Министерот за економија Крешник Бектеши е убеден дека РКЕ ќе се одлучи за најдобриот модел за утврдување на цената на електричната енергија. Вели дека сегашниот модел е неодржлив затоа што дури 80 проценти од потрошувачката на електрична енергија се субвенционира од страна на државата.

Два пати годишно, согласно постоечката методологија, владата носи одлука за цената на ЕСМ која ќе биде понудена на универзалниот снабдувач, во нашиот случај ЕВН. Ако просечната цена во првите 6 месеци била околу 200 евра, нашата претходната одлука за првите 6 месеци од 2021 година беше 41 евро, што е само 20 посто од вкупната цена која е на пазарот. Согласно со Законот за енергетика ние сме одлучиле постепено да одиме кон либерализација на пазарот за електрична енергија во утврдување на цените, и тоа почна во 2019 година. Оваа година обврска на ЕСМ не беше 100 проценти да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач, беше 65 посто. Но, со одлука на владата за да нема зоглемување на цената ние одлучивме ЕСМ да преземе обврска целосните потреби на домаќинствата да ги покрива со цена која е 41 евро. Ако не беше таа одлука што ќе се случеше? 60 осто од целосната потрошувачка во државата ќе беше по 41 евро, а останатите ќе беа по пазарни цени, а тие 40 посто ќе имаа големо влијание врз утврдувањето на цената од страна на РКЕ, рече бектеши.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.