репарации Archives - Република https://republika.mk/tema/reparacii/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Dec 2022 09:08:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png репарации Archives - Република https://republika.mk/tema/reparacii/ 32 32 Полска ќе го засили притисокот врз Германија за исплата на репарации https://republika.mk/vesti/svet/polska-kje-go-zasili-pritisokot-vrz-germanija-za-isplata-na-reparacii/ Tue, 06 Dec 2022 09:08:53 +0000 https://republika.mk/?p=582439

Полскиот заменик-министерот за надворешни работи и комесар за репарации Аркадиуш Муларчик во интервју за германската новинска агенција ДПА изјави дека Варшава сака да го зголеми притисокот врз Германија за исплата на репарации од Втората светска војна.

Прашањето за репарации има фундаментално значење за Полска, ова не е само политичко прашање, туку се работи за достоинството на Полска, посочи Муларчик.

Тој додаде дека „Германија има избор: или ќе седне на преговарачка маса со Полска, или ќе го иницираме прашањето на сите меѓународни форуми – во ОН, во Советот на Европа и во Европската унија.

Муларчик како претседател на парламентарна комисија подготви извештај за воената штета нанесена врз Полска од нацистичка Германија за време на Втората светска војна. Износот на штетата е проценет на 1,3 трилиони евра.

Мора да има дијалог за ова прашање, инаку би било многу лошо за нашето соседство, посочи Муларчик, кој денеска и утре е во посета на Берлин.

The post Полска ќе го засили притисокот врз Германија за исплата на репарации appeared first on Република.

]]>

Полскиот заменик-министерот за надворешни работи и комесар за репарации Аркадиуш Муларчик во интервју за германската новинска агенција ДПА изјави дека Варшава сака да го зголеми притисокот врз Германија за исплата на репарации од Втората светска војна. Прашањето за репарации има фундаментално значење за Полска, ова не е само политичко прашање, туку се работи за достоинството на Полска, посочи Муларчик. Тој додаде дека „Германија има избор: или ќе седне на преговарачка маса со Полска, или ќе го иницираме прашањето на сите меѓународни форуми – во ОН, во Советот на Европа и во Европската унија. Муларчик како претседател на парламентарна комисија подготви извештај за воената штета нанесена врз Полска од нацистичка Германија за време на Втората светска војна. Износот на штетата е проценет на 1,3 трилиони евра. Мора да има дијалог за ова прашање, инаку би било многу лошо за нашето соседство, посочи Муларчик, кој денеска и утре е во посета на Берлин.

The post Полска ќе го засили притисокот врз Германија за исплата на репарации appeared first on Република.

]]>
Полска официјално побара дополнителни 1,26 милијарди долари репарации од Германија за Втората светска војна https://republika.mk/vesti/svet/polska-oficijalno-pobara-dopolnitelni-1-26-milijardi-dolari-reparacii-od-germanija-za-vtorata-svetska-vojna/ Mon, 03 Oct 2022 12:19:42 +0000 https://republika.mk/?p=556834

Шефот на полската дипломатија, Збигњев Рау, потпиша дипломатска нота до Германија за побарување репарации од Втората светска војна, со што го официјализираше барањето на Полска за отштета.

Потегот уследи откако полските владејачки националисти минатиот месец проценија дека Германија и должи на земјата 1,26 милијарди долари.

Во истовреме, Германија, најголемиот трговски партнер на Полска, тврди дека сите парични побарувања поврзани со војната се намирени.

Околу шест милиони Полјаци, вклучително и три милиони полски Евреи, беа убиени за време на Втората светска војната, а Варшава беше срамнета со земја по бунтот во 1944 година во кое загинаа околу 200.000 цивили. Во 1953 година, тогашните комунистички владетели на Полска се откажаа од сите барања за воени репарации под притисок на Советскиот Сојуз.

The post Полска официјално побара дополнителни 1,26 милијарди долари репарации од Германија за Втората светска војна appeared first on Република.

]]>

Шефот на полската дипломатија, Збигњев Рау, потпиша дипломатска нота до Германија за побарување репарации од Втората светска војна, со што го официјализираше барањето на Полска за отштета. Потегот уследи откако полските владејачки националисти минатиот месец проценија дека Германија и должи на земјата 1,26 милијарди долари. Во истовреме, Германија, најголемиот трговски партнер на Полска, тврди дека сите парични побарувања поврзани со војната се намирени. Околу шест милиони Полјаци, вклучително и три милиони полски Евреи, беа убиени за време на Втората светска војната, а Варшава беше срамнета со земја по бунтот во 1944 година во кое загинаа околу 200.000 цивили. Во 1953 година, тогашните комунистички владетели на Полска се откажаа од сите барања за воени репарации под притисок на Советскиот Сојуз.

The post Полска официјално побара дополнителни 1,26 милијарди долари репарации од Германија за Втората светска војна appeared first on Република.

]]>
Шолц ги отфрли барањата на Полска за воени репарации https://republika.mk/vesti/svet/sholc-gi-otfrli-baranjata-na-polska-za-voeni-reparacii/ Wed, 07 Sep 2022 21:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=548479

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги отфрли полските барања за исплата на штета што Германија ѝ ја предизвикала на земјата за време на Втората светска војна.

– Како и сите влади пред мене можам да потсетам дека прашањето за воените репарации е дефинитивно решено според меѓународното право, изјави тој во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Лидерот на владејачките полски конзервативци, Јарослав Качински неодамна најави дека Полска официјално ќе поднесе барање Германија да ѝ плати отштета за жртви, материјална штета и злосторства на окупаторските власти за време на Втората светска војна во вредност од 1,32 милијарди долари.

– Се донесе одлука официјално да се бара репарација од Германија, да добиеме отштета за сè што Германија или германскиот народ ѝ го направи на Полска од 1939 до 1945 година. Во меѓународните односи работите се такви што, доколку една држава ѝ нанесе голема штета на друга, по воениот пораз мора да се пресмета. Нема никаква причина Полска да биде исклучена од овој принцип, нагласи Качински.

Тој предупреди нема нема да биде ниту малку лесно да се дојде до репарација од Германија и оти тоа може да трае долго. Но, Качински изрази надеж дека ќе се заинтересираат и други држави. Израел конкретно, затоа што Полска бара отштета и за смртта на 5,2 милиони свои државјани, меѓу кои мнозинството Евреи.

Германија наведува дека прашањето за воена отштета за Полска е правно затворено, затоа што самата земја го затворила двапати. Со билатералниот договор за признавање на воените граници на Одра и Ниса од 1970 година и за време на преговорите за обединување на двете Германии, 1990 година, кога Варшава не го постави прашањето за отштета, иако веќе беше независна од Москва.

The post Шолц ги отфрли барањата на Полска за воени репарации appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги отфрли полските барања за исплата на штета што Германија ѝ ја предизвикала на земјата за време на Втората светска војна.
– Како и сите влади пред мене можам да потсетам дека прашањето за воените репарации е дефинитивно решено според меѓународното право, изјави тој во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг.
Лидерот на владејачките полски конзервативци, Јарослав Качински неодамна најави дека Полска официјално ќе поднесе барање Германија да ѝ плати отштета за жртви, материјална штета и злосторства на окупаторските власти за време на Втората светска војна во вредност од 1,32 милијарди долари.
– Се донесе одлука официјално да се бара репарација од Германија, да добиеме отштета за сè што Германија или германскиот народ ѝ го направи на Полска од 1939 до 1945 година. Во меѓународните односи работите се такви што, доколку една држава ѝ нанесе голема штета на друга, по воениот пораз мора да се пресмета. Нема никаква причина Полска да биде исклучена од овој принцип, нагласи Качински.
Тој предупреди нема нема да биде ниту малку лесно да се дојде до репарација од Германија и оти тоа може да трае долго. Но, Качински изрази надеж дека ќе се заинтересираат и други држави. Израел конкретно, затоа што Полска бара отштета и за смртта на 5,2 милиони свои државјани, меѓу кои мнозинството Евреи. Германија наведува дека прашањето за воена отштета за Полска е правно затворено, затоа што самата земја го затворила двапати. Со билатералниот договор за признавање на воените граници на Одра и Ниса од 1970 година и за време на преговорите за обединување на двете Германии, 1990 година, кога Варшава не го постави прашањето за отштета, иако веќе беше независна од Москва.

The post Шолц ги отфрли барањата на Полска за воени репарации appeared first on Република.

]]>
Полска бара нови репарации од Германија за Втората светска војна, надвор од досега договорените https://republika.mk/vesti/svet/polska-bara-novi-reparacii-od-germanija-za-vtorata-svetska-vojna-nadvor-od-dosega-dogovorenite/ Fri, 26 Aug 2022 06:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=544219

Полската влада следната недела ќе го претстави извештајот за штетите што и ги нанела на земјата нацистичката окупација за време на Втората светска војна, јави ДПА, повикувајќи се на парламентарната администрација во Варшава.

Експертскиот извештај ќе биде претставен во Варшава на 1 септември – датумот на германската инвазија во 1939 година. Тој датум, исто така, се смета за почеток на војната, која ги однесе животите на најмалку 55 милиони луѓе, а според некои проценки таа бројка се движи до 80 милиони. Се проценува дека до 6 милиони луѓе во Полска загинале како резултат на војната.

Полската владејачка конзервативна партија Право и правда во неколку наврати посочи дека извештајот е во процес на изработка. Документот има за цел да ги поддржи барањата до Германија за репарации. Истражувањето спроведено минатата година покажа дека 64 отсто од анкетираните го поддржале барањето репарации од Германија за штетата направена на Полска.

Германската влада се спротивстави на сите барања за дополнителни репарации, инсистирајќи на тоа дека Договорот „Два плус четири“ од 1990 година, познат и како Договор за конечно порамнување со Германија, го завршиле тоа прашање.

The post Полска бара нови репарации од Германија за Втората светска војна, надвор од досега договорените appeared first on Република.

]]>

Полската влада следната недела ќе го претстави извештајот за штетите што и ги нанела на земјата нацистичката окупација за време на Втората светска војна, јави ДПА, повикувајќи се на парламентарната администрација во Варшава. Експертскиот извештај ќе биде претставен во Варшава на 1 септември – датумот на германската инвазија во 1939 година. Тој датум, исто така, се смета за почеток на војната, која ги однесе животите на најмалку 55 милиони луѓе, а според некои проценки таа бројка се движи до 80 милиони. Се проценува дека до 6 милиони луѓе во Полска загинале како резултат на војната. Полската владејачка конзервативна партија Право и правда во неколку наврати посочи дека извештајот е во процес на изработка. Документот има за цел да ги поддржи барањата до Германија за репарации. Истражувањето спроведено минатата година покажа дека 64 отсто од анкетираните го поддржале барањето репарации од Германија за штетата направена на Полска. Германската влада се спротивстави на сите барања за дополнителни репарации, инсистирајќи на тоа дека Договорот „Два плус четири“ од 1990 година, познат и како Договор за конечно порамнување со Германија, го завршиле тоа прашање.

The post Полска бара нови репарации од Германија за Втората светска војна, надвор од досега договорените appeared first on Република.

]]>