се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, да ја предводи државно-црковната делегација на овој значаен настан.

Таа истакна дека историската посета на Папата Франциск на нашата земја остави силна трага во билатералните односи и го потврди високиот степен на доверба и пријателство меѓу двете држави.

Претседателката изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава уште поинтензивно ќе се залага за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол, со цел јакнење на партнерството и негување на меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции.

Претседателката Сиљановска Давкова и Папата Франциск ги разгледаа можностите за унапредување на институционалната соработка во областа на образованието, науката и културата и разменија мислење за тековните предизвици со кои се соочува католичката заедница во нашата држава.

Посочувајќи дека во нашата земја постои традицијата на почит кон различностите и висока свест за позитивната улога на религијата во развојот на општеството, претседателката го потенцираше значењето и придонесот на католичката црква и ја изрази нејзината подготвеност за продолжување на соработката со католичката заедница.

На средбата беа традиционално разменети подароци, при што, претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста.

По аудиенцијата кај Папата Франциск во изјава за медиумите претседателката Сиљановска Давкова истакна дека на долгата средба со Папата најпрво се усогласиле околу актуелните проблеми, околу поддршката на Ватикан на патот кон Европската Унија, поддршката на Ватикан на Западен Балкан. Претседателката во изјавата посочи дека изразила разбирање за склучување на Конкордат со Ватикан, затоа што системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на католичката црква и христијаните од католичката религија кај нас и рече дека изразила желба да се отвори Нунцијат кај нас бидејќи така ќе може навистина да биде директна соработката. Претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи ја соработката во многу области во сферата на високото образование, библиотекарството, конзервирањето итн., рече дека изразила спремност да продолжи таа соработка.

Претседателката Сиљановска Давкова денеска оствари средба и со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин, на којашто беше изразена цврста подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во духот на меѓусебното разбирање и заедничките вредности.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, денеска во Апостолската палата имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за упатените честитки од Папата Франциск по повод нејзиниот избор за Претседател и истакна дека ѝ претставува особена чест во годината кога се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, да ја предводи државно-црковната делегација на овој значаен настан.

Таа истакна дека историската посета на Папата Франциск на нашата земја остави силна трага во билатералните односи и го потврди високиот степен на доверба и пријателство меѓу двете држави.

Претседателката изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава уште поинтензивно ќе се залага за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол, со цел јакнење на партнерството и негување на меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции.

Претседателката Сиљановска Давкова и Папата Франциск ги разгледаа можностите за унапредување на институционалната соработка во областа на образованието, науката и културата и разменија мислење за тековните предизвици со кои се соочува католичката заедница во нашата држава.

Посочувајќи дека во нашата земја постои традицијата на почит кон различностите и висока свест за позитивната улога на религијата во развојот на општеството, претседателката го потенцираше значењето и придонесот на католичката црква и ја изрази нејзината подготвеност за продолжување на соработката со католичката заедница.

На средбата беа традиционално разменети подароци, при што, претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста.

По аудиенцијата кај Папата Франциск во изјава за медиумите претседателката Сиљановска Давкова истакна дека на долгата средба со Папата најпрво се усогласиле околу актуелните проблеми, околу поддршката на Ватикан на патот кон Европската Унија, поддршката на Ватикан на Западен Балкан. Претседателката во изјавата посочи дека изразила разбирање за склучување на Конкордат со Ватикан, затоа што системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на католичката црква и христијаните од католичката религија кај нас и рече дека изразила желба да се отвори Нунцијат кај нас бидејќи така ќе може навистина да биде директна соработката. Претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи ја соработката во многу области во сферата на високото образование, библиотекарството, конзервирањето итн., рече дека изразила спремност да продолжи таа соработка.

Претседателката Сиљановска Давкова денеска оствари средба и со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин, на којашто беше изразена цврста подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во духот на меѓусебното разбирање и заедничките вредности.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста appeared first on Република.

]]>
Концерт на Камерниот оркестар од Битола и солистката Нада Талевска-Спасовска во Рим по повод чествувањето на Кирил и Методиј https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-kamerniot-orkestar-od-bitola-i-solistkata-nada-talevska-spasovska-vo-rim-po-povod-chestvuvaneto-na-kiril-i-metodij/ Thu, 23 May 2024 07:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=781001

Во организација на Министерството за култура, а во рамките на културната програма за одбележување на традиционалната манифестација „Ден на светите Кирил и Методиј“, во Ватикан, попладнево во салата „Балдини“ во Рим, концерт ќе одржи Националната установа Камерен оркестар на Битола, кој како секстет ќе настапи со солистката Нада Талевска-Спасовска.

На програмата на концертот во чест на сесловенските просветители, се македонски изворни песни, меѓу кои и: „Бор садила мома Евгенија“, „Елено ќерко“, „Јовано Јованке“, „Налеј, налеј“, сплет од староградски песни за Битола, византиски песни и други дела од богатата македонска изворна музичка ризница.

[caption id="attachment_781004" align="alignnone" width="1080"] Нада Талевска-Спасовска[/caption]

Државно-црковната делегација од Република Македонија од денеска престојува во Рим и во Ватикан каде што ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамките на манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“. Во државно-црковната делегација што ја предводи претседателката на државава, Гордана Сиљановска-Давкова, се и заменик-министерот за култура Онур Али и претставници од Министерството за култура.

Според агендата, државно-црковната делегација попладнево ќе присуствува на концертот на македонските уметници.

Традиционално, во програмата на тридневната манифестација „Ден на светите Кирил и Методиј“ е аудиенцијата кај папата Франциск во Ватикан, средба со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин, молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим и положување венец на спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“ во Рим во изминатите години прерасна во празник со кој се слави мисијата на светите браќа, чија хумана активност остави траен белег во историјата на Европа. Оваа манифестација е силна врска во унапредувањето на односите меѓу Македонија, Република Италија и Светиот Престол.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

The post Концерт на Камерниот оркестар од Битола и солистката Нада Талевска-Спасовска во Рим по повод чествувањето на Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Во организација на Министерството за култура, а во рамките на културната програма за одбележување на традиционалната манифестација „Ден на светите Кирил и Методиј“, во Ватикан, попладнево во салата „Балдини“ во Рим, концерт ќе одржи Националната установа Камерен оркестар на Битола, кој како секстет ќе настапи со солистката Нада Талевска-Спасовска. На програмата на концертот во чест на сесловенските просветители, се македонски изворни песни, меѓу кои и: „Бор садила мома Евгенија“, „Елено ќерко“, „Јовано Јованке“, „Налеј, налеј“, сплет од староградски песни за Битола, византиски песни и други дела од богатата македонска изворна музичка ризница. [caption id="attachment_781004" align="alignnone" width="1080"] Нада Талевска-Спасовска[/caption] Државно-црковната делегација од Република Македонија од денеска престојува во Рим и во Ватикан каде што ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамките на манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“. Во државно-црковната делегација што ја предводи претседателката на државава, Гордана Сиљановска-Давкова, се и заменик-министерот за култура Онур Али и претставници од Министерството за култура. Според агендата, државно-црковната делегација попладнево ќе присуствува на концертот на македонските уметници. Традиционално, во програмата на тридневната манифестација „Ден на светите Кирил и Методиј“ е аудиенцијата кај папата Франциск во Ватикан, средба со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин, молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим и положување венец на спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“. Манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“ во Рим во изминатите години прерасна во празник со кој се слави мисијата на светите браќа, чија хумана активност остави траен белег во историјата на Европа. Оваа манифестација е силна врска во унапредувањето на односите меѓу Македонија, Република Италија и Светиот Престол. Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

The post Концерт на Камерниот оркестар од Битола и солистката Нада Талевска-Спасовска во Рим по повод чествувањето на Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>
Првата официјална посета на Сиљановска Давкова во странство ќе биде Ватикан и Рим https://republika.mk/vesti/makedonija/prvata-ofitsijalna-poseta-na-silanovska-davkova-vo-stranstvo-ke-bide-vatikan-i-rim/ Sun, 19 May 2024 09:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=779749

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја реализира во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј.

На 23 мај претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциско, а потоа и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан.

Во рамки на посетата на Рим, претседателката ќе се сретне и со италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Засега нема потврда, но се прави обид за средба со бугарскиот претседател Румен Раде кој со своја делегација ќе биде на чествувањето во Рим. Ваква пракса се воспостави откако двете држави го потпишаа договорот за добрососедство.

Во делегацијата на Сиљановска Давкова ќе бидат и четворица претставници од Министерството за култура, предводени од заменик министерот Онур Али. Делегацијата ќе ја сочинуваат и членови на Кабинетот на претседателката, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, а делегацијата на МПЦ-ОА ќе ја предводи митрополит Тимотеј. Носителка на културната програма ќе биде националната установа Камерен оркестар, но во намален состав.

The post Првата официјална посета на Сиљановска Давкова во странство ќе биде Ватикан и Рим appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја реализира во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј.
На 23 мај претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциско, а потоа и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан.
Во рамки на посетата на Рим, претседателката ќе се сретне и со италијанскиот претседател Серџо Матарела.
Засега нема потврда, но се прави обид за средба со бугарскиот претседател Румен Раде кој со своја делегација ќе биде на чествувањето во Рим. Ваква пракса се воспостави откако двете држави го потпишаа договорот за добрососедство. Во делегацијата на Сиљановска Давкова ќе бидат и четворица претставници од Министерството за култура, предводени од заменик министерот Онур Али. Делегацијата ќе ја сочинуваат и членови на Кабинетот на претседателката, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, а делегацијата на МПЦ-ОА ќе ја предводи митрополит Тимотеј. Носителка на културната програма ќе биде националната установа Камерен оркестар, но во намален состав.

The post Првата официјална посета на Сиљановска Давкова во странство ќе биде Ватикан и Рим appeared first on Република.

]]>
Надал по поразот во Рим: Уште не знам дали да играм на Ролан Гарос https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-po-porazot-vo-rim-ushte-ne-znam-dali-da-igram-na-rolan-garos/ Sat, 11 May 2024 16:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=777084

Рафаел Надал одигра катастрофален меч губејќи од Хуркач со 6-1, 6-3 на турнирот во Рим, меч на кој уште еднаш стана очигледна немоќта на шпанскиот тениски великан пред самиот крај на неговата кариера, објави Екипа.

Надал неодамна изјави дека не се чувствува најподготвен за настап на својот омилен гранслем турнир Ролан Гарос, а по денешниот неуспех повтори дека дилемата на оваа тема се уште постои.

„Ако се чувствувам добро, ќе бидам на теренот за да се борам за она за што се борев во последните дваесет години. Постојат две гледишта, да мислам дека не сум подготвен поради ова што се случи денеска, што е разбирливо. Другата опција е во следните две седмици да работиме напорно и да го промениме тоа. Иако ова беше тежок пораз и фрустрирачки ден, се уште не знам дали ќе играм на Ролан Гарос, но чувствувам дека сум поблиску до опцијата да се обидам да настапам. Денеска е невозможно трезвено да се размисли и да се донесе одлука, ќе видиме што ќе се случува во наредниот период. Мислам дека физички не беше толку лош, но се надевам дека ќе заминам на Ролан Гарос и ќе имам шанса да се борам за се она за што сонувам да се борам“, изјави Надал.

The post Надал по поразот во Рим: Уште не знам дали да играм на Ролан Гарос appeared first on Република.

]]>

Рафаел Надал одигра катастрофален меч губејќи од Хуркач со 6-1, 6-3 на турнирот во Рим, меч на кој уште еднаш стана очигледна немоќта на шпанскиот тениски великан пред самиот крај на неговата кариера, објави Екипа. Надал неодамна изјави дека не се чувствува најподготвен за настап на својот омилен гранслем турнир Ролан Гарос, а по денешниот неуспех повтори дека дилемата на оваа тема се уште постои.
„Ако се чувствувам добро, ќе бидам на теренот за да се борам за она за што се борев во последните дваесет години. Постојат две гледишта, да мислам дека не сум подготвен поради ова што се случи денеска, што е разбирливо. Другата опција е во следните две седмици да работиме напорно и да го промениме тоа. Иако ова беше тежок пораз и фрустрирачки ден, се уште не знам дали ќе играм на Ролан Гарос, но чувствувам дека сум поблиску до опцијата да се обидам да настапам. Денеска е невозможно трезвено да се размисли и да се донесе одлука, ќе видиме што ќе се случува во наредниот период. Мислам дека физички не беше толку лош, но се надевам дека ќе заминам на Ролан Гарос и ќе имам шанса да се борам за се она за што сонувам да се борам“, изјави Надал.

The post Надал по поразот во Рим: Уште не знам дали да играм на Ролан Гарос appeared first on Република.

]]>
Г.г. Стефан отслужи молебен на гробот на Св. Кирил Солунски во Рим https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-otsluzhi-moleben-na-grobot-na-sv-kiril-solunski-vo-rim/ Tue, 27 Feb 2024 16:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=748998

о повод 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, на денот кога се празнува неговиот спомен, пред неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“ („San Clemente“) во Рим, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужи молебен кон светителот. На молебенот сослужуваа и митрополитот Европски г. Пимен и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, објави црковно-информативниот портал „Литургија.мк“.

Меѓу присутните беа и директорот на Комисијата за верски прашања (КОВРЗГ) Даријан Сотировски, амбасадорот на Република Македонија во Ватикан Марија Ефремова, амбасадорот во Рим Весел Мемеди и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓески од Православниот Богословски факултет во Скопје.

The post Г.г. Стефан отслужи молебен на гробот на Св. Кирил Солунски во Рим appeared first on Република.

]]>

о повод 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, на денот кога се празнува неговиот спомен, пред неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“ („San Clemente“) во Рим, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужи молебен кон светителот. На молебенот сослужуваа и митрополитот Европски г. Пимен и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, објави црковно-информативниот портал „Литургија.мк“. Меѓу присутните беа и директорот на Комисијата за верски прашања (КОВРЗГ) Даријан Сотировски, амбасадорот на Република Македонија во Ватикан Марија Ефремова, амбасадорот во Рим Весел Мемеди и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓески од Православниот Богословски факултет во Скопје.

The post Г.г. Стефан отслужи молебен на гробот на Св. Кирил Солунски во Рим appeared first on Република.

]]>
Монети насликани со експлицитни сцени: Борделите во антички Рим си имале своја валута за плаќање на услугите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/moneti-naslikani-so-eksplitsitni-stseni-bordelite-vo-antichki-rim-si-imale-svoja-valuta-za-plakane-na-uslugite/ Mon, 12 Feb 2024 19:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=743348

Во антички Рим имало многу бордели, но во нив не била доволена употребата на стандардните римски монети, како што се Сестерции или и Денарии. Наместо нив, се употребувале жетони, купени во локалите. Тоа што е интересно е што на овие токени често биле насликани експлицитни или непристојни слики и пози.

Вакво нешто се правело за да се избегне употребата на монети со ликот на императорот, затоа што се сметало за крајно непочитување, па дури и богохулење, да се внесе ликот на императорот во бордел. Ваквиот чин би се сметал за понижувачки и навредлив гест кон владетелот, а за тоа следувала строга казна.

На туристичките локации како Херкуланеум и Помпеја, борделите биле особено популарни објекти. Со текот на времето, овие институции ги охрабрувале своите клиенти да користат сопствена форма на валута позната како спринтрија.

 

The post Монети насликани со експлицитни сцени: Борделите во антички Рим си имале своја валута за плаќање на услугите appeared first on Република.

]]>

Во антички Рим имало многу бордели, но во нив не била доволена употребата на стандардните римски монети, како што се Сестерции или и Денарии. Наместо нив, се употребувале жетони, купени во локалите. Тоа што е интересно е што на овие токени често биле насликани експлицитни или непристојни слики и пози. Вакво нешто се правело за да се избегне употребата на монети со ликот на императорот, затоа што се сметало за крајно непочитување, па дури и богохулење, да се внесе ликот на императорот во бордел. Ваквиот чин би се сметал за понижувачки и навредлив гест кон владетелот, а за тоа следувала строга казна. На туристичките локации како Херкуланеум и Помпеја, борделите биле особено популарни објекти. Со текот на времето, овие институции ги охрабрувале своите клиенти да користат сопствена форма на валута позната како спринтрија.  

The post Монети насликани со експлицитни сцени: Борделите во антички Рим си имале своја валута за плаќање на услугите appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Рим: Најмалку тројца загинати, 200 евакуирани по пожар во болница https://republika.mk/vesti/svet/tragedija-vo-rim-najmalku-trojtsa-zaginati-200-evakuirani-po-pozhar-vo-bolnitsa/ Sat, 09 Dec 2023 08:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=721208

Најмалку три лица загинаа во пожар во болница во близина на Рим доцна синоќа, соопшти противпожарната бригада утрово, јави ДПА.

Пожарот избувнал околу 23 часот во болницата „Сан Џовани Евангелиста“ во Тиволи, непосредно пред Рим, соопшти противпожарната бригада.

За време на гаснењето на пожарот е пронајдено и четврто тело, јавија италијанските медиуми. Не е јасно дали лицето веќе починало пред пожарот.

Службите за итни случаи успеале да го изгаснат пожарот во текот на ноќта.

Околу 200 пациенти, меѓу кои и деца, биле префрлени од болницата во источниот дел на Рим во различни болници во главниот град на Италија. Тие биле распределени според нивната здравствена состојба.

Причината за пожарот првично е нејасна. Според првичните сознанија, пожарот избувнал на вториот кат од болницата.

Пламените јазици, наводно, брзо се прошириле и стигнале до одделението за итни случаи и одделението за интензивна нега.

The post Трагедија во Рим: Најмалку тројца загинати, 200 евакуирани по пожар во болница appeared first on Република.

]]>

Најмалку три лица загинаа во пожар во болница во близина на Рим доцна синоќа, соопшти противпожарната бригада утрово, јави ДПА. Пожарот избувнал околу 23 часот во болницата „Сан Џовани Евангелиста“ во Тиволи, непосредно пред Рим, соопшти противпожарната бригада. За време на гаснењето на пожарот е пронајдено и четврто тело, јавија италијанските медиуми. Не е јасно дали лицето веќе починало пред пожарот. Службите за итни случаи успеале да го изгаснат пожарот во текот на ноќта. Околу 200 пациенти, меѓу кои и деца, биле префрлени од болницата во источниот дел на Рим во различни болници во главниот град на Италија. Тие биле распределени според нивната здравствена состојба. Причината за пожарот првично е нејасна. Според првичните сознанија, пожарот избувнал на вториот кат од болницата. Пламените јазици, наводно, брзо се прошириле и стигнале до одделението за итни случаи и одделението за интензивна нега.

The post Трагедија во Рим: Најмалку тројца загинати, 200 евакуирани по пожар во болница appeared first on Република.

]]>
„Ја излези Ѓурѓо“ и „Бисер балкански“ ечи во Рим https://republika.mk/sport/fudbal/ja-izlezi-gurgo-i-biser-balkanski-echi-vo-rim/ Fri, 17 Nov 2023 18:57:27 +0000 https://republika.mk/?p=702711

Македонските навивачи во одлично расположение ги одбројуваат минутите пред почетокот на мечот против Италија на „Олимпико“ во Рим во рамки на квалификациите за ЕП 2024.

Тие со песна и во одлично расположение одат кон „Олимпико“ каде ќе им дадат поддршка на фудбалерите.

извор: Спортманија.мк

 

The post „Ја излези Ѓурѓо“ и „Бисер балкански“ ечи во Рим appeared first on Република.

]]>

Македонските навивачи во одлично расположение ги одбројуваат минутите пред почетокот на мечот против Италија на „Олимпико“ во Рим во рамки на квалификациите за ЕП 2024. Тие со песна и во одлично расположение одат кон „Олимпико“ каде ќе им дадат поддршка на фудбалерите. извор: Спортманија.мк  

The post „Ја излези Ѓурѓо“ и „Бисер балкански“ ечи во Рим appeared first on Република.

]]>
Оштетени споменици на жртвите од Аушвиц во Рим https://republika.mk/vesti/svet/oshteteni-spomenitsi-na-zhrtvite-od-aushvits-vo-rim/ Wed, 01 Nov 2023 12:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=697060

Во римската област Трастевере, утрово се оштетени два споменици т.н „Камења на сопнување“ кои потсетуваат на двајцата Евреи кои беа однесени од Рим во Аушвиц, објави денеска на Икс градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери.

„Рим силно го осудува овој неприфатлив и жален чин. Ја изразуваме нашата солидарност со целата еврејска заедница во Рим“, напиша Гуалтиери на Икс.

The post Оштетени споменици на жртвите од Аушвиц во Рим appeared first on Република.

]]>

Во римската област Трастевере, утрово се оштетени два споменици т.н „Камења на сопнување“ кои потсетуваат на двајцата Евреи кои беа однесени од Рим во Аушвиц, објави денеска на Икс градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери. „Рим силно го осудува овој неприфатлив и жален чин. Ја изразуваме нашата солидарност со целата еврејска заедница во Рим“, напиша Гуалтиери на Икс.

The post Оштетени споменици на жртвите од Аушвиц во Рим appeared first on Република.

]]>
Грковска на средба со градоначалникот на Рим Гуалтиери: Македонија и Италија негуваат пријателски односи, соработката ќе се продлабочува и на економски и културен план https://republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-na-sredba-so-gradonachalnikot-na-rim-gualtieri-makedonija-i-italija-neguvaat-prijatelski-odnosi-sorabotkata-ke-se-prodlabochuva-i-na-ekonomski-i-kulturen-plan/ Mon, 04 Sep 2023 20:07:06 +0000 https://republika.mk/?p=678773

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери, со кој меѓудругото разговараа и за поднесената кандидатура на Италија, Рим да биде домаќин на светската изложба 2030 (World EXPO 2030), што се организира под покровителство на Меѓународното биро за експозиции (BIE) со седиште во Париз.

Вицепремиерката Грковска ја поздрави кандидатурата на Италија и истакна дека за Република Македонија е многу важно да биде дел од ваквите меѓународни изложби на кои се промовираат ресурсите и капацитетите што ги поседува државата. Тоа, додаде таа, е особено важно за развојот на економијата и прогресот на државата воопшто.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека Република Македонија и Италија имаат долгогодишна плодна соработка и се заблагодари за поддршката што Италија и ја дава на Македонија на нашиот евроинтеграциски пат. Таа истакна дека нејзиниот Кабинет воспостави одлична соработка со италијанската Агенција за спречување на корупцијата АНАК, но и со Луис Универзитетот, каде што во моментов група вработени во државната администрација посетуваат обука за ефикасно управување.

Градоначалникот Гуалтиери истакна дека Македонија и Италија и понатаму ќе работат на унапредување и продлабочување на меѓусебните односи, а дополнително ќе следува унапредување на соработката и меѓу Рим и Скопје.

The post Грковска на средба со градоначалникот на Рим Гуалтиери: Македонија и Италија негуваат пријателски односи, соработката ќе се продлабочува и на економски и културен план appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери, со кој меѓудругото разговараа и за поднесената кандидатура на Италија, Рим да биде домаќин на светската изложба 2030 (World EXPO 2030), што се организира под покровителство на Меѓународното биро за експозиции (BIE) со седиште во Париз. Вицепремиерката Грковска ја поздрави кандидатурата на Италија и истакна дека за Република Македонија е многу важно да биде дел од ваквите меѓународни изложби на кои се промовираат ресурсите и капацитетите што ги поседува државата. Тоа, додаде таа, е особено важно за развојот на економијата и прогресот на државата воопшто. Вицепремиерката Грковска нагласи дека Република Македонија и Италија имаат долгогодишна плодна соработка и се заблагодари за поддршката што Италија и ја дава на Македонија на нашиот евроинтеграциски пат. Таа истакна дека нејзиниот Кабинет воспостави одлична соработка со италијанската Агенција за спречување на корупцијата АНАК, но и со Луис Универзитетот, каде што во моментов група вработени во државната администрација посетуваат обука за ефикасно управување. Градоначалникот Гуалтиери истакна дека Македонија и Италија и понатаму ќе работат на унапредување и продлабочување на меѓусебните односи, а дополнително ќе следува унапредување на соработката и меѓу Рим и Скопје.

The post Грковска на средба со градоначалникот на Рим Гуалтиери: Македонија и Италија негуваат пријателски односи, соработката ќе се продлабочува и на економски и културен план appeared first on Република.

]]>
Голема наезда од стаорци околу Колосеумот: Градските власти на Рим преземаат мерки за безбедн престој на туристите https://republika.mk/vesti/svet/golema-naezda-od-staortsi-okolu-koloseumot-gradskite-vlasti-na-rim-prezemaat-merki-za-bezbedn-prestoj-na-turistite/ Sat, 26 Aug 2023 20:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=676156

Градските власти во Рим соопштија дека преземаат мерки за сузбивање на наездата на стаорци околу Колосеумот, откако туристите на социјалните мрежи објавија фотографии од глодари во близина на објектот.

Директорката на градскиот оддел за собирање ѓубре, Сабрина Алфонси за италијанските медиуми изјави дека е почната „специјална интервенција“ за да би се осигурало дека луѓето може безбедно да поминуваат низ едно од најпосетуваните туристички места во Италија.

Операцијата ќе продолжи и наредната недела со чистење на зелените површини околу Колосеумот и одводите каде се вообичаени стаорците, како и поставување стапици, се вели во соопштението на градските власти.

The post Голема наезда од стаорци околу Колосеумот: Градските власти на Рим преземаат мерки за безбедн престој на туристите appeared first on Република.

]]>

Градските власти во Рим соопштија дека преземаат мерки за сузбивање на наездата на стаорци околу Колосеумот, откако туристите на социјалните мрежи објавија фотографии од глодари во близина на објектот. Директорката на градскиот оддел за собирање ѓубре, Сабрина Алфонси за италијанските медиуми изјави дека е почната „специјална интервенција“ за да би се осигурало дека луѓето може безбедно да поминуваат низ едно од најпосетуваните туристички места во Италија. Операцијата ќе продолжи и наредната недела со чистење на зелените површини околу Колосеумот и одводите каде се вообичаени стаорците, како и поставување стапици, се вели во соопштението на градските власти.

The post Голема наезда од стаорци околу Колосеумот: Градските власти на Рим преземаат мерки за безбедн престој на туристите appeared first on Република.

]]>
Во античкиот театар Марчело во Рим вечерва концерт ќе одржи триото „Балкан ашк“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-antichkiot-teatar-marchelo-vo-rim-vecherva-kontsert-ke-odrzhi-trioto-balkan-ashk/ Thu, 24 Aug 2023 19:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=675301

Во античкиот театар Марчело во Рим вечерва концерт ќе одржи триото „Балкан ашк“ во рамки на фестивалот „Concerti del Tempietto“.

Триото е во состав Ерхан Шукри - виолина, Енис Аљи - виолончело и Мерсиха Шукри - харфа кои ќе изведат дела од Ј. С. Бах, М. Глинка, Д. Фавре, Д. Шостанкович, П. Маскањи, Џ. Пучини, Офенбах, Р. Ловленд, Ф. Атаоглу и обработка на македонски народни теми.

Годинава, фестивалот „Concerti del Tempietto“ одбележува 35 години од постоењето.

The post Во античкиот театар Марчело во Рим вечерва концерт ќе одржи триото „Балкан ашк“ appeared first on Република.

]]>

Во античкиот театар Марчело во Рим вечерва концерт ќе одржи триото „Балкан ашк“ во рамки на фестивалот „Concerti del Tempietto“.

Триото е во состав Ерхан Шукри - виолина, Енис Аљи - виолончело и Мерсиха Шукри - харфа кои ќе изведат дела од Ј. С. Бах, М. Глинка, Д. Фавре, Д. Шостанкович, П. Маскањи, Џ. Пучини, Офенбах, Р. Ловленд, Ф. Атаоглу и обработка на македонски народни теми. Годинава, фестивалот „Concerti del Tempietto“ одбележува 35 години од постоењето.

The post Во античкиот театар Марчело во Рим вечерва концерт ќе одржи триото „Балкан ашк“ appeared first on Република.

]]>
Жена е снимена како шета низ фонтаната ди Треви во Рим за да го наполни своето шише со вода https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/zhena-e-snimena-kako-sheta-niz-fontanata-di-trevi-vo-rim-za-da-go-napolni-svoeto-shishe-so-voda/ Tue, 15 Aug 2023 09:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=672239

Жена е снимена како шета низ фонтаната ди Треви во Рим за да го наполни своето шише со вода. Овој инцидент претставува нов шокантен случај на туристи кои сквернават споменици во Италија.

На видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се види жена како стои на фонтаната и полни шише со вода.

Таа целосно ги игнорираше знаците поставени околу фонтаната кои забрануваат одење по или пливање во неа.

The post Жена е снимена како шета низ фонтаната ди Треви во Рим за да го наполни своето шише со вода appeared first on Република.

]]>

Жена е снимена како шета низ фонтаната ди Треви во Рим за да го наполни своето шише со вода. Овој инцидент претставува нов шокантен случај на туристи кои сквернават споменици во Италија. На видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се види жена како стои на фонтаната и полни шише со вода. Таа целосно ги игнорираше знаците поставени околу фонтаната кои забрануваат одење по или пливање во неа.

The post Жена е снимена како шета низ фонтаната ди Треви во Рим за да го наполни своето шише со вода appeared first on Република.

]]>
Остатоците на театарот на Нерон откриени во градината каде што ќе биде хотелот Four Seasons во Рим https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ostatotsite-na-teatarot-na-neron-otkrieni-vo-gradinata-kade-shto-ke-bide-hotelot-four-seasons-vo-rim/ Sun, 30 Jul 2023 14:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=666937

Следниот луксузен хотел во Рим има многу добри коски: археолозите во средата рекоа дека урнатините на Театарот на Нерон, царски театар кој се споменува во старите римски текстови, но никогаш не бил пронајден, се откриени под градината на идниот хотел Four Seasons, на чекор од Ватикан.

Археолозите ископуваат длабоко под заградената градина на Палацо дела Ровере од 2020 година, како дел од планираните реновирања на фрескоживописната ренесансна зграда. Палатата, која зафаќа градски блок долж широката Via della Conciliazione што води до плоштадот Свети Петар, е дом на древниот ватикански витешки ред кој го издава просторот на хотел за да собере пари за христијаните во Светата земја.

Генералниот гувернер на Редот на Светиот гроб на Ерусалим, Леонардо Висконти ди Модроне, за време на прес-конференцијата на која го објави археолошкото откритие потврди дека дојдовниот синџир хотели е Four Seasons. Новинските извештаи велат дека хотелот се очекува да биде отворен навреме за јубилејот на Ватикан во 2025 година, кога се очекува околу 30 милиони луѓе и аџии да се соберат во Рим.

The post Остатоците на театарот на Нерон откриени во градината каде што ќе биде хотелот Four Seasons во Рим appeared first on Република.

]]>

Следниот луксузен хотел во Рим има многу добри коски: археолозите во средата рекоа дека урнатините на Театарот на Нерон, царски театар кој се споменува во старите римски текстови, но никогаш не бил пронајден, се откриени под градината на идниот хотел Four Seasons, на чекор од Ватикан. Археолозите ископуваат длабоко под заградената градина на Палацо дела Ровере од 2020 година, како дел од планираните реновирања на фрескоживописната ренесансна зграда. Палатата, која зафаќа градски блок долж широката Via della Conciliazione што води до плоштадот Свети Петар, е дом на древниот ватикански витешки ред кој го издава просторот на хотел за да собере пари за христијаните во Светата земја. Генералниот гувернер на Редот на Светиот гроб на Ерусалим, Леонардо Висконти ди Модроне, за време на прес-конференцијата на која го објави археолошкото откритие потврди дека дојдовниот синџир хотели е Four Seasons. Новинските извештаи велат дека хотелот се очекува да биде отворен навреме за јубилејот на Ватикан во 2025 година, кога се очекува околу 30 милиони луѓе и аџии да се соберат во Рим.

The post Остатоците на театарот на Нерон откриени во градината каде што ќе биде хотелот Four Seasons во Рим appeared first on Република.

]]>
Во Рим отворен за посетители плоштадот на кој беше убиен Цезар https://republika.mk/zivot/patuvanja/vo-rim-otvoren-za-posetiteli-ploshtadot-na-koj-beshe-ubien-tsezar/ Sat, 24 Jun 2023 08:15:02 +0000 https://republika.mk/?p=654617

Ларго ди Торе Аргентина, римскиот плоштад и историски локалитет каде, според легендата, бил предаден и убиен римскиот генерал и државник Јулиј Цезар во 44 година п.н.е., по неколку години реновирање повторно е отворен за туристите.

Местото на ископување, познато и како „Ареа Сакра“, се смета за едно од најважните историски локалитети во Рим и се наоѓа недалеку од познатиот Римски форум.

Ларго ди Торе Аргентина се состои од остатоци од четири храмови кои датираат од периодот на Римската република до четвртиот век пред нашата ера и сите се обновени, објави туристичкиот одбор на градот.

Гај Јулиј Цезар бил освојувач на Галија, а по граѓанската војна против римскиот генерал Гнеј Помпеј Велики, тој станал доживотен диктатор, со што започнал трансформацијата на Рим од република во империја.

Цезар, наводно, бил убиен од група сенатори во Сенатот набргу откако бил прогласен за доживотен диктатор.

Сите четири храмови се наоѓаат под површината и до неодамна можеа да се видат само зад бариери во близина на блискиот пат.

Беше обновен и портикот на средновековниот Торе дел Папито, како и сите простории под нивото на улицата во соседната Виа ди Сан Никола де Цезарини.

На овие простори се пронајдени бројни вредни артефакти. Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, го нарече местото „вистински скапоцен камен на историјата, уметноста и културата во срцето на вечниот град“.

Отсега за прв пат ќе може да се истражат остатоците од храмовите одблиску, истакна Гуалтиери.

Целата област е опремена со панели со текстови на италијански и англиски јазик, а достапна е и за луѓе во инвалидски колички.

Работите ги финансираше италијанската модна куќа „Булгари“, а плоштадот и остатоците од храмовите првпат беа ископани при градежни работи во дваесеттите години на минатиот век.

Туристите и посетителите кои не живеат во Рим ќе треба да потрошат пет евра за влез.

The post Во Рим отворен за посетители плоштадот на кој беше убиен Цезар appeared first on Република.

]]>

Ларго ди Торе Аргентина, римскиот плоштад и историски локалитет каде, според легендата, бил предаден и убиен римскиот генерал и државник Јулиј Цезар во 44 година п.н.е., по неколку години реновирање повторно е отворен за туристите. Местото на ископување, познато и како „Ареа Сакра“, се смета за едно од најважните историски локалитети во Рим и се наоѓа недалеку од познатиот Римски форум. Ларго ди Торе Аргентина се состои од остатоци од четири храмови кои датираат од периодот на Римската република до четвртиот век пред нашата ера и сите се обновени, објави туристичкиот одбор на градот. Гај Јулиј Цезар бил освојувач на Галија, а по граѓанската војна против римскиот генерал Гнеј Помпеј Велики, тој станал доживотен диктатор, со што започнал трансформацијата на Рим од република во империја. Цезар, наводно, бил убиен од група сенатори во Сенатот набргу откако бил прогласен за доживотен диктатор. Сите четири храмови се наоѓаат под површината и до неодамна можеа да се видат само зад бариери во близина на блискиот пат. Беше обновен и портикот на средновековниот Торе дел Папито, како и сите простории под нивото на улицата во соседната Виа ди Сан Никола де Цезарини. На овие простори се пронајдени бројни вредни артефакти. Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, го нарече местото „вистински скапоцен камен на историјата, уметноста и културата во срцето на вечниот град“. Отсега за прв пат ќе може да се истражат остатоците од храмовите одблиску, истакна Гуалтиери. Целата област е опремена со панели со текстови на италијански и англиски јазик, а достапна е и за луѓе во инвалидски колички. Работите ги финансираше италијанската модна куќа „Булгари“, а плоштадот и остатоците од храмовите првпат беа ископани при градежни работи во дваесеттите години на минатиот век. Туристите и посетителите кои не живеат во Рим ќе треба да потрошат пет евра за влез.

The post Во Рим отворен за посетители плоштадот на кој беше убиен Цезар appeared first on Република.

]]>
Пожар избувна во зграда во Рим, најмалку еден повреден https://republika.mk/vesti/svet/pozhar-izbuvna-vo-zgrada-vo-rim-najmalku-eden-povreden/ Fri, 02 Jun 2023 19:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=647226

Најмалку едно лице загинато во голем пожар во зграда во главниот град на Италија. Маж бил пронајден мртов на скалите од

Повредени се девет лица и пожарот е под контрола. Пожарот зафатил седум од осум ката на зградата, која беше во фаза на реконструкција.

Пожарот избувна попладнево во зграда во квартот Коли Агниене на североистокот од главниот град на Италија, соопшти противпожарната служба.

Причината за пожарот сѐ уште не е позната.

The post Пожар избувна во зграда во Рим, најмалку еден повреден appeared first on Република.

]]>

Најмалку едно лице загинато во голем пожар во зграда во главниот град на Италија. Маж бил пронајден мртов на скалите од Повредени се девет лица и пожарот е под контрола. Пожарот зафатил седум од осум ката на зградата, која беше во фаза на реконструкција.
Пожарот избувна попладнево во зграда во квартот Коли Агниене на североистокот од главниот град на Италија, соопшти противпожарната служба.
Причината за пожарот сѐ уште не е позната.

The post Пожар избувна во зграда во Рим, најмалку еден повреден appeared first on Република.

]]>
Скорсезе по средбата со папата Франсис во Ватикан, објави дека ќе снима филм за Исус https://republika.mk/scena/film/skorseze-po-sredbata-so-papata-fransis-vo-vatikan-objavi-deka-ke-snima-film-za-isus/ Tue, 30 May 2023 08:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=646039

Се уште под импресии од овации на Канскиот филмски фестивал за неговиот последен филм Killers of the Flower Moon, славниот режисер Мартин Скорсезе беше на турнеја низ Италија, вклучително и средба со папата Франсис во Ватикан, каде што оскаровецот исто така ги објави своите планови за снимање филм за Исус.

Variety објави дека Скорсезе на конференција во Рим во саботата рекол дека бил инспириран да одговори на апелот на понтифот за уметници – „на единствениот начин што јас знам како, замислувајќи и пишувајќи сценарио за филм за Исус. И јас ќе почнам да го правам тоа“.

Пред конференцијата насловена „Глобалната естетика на католичката имагинација“, Скорсезе и неговата сопруга Хелен беа претставени на папата Франциско за време на приватна аудиенција.

Според Variety, Антонио Спадаро – уредникот на периодичното издание што ја организираше конференцијата – извести дека разговорот меѓу папата и режисерот вклучува споделени филмски референци и анегдоти, и дека Скорсезе бил трогнат од апелот на првиот „да го видиме Исус. “

 

The post Скорсезе по средбата со папата Франсис во Ватикан, објави дека ќе снима филм за Исус appeared first on Република.

]]>

Се уште под импресии од овации на Канскиот филмски фестивал за неговиот последен филм Killers of the Flower Moon, славниот режисер Мартин Скорсезе беше на турнеја низ Италија, вклучително и средба со папата Франсис во Ватикан, каде што оскаровецот исто така ги објави своите планови за снимање филм за Исус. Variety објави дека Скорсезе на конференција во Рим во саботата рекол дека бил инспириран да одговори на апелот на понтифот за уметници – „на единствениот начин што јас знам како, замислувајќи и пишувајќи сценарио за филм за Исус. И јас ќе почнам да го правам тоа“.
Пред конференцијата насловена „Глобалната естетика на католичката имагинација“, Скорсезе и неговата сопруга Хелен беа претставени на папата Франциско за време на приватна аудиенција. Според Variety, Антонио Спадаро – уредникот на периодичното издание што ја организираше конференцијата – извести дека разговорот меѓу папата и режисерот вклучува споделени филмски референци и анегдоти, и дека Скорсезе бил трогнат од апелот на првиот „да го видиме Исус. “  

The post Скорсезе по средбата со папата Франсис во Ватикан, објави дека ќе снима филм за Исус appeared first on Република.

]]>