регулаторна комисија за енергетика Archives - Република https://republika.mk/tema/regulatorna-komisija-za-energetika/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 14:46:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png регулаторна комисија за енергетика Archives - Република https://republika.mk/tema/regulatorna-komisija-za-energetika/ 32 32 РКЕ со последни анализи за воведување дополнителен час на евтина тарифа https://republika.mk/vesti/ekonomija/rke-so-posledni-analizi-za-voveduvane-dopolnitelen-chas-na-evtina-tarifa/ Wed, 11 Sep 2024 14:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=815433

Во тек се анализите за воведување на дополнителен час на евтина тарифа во текот на денот, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика. Граѓаните наместо до 15 часот, ќе можат да перат и да готват на евтина струја до 16 часот, пренесува МРТ.

Од 1-ви ноември граѓаните наместо до 15 часот, поевтина струја ќе користат до 16 часот. Регулаторната комисија за енергетика ги прави последните подготовки. Оттаму очекуваат сè да биде според планираната динамика.

„Во тек се анализите за воведување дополнителен час на евтина тарифа во текот на денот. Станува збор за опсежна енергетска анализа во која освен енергетскиот аспект значајно влијание имаат и финансиските елементи, посебено ако земеме предвид дека сме во фаза на стабилизација – по пандемијата и енергетската криза“, вели Бислимовски во изјава за МРТ1.

Граѓаните, барем оние повозрасните, со душа чекаат час повеќе евтина струја во текот на денот.

Финалната одлука Регулаторна ќе ја донесе кон крајот на месецов.

На сила останува евтината тарифа во ноќните часови и секако денот недела.

Во 2021, во екот на енергетската криза, регулаторот ја укина дневната евтина тарифа.

The post РКЕ со последни анализи за воведување дополнителен час на евтина тарифа appeared first on Република.

]]>

Во тек се анализите за воведување на дополнителен час на евтина тарифа во текот на денот, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика. Граѓаните наместо до 15 часот, ќе можат да перат и да готват на евтина струја до 16 часот, пренесува МРТ. Од 1-ви ноември граѓаните наместо до 15 часот, поевтина струја ќе користат до 16 часот. Регулаторната комисија за енергетика ги прави последните подготовки. Оттаму очекуваат сè да биде според планираната динамика.
„Во тек се анализите за воведување дополнителен час на евтина тарифа во текот на денот. Станува збор за опсежна енергетска анализа во која освен енергетскиот аспект значајно влијание имаат и финансиските елементи, посебено ако земеме предвид дека сме во фаза на стабилизација – по пандемијата и енергетската криза“, вели Бислимовски во изјава за МРТ1.
Граѓаните, барем оние повозрасните, со душа чекаат час повеќе евтина струја во текот на денот. Финалната одлука Регулаторна ќе ја донесе кон крајот на месецов. На сила останува евтината тарифа во ноќните часови и секако денот недела. Во 2021, во екот на енергетската криза, регулаторот ја укина дневната евтина тарифа.

The post РКЕ со последни анализи за воведување дополнителен час на евтина тарифа appeared first on Република.

]]>
Во вторник нова цена на горивата https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-vtornik-nova-tsena-na-gorivata/ Sun, 05 May 2024 18:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=774599

Задутре во вторник, првиот неработен ден следната недела, Регулаторната Комисија за Енергетика треба да ги утврди новите цени на горивата во земјава.

Нафтата од видот брент се продава за 83 долари за барел.

Ова се актуелните цени на бензините:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 87.5 ден/л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75.5 ден/л
ЕУРОСУПЕР БС – 98 89.5 ден/л

The post Во вторник нова цена на горивата appeared first on Република.

]]>

Задутре во вторник, првиот неработен ден следната недела, Регулаторната Комисија за Енергетика треба да ги утврди новите цени на горивата во земјава. Нафтата од видот брент се продава за 83 долари за барел. Ова се актуелните цени на бензините: ЕУРОСУПЕР БС – 95 87.5 ден/л ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75.5 ден/л ЕУРОСУПЕР БС – 98 89.5 ден/л

The post Во вторник нова цена на горивата appeared first on Република.

]]>
Утре одлука за цените на нафтените деривати https://republika.mk/vesti/ekonomija/utre-odluka-za-tsenite-na-naftenite-derivati/ Sun, 17 Mar 2024 21:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=755702

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за цените на нафтените деривати.

Согласно последната одлука на РКЕ, бензините и дизел горивото поевтинија за половина денар.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,019 (денари/килограм)

The post Утре одлука за цените на нафтените деривати appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за цените на нафтените деривати. Согласно последната одлука на РКЕ, бензините и дизел горивото поевтинија за половина денар. Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 44,019 (денари/килограм)

The post Утре одлука за цените на нафтените деривати appeared first on Република.

]]>
РКЕ: За 140 проценти е зголемен инсталираниот капацитет за производство на струја од сонце https://republika.mk/vesti/ekonomija/rke-za-140-protsenti-e-zgolemen-instaliraniot-kapatsitet-za-proizvodstvo-na-struja-od-sontse/ Sat, 11 Nov 2023 09:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=700493

За 22 месеци нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 523,2 МW произведуваат електрична енергија од обновливи извори, покажуваат последните податоци за издадени лиценци за периодот од јануари 2022 година - 31 октомври 2023 година, на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

[caption id="attachment_700494" align="alignnone" width="640"] фото: РКЕ [/caption]

-За десет месеци имаме нови инвестиции во енергетика што произведуваат електрична енергија од Сонце за кои се издадени лиценци со вкупна инсталирана моќност од 371 MW, што е за 140  проценти повеќе од цела 2022 година – кога вкупниот инсталиран капацитет достигна до 152,2 MW. Интензитетот на реализација на енергетските капацитети е зголемен и евидентен ако се направи паралела со пред пет години кога имаме издадено лиценци за скоро 6 MW, вели во пишана изјава Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Според РКЕ, со електричната енергија произведена од обновливи извори од новите централи, што се изградени за помалку од две години може да снабдуваат над 166 илјади домаќинства.

 

The post РКЕ: За 140 проценти е зголемен инсталираниот капацитет за производство на струја од сонце appeared first on Република.

]]>

За 22 месеци нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 523,2 МW произведуваат електрична енергија од обновливи извори, покажуваат последните податоци за издадени лиценци за периодот од јануари 2022 година - 31 октомври 2023 година, на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). [caption id="attachment_700494" align="alignnone" width="640"] фото: РКЕ [/caption]
-За десет месеци имаме нови инвестиции во енергетика што произведуваат електрична енергија од Сонце за кои се издадени лиценци со вкупна инсталирана моќност од 371 MW, што е за 140  проценти повеќе од цела 2022 година – кога вкупниот инсталиран капацитет достигна до 152,2 MW. Интензитетот на реализација на енергетските капацитети е зголемен и евидентен ако се направи паралела со пред пет години кога имаме издадено лиценци за скоро 6 MW, вели во пишана изјава Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Според РКЕ, со електричната енергија произведена од обновливи извори од новите централи, што се изградени за помалку од две години може да снабдуваат над 166 илјади домаќинства.  

The post РКЕ: За 140 проценти е зголемен инсталираниот капацитет за производство на струја од сонце appeared first on Република.

]]>
Новогодишната честитка од Владата ќе ви ги смрзне срцата, ќе ви ги заледи домовите и ќе ви ги испразни џебовите – поскапе струјата! https://republika.mk/vesti/ekonomija/novogodishnata-chestitka-od-vladata-ke-vi-gi-smrzne-srtsata-ke-vi-gi-zaledi-domovite-i-ke-vi-gi-isprazni-dhebovite-poskape-strujata/ Mon, 02 Jan 2023 11:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=592597

Во новата година влеговме истоштени и истрошени. Во годината што останува зад нас основните прехранбени производи станаа луксуз, неделниот ручек се почесто е посен, а неделата неработен ден - совршен за перење, пеглање, готвење, чистење. Владата ни советуваше да готвиме во помали тенџериња, да се тушираме наместо да се капеме и да ги гасиме компјутерите. Штедевме, денот го заменивме за ноќ, а благата зима ни даваше надеж дека можеби и ќе се преживее.

И како да не е доволно што ветувањата на Владата на терен изгледаат како ветер и магла, и што зимата допрва доаѓа, вистинска новогодишна честитка ќе ја почувстуваме на гола кожа со јануарската сметка за струја.

Поскапува струјата. Во реалноста, а не во политичките говори на функционерите. Регулаторна, која ги пресметува цените на струјата без да вклучи ДДВ, всушност ги намали цените за првиот и за вториот блок за домаќинства, меѓутоа од 1 јануари почнува да важи мерката за враќање на ДДВ-то од 5 на 10 проценти.

Кај 99,2 отсто од домаќинствата ќе се намали трошокот за електрична енергија не вклучувајќи го зголемувањето на ДДВ-то. Најбитно е што за 70.000 мали и микро компании значително се намалува цената на струјата, вели во една изјава претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Но, дали е така?

Во оваа табела се претставени целите на струјата за киловат-час по блокови. Блоковите важат за скапата струја. Притоа, ДДВ-то е покачено од 5 на 10 отсто. Земете една сметка за струја помножете ја вашата потрошувачка со новата цена и додадете 10% и лесно можете да пресметате колку „ќе ви поевтини струјата“ од 1 јануари.

Во оваа табела, пак, е претставена цената на евтината струја, која поскапува повеќе од двојно.

Со прости зборови, граѓаните кои переле, пеглале и готвеле на евтина струја во недела или по 22 часот, сега ќе плаќаат двојно повеќе ако продолжат да штедат на истиот начин.

Но, Бислимоски не е едиснтвен кој ја убедуваше јавноста дека струјата од 1 јанари ќе поевтини.

И министерот Крешник Бектеши тврдеше дека граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи владата се грижи енергетската криза да не им се удри од грбот.

Од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат со друга математика. Од сите параметри кои ја формаираат цената на струјата единствено поевтинува преносот на струја. Во евтината тарифа струјата за домаќинствата поскапува за повеќе од двојно, така што нема математика која ќе го оправда тврдењето на власта.

Имено, на слика 1 и 2 се дадени официјалните вредности за цените на електричната енергија за домаќинствата од одлуката на РКЕ која е на сила од 1.7.2022 година, споредено со новите цени кои треба да важат од 1.1.2023 година.
Од слика 1, за категорија на потрошувачи домаќинства јасно се гледа дека има зголемување на цените на електричната енергија во сите четири блока од скапата струја. Тоа значи дека во кој блок и да сте, секако од 1.1.2023 имате зголемена цена на струјата во висока тарифа.
Посебно е страшно што СДСМ го премолчува најважното, а тоа е дека цената на струјата во т.н. ефтина тарифа расте повеќе од дупло. Ова е дадено на Слика 2, каде јасно се гледа дека цената на електричната енергија во ниската тарифа се зголемува од 0,6193 Ден/kWh на 1,3181 Ден/kWh. За жал, тоа е најсиромашната категорија на граѓани, кои најмногу штедат, па чекат да дојде 22 часот навечер или недела цел ден, за да користат ефтина струја. Истите тие сега за струјата во ефтина тарифа од 1ви јануари ќе плаќаат дупло повисока цена.
Згора на сẻ, ако на ова се додаде зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 %, тогаш навистина не се јасни изјавите на ПР тимот од кујната на СДС за намалување на цените на струјата за домаќинствата.
Затоа прашуваме: КАКО СДСМ го пресмета намалувањето на цените кога од сите елементи со кои се формира цената единствено ќе се намали тарифата за пренос и дистрибуција, додека сите други елементи ќе се зголемат, вклучувајќи го и ДДВ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Граѓаните се уверија дека Владата нема да дозволи ценовен шок за населението и за малите потрошувачи на електрична енергија, што се потврди со цените на струјата што денеска ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика”, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Македонска радио телевизија.

Претседателот на Владата посочи дека од 1 јануари, цената на електрична енергија кај домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува, а само ќе се зголеми цената на третиот и четвртиот блок.

Во четвриот блок има зголемување на цената, но таму се граѓани и семејства кои трошат поголеми количини на енергија, кои загреваат поголеми површини, дел од нив загреваат и базени во текот на зимскиот период. Тие можат да си дозволат да имаат таква потрошувачка”, рече премиерот Ковачевски.

Одговор простигна од претседателот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски.

Евтината тарифа од 0,6 денари се зголемува на 1,3 денари, повеќе од двапати тоа го заборавија да го кажат. И сега кога ќе си пресмета секој еден граѓанин колку киловат часови троши во евтина, а колку во еден од блоковите ќе видите дека сметката со додадените плус 5% данок на додадена вредност ќе биде најмалку 20% поголема. Но, тоа од први јануари ќе го видат сите граѓани и ќе го доживеат. Тоа заборавија да го кажат, тоа никаде го нема, ниту во соопштението на Регулаторната дека ниската тарифа од 0,6 денари ќе стане 1,3 денари. наеднаш се зголеми за 200 отсто. Тоа никаде го нема, тоа никој не го кажува – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post Новогодишната честитка од Владата ќе ви ги смрзне срцата, ќе ви ги заледи домовите и ќе ви ги испразни џебовите – поскапе струјата! appeared first on Република.

]]>

Во новата година влеговме истоштени и истрошени. Во годината што останува зад нас основните прехранбени производи станаа луксуз, неделниот ручек се почесто е посен, а неделата неработен ден - совршен за перење, пеглање, готвење, чистење. Владата ни советуваше да готвиме во помали тенџериња, да се тушираме наместо да се капеме и да ги гасиме компјутерите. Штедевме, денот го заменивме за ноќ, а благата зима ни даваше надеж дека можеби и ќе се преживее. И како да не е доволно што ветувањата на Владата на терен изгледаат како ветер и магла, и што зимата допрва доаѓа, вистинска новогодишна честитка ќе ја почувстуваме на гола кожа со јануарската сметка за струја. Поскапува струјата. Во реалноста, а не во политичките говори на функционерите. Регулаторна, која ги пресметува цените на струјата без да вклучи ДДВ, всушност ги намали цените за првиот и за вториот блок за домаќинства, меѓутоа од 1 јануари почнува да важи мерката за враќање на ДДВ-то од 5 на 10 проценти.
Кај 99,2 отсто од домаќинствата ќе се намали трошокот за електрична енергија не вклучувајќи го зголемувањето на ДДВ-то. Најбитно е што за 70.000 мали и микро компании значително се намалува цената на струјата, вели во една изјава претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Но, дали е така? Во оваа табела се претставени целите на струјата за киловат-час по блокови. Блоковите важат за скапата струја. Притоа, ДДВ-то е покачено од 5 на 10 отсто. Земете една сметка за струја помножете ја вашата потрошувачка со новата цена и додадете 10% и лесно можете да пресметате колку „ќе ви поевтини струјата“ од 1 јануари. Во оваа табела, пак, е претставена цената на евтината струја, која поскапува повеќе од двојно. Со прости зборови, граѓаните кои переле, пеглале и готвеле на евтина струја во недела или по 22 часот, сега ќе плаќаат двојно повеќе ако продолжат да штедат на истиот начин. Но, Бислимоски не е едиснтвен кој ја убедуваше јавноста дека струјата од 1 јанари ќе поевтини. И министерот Крешник Бектеши тврдеше дека граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи владата се грижи енергетската криза да не им се удри од грбот. Од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат со друга математика. Од сите параметри кои ја формаираат цената на струјата единствено поевтинува преносот на струја. Во евтината тарифа струјата за домаќинствата поскапува за повеќе од двојно, така што нема математика која ќе го оправда тврдењето на власта.
Имено, на слика 1 и 2 се дадени официјалните вредности за цените на електричната енергија за домаќинствата од одлуката на РКЕ која е на сила од 1.7.2022 година, споредено со новите цени кои треба да важат од 1.1.2023 година. Од слика 1, за категорија на потрошувачи домаќинства јасно се гледа дека има зголемување на цените на електричната енергија во сите четири блока од скапата струја. Тоа значи дека во кој блок и да сте, секако од 1.1.2023 имате зголемена цена на струјата во висока тарифа. Посебно е страшно што СДСМ го премолчува најважното, а тоа е дека цената на струјата во т.н. ефтина тарифа расте повеќе од дупло. Ова е дадено на Слика 2, каде јасно се гледа дека цената на електричната енергија во ниската тарифа се зголемува од 0,6193 Ден/kWh на 1,3181 Ден/kWh. За жал, тоа е најсиромашната категорија на граѓани, кои најмногу штедат, па чекат да дојде 22 часот навечер или недела цел ден, за да користат ефтина струја. Истите тие сега за струјата во ефтина тарифа од 1ви јануари ќе плаќаат дупло повисока цена. Згора на сẻ, ако на ова се додаде зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 %, тогаш навистина не се јасни изјавите на ПР тимот од кујната на СДС за намалување на цените на струјата за домаќинствата. Затоа прашуваме: КАКО СДСМ го пресмета намалувањето на цените кога од сите елементи со кои се формира цената единствено ќе се намали тарифата за пренос и дистрибуција, додека сите други елементи ќе се зголемат, вклучувајќи го и ДДВ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
  Граѓаните се уверија дека Владата нема да дозволи ценовен шок за населението и за малите потрошувачи на електрична енергија, што се потврди со цените на струјата што денеска ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика”, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Македонска радио телевизија. Претседателот на Владата посочи дека од 1 јануари, цената на електрична енергија кај домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува, а само ќе се зголеми цената на третиот и четвртиот блок.
Во четвриот блок има зголемување на цената, но таму се граѓани и семејства кои трошат поголеми количини на енергија, кои загреваат поголеми површини, дел од нив загреваат и базени во текот на зимскиот период. Тие можат да си дозволат да имаат таква потрошувачка”, рече премиерот Ковачевски.
Одговор простигна од претседателот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски.
Евтината тарифа од 0,6 денари се зголемува на 1,3 денари, повеќе од двапати тоа го заборавија да го кажат. И сега кога ќе си пресмета секој еден граѓанин колку киловат часови троши во евтина, а колку во еден од блоковите ќе видите дека сметката со додадените плус 5% данок на додадена вредност ќе биде најмалку 20% поголема. Но, тоа од први јануари ќе го видат сите граѓани и ќе го доживеат. Тоа заборавија да го кажат, тоа никаде го нема, ниту во соопштението на Регулаторната дека ниската тарифа од 0,6 денари ќе стане 1,3 денари. наеднаш се зголеми за 200 отсто. Тоа никаде го нема, тоа никој не го кажува – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
 

The post Новогодишната честитка од Владата ќе ви ги смрзне срцата, ќе ви ги заледи домовите и ќе ви ги испразни џебовите – поскапе струјата! appeared first on Република.

]]>
Регулаторна потсетува: Обврската за испорака на парно е до издавање лиценца на нов вршител на дејноста https://republika.mk/vesti/makedonija/regulatorna-potsetuva-obvrskata-za-isporaka-na-parno-e-do-izdavanje-licenca-na-nov-vrshitel-na-dejnosta/ Mon, 26 Sep 2022 14:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=554362

Обврската за вршење јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца, во случајов нов вршител на дејноста, велат од Регулаторната комисија за енергетика РКЕ, откако БЕГ дистрибуција денеска соопшти дека нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона.

Од РКЕ истакнуваат дека вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетика каде основниот императив на вршителот на јавна дејност е да обезбеди сигурно, континуирано и квалитетно производство на топлинска енергија.

-Ве информираме дека Законот за енергетика, кој доби и зелено светло од  Енергетска заедница во целост ги има инкорпорирано сите одредби од европската легислативата по однос на сигурно, стабилно и континуирано снабдување со енергија. Во тој дух и РКЕ ги носи одлуките со кои се прецизира дека се до избор на нов вршител на посочената енергетска дејност, на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување на јавна дејност. Обврската за вршење на јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца (во случајов нов вршител на јавна дејност), наведуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

Компанијата БЕГ на која во јуни годинава и беа одземени лиценците поради неликвидност како резултат на високите цени на природниот гас, претходно соопшти дека нема правен основ да располага со топланите,  како и дека нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија.

По соопштението од БЕГ од Владата исто така порачаа дека се додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија.

По одземањето на лиценците на БЕГ Владата објави јавни повици за избор на вршители за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Јавното отворање на понудите се одржа на 13 септември. Во тек е евалуација  понудите на ЕСМ ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје, ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје и ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје, трите претпријатија што беа формирани по одземањето на лиценците на БЕГ

The post Регулаторна потсетува: Обврската за испорака на парно е до издавање лиценца на нов вршител на дејноста appeared first on Република.

]]>

Обврската за вршење јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца, во случајов нов вршител на дејноста, велат од Регулаторната комисија за енергетика РКЕ, откако БЕГ дистрибуција денеска соопшти дека нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона. Од РКЕ истакнуваат дека вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетика каде основниот императив на вршителот на јавна дејност е да обезбеди сигурно, континуирано и квалитетно производство на топлинска енергија.
-Ве информираме дека Законот за енергетика, кој доби и зелено светло од  Енергетска заедница во целост ги има инкорпорирано сите одредби од европската легислативата по однос на сигурно, стабилно и континуирано снабдување со енергија. Во тој дух и РКЕ ги носи одлуките со кои се прецизира дека се до избор на нов вршител на посочената енергетска дејност, на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување на јавна дејност. Обврската за вршење на јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца (во случајов нов вршител на јавна дејност), наведуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
Компанијата БЕГ на која во јуни годинава и беа одземени лиценците поради неликвидност како резултат на високите цени на природниот гас, претходно соопшти дека нема правен основ да располага со топланите,  како и дека нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија. По соопштението од БЕГ од Владата исто така порачаа дека се додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија. По одземањето на лиценците на БЕГ Владата објави јавни повици за избор на вршители за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Јавното отворање на понудите се одржа на 13 септември. Во тек е евалуација  понудите на ЕСМ ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје, ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје и ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје, трите претпријатија што беа формирани по одземањето на лиценците на БЕГ

The post Регулаторна потсетува: Обврската за испорака на парно е до издавање лиценца на нов вршител на дејноста appeared first on Република.

]]>
Бислимовски: Потрошувачите плаќаат колку што трошат, РКЕ не ги признава кражбите на електрична енергија https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-potroshuvachite-plakjaat-kolku-shto-troshat-rke-ne-gi-priznava-krazbite-na-elektrichna-energija/ Wed, 14 Sep 2022 08:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=550604

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цена и истите се на товар директно на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје – посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ, кој заедно со заменик-претседателот Енвер Елмази и комесарите одржаа состанок со д-р Мирјана Лончар Велкова, претседателка на Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ).

Потрошувачите треба да знаат дека плаќаат само за она што го имаат потрошено. РКЕ не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цената што ја одредува и истите се на товар директно на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје. Дополнително доколку некој потрошувач има добиено сметка која е отстапување од реалната состојба, може самостојно да го отчита броилото и да ја пријави состојбата, по што ЕВН ХОМЕ е должен веднаш да издаде нова коригирана сметка со реална состојба, истакна Бислимоски.

На состанокот се отвори и прашањето во врска со висината на т.н. мрежарина, која во одредени сметки е поголема во однос на енергијата. Претседателот Бислимоски посочи дека потрошувачите на електрична енергија во Република Македонија отсекогаш плаќале за користење на електропреносниот и електродистрибутивниот систем.

До 30 јуни 2022 година, трошокот за користење на електропреносниот и електродистрибутивниот систем беше вклучен во цената на електрична енергија. Имајќи го ова предвид, како и обврските од законодавството на Европската Унија за поголема транспарентност на цените РКЕ, на 27 јуни 2022 година донесе тарифен систем за продажба на електрична енергија со што се направи поделба на вкупниот надоместок за испорачана електрична енергија на: надомест за електрична енергија, пренос и дистрибуција. Оваа поделба на вкупниот надоместок ЕВН ХОМЕ го пресликува во фактурата за испорачана електрична енергија за секој потрошувач, со цел секој да има увид кој износ го плаќа и за што го плаќа, истакна Бислимоски.

Од ОПМ посочија повеќе случаи кои стигнале до нив во врска со сметките за електрична енергија каде што износот за надоместокот за дистрибуција на електрична енергија е поголем од надоместокот за потрошена електрична енергија. Претседателот Бислимоски објасни дека тоа е така затоа што одредени домаќинства кои внимаваат на потрошувачката и истата ја имаат насочено во ниска тарифа (евтина тарифа) трошат електрична енергија која е далеку пониска и изнесува 10 евра за MWh, додека трошоците за мрежарина се исти и во висока и ниска тарифа.

ОПМ исто така укажува дека граѓаните реагираат на фактурите за електрична енергија поради двојна пресметка на деновите опфатени во две последователни фактури каде во наредната се јавуваат повторно истите денови за кои претходно е фактурирано. Иако ЕВН објаснува дека граѓаните треба да го гледаат пресметковниот период на втората страна од фактурата (во делот на детални информации), од ОПМ напоменуваат дека пресметковниот период треба да е идентичен, односно да не се доведуваат во заблуда со различно претставени пресметковни периоди во една фактура и се надеваат дека ЕВН ова ќе го исправи.

The post Бислимовски: Потрошувачите плаќаат колку што трошат, РКЕ не ги признава кражбите на електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цена и истите се на товар директно на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје – посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ, кој заедно со заменик-претседателот Енвер Елмази и комесарите одржаа состанок со д-р Мирјана Лончар Велкова, претседателка на Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ).
Потрошувачите треба да знаат дека плаќаат само за она што го имаат потрошено. РКЕ не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цената што ја одредува и истите се на товар директно на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје. Дополнително доколку некој потрошувач има добиено сметка која е отстапување од реалната состојба, може самостојно да го отчита броилото и да ја пријави состојбата, по што ЕВН ХОМЕ е должен веднаш да издаде нова коригирана сметка со реална состојба, истакна Бислимоски.
На состанокот се отвори и прашањето во врска со висината на т.н. мрежарина, која во одредени сметки е поголема во однос на енергијата. Претседателот Бислимоски посочи дека потрошувачите на електрична енергија во Република Македонија отсекогаш плаќале за користење на електропреносниот и електродистрибутивниот систем.
До 30 јуни 2022 година, трошокот за користење на електропреносниот и електродистрибутивниот систем беше вклучен во цената на електрична енергија. Имајќи го ова предвид, како и обврските од законодавството на Европската Унија за поголема транспарентност на цените РКЕ, на 27 јуни 2022 година донесе тарифен систем за продажба на електрична енергија со што се направи поделба на вкупниот надоместок за испорачана електрична енергија на: надомест за електрична енергија, пренос и дистрибуција. Оваа поделба на вкупниот надоместок ЕВН ХОМЕ го пресликува во фактурата за испорачана електрична енергија за секој потрошувач, со цел секој да има увид кој износ го плаќа и за што го плаќа, истакна Бислимоски.
Од ОПМ посочија повеќе случаи кои стигнале до нив во врска со сметките за електрична енергија каде што износот за надоместокот за дистрибуција на електрична енергија е поголем од надоместокот за потрошена електрична енергија. Претседателот Бислимоски објасни дека тоа е така затоа што одредени домаќинства кои внимаваат на потрошувачката и истата ја имаат насочено во ниска тарифа (евтина тарифа) трошат електрична енергија која е далеку пониска и изнесува 10 евра за MWh, додека трошоците за мрежарина се исти и во висока и ниска тарифа. ОПМ исто така укажува дека граѓаните реагираат на фактурите за електрична енергија поради двојна пресметка на деновите опфатени во две последователни фактури каде во наредната се јавуваат повторно истите денови за кои претходно е фактурирано. Иако ЕВН објаснува дека граѓаните треба да го гледаат пресметковниот период на втората страна од фактурата (во делот на детални информации), од ОПМ напоменуваат дека пресметковниот период треба да е идентичен, односно да не се доведуваат во заблуда со различно претставени пресметковни периоди во една фактура и се надеваат дека ЕВН ова ќе го исправи.

The post Бислимовски: Потрошувачите плаќаат колку што трошат, РКЕ не ги признава кражбите на електрична енергија appeared first on Република.

]]>
Ова се цените на бензините од овој момент https://republika.mk/vesti/ekonomija/ova-se-cenite-na-benzinite-od-ovoj-moment/ Thu, 11 Aug 2022 22:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=539260

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34% во однос на одлуката од 8.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,114%, кај дизелот за 2,263%, кај екстра лесното масло за 3,513% и кај мазутот намалување за 1,290%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 12.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,786 (денари/килограм)

The post Ова се цените на бензините од овој момент appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34% во однос на одлуката од 8.08.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,114%, кај дизелот за 2,263%, кај екстра лесното масло за 3,513% и кај мазутот намалување за 1,290%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Од 12.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 52,786 (денари/килограм)

The post Ова се цените на бензините од овој момент appeared first on Република.

]]>
Измените на тарифниот систем од следната недела, во меѓувреме пресметувајте колку ќе плаќате за струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/izmenite-na-tarifniot-sistem-od-slednata-nedela-vo-megjuvreme-presmetuvajte-kolku-kje-plakjate-za-struja/ Mon, 13 Jun 2022 12:51:42 +0000 https://republika.mk/?p=514567

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на наредната недела ќе одржи уште една јавна дебата за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач по што ќе ги дефинира рамките на опсегот на четирите блок тарифи за високата дневна тарифа на електричната енергија и ќе се донесат измените на тарифниот систем, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

-Остануваме отворени за сите забелешки и сугестии кои може единствено да одат само во насока на зголемување на опсегот на блоковите, а не на намалување. Во текот на наредната недела ќе се одржи уште една јавна дебата по што ќе се донесе одлуката за промена на тарифниот систем, а потоа и одлуката за новата цена на електричната енергија што ќе важи од 1 јули,  рече Бислимоски на денешната прес-конференција заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ на која беше презентиран калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија.

Калкулаторот од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk и со него секој граѓанин може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.

-Со калкулаторот секој потрошувач може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што би значело постојна ситуација и при тоа самиот калкулатор ќе покажува кава е разликата, истакна Бислимоски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-kalkularot-za-struja-presmetajte-kolku-kje-plakjate-so-novite-tarifi/

Професорот Талески посочи дека во забелешките се бара значително промена на границите на блоковите и додаде дека со постојниот модел со четири блока нема да се зголемат сметките за потрошувачите што трошат до 850 киловат часови струја месечно.

Како што истакна согласно пресметките на Машински факултет за загревање на просечен стан од 60 квадратни метри по сезона просечно се потребни 6.500 киловат часови електрична енергија доколку се грее со термо печка или греалки, ако е на колективна топлинска пумпа околу 2.150 киловат часови, а со инвертер клима околу 2.400 киловат часови.

-При тоа потрошувачката не е исто распоредена во сите месеци, туку е најголема во декември, јануари и февруари кога потрошувачите согласно сегашниот модел би биле во втората и делумно би влегле во третата блок тарифа. Доколку се во првата блок тарифа би плаќале пониски сметки отколку по постојниот тарифен систем, ако се во втората речиси исти, а во третата и четвртата повисоки, посочи Талески.

The post Измените на тарифниот систем од следната недела, во меѓувреме пресметувајте колку ќе плаќате за струја appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на наредната недела ќе одржи уште една јавна дебата за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач по што ќе ги дефинира рамките на опсегот на четирите блок тарифи за високата дневна тарифа на електричната енергија и ќе се донесат измените на тарифниот систем, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
-Остануваме отворени за сите забелешки и сугестии кои може единствено да одат само во насока на зголемување на опсегот на блоковите, а не на намалување. Во текот на наредната недела ќе се одржи уште една јавна дебата по што ќе се донесе одлуката за промена на тарифниот систем, а потоа и одлуката за новата цена на електричната енергија што ќе важи од 1 јули,  рече Бислимоски на денешната прес-конференција заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ на која беше презентиран калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија.
Калкулаторот од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk и со него секој граѓанин може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.
-Со калкулаторот секој потрошувач може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што би значело постојна ситуација и при тоа самиот калкулатор ќе покажува кава е разликата, истакна Бислимоски.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-kalkularot-za-struja-presmetajte-kolku-kje-plakjate-so-novite-tarifi/ Професорот Талески посочи дека во забелешките се бара значително промена на границите на блоковите и додаде дека со постојниот модел со четири блока нема да се зголемат сметките за потрошувачите што трошат до 850 киловат часови струја месечно. Како што истакна согласно пресметките на Машински факултет за загревање на просечен стан од 60 квадратни метри по сезона просечно се потребни 6.500 киловат часови електрична енергија доколку се грее со термо печка или греалки, ако е на колективна топлинска пумпа околу 2.150 киловат часови, а со инвертер клима околу 2.400 киловат часови.
-При тоа потрошувачката не е исто распоредена во сите месеци, туку е најголема во декември, јануари и февруари кога потрошувачите согласно сегашниот модел би биле во втората и делумно би влегле во третата блок тарифа. Доколку се во првата блок тарифа би плаќале пониски сметки отколку по постојниот тарифен систем, ако се во втората речиси исти, а во третата и четвртата повисоки, посочи Талески.

The post Измените на тарифниот систем од следната недела, во меѓувреме пресметувајте колку ќе плаќате за струја appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Целосно ја подржувам одлуката на РКЕ да оди со нов модел за утврдување на цената на струјата https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-celosno-ja-podrzuvam-odlukata-na-rke-da-odi-so-nov-model-za-utvrduvanje-na-cenata-na-strujata/ Thu, 09 Jun 2022 20:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=513365

Министерот за економија Крешник Бектеши е убеден дека РКЕ ќе се одлучи за најдобриот модел за утврдување на цената на електричната енергија. Вели дека сегашниот модел е неодржлив затоа што дури 80 проценти од потрошувачката на електрична енергија се субвенционира од страна на државата.

Два пати годишно, согласно постоечката методологија, владата носи одлука за цената на ЕСМ која ќе биде понудена на универзалниот снабдувач, во нашиот случај ЕВН. Ако просечната цена во првите 6 месеци била околу 200 евра, нашата претходната одлука за првите 6 месеци од 2021 година беше 41 евро, што е само 20 посто од вкупната цена која е на пазарот. Согласно со Законот за енергетика ние сме одлучиле постепено да одиме кон либерализација на пазарот за електрична енергија во утврдување на цените, и тоа почна во 2019 година. Оваа година обврска на ЕСМ не беше 100 проценти да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач, беше 65 посто. Но, со одлука на владата за да нема зоглемување на цената ние одлучивме ЕСМ да преземе обврска целосните потреби на домаќинствата да ги покрива со цена која е 41 евро. Ако не беше таа одлука што ќе се случеше? 60 осто од целосната потрошувачка во државата ќе беше по 41 евро, а останатите ќе беа по пазарни цени, а тие 40 посто ќе имаа големо влијание врз утврдувањето на цената од страна на РКЕ, рече бектеши.

 

The post Бектеши: Целосно ја подржувам одлуката на РКЕ да оди со нов модел за утврдување на цената на струјата appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши е убеден дека РКЕ ќе се одлучи за најдобриот модел за утврдување на цената на електричната енергија. Вели дека сегашниот модел е неодржлив затоа што дури 80 проценти од потрошувачката на електрична енергија се субвенционира од страна на државата. Два пати годишно, согласно постоечката методологија, владата носи одлука за цената на ЕСМ која ќе биде понудена на универзалниот снабдувач, во нашиот случај ЕВН. Ако просечната цена во првите 6 месеци била околу 200 евра, нашата претходната одлука за првите 6 месеци од 2021 година беше 41 евро, што е само 20 посто од вкупната цена која е на пазарот. Согласно со Законот за енергетика ние сме одлучиле постепено да одиме кон либерализација на пазарот за електрична енергија во утврдување на цените, и тоа почна во 2019 година. Оваа година обврска на ЕСМ не беше 100 проценти да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач, беше 65 посто. Но, со одлука на владата за да нема зоглемување на цената ние одлучивме ЕСМ да преземе обврска целосните потреби на домаќинствата да ги покрива со цена која е 41 евро. Ако не беше таа одлука што ќе се случеше? 60 осто од целосната потрошувачка во државата ќе беше по 41 евро, а останатите ќе беа по пазарни цени, а тие 40 посто ќе имаа големо влијание врз утврдувањето на цената од страна на РКЕ, рече бектеши.
 

The post Бектеши: Целосно ја подржувам одлуката на РКЕ да оди со нов модел за утврдување на цената на струјата appeared first on Република.

]]>
РКЕ ќе ги разгледа сите предлози за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач https://republika.mk/vesti/ekonomija/rke-kje-gi-razgelda-site-predlozi-za-noviot-tarifen-sistem-za-univerzalniot-snabduvach/ Thu, 09 Jun 2022 18:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=513283

Се уште не е дефиниран бројот на блок тарифите и прагот за потрошувачка на секоја од блок тарифите во високата потрошувачка на електрична енергија, а Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е отворена за сите забелешки што ќе стигнат за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач. Сите дилеми во однос на скалестото тарифирање ќе се земат предвид во анализите.

Ова беше порачано на втората јавна трибина за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач што денеска се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во организација на Асоцијацијата на инженери и техничари МАКО СИГРЕ, здружение кое повеќе од 20 години делува на полето на електроенергетиката.

Моделот со четири блок тарифи дава математички најдобри резултати, односно колку е можно повеќе домаќинства да имаат намалени трошоци за електрична енергија споредено со оваа одлука и покажува дека 87 проценти во зима и 92 проценти во лето би имале помали сметки. Концептот со четири блока е избран дека сега за сега дава најдобри резултати, но доколку се покаже или докаже дека подобри резултати ќе има со погоре или подолу еден блок не е спорно и од аспект на имплементација нема да има никаков проблем, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Најави дека ќе продолжат јавните дебати, доколку е потребно, за секој да го каже своето мислење.

Секоја забелешка и од граѓани и од стручни лица ќе биде разгледана. Сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги доставиле во однос на скалесто тарифирање ќе се земат во предвид во анализите, нагласи Бислимоски.

Професорот Рубин Талевски од ФЕИТ повтори дека најголем дел од домаќинствата месечно трошат од 300 до 700 киловат часови електрична енергија во зимскиот период, а нешто помалку во летниот период, а само еден процент трошат повеќе од 3.000 киловат часови. Притоа со новиот вид на тарифирање, како што додаде, 93 отсто од потрошувачите ќе бидат во првата и втората блок тарифа, односно трошат до 210 или од 211 до 420 киловат часови електрична енергија и за нив струјата ќе биде поевтина или во рамки на сегашната цена. Во третиот блок со потрошувачка од 521 до 630 киловат часови се 4 отсто од домаќинствата, а во четвртиот со потрошувачка од над 630 киловат часови електрична енергија се 3 отсто од потрошувачите. За нив цената ќе биде повисока.

Доколку се земе цената на електричната енергија во ниска тарифа да е еден во првиот блок во висока тарифа би била 1,11, во вториот блок во висока тарифа би изнесувала 1,7, во третиот блок 2,3, а во четвртиот блок цената во висока тарифа би била 2,89, прецизира Талевски.

Пресметковниот период би бил 30 дена што, како што рече, покажува дека во првиот блок просечната дневна потрошувачка во висока тарифа – скапа струја, би била 7 киловат часови, во вториот блок 14, во третиот 21 и во четвртиот над 21 киловат час дневно.

Како што истакна Талевски, од понеделник на веб страницата на РКЕ ќе биде достапен веб калкулатор на кој граѓаните ќе можат да пресметаат колку ќе им биде сметката доколку внесат колку киловати електрична енергија потрошиле во ниската и високата тарифа, односно скапа и евтина струја.

Главна цел на воведување скалесто тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата.

Со ваквиот начин на тарифирање, како што велат од РКЕ, ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена. Блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (од 07:00 до 22:00) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22:00 до 07:00) и недела ќе се применува иста цена.

The post РКЕ ќе ги разгледа сите предлози за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач appeared first on Република.

]]>

Се уште не е дефиниран бројот на блок тарифите и прагот за потрошувачка на секоја од блок тарифите во високата потрошувачка на електрична енергија, а Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е отворена за сите забелешки што ќе стигнат за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач. Сите дилеми во однос на скалестото тарифирање ќе се земат предвид во анализите. Ова беше порачано на втората јавна трибина за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач што денеска се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во организација на Асоцијацијата на инженери и техничари МАКО СИГРЕ, здружение кое повеќе од 20 години делува на полето на електроенергетиката.
Моделот со четири блок тарифи дава математички најдобри резултати, односно колку е можно повеќе домаќинства да имаат намалени трошоци за електрична енергија споредено со оваа одлука и покажува дека 87 проценти во зима и 92 проценти во лето би имале помали сметки. Концептот со четири блока е избран дека сега за сега дава најдобри резултати, но доколку се покаже или докаже дека подобри резултати ќе има со погоре или подолу еден блок не е спорно и од аспект на имплементација нема да има никаков проблем, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Најави дека ќе продолжат јавните дебати, доколку е потребно, за секој да го каже своето мислење.
Секоја забелешка и од граѓани и од стручни лица ќе биде разгледана. Сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги доставиле во однос на скалесто тарифирање ќе се земат во предвид во анализите, нагласи Бислимоски.
Професорот Рубин Талевски од ФЕИТ повтори дека најголем дел од домаќинствата месечно трошат од 300 до 700 киловат часови електрична енергија во зимскиот период, а нешто помалку во летниот период, а само еден процент трошат повеќе од 3.000 киловат часови. Притоа со новиот вид на тарифирање, како што додаде, 93 отсто од потрошувачите ќе бидат во првата и втората блок тарифа, односно трошат до 210 или од 211 до 420 киловат часови електрична енергија и за нив струјата ќе биде поевтина или во рамки на сегашната цена. Во третиот блок со потрошувачка од 521 до 630 киловат часови се 4 отсто од домаќинствата, а во четвртиот со потрошувачка од над 630 киловат часови електрична енергија се 3 отсто од потрошувачите. За нив цената ќе биде повисока.
Доколку се земе цената на електричната енергија во ниска тарифа да е еден во првиот блок во висока тарифа би била 1,11, во вториот блок во висока тарифа би изнесувала 1,7, во третиот блок 2,3, а во четвртиот блок цената во висока тарифа би била 2,89, прецизира Талевски.
Пресметковниот период би бил 30 дена што, како што рече, покажува дека во првиот блок просечната дневна потрошувачка во висока тарифа – скапа струја, би била 7 киловат часови, во вториот блок 14, во третиот 21 и во четвртиот над 21 киловат час дневно. Како што истакна Талевски, од понеделник на веб страницата на РКЕ ќе биде достапен веб калкулатор на кој граѓаните ќе можат да пресметаат колку ќе им биде сметката доколку внесат колку киловати електрична енергија потрошиле во ниската и високата тарифа, односно скапа и евтина струја. Главна цел на воведување скалесто тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата. Со ваквиот начин на тарифирање, како што велат од РКЕ, ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена. Блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (од 07:00 до 22:00) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22:00 до 07:00) и недела ќе се применува иста цена.

The post РКЕ ќе ги разгледа сите предлози за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач appeared first on Република.

]]>
Регулаторна ќе му ја одземе на БЕГ лиценцата за производство на топлинска енергија во Скопје https://republika.mk/vesti/ekonomija/regulatorna-kje-mu-ja-odzeme-na-beg-licencata-za-proizvodstvo-na-toplinska-energija-vo-skopje/ Sun, 05 Jun 2022 07:58:25 +0000 https://republika.mk/?p=511296

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се подготвува да и ја одземе лиценцата за производство на топлинска енергија на Балкан Енерџи Груп (БЕГ). Оваа компанија има лиценца за снабдување на топлинска енергија до крајот на 2022, а за производство и дистрибуција уште 25 години, односно до 2047 година. Во РКЕ сметаат дека компанијата повеќе не ги исполнува условите под кои ја добила лиценцата за производство, дознава Дојче веле.

Од БЕГ за ДВ изјавија дека немаат информација оти се подготвува одземање на лиценцата.

Прашање е што ќе се случува понатаму и кој ќе го преземе производството на топлинската енергија за граѓаните на главниот град. БЕГ има три лиценци: за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Според најавите, ќе се отвори постапка за одземање на првата, а другите две ќе останат.

Од РКЕ не сакаат официјално да ги коментираат овие информации, но извори на ДВ велат дека правниот основ за одземањето на лиценцата е во неможноста на БЕГ да докаже дека има право на закуп над имотот на поранешна Топлификација. Имено, во декември 2021 година, Основниот суд во Скопје пресудил во корист на Одборот на доверители на стечајниот должник Топлификација, со што е поништен договорот за закуп меѓу двата субјекти. Подоцна, во март годинава, пресудата била потврдена и на Апелација. Претходно, во септември 2021 година, компанијата Адора Инженеринг ги купи топланите Исток и Запад и преостанатиот имот на Топлификација за 9,3 милиони евра. Токму Адора барала од РКЕ да и се одземе лиценцата на БЕГ, затоа што оваа фирма сега е сопственик на имотот.


Целиот текст ТУКА

The post Регулаторна ќе му ја одземе на БЕГ лиценцата за производство на топлинска енергија во Скопје appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се подготвува да и ја одземе лиценцата за производство на топлинска енергија на Балкан Енерџи Груп (БЕГ). Оваа компанија има лиценца за снабдување на топлинска енергија до крајот на 2022, а за производство и дистрибуција уште 25 години, односно до 2047 година. Во РКЕ сметаат дека компанијата повеќе не ги исполнува условите под кои ја добила лиценцата за производство, дознава Дојче веле. Од БЕГ за ДВ изјавија дека немаат информација оти се подготвува одземање на лиценцата. Прашање е што ќе се случува понатаму и кој ќе го преземе производството на топлинската енергија за граѓаните на главниот град. БЕГ има три лиценци: за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Според најавите, ќе се отвори постапка за одземање на првата, а другите две ќе останат. Од РКЕ не сакаат официјално да ги коментираат овие информации, но извори на ДВ велат дека правниот основ за одземањето на лиценцата е во неможноста на БЕГ да докаже дека има право на закуп над имотот на поранешна Топлификација. Имено, во декември 2021 година, Основниот суд во Скопје пресудил во корист на Одборот на доверители на стечајниот должник Топлификација, со што е поништен договорот за закуп меѓу двата субјекти. Подоцна, во март годинава, пресудата била потврдена и на Апелација. Претходно, во септември 2021 година, компанијата Адора Инженеринг ги купи топланите Исток и Запад и преостанатиот имот на Топлификација за 9,3 милиони евра. Токму Адора барала од РКЕ да и се одземе лиценцата на БЕГ, затоа што оваа фирма сега е сопственик на имотот.
Целиот текст ТУКА

The post Регулаторна ќе му ја одземе на БЕГ лиценцата за производство на топлинска енергија во Скопје appeared first on Република.

]]>
Утре ќе има нови цени на горивата https://republika.mk/vesti/ekonomija/utre-kje-ima-novi-ceni-na-gorivata/ Sun, 03 Apr 2022 20:26:09 +0000 https://republika.mk/?p=482798

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за цените на нафтените деривати.

Во петокот, РКЕ ја донесе последната одлука за цените на горивата со која дизелот поевтини за два денари, а цените на бензините останаа непроменети.

Цените на горивата согласно новата одлука која Регулаторна ќе ја донесе утре, ќе важат од вторник на полноќ.

Ова се актуелните цени на нафтените деривати:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 83,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм)

The post Утре ќе има нови цени на горивата appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за цените на нафтените деривати. Во петокот, РКЕ ја донесе последната одлука за цените на горивата со која дизелот поевтини за два денари, а цените на бензините останаа непроменети. Цените на горивата согласно новата одлука која Регулаторна ќе ја донесе утре, ќе важат од вторник на полноќ. Ова се актуелните цени на нафтените деривати: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 83,50 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм)

The post Утре ќе има нови цени на горивата appeared first on Република.

]]>
Регулаторна за кафе ќе троши по 5.000 денари на ден, секој ден Бислимоски ќе има 5 500 евра за трошење https://republika.mk/vesti/ekonomija/regulatorna-za-kafe-kje-troshi-po-5-000-denari-na-den-sekoj-den-bislimovski-kje-ima-5-500-evra-za-troshenje/ Thu, 31 Mar 2022 14:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=481489

Пратениците денеска расправаа за Предлогот на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за 2022 година, во рамки на 54 седница.

За пратениците од опозицијата, финансискиот план на Регулаторната комисија за 2022 година, е неиздржан во услови на енергетска, пандемска, мигрантска и топлинска кризна состојба во државата, а регулаторите си дозволуваат највисок износ на расходни во однос на претходните години.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска потенцира дека и покрај кризата во државата, Владата дала позитивно мислење за финансискиот план на РКЕ, според кој е предвидено ова регулаторно тело дневно да има на располагање околу 5.500 евра.

– РКЕ за 2022 година предвидела да троши за кафе 83 евра на ден. РКЕ предвидела 30 проценти поскапа струја и 39 отсто повеќе за бензин и нафта. Таа предвидела 1.700 евра месечно за одржување на зградата, а објектот е нов, дел од проектот „Скопје 2014“. Како тоа ви се потребни 450.000 денари за печатарски услуги? РКЕ предвидела и четири милиони денари за службени патувања, рече Ласовска, додавајќи дека во државата над 500.000 граѓани живеат со две евра на ден.

Таа упати критика и за работењето на РЕК „Битола“, која го намалила производството на струја за половина.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски реплицирајќи и на Ласовска рече Комисијата набавува струја од слободниот пазар за енергија, каде што цената е зголемена, а со тоа се зголемени и предвидените средства за електрична енергија.

– РКЕ ја регулира цената за домаќинствата и малите потрошувачи и точно е од 1 јануари 2022 година цената на електричната енергија се зголеми за 9,48 отсто. Набавка на електрична енергија на слободен пазар нема никаква врска со регулиран пазар на електрична енергија. Би било добро да не ги мешаме тие две работи. Во однос на одржувањето на зградата, сакам да кажам дека таа нема употребна дозвола. Институциите не дозволуваат да добиеме употребна дозвола, бидејќи зградата е изградена без соодветно сообраќајно решение. Зградата се распаѓа, тече од сите страни вода на секој дожд. Не протекува само кога не врне, вели Бислимоски.

The post Регулаторна за кафе ќе троши по 5.000 денари на ден, секој ден Бислимоски ќе има 5 500 евра за трошење appeared first on Република.

]]>

Пратениците денеска расправаа за Предлогот на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за 2022 година, во рамки на 54 седница. За пратениците од опозицијата, финансискиот план на Регулаторната комисија за 2022 година, е неиздржан во услови на енергетска, пандемска, мигрантска и топлинска кризна состојба во државата, а регулаторите си дозволуваат највисок износ на расходни во однос на претходните години. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска потенцира дека и покрај кризата во државата, Владата дала позитивно мислење за финансискиот план на РКЕ, според кој е предвидено ова регулаторно тело дневно да има на располагање околу 5.500 евра.
– РКЕ за 2022 година предвидела да троши за кафе 83 евра на ден. РКЕ предвидела 30 проценти поскапа струја и 39 отсто повеќе за бензин и нафта. Таа предвидела 1.700 евра месечно за одржување на зградата, а објектот е нов, дел од проектот „Скопје 2014“. Како тоа ви се потребни 450.000 денари за печатарски услуги? РКЕ предвидела и четири милиони денари за службени патувања, рече Ласовска, додавајќи дека во државата над 500.000 граѓани живеат со две евра на ден.
Таа упати критика и за работењето на РЕК „Битола“, која го намалила производството на струја за половина. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски реплицирајќи и на Ласовска рече Комисијата набавува струја од слободниот пазар за енергија, каде што цената е зголемена, а со тоа се зголемени и предвидените средства за електрична енергија.
– РКЕ ја регулира цената за домаќинствата и малите потрошувачи и точно е од 1 јануари 2022 година цената на електричната енергија се зголеми за 9,48 отсто. Набавка на електрична енергија на слободен пазар нема никаква врска со регулиран пазар на електрична енергија. Би било добро да не ги мешаме тие две работи. Во однос на одржувањето на зградата, сакам да кажам дека таа нема употребна дозвола. Институциите не дозволуваат да добиеме употребна дозвола, бидејќи зградата е изградена без соодветно сообраќајно решение. Зградата се распаѓа, тече од сите страни вода на секој дожд. Не протекува само кога не врне, вели Бислимоски.

The post Регулаторна за кафе ќе троши по 5.000 денари на ден, секој ден Бислимоски ќе има 5 500 евра за трошење appeared first on Република.

]]>
РКЕ: Бислимоски сам ги покри трошоците за енергетскиот самит https://republika.mk/vesti/makedonija/rke-bislimoski-sam-gi-pokri-troshocite-za-energetskiot-samit/ Sun, 27 Mar 2022 09:46:11 +0000 https://republika.mk/?p=479215

Регулаторната комисија за енергетика утрово соопшти дека дел од политичките партии никако не успеваат да излезат од матрицата на вршење на пристисок на независноста на институциите и преку следење на приватниот живот на вработените.

Портпаролката на РКЕ Марина Узунов, информираше дека претседателот Марко Бислимоски лично ги покрил трошоците и со сопствено возило учестуваше на Енергетскиот самит во Неум кој е во организација на УСАИД, УНДП, ЕУ делегација на Босна и Херцеговина и ГИЗ.

Демантот следува откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека „Бислимовски се гоштева во скап ресторан во Дубровник, додека народот не знае како да си ги плати сметките за струја“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-regulatorna-se-gosti-po-elitni-restorani-vo-dubrovnik-dodeka-cenite-vrtoglavo-rastat/

The post РКЕ: Бислимоски сам ги покри трошоците за енергетскиот самит appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика утрово соопшти дека дел од политичките партии никако не успеваат да излезат од матрицата на вршење на пристисок на независноста на институциите и преку следење на приватниот живот на вработените. Портпаролката на РКЕ Марина Узунов, информираше дека претседателот Марко Бислимоски лично ги покрил трошоците и со сопствено возило учестуваше на Енергетскиот самит во Неум кој е во организација на УСАИД, УНДП, ЕУ делегација на Босна и Херцеговина и ГИЗ. Демантот следува откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека „Бислимовски се гоштева во скап ресторан во Дубровник, додека народот не знае како да си ги плати сметките за струја“. https://republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-regulatorna-se-gosti-po-elitni-restorani-vo-dubrovnik-dodeka-cenite-vrtoglavo-rastat/

The post РКЕ: Бислимоски сам ги покри трошоците за енергетскиот самит appeared first on Република.

]]>
Од полноќ за три денари поскапи бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-polnokj-za-tri-denari-poskapi-benzinite-dizelot-i-ekstra-lesnoto-maslo-za-domakjinstvo/ Thu, 24 Mar 2022 18:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=477894

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за по три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија.

-Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,60% во однос на одлуката од 23.03.2022 година, соопштија вечерва од Комисијата.

Согласно одлуката, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,571 ден/кг и сега ќе изнесува 55,163 ден/кг.

Од 25.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 95                      82,00            (денари/литар)

– Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 98                      84,00            (денари/литар)

– Дизел гориво                    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                84,00            (денари/литар)

– Масло за горење              Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                   81,00            (денари/литар)

– Мазут М-1 НС                                                                            55,163    (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините  за 2,944 отсто, кај дизелот за 5,650 отсто, кај екстра лесното масло за 5,694 отсто и кај мазутот за 3,588 отсто.

Од РКЕ велат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,059 проценти.

Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.3.2022 година и потсетуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

The post Од полноќ за три денари поскапи бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство appeared first on Република.

]]>

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за по три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија. -Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,60% во однос на одлуката од 23.03.2022 година, соопштија вечерва од Комисијата. Согласно одлуката, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,571 ден/кг и сега ќе изнесува 55,163 ден/кг. Од 25.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 95                      82,00            (денари/литар) – Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 98                      84,00            (денари/литар) – Дизел гориво                    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                84,00            (денари/литар) – Масло за горење              Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                   81,00            (денари/литар) – Мазут М-1 НС                                                                            55,163    (денари/килограм) Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините  за 2,944 отсто, кај дизелот за 5,650 отсто, кај екстра лесното масло за 5,694 отсто и кај мазутот за 3,588 отсто. Од РКЕ велат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,059 проценти. Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.3.2022 година и потсетуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

The post Од полноќ за три денари поскапи бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство appeared first on Република.

]]>
Регулаторна се пофали: Возиме најевтин дизел, бензинот е поевтин само во Бугарија и Босна https://republika.mk/vesti/ekonomija/regulatorna-se-pofali-vozime-najevtin-dizel-benzinot-e-poevtin-samo-vo-bugarija-i-bosna/ Wed, 02 Mar 2022 11:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=466433

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото во првата недела од март е најниска во земјава и изнесува 1,221 евро за литар, а највисока цена плаќаат во Грција од 1,621 евро, потоа во Албанија од 1,609 евра, па Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Бугарија и Босна и Херцеговина, покажуваат резултатите од анализата на податоците во 11 држави во регионот информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Како што истакнуваат од РКЕ, просечната цена на дизелот во регионот е 1,419 евро, а кај нас цената е пониска за 13,953 отсто.

Кога станува збор за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 единствено во Бугарија и Босна и Херцеговина се точи по цена незначително пониска од нашата и тоа со отстапка во прва, односно втора децимала. Кај нас се точи по цена од 1,361 евро, што е пониска цена од она во Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Романија и Унгарија.

Просечната цена, пак, на бензинот во регионот е 1,463 евра, а кај нас е пониска за 6,972 отсто.вј/са/

The post Регулаторна се пофали: Возиме најевтин дизел, бензинот е поевтин само во Бугарија и Босна appeared first on Република.

]]>

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото во првата недела од март е најниска во земјава и изнесува 1,221 евро за литар, а највисока цена плаќаат во Грција од 1,621 евро, потоа во Албанија од 1,609 евра, па Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Бугарија и Босна и Херцеговина, покажуваат резултатите од анализата на податоците во 11 држави во регионот информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Како што истакнуваат од РКЕ, просечната цена на дизелот во регионот е 1,419 евро, а кај нас цената е пониска за 13,953 отсто. Кога станува збор за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 единствено во Бугарија и Босна и Херцеговина се точи по цена незначително пониска од нашата и тоа со отстапка во прва, односно втора децимала. Кај нас се точи по цена од 1,361 евро, што е пониска цена од она во Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Романија и Унгарија. Просечната цена, пак, на бензинот во регионот е 1,463 евра, а кај нас е пониска за 6,972 отсто.вј/са/

The post Регулаторна се пофали: Возиме најевтин дизел, бензинот е поевтин само во Бугарија и Босна appeared first on Република.

]]>