Шефот на полската дипломатија, Збигњев Рау, потпиша дипломатска нота до Германија за побарување репарации од Втората светска војна, со што го официјализираше барањето на Полска за отштета.

Потегот уследи откако полските владејачки националисти минатиот месец проценија дека Германија и должи на земјата 1,26 милијарди долари.

Во истовреме, Германија, најголемиот трговски партнер на Полска, тврди дека сите парични побарувања поврзани со војната се намирени.

Околу шест милиони Полјаци, вклучително и три милиони полски Евреи, беа убиени за време на Втората светска војната, а Варшава беше срамнета со земја по бунтот во 1944 година во кое загинаа околу 200.000 цивили. Во 1953 година, тогашните комунистички владетели на Полска се откажаа од сите барања за воени репарации под притисок на Советскиот Сојуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.